跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

National Program for the Development of Agriculture and Rural Development for the period 2023–2027

颁布于 2023-01-10 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој за периодот 2023 – 2027 година.
语言
Macedonian
类型
policy
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development, Livestock, Environment, Food and nutrition, Land and soil, Water
关键词
access-to-information, agricultural development, agricultural land, contract farming, education, farming, financial agricultural measures, gender, good practices, innovation, rural development, subsidy/incentive, tourism, youth, capacity building, registration, animal by-products, animal health, cattle, poultry, sheep/goats, vaccination, animal welfare, pastoralism, animal production, birds, grazing, biodiversity, certification, circular economy, climate change, ecological production/organic production, ecosystem conservation, renewable energy, food loss and waste, food safety and quality, nutrition, pesticides, food security, HACCP, school feeding, traceability, land consolidation, lease, survey/mapping, fertilizers/nutrients, soil conservation/soil improvement, afforestation/reforestation, contracts, drainage/land reclamation, early warning system, water conservation zone, water resources management, water shortage/drought

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 2. Уредување на пазарите, организација на прехрамбениот синџир и подобрување на квалитетот на земјоделските производи 3. Подобрување на условите за живот и за одвивање на економските активности во руралните средини 4. Континуиран пристап до знаењето и инвестирање во човечкиот капитал во земјоделството 5. Комплетирање на функционалноста на системот за безбедност на храната и

  2. 6. Одржливо управување со природни ресурси и ублажување на влијанието на климатските промени на земјоделството.

  3. 1. Реструктурирање и модернизација на земјоделско-прехранбениот сектор Во насока на реструктуирање и модернизацијата на секторот предвидено е понатамошно вложување во подобрувањето на техничко-технолошката опременост на земјоделско-прехранбениот сектор преку кофинансирање на инвестиционите трошоци 2 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година преку националните и ИПАРД средствата за рурален развој. Во примарното производство посебна поддршка ќе се обезбеди за воведување на ефикасни методи на наводнување кај избрани култури. Другите инструменти на политиката кои треба да го подобрат реструктурирањето и модернизацијата на примарното производство се: - реонизација на земјоделското производство со препораки за погодност на типот на производство во одредени производни региони - воведување на мислење за погодност при подигање на повеќегодишни насади со поддршка на државните средства - поддршка за конверзија на непрофитабилното растително земјоделско производство и промена на сортната структура - продолжување и подобрување на мерките на поддршката за домашното производство на семенски и саден материјал - воведување на засилени мерки за подобрување на генетските карактеристики на сточарското производство преку систем за селекција и следење на генетските карактеристики и спроведување на одгледувачките програми на признати одгледувачки организации - пренесување на генетскиот материјал преку ембрио трансфер со што се овозможува и штедење на материјалните средства - воведување на посебни мерки за заживување на алтернативните системи на одгледување на несилки за производство на бројлерско месо и јајца. Во насока на подобрување на старосната структура и подобрување на вработеноста во земјоделското производство ќе се обезбеди поддршка за започнување на нови земјоделски бизниси на млади земјоделци до 100% финансирање на трошоците за поддршка на интегрален инвестиционен проект кој ги вклучува инвестициони мерки за преминување на земјоделските стопанства во повисока развојна категорија со поголеми производни капацитети. За надминување на главниот проблем кој ја спречува конкурентноста (малите и фрагментирани парцели) ќе се започне со интензивно спроведување на проектите на консолидација и окрупнување на земјоделското земјиште по стопанство. Ќе се спроведат мерки за подобрување на пазарот на земјоделско земјиште и ставање во функција на неискористеното земјоделско земјиште. Планирано е и олесување на пренамената на земјиште за постоечките земјоделски бизниси заради проширување на нивното производство. Продолжува силната финансиска поддршка на задругите, но ќе се воспостави и постојан систем за обука на менаџерите и тековна техничка поддршка на иницијативите за формирање на задругите се до нивното редовно функционирање. Ќе се понуди атрактивна правна форма за вршителите на земјоделската дејност – активни семејни земјоделски стопанства која ќе овозможи поголем број од сегашните семејни стопанства да го регулираат правниот статус и со тоа да се намали невработеноста и сивата економија.

  4. 2. Уредување на пазарите, организација на прехранбениот синџир и подобрување на квалитетот на земјоделските производи Во насока на модернизација на физичката постбербена и маркетинг инфраструктура, покрај поддршка на поединечните инвестиции, ќе се реализира и наменски проект за осовременување на маркетинг капацитетите во струмичкиот регион како главен градинарски производен регион. Проектот треба да вклучи поддршка за изградба на 3 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година заеднички откупен дистрибутивен центар за поголем број откупувачи и модернизирање на откупните места по селата. За ова може да биде употребен новиот инструмент државно предфинансирање за големи проекти од подсекторско значење. За подобрување на вертикалната интеграција и подобрување на пазарните односи ќе врши засилен надзор на доследно спроведување на законските одредби за регулирање на откупот и задолжителни договорни односи. За првпат ќе се започне со спроведување на „Интегрирани проекти за зајакнување на синџирот на понуда“ од типот на мерките на рурален развој во кои ќе учествуваат сите учесници во конкретен вертикален ланец на производство – производители и откупувачи. Продолжуваат директни плаќања кои поддржуваат вертикалната интеграција, а ќе се обезбеди и стабилно функционирање на постојните подсекторски групи. Во следниот период ќе се воведат системи за спроведување на минималните стандарди за квалитет на земјоделските производи и тоа: СЕУРОП класификација на полутинки, третман на јајцата од Б класа (со изграда на фабрика за преработка) и минимални стандарди за квалитет на суровото млеко (со редовни анализи на суровото млеко). Заради намалување на негативните влијанија од сезонските пазарни флуктуации (за свинско месо, јајца) ќе се постави систем на уредување и интервенции на пазарите со земјоделски производи опериран од страна на самите субјекти, преку формирани пазарни одбори. Продолжува државната поддршка за операторите за воведување на повисоки стандарди и заштита на квалитетот на земјоделските производи, но и поддршката за национална промоција на квалитетните македонски земјоделско-прехранбени производи (пред се виното, зеленчукот и овошјето) на извозните пазари, особено на недоволно застапените и алтернативните пазари.

  5. 3. Подобрување на условите за живот и за одвивање на економските активности во руралните средини Заради поддршка на приходот од земјоделска дејност продолжува спроведувањето на директните плаќања со воведување на барања за спроведување на добра земјоделска пракса и заштита на животната средина кои корисниците на поддршката задолжително треба да ги исполнат. Овозможувањето на дополнителни приходи за руралното население ќе се поттикнува преку поддршката од мерките за рурален развој за диверсификација на економските активности во руралните средини во други земјоделски и неземјоделски активности (преработка на производи на земјоделските стопанства, рурален туризам, услуги, занетчиство итн). Во насока на подобрување на трошковната структура на земјоделската дејност и обезбедување на повеќе средства за инвестирање, продолжува бенефицираната даночна политика во оданочувањето на приходот дополнително со намалување на ДДВ за добиточната храна и живите животни на 5%. За поддршка на инвестирањето се обезбедува континуитет на субвенционираното рурално кредитирање со поволните услови преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Посебен приоритет претставуваат реновирањето и изградба на руралната инфраструктура за што се очекува да бидат реализирани најмалку 500 инфраструктурни проекти за решавање на приоритетните комунални проблеми на жителите во руралните средини. Најголем дел од предвидените средства за руралната инфрастуктура во износ од по 20 милиони евра годишно е предвиден за изградба и реновирање на хидро- мелиоративната инфраструктура согласно „Планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура за периодот 2015-2025 година“. 4 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година Капиталните инвестиции се однесуваат за рехабилитација и санација на постојните и проширување и изградба на нови системи во водостопанството и одводнувањето како предуслов за земјоделството, остануваат да бидат најзначајната ставка во инвестиционите вложувања, особено во услови на изразени климатски влијанија. Спроведувањето на инвестициите треба да го зголеми учеството на наводнуваното земјоделско земјиште во однос на максимално можната наводнувана површина. Подобрената социјална сигурност на руралното население ќе се обезбеди со бенефицирано регулирање на задолжителните социјални придонеси за земјоделците, а ќе се реализираат и државни инвестиции за изградба на јавна социјална инфраструктура (клубови за млади и стари, културни центри итн.). Подобрување на положбата и улогата на руралната жена и задржување на женското рурално население е планирано да се стимулира со нов инструмент на поддршка за невработени жени во земјоделското стопанство и со подобрување на родовата еднаквост. Во следниот период ќе се направат напори за воведување на позасилени инструменти на политиката наменета за изразито депопулационите рурални подрачја и нивно заживување.

  6. 4. Континуиран пристап до знаењето и инвестирање во човечкиот капитал во земјоделството Без овозможување на континуиран трансфер на знаење за подобрување на човечките ресурси во земјоделството не може да се очекуваат ефикасно спроведување на ниту една од предвидените политики и мерки. Една од клучните цели во следниот период ќе биде воспоставување и одржливо функционирање на ефикасен „Национален советодавен систем во земјоделството“ по европски терк кој се базира на понуда на квалитетни советодавни услуги од проверени сертифицирани даватели, избор на давателот на услугите од страна на земјоделецот и обезбедување на државно-финансирани услуги од страна на приватните даватели. Дополнително ќе се институционализира континуираното неформално образование за земјоделците преку воведување на задолжителни обуки за корисниците на одредени мерки од страна на избрани институции и со поставување на демонстративно-показни стопанства. Истражувањето во земјоделството во приоритетните области за периодот 2023-2027 година ќе биде уредено со посебна повеќегодишна истражувачка програма тековно верификувана преку постојаните подсекторски групи.

  7. 5. Комплетирање на функционалноста на системот за безбедност на храната Системот за безбедност на храната ќе биде заокружен и функционален во обезбедувањето на навремено и ефикасно справување со ризиците по безбедноста на храната за потрошувачите. Подобрената безбедност на храната исто така е важен предуслов за зголемување на конкурентната позиција на земјоделско-прехранбените производи на домашниот и особено на странските пазари. Безбедноста на храната ќе се постигне преку интервенции на политиката во сите специфични области од интегралниот систем на безбедност на храната кој како резултат меѓу другото треба да овозможи: - зголемената безбедност на храната преку редовно спроведување на различните програми за мониторинг - задржување на ниските стапки на заболувања кај животните кои се третираат со програмите за здравствена заштита на животни 5 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година - спроведување на корективни активности за исполнување на стандардите од страна на операторите со храна од животинско потекло согласно индивидуалните планови - воведен систем на пасош на растенија после воспоставениот мониторинг на појава на болести на растенија - воспоставен систем за нештетно отстранување и уништување на отпад и нус- производи од животинско потекло во рамките на функционален систем - подобрена безбедноста на суровото млеко, итн. Целите и насоките од Националната стратегија во делот на безбедноста на храната, поблиску ќе бидат уредени со засебна Стратегија за безбедност на храна и други релевантни стратешки документи на Агенцијата за храна и ветеринарство.

  8. 6. Одржливо управување со природни ресурси и ублажување на влијанието на климатските промени на земјоделството Агроеколошката компонента ќе биде интегрален дел на земјоделското производство на Република Северна Македонија со зголемувачко значење во тековниот стратешки период. Во таа насока, ќе се врши одржливо управување со шумите, како и редовно пошумување и одгледување на пошумени површини со цел унапредување на шумскиот фонд. Националната програма за рурален развој (НПРР) 2021 – 2027 година веќе ги содржи следните мерки поврзани со шумите и шумарството кои треба да се реализираат во следниот плански период:

  9. 1. Одржливо стопанисување со шумите - Инвестирање во редовна и континуирана изградба и одржување на мрежата на шумска патна инфраструктура во државата за подобрување на отвореноста и пристапноста на шумите заради одгледување, заштита, користење и подобрување на условите за развој на туризмот и сточарството. - Унапредување и спроведување на одгледувачки мерки, особено конверзијата од деградирани и неочувани нискостеблени шуми во високо стеблени шуми. - Санација на оштетени шуми - Унапредување на технологијата на производство на шумски сортименти преку дообука на секачите за производство на поквалитетна сотиментна структура, како и стимулација и субвенционирање на претпријатијата кои ќе го преработуваат и финализираат отпадок од сеча - Разграничување на шумите и шумското земјиште од земјиштето со друга намена;

  10. 2. Инвестици во стопанските активности на приватните сопственици на шумите;

  11. 3. Инвестици на приватните капацитети за примарна преработка на дрвото и производи од дрво;

  12. 4. Инвестици во капацитети за преработка на други шумски производи;

  13. 5. Унапредување на технологијата на производство на шумски сортименти преку дообука на секачите за производство на поквалитетна сотиментна структура, како и стимулација и субвенционирање на претпријатијата кои ќе го преработуваат и финализираат овој отпадок од сеча;

  14. 6. Промовирање на процесот на сертификација на дрво и производи од дрво произведени на одржлив начин, проект за изработка на национални стандарди за одржливо управување со шумите според мегународните стандарди (пр. PFC, FSC). Пошироката примена на агроеколошкиот пристап во земјоделско производство во Република Северна Македонија особено ќе се спроведува преку: 6 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година - спроведување на добри земјоделски практики и заштита на животната средина како услов за корисниците на финансиска поддршка и - воведени и спроведени најмалку три нови агроеколошки мерки во програмите за рурален развој кои ќе се финансираат од ИПАРД до 2027 година, вклучително заштитата на биодиверзитетот на автохтоните раси и сорти и органското производство, за кое е потребно да се обезбеди пазарна одржливоста и зголемена препознатливост на домашниот пазар. Мерките на поддршка на инвестициите ќе бидат проширени во насока на ефикасното справување со отпадот од земјоделството, производство и употреба на обновливи извори на енергија во земјоделството, а согласно Третиот национален план за климатски промени ќе се применуваат активни мерки за намалување на влијанието на климатските промени врз земјоделството. За реализацијата на Националната програма за периодот 2023-2027 ќе бидат издвоени околу една милијарда евра од Буџетот на Република Северна Македонија, односно по 200 милиони евра годишно наменети за поддршка на развојот на земјоделството и руралните средини почнувајќи од 2023 година. Издвојувањата од Буџетот на Република Северна Македонија за земјоделството на годишно ниво ќе изнесуваат околу 5%. Со имплементација и интервенциите кои се предвидени во националната земјоделска политика во претстојниот стратешки период 2021-2027 година се очекува да се реализираат следниве стратешки цели и тоа: - Подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехрамбениот сектор, економската одржливост и приходот на земјоделските стопанства, - Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите, - Обезбедување на одржлив развој на руралните средини. Дополнително покрај дефинирање на инструмените на национална земјоделска политика кои произлегуваат директно од Национална стратегија за земјоделсто и рурален развој 2021-2027, мерките и активностите за спроведување на мерките во Националната програма се базираат и на Програмата за работа на Владата. Согласно Програмата, развојот на земјоделството е еден од постулатите на постигнувањето на оддржлив раст во Република Северна Македонија. Приоритет на Владата е зголемување на земјоделските површини, на приносот и квалитетот на земјоделските производи што треба да овозможи поголеми приходи на земјоделските стопанства. Политиката ќе биде насочена и кон зголемување на индустриско-преработувачките капацитети кои ќе бидат извозно ориентирани и ќе создаваат производи со повисока додадена вредност. Поважни задачи во областа на земјоделството се: насочување на земјоделските субвенции кон профитабилни и пазарно-ориентирани земјоделски стопанства; транспарентност на буџетските средства од националните програми; консолидација и окрупнивање на земјоделското земјиште; хоризонтална интеграција на субјектите во земјоделско-прехрамбениот сектор и формирање кооперативи. Во периодот кој следи се предвидени инструменти на поддршка во различни земјоделски гранки кои ќе се реализираат преку следните мерки: - Авансна исплата на директната поддршка во земјоделството: 30% од висината на основните мерки 30 дена по аплицирањето и 70% според календарот на исплата; - Субвенционирање на „Зелена нафта“ до 100%; - Мерки за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи од домашно производство - Грантови до 20.000 евра за млади земјоделци; 7 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година - Поддршка за жените од руралните средини со висина на поддршка од 6.000 евра по корисник; - Формирање на интервентен фонд во програмата за директни плаќања; - Поддршка за набавка на современа механизација, опрема и амбалажа; - Обезбедување на советодавни услуги; - Поддршка за изградба на ладилници, преработувачки капацитети, откупно- дистрибутивни центри; - Поддршка за подигање на долгогодишни насади; - Поддршка при набавка на висококвалитетен педигриран генетски материјал во сточарството, подршка во пренесување на генетскиот материјал преку Ембрио трансфер во сточарството; - Финансиска поддршка за млечни крави под контрола на производните особини; - Поддршка од 10.000 евра за микро претпријатие во руралните средини; - Субвенционирање на плата на нововработен работник во земјоделско стопанство помлад од 25 години. Политиките на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за управување со земјоделско земјиште ќе претставуваат: - Продолжување со процесот на окрупнување (консолидација) на земјоделското земјиште; - Издавање на пасишта под долгогодишен закуп; - Доделување земјоделско земјиште за млади фармери носители на земјоделски стопанства; - Ограничување на големината на земјоделските површини при давање под закуп на државно земјоделско земјиште; - Доделување на државно земјоделско земјиште на сточари; - Основен регистар на земјоделско земјиште за евиденција на податоци; - Земјоделските површини до 3 ха да ги управуваат општините; - Поедноставување на процедурата за легализација на сточарските фарми; - Инклузивен процес за дефинирање на моделот за продажба и закуп на земјоделско земјиште со единствена намена за капитално-интензивно производство на земјоделски производи. Со оваа Национална програма ќе се подобри планирањето на развојот на земјоделството и руралниот развој, ќе се остварат целите на националната земјоделска политика преку планирање, следење и процена на националната земјоделска политика, ќе се подобри соработката и партнерство со социјални и економски партнери од областа на земјоделството, ќе се воведат мерките за уредување и поддршка на земјоделски пазари, ќе се предвидат однапред висината на средствата кај директните плаќања и рурален развој, ќе се воведе државна помош во земјоделството и руралниот развој, ќе се мотивираат земјоделците да се организираат во формите на организирање и здружување во земјоделството и ќе се подобри контролата на спроведување на мерките и надзорот над спроведувањето. III. МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ Мерките од оваа национална програма за развој на земјоделството и рурален развој се групирани согласно поделбата на политиките утврдени во Законот за земјоделство и рурален развој, односно како мерки на: директни плаќања, рурален развој и уредување и поддршка на земјоделските пазари. Во оваа програма се поместени и инструментите и мерките на политиката на поддршка во рибарството и аквакултурата кои во значителен 8 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година дел се дефинирани како мерки од типот на политиката на рурален развој и дел како директни плаќања. Во прегледот се вклучени и соодветните мерки на државна помош согласно глава VII од Законот за земјоделство и рурален развој. Воведувањето на мерките или промените во нивното спроведување, временски е усогласено со потребата за развој на соодветен институционален капацитет и остварување на други предуслови за спроведување на одредени видови на поддршка. IV. МЕРКИ ОД ПОЛИТИКАТА НА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА И АКТИВНОСТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ СО ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД И РОКОВИ Директните плаќања како поддршка на доходот на вршителите на земјоделска дејност кои се реализираат по површина, грло или единица производ продолжуваат да претставуваат значителен стимул на одржливоста на земјоделската дејност и во следниот програмски период. Дополнувањето на доходот на земјоделските стопанства преку директните плаќања во голема мерка ја одредува исплатливоста на земјоделската дејност за најголем дел од подсекторите и претставува елемент на одлука за вршење дејност во земјоделството за значителен дел од учесниците во секорот. Кај подсекторите со компаративни предности директните плаќања треба да овозможат понатамошно искористување на вкупниот расположлив потенцијал за развој, а преку дополнителни директни плаќања за овие производи и ефект на поголема додадена вредност и зајакнување на вертикалната интеграција. Од друга страна кај помалку конкурентните, но значајни земјоделски производи, преку модификација на критериумите на мерките и дополнителната финансиска поддршка кон основните плаќања ќе се стимулира зголемувањето на нивната продуктивност, квалитет и насочување на одгледувањето на ваквите култури од страна на оние стопанства кои можат да обезбедуваат задоволително ниво на профитабилност (вообичаено со оптимални производни капацитети). Дополнителните плаќања се таргетирани кон одредени категории на корисници како што се младите земјоделци, стопанства со зададена минимална и максимална големина, стопанства со регулирана правна форма на делување, професионални одгледувачи на добиток, итн., кои се потенцијално способни за креирање на позначителен развој во секторот. Зголемувањето на износите на поддршка кои се однесуваат на поразвојните категории на земјоделски стопанства треба да обезбеди стимулирање на помалите земјоделски стопанства за преминување во повисока развојна категорија (со поголеми ангажирани капацитети). Одредени промени во мерките се предвидени во насока на зголемување на ефективноста и резултатите од нивното спроведување. Предвидените мерки на директни плаќања генерално се дистрибуирани како мерки на:

  15. 1. Директни плаќања за растително производство,

  16. 2. Директни плаќања за сточарско производство и

  17. 3. Директни плаќања за поддршка на променливи влезни елементи во земјоделското производство. Мерки на директни плаќања за растително и сточарско производство Во рамките на основните две категории на мерки на директни плаќања на растително, односно на сточарското производство, финансиската поддршка е организирана по подмерки на директните плаќања според пристапот на кумулација по вертикална основа и тоа како: основни директни плаќања, и дополнителни директни плаќања, и мерките кои се предвидуваат во Интервентниот фонд. 9 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година Основни директни плаќања Основните директни плаќања по обработлива земјоделска површина или по грло добиток се почетна основа на која се надградуваат останатите дополнителни плаќања независно од политиката на која тие директни плаќања припаѓаат (пазарно-ценовна поддршка, рурален развој или државна помош). По исклучок, за одредени производи како тутунот основните плаќања се директни плаќања попроизведена количина земјоделски производи (премии). Тенденцијата на основните плаќања по површина како најзастапена форма на директни плаќања е развој на плаќања со што е поунифициран износот на поддршката за поголеми групи на култури на ниво на подсектор. Во таа насока треба да се идентификуваат единствени основни плаќања кои би се разликувале по главните три групи на култури и тоа за: поледелски култури, постојани насади и градинарски култури. Ова како чекор кон обезбедување на целосно изедначување на поддршката по единица површина земјоделско земјиште не е поврзана со типот на производство во моментот на пристапување во Европска Унија. Во новиот програмски период се воведува разлика во износите на поддршка за земјоделските стопанства според големината на ангажираните капацитети со цел таргетирање на поддршката кон поразвојните категории на стопанствата и поголемо стимулирање на процесот на реструктуирање на секторот. Така како приоритетни за политиката се дефинирани стопанства со минимални капацитети од втора група и максимални капацитети од трета група од член 70-а од Законот за земјоделство и рурален развој. Дополнителни директни плаќања Дополнителните директни плаќања се шеми на директни плаќања кои се надополнување на износот на основните плаќања како процент од истите или апсолутен износ на средства. Согласно припадноста по политиките, дополнителните плаќања се подмерки од политиките на директни плаќања, на рурален развој или мерки на државна помош во земјоделството. Дополнителните плаќања кои се подмерки од политиките на директни плаќања покрај улогата на поддршка на приходот се доделуваат заради постигнување на одредени конкретни цели на земјоделската политика и насочување на производителите кон: - производство на одреден тип на култури или начин на производство, - зголемување на ангажираните производни капацитети и продуктивноста во производството, - унапредување на вертикалната интеграција и поголема додадена вредност, - професионалнизација во производството дефинирана со големина на стопанството и учество во системите за следење и подобрување на генетските карактеристики и - реструктурирање на производството од аспект на големина на површините или промена на култура, сортен состав на насади итн. Во политиката на рурален развој се вклучени агроеколошките мерки кои се подетално образложени во Дел IV. Покрај мерката на органско производство и дополнителната финансиска поддршка во висина до 15% од основните плаќања како помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, од 2018 година во оваа група се вклучува и поддршката на биодиверзитетот која до 2017 година се доделуваше во рамките на годишната програма за директни плаќања. 10 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година Дополнителни директни плаќања како државна помош согласно членовите 102 и 106 од Законот за земјоделство и рурален развој ќе бидат реализирани во вид на подмерки за: - помош за одделни категории на носители на земјоделско стопанство со кои треба да се стимулира влезот во земјоделскиот сектор или постигнување на формално-правен статус на земјоделските стопанства и - воведување на повисоки стандарди и заштита на квалитетот на земјоделски производи во насока на зголемување пазарната препознатливост и зголемување на додадената вредност на македонските земјоделски производи (исто така поместени во рамките на политиката на рурален развој). Мерка на директни плаќања кои се однесуваат на поддршка на променливи влезни елементи во земјоделското производство Директни плаќања за променливите влезни елементи во земјоделското производство е поддршка која се доделува со цел да се влијае на зголемено домашно производство на инпути во земјоделското производство, пред се саден или семенски материјал, за одгледување на високо-продуктивни грла добиток со следено генетско потекло или постигнување на подобра искористеност на одредени услуги во земјоделството. Мерките за финансиска поддршка за домашното производство на: сертифициран семенски материјал за житни и индустриски култури, на основен и предосновен семенски материјал за жита, за производство на лозов и овошен саден материјал, за производство на сертифициран семенски и посадочен материјал за градинарски производи ќе се применуваат и во следниот програмски период, дел со изменети критериуми и износ на поддршка во насока на подобрена ефикасност, пазарно реализирање или поголемо производство на семенски материјал од прва генерација. Во сточарското производство во оваа група на директните плаќања спаѓа поддршката за производство на еднодневни бројлерски пилиња и јајценосни хибриди. Подгрупата на мерки за поддршка на подобрувањето на услугите обезбедени за земјоделските стопанства, ги вклучува следниве подмерки чија имплементацијата продолжува во следниот период: - поддршка на вештачкото осеменување на говеда, со можност за вклучување и за овците по идентификувана потреба за секторот за добивање на синхронизирано производство на тежински конфекционирано (подготвено) јагне за извоз во Европска Унија, - помош за премии за осигурување на примарното земјоделско производство од природни непогоди и неповолни климатски настани и - помош за окрупнување и заштита на земјоделското земјиште во делот на анализа на физичките и хемиските својства на почвата како основа за примена на принципите на добра земјоделска пракса на почвата. Дополнително, во насока на обезбедување на повеќе расположливи финансиски средства за реализација на инвестиции во подобрување на конкурентноста на земјоделското производство, почнувајќи од 2018 година се воведува нова мерка за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација со која ќе се обезбеди компензација на трошоците за набавеното гориво за земјоделска механизација. Начин на спроведување на мерките на директни плаќања Спроведувањето на мерките од политиката на директни плаќања ќе се одвива: - согласно процедурите на Интегрираниот систем за администрација и контрола (во натамошниот текст: ИСАК) и технички со целосно интегрирано функционирање на сите 11 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година предвидени елементи на системот согласно закон. Тоа значи постигнување на полна интероперабилност помеѓу регистрите и базите на податоци на релевантните институции во администрирање и контрола на мерките на поддршка. Во таа насока сите податоци на ниво на земјоделското стопанство, вклучително и податоците за животните од Регистерот за идентификација и регистрација на животни на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат обезбедувани преку Единствениот регистер на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а поднесувањето на барањата за поддршка ќе се врши на единствена апликациона форма и во зголемен процент по електронски пат; - врз основа на просторно и реално определување на површината која е подобна за исплата на финансиската поддршка определена како графички пресек на обработената површина (СИЗП парцела) и површината со право на користење (катастарската парцела), а после обезбедување на услови за целосна дигитализација на катастарските парцели од страна на Агенцијата за катастар на недвижности и соодветно поврзување меѓу институциите преку веб сервиси; - условено од задолжителното исполнување на стандардите на вкрстена сообразност, односно минималните барања за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина како услов за стекнување со правото за финансиска поддршка. До 2027 година обврската по сите барања од вкрстената сообразност ќе се однесува за сите корисници на финансиска поддршка. Во почетниот период од спроведување на програмата ќе се уреди начинот на утврдување на несообразноста со вкрстената сообразност и висината на процентот на намалување на директните плаќања при утврдена несообразност и одредбите соодветно ќе бидат применети; - со примена на процентуално намалување на износот на висината на директните плаќања прогресивно со зголемување на пријавените капацитети со исклучок на земјоделските подсектори кои стопанисуваат во подрачја со отежнати услови за производство и се од значење за одржливоста на руралните средини поради недостатокот од алтернативи за вработување. - согласно однапред дефиниран „Календар за исплата“ со определена динамика и рокови за исплата на субвенциите согласно потребите на земјоделците за финансирање на различните земјоделски активности. Промена во динамиката на исплата на директните плаќања во насока на нивно континуирано добивање во текот на годината. - со различна висина на износот на финансиска поддршка за различното ниво на квалитет на производот таму каде што е возможно, пред се за млекото после остварување на системски услови за следење на квалитетот на производите при откупот како и за тутунот, почнувајќи од 2023 година. Прегледот на планираната висина на финансиската поддршка по мерките за директни плаќања и начинот на нивно спроведување за периодот 2023-2027 година е претставен во Табела 1. 12 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 13 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 14 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 15 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 16 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 17 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 18 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 19 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 20 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 21 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 22 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 23 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 24 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 25 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 26 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 27 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година V. МЕРКИ ОД ПОЛИТИКАТА НА РУРАЛЕН РАЗВОЈ И АКТИВНОСТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ СО ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД И РОКОВИ Една од стратешките цели кои се утврдени во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021-2027, а се постигнуваат преку годишните програми, е примената на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите. Со оваа стратешка цел ќе се придонесе кон ублажување на климатските промени, соодветно прилагодување кон истите и паралелно со тој процес да се зголеми примената и користењето на одржливи извори на енергија. Се планира преку активни мерки да се поттикне развојот на одржлив начин, преку ефикасно користење на природните ресурси како што се водата, почвата и воздухот и да се придонесе кон заштита на биодиверзитетот, подобрување на услугите на еконосистемот и зачувување на природните живеалкишта и заштитените предели. Климатските промени имаат сериозно влијание на земјоделството во Република Северна Македонија преку намалени приноси, потреба за дополнително наводнување или одводнување и зголемена појава на нетипични болести кај растенијата и животните. Со цел ублажување на климатските промени и прилагодување кон истите, ќе бидат стимулирани практики кои не влијаат на климата преку нивно воведување во барањата за вкрстена сообразност и со зголемен интензитет на кофинансирање на потребните инвестиции. Негативното влијание од промените ќе се ублажува преку поддршка за набавка на заштитна опрема, ефикасни системи за користење на водата, како и ќе се поттикнува промена на сортите соодветни на идниот климатски режим, особено за најчуствителните подсектори. Посебно внимание ќе се обрати на стимулирање на инвестициите за производство на енергија од одржливи извори на самото стопанство и подбрување на енергетската ефикасност. Земјоделците ќе бидат поддржани со соодветни советодавни пакети за правилни практики и обуки за намалување на влијанието од промените. Еден од главните одговори ќе биде реализација на големи капитални инвестиции за рехабилитација на постојните и изградба нови хидросистеми за наводнување и одводнување кои треба ја подобрат регионалната достапност на водата во текот на периодите за наводнување, како и заштитата од поплави. Почвата е најзначајниот природен ресурс и основа за земјоделското производство и од здравата и плодна почва зависи обезбедувањето на доволно храна за населението. Интервенциите на политиката во насока на заштита на почвата од деградација ќе бидат стриктно почитување на барањата од областа на вкрстената сообразност за покривка на почвата, заштита од ерозија, поддршка на инвестиции за прецизно земјоделство со употреба на сензори за оптимална примена на агро-технички мерки и обезбедување на финансиска поддршка за агроеколошки мерки. Прецизното земјоделство кое ја дозира употребата вода и ѓубрива согласно потребите ќе биде промовирано и преку операционите програми на организациите на производители и поддржано од Системот за знаење и иновации во земјоделството преку наменски совети и обуки. Со кофинансирање на плановите на сточарските стопанства за исполнување на условите за заштита на средината и обезбедување на земјиште за дислокација на фармите ќе се намалат ризиците по загадување на ресурсите. Земјоделската активност зависи многу од различните видови на биодиверзитет, но исто така и игра важна улога во зачувувањето на животните средини и видовите кои се наоѓаат на земјоделското земјиште. Интервенциите на политиката кои ќе се превземат кон остварување на поставената цел ќе бидат директни и индиректни. Во првите спаѓа 28 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година финансиската поддршка на зачувување и заштита на автохтоните одгледувачки раси на животни и сорти на растенија и примена на агроеколошки практики релевантни за биодиверзитетот, како и наметнување на обврски на производителите за заштита на биодиверзитетот кои се дел од вкрстената сообразност. Од друга страна, индиректни поволни ефекти ќе се постигнат преку поддршката на сточарските активности кои со ниско-интензивното одгледување на животни преку испаша придонесуваат за заштита на биодиверзитетот. Примената на подобрени агротехнички практики, дигитално земјоделство, природна контрола на како што се прецизно и приноси со помала употреба на вода, ѓубрива и пестициди иновации. Од причина што одржувањето на повеќе различни карактеристики на пејзажот на земјоделско земјиште придонесува за заштита на биодиверзитетот, до крајот на стратешкиот период ќе биде анализирана состојбата и внесени првите карактеристики на пејзажот во националните земјоделски политики. Политиката за рурален развој за периодот од 2023-2027 година ќе се спроведува преку мерките за руален развој претставени во Табела 2. 29 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 30 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 31 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 32 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 33 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 34 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 35 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 36 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 37 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 38 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 39 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 40 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 41 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 42 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 43 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 44 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 45 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 46 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 47 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 48 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година VI.ИНДИКАТИВНА ФИНАНСИСКА РАМКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА Заради остварување на целите на земјоделската политика, Владата на Република Северна Македонија за периодот 2023 – 2027 година има обезбедено финансиски средства со износ од 45.787.149.431 денари. Индикативниот финансиски план го содржи алоцирањето на вкупните финансиски средства потребни за реализација на политиките на поддршка од националната земјоделска политика за период од 2023 – 2027 година кои се обезбедени само од Буџетот на на Република Северна Македонија. Финансискиот план е основа за планирање на тековните буџетски издвојувања и за следење на реализација на програмата за секоја планска година од периодот. Поради повеќегодишната временска рамка на планирање, финансискиот план по мерки на политиките треба да се земе како индикавитвен со настојување да се оддржат планираните пропорции на средства по пооделни политики на поддршка. При спроведување на Националната програма преку едногодишните програми за финансиска поддршка можно е соодветно прилагодување на програмата согласно развојот на актуелните состојби, пред се поради промена на ангажираните производни капацитети или интервенции заради компензација на загубите во приходите на земјоделците поради неповолни пазарни движења. 49 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година 50 од 51 Службен весник на РСМ, бр. 7 од 13.1.2023 година VII. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр. 41-293/2 Претседател на Владата 10 јануари 2023 година на Република Северна Македонија, Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р. 51 од 51

National Program for the Development of Agriculture and Rural Development for the period 2023–2027 · Nelum