Order on the execution of special surveillance to determine the presence of cystolic nematodes globodera pallida (stone) behrens and globodera rostochiensis (wollenweber) behrens in potatoes and plants that are their hosts, determining their prevalence, and measures to be taken in case of their occurrence, as well as procedures for laboratory analyses
颁布于 2017-05-10 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Наредба за спроведување на посебен надзор за утврдување на присуство на цистоликите нематоди globodera pallida (stone) behrens и globodera rostochiensis (wollenweber) behrens кај компирот и растенијата кои се нивни домаќини, одредување на нивната распространетост, мерките кои треба да се преземат во случај на нивна појава, како и постапките за лабораториски анализи.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- plant protection, pests/diseases, inspection, vegetables/legumes, monitoring
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 5 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/15, 45/14, 158/14, 149/15 и 29/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСЕБЕН НАДЗОР ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИСУСТВО НА ЦИСТОЛИКИТЕ НЕМАТОДИ ОГОВОПЕВА РАШШРОА (5ТОМЕ) ВЕНВЕМ5 И ОГОВОПОЕВА ВОУТОСН!ЕМ59!5 (УУОШ ЕММ/ЕВЕК) ВЕНВЕМ5 КАЈ КОМПИРОТ И РАСТЕНИЈАТА КОИ СЕ НИВНИ ДОМАЌИНИ, ОДРЕДУВАЊЕ НА НИВНАТА РАСПРОСТРАНЕТОСТ, МЕРКИТЕ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ВО СЛУЧАЈ НА НИВНА ПОЈАВА, КАКО И ПОСТАПКИТЕ ЗА ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ “ “ Со оваа наредба се врши усогласување со одредбите на Директивата на Советот бр.2007/35/ЕЕЗ од 11 јуни 2007 година за контрола на цистолики нематоди кај компирот СТободдега Ра!аа (Фѓопе) ВеПгеп5 (европски популации) и СТободдега ВозѓосНѓеп5б5 (ииоепиебег) ВеРгеп5 (европски популации) со СЕГЕХ бр. 2200710055. Член 1 Со оваа наредба се определува спроведувањето на посебен надзор за утврдување на присуство на цистоликите нематоди СГоБодега ра!да (5копе) Вергеп5 и СТоБодега гозкосНтеп515 (У/оПепмерег) ВеПгеп5 кај компирот и растенијата кои се нивни домаќини, одредувањето на нивната распространетост, мерките кои треба да се преземат во случај на нивна појава, со цел да се спречи нивното ширење, воспоставувањето на контрола во подрачјата, како и постапките за лабораториски анализи. Член 2 Одделни поими употребени во оваа наредба го имаат следното значење: а) „Службен“ или „службено“ подразбира воспоставено, одобрено или спроведено од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државна фитосанитарна лабораторија, од Државниот инспекторат за земјоделство, од правните лица со јавни овластувања и/или од давателите на јавни услуги, во согласност со член 4 став 2 од Законот за здравјето на растенијата (во понатамошниот текст: Закон); 6) „Отпорна сорта на компир“ е сорта со чие одгледување значително се спречува развојот на одредена популација на компировите цистолики нематоди; в) „Истражување“ е методска постапка при која се користат методи со кои се утврдува присуството на цистоликите нематоди компирот на одредено поле; г) „Посебен надзор“ е методска постапка во текот на определен временски период, која опфаќа вршење на визуелен здравствен преглед и земање на примерок за лабораториска анализа од страна на фитосанитарните инпектори во случаи на сомневање дека има присуство на компирови цистолики нематоди, а со цел утврдување на нивната распространетост на територијата на Република Македонија. (д),Поле“ е производна земјоделска површина во рамките на дадено место на производство, кое има јасно дефинирани природни односно вештачки граници, на кое се одгледува, складира или пак се планира одгледување односно складирање на компир и растенијата од Прилог 1, кој е составен дел на оваа наредба. () „Службено документирано“ претставува изработен записник врз основа на извршен визуелен здравствен преглед на растенијата и по потреба земен примерок од страна на фитосанитарниот инспектор согласно Правилникот за временски периоди и начинот на вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети наведени во Листа У дел А секција 1 и Листа У дел А секција 2 (“?), како и изработен извештај од добиениот наод за извршената лабораториска анализа од страна на Државната фитосанитарна лабораторија или друга овластена лабораторија. (е) „Регулирано подрачје“ е подрачје во кое растенијата и растителните производи подлежат на спроведување на фитосанитарни мерки или постапки, со цел да се спречи внесување и/или ширење на цистоликите нематоди на компирот и нивни растенија домаќини, како и да се ограничи нивното економско влијание во тоа подрачје. (ж) „Службени мерки“ се мерки кои имаат за цел да се спречи појавата на цистоликите нематоди на компирот и нивните растенија домаќини, преку вршење на дезинфекција на растенијата, механичко чистење на кртолите и повеќекратно земање на примероци од полето заради вршење на лабораториска анализа. Член 5 9 Посебниот надзор се спроведува од страна на фитосанитарен инспектор за да се утврди дали има присуство на компирови цистолики нематоди на полето на кое ќе се садат или одгледуваат растенијата од Прилог 1 на оваа наредба, наменети за производство на саден материјал или компир наменет за производство на семенски компир. 2) Посебниот надзор од ставот (1) на овој член се спроведува во период по прибирање на реколтата од последниот посев, односно пред садењето на растенија или компир наменет за производство на семенски компир. Посебниот надзор може да се спроведе и порано, доколку постои записник и лабораториски наод за резултатите од надзорот со кои се потврдува дека не било откриено присуство на компирови цистолики нематоди, односно дека компирот и другите растенија домаќини од Прилогот 1 на оваа наредба не биле присутни во периодот на извршениот надзор и не биле одгледувани на полето после извршениот надзор. (3) По спроведениот посебен надзор, фитосанитарниот инспектор доставува до Фитосанитарната управа по еден примерок од записникот за извршен визуелен здравствен преглед и записникот за земен примерок за лабораториска анализа, согласно Правилникот за временски периоди и начинот на вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети наведени во Листа У дел А секција 1 и Листа У дел А секција 2 (“?), заедно со извештајот од извршената лабораториска анализа. (4) Доколку фитосанитарниот инспектор утврди дека не постои ризик од ширење на цистолики нематоди кај компирот и растенијата нивни домаќини, во тој случај не е потребно спроведување на посебен надзор од ставот (1) на овој член при садењето на: а) растенија од Прилог1 на оваа наредба, наменети за производство на саден материјал, кој се одгледува во регулираното подрачје; б) компир наменет за производство на семенски компир, кој се одгледува во регулираното подрачје и в) растенија од Прилог 1 точка 1 б) на оваа наредба, наменети за производство на саден материјал, под услов над истите да се спроведени службени мерки од Прилог 3 дел | точка А, кој е составен дел на оваа наредба. Член 4 (1) Посебниот надзор од член 3 став (1) на оваа наредба, кој се спроведува на полето на кое се сади или се чува семенски компир или растенија наменети за производство на саден материјал од Прилог 1 точка 1 а) на оваа наредба, вклучува и земање на примерок за лабораториска анализа за утврдување на присуството на компирови цистолики нематоди согласно Прилог 2, кој е составен дел на оваа наредба. (2) Посебниот надзор од член 3 став (1) на оваа наредба, кој се спроведува на полето наменето за садење или чување на растенија за производство на саден материјал од Прилог 1 точка 1 6) на оваа наредба, вклучува и земање на примерок за лабораториска анализа за утврдување на присуството на компирови цистолики нематоди, согласно Прилог 2 од оваа наредба или се врши проверка во согласност со Прилог 3 Дел | од оваа наредба. Член 5 () За утврдување на распространетоста на компировите цистолики нематоди, фитосанитарниот инспектор посебниот надзор го спроведува на полињата кои се наменети за производство на меркантилен компир, со исклучок на полињата наменети за производство на семенски компир. (2) Посебниот надзор за меркантилниот компир од ставот (1) на овој член вклучува и земање на примерок од почва за вршење на лабораториска анализа за утврдување на присуството на компирови цистолики нематоди, согласно Прилог 2 точка 2 од оваа наредба и истиот се врши согласно Прилог 5 Дел | од оваа наредба. Член 6 Доколку компирот и растенијата од Прилог 1 на оваа наредба потекнуваат од поле што е заразено со цистолики нематоди на компирот или доколку истите биле во допир со почва на која е утврдено присуство на цистолики нематоди, фитосанитарниот инспектор ја констатира утврдената фактичка состојба во записникот од член 2 точка ѓ) од оваа наредба. Член 7 (1) За полето што е утврдено како заразено согласно член б од оваа наредба, може да се преземат следните фитосанитарни мерки: (а) забрана за производство на семенски компир и (6) забрана за садење или чување на саден материјал од растенија дадени во Листата на растенија од Прилог 1 на оваа наредба. (2) По исклучок на ставот (1) на овој член, на заразеното поле може да се садат растенија од Прилог 1 точка 1 6) од оваа наредба, доколку тие растенија претходно биле предмет на службените мерки од Прилог 5 Дел | точка А на оваа наредба и доколку не постои опасност од ширење на цистолики нематоди кај компирот и растенијата нивни домаќини. (5) Полињата кои се наменети за садење на меркантилен компир, освен оние за производство на семенски компир, кои се утврдени како заразени согласно член б на оваа наредба, подлежат на фитосанитарен мониторинг, кој се спроведува согласно член 9-б од Законот со цел да се намали степенот на зараза. (4) Степенот на отпорност на одредени сорти на компир кои се предмет на фитосанитарен мониторинг од ставот (3) на овој член, квантитативно се определува според табела бр. 1 на стандардни вредности, дадена во Прилог 4 Дел 1 кој е составен дел на оваа наредба. Испитувањето на отпорноста на одредени сорти на компир се врши во согласност со постапката наведена во Прилог 4 Дел 2 на оваа наредба. Член 8 За компирот и растенијата од Прилог 1 на оваа наредба, за кои претходно било утврдено дека се заразени во согласност со член б од оваа наредба, може да се одобри: (а) садење на семенски компир и растенија домаќини од Прилог1 на оваа наредба, доколку над нив претходно била спроведена постапка за деконтаминација под инспекциски надзор и со примена на соодветни научно поткрепени методи; (6) примена на службени мерки од Прилог 3 дел И! точка Б на оваа наредба, кога се работи за меркантилен компир наменет за индустриска преработка или консумација и (в) садење на растенија од Прилог 1 точка 1 6) на оваа наредба, доколку над истите претходно биле спроведени службените мерки од Прилог 3 дел | точка А на оваа наредба. Член 9 (1) Доколку сопственикот на растенија, растителни производи и други објекти и предмети забележи појава на одредени симптоми на зараза или се посомнева за присуство на цистолики нематоди кај компирот и нивните домаќини, треба да го извести фитосанитарниот инспектор, кој треба да изврши здравствен преглед и за утврдената фактичка состојба да го состави записникот од член 2 точка ѓ) од оваа наредба. (22) Во случај на сомневање за присуство на цистолики нематоди на компирот од ставот () на овој член, се зема примерок кој се доставува за лабораториска анализа до Државната фитосанитарна лабораторија или друга овластена лабораторија. За секое утврдено присуство на цистолики нематоди на компирот на територијата на Република Македонија, како и за губење на отпорноста или промена на толерантноста на толерантните сорти на компир, кое е резултат на промените на видовите нематоди, патотиповите или вирулентните соеви, Фитосанитарната управа обезбедува фитосанитарни мерки согласно член 72 став 1 точка 10) од Законот. (3) За случаите од ставот (2) на овој член, испитувањето и одредувањето на видот на цистоликите нематоди, патотиповите и вирулентните групи се врши со примена на соодветни методи, препорачани од страна на Европско-медитеранска организација за заштита на растенијата (ЕРРО). Член 10 Доколку после примена на службените мерки од Прилог 5 Дел !И точка Б од оваа наредба се утврди дека нема присуство на цистолики нематоди на компирот, фитосанитарниот инспектор може да ја повлече, односно укине мерката за забрана за одгледување која претходно била воведена за одредено поле. Член! По исклучок на членовите 7 и 8 на оваа наредба, фитосанитарниот инспектор може да одобри одгледување на семенски и меркантилен компир, како и растенија од Прилог1 на оваа наредба, доколку истите се користат за експериментални, научно-истражувачки, селекциони или развојни работи, согласно член 16 од Законот и одредбите од Правилникот за научни и технички капацитети за експериментални, научно- истражувачки, селекционерски или развојни работи(“?). Член 12 Со денот на влегувањето во сила на оваа наредба, престанува да важи Наредбата за преземање на мерки за заштита од ширење и искоренување на цистолики нематоди на компирот (Сородега гозкосНјепој5 М/о!. и Стородега Рада Фкопе) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/07). Член 15 Оваа наредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.25- 7/4 Министер за земјоделство, 10 мај 2017 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, ср.