跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

National Strategy on agriculture and rural development for the period 2021-2027

颁布于 2021-01 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој за период 2021-2027 година.
语言
English; Macedonian
类型
policy
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development, Livestock, Food and nutrition, Forestry, Land and soil, Water, Wild species and ecosystems
关键词
agricultural development, agricultural land, apiculture/sericulture, biodiversity, capacity building, climate change, hazards, family farming, farming, financial agricultural measures, food loss and waste, good practices, innovation, internal trade, international trade, irrigation, less favoured areas, policy/planning, rural employment, youth, soil conservation/soil improvement, soil pollution/quality, sustainable use, tourism, rural development, labour, pollution control, animal health, animal production, food safety and quality, school feeding, forest management/forest conservation, water resources management, waterworks, hunting/capture
类别
*

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2027 ГОДИНА јануари 2021 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 2 СОДРЖИНА АКРОНИМИ И КРАТЕНКИ 4 ВОВЕД 5 ДЕЛ I. СОСТОЈБА И ИДЕНТИФИКУВАНИ ПОТРЕБИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ 8 I.1 Економски перформанси на земјоделскиот сектор, состојби во руралните средини и одржливост на земјоделските приходи 8 I.2 Состојби и идентификувани потреби на земјоделските подсекторски 23 I.3 Еколошки услови, управување со природните ресурси и влијанието на климатските промени 41 I.4 Систем на знаење и иновации во земјоделството 44 ДЕЛ II. ЦЕЛИ, ТИПОВИ НА ИНТЕРВЕНЦИИ НА ПОЛИТИКИТЕ И МЕРКИ ЗА ПЕРИОДОТ 2021–2027 ГОДИНА 46 II.1 Стратешки цели за развој на земјоделството и руралните средини 46 II.2 Специфични цели за развој на земјоделството и руралните средини 49 II.3 Показатели и целни вредности за периодот 2021-2027 година 55 II.4 Развојни цели и области на интервенција за земјоделските подсектори во периодот 2014-2020 година 58 II.5 Типови на интервенции на политиките 70 II.5.1 Интервенции во форма на директни плаќања .............................................................. 71 5.1.1 Потреба за поддршка на приходот и структура на директните плаќања ................. 71 5.1.2 Корисници и ограничувања........................................................................................ 77 II.5.2 Политика на уредување на пазарите ............................................................................ 78 5.2.1 Потреба за уредување на пазарите и пристапот на политиката .............................. 78 5.2.2 Внатрешен пазар ....................................................................................................... 79 5.2.3 Шеми за помош .......................................................................................................... 81 5.2.4 Мерки за исклучителни ситуации .............................................................................. 92 5.2.5 Минимални стандарди за квалитет ........................................................................... 93 5.2.6 Шеми за квалитет и пазарани стандарди .................................................................. 96 5.2.7 Промоција на македонското земјоделско производство .......................................... 97 5.2.8 Надворена трговија .................................................................................................... 98 II.5.3 Политика на рурален развој........................................................................................... 98 5.3.1 Области на интервенции на политиката на рурален развој ..................................... 98 II.5.4 Елементи заеднички за повеќе интервенции .............................................................. 108 5.4.1 Условеност со исполнување на стандардите на вкрстена сообразност ................ 108 5.4.2 Систем на земјоделски советодавни услуги ........................................................... 110 5.4.3 Интегриран систем за администрација и контрола................................................. 110 5.4.4 Подготовка на генерален план за функционирање на земјоделскиот секторот во кризни ситуации ................................................................................................................ 112 II.5.5 Политики на безбедност на храна ............................................................................... 113 5.5.1 Унапредување на системот на безбедност на храна и ветеринарно здравство ... 114 5.5.2 Aктивности за воспоставување на одржлив систем за храната ............................. 118 5.5.3 Зајакнување на системот за здравје на растенија .................................................. 119 3 5.5.4 Домашно производство и промет на семе и саден матерјал ................................. 122 II.5.6 Политики за управување со природни ресурси и ублажување на влијанието на климатските промени ............................................................................................................ 124 5.6.1 Управување со водните ресурси ............................................................................. 125 5.6.2 Управување со земјишните ресурси ....................................................................... 127 5.6.3 Управување со шумите ............................................................................................ 131 5.6.4 Прилагодување на земјоделскиот сектор кон климатските промени ..................... 135 II.6 Елементи кои треба да овозможат модернизација на националните политики 138 II.6.1 Зголемување на протокот на знаење и зајакнување на врските помеѓу истражувањето и практиката .......................................................................................................................... 140 II.6.2 Зајакнување на советодавните услуги во рамките на Системот на знаење и иновации ............................................................................................................................................... 141 II.6.3 Подобрување на интерактивната иновација во земјоделството ................................ 144 Формирање и поддршка на Оперативни групи за земјоделски иновативни партнерства 144 Платформи предводени од земјоделците ....................................................................... 145 II.6.4 Поддршка на дигиталната транзиција во земјоделството .......................................... 146 II.6.5 Систем за задолжителни обуки и едукација во земјоделството ................................. 148 ДЕЛ III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА НСЗРР 2021-2027 150 III.1 Координација и управување со спроведувањето на стратегијата 150 III.2. Мониторинг, известување и евалуација на спроведување на стратегијата 150 III.3. Програмирање на интервенциите на политиките од стратегијата 152 III.4. Институционални аспекти и надлежности 153 III.4.1 Институционален капацитет и ИКТ системи за спроведување на стратегијата........ 153 III.4.2 Интегрирани надлежности за земјоделско-прехрамбените политики ....................... 153 III.4.3 Системи за планирање и следење на политиките - Земјоделски информационен систем ................................................................................................................................... 154 III.5. Финансиски план на НСЗРР 2021-2027 156 Прилог број 1 SWOT Анализа 159 Прилог број 2 Евиденција на спроведени консултации со чинители при подготовка на НСЗРР 2021-2027 година 163 4 АКРОНИМИ И КРАТЕНКИ АПРЗ Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството АХВ Агенција за храна и ветеринарство АФПЗРР Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој БДП Бруто домашен производ ГРЕ Годишни работни единици ДЗЕУ Добри земјоделски и еколошки услови ДДВ Данок на додадена вредност ДЗС Државен завод за статистика ЕРЗС Единствен регистер на земјоделски стопанства ЕУ Европска унија ЗБУ Законски барања за управување (дел од вкрстена сообразност) ЗПИС Земјоделски пазарен информативен систем ЗЗП Заедничка земјоделска политика (на ЕУ) ИСАК Интегриран систем за администрација и контрола (Integrated Admistration and Control System IACS) ИПА Инструмент за претпристапна помош на ЕУ ИПАРД Инструментот за претпристапна помош за рурален развој ИКТ Информациска и комуникациска технологија КОВИД-19 Корона вирус заболување од 2019 година (скратено од COrona, VIrus, Disease) ФАДН Мрежа на сметководствени податоци од фарма, од FADN акроним за Farm Accountancy Data Network ФАО Организација за храна и земјоделство на Обединетите Нации ха хектари (10.000 квадратни метри) кг килограм м2 квадратни метри МЗШВ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство НСЗРР 2021 2027 Национална стратегија за земјоделство и рурален развој за период 2021-2027 година НДВ Нето-додадена вредност РС Македонија Република Северна Македонија (или кратенка МКД) СЕУРОП Европски систем за класификација на трупови на линија на колење SWOT Анализа на јаки страни, слаби страни, можности и закани СИЗП Систем за идентификација на земјишни парцели (LPIS на англиски) СЗИЗ Систем на знаење и иновации во земјоделството Сл. весник на РМ или РСМ Службен весник на Република Македонија или на Република Северна Македонија т тон ХС Хидро-систем ЦЕФТА 2006 Договор за слободна трговија за централно-европските земји 5 ВОВЕД Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година е главниот долгорочен стратешки документ на кој се базира поставувањето и спроведувањето на целите, политиките и мерките за развој на земјоделството и руралните средини во Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РС Македонија или скратено МКД) за периодот од 2021 до 2027 година. Стратегијата се донесува согласно член 6 од Законот за земјоделство и рурален развој заради долгорочно планирање на националната земјоделска политика во насока на остварувањето на законски дефинираните секторски развојни цели. Новата стратегија го одразува континуитетот на интересот на државата за земјоделството поради неговото мултидимензионално значење и особено заради обезбедување на одржливост на руралните средини. Како потврда е позитивниот нагорен тренд на издвојувања за поддршка кој продолжува и во периодот после 2020 година и покрај негативното влијание предизвикано од глобалната коронавирус пандемиска криза (во понатамошниот текст КОВИД-19). Стратегијата е трет по ред документ од овој тип кој на организиран и системски пристап ги дефинира политиките кои ќе се спроведуваат во претстојниот седумгодишен период, нудејќи одговори во справувањето со тековните и идни предизвици. Учесниците во секторот се во процес на реструктуирање кон постигнување на поголема одржливост на пазарите кој се одвива под засилен конкурентски притисок на домашниот и регионалните пазари и пад на пазарни цени со влијание на приходите. Земјоделството е еден од најчуствителните сектори од негативни влијанија на климатските промени, а кризите предизвикани од нови заболувања на животните и растенијата се зачестени. Руралните средини имаат намалена компаративна атрактивност во однос на градовите, особено за младото работноспособно население кое мигрира. Дополнително, на почетокот од новиот стартешки период, секторот како и целата економија сеуште ќе ги чувствува и пролонгираните ефекти од КОВИД-19. Оттука, подобрувањето на конкурентноста и одржливост на приходот на земјоделските стопанства, примената на еколошките практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите, како и обезбедување на одржлив развој на руралните средини се генералните цели кон кои ќе се стреми секторот потпомогнат од страна на државата. Овие три стратешки цели и девете подетални специфични цели ќе бидат постигнати преку мерките и инструментите на националната земјоделска политика, кои согласно член 3 од Законот за земјоделство и рурален развој се: директните плаќања, уредување и поддршка на пазарите на земјоделски производи и руралниот развој. Дополнително, целите ќе се реализираат и преку политиките за одржливо управување со природните ресурси, за безбедност на храната, како и политиките за унапредување на знаењето и иновациите во земјоделството. Подготовката на стратегијата се базираше на широк институционален, аналитички и партиципативен процес, усогласен со последните регулативи на Европската Комисија кои ја уредуваат соодветната област на земјоделските и рурални политики за периодот 2021-2027 година, пред се предлог регулативата на Европскиот парламент и на 6 Советот COM (2018) 392 final - 2018/0216 (COD)1 која ги донесува правилата за подготовка на Стратешките планови на земјите членки за следниот период, како и од останатите секторски политики кои се дел од Заедничката земјоделска политика (во понатамошниот текст ЗЗП) на Европската унија (во понатамошниот текст ЕУ). Процесот беше спроведен во неколку фази и ги опфати следниве активности:  Анализа на спроведување на националната стратегија и трендовите во изминатиот стратешки период 2014-2020 година, анализа на моменталната состојба и на анализа на јаките и слаби страни, можностите и заканите (во понатамошниот текст SWOT анализа),  Идентификување на потребите и проценка на приоритетите врз основа на наодите од анализите и одржаните консултации со заинтересираните страни и  Избор на соодветните интервенции на политиките за третирање на идентификуваните потреби. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст МЗШВ) изврши голем број на директни консултации со учесниците во секторот, пред се организирани во рамките на постојаните подсекторски групи и други формални тела, со надлежни органи на државна управа, меѓународни институции и останати релевантни чинители, кои во последниот период, поради кризата со КОВИД-19, беа спроведени преку платформите за виртуелни состаноци. Во процесот на консултации со чинителите во секторот беа директно опфатени над 350 лица во повеќе од 30 одржани средби и остварена дополнителна електронска коресподенција. Прегледот на спроведените консултации со чинителите како дел од подготовката на НСЗРР 2021 2027 година е даден во Прилог број 2. На крајот, од 14-23 декември финалниот нацрт на стратегијата беше јавно споделен на веб страната на МЗШВ со цел овозможување на дискусии и коментари од страна на сите заинтересирани чинители. Најголем дел од предлозите во процесот на консултации се соодветно вградени во предложените решенија на политиките од стратегијата. Во подготовката на стратегијата беше вклучена релевантната македонска експертската јавност, пред се од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, подржани од министерството и од Постојаната работна група за регионален и рурален развој во Југоисточна Европа2, меѓународен експерт обезбеден од Делегацијата на ЕУ во Скопје и експертиза на Организацијата на храна и земјоделство при Обединетите нации (во понатамошниот текст ФАО) и Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021-2027 година е усогласена со останатите стратешки и плански документи во областите на земјоделството, безбедноста на храната и шумарство. Последните две области се подетално уредени со засебни стратешки документи, додека со националната стратегија е обезбедена меѓусебна усогласеност на целите, политиките и мерките. 1 Proposal for a REGULATION OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL establishing rules on support for strategic plans to be drawn up by Member States under the Common agricultural policy (CAP Strategic Plans) and financed by the European Agricultural Guarantee Fund (EAGF) and by the European Agricultural Fund for Rural Development (EAFRD) and repealing Regulation (EU) No 1305/2013 of the European Parliament and of the Council and Regulation (EU) No 1307/2013 of the European Parliament and of the Council 2 (SWG), потпомогнато од Друштвото за германска интернационална соработка (GIZ) 7 Согласно закон, спроведувањето на Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој се реализира преку петгодишната Национална програма за развој на земјоделството и рурален развој, Програмата за претпристапните средства од петтата компонента за земјоделство и рурален развој (во понатамошниот текст ИПАРД) и годишни програми за финансиска поддршка во земјоделството и за финансиска поддршка на руралниот развој кои ќе се подготват во периодот на спроведување на документот. Следењето и евалуацијата на стратегијата ќе биде предмет на сеопфатно организиран систем кој вклучува сет на индикатори и таргети, постапки на мониторинг и известување и евалуација на постигнувањата. Стратегијата се состои од три дела: ДЕЛ I. Состојба и идентификувани потреби во земјоделството и руралните средини, ДЕЛ II. Цели, типови на интервенции на политиките и мерки за периодот 2021–2027 година и ДЕЛ III. Спроведување на НСЗРР 2021-2027. При подготовката на стратегијата воглавно беа користени податоци и показатели кои се базирани на официјалните статистики на Државниот завод за статистика (во понатамошниот текст ДЗС), како и податоци од регистрите на МЗШВ и другите државни органи. Применетиот курс на денарот во однос на еврото е 1 € = 61,5 денари. 8 ДЕЛ I. СОСТОЈБА И ИДЕНТИФИКУВАНИ ПОТРЕБИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ Во Дел I од стратегијата се претставени состојбите и идентификувани потреби во земјоделскиот сектор (на генерално и подсекторско ниво), во руралните области во државата и во управувањето со природните ресурси поврзани со земјоделството и шумарството. Прегледот на состојбите е организиран со цел обезбедување на увид во конкурентноста на земјоделскиот сектор и економската одржливост на земјоделските стопанства, примената на еколошките практики во производството, влијанието и прилагодување кон климатските промени и нивото на одржлив развој на руралните средини. За овие три главни области спроведена е SWOT анализа која е презентирана во Прилог 1 кон стратегијата и направена анализа на состојбите. Во текстот е анализирана и проценката на влијанието на реализираните интервенции на националната земјоделска политика во изминатиот стратешки период 2014-2020. Спроведените анализи и консултации со чинителите во секторите помогнаа за идентификација на потребите поместени во овој дел. I.1 Економски перформанси на земјоделскиот сектор, состојби во руралните средини и одржливост на земјоделските приходи Земјоделскиот сектор во макроекономски рамки Во изминатиот стратешки период, земјоделството, заедно со ловство, шумарство и рибарството има остварено вкупен пораст на бруто додадената вредност од 4,5%. Секторот бележи континуиран годишен пораст на вредноста од 871,4 милиони евра во 2014 година на 910,9 милиони во 2019 година, освен во 2017 година поради влијанието на временските услови. Од друга страна, релативното учеството на земјоделскиот сектор во бруто додадената вредност е намалено од 10,2% на 8,1% поради поголемата додадена вредност остварена во останатите попропулзивни економски дејности. Заедно со преработувачката индустрија (вклучително пијалоци и тутун), учеството во Бруто домашниот производ (во понатамошниот текст БДП) достигнува 12%, односно е на трето место после индустријата и услугите. Од регионален аспект3, Југоисточниот и Пелагонискиот плански регион се издвојуваат како региони со најзначајно учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделското производство, 29% и 21%, респективно. Останатите плански региони имаат поскромно учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделското производство на земјата, од кои најмало учество од само 4% во создавањето на бруто-додадената вредност има Североисточниот регион. 3 согласно Стратегијата за рамномерен развој 2020-2023 година. 9 Табела бр.1 Главни индикатори за земјоделството и руралните средини за период 2014-2019 година Индикатор 2014 2015 2016 2017 2018 2019 Бруто домашен производ (БДП) во тековни цени милиони денари 527.631 558.954 594.795 618.106 660.878 689.425 милиони евра 8.562 9.072 9.657 10.038 10.744 11.209 Бруто додадена вредност (БДВ) на земјоделството во тековни цени милиони евра 871,4 882,5 885,8 790,3 910,1 902,1 учество во БДП, % 10,2 9,7 9,1 7,9 8,5 8,0 БДВ на преработувачка индустрија, милиони евра 243,8 241,9 274,8 286,1 313,7 БДВ на земјоделство и преработувачката индустрија во БДП 13,0 12,3 11,9 10,7 11,4 Вредност на земјоделско производство по тековни цени во милиони денари 78.707 80.254 79.881 71.162 82.810 Вработени вкупно во МКД 762.506 776.746 788.919 812.321 813.291 во земјоделство, шумарство и рибарство (ЗШР)* 183.239 182.843 179.135 178.249 177.780 учество на ЗШР во вкупен број % 24,0% 23,5% 22,7% 21,9% 21.9% Трговија со земјоделско – прехранбени производи, милиони евра извоз 486.2 486.7 530.52 536.2 545.5 624.5 увоз 649.0 700.6 718.0 759.8 792.1 837.1 трговски биланс -162.8 -231.9 187.5 -223.6 -246.6 -212.6 Годишни работни единици (ГРЕ), во илјади вкупен број 146 153 150 138 151 неплатени 62 63 61 47 60 платени 84 90 89 91 92 Просечна годишна бруто плата во денари на МКД ниво 31.325 32.171 32.821 33.687 35.626 37.263 во земјоделството 22.917 22.976 24.514 25.545 27.782 29.351 земјоделство во МКД плата % 73,2% 71,4% 74,7% 75,8% 78,0% 78,8% Нето-додадена вредност по тековни цени (НДВ), милиони денари 46.699 47.620 47.032 40.817 48.576 Работна сила во земјоделството во годишни работни единици (ГРЕ) 145.891 152.856 149.954 137.844 151.472 НДВ/ГРЕ, во ден/ГРЕ 320.095 311.535 313.643 296.114 320.692 Вкупна земјоделска површина, 000 ха 1.263 1.264 1.267 1.266 1.264 1 .265 НДВ/ха, во ден/ха 36.970 37.662 37.117 32.241 38.426 Субвенции на производи, по цени од претходната година во милиони ден. 5.713 5.720 5.659 6.292 6.324 Учество на субвенциите во НДВ, % 12% 12% 12% 15% 13% Инвестиции во основни средства, во милиони денари во ЗШР 3.442 3.923 3.419 2.909 3.776 4.067 во прехрамбена индустрија 1.911 1.856 1.960 1.664 1.634 Амортизација на основни средства во земјоделството по цени од претходната година, милиони денари 3.868 4.162 4.315 3.955 4.646 Извор: ДЗС - Макстат и различни публикации (Годишен извештај, Економските сметки во земјоделството, Структурни истражувања) 10 Што се однесува до динамиката на бруто земјоделскиот производ за периодот 2014 2017 година, забележителен е пад за 10% пред се поради намалување на реализираната вредност на производството во годините со изразено негативно временско влијание кое особено се одрази на растителното производство (за - 14%). Дополнително, евидентно е и влијанието на неповолните движења на пазарните цени кои покажуваат намалување кај повеќе клучни производи, како што се кај житата и доматите за 11%, на овошјето за 9% и млекото за 5%. Цените на останатите сточарски производи останаа релативно стабилни и со благ пораст (1% - 3%), а зголемување е забележано и кај лозарството и винарството за 8%. Падот на цените на главните земјоделски производи не можеше да биде неутрализиран со зголемувањето на физичкото производство кај повеќето земјоделски производи што имаше значително влијание на приходите на земјоделските стопанства. Клучните економски индикатори за секторот и руралните средини за период 2014-2019 година се дадени во Табела бр.1. Услови за земјоделство и употреба на земјиштето Територијата на РС Македонија е претежно планинска (79%), а останатиот дел се низини (19%) и природните езера (2%). Земјоделското земјиште со 1,26 милиони ха (во 2019 година) зафаќа половина од вкупната површина на територијата, додека 44% е земјиште под шуми. Околу 60% од земјоделското земјиште отпаѓа на пасишта и остатокот со површина од 520 илјади хектари е обработливо земјоделско земјиште кое е основа за земјоделското производство. Земјоделското производство, особено од интензивен карактер како што се градинарството и лозарството, се одвива во јужните делови на земјата под влијание на медитеранската клима, по котлините долж течението на најголемите реки и околните ридски терени кои имаат плодна почва составена од седименти. Во подрачјата со континентална клима има услови за производство на житни култури и овоштарство, додека во планинските региони претежна дејност е сточарското производство од традиционален тип. Табела 2. Преглед на земјоделско земјиште за период 2014-2019 година, во хектари 2014 2015 2016 2017 2018 2019 Земјоделска површина од која 1.263.155 1.264.408 1.267.134 1.266.008 1.264.139 1.264.578 Пасишта 751.086 750.359 749.772 748.413 744.667 743.991 Вкупна обработлива површина од која 511.579 513.564 516.644 516.870 518.740 519.848 Ораници и бавчи 413.249 415.004 417.456 416.709 418.140 418.823 Овоштарници 15.309 15.856 16.138 16.546 16.827 16.784 Лозја 23.061 23.240 23.613 23.703 24.088 24.468 Ливади 59.960 59.464 59.437 59.912 59.685 59.773 Извор: ДЗС 11 Најголем дел од обработливото земјиште или 81% (419 илјади ха), зафаќаат ораниците и бавчите, повеќегодишните насади - овоштарниците и лозјата учествуваат со околу 8%, а остатокот од околу 11% се ливади. Согласно податоците од ДЗС, под системи за наводнување се опфатени околу четвртина од обработливото земјоделско земјиште (123 илјади ха) од кои се наводнуваат околу 80 илјади хекатри. Ефективната наводнувана површина според МЗШВ е помала и изнесува 24.303 хектари во 2019 година. Во изминатиот стратешки период вкупната обработлива површина е зголемена за 8,3 илјади хектари на сметка на намалување на пасиштата. Во рамките на обработливото земјиште сите категории имаат тренд на благ пораст, освен ливадите кои се незначително намалени. Овој тренд е спротивен од регистрираниот во претходниот стратешки период од 2007 до 2013 година, кога површината на обработливата површина беше во годишен пад од приближно 3%, додека вкупната површина под пасишта бележеше значително зголемување. Повеќе од 40% од вкупното обработливо земјиште, приближно 240.000 хектари и 80% од пасиштата или околу 570.000 хектари се во државна сопственост управувани од МЗШВ и Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. Останатите расположливи земјишни ресурси се обработуваат од страна на голем број семејни земјоделски стопанства4 што делува ограничувачки на продуктивноста и на економските резултати. Состојби во руралните средини и карактеристики на руралната економија Во рурални средини кои зафаќаат околу 87% од вкупната површина на државата, живее 45% од вкупното население. Земјоделството претставува најзначајна економска дејност во руралните средини која влијае на ублажување на сиромаштијата5 и невработеноста. Споредбата помеѓу исклучиво земјоделски домаќинства, мешани домаќинства каде барем еден член од семејството е вработен надвор од земјоделството6 и домаќинства без земјоделски активности, покажува дека мешаните домаќинства имаат најголеми приходи, после следат земјоделските домаќинства и како најсиромашни се неземјоделските селски домаќинства. За периодот 2017-2019 година, во просек 45% од вкупниот број на вработени во државата (342.474) се вработени во руралните средини. Од нив 19% се самовработени, а 12% е неплатен семеен труд. Со учество од само 35%, диспаритетот на вработеноста на жените во однос на мажите во руралните средини останува значителен и е поголем од оној во урбаните средини каде учеството е поизбалансирано и изнесува 43%. Високиот процент на рурални жени кои не се активни на пазарот на труд произлегува од нивниот ангажман во домот, како што е 4 178.125 според последното структурно истражување на ДЗС од 2016 година, 172.663 според Единствениот регистер на земјоделски стопанства на МЗШВ во август, 2020 година и 86.650 според бројот на корисници на мерките на директни плаќања во 2018 г според податоците од АФПЗРР. 5 Една петтина од руралното население или 24,2% живее под стапката на ризик од сиромаштија во 2017 година. 6 Се проценува дека околу 30% од земјоделците или член на земјоделско домаќинство се самовработени, вработени во производството или во јавниот сектор. Вработувањето или самовработувањето надвор од земјоделството е во трговија, градежништво или услугите. Поголемиот дел од руралните жени се вработени во текстилниот сектор. 12 грижа за деца, грижа за постари лица и други домашни обврски кои претставуваат неплатена работа. Дури и кога работниот труд на жената е платен, тие заработуваат само 33% од она што го заработуваат мажите во истиот сектор. Пристапот до ресурси и можности за економско и социјално зајакнување помеѓу мажите и жените во руралните средини е ограничен, па така, бројот на жени-носители на стопанствата во рамките на вкупниот број земјоделци изнесува само 10,4%, а само 12,01% од жените се сопственици на земјиште со ниско учество во процесот на донесување одлуки релевантни за производствените активности. Поради неповолната позиција на жените како удел во работната сила и во однос на приходите во семејството, младите жени во руралните области најчесто не ја гледаат својата иднина во земјоделство и се подготвени да останат во руралните области само ако се во можност да добијат друг тип на вработување7. Oсвен откупувачите и преработувачи на овошје и зеленчук и винариите кои се извозно ориентирани, поголемиот дел од бизнисите во руралните региони се мали компании насочени кон задоволување на локалните или регионални пазари. Од покрупните капацитети во рурални области се наоѓа скоро целата индустрија за преработка на храна (со исклучок на преработката на месо и кланици). Генерално, развојот на индустријата во сите региони е ограничен од квалитетот на патната и деловната инфраструктура и сè повеќе од недостигот на квалификувана работна сила. Во руралните средини постои добар потенцијал за развој на руралниот туризам, но тој сеуште е недоволно развиен (само 4% од вкупните сместувачки капацитети се наоѓаат во руралните области)8. Скоро половина од територијата на државата има потенцијал за развој на атрактивни туристички производи. Природното и културно наследство како потенцијал за развој на руралниот туризам се препознаени од страна на единиците на локална самоуправа кои истиот го имаат наведено како една од целите во нивните стратегии за локален економски развој. Занаетчиството е исто така идентификувано како сектор кој може да придонесе во создавање на приходи и работни места, особено во поизолираните рурални области кои не се привлечни за другите бизниси. Сепак, соочен со индустриското производство, овој сектор стагнира во последните години и постои тенденција на изумирање на голем број од традиционалните занаети. Руралното население е лишено во однос на населението во урбаните области во многу аспекти. Така, 36% од оние кои живеат во рурални области се соочуваат со проблем на пристап до банкарски услуги, 24% пристап до поштенски услуги и 20% пристап до културни објекти. Основните услуги за транспорт не се достапни или се тешко достапни за 22% од населението во руралните области. Потребата од подобрување на патната мрежа во руралните области е нагласена како висок приоритет како во низинските села (51%), така и во планинските села (54%). Пристапот до образование за децата од руралните области е донекаде задоволителен што се однесува за основните училишта, додека во однос на средното образование растојанието до училиштата има негативно влијание. Телефонската мрежа (фиксна линија и GSM) ја покрива целата територија на државата, а огромен раст има 7 Од истражувањето „Мерење на зајакнувањето на жените во земјоделството со методот базиран на анкети и експериментална економијана“ 2019, UN Woman Факултетот за земјоделски науки и храна 8 Меѓу најголемите пречки за развој на туризмот во руралните области е недоволниот развој на туристичките атракции и објекти, како и тешкиот пристап до туристичките погодности, националните паркови и туристичките места, пред се, поради лошата состојба на патната инфраструктура. 13 пенетрацијата на интернетот кој од 1,5% достапност од домаќинствата во 2000 година, се искачи на 58,3% во 2012 година и 82% во 2019 година. Националните и локални телевизии, вклучувајќи кабелски и сателитски и радиа се широко достапни низ целата земја. Квалитетот на физичката и социјалната инфраструктура во руралните области е влошен во текот на изминатите декади како резултат на недоволното инвестирање во развојот и одржувањето9. И покрај тековните инвестиции на владата и општините во модернизација и проширување на патната инфраструктура, состојбата на патната мрежа е сèуште незадоволителна во однос на поразвиените соседни земји и просекот на ЕУ. Малите и економски слаби рурални општини имаат значителни проблеми за одржување на квалитетот и пристапот до основните услуги, особено за населените места со помал број жители, што резултира со поголемо незадоволство од квалитетот на животот кај руралното население во однос на она кое живее во урбаните средини. Оттука, постои потреба за понатамошно подобрување на физичката инфраструктура и основните услуги во руралните области со цел да се подобри квалитетот на животот, а со тоа и нивната конкурентност и способност да ја задржат помладата и подобро образована популација и да привлечат инвестиции. Како резултат на состојбите, во руралните средини се одвиваат интензивни и динамични миграциони процеси во различни насоки. Согласно „Стратегијата за рамномерен развој 2020-2030 година“, во периодот од 2014 до 2019 година, 35,1% од внатрешните миграции биле на релација село - град, 21,6% се одвивале од град во село, миграциите помеѓу селата учествувале со 34,7%, а меѓуградските со само 8,6%. При тоа, 43,7% од вкупните доселувања биле кон Скопскиот плански регион кој во анализираниот период е единствениот регион со позитивно миграциско салдо. Во вкупните внатрешни преселби жените се најприсутни, поточно учествуваат со над 70% во сите региони10. Карактеристики на работната сила во земјоделството Учеството на вкупното активно население анагажирано во земјоделството во 2019 година изнесува 13,9%. Од вкупно 111.033 луѓе кои се занимаваат со земјоделство, 35% (38.478) се неплатени семејни работници, 49% се самовработени и околу 15% се редовно вработени. Околу 17% (18.379) од вкупната ангажирана работна сила во земјоделството се ангажирани на одредено време или како сезонски работници. Повеќе од половина од вкупно вработените лица во земјоделството се ангажирани во растителното производство, а останатите се занимаваат со мешовито производство и одгледување на добиток. Пресметан преку еквивалентни годишни работни единици, ангажираниот труд во земјоделските стопанства во земјата е проценет на 151,5 илјади во 2018 година. Од нив 60% се платени еквиваленти, додека останатите труд на 9 Повеќето од помалите рурални населби немаат канализациски систем и се користат септички јами или неконтролирано испуштање на отпадни води. Руралното население кое има јавна канализација се проценува на 17,7% од вкупното население. Вкупното население во руралните области без инсталација за отстранување на отпадни води е 8,9% (4% од вкупното население во државата). Околу 60% -70% од населението е покриено со јавниот систем за собирање отпад извршен од јавни претпријатија, но само 10% од населението во руралните области добиваат редовни услуги за собирање цврст отпад. 10 Преселувањата главно се одвиваат поради стекнување образование, склучување брак или вработување односно се условени со социоекономската развиеност на подрачјето, стапката на активност на жената и побарувачката за одредена работна сила. 14 ангажирани членови на семејните земјоделски семејствата што повторно укажува на веќе констатираниот голем број на семејни земјоделски стопанства. Еден од најголемите проблеми во земјоделскиот сектор во земјата е стареењето на работната сила. Според структурното истражување на ДЗС од 2016 година, само 4% од носителите на земјоделските стопанства се млади на возраст под 35 години (или 7.254), 34% имаат помеѓу 35 и 54 години (61.724) и најголемиот дел од 62% или 111.268 се постари од 55 години. Односот помеѓу бројот на млади носители на земјоделски стопанства (под 35 години) и бројот на земјоделци од 55 години или постари е многу неповолен и изнесува 0.07 (што е приближно на европскиот просек од 0,09). Според податоците од ЕРЗС, во 2020 година учеството на млади земјоделци со возраст до 40 години носители на евидентираните земјоделски стопанства во вкупниот број земјоделски стопанства изнесува само 14% (24.423 од вкупно 175.088). Пониските примања споредено со останатите алтернативи во националната економија и несоодветните услови за живот во руралните области делуваат дестимулативно младите да останат и започнат земјоделски бизниси. Поради миграциите веќе е евидентна состојбата за недостаток на квалификувана работна сила во земјоделството, особено кај трудо-интензивното производство. Покрај старосната структурна, неповолна е и образовната структура во земјоделството. Согласно структурното истражување од 2016 година, најголем дел од земјоделците имаат завршено или незавршено основно образование (44,5% или 80.269 лица) и средно образование (43,3% или 77.996 лица). Само 9.359 од нив, или 5,2% се со формално образование од земјоделските науки. Оттука произлегува дека на поголемиот дел од земјоделската работна сила и недостасува формално земјоделско образование, обуки и менаџерски и деловни вештини. Постојниот советодавен систем со помалку од 100 активни советници е недоволен во обем и квалитет на понудени услуги соодветно да одговори на потребите на учесниците во секторот за поддршка на процесот на нивна модернизација, реструктуирање и доследно почитување на барањата за вкрстена сообразност, промовирање на иновации и дигитализација. Степенот на дигитализација на домаќинствата во рурални средини е минимално обезбеден преку паметните мобилни телефони застапени кај 88,6% од руралното население, но бројот на оние кои поседуваат персонален компјутер или лаптоп изнесува 37,1% за разлика од близу 60% во урбаните средини. Генералната продуктивност на трудот во земјоделството во однос на создадената вредност (НДВ/ГРЕ) и ангажираното земјиште е ниска како резултат на малиот земјишен капацитет по стопанство, мешовитото производство и слабата ангажираност на технологија. Максималниот износ од 5.214 евра во 2018 година, кој е резултат на зголемувањето на остварената вредност сеуште е значително понизок од просекот на ЕУ27 од 13.000 евра. Продуктивноста на факторот земјиште има зголемувачки позитивни износи поради релативно фиксната големина на земјоделската површина, освен во 2017 кога е намалена за 13% како резултат на климатските влијанија на остварената вредност на производството. Продуктивноста по пооделни подсектори е прикажана во делот на трендовите по подсектори. 15 Структура на земјоделските стопанства Структурата на земјоделските стопанства останува неповолна и дуална, составена од мал број на големи земјоделски претпријатија и голем, преовладувачки број на многу мали семејни стопанства со ограничени производни капацитети. Деловните субјекти кои се само 0,2% од вкупниот број на земјоделски стопанства, имаат во просек над 100 пати поголеми ангажирани капацитети по земјоделско стопанство, односно 197 ха, во однос на семејните стопанства. Согласно последното структурно истражување од 2016 година, 60,8% од земјоделските стопанства користеле помалку од 1 ха земјоделско земјиште, додека дури 88% помалку од 3 хектари. Иако просечната земјишна површина и број на добиточни единици по земјоделско стопанство е зголемена од 1,4 ха со 2,12 добиточни единици во 2007 година на 1,8 ха во и 2,14 добиточни единици во 2016 година, сепак структурните промени се одвиваат со недоволна динамика за обезбедување на посериозно влијание врз општите перформанси и конкурентност на секторот. Дополнително, малите имоти во просек се фрагментирани на над пет просторно оддалечени парцели, со просечна големина од 0,24 ха на приватното земјиште11. Ваквата структура резултира со ограничени производни резултати и следствено, напуштање на земјоделското земјиште кое достигнува над една третина од вкупното обработливо земјиште. И според економската големина, половината од вкупниот број од стопанствата се класифицирани во најмалата, прва класа на економска големина која остварува до 2.000 евра вредност од продажба на земјоделски производи годишно и која придонесува најмалку во вкупната пазарна вредноста на реализираното земјоделско производство (само 10%). Во втората класа од 2.000 до 4.000 евра спаѓаат околу 20% од стопанствата, во третата класа од 4.000 до 8.000 евра 16,3% и 8,4% имаат економска големина од 8.000 до 15.000 евра. Најголемо учество во вкупната пазарна вредност на производство имаат стопанствата од третата класа со 20%. Според типот на земјоделските стопанства, мешовитите стопанства опфаќаат 30% од вкупниот број 178.125 стопанства вклучени во последното истражувањето од 2016 година, од кои најголем број се оние со мешано растително-добиточно производство (31.409). Останатите 70% специјализирани стопанства12 генерираат 60% од вкупната вредност на земјоделското производство. Во изминатиот стратешки период, во насока на подобрување на структурата на земјоделските стопанства, обезбедени се потребните планирачки, законски и институционални услови и отпочнати се активни интервенции на политиката на консолидација на земјоделското земјиште на вкупно 4.500 ха на десетина локации низ државата. Во 2019 година успешно е реализирана историски првата постапка на консолидација во село Конче. Паралелно, во период 2015-2020 година, заради обезбедување на пристап до слободните земјишни ресурси државно земјоделско земјиште, во редовни постапки доделени се вкупно 10.481 ха под закуп и спроведени 4 јавни повици за продажба на вкупно 280,4 ха земјиште под оранжерии, помошни објекти во функција на оранжеријата и објекти во стопанскиот двор. 11 Според Агенцијата за катастар на недвижности просечната големина на парцелите во државна сопственост е 2,05 ха што го подига вкупниот просек на 0.62ха. 12 Во 70% специјализирани стопанства доминираат оние за полeделски култури (60.291), потоа стопанствата со постојани насади (31.219) и специјализираните за тревопасен добиток (20.523). 16 И покрај инфериорната позиција на пазарот која произлегува од недоволниот производен потенцијал по стопанство, здружувањето на земјоделците во задруги, процес кој беше поддржан од политиките на поддршка, не напредна значително во изминатиот стратешки период. Во регистарот на земјоделски задруги во министерството во периодот од 2013 до 2020 се запишани 61 земјоделска задруга, од кои активни се само 44. Вкупниот број земјоделски стопанства здружени во задруги е околу 790. Главните слабости остануваат неможноста за стекнување на поширока доверба, слабиот менаџерски капацитет, ограничен пристап на нови членови и следствено малиот просечен број на членови по задруга, како и фокусираност кон заедничка набавка на репроматеријали или производство, наместо кон концетрирање на понудата. Приход на земјоделските стопанства и влијанието на државната поддршка Нето-додадена вредност (во понатамошниот текст НДВ) која претставува вкупна вредност генерирана од земјоделските стопанства од производствена активност, согласно Економските сметки за земјоделството има благо зголемувачки тренд во изминатиот стратешки период, освен во 2017 година. Просечниот износ на НДВ остварен од една годишна работна единица за периодот 2014-2018 година изнесува околу 5.000 евра што е три пати помалку од европскиот просек, но е на нивото на новите земји членки со најмала вредност на овој индикатор во унијата. Споредбено во однос на другите економски дејности преку остварената просечната бруто плата на национално ниво, формално вработените во дејностите земјоделство, рибарството и шумарство во просек остваруваат за 25% пониски примања, иако постои тренд на намалување на разликата во набљудуваниот период. Износот на просечната бруто плата во земјоделството, шумарството и рибарството за 2019 година изнесува 29.351 денари што е зголемување за 28% споредено со износот во 2014 година. Разликата e слична и кај остварените приходи на земјоделските стопанства (НДВ), анализирани преку податоците од Економските сметки за земјоделство кои се помали за 27% во 2017 и 25% во 2018 година. Доколку се исклучи учеството на субвенциите, тогаш разликата помеѓу земјоделските приходи и референтните просечни приходи на националната економија е уште поголема и изнесува 38% во 2017 и 35% во 2018 година. Просечното учество на субвенциите во НДВ за периодот 2014-2018 година изнесува 13%. Највисокото учество од 15% во 2017 година е резултат на зголемениот износ на субвенции и намалената НДВ. Со цел да се добие увид во состојбите на ниво на земјоделско стопанство, движењето на истиот индикатор за приходи е анализиран преку податоците од примерокот кој се следи во рамките на Мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства - Македонски ФАДН за 2017 година (Табела број 3). Согласно презентираните податоци кои се однесуваат на т.н комерцијални стопанства, просечно месечни приходи за подмирување на факторите на производство изнесуваат 298 евра, во кои мерките на директна финансиска поддршка на земјоделците учествуваат со значајни 34,3%. Највисоко ниво на субвенции има кај големите стопанства, дури 56% и средно-големите со 42%. Потоа следат стопанствата со средна големина каде учеството е околу 36%, додека најниско е кај малите стопанства кои остваруваат годишна пазарна вредност од 2.000 до 8.000 евра. 17 Табела бр.3 Просечни приходи на земјоделско стопанство и учество на субвенциите за 2017 година според Македонски ФАДН, во денари Индикатор / економска големина на земјод. стопанста Мали (2.000 8.000 €) Средно мали (4.000 8.000 €) Средни (8.000 25.000 €) Средно големи (25.000 50.000 €) Големи (50.000 100.000 €) Просек НДВ на земјоделски стопанства 115.699 204.063 449.883 727.918 1.396.309 220.015 Вкупно субвенции 30.935 73.778 165.649 305.336 782.086 75.421 субвенции за растително п-во 26.051 45.119 81.754 123.547 67.116 44.808 субвенции за добиточно п-во 4.884 28.660 83.903 181.788 714.970 30.613 Учество на вкупни субвенциите во НДВ % 26.7 36.2 36.8 41.9 56.0 34.3 Извор: МЗШВ, Македонски ФАДН, октомври 2019 година, пондерирани податоци Државната поддршка во приходите на земјоделските стопанства варира и зависно од земјоделските подсектори и тоа, од 42-70% кај производителите на млеко, одгледувачи на овци и кози; кај граниворите и градинарските култури околу 5%, за производителите на грозје 26%; и за повеќегодишните култури 14%. Мерките на поддршка во форма на директни плаќања имаат позитивно влијание на дополнување и зголемување на приходите на земјоделските производители. Поддршката игра клучна улога во одржливоста на дејноста за најголем дел на македонските земјоделски стопанства, односно придонесува во зголемување на развојниот и инвестиционен потенцијал кај оние со поголеми производни капацитети и подобро управување со бизнисите. Преку надополнување на приходите на земјоделците и одржување на земјоделското производство директните плаќања влијаат и на обезбедувањето на социјална стабилност на руралното население, особено она кое се занимава со подсекторите со недоволна компаративна предност или живее во подрачја со природни ограничености. Податоците на ФАДН за периодот 2015-2018 година покажаа и дека обврските и долговите на земјоделците се незначителни во однос на вредноста на нивните расположливи средства (околу половина процент), што покрај за предпазливоста, зборува и за незадоволителниот пристап на стопанствата до капиталот. Директните плаќања како поддршка на приходот на земјоделците Во периодот од 2014 година заклучно со 01.12.2020 година, за политиките на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вкупно се исплатени 53,3 милијарди денари или 866,7 милиони евра од националниот буџет на државата или просечно годишно по 123,8 милиони евра. Понискиот износ на исплата во однос на алоцираните 138 милиони евра е пред се резултат на побавната динамика на реализацијата на инвестиционите мерки од политиката на рурален развој. Најголем дел од вкупните средства за финансиска поддршка се алоцирани и исплатени за политиките на директни плаќања како поддршка на приходот на земјоделците. Во периодот 2014-2020 година за директните плаќања се исплатени 18 732,4 милиони евра, односно 82% во просек од вкупниот износ на сите мерки на државна поддршка на земјоделството и руралниот развој. Просечниот годишен исплатен износ се движи од 89 милиони во 2016 година до 115,1 милиони во 2019 година. Целата директна поддршка е поврзана со специфични земјоделски производи и е доделена по единица производ доставена до преработувачки капацитет, грло добиток или површина поврзана со конкретно производство, како и на поддршка на инпути во производството (семенски материјал, осменување, гориво). Бројот на вклучените мерки е екстензивен (над 40) и комплициран за спроведување. Најголемо учество во вкупниот износ имаат директните плаќања наменети за растителното производство кои во периодот 2014-2020 година изнесуваат 61% од вкупниот износ исплатен за овие политики. На сточарското производство отпаѓа 33%, потоа следат мерките за дополнителни директни плаќања (државна помош) со 6%. Табела бр.4 Преглед на исплатени финансиски средства по програми за период 2013 2020 година (заклучно со 01.12.2020 година), во милиони денари Програми / Исплатени средства во денари 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 Програма за финансиска поддршка во земјоделството 5.623 6.426 6.309 5.486 6.327 6.751 7.078 6.668 растително производство 3.796 4.265 3.797 2.812 3.648 4.174 4.378 4.224 сточарско производство 1.732 1.869 2.086 2.105 2.447 2.118 2.246 2.184 мерки за дополнителна поддршка (државна помош) 95 293 426 569 232 460 454 260 Програма за финансиска поддршка на руралниот развој 146 1,012 1,145 1,658 1,322 1,128 826 964 мерки за финансиска поддршка за рурален развој 123 966 1,011 1,537 1,224 1,036 727 890 техничка поддршка 23 46 135 120 98 92 99 74 Програма за финансиска поддршка на рибарството и аквакултурата 8 48 42 20 21 16 26 31 ИПАРД Програма 39 25 150 254 338 82 739 327 Вкупно од национални средства 5.778 7.486 7.496 7.163 7.670 7.895 7.931 7.663 Вкупна поддршка за секторот 5.817 7.512 7.645 7.417 8.008 7.978 8.670 7.990 Извор: АФПЗР, 2020 година Просечниот износ на директните плаќања по хектар земјоделска површина за целиот период изнесува 83 евра, додека просечниот износ по земјоделско стопанство, според бројот на корисници на поддршка во 2018 година, изнесува 1.208 евра. Што се однесува до правичноста во распределбата на средствата за директни плаќања, од анализата направена за исплатите по програмата за 2018 година, 20% од вкупниот број на корисници на средства кои имаат добиено најмногу средства (17.330 од 86.500) се стекнале со 64,2% од вкупниот износ на исплатени средства (4,3 милијарди денари од 6,7 милијарди денари). Иако распределбата е поизбалансирана од таа на ниво на ЕУ, сепак постои концентрација на 2/3 од сите средства кај една 19 петина од корисниците што укажува на оправданост од понатамошни интервенции во постојните методи на распределба на средствата. Проценка на влијанието на поддршката на перформансите на земјоделските стопанства13 Поддршката дадена во текот на периодот 2014 - 2020 година има значително влијание врз развојот на структурата на стопанствата, односно на окрупнувањето на стопанствата. Така, просечната големина на поддржаните стопанства во однос на користеното земјиште е за 25%, додека нивната економска големина за 5% поголема споредено со оние стопанства кои не се корисници на субвенциите. Просечната големина на стопанствата сепак останува многу пониска од просекот на ЕУ14 поради што има потреба од понатамошни интервенции на политиките од различен тип. Вкупното производство на поддржаните стопанства е за 13% повисоко од производството на останатите. Погледнато по подсектори, поддршката поттикнува позитивен развој кај сите подсектори со различен интензитет, но генерално е поефикасна кај сточарскиот сектор во однос на поддршката на растителното производство. Ефикасноста на директните плаќања во растителното производство се проценува на 1,2 (односно, еден денар поддршка создава 1,2 денари оутпут), истата во сточарскиот сектор изнесува 2,16, а највисока е во говедарството каде зголемувањето на вредноста на производството предизвикано од 1 денар поддршка е 3,25 единици. Главната причина зад овие резултати е поголемата специјализираност на стопанствата во секторот сточарство отколку во растителното производство каде што стопанствата се претежно мешани. Поголемата вредноста на производството на поддржуваните стопанства по подсектори се движи од 37% кај млекото до 71% кај свинското месо. Продуктивноста на факторите на производство како однос на вредноста на оствареното производство и: остварените трошоци (вкупна продуктивност), единица користено земјиште, одгледуван еквивалент на единица животно и вложена еквивалентна единица труд е поголема кај поддржаните стопанства отколку кај стопанствата без поддршка за 14%, 90%, 14% и 37%15 следствено. Во однос на нето приходот, проценките покажуваат дека земјоделските стопанства со субвенции имаат за 28% поголем приход од оние без. Како и кај другите индикатори и овде, предприемачкиот приходот на стопанствата заостанува многу зад просекот на ЕУ од 14.129 евра по стопанство наспроти 713 евра во земјата. Инвестиции во земјоделството Вкупниот пораст на стапката на инвестициите во основни средства во земјоделско прехрамбениот сектор во набљудуваниот период 2014-2018 година изнесува 28% (над 13 Анализата на влијанието на политиката врз перформансите на земјоделските стопанства се заснова на ФАДН податоците за 2018 година. 14 просечно земјиште во ЕУ по стопанство е 15,2 ха, а економската големина 32,9 Европски единици на големина, во споредба со 1,71 ха по стопанство и 12,74 Европски единици на големина кај нас 15 Разликата во продуктивноста на трудот пресметана со нето додадената вредност е уште позначајна и изнесува 49%. 20 проектираниот со стратегијата), додека остварениот просечен годишен пораст на инвестициите е 6%. Поединечно по компоненти, остварен е просечен годишен пораст од 6% кај примарното производство и 8% во прехрамбената индустрија. Максималната годишна вредност од 5,8 милијарди денари е вложена во 2015 година како резултат на највисоките 3,9 милијарди денари16 реализирани во примарното производство. Пад во обемот на инвестициите е забележан во 2016 и 2017 година кои се одликуваат со проблематични временски влијанија и намалена вредност на производство и оттаму намалени издвојувања за инвестирање. Во истиот период, висината на амортизацијата на основниот капитал во земјоделството во просек за 2,3 пати ги надминува новите инвестиции, што доведува до заклучок дека инвестициската активност во земјоделството е сеуште маргинална и недоволна за модернизирање на застарената применета технологија. Недостатокот на инвестиции во земјоделска механизација резултира во зголемена ангажираност на работна сила и како последица на тоа, ниска продуктивност на трудот. Од регионален аспект, Југозападниот и Североисточниот се планските региони со најниски инвестициски активности во земјоделството, но и во исто време со најнеповолен сооднос споредено со бруто додадената вредност на земјоделството. Неповолен сооднос на инвестициите споредено со бруто додадената вредност на земјоделството имаат и Вардарскиот, Југоисточниот и Полошкиот плански регион, како региони каде земјоделството има големо учество во вкупната бруто додадена вредност на регионот. Значаен придонес во подобрување на инвестиционите активности во земјоделството и руралните средини се дава преку државните мерки за финансиска поддршка на руралниот развој. Учеството на исплатените средства од програмите за рурален развој (од национални и ЕУ фондови) во вкупно исплатените средства за финансиска поддршка се движи од минималните 14% во 2014 година, до максимални 26% во 2016 година, или во просек 18%. Зголемувањето на учеството е за повеќе од 5 пати во однос на износот од 2013 година од само 3%, но сепак двојно под проектираното ниво со стратегијата од 35%. Согласно националната стратегија, во периодот од 2014 година во рамки на ИПАРД Програмата 2014-2020 година, новоакредитирана е мерката „Техничка помош“ која веќе се имплементира, додека во фаза на акредитација е мерката „Инвестиции во јавна рурална инфраструктура“. Акредитацијата на оваа мерка, како и акредитацијата на мерките за поддршка на советодавни услуги, ЛИДЕР и агро-еколошки мерки се очекува да се комплетираат во рамките на следниот стратешки период. Абсорбцијата на средствата е значително зголемена со започнување на реализација на втората ИПАРД програма за периодот 2014-2020 година и заклучно со октомври 2020 изнесува 50,7% (во споредба со 21,7% искористеност на ИПАРД 2007-2013 година). И покрај значителната поддршка во рамките на националната програма за рурален развој и ИПАРД II за модернизација на земјоделските стопанства (со повеќе од 600 одобрени инвестиции), потребни се дополнителни инвестиции во трактори, комбајни17, 16 ДЗС, Годишен извештај за 2014-2019 и годишно истражување за инвестиции во основни средства ИНВ.01 (Б) извештаји (необјавени податоци) 17 Вкупниот број на трактори во земјата во 2013 година изнесуваше 92,708, а на комбајните - 1,797.Бројот на трактори е релативно низок по обработлива површина - 0,2 трактори на ха и приближно на нивото на 21 приклучна механизација за сеење, ѓубрење, заштита, наводнување и за други земјоделски активности. Поради недоволната примена на минималните стандарди за квалитет, значителни инвестиции се особено неопходни на ниво на стопанство за извршување на бербени и послебербени активности и за складирање за овошјето и зеленчукот, за простории за сушење и складирање на житни култури, како и опрема за пакување за житни култури (особено за оризот). Откупувањето на земјиштето под оранжериите од страна на сопствениците во изминатиот период треба повеќе да ги стимулира вложувањата во неефикасните и застарени системи за греење (кои значително ги зголемуваат трошоците за производство), наводнувањето капка по капка и во обновување на другите инсталации. Кај повеќегодишните насади, промената на неповолната старосна и сортна структура во овоштарството и лозарството бара реконструкција на постојните и подигање на нови технолошки-напредни насади, како и инвестиции во пост-бербените активности. Субјектите во секторот сточарство, особено во секторите млеко и месо, имаат потреба и обврска да се усогласат со одредбите од националното законодавство прилагодено со стандардите на ЕУ во областа на хигиената на млекото, заштитата на животната средина и благосостојбата на животните, за што се неопходни значителни вложувања. Според проценките на Агенција за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст АХВ), 60% од стопанствата со крави за молзење немаат инсталации за молзење, а стандардите за благосостојба на животните се особено захтевни кај несилките за производство на јајца. Значајни инвестиции, исто така, мора да се направат во управувањето со ѓубриво во сточарските фарми поради благосостојбата на животните, барањата за заштита на животна средина и митигација на климатските влијанија во управување со отпадот. Добар дел од сточарските фарми имаат недостаток на капацитет за складирање на зрнеста добиточна храна и силажата што влијае на нивниот вкупен производен потенцијал. Во однос на преработувачката индустрија, техничко-технолошката опременост сеуште има потреба за подобрување со цел индустријата соодветно да се спротивстави на конкурентските притисоци. Помалку од 10% од вкупната производна опрема е нова или не постара од пет години. Претпријатијата имаат проблеми со дотраената или несоодветна опрема во процесите на контрола на квалитетот, пакување и етикетирање. Поради барањата на новите попребириливи пазари, преработувачите на овошје и зеленчук и извозниците на свежо овошје и зеленчук пројавуваат поголем интерес за сертифицирање според ISO 9001 (половината го поседуваат стандардот) и ISO 22000 (само околу 10 компании се сертифицирани). Зголемен интерест има и за потребните инвестиции заради спроведување на BRC стандардот за извоз на пазарите во Велика Британија. Половина од сите претпријатија, особено компаниите за производство на млеко и месо, поседуваат системи за следливост на производите. Дополнителни вложувања се потребни кај дел од операторите како кланици и преработувачите на месо во заштитата на животната средина, особено за управување со отпад од животинско потекло, како и генерално кај сите преработувачи за подобрување на енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија. ЕУ по земјоделско стопанство - 0,5 (0,6 во ЕУ), но поголем проблем е дотраеноста и застареноста на околу 70% од тракторите и комбајните кои се стари повеќе од 20 години 22 Трговија со земјоделско-прехранбени производи Во периодот 2014-2019 година, надворешно-трговската размена со земјоделско прехранбените производи се одвиваше со слична динамика на развој и во рамките на претходно воспоставените односи помеѓу извозот и увозот. Македонското земјоделско производство и индустријата за храна бележеа континуиран, постепен раст на конкурентноста на надворешните пазари со зголемување на вредноста на извозот на земјоделско-прехрамбените производи за 28%, од 486,2 милиони евра во 2014 на 624,5 во 2019 година, додека увозот во истиот период е зголемен за еден процентен поен повеќе, од 649 милиони евра во 2014 на 837,2 во 2019 година. Просечната покриеност на увозот со извоз за периодот е 73% што резултира со годишен износ на негативен биланс во трговската размена од 200 милиони евра. Примарните земјоделски производи имаат во просек 30 милиони евра позитивен биланс во трговијата за изминатиот период (300 милиони извоз и 270 милиони увоз). Од увезените примарни производи 23% се производи за кои земјата нема природно климатски услови за производство. Главното влијание на трговскиот дефицит доаѓа од увозот на преработените производи во висина од 450 милиони евра во просек, кој е скоро двојно повисок од просечната вредност на извезените преработени производи (230 милиони евра). Поради немање на пристап на море, земјата е нето увозник на риби и рибни производи за околу 22 милиони евра годишно, што резултира со просечен годишен дефицит од 18 милиони евра. График бр.1 Трговија со примарни и преработени земјоделски производи за период 2014-2019 година, во евра Извор: ДЗС 2020, обработка МЗШВ Најзначаен извозен производ е тутунот кој остварува една петтина од вредноста на вкупниот извоз на земјоделско-прехранбени производи (20,4%), потоа следат тарифната категорија Леб, печива, колачи, бисквити и вафли со учество од 10.5% и виното со 8,7%. Преработките од зеленчук остваруваат значајни 7,3%, а свежите производи: пиперките и печурките 3,2% и зелката и јаболката секој со по 2,9%. На страната на увозот, месото од живина со просечни 6,2% има најголемо поединечно учество во вредноста на вкупниот увоз на земјоделско-прехранбени производи. Заедно 23 со останатите типови на месо, како што се говедското (со просечно учество од 4%) и свинското (со 3,4%), увозот на месо зафаќа 13,6% од вкупниот увоз. Приближно толкаво учество (13,8%) има групата на преработени производи, и тоа: на друго место неспомнати или опфатени18 со просечно учество од 5,1%, чоколада и производи со какао со 4,6% и Леб, печива, колачи, бисквити и вафли со 4,1%. Сончогледовото масло учествува со 4,3%, шеќерот со 4%, јужното овошје со 3,7%, разни видови сирења со учество од 2,3% колку што остварува и пченицата, додека брашното од пченица учествува со просечни 1,6%. Во периодот 2014–2019 година, најзначаен трговски партнер со земјоделско прехранбени производи се земјите на ЕУ кои подеднакво со 49%, учествуваат и на страната на вкупниот извоз и на страната на вкупниот увоз19. Втор најзначаен партнер се земјите членки на ЦЕФТА кои во вкупниот извоз на земјоделско-прехранбените производи учествуваат со 34,4%, додека во вкупниот увоз со 28,1%20. Од воневропските пазари најзначајни во извозот на земјоделско-прехранбени производи се Соединетите Американски Држави со 3,9% од вкупниот извоз (заради големиот извоз на тутун) и Бразил со учество од 4,2% од вкупниот увоз (поради увезените количини на живинско и говедско месо и кафе). I.2 Состојби и идентификувани потреби на земјоделските подсекторски Две третини од вкупната вредност на земјоделското производство отпаѓа на растителното производство (77 % во 2018 г). Добиточното производство придонесува со остатокот од 23%, додека услугите во земјоделството опфаќаат сосема незначителен дел. Вкупната вредност на земјоделското производство во период 2014 2019 бележи пораст и покрај благиот пад на добиточното производство. Градинарството со 34% има далеку најголем поединечен придонес во вкупната вредност на земјоделското производство, после кое следи овоштарството со 12,2%, додека останатите растителни подсектори учествуваат со помеѓу 5 и 10%. Половината од вредноста на сточарското производство ја обезбедува млекопроизводството со 11,5%, додека останатите посектори имаат поединечно учество помало од 5%. Врз основа на спроведената SWOT анализа и анализата на состојбите, идентификувани се потребите во најважните подсектори на земјоделското производство. Подсекторите вклучени во анализата опфаќаат 90% од вкупната бруто вредноста на земјоделското производство, односно до 87% од вредноста на растителното и 95% од сточарското производството. 18 кои се употребуваат во прехранбената индустрија како и сирењата од растителни масти 19 Најзначајни извозни дестинации во ЕУ се Грција (со 15,7% од вкупниот извоз во ЕУ-28), Германија и Хрватска со по 13% и Бугарија со просечно учество од 12,4%.Најмногу земјоделско-прехранбени производи се увезуваат од: Германија (14,1% од вкупниот увоз од ЕУ-28), Бугарија со 11,5%, Полска со просечно учество од 10,6% и Хрватска со 9,8%. 20 Србија со учество од 11,5% во вкупниот извоз на земјоделско-прехранбени и рибни производи и учество од 22,8% во вкупниот увоз на овие производи е најзначаен трговски партнер од земјите членки на ЦЕФТА. 24 Сточарско производство Говедарство и производство на млеко Посекторот за производство на говедско месо и млеко се наоѓа во процес на реструктуирање со намалување на бројот на производители и зголемување на производните капацитети. Вкупниот број на одгледувалишта е помал за 11.200 (односно за над 10.000 според АХВ) при што опаѓа бројот на оние со помалку од 20 грла (и изнесува 47%, од 50% во 2014 година) и се зголемува застапеноста на сите категории поголеми од 20 грла. Како резултат, во периодот од 2015 до 2019 година, просечниот број грла говеда по фарма е зголемен од 7,4 на 9,3, но секторот генерално бележи пад во вкупниот број на говеда за 25%, односно околу 58.000 грла. Во изминатиот период, секторот беше и под влијание на негативни пазарни и санитарни предизвици. Со укинувањето на производните квоти во земјите на ЕУ во 2016 година, откупната цена на млекото која е на нивото на европскиот просек, се намали за 9,4% во периодот од 2014 до 2019 година (од 19,6 на 17,7ден/л). Истата 2016 година, односно само една после ширењето на болеста син јазик, посекторот беше повторно ставен на уште еден посериозен тест со појавата на болеста јазлеста кожа кај говедата, заради што беа уништени голем број говеда. Ваквите движења имаа за последица намалување на приходите на производителите. Наведените структурни промени позитивно се одразуваат на производството на кравјо млеко и негативно на производството на месо. Производството на млеко бележи благ тренд на пораст, особено кај кравите под контрола на производни особини чија продуктивност е зголемена од 6.390 на 6.840 кг млеко по крава годишно или двојно повеќе од националниот проесек од 3.400 кг млеко. Сепак нивниот број од 3.000 опфатени грла е сеуште мал во однос на вкупниот број на говеда. Во расниот состав сеуште доминираат мелезите и комбинираните раси (58%), додека холштајн фризиските говеда се 38% од вкупниот број говеда во државата. На автохтоните говеда Бушата и биволот отпаѓа околу 3%, а постои и зголемен интерест за одгледување на говеда во органско производство кои во периодот го зголемиле бројот на грла за повеќе од 2,5 пати (од 2.726 на 7.170). Секторот има понатамошна потреба за подобрување на расната структура заради поголема продуктивност. Домашното производство на говедско месо задоволува само 20% од потребите и има континуиран опаѓачки тренд. Во набљудуваниот период производството опадна од 5.500 тони во 2014 на 4.000 во 2019 година. Потребите од 11.500 тони смрзнато и свежо говедско месо се задоволуваат од увоз во вредност од 36,5 милиони евра (во 2019 г). Најголем предизвик од кој зависи одржливоста на подсекторот млекарство е постигнување на соодветен квалитет и безбедност на млекото (содржината на протеини и масти и вкупен број на бактерии и соматски клетки). Според мониторингот на одгледувалишта за крави спроведен од АХВ (Извештај 2020), само 23% од млечните фарми произведуваат млеко кое ги задоволува законските барања за безбедност, односно само 2,1% од фармите се во прва категорија (максимум 100.000 бактерии/мл сурово млеко), додека мнозинството, 65% се во втора категорија што подразбира потреба од сериозни инвестиции за подобрување на санитарно хигиенските услови во одгледувалиштата. Што се однесува до квалитетот за кој нема 25 официјални податоци бидејќи системот на контрола на квалитетот на откупеното млеко по одгледувалиште сеуште не е воспоставен, не повеќе од 20 % од откупеното млеко спаѓа во екстра класа (2019 год), односно ги задоволува законските барања. Во процесот на окрупнување, осовременување и механизирање на одгледувалиштата потребни се зголемени инвестиции, пред се во исхраната, молзењето, изѓубрувањето, благосостојбата на животните и третманот на ѓубривото, особено кај оние одгледувалишта кои од страна на АХВ се класифицирани дека е потребно да направат промени со цел постигнување на потребните стандарди. Реализацијата на инвестициите сега во добар дел е оневозможена од неурбанизираниот рурален простор, во кој голем број од објектите за земјоделска намена се водат како бесправни објекти. Потреба за инвестиции за модернизација и примена на законските стандарди имаат и млекарите и кланиците кои се неопходен и важен дел од ланецот на производство на млеко и говедско месо. Одгледувачите на говеда имаат недоволно површини земјоделско земјиште за сопствено производство на добиточна храна што нивното производство го прави поскапо и понеконкурентно. Овчарство и козарство Овчарството и козарството кои се базираат на екстензивно одгледување на природните ридски и високопланински пасишта во државата, претставуваат единствена опција за економска активност во руралната економија и начин за ублажување на невработеноста и сиромаштија за поголемиот дел од подрачјата со отежнати услови за производство. Дејностите обезбедуваат и значаен придонес кон биодиверзитетот во условите во кои се одвиваат. Структурните ограничувања поврзани со потешкотиите со обезбедување на работна сила за екстензивното одгледување на овците и кози како резултат на депопулација на руралните средини и возрасната структура на одгледувачите, но и ниската цена на јагнешкото месо придонесоа до стагнација и постепено опаѓање на бројот на овците во изминатиот стратешки период (од 740.457 во 2014 на 726.990 грла во 2018 година), вклучително и на категоријата приплодни овци, што укажува на тенденција на намалување на националното стадо. Намалувањето на бројот е особено забележително во 2019 година (684.558 грла). Подсекторот е во процес на реструктурирање со намалување на бројот на одгледувалишта за повеќе од ијлада (од 4.805 во 2014 на 3.842 во 2019 година), но и нивно окрупнување изразено преку пораст на просечниот број на овци по одгледувалиште за околу 20% (од 144 на 171 грла за периодот 2014-2019 година)21. Во расовата структура на овци доминираат локалните соеви (шарпланинска и овчеполска) кои се вклучени во програмата за заштита на биолошката разновидност во сочарството и нивни мелези со мерино расите, во најголем процент виртемберг. 21 Трендот на пораст е најизразен кај фармите со големина од 201 до 500 овци, чии процент од 19% во 2014 се зголемил на 25% во 2019 година, а мал пораст се забележува и кај фармите со над 500 овци. Сепак најзастапени остануваат одгледувалиштата со големина од 101 до 200 овци (30% од вкупниот број). 26 Одгледувањето на високо-продуктивните раси овци и кози како еден од главните предуслови за создавање развиено овчарско и козарско произвдство не е застапено22. Бројната состојба на козарството бележи позитивен тренд на пораст во изминатиот период од 81.344 грла во 2014 на 117.447 во 2018 година. И овде, во 2019 година е забележан значителен пад од 25% (на 87.851 грла). Слично како и кај овчарството, постои промена на структурата на одгледувалиштата со пораст на просечниот број на грла од 12 во 2014 на 18 во 2019 година23. Во изминатиот период двојно е зголемен бројот на овци во органско производство од 52 на 110 илјади (од 7% на 16% од вкупниот број овци). Сличен тренд, но со далеку помал интензитет, има и во козарството каде процентот на кози во органско производство во однос на вкупниот број на кози од 3,2% е зголемен на 5.4%. Бројот на грла овци и кози во млеко контрола исто така е зголемен (од 870 на 5.200 овци и од 230 на 1.300 кози), но сепак нивниот број е незначителен во однос на вкупниот број грла. Производството на овчо млеко има променлив тренд, нагорен до 2016 година кога е постигнат пикот од 41 илјади тони и опаѓачки во следните три години (до 35,6 илјади тони во 2019 година). Продуктивноста по молзна овца за анализираниот период ги следни истите движења. Откупна цена на овчо млеко која во анализираниот период покажува тренд на зголемување (33,18 ден/за кг во 2014 на 39,0 ден/кг во 2019 год) е далеку под цената на европскиот пазар. Сепак клучниот производ на овчарството е јагнешко месо кое се извезува на традиционалните пазари во ЕУ, главно во Грција, Хрватска и Италија (83% во 2019) и остатокот на пазарите од поранешна Југославија. Како резултат на намалувањето на откупната цена на јагнешко жива маса од 162 ден/кг во 2014 до 135 денари во 2019 година, падот на бројот на овци и следственото намалувањето на вкупното производство на овчо месо (4.727 т во 2014 на 3.392 т во 2019 година), извозот на јагнешкото месо бележи опаѓање и во количина и во вредност (од 2,8 илјади тони во вредност од 13,3 милиони евра 2014 на 1,9 илјади тони вредни 9,6 милиони евра во 2019 г). Учеството на извозот во земјите на ЕУ во набљудуваниот период се намалува за 8% со соодветно зголемување на останатите пазари. Подсекторот функционира во отежнати природни и економски услови со тренд на намалување на пазарните цени за клучните производи и со нецелосно формализирани услови за продажба. Во изминатиот период е донесен правилник за продажба од куќен праг како и правилник за дерогација на условите за преработка на производи на самото земјоделско стопанство со што треба да се подобри пазарната валоризација на производството од одгледувачките стопанства и можноста за инвестиции помогнати од државата. Примената на современа зоотехника во одгледувањето на овците и козите е на ниско ниво, а одгледувачите на овци и кози имаат потреба од дополнителни инвестиции за модернизација и постигнување на стандардите. Поголем дел од овците и козите се одгледуваат во стари, руинирани и несоодветни објекти поради што се наметнува потребата од изградба на нови или реконструкција на постоечките објекти. 22 овци: Лакон, Асаф, како и на високопродуктивни раси кози: Алпина, Санска, Тогенбуршка и др. 23 Половината од стопанствата одгледуваат од 21 до 50 грла, 35% се со големина на стадо над 51 грло и околу 30% имаат под 21 грло. 27 Процесот на депопулација на руралните подрачја и недоволната понуда на работна рака, претставува еден од клучните ограничувачки фактори во развојот на секторот. Малата акумулативност и сезонскиот приход кои не кореспондираат со времето на набавка на поефтини репроматеријали влијаат на атрактивноста за поголеми вложувања во овчарството. Ако на ова се додаде и ниското ниво на едукација на фармерите, особено во областите како современа и иновативна технологија на одгледување, маркетинг, менаџмент итн, станува јасно зошто во изминатиот период модернизацијата изостанува, а секторот заостанува во примената на современите стандарди на производство. Свињарство Подсекторот на производство на свинско месо е единствениот сточарски подсектор кој во целост ги задоволува потребите на домашниот пазар за свежо свинско месо. Во периодот 2014-2020 година подсекторот пројави вкупен прираст на бројот на одгледувани грла за 13%, од 24 грла/година на 27 грла/година и на производството на месо за 35%, од 9.886 тони во 2014 на 13.384 тони во 2019 година24. Позитивниот тренд може да се проследи и според директните плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет кои се движат од 118.470 во 2014 година до 185.056 во 2019 година. Подсекторот за производство на свинско месо го сочинуваат околу 2.315 одгледувалишта (РБО, АХВ 2019 година). Носители на подобрувањето на генетскиот потенцијал на секторот се пет поголеми фарми кои опфаќаат близу 40% од бројот на маторици (5.468 грла во 2019 година), трите признати организации за производство на приплодни назимки (репроцентри), како и еден Центар за вештачко осеменување на свињи од каде се врши дисеменација на генетскиот потенцијал на вкупната популација на свињи во преостанатите мали и средни свињарски фарми во кои се одгледуваат останатите 60%, односно 8.575 маторици. Македонските свињарски фарми генерално применуваат современи технолошки решенија и одгледувачки методи и со постојаното (ре)инвестирање во секторот ги достигнуваат највисоките стандарди на ефикасност на производството по грло и квалитет на свињите во однос на производните особини кое е блиско на нивото на развиените земји. Во организираните свињарски фарми се води постојана грижа за биосигурноста, превентива од заразните болести на свињите, контрола на здравјето, како и унапредување на принципите на благосостојба на животните. За разлика од пазарот на свежо свинско месо кој се задоволува од производството на домашните одгледувалишта, преработувачката индустрија е целосно ориентирана кон набавка на суровината преку увоз на разладено и смрзнато свинско месо кое достигнува 26,5 милиони евра годишно, занемарувајќи ги достапните можности за обезбедување на суровина од домашно потекло од познат производител и со контролиран квалитет. 24 Извори: Извештај за матично книговодство, селекција и следење на состојбите во свињарството од 2010 до 2019 и ДЗС 28 Свињарството има потреба од понатамошно оддржување и унапредување на солидниот генетски потенцијал на популацијата и од инвестиции во одгледувалиштата заради оптимализација на трошоците и проширување на производството, исполнување на високите еколошки стандарди и намалување на влијанието на климата. Поголемите одгледувалишта може да ги намалат своите трошоци за енергија со инвестиции во искористување на ѓубривото и производство на биометан. Посебен предизвик на секторот претставува заканата од заразните болести, пред се африканска свинска чума, поради што е неопходно одгледувалиштата да применат соодветни био-сигурносни мерки за заштита. Поради намалување на негативните влијанија од промените на пазарните цени, потребна е примена на инструменти од европски тип со кои може да се влијание на времено отстранување на вишокот на количини свинско месо од пазарот. Со цел следење на пазарите со свинско месо и иницирање на потребни интервенции и промоција на квалитетот на домашниот производ на нашиот и надворешните пазари, почетните иницијативи на здружување на производителите имаат потреба од регулација за дефинирање на нивната пазарна услога и поддршка во спроведување на заеднички дефинираните приоритети. Иако пропишани, европските минимални стандарди за проценка на квалитет на линија на колење (во понатамошниот текст СЕУРОП) сеуште не се применети поради потреба од остварување на институционални предуслови и техничка поддршка. Живинарство Домашното производство на јајца ја остварува целта на задржување на постоечката состојба на целосна самодоволност на потрошувачката со домашно производство, со пројавени повремени увози и извози во незначителни количини. Поради неможноста да се избалансираат понудата и побарувачката цените имаат тенденција на значајни флуктуации во одредени периоди од годината25. Во 2020 (и 2021) година ваквиот ефект на пазарот е уште позиразен поради влијанието на КОВИД-19 кризата и намалување на побарувачката од угостителството и населението, а често е предизвикуван и од увоз со дампинг цени. Недостатокот на сите компоненти од индустријата за производство на живинско месо оневозможува организирано домашно производство кое е незначително и задоволува одвај само 2% од домашната потрошувачка. Остатокот од 40.000 тони се увезува во вредност од 50 милиони евра годишно што претставува најголема поединечна ставка во увозот на земјоделско-прехранбените производи. Во изминатиот стратешки период подсекторот не пројавува позитивни движења. Намалувањето на бројот на несилките за 29% (од 1.437.096 во 2014 на 1.024.877 во 2019 година) се рефлектираше во намалување на бројот на произведени јајца за околу 43%, како и на онака незначителното бројлерско производство. Сепак, просечниот број на јајца по несилка се задржува на околу 140. 25 Посебно во доцниот пролетен и летниот период од пет месеци во текот на годината кога се јавува вишок што предизвикува загубата на индустријата заради намалените цени на јајцата во период е околу 150 милиони денари. 29 Производството на јајца е единствениот подсектор од сточарството со воведени минимални стандарди за класификација според европските барања, но безбедното отстранување и третман на јајцата од класа Б зависи од изградба на капацитет за преработка на јајца во течни јајчани производи, кој исто така би бил и дел од системот за интервенции на повремените вишоци на производи при нарушување на пазарот на јајца. Во изминатиот период се направени одредени исчекори во поттикнување на започувањето на мали самоодржливи бизниси за производство на живинско месо со алтернативен пристап и е обезбедена логистичка поддршка на големи субјекти заинтересирани за започнување инвестициони активности во воспоставување на сериозен производен ланец за бројлерско производство. Останува тековна и потребата од обезбедување на редовна контрола на содржината на апсорбирана вода во увезеното замрзнато живинско месо поради евидентираните чести наоди на повисоки количини во однос на законски пропишаните. Пчеларство Пчеларството има големо значење за одржливоста на целото растително производство, а вредноста на приносите од земјоделските култури поради опрашувањето од пчелите неколку пати ја надминува вкупната вредност на сите пчелни производи. Пчеларењето преставува еден од потенцијаните на руралната економија, особено во ридско-планинските подрачја каде се ограничени останатите алтернативи за земјоделски и други економски активности. Условите во нашата држава овозможуваат развој на оваа гранка од земјоделското производство и негово интензивирање во следниот период. Бројот на пчелни семејства во 2019 година е зголемен во однос на 2014 година за 30%, односно од 73.869 до 96.14326. Според, Структурното истражување од 2016 година, скоро сите стопанства инволвирани во пчеларството се со индивидуална сопственост (4.913 од вкупно 4.916). Само 2,1 % од пчеларите во државата кои пчеларат се професионални со повеќе од 150 пчелни семејства27, додека најголем процент (49,4%) се хоби-пчеларници со 20-50 пчелни семејства. Мал дел, 16,5 % ги селат своите пчелни семејства, додека останатите практикуваат стационирано пчеларење. Во регистарот на АХВ заклучно со март 2020 година се регистрирани 19 објекти за производство, обработка и манипулација со мед и производи од пчели. Производството на мед во изминатиот период варира помеѓу 395 тони во 2017 година и 834 тони една година претходно кога е постигнат и највисок принос по семејство од 10 килограми. Намаленото и променливо производство и принос се должи на променетите климатски услови кои покажуваат силно влијание врз медоносните карактеристики на растенијата од една страна и формирањето на нови пчелни семејства во сезона со цел надоместување на зимските загуби. Новоформираните семејства не можат да ги покажат своите максимални производни способности, па се доаѓа до ситуација при зголемување на бројот на пчелни семејства да се намалува производството на мед што се согледува според приносите од кои во последните две 26 Сепак постојат големи разлики во податоците за бројот на пчелни семејства обезбедени од ДЗС, АХВ и бројот на исплатени семејства од АФПЗРР. 27 Според класификацијата на Советот на Европа 30 извештајни години 2017 и 2018 се исклучително мали (5, односно 6 кг). Иако приностите се ниски во однос на европските, продажните цени на медот во држвата се повисоки од просечната цена на земјите од ЕУ, која изнесува 6,46 €/кг при продажба на мало и 4 €/кг при продажба на големо. Климатските промени во последниве неколку години, не само кај нас туку и на светско ниво, предизвикуваат невообичаено големите загуби на пчелни семејства. Согласно меѓународните препораки има потреба за преземање мерки за обновување и надоместување на загубите со поттикнување на одгледување на медоносните пчели на што поголем број локации и користење на генетски материјал од автохтоните подвидови како најприлагодливи кон климатските промени. Акцент кај нас треба да биде ставен на селекционирани пчелни матици и пчелни роеви од контролиран генетски материјал кој потекнува од автохтониот подвид пчели на медоносни пчели Apis mellifera macedonica, кој најлесно се справува со предизвиците од животната средина и стрес факторите. Еден од идентификуваните потреби е подобрување и проширување на пчелната паша на автохтони растенија карактеристични за секој регион потребни на пчелите (“bee friendly”) и повеќегодишни насади од медоносна флора. Растително производство Градинарско производство Со придонес од една третина од вкупната остварена вредност на земјоделското производство, 900 илјади тони просечен годишен обем на производство и над 50 илјади обработливи хектари, градинарството е најзначајниот подсектор во земјоделското производство. Во изминатиот период е забележено зголемување на површините под индустриска пиперка и зелката и намалување на површините под профитабилни култури како што се доматите и краставиците. Највисокиот обем на производство е постигнат во 2015 година (966.863 тони), после што производството постепено се намалува до 903.445 тони во 2019 година. Ако се изземе компирот, водечка култура според произведенте количини е пиперката со просечно производство од 165.919 тони во последната декада или 19% од вкупното производство на зеленчук. Со слична застапеност е доматот со 153.315 или 17%, а потоа следи бостанот со просечно производство од 130.021 тони или 15% и зелката со 112.389 тони или 13%. Градинарското производство е организирано во заштитени простори28 и на отворено. Стакленичкото производство кое се одвива во стари и амортизирани капацитети бележи пад во активните површини од 216 ха во 2013 на 140 ха во 2019, со содветно намалување и на производството, од околу 16,9 илјади тони до 8,3 илјади тони. Производството во тунели (фолии) и стационарни објекти (пластеници), варира од 4.550 ха во 2013, на 6.635 ха во 2016, до 4.866 ха во 2019 година од кои се произведуваат околу 200 илјади тони годишно. Иако овие конструкции се наменети за производство на профитабилен зеленчук за свежа консумација (домат, краставица, блага и лута пиперка), се повеќе се застапени пиперки за индустриска преработка и зелка. Објектите имаат сериозна потреба за значајни инвестиции. 28 стакленици и пластеници – стационарни објекти и полиетиленски тунели – мобилни објекти 31 Од произведените количини, околу 25% се пласираат на домашниот пазар, 7% се откупуваат од страна на преработувачката индустрија и 15% се извезуваат, а значаен волумен од производството од 40-50% останува нереализиран/неевидентиран. Извозот на свеж и разладен зеленчук има опаѓачка тенденција (од 162 илјади тони во 2013 до 130 илјади тони во 2019) на сметка на увозот кој што има тенденција на раст. Доминатни извозни производи се зелката и индустриска пиперка, додека во истиот период учеството на доматот, краставицата и лубеницата е намалено двојно до тројно. Падот на конкурентноста е евидентен на традиционалните регионални пазари на Западен Балкан и ЕУ6 групата кои се најзначајни за македонските градинарски производи на кои се реализираат половината од извезените количини. Генерално, се забележува тренд на менување на производната структура во градинарството преку преминување кон помалку трудоинтензивни култури поради недостатокот и цената на работната сила, конверзија со овошни насади на места каде традиционално се одгледувале градинарски култури или целосно напуштање на производството поради економска неисплатливост, која во голема мера се должи на варијациите во приносите, често како резултат на временските непогоди и притисокот на цените. Секторот пројавува потреба за интервенции со кои ќе се подобри нарушената конкурентност. Главните идентификувани потреби во производството на зеленчук се однесуваат на промената на: застарени и неефикасни агротехнички мерки, сопственото производство на расад, сортното разнообразие, несоодветната берба и недостатокот или неправилното применување на после-бербени процеси и стандарди. Интензивните производни пракси кои не водат сметка за одржливоста на производниот капацитет на почвата, водните ресурси и заштита на животната средина треба да бидат надминати. Особено голем проблем претставува пласманот на производите и недовербата кон откупувачите. Производителите имаат потреба од стабилни договори и поголема извесност за разлика од постојното недоговорно производство (или формално склучени договори), како и повисоки откупни цени. Самите производители треба да ја подобрат својата меѓусебна соработка за надминување на поединечното фрагментирано производство на мали количини нестандарден производ кое во голема мера влијае врз нивната неповолна положба, слаба рецептивност за политиките на поддршка и недостаток на преговарачка моќ. Хоризонталната соработка на примарните производители заради концетрација на понудата треба значително да се унапреди. Минималните стандарди за квалитет во градинарството иако се долго време во сила не доживуваат реална примена. Еден од приоритетите со цел искористување на компаративните предности и подобрување на конкурентноста е подобрувањето на маркетингот со градинарски производи. Постојните пазарни логистички центри не функционираат како двигатели на интеграцијата на вредносниот синџир за свеж зеленчук (од обезбедување на саден материјал, имплементација на потребните стандарди за идентификуваните пазари, до откуп на производите), а останува и потребата за дополнителни инвестиции во модернизација на постбербената инфраструктура. Протокот на информации за потребите на пазарите до откупувачите и од нив до производителите е непостојан и нецелосен. 32 Сите учесници во подсекторот имаат констатирана потреба од нови знаења и иновации кои треба да бидат создадени и пренесени преку спроведени истражувачки проекти, обуки, советодавна поддршка и демонстративни стопанства. Употребата на семе од традиционални градинарски видови е се повеќе под закана за исчезнување потиснато од комерцијалните увозни семиња. Овоштарство Во добар дел како резултат на поддршката обезбедена преку националните мерки за рурален развој, површините под овошни насади во изминатиот стратешки период се зголемени за 1.475 ха, односно за 10%, со што е остварена и целта за 17.000 ха под овошни насади. Трендот има нагорна линија кај сите овошни култури, со впечатливо зголемување на површините под лешник. Јаболката и понатаму останува најзастапена овошна култура, а по неа следуваат сливата, праската, вишната и лешникот. Сепак, значителното зголемување на површините не беше пропратено со соодветно зголемување на производството на овошје29. За периодот 2014-2019 година, остварени се 186.3 илјади тони што е под просекот од околу 220 илјади тони. Ова се должи пред се на неповолните климатски настани во повеќето од годините од периодот (освен 2015 и 2018), но и поради подигање на нови насади на несоодветни локации и со застарена технологија која е без задоволителната продуктивност и отпорност на временските промени. Следствено, извозот (во просек 26,6 милиони евра годишно) заостанува зад зголемувачкиот увоз (со просечна вредност од 41,8 милиони евра) во кој во најголем процент контрибуираат производите нетипични за нашето поднебје бананата, маслинките, цитрусите и групата на јаткасто овошје. Извозот се повеќе се концетрира на рускиот пазар, а како перспективни нови пазари се јавуваат и блиско источните земји. Сепак добар дел од увезените производи може да се произведат во домашни услови, а сортната и старосна структура на насадите треба да се менува. Поради значителните вложувања, подигањето на насадите и нивното одржување има потреба од понатамошна поддршка. Поради се поизразениот проблем со недостиг на квалитетна и квалификувана работна сила, повеќе и од изминатиот период се наметнува потребата за воведување на современа механизација во производните процеси, особено во оние делови кои апсорбираат многу работна рака, како што е резидбата, бербата, постбербените процеси и сл. Немањето доволно современи складишни капацитети за подолго чување на свежи плодови од овошје ја наметнува потребата од продолжување и зголемување на изградба на откупно-дистрибутивни центри, но и складишни капацитети со помали димензии наменети за сопствени потреби. Процесот на здружување на овоштарите во функционални задруги е одамна започнат, но нивниот капацитет од аспект на обезбедување функционална концетрација на значаен дел од вкупната понуда останува далеку од задоволнителен. 29 Според податоците за ДЗС за количините на произведено овошје, водечка култура е јаболкото, со просечно годишно производство од 101 илјада тона што завзема 54.2 % од вкупното производство на овошје. По јаболката следуваат сливата со 32.7 илјади тони, или 17.6 %, праската 12 илјади тони или 6.4 %, вишната со производство од 8 илјади тони, или 4.3 %, крушата со 7.3 или 3.9 % од вкупното производство на овошје. Нешто поголемо производство има уште кај црешата. 33 Во насока на промоција на домашното производство особено кај одредени групи на населението како што се училиштата, луѓето под социјален ризик, институции итн. недостасуваат инструменти на политиките за откуп и дистрибуција на производите од европски тип. Преработки од овошје и зеленчук Преработката на овошје и зеленчук е еден од конкурентните и растечки сегменти на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор во кој партиципираат 60-тина активни преработувачки капацитети, најголемиот број организирани во Македонската асоцијација на преработувачи. Околу 85% од вкупниот број на активни капацитети преработуваат само зеленчук или комбинирано зеленчук и овошје, а околу 15% се специјализирани за преработка на овошје. Конзервирањето, особено на зеленчукот е најзастапен тип на преработка. Во периодот од 2014–2019 година, производството има тренд на постојан пораст од 52,7 илјади тони во 2014, на 62,4 во 2019 година или во просек 56.2 илјади тони. Индустријата е силно извозно-ориентирана и во истиот период околу 79% во просек од вкупната продадена количина е реализирана на странските пазари, најмногу во ЕУ30. Вредноста на извозот на преработки континуирано расте и најголемата вредност на извозот од 59,7 милиони евра е забележана во 2019 година, што представува зголемување од 24% во споредба со вредноста на извозот од 2013 година. Вредноста на извозот е двојно повисока од вредноста на увозот на преработки (31,8 милиони евра во 2019 г). Степенот на искористување на инсталираниот капацитет на индустријата од околу 120.000 тони годишно е зголемен од 53% во 2014 година на 62% во 2019 година. Нецелосната искористеност произлегува од кусата сезона за преработка и немањето на достапни суровини во вонсезонски услови со што би се продолжила производната сезона. Поради високите царини и сложените процедури за увоз на свежи земјоделски производи, преработка индустријата речиси во целост се потпира на аранжманите со домашните производители31, најмногу на трговците отпкупувачи. Во периодот индустријата откупувала во просек 12.8 илјади тони овошје и 61.5 илјади тони зеленчук за преработка годишно, а црвената пиперка за индустриска преработка со удел од над 67% во вкупните откупени количини зеленчук е носечки производ. Договорното производство се уште не е доволно застапено како ефикасен механизам за регулација на побарувачката и понудата на суровини за индустријата и голем дел од суровините се договараат ad hoc, пред самиот почеток или во екот на преработувачката сезона. Производителите на свеж зеленчук и овошје преферираат да произведуваат за пазарите за свежи производи, а остатокот да го предаваат во преработувачката индустрија. Најчесто овие производи се несоодветни за преработка што предизвикува загуби во производниот процес и понизок квалитет на крајниот производ. Ова во комбинација со неможноста на увоз на суровини при пазарни недостатоци, го обструира зголемувањето на производството. 30 58% од вкупните извезени количини и истот учествува со 54% во вкупната вредност на извозот во 2019 31 21% од вкупните количини на зеленчук откупен во 2019 од индивидуални производители, 15% од претпријатија и задруги, 62% преку трговци посредници и 2% се набавени или од увоз или од сопствено производство 34 Понатамошниот побрз развој е возможен само доколку се воспостави планско производство на суровините, базирано на подолгорочни договори со примарните производители. Заради оддржливост во обезбедување на домашната суровина, потребни се чекори кон јакнење на вертикалната интеграција на вредносните синџири за зеленчук и овошје преку поддршка на договорното производство. Во однос на суровината, потребно е подобрување на квалитетот, сортниот состав и соодветно класирање и пакување. Со цел усогласување со барањата на пазарите производството на зеленчук и овошје треба да се подобри и прилагоди кон потребите на преработувачката индустрија, но и да се воведат нови сорти зеленчук (особено пиперка) соодветни за преработка. Исто така потребно е воведување/прилагодување на производните технологии за продолжување на сезоната на берба. Развојот на соодветните технологии треба да биде предмет на научно-истражувачки проекти во содветни институции и обука на претставниците од индустријата. Индустријата има потреба од сезонска и квалификувана работна сила, поголема автоматизација на производниот процес и обновување на опремата. Пристапот до капитал како и недоволната промоција на домашните производи исто така се сметаат за фактори со ограничувачко влијание и истите треба да се подобрат. Преработувачката индустрија на овошје и зеленчук има потреба за поддршка на позасилени и осмислени маркетинг активности преку современи (e-commerce, онлајн алатки, веб портал за побарувачка/понуда) и конвенционални методи на домашниот и таргетирани меѓународни пазари. Согласно барањата на странските купувачи, Македонската преработувачка идустрија има потреба од надоградување на постоечките стандарди и воведување на нови сигурносни механизми, како на пример воведување на следливост и детални податоци и од земјоделците – добавувачи на суровини за преработка (користен семенски материјал, ѓубрива, заштитни средства и др). Дополнително, потребна е поддршка во запознавање, имплементација и сертификација со новите барања на надоградените стандарди за квалитет, како на пр ISO 22000-2018 and IFS 2020. Од аспект на задоволување на хигиенските барања, станува неопходност воведувањето на санитетско-хигиенски проверки според стандардот TN-STANDARD A75-S041 за превенирање на контаминација на храната, посебно за компаниите кои имаат голем обрт на работна сила и особено во време нa КОВИД-19 пандемијата. Лозарство и винарство Лозарството е една од најзначајните земјоделски гранки со учество од 17-20% од земјоделскиот БДП во која се вклучени околу 25.000 земјоделски стопанства. Површините под лозови насади во изминатиот стратешки период се зголемени за 7%, од 21.109 хектари во 2013 година, на 24.468 хектари во 2019 година. Динамиката на подигнување на нови лозови насади е околу 2% годишно. Производството на грозје во истиот перидот е релативно стабилно со просечни околу 260 илјади тони на годишно ниво и принос од 11,3 тони /ха. На наводнуваните парцели просечниот принос е значително поголем и се движи од 17-23 тони по ха. Година со најголем обем на производство и највисоки приноси е 2016 со вкупно 333 илјади тони и 14,4 тони по хектар. Во структурата на вкупното производство на грозје, винското грозје учествува со 84%, додека 16% отпаѓа на трпезното грозје. 35 Откупот на грозје во просек за периодот 2014 – 2019 изнесува околу 100 милиони килограми. Структурните слабости поврзани со поделеноста на понудата и побарувачката во однос на бројот на субјектите, нивната големина и организираност, креираат несинхронизирани односи, неизбалансирана положба на учесниците во однос на дефинирањето на цените и откупните услови и недоволна преговарачка моќ на производителите на винското грозје. Ова следствено води кон појави на периодични вишоци или недостатоци од грозје со откупна цена на грозјето која често е многу блиска, дури и под цената на чинење на производството. Разликата вообичаено се алиментира преку поддршката на приходот обезбедена од страна на државата. Структура на лозовите насади е неповолна со повеќе од 60% насади постари од 15 години, поголем број на парцелите помали од 1 хектар и сортимент кој има потреба од прилагодување кон потребите на винската индустрија за производство на висококвалитетни вина во шишиња, односно на пазарните барања во однос на сортите за трпезно грозје (безсеменски и сл). Примената на процеси базирани на механизација во производството на грозје со кои би се оптимализирале производствените трошоци, подобрил квалитетот и скратило времето е незначителен32, поради што е потребно обновување на механизацијата и специјализираната опрема. Производството на вино е организирано во 76 винарии чиј број во следниот период се очекува значително да се зголеми со олеснувањата направени во регистрирањето на „малите семејни“ винарии33. Просечното производството во периодот 2014-2019 година е варијабилнo и зависи најчесто од климатските услови, но во просек изнесува околу 100 милиони литри. Растечкиот тренд на девизниот прилив покажува дека македонската винска индустрија го надминува периодот на транзиција, се повеќе преориентирајќи се од производството од наливно вино со ниска цена, ограничен квалитет и речиси никаква препознатливост, кон производство на квалитетно вино во шишиња. Во периодот од 2014-2020 година, најзначаен пазар за македонското вино е ЕУ која учествува со 63% во вкупно извезени количини и 55% од остварената вредност34, како и земјите членки на ЦЕФТА, односно Србија, со учество од околу 20%. Иако двојно повисока (0,8 €/л, во однос на 0,47 €/л), вредноста на флашираното во однос на наливното вино извезено во ЕУ во изминатиот стратешки период останува ниска како резултат на извозот на вино во „Bag in Box" и пакување на вино во пластика до 2 литри. И покрај поволните климатски фактори за одгледување на реномирани вински сорти грозје, долгата традиција и потенцијалот за производство на квалитетни вина од автохтони и регионални сорти грозје (станушина, вранец и темјаника), земјата сеуште ги нема искористено расположливите потенцијали во винарството. Македонското вино е недоволно препознатливо на светската мапа или има изградена перцепција на земја производител на наливни вина. Оттука, подобрување на имиџот со примена на различни иновативни маркетинг пристапи прилагодени на современите трендови на 32 се користи механизација само за основна обработка на почвата и за заштита на виновата лоза. За ампело-технички мерки, берба и сл. речиси и да не се користи механизација, особено во сегментот на семејните земјоделски стопанства. 33 согласно измените и дополнувањето на Законот за вино („Сл. весник на РС Македонија “бр.235 /19). 34 во 2019 година 359.000 хектолитри отпаѓаат на наливно вино, а 121.000 хектолитри на вино во шишиња со искористеност која се движи помеѓу 90 и 100% во изминатиот стратешки период. Република Германија е најзначајна дестинација за извоз на македонското вино, со учество од околу 50% од вкупниот извоз на ЕУ. Втора најзначајна земја е Хрватска со вкупно учество во ЕУ од околу 29 %. 36 светските пазари, вклучително со поврзување со винскиот и руралниот туризам, останува потреба и во следниот стратешки период. Постојниот систем на заштита на географското потекло треба целосно да се усогласи со правната рамка на ЕУ со цел вината со заштитен географски назив да бидат прифатени од страна на унијата и заштитени на европскиот пазар. Секторот има потреба од продолжување на поддршката на доходот (на примарните производители) и кофинансирање на неопходните инвестиции со цел забрзување и олеснување на процесот на структурното прилагодување и оптимизирање на производниот потенцијал за производство на грозје и вино, осовременување на факторите за производство и воведување на нови производни практики. Традиционалните видови на винова лоза се застапени на се помали површини. Од друга страна токму автохтоните сорти се целосно адаптирани и оптимално се одгледуваат на постоечките агро-еколошки услови, што особено добива на вредност во услови на тековните климатски промени. Житни и фуражни култури Производството на житни култури кое е значајно за обезбедување на сигурност во снабдувањето со основниот прехранбен производ за населението на државата и основа за развој на сточарството, ангажира значајни производни капацитети кои генерално остваруваат недоволна ефикасност во оутпутите. Производството на житни култури се остварува на 30% од вкупната обработлива површина (157.685 ха во 2019 г) од страна на 107.873 земјоделски стопанства кои продуцираат 8,2% од вредноста на вкупното земјоделско производство со приноси најмалку двојно пониски од европскиот просек. Секторот кој е под влијание на регионалната конкуренција од либерализираниот ЦЕФТА пазар и безцарската квота од договорот со СТО, во период 2014-2019 година пројави пад на обработената површина за 1,8% и намалување на учеството во вкупната вредност на производство скоро за 2% (од 10,1% во 2014 година). Најважната култура, пченицата има најголем удел во вкупната површина под жита од 43,7% во 2019 година (намален од 47,8% во 2014 година). Вкупното производство од пченица бележи пад од околу 288.000 тони во 2014 година до 240.000 тони во 2019 година или за околу 16,7%. Пазарната цена на пченицата во период 2014-2017 година се приближуваше кон светското ниво кое е значително под цените остварени во претходниот стратешки период кои достигнуваа до 14,8 денари/кг35. Зголемениот просечен принос во однос на изминатиот стратешки период36 кој во 2019 продуцираше добивка37 од само 2.000 денари по хектар, сеуште е далеку од нивото кое ќе обезбеди одржливост на производството. Поради ова обработливата површина се намалува од 76.686 ха во 2014 на 68.847 во 2019 година. Врз основа на идентификуваните слабости во производството на пченица се наметнува потребата за задржување на поддршката на приходот која всушност го 35 се намалува од 11,53 ден/кг. во 2014 година на 8,84 ден/кг. во 2017 година, а во период 2017-2019 година има тренд на зголемување од 9,39 ден./кг во 2018 година до 10,57 ден./кг во 2019 година 36 3,5 т/ха во 2019 г и максималните 3,8 т/ха во 2016 г во однос на 2,9 т/ха за периодот 2007-2013 г 37 на пресметани просечни производни трошоци од 34.835 денари по хектар за сметководствената 2019 година и 36.836 ден/ха приходи по остварен принос и откупна цена 37 оддржува постојното ниво на производство, потребата за намалување на трошоците на производство и зголемување на приносите, особено во услови на зголемено негативно влијание на климата, кое воглавно се реперкуира на намалување на продуктивноста. Во услови на нарушување на пазарот и пад на откупната цена под висината на производите трошоци законски се предвидени мерки на интервенции согласно закон кои досега се применети само во форма на помош за складирање во државни складишта. Останатите интервенции имаат потреба од поедноставување на постапките. Површините под јачмен како втора по значај житна култура учествуваат со 28% во вкупната површина под жита и во периодот 2014-2019 година имаат тренд на пораст. Сепак, поради намалените просечни приноси по хектар за 15,3%, вкупното производство на јачмен е намалено за околу 9,5%. Површините под пченка учествуваат со 21,6% во вкупната површина под жита и во периодот 2014-2019 година имаат тренд на пораст од 11,5% со зголемено вкупното производство за околу 6%. Големината на сегашната површина со пченка е доволна да ги покрие домашните потреби доколку просечните приноси се зголемат за околу една половина преку употреба на високопродуктивни хибриди и воведување на нови технологии на производство, пред се во делот на ефикасното наводнување. Оризот кoj e единствена извозна житна култура не отстапува од општите состојби во подсекторот жита. Културата се наоѓа под силно влијание на притисокот од цената на надворешните пазари диктирана од далеку поконкурентните светски производители. Производството на ориз во период 2014-2019 година бележи тренд на намалување поради намалените површини за 31,3%, од 5.174 ха на 3.555 ха во 2019 година. Оризовите површини учествуваат со 18% од вкупно наводнуваната површина, веднаш по лозовите насади со 25%, поради што влијанието на климатските промени е значителен фактор на долгорочната одржливост. Единствената научна институција која се занимава со унапредување на производството на ориз со години е запоставена во однос на обновување на научниот кадар и обезбедување средства за реализација на истражувачки проекти. Фуражните култури во периодот 2014-2019 година забележуваат зголемен тренд на производство и обем на просечно годишно производство од околу 296.562 тони (од 255.082 во 2014 година)38. Сепак, домашното производството на добиточна храна и фуражни култури задоволува само околу 40 % од вкупните потреби од добиточна храна, додека остатокот се надополнува од увоз, главно од соседните земји. Недоволното производство на фуражни култури и генерално добиточна храна е еден од главните ограничувачки фактори за развојот на сточарството што негативно се одразува на неговата трошковна структура. Една од причините за ова е недоволната површина на земја по одгледувалиште, како и екстензивниот начин на производство без примена на интензивни агротехнички мерки при производството, потоа расцепканоста на парцелите и неможноста за соодветна примена на наводнување кај голем дел од површините. 38 Најзастапена фуражна култура во анализираниот период е луцерката со просечна површина од околу 19.622 ха и просечно годишно производство до околу 112.458 тони. На второ место е крмната пченка со просечна површина од околу 6.000 ха и просечно годишно производство од околу 150.862 тони. По нив доаѓа детелината со околу 3 702 ха и просечно призводство од околу 17 725 тони. Граорот со просечна површина од околу 2 070 ха и производство од околу 7 084 тони. 38 Тутун и индустриски култури Производството на тутун како најзастапена индустриска култура39 е организирано како монопроизводна земјоделска дејност во неколку региони во државата и целосно ориентирано на ориенталните ароматични типови. Замената на тутунот со друга економска неземјоделска или земјоделска активност која би обезбедила еквивалентно ниво на приходи е ограничена поради недостаток на алтернативни вработувања или поради несоодветните природни услови за друг тип на земјоделско производство во постојните производни ареоли. Тутунопроизводството има силна социјална компонента поради трудоинтензивниот карактер и ангажманот на околу 155.000 членови на семејни земјоделски стопанства (или околу 6-8 % од вкупното население). Сите фази на процесот на производството се договорно регулирани со посебното законско решение. Високите откупни цени и продолжената поддршка на приходот во периодот 2015-2019 година придонесоа за зголемување на приходите по декар површина за 36,3% во однос на претходниот стратешки период (од 26.700 на 36.400 денари). Како резултат, производството бележи стабилен тренд со просечна производна површина од околу 16.588 хектари и просечно годишно производство од околу 25.300 тони. Со остварени една петтина од вкупната вредност на извозот, тутунот е на првото место како најзначаен македонски извозен производ. Производството на останатите индустриски култури исто како и другото поледелско производство е екстензивно и се одликува со ниски приноси кои се драстично под регионалниот и европски просек. Неконкурентноста главно произлегува од малите земјоделски стопанства и фрагментираноста на нивните земјишни парцели кои најчесто резултираат со годишни приходи недоволни за покривање на основните трошоци. Со цел да ги намалат трошоците за производство, производителите се принудени да штедат на обработката на почвата, на вештачките ѓубрива, средствата за заштита што влијае на нискиот и неквалитетен принос. Дополнително кај најголем дел од индустриските култури поради трговската либерализација, откупните преработувачки капацитети ги преферираат поевтините и поквалитетни увозни суровини. Од ова исклучок може да биде производството на афион за кое во државата постојат услови и интерес за откуп и екстракција на алкалоиди од афионските чушки. Сончогледот е втора по застапеност индустриска култура после тутунот, со просечната производна површина од 4.300 хектари и годишно производство од околу 6.688 тони кои покриваат само околу 7% од потребите за масло за јадење, додека остатокот се надополнува со увоз. Релативно ниската откупна цена на сончогледовото семе, ниските приноси и огромната конкуренција со евтино сурово сочогледово масло ја прави културата непрофитабилна и неатрактивна за производителите. Органско производство Главна цел во делот на органскиот начин на производство во изминатиот стратешки период претставуваше воспоставување на институционална и правна рамка, обезбедување на политики на поддршка на органското производство, негова промоција 39 опфаќа околу 80% од вкупните површини под индустриски култури 39 и популаризација, како и унапредување на препознатливоста на домашниот пазар со започнување на извоз на странските пазари. Под органско земјоделско производство во 2019 година се обработуваат 0,41% од вкупната земјоделска површина. Органското производство бележи значителен пораст според сертифицираните обработливи површини и бројот на субјекти во изминатиот стратешки период. Така во 2019 година се регистрирани 847 оператори или 2,5 пати повеќе од бројот во 2014 година - 344. Значително зголемување има кај површините под растително органско производство, од 2.359 хектари сертифицирано или во преод производство во 2014 година на 4.275 во 2019 година40. Во сточарското органско производство водечка гранка е овчарството каде од 52.288 грла во 2014 година, вкупниот број на овци во органско производство се искачува на 57.936 во 2018 година и уште 43.381 овци кои се наоѓаат во преод, односно вкупно 101.317. Зголемување од 6.285 во 2014 година на 7.760 во 2016 година се бележи и кај пчелните семејства. Финансиската поддршка од дополнителни субвенции кои се повисоки во однос на износите одобрени за конвенционалното производство претходно утврдени на 30%, во изминатиот стратешки период е дополнително зголемена на 50% за полeделски култури, сточарско и пчеларско производство, 70% за овоштарство и лозарство и 100% за градинарско производство. Во следниот период се очекува акредитација на мерката за поддршка на органското производство во рамките на агро-еколошките мерки поддржани од ИПАРД 3 програмата, пресметани по соодветна методологија што треба да овозможи и повисока поддршка во однос на постојната. Органското производство има потреба од поголема препознатливост и верификација на зголемената вредност на пазарот преку повисоки цени што сеуште во најголем дел не е случај и често се пласира без потребната диференцијација. Развојот на органското производство во државата е забавен поради недостатокот на соодветни заштитни средства што придонесува кон трендот да се сертифицираат најмногу култури кои имаат помалку барања во поглед на потребна заштита (ореви, лешници, јапонски јаболка, калинки и др.). Компаниите кои што нудат средства за заштита немаат посебен интерес за продажба на средства дозволени за употреба во органското производство поради ограничениот пазар. Производителите се жалат и на слабата понуда на дозволени репроматеријали за растително земјоделско производство на домашниот пазар (семиња, садници и заштитни средства). Недоволните образовни и информативни активности за органските земјоделци се уште една пречка за развојот на органското производство. Семе и саден матерјал Производство на земјоделски производи во голема мерка е предодредено од употребата на квалитетен сертифициран семенски и саден материјал со кој се гарантира повисок принос, квалитет и автентичност на сортата односно производот. За добар дел од културите земјоделците користат меркантилно семе од сопствено 40 Најголемо учество во растителното органско производсво во 2019година имат фуражните култури со 34%, а по нив следат житните култури со 23%, овошни насади со 17%, ароматичните/лековити растенија со 12%, градинарски култури учествуваат со 10%, додека маслодајните и лозовите насади со по 1-3%. 40 производство што е идентификувано како еден од факторите на влијание на ниските приноси и ризик по здравјето на растенијата. Поради пад во научно-истражувачките и стопански капацитети кои се занимаваа со производство на семенски и саден материјал во државата, домашното семепроизводство задоволува само околу 30% од потребите, додека за остатокот се користи меркантилно семе или семе од увоз. Слична е состојбата и со производство на домашен саден материјал од овошни растенија и винова лоза неопходен за задоволување на растечкиот интерес за подигање и обнова на постоечките повеќегодишни насади со квалитетни садници. Со воведување како услов во мерките на поддршка, во изминатиот период е забележана поголема употреба на сертифициран семенски матерјал за поледелските култури од страна на корисниците на поддршка, како и тенденција на зголемување на домашното производство на саден материјал со сортни особини прилагодени во одредени региони на државата. Потребата од зголемување на производството на семе и саден матерјал од домашно потекло и зголемената употреба на сертифициран материјал во производството останува актуелна и во следниот стратешки период и е директно поврзана со обезбеденото дополнување на приходот на производителите. Исто така, приоритет останува домашното производство на расад од градинарски и украсни растенија произведен во посебни, санитарно-безбедни услови. Создавањето на нови попродуктивни и поквалитетни сорти земјоделски растенија е долготраен процес кој во моментов е во стагнација поради необезбедени финансиски средства за селекционерските програми. Од овие причини има потреба од воведување на селекционерски програми за создавање сорти кои даваат повисок принос и квалитет и се прилагодени на нашите почвено-климатски услови во одредени региони. Исто така, евидентен е проблемот на заостанување во исполнувањето на законската обврска на производителите за направен DUS тест на сите домашни сорти од семенски и саден материјал од земјоделски растенија заради (ре)запишување во националната сортна листа. Матичните насади во овошни растенија и винова лоза кои се користат за производство на базичен саден материјал се основа за добивање на безвирусни и квалитетни садници. За постигнување на позначаен исчекор во подигањето на матичните насади од овошни растенија и винова лоза потребно е да се обезбеди базичен материјал за матични растенија кој ретко се тргува. Од овие причини домашните производители произведуваат сертифициран и стандарден материјал (САС) од овошни растенија и винова лоза. За создавањето на матични насади потребна е обука за начинот на производство и подигање на базични матични растенија која на стручните лица од научни установи и производители на саден материјал би им била испорачана од надворешна техничка поддршка. Нашата држава располага со голема разновидност на автохтони сорти од земјоделски растенија адаптирани на локалните почвено-климатските услови кои представуваат национално богатство и извор на генетски потенцијал за создавање на нови сорти и истите ќе бидат предмет на заштита и конзервација. При наплив и доминација на комерцијални сорти на семе и саден матерјал од странско потекло, неопходно е да се зачува националниот диверзитет на семенски и саден материјал, кои иако имаат помала плодност, се одликуваат со поголема отпорност кон климатските промени и 41 болести. Постапката на конзервација бара изработка на елаборати со резултати од истражувања или податоци по автохтона сорта одгледувана во одредени области во нашата држава и нејзино запишување во националната сортна листа за што недостасуваат средстава и иницијатива. Дел од системот на заштита е и тековното функционирање на ген банките во овластени институции каде се чува и одржува семенски и саден материјал од сорта и автохтона сорта запишани во националната сортна листа. Украсните растенија меѓу кои каде спаѓа цвеќето се дел од производите за кои се однесуваат одредбите на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. Во однос на производството на украсни растенија евидентиран е проблем на оданочување на семенскиот матерјал со повисока стапка на Данокот на додадена вредност (во понатамошниот текст ДДВ) од 18%, наместо повластената даночна стапка од 5% која генерално се применува во прометот и увозот на семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија согласно член 30 од Законот за ДДВ. I.3 Еколошки услови, управување со природните ресурси и влијанието на климатските промени Иако генералната употреба на ѓубрива и пестициди е релативно многу ниска споредено со земјите од ЕУ, интензивното земјоделство и трансформацијата на полуприродни пасишта во обработливо земјиште може да претставуваат закана за биолошката разновидност на земјата во локализираните области со висок потенцијал за производство во земјата. Губењето на биолошката разновидност како резултат на напуштање на земјиштето и на традиционалното одгледување на добиток во ридско планинските подрачја, доведува до влошување и на крајот исчезнување на полуприродните живеалишта и традиционалните предели. Особен проблем претставува интензивната урбанизација и проширување на некои од населените места за сметка на земјоделското земјиште. Најзначајните влијанија на земјоделството врз животната средина се поврзани со деградација на почвата и солинизацијата како резултат на неодржливи земјоделски практики и употребата на земјиште; лошо управување со водите; деградација на биодиверзитетот и ерозија на почвата. Сите овие проблеми ја зголемуваат ранливоста на земјоделските системи и руралните средства кон надворешни шокови, како што се климатските промени. Негативните ефекти од климатските промени се очекува да имаат поголемо влијание врз земјоделството од кој било друг сектор во земјата, значително намалувајќи ги приносите на повеќето земјоделски култури. Анализата на различните сценарија за климатски промени за земјата покажува дека просечната годишна температура ќе се зголеми за 1,0° C до 2025 година и 1,9° C до 2050 година, додека средните врнежи се предвидуваат да се намалат за 3% и 5% во истите временски периоди, што значи значително зголемување на сувоста. Овој ризик дополнително се интензивира со релативно ниската продуктивност и недостатокот на прилагодлив капацитет познат и како „дефицит на адаптација“ кој е резултат на голем број на структурни фактори. 42 Со значителен дел од руралното население зависно од земјоделството за својата егзистенција, руралните заедници се особено ранливи на ризиците предизвикани од климатските промени. Чувствителни подсектори и области се: растителното производство41, почвите и сточарството. Ризиците од климатските промени по земјоделскиот сектор во земјата ги надминуваат евентуалните потенцијални придобивки од истиот. Заради веќе евидентното негативно влијание во скоро сите важни земјоделски региони во земјата, постои потреба за развој и спроведување опции за адаптација за зголемување на отпорноста на земјоделските системи кои ќе овозможат заштита од елементарни непогоди, заштита на животната средина и одржливо управување со ресурсите, како и за прилагодување кон климатските промени. Одгледувањето на земјоделските култури на најголемиот дел од територијата на државата е невозможно без дополнително наводнување. Од друга страна поради зачестените обилни врнежи кои често се поклопуваат со периодите на зголемена влажност, земјоделските површини особено покрај поголемите речни текови често се на удар на поплави со големи економски загуби по производството. Оттука, проширување и рехабилитација на постојните и изградба на нови системи за наводнување останува приоритетна потреба особено од аспект на очекуваните негативни ефекти од климатските промени кои ќе влијаат на зголемување на потребите за наводнување од една страна и намалување на расположливото количество на вода за наводнување од друга. Водните ресурси, односно подземните и површинските води, се релативно чисти во горниот тек и брзо се влошуваат долж нивниот среден и долен тек. Ризиците за загадување на водата се високи во интензивните земјоделски региони со монокултурно производство во близина на водните извори и езера. Сточарските стопанства се посебен проблем за подземните води. Модернизацијата и интензивирањето на земјоделството дополнително ќе ги загрози површинските и подземните извори и акумулациите. Загадената вода го ограничува изборот на земјоделски култури, особено попрофитабилните култури како зеленчук и овошје. Околу 38 проценти од земјата е склона кон висока ерозија на почвата поради топографски карактеристики и обилни врнежи од дожд, но во многу случаи, ерозијата на почвата е предизвикана од неодржливи земјоделски практики. Ерозијата на почвата резултираше во големи количини на талог кои завршуваат во акумулациите и во наводнувачките и дренажните објекти, што доведува до намалување на капацитетот за складирање / проток и оштетување на критичната инфраструктура. Националните биолошки ресурси, претставени со автохтони сорти, раси и видови треба да бидат зачувани заради економски, научни, културни, социоекономски и еколошки бенефити. Бројот на сорти и видови во земјоделското производство е доказ за голема биолошка разновидност на земјата. Според Националната листа на автохтони земјоделски растенија и раси на добиток, има 410 автохтони сорти на растенија од различни видови. Врз основа на оваа листа, министерот за земјоделство го пропишува методот за следење и анализа на состојбата на автохтоните видови врз 41 Како ранливи култури се дефинирани следните култури: винова лоза / грозје како најважна култура во Вардарскиот регион, доматите во југо-источниот дел на земјата, пченицата како најважна житна култура во скопскиот, кумановскиот регион и Овче Полеито, и јаболката во југозападниот регион, особено во Ресен. Луцерката како култура со многу голема побарувачка на вода и огромно значење во секторот сточарство што е ранлива во сите земјоделски региони во земјата, особено за битолскиот регион. 43 основа на нивното ниво на загрозеност и обезбедува дополнителни мерки за зачувување, собирање и складирање на потребните генетски залихи и нивна употреба за земјоделско производство. Генската разноликост на растителните видови присатни во земјата се чува во ген банки во три научно истражувачки институции. Во однос на заштита на генетските ресурси во одгледувањето добиток, со членот 54 од Законот за сточарство се дефинираат автохтоните раси и/или линии според видовите на добитокот: Говеда - Буша; Овци - Каракачанска, Овчеполска и Шарпланинска овца: Кози - балканска коза: Свињи - локално примитивна: Кокошка - домашна кокошка: Бивол - домашен бивол: Коњ - домашен коњ: Магаре - домашно магаре: Пчели - пчела ( Apis mellifera macedonica) и Куче - овчарско куче Шарпланинец. Истите се вклучени во системот за мониторинг и се дел на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството. Повеќето се веќе предмет на финансиска поддршка. Секторот шумарство се очекува да доживее високо ниво на влијание од климатските промени. Главните извори на изложеност (и придружните влијанија) за шумите во земјата се зголемувањето на температурите, намалувањето на врнежите, зголемувањето на фреквенцијата на шумските пожари и промените во продуктивноста на шумите. Економските, социјалните и еколошките функции на шумите се од огромно значење за одржливиот развој на општеството и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја. Согласно статистичките податоци, вкупните површини под шуми опаќаат 1,01 милиони ха или 39,2% од територијата на земјата во 2018 година, а заедно со другото шумско земјиште и голо земјиште поврзано со шумата, 1,12 милиони42 ха или 43,7% на територијата на земјата. Површината под шуми е зголемена за 4,9% од 2010 година, додека другото шумско земјиште дури за 14,3% како резултат на ширењето на напуштеното земјоделско земјиште. Вкупната дрвна маса изнесува 74.343.000 м³, а вкупниот годишен прираст 1.830.000 м³ со просечен годишен прираст од 2,02 м³ по хектар. Планираниот годишен сечив етат изнесува околу 1.300.000 м³, а се користи околу 70% од истиот. Шумите во државна сопственост зафаќаат 90% од вкупната површина под шума, а по дрвна резерва нивното учество е 92%, а остатокот се шумите во приватна сопственост. Постојат повеќе од 200.000 парцели во сопственост на околу 65.000 домаќинства, во просек 0,6 ха по домаќинство. Вработувањето во шумарскиот сектор се проценува меѓу 0,3%-0,5% од вкупната вработеност. Сепак и покрај потенцијалот, придонесот на шумарството во националниот БДП е помал од 0,5%, двојно помалку во споредба со просекот на ЕУ од 1%, а учеството на дрвната индустрија (примарна и секундарна преработка на дрво, мебел, хартија и целулоза, итн) во БДП е 2,5-3%. Иако земјата има добар потенцијал за развој на шумарството, ограничувачки фактори се: големиот процент на деградирани шуми и шикари и слабиот квалитет на дрвната маса поради што истата повеќе се употребува како огревно дрво, а многу малку како техничко, распространетата бесправната сеча и други незаконски активности, потоа 42 од кои вкупната површина под шумаизнесува 947.653 ха, од кои 82% се лисјарски, 12% четинарски и 6% мешани шуми. Високостеблените шуми зафаќаат помалку од 30% од вкупната површина под шуми и учествуваат со 61,6% во вкупната дрвна резерва, а нискостеблени зафаќаат 70% од вкупната површина под шуми и учествуваат со 38,4% во вкупната дрвна резерва. 44 девастирачките шумски пожари кои на годишно ниво (1998-2012) во просек унишуваа површина од околу 10.344 хектари и сушењето на шумите заради климатските промени или напад од штетни инсекти и болести. Овие ризици предизвикуваат огромни економски и еколошки загуби во шумарскиот сектор. Слабо-развиената шумска патна инфраструктура го попречува развојот на шумарскиот сектор. Недоволната отвореност на шумите со шумски патишта влијае врз брзото, квалитетно и ефективно извршување на стручните работи во шумите, но и на навремената интервенција при појавата на шумски пожари. Во насока на подобрување на инвестициите во инфраструктурата, МЗШВ изработи „Студија за развој на шумска патна мрежа во Република Македонија“ според која проектирањето и градењето на шумските патишта во иднина ќе се прави врз принцип на планска и проектна документација со избор на соодветни технологии на работа и користење на современи информатички и технолошки помагала. Врз основа на ова студија ЈП. „Национални шуми – Скопје, Сектор за уредување на шуми и ловишта и проектирање во иднина ќе ги изработува посебните планови за уредување на шумите. Во последниве години се забележува растечки интерес за одгледување на брзорастечки дрва за индустриски потреби. I.4 Систем на знаење и иновации во земјоделството Образовниот систем во земјоделството го сочинуваат средните земјоделски училишта и високо-образовните институции. Неформалното образование не е институционализирано, а се спроведува нередовно, во рамките на национални и меѓународни проекти. Постојат осумнаесет средни стручни училишта во кои се застапени наставни програми за струките: земјоделство и ветеринарство (во 10 училишта), за шумарство и дрвна индустрија (во 7 училишта) и за прехранбена струка (во 5 училишта). Училиштата се дисперзирани во различни делови на државата. Имајќи го предвид трендот на непривлечност на овие стручни профили, во сите овие училишта се нудат други наставни програми и профили на настава (особено гимназиски паралелки), кои привлекуваат повеќе ученици. Дури и во области каде земјоделството е една од главните активности и извор на приход на населението, и каде постои потреба од ваков тип на специјализирани наставни програми, за да се продолжи и унапреди управувањето со земјоделските стопанства, има мал интерес и бројот на ученици се намалува секоја година. Во оваа насока придонесува и проблемот на зголемената миграција и иселувањето. За искористување на овие капацитети потребно е истите да се стават во функција на систем за неформално образование на земјоделците што ќе обезбеди континуиран систем за обуки за подобрување на нивните квалификациите, особено за управување со земјоделските стопанство, примена на нови технологии, примена на пазарни стандарди за квалитет и безбедност на храна. Високото образование од областа на земјоделските науки, шумарството, дрвната индустрија, ветеринарната медицина и прехранбените технологии се одвива на девет факултети кои се дел од петте државни универзитети. Факултетите нудат значителен број на студиски програми на прв, втор и трет циклус образование. Студиските програми обезбедуваат знаења и вештини за струките во областа на земјоделството, 45 ветеринарната медицина, храната и шумарството и ги покриваат потребите на пазарот на трудот во овие области. И во делот на високо-образовните институции бројот на студенти драстично се намалува од причини на намалената заинтересираност за студирање во овие области, како и намалувањето на бројот на ученици во средните училишта што беше споменато и во делот на средното образование. Ова придонесува недоволната искористеност на капацитетите, а пред се кадровските потенцијали на наставно-научните работници да бидат искористени во делот на градењето на ситемите за трансфер на знаење посебно кон советодавните служби, во научно истражувачките и стручно-апликативните проекти во подобрување на техничко технолошките процеси, трансфер на современи технологии и подобрување на методите во управувањето на земјоделските стопанства. Во делот на научно-истражувачката работа, иновациите и трансферот на технологии, покрај факултетите учествуваат и трите научни институти, кои исто така во последните неколку години се со недоволно искористени капацитети, како резултат на многу малите вложувања во науката и неизградениот систем за континуирана стручно апликативна работа за потребите на земјоделството. Во изминатиот период како недостаток се и трансверот на технологии и иновации, поради слабите врски помеѓу клучните институции во еден ваков систем (наставно научни институции – советодавни служби – производители/државни институции). Дел од наставно-научните институции располагаат со земјоделско земјиште, но поради недоволната поддршка овие институции неможат да спроведат посериозни апликативни проекти и да ги претворат овие земјишни капацитети во демонстративни стопанства, што треба да биде сериозно поддржано и изградено во наредниот период. Современото земјоделство денес во извонредно брзи технолошко-технички и социо економски промени, како и под сериозни влијанја на природните услови а пред се на климатските промени мора да биде силно поддржано со брз проток на информации. Иако во минатиот период се направени значајни подобрувања во делот на градење на системи и воведувањето на Информатичка и комуникациска технологија (во понатамошниот текст ИКТ) во земјоделството, сето тоа мора да продолжи со уште поголемо темпо и со поврзувањето на системите и базите на податоци помеѓу себе и давање на поголем пристап на производителите за нивно користење. 46 ДЕЛ II. ЦЕЛИ, ТИПОВИ НА ИНТЕРВЕНЦИИ НА ПОЛИТИКИТЕ И МЕРКИ ЗА ПЕРИОДОТ 2021–2027 ГОДИНА Врз основа на претходно направената проценка на потребите во земјоделскиот сектор, руралниот развој, еколошките и климатски аспекти и управувањето со природните ресурси, во Дел II од стратегијата се претставени стратешките и специфичните цели на националната земјоделска политика за периодот 2021 – 2027 година и избраните интервенции на политиката по типови во девет области на интервенција кои треба да придонесат кон постигнување на поставените цели. II.1 Стратешки цели за развој на земјоделството и руралните средини Поради мултидимензионалното значење како трета најзначајна економска дејност во државата која обезбедува храна на населението и одржливост на руралните средини и има значајна еколошка и климатска поврзаност, земјоделството и во следниот стратешки период ќе претставува една од приоритетните економски сектори во државата. Пандемијата на вирусот КОВИД-19 дополнително го потенцираше значењето на земјоделството, односно потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна од домашно потекло. Целите на стратегијата се преку модернизација да се постигне зголемување на земјоделското производството во насока на поголемо задоволување на потрошувачката со домашно производство, подигање на квалитетот на македонските земјоделски производи со додадена вредност, осигурана безбедност на храната и благосостојба на животните, односно да се создадат услови за одржливо земјоделство кое е конкурентно на домашниот и надворешните пазари. Подобрените перформанси на земјоделството заедно со другите интервенции на политиките треба да придонесат кон подобрена одржливост на руралните средини. Во исто време, земјоделските практики треба да се полезни за заштита и унапредување на животната средина и одржување на биодиверзитетот. Во изминатиот стратешки период македонското земјоделство функционираше во услови на: зголемена конкуренција од регионалните земјоделски економии со пројавени загуби во конкурентноста и кај подсекторите со компаративни предности, намалување на светските цени на производите, под влијание на неповолни климатски услови, особено во 2017 година, ширење на сериозни заболувања со големи штети на сточарскиот сектор и конечно, во последната година од периодот, со пореметување на пазарите предизвикано од влијанието на светската пандемија на корона вирусот. Секторот е под сериозни пристисоци заради намалувањето на достапноста на работна сила во руралните средини поради општите миграциони движења. Паралелно, секторот се наоѓа во процес на реструктуирање со намалување на бројот на земјоделските стопанства и постепено окрупнување на капацитетите. Во рамките на тој процес, подобрувањето на перформансите на работењето може да се постигне со промени на постојниот пристап во производството и маркетингот преку инвестирање во 47 подобрени технологии и примена на напредни знаења за управување со бизнисите. Кофинансирањето на најмалку половина од инвестициите за модернизација на земјоделските стопанства и преработувачките капацитети ќе продолжи да биде поддржано од националниот буџет и средствата на инструментот за предпристапна помош од ЕУ - ИПАРД, додека земјоделците и другите учесници во секторот за прв пат ќе добијат можност за ефективна надградба на своите знаење и вештини преку функционални врски со науката и советодавните служби постигнати во рамките на нововоспоставениот Систем за знаење и иновации во земјоделството. Со цел обезбедување на можност сточарските стопанства да инвестираат ќе се легализираат економските објекти во одгледувалиштата. Додека се одвива постепената трансформација на земјоделско-прехранбените производни системи ќе биде потребно да се осигура дека транзицијата не придонесува понатаму во невработеноста или депопулацијата на руралните области или влошување на руралните предели и загубата на биодиверзитетот. Од тука произлегува потребата за создавање алтернативни и одржливи земјоделски и неземјоделски економски можности во руралните области. Дополнителен притисок на земјоделските стопанства доаѓа и од негативното влијание на глобалните климатски промени на големината и квалитетот на приносите. Прилагодувањето и подобрувањето на перформансите во вакви услови бара дополнителни инвестиции и иновативни мерки поддржани од политиките кои ќе помогнат во зголемување на неговата отпорност, но исто така и на намалување на влијанието на активностите во земјоделството и шумарството на промената на климата. Поддршката на локалното управување и социјалниот капитал во руралните области преку „ЛИДЕР пристапот“, ширење на добри практики и иновации и вмрежување ќе им овозможи на руралните заедници подобро да одговорат на предизвиците од различен тип. Одржливоста на руралните средини е директно поврзано со условите за живот и работа во истите. Зголемените инвестиции во комуналната, економската и патна инфраструктира во руралните средини во следниот период ќе треба да влијаат на подобрување на добросостојбата на населението и одвивањето на економските дејности, особено насочени кон овозможување на услови младите да останат да живеат во селата. Како движечка сила за развојот на руралните средини, младите земјоделци кои започнуваат земјоделски бизнис ќе бидат поттикнати во реализација на своите планови. Капиталните инвестиции за рехабилитација на постојните и проширување и изградба на нови системи во водостопанството и одводнувањето како предуслов за земјоделството, остануваат да бидат најзначајната ставка во инвестиционите вложувања, особено во услови на изразени климатски влијанија. Помалите приходи во земјоделството во однос на останатите економски дејности придонесуваат секторот да се прифаќа како помалку атрактивен, поради што е евидентно заминувањето и недостатокот на работната сила. Поддршката на приходот преку директните плаќања игра важна улога во одржливоста на производната дејност за најголем број од стопанствата посебно во овчарството и козарството, говедарството со производството на млеко, житните култури и др, односно придонесува во зголемување на развојниот и инвестиционен потенцијал кај оние со поголеми производни капацитети. Покрај одржување на производството, плаќањата позитивно 48 влијаат на социјалната стабилност на руралното население, особено она кое се занимава со секторите со недоволна компаративна предност или живее во подрачја со ограничени услови за производство. Сепак, заради зголемување на ефикасноста на вложувањата, тежиштето на политиките ќе биде поставено кон семејните комерцијални стопанства кои ќе бидат поддржани за да се специјализираат за високо-квалитетно земјоделско производство барано на пазарите. Малите земјоделски стопанства треба неопходно да ја окрупнат нивната понуда и зајакнат преговарачката позиција преку здружување во задруги, да ја зголемат продуктивноста на ограничените капацитети или конверзираат во други попрофитабилни типови на производство. Од друга страна, големите земјоделски претпријатија и преработувачки капацитети треба да ги искористат можностите за поддршка на инвестициите за подобрување на конкурентноста и нивните перформанси во работењето, да ја подобрат хоризонталната интеграција и секако, да воспостават функционални, партнерски врски со примарното производство. Тие треба да бидат лидери на развојот и центри на емитување на модерна технологија, иновации и подобрена генетика. Сите учесници заедно, ќе мора да ги почитуваат задолжителните договори при откупот на земјоделските производи и да започнат со доследна примена на минималните стандарди за квалитет. Наследените структурни слабости во земјоделството поврзани со малата просечна површина по стопанство и просторната раситнетост на парцелите се главните ограничувачки причини за недоволната конкурентност. За постепено надминување на состојбите во следниот период ќе продолжи интервенцијата на државата во консолидација на парцелите, доделување на државно земјиште на вистинските производители со издвојување на сточарите во посебни огласи и продажба на издвоени парцели. Истовремено ќе се стимулира пазарот на земјиште со оданочување на земјоделско земјиште кое нема да биде обработено или не е понудено за закуп. Политиките во земјоделскиот сектор ќе бидат во согласност со генералните обврски и насоки на државата за прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ, незанемарувајќи ги притоа потребите на домашниот пазар и пазарите во глобални светски рамки. Прилагодувањето треба да го оспособи секторот поуспешно да функционира во услови на зголемена конкуренција на единствениот европски пазар. Во насока на третирање на идентификуваните потреби на секторот, интервенциите на националната земјоделска политика во претстојниот стратешки период 2021-2027 година ќе треба да ги постигнат следниве стратешки цели за:  подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехрамбениот сектор, економската одржливост и приходот на земјоделските стопанства,  примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите и  обезбедување на одржлив развој на руралните средини. Овие цели ќе бидат надополнети со хоризонталната цел за модернизација на секторот преку поттикнување и споделување на знаење, иновации и дигитализација во земјоделството и руралните области и охрабрување на нивното прифаќање од страна на земјоделците и другите учесници во секторот. 49 II.2 Специфични цели за развој на земјоделството и руралните средини Остварувањето на поставените стратешки цели ќе се постигне преку таргетирани интервенции на земјоделската политика во девет специфични области кои се преставени како специфични цели. Специфичните цели, односно областите на интервенција на политиките за периодот 2021-2027 година се дадени во Табела број 5, каде е презентирана и поврзаноста помеѓу нив и трите главни цели на стратегијата. Табела бр.5. Преглед на стрaтешки и специфични цели на НСЗРР 2021-2027 година Стрaтешки цели Специфични цели Подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, економската одржливост и приходот на земјоделските стопанства СЦ1. Поддршка на одржливиот приход на земјоделските стопанства заради нивен придонес кон подобрување на сигурноста во обезбедувањето на доволно храна СЦ2. Зајакнување на пазарната ориентацијата и зголемување на конкурентноста, со особен фокус на истражувањето, технологијата и дигитализацијата СЦ3. Подобрување на положбата на земјоделците во синџирот на додадена вредност на земјоделски производи Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промении прилагодување кон истите СЦ4. Придонес кон ублажување на климатските промени и прилагодување кон истите, како и поголема примена на одржливата енергија СЦ5. Поттикнување на одржлив развој и ефикасно управување со природните ресурси како што се вода, почва и воздух СЦ6. Придонес кон заштита на биодиверзитетот, подобрување на услугите на екосистемот и зачувување на природните живеалишта и пределите Обезбедување на одржлив развој на руралните средини СЦ7. Привлекување на млади земјоделци и олеснување на развојот на бизнисите во руралните средини СЦ8. Промовирање на вработување, раст, социјална вклученост и локален развој во руралните средини, вклучително и био-економија и одржливо шумарство СЦ9. Подобрување на одговорот на земјоделството кон барањата на општеството за здравствените аспекти на храната, вклучувајќи ги безбедноста, нутритивниот состав и одржливоста на храната, храна која завршува како отпад, како и благосостојбата на животните Описот на специфичните цели и нивната поврзаност со политиките кои треба да придонесуваат кон нивно постигнување подетално се елаборирани во продолжеток. 50 СЦ1. Поддршка на одржливиот приход на земјоделските стопанства заради нивен придонес кон подобрување на сигурноста во обезбедувањето на доволно храна Во услови на континуирана променливост на цените на пазарите со земјоделски производи, земјоделската дејност остварува значително пониски приходи од просечните во државата. Поради ова ќе продолжи поддршката на надополнување на приходот на земјоделците остварени од пазарите преку директните плаќања. Плаќањата кои генерално ќе бидат на ниво како и во изминатиот период, треба поблиску да попримат карактеристики од европски тип на неповрзаност со производството. Истовремено, дел од производно-врзаните плаќања ќе бидат прецизно таргетирани во третирање на идентификуваните проблеми и состојби во подсекторите и насочени кон постигнување на дефинираните подсекторски цели. Со цел обезбедување на стабилност на приходите ќе се применат инструменти за стабилизација на приходите и управување со ризици, како што се осигурувањето, формирањето на приватни заеднички фондови, приватно складиштење и ограничени интервенции на пазарите, како и интервентно зголемување на износот на поддршката, особено во првиот период додека не се воведат останатите инструменти од европски тип. СЦ2. Зајакнување на пазарната ориентацијата и зголемување на конкурентноста, со особен фокус на истражувањето, технологијата и дигитализацијата Во изминатиот период продуктивноста на факторите на производство има позитивен тренд и кај добар дел од секторите го одржува производството во услови на структурни прилагодувања и намалени вкупни капацитети. Сепак споредено со европското ниво, па дури и во регионален контекст има потреба за понатамошно подобрување. При ограничени ресурси, зголемувањето на продуктивноста е единствениот начин за зголемување на нивото на приходите на стопанствата и во таа насока интервенциите на политиките ќе кофинансираат инвестиции во капиталот за оптимализација на трошоците во производството и рационализација на трудот. Поддршка ќе се обезбеди и за подобрување на генетскиот потенцијал во сточарството, промена на сортната структура во лозарството и овоштарството, како и поддршка на производството и примена на сертифицираниот семенски и саден материјал. Посебен акцент ќе се обрне на воведување на политики кои беа занемарени во изминатиот период насочени кон оспособување на човечкиот капацитет за примена на нови технологии. Нововоспоставениот Систем за знаење и иновации треба да ги поврзе сите чинители во креирањето на иновации, пренос на знаење и дигитализацијата и овозможи размена на дигитални технологии, паметно земјоделство и производни методи базирани на знаење и добро управување. Негативната перцепција на модерните технологии кај земјоделците, ќе се надминува со ефикасни советодавни служби, демонстративни стопанства и обуки за олеснување на прифаќањето на новите технологии. Намалувањето на трошоците на производство и создавање услови за примена на модерна технологија ќе се постигнува и со подобрување на земјишната структура со 51 консолидација на парцелите, а со зголемената достапност на земјиште за обработка преку закуп и продажба ќе се овозможи пораст на површината по стопанство. СЦ3. Подобрување на положбата на земјоделците во синџирот на додадена вредност на земјоделски производи Реструктуирањето и окрупнувањето на стопанствата е долг процес, па подобрување на положбата на земјоделците во синџирот на додадена вредност на краток рок е можно само преку нивно здружување во задруги. Ова како и досега ќе биде поддржано од страна на политиките на рурален развој со поддршка на формирање и функционирање на земјоделските задруги. Дополнително ќе биде воведена нова интервенција на политиката за препознавање на организациите на производители и меѓугранските организации и спроведување на активностите од нивните оперативни програми. Поради недоволниот напредок на здружување во секторот, а во насока на негово стимулирање, транзиционо ќе се поддржуваат форми кои не се економско здружување, но имаат пазарна ориентација. Дополнително ќе се стимулира здружувањето на жените од руралните средини во задруги. Во насока на воспоставување на фер односи на пазарот, доследно ќе се спроведуваат одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој кои се однесуваат на задолжителни договори при откупот на земјоделски производи, регистрација на откупувачите, уредување на откупните места, а известувањето ќе се одвива по електронски пат. Подобрување на пазарната транспарентност ќе се стимулира со формирање на пазарни информациски системи за најважните производи поврзани со ЗПИС. Положбата на земјоделците на пазарот ќе се поддржува и со развивање на нови модели на производство на производи со дадена вредност барани на пазарите (органско производство, заштитени географски индикации) и со намалување, т.е избегнување на посредниците (директна продажба, електронска продажба и сл). СЦ4. Придонес кон ублажување на климатските промени и прилагодување кон истите, како и поголема примена на одржливата енергија Климатските промени имаат сериозно влијание на македонското земјоделство преку намалени приноси, потреба за дополнително наводнување или одводнување и зголемена појава на нетипични болести кај растенијата и животните. Со цел ублажување на климатските промени и прилагодување кон истите ќе бидат стимулирани практики кои не влијаат на климата преку нивно воведување во барањата за вкрстена сообразност и со зголемен интензитет на кофинансирање на потребните инвестиции. Во новата ИПАРД програма за периодот 2021-2027 година ќе се обезбеди дополнително повисок процент на јавно кофинансирање на инвестициите насочени кон ублажување на климатските промени и прилагодување кон истите. Проектите за поддршка на намалувањето на GHG CO2 еквивалентите ќе претставуваат најмалку 5% од вкупниот број на проекти финансирани преку Мерка 1 на ИПАРД програмата43. Негативното влијание од промените ќе се ублажува преку поддршка за набавка на заштитна опрема, ефикасни системи за користење на водата, како и ќе се поттикнува 43 Споредено со 1,6% на почетокот од периодот 52 промена на сортите соодветни на идниот климатски режим, особено за најчуствителните подсектори. Посебно внимание ќе се обрати на стимулирање на инвестициите за производство на енергија од одржливи извори на самото стопанство и подбрување на енергетската ефикасност. Земјоделците ќе бидат поддржани со соодветни советодавни пакети за правилни практики и обуки за намалување на влијанието од промените. Еден од главните одговори ќе биде реализација на големи капитални инвестиции за рехабилитација на постојните и изградба нови хидросистеми за наводнување и одводнување кои треба ја подобрат регионалната достапност на водата во текот на периодите за наводнување, како и заштитата од поплави. СЦ5. Поттикнување на одржлив развој и ефикасно управување со природните ресурси како што се вода, почва и воздух Почвата е најзначајниот природен ресурс и основа за земјоделското производство и од здравата и плодна почва зависи обезбедувањето на доволно храна за населението. Интервенциите на политиката во насока на заштита на почвата од деградација ќе бидат стриктно почитување на барањата од областа на вкрстената сообразност за покривка на почвата, заштита од ерозија, поддршка на инвестиции за прецизно земјоделство со употреба на сензори за оптимална примена на агро-технички мерки и обезбедување на финансиска поддршка за агроеколошки мерки. Прецизното земјоделство кое ја дозира употребата вода и ѓубрива согласно потребите ќе биде промовирано и преку операционите програми на организациите на производители и поддржано од Системот за знаење и иновации во земјоделството преку наменски совети и обуки. Со кофинансирање на плановите на сточарските стопанства за исполнување на условите за заштита на средината и обезбедување на земјиште за дислокација на фармите ќе се намалат ризиците по загадување на ресурсите. СЦ6. Придонес кон заштита на биодиверзитетот, подобрување на услугите на екосистемот и зачувување на природните живеалишта и пределите Земјоделската активност зависи многу од различните видови на биодиверзитет44, но исто така и игра важна улога во зачувувањето на животните средини и видовите кои се наоѓаат на земјоделското земјиште. Интервенциите на политиката кои ќе се превземат кон остварување на поставената цел се директни и индиректни. Во првите спаѓа финансиската поддршка на зачувување и заштита на автохтоните одгледувачки раси на животни и сорти на растенија и примена на агроеколошки практики релевантни за биодиверзитетот, како и наметнување на обврски на производителите за заштита на биодиверзитетот кои се дел од вкрстената сообразност. Од друга страна, индиректни поволни ефекти ќе се постигнат преку поддршката на сточарските активности кои со ниско-интензивното одгледување на животни преку 44 пр. почвени бактерии, генетски ресурси во однос на одгледуваните растенија и животни, инсектите што опрашуваат 53 испаша придонесуваат за заштита на биодиверзитетот. Примената на подобрени агротехнички практики (на пр. одгледување различни култури, природна контрола на штетници, мерки за зачувување на почвата) и технологии како што се прецизно и дигитално земјоделство со кои се постигнуваат солидни приноси со помала употреба на вода, ѓубрива и пестициди, ќе биде поддржана преку Системот за знаење и иновации (обуки, совети и истражувачки проекти). Од причина што одржувањето на повеќе различни карактеристики на пејзажот на земјоделско земјиште придонесува за заштита на биодиверзитетот, до крајот на стратешкиот период ќе биде анализирана состојбата и внесени првите карактеристики на пејзажот во националните земјоделски политики. СЦ7. Привлекување на млади земјоделци и олеснување на развојот на бизнисите во руралните средини Привлекувањето на младите земјоделци во започнување на земјоделска дејност ќе се стимулира преку пакет од поволности понудени преку повеќе политики и тоа: дополнителни директни плаќања, грант за инвестициите за започнување на земјоделски бизнис со зголем износ од претходно, олеснет пристап до земјоделско земјиште и задолжителни обука и советодавна поддршка во областа на нивното делување. Заради поддршка на бизнисите на младите земјоделци ќе се воведе поволна кредитна линија за сите намени потребни за започнување или проширување на бизнисите (купување земја, инвестиции во средства и механизација итн). Децата на регистрираните земјоделци ќе бидат стипендирани за едукација во земјоделските струки со цел продолжување со дејноста на стопанството, но и примена на нови технологии знаење стекнато во школувањето. Исто така, ќе биде спроведена мерката за рано пензионирање со која ќе се овозможи исплата на средства на возрасните земјоделци кои пренесуваат стопанство со дефинирана минимална големина на млад земјоделец, како и ќе се направи анализа за воведување на обврска за задолжително наследување на земјоделскиот имот од страна на еден од наследниците во насока на зачувување на функционалноста на стопанствата без нивно раситнување. СЦ8. Промовирање на вработување, раст, социјална вклученост и локален развој во руралните средини, вклучително и био-економија и одржливо шумарство Руралните средини се одликуваат со поголема сиромаштија и стапка на невработеност од урбаните подрачја, особено кај младото население. Преку мерките на руралниот развој кои се насочени кон создавање на бизниси или диверзификација на економските активности во руралните средини кои немора неопходно да се поврзани со земјоделството (рурален туризам, обработка на дрво, услуги, занаетчиство и преработки) ќе се продолжи да се создаваат работни места, особено во областите каде земјоделството е претежно дополнителна дејност или се одвива процес на реструктуирање. Започнување на бизнис на микро и мало претпријатие во руралните средини ќе биде поддржано со финансика поддршка од 10.000 евра. Проектите за поддршка на диверсификација на приходите во руралните средини ќе претставуваат 54 најмалку 35% од вкупниот број на проекти финансирани преку Мерка 7 на ИПАРД програмата (во однос на 23% на почетокот од периодот). Дополнителен поттик ќе биде обезбеден за вклучување на жените од руралните средини во овие процеси. Директната поддршка на вработувањето ќе биде овозможена за идентификувани категории на вработени каде недостатокот на работна сила влијае на одржливоста на дејноста и тоа, компензација на дел на платите на одгледувачите на овци и говеда и на менаџерите на земјоделските задруги и субвенционирање на плата по 3.000 денари на нововработен работник помлад од 25 години во земјоделско стопанство (што контрибуира и кон остварување и на СЦ 7). Елиминирањето на родовата нееднаквост и зајакнување на жените може да ја зголеми земјоделската продуктивност и да придонесе за развој на целата заедница. Во насока на обезбедување на родова еднаквост ќе биде поддржана економската активност на жените земјоделки со дополнителни директни плаќања, со грант за преработувачки активности на земјоделско стопанство и поволности при рангирањето на проектите од новата ИПАРД програма45. Во рамките на земјишната политика ќе се унапреди статусот на жената при упис на промени на заеднички имот, како што е на пример во постапките на консолидација. Поддршка ќе биде овозможена на локалните иницијативи за развој кои произлегуваат од активностите на локалните акциски групи преку мерката ЛИДЕР. СЦ9. Подобрување на одговорот на земјоделството кон барањата на општеството за здравствените аспекти на храната, вклучувајќи ги безбедноста, нутритивниот состав и одржливоста на храната, храна која завршува како отпад, како и благосостојбата на животните Воспоставениот систем на безбедност на храната ќе се подигне на повисоко ниво кон постигнување на одржлив систем на храна, кој заедно со економските, треба да донесе и еколошки, здравствени и социјални придобивки и да се обезбеди одржлива егзистенција за примарните производители. Во следниот период, политиките за безбедност на храната треба да осигураат обезбедување на доволни количини квалитетна и безбедна храна за потребите на домашните потрошувачи и надворешните пазари, како и благосостојба на животните. Спроведувањето на стандардите за безбедност на храната кои се веќе реални обврски за учесниците во секторот, сеуште претставуваат товар за поголем дел од нив. Постигнувањето на овие барања не е само прашање на гарантирање на висок степен на здравствена заштита, туку и на подобрена конкурентност и пристап до надворешните пазари и во таа насока тие ќе добијат државна поддршка во нивното постигнување. Со воспоставување на системот за нештетно остранување на остатоци од животинско потекло ќе се обезбеди висок степен на заштита на животната средина поврзана со нуспроизводите од животинско потекло. Со цел соодветно третирање на проблемот на антимикробната отпорност ќе се направи анализа на состојбите со оваа појава во државата и дефинираат соодветни мерки за справување на опасностите од истата. 45 дополнителни 20 бода кај мерка 1 и 10 бода кај мерките 3 и 7 55 Ќе бидат промовирани навики за одржливо консумирање на храна потпомагајќи го префрлувањето кон здрава и одржлива исхрана, а ќе се донесе и Закон за управување со вишоците на храна. Покрај промотивните кампањи, во таа насока ќе се спроведат шемите за овошје и зеленчук и за млеко во училиште. Во постигнување на целта, значаен придонес треба да дадат и политиките за заштита на растенијата посебно преку спроведување на мониторинг програми и воспоставување на интегрираното управување со штетните организми, а исто така ќе биде поттикнато зголемено производство на семенски и саден материјал од домашно потекло, како и заштита и зачувување на генетскиот диверзитет на домашните сорти. Финансиска рамка за стартешкиот период 2021-2027 година Постигнувањето на амбициозните цели на националната земјоделска политика во следниот период ќе биде поддржано со зголемен износ на средства во однос на изминатиот период кои постепено ќе достигнат износ од 200 милиони почнувајќи од 2024 година. Во насока на обезбедување на зголемен поврат од државните вложувања за земјоделството и руралниот развој, целокупното предвидено зголемување на издвојувањата за периодот после 2020 година ќе биде насочено кон поддршката на приватни и јавни инвестиции, уредување на пазарите на земјоделски производи, структурни интервенции и кон подобрување на знаењето, иновациите и дигитализацијата. До крајот на стратешкиот период, релативното учество на средствата за овој тип на интервенции на политиката ќе се удвои во однос на 2020 година и ќе изнесува најмалку 35% од вкупно алоцираните средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој или во апсолутен износ најмалку 70 милиони евра. II.3 Показатели и целни вредности за периодот 2021-2027 година Како резулат на спроведувањето на планираните интервенции на политиката се очекува секторот да ги постигне поставените цели на понатамошен раст. До крајот на следниот стратешки период, земјоделството ќе оствари нето додадена вредност од 58,6 милијарди денари која е за 43% поголема од базичната вредност. Погледнато во релативен износ, учеството на Бруто додадената вредност на земјоделството, шумарството и рибарството во БДП на земјата се очекува дополнително да се намали на помалку од 7% како резултат на порастот на останатите попропулзивни економски дејности. Мерките на директни плаќања, кои обезбедуваат одржливост на земјоделската дејност преку дополнување на приходите, се очекува да учествуваат помеѓу 10 и 12% во вкупната нето вредност на земјоделското производство. Растот на вредноста ќе биде реализиран во услови на понатамошно реструктуирање на секторот со намалување на бројот на учесници и зголемување на нивниот производен капацитет и економска големина. Позитивните достигнувања ќе бидат резултат на зголемувањето на продуктивноста (+20% на трудот и 35% на земјиштето) и 56 подобрување на структурата на факторите на производство. Подобрените перформанси на учинокот треба да ги неутрализираат проблемите предизвикани од намалување на ангажираниот труд во производството како резултат на миграционите движења и структурните прилагодувања. Овие процеси ќе бидат стимулирани преку поголемите инвестиции во основни средства чија вредност во 2027 се очекува да биде повисока за 39% во однос на почетниот период, во што свој придонес треба да имаат јавните капитални вложувања во руралната инфраструктура и кофинансирањето на приватите земјоделски инвестиции преку мерките на руралниот развој. Од друга страна, на структурните промени на производните фактори позитивно влијание треба да имаат поддршката за младите земјоделци, здружувањето, подобрување на земјишните поседи, подобрувањето на сортната и расна застапеност итн, со поддршка на структурните политики и новиот систем за создавањето и трансферот на знаење. Предвидените инвестиции во руралната инфраструктура треба ги подобрат условите за живот и за економски активности во руралните средини и да ги успорат миграциите, особено на младото население. Вредноста на годишниот извоз на земјоделско-прехрамбени производи во 2027 година се очекува да се зголеми за 200 милиони евра на 835 милиони евра, со паралелно, но поблаго зголемување на увозот што ќе доведе до поголема покриеност на увозот со извоз за периодот е 81% (за разлика од 73% во 2019 година). Показателите и целните вредности преку кои ќе бидат следени перформансите на секторот и политиките во периодот 2021 до 2027 година се презентирани во Табела број 6. Табела бр. 6. Индикатори и целни вредности за стратешкиот период 2021-2027 година Индикатор Почетна вредност (година) Целна вредност 2027 година Општи економски показатели Бруто додадена вредност на земјоделството, шумарството и рибарството во БДП, % 8,1 (просек 2016-2018) ≤ 7 Нето додадена вредност во тековни цени, денари 40.817.000.000 (2017) 58.570.000.000 Нето додадена вредност во тековни цени во денари по ГРЕ 295.775 (2017) 432.000 Нето додадена вредност во тековни цени во денари по обработлива површина, ха 78.969 (2017) 114.000 Вкупна продуктивност на факторите, ФАДН (SE132) 2,42 2,52 Инвестиции во основни средства земјоделството во тековни цени, денари 3.419,000.000 (2016) 4.750.000.000 Вредност на извозот на земјоделско прехранбени производи, во евра 624.503.315 (2019) ≥835.000.000 Вредност на увозот на земјоделско прехранбени производи, во евра 837.149.075 (2019) ≤1.029.000.000 Структурни показатели Број на земјоделски стопанства 187.125 (2016) 145.000 Просечна големина во ха по земјоделско стопанство 1,8 ≥ 2,0 57 Просечна економска големина на земјоделско стопанство, во Европски единици за големина 7,59 (2016) 9.7 Вкупно наводнувано земјиште, во ха 84.434 (2016) ≥ 95.000 Наводнувано во однос на вкупно обработливо земјиште, во % 16,3% (2016) ≥ 18,3 Број на земјоделски задруги 54 (2019) 80 Број на земјоделци вклучени во задруги 721 9.600 Просечен број на членови по задруга 12 120 Земјоделско земјиште под органско производство (без пасишта), во ха 2.716 (2018) 3.100 Земјоделско земјиште под интегрирана заштита на растенија, во % 5 (2020) 30 Број на ГРЕ 138.000 (2017) ≤ 135.000 Вработено рурално население Вкупно: 348.397; Машки: 225.567; Женски: 122.830 (2018) Вкупно: ≥ 400.000; Машки: ≥ 240.000; Женски: ≥ 160.000 Учество на вработено рурално население во вкупно вработено население, % Вкупно:45,9; Машки: 49,2; Женски: 40,9 (2018) Вкупно: ≥ 50%. Население во руралните средини под стапка на ризик од сиромаштија, % 24,2 (2017) ≤ 20% Број на носители на земјоделски стопанства по возраст под 35 г: 7.254; меѓу 35-54 г: 61.724; постари од 55 г: 111.268 (2016) под 35 г: 10.000; меѓу 35-54 г: 50.000; постари од 55 г: 70.000 Млади во однос на стари носители на стопанства, % 6,52 (2016) 10, +/- 2 Жени носители на стопанства од вкупен број, % 10,40 (2016) ≥ 15 Млади носители на стопанства по ниво на образование, % Без образование: 3; Основно, вкл и недовршено: 44; Средно, вкл и недовршено: 43; Више и високо: 8; Постдипломски: 0 Без образование: ≤ 3 Основно, вкл и недовршено: ≥ 44 Средно, вкл и недовршено: ≥43 Више и високо: ≥8 Постдипломски: ≥0 Млади носители на стопанства со посетени обуки во последните 12 месеци, % 2 (2016) ≥2 Спроведување на политиките за земјоделство и рурален развој Степен на транспонирање на европското законодавство за земјоделството и руралниот развој во националното законодавство Умерено подготвено (2019) Целосно транспонирано Степен на транспонирање на европското законодавство за безбедност на храната во националното законодавство Добро ниво на подготовка (2019) Целосно транспонирано Учество на реализираните средства за политиките за рурален развој во вкупните исплатени средства за поддршка, % 18 (просек за период 2014-2020) ≥35 Учество на производно-неврзаните директни плаќања во вкупниот износ на директни плаќања, % 0 (2019) ≥40 Број на стопанства со евидентирани неусогласености од вкупниот број контроли на самото место за вкрстената сообразност согласно АФПЗРР, % 32 (2019) ≤ 25 Број на признати организации на 0 (2019) ≥10 58 производители Површина на доделено земјиштето во државна сопственост под закуп, ха + 4.000 Вкупно консолидирано земјиште, во ха 24 (2020) ≥ 2.000 Учество на ИПАРД проекти за: усогласување со стандардите на ЕУ од Мерка 1 и 3, % 42 ≥60 постигнување на благосостојба на животни од Мерка 1, % 1 ≥3 редукција на GHG CO2 еквивалент од Мерка 1, % 1.6 ≥5 диверсификација на приходи во рурални средини од Мерка 7, % 23 ≥35 II.4 Развојни цели и области на интервенција за земјоделските подсектори во периодот 2014-2020 година Во насока на директно таргетирање на претходно идентификуваните потреби и постигнување на поставените цели, во продолжеток ќе биде презентирана визијата на развојот и предвидените политики и мерки за најзначајните подсектори на растителното и сточарско земјоделско производство во следниот стратешки период. Сточарско производство Покрај поединечните идентификувани потреби, сите сточарски подсектори имаат потреба за поддршка на инвестициите во процесот на преструктуирање на стопанствата, подобрување на расниот состав и технологијата на производство, примена на санитарните стандарди, барањата за благосостојба на животните и стандардите за квалитет. Сепак, за поголем дел од стопанствата пристапот до државната поддршка за инвестициите е можен само доколку се легализираат нивните објекти за производство кои поради генерално неурбанизираниот рурален простор, во голем број се водат како бесправни објекти. Во таа насока, во текот на 2021 година ќе биде предложен Закон за легализација на објекти за земјоделска намена и ќе се отклонат процедурални препреки кои ја попречуваат примената на Законот за земјоделско земјиште во делот на изградба и легализација на објекти на земјоделско земјиште. Промените ќе бидат соодветно промовирани помеѓу сточарите. Исто така, заради намалување на производните трошоци и обезбедување на одржливост на стопанствата преку сопствено производство на добиточна храна ќе се обезбеди пристап на сточарите до земјоделското земјиште во државна сопственост. Земјиштето ќе се огласува редовно преку наменски огласи, неколку пати во текот на годината во сите главни сточарски региони на државата. Говедарство и производство на млеко Главна цел во следниот стратешки период е трансформација на малите и средни одгледувачи на говеда во одржливи стопанства за производство на млеко и месо кои 59 имаат над 20 молзни, односно над 50 гојни крави, подобрена продуктивност и ги исполнуваат пропишаните стандарди. Клучните точки во преструктуирањето во говедарското производство се подобрени: висина на млечноста, генетски квалитет на кравите и гојните јуниња, хигиенска исправност на млекото, квалитет на закланите говеда за месо и добриот фарм менаџмент. Во тековниот процес на реструктуирање, земјоделските стопанства со потенцијал за развој ќе бидат поддржани во окрупнување, осовременување и механизирање на одгледувалиштата со цел обезбедување на одржлива производна структура. Стопанствата кои од страна на АХВ се класифицирани дека е потребно да направат промени со цел постигнување на потребните стандарди ќе бидат поддржани со зголемен процент на кофинансирање и до 90% во реализација на интегриран инвестициски план. Признатите организации треба да бидат двигатели на преструктурирањето и модернизацијата на говедарството преку спроведување на активности вклучени во повеќегодишни оперативни програми како што се: трансфер на знаење, обезбедување на различни услуги потреби за членовите, пазарна промоција и кампањи, итн. Имплементацијата на програмите ќе биде предмет на поддршка со кофинансирање. Заради потребата за понатамошно подобрување на генетскиот потенцијал на подсекторот двојно ќе се зголеми издвојувањето на планирани средства за набавка на висококвалитетни стелни јуници, јуниња и бикови од млечни, комбинирани и гојни раси говеда. Најдоцна до 2023 година, покрај за дефинираните стопанства со развоен потенцијал, мерката ќе може да се спроведува и преку оперативните програми на признатите организации и интеграционите проекти во синџирот на додадена вредност, што покрај подобрување на продуктивноста на производството, треба да ја зајакне и хоризонталната и вертикална интеграција. Исто така ќе бидат превземени мерки за контрола на квалитетот на семето за вештачко осеменување на кравите и квалитетот на увезени висококвалитетни генетски стелни јуници. Поддршката на приходот на производителите ќе продолжи со модификации со цел поблиско насочување кон постигнување на поставените цели, односно кон: целната категорија на стопанства со дефинирана големина и грлата кои се под контрола на производните особини во системот на матично книговодство, млекото по квалитет и млади гојни јуниња по постигна поголема финална телесна маса. Досегашното субвенционирањето на автохтоните раси и видови говеда (буша и бивол) ќе ги опфати и копитарите, домашниот коњ и домашното магаре. Во насока на подобрувањето на квалитетот и безбедноста на млекото, во текот на 2021 година ќе биде дозаокружен процесот на потребните законски промени и организациони активности (подготовка на процедури, формирање и/или назначување на тела, обуки и сл) кои треба да овозможат започнување на функционирањето на системот за редовна контрола на квалитетот на млекото најдоцна до крајот на 2022 година. Поддршка на инвестициите ќе се обезбеди и за операторите во преработувачката индустрија на сировото млекото. Поголемите млекарници треба да ја зајакнат пазарната конкурентност и супституираат увозот на преработките од млеко со диверсификација на асортиментот на производството, додека малите да извршат специјализација кон група на производи, стандардизирање на производите и 60 подобрување на маркетингот. Поддршка на потребните инвестиции, но и постигнување на вертикална интеграција (договорни односи) во рамките на еден заокружена функционална група на млекопроизводители и откупувачи, ќе се реализира преку спроведување на интеграциони проекти во синџирот на додадена вредност. Овчарство и козарство Целта во следниот стратешки приод ќе биде надминување на неповолните трендови евидентни особено во последните две години од минатиот стратешки период и обезбедување на услови за подолгорочна одржливост и развој. Примената на современите методи и подобрената технологија на одгледување за целосно исполнување на генетскиот потенцијал за производство на млеко и месо ќе се реализира преку спроведување на активностите од одгледувачките програми на признатите организации на одгледувачи во овчарството и козарството. Во таа насока ќе се поттикне формирањето на нови признати организации. Тековно ќе се реализира следењето на состојбите во овчарството и козарството со спроведување на матичното книговодство и генетската селекцијата кои со законски измени ќе премине во обврска на самите признати организации. Покрај подобрување на генетскиот потенцијал на постојните раси, ќе се поддржи воведување на високо-продуктивните раси овци и кози кои ќе може да се набават со кофинансирање на трошоците од програмата за рурален развој. Комплементарните активности на признатите организации кои не се опфатени со одгледувачките програми ќе се спроведуваат преку повеќегодишни оперативни програми од типот на организации на производители за реализација на активности кои ќе ги третираат главните подсекторски проблеми, а чија реализација ќе биде предмет на финансиска поддршка. Поради тековниот процес на реструктуирање, условите на дејствување и притисокот на приходите на одгледувачите, евидентна е потребата за поддршка на приходот која во првите две години интервентно ќе се зголеми во рамките на постојните мерки. Дополнителната корекција на висината на поддршката ќе се реализира од 2023 година преку воведување на агроеколошките мерки и/или нивно акредитирање во рамките на ИПАРД програмата (пр. органското производство) и проширување на поддршката за биодиверзитетот. До тој период треба да се создадат услови за воведување на плаќања кои ќе се базираат на единица површина на пасиште. До крајот на стратешкиот период ќе се одвива процес на трансформација на дел од производно врзаните плаќања во плаќања по површина користено пасиште. Подобрување на условите за одвивање на дејноста, постигнување на стандардите за безбедност на храната и подобрување на економските перформанси на работењето ќе се поддржуваат преку кофинансирање на инвестициите за изградба на нови и реконструкција на постојни објекти за одгледување во фармите и репроцентрите, модернизација на системите за молзење, хранење и поење и складови за добиточна храна и други помошни објекти и набавка на опрема за подготовка на храната и механизација. Поддршката ќе се однесува и на искористување на обновливите извори на енергија преку инвестиции во соларни централи за струја и ветерници, особено на високо-планинските одгледувалишта. Инвестициите ќе бидат олеснети преку понуда на однапред изготвени типски проекти за реновирање и изградба на мандри за овчарски фарми и со обезбедена советодавна 61 поддршка преку националниот советодавен систем во кој треба да партиципираат и признатите организации како даватели на услуги. Покрај за одгледувалиштата, поддршка на инвестициите ќе биде обезбедена и за мелиорација и уредување на пасиштата во државна и приватна сопственост. Обезбедувањето на повисок степен на конкурентност на македонското јагне зависи од изградба и промоција на препознатлив бренд на странските, пред се европски пазари. Во насока на зголемување на пазарното учество ќе се обезбеди поддршка на производителите и извозници на јагнешко месо за изнаоѓање и пристап кон нови нетрадиционални пазари, како што се пазарите на блискиот и далечен исток преку склучување на договори за слободна трговија и обезбедување контакти со тамошни увозници. Државата ќе ги поддржи активностите за брендирање на производи од овчарството: сирење, кашкавал јагнешко месо и органските производи и помогне во промоцијата на домашниот и надворешните пазари. Поради евидентираната потреба за нови информации и напредни технологии, областите поврзани со одгледувањето на овци и кози ќе бидат вклучени како едни од приоритетните во Системот за знаење и иновации во земјоделсвото кој треба да испорача таргетирани обуки, совети и истражувања според потребите на сточарите. Свињарство Во следниот период подсекторот треба да обезбеди стабилност во задржување на самодоволноста на домашното производство со постепено креирање на услови за зголемување на производството и насочување на вишоците кон преработувачката месна индустрија и извоз во регионот. Проценетите вкупни потреби од свинско месо до 2027 година од 33.280 тони можно е да се задоволат со производство на 350.000 гоеници (227.500 произведени дома и 122.500 произведени надвор) во соодветен однос на беконски (175.000 грла) и тешки свињи (52.500 грла), со што би се супституирале 30% од увозот на смрзнато свинско месо и заштедиле 14 милиони евра. Во насока на остварување на оваа цел треба да се унапредува и шири генетскиот потенцијал што ќе се реализира согласно активностите предвидени со одредбите од Законот за сточарство. Развојот на секторот зависи од реализација на расположливата поддршка за кофинансирање на инвестициите преку ИПАРД програмата наменати за: оптимализација на трошоците и проширување на производството, исполнување на високите еколошки стандарди и намалување на влијанието на климата и производство на зелена енергија. Поради спречување на ризикот од уништување на домашната популација на свињи од заразни болести, пред се од африканската свинска чума, ќе биде обезбедена поддршка за постигнување на соодветни био-сигурносни мерки за превентивна заштита од страна на производителите. Во насока на обезбедување на стабилност на пазарот и елиминирање на ризиците од сериозно пореметување на секторскиот производен капацитет предизвикан од зголемената понуда, ќе се воспостави систем на насочување на вишоците на свинско месо во преработувачките капацитети или нивно приватно складирање. За спроведување на инструментите на уредување на пазарот со свинско месо ќе се воспостави пазарен одбор и воведе СЕУРОП стандардот за проценка на квалитет на линија на колење. Остварувањето на европските минимални стандарди за квалитет и обезбедната поддршка од државата за компензирање на разликите во откупните цени 62 за домашната суровина, како и поддршка за брендирање на целосно македонски месен производ во следниот период треба да резултираат со конечен исчекор кон задоволување на дел на потребите на месо-преработувачкиот сектор со суровина од домашно потекло и постепена супституција на увозното смрзнато свинско месо. Брендот на македонско квалитетно свежо месо на домашниот и надворешните регионални пазари ќе се зајакнува преку организирани промотивни активности кои ќе се реализираат од препознаени национални здруженија на производителите на месо, поддржани од страна на политиките. Живинарство Основната цел на подсекторот живинарство останува задоволување на домашниот пазар со јајца и постепено подобрување на процентот на покриеност на домашните потреби од живинско месо со сопствено производство. Поради опаѓачките трендови и пазарните дисбаланси, субјектите вклучени во секторот имаат потреба за понатамошна поддршка на приходот и поддршка на инвестициите за постигнување на бараните стандарди за благосостојба на животните и модернизација. Во насока на целосна примена на минималните стандарди за квалитет во делот на безбедното отстранување и третман на јајцата од класа Б ќе се поддржи изградба на капацитет за преработка на јајца во течни јајчани производи, кој исто така би се користел и како дел од системот за интервенции за остранување на повремените вишоци на јајца при нарушување на пазарот. Покрај следењето на пазарите и иницирање на интервенции, организираните производители на јајца треба заеднички да ги промовираат правилноста на секојдневната употреба на јајцата во исхраната како храна која не е штетна по здравјето на луѓето и да превземат маркетинг активности за пласирање на вишоците на регионалните пазари кои ќе бидат поддржани од мерките на политиките. Во однос на производството на месо, во следниот период се очекува направените исчекори во поттикнување на започувањето на мали самоодржливи бизниси за производство на живинско месо со алтернативен пристап да бидат целосно дорегулирани, дополнително промовирани и пошироко прифатени од заинтересираните одгледувачи. Започнатите инвестициони активности во воспоставување на сериозен производен ланец за бројлерско производство се очекува да се матерјализираат во прв комерцијален заокружен систем за прозводство на бројлерско месо во државата од самостојноста. Со цел обезбедување на редовна контрола на содржината на апсорбирана вода во увезеното замрзнато живинско месо ќе се воспостави наменска лабораторија. Во делот на безбедноста на храната ќе се обезбеди тековно функционирање на мониторинг системите за Салмонела и останатите за европскиот пазар важни болести (Њу Касл) со цел да се обезбеди непречен извоз на јајцата на европскиот пазар. Пчеларство Целите во пчеларството во следниот период се реално зголемување на бројот на пчелните семејства и приносите што треба да резултира со поголем обем на 63 производство на мед во однос на изминатиот период, паралелно со справување со зголемените ризици од климатските промени кои ќе продолжат да имаат силно влијание на пчеларството. Поради евидентираните состојби на загуба на приходите во следниот период ќе продолжи поддршката на приходот на пчеларите и кофинансирањето на инвестиционите активности кои постепено ќе преминуваат во поддршка од европски тип. Заради обезбедување на фокусирана акција која соодветно ќе ги третира предизвиците на подсекторот, потребната група на активности поблиску ќе биде определена во рамки на посебна програма за поддршка на потсекторот за период од три години кофинансирана од страна на државата. Програмата треба да ги третира идентификуваните потреби за: трансфер на знаење за пчеларите и пчеларските организации за справување со предизвиците и подобрување на работењето со специфична помош за млади пчелари; сузбивање на штетниците и болестите кај пчелите (како што е крлежот Varroa destructor, но и други кои се појавија заради променетите климатски услови); поттикнување на селидбено пчеларење; анализа на квалитетот на пчелните производи со цел зголемена вредност на пазарот; компензирање на загубите на пчелите кои го надминуваат биолошкиот процент на загуби преку финансирање за купување нови роеви или нови пчелни живеалишта; реализација на специфични истражувачки проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на медот и другите производи со цел искористување на потенцијалите на производите на пазарот и мониторинг на пазарот. Во насока на проширување на производството и влез на нови субјекти ќе се поддржат инвестициите на стопанствата кои сакаат да го надградат обемот на производство преку кофинансирање на инвестиционите планови. Зголемено финансирање на трошоците ќе треба да се обезбеди за започнување на пчеларење на млади пчелари. Заради потребата од подобрување на маркетингот на медот ќе се поддржуваат инвестициите кои имаат за цел осовременување на доработката, пакувањето и дистрибуцијата на производите. Продажбата на медот која воглавно се спроведува како продажба од земјоделско стопанство, продажба на зелените пазари и на прометни места на сообраќајници треба соодветно да биде регулирана и спроведена во согласност со правните норми. Поддршка ќе биде обезбедена и за подобрување и проширување на пчелната паша на автохтони растенија карактеристични за секој регион потребни на пчелите и повеќегодишни насади од медоносна флора. Еден од важните хоризонтални активности во подсекторот е воспоставувањето на соодветен метод за годишно ажурирање на бројот на пчелни семејства со цел следење на нивниот прираст и правилно аплицирање на поддршката. Растително производство Градинарско производство Подсекторот има потреба од сериозни промени со цел искористување на компаративните предности и задржување и постепено подобрување на 64 конкурентноста, особено на традиционалните пазари. Еден од приоритетите е подобрувањето на маркетингот со градинарски производи преку унапредување на физичките услови за извршување на постбербените активности, обезбеден проток на информации за потребите на пазарите до откупувачите и од нив до производителите (преточени во договорно производство) и хоризонтална соработка на примарните производители заради концетрација на понудата. Покрај поддршка на индивидуалните инвестиции ќе биде поддржана реализацијата на регионални пазарни логистички центри кои треба да послужат како двигатели на интеграцијата на вредносниот синџир за свеж зеленчук, од обезбедување на саден материјал, имплементација на потребните стандарди за идентификуваните пазари, до откуп на производите. Инвестициите кои во југоисточниот и скопскиот регион треба да бидат спроведени со заем од Светска Банка, треба да вклучат и производство на расад како една од критичните точки за постигнување на санитарно-исправна и униформна понуда на градинарски производи. Договорното производство со откупувачите и преработувачката индустрија ќе продложи да се поддржува со мерки кои ќе бидат во склад со ЗЗП на ЕУ. Еден од успешните инструменти на политиката во земјите на ЕУ во интервенција за јакнење на синџирот на понуда се оперативните програми на организациите на производители и интеграциските проекти за зајакнување на синџирите на набавка. Поддршката на организациите на производители ќе биде достапна на задругите и другите организирани форми на производители за понатамошно зајакнување на нивите перформанси на пазарот. Меѓугранските организации треба да помогнат во поврзување на акциите на учесниците во целиот ланец на додадена вредност. Како резултат се очекува постигнување на униформност и концетрација на производството и поизбалансирана дистрибуција на вредноста од продажбата на производите во интерес на примарните производители. Сите субјекти во синџирот ќе биде потребно доследно да ги спроведуваат одредбите кои се однесуваат на минималните стандарди за квалитет на земјоделските производи и почитуваат законските одредби за регулирање на пазарот, особено во делот на договорното производство. Една од приоритетните области ќе биде примена на современи агротехнички решенија кои покрај подобрената економска исплатливост, треба да обезбедат и еколошка одржливост на производниот капацитет на почвата и водните ресурси. Заради диверсификација на извозните дестинации, деловните субјекти треба да се концетрираат на пласман на македонското градинарско производство и надвор од традиционални пазари на југоисточна Европа со производи кои се побарувани од страна на потрошувачите на тие пазари. Примената на соодветна амбалажа и промотивните кампањи за специфични пазари исто така ќе биде поддржана. Во следниот стратешки период особено внимание ќе се посвети на производството во заштитени простори за чии потреби ќе биде изработена студија со акциски план за ревитализација и долгорочен развој кој ќе ги користи расположливите обновливи извори на енергија (геотермалните извори и сончевата енергија). Како резултат треба да се изработи мапирање на поволните подрачја и превземат мерки за олеснување на влезот на нови субјекти во овој тип на производство, а ќе бидат опфатени и развојни опции за други конкурентни производи кои се одгледуваат во заштитени простори, како што се: декоративни растенија, печурки и сл. 65 Заради понуда на нови алтернативи за земјоделски бизниси, субституција на помалку профитабилните култури или искористување на површините кои не се доволно плодни ќе биде акцентиран развојот на цвеќарството и зачинските, лековити и ароматични растенија, како и развојот на органско производство на градинарски култури. Употребата на семе од традиционални градинарски видови ќе биде овозможено преку координација и протоколи за размножување изработени од соодветна, нововоспоставена институција задолжена за изработка на база на семенски материјал и создавaње мрежа на размножувачи на семенскиот материјал во автентични услови од каде што потекнува локалната сорта. Сите учесници во подсекторот имаат констатирана потреба од нови знаења и иновации кои ќе бидат создадени и пренесени преку спроведени истражувачки проекти, обуки, советодавна поддршка и демонстративни стопанства како дел од Системот за знаење и иновации. Овоштарство Во насока на одржување и зголемување на производството и конкурентноста останува потребата за подигање на нови овошни насади и реконструкција на постојните со користење на сорти кои ќе бидат предложени во новата сортна листа како погодни за одгледување по дадени производни региони. Во новиот стратешки период треба да биде подржано подигањето на нови овошни насади на површина од околу 1.000 хектари и обнова на 1.500 хектари. Заради покривање на увозот и искористување на домашните потенцијали, особено ќе се промовира подигањето на јагодести овошни култури (малина, капина, јагода, боровинка) за кои има голем интерес на домашниот и странските пазари, како и јаткастото овошје за кое постојното домашно производство не ги задоволува потребите и остатокот во големи количини се увезува. Заради постигнување на целисходност на инвестициите, насадите ќе треба да бидат подигнати во подрачја со соодветни климатско-почвени услови што ќе се докаже со позитивно стручно мислење за погодност на локацијата за насади од соодветните култури базирано на спроведена анализа. Воведувањето на современи технологии (интензивни насади на слабо бујни подлоги) со цел зголемување на приносите и адаптирање на климатските промени46 треба ќе се издвојат како приоритетни трошоци и поддржат со повисок интензитет. Покрај поддршката на индивидуалните инвестиции, утврдена е приоритетна потреба од изградба на логистички центар во преспанскиот регион кој ќе се користи за чување и маркетинг на јаболко и други овошни видови кои се произведуваат во регионот финансиран од заем од Светска банка, кој во управувањето/сопственоста треба да овозможи пристап на задруги со препознаен оранизациски потенцијал. Во насока на концетрација на понудата и во следниот период останува поддршката на пазарното организирање на овоштарите во задруги по европски терк. Дополнително, предвидена е и поддршка на организации на производители и меѓугрански организации. Од мерките на политиката на организација на пазарите на земјоделските 46Како адаптивни технологии кон климатските промени во овошните насади треба да се подржуваат: технологија за микронаводнување, инсталација на против градобијни мрежи, технологии за заштита на насадите од мразеви ( загревање на воздухот и систем на вештачки дожд) и сл. 66 производи во следниот период ќе се спроведат и училишните шеми каде овошјето ќе биде дел од планираните набавки. Примената на иновативни техники во овоштарството, како инсталација на сончеви панели за производство на електрична енергија потребна за наводнување, технологија за адаптација кон климатските промени, мониторинг и прогноза на здравје на растенијата итн, покрај со кофинансирање на иновациите ќе се стимулира преку елементите на Системот на знаење и иновации во земјоделството. Поради позитивните искуства од минатиот стратешки период на значајно зголемување на количините и намалување на увозот, подршката на субјектите кои се занимаваат со производството на домашен саден материјал ќе продолжи со паралелно обезбедување и на други услови потребни за зголемено производство (закуп на земјоделско земјиште наменето за производство на саден материјал, итн). Крајната цел ќе биде во наредниот стратешки период, домашното производство да ги задоволи сопствените потреби. Преработки од овошје и зеленчук Заради оддржливост во обезбедување на домашната суровина и јакнење на вертикалната интеграција на вредносните синџири за зеленчук и овошје преку поддршка на договорното производство ќе продолжат директните плаќања за предадени зеленчук и овошје за преработка со можност истата да се реализира и преку задруги и групи на производители. Генерално, здружувањето на производителите во задруги ќе помогне и во концетрација на понудата на производи и можност за подолгочна и стабилна набавка на потребните репро-материјали. Преработувачката индустрија ќе биде поддржана во спроведувањето на позасилени и осмислени маркетинг активности преку современи (e-commerce, онлајн алатки, веб портал за побарувачка/понуда) и конвенционални методи на домашниот и таргетирани меѓународни пазари47 како и во спроведување на бараните стандарди за квалитет и системи за следливост. Областите на подобрување и прилагодување на производството на зеленчук и овошје кон потребите на преработувачката индустрија, воведувањето на нови сорти зеленчук соодветни за преработка (особено пиперка), како и воведување/прилагодување на производните технологии за продолжување на сезоната на берба ќе бидат дел од научно-истражувачки проекти и обуки во рамките на Системот за знаење и иновации. Лозарство и винарство Во насока на зголемување на извозот на флаширано вино, подобрување на меѓународниот имиџ на македонското вино со примена на иновативни маркетинг пристапи прилагодени на современите трендови на светските пазари, вклучително и со поврзување со винскиот и рурален туризам, останува главен предизвик и за следниот 47 Учество на селектирани меѓународни саеми (еден годишно - ANUGA, SEAL idr), Oрганизирање на Б2Б средби со потенцијални купувачи на избрани извозни пазари (едена средба годишно), Отварање на промотивен центар за прерабоки на селектиран(и) пазар(и) во регионот или ЕУ (два во две селектирани земји) 67 стратешки период. Органското производство на вино, исто така е можност за таргетирање на специфични делови од меѓународниот пазар. Заштита на географското потекло е особено важен сегмен во насока на зголемување на препознатливоста, зголемување на неговата вредност и олеснување на пласманот. Постојниот систем на заштита целосно ќе се усогласи со правната рамка на ЕУ со цел вината со заштитен географски назив да бидат прифатени од страна на ЕУ и заштитени на европскиот пазар. Ова треба да ја подобри цената и пласманот на најзначајниот пазар за нашето вино. Од причина што начинот и постапките на заштита со новиот систем ќе бидат посложени и поскапи, корисниците на географски назив ќе се стимулираат преку компензација на производни трошоци за подготовка на елаборат за вина со географска ознака, за контрола и сертификација на производство на вината. Во насока на подобрено следење и управување со производниот потенцијал на винско грозје и на вината со заштитено потекло, постојниот информатички систем треба да се надгради во подсекторски ИТ систем во лозарството и производството на вино. Заради забрзување и олеснување на процесот на структурното прилагодување и оптимизирање на производниот потенцијал за производство на грозје и вино, осовременување на факторите за производство и воведување на нови производни практики ќе продолжи поддршката на доходот (на примарните производители) и кофинансирање на неопходните инвестиции. Поддршката ќе продолжи и за производство на домашен сертифициран лозов посадочен материјал во насока на понатамошното зголемување на понудата од домашно потекло. Во насока на овозможување на интервенции во понудата на грозје при нарушување на пазарот ќе бидат воведени соодветни инструменти на политиките од европски тип како што се зелена резидба и дестилација. Во услови на скоро целосна подвоеност на лозарството од винарството што креира разлики во планирањето на производството и откупот, хоризонталната и вертикална интеграција ќе се подобрува преку: почитување на законските одредби и стимулирање на долгорочни кооперантските односи, преку формирање на вински задруги и обезбедена поволна поддршка за ивестиции во мали винарии од нивна страна и формирање на организации на производители и меѓугрански организации за спроведување на нивните заеднички цели и активности. Зачувувањето на традиционалните видови на винова лоза ќе се стимулира со зголемување на површините со автохтони и локални сорти. Житни и фуражни култури Поддршката на приходот на житните и фуражните култури всушност го оддржува постојното ниво на производство, особено во услови на зголемено негативно влијание на климата, кое воглавно се реперкуира на намалување на продуктивноста. Поради значењето на пченицата за гарантирање на сигурноста на обезбедување со основниот прехрамбен производ, поддршката преку директните плаќња ќе продолжи и во следниот период со издвојување на повисоки износи за категориите производители кои постигнуваат повисоки приноси. Одржувањето на оптималното ниво на производство на пченица од домашно производство во сегашни услови од најмалку 60% покриеност на домашната 68 потрошувачка се очекува да се постигне од страна на производителите кои имаат големина на производните капацитети по земјоделско стопанство доволни за исплатливо производство (од 5-50 ха), кои просечниот принос треба да го зголемат и над 4.000 кг/ха. Постигнувањето на овие цели е условено од употреба на сертифицирано семе, примена на соодветни агро-технички мерки во дадените услови на производство и запазување на минималните услови за добра земјоделска практика и заштита на животната средина. Ваквите производители ќе бидат дополнително поддржана со 100 евра по ха заради повисоките вложувања и обезбедените резултати. Поради ограничувањата кои влијаат на продуктивноста, ситните производители со површини помали од 5 хектари кои објективно не може да се прилагодат на типот на технологии потребни за интензивно поледелско производство ќе ја подобрат состојбата на приходот од своите ограничени земјишни ресурси преку постепено преорентирање кон поинтензивен тип на производство, како што се овошјето и зеленчукот, дел од маслодајните култури, ароматичните, зачински и лековити култури итн. Процесот на реструктурирање ќе биде поттикнат преку политиките на поддршка. Во услови на нарушување на пазарот и пад на откупната цена под висината на производите трошоци ќе бидат применети интервенциите за поддршка на приходот (интервентен откуп за стоковите резерви и помош за складирање). Во насока на зголемување на просечните приноси на пченка и задоволување на потребите од постојните површини ќе се воведат специјални мерки за поддршка придружени со советодавен пакет за адаптирање на напредните технологии. Поддршка со повисоки износи во однос на основните плаќања по површина за поледелските култури ќе се обезбеди за производство на добиточна храна и за основен и сертифициран семенски материјал за житните култури. Зголемувањето на понудата на добиточна храна ќе се стимулира преку обезбедување на земјиште на сточарите за производството на фуражни култури и со обезбедена поддршка на приходот, зголемена за 10% во однос на изминатиот стратешки период. Обезбедувањето на стабилност во производството и пласманот на оризот ќе се подобрува преку: унапредување на сортниот состав согласно барањата на пазарите, воведување на технологии кои ќе ги намалат трошоците и кршливоста и зголемат приносот, модернизација на преработувачките капацитети и градење на препознатливост на брендот кочански (македонски) ориз на надворешните, особено регионалните пазари каде истиот од минатото веќе имаше изградено позитивен имиџ. Зголемено кофинансирање ќе биде овозможено доколку иницијативите за подобрување на маркетингот на оризот доаѓаат од страна на земјоделски задруги кои имаат определен оперативен капацитет и број на членови. Тутун и индустриски култури Согласно донесената седумгодишна “Стратегија за производство на тутун со акционен план“ ќе продолжи државната поддршка на доходот на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство, ќе се поттикнува рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони и ќе се поддржи формирање на организации на производители согласно европските искуства. 69 До крајот на стратешкиот период во 2027 година е предвидена адаптација на системот за директни плаќања во производно-неврзани плаќања со одредување на износ на основна поддршка на приходот по производни реони со слични социо-економски или агроеколошки услови. Директните плаќања да бидат одредени според историски исплати извршени во периодот кој ќе биде предмет на преговори со ЕУ. Поперспективниот развој на секторот на индустриски култури во следниот период е прашање на зголемени приноси преку примена на агротехнички мерки (особено наводнувањето), избор на соодветни сорти кај трудоинтензивни култури, поголема извесност на откупот и модернизација на механизацијата при производството на сончогледово семе и соја од страна на деловниот сектор. Дел од индустриските култури кои се отпорни на суша и може да се одгледуваат во услови без наводнување, отвораат можности за плодоред, а на одредени локации може да бидат добра алтернатива на неконкурентите житни култури. Со превземените дополнителни интервенции од страна на политиката за стимулирање на интересот на производителите, а при обезбеден и договорен откуп, површините под афион може да достигнат и до 2.000 ха. Кон ова се надополнува и фактот што афионот е култура која традиционално се одгледува во сушни услови, влегува во поледелскиот плодоред и дава можност за производство на ладно цедено масло. Сепак главен фактор на развојот останува интересот на фармацевските куќи за склучување на договори со производителите. Органско производство И покрај зголемувањето во изминатиот период, ангажираните производни капацитите за органско производство се под посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство од 2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во државата и 2% сертифицирани животни во органско сточарство (вклучително и пчеларство и рибарство) од вкупниот сточен фонд во државата, што останува цел и за следниот период. Поамбициозно придвижување е можно само доколку органските производители сериозно се организираат во настапот на домашниот и надворешните пазари каде постои поголема побарувачка за овој тип на производи и овозможат повисока пазарна вредност на нивните вложувања. Органското производство мора да ја валоризира својата дополнителна вредност првенствено на пазарот, а не преку и заради зголемената поддршка на приходот. Во насока на зголемување на пазарната потрошувачка, фокусот на политиките на поддршка на препознаените организации на органски производители ќе биде поддршка на заеднички активности за финализација на органското производство во формалните канали на трговија, подобрување на маркетингот на органските производи во државата и во странство и зголемување на јавната свест за органската храна. Во следниот стратешки период, органското производство ќе биде едно од областите на Системот за знаење и иновации преку кој ќе се зголемува информираноста на производителите за достапноста на дозволени за употреба во органското земјоделство средства за заштита со објавување на листите на дозволени препарати достапни во државата, потоа преку истражувања за потенцијалот на природните ресурси и/или заштитени области за органско замјоделско производство во државата, итн. 70 Во насока на стимулирање на прометот со семенски материјал, ѓубрива и заштитни средства за органско производство ќе биде анализирана можноста за намалување на данокот на додадена вредноста од 18% на 5%. Преработувачката индустрија ќе биде поддржана за да ја зголеми количината и асортиманот на преработки од органски земјоделски производи што ќе придонесе за раст на органското примарно производство и зголемување на додадената вредност на производите. Со цел развивање на органски земјоделски преработувачки сектор се предвидува зголемување на висината на поддршката за преработка на органски производи и производи во преод и на поддршката за трговијата на свежи и преработени органски производи во преод од домашно потекло. Во насока на јакнење на довербата кај потрошувачите на органска храна се предвидува зголемување на контролата на остатоците од пестициди преку системот на мониторинг и редовни лабораториски анализи. Ќе се овозможи и засилна информираност за резултатите од мониторингот на остатоците од пестициди кај свежиот зеленчук и овошје произведен на конвенционален начин, како и за мерките што се преземаат за контрола на органското производство. Минимален процент наменет за органските производи ќе биде утврден за производите кои ќе се откупуваат за училишните шеми, а ќе биде разгледана и можноста за примена на искуствата на ЕУ за поддршка на пласманот на органското производство преку системот на јавни набавки со земање во предвид, не само цената на прехранбените производи, туку и влијанието на набавките врз животната средина и општеството. Поддршка за кофинансирање на трошоците ќе биде обезбедена за уредување на посебни локации за продажба на органски производи во рамки на потрошувачките центри (супермаркети, поголеми продавници и сл.) и други продажни места, вклучително и од куќен праг за што ќе се обезбеди и правна основа. II.5 Типови на интервенции на политиките Согласно член 3 од Законот за земјоделство и рурален развој, постигнувањето на стратешките и специфичните цели во периодот 2021-2027 година ќе биде реализирано, главно преку мерките и инструментите на националната земјоделска политика за: директни плаќања, уредување и поддршка на пазарите на земјоделски производи и рурален развој. Дополнително целите ќе се реализираат и преку политиките за одржливо управување со природните ресурси, за безбедност на храната, како и со политиките за унапредување на знаењето и иновациите во земјоделството. Во продолжеток се презентирани интервенциите на политиките во земјоделството и руралниот развој за стратешкиот период 2021-2027 година. 71 II.5.1 Интервенции во форма на директни плаќања 5.1.1 Потреба за поддршка на приходот и структура на директните плаќања Согласно анализата од ДЕЛ I дополнувањето на приходот на земјоделските стопанства преку директните плаќања во голема мерка ја одредува исплатливоста на земјоделската дејност и за голем дел од учесниците во подсекторите претставува елемент на одлука за занимавање со земјоделството. Ова особено доколку се спореди нивото на приходите и платите во земјоделската дејност во однос на националниот просек во однос другите економски гранки во државата. Просечната плата во земјоделството, рибарството и шумарството за периодот 2014-2019 година е за 25% пониска во однос на просечната плата во државата, додека разликата е уште поголема доколку се земат земјоделските приходи на стопанствата кои се пониски за повеќе од 35% (Економски сметки за земјоделство). Имајќи ги во предвид овие констатации, директните плаќања продолжуваат да претставуваат суштински дел кој ја гарантира одржливоста на македонското земјоделско производство. Истовремено, широкиот дијапазон на применети мерки и подмерки на директните плаќања предизвикуваат технички потешкотии во брзината на спроведувањето на мерките и висината на трансакциските трошоци за администрација на мерките, што претпоставува потреба за промени во насока на поедноставување. Исто така, во следниот период кога се очекува интензивирање на предпристапниот процес, структурата на националните директни плаќања треба поблиску да се прилагодува кон плаќањата кои се спроведуваат во ЗЗП на ЕУ каде доминантна форма е поддршката на приходот на земјоделците неповрзана со типот на производство, со особен акцент на поддршка на практиките што придонесуваат за заштита на животната средина и намалување на климатските промени. Развојот на националните директните плаќања во следниот период е предвидено да се одвива во таа насока преку постепен процес на трансформација на постојните, доминантни производно-врзани плаќања во годишни плаќања по површина кои не се однесуваат на поединечен тип или количини на производство. Ова ниво на плаќања треба да ја претставува основната поддршка на приходот за придонес кон одржливоста на земјоделската дејност. Дел од поддршката ќе биде редистрибуирана од поголемите, кон стопанствата кои имаат развоен потенцијал и претставуваат посакувана категорија во структурата на земјоделските стопанства, како и кон одредени категории на корисници, пред се младите земјоделци кои се основата за идниот развој на руралните средини. На малите земјоделски стопанства кои играат значајна улога во вработувањето во руралните средини ќе им биде понудена можност за замена на сегашните различни директни плаќања со фиксен износ на поддршка со цел порамномерена дистрибуција на поддршката и намалување на административните трошоци. Како дополнување на производно-неврзаната поддршка ќе се одобруваат годишни плаќања кои се однесуваат на конкретни типови на земјоделско производство по единица површина, грло добиток или единица производ со цел поблиско таргетирање 72 на идентификувани проблеми. Овие плаќања треба постепено да се трансформираат кон основната поддршка на приходот за одржливост, а остатокот кои ќе останат производно-врзани треба да бидат прифатливи според ЗЗП. Исто така, во следниот период ќе се создаваат услови за постепено воведување на некои од шемите на поддршка корисни за климата и животната средина во форма на годишни плаќања по хектар како надополнување на основните плаќања или надомест за поголемите трошоци и загубата на приходите од аплицирање на превземените обврските за испорака на јавни добра од страна на земјоделците. Поради веќе обезбеденото значително ниво на поддршка на приходот во изминатиот период, висината на директните плаќања генерално ќе остане непроменета, освен во ситуација на сериозни нарушување на пазарните односи кои би имале за ефект намалување на приходите. Согласно горенаведеното, поддршката на приходот на земјоделските стопанства во стратешкиот период 2021-2027 година ќе се базира на структура на директни плаќања која ќе се остварува на неколку нивоа кои покрај кон постигнување на Специфичната цел 1 треба да придонесуваат и кон неколку од останатите специфични цели. Типовите на интервенции во форма на директни плаќања кои ќе се имплементираат во следниот период генерално може да се поделат на две поголеми групи плаќања и тоа: производно-поврзани и производно-неповрзани плаќања. Во групата на производно неврзани директни плаќања кои за прв пат ќе бидат воведени во политиката на директни плаќања и треба постепено да го зголемуваат своето учество, спаѓаат следниве форми:  Основна поддршка на приходот за одржливост,  Дополнителна поддршка за прераспределба на приходот за одржливост и дополнителна поддршка на приходите за млади земјоделци и  Шеми за поддршка во полза на климата и животната средина (еко шеми). Во продолжеток е презентирана структурата на директните плаќања во стратешкиот период 2021-2027 година по типови на интервенции во форма на директни плаќања. Основна поддршка на приходот за одржливост Во насока на гарантирање на минималното ниво на поддршка на земјоделскиот приход, како и за постигнување на стратешката цел за обезбедување поддршка на одржлив приход и задоволителен животен стандард на земјоделските стопанства, ќе биде утврден годишен износ на производно-неврзани плаќања за одржливост на земјоделската дејност, односно т.н. основна поддршка на приходот за одржливост. Ова базично и најшироко ниво на поддршка ќе се плаќа како единствен износ по хектар обработено земјоделско земјиште во висина од 12.000 денари, независно од типот на одгледуваната култура, односно типот на употребата на земјиштето (обработливо земјоделско земјиште, повеќегодишна култура). За обезбедување на целиот износ на поддршка, барателот на средствата треба да ги исполнува сите предвидени барања за 73 вкрстена сообразност и да користи сертифициран и безбеден семенски материјал. Поддршката ќе биде дополнително условена со задолжителна примена на основни агротехнички операции и виталност на минимален број повеќегодишни насади. Започнувајќи од 2022 година поддршката ќе се обезбедува за сите површини кои се над минимално предвидените согласно досегашните подмерки за директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите култури, вклучително и за тутунот за одгледувачите кои веќе ги имаат дигитализирано своите површини во СИЗП. Останатите ќе се приклучат кон плаќањата од овој тип во престојните години од стратешкиот период. Oсновната поддршка на приходот за одржливост ќе претставува база за постепена трансформација на постојните производно-врзани плаќања и ќе го постигне максималното ниво со пристапувањето во ЕУ дефинирано во процесот на преговори. Во рамките на производно-неврзаните директни плаќања за основна поддршка на приходот ќе биде вклучена и поддршка за најмалите земјоделски стопанства чија висина на износ на поддршката во последните три години не бил повисок од 10.000 денари. Со цел намалување на административните трошоци и поедноставување на постапките, како и обезбедување на дополнителна поддршка од социјален тип за оваа најранлива група на руралното население, овие стопанства во следниот период ќе добиваат директни плаќања во фиксна висина од 10.000 денари по хектар независно од големината на расположливите капацитети и претходно користените типови подмерки на директни плаќања. Овие стопанства произведуваат ограничени количини на вишок на земјоделски производи наменети за пазарот од ограничените ангажирани производни капацитети и земјоделската дејност им овозможува дополнување на нивните вкупни приходи остварени од други дејности. Понатамошно зголемување на опфатот на мерката нема да бидат превземено за да не се попречи реструктурање на секторот кон диверсификација и окрупнување за кое е потребно непречена алокација на ресурсите. Дополнителна поддршка на приходот (комплементарни плаќања) Имајќи ја во предвид неповолната структура на земјоделски стопанства и потребата за трансформација во насока на подобрување на старосната структура на земјоделците, окрупнување на капацитетите, професионализација и специјализација во обавување на дејноста, во престојниот стратешки период ќе се обезбеди дополнителна поддршка за земјоделски стопанства чии носители се млади земјоделци, имаат средна големина на обем на ангажирани капацитети и развоен потенцијал, како и оние кои доминатниот приход го обезбедуваат од земјоделска дејност, и тоа како: Дополнителна поддршка за прераспределба на приходот за одржливост. Плаќањето треба да овозможи редистрибуирање на поддршката кон земјоделските стопанства со средна големина кои имаат проценет развоен потенцијал. Како такви се утврдени стопанствата кои обработуваат површина на земјоделско земјиште со големина како што е прикажано во Табела број 6. Плаќањата сеуште се разликуваат според типот на производство и утврдениот годишен износ по хектар обработлива површина и нивната 74 понатамошна трансформација кон единствено плаќање од овој тип неповрзано со производството ќе се реализира постепено. Табела бр.6 Дополнителна поддршка за прераспределба на приходот за одржливост Тип на производство Површина на земјоделско стопанство Износ на редистрибутивни плаќања МКД/ха дефинирани поледелски култури со постигнато ниво на продуктивност 5-50 6.000 градинарски култури 1-5 6.000 јаболко 9.000 останати овошни насади (освен ореви, костени) 6.600 ореви, костени 3.000 винско грозје 1-10 8.000 Дополнителна поддршка на приходите на млади земјоделци. Дополнителните директни плаќања за младите земјоделци ќе се доделуваат со цел обновување на генерациите во руралните средини и привлекување на младите земјоделци во секторот, бидејќи развојот на нови економски активности во земјоделскиот сектор и одржливоста на руралните средини директно зависи од мотивираноста на оваа старосна група за вклучување во земјоделските дејности. Поддршката ќе се доделува за млади земјоделци до 40 годишна возраст кои прв пат започнуваат земјоделски бизнис, имаат остварено право на исплата на основната поддршка за приходи за одржливост и се активни земјоделци по професија, како и имаат формално земјоделско образование или посетувано соодветна обука или вештини. Заради поголема стимулација на проширување на дејноста, насочената дополнителна поддршка за стопанствата управувани од страна на младите земјоделци ќе се доделува неповрзана за производството во висина од 15% од одобрениот износ на директни плаќања во една календарска година. Плаќањата ќе се реализираат за дефиниран период од пет години после започнување на земјоделската дејност. Доколку носителот на земјоделското стопанство е жена, тогаш поддршката се зголемува за дополнителни 5%. Дополнителна поддршка на приходите на специјализирани земјоделски стопанства. Поддршката ќе биде обезбедна за стопанства на кои земјоделското производство им е претежна дејност и кои доминатниот приход го обезбедуваат од вршење на земјоделска дејност. Како такви се препознаени стопанствата: кои имаат форма на правно лице основано од носителот или член на семејно земјоделско стопанство со целокупниот земјоделскиот имот на семејно земјоделско стопанство, освен објекти за домување или престојување на земјоделски производители и чиј носител е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност. 75 Висината на дополнителната поддршката на вкупниот износ на пресметаните директните плаќања по другите шеми на директна поддршка ќе изнесува 5% за правно лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (во понатамошниот текст ЕРЗС) како земјоделско стопанство основано од носителот или член на семејно-земјоделско стопанство и минимум 25% каде носител е регистриран вршител на земјоделска дејност. Земјоделците кои се осигуреници според Законот за здравствено и социјално осигурување без правна форма ќе продолжат да користат дополнителна поддршка до трансформација на статусот од аспект на формализирање на нивната земјоделска дејност. Дополнително, во следниот период ќе биде доуреден правно-формалниот статус на семејните земјоделски стопанства кој најдобро одговара на нивното моментално ниво на економски развој и социјална состојба. Ова ќе се постигне со трансформација на статусот на Индивидуалните земјоделци регистрирани според „Законот за вршење на земјоделска дејност“ во Семејни земјоделски стопанства со правен статус. Оваа форма би ги покрила семејните стопанства со дефиниран годишен минимален износ на просечни приходи од земјоделска дејност. Ваквите стопанства кои значителен или најголем дел од приходите остваруваат од вршење на земјоделска дејност ќе бидат дополнително поддржани со цел нивно стимулирање да останат во таа категорија. Истовремено со позиционирање на оваа категорија на стопанства како најатрактивна ќе се стимулира и трансферот на семејните стопанства од останатите пониски приходни категории без регулиран правен статус. Во таа насока за оваа целна категорија ќе се бидат обезбедени и бенифицирани социјални придонеси во однос на трговските друштва за нејзин активен член48. Шеми на поддршка за практики корисни за климата и животната средина - еко шеми Со цел поголем придонес на директните плаќања кон остварувањето на втората стратешка цел – „Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите“, од 2023 година ќе бидат воведени првите шеми на поддршка за поттикнување на обезбедувањето на јавни добра преку земјоделски практики корисни за животната средина и климата, таканаречени еко шеми. Воспоставањето на еколошките шеми е доброволно за земјоделците кои се обврзуваат да превземат обврски за примена на земјоделските практики корисни за климата и животната средина. Износите на директни плаќања ќе бидат одобрени како компензација за превземените обврски за воведување на овие практики кои ги надминуваат: задолжителните барања пропишани со системот на вкрстена сообразност, минимални барања за употреба на ѓубрива и производи за заштита на растенија, благосостојба на животните, како и други задолжителни барања и се различни од обврските за управување со животната средина, климата и другите поддржани од политиката за рурален развој. 48 Односно членовите кои се занимаваат само со земјоделска дејност и се невработени лица и немаат други неземјоделски приходи. 76 Поддршката за еко-шемите ќе има форма на годишна исплата по хектар која се доделува како дополнителни плаќања на основната поддршка за приходот или плаќања кои целосно или делумно ги надоместуваат дополнителните трошоци за корисниците и изгубените приходите како резултат на спроведените обврски. Во насока на спроведување на поддршката, дополнително ќе се пропише список на земјоделски практики корисни за климата и животната средина за кои ќе може да бидат одобрени директните плаќања (до 2022 г), а кои треба да придонесуваат кон оставарување на четвртата, петтата и шестата специфична цел на стратегијата. Воведувањето на поддршка за одржување на трајно затревено земјиште или одржување на еколошки области ќе зависи од примена на регулативите поврзани со Натура 2000. Производно-врзани директни плаќања Заради таргетирање на претходно идентификуваните слабости кај земјоделските подсектори, во следниот период ќе продолжи доделувањето на поддршката по единица површина, грло или единица производ која е поврзана со тип на земјоделско производство. Овие плаќања покрај улогата на поддршка на приходот се доделуваат и заради: постигнување на конкретни цели на земјоделската политика и помош на вклучените подсектори кои се особено важни од социјални, економски или еколошки причини или на специфични типови на производство во надминување на потешкотиите со кои се соочуваат во процесот на подобрување на нивната конкурентност, долгорочна одржливост или квалитет. Поради недоволната профитабилност и од други фактори, постои ризик учесниците во подсекторите кои се во процес на реструктуирање без обезбедената поддршка да го намалат или целосно напуштат производството што ќе има негативен ефект врз економскиот, социјалниот и еколошкиот баланс. Мерките на поддршката се поставени на начин да се влијае на зголемување на продуктивноста во производството (придонес кон СЦ 2), унапредување на вертикалната интеграција и создавање поголема додадена вредност (придонес кон СЦ 3), примена на стандарди за квалитет на производите, итн. Во тој контекст особено се вбројуваат подсекторите на: производство на жита кое има клучна важност за сигурноста на храната и каде ангажираните производни капацитети имаат недоволна продуктивност, поради што поголемиот број на вклучените мали стопанства се во фаза на транзиција, производството на тутун кое се одвива на традиционален начин во регионите со ограничени алтернативи за други земјоделски и неземјоделски дејности и обезбедува широка социјална сигурност, сточарското производство кои се цврсто поврзани со одржливоста на руралните средини, особено во ридско-планинските региони и големината на трговскиот дефицит, додека производите месо и млеко во следниот период се во фаза на воведување на минималните стандарди за квалитет, 77 производството на винско грозје, зеленчук/овошје (и нивни преработки) и млеко заради потребата од зајакнување на договорните и други аспекти на вертикална интеграција и подобрување, односно воведување на класификација на производите производството на семенски и саден матерјал за поледелски и градинарски култури и лозов и овошен саден материјал со цел потикнување на домашно производство со проверен квалитет, како и подршката за вештачко осеменување на животни заради поттикнување на подобрени генетски квалитети. Поддршка на влезни елементи на производството е обезбедена и за покривање на трошоците за гориво за обработка на земјоделски површини и одгледување на медицински, ароматични и зачински растенија заради поддршка на заживување на подсекторот во развој кој има компаративни предности и потенцијал за супститиција на други непрофитабилни земјоделски бизниси и диверсификација на приходите. Поради евидентната комплицираност на шемата на директни плаќања во следниот период ќе се овозможи постепена промена на постојните мерки кои перспективно ќе придонесат оваа форма да го намали учество во вкупниот износ на директни плаќања, како и да се поедноставни начинот на нивното администрирање. Во таа насока ќе се: трансформираат дел од мерките по единица производ во мерки по грло или површина, а потоа во мерки кои не се производно поврзани, намалат и интегрираат мерките кои се однесуваат на еден тип на производство и создадат услови за воведување на алтернативни форми на директни плаќања како замена за производно-врзаните директните плаќања кои не се дозволени со ЗЗП на ЕУ, како што се агро-еколошки мерки за тутунот, секторски интервенции (пчеларство, овошје и зеленчук), плаќање по површина пасиште, шеми за поддршка на квалитет (млеко), државна помош, итн. Предвидените промени треба да овозможат префлање на применетите мерки во т.н. сина кутија мерки на поддршка и во тој контекст подобрување на исполнувањето на обврските превземени со пристапот во Светската трговска организација во однос на внатрешните мерки / мерки на поддршка. 5.1.2 Корисници и ограничувања Поддршката на приходот ќе продолжи да се реализира во корист на земјоделските стопанства кои вршат земјоделска дејност, вклучително и оние кои се занимаваат и со неземјоделски активности надвор од нивното стопанство од причина што нивните повеќенаменски активности често го зајакнуваат социо-економското ткиво на руралните области. Сепак во насока на понатамошно подобрување на перформансите на земјоделската политика, поддршката за приход ќе биде насочена кон погоре дефинираните категории на вистински земјоделци. Заради избегнување на прекумерното административно оптоварување предизвикано од процесуирање на големиот број на мали износи на поддршка и на обезбедувањето 78 ефективен придонес за поддршка на целите на земјоделската политика, директните плаќања како и досега ќе се доделуваат над дефинирана минимална површина со која располагаат земјоделските стопанства. Со цел да се обезбеди поправедна распределба на поддршката за приходот, износите на директни плаќања над износот од 300.000 евра нема да се исплаќаат, додека за поголемиот број на плаќања останува постепеното намалување со зголемување на големината на ангажираните капацитети. Исклучок од редукцијата остануваат земјоделските подсектори кои се реализираат во подрачја со отежнати услови за производство и се од големо значење за одржливоста на руралните средини поради недостатокот од други алтернативи за вработување. Вакви подсектори се овчарството, козарството и слободниот систем на производство на говедско месо. Прилагодувањето кон начинот применет во ЗЗП на намалување на плаќањата кои надминуваат одредени износи откако ќе се одбијат трошоците за работна сила ќе биде разгледано во вториот дел од стратешкиот период. Директните плаќања ќе се исплаќаат согласно однапред дефиниран „Календар за субвенции“ со определена стриктна динамика на аплицирање и рокови за исплата на субвенции. Времето на исплата на директните плаќања ќе биде усогласено според потребите на земјоделците за финансирање на земјоделските активности зависно од типот и карактеристиките на земјоделското производство. Промена во динамиката во насока на континуирано добивање на поддршката во текот на годината ќе се овозможи за производителите на млеко, за кои почнувајќи од 2022 година, исплатата ќе се одвива на месечно ниво, додека плаќањата во живинарската индустрија ќе бидат обезбедени на квартално ниво. Доделувањето на директни плаќања ќе биде условено со исполнување на барањата од вкрстената сообразност, односно минималните барања за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина подетално опишано во делот посветен на елементите заеднички за неколку интервенции. II.5.2 Политика на уредување на пазарите 5.2.1 Потреба за уредување на пазарите и пристапот на политиката Најголемиот дел од приходите на земјоделците како и кај останатите економски дејности се обезбедуваат од пласманот на нивните производи на пазарот. Честите непредвидливи промени и нарушувања на односот помеѓу понудата и побарувачката со влијание на цените и приходите на земјоделците кои не изостанаа во изминатиот период, само ја потврдија потребата од интервенции на политиката во постигнување на стабилност и предвидливост на земјоделската дејност, а со цел обезбедување на одржлив развој. Во следниот стратешки период политиката на уредување на пазарите со земјоделски производи ќе биде фокусирана кон заштита на стабилноста на пазарите од 79 нарушувања, поттикнување на соработката помеѓу чинителите по хоризонтална и вертикална основа преку организации на производители, здруженија на граѓани и меѓугрански организации, кон подобрување на минималниот квалитет на производите, како и кон други интервенции кои треба да придонесат за постигнување на целите на националната земјоделска политика. Интервенциите на политиката спроведени преку организациите на производители, покрај примарниот придонес кон земјоделската конкурентност ќе поддржат остварување на повеќе специфични цели како подобрување на приходите, одржување на стабилноста на пазарот, исполнување на очекувањата на потрошувачите и одржување на земјоделската разновидност. Од причина што процесот на постоење на организации на производители базирани на пазарна основа е во почетна фаза, мерките и политиките на организација на пазарите во првиот период ќе бидат прилагодени на најблиските постоечки форми на организација на деловните субјекти кои имаат соодветен организациски и оперативен капацитет. Политиката на уредување на пазарите за следниот период ќе биде презентирана во рамките на следните неколку подрачја:  Внатрешен пазар,  Шеми за помош,  Мерките за исклучителни ситуации,  Шеми за квалитет на земјоделските производи  Промоција на македонското земјоделско производство и  Надворешна трговија 5.2.2 Внатрешен пазар Уредувањето на внатрешниот пазар ќе опфати неколку типа на интервенции на политиките кои треба да ги постигнат целите на политиката дефинирани претходно, и тоа: интервенции на пазарите со земјоделски производи, помош за складирање и уредување на односите на субјектите во откупот на земјоделски производи. Интервенции на пазарите со земјоделски производи Системот на интервенции на пазарите со земјоделски производи кој има за цел да ги стабилизира земјоделските пазари и да спречат ескалација на пазарните кризи ќе се користи само како заштитен механизам, единствено во услови на кризи поврзани со сериозни нарушувања на пазарите, а не како постојана директна мерка на поддршка на цената. Поради комплексноста на овој тип на интервенција и генералната отвореност на македонскиот пазар особено кон регионалните пазари, интервенциите ќе бидат ограничени на дефинирани производи и на стриктно назначени ситуации, како и организирани со користење на постојна инфраструктура на државните и приватните субјекти. Мерките особено ќе се однесуваат на пазарите кои и во досегашниот период се покажаа како најподложни на чести влијанија од надворешните пазари, пред се 80 житните култури, а дополнителни мерки на уредување на пазарите ќе се воведат за дел од производите од животинско потекло кои пројавуваат циклична нестабилност, како што се јајцата и свинското месо, и тоа како:  Интервентен откуп на пченица од производители со одредена максимална големина ќе се спроведува за потребите на стоковите резерви, под услови и постапка пропишани со Законот за земјоделство и рурален развој. Постапката ќе биде ревидирана и поедноставена заради обезбедување на побрз одговор при пројавен вишок на пазарот;  Интервенции на пазарот на свинско месо ќе се применува во дефинирани услови на вишок на домашно производство кое може да предизвика сериозен пад на цената со последици на структурата на подсекторот. Интервенцијата на отстранување на месото од пазарот ќе се извршува во насока на негово насочување кон преработка со покривање на разликата помеѓу пониската цена на месото кое доаѓа од увоз и повисоката цена на домашно произведеното свежо месо и  Интервенции за отстранување на вишокот на јајца од пазарот заради одржување на стабилноста на продажната цена. Цикличниот вишок кој се јавува секоја година во одредени делови од годината како последица на намалената побарувачка може да се насочи во соодветниот капацитет за преработка на јајцата во течни јајчани производи кој треба да се реализира преку инструментот државното предфинансирање на инвестициите од заедничко подсекторско значење. Интервенциите ќе бидат иницирани од страна на телото назначено за одбор за пазарот на соодветниот производ кое тековно ќе ги следи состојбите или од страна на препознаени организации на производители, здруженија или интергрански организации како дел од активностите на нивните оперативни програми. Потребните законски измени ќе се реализираат во текот на 2021 година со цел овозможување на функционалност на системот до крајот на 2022 година. Помош за складирање на производи Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот преку охрабрување на операторите привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот. Во такви услови, ќе биде овозможено малите и средни земјоделци да ги складираат нивните производи, пред се житата (пченицата, оризот, итн) и месото за кои постои пазарен вишок, како што е свинското и јагнешкото месо. Складирањето ќе се одвива за одреден период пропишан во подзаконскиот акт49 по привилегирана, пониска цена во државни складишта или со компензација на трошоците направени за складирање во одобрени приватни складишни капацитети. Уредување на односите на субјектите во откупот на земјоделски производи 49„Уредбата за постапката за доделување финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи“ (Сл.Весник на РМ, бр.126, 8 јули, 2016 година) 81 Со цел регулирање на пазарните односи и елиминирање на субјектите со шпекулански намери стриктно ќе бидат почитувани одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој во делот на уредување на условите и начинот за вршење на трговија со земјоделски производи. Откуп на земјоделски производи може да вршат само субјекти кои ги исполнуваат матерјално-техничките услови согласно законот и подзаконските акти, регистрирани во МЗШВ кои доставуваат извештаји за планираниот и реализиран откуп и за склучени договори со земјоделците. Во насока на олеснување на евиденцијата до крајот на 2022 година ќе биде развиен електронски систем за онлине внесување на податоците поврзан со регистерот. Заради подобрување на односите на учесниците во ланецот на додадена вредност и планирање на производството, доследно ќе се спроведуваат одредбите од законот за задолжителни договори при откупот на земјоделските производи, од кои дел склучени пред откупот и со вклучена договорна цена. Најдоцна до 2023 година оваа законска обврска ќе претставува дел од задолжителните барања за мерките на директни плаќања по единица предаден производ. Покрај овие одредби ќе се следи и спроведувањето и обврските на учесниците на пазарот на земјоделски производи кои произлегуваат од подсекторските закони за тутунот и винарството. 5.2.3 Шеми за помош Инструментот за шеми за помош ќе биде обезбеден за подобрување на понудата на овошје и зеленчук и на млеко и млечни производи во образовните и други установи од социјалниот и образовен систем, таканаречена шема за овошје и зеленчук и шема за млеко во училиште. Покрај ова, за да се олесни постигнувањето на општите цели за поконкурентен и пазарно-ориентиран сектор и намалување на осцилациите во приходите на производителите поврзани со кризи на пазарите, помош ќе биде овозможена и за одредени земјоделски подсектори како што се овошје и зеленчук, пчеларството, вино и винско грозје и производство на месо и млеко. Шема за овошје и зеленчук и шема за млеко во училиште Шемите за овошје и зеленчук и за млеко во училиштето имаат за цел да се промовира поголема потрошувачка и здрави навики во исхраната на учениците преку бесплатна дистрибуција на овошје, зеленчук и млеко до училиштата и другите социјални и едукативни установи, истовремено влијаејќи и на зголемена побарувачка на домашните производи. Програмата за дистрибуција е надополнета со едукативни мерки кои ги учат децата за земјоделство и промовираат здрава исхрана. Покрај свежо овошје и зеленчук и млеко за пиење, шемата може да вклучи и преработени производи, како што се: сокови, супи, јогурт и сирење за да обезбеди разновидна диета и да ги адресира специфичните потреби на исхраната во нивните образовни програми. Мерката ќе вклучува поддршка за откуп на свежо овошје и зеленчук и млечни производи произведени во земјата, нивно пакување и дистрибуција до население под 18 години, лица изложени на социјални и здравствени ризици и ранливи групи на сиромаштија кои се дел од јавните образовни, здравствени и социјални системи. Од 82 аспект на достапноста за редовна дистрибуција, вишок на пазарот и трајност во шемата може се вклучат јаболката, сливите, крушите и праските, зеленчуци, млеко, сирење и некои други млечни производи, како и преработеното овошје и зеленчук. Пред започнување на спроведувањето на шемата од 2023 година, ќе се направи анализа која треба да ги прецизира деталите на интервенцијата за подготвка на „Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и млечни производи“, како и идентификува потребата за обемот на измени и дополнувања во законска рамка. Секторски интервенции Во рамките на политиката за уредување на пазарите на земјоделските производи и поради претходно евидентираните специфики и потреби, подсекторски пристап на спроведување на дефинирани видови на интервенции ќе биде овозможен за следните подсектори: овошје и зеленчук, вино (и винско грозје), пчеларство и производството на месо и млеко. Интервенциите во избраните посектори ќе се спроведуваат преку одобрени оперативни програми на организации на производители препознаени според законски пропишаните критериуми, кои опфаќаат период во времетраење од три до седум години. Од причина што нивото на развој на пазарните форми на организација на земјоделските производители во земјата е на исклучително ниско ниво и истото не се очекува значително да се подобри и во следниот период од аспект на поголемо учество во вкупниот промет, како преодна форма ќе биде овозможено корисниците на поддршката за реализација на оперативните програми да бидат и форма на здружување на граѓани согласно Законот за здруженија и фондации кои се препознаени како социо-економски партнери, како и признати организации на одгледувачи согласно Законот за сточарство. Заинтересираните субјекти кои не се пазарни организации на производители ќе треба да се насочени кон интересите на еден конкретен подсектор и да демонстрираат соодветен капацитет во спроведување на комплицирани активности кои ќе имаат влијание во надминување на проблеми или состојби на национално ниво. Оперативните програми ќе вклучуваат избор од интервенции во рамките на дефинираните цели и приоритети во националната стратегија и истите во соодветна постапка треба да бидат одобрени. Реализацијата на активностите, особено тие кои вклучуваат инвестиции во материјални и нематеријални средства ќе биде условена да придонесе кон започнување на заедничка пазарна активност на членовите на корисникот до крајот на оперативната програма. Генерално, поддршката на организациите на производители ќе биде реализирана преку оперативен фонд формиран од нивна страна кој покрај тоа што ќе се финансира од придонеси од членовите на организацијата на производители ќе биде надополнет до 50% од реалните трошоци од страна на програмите за финансиска поддршка. Финансиската помош ќе биде ограничена до 5% од вредноста на пазарното производство на организацијата на производители. Ограничувањето од 50% може да биде зголемено и до 100% во случај на повлекување на производи од пазарот за 83 потребите на бесплатна дистрибуција до добротворни организации и фондации, казнените институции, училиштата и јавни образовни институции. Во насока на мотивирање за позначајно пазарно учество, финансиска поддршка за организациите на производители во првите 5 години од спроведување на стратегијата ќе може да изнесува до 80% од финансиските придонеси во оперативниот фонд, со 100% покривање на дел од прифатливите трошоци и без ограничување на вредноста на пласираното производство за субјектите кои не остваруваат заеднички пазарни активности. Во следниот период особено значење ќе биде обрнато на зајакнување на капацитетот и обезбедување на поддршка на групите на производители во организации на производители, како и на препознавање на меѓугрански организации кои би било пожелно да се формираат на регионално ниво помеѓу трговци и производители или преработувачи и производители на земјоделски производи и истата ќе биде поддржана од мерките на политиката. Mеѓугранскитe организации може да спроведат широк спектар на мерки поврзани со истражување на пазарот на одреден производ и влијание врз истиот преку подигање на свеста, подобра координација на пласирањето на производите на пазарот, подготвување на стандардни договори, подобро искористување на потенцијалот на производ, иновативни истражувања, подобрување на квалитетот, промовирање на потрошувачката, мерки за спречување ризици и мерки за подобро управување. На локализирано ниво на конкретен синџир на понуда кој се состои од група на примарни производители, преработувач и/или откупувач на земјоделски производи ќе се овоможи поддршка за нивна заедничка имплементација на интегрирани проекти за зајакнување на синџирот на понуда на земјоделски производи. Проектот поднесен од страна на партнерска организација може да вклучува интервенции во физичкиот капитал на учесниците, постапки за воведување стандарди, обуки и задолжително услуги од советодавниот систем. Генералните цели се промовирање на поизбалансирани релации и партнерски односи и концетрирање на понудата на земјоделските производи, особено на производите со повисок квалитет50. Поддршката на кофинансирање на трошоците од државата ќе биде до 80%, а учесниците се обврзани да одржуваат договорни односи најмалку 5 години после завршување на проектот. Надминувањето на дел од идентификуваните проблеми на подсекторско ниво во делот на стабилизација на пазарите, вертикална интеграција и примена на стандардите за квалитет е поврзано со исполнување на инфраструктурни услови, односно инвестиции во големи капитални објекти од подсекторско значење. Со цел поддршка на изградбата и истовремено обезбедување на вклученост и сопственост на процесот од страна на учесниците во подсекторот, ќе се овозможи државно предфинансирање на инвестиции со кои се надминуваат проблеми од подсекторски карактер. Инвестициите ќе бидат целосно финансирани од државата, а имплементирани од 50 Поконкретно, заеднички дефинираните цели може да се однесуваат на: проширување на производството или воведување на нов производ, подобрување и сертифицирање на квалитетот на производот, примена на техники за намалување на негативните ефекти на климатските промени, заштеда на енергија и производство на енергија од обновливи извори, управување со земјоделското стопанство (директни продажба, маркетинг и логистички услуги), како и иновации и трансфер на современа технологија. 84 страна на правни субјекти формирани од официјално препознаени и функционални групации на најголемите производители на национално ниво. Износот на приватното кофинансирање (најмалку 20%) ќе биде вратен кон државата во период прилагоден на времето на спроведување на инвестицијата и развојот на бизнисот, но не подолго од осум години. После завршување на инвестирањето и уплатата на средствата од приватното финансирање, инвестицијата ќе премине во сопственост на правното лице формирано од националната групација на производители. Потенцијалните објекти поддржани преку инструментот во соработка и со подготвеност за учество од страна на репрезентативните учесници во секторот би биле: фабрика за преработка на јајца во течен производ, кланица за прецизно конфекционирање на домашно свежо свинско месо, капацитет за справување со вишокот на млеко или млеко од несоодветен квалитет, потоа поголеми откупни и складишни или заеднички преработувачки капацитети и др. За финансирање на мерките од политиката за уредување на пазарите од 2022 година, после направените законски прилагодувања ќе се алоцираат средства во посебна Програма за финансирање на мерките од политиката за уредување на пазарите. Секторските интервенции за дефинираните производи се прикажани во продолжеток. Интервенции во подсектор овошје и зеленчук Македонија има компаративна предност во подсекторите овошје и зеленчук кои се традиционални и регионално-препознатливи земјоделски производи. Сепак поради структурните недостатоци, недоволната трасмисија на пазарните сигнали и информации до сите учесници и недостатокот од акции за промени и треатирање на пројавените проблеми во производството и маркетингот, подсекторот покажува сериозни знаци на постепено намалување на конкурентноста на традиционалните пазари и недоволна виталност за освојување на нови. Подсекторот се наоѓа под зголемен конкурентски притисок од регионалните економии и на домашниот пазар и е под негативно влијание од климатските промени. Оттука, во следниот период е неопходно поставување на таргетиран пристап за надминување на евидентираните предизвици кои треба да водат кон постигнување на подобрени перформанси во производството и маркетингот, намалување на влијанието на животната средина и отпорност кон негативните консеквенци од климатските промени. Поконкретно, потребно е подобрување на планирањето на производството и негово прилагодување кон побарувачката, особено во однос на квалитетот (но и квантитетот). Производителите треба да ги оптимизираaт трошоците на производството и стабилизираат производните цени и да ја концентрираат понудата. Постојните производни практики и сортниот состав треба да се проценат од аспект на економичноста, усогласеност со пазарните преференции, заштитата и отпорност на штетници, заштита на животната средина и биодиверзитетот, одржливото користење на природните ресурси и придонесот кон ублажување и прилагодување на климатските промени. За клучните производи од двата подсектори - пиперката, доматите, краставици и зелка, и за јаболка, праска и слива ќе се реализира истражување во периодот 2021-2022 година и препорачаат оддржливи методи и иновативни практики на производство и маркетинг кои треба да овозможат развој и зајакнување на нарушената пазарна позиција. 85 Една од областите на која треба да се стави акцент е зголемување на пазарната вредност и подобрување на квалитетот на производите, вклучително и заштита на квалитетот (заштитена ознака на потекло и заштитена географска ознака). Во насока на подобрување на пазарната препознатливост на производите од подсекторот овошје и зеленчук ќе се овозможи поддршка за позиционирање на зеленчукот и овошјето во свежа и преработена форма на таргетирани пазари и засилена промоција. Во следниот период е потребно да се постигне подобрување на хоризонталната интеграција на сите чинители во секторот, а потоа и нивно вертикално интегрирање. Недостатокот од информации од пазарите и изборот на соодветен асортимент на понуда и потребните промени во сите области51 треба да се подобри преку поблиска соработка и размена на информации, спроведување на заеднички инвестициони, научни и други активности за подобрување на состојбите, се до формална интеграција во меѓугрански организации. Напорите за поблиска соработка меѓу сите чинители и спроведување на приоритетните активности ќе бидат поддржани од политиките. Недостатокот од информации, научни сознанија и иновативни практики ќе се поддржи преку Системот за знаење и иновации кој ќе вклучи советодавни услуги, обуки и поставување на применети демонстративни практики во показни стопанства во најголемите производствени региони. Понудата на овошје и зеленчук за преработувачката индустрија треба да се обезбеди од аспект на стабилност на добавување и стандардизира од аспект на квалитет, пред се преку зајакнати договорни врски и реализирање на наменски истражувачки проекти. Поради извесноста на променливоста на пазарите со овошје и зеленчук ќе бидат ставени во функција неколку инструменти за превенција на кризи и управување со ризици, насочени кон избегнување и справување со кризи на пазарот на овошје и зеленчук и мерки за зголемување на потрошувачката на производи од подсекторот овошје и зеленчук. Врз основа на идентификуваните специфични потреби за подсекторот ќе се обезбеди поддршка преку следниве видови интервенција:  воспоставување и капитализација на заедничките фондови на признати организации на производители,  поддршка на инвестиции во материјални и нематеријални средства во насока на постигнување на воедначена и концетрирана понуда, поефикасно управување со пласирањето на количините на пазарот, односно активности за зголемување на одржливоста и ефикасноста на транспортот и складирање на производи од секторот овошје и зеленчук,  спроведување на стандардите за квалитет,  пресадување на овошни насади доколку истото е задолжително заради здравствени или фитосанитарни причини по инструкција на надлежниот орган,  повлекување на количини на производи од пазарот и нивна бесплатна дистрибуција до дефинирани корисници или дистрибуција на други пазари, 51 во областите на: оптималното управување со стопанствата, подобрување на квалитетот и зајакнување на хоризонталната и вертикална интеграција, одржливите техники за контрола на штетници, одржливата употреба на пестицидии и придонес кон прилагодувањето и ублажувањето на климатските промени 86  зелена берба52 како и осигурување на берба за зачувување на приходите на производителите,  подобрување на користењето и управувањето со водата, заштеда на вода, одводнување и други методи насочени кон ублажување на климатските промени,  заштеда на енергија, енергетската ефикасност и зголемување на употребата на обновливата енергија,  намалено еколошко влијание, органско производство, намалување на производството на отпад и подобрување на управувањето со отпадот,  советодавни услуги и техничка помош, особено во врска со одржливи техники за контрола на штетници (превентивна заштита и искоренување на најраспостранетите штетници и болести кај растенијата), одржлива употреба на средства за заштита и интегрирано управување со штетните организми,  спроведување и управување со фитосанитарните протоколи наметнати од трети земји со цел олеснување напристапот до пазарите на тие земји и  обука на други организации на производители и здруженија или на индивидуални производители. Интервенции во подсектор пчеларство Препознавајќи го значењето кое пчеларството го има за одржливоста на целокупното растително производство и биодиверзитетот и воопшто за човекот, во следниот стратешки период ќе бидат вклучени таргетирани интервенции во секторот пчеларство, особено од аспект на третирање на невообичаено големите загуби на пчелни семејства како резултат на климатските промени. Интервенциите ќе бидат насочени кон преземање мерки за обновување и надоместување на загубите со поттикнување на одгледување на медоносните пчели на што поголем број локации со користење на генетски материјал од автохтоните подвидови како најприлагодливи кон климатските промени (конкретно автохтониот подвид македонска медоносна пчела) и унапредување на нејзините карактеристики во насока на зголемување на продуктивноста. Како прифатливите мерки за финансирање се следниве групирани во осум сета:  Техничка помош на пчеларите и пчеларските организации, вклучително: организација на курсеви и работилници, печатење на едукативен материјал, набавка на опрема за примарна обработка на медот како и специфична помош за млади пчелари,  Сузбивање на штетниците и болестите кај пчелите, воглавно насочени кон контрола на крлежот Varroa destructor, но и други штетници карактеристични за тропски региони кои се реална закана заради променетите климатски промени. Акцентот се става на средствата дозволени во еколошкото производство, 52 која вклучува целосна берба на недозреани производи кои не се наменети за пазар и кои не биле оштетени пред зелената берба, без оглед дали се од климатски причини, болест или друго; неспроведување на берба на овошје и зеленчук што се состои од прекинување на тековниот циклус на производство иако производот е добро развиен и има продажен квалитет 87  Рационализација на трошоците за селидбено пчеларење со поддршка на инвестиции во опрема која го олеснува селењето, мапирање на локации погодни за селење, изготвување регистри за следливост на селењето и сл.,  Поддршка на лаборатории за анализа на пчелните производи со цел да им се помогне на пчеларите своите производи да ги пласираат на пазарот и да ја зголемат нивната вредност со поддршка на анализи на физичко-хемиските својства на медот и пчелните производи. Мерките може да се искористат и за утврдување на ботаничкото потекло на медот, со што може да се постигне повисока цена при неговата продажба како сортен мед,  Обновување на фондот на пчели со компензирање на загубите на пчелите преку финансирање за купување нови роеви или нови пчелни живеалишта,  Соработка со специјализирани тела за имплементација на програми за применливи истражувања во подрачјето на пчеларството и пчелните производи со поддршка на специфични истражувачки проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на медот,  Мониторинг на пазарот на пчелните производи и цените и  Подобрување на квалитетот на производите со цел искористување на потенцијалите на производите на пазарот. Реализацијата на мерките ќе се остварува преку Национална програма за поддршка на потсекторот за период од три години со јасно дефинирани цели и мерки за нивно постигнување. Во програмите освен основните податоци за потсекторот, задолжителен е и опис на методот по кој се уредува и ажурира реалниот број на пчелни семејства секоја година заради следење на состојбите и правилно насочување на поддршката. Интервенции во подсектор производството на вино и винско грозје Поради идентификуваното значење на производството на винско грозје и вино за земјоделскиот сектор, посебен сет на мерки ќе бидат наменети за овој подсектор во насока на постигнување на подобрена меѓународна препознатливост и конкурентност, придонес кон подобрување на одржливи производни системи и намалување на влијанието врз животната средина. Во насока на зголемување на уделот на квалитетното вино во извозот, производителите на вино треба да ги подобрат перформансите во производството и продажбата и истите да ги прилагодот кон барањата на пазарот и да ги подобрат и хармонизираат односите со индивидуалните производители на грозје кои контрибуираат со високи, над 80% во вкупната понуда на влезна суровина во производството. Мерките треба да вклучуваат воспоставување на потесни услови на соработка и долгорочни договори за производство со што ќе се обезбеди и можност за влијание на квалитетот на грозјето и количината на понуда во услови на загреана пазарна конјуктура. Со цел да се спречат кризите на пазарот и придонесе кон враќање на рамнотежата на понудата и побарувачката, воспоставените облици на формална соработка ќе бидат препознаени како носители на поддршката од државата за надминување на проблемите и тоа во самиот момент на нивното појавување. 88 Надминувањето на структурните слабости на сегментираност на понудата на винско грозје од побарувачката ќе се третира преку стимулирање на организирање на меѓугрански организации и реализација на проекти за интегрирање на синџирот на понуда кои треба да овозможат зајакнување на врските помеѓу различните субјекти и зајакната вертикална интеграција. Истовремено ќе се стимулира отварањето на мали винарски визби, со акцент на винарии формирани од задруги формирани од индивидуални производители на грозје кои имаат определен производен капацитет на производство и пазарен потенцијал, претходно докажан во заедничка продажба на винско грозје. Вертикалната интеграција заради заштита на квалитетот ќе биде овозможена со измени во Законот за вино во 2021 година со кои ќе биде дадена можност носители на една заштитена географска ознака да бидат самите производители на грозје и вино кои заеднички ќе градат бренд за потекло, ќе менаџираат и ќе ја штитат одредената географска индикација со поддршка на државата. Ова треба да ја зголеми вредноста на виното, а со тоа и вредноста на грозјето и да ги отвори патиштата кон развој на брендирани производи препознатливи на домашните, регионалните и меѓународните пазари. Во насока на стимулирањето на производство на органско грозје и органско вино со истата измена на законот ќе се овозможи декларирање на органско вино. Заштитата на географското потекло е особено важен дел од подобрување на пазарната позиција на виното бидејќи придонесува за најмалку 10-20% зголемување на вредноста на виното и истовремено олеснување на пласманот на пазарот. По усогласувањето на правната рамка за заштита на географски назив на виното и воспоставувањето на новиот систем за заштита, постапките на операторите (подготовка на елаборат, контрола и сертификација на производство и запишување во меѓународен регистар на заштитен географски назив) ќе бидат предмет на поддршка. Реструктуирањето на подсекторот ќе биде поддржано преку кофинансирање на подобни инвестициони зафати. Поддршка ќе биде алоцирана за кофинансирање на трошоците за реструктуирање и конверзија на лозовите насади во овошни, вклучително и пресадување на насадите кога тоа е наложено од страна на надлежниот орган по задолжително корнење од здравствени или фитосанитарни причини и за нормалното обновување на лозјата со подигање на насад на иста парцела со иста сорта на грозје поради обновување на неповолната старосната структура на голем дел од насадите во земјата. Финансиската помош за преструктуирање и пренамена на лозови насади нема да надминува 50% од реалните трошоци за преструктуирање и конверзија на лозови насади или 75% од реалните трошоци за преструктуирање и пренамена на лозја во помалку развиените региони. Помошта може да има форма на обештетување на производителите за загуба на приходот поради спроведување на интервенцијата како придонес кон трошоците за преструктуирање и конверзија. Во тој случај надоместокот на производителите за загуба на приходот може да покрие и до 100% од соодветната загуба. Кофинансирање ќе биде овозможено и за опрема и механизација за одгледувачите на грозје, како и за материјални и нематеријални инвестици во капацитети за преработка и инфраструктура во винарииите и за маркетинг. Особено ќе бидат поттикнати инвестициите кои се во насока на развој на иновативни производи и нуспроизводи за производство на вино, процеси и технологии, и други инвестиции со кои се додава 89 дополнителна вредност во која било фаза од вредносниот синџир, вклучително размена на знаење. Поради чуствителноста на виното кон нарушувањата на пазарот со големи влијанија на намалена потрошувачка и следствено заситеност на понудата, но и поради загубите кои се јавуваат како последица на природни непогоди, неповолни климатски настани, болести или штетници, ќе се развијат мерки за отпорност на секторот заради зачувување на приходите на примарните производители и производителите на вино. Во насока управување со ризикот во подсектор лозарство и винарство ќе се регулира, и во исклучителни случаеви на кризна состојба на пазарот ќе се поддржи воведување на зелена берба, односно целосно уништување или отстранување на гроздовите додека се уште се во нивна незрела фаза, со што се намалува приносот на соодветната површина до нула со што се исклучува останување на гроздовите на растенијата. Финансиската помош за зелена берба ќе биде 50% од вкупниот износ на директните трошоци за уништување или отстранување на гроздовите и на загубата на приходите поврзани со такво уништување или отстранување. Исто така, ќе се уреди и поддршка за дестилација на грозјето со слаб квалитет, стимулирање на производство на оцет, дестилат или гроздов сок и соодветна поддршка за нивен пласман. Како дел од управувањето на ризикот ќе продолжи кофинансирање на трошоците за осигурување на приносите од загуби како последица на неповолни климатски настани, природни непогоди, болести на растенија или наезда од штетници. Поддршката ќе изнесува до 80% од износот на премиите за осигурување од загуби што произлегуваат од природни катастрофи и 60% за останатите ризици. Како и кај останатите подсектори, привремена помош ќе биде обезбедена за покривање на административните трошоци за основање и капитализација на заеднички фондови на примарните производители организирани како групи и организации на производители. Во насока на стимулирање на превземање на заштитни мерки против зголеменото влијание на климатските настани, финансиската поддршка за инвестиции во набавка на опрема за заштита на насадите ќе биде финансирана со зголем износ на поддршка од 80%. Во услови на уште позасилена конкуренција како резултат на намалената потрошувачка со глобалната КОВИД19 криза, на македонското вино сеуште му недостасува препознатливост која е неопходен елемент во маркетингот особено во овој производ, поради што претходно обезбедената поддршка ќе биде зголемена во обем и изменета во содржина. Следниве активности спроведувани од препознаени економски партнери треба да ја зголемат препознатливоста на Македонија како винска земја и оебзбедат зголемен пристап на македонското флаширано вино на меѓународните пазари:  промоција, рекламирање и спроведување на информативни кампањи за истакнување на: спецификите на македонските автохтони сорти, пред се Вранецот, квалитетот на виното и останатата придружна понуда која го надополнува пакетот на тероар (култура, историја, традиција и туризам), заштитените називи на квалитет и органското производство. Информативните активности за поттикнување на одговорното консумирање на вино и промовирање на шемите за квалитет кои ги покриваат ознаките за потекло и географските ознаки ќе може да бидат спроведени и на домашниот пазар, 90  учество и организација на меѓународни трговски и промотивни настани и мастеркласови и обезбедување на пристап на електронски платформи за трговија,  изработка на маркетинг студии за нови пазари, неопходни за проширување на продажбата, како и студии за проценка на резултатите од промоциите и  подготовка на технички досиеја кои вклучуваат лабораториски тестови и проценки во врска со енолошки практики, фитосанитарни и хигиенски правила, како и други барања од земјите за увоз на македонското вино. Финансиската помош за активностите кои треба да го олеснат пристапот до пазарите на надворешните пазари и овозможат позасилена промоција ќе изнесуваат 50% од прифатливите трошоци. Во следниот период треба да се развие и одржлив систем на располагање со остатоците од производството на грозје и вино и нивна употреба за индустриски и енергетски цели на начин кој обезбедува квалитет на виното и истовремено заштита на животната средина. Заради соодветно следење и анализа на состојбите и планирање на идниот развој и обезбедување на веродостојни податоци ќе се воспостави интегриран подсекторски ИТ систем во лозарството и производството на вино, интероперабилен со другите регистри во секторот, кој покрај основните податоци за примарното производство и преработките (површини, сорти, начин на одгледување, број на производители, обем на производство) би ги интегрирал и податоците за пласманот и потрошувачката. Развој на системското софтверско решение ќе се реализира во периодот од 2022-2023 година. Интервенции во сточарските подсектори за производство на месо, млеко и јајца Подсекторите во делот на сточарството насочени кон производство на месо, млеко и јајца се соочуваат со засилен процес на реструктирање, ниска конкурентост, слабо покривање на домашниот пазар (освен свинското месо и јајцата) и сериозна увозна зависност, недоволно ниво на хоризонтална организација на субјектите и непостоечки или непартнерски односи во ланецот на додадена вредност, како и невоведени минимални стандарди за квалитет. Спроведувањето на законски пропишаните минимални стандарди за квалитет ќе биде поддржано во подсекторите за производство на месо врз основа на подетално дефиниран пристап соодветен на пазарните состојби. Кај јајцата тоа претпоставува потреба од капацитет на национално ниво за третман на јајцата кои не треба да завршат на пазарот. Пазарните вишоци на свежото свинско месо ретко суровински контрибуираат во целосно увозно-зависната месопреработувачка индустрија за што ќе спроведат активности за планско насочување на производството кон креирање на тип на финален производ гоеници за пазарот на месни преработки53 и овозможување други предуслови. Воспоставувањето на стабилни кооперантски врски помеѓу група на одгледувачи на бројлери и интегратори (откупувачи или кланици) е особено важна за 53со финална маса од 105-130 кг (гоеници за индустриска преработка) 91 подсекторот на производство на бројлерско месо, а потреба за насочување на вгоените грла во домашните кланични капацитети има и кај говедарството. Заради обезбедување на одржливост на приходите и обезбедување потребно ниво на заштита на потрошувачите од аспект на безбедност на храната ќе се дорегулираат алтернативните системи на одгледување несилки (слободни системи на одгледување во објект, во двор-испуст или комбиниран) за производство на јајца и бројлери и прометот. За ваквите системи на производство кои може да задоволат дел од сегменти на пазарот ќе се третираат со наменски пакет на потребна поддршка. Кај сточарските подсектори, почетните форми на подсекторско здружување на национално ниво ќе се поддржат во организирање на осмислен маркетинг пристап за промоција на здрав и сигурен производ од домашно потекло, како и за уредување на постапки за справувањето со ризиците од нарушување на пазарот од нивна страна. Потребата за подобрување на генетскиот потенцијал и специјализација и трансфер на знаење за подобрени производни практики и иновации е заедничка за сите наведени подсектори и преку оперативните програми ќе може да се вклучат комплементарни активости на активностите опфатени со одгледувачките програми заради максимизирање на ефектите. Интервенциите на политиките ќе ги третираат и сериозните закани за секторот од опасноста од влегување и ширење на заразни болести (африканската свинска чума и др) зачестени со климатските промени, за што е потребно превземање на соодветни мерки. Мерките би се однесувале на предпазителни биосигурносни и други активности превземени од стопанствата, информативни кампањи насочени кон враќање на довербата на потрошувачите, надминување на ефектите од ограничувања кои произлегуваат од наметнатите ветеринарни ограничувања на движењето на животни и производи итн. За сите подсектори ќе се поддржуваат активности насочени кон креирање и обезбедување на знаење, модерни технологии и дигитални алатки неопходни за максимизирање на позитивните аспекти од тековниот процес на реструктуирање. Во насока на таргетирање на наведените секторски потреби во следниот период ќе бидат поддржани следниве видови на интервенции:  инвестиции во материјални и нематеријални средства за: • поефикасно управувањето со пласирањето на количините на пазарот и насочување кон преработувачките капацитети во насока на производство на заокружен македонски производ со додадена вредност и заштитен квалитет, • спроведување на стандардите за квалитет, • зголемување на одржливоста и ефикасноста на транспортот и складирање на производи, истражување и експериментално производство, • спречување на штета предизвикана од неповолни климатски настани и промовирање на употреба на сорти и практики на управување прилагодени на променливите климатски услови, • заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност, • постапки насочени кон заштита на животната средина, 92 • здравје и благосостојба на животните и • намалување на производството на отпад и подобрување на употребата и управувањето со нуспроизводи и отпад,  советодавни услуги и техничка помош за надминување на идентификуваните недостатоци, вклучително и прилагодување кон и ублажувањето на влијанието на климатските промени,  обука, вклучувајќи и размена на најдобри практики,  промоција, комуникација и маркетинг, особено активности насочени кон подигнување на свеста на потрошувачите за квалитетот, здравствените и нутрициони аспекти на домашните производи,  спроведување на стандардите за квалитет,  мерки за справување со заканата од појава и со последиците од болести кои задолжително се пријавуваат од листата на Светска организација на здравствена заштита на животните со сериозно влијание на производниот потенцијал и егзистенција на подсекторите (надвор од активностите од програмите на АХВ, како африканска свинска чума и други), и  имплементација на системи за следливост и сертифицирање, особено мониторинг на квалитетот на производите продадени на крајните потрошувачи. 5.2.4 Мерки за исклучителни ситуации Во услови на зголемени ризици по земјоделското производство поради неповолните климатски настани и движењата на пазарите со земјоделски производи, особено внимание ќе биде обрнато на обезбедување на соодветни алатки за управување со ризици. Поддршката се овозможува со цел да им помогне на земјоделците да управуваат со ризиците на производството и на приходите поврзани со нивната земјоделска активност, а кои се надвор од нивна контрола. Во следниот период ќе продолжи поддршката за премиите за осигурување на земјоделското производство поставени на широка основа како што беше и во претходниот период, како и ќе се поддржи формирањето и капитализацијата на заеднички фондови основани од страна на групи или организации на производители. Заедничките фондови ќе ги покриваат и двата типови на ризици, оние што се поврзани со загубите во производството и за стабилизирање на приходите. Поддршката ќе се доделува за покривање загуби кои се најмалку 20% од просечното годишно производство или приход на земјоделецот во однос на претходниот тригодишен период или тригодишен просек пресметан од претходниот петтогодишен период со исклучување на годините со највисок и најнизок износ. Максималниот износ на поддршката ќе изнесува 70% од прифатливите трошоци. Пред започнување на спроведување на поддршката во 2023 година ќе бидат уредени методологијата за пресметка на загубите и условите под кои се активира надоместокот и правилата за конституирање и управување со заедничките фондови. 93 Еден од главните инструменти во делот на мерките за исклучителни ситуации ќе биде и поставувањето на новиот резервен фонд за кризи во земјоделскиот сектор кој треба да го поддржува секторот во услови кога кризите влијаат на производството и/или маркетингот со земјоделски производи. Резервниот фонд за кризи може да се искористи за финансирање на исклучителни мерки за спротивставување на нарушувањето на пазарот. Финансирањето на фондот ќе биде поврзано со задржување од директните плаќања и истиот ќе се поставува секоја година. Сите пари на резервниот фонд што нема да се користат за одреден временски период ќе се исплаќаат на земјоделците. При опасност од сериозни нарушувања на пазарот со земјоделски производи, кои можат да ги загрозат целите на националната земјоделска политика, Владата може да воведе посебни мерки за заштита на пазарот во период додека не помине нарушувањето или опасноста од нарушување на пазарот, како пропишување на дополнителни увозни давачки над минимална цена на граница и врзување на количини на увоз на одредени производи со откупот на земјоделски производи произведени во државата. Во услови кога поради значајно нарушување на пазарите не е постигнато минималното ниво на приходи на земјоделските производители ќе се обезбеди помош во форма на зголемен износ на директни плаќања на постоечките мерки или ќе се воведат нови времени мерки на директна поддршка согласно карактеристиките на настанот. Дополнително, при сериозни кризи на непредвиден вишок на земјоделските производи кои може да бидат преработени, како што е сурово млеко или винското грозје ќе се уреди инструмент за регулирање на вишокот преку организирање на откуп на производите, нивна преработка и дистрибуција. 5.2.5 Минимални стандарди за квалитет Законот за квалитет на земјоделските производи пропишува одредби со кои се уредуваат пазарите на земјоделските производи во делот на минималните стандарди за квалитет, класификација, пакување, означување на квалитетот, транспорт, складирање на производите и информирањето. Сепак, реалната имплементација од страна на операторите во поголем дел од подсекторите е незначителна и во таа насока треба да се направат сериозни напори во следниот стратешки период особено за клучните подсектори. Спроведувањето на минималните стандарди за квалитет на зеленчукот и овошјето треба да обезбеди усогласување со стандардите кои важат на пазарите на ЕУ и другите околни пазари со што директно ќе се придонесе кон заштита на потрошувачите и подобрување на нивната извозна конкурентност. Во насока на спроведување на одредбите од законот ќе се превземат следниве активности:  идентификација на состојбата со примена на минималните стандарди (2021 г),  спроведување на кампања и укажување/советување на операторите за чекорите кои е потребно да бидат превземени во насока на усогласувањето со барањата од законот (2022 г) и кампања за потрошувачите (2025 г), 94  обезбедување на дополнителни мерки на поддршка во производството и особено во постбербените активности за наменски инвестиции во објекти, инсталации и опрема за примена на бараните стандарди кои ќе се реализираат како интеграциони проекти или преку организации на производители (2021 г законски подготовки и реализација на мерки од 2022 г) и  спроведување на редовен надзор и следење на воведувањето на стандардите од страна на Државниот инспекторат за земјоделство. Запазувањето на пропишаните одредби за минимален квалитет на млекото е директно поврзано со овозможување на ставање на млекото во промет и нивото на откупната цена. Во следниот период системот за следење на контролата на млекото ќе се комплетира со допрецизирање на идентификуваните недостатоци преку правни интервенции и со наметнување на пропишаните обврските на сите вклучени во системот согласно концептот (овластени акредитирани лабаратории, референтна лабараторија, земање на проби, обуки контролорите на квалитет на млекото, млекари и примарни производители). Подобрувањето на квалитетот на млекото треба да започне со подобрувањето на хигиенските услови и пракса во одгледувалиштето и тоа пред се со едукација на одгледувачите за воведување на хигиенски практики и примена на добра фармска практика. Надминувањето на слабостите кои влијааат на недоволната хигиена во одгледувалиштето, обезбедувањето на затворен систем од молзењето до транспортирање на млекото и брзото намалување на температурата, ќе се подобрува преку индивидуални инвестиции на самите земјоделски стопанства, но и преку заеднички вложувања во собирни центри за суровото млеко со поддршка обезбедена преку меѓугрански организации, организации на производители и локализирани интеграциони проекти. Согласно одредбите од Законот за квалитет сите субјекти кои откупуваат сурово млеко на пазарот задолжително треба да го евидентираат целокупното количество откупено млеко и доставување месечни податоци до информативниот центар за следење на млекото за квалитетот, количествата, откупните цени и понатамошното движење на производите. Базата на податоци во млечниот сектор треба да ги интегрира податоци од сите регистри во делот на млекопроизводството за што ќе се подготви измена во законската рамка, подготви софтверско решение за следење на квалитетот на млекото и делегираат обврски на учесниците во системот. Покрај институционалните промени и инвестициони вложувања, промени во насока на подобрување на квалитетот на млекото ќе се направат и кај мерката за директни плаќања за литар откупено млеко која ќе биде врз основа на класите млеко и тоа 1 денар за втора класа, 2 денари за прва и 5 денари за екстра класа. Превземените мерки треба да обезбедат подигање на квалитетот на млекото за најмалку 10% годишен пораст на откупеното млеко од екстра класа после воведување на сите елементи од системот со тренд на поголем раст на процентот. Со цел воведување на минималните стандарди за квалитет на свинското и говедско месо во следниот период ќе се создадат услови за профункционирање на системот на отценка на свињите и говедата по нивната меснатост и залојување на труповите на линија на колење. Класифицирањето на труповите треба и да го олесни откупот на домашното месо од страна на месопреработувачката индустија како замена 95 за увозното. Спроведувањето на системот на отценка ќе вклучува реализација на неколку поврзани чекори како што се:  Дефинирање на пристапот во воведување на стандардите соодветен на пазарните состојби,  Утврдување на македонска формула за оценка на линија на колење според СЕУРОП трговската класификација на полутинки,  Набавка и инсталирање на потребна опрема и софтвер во регистираните кланици кои колат над 100 гоеници (свињи) или над 10 говеда на ден,  Обука на овластени контролори на квалитетот на линија на колење и  Креирање на независно тело за контрола на квалитетот на топлите полутинки на линија на колење. СЕУРОП стандардите на линија на колење кај овчарството поради специфичностите на пазарот на македонското јагнешко месо и побарувачката на „лесно јагне„ ќе биде предмет на постепена примена усогласена во консултација со одгледувачите и извозниците на јагнешко месо како дел од развивањето на соодветна маркетинг стратегија за зацврстување и промоција на брендот македонско јагне. Подготвителните активности (дополнување на законски акти, обезбедување на детални планови и финансиски средства) ќе започнат од 2021 година, а пошироката имплементација на системот со проширување на активностите на учесниците на пазарот ќе се реализира од 2023 година поддржана со средствата од Инструментот за предпристапна помош на ЕУ (во понатамошниот текст ИПА). Согласно регулативата за уредување на пазарот со јајца, јајцата од Б класа (напукнати, скршени, валкани итн) неможе да бидат наменети за директна хумана консумација и може да се користат само за прехранбената и непрехранбената индустрија после нивно соодветно третирање. Во насока на надминување на сегашниот проблем на непостоење на капацитет за соодветно третирање отстранување од пазарот на оваа класа на јајца ќе се поддржи изградбата на капацитет за преработка на јајца во течни јајчани производи за потребите на целиот подсектор. Проценетата вредност на инвестицијата е 21 милион денари. Во врска со уредување на пазарот со живинско месо покрај останатите одредби, во насока наспроведување на „Правилникот за методот за апсорпција на вода во кланичните капацитети и методот за утврдување на просечната загуба на вода при одмрзнувањето“ ќе се воспостави лабораторија за редовна контрола на содржината на апсорбирана вода во увезеното замрзнато живинско месо на околу 30.000 тони колку што годишно се увезува за задоволување на 95% од националните потреби54. 54 Согласно правилникот, дозволениот износ е 1,5% при воздушно ладење, 3,3% при воздушно ладење со успрејување со вода и 5,1% при водено ладење со потопување, додека неофицијалните информации упатуваат на драстично повисоки количества на вода во смрзнатите пилешки производи од преку 15% вода по одмрзнувањето. 96 5.2.6 Шеми за квалитет и пазарани стандарди Дополнителна вредност на земјоделските производи на пазарот ќе биде обезбедена со заштита на квалитетот на земјоделските производи преку примена на ознаката за потекло, географска ознака и ознаката за гарантиран традиционален специјалитет согласно одредбите од Законот за квалитет на земјоделски производи. Производите кои се истакнуваат со своите посебности како резултат на влијание на посебни природни или човечки фактори на одредено географско подрачје и чие производство, преработка и/или подготовка се одвива на традиционален начин ќе бидат поддржани во процесот на заштита на тие особености. Континуирано ќе се обезбедува поддршка за кофинансирање на трошоците за упис во регистарот на корисници на заштитени ознаки, трошоците за лабораториска анализа, контрола и сертификација за заштитени ознаки од страна на овластените верификациски тела. Суровината употребена за производ со заштитен географски назив ќе биде предмет на дополнителна финансиска поддршка по единица производ, а ќе се кофинансираат и трошоците за етикетирање и обележување на производите со заштитена ознака. Заради обезбедување на поголема додадена вредност на производот на надворешните пазари и промоција на нови европски пазари надвор од постоечките ќе бидат поттикнати и поддржани активности за промоција и заштита на географското потекло на дел од најзначајните македонски производи со веќе препознаен извозен потенцијал (како на пр. македонското јагне, кочански ориз и др). Популаризацијата на заштитата на производите ќе се реализира преку активности на заинтерсирани здруженија на производители во насока на мотивирање на приклучување на производителите кон иницијативата, а ќе се реализираат и најмалку две национални кампања за промоција на процесот, една наменета за производителите и кампања за потрошувачите за популаризирање на веќе заштитените производи. Заради спороведување согласно погоре наведените цели, но и негово понатамошно усогласување со европското закодавство, Законот за квалитет ќе се измени до средината на 2022 година. Покрај основните минимални стандарди за квалитет на земјоделските производи на европскиот пазар од извозниците се бара да исполнат и дополнителни, повисоки пазарни стандарди особено кога се работи за свежото овошје и зеленчук. Токму овие стандарди, заедно со структурниот проблем за неможноста за континуирано обезбедување на поголеми количини на производи се причина за отежнатиот пристап на нашите производи на пребирливиот европски пазар, особено во доминантниот канал на маркетинг – големите пазарни ланци. Заради поттикнување на домашните производите, пред се тие на свеж зеленчук и овошје за воведување на повисоки стандарди за квалитет, во следниот период ќе се спроведуваат мерки на покривање на трошоците за сертификација и анализи за производителите кои воведуваат системи и стандарди за квалитет ГЛОБАЛГАП. Поддршка ќе биде овозможена и за воведување на санитетско-хигиенски проверки според стандардот TN-STANDARD A75-S041 во преработувачката индустрија од аспект на задоволување на хигиенските барања, особено со појавувањето на COVID-19 пандемијата, како и надоградување на постоечките и воведување на нови 97 сигурносни механизми за следливост на суровината во фазите на производство и прометот. 5.2.7 Промоција на македонското земјоделско производство Македонскиот земјоделско-прехранбен извоз на свежи производи е ограничен на производи без додадена вредност или производи со пониско ниво на преработка и на мал број дестинации. Затоа приоритет во надворешно-трговската размена е диверзификацијата на извозните дестинации и палета на производи, и во таа насока и во следниот период ќе се продолжи со националната промоција на македонските производи на нови или недоволно застапени и алтернативни пазари. Некои од позначајните пазари на кои е недоволно присуството на македонски производи, а кои имаат огромен потенцијал за абсорбција и/или претставуваат брзорастечки пазари55 се Кина, пазарите на поранешните земји на советскиот сојуз пред се Русија, дел од недоволно застапените пазари на ЕУ, потоа Соединетите Американски Држави и земјите на Блискиот Исток. Во насока на олеснет пристап до таргетирани надворешни пазари ќе се унапредуваат веќе склучените билатерални аранжмани за слободна трговија и иницираат нови. Развивањето на соодветна препознатливост на производите на индивидуалните производители ќе биде поддржана преку кофинансирање на дел од трошоците за брендирана и современа амбалажа која има повисока цена, а е услов за пласирање на производите особено на попребирливите пазари. Со цел подобрување на национална потрошувачка на домашни земјоделски производи ќе се уреди посебноста во декларирањето на производството од домашно потекло во однос на тоа од увоз. Посебна категорија за одбележување ќе бидат свежите домашни производи (млеко, свинско, говедско и бројлерско месо, јајце) и прехрамбените производи кои се добиени со преработка на суровина од домашно потекло. Во националната промоција за популаризација на домашното производство и заштита на потрошувачите, како партнери ќе бидат вклучени здруженијата на потрошувачите во државата со кои заедно ќе се осмислат активности за едукација на потрошувачите. Промоцијата на квалитетот на домашните производи ќе биде популаризирана и преку национални настани организирани за дадени производи од ревијален и натпреварувачки карактер на кои ќе се презентираат најдобрите достигнувања во конкретниот подсектор. Поддршката на промоцијата особено ќе биде насочена кон производи со заштитен квалитет, живи традиционални вредности и органско производство. Во насока на подобрување на пласманот на производството на овошје и зеленчук, ќе се поддржат активностите на производителите за директен маркетинг на нивните производи согласно модерните трендовите на пазарите со земјоделски производи за кои ќе се обезбеди техничка поддршка и поддршка на потребните инвестиции. Ова особено во услови на очекувано продолжено влијание на КОВИД-19 во првиот дел од стратешкиот период. 55 Поради следниве фактори: големиот број на потрошувачите, постојаното зголемување на куповната моќ на населението и зголемениот интерес за дефинираните земјоделско-прехрамбени производи и прикажната резистентност на овие економии на влијанието на светската економска криза. 98 5.2.8 Надворена трговија Надворешните интервенции на политиката кои се дел од уредувањето на пазарите и се однесуваат на трговијата со трети земји, како што се увозни и извозни сертификати, увозни давачки, администрирање на тарифни квоти, ќе бидат соодветно уредени согласно прописите од регулативите на Заедничкото уредување на пазарите на ЕУ до крајот на стратешкиот период и спроведувани од страна на МЗШВ после интегрирање на надлежностите во рамките на министерството. II.5.3 Политика на рурален развој 5.3.1 Области на интервенции на политиката на рурален развој Во следниот стратешки период мерките и инструментите на политиката на рурален развој ќе бидат насочени во следните области. Заштита и подобрување на животната средина, зачувување на природните ресурси и прилагодување и ублажување на ефектите од климатските промени Јасна стратегија и политика за управување со природните ресурси се клучни за одржливо управување со животната средина и за долгорочен и стабилен економски раст. Соодветна рамка за политика и програми за поттикнување придонесуваат за поголема отчетност и порационално користење на природните ресурси, како и поактивно учество во спроведувањето на активностите поврзани со еколошките проблеми. Одговорност на државата е да обезбеди воспоставување соодветни законски рамки, механизми за спроведување и мерки за поттикнување и да обезбеди дека тие се кохерентни со меѓународните обврски. Во оваа смисла, стратегијата посветува особено внимание на реформите што треба да се спроведат со цел да се промовираат одржливи земјоделски практики (агроеколошки мерки, шумарство, интегрирано управување со природните ресурси, интегрирана заштита на растенијата, плодност на почвата, одржливо управување со водите, органско земјоделство), силно спроведување на законите за спречување на загадување, зачувување на земјиштето и водата, контрола на неселективна пренамена на земјоделско земјиште за други намени, заштита на шумите и областите со природни богатства со висока вредност. Во насока на таргетирање на наведените секторски потреби во следниот период ќе бидат поддржани следниве видови на интервенции:  Поддршка на одржлива употреба на земјоделско земјиште за: • Воведување на принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса при вршење на земјоделска дејност и постигнување на стандардите пропишаните во националното законодавство, 99 • Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики преку задржување на традиционалните производни методи на одредени култури, надомест на трошоци за ангажирани вработени во традиционалното сточарство и - одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционалното овчарство и • Помош за зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток, за одгледување и размножување на автохтони видови растенија и раси на добиток и активносги за воспоставување, следење и анализирање на состојбите со автохтоните земјоделски растенија и автохтоните раси на добиток и обезбедување на задолжителни генетски резерви;  Воведување и одржување на органското производство;  Поддршка на одржлива употреба на шумско земјиште, преку: • Пошумување на земјоделско земјиште околу шумско земјиште, во национални паркови, во ерозивни подрачја и покрај речен брег, • Одгледување на шумите со примена на повисоки стандарди за заштита на животната средина и • Обновување на шумите и воведување на мерки за заштита на шумите;  Воведување на активности за зачувување на почвата (техники на обработување за да се спречи ерозија на почвата, зелена покривка, покривка од слама и шталско ѓубре);  Воведување на активности за зачувување на природните живеалишта на животните значајни за биодиверзитетот (оставање на зимски стрништа, адаптирање на периодите за косење);  Поддршка за одржување на пределските карактеристики (камени ѕидови, тераси, меѓи) и  Поддршка за зачувување на пасишта (ограничување на стапката на густина на животните според капацитетите) и создавање на пасишта (вклучително и конверзија на обработливо земјиште во пасиште). Агроеколошките мерки ќе се финансираат преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, до моментот на акредитација агроеколошките мерки од страна на Европската Kомисија за финансирање преку ИПАРД Програмата. Активностите кои во делот на поддршката на инвестициите за адаптација и митигација на климатските промени воглавно ќе бидат треатирани преку мерките на финансиска поддршка на руралниот развој се опишани во дел 5.6.4 Прилагодување на земјоделскиот сектор кон климатските промени. За истите во следниот стратешки период ќе биде обезбеден повисок процент на кофинасирање на прифатливите трошоци. Од аспект на ИПАРД Програмата 2014-2020 се поддржуваат инвестиции за производство на енергија од обновливи извори, додека инвестициите кои придонесуваат кон енергетска ефикасност, производство и користење на био-енергија, 100 третман на отпад и отпадни води и третман на арско ѓубре имаат зголемена стапка на ко-финасирање од +10%. Унапредување на земјоделството, природните и човечките ресурси во подрачјата со ограничени можности Значителен дел од руралната област на РС Македонија се соочува со мала продуктивност на земјоделството и социо-економска маргинализација, предизвикани од географски или други ограничувања. Во исто време, овие области често спаѓаат во категоријата области со висока природна вредност и се карактеризираат со поголема примена на традиционалните земјоделски практики кои придонесуваат за подобра заштита на животната средина. На земјоделците во овие области им треба помош за да останат во земјоделскиот сектор, да продолжат да го користат земјиштето и да го одржуваат во добри услови за производство, да придонесат за зачувување на руралните предели, да ги применат и промовираат традиционалните системи за производство. За исполнување на овој приоритет, интервенциите кои ќе се спроведуваат се темелат на:  Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност;  Поддршка за изедначување на економските услови на земјоделските производители во подрачјата со ограничени можности со оние на производителите во други области и  Поддршка за ревитализација и зачувување на пасиштата (како елемент на пејзажот и производните ресурси). Поддршката ќе се заснова на компензација за поголеми трошоци на производство, односно изгубени приходи заради неповолните услови на производство. Целта на поддршката ќе биде да се обезбеди конкурентност на земјоделското производство и во овие области. Финансиската поддршка на подрачјата со ограничени можности ќе се имплементира преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Овие мерки се креирани за заштита на специфични подрачја и се покомплексни, со повисоки барања и може да се имплементираат од помал број на земјоделци, па според тоа финансиската поддршка за нив е соодветно повисока. Апликантите на мерките од Нaционалната програма за финансиска поддршка на руралниот развој и ИПАРД програмата се бодуваат повисоко доколку инвестицијата е во подрачје со ограничени можности, а дел од инвестициите имаат и зголемена стапка на ко-финасирање од +10%. За да се имплементира комплементарен модулна поддршка на подрачјата со ограничени можности со европскиот, потребна е апроксимација на национално законодавство кон европското законодавство најдоцна до крајот на 2023 година. 101 Инвестиции Сегашната состојба на физички ресурси (механизација, опрема, насади, добиток и објекти) е неповолна. Тие се технолошки застарени до степен до кој не можат да обезбедат раст на продуктивноста на земјоделскиот сектор и исполнување на еколошките и хигиенските стандарди. Покрај тоа, успешен одговор на земјоделскиот сектор на предизвиците на климатските промени е невозможен без техничко и технолошко подобрување на ресурсите, употреба на нови подобри сорти на растенија, што треба да придонесе за промена на производствената структура, производните технологии и примената на агротехничките мерки. Во таа смисла, потребно е да се предвидат рационални, стандардни решенија за техничко-технолошка иновација на механизацијата, опремата и капацитетите, прилагодени на големината на земјоделската фарма, стандардите за здравствена безбедност и благосостојба на животните, како и климатските промени. Инвестициите во нови плантажи мора да бидат придружени со препораки за регионализација на областите за производство на овошје и вино, додека во производството на добиток, мора да се обрне внимание на подобрување на расниот состав на добитокот и подобрување на изборот. За реструктурирање на земјоделско-прехранбениот сектор - справување со неповолната структура и модернизација на секторот, се предвидуваат следните интервенции:  Инвестиции за модернизација и диверсификација на технолошкиот процес на постоечките земјоделско-прехранбени бизниси, и тоа со преку: • Поддршка на инвестиции во модернизација на растителното земјоделско производство. Поддршка за искористување на потенцијалите на производството во контролирани услови; • Поддршка на реконструкцијата на лозови и овошни насади овозможена и за други култури кои се различни од постоечката, како и реконструкција на постојаните овошни и лозови насади; • Поддршка на инвестиции во модернизација на сточарското производство. Горните инвестиции се поддржани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од ИПАРД Програмата, со јасна демаркација во однос на прифатливите трошоци на предложената инвестиција, како и во однос на прагот на минимални инвестиции. Во следниот стратешки период ќе се преговара да се зголеми прагот на минимални инвестиции преку ИПАРД III Програмата, од сегашните 3.000 евра на 10.000 евра.  Поддршка на инвестиции во модернизација и технолошко усовршување на производниот процес во капацитетите за преработка на земјоделски производи. Потребна е поддршка за да се подобрат перформансите на производството и преработката на храна од гледна точка на продуктивноста и ефикасноста во однос на рационализацијата на инсталираните капацитети, нивна ефикасна употреба и да се елиминираат неправилностите на снабдувачкиот синџир, манифестирани на земјоделските пазари. 102  Инвестиции за модернизација на физичката постбербена и маркетинг инфраструктура, инвестиции во воспоставување и модернизирање на откупни центри за овошје и зеленчук. Tреба да се поддржи модерната технологија низ различните фази на синџирот на дистрибуција на зеленчук за да се подобри квалитетот на залихите. Ова се однесува од инвестиции во нови и посовремени технологии за ладење, инвестиции на поле веднаш по бербата, па се до сортирање, складирање, пакување, опрема за транспорт и објекти.. Овие инвестиции се поддржани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од ИПАРД Програмата, со јасна демаркација во однос на прифатливите трошоци на предложената инвестиција, како и во однос на прагот на минимални инвестиции. Во следниот стратешки период ќе се преговара да се зголеми прагот на минимални инвестиции преку ИПАРД III Програмата, од сегашните 10.000 евра на 50.000 евра.  Поддршка на инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите за спроведување на активности за унапредување на шумите согласно плановите од Законот за шумите  Поддршка на инвестиции во инфраструктура за создавање на предуслови за развој на земјоделството и заштита од природните непогоди, и тоа: • инвестиции наменети за инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште, • активности за консолидација на земјоделско земјиште и подобрување на земјоделското земјиште, • трансформација на неземјоделско или земјоделско необработено земјиште во обработливо (со ослободување од закупнината првата година и намалување во рок од 5 год), • активности за заштита на земјоделско производство оштетено од природни непогоди, кои се однесуваат за чистење на каналска мрежа за одводнување и наводнување и регулирање на речни корита за заштита од поплави, • инвестиции наменети за снабдување со електрична енергија и водоснабдување и • инвестиции наменети за водостопанство (изградба и обновување на системи за наводнување со акцент на микро-акумулации и микро- иригациони системи). Финансиската поддршка на овие инвестиции е преку Националната програма за финансиска поддршка на руралниот развој, каде крајни корисници се единици на локална самоуправа, МЗШВ, Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта и Акционерско друштво „Водостопанство на Република Северна Македонија” – во државна сопственост и јавните водостопански претпријатија. Поддршката за техничко и технолошко подобрување на земјоделскиот сектор ќе се обезбеди со стимулации за модернизација на објекти, механизација и опрема, зголемување на основното стадо и подобрување на расниот состав на добитокот, како и стимулации за ревитализација на стари и нови повеќегодишни растенија. Посебно 103 внимание да се посвети на имплементација на иновативни технолошки решенија и системи за производство. Покрај инвестициите во подобрување на состојбата на физичкиот капитал, значително внимание да се посвети и на подобрувањето на стандардите, како во смисла на прилагодување на законодавната рамка, така и во однос на воспоставување на ефективен систем на контрола. Интервенциите во техничкото и технолошкото подобрување на земјоделскиот сектор бараат мобилизирање на голем број други субјекти – советодавни служби, научно истражувачки институции и други чинители. Потребна е примена на широк спектар на општи мерки за поддршка на земјоделството, како и воспоставување на сите видови административна и техничка поддршка за да се поттикне соработка меѓу нив. Млади земјоделци и започнување на бизниси во руралните средини Со цел заживување на руралните средини, еден од приоритетите е и поддршка на младите земјоделци за започнување и модернизација на постоечките бизниси во секторот земјоделство. Младите земјоделци имаат предност за поддршка на инвестиции и по Националната програма за финансиска поддршка на руралниот развој и по ИПАРД програмата, со доделување на дополнителни бодови, а дел од инвестициите имаат и зголемена стапка на кофинасирање од 5%. Преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој се поддржува поттикнување на земјоделското производство на земјоделски стопанства чии носители се млади земјоделци, во висина од 1.200.000 денари. Имплементацијата на овие инвестиции ќе доведе до зголемување на конкурентноста на земјоделството како сектор, и исто така ќе доведе до исполнување на владините приоритети во делот на промовирање на знаењето и унапредување на човечкиот потенцијал во руралните средини. Со донесување на Правилниците за продажба од куќен праг на производи од растително56 и животинско потекло57 од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство малите производители ќе имаат можност започнат сопствени бзиниси и да реализираат директна продажба на земјоделските производи и преработки. Согласно член 26 од Законот за иновациска дејност, 1% од вкупната вредност на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој се одвојуваат за започнување на бизниси во руралните средини со воведување на иновации во земјоделството.Во следниот стратешки период во фокус ќе бидат пеоекти кои нудат иновативни решенија во земјоделските бизниси и дигитализација на земјоделските процеси. 56 „Правилникот за услови и хигиена за производство и ставање во промет на храната од неживотинско потекло наменета за директно снабдување, во географско или економски ограничувања, како општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики“. 57 „Правилникот за услови и хигиена за производство и ставање во промет на храната од неживотинско потекло наменета за директно снабдување, во географско или економски ограничувања, како општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики“ 104 Инструменти за управување со ризици Долгорочна стабилност на расположливите финансиски ресурси за поддршка на руралниот развој, како и еднаков и непречен пристап на сите потенцијални корисници до финансискиот пазар, се основните предуслови за раст на инвестициската активност во земјоделскиот сектор. Без специфични финансиски производи и услуги што овозможуваат осигурување од производствени и пазарни ризици и ги мотивираат земјоделските стопанства кон нови инвестиции, руралните домаќинства, земјоделските стопанства и другите економски субјекти остануваат да позајмуваат според условите на комерцијалните заеми. Отсуството на конкурентни штедни инструменти и други финансиски услуги во руралните области доведува до помалку профитабилни форми на заштеди, што дополнително ги намалува изгледите за нивниот развој. Интервенциите за воспоставување на поефикасен модел на финансирање се темелат на следните цели:  Воспоставување на гарантен фонд во служба на земјоделството и руралниот развој;  Поддршка на субвенционирање на каматна стапка. Преку Националната Програма за финансиска поддршка на руралниот развој се поддржува субвенционирање на каматната стапка во висина до 75% од стапката која изнесува максимум 8% на комерцијални кредити за поддршка на ИПАРД проекти со 50% ко-финансирање и  Подобрување на системот за осигурување и управување со ризици прилагодени на решенијата дозволени со меѓународните договори. Воспоставувањето ефикасен систем за поддршка на земјоделството бара значителни институционални прилагодувања во насока на градење и реформа на финансиски организации во служба на земјоделството (воспоставување на гарантни фондови) и финансиски производи (Воспоставување на Национален фонд за земјоделско осигурување, Земјоделски кредити со олеснети критериуми). Во овој стратешки период ќе се прилагоди правната рамка за да го олесни обезбедувањето на кредитите и овозможи дијалог и промовирање на иновативни решенија на финансискиот пазар. Соработка Соработката помеѓу сите чинители на вредносните синџириќе доведе до зголемување на пазарните можности, економскиот развој и севкупното производство во земјоделскиот сектор, истовремено подобрувајќи ја конкурентноста на земјоделскиот сектор во согласност со барањата за пристапување во ЕУ. Целта на овој пориоритет е да се поддржат инвестиции кои ќе доведат до зајакнување на позицијата на сите учесници во синџирот на додадена вредност, промоција на договорни вертикални и хоризонтални интеграции меѓу засегнатите страни со цел да се поддржи транспарентноста, стабилноста, правичноста на пазарите во интерес на зголемување на конкурентноста на сите учесници поединечно и синџирот во целина. Интервенции кои се поддржуваат за оставрување на овој приоритет се темелат на: 105  Поддршка на инвестиции за хоризонтална интеграција на субјектите во земјоделско-прехранбениот сектор, преку: • Поддршка на економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршењена земјоделска дејност. Со оваа инвестиција се поддржува воспоставувањето и функционирањето на земјоделските задруги и • Воведување на поддршка за повисоки форми на здружување на земјоделците - групи и организации на производители. Групите на производители им овозможуваат на земјоделците заедничко соочување со предизвиците на пазарот и зајакнување на моќта за преговарање наспроти преработувачите и трговците. Со оваа инвестиција ќе се поддржат активностите од Оперативната програма на организациите на производителите особено во делот на заедничките економските активности од поголем обем, промоција и маркетинг, заштита на животната средина и стабилизација на пазарите;  Поддршка на инвестиции за вертикална интеграција на сите чинители во вредносните синџири во земјоделско-прехрамбениот сектор;  Поддршка за воспоставување на меќугранкови организации;  Поддршка на инвестиции за воспоставување на Локални акциони групи. Сите видови локални партнерства поврзани со промовирање и активирање на локалните вредности и производи, подобрување на социјалниот статус на загрозените делови од руралните заедници и решавање на социјалното исклучување, ќе бидат промовирани и финансиски поддржани во соработка со други државни тела. Покрај тоа, ќе се охрабри креирање на стратегии и акциони планови за локален развој за решавање на развојните проблеми и постигнување подобри врски помеѓу урбаните и руралните области и  Поддршка за инвестиции за соработка за развој на нови производи, процеси и технологии во земјоделскиот и прехрамбен сектор (интегрирани проекти) со цел да се подобрат односите помеѓу земјоделците и преработувачите, да се подигне нивото на иновации во земјоделскиот и прехранбениот сектор, да се подобри маркетингот и зголеми продажбата на земјоделските производи и подобри перцепцијата на потрошувачите за висококвалитетни локални прехранбени производи. Овие типови на инвестиции се поддржуваат преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Пренесување на знаење и информации Создавањето и трансферот на знаење и технологија во земјоделството се препознаени како исклучително важни за зголемување на конкурентноста на македонското земјоделство и приоритет во следниот стратешки период и оттаму потребата за поставување на сеопфатен Систем на знаење и иновации како што е опишано во дел II 6. 106 Предвидените активности на поставување на системот и неговото функционирање ќе бидат финансирани од страна на мерките на политиката за рурален развој и тоа за:  Инвестиции во воспостaвување на ефикасен советодавен систем во земјоделството и  Уредување на елементите од системот на задолжителни обуки за земјоделците. Интервенциите ќе овозможат олеснување на преносот на информации и знаење до сите возрасни лица кои се занимаваат со земјоделски, прехранбени и шумски активности со цел да создадат соодветно ниво на техничко и економско знаење во идентфикуваните области на производството и квалитетот на земјоделските производи, одржливото управување со природните ресурси и примена на производствени практики компатибилни со одржување и унапредување на пределот и заштита на животната средина. Диверзификација на руралната економија и зачувување на културното и природното наследство Диверзификацијата на економските активности и приходите треба да ја трансформираат руралната економија со оддалечување од активностите на примарниот сектор во земјоделството, во индустријата и терцијалните активности. Очекуваните цели се поголема понуда на работни места и можности за вработување во активности надвор од земјоделството, отворен простор за структурни промени и раст на земјоделската продуктивност. Во исто време, со диверзифицирање на руралната економија и намалување на зависноста од земјоделски приход ќе се обезбедуваат услови за постабилен приход на оние земјоделски фарми чиј опстанок во земјоделството е неизвесен. На овој начин, руралните области ќе стануваат економски и социјално помалку ранливи. Од друга страна, со диверзификацијата на економските активности во руралните области ќе се проширува опсегот на услуги достапни за руралното население, како и услуги и производи засновани врз традиционално знаење, технологии, природни ресурси и културно наследство, кои руралните области ги обезбедуваат на пазарот. Покрај традиционално потребните инвестиции во подобрување на инфраструктурата, ќе се инвестира во обновување на останатите јавни содржини во руралните средини заради општо надградување на руралните средства за егзистенција, за да се подобри економската и социјална привлечност на селата и малите градови. Во насока на таргетирање на наведените секторски потреби во следниот период ќе бидат поддржани следниве видови на интервенции:  Поддршка на инвестиции за подобрување и развој на руралната инфраструктура, преку имплементација на проекти за снабдување со енергија и енергетска ефикасност, управување со води, управување со отпад, обнова на селата, инвестиции во патна инфраструктура и услуги за руралната заедница. Корисници на мерката која продолжува да се финансира преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ќе бидат: општините (за населените места со помалку од 10.000 жители), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и Јавното претпријатие за пасишта. После пренесување на правото за 107 управување со средствата, дел од инвестициите ќе бидат опфатени од Мерка 6 од ИПАРД Програмат;  Подобрување на положбата и улогата на руралната жена преку неповратна финансиска поддршка за започнување на дополнителна дејност на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС. Одобрените инвестиции се финансираат од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во висина до 180.000 денари. Оваа подршка ќе се зголеми до 600.000 денари со почеток на имплементирање на ИПАРД III;  Обезбедување на поддршка за диверсификација на економските активности во руралните средини. Приоритетни потреби се да се обезбеди финансирање на проекти на алтернативни економски активности во руралните области, вклучително и алтернативни економски активности на земјоделските стопанства, што ќе обезбеди диверзификација на приходот на земјоделското стопанство. Ваквите проекти не треба да се насочени само кон земјоделски економски активности туку и поддршка за производство на специјализирана храна што се карактеризира со традиционален вкус од руралните области, промоција на рурален туризам, вреднувајќи ги природните предности и традиционалните аспекти на руралните заедници и промоција на занаетчиството насочено кон занаетчиските активности и занаетчиските услуги, со што се придонесува за зголемување на конкурентноста и додадената вредност на руралните економии, подобрување на квалитетот на животот и истовремено создавање можности за работа. Овие интервенции финансиската поддршка ја добиваат преку ИПАРД Програмата. Во следниот стратешки период ќе се преговара за зголемување на прагот на минимални инвестиции, од сегашните 1.500 евра на 5.000 евра. На овој начин во голема мерка ќе се намали обемот на работа на АФПЗРР, без при тоа да се намали искористеноста на средства. Проектите до 5.000 евра би можеле да се опфатат во рамките на националната програма за рурален развој, со што помалите преработувачи, имајќи ги во предвид разликите во постапките за реализација на двете програми, „полесно“ би дошле до реализација на своите инвестиции. Поддршката за развој на руралната економија и заштитата на природното и културното наследство ќе стане сè поважна во иднина, не само преку поголем фокус на политиката за рурален развој, туку и преку воспоставување механизми за подобра координација со другите јавни политики. Мерките за политика за рурален развој ќе поттикнат почеток на нови, неземјоделски активности на членовите на фармата, инвестиции во физички капитал (опрема, објекти, инфраструктура) и подобрување на човечкиот потенцијал. Обезбедување на низа видови на помош за создавање додадена вредност за локалните производи, вклучувајќи поддршка за деловни мрежи, маркетинг на колективни производи и услуги, брендирање на локални производи, подобрување на квалитетот на локалните производи и развој на капацитети за занаетчиство. Овие видови на помош ќе бидат финансиски поддржани. Паралелно со ова, ќе бидат поддржани информативни кампањи за подигнување на свеста, дистрибуција на информации и обезбедување земјоделска советодавна поддршка на фармите заинтересирани за проширување на неземјоделските активности. Покрај тоа, ќе бидат обезбедени разни видови инвестиции и советодавна поддршка во земјоделството за оние кои се заинтересирани за основање микро-правни 108 лица, развој на туризам и сродни активности, што ќе им овозможи на руралните области да понудат поатрактивни работни места за помладата и пообразована популација. Подобрувањето на квалитетот на животот на руралното население ќе се охрабри со поддршка на уредување и обнова на руралното опкружување, зачувување на културното наследство и природното богатство, преку проекти за заштита, зачувување и унапредување на локалната архитектура, пејзаж и други културни, историски и природни вредности. II.5.4 Елементи заеднички за повеќе интервенции 5.4.1 Условеност со исполнување на стандардите на вкрстена сообразност Усогласувањето на земјоделските и сточарски пракси со основните стандарди за заштита на животната средина, климатските промени, јавното здравје, здравјето и благосостојбата на животните и здравјето на растенијата ќе продолжи да биде стимулирано преку почитување на барањата од системот на вкрстена сообразност. Остварувањето на правото на директните плаќања за поддршка на приходот е предмет на задолжително исполнување на дефинираните барања поврзани со примена на стандарди и постапки во производството кои се дел од системот на вкрстена сообразност и се вклучени во „Правилникот за листа на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина“ (Сл.весник на РМ 43/2013, 178/2015). Условеноста на поддршката има за цел развој на одржливо земјоделство преку подобра свесност од страна на корисниците за потребата да се почитуваат основните стандарди кои се опишани во листата на законски барања за управување (во понатамошниот текст ЗБУ) и стандардите за добри земјоделски и еколошки услови (во понатамошниот текст ДЗЕУ) кои се дел од правилникот. Соодветната примена на стандардите поттикнати од условеноста на директните плаќања ќе придонесе кон постигнување на втората стратешка цел – „Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите“. Во претстојниот стратешки период ќе бидат спроведени следните промени во националниот систем на условеност на директните плаќања: Проширување на обсегот на примена на условеност на политиките и подобрена примена на барањата. Почнувајќи од 2022 година условеноста со исполнување на пропишаните обврски ќе се однесува и на директните плаќања од политиките на рурален развој кои поддржуваат превземени обврски на земјоделците за заштита на животната средина и климата (агроеколошки мерки). Во однос на подобрената примена на постојните барања, посебно внимание ќе се обрне на делот на обврските што се однесуваат на задолжителната евиденција на примената на производи за заштита на растенијата. 109 Намалување и исклучување на директните плаќања при вкрстена несообразност. Во насока на правилна и зголемена примена на минималните барања за заштита на животната средина и добра земјоделска пракса ќе се пропише начинот на утврдување на несообразноста со вкрстената сообразност и висината на процентот на постепеното намалување до целосно исклучување на директните плаќања во зависност од големината и зачестеноста на непочитувањето на стандардите. Врз основа на член 57 став (6) од Законот за земјоделство и рурален развој, до крајот на 2021 година ќе се донесе „Правилник за начинот на утврдување на несообразноста со вкрстената сообразност и висината на процентот на намалување на директните плаќања“. Ажурирање и надополнување на листата на посебни минимални услови. Листата на посебни минимални услови ќе биде дополнета со нови кои произлегуваат од Annex III од последната предлог регулатива на ЕК COM(2018) 392. Дополнетата листа треба подобро да ги земе во предвид предвид еколошките и климатски предизвици со кои се соочува македонското земјоделство и да обезбеди повисоко ниво на амбиции во однос на заштита на животната средина и предизвиците поврзани со климата. Тоа ќе ја направи националната земјоделска политика покомпатибилна со очекувањата на општеството во однос на претходно-споменатите важни области. Поконкретно, рамката на ДЗЕУ ќе треба да ги предвиди т.н. greening практики на директните плаќања за периодот до 2020 година, ублажувањето и прилагодување кон климатските промени, потребата да се подобри одржливоста на стопанствата, особено во однос на управувањето со хранливите материи на почвата и справување со предизвиците со водите, а врз основа на специфичните почвени и климатски услови карактеристични за македонското земјоделство, како и заштитата и квалитетот на биодиверзитетот. Ажурирањето на листата на ЗБУ треба да ги опфати промените во националното законодавство во делот на животната средина, јавното здравје, здравјето на животните, здравјето на растенијата и благосостојба на животните кои имплицираат прецизни обврски за земјоделците. Дополнувањето на листата ќе се реализира најдоцна до крајот на 2022 година. Обезбедување на соодветен институционален капацитет. Институционалните капацитети за програмирање на системот на вкрстена сообразност во МЗШВ, за контрола на исполнетост на барањата за вкрстената сообразност во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствто и руралниот развој (во понатамошниот текст АФПЗРР), како и за поддршка на земјоделците во нивното постигнување во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (во понатамошниот текст АПРЗ) ќе се зајакнуваат преку воведување на наменски работни обврски и зајакнување на нивното знаење и вештини во областа. Во текот на 2022 година ќе се воспостави функционален правно-регулиран систем за меѓуинституционална координација (МЗШВ, АФПЗРР, советодавни служби, Министерството за животна средина и просторно планирање, инспекциски служби итн) за поставување и следење на имплементацијата на вкрстената сообразност со подготвени формални правила на соработка и комуникација, преточени во пишани документи. Согласно новиот правилник, АФПЗРР ќе изврши ажурирање на формуларите кои е потребно да се пополнат од страна на земјоделците за евиденција на исполнување на барањата, како и на упатството за корисниците за директните плаќања. 110 Активности на поддршка во примената на барањата. Почитувањето на барањата за вкрстена сообразност ќе биде редовна област на советодавните услуги кои ќе се обезбедуваат преку националниот советодавен систем во рамките на Системот за знаење и иновации во земјоделството. Согласно правилникот за листа на посебни минимални услови, давателите на советодавни услуги треба да обезбедат поддршка за корисниците на финансиска поддршка кои се обврзани во исполнување на барањата. Советите ќе се реализираат тековно преку редовни теренски активности за поголем број на земјоделци и специфично за лица кај кои е утврдена неусогласеност при контролите на АФПЗРР. Во насока на популаризација на примената на вкрстената сообразност ќе се ажурира и до корисниците дистрибуира брошура - Прирачник за примена на минималните услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина и ќе се спроведува редовна јавна кампања преку локалните телевизии и радија и Македонската радио телевизија. 5.4.2 Систем на земјоделски советодавни услуги Со цел подобрување на одржливото управување и вкупните перформанси на земјоделските стопанства и руралните бизниси и постигнување на целите на стратегијата ќе се обезбедат советодавни услуги за корисниците на националната земјоделска политика преку формален систем. Земјоделскиот советодавен систем ќе ги вклучува економските, еколошките и социјалните димензии во управувањето со земјоделските стопанства и земјиштето и ќе овозможи трансфер на информации за современите технолошки достигнувања и иновации од науката. Услугите поддржани од државата треба да им помогнат на земјоделците и другите корисници на поддршка од националната земјоделска политика да станат посвесни за односот помеѓу управувањето со земјоделските стопанства, управувањето со земјиштето и за примената на одредени стандарди, особено оние за животната средина и климата. Институционалната поставеност и интегрирањето на системот на земјоделски советодавни услуги во поширокиот Систем на знаење и иновации во земјоделството се обработени во точка II.4 Елементи кои треба да овозможат модернизација на националните политики. 5.4.3 Интегриран систем за администрација и контрола Интегрираниот систем за администрација и контрола (ИСАК) чија цел е да го олесни и унапреди системот на директните плаќања од првиот и вториот столб на ЗЗП на ЕУ, вклучувајќи и проверка на исправноста на тие плаќања е функционален во обезбедувањето на поддршка на имплементација на националните политики на поддршка во земјоделството и руралниот развој. Системот, воспоставен и управуван од страна МЗШВ, во изминатиот период овозможи кредибилна и отчетна имплементација на политиките на поддршка со постапки во сите фази од администрирањето и контролата базирани на докази. 111 Податоците од Системот за идентификација на земјишните парцели (во понатамошниот текст СИЗП) редовно ќе се одржуват и ажурираат. Врз основа на обезбедените нови воздушни/авионски снимки, ортофото карти, дигитален модел на терен во 2017 година, направена е дигитализација на физичките блокови (иницијален слој), а во следниот период ќе продолжи започнатото ажурирање на референтните СИЗП парцели на земјоделците. СИЗП е прилагоден за мерките на поддршка кои се дел од “greening“ кој вклучува одржување на пасишта и одржување на еколошки области, но недостасува регулатива која ќе ги дефинира еколошките области како и мерки за користење на финансиска поддршка поврзана со пасишта. СИЗП е прилагоден и за мерките кои се во согласност со почитување на НАТУРА 2000 области како и подрачја со ограничени можности. Во следниот стратешки период останува приоритетот да се обезбеди континуитет на постигнатата функционална одржливост на процесот на евидентирање на земјоделски стопанства и ажурирање на нивните податоците во ЕРЗС, како и упис на графичките податоци за обработливите површини во Системот за идентификација на земјишните парцели. Дополнително како новитет ќе биде воведена гео-просторна апликација за финансиска поддршка преку која просторно ќе бидат обележана локацијата за која ќе биде исплатена поддршката. Почнувајќи од 2021 година основ за пресметка на финансиската поддршка по површина земјоделско земјиште ќе претставува СИЗП референтната парцела, додека подлогата на катастарски податоци ќе биде користена како контролен механизам за максимално дозволената големина на површина за одобрување на директните плаќања. Во таа насока ќе биде променета и референтната парцела во СИЗП со цел да се поедностави процесот на одржување и користење на системот. Со оваа промена ќе се изврши и целосно усогласување во поглед на користењето на Гео-Просторна апликација како дел од елементите за администрарање на барањата за финансиска поддршка. Главен приоритет е постоечките ИСАК елементи да се надградат согласно усогласувањето со ЕУ пропишаните норми и да се постигне понатамошно интегрирање на системот. Врз основа на препораките од ЕУ, регистрите ЕРЗС и СИЗП ќе бидат преземени под надлежност на АФПЗРР преку формирање на нов сектор кој покрај за овие регистри ќе биде одговорен и за менаџирање на Гео-просторната апликација. За имплементирање на оваа активност ќе се изврши потребната надградба и промена на сите компоненти на ИСАК. ИСАК софтверот, вклучувајќи ги и ЕРЗС и СИЗП регистрите, ќе бидат редовно одржувани и надградувани во насока на понатамошно подобрување на нивната функционалност како и во спроведување на промените на политиките на директни плаќања во насока на раздвојување на поддршката од типот на производство. Како дел од редовното одржување и ажурирање на СИЗП се подразбира и набавка на нови ортофото карти како основен предуслов за водење на квалитетен систем. ИСАК софтверот треба да ја прошири својата функционалноста на спроведување на сите постапки од делот на политиките на директни плаќања, пред се во однос на плаќањата за вкрстена сообразност и агроеколошките мерки и особено во делот на поддржување на процесите во спроведувањето на мерките од програмата за рурален развој и ИПАРД програмата. 112 Покрај воведувањето на агро-еколошките мерки, останати мерки од областа на руралниот развој и примената на вкрстената сообразност ќе ја зголеми потребата за понатамошна интеграција на СИЗП податоците со други регистри и бази на податоци од областа на животната средина и земјоделството. Овде би се вклучиле таканаречените НАТУРА 2000 области кои дополнително треба да бидат дефинирани, обележување на Подрачјата со ограничени можности во согласност со барањата на ЕУ, означување на зони кои се чувствителни на нитрати. За ефикасно управување со СИЗП системот, надлежната организациона единица значително ќе ги зголеми човечките ресурси од моменталните три на најмалку 7 постојано вработени со соодветни квалификации. 5.4.4 Подготовка на генерален план за функционирање на земјоделскиот секторот во кризни ситуации Поради брзината на развојот, големината на последиците и глобалниот обсег, влијанието на Коронавирусот на целокупното живеење е неспоредливо со било која досегашна криза во поновата историја. Како и останатите економски сектори, учесниците во системот за производство и дистрибуција на храна се најдоа под влијание на оваа пандемија, иако ефектите беа генерално проценети ако поблаги во однос на најзасегнатите дејности. Од друга страна кризата на наједноставен начин ја отслика примарната важноста на производството на храна како дејност од национален стратешки интерес, на ниво еднакво со јавните здравствени и безбедносни служби кои се на првата линија на фронтот против вирусот. Поради виталното значење на производството на храна, учесниците во секторот треба да обезбедат тековно и непречено производство со целосна поддршка обезбедена од страна на надлежните институции. Секторот за снабдување со храна мора и во кризни состојби да го одржува редовното (или барем оптимално) ниво, истовремено со следење на сите потребни упатствата за заштита на здравјето на работа на вклучената работна сила и административните работници. Во насока на истовремено обезбедување на безбедност и еластичност на инфраструктурата на секторот храна и земјоделство во кризни ситуации, потребно е сите засегнати страни и особено надлежните јавни институции во земјоделството и руралниот развој јасно да ги знаат одговорностите и да превземаат однапред планирани и предвидливи координирани активности кои ќе дадат најдобар одговор на наметнатите ограничувања. МЗШВ ќе подготви генерален план за функционирање на секторот во кризни ситуации усогласен со позитивната национална законска регулатива во оваа област. Планот покрај воспоставувањето на секторска институционална поставеност за управување со кризи, определување на адаптираниот начин на функционирање на службите во дадени услови, насоки и протоколи за извршување на тековните активности на учесниците во секторот во кризни состојби, транспаретност и споделувањето на информации, треба да вклучува и план за доволност и итност во обезбедувањето со храна со акционен план (Food security и Food Emergency) кој ќе биде прилагодуван за конкретни идни кризни состојби. Подготовката на планот треба да се реализира до средината на 2023 година врз основа на подготовена анализа од страна на техничка поддршка. 113 II.5.5 Политики на безбедност на храна Основниот пристап во безбедноста на храната е продолжување на концептот за целосно и интегрално покривање на процесот на производство на храната од нива до трпеза, односно на комплетниот ланец - од примарното производство на храна сè до крајниот потрошувач. Политиката и стратегијата за безбедност на храна придонесува кон целите на националната земјоделска политика и националната здравствена политика, пред се во однос на обезбедување на доволни количина на здравствено исправна и нутритивно-вредна храна за населението. Високиот степен на безбедност на храна е важен предуслов и за зголемување на конкурентната позиција на земјоделско-прехранбените производи на домашниот и странските пазари. Ако во претходниот стратешки период 2014-2020 година се заокружи националниот систем на безбедност на храна од аспект на институционално-регулаторната рамка, во наредниот до 2027 година, треба да се унапреди и гарантира исполнувањето на критериумите од сите субјекти во интегрираниот ланец на безбедност на храна и унапреди системот на официјални контроли. Ова од причина што операторите, пред се примарните производители, сеуште недоволно ги исполнуваат барањата за безбедност на храната поврзани со биосигурносните мерки, критериумите за благосостојба на животните, стандардите за безбедност на суровото млеко и ветеринарно јавно здравство, потоа спроведувањето на добрите производни пракси и нештетното остранување на нуспроизводите од животинско потекло, како и правилната заштита на растенијата. Националните политики за безбедност на храната во наредниот период ќе ги земе во предвид принципите на кои се базира европската Стратегија за безбедност на храна – Зелен Договор со која Европа треба да се направи прв климатски-неутрален континент до 2050 година. Преку нова, одржлива и инклузивна стратегија за раст која ја стимулира економијата, го подобрува здравјето и квалитетот на животот на луѓето и се грижи за природата, треба особено да се постигнат следните цели:  Одржлив систем на производство на храна  Промовирање на одржливо консумирање на храна потпомагајќи го префрлувањето кон здрава и одржлива исхрана  Стимулирање на одржлива преработка на храна, продажба на големо, продажба на мало, угостителство и практики за послужување на храна и  Обезбедување на доволни количини квалитетна и безбедна храна за потребнте на домашните потрошувачи и создавање производи со додадена вредност и пласман на надворешни пазари. МЗШВ, АХВ и другите вклучени институции во системот во следниот период ќе продолжат во унапредување на веќе постигнатите состојби од политиките за безбедност на храна и правовремено ќе ги адресираат неисполнетите цели и слабостите, како и потенцијалните предизвиците и потешкотиите кои би можеле да имаат негативен ефект на секторот и генерално, на здравјето на луѓето и животните. Стратешкиот приод во безбедноста на храната е дефиниран во следниве области:  унапредување на системот на безбедност на храна и ветеринарно здравство 114  воспоставување на одржлив систем за храната и  зајакнување на системот за здравје на растенија. Поради поврзаноста од здравствен аспект и важноста за целокупниот систем на раститиелно производство посебно внимание ќе се обрати и на домашното производство и регулирање на прометот на семенскиот и саден матерјал. 5.5.1 Унапредување на системот на безбедност на храна и ветеринарно здравство Главните стратешки документи кои ги поставуваат насоките на развој на системот на здравствена заштита и благосостојба на животните и за безбедност на храна се Стратегијата за безбедност на храна 2020-2025 и Стратегија за здравствена заштита на животните. Постојната законска рамка го покрива целиот ланец на безбедност на храна, вклучително и храната за животни и примарното земјоделско производство, воспоставувајќи задоволително високо ниво на заштита на потрошувачите. Високите стандарди кои се дел од соодветната европска законодавство континуирано се транспонираат во националните со актите на ЕУ. Покрај ова, националната политика за безбедност на храна и ветеринарно здравство ќе обезбеди конзистентност и со останатите меѓународни организации - WTO, OIE, IPPC и Code Alimentarius. Унапредувањето на функционалноста на системот за безбедност на храната, пред се треба да обезбеди навремено и ефикасно справување со ризиците по безбедноста на храната за потрошувачите. Согласно новиот приод, секој сегмент е соодветно контролиран и треба да исполнува соодветни критериуми. Системот на официјални контроли обезбедува гарантирање на спроведувањето на обврските на операторите со храна преку покривање на сите потенцијални ризици од почетни материјали, суровини, начин на земјоделско производство, до преработката на храната и нејзиниот транспорт, продажба и употреба. Безбедност на храната се заснова на униформни хоризонтални и вертикални прописи за хигиената на храна за сите видови на храна (храна од животинско потекло, храна од растително потекло, други видови храна) на сите нивоа и во сите сегменти за ланецот на безбедност на храна, вклучително и примарното производство. Примарната одговорност е на самите оператори за храна со системско имплементирање на внатрешните системи на контрола засновани на НАССР и добри земјоделски и производни пракси на ниво на примарни производители. Органите на управата ја извршуваат контролната функција со спроведување на официјални контроли, мониторинг програми и специјални контролни системи како и воспоставувањето и функционалноста на системите на контрола на употребата на пестициди, ветеринарно медицински препарати и мониторинг на присуството на резидуи во храната и храната за животни. Безбедност на храната за животни e вториот столб во интегралниот сегмент на безбедноста на храната. Здравствено-исправна и квалитетна храна за животни има сериозен импакт на здравствената заштита на животните и последователно на 115 безбедноста на храната која ја конзумираат луѓето. Храната за животни има и големо влијание на економичноста на работењето како најголема ставка во сточарското производство. Во наредниот период ќе се засили и унапреди системот кој опфаќа посебни стриктни правила за хигиена и мониторинг на храната за животните, преку:  забрана на употреба на одредени производи во исхраната на животните и дефинирање на максималното ниво на непожелни супстанции со задолжително регистирирање на сите оператори со храна за животни и исполнување на одредени услови за производство, промет и системи за следливост;  воспоставување на соодветни хигенски критериуми за производство и промет со храна за животни со имплементација на добрите хигиенски пракси и НАССР;  воспоставување на национални мониторинг програми за безбедност на храна за животни за одредени биолошки, хемиски и други опасности;  унапредување на постојните контролни системи за храна за животни за одредени области од посебен интерес за безбедноста на храната за животни и храната за исхрана на луѓе,  воспоставување на посебни нови специфични контролни системи за храната за животни, т.е. систем на контрола на непожелни супстанции во храната за животни и систем на контрола на адитиви кои се употребуваат во исхраната на животните и медицирана храна за животни и оперативно функционирање на системот на RASFF, како и со истовремено поврзување и унапредување на системот на контрола на храна за животни на ниво на примарно земјоделско производство и  обезбедување на соодветна следливост и декларирање на храната за животни. Нуспроизводи од животинско потекло се битен економски фактор во агропрехранбениот сектор и дополнителна додаден вредност, но истовремено претставуваат и ризик по здравјето на луѓето и здравствената заштита на животните доколку не се воспостават посебни контролни системи за нивното управување во текот на генерирањето (односно производството), прометот, употребата и нештетното одстранување. Стратешки документ во сегментот на нуспроизводите е „Стратегијата за управување со нуспроизводи од животинско потекло“ и релевантните документи за заштита на животната средина, а наведената материја е уредена со Законот за нуспроизводи од животинско потекло. Во наредниот период се очекува стратегијата целосна да биде имплементирана со изградба и профункционирање на објект за преработка и нештетно одстранување на нуспроизводите на национално ниво кој во целост би ги исполнил ЕУ критериумите и барањата, со кој би се овозможило производство на технички производи, енергија или друга намена или задолжително нештетно одстранување со истовремено воспоставувањето на системот за собирање и транспортирање на нуспроизводите од животинско потекло до наведениот објект. Како дел од функционирање на системот за управување на нус-производи од животински потекло ќе се обезбеди кофинансирање на трошоците на индивидуалните земјоделски производители за остранување на непреработените нус производи од животинско потекло, пред се мрши кои преставуваат сериозна потенцијална опасност за здравјето на луѓето и животните, заштитата и унапредувањето на животната средина. 116 Ветеринарно-медицински препарати се уредени со две групи на активности. Првата е медицинска заштита и терапија на животните и втората е да обезбеди заштита на јавното здравство со обезбедување на храна слободна од резидуи од ветеринарно медицински препарати и во последниот период активностите на намалување на антимикробната резистенција. Во таа насока ќе се унапредат постојните системи за заштита на здравјето на луѓето од присуство на резидуи во храната од животинско потекло преку стриктни процедури за одобрување на ветеринарно медицинските препарати, правилна употреба на ветеринарно медицинските препарати и системот на зголемена фармаколошка внимателност и програмата за антимикробна резистенција. Здравствена заштита на животните се битен фактор кој придонесува, а во одредени случаи и го одредува нивото на безбедност на храната и економичноста на земјоделското производство. Важни аспекти во тој поглед се: спречувањето на ширење на одредени заразни болести кај животните, соодветна заштита на луѓето од заразни болести кои од животните се пренесуваат на луѓето, се до етичките прашања како што е хуман третман на животните. Со мерките за здравствена заштита на животните се уредуваат специфичните елементи неопходни за превентива, контрола и мониторинг на одредени заразни болеси кои се од национален интерес или од интерес за ЕУ, со цел пристап на пазарот на земјите членки на ЕУ. Националните контролни планови вклучуваат детален план за мониторинг, контрола и ерадикација како и спроведување на биосигурносни мерки на ниво на фарма. Во наредниот период, приоритетот од зоонозите, кои представуваат најголем ризик по здравјето на луѓето но кои во најглема мера се сведени на минимум) ќе се префли на економски битните заразни болести кај животните (класична чума кај свињите, африканска чума кај свињите, њу кастел). Постоечкиот пристап за надомест на штета за убиени и /или угинати животни за контрола и сузбивање на заразни болести на животни, кој предизвикува значајно финансиско оптоварување на Програмата за здравствена заштита на животните, не влијае на подигање на степенот на превенција и поголема одговорност за здравствена состојба на животни кај одгледувачите. Во следниот период ќе се анализира можноста за поставување на одржливо решение на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор во облик на јавно - приватно партнерство меѓу одгледувачи на животни и државата и други финансиски институции и осигурителни компании со цел еднаква и реална распределба на одговорностите и трошоците. Со воспоставување на наменски фондови за исплата на средства за одземени и нештетноостраните животни во случај на појава на особено заразни болести кај животните би се обезбедиле средства за исплата на надоместок при контрола и ерадикација на заразните болести со солидарен пристап на сите одгледувачи кои се членови на истиот, а заштедите поефикасно би се пренамениле за финансирање на ветеринарните услуги со цел подобрена подготвеност, намалување на ризикот од појава, спречување на избивањето и ширењето на заразните болести. Системот на регистрацијата на одгледувалишта и идентификација на животните е основен елемент за ефективна контрола на здравствената заштита на животните и 117 нивната благосостојба, но и за следливоста и безбедноста на храната од животинско потекло. Во следниот период системот ќе ги вклучи сите видови на животни и истиот ќе биде функционално поврзан со системот за следливост на храната во сеопфатен и конзистентен систем на следливост во сите фази на производство и промет. Благосостојба на животните е интегрирана во системот на здравствена заштита на животните и безбедност на храна на начин со кој се обезбедува соодветен баланс помеѓу барањата и критериумие за благосостојба на животните како и здравствените, економските и социјалните аспекти, но и аспектите на заштита на животната средина. Во моментот само дел од одгледувалиштата ги исполнуваат овие стандарди, а особен проблем се јавува кај поголемите комерцијални објекти за индустриско одгледување. Значењето за исполнувување на стандардите за благосостојба на животните особено се потенцира при извоз во земјите членки на ЕУ. Примената на законските одредби поврзани со благосостојбата на животните во следниот период ќе биде предизвик во подсекторот на живинарството и свињарство во врска со начинот на одгледување. Прилагодувањето кон овие одредби од страна на операторите останува да биде предмет на финансиска поддршка на потребните инвестиции преку ИПАРД програмата која ќе продолжи и во следниот период. Безбедноста на храната во делот на примарното растително земјоделско производство би се спровел со воведување на процедури на добра хигиенска пракса и добра земјоделска пракса на ниво на земјоделско стопанство. Во следниот период ќе се воспостават механизмите за заштита на луѓето од резидуи во храната преку воведување на максималното дозволено ниво на резидуи од пестицидите во производите од растително и животинско потекло и контрола на истите, како и придржување кон критерумите за правилно користење на пестицидите. Истовремено ќе се воспостави систем за контрола на резидуи на активни супстанции во производи од растително и животинско потекло кои потекнуваат од неодобрена и незаконска примена, од контаминација од надворешната средина или од употреба на пестициди во трети земји. Во поддршка на постигнување на извозниот потенцијал, во следниот период ќе се надминуваат пречките за пристап на македонските производи на надворешните пазари. Поконкретно, ќе се поддржи задржувањето на моменталниот статус на земја извозник на производи од животинско потекло58, а стекнувањето со статус ќе се прошири и на други производи (месо од свињи и живи животни на пазарите на ЕУ), како и на нови атрактивни пазари. Ова бара исполнување на дадени критериуми и барања на националната ветеринарна служба и здравствениот статус на животните, како и инфраструктурно-оперативни зафати за објектите и примарните производители. Исполнувањето на бараните стандарди од областа на безбденост на храната, благосостојбата на живостните и ветеринарното здравство од страна на земјоделските стопанства ќе се поддржи преку мерките од земјоделската политика наведени во ДЕЛ II, пред се за кофинансирање на трошоците за потребните инвестиции и обезбедување на советодавна поддршка и обуки. 58 ЕУ за месо од говеда, овци, живина, млеко и производи од млеко, јајца, мед, риби и производи од риби, САД за млеко и млечни производи, Руска Федерација и ЕАЕУ за млеко и млечни производи, Кина за месо од овци и Средниот исток за месо од овци. 118 Спроведувањето на политиките ќе се подобри преку интегрирање и интероперабилност на системот на евиденција и базите на податоци во релевантните институции. Со системот би се обезбедиле функционални податоци за подобрено спроведување, благовремено интервентно реагирање и превземање на неопходни корекции на земјоделските политики. Исто така ќе се поддржи воспоставувњето на лабораториски капацитети за контрола на параметрите кои произлегуваат од законските обврски. 5.5.2 Aктивности за воспоставување на одржлив систем за храната Подобрување на одговорот на земјоделството кон барањата на општеството за здравствените аспекти на храната, вклучувајќи ги нутритивниот состав и одржливоста на храната и храна која завршува како отпад би се одвивало преку неколку групи на активности. Развојот на план за вонредни состојби за обезбедување на снабдување со храна и безбедноста на храна би била приоритетна активност во наредниот период. Во тој правец ќе се подготви и Програма за промоција на земјоделски и прехрамбени производи со цел зајакнување на придонесот кон одржливо производство и потрошувачката. Во насока на изготвување на предлог законската рамка за системи за одржлива храна, ќе се спроведе ревизија на релевантните законски акти за:  производите за заштита на растенијата за да се олесни пласирањето на пазарот на производи за заштита на растенија кои содржат биолошки активни супстанции,  адитиви за добиточна храна за да се намали влијанието врз животната средина на сточарството,  одржлива употреба на пестициди за значително намалување на употребата и ризик и зависност од пестициди и подобрување на интегрираното управување со штетници,  материјали за контакт со храна за подобрување на безбедноста на храната, обезбедување на здравјето на граѓаните и намалување на еколошкиот импакт на секторот и  стандардите за маркетинг на производите од земјоделството, рибарството и аквакултурата за да се обезбеди намалување на отпадот со храна и снабдување со одржливи производи. Напоредно ќе се промовира и иницијатива за подобрување на рамката за корпоративно управување, вклучително и условот прехрамбената индустрија да ја интегрира одржливоста во корпоративните стратегии со иницијативи за: унапредување на составот (односот на хранливи материи во еден оброк) на преработена храна со поставување на максимални нивоа за одредени хранливи материи, развој на добри производни и трговски пракси за одговорен бизнис и однесување во синџирот на снабдување со храна, и намалувањето на отпадот од храна. Дополнително, ќе се 119 воведат и правилата на единствениот европски пазар кои се однесуваат на справување со измамата со храна. Како дел кој би бил ориентиран кон крајниот потрошувач ќе се разијат профили на хранливи материи за да се ограничи промовирањето на храна богата со сол, шеќери и маснотии, донесе рамка за декларирање на храната за да се поттикнат потрошувачите да направат одржливи избори на храна и ќе се уреди задолжително обележување на амбалажата на храната со податоци врз основа на кои потрошувачите ќе може да направат здравствено-свесен избор (ознака на потеклото за одредени производи, правилата за означување на датум - “употребливо до” и ”најдоброто пред” датумите). Во таа насока ќе се промовираат и минималните задолжителни критериуми за одржлива храна во набавките во училиштата и јавните институции преку училишните шеми, вклучително и органските производи. Како посебно битна компонента од остварување на Стратешката цел 9 е намалување на отпадот од храна која има значење и за националниот систем на безбедност на храна. Активностите на спречување на создавање, односно намалување на количеството на отпад од храна придонесуваат за подобрување на обезбедноста со храна на населението, особено на ранливите категории преку донации, на одржливоста на ланецот на храна и имаат индиректно влијание на економијата и заштитата на животна средина. Фокусот на активностите е насочен кон спречување на создавањето на отпад од храна во секоја фаза на ланецот и донирањето на храна. Во таа насока националните институции ќе превземат активности за изготвување и имплементирање на Програма за намалување на отпадот од храна и обезбедување на начини отпадот со храна да се искористи за други цели и промотивни мерки, како и ќе се воспостави регулаторно-контролна подршка на надлежните институции и невладни здруженија за да се унапреди системот на официјални контроли во овој сегмент. Во однос на регулирањето на прометот и употребата на Генетско модифицираните организими во земјоделството и храната, после соодветната анализа ќе се утврди и имплементира решение со воспоставување на интегриран систем за контрола кое би било најсоодветно за државата и спроведе јавна кампања. 5.5.3 Зајакнување на системот за здравје на растенија Основниот пристап во областа на заштитата на растенијата е унапредување националните системи за ефикасно и одржливо функционирање на надлежните служби во однос на заштитата на здравјето на растенијата и растителните производи од штетните организми, овозможување на трговска размена согласно одредбите од Меѓународната Конвенција за здравје на растенијата и намалување на ризиците и влијанијата од употребата на фитофарматцевските производи врз здравјето на луѓето, животните и животната средина. Националното фитосанитарно законодавство континуирано се усогласува со релевантното законодавство на ЕУ, транспонирајќи ги најновото aquis за воспоставување на правила за утврдување на фитосанитарниот ризик и превземање на ефикасни и навремени мерки за намалување на овие ризици, како и за исполнување на барањата за извоз на растенијата и растителни производи на 120 европскиот и меѓународните пазар. Истото се однесува и за законската рамка од областа на фитофармацијата. Во утврдениот приод, следејќи ги најновите измени на фитосанитарното законодавство на ЕУ, надлежните органи од фитосанитарниот систем ќе се фокусираат на пронаоѓање на соодветни решенија и одговори за ефикасно спроведување на фитосанитарните прописи, мерки и стандарди како би се создале предуслови за:  обезбедување доволна количина на здрава и висококвалитетна храна, што би резултирало со покачување на стандардот и квалитетот на животот на населението и  подигнување на свеста на земјоделските производители и останатите чинители кои имаат влијание врз здравствената состојба на растенијата, а со цел да се сочува здравјето на растенијата во земјоделството и шумарството и да се подобри стандардот на населението од руралните средини. Унапредување на фитосанитарниот систем Еден од главните елементи на фитосанитарниот систем е следењето на здравствената состојба кај стратешките земјоделски култури: семенски и меркантилен компир, овошни видови и винова лоза, градинарски култури на отворен и во затворен простор, декоративни и шумски растенија и тутун. При изработката на мониторинг програмите и при изборот на штетни органими за кои ќе се врши мониторинг се зема во предвид ризикот од нивна појава и нивното влијание во случај на појава. Следствено врз основа социјалите, економските, природите, еколошките и другите фактори, мониторинг програмите ќе се категоризираат по приоритет на годишно ниво. Во наредниот период ќе се проширува листата со приоритетни карантински штетни организми под мониторингот кои претставуваат закана за земјоделското производство, а ќе се прошируваат и земјоделските производи кои имаат стратешко значење за домашниот и надворешните пазари. Врз основа фитосанитарниот мониторинг се утврдува статусот за здравје на растенија, односно присуството на штетни организми во утврдена област/регион и нивна дистрибуција. Со редовно надградувење на статусот за здравје на растенијата ќе се олесни исполнувањето на критериумите за извоз на пазарите на ЕУ и пошироко. Производи за заштита на растенијата Во употреба за заштита на растенијата ќе се пуштаат само оние фитофарматцевски производи кои содржат активни супстанци и други составни компоненти одобрени од страна на ЕУ и кои се регистрирани во друга земја од јужниот дел на ЕУ, односно покажуваат потенцијална ефикасност и ефективност во борба против штетните организми во овој дел на континентот. Активностите кои ќе се спроведуваат во областа на пласирање и употреба на фитофармацевстски производи се вклучени во „Националниот Акциски План за одржлива употреба на фитофарматцевските производи“ кој ќе се донесе во текот на 121 2021 година. Во акцискот план ќе се утврдат целите, насоките, мерките, индикаторите и роковите за постигнување на одржлива употреба на фитофарматцевски производи заради намалување на ризиците и влијанието на употребата на истите врз здравјето на луѓето, животните, како и влијанието врз животната средина. Квалитетот и правилната употреба на фитофармацевтските производи, редовно се контролира преку реализација на „Програма за спроведување на мониторинг во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразност на производите за заштита на растенијата и резидуи од фитофармацевтски производи“ и преку спроведување на официјални контроли од наведената област. Во наредниот период се планира интензивирање на бројот на инспекциските контроли во рамките на мониторинг програмата и на официјалните контроли. Една од главните области каде ќе бидат фокусирани активностите на надлежните служби ќе биде поттикнување на развојот и воведувањето на интегрираното управување со штетните организми и користење на други алтернативните пристапи или техники, со цел да се намали потребата од користење на фитофармацевтски производи. Интегрираното управување со штетни организми подразбира производство на здрави култури со колку што е можно најмали нарушувања на агроеколошките системи и ги промовира и поттикнува природните механизми за контрола на штетните организми. Приоритет се дава на биолошки, физички и нехемиски методи, како и производи за заштита на растенијата со низок ризик по здравјето на луѓето, животните и животната средина, односно на замена на производите за заштита на растенијата со механизми за природно регулирање на штетните организми кои се економски важни за културите. Со цел поуспешно следење на принципите на интегрирана заштита на растенијата од страна на сите земјоделски производители ќе се воспостави Систем на прогноза и сигнализација на појава на економски значајните штетни организми со користење на мрежа на агрометеоролошки станици и информирање на земјоделците за навремена употреба на соодветни мерки за заштита на растенијата. Системот ќе се овозможи намалување на трошоците за заштита на растенијата, заштита на животната средина и произведство на безбедни и здрави земјоделски производи. Согласно концептот, само обучени професионални корисници, дистрибутери и советници со сертификат како доказ за посетуваната обука и положен испит ќе можат да користат и да работат со пестициди. Исто така, ќе се утврдат системи за обука на надлежни институции одговорни за сертификација на опремата за апликација на фитофарматцевските средства. Користењете ќе биде овозможено само на опрема за професионална употреба која успешно го поминала контролното тестирање и која поседува сертификат за усогласеност. Значаен аспект за да се обезбеди соодветна употреба на фитофарматцевските средства е и подигнување на свесноста на сите засегнати страни за значењето на правилната употреба на истите во однос на заштита на здравјето на луѓето и животните, како и заштита на животната средина. Земјоделските производители се обврзни да водат евиденција на употребените фитофарматцевски средства во однос 122 на површината, земјоделската култура, доза/концентрација, заради што ќе бидат реализирани обуки на професионалните корисници. Значаен дел од системот за одржлива употреба на фитофарматцевските средства е мониторингот воспоставен како национален систем на контрола и надзор на фитофарматцевските средства кој опфаќа анализа на активни материи и анализа на резидуи на пропишаниот број примероци од култура за пестицидите коишто однапред биле избрани за таа година. 5.5.4 Домашно производство и промет на семе и саден матерјал Согласно идентификуваните потреби, главните цели во областа на производство и промет на семе и саден матерјал во следниот стратешки период остануваат:  поттикнување на производство на семенски материјал од поледелски растенија, саден материјал од овошни растенија и винова лоза и производство на расад од градинарски и украсни растенија од домашно потекло  уредување на прометот со семенски и саден материјал согласно националното законодавство усогласено со релевантните европски регулативи и  заштита и зачувување на генетскиот диверзитет на домашните сорти. Интервенциите по секоја од дефинираните цели подетално се презентирани во продолжеток. Поттикнување на производство на семенски и саден материјал од домашно потекло Во насока на поттикнување на производство на семенски материјал од поледелски растенија, саден материјал од овошни растенија и винова лоза и производство на расад од градинарски и украсни растенија од домашно потекло, во следниот период ќе бидат превземени мерки кои се имплементираат во рамките на неколку од политиките кои се дел од националната земјоделска политика и тоа: Обезбедување на поддршка на приходот на земјоделските стопанства кои произведуваат семенски и саден материјал. Преку политиката на директни плаќања ќе биде обезбедена производно-врзана поддршка на приходот на производителите на семенски и саден матерјал за поледелски и градинарски култури и лозов и овошен саден материјал кои се запишани во регистрите на снабдувачи на семенски, односно на саден материјал во МЗШВ. Со цел потикнување на домашно производство со проверен квалитет, директни плаќања ќе се доделуваат за стандарден или повисока категорија сертифициран матерјал и предосновен и основен семенски матерјал, како и за сертифициран материјал и стандарден материјал (САС) од овошни растенија и винова лоза. Поддршката ќе биде обезбедена по единица производ со цел гаранција на посветеноста на производителите кон остварување на потребните количини. Исто така, поддршка на приходот по единица производ ќе биде обезбедена и за производителите на расад произведен во санитарно-безбедни услови. 123 Техничка поддршка за подигање матични насади од овошни растенија и винова лоза. Во насока на започнување на создавање матични насади од домашно потекло, ќе се реализираат проекти на техничка поддршка поддржани од ЕУ за обука на стручни лица од научните установи и производители на саден материјал за производство и подигање на базични матични растенија. При пројавен интерес за инвестирање во подигање на нови матични насади по пат на јавно-приватно партнерство ќе биде понудено земјиште во државна сопственост и обезбедена друга потребна логистична поддршка. Воведување на селекционерски програми за создавање нови сорти. Поддршката за воведување на селекционерски програми за научните институции ќе се обезбеди преку донаторски проекти или проекти финансирани преку Системот за знаење и иновации во земјоделството. Во рамки на ФАО проектот за создавање на погодна околина за подобрена еластичност на секторот семе и саден материјал кон климатските промени ќе се изработи анализа на правната поставеност на секторот, неговата прилагодливост кон климатските промени со предлози за унапредување на состојбата, размножувањето на семето и садниот материјал, спроведат обуки за земјоделци и стручни лица, како и ќе се изработи веб страница и билтен за информирање на корисниците. Уредување на прометот со семенски и саден материјал согласно националното законодавство усогласено со европските регулативи Интервенции во насока на подобро уредување на прометот со семенски и саден материјал тековно ќе се спроведуваат согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, и други акти кои во следниот период дополнително ќе бидат усогласени со релевантните европски регулативи. Во насока на понатамошно подобрување на состојбите ќе бидат превземени чекори кои треба да ја подобрат состојбата со производството и трговијата со расадот за градинарски и украсни растенија, да го помогнат запишувањето на домашните сорти и да го подбрат статусот на цвеќарството во делот на репроматеријалот. Производство на расад од градинарски и украсни растенија. Клучен елемент при производство на градинарски и украсни растенија е употребата на квалитетен расад кое се спроведува во посебни санитарно-безбедни услови под стручен надзор на експерти од научните установи од областа на градинарство и цвеќарство. Во процесот на производство и трговија со расад од градинарски и украсни растенија ќе се воспостави систем на регистрација на субјектите со оваа дејност кој ќе ја спречи нелојалната конкуренција. Исто така во следниов период поради појава на зголема трговија со расад на пазарите ќе се организираат редовни контроли на производството и трговијата со расад од градинарски и украсни растенија. Финансиска поддршка за спроведување на DUS-тест. Во насока на забрзување на процесот на сертифицирање и ставање во промет на домашните сорти од семенски и саден материјал од националната сортна листа и од причина што постапката на испитувањето се врши во странски установи ќе се обезбеди финансиската поддршка за изработка на DUS–тест во висина од 50% од вредноста на тестот по сорта. 124 Намалување на ДДВ од 18 % на 5 % за репрометеријали во областа на цреќарство. Со цел стимулирање на развој на производство на расад од украсни растенија кое има потенцијал за дополнителни вработувања ќе биде анализирана можноста за намалување на применетата стапка на ДДВ од 18 % за средствата кои се користат како репроматеријал. Заштита и зачувување на генетскиот диверзитет на домашните сорти Заштита и конзервација на автохтони сорти од земјоделски растенија кои представуваат национално богатство и извор на генетски потенцијал за создавање на нови сорти ќе се спроведува преку следниве активности: Поддршка на производство на семенски материјал од автохтони сорти. Согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија постапката за запишување на автохтона сорта во национална сортна листа се врши со поднесување на пријава од страна на научни установи врз основа на резултати од истражувања или податоци добиени при производство и употреба на автохтоната сорта. Со цел помасовно да се размножуваат и комерцијализираат со нивно пуштање во промет за производство на автохтони растенија, запишување во национална сортна листа и производството на овие сорти ќе биде предмет на финансиска поддршка. Поддршката за производство на семенски материјал ќе се доделува по единица површина, додека за запишувањето на автохтоната сорта ќе се финансираат научните установи во висина од 50-100 % за изработка на резултати од истражувања или податоци по автохтона сорта. Зачувување на семенски и саден материјал на сорта и автохтона сорта во ген банка. Богатиот агробиодиверзитет со кој располага државата ќе се одржува, репродуцира и подготови за долгорочно чување. Примерок на семенски и саден материјал од сорта и автохтона сорта запишани во националната сортна листа ќе се чува и одржува како референтен примерок во ген банка, сопственост на државата. Конзервацијата на семенскиот и саден материјал преку чување и одржување ќе се врши од страна на научни установи овластени од МЗШВ кои за тоа ќе бидат поддржани од програмите на МЗШВ по бројот на сорти во ген банката. II.5.6 Политики за управување со природни ресурси и ублажување на влијанието на климатските промени Управувањето со природните ресурси на одржлив начин е гаранција за обезбедување на долгорочен развој на земјоделството и на самите рурални средини. Македонскиот модел на развој на земјоделството треба се повеќе да биде модел на одржливо земјоделство кое води сметка за заштитата на животната средина и биодиверзитетот. 125 Прифаќањето на еколошкиот пристап при практикување на земјоделството од страна на македонските земјоделци со зачувување и унапредувањето на природните ресурси ќе биде еден од приоритети на политиката во следниот период. Земјоделските стопанства во следниот период треба позначително да го спроведуваат концептот на „зелено“ земјоделство како логичен и природен начин на извршување на нивните земјоделски активности. Во таа насока тие ќе бидат стимулирани преку мерките од неколку типа на интервенции од земјоделските политики, како што се условеноста на директните плаќања со исполнување на барањата за вкрстена сообразност, агроеколошките мерки вклучително органското производство, поддршката за заштита на бидиверзитетот, т.е на генетската разновидност на автохтоните растенија и раси на добиток и воведување на директни плаќања за поддршка на практики корисни за климата и животната средина (еко шеми) кои ќе бидат проширувани согласно напредокот во дефинирањето на заштитените зони. Земјоделските активности и руралните средини се под притисок на негативните ефекти од зголемувачките климатски промени. Оттука управувањето со природните ресурси е неопходно да се реорганизира на начин прилагоден на новите услови за ублажување на негативните ефекти на промените на одвивањето на земјоделската дејност и секако, колку е можно повеќе со обезбедување на нивна догорочна одржливост. Превземените активности во таа насока, пред се инвестиционите активности ќе бидат поддржани од страна на политиките со зголемена стапка на кофинансирање на трошоците. 5.6.1 Управување со водните ресурси Долгорочната цел на инвестиците во водостопанството е зголемување на наводнуваните површини во земјата на ниво на инсталиран капацитет од 144.000 хектари и постепено проширување на хидросистемите за да се постигне целта за наводнување на максимално можната наводнувана површина која претставува половина од обработливата земјоделска површина, односно околу 250.000 ха. Овие инвестиции треба да имаат директно влијание врз зголемување на приносите и на физичкиот обем на земјоделското производство и издржливоста по влијанието на надворешните климатски ризици. Инвестиции во изградба на нови и рехабилитација и реконструкција на постоечки водостопански објекти Во следниот период ќе се продолжи со реализација на активностите согласно “Планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура за периодот 2015-2025 година“ според кој можната површина за наводнување треба да се зголеми за околу 32.000 ха. Преку поддршка обезбедена од буџетски средства ќе се продолжи изградбата на капитални проекти во водостопанството чија реализација е во тек и тоа на: Брана Конско, Брана Речани и хидро систем (во понатамошниот текст ХС) Равен – Речица, како и започнување со изградба на Брана на река Слупчанска која треба да се реализира во периодот 2021-2024 година. Во рамките на програмата покрај инвестициите со буџетски средства продолжуваат и инвестициите поддржани од небуџетски средства за изградбата на: систем за 126 наводнување во рамки на проектот “Наводнување на Јужната долина на Вардар“ – втора фаза финансиран со заем со KFW; изградбата на мали системи за наводнување до 300 ха во рамки на Проект финансиран со ИПА средства; како и изградба на четири системи за наводнување по течението на река Вардар согласно склучен договор за заем со КFW (ХС Лисиче, ХС Конско, ХС Јужен Вардар – трета фаза и ХС Пепелиште). Во следниот период ќе продолжат и активностите за обезбедување на финансиски средства за изградба на втора фаза – систем за наводнување и трета фаза – енергетика од ХС Злетовица. Спроведувањето на инвестициите треба да го зголеми учеството на наводнуваното земјоделско земјиште во однос на максимално можната наводнувана површина (околу 250.000 ха), од моменталните 33,7% на приближно 40%, односно на 95.000 ха во 2027 година споредено со околу 80.000 ха во 2016 година59. Во периодот на имплементација на новата национална стратегија ќе се заврши со реализацијата на “Планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура 2015 – 2025 година“ и ќе се направи соодветна анализа за правците на понатамошното инвестирање во водостопанската инфраструктура. Фокусирање на политики за рационално и ефикасно користење на водата Водата е оскуден и чувствителен ресурс чие искористување е неопходно да се остварува рационално и на ефикасен начин, особено во контекст на засиленото влијание на климатските промени. Ублажувањето на негативните ефекти од климатските промени преку мерките на адаптација е исто така една од целите на инвестициите во водостопанството. Мерките на адаптација вклучуваат изградба на нови водостопански објекти, како и превземање на инвестициони зафати за рационално и ефикасно користење на водата за наводнување. Во таа насока со поддршка на ФАО е предвидена изработка на „Стратегија за наводнување и одводнување на Република Северна Македонија“ со која ќе се дефинираат правците и насоките за развој имајќи го во предвид степенот на искористеност на системите и ефикасното и рационално користење на водата за наводнување во следниот десетгодишен период од 2021 до 2031 година. Втор проект во оваа насока е „Внесување во Катастар на недвижности на сите изградени водостопански објекти и инфраструктура и дигитализација на системите за наводнување и одводнување и нивно поврзување со постоечките бази на податоци и софтверски решенија на МЗШВ. Активноста ќе овоможи дијагностицирање на состојбата и проблемите со наводнуваното и одводнуваното земјоделско земјиште опфатено во рамки на системите и креирање на политики и мерки за надминување на проблемите во секторот. Со цел ефикасно и рационално користење на водата и намалување на негативните ефекти од влијанието на климатските промени во стратешкиот период ќе се донесат акциски планови за: намалување на загубите на вода во системите за наводнување и 59 Податоците за наводнуваните површини во 2016 година се земени од ДЗС во кои се вклучени и податоците за наводнувани површини добиени од АД Водостопанство и јавните водостопански претпријатија Стрежево, Лисиче и Злетовица 127 одводнување; промовирање и примена на модерни системи за наводнување; и за изработка на развојни планови за секој од системите за наводнување и одводнување. Институционални реформи во водостопанството и одводнувањето Моделот на централизирано управување со системите за наводнување и одводнување преку формирање на АД Водостопанство во државна сопственост со 14 подружници и укинувањето на водните заедници не придонесе за подобрување на тековното одржување и инвестирање за подобрување и проширување на системите. После спроведена целосна анализа на досегашното искуство од примената на централизираниот модел ќе се предложи модел на реорганизација на постоечката поставеност на системот во насока на децентрализација на управувањето со кој ќе се подобри ефикасноста, планирањето, управување, мониторинг и контрола со водните ресурси, вклучително и заштитата и прилагодување на интервенциите во наводнувањето и одводнувањето согласно специфичните локални услови. Согласно искуството од нивното работење во претходниот период, ќе биде утврдена улогата и надлежностите на водните заедници во новиот систем. 5.6.2 Управување со земјишните ресурси Земјоделското земјиште е главниот природен ресурс во земјоделското производство. Во следниот период интервенциите на политиката на управување со земјоделското земјиште ќе бидат насочени во следниве области:  Обезбедување на подобрен пристап до земјоделското земјиште за заинтересираните корисници како предуслов за поголемо земјоделско производство и потикнување на новите бизниси и вработување,  Подобрување на неповолната структура на земјоделското земјиште, пред се во приватна сопственост, од аспект на ограниченоста на големината по земјоделско стопанство и просторна раситнетост на парцелите и  Заштита на квалитетот и родноста на земјоделското земјиште заради одржливост на ресурсот. Обезбедување на подобрен пристап до земјоделското земјиште Земјоделското земјиштето во државна сопственост ќе се биде овозможено достапно до заинтересираните земјоделци преку постапките на доделување под закуп и продажба согласно двата релевантни закони, додека идентификуваното приватно необработено земјиште преку посебни постапки ќе биде понудено на краткорочен закуп. Ќе се поддржи и враќањето на напуштеното земјиште во обработлива кондиција. Интервенциите во таа насока се следните: Доделување на земјиштето во државна сопственост под закуп. Преостанатото слободно земјоделско земјиште во државна сопственост од околу 6.000 ха ќе се доделува на користење под закуп на заинтересирани земјоделци до 10 ха и тоа за 128 поголеми капитално-интензивни инвестиции, привлекување на странски инвестиции, дислокација на фарми и за производство на добиточна храна за одгледувачи на добиток. Помали парцели на земјоделско земјиште кое не се дел од заокружена блок целина може да бидат доделени за производство на интензивни култури со цел зголемување на површината на соседната приватна парцела, за што ќе се уреди посебна олесната постапка. Паралелно ќе се води засилена контрола на начинот на користењето на земјиштето во однос на склучените обврски од договорите и при утврдени неправилности договорите ќе бидат раскинувани со цел доделување на нови, сериозни корисници. Заради гарантирање на правилна наменска употреба на земјиштето согласно можностите за производство, намената за земјиштето кое се доделува под закуп за повеќегодишни култури ќе треба да одговара со агроеколошките услови определени од почвената карта на државата и другите почвено-климатски услови, што треба да потврдено преку анализа на погодност подготвена од страна на стручно лице во постапката која ќе се уреди до крајот на 2021 година. Заради обезбедување на доволно ресурси за производство на добиточна храна ќе бидат објавувани редовни огласи за доделување на слободно земјиште под закуп за производство на добиточна храна за сериозните производители на месо и млеко во сите сточарски региони во државата, како и парцели за дислокација на фарми од урбани средини. Со воспоставување на Интегриран систем за управување со земјоделското земјиште ќе се овозможи започнување на постапка за доделување под закуп на слободно земјиште во државна сопственост од страна на заинтересираните земјоделци. Продажба на земјиштето во државна сопственост. Во насока на подобрување на климата и сигурност за инвестирање во земјоделството ќе се продолжи со продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост кое ќе се спроведува за слободните површини определени во Програма за продажба, како и преку иницијатива од страна на заинтересирани закупци на земјиштето до определна големина. И во двата случаји постапките треба да придонесат кон погоре поставените цели на земјишната политика. Искористување на необработеното земјоделско земјиште. Во исто време кога постои заинтересираност за влез на нови субјекти во земјоделскиот бизнис, скоро една третина од земјоделското земјиште е напуштено. Со цел идентификација на напуштеното земјиште ќе се спроведе законски пропишаната постапка врз основа на што сопственикот понатаму ќе може да избира помеѓу обработка на земјиштето, негово оданочување согласно Законот за имот доколку остане необработено или давање согласност на МЗШВ истото да го објави заради доделување под закуп на заинтересирани корисници (секако со стекнување на закупнината во корист на сопственикот). Постапката ќе се доуреди во текот на 2021 година. Поддршка за инвестициите кои се реализираат на земјоделски површини обезбедени со трансформација од неземјоделско земјиште или земјоделско-необработено земјиште. Вообичаено високите трошоци за донесување на неземјоделското или напуштено земјоделско земјиште во обработлива состојба ги одалечуваат инвеститорите, поради што ќе се кофинансираат активности за подготовка и трансформација на земјиштето во обработливо со 65% од прифатливите трошоци, а 129 инвеститорите ќе бидат ослободени од закупнина во првата година со постепено зголемување до полниот износ во петата година. Подобрување на неповолната структура на земјоделското земјиште Со политиките за консолидација на земјоделското земјиште директно се интервенира во решавање на основната причина за неповолната структурна поставеност на земјоделскиот сектор - малите и фрагментирани земјишни парцели. Во рамките на воспоставената инстуционална и правна рамка, во следниот период ќе продолжи редовната имплементација на политиката во десет проекти за консолидација низ целата територија на државата, а врз основа на подготвените студии за изводливост. Со постапката на консолидација ќе бидат опфатени 4.500 ха преку двете постапки на распределба, со и без промена на границите на катастарските парцели и тоа во следните консолидациони подрачја: Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани и Жабени во Пелагонискиот плански регион, Соколарци, Спанчево, Чифлик и Чешиново во Источниот регион и Кожле во Скопскиот. Во насока на унапредување на консолидационите проекти, во следниот период ќе се реализираат следниве активности:  подготовка на повеќегодишна Програма за консолидација со цел оперативно и финансиско планирање на идните активности,  спроведување на кампањи за зголемување на јавната свест за процесот на национално ниво и таргетирано во оние подрачја каде има оправданост и изводливост за идни постапки за консолидација,  спроведување на проекти на повеќенаменска консолидација на земјоделското земјиште при изградба на линиски инфраструктурни објекти, конзервација на заштитените подрачја од областа на културно наследство или заштитата на животната средина со кои ќе се остварат и дополнителни цели покрај окрупнувањето, а ќе се зачува или подобри постојната структура на приватните земјоделски поседи и избегнат постапки за експропријација,  користење на постапката на консолидација во надминување на проблемите со денационализираното земјиште,  флексибилно управување со државното земјиште во консолидационото подрачје во насока на доделување под закуп или продажба со цел максимизирање на ефектите на консолидација во новиот просторен план и  анализа и доуредување на постапките за размена и завршување на процесите за арондација во насока на подобрување на земјишната структура и намалувањето на правно незавршените процеси на арондација. Постапките треба да се направат флексибилни во насока на поефикасно остварување на целите на консолидацијата. Заштита на квалитетот и родноста на земјоделското земјиште Заштитата на почвата е основа за оджливо земјоделство. Со цел заштита и продолжување на производната функција на почвата како необновлив ресурс ќе се поддржуваат активности во насока на правилен начин на обработка со максимална 130 грижа за подобрување на плодноста и структурата, намалување на ерозијата и загадувањето. Мерките на заштита ќе се спроведуваат преку доследно почитување на посебните минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на почвата кои се дел од вкрстената сообразност, преку обуки и совети обезбедени за земјоделците, спроведување на истражувачки проекти за спречување на ерозија и последователни инвестиции за нивно санирање и со редовни контроли од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за почитување на законските обврски. Институционални аспекти во управувањето со земјоделското земјиште Сегашното управување со земјоделското земјиште во државата е дезинтегрирано помеѓу МЗШВ и ЈП за стопанисување со пасишта и внатре во министерството во два посебни сектори. Со цел ефикасно и интегрирано управување со земјишните ресурси во државата и постигнување на поставените цели на земјишната политика ќе биде воспоставено единствено тело за интегрирано управување со земјоделското земјиште, надлежно за имплементација на целокупната земјишна политика - закуп на земјиште во државна сопственост, вклучително пасиштата, продажба на земјоделско земјиште, консолидација и заштита, олеснување и регулација на пазарот на земјоделско земјиште. Надлежното тело во форма на Управа во рамките на МЗШВ ќе се воспостави до првата половина на 2022 година. Интегрираното управување со големиот број на алфанумерички и графички податоци подразбира воспоставување на Основен регистар на земјоделско земјиште за евиденција на податоците од надлежност на телото60. Регистарот на земјоделското земјиште поддржан со потреба ИКТ ќе биде интероперабилен со подрачните единица на МЗШВ и релевантните институции – Агенцијата за катастар на недвижности и Министерството за финансии. За сите активности од надлежност ќе се воспостават интерни процедури и зајакнат човечките капацитети, а ќе се изврши интервенција за подобрување на законската рамка. Рок за постапување за овие активности е една година од формирањето на телото за интегрирано управување со земјоделското земјиште. Дополнително, најдоцна до крајот на 2022 година, правно ќе се уреди надлежноста на МЗШВ над одржувањето и финансирањето на почвената карта на државата. Последователно, почвениот систем ќе се поврзе со лабаратории кои треба да добијат овластување за анализи на хемискиот и физичкиот состав на почвата, заради тековните прибирање на податоци од спроведените анализи и ќе се ажурира со нови податоци. Инвестиции за облагородување и инфраструктурно решавање на пасиштата 60 за: воспоставените закупи врз државно земјоделско земјиште поврзано со наплата на закупнината, продажба на државното земјиште, напуштеното земјиште, проверка и корекција на технички грешки при упис во Агенцијата за катастар на недвижности, утврдување на правата врз недвижностите кои останале со незапишани права, нотирање на сосопственичките односи меѓу приватни лица и државата, воспоставување на систем за утврдување на промените настанати со природна и вештачка конверзија на земјоделското земјиште како и површините кои се предмет на експлоатација на минерални суровини согласно закон. 131 Заради овозможување на поволни предуслови за развојот на сточарството, ќе се овозможат инвестиции за облагородување и инфраструктурно решавање на пасиштата како основен природен ресурс за негово одвивање. Преку годишна програма за инвестиции во пасиштата, средствата од пашарината задолжително во еден дел ќе се враќаат кај сточарите во вид на инвестиции, а дополнителни средства ќе се обезбедат од Програмата за рурален развој. Приоритет особено ќе се стави на изградбата на водопоила, довод на вода за напојување, инфраструктура за пристап и електрификација и одржување и унапредување на пасиштата. 5.6.3 Управување со шумите Шумите играат клучна улога во намалувањето на емисијата на јаглеродот, за одржување на биодиверзитетот, секвестрација (складирање) на јаглерод, заштита на екосистемите и економска валоризација на ресурсите во насока на развој на руралните области. Од економски и социјален аспект, шумарството преставува интегрален дел од руралниот развој. Инвестициите во развојот и во заштитата на шумските области придонесуваат за растот на потенцијалот на руралните области со истовремена заштита на екосистемите и зголемување на потенцијалите за производство на обновливи суровини за зелената економија. Оттука, стратешка цел на државата во делот на шумарството е: „да го зголеми придонесот на шумарскиот сектор во националната економија и во руралниот развој преку одржливо стопанисување со шумите, обезбедувајќи обновливи ресурси и заштита на локалната и глобалната животна средина со што ќе обезбеди подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани“. Како дел од визијата за развојот на шумарството во следниот период, површините под шуми треба постојано да се зголемуваат преку пошумување на голините со квалитетен саден материјал од автохтоните видови. Одгледувањето и заштитата на вештачки подигнатите шуми ќе биде навремено и соодветно со што ќе се обезбедат биолошки и економски квалитетни шуми. Деградираните шуми интензивно треба да бидат преведувани во повисока форма на одгледување. Во однос на искористувањето на шумскиот фонд, ќе се почитуваат биолошките капацитети и ќе се ограничат можностите за прекумерно користење со што ќе се заштитат економските и еколошки вредните видови, односно биодиверзитетот. Особено внимание ќе се посвети и на зголемени инвестиции во пошумувањето, соодветната заштита на шумите, санација на опожарени шуми и на шумите кои се зафатени со појава на сушење заради климатските промени, каламитети и др., конверзија и преведување на шумите во поквалитетна форма, осовременување на инфраструктура во шумите, но и придружните објекти за собирање, обработка и пакување на другите шумски производи, во градењето на здрава граѓанска свест и одговорност кон шумските ресурси, понатамошно зајакнување на институционалниот капацитет, подигање на квалитетот на условите и содржините за планинскиот и руралниот туризам и ловството на ниво привлечно за повеќе странски туристи. 132 Политики и мерки за одржлив развој на шумарството Во следниот стратешки период ќе се реализираат следниве мерки за одржлив развој на шумарството кои треба да придонесат во постигнување на стратешката и специфичните цели:  Тековна реализација на проектите за годишно пошумување на голини и ерозивни земјишта и спроведување на одгледувачки мерки за пошумените површини. Покрај преку националниот буџет, кофинансирањето на активностите на пошумувањето се планира да се реализира и преку средствата од ИПАРД програмата за периодот 2021-2027 година преку мерката Воспоставување и заштита на шумите која би требало да се воведе со модификација на програмата. Целта на мерката е да се зголеми шумскиот фонд заради адаптација на предизвиците на климатските промени и обезбедување помош при превенцијата и реставрацијата на шуми од пожари. Зголемувањето на шумите преку пошумување ќе се подржува и за заштита на земјишните ресурси и живиот свет;  Продолжување на поддршката преку ИПАРД програмата 2014-2020, Мерка 7 – Диверзификација и развој на бизниси во рурални средини за кофинансирање на инвестициите во стопанските активности на приватните сопственици на шумите и приватните капацитети за примарна преработка на дрвото и производи од дрво и преработка на споредни шумски производи. Дополнително во рамки на мерката ќе се предвидат дополнителни бодови во рангирањето и разгледа можноста за поголеми средства за жени кои се сопственички на шуми;  Унапредување на технологијата на производство на шумски сортименти со цел намалување на процентот на отпадок од сеча од бруто посечената дрвна маса преку дообука на секачите за производство на поквалитетна сотиментна структура, како и стимулација и субвенционирање на претпријатијата кои ќе го преработуваат и финализираат овој отпадок од сеча;  Подобрување на отвореноста и пристапноста на шумите заради одгледување, заштита, користење и подобрување на условите за развој на туризмот, инвестирање во редовна и континуирана изградба и обновување на мрежата на шумска патна инфраструктура во државата преку реализација на инвестициона програма за оваа намена;  Спроведување на мерки за конзервација на природниот шумски генофонд;  Унапредување и спроведување на одгледувачки мерки, особено конверзијата од нискостеблени во високостеблени насадина шуми;  Зајакнување на превенцијата и контролата на абиотички и биотички штети во шумите и надградување на мерките за заштита на шумскиот биодиверзитет. Министерство врз основа на детални анализи од стручни служби ќе изготвува годишен извештај за здравствената состојба на шумите со препораки за мерките кои треба да се преземат за спречување на ширењето или искоренување на одредени штетници и болести кај шумските видови дрвја. Мерки на превенција со авиосузбивање против штетници и болести на иглолисните шуми и култури на секои три години ќе се финансираат од страна на МЗШВ;  Разграничување на шумите и шумското земјиште од земјиштето со друга намена како што се: пасиштата, евидентирање на промените според намена 133 како и разграничување според сопственост кои се реализираат преку „Проектот за подобрување на евиденцијата на шумскиот фонд 2014-2018 година“, кординиран од страна на МЗШВ, а реализиран од страна на Јавното претпријатие Национални шуми и  Промовирање на процесот на сертификација на дрво и производи од дрво произведени на одржлив начин, проект за изработка на национални стандарди за одржливо управување со шумите според мегународните стандарди (пр. PFC, FSC). Исто така, активно ќе се делува и за превенција од ерозија на вода и ветер (систем на заштитни шумски појаси), заштита од лавини, лизгање на земјиште, опустинување и суша, заштита на водните ресурси и каптажи, вклучувајќи ги речните басени, превенција од поплави, зголемување на биодиверзитетот и помош во адаптацијата кон климатските промени, вклучувајќи и создавање на зелени коридори за мигрирање на животинскиот свет. Со негативното влијание на климатските промени, односно со зголемувањето на температурите и намалувањето на врнежите зголемен е ризикот за појава на шумските пожари. Навременото и ефикасно откривање на ризиците од овој тип во следниот период ќе бидат еден од приоритети на сите вклучении институции. Во таа насока ќе се спроведуваат релевантни мерки за превенција, воспоставување на заштитна инфраструктура и систем на координација на активностите, како и реставрација и санација на шумскиот потенцијал на опожарените шуми. Воспоставениот информативен систем за рано известување, тревожење и супресија на шумски пожари тековно ќе се одржува функционален од страна на Центарот за управување со кризи заради навремено спречување на штети од поголеми размери. Преку почитувањето и доследно спроведување на правната регулатива во државата треба да се сведат на минимум бесправните сечи и другите штетни активности во шумарството. Во следниот период државата преку современа карантинска служба ќе обезбеди ефикасна превентивна заштита од интродуирани штетници и патогени. Со поставувањето на ваков систем при пренамножување на штетници или фитопатогени, одговорните институции ќе реагираат брзо и адекватно во примена на еколошки прифатливи мерки за сузбивање. Институционални аспекти во шумарството Зајакнување на капацитетите во областа на институционалната поставеност е предвидено на органите и службите кои се задолжени за заштита и чување на шумите Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и шумочуварската служба во состав на јавното претпријатие Национални шуми. Особено внимание ќе биде посветено на зајакнување на капацитетот на Шумската полиција во согласност со променетиот статус, на вработените, и тоа преку внатрешна реорганизација, современо опремување и засилени обуки. Поради долгорочно прикажаните слабости во функционирањето, а кои се должат пред се на недоволно ефикасниот концепт на организација, во следниот период е потребно да се изнајде соодветен модел и да се изврши трансформација и реорганизација на јавното претпријатие Национални шуми. Реформите треба да овозможат зголемување 134 на ефикасноста во спроведување на надлежностите на претпријатието кои се од исклучителна важност за развојот на секторот. Планирањето и спроведувањето на политиките во секторот е тешко спроведливо без воспоставување на единствен Шумарски информативен систем. Главната цел на веб базираниот систем е поедноставена и функционална комуникација на субјектите кои учествуваат во системот, организирана база на податоци од шумарството кои ќе помогнат во планирањето, одржливото управување и стопанисување со шумите, како и следење на дрвната маса со примена на Географско информативен систем и техниките на далечински сензори. Системот ќе овозможи податоци за известување од областа на шумарството во склад со позитивните европски норми и правила за модерно и развојно шумарство. Активностите во делот на стратешкото планирање и правната регулација на дејноста ќе бидат поддржани од ИПА 2019 финансиран проект „Поддршка на реформите во шумарството“. Како резултат се очекува донесување на нов Закон за шумите усогласен со правото на ЕУ и барањата за шумарство до 2022 година, поставувањето на Шумарскиот информативен систем, зајакнување на превенцијата и контролата на абиотички и биотички штети во шумите и надградување на мерките за заштита на шумскиот биодиверзитет, како и спроведување на програма за сертификација на шумите. Подигање на ловството и ловниот туризмот на ниво привлечно за странските гости Македонија има природни и други предуслови да биде популарна дестинација за висококомерцијален ловен туризам со што може да остварува и значителен девизен прилив. Бројната состојба на дивечот во државата е во капацитет (нормална бројна состојба на единица површина) согласно посебните ловностопански основи, но исто така потребно е континуирано да се работи и во насока на подобрување на трофејната вредност на дивечот. За подобрување на состојбите во ловството изработена е „Студија за развој на ловниот туризам во Република Македонија со акциски план за период 2016-2025 година“. Согласно истата, одржливиот развој на ловството и ловниот туризам е во функција на дефинирање на просторот на државата како модерен развиен регион со високи стандарди на заштита на животната средина и нејзино одржливо користење. Управувањето со дивечот треба да се базира на избалансираниот пристап кон заштита на животната средина, развој на ловството и ловниот туризам, а заради соодветно спроведување на целите, предвидено е и донесување на нов Закон за ловството во 2021 година. Во насока на обезбедување на одржливо користење и управување со ловиштата ќе се воведуваат научно-базирани методи за стопанисување со дивечот и ќе се воспостави систем за координација помеѓу институциите и ловните здруженија/концесионери. Заради следење на состојбите, предвидено е да се воспостави база на податоци за бројноста на дивечот по ловишта по региони и ловностопански подрачја и обезбеди нејзино постојано ажурирање. Концесионерите ќе бидат редовно контролирани во спроведувањето на превземените обврски според договорите за концесија и ловностопанските основи. 135 Еден од важните приоритети кои треба да обезбедат економска валоризација на ловните ресурси во насока на развојот на руралните средини и поттикнување на развојот на ловниот туризам ќе се остварува преку субвенционирање на промоцијата на македонските ловни капацитети и привлекување на странски гости и инвеститори. 5.6.4 Прилагодување на земјоделскиот сектор кон климатските промени Земјоделското производство е нераскинливо поврзано со надворешните временски влијанија што го прави земјоделството најчувствително на тековните глобални промени на климата од сите други економски сектори. Ризиците од неповолните влијанија од зголемувањето на температурите, промените во количините и распоредот на врнежите и зголемената зачестеност и сила на екстремните временски непогоди за земјоделскиот сектор стануваат особено чувствително прашање за нашата земја која се наоѓа во зона во која се очекува значителна промена на климата и нејзино влијание на живиот свет. Земјоделството е клучната економска активност на најголем дел од македонското рурално население, па влијанието особено ќе се почувствува кај оние со претежни приходи од земјоделска дејност и поранливите социјални категории со релативно помалата способност да се адаптираат на промените и високиот удел на храната во нивните трошоци. Покрај тоа, земјоделството се смета како еден од важните извори на стакленички гасови, особено сточарското производство кое е најголем емитер на метан на глобално ниво. Оттука, во делот на политиката која се однесува на климатските промени, напорите ќе бидат насочени кон превземање на мерки и активности кон ублажување на влијанието на македонскиот земјоделски сектор на климатските промени, како и на прилагодување на секторот кон тековните негативни ефекти од самите промени. Превземените активости треба да придонесат кон постигнување на втората стратешка цел за „примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите“. Поради придобивките за зачувување на растот и приносот на посевите и позитивното влијание на приходите, за очекување е мерките за прилагодување кон негативните климатски ефекти полесно да бидат прифатени од земјоделците, додека воведувањето на мерките за ублажување на влијанието на климатските промени ќе се стимулираат преку поголемиот број на инструменти од националните земјоделски политики. Од причина што емисиите на стакленички гасови од користењето на земјоделското и шумското земјиште имаат тенденција на намалување, селектираните мерки за ублажување на влијание на климата се оние кои истовремено имаат најголем ефект и на животната средина и потенцијал да се користат и како опции за адаптација. Согласно „Вториот двогодишен извештај за климатски промени на Република Македонија“ за следење на реализација на обврските од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени вклучени се осум мерки за ублажување на влијанието и тоа по три мерки во потсекторот „Сточарство“ и „Користење на земјиштето“ и две во „Шумарство“. Кон нив, со третиот двогодишен извештај за климатски промени додадени се уште три нови мерки, една за потсекторот сточарство и две нови мерки за 136 потсекторот Користење на земјиштето, така што извештајот вклучува вкупно 10 мерки прикажани во Табела бр.8. Мерките, кои се соодветно вклучени во „Националниот план за енергија и клима до 2030 година” во делот на „Димензијата на декарбонизација“, се однесуваат на подобрување на практиките за исхрана на добиток и управување со ѓубриво во фармите, за одгледување добиток, конверзија на земјиштето при што ќе се намали ерозијата на почвата и ќе се зголеми органската материја во почвата и создавање на понори на јаглерод, како и управување со шумски пожари и пошумување на шумското земјиште што ќе придонесе за дополнителна апсорпција на стакленички гасови. Табела бр.8 Преглед на мерки за ублажување на влијанието на климата по трите посектори од секторот Земјоделство, шумарство и употреба на друго земјиште Добиток Шумарство Користење на земјиштето  Намалување на емисиите на CH4 преку ентерична фермeнтација кај млечните крави  Намалување на емисиите на N2O преку управување со ѓубривото од млечните крави  Намалување на емисиите на N2O преку управување со ѓубриво во фарми за свињи  Воведување на интегрирано управување со шумски пожари за намалување на бројот на шумски пожари и на оштетената површина  Пошумување  Конверзија на начинот на употреба на земјиште за посеви на наклон над 15%  Контурнa обработка на земјоделско земјиште на наклонети терени (5 15%)  Затревување во овоштарници и лозја на наклонети терени (> 5%)  Намалување на емисиите на N2O од ѓубривото од млечни крави во фарми со под 50 добиточни единици  Користење на биојаглен како понор на јаглерод во земјоделско земјиште  Наводнување со употреба на фотонапонски систем Дел од мерките за управување со ѓубривото се тековни обврски на одгледувачите вклучени во „Листата за посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина“ која ќе се ажурира во 2022 година во насока на дополнување со нови барања сензитивни за климата и животната средина. Преку ИПАРД програмата ќе продолжат да се поддржуваат инвестициите кои треба да овозможат нештетно управување со арското ѓубриво и истите верификувани со елаборат за заштита на животна средина за исполнување на стандардите се предмет на кофинансирање со зголемен интензитет на јавна помош во однос на останатите инвестиции. Во ИПАРД програма за периодот 2021-2027, ќе биде разгледана можноста за понатамошно зголемување на дополнителниот процент за ваквите инвестиции. Во поддршката на инвестициите се вклучени и инсталациите за фотоволтаично напојување на наводнувањето. 137 Во спомената листа за посебни минимални услови вклучено е и барањето за орање попоречно на наклонот на теренот за ерозивни или површини со наклон од 15% и повеќе, а во следниот период ќе биде разгледана промената на условот во насока на намалување на наклонот од 5-15%. Затревувањето на меѓуредовото растојание кај повеќегодишните насади во овоштарството и лозарството ќе биде дел од поддршка која во следниот период на доброволна основа и не неопходно врзана за подрачјата со наклон ќе се овозможи во рамките на агроеколошките мерки. Од 2023 година е планирано да се воведат првите шеми на поддршка за поттикнување на обезбедувањето на јавни добра преку земјоделски практики корисни за животната средина и климата, таканаречени еко шеми. Користењето на директните плаќања за еколошките шеми ќе биде доброволно за земјоделците кои превземаат обврски за примена на практики корисни за климата и животната средина. Применливоста на мерката „Користење на биојаглен како понор на јаглерод во земјоделско земјиште“ која е во фаза на истражување ќе се анализира во периодот после 2026 година поради неопходноста од обезбедување на попрецизни податоци за истата, што значи дека евентуалната имплементација би била во следниот стратешки документ. Во насока на поддршка на земјоделците, одгледувачите на шуми и другите учесници за промовирање и олеснување на спроведувањето, мерките за климатските промени ќе бидат вклучени во Системот за знаење и иновации во земјоделството кој опфаќа сет од постапки за креирање и пренос на знаењето во земјоделството, односно истражувачки проекти, советодавни услуги и задолжителни обуки. Таргетирани мерки во „Димензијата на декарбонизација“ ќе бидат спроведени и во насока на намалувањето на бројот и обемот на шумските пожари и подобрување на квалитетот на шумите преку интегрирано управување со шумски пожари и пошумување на необраснато шумско земјиште со високоприносни и квалитетни видови дрвја. Главна цел на вклучените институции ќе биде намалување на просечната годишна изгорена површина за 6.000 ха од околу 11.000 ха колку што се опожаруваат во текот на една година. Покрај заштитата, предвидено е зголемување на површините кои ќе се пошумуваат и тоа приоритетно - опожарените подрачја и подрачјата со деградирана шума. Во однос на мерките за прилагодување на земјоделството кон се поизразените климатски промени, како најсоодветни61 ќе бидат поддржани мерки наменети за неколку најзасегнати подсектори, и тоа во:  овоштарството, мерките за: употреба на противградни/УВ заштитни мрежи, употреба на соодветни подлоги толерантни на суша, промени во длабочината на засадување и употреба на различни материјали62 при садењето за зачувување на водата, примена на техники на кастрење и употреба на специфични заштитни материјали (калциум карбонат) за спречување изгореници од сонцето, како и меѓуредово мулчирање со тресет и струготини за намалувањето на температурата на почвата и зачувувањето на водата. 61 тестирани во периодот 2012-2016 година преку проектот „Адаптација кон климатските промени во земјоделството“ поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и спроведен од Мрежата за рурален развој 62 Trichoderma spp., Zeolit / Zeofit и Hydrogel 138  лозарството, е примената на системот на Т-кастрење на лозјата, аплицирање на УВ-заштитна мрежа и примена на калциум карбонат, додека во  градинарството, примена на габата Trichoderma harzianum, користење на УВ заштитни мрежи при производство на отворено поле и на пластични тунели за спречуваат оштетувања од изгореници и постигнување на поквалитетен принос. Покрај спроведување на споменатите капитални инвестиции во наводнувањето и одводнувањето, со цел ефикасно управување со водите во земјоделството ќе се стимулира поставување на распоред на наводнување оптимизиран согласно локалните услови и земјоделски култури, базиран на метеоролошки параметри од метеоролошки станици со дополнително инсталираните сензори за влага. Исто така ќе се подобруваат практиките за наводнување и ѓубрење преку системот капка по капка за ефикасно користење на водата и ѓубривото и зачувување на водата во почвата. Оваа технологија е прилично раширена, особено во производството на зеленчук, овошје и грозје, но изостанува правилното користење на системите за наводнување и користењето на инјектори за редовна примена на ѓубрива преку системот за наводнување. Во подрачјата без наводнување, адаптација треба да биде ориентирана кон ублажување на негативните ефекти од сушата и топлинскиот стрес врз развојот и приносот на посевите преку промена на постојните сорти со соодветни на идниот климатски режим на новите трендови на температурите и врнежите, промена на неефикасните практики и преку инвестиции во опрема и знаење. Во делот на сточарското производство адаптација ќе вклучи подобрена расна структура, подобрено управување со микроклимата во одгледувалуштата со имплементирање на системи за ладење во одгледување на млечни крави, свињи и живина со цел намалување на стресот од топлина во текот на летните месеци и одржливо управување со пасиштата. Дополнително, ќе се продолжи широката поддршка на осигурување на земјоделско производство од негативните ефекти од природните непогоди и неповолните климатски настани, а штетите би се намалувале со функционалност и навременост на системите за рано предупредување и информации за времето, за следење и откривање на нови штетници и болести кај растителното производство, добитокот и шумарство и преку подобрувања во санитарните и фотосанитарните интервенции. II.6 Елементи кои треба да овозможат модернизација на националните политики Земјоделците својата дејност ја обавуваат во брзо променлива економска, технолошка и природна средина како резултат на намалувањето на ресурсите и притисокот врз животната средина, миграциите на населението, промената на општествените очекувања, брзиот подем на новите дигитални технологии и зголемените влијанија на климатските промени. Во таквите услови земјоделците и одгледувачите на шуми имаат потреба од нови знаења, нови вештини и иновативни идеи за развој и управување со системите на производство. 139 Обезбедувањето на приклучок кон најприспособливите кон тековните промени подразбира во следниот период да се обрне сериозно внимание на елементите кои ја поддржуваат модернизацијата на националните политики кои треба да ја подобрат ефективноста и ефикасноста на интервенциите на политиките во насока на постигнување на стратешките цели. Такви се: поттикнување, споделување и употреба на знаење, иновации и развој на дигитални технологии во земјоделството и руралните области. Континуираниот трансфер на знаење во земјоделството е предуслов за ефикасно реструктуирањето на секторот, кое поддржано со интервенциите на политиката, треба да води кон постигнување на крајната цел – зголемување на конкурентноста и одржлив развој на руралните средини. Поради целосното отсаство на системски пристап во областа на знаењето и иновациите во земјоделството, шумарството и руралните средини со децении претходно, фокус во следниот стратешки период ќе биде ставен на воспоставување на неопходната инфраструктура и интегрирање на ограничените капацитети. Моделот на интегриран Систем на знаење и иновации во земјоделството (во понатамашниот текст СЗИЗ) кој треба да се воспостави во државата ќе промовира насочена соработка помеѓу група од заинтересирани субјекти - земјоделци, одгледувачи на шуми, даватели на советодавни услуги, претприемачи, потрошувачи, истражувачи и сл, кои заеднички спроведуваат проект. Системот треба да овозможи креирање и споделување на знаењето на отворен начин со овозможен простор за контакти на актерите за запознавање и развивање на идеи преку формирање на т.н. Оперативните групи за земјоделско иновативно партнерство. Групите ќе поддржат развој на иновативни решенија со пристап кој започнува од долу со цел земјоделството да го направат попаметно, поефикасно и поодржливо. Воспоставувањето на националниот интегриран СЗИЗ според европските стандарди ќе биде уредено со посебен Закон за систем на знаење и иновации во земјоделството кој ќе ги опфати компонентите, планирањето, спроведувањето и финансирањето на системот, организирано преку засебна Програма за знаење и иновации во земјоделството. Во следниот стратешки период, во рамките на новиот СЗИЗ ќе бидат реализирани следниве четири главни групи на активности кои треба да овозможат исполнување на предвидените цели во оваа област и тоа:  Зголемување на протокот на знаење и зајакнување на врските помеѓу истражувањето и практиката  Зајакнување на советодавните услуги за земјоделски производи во рамките на СЗИЗ  Подобрување на интерактивната иновација преку Оперативните групи за земјоделски иновативни партнерства  Поддршка на дигиталната транзиција во земјоделството и  Воведување на систем за задолжителни обуки и едукација во земјоделството. 140 II.6.1 Зголемување на протокот на знаење и зајакнување на врските помеѓу истражувањето и практиката Развивање на базични научни истражувања изискува развиена научна инфраструктура, стручен кадровски капацитет и значителни финансиски средства. Поради реално ограничените ресурси научното истражување во земјоделството во следниот период ќе биде насочено кон трансфер на напредна и современа технологија креирана во другите земји со развиена истражувачка дејност и нивна примена и прилагодување во македонските услови на производство. Приоритет во следниот период во оваа област е воведување на системски пристап во спроведување на научните проекти поддржани од мерките на националната земјоделска политика кој треба да опфати уредување на постапки на селекција, следење на имплементацијата и евалуација на ефектите од научно-истражувачките проекти во земјоделството. Изборот на областите и теми на истражувањето во земјоделството ќе се базира на проекти од практично и применливо значење за самите земјоделци и другите учесници во секторот кои таргетираат решавање или ублажување на клучните проблеми и предизвици во секторот, односно од генералните области идентификувани во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој. Долгорочното системско решение во рамките на СЗИЗ предвидува отворен пристап во дефинирање на проектите за иновации од страна на самите Оперативни групи формирани за изнаоѓање решение за одредено приоритетно прашање. Сепак, со цел планирање на истражувањата во земјоделството и поблиско пресликување на подсекторските приоритети, постојните подсекторски групи ќе обезбедуваат формална верификација на приоритетните области, кои дополнително ќе бидат одобрени од страна на Советот за земјоделство и рурален развој пред истите да бидат објавени од страна на АФПЗРР. Согласно дефинираните старатешки цели, земјоделците и другите учесници во вертикалниот синџир на потсекторско ниво преку подсекторските групи ќе одлучуваат за истражувањата кои треба да бидат спроведени врз основа на нивните реални потреби за надминување на конкретни проблеми во производството и маркетингот на земјоделските производи. Подсекторските постојани групи ќе изработуваат оперативна програма за техничка поддршка, вклучително и со истражувачки проекти кои се утврдени како релевантни и потребни за развојот на подсекторот. Предлогот на технички мерки за секој подсектор се доставува до МЗШВ најдоцна до 30 септември во тековната година за реализација во наредната година. Анализата на постоечката состојба го потенцираше недостатокот од поврзаност на земјоделските производители со креаторите на знаење. Потребно е градењето на знаење и неговото споделување да биде на отворен начин што создава простор вклучените субјекти да се запознаат, развиваат идеи и генерираат иновации достапни за сите. Зајакнувањето на врските помеѓу истражувањето и праксата во следниот период ќе се подобрува преку: насочување на истражувачите да создадаваат специфични резултати во согласност со потребите на секторот кои се лесно разбирливи за учесниците, поттикнување на директните контакти помеѓу истражувачите и учесниците во реалниот сектор, организирање на обуки од страна на истражувачите на редовни 141 национални тематски средби за споделување за иновативни резултати и истражувањата, поврзување на работата на истражувачите со активностите на демонстративни земјоделски стопанства каде тие ќе ги презентираат своите резултати и неформално ќе стекнуваат информации за потребите на земјоделците и воведување на стимулации за истражувачите за интерактивна иновација преку специфични обуки, кариерен развој или договорни обврски. II.6.2 Зајакнување на советодавните услуги во рамките на Системот на знаење и иновации Улогата на советниците за земјоделски производи во рамките на СЗИЗ е особено важна, бидејќи тие претставуваат еден од главните извори на информации за донесување одлуки на земјоделците. Советниците треба да имаат пристап до најновите сознанија. Тие редовно треба да ги надградуваат своите вештини во делот на технологијата на производство и маркетингот, управувањето со фармите, интерактивноста и дигиталните системи. Советниците треба да воспостават системски врски и поблиски интеракции со истражувачите заради што е неопходна нивна вклученост во развојот на иновациите, како и да имаат поставено систем на споделување знаења, обуки и присаство на тематски или меѓусекторски настани за надградување на нивното знаење. Секако нивната клучна улога останува директниот контакт со земјоделците во двете насоки – обезбедување на информации за потребите и можностите на земјоделците и вклучување на земјоделците во иновативните проекти и пренос на знаење. Ефикасноста и ефективноста на советодавните услуги во државата ќе се надградат преку воспоставување на национален Земјоделски советодавен систем интегриран во целокупниот Систем на знаење и иновации што ќе овозможи поширока дисеминација на знаењето и иновативните апликации. Воспоставувањето на ефикасен национален советодавен систем во земјоделството треба да овозможи зголемување на опфатот на корисниците на советодавни услуги финансирани од страна на јавните извори на финансирање, подобрување на квалитетот на обезбедените услуги, како и целосна усогласеност на советодавните активности со приоритетите и целите на земјоделската политика со следливост на нивното спроведување. Главните начела на Земјоделски советодавен систем се плурализам во обезбедувањето на советодавни услуги финансирани од државата со целосно вклучување и на приватните даватели на услуги за кои ќе биде обезбедена и поддршка при нивното формирање, како и пристап базиран на избор на даватели на услуги од страна на самите корисници. Реализацијата на советите ќе биде агументирана со докази заради подобрување на следливоста и ефикасноста на системот. Планирањето на советодавниот систем во земјоделството ќе се спроведува преку донесување на Програма за советодавни услуги од советодавниот систем во период од три години која го дефинира типот на советодавните услуги финансирани или кофинансирани од државата по корисници, даватели, методи на извршување на услугите, како и процентот на финансиска поддршка со индикативен буџет. АПРЗ како јавен давател на советодавните услуги соодветно ќе ги прилагоди годишните програми за работа и својата организација. 142 Заради целосно пресретнување на очекувањата на побарувачката за советодавни услуги потребно е да се зголеми бројот на стручни и мотивирани даватели на советодавни услуги, способни да обезбедат флексибилен микс на услуги. Покрај со подобрување на стручниот капацитет и бројност на АПРЗ, ова ќе се постигне преку вклучување на приватните даватели на услуги. Трошоците за воспоставување и функционирање на приватните даватели поврзани со исполнување на бараните услови, обуката и полагање на стручниот испит ќе бидат предмет на финансиска поддршка. Препознавањето на приватните даватели на советодавни услуги во системот ќе се врши преку постапка на регистрирање во надлежното министерство. Индивидуалните даватели на советодавни услуги ќе бидат лиценцирани од страна на министерот доколку поседуваат соодветни стручни квалификации, поминале обука во соодветната област и положиле стручен испит. Заради подобрувањето на вештините и знаењето, советникот треба да оствари најмалку 8 часа обука годишно според 3-годишна Програма за обука која ќе се реализира согласно позитивните законски акти за образованието на возрасни. Земјоделците како корисници на советодавните услуги самите ќе го бираат давателот на услугите врз основа на нивната докажана посветеност и стручност, односно концепт базиран на побарувачка. Спроведувањето на советодавните услуги ќе се реализира врз основа на договор за користење на советодавни услуги во времетраење од една година, инициран од корисникот на советодавната услуга. Заради следење на ефектите од обезбедените услуги, давателите за извршената услуга ќе поднесуваат извештаји до министерството верификувани од страна на корисникот. МЗШВ ќе врши тековно проверка на веродостојноста и следење на ефектот од реализација на Програмата за советодавни услуги. Поради големиот број на земјоделски стопанства, приоритет во пристапот до советодавните услуги ќе биде даден на стопанства со неопходен развоен потенцијал (избрани врз основа на големината на износот на субвенции/минимални производни капацитети/пресметани приходи) или на дефинирани категории на корисници на мерки на државна поддршка, како на пример млади земјоделци во започнување на бизнис, стопанства кои преминуваат во повисока развојна категорија, членови од задруга во формирање, учесници во интеграциони проекти за зајакнување на синџирот на вредност, членови на одгледувачки програми, жени земјоделки и други. Обезбедена квалитетна поддршка во реализација на активностите за овие корисници е прашање на успешност на реализацијата на проектот. За малите земјоделски стопанства со ограничен потенцијал за развој ќе се подготват пакети со информативни содржини за едукација за диверсификација на економските активности, воведување на алтернативни системи на земјоделско производство, начини на зголемување на производството и проширување на постоечките активности доколку од нивна страна постои иницијатива за тоа. Задолжителните советодавни услуги ќе бидат во најголем дел финансирани од страна на државата (до 90%). Финансирањето, односно кофинансирање на услугите од системот ќе биде обезбедено согласно Законот за земјоделство и рурален развој и од буџетот на јавните даватели на советодавни услуги, а после акредитирањето на мерката - Советодавни услуги и од средства од буџетот на ЕУ од ИПАРД програмата. 143 Во насока на интеграција на советодавните услуги во новиот Системот на знаење и иновации во земјоделството акцент ќе биде ставен на следниве активности:  задолжително учество на давателите на советодавните услуги во иновациските проекти реализирани од страна на оперативните групи,  усогласување на советодавните активности на АПРЗ со целите на земјоделската политика врз формални постапки уредени со закон и преку функционирање на постојани институционални форми на координација. Во таа насока ќе се уреди задолжителна консултативна постапка со МЗШВ при подготовка на годишната програма за работа на АПРЗ,  обезбедување на континуиран линк со центрите на креирање на знаење и иновации во државата и подобрување на соработката со научно истражувачките институции што ќе биде зајакнато со нивно присаство во управниот одбор на АПРЗ и регулирано преку годишни акциски планови за соработка. Акцентот во истите ќе биде ставен на спроведување на заеднички апликативни истражувања, демонстративни опити и обуки,  зајакнување на врските со образованието преку одржување на редовни обуки на советниците од страна на образовните институции, особено на нови теми63. Ќе се стимулира и приклучување на учениците од средните училишта и студентите од универзитетите, како и на наставници на стручни училишта кон обуките организирани за советниците,  обезбедување на повеќе „системски“ совети во пакетот на понудени услуги64,  советниците треба да се посветени на: обезбедување на нови истражувачки резултати, знаење или друго знаење; поврзување со национални и меѓународни мрежи, поврзување на обезбедените податоци, знаењата и иновациите со нивните клиенти и прилагодување кон специфичните ситуации на стопанство и локалниот контекст и  обезбедување на поддршка за дигитализацијата на советодавната работа за одржување на ИТ платформи за знаење кои содржат резервоари за знаење, добри земјоделски практики, модули за е-учење и разни инструменти што се користат во советодавните активности. 63 како што се на пример: како да се посредува и олеснува во интерактивни проекти за иновации реализирани од оператовни групи, дигитализација, употреба на дигитални технологии за брзо дијагностицирање, прогнози и донесување одлуки, преработка на производи на земјоделски стопанства, советување за производен систем и управување со деловни активности, започнување на деловни активности 64 како на пример: управување со земјишните ресурси, избор на тип на производство, очекувани резултати, рециклирање на природни ресурси, постигнување на квалитет и уникатност на производите, поддршки на рурален развој, брендирање и маркетинг, употреба на дигитална опрема и системи за поддршка на одлуки, употреба на социјални мрежи, нови машини, локална традиционална храна, производство на обновлива енергија, рурален туризам, еко шемите за плаќања, итн 144 II.6.3 Подобрување на интерактивната иновација во земјоделството Интерактивната иновација во земјоделството ќе се потикнува преку воспоставување на систем на формирање и поддршка на Оперативни групи за земјоделски иновативни партнерства и преку платформи за креирање и пренос на знаење предводени од страна на самите земјоделци. Формирање и поддршка на Оперативни групи за земјоделски иновативни партнерства Заради реализација на целите на СЗИЗ за промовирање на интерактивни иновации кои ќе ја поттикнат конкурентноста и одржливоста на земјоделството и шумарството, во следниот период ќе биде воспоставен систем на формирање и поддршка на Оперативни групи за земјоделски иновативни партнерства осмислени како форми на здружување на повеќе заинтересирани чинители како што се земјоделци, истражувачи, земјоделски советници, претставници од деловниот сектор, еколошки групи, групи на потрошувачи или други невладини организации за унапредување на иновациите во земјоделскиот и шумарскиот сектор. Суштината на формирањето на оперативните групи е спроведување на заеднички проекти кои треба да придонесат кон остварувањето на дефинираните цели во оваа национална стратегија и решавање на поблиските проблеми во земјоделството. Интерактивниот модел на иновација започнува со идентификување на потребите на крајните корисници и создавање на со-сопственост за сите вклучени за време на проектот. Воспоставувањето на поединичените оперативни групи треба да е иницијатива на самите вклучени субјекти за решавање на потребите и искористување на можностите кои произлегуваат од спроведување на земјоделските активности. Оперативните групи треба да бидат составени од клучни актери кои се во најдобра позиција да ги реализираат целите на проектот, да споделуваат искуства и широко да ги дисеминираат резултатите. Групите треба да изготват план што најдобро ќе го опише нивниот специфичен проект и очекуваните резултати, а самото препознавање на групата ќе биде преку изборот на проектот кој истата го поднесува. Главните критериуми при формирањето на групите се да постои комбинација од вештини и знаење (практично, научно, техничко, организациско, итн.) на различните видови на партнери потребни за преку интерактивен начин се добијат очекуваните резултати кои потоа треба да се доволно подготвени за спроведување во пракса. Иновациите можат да бидат технолошки, нетехнолошки, организациски или социјални и засновани на нови или традиционални практики. Оперативните групи можат да се вклучат во многу широк опсег на активности, поврзани со сите девет специфични цели на стратегијата, на пр. теренски испитувања, пилот-проекти, заеднички работни процеси за развој на нови производи или практики, технологии и процеси на производство или нов начин на организирање, се до тестирање и прилагодување на постојни технологии и процеси во нови географски и еколошки контексти. Имплементацијата на проектот е ограничена на неколку години колку што е потребно за развој на иновативното решение. 145 Поддршка на интерактивната иновација во земјоделството ќе биде обезбедена за поттикнување на соработката, односно за подготовка на проектот, како и за финансирање на реализација на активности од истиот. Стапките за поддршка на иновациите и формирање на групите преку мерката за соработка може да достигнат до 100%. Оперативните групи треба да стимулираат вклучување на младите луѓе поради нивниот потенцијал за промени, да се комбинираат со советодавни активности и демонстрацијата на нови методи на производство на показните земјоделски стопанства. Условите околу формирањето и составот на оперативните групи, поднесувањето на барањата за препознавање и специфичните области и критериуми за избор или подобност на проектите ќе бидат поблиску уредени во Законот за систем за знаење и иновации во земјоделството и неговите подзаконски акти. Платформи предводени од земјоделците Главната цел на платформите предводени од самите земјоделците е размена на нови знаења и иновации, нивна практична примена и понатамошно прилагодување. Добрите практики и корисни наоди за подобрување на перформансите во работењето најлесно ќе бидат разбрани и применети од земјоделците доколку се пренесени на разбирлив јазик од страна на самите земјоделци. Затоа во следниот период ќе се поттикнат и поддржат активности со кои ќе им се укажува на земјоделците да ги променат практиките кои не функционираат задоволително и тоа на два начини: преку финансирање на веб-споделени видео искуства на земјоделци и со воспоставување на демонстративни земјоделски стопанства. Размена на знаење од земјоделец на земјоделец Повеќето земјоделци, исто како и секој друг претприемач, секојдневно се соочуваат решавање на сопствените проблеми во работењето применувајќи различни методи и пристапи за да стигнат до решението. Тие целосно ја разбираат специфичната состојба на нивното стопанство и постојано ги прилагодуваат своите земјоделски системи за да ја подобрат продуктивноста и профитабилноста, бидејќи научните истражувања често не се фокусираат доволно на специфичните земјоделски потреби. Директната интеракција со други земјоделци комбинирана со гледање на практични примери на применети добри земјоделски практики и успешни алтернативи за подобрување на профитабилноста преку дигитални средства треба да ги охрабри земјоделците да ги прошират своите знаења и да ги тестираат новите земјоделски методи. Формирање на демонстративно-показни земјоделски стопанства Од причина што најефективниот начин на пренесување на знаењето до земјоделците е доколку тие директно самите се уверат во веќе применета понапредна технологија на производство на самото место, во следниот период ќе се поддржи формирањето на демонстративно-показни земјоделски стопанства во рамките на средните земјоделски училишта, истражувачките институции при факултетите или во рамките на напредните земјоделски стопанства. Инвестициите за уредување на демонстративните стопанства и нивното одржување, како и покривање на оперативните трошоци поврзани за обавување на демонстративната улога на овие стопанства ќе биде финансирана од страна на државата или од донаторски проекти. 146 Демонстративните стопанства ќе бидат организирани за најзастапените и најважни типови на производство, распределени по региони во кои доминира определен тип на земјоделско, односно сточарско производство. Во стопанствата ќе бидат презентирани најдобри и најнапредни техники и технологии на производство применети во насока на зголемување на приносите, подобрување на квалитетот и безбедноста на храната, на постбербените активности, заштита на животната средина и климатските влијанија. Земјоделците ќе треба да остварат посета на демонстративните стопанства како дел од задолжителната обука. Советодавните услуги од националниот советодавен систем кофинансирани од државата ќе бидат поврзани со спроведувањето на дел од советите на демонстративните стопанства. Посетата ќе биде особено задолжителна за поддржаните проекти за започнување на нови земјоделски бизниси за младите земјоделци и реструктуирање на земјоделските стопанства. II.6.4 Поддршка на дигиталната транзиција во земјоделството Земјоделството и руралните области значително се менуваат со достапноста на различни современи технологии. Денешната модернизација на економските активности вклучително и во земјоделството е неизоставно поврзана со дигиталната технологија. Дигиталната трансформација во земјоделството е потребно да се наметне како важен фактор во развојот и подобрување на конкурентноста на секторот и оттука потребата за стратешки пристап кој опфаќа зајакнување на врските помеѓу поширокиот АКИС, дигитализацијата и постојните советодавни услуги. Пристапот до дигиталната технологија, особено пософистицираните решенија од областа на прецизното земјоделство и други дигитални апликации кои често се дизајнирани за поголемите бизниси е проблематичен за малите и средни стопанства кои не можат да овозможат негова профитабилна употреба. Нивната економија на обем, ограничените знаења за дигиталната технологија и претежно повозрасна категорија на која припаѓаат бара пристап кој одговара на таа состојба. Во минимизирање на дигиталниот јаз и подобро искористување на дигиталните новини ќе се вклучат советодавните услуги кои имаат доволно знаење и пристап до податоците за да помогнат на земјоделци кои не можат да бидат во чекор со новите технологии. Идната улога на советодавните услуги на земјоделството треба да вклучува олеснување на учеството на земјоделците во иновативни проекти за дигитални технологии, како и обезбедување на тековна поддршка на земјоделците да се справат во зголемената важност на дигиталните технологии. Такви би биле користење на поедноставни и бесплатни решенија како open-source дигитални технологии и алатки достапни преку паметните телефони или платформи на кои на почетокот земјоделците ќе разменуваат мислења за идеи за дигитални иновации со цел да се дојде до заедничка и ефективна стратегија за земјоделска дигитализација. За да се максимизираат позитивните придонеси за земјоделството и руралните области што може да ги донесе дигитализацијата, потребен е сеопфатен пристап во комбинирање на поддршка за дигитализација на ниво на земјоделските стопанства и во опкружувачката околина. Постигнувањето на приоритетите во дигитализацијата на земјоделството во следниот период ќе биде стимулирана преку следниов сет на активности: 147  обезбеден целосен пристап до широкопојасен интернет во руралните средини  подобрување на веб-базирани технологии за поддршка на донесување на одлуки кои придонесуваат за систематско следење и оптимизација на процесите, како што е Земјоделскиот пазарен информативен систем (во понатамошниот текст ЗПИС) за цените, ФАДН и други споредбени економски анализи, почвената мапа и агроеколошкото мапирање и др.,  зголемување на пристапот до податоци и транспарентноста на податоците, како и нивната следливост за земјоделците и потрошувачите. Како еден од поважните информации за земјоделците се статусот на исплата на мерките за финансиска поддршка за кој во следниот период ќе се овозможи слободен и едноставен пристап од страна на корисниците кон нивниот личнен профил за поднесени барања за поддршка  подобрување на достапноста на податоци за земјоделските политики што ќе се остварува преку редовна, најмалку квартална комуникација на МЗШВ со земјоделците за најважните промени во поставувањето и спроведувањето на политиките преку лиферување на електронски информативен билтен на е-маил адресата на земјоделците евидентирани во ЕРЗС или социјалните мрежи  воведување на прецизно земјоделско производство и преработка на земјоделски производи базирано на донесување паметни одлуки водени од податоци, роботика / механизација и IoT-решенија за поефикасно користење на ресурсите или воведување на нови системи за управување, што ќе придонесе кон економски поисплатливо производство  поблиска врска помеѓу производителите и потрошувачите преку дигитализација на агро-прехранбениот ланец на пр. користење блок-чеин технологија за зголемување на транспарентноста и следливоста на стандардите за квалитет со обезбедено кофинансирање на инвестициите кај сите учесници во вертикалната интеграција  користење на дигитализацијата како алатка за поддршка на подобар СЗИЗ, особено за размена на знаење, обука и поддршка на советодавни услуги. Веб работилниците се покажаа како брзо и ефтино, но и сигурно средство за пренесување на знаење во услови на санитарна криза предизвикана од КОВИД 19, како и алатки за поддршка на одлуки во советодавните услуги  меѓусебно поврзување и интегрирање на сите јавни податоци од слични области за подобрена јавна достапност на податоците и администрација на постапките. Во таа насока сите расположливи земјишни податоци (графички и алфанумерички атрибути на земјоделските парцели) ќе бидат поставени на една платформа и јавно достапни за корисниците од администрацијата, земјоделците и останатите заинтересирани страни во форма на „Интегриран систем за управување со земјиште“. Сличен пристап ќе се примени и кај Шумарскиот информативен систем  поедноставување на административните постапки спроведени преку веб апликации во делот на поднесување на барање за финансиска поддршка и започнување на постапка за огласување на слободно земјоделско земјиште во државна сопственост за закуп или продажба, итн 148  користење на технологијата за да го подобри производство на овошје и зеленчук користејќи податоци од сензори, cloud-базирани системи за мониторинг и рано предупредување за контрола на штетници и болести  воведување на нови методи за борба против болести кај земјоделските култури со употреба на алгоритми за откривање на болести, промовирање на подобрено знаење за методите на размножување и моделите на дисперзија на земјоделските култури и воведување системи за поддршка на одлуки за борба против некои болести на земјоделските култури  подобрување на ефикасноста на управувањето со наводнување со помош на сензори, како и користење на сензори и анализа на податоци за подобрување на ефикасноста на третманот со ѓубрива заради зачувување на почвата  промовирање и поддршка за користење на практики на електронска трговија, особено во услови на зголемени рестрикции во физичките контакти поради Ковид кризата, но и заради поповолна дистрибуција на вредноста преку намалување на бројот на вклучени посредници и  поддршка на иницијативи за воспоставување платформи за податоци во секторот земјоделство и храна поврзани со спроведување на политиката на уредување на пазарите кои ќе овозможат управување со податоците од пазарите на безбеден и транспарентен начин во рамките на дефинирани групи на учесници составени од деловни оператори, администрација, образовните и научни институциите. Погоренаведените инвестиции во материјални и нематерјални средства ќе бидат предмет на поддршка преку кофинансирање со зголемен интензитет во однос на останатите прифатливи трошоци. Со цел земјоделците да можат да користат дигитални советодавни алатки и ги стекнат потребните медиумски и технички вештини за дигиталната ера, овие области ќе бидат задолжителен дел од активностите на СЗИЗ преку специјални обуки и модули за образование за земјоделците и советниците и посебни советодавни пакети. Во насока на стимулирање на дигитализацијата во земјоделството ќе се реализираат активности за подигнување на свеста и информирање за можностите, пред се во следниве неколку клучни области: прецизно земјоделство, едукација и обука за следната генерација и намалување на бирократијата со употреба на дигитални податоци и решенија. Процесот на дигитализација ќе биде придружен со соодветна примена на регулаторна рамка на стандарди за размена на податоци кои ги штитат сопственоста и приватноста на податоците, истовремено дозволувајќи развој на бизнисот. II.6.5 Систем за задолжителни обуки и едукација во земјоделството Заради подобрување на знаењата и квалификациите на земјоделските производители ќе се воведе систем за континуиран обуки и едукација во земјоделството. Системот ќе опфаќа обуки со утврден број на часови во зависност од типот на земјоделското 149 производство за корисници на определни мерки на државна поддршка како услов за користење на мерките. Корисниците на следниве мерки на обука особено ќе бидат вклучени во системот на задолжителни обуки: започнување на нови бизниси на млади земјоделци, преминување во повисока категорија на земјоделски стопанства според големината на капацитетот, воспоставување и функциoнирање на земјоделски задруги и при спроведување на интеграциони проекти. Обуките ќе бидат задолжителни и за корисници на финансиска поддршка на други таргетирани мерки во области каде е неопходно значајно подигање на нивото на знаење на земјоделците или за проблематики од посложен карактер, како на пример: надминување на состојбите на недоволен квалитет на производите и безбедноста на храната (млекопроизводството и сл), агроеколошките мерки и мерките поврзани со климатските промени. Системот од регионално распределените центри за обука ќе ги вклучува средните стручни училишта, институтите и факултетите кои имаат земјоделски стопанства, и други субјекти кои ќе бидат овластени за спроведување на обуката после исполнување на законски пропишани критериуми. Типот на обуките по центри ќе се дефинира согласно застапеноста на соодветен вид на производство и број на корисници на дадени мерки на поддршка за кои е задолжителна обуката во регионите. Модулите предвидени за различни типови на обуки за земјоделците ќе бидат користени и како дел од системот за неформално образование за дообука, преквалификација и постојано доживотно учење на населението од руралните средини и другото население заинтересирано за почеток на земјоделска дејност. Што се однесува пак до формалното образование, стипендирање на децата на регистрираните земјоделци ќе биде кофинансирано од страна на државата за едукација во земјоделските струки што треба да го осигура континуитетот на земјоделската дејност на стопанствата, но на едно ново подобрено професионално ниво. 150 ДЕЛ III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА НСЗРР 2021-2027 III.1 Координација и управување со спроведувањето на стратегијата Одговорно и управувачко тело за спроведување на НСЗРР 2021-2027 во текот на стратешкиот период е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. МЗШВ на ефикасен, ефективен и правилен начин ќе обезбеди функционирање на систем за управување и контрола на спроведување на стратегијата поставен така што обезбедува јаснo распределување и раздвојување на функциите на министерството и останатите вклучени институции согласно релевантните закони. Министерството ќе ги спроведе сите потребни активности за воспоставување на сепфатен систем за мониторинг и евалуација на спроведувањето и известување за постигнатите резултати согласно пропишаното во точка III.2. Во таа насока министерството ќе прибира, одржува и управува со информации и статистики кои се поврзани со спроведување на стратегијата, а кои се потребни за мониторинг и евалуација на напредокот кон утврдените цели и поставени таргети. Исто така, министерството ќе осигура дека корисниците на политиките и телата вклучени во спроведувањето на интервенциите на политиките се соодветно информирани за своите обврски што произлегуваат од спроведувањето, вклучително и за обврските за обезбедување на податоци заради евидентирање на постигнатите резултати. Покрај наведените обврски, министерството ќе овозможи информирање на потенцијалните корисници и другите економски и социјални партнери и пошироката јавност за содржината на стратегијата, можностите за пристап до финансирањето и напредокот во спроведувањето. III.2. Мониторинг, известување и евалуација на спроведување на стратегијата Спроведувањето и напредокот на стратегијата кон утврдените стратешки и специфични цели ќе биде предмет на редовно следење. Политиката заснована на докази подразбира спроведување на годишна и повеќегодишна проценка врз основа на пакетот на избрани показатели на влијание, резултати и оутпути вклучени во стратегијата со цел да се демонстрира напредокот и да се процени влијанието и ефикасноста на спроведувањето на стратегијата. За таа цел, министерството ќе воспостави рамка за мониторинг и евалуација на перформансите на националната политика. Рамката за следење и евалуација на спроведување на стратегијата ги вклучува следниве елементи:  збир на показатели (индикатори) за контекст, оутпут, резултат и влијание;  целни вредносни утврдени во однос на релевантната специфична цел за индикаторите за резултатите; 151  собирање, чување и размена на податоци;  редовно известување за активностите на работењето, следењето и евалуацијата и  ex-post евалуација и други активности за евалуација поврзани со националната стратегија за да се испита ефективноста, ефикасноста, релевантноста и кохерентноста. МЗШВ како управувачко тело и Комитетот за следење (мониторинг) за спроведување на стратегијата редовно ќе го следат спроведувањето на стратегијата и напредокот направен кон постигнување на целите врз основа на индикаторите за оутпут и резултати. Комитет за мониторинг на спроведувањето на стратегијата е Советот за земјоделство и рурален развој. Подготовката на Годишен извештај за спроведувањето на стартегијата ќе биде клучниот елемент на тековното следење и управување со спроведувањето на политиката. Министерството како управувачко тело до крајот на тековната за минатата година ќе подготвува и доставува до Владата на РС Македонија редовни годишни извештаји за статусот за спроведување на стратегијата кои претходно ќе бидат проследени и дискутирани од страна на Советот за земјоделство и рурален развој. Годишните извештаји ќе се состојат од клучните квалитативни и квантитативни информации за спроведувањето на стратегијата во однос на поставените индикатори и финансиските податоци. Тие исто така ќе вклучуваат информации за реализираните резултати и напредокот во исполнување на поставените цели. Министерството заради појасно следење на реализацијата на активностите од стратегијата, до декември тековната година, ќе подготвува годишни операциони планови за реализација за секоја следна година. Советот за земјоделство и рурален развој во улога на Мониторинг комитет на една од предвидените седници согласно закон, ќе го разгледува постигнатиот напредок во спроведувањето на стратегијата преку постигнувањето на целите, индикаторите и нивните таргети. Советот ќе дискутира околу отворени прашања што влијаат на спроведувањето на стратегијата и за преземените активности во насока на нивно решавање, за наодите од спроведените евалуации за постигнатиот напредок, за потребниот институционален капацитет и за реализацијата на активностите за комуникација и видливост поврзани со стратегијата. За уредување на постапките за следење на спроведувањето на стратегијата, МЗШВ во 2021 година ќе пропише соодветни процедури. Во текот на 2024 година, на половината од периодот на спроведување на стратегијата, ќе биде направена анализа на реализацијата, односно на постигнатите ефекти и резултати од реализираните политики. Врз основа на анализата, по потреба ќе биде ажуриран текстот на стратегијата. Прегледот за постигнувањата на исполнетост на стратешките определби на половината од стратешкиот период заедно со ажурираниот текст на стратегијата треба да се достави на одобрување до Владата на РС Македонија најдоцна до октомври 2024 година. Еx-post евалуација на спроведувањето на стратегијата е планирано да се реализира по завршување на стратешкиот период. Со евалуацијата ќе се проценат ефектите врз основа на индикаторите и целите на стратегијата и ќе се направи детална анализа за 152 степенот до кој стратегијата може да се смета за релевантна, ефективна, ефикасна и кохерентна со другите национални политики. Евалуацијата ќе обезбеди и научени лекции за идентификување на недостатоците и проблемите, односно потенцијалот за понатамошно подобрување на интервенциите со цел да се помогне во максимизирање на нивното идно влијание. Рамката за мониторинг и евалуација на спроведување на стратегијата, известувањето за постигнатите резултати и нејзиното ажурирање на половината од стратешкиот период ќе бидат соодветно уредени како обврска на МЗШВ во Законот за земјоделство и рурален развој најдоцна до крајот на 2023 година. III.3. Програмирање на интервенциите на политиките од стратегијата Транспонирање на долгорочните стратешки цели од Националната стратегија за земјоделство и рурален развој на оперативно, имплементирачко ниво се врши преку Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој за период од пет години и ИПАРД програмата за дел од мерките од политиката за рурален развој кои се финансираат од средствата на инструментот за предпристапна помош на ЕУ. Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој потоа претставува основа за годишното програмирање на мерките на политиките финансирани од националниот буџет кое се спроведуваат преку годишни програми и уредби за финансиска поддршка во земјоделството и за руралниот развој. МЗШВ, Телото за управување за ИПАРД или другите назначени тела ќе ги дефинираат поблиските критериуми за избор на интервенции во консултација со Комитетот за следење на ИПАРД, Советот за земјоделство и постојаните подсекторски групи формирани согласно закон. Критериумите за избраните интервенции, кои ќе бидат дефинирани во повеќегодишните програмски документи ќе имаат за цел да обезбедат еднаков третман на апликантите, подобро користење на финансиските средства и насочување на поддршката во согласност со целта на интервенциите. Во насока на усогласување со стратегијата, Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година која е донесена во периодот на важност на претходниот национален стратешки документ, ќе биде ажурирана во периодот последен квартал од 2020 година – прва половина на 2021 година. Во текот на 2021 година, заради програмирање на финансирањето на мерките поддржани од Инструментот за предпристапна помош на ЕУ ќе се подготви, и до Европската Комисија за акредитација ќе биде доставена, ИПАРД програма за периодот од 2021-2027 година. Целите, мерките, распределбата на финансиските средства и индикаторите за политиките предвидени во стратегијата ќе бидат соодветно и редовно транспонирани на тригодишно ниво при подготовката на стратешките и буџетски планови на вклучените институции. 153 III.4. Институционални аспекти и надлежности III.4.1 Институционален капацитет и ИКТ системи за спроведување на стратегијата Клучниот институционален капацитет за спроведување на модерни земјоделски политики во надлежните институции и соодветните информатичко-комуникациони системи е поставен во изминатиот стратешки период, а врз основа на претходно донесен целокупен сет на релевантната правна регулатива. Приоритетот во следниот период во однос на институционалниот капацитет и релевантните ИКТ-и останува заокружување и интегрирање на одделните елементи. Сепак за дел од политиките кои се на почетокот на нивното воведување согласно националната стратегија, треба да биде обезбеден соодветен институционален капацитет одговорен за нивно спроведување и поддржувачки информациони системи. Такви се пред се: системот за знаење и иновации во земјоделството, политиката за уредување на пазарите со земјоделски производи со соодветните интервенции, агроеколошките мерки, дел од политиките на безбедност на храната, особено во делот на фитосанитарната политика и управувањето со нус-производи, интегрираното управување со земјиштето и со водите. III.4.2 Интегрирани надлежности за земјоделско-прехрамбените политики Заради постигнување на усогласеност и ефикасност на спроведување на земјоделските политики неопходно е да се заокружи и формализира процесот на интегрирање на надлежностите во земјоделскиот и прехранбен сектор во една институција, односно во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова особено се однесува на надлежностите во делот на храната преработката, маркетингот, уредување на пазарите и надворешна трговија со земјоделско-прехранбените производи. Концептот на Заедничката земјоделска политика на ЕУ подразбира интегриран пристап во регулирањето на областите на примарното земјоделско производство и преработката на земјоделските производи (од инпутите, преку производството, преработката и прометот до потрошувачите), односно систем “од земјоделско стопанство до трпеза“. Научените лекции од претходниот период покажуваат дека неинтегрираноста на државните политики за примарното земјоделско производство, преработувачкиот сектор и прометот на земјоделските производи, води до парцијални решенија кои го отежнуваат процесот на доаѓање до консезуални одлуки од заеднички интерест на сите чинители и не помага во надминувањето на еден од главните проблеми во секторот - изразената вертикална дезинтеграција во синџирите на понуда. Оттука се поставува како неопходно интегрирање на одговорностите и надлежностите врз целокупниот синџир на производство на храна и воспоставување на вертикално усогласен концепт во развојот на земјоделско-прехранбениот сектор во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На тој начин и формално ќе се регулира постојната пракса дека поголемиот дел од политиките и 154 инструментите во овие области и сега de facto се програмираат и реализираат преку програмите во надлежност на МЗШВ. Во насока на промена на состојбата потребно е да се направи измена и дополнување на член 21 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот на надлежностите кои ги врши МЗШВ. Покрај ова, во постоечкиот закон не е соодветно рефлектирана и реалноста на надлежностите кои со измена на законите во изминатиот период сега ги спроведува министерството, а кои дел или се во надлежност на други органи на државна управа (заштита на квалитет, уредување на пазарите, преработувачка индустрија, агроекологија итн) или воопшто не постоеле во правната дефиниција како концепт во изминатиот период (рурален развој, агроеколошките мерки). III.4.3 Системи за планирање и следење на политиките - Земјоделски информационен систем Функционалниот Земјоделски информационен систем е неопходeн услов за планирање и следење на спроведувањето на политиките за земјоделство и рурален развој. Потребната правна, информатичка и процедурална основа и соодветни институционални капацитети се воспоставени во изминатиот период и кај добар дел од елементите на системот, во значителна мерка усогласени со европските регулативи. Во Земјоделскиот информациски систем спаѓаат Мрежата за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства, Земјоделскиот пазарен информативен систем и земјоделските статистики. Податоците потребни за анализа и следење на спроведувањето на земјоделската политика од различни релевантни извори ќе се интегрираат во воспоставениот систем на централна база на податоци (Data Warehouse) при МЗШВ. Размената на податоците помеѓу главните институции во системот (МЗШВ, АХВ, АФПЗРР, ДЗС и др) ќе бидат формализирани во меѓусебни договори со дефинирање на обемот и типот на податоците, начинот и фрекфенцијата на размена, меѓу другото имајќи ги во предвид и родово разделени податоци. Мрежа за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства Заради обезбедување на микроекономски технички и сметководствени податоци на ниво на земјоделско стопанство потребни за анализа на економската ситуација во земјоделството е воспоставен функционален национален систем на континуирано истражување од репрезентативен примерок – Македонски ФАДН (ЕУ акроним). Прибирањето и обработката на сметководствени податоци е започнато на почетокот на 2010 година од примерок од 300 земјоделски стопанства дистрибуирани според нивната економска големина и тип на земјоделско производство. Во изминатиот стратешки период воведен е нов софтвер, подобрена е контролата на квалитетот на податоците и нивната примена за политиките. Опфатот и форматот на околу илјада прибрани сметководствени податоци од земјоделските стопанства за потребите на ФАДН се пропишани со нов правилник усогласен со актуелните барања на соодветната ЕУ Регулатива. 155 Во наредниот стратешки период е предвидено постепено зголемување на бројот на земјоделските стопанства вклучени во ФАДН примерокот, од постојните 750 на 1000 1200 стопанства, со што понатамошно ќе се подобри репрезентативноста на примерокот. Зголемувањето на опфатот подразбира вклучување на поголем број на советници во прибирањето на податоците, нивна редовна обука (најмалку еднаш годишно) и зголемување на финансиските средства. Во насока на одржливо функционирање на проширениот ФАДН систем ќе се зајакнат и постојните кадровски капацитети во надлежното одделение. Резултатите пресметани врз основа на податоците од стопанства редовно ќе се презентираат во статистички сет наречен “Стандардни резултати од ФАДН” кои се јавно достапни на веб страницата на МЗШВ. Земјоделски пазарен информативен систем Покрај тоа што се неопходни за редовно следење на состојбата на пазарите на земјоделски производи за креирање на издржани интервенции на политиката, навремените и релевантни пазарни информации треба да ја зајакнат позицијата на производителите на пазарот за донесување на правилни одлуки за купопродажните активности и планирање на производството. Националниот Земјоделски пазарен информативен систем (ЗПИС) опфаќа селектирани групи на производи и репрезентативните пазари од кои репортерите редовно прибираат податоци за тргуваните цени и количини и го доставуваат до одговорното одделение во МЗШВ. Во следниот стратешки период системот ќе продолжи со редовно обезбедување и обработка на информации од пазарите и издавање на извештаји. Со цел подобрување на квалитетот и релевантност на податоците и олесната достапност до корисниците, до 2022 година, ќе се спроведе истражување на целна група од производители, организации на производители и снабдувачи на репро материјали за употребата на податоците од системот во развојот на нивните деловни планови што ќе помогне во изготвување на нови упатства, план за промоција и за обука на корисниците на податоци и репортерите. До 2025 година се планира регионално поврзување со сродните системи на западен Балкан и пошироко, а до 2027 година системот треба да биде компатибилен со ISAMM системот на ЕУ со што ќе се овозможи непречена размена на пазарни податоци и информации со унијата. За поддршка на овие активности се предвидува модернизирање на информатичката подлога на системот. Системот треба да се прилагоди кон процесот на поставување на информатички системи за следење на пазарите заради секторски интервенции согласно политиката за уредување на пазарите и да ги усогласи описот на производите по класи на квалитет согласно спроведените стандарди за минимален квалитет. Земјоделски статистики Формулирањето на соодветни политики базирани на докази и анализи во голема мерка зависи од достапноста и релевантноста на користените податоци. Затоа, како и во изминатиот период, континуираното подобрување на квалитетот на статистиките за 156 растителното и сточарско производство, шумарството, водостопанството, земјоделската трудова и агро-монетарна статистика, вклучително Економските сметки за земјоделството, структурните статистики, како и статистиките за руралните средини, остануваат важна цел од заеднички интерес на сите вклучени институции, пред се на ДЗС и МЗШВ. Во следниот период, ќе се интензивира формалната меѓу-институционална соработка дефинирана согласно заеднички меморандум, која е организирана во рамките на работните групи за четири области на интерест (растително производство, сточарско производство, агромонетарни статистики и структурни истражувања), особено во насока на постигнување на следниве специфични цели:  редовно следење на земјоделските статистики и иницирање на активности за подобрување на нивниот квалитет,  усогласување на веродостојноста на исти податоците од различни извори административни и статистички, како и зголемено користењето на податоците од административните регистри за статистички потреби и каде што е можно усогласување на методологиите,  подобрена размена на статистички податоци помеѓу институциите, особено преку воспоставени онлине платформи и  успешна организација на Пописот на земјоделство и други статистички операции од заеднички интерес. III.5. Финансиски план на НСЗРР 2021-2027 Финансирањето на спроведувањето на националната земјоделска политика во најголем дел се врши со средства обезбедени од Буџетот на РС Македонија алоцирани во буџетите на буџетските корисници кои имаат надлежност во спроведувањето националната земјоделска политика согласно закон, пред се буџетот на АФПЗРР и МЗШВ. Покрај од националниот буџет, финансирањето на националната земјоделска политика се врши и од средствата на Европската унија, врз основа на повеќегодишна програма за користење на финансиските средства од Инструментот за претпристапна помош за развој на земјоделството и руралниот развој од Европската унија - ИПАРД, а во согласност со склучените договори и спогодби со Унијата за користење на инструментите за претпристапна финансиска помош и другите плански документи. Еден дел од средствата за финансирање на земјоделската политика и остварување на стратешките цели од националната стратегија ќе се обезбедуваат и од донаторски проекти и дел од средствата на единиците на локалната самоуправа при кофинансирање на одредени мерки на рурален развој. 157 Табела бр.9 Индикативен финансиски план за државната поддршка во земјоделството и руралниот развој по политики за периодот 2021 2027 година, милиони € Политики и мерки 2021 2022 2023 2024 2025 2026 2027 мил € % мил € % мил € % мил € % мил € % мил € % мил € % Директни плаќања 100 70% 105 64% 105 58% 107 50% 107 50% 108 50% 110 51% Уредување на пазарите 0 0% 1 1% 3 2% 5 2% 7 3% 10 5% 12 6% Рурален развој вкупно 42 30% 56 34% 70 39% 100 47% 96 45% 92 43% 87 40% Рурален развој национален буџет 36.7 26% 45.4 28% 56.7 32% 80.3 37% 76.3 35% 72.3 34% 67.3 31% ИПАРД ЕУ средства 4 3% 8 5% 10 6% 15 7% 15 7% 15 7% 15 7% ИПАРД национално учество 1.3 1% 2.6 2% 3.3 2% 4.7 2% 4.7 2% 4.7 2% 4.7 2% Систем на знаење и иновации 0 0% 1 1% 2 1% 3 1% 5 2% 5 2% 6 3% Вкупна поддршка 142.0 100% 163.0 100% 180.0 100% 215.0 100% 215.0 100% 215.0 100% 215.0 100% Вкупно национален буџет 138.0 155.0 170.0 200.0 200.0 200.0 200.0 158 Финансискиот план за спроведување на политиките во земјоделството и руралниот развој е основа за планирање на годишните буџетски издвојувања и следење на реализацијата. Поради повеќегодишната временска рамка на планирање, финансискиот план на политиките и интервенциите треба да се земе како индикативен со максимално настојување за одржување на планираните пропорции на средства по пооделните политики. Прегледот на дистрибуцијата на финансиските средства наменети за политиките за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година согласно стратегијата, по извори на средства и клучните политики на поддршка се презентирани во Табела број 9. Од податоците во табелите јасен е позитивниот тренд на пораст на фискалните издвојувања за развојот на земјоделството и руралните средини во целина, како и издвојувањата насочени кон политиките на рурален развој во однос на политиките на директни плаќања, а во насока на поизбалансирано меѓусебно учество во поделбата на вкупните средства. Вкупниот износ на средства за поддршка на секторот и руралните области издвоени од националниот буџет и ИПАРД средставата за периодот 2021-2027 година изнесува 1,35 милијарди евра, додека само од националниот буџет износот е 1,26 милијарди. По години издвојувањата е планирано да се зголемуваат од 138 милиони евра во 2020 година на 200 милиони евра во 2024 година и понатаму. Разликата од 82 милион евра е планирана за имплементација на мерките од ИПАРД програмата финансирани од европските предпристапни средства. Процентуалното учество на издвоените средства за структурните интервенции и мерките од политиката на рурален развој во вкупните планирани средства за државна поддршка има континуиран зголемувачки тренд во текот на стратешкиот период, со проектиран таргет од најмалку 35% во 2027 година, која зависно од реализацијата можно е да биде и повисок. Истовремено, учеството на мерките на пазарно-ценовна политика е планирано да се намали од 82% во просек од вкупниот износ на сите мерки на државна поддршка за следниот период на 65% или помалку во 2027 година поради насочување на зголемувањето на средставата кон политиките за рурален развој, уредување на пазарите и Системот за наука и иновации. 159 Прилог број 1 SWOT Анализа ПРЕДНОСТИ СЛАБОСТИ Конкурентност на земјоделскиот сектор, економската одржливост и приход на земјоделските стопанства Долгогодишна традиција во производство на различни примарни производи и преработена храна; Висок природен потенцијал за земјоделско производство и производство на дрвна маса; Расположливо земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се користи во развојни политики; Добар имиџ на македонските земјоделски и прехранбени производи во земјите од регионот; Постоење на здруженија и стопански комори кои се активни чинители за креирање и спроведување на политики за развој претставени преку системот на социјално-економски дијалог (преку постојните подсекторски групи); Достапни образовни капацитети во областа на земјоделството, шумарството и прехранбената индустрија во среднои високо образование; Поставени политики на поддршка во земјоделството и руралниот развој со главни елементи на европската ЗЗП; Генерален интерест за започнување на земјоделска дејност; Дуална структура на земјоделството со голем удел на мали земјоделски стопанства со многу мали просечени производни капацитети по стопанство; Висок степен на парцелизација на земјоделското земјиште и приватно шумско земјиште со ограничен пристап на вода и пат до парцелите; Пониски и нестабилни приходи во земјоделството споредено со приходите во другите економски гранки; Ниско ниво на образование, несоодветни квалификации, деловни и менаџерски вештини на работната сила во земјоделството и руралната популација; Недостаток на сезонска работна сила во земјоделството и стареењето на работната сила во руралните средини; Амортизирана опрема и средства за работа и примена на застарени технологии; Неповолна сортна и расна застапеност; Ниска исполнетост на санитарни и други законски стандарди; Недостаток на сопствен капитал и отежнат пристап до кредити на малите земјоделски стопанства; Слаба интеграција на синџирите за храна и недостиг на вертикална интеграција; Слаба употреба на сертифицирани семенски и саден матерјал и недоволно домашно производство Отпор кон хоризонтално пазарно здружување на земјоделците и останатите чинители; Ниска продуктивност во земјоделството и прехранбената индустрија; Висок удел на земјоделски производи со ниска додадена вредност - необработени или полу-преработени производи во извозната структура на земјоделско прехранбени производи и недоволна диверсификација по извозни дестинации; Неспроведени минимални стандарди за квалитет и недоволна заштита на квалитетот Неразвиен систем за стручна обука во 160 земјоделството,прехранбената индустрија и шумарството и недоволна пристапност до квалитетни советодавни услуги; Слаба интеграција на истражувачките капацитети за развој на земјоделството и шумарството и бавно темпо на иновации во земјоделско - прехранбениот сектор Непостоечка дигитализација и отпор кон примена на информатички технологии Примена на еколошки практики во производството, влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите Поволен агро-еколошкиот потенцијал; Богата биолошка разновидност на автохтон генетски материјал; Разновидна почва и висока природна вредност на обработливото земјиште; Постоење на долгогодишно искуство на примена на традиционални одржливи практики во земјоделството; Генерално ниска употреба на хемиски средства во земјоделското производство споредено со развиените земјоделски земји; Недоволна примена на земјоделски практики кои водат сметка за природната средина и климата; Интензивна урбанизација на земјоделско земјиште; Уништувањето на природните живеалишта преку дренажни, орање, градежни активности и употребата на ѓубрива и хемикалии; Неодржлива употреба на хемикалии во земјоделството во интензивното производство; Ранливост на земјоделското производство и на руралното население зависно од земјоделството на надворешните влијанија кои стануваат подеструктивни поради климатските промени; Неефикасно користење на природните ресурси; Непримена на практики за управување со ризици; Несоодветно користење на водата за наводнување и неефикасни системи со големи загуби на вода; Тренд на деградација на почвата особено под притисок на монокултури; Значителен удел на стари нискостеблените шуми; Висок ризик за оштетување на шумите од природни катастрофи, пред се пожари; Намалување на површини под пасишта и деградација на висински пасишта особено со намалување на бројот на овци и кози; Непостоење на систем за нештетно остранување на остатоци од животинско потекло и отпадоци од растително п-во; Одржлив развој на руралните средини Зачувани рурални заедници со богати историски и културни традиции; Присуството на патна инфраструктура со обезбедениот пристап до населените места во руралните средини; Стареењето на населението, негативен раст на населението и миграција надвор од рурални средини особено на младото и женско население; Недостаток на просторно планирање во 161 Воведени ИКТ технологии кои обезбедуваат можности за подобрување на пристапот до услугите и развој на нови бизниси, особено покриеност со интернет, телевизиски и радио сигнал, Зголемени инвестиции во рурална инфраструктура, вклучително и рехабилитација на училишта и здравствени установи во рурални средини; Поголема отпорност на руралните домаќинства на нагорното движење на цените на прехрамбените производи; Можност за полицентристички развој во поголеми рурални населени места кои ќе обезбедат мигрираното население од помалите места да остане блиску до производните ресурси; руралните средини; Низок образовен статус и отсуство на претприемачки дух кај руралната работна сила; Висока зависност од земјоделство и слаби можности за вработување во неземјоделски сектори; Пониски примања во руралните средини; Присаство на рурална сиромаштија и социјална исклученост особено кај незнемјоделските семејства; Слаб пристап и низок квалитет на основните услуги за населението во руралните средини (училишта, здравствена и социјална заштита, пенетрација на ИКТ, одмор и рекреација); Запоставена или отсуство на основна инфраструктура (патишта, водоснабдување и канализација); Слаб социјален капитал за локален развој МОЖНОСТИ ЗАКАНИ Конкурентност на земјоделскиот сектор, економската одржливост и приход на земјоделските стопанства Нови технологии во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството; Зголемување на приходите и зголемување на домашната побарувачка за земјоделски и прехранбени производи со висок квалитет; Подобрен пристап до пазарите на ЕУ и пенетрација на алтернативни пазари; Зголемување на домашната финансиска поддршка и поддршката на ЕУ за подобрување на конкурентноста на земјоделството, шумарството и прехранбената индустрија; Зголемување на странските инвестиции; Зголемен интерес за основање на задруги и за заеднички маркетинг и пласман; Отварање на нови откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук; Зголемување на инвестициите на поголеми економски субјекти; Губење на специјализирана работна сила во земјоделството и шумарството, поради миграција; Зголемена конкуренција на домашниот и регионалните пазари; Зголемени трошоци за прилагодување кон зголемувањето на квалитетот, безбедноста на храната и стандардите на животната средина; Продолжен пад на цените на земјоделските производи и негативно влијание на земјоделските приходи; Зголемување на трошоци на инпути и намалување на достапно земјоделско земјиште; Зголемена појава на болести кај животните и растенијата; Пролонгирано негативно влијание на КОВИД-19 и можност од појава на други глобални пореметувања на пазарите; Примена на еколошки практики во производството, влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите Зголемување на свеста за животната средина; Нови технологии: за заштеда на енергија и производство на обновлива енергија; Интерес на примена на агро-еколошки практики и органско земјоделско Глобалните климатски промени и ризиците поврзани со природни катастрофи (т.е. поплави, несреќи, пожари, суша); Губење на биолошката разновидност; Зголемување на загадувањето на почвата, водата и воздухот поради 162 производство; Недостаток на еколошки проблеми со воздухот кои се се поизразени во урбаните средини; Производство на енергија од обновливи извори и од отпад од растителното и животинско производство интензивирањето на земјоделството, индустриски активности, транспорт и туризам; Употреба на комерцијални сорти и видови кое доведува до исчезнување на традиционалните и автохтони сорти и раси; Одржлив развој на руралните средини Зголемување на побарувачката за руралниот туризам на домашниот и меѓународниот пазар; Поддршката на ЕУ за диверзификација на економски активности, подобрување на основните услуги во руралните области; Дигитализација и ИКТ кои ги намалуваат разликите во однос на животот во урбаните средини и ја подобруваат атрактивноста на руралните средини особено кои се добро поврзани со поголемите развојни центри во државата. Намалување на руралната популација, особено на младото работноспособно население; Зголемената мобилност на руралната работна сила надвор од државата; Зголемени барања за квалитетот на работната сила за бизниси; Недостаток на средства на руралните општини за инвестирање, особено во помалите населени места; Понатамошно зголемување на диспаритетите помеѓу руралните и урбаните области во економскиот развој, образованието и пристапот до основните услуги и губење на конкрентноста на руралните средини за задржување на младата популација 163 Прилог број 2 Евиденција на спроведени консултации со чинители при подготовка на НСЗРР 2021-2027 година Подсектор / Организација на чинители Датум на консултација Начин на консултација Број на учесници Подсекторски консултации Постојана подсекторска група за цвеќе и украсни дрва 01.10.2020 ДС 5 Постојана подсекторска група за месо 28.10.2020 / 14.12.2020 ДС / ВС 14 / 14 Производители на свинско месо 20.10.2020 ДС 12 Претставници од месо-преработувачка индустрија 21.10.2020 ВС 5 Постојана подсекторска група за млеко 21.10 2020 / 28.10 2020 / 18.12.2020 ДС / ВС / ВС 11 / 12 / 7 Постојана подсекторска група за жита 19.10.2020 ДС 10 Постојана подсекторска група за органско производство 26.10.2020 ВС 10 Постојана подсекторска група за зеленчук 14.12. 2020 ВС 13 Постојана подсекторска група за семе и саден матерјал 25.09.2020 ЕСМК 15 Македонска асоцијација на преработувачи 18.11.2020 ДС 4 Постојана подсекторска група за мед 13.11.2020 / 17.12.2020 / 14.12.2020 / 09.12.2020 ВС / ВС / ЕСМК / ЕСМК 13 / 8 / 6 / 6 Сојуз на одгледувачи на овци 27.10.2020 ДС 20 Сојуз на одгледувачи на овци, кланици, професори 17.12.2020 ДС 15 Постојана подсекторска група за жита 19.10.2020 ДС 8 Постојана подсекторска група за жита, дел производство на ориз 21.10.2020 ДС 8 Постојана подсекторска група за тутун 08.10.2020 20.10.2020 ДС / ДС 12 / 10 Постојана подсекторска група за jajцa 16.10.2020 ДС 7 Постојана подсекторска група за овошје 6.12.2020 ЕСМК 16 Вина од Македонија 20.11.2020 ЕСМК / 164 Стопанска комора на Македонија, „Актуелни состојби и идни насоки за унапредување на земјоделско прехранбениот сектор во РС Македонија“, х. Александар Палас, Скопје 11.11.2020 ДС 50 Консултации со чинители во делот на политиките за рурален развој Македонска асоцијација на земјоделски задруги 20.10.2020 ДС 30 Тиквешки Вински Пат 20.11.2020 ЕСМК Национална Федерација на Фармери 21.11.2020 22.12.2020 ЕСМК Комора на органски производители 21.11.2020 ЕСМК Рурална Коалиција 21.11.2020 ЕСМК Консултации за политика на консолидација на земјоделско земјиште, средба со: со учесници во консолидација 20.10.2020 ДС 5 Национална федерација на фармери 20.10.2020 ВС 3 вршители на работи во консолидација 16.10.2020 ВС 3 со учесници во консолидација 13.10.2020 ВС 2 советодавни служби - АПРЗ 20.10.2020 ВС 3 Вкупно 32 357 Начин на спроведена консултација: ДС – директна средба ВС – средба преку платформите за виртуелни состаноци ЕСМК – консултација со електронско споделување на матерјали и коментирање

National Strategy on agriculture and rural development for the period 2021-2027 · Nelum