跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

National Strategy for Protection and Rescue 2014-2018

颁布于 2014-01-09 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Национална стратегија за заштита и спасување 2014-2018 год.
语言
Macedonian
类型
policy
国家
北马其顿
主题
Land and soil, Water, Waste and hazardous substances, General
关键词
hazards, early warning system, flood, fire management, public health, radiation, pesticides, animal welfare, international cooperation, policy/planning, soil rehabilitation, risk assessment/management, hazardous substances

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 1. ВОВЕД Природните непогоди, ризиците и опасностите од современите технологии и глобалните климатски промени, сé почесто предизвикуваат големи последици по луѓето и животната средина, зафаќајќи простори на повеќе држави, па и континенти. Следствено на тоа, во справувањето со последиците од нив, државите станаа меѓусебно зависни за преземање на заеднички координиран одговор. Од тие причини државите во светот се определија за нов пристап во заштитата и спасувањето, во кој партнерството за градење на посигурен свет базиран на заеднички интерес и споделувањето на одговорноста кон спасување на човечки животи, преку трансфер на технологија и размена на информации и заеднички пристап во активностите на превенција и намалувањето на последиците е приоритет на секоја влада. Владата на Република Македонија безрезервно ги поддржа и се приклучи на овие светски процеси. Заштитата и спасувањето на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна и воена состојба, во Република Македонија се уредени со Законот за заштита и спасување и тоа како единствен систем за заштита и спасување. Системот за заштита и спасување е поврзан процес на последователни и меѓусебно поврзани активности и тоа: превенција, намалување на последиците, подготвеност, одговор и закрепнување, кои се соодветно обработени и застапени во сите сегменти и фази на планирање и одговор на локално, национално, регионално и меѓународно ниво. Вложувањето во превенцијата и подготвеноста, повеќекратно ги намалуваат последиците и средствата потребни за одговор и закрепнување. Во тој контекст, а со цел да се насочат активностите за подобрување на ефикасноста на единствениот систем за заштита и спасување. Ценејќи ги правата и обврските на граѓаните на Република Македонија во однос на заштитата и спасувањето, Ценејќи ја важноста на заштитата и спасувањето како интегрален дел од македонското општество на економски, социјален и културен план, Ценејќи го придонесот на заштитата и спасувањето во економската, културната и социјалната сфера, како и заштитата на животната средина и природното богатство, Истакнувајќи ја важноста на одржливиот развој на ресурсите на заштитата и спасувањето како начин на заштита на државата и државните интереси, Истакнувајќи jа важноста на заштитата и спасувањето во одржувањето на здрав и стабилен живот, Признавајќи го придонесот на заштитата и спасувањето во развојот и стабилноста на руралните подрачја, 1 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Свесна дека сегашното ниво на материјално опремување на субјектите во системот за заштита и спасување не е доволно за ефикасна превенција и одговор, Истакнувајќи ги се позачестените ризици и опасности од природни непогоди и други несреќи кои ја нарушуваат економската стабилност на државата, Ценејќи ја важноста на имплементацијата на сите прифатени обврски со ратификуваните меѓународни договори, како и значењето на билатералната, регионалната и меѓународната соработка во развојот на заштитата и спасувањето, вклучително и прилагодувањето со правилата и директивите на Европската унија, Повторувајќи дека политиката на заштитата и спасувањето е дел од државната политика за одржлив развој на државата, која ќе обезбеди рамка за детално планирање на одговор за справување со опасностите од природни непогоди и други несреќи и можност за побезбеден живот на граѓаните, Нагласувајќи ја потребата за интерактивен и координиран пристап на органите на државната власт и локалните власти во справувањето со опасностите од природни непогоди и други несреќи.

  2. 2. ПЛАНИРАЊЕ И ПОДГОТВУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ Во петгодишниот период за кој се носи Националната стратегија за заштита и спасување приоритет ќе биде подигање на свеста и зголемување на одговорноста на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи и служби, трговските друштва, како и на секој граѓанин на Република Македонија, за исполнувањето на законските обврски за планирање, подготвување и спроведување на мерките за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи. Плановите за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи ќе се ревидираат и трансформираат во практични и конкретни документи, кои даваат јасна порака за постапките кои требa да се извршуваат кај сите субјекти. Следствено на тоа, плановите за заштита и спасување ќе бидат јавни транспарентни плански документи, достапни за секоe правно и физичко лице. Во овој петгодишен период ќе се обезбеди правна основа за усогласување на плановите за заштита и спасување и на други видови на планирање со европските директиви, препораки, стандарди и норми. Плановите за заштита и спасување ќе се подготвуваат како внатрешни и надворешни планови. Севкупниот континуиран, плански и целосообразен развој, односно планирањето на краток, среден и долг рок на системот за заштита и спасување се води и реализира според принципите, нормите и постапките кои важат во системот на планирање, програмирање и буџетирање. Понагласен и синхронизиран приод на сите субјекти од единствениот систем за заштита и спасување, особено на државните органи во оспособувањето на единствениот систем за заштита и спасување и негово интегрирање со колективните системи за заштита и спасување на регионално и меѓународно ниво. Имајќи ги предвид разновидноста на причините на настанување на одреден вид на природни непогоди и други несреќи, како и начините на заштита и спасување од нив, е потребно ревидирање на видовите на мерките за заштита и спасување и воведување на нови поради спецификите на активностите со кои се врши заштитата и спасувањето. 2 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година 2.1. Мерки за заштита и спасување Мерки за заштита и спасување се урбанистичко-технички и хуманитарни и други мерки за заштита и спасување кои се планираат, подготвуваат, организираат и спроведуваат за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи. Урбанистичко-технички мерки се: - засолнување, - заштита и спасување од пожари, експлозии и опасни материи, - заштита и спасување од поплави, - заштита од неексплодирани убојни и други експлозивни материи, - заштита и спасување од урнатини, - заштита и спасување од техничко-технолошки несреќи и - спасување од сообраќајни несреќи. Хуманитарни мерки се: - евакуација, - згрижување на загрозено и настрадано население, - радиолошка, хемиска и биолошка заштита, - прва медицинска помош, - заштита и спасување на животни и производи од животинско потекло, - заштита и спасување на растенија и производи од растително потекло и - санација на теренот. 2.1.1. Мерки за заштита и спасување на кои треба да се даде приоритет во наредниот петгодишен период Опасностите и последиците од некои видови на природни непогоди и други несреќи,техничко-технолошки несреќи и хаварии, по обем, зачестеност на јавување, причинети штети и потребата од почести интервенции со вклучување на скоро сите субјекти од системот и тоа на сите нивоа, се условно еден од критериумите кои ги сместуваат како клучни мерки за заштита и спасување. Тоа не значи дека останатите мерки немаат исто значење и соодветен третман. Во Република Македонија клучни мерки за заштита и спасување на кои треба да им се посвети должно внимание се: Заштита и спасување од пожари Во оваа мерка посебно ќе се организираат и подготвуваат: -заштита и спасување од пожари на отворен простор, особено во шумски комплекси - шумски пожари и - заштита и спасување од пожари во урбани средини - особено во индустриски и станбени комплекси. Заштита и спасување од поплави Во оваа мерка посебно ќе се организираат и подготвуваат: - заштита и спасување од поплави од природни водотеци и - заштита и спасување од поплави од рушење на брани на вештачки акумулации. 3 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Заштита и спасување од неексплодирани убојни и експлозивни средства Оваа мерка има посебни одлики и начини на спроведување поради што е потребно да се трансформира во три субмерки (или посебни мерки), и тоа: - заштита од неексплодирани убојни средства, - заштита од други експлозивни средства и - заштита од експлозии. Радиолошка, хемиска и биолошка заштита Според начинот на организирање на заштитата и спасувањето и посебностите на одделни содржини на оваа мерка, како и видот и обемот на последиците кои ги предизвикуваат, оваа мерка ќе се трансформира во четири нови мерки, и тоа: - заштита и спасување од хемиски контаминации (несреќи), - заштита и спасување од радијациони контаминации (несреќи), - заштита и спасување од биолошки несреќи (епидемии, епизоотии и епифитотии) и - заштита и спасување од нуклеарни инциденти. Спасување од урнатини Разновидни причини кои доведуваат до настанување на урнатини (рушење на објекти, рударски јами, подземни тунели и слично) наметнуваат потреба во оваа мерка да се третира и обработува заштитата и спасувањето како посебни субмерки: - спасување од урнатини предизвикани од земјотреси, - спасување од урнатини предизвикани од техничко-технолошки несреќи, - спасување од урнатини предизвикани од лизгање на земјиште и одрони, - спасување од урнатини предизвикани од терористички напади, - спасување на затрупани во рударски јами и - спасување во тунелски несреќи. Прва медицинска помош Во оваа мерка потребно е посебно да се обработуваат спасувањето и давањето на прва медицинска помош на повредени лица, и тоа: - на отворен простор, - во објекти (станбени згради, тунели, рударски јами, индустриски објекти и слично) и - во простор и објекти кои се контаминирани со РХБ агенси. Асанација на теренот Мерката е специфична и бара соодветно планирање на извршување на субмерки, и тоа: - пронаоѓање и собирање на загинати луѓе, транспорт и закоп во заеднички гробници, - идентификација на загинатите луѓе, - пронаоѓање, собирање и транспорт на загинатите животни и нивно закопување или уништување и - спроведување на хигиено-епидемиолошки мерки. 4 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година 2.2. Образование, оспособување, обука, тренинг и вежби Фундаментално значење за системот на заштитата и спасувањето имаат образованието, оспособувањето и обуката на граѓаните и на припадниците на силите за заштита и спасување за заштита од природни непогоди и други несреќи. Преку нив треба да се обезбеди едуцираност на училишната популација, оспособување на граѓаните за лична и заемна заштита, обучување на силите за заштита и спасување за брзо и ефикасно дејствување, како и оспособување на професионални кадри за определени специјалности од областа на заштитата и спасувањето. Во системот за образование, во годишните програми за работа на училиштата, задолжително се предвидуваат основни теоретски и практични содржини за заштита и спасување од природни и други несреќи, за превенција и заштитата од нив, според карактеристиките на регионот, како и вежби - една до две на ниво на училиште. Оспособување на граѓаните за самозаштита (лична и заемна заштита), а заради спречување, односно намалување на последиците од природни и други несреќи. Оспособувањето на граѓаните за самозаштита (лична и заемна заштита) треба да се врши плански - во организација на единиците на локалната самоуправа. Обучувањето на силите за заштита и спасување опфаќа основна, дополнителна и специјализирана обука, според наставни планови и програми по специјалности. Основната обука ги опфаќа сите припадници на силите за заштита и спасување, по распоредувањето во нивните формациски структури. Дополнителната обука на силите за заштита и спасување се извршува во функција на нивно континуирано кондиционирање и подготвување за извршување на оперативни задачи. Специјализирана обука на силите за заштита и спасување се изведува со одделни формациски состави, заради обучување и усовршување за извршување на оперативни задачи со повисок степен на сложеност. Тренинг со припадниците на силите за заштита и спасување кој се извршува во функција на подигнување на степенот на обученост. Изведување на вежби се врши заради проверка на оспособеноста и подготвеноста на системот за заштита и спасување во целина, или проверка на одделни негови делови. Вежбите можат да бидат од локален, регионален, државен или меѓународен карактер. Центарот за обука е организациона единица во Дирекцијата за заштита и спасување каде што се обучуваат: - командантите и членовите на Главниот штаб и на подрачните штабови за заштита и спасување, - командантите и членовите на општинските - просторните штабови за заштита и спасување, - републички сили за заштита и спасување (тимовите за брз одговор и единици за заштита и спасување), - професионални и доброволни пожарникари и - командниот кадар и силите за заштита и спасување на правните субјекти. По реализирањето на наставните планови и програми се врши проверка на обученоста и оспособеноста за заштита и спасување. Центарот за обука претставува заокружена целина за изведување на обука, тренинг и вежби и стручно оспособување со стандардно опремени кабинети, нагледни средства и полигони. 5 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година 2.3. Сили за заштита и спасување Развојот на силите и спасувањето: - редефинирање на персоналниот и материјалниот состав на силите за заштита и спасување согласно со стандардите на Европската унија , - обучување, оспособување и опремување, на силите за заштита и спасување согласно со стандардите на Европската унија и - усогласување со стандардите на Европската унија на стандардни оперативни процедури за оперативно справување со опасностите и последиците предизвикани од природни непогоди и други несреќи.

  3. 3. УТВРДУВАЊЕ НА СТРАТЕШКИ СРЕДНОРОЧНИ ЦЕЛИ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ 3.1. Состојба во заштитата и спасувањето во Република Македонија Во изминатиот период вложувањето во заштитата и спасувањето беше под реалните потреби, поради што системот за заштита и спасување не е во можност да го следи трендот на развој и осовременување. Ваквите состојби негативно се рефлектираа во спроведувањето на мерките и активностите за спречување на настанувањето на природните непогоди и други несреќи и ефикасно справување со последиците предизвикани од истите. Во рамките на меѓународната соработка во наредниот период на билатерално ниво: - ќе се интензивира потпишувањето на билатерални договори за меѓусебна соработка во случај на природни непогоди и други несреќи со државите од непосредното соседство на Република Македонија. Со државите со кои веќе се ратификувани договорите за меѓусебна соработка ќе се преземат конкретни активности за промоција на превенцијата и подготвеноста за дејствување во вистински ситуации, - ќе се работи на интензивирање на меѓуопштинската соработка во делот на пограничните региони за превенција, рано предупредување и справување со природни непогоди и други несреќи, - во целост ќе се користат можностите за развивање на регионални проекти овозможени со програмата на ИПА за прекугранична соработка во делот на зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина, - воспоставените партнерства на билатерално ниво пред се со Данската агенција за управување со вонредни ситуации, Одделот за цивилна заштита на Италијанската Република и Операцијата Флоријан ќе се искористат максимално за развивање на проекти во делот на унапредување на процесот за процена на ризици од природни катастрофи и други несреќи согласно со стандардите на ЕУ, раното предупредување и обуката на силите за заштита и спасување за оперативно дејствување и - ќе се продолжи со градење на нови партнерства со сродни организации и држави од поблиското и поширокото опкружување. Во делот на регионалната соработка - ќе се продолжи со активно учество во рамките на Иницијативата за превенција и подготвеност од катастрофи во Југоисточна Европа. Учеството во иницијативата ќе овозможи продлабочување на регионалната соработка и натамошно унапредување на регионалните и националните капацитети за превенција и подготвеност за катастрофи, продолжување со активното учество во рамките на Координативниот совет на Југоисточна 6 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Европа за деминирање, пред се, во делот на обуката и развивањето на проекти за чистење на неексплодирани убојни средства од територијата на Република Македонија, - ќе се продолжи со учество и поддршка на активностите во рамките на Советот за цивилно-воено планирање на Југоисточна Европа и - ќе се следи и активно ќе се учествува во веќе започнатиот проект на Светската банка за промоција на осигурувањето на ризици од катастрофи. Овој проект во кој моментално се вклучени Република Македонија, Република Албанија и Република Србија треба да резултира со зголемено користење на осигурувањето и унапредување на моделот за финансирање на заштитата и спасувањето. Соработка со меѓународните организации се имплементира преку соработка со: Обединетите нации - согласно со постоечките можности на Република Македонија и поставените приоритети ќе започне процесот за ИНСАРАГ сертификација на среден тим за урбано трагање и спасување, - согласно со постоечките можности на Република Македонија и поставените приоритети ќе започне процедурата за активно учество во рамките на тимовите за процена и координација при катастрофи на ОН (UNDAC) и - ќе се даде целосен придонес во остварувањето на петте приоритети зацртани со Хјого рамката за акција 2005-2015 и одблизу ќе се следи процесот на нејзиното продолжување по 2015 година. Европската унија - ќе продолжи активното учество во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита, пред се, во делот на обуката на силите за заштита и спасување, промоција на волонтерството и учество во проекти во делот на превенцијата и подготвеноста, - ќе се искористат сите можности што ги нуди Европскиот механизам за усогласување на националното законодавство со стандардите, директивите и насоките што доаѓаат од ЕУ во делот на цивилната заштита, - на Европскиот центар за одговор при катастрофи ќе му биде даден приоритет при операции за давање и прием на меѓународна помош во случај на природни и други катастрофи. За таа цел Република Македонија ќе започне сеопфатен процес за усогласување и хармонизирање на законодавството кое ќе овозможи оптимални услови за олеснет прием на меѓународна помош во државата во случај на потреба, односно координиран пристап при давање на помош, - ќе се работи на поблиско поврзување со научноистражувачките центри и универзитети од ЕУ со домашните во делот на управувањето со ризици од катастрофи и намалувањето на нивните последици и - ќе се воспостави единствениот повикувачки број Е-112. НАТО - продолжување со учеството во работата на Високиот совет за цивилно планирање на вонредни ситуации, пред се во Комитетот за цивилна заштита, - продолжување на соработката со Евроатланскиот координативен центар за одговор при катастрофи и - продолжување на процесот за имплементацијата на Партнерските цели. 7 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Советот на Европа - ќе продолжи учеството во рамките на платформата за соработка меѓу земјите членки на Советот воспоставена во 1987 година со Договорот за опасности, во делот на превенцијата и подготвеноста за одговор при катастрофи. Со оглед на напред изнесеното стратешки интерес на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, каде што и натаму земаме активно учество во соодветните активности. 3.2. Стратешка цел во заштитата и спасувањето е обезбедување одржлив развој на заштитата и спасувањето кое сега и во иднина ќе ги одржува значајните економски, социјални и еколошки функции и ќе обезбедува услови за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани За да ја одржи и унапреди ефикасноста во заштитата и спасувањето за потребите на севкупната национална сигурност од природни непогоди и други несреќи, Владата ќе: - обезбеди законска, институционална и финансиска рамка за имплементација на одржлив развој на заштитата и спасувањето и - обезбеди постојан финансиски механизам кој ќе ја стабилизира состојбата во заштитата и спасувањето. Стратешките среднорочни цели на земјата во заштитата и спасувањето од природни и други несреќи се детерминирани од определбата за интегрирањето во евроатлантските структури, како и од потребата за градењето на ефикасен и рационален систем на заштита и спасување, компатибилен со системите на НАТО и членките на Европската унија. Стратешки среднорочни цели за период 2014 - 2018 година се: - редефинирање на правната уреденост на системот за заштита и спасување во функција на градење на современ и ефикасен национален систем за заштита и спасување кој ќе биде во согласност со стандардите за цивилна заштита на Европската унија и НАТО, - идентификација и имплементација на стандардите на НАТО и Европската унија кои се однесуваат на цивилната заштита, применливи во системот за заштита и спасување на Република Македонија, - интензивирање на учеството на Република Македонија во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и Финансискиот инструмент за цивилна заштита на ЕУ, - нормативно доуредување на соработката меѓу институциите во Република Македонија во смисла на максимално искористување на расположливите ресурси во функција на Системот за заштита и спасување, - подобрување на условите за спроведување на веќе пренесените надлежности на општините во заштитата и спасувањето и создавање на поволни услови за ефективно пренесување на преостанатите надлежности и ресурси, - трансформирање на силите за заштита и спасување во сили компатибилни на силите за цивилна заштита на земјите членки на Европската унија, - обучување, оспособување и опремување на вработените во Дирекцијата за заштита и спасување, како дел од силите за заштита и спасување, во насока на нивна целосна подготвеност за учество, раководење и координација на операциите за справување со опасностите и последиците предизвикани од природни непогоди и други несреќи, - усогласување со стандардите на Европската унија на стандардни оперативни процедури за оперативно справување со опасностите и последиците предизвикани од природни непогоди и други несреќи, 8 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година - утврдување на стандарди на опремата, техничките средства, инсталации, системи и постројки наменети за заштита и спасување, - интензивирање на активностите за целосно пополнување на републичките сили за заштита и спасување, како и формирање на просторните сили за заштита и спасување во општините каде што не се формирани, - целосно опремување на републичките сили за заштита и спасување согласно со утврдениот материјален состав, - утврдување на стандардни оперативни постапки (процедури) во заштитата и спасувањето, според кои субјектите ќе постапуваат во извршувањето на активностите од својата надлежност, - обучување на сите структури на силите за заштита и спасување, - воспоставување, уредување и опремување на командни центри на Главниот штаб и на подрачните штабови за заштита и спасување, - целосно оспособување на Центарот за обука во Скопје и Битола, - создавање на логистички бази на Дирекцијата за заштита и спасување во кои ќе се обезбедат потребната опрема, технички средства, возила и механизација и резерви за потребите на заштитата и спасувањето, - учество на силите за заштита и спасување на меѓународни вежби и во меѓународни операции за заштита и спасување и во отстранување на последиците предизвикани од природни и други несреќи, - организирање и учество на локални, национални и меѓународни вежби, - интензивирање на развој на воздухопловната компонента, - унапредување и развој на системот за единствена евиденција (документирање) на природни непогоди и други несреќи и стандардна аналитичка обработка на податоци во Дирекцијата за заштита и спасување, - воспоставување на системи за рано предупредување и следење на опасностите од природни непогоди и други несреќи и нивно умрежување во функција на брз и ефикасен одговор, - во функција на превенцијата и оперативното дејствување, модернизирање и унапредување на системот за информирање при појава на природни непогоди и други несреќи, - воспоставување на единствен комуникациско-информатички систем за потребите на заштитата и спасувањето со вклучена ГИС компонента, - воспоставување на единствена национална база на податоци за експерти од областа на заштитата и спасувањето, со која ќе управува Дирекцијата за заштита и спасување, - препознавајќи дека катастрофите не познаваат граници, воспоставување, развивање и унапредување на меѓународната соработка темелена на начелата за рамноправност и солидарност, согласно со националните интереси на Република Македонија, со акцент на регионалната соработка, - зајакнување на инспекцискиот надзор, во примената на законските прописи на субјектите од единствениот систем за заштита и спасување, со посебен акцент на подигнување на нивото на опременост со соодветни уреди, инсталации, постројки и средства за заштита од пожари и експлозии, - подигнување на квантитетот и квалитетот на човечките ресурси во организационите единици релевантни за развој на системот за заштита и спасување, - континуирано усовршување на човечките ресурси преку обезбедување на обуки од областа на заштитата и спасувањето, - обезбедување на специфични обуки поврзани со различни сегменти од системот за заштита и спасување, 9 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година - обновување на возниот парк и техничката опременост на територијалните противпожарни единици со специјални противпожарни возила за интервенции на високи објекти, интервенции во услови на несреќи со опасни материи, техничко-технолошки и сообраќајни несреќи и хаварии, како и возила за интервенции на гаснење на пожари на шуми и други отворени простори и - доекипирање на постојните територијални противпожарни единици за достигнување на минималните пропишани стандарди. 3.3. Развој во период од 2014 до 2018 година - развој на мерките за заштита и спасување и интегрален пристап во намалување на последиците од природните непогоди и други несреќи, во мир, вонредна и воена состојба, - унапредување на самозаштитата во секое ранливо подрачје, подигање на институционалните капацитети, како и распоредување и ефикасна употреба на ресурсите, - едукација и тренинг во превенцијата, подготвеноста и намалувањето на последиците, - развој и зајакнување на човечките ресурси и материјалните можности и капацитети за истражување и развој на институции за намалување на опасностите и последиците од природните непогоди и други несреќи, - поврзување на субјектите кои вршат превенција и рано предупредување со цел за намалување на последиците од природни непогоди и други несреќи, - подигнување на свеста на населението во ранливите подрачја за самозаштитата преку понагласено учество на медиумите, - вклучување и активно учество на населението во превенцијата и отстранувањето на последиците од природни непогоди и други несреќи, - зајакнување на мониторингот на опасности и други несреќи за ефикасна процена на ризикот и рано предупредување, - подигање на повисоко рамниште на интегрирани мерки и активности за превенција подготвеност и одговор при појава на природните непогоди и други несреќи, меѓу субјектите во системот за заштита и спасување, - подобрување на координацијата меѓу националните, регионалните и меѓународните истражувачки активности на научните институции со цел за развој и унапредување на системот за заштита и спасување, - ефикасна национална легислатива, - давање на висок приоритет на компатибилноста на информациите и нивна размена за настанати природни непогоди и други несреќи, особено на регионално ниво, преку зајакнување на постојните механизми и употреба на подобри техники за комуникации, - зајакнување и унапредување на меѓународната и регионалната соработка меѓу земјите изложени на ист ризик преку размена на информации, заеднички активности, воспоставување и зајакнување на регионални и меѓународни центри, - вклучување на приватниот сектор во заштитата и спасувањето и - вклучување на здруженија во справувањето со природни непогоди и други несреќи. 3.4. Мерки за спроведување на Стратегијата Активности на локално и национално ниво: - воспоставување на целосна соработка на субјектите во системот за заштита и спасување со цел за намалување на ранливоста на загрозените подрачја и ефикасен одговор, преку доследна примена на плановите за справување со природните непогоди и други несреќи на национално и локално ниво, 10 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година - подготовки за ангажирање на сите расположливи ресурси во спроведување на активностите за справување со природните непогоди и други несреќи, - развивање на методологии и алатки за процена на ризици заради подобро оперативно планирање за заштита и спасување од истите на национално, регионално и меѓународно ниво, - ажурирање на Националниот план за заштита и спасување, - преземање на мерки за зголемување на отпорноста на инфраструктурни објекти од природни непогоди и други несреќи, - зајакнување на улогата и капацитетите на локалните власти во спроведување на заштитата и спасувањето, - зголемена поддршка на невладини организации и нивно активно учество во справувањето со природните непогоди и други несреќи, - планирање и спроведување на превентивни мерки за намалување на опасностите и отстранување на последиците од природните непогоди и други несреќи, - инкорпорирање на развојот на системот за заштита и спасување во стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, - дефинирање на потребите за развој на системот за заштита и спасување преку употреба на искуства од другите земји со цел за зајакнување на националните ресурси, - документирање и аналитичка обработка на податоци на сите природни непогоди и други несреќи, - вградување на економски ефикасни технологии во програмите за намалување на последиците, вклучувајќи ги и системите за прогнозирање и рано предупредување, - воспоставување и имплементирање на едукативни и информативни програми наменети за подигнување на јавната свест и - вклучување на медиумите како значаен фактор за подигнување на свеста, едукацијата и градење на јавното мислење.

  4. 4. ИСТРАЖУВАЧКО-НОРМАТИВНИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ 4.1. Истражувачки проекти - Проект за организирање и спроведување на истражувачка работа од областа на заштитата и спасувањето. Проектот ќе опфаќа евалуација, поддршка, унапредување и развој на системот за заштита и спасување, - Проект за организирање и формирање на издавачка дејност. Со овој проект се очекува да се подобри известувањето на јавноста со активностите на Дирекцијата за заштита и спасување (изработка на билтени, списанија, стручна литература и слично за потребите на заштитата и спасувањето), соработка со средствата за јавно информирање и подигнување на свеста и самозаштитата кај граѓаните и - Проект за формирање на компјутерски центар и примена на методологијата и технологијата за моделирање и симулации од областа на заштитата и спасувањето. Преку овој проект се очекува вградување на нови технологии за модели на однесување на одредени појави, нивно симулирање, дефинирање на разни сценарија, по кои би се изведувале вежби (било да се канцелариски, теренски или комбинирани) на силите за заштита и спасување и можни начини на справување со постојни и идни опасности по луѓето и материјалните добра. 11 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година 4.2. Нормативни проекти - Континуирано усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија од областа на заштитата и спасувањето, - Изменување и дополнување на постојните релевантни закони и подзаконски акти и други прописи и - Изработка на проект за утврдување на нови и унапредување на постојните стандарди и оперативни процедури во сите сегменти од системот за заштита и спасување во Република Македонија во согласност со стандардите на НАТО и Европската унија, ќе овозможи постапки и процедури за ангажирање, оперативно дејствување и командување со силите за заштита и спасување. 4.3. Развојни проекти - Проект за собирање, систематизирање и обработка на документи за употреба на системот за заштита и спасување, - Проект за евалуација на системот за заштита и спасување и планирање, креирање и координација на системот, - Проект за проширување на меѓународна, регионална и билатерална соработка заради обезбедување на други извори на финансиски и материјални средства за развој на заштитата и спасувањето, - Проект за имплементација на партнерските цели, - Проект за подготвување на база на податоци од областа на заштитата и спасувањето и нејзино користење за можни природни непогоди и други несреќи од поголеми размери во Република Македонија и нејзино постојано ажурирање со процена на ризик од постојните загрозувања, - Проект за развој и реализација на основна, дополнителна и специјализирана обука на припадниците на силите на заштита и спасување, - Проект за формирање на компјутерско-информатички и телекомуникациски систем и формирање и имплементација на геоинформациони системи и системи за глобално позиционирање, како и воведување на најнови ГИС технологии, - Проект за соработка и комуникација со министерствата, соодветните државни агенции и самостојни органи на државната управа, единиците на локалната самоуправа и здруженија и организации за развој на системот за заштита и спасување, - Проект за изработка на плански документи за заштита и спасување, - Проект за унапредување и развој на сегментот за специјализирани услуги со воздухоплови и - Проект за зајакнување на материјално-техничките ресурси на Дирекцијата за заштита и спасување.

  5. 5. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДЕЈСТВА, АКТИВНОСТИ И ПОСТАПКИ ОД ПРЕВЕНТИВЕН И ОПЕРАТИВЕН КАРАКТЕР КОИ ГИ СПРОВЕДУВААТ ОРГАНИТЕ НА РЕПУБЛИКАТА, ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, УСТАНОВИ И СЛУЖБИ И ЗДРУЖЕНИЈА Информациите, знаењето, научните достигнувања и некои од технологиите кои се неопходно потребни за намалување на ефектите од природните непогоди, во многу случаи треба да бидат достапни и применливи. Научните достигнувања, технологии и податоци со соодветна обука треба да бидат достапни до сите, како во однос на времето потребно за нивна имплементација, така и во однос на сите загрозени подрачја. 12 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Вклучувањето на локалната самоуправа и нејзиното активно учество треба да се поддржува со цел за постигнување на подетален увид во индивидуалната и колективната перцепција на развојот и ризикот, со јасен пристап кон разбирањето на културните и организациските карактеристики на секое општество. Поддршката и нејзиното активно учество имаат големо значење за определување на оние активности кои ќе ја фаворизираат превенцијата и намалувањето на последиците со цел да се изнајде соодветно и ефикасно значење за намалување на влијанието на природните непогоди и други несреќи. Органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи служби и здруженија, се должни да учествуваат во спроведување на превентивните и оперативните мерки за заштита и спасување, во рамките на нивните надлежности, а согласно со плановите за заштита и спасување, за секоја мерка одделно, и тоа: Евакуација Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за стокови резерви, Црвениот крст на Република Македонија, јавните комунални претпријатија, транспортните претпријатија и претпријатијата за снабдување и хуманитарни здруженија. Згрижување на настраданото и загрозеното население Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и туристичките и угостителските претпријатија. Радиолошка, хемиска и биолошка заштита Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Дирекцијата за радијациона сигурност, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Управа за хидрометеоролошки работи, Ветеринарниот институт, Институтот за земјоделство, Министерството за одбрана, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби. Спасување од урнатини Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Институтот за јавно здравје на Република 13 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Управа за хидрометеоролошки работи, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Министерството за одбрана, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби. Заштита и спасување од поплави Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Управата за хидрометеоролошки работи, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби. Заштита и спасување од пожари, експлозии и опасни материи Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Управата за хидрометеоролошки работи, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија од областа на шумарството и земјоделството, како и националните паркови. Заштита од неексплодирани убојни средства Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерство за здравство, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и единиците на локалната самоуправа. Прва медицинска помош Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за здравство, единиците на локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Министерството за одбрана и Црвениот крст на Република Македонија. Асанација на теренот Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со: Министерството за здравство, Институт за јавно здравје на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, единиците на локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија од различни области и јавните установи и служби. 14 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Засолнување Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, единиците на локалната самоуправа, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и трговските друштва. Заштита и спасување на животни и производи од животинско потекло Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, националните паркови, Ветеринарниот факултет, Институтот за ветеринарство, јавните претпријатија, трговските друштва и единиците на локалната самоуправа. Заштита и спасување на растенија и производи од растително потекло Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Земјоделскиот факултет, Институтот за земјоделство, јавните претпријатија, трговските друштва и единиците на локалната самоуправа. Заштита и спасување од техничко-технолошки несреќи Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и Спасување од сообраќајни несреќи Дирекција за заштита и спасување како носител во соработка со Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Управата за цивилно воздухопловство, Управата за хидрометеоролошки работи, единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија, ЈП Македонски железници - Инфраструктура, Македонски железници - А.Д. Транспорт во државна сопственост, ЈП Македонија пат и ЈП за аеродромски услуги - “Македонија” - Скопје.

  6. 6. ЗАКЛУЧОК Системот за заштита и спасување на Република Македонија е единствен систем кој ќе овозможи оптимална ефикасност на заштитата и спасувањето од природни непогоди и други несреќи, штитејќи ги трајните интереси кои произлегуваат од темелните вредности 15 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година утврдени во Уставот на Република Македонија, како и учество и давање на помош во заштитата и спасувањето на други земји. Правна рамка усогласена со меѓународните прописи и стандарди, ефикасна превенција, подготвени и соодветно опремени сили за заштита и спасување, кои можат да се справат со природните непогоди и други несреќи во секојдневното современо живеење во услови на мир, вонредна и воена состојба. Доследното почитување на одредбите од законите и под законските акти со кои се уредува заштитата и спасувањето од страна на субјектите од единствениот систем за заштита и спасување, ќе обезбеди интегриран и координиран пристап и функционалност на системот. Развојот и унапредувањето на подготвеноста на општините за превентивно и оперативно дејствување и закрепнување од природни непогоди и други несреќи ќе обезбеди ефикасно учество на локалната самоуправа во заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра. Зајакнувањето на инспекцискиот надзор во спроведување на надлежностите од страна на субјектите во системот за заштита и спасување ќе придонесе за зголемување на степенот на подготвеноста на субјектите за превентивно и оперативно дејствување при природни непогоди и други несреќи. За одржлив развој на системот за заштита и спасување потребни се значајни финансиски средства кој во постојниот модел на финансирање и висина на буџетски средства не можат на адекватен начин да одговорат на сите барања на интегрираниот систем за заштита и спасување. Со цел за продолжување и интензивирање на финансиската поддршка, се прават сериозни напори да се обезбеди стабилен систем на финансирање кој ќе овозможи имплементација на оваа стратегија и реализирање на проектите утврдени со неа, во интерес на подигање на квалитетот и организираниот пристап во заштитата и спасувањето. До создавањето на потребните услови за стабилен систем на финансирање, спроведувањето на националната стратегија за заштита и спасување ќе се врши во рамките на одобрените буџетски средства. Поддржана од политичкиот и економскиот систем, заштита и спасувањето организирани на начин предложен со оваа стратегија, ќе овозможи поцелосна заштита на луѓето и животната средина, ќе обезбеди посигурни услови за заштита на населението, намалување на последиците и заштита на вредностите и интересите на државата како со сопствени сили, така и во согласност со глобализацијата на светските интереси и потреби. Националната стратегија за заштита и спасување ќе се имплементира низ акциски план. Истиот ќе ја дефинира деталната реализација на стратешките активности, како и носителите на реализацијата, индикаторите на успешност, временскиот рок за реализација и неопходните финансиски средства. Реализацијата на Националната стратегија ќе се врши со финансиски средства од буџетот. Бидејќи во рамките на интегрираниот систем за заштита и спасување учествуваат сите ресорни државни органи кои имаат обврски да реализираат дел од стратешките цели на оваа стратегија е потребно нивно учество во изработката на акцискиот план за спроведување на стратегијата. Во рамките на соработката со меѓународните партнери можни се планирања на донации и заеднички проекти кои имаат за цел за давање поддршка во реализација на целите на Националната стратегија и активностите од акциониот план. Собранието на Република Македонија: Согледувајќи го во светски рамки забрзаното зголемување на човечките и економските загуби од природни непогоди и други несреќи, 16 од 17 Службен весник на РМ, бр. 6 од 10.01.2014 година Повикувајќи се на одлуката на Генералното собрание на ООН во неговата Резолуција 44/236 од 22.12.1989 година за промовирање на долгорочна глобална акција за спасување на човечки животи и намалување на влијанието од природните катастрофи, Повикувајќи се на, исто така, долгорочната одлука на Генералното собрание на ООН и Резолуцијата 46/182 од 19.12.1991 година за прифаќање на единствен и интегриран пристап за справување со природни непогоди и други несреќи во сите негови аспекти, вклучувајќи ја и превенцијата, Ценејќи дека одржлив економски раст и одржлив развој не се возможни без преземање на соодветни мерки за намалување на загубите од природни непогоди и други несреќи и дека постои тесна врска меѓу загубите и деградирањето на околината, како што е наведено во Агендата 21, Реафирмирајќи го принципот кој ја истакнува потребата меѓународната заедница да дава помош на земјите погодени со природни непогоди и други несреќи кои можат да предизвикаат ненадејни големи последици во тие земји, Одговарајќи на барањето на Генералното собрание на ООН во неговата Резолуција 48/188 од 23.12.1993 година, Прифаќајќи ги препораките од Хјого (Hyogo) акциската рамка 2005-2015 година, Кобе, Јапoнија, Приклучувајќи се на Механизмот за цивила заштита на Европската унија и Финансискиот инструмент за цивилна заштита на Европската унија, Повикувајќи се на принципот за партнерство за изградба на посигурно општество, базирано на заеднички интерес, подеднаква сувереност и поделена одговорност за спасување на човечки животи, заштита на човечките и природните ресурси, екосистемите и културните блага, истиот да го реафирмира со ангажирање на национални, регионални и меѓународни сили, Ги повикува сите субјекти да ги заштитат поединците од физички повреди и трауми, да го заштитат имотот и да обезбедат прогрес и стабилност, признавајќи генерално, дека секоја земја ја сноси примарната одговорност за заштита на своите граѓани (население), инфраструктура и други национални добра од влијанието на природни непогоди и други несреќи и Ја донесува Националната стратегија за заштита и спасување на Република Македонија за периодот 2014-2018 година. Националната стратегија ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“. СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 07-111/1 Претседател 9 јануари 2014 година на Собранието на Република Скопје Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. 17 од 17

National Strategy for Protection and Rescue 2014-2018 · Nelum