跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

National Plan for organic production 2013–2020

颁布于 2013-12 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Национален План за органско производство 2013-2020 година.
语言
Macedonian
类型
policy
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development, Livestock, Food and nutrition, Cultivated plants, Wild species and ecosystems
关键词
policy/planning, ecological production/organic production, sustainable development, sustainable use, research, processing/handling, agricultural development, education, rural employment, labour, certification, cooperative/producer organization, business/industry/corporations, internal trade, international trade
类别
*, agriculture

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО 2013 - 2020 ГОДИНА Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Техничка помош за подготвување на Националниот План е обезбедена од FAO РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО 2013 – 2020 година Скопје, декември 2013 1 СОДРЖИНА страница Хронолошки преглед на процесот на изработка на Националниот план за органско производство за периодот 2013 -2020 година 3 Цел и структура на документот 4 Моментална состојба и макроекономска рамка 5 Историски развој органското производство во Република Македонија 6 Анализа на развојот на органското производство во периодот 2007 2012 8 Преглед на реализацијата на стратешките цели на Националната стратегија со Акционен план за органско земјоделско производство (2008 -2011) 14 Поглавје 1 15 Свот анализа по одделни сектори 15 Растително производство 15 Образование и наука 18 Трговија 21 Репроматеријали 24 Преработка на органски производи 26 Сточарско производство 27 Контрола и сертификација 29 Политика 30 Законодавство 32 Собирање на самоникнати растенија и плодови 32 Анализа на засегнатите страни 36 Поглавје 2 37 Стратегија за органско производство 37 Акциски план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година 39 2 АКРОНИМИ И КРАТЕНКИ ЕУ Европска унија ФАО Организација за храна и земјоделство (на ОН) ИПА Инструмент за претпристапна помош ИПАРД Компонента за рурален развој на Инструментот за претпристапна помош РМ МЗШВ МОН Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за образование и наука СВОТ Анализа на јаки страни, слаби страни, можности и закани СТО Светска трговска организација ФПОПМ Федерација на производители на органски производи на Македонија ИАРМ Институт за акредитација на Република Македонија ЕА Европска организација за акредитација ЕК Европска Комисија АФПЗРР Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој АПРЗ Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството СТ Сертификациски тела ДИЗ Државен инспекторат за земјоделство АХВ Агенција за храна и ветеринарство НПОП Национален план за органско производство ХМС Хидрометеоролошки системи БДП Бруто домашен производ НВО Невладини организации ЈПП Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта 3 Хронолошки преглед на процесот на изработка на Националниот план за органско производство за периодот 2013 -2020 година Техничката помош од страна на ФАО беше одобрена во јуни 2012 година и тогаш се основаше работна група со претставници од МЗШВ и експерти во соодветни области од органското земјоделско производство. Во периодот јуни - август 2012 година се одржаа низа координативни состаноци на членовите на работната група со цел идентификување на потребните активности кои треба да се преземат, распределба на задачите односно деловите кои ќе бидат опфатени, развивање на структурата на документот, преглед на расположливите податоци и документација потребна за ажурирање на стратегијата, како и работа на терен со цел прибирање на соодветни информации. Првата нацрт работна верзија беше подготвена во септември 2012, во која покрај деловите кои беа подготвени од експертите, текстот се дополни и со воведен дел во којшто беше вклучен делот за проценка на моменталната состојба во органското земјоделско производство во Република Македонија, како и преглед на Мониторинг извештајот за спроведување на Националната стратегија за органско производство (2008 - 2011). Во втората половина на месец септември 2012 година се одржа и првата работилница на која учествуваа членовите на работната група, останати вработени во МЗШВ, како и останати вклучени и заинтересирани страни во органско земјоделско производство (земјоделци, претставници на земјоделски здруженија, на универзитетите, итн.). Целта на оваа работилница беше да се размени работната верзија на Националниот план за органско производство со заинтересираните страни и да се забележи нивното мислење за да се подобри содржината на истата. На работилницата се дискутираа мерките, се обезбедија забелешки и мислења и истите, кои беа прифатливи и директно се интегрираа во текстот. По оваа работилница, експертите продолжија со доработка и подобрување на текстот на одделните делови од Националниот план за кои беа одговорни. Во периодот октомври - декември 2012 година се одржаа серија состаноци на членовите на работната група, на коишто се усогласуваше, дискутираше и доработуваше нацрт текстот на документот, а на 29 јануари 2013 година се одржа јавна дебата по нацрт текстот на Националниот план за органско производство. Сите забелешки и сугестии од јавната дебата, како и подоцна писмено доставените коментари беа разгледани и интегрирани во документот до средината на февруари 2013 година. Лекториран и преведен на англиски јазик, вака подготвениот нацрт текст на Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година во месец мај 2013 година се достави до Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија. По 4 добивањето на забелешките од страна на експертите на ФАО беше ревидирана македонската и англиската верзија. Во текот на август/септември 2013 година нацрт Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година беше испратен на мислење до Секретаријатот за законодавство, Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање, како и до Министерството за финансии. На 30 декември 2013 година, на 178-та седница на Владата на Република Македонија, Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија. Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година е поделен во две поглавја. Во Поглавје 1 врз основа на СВОТ анализи во различните земјоделски потсектори е извршена анализа на состојбите на низа одговорности на МЗШВ и другите вклучени страни, додека во Поглавје 2 се наведени стратешките цели за органското производство, поставени се конкретните цели на политиката и одредени се мерките коишто треба да се имплементираат во текот на периодот. Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година се однесува на следните области во органското производство: 1. Производство а. растително производство б. сточарско производство 2. Преработка 3. Трговија 4. Истражување, образование и наука 5. Политика, законска регулатива и контрола 6. Репроматеријали Експертите изготвија СВОТ анализи на одделните области и со нивното елаборирање подготвени се мерки коишто треба да се преземат за реализација на Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година. Акцискиот план содржи конкретни мерки за секоја област, начин на спроведување на секоја мерка, институција или организација којашто ќе ја спроведува мерката, како и временска рамка, односно период во кој планираната мерка треба да се спроведе. 1. Цел и структура на документот 1.1. Цел Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година е инструментот којшто обезбедува основа за понатамошен развој на органското производство во Република Македонија. Воедно во овој Национален план одредени се насоките, активностите и мерките, односно политиките кои ќе ги спроведува МЗШВ за периодот 2013 2020 за идниот развој на органското производство во Република Македонија, а претставува и основа за планирање и реализацијата на финансиската поддршка во овој сектор. 1.2. Структура на документот Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година е поделен во две поглавја. Во Поглавје 1 врз основа на СВОТ анализи во различните земјоделски потсектори е извршена анализа на состојбите на низа одговорности на МЗШВ и другите вклучени страни. 5 Во Поглавје 2 се наведени стратешките цели за органското производство, поставени се конкретните цели на политиката и одредени се мерките кои треба да се имплементираат во текот на периодот. Во Акцискиот план за органско производство утврдени се областите на интервенција, мерките, начинот на спроведување на мерките и временската рамка за нивна реализација. 2. Моментална состојба и макроекономска рамка а) Земјоделска политика Во 2007 година Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за земјоделство и рурален развој во којашто се утврдени принципи на политиките за поддршка и мерките коишто се прилагодени на очекуваните промени во законодавството, институциите и во контролните системи. Во стратегијата е дефинирана стратешка цела како основа за развој на земјоделскиот и рурален сектор во Република Македонија во периодот 2007 - 2013 која гласи: „да се зајакне земјоделството за да може да биде конкурентно на интегрираните регионални пазари на Европската Унија и Југоисточна Европа преку мерки за зголемување на ефикасноста на земјоделското производство, обработка и пласман и да се изградат соодветни ефективни јавни и приватни институции; да се подобрат приходите на фармата; да се осигури дека потрошувачите имаат пристап до безбедна, здрава храна; да се оптимизира користа од лимитирана почва, шума и водени ресурси, на начин соодветен на околината; и да изградат витални рурални заедници преку одржлив рурален развој.“ б) Закон за земјоделство и рурален развој Во 2007 година е донесен Законот за земјоделство и рурален развој и преставува основен хоризонтален акт со којшто се регулираат областите кои се однесуваат на планирањето и спроведувањето на земјоделската и политиката за рурален развој, како и другите аспекти на земјоделската и руралната политика. Со изменети и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој во 2010 година дополнително се усогласија и интегрираа принципите за програмирање, следење и спроведување на политиката на Република Македонија за земјоделство и рурален развој со европската заедничка земјоделска политика. Во Законот се вклучени одредби за програмирање и спроведување на политиката за државна помош, како и одредби за спроведување на мерките за рурален развој. в) Национална стратегија за органско земјоделско производство (2008 - 2011) Во 2007 година Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за органско земјоделско производство (2008 - 2011) поставувајќи ги основите за воведување и развој на органското земјоделско производство. Оваа стратегија е пропратена со Акциски план со мерки и активности за реализација на стратегијата коишто во голем дел досега се веќе реализирани. г) Закон за органско земјоделско производство усогласен со одредбите на Регулативата на Советот на ЕУ бр. 834/2007 и Регулативата на Комисијата бр. 889/2008 стапи на сила и се применува од 01.01.2010 година. Со Законот за органско земјоделско производство беа донесени поголем број на подзаконски акти во текот на 2010 година, коишто ја регулираат 6 областа на производство, преработката, означувањето на органските производи, овластување и сертификација, како и системите за контрола. Голем дел од подзаконските акти се преземени од листите содржани во Регулативата на Комисијата бр. 889/2008 и тоа: листа на ѓубрива и средства за подобрување на својствата на почвата, листа на средства за заштита на растенијата, листа на состојки коишто не биле произведени според принципите на органското производство, листа на средства за чистење и дезинфекција, листата на крмни суровини, листата на додатоци во добиточната храна и други материи коишто се користат во исхраната на животните, листата на производи и супстанции които се користат во процесот на производство на органски преработена храна. Покрај ова, продолжува континуираната реализација на мерките за финансиска поддршка пропишани во Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а обезбедени од Буџетот на Република Македонија во делот за финансиска поддршка за поттикнување и развој на органското производство. 3. Историски развој органското производство во Република Македонија 1997 година - најголемата фармацевтска компанија во Република Македонија излезе на домашниот пазар со неколку видови органски чаеви направени од собрани самоникнати растенија. 1998 година - 4-5 земјоделци од Охрид, Куманово и Струмица ги започнаа првите органски земјоделски активности во Република Македонија – тие произведуваа храна според начелата на органско производство за однапред познати купувачи. 1999 година - се обезбеди иницијална експертиза за воспоставување на нацрт законска основа за органското производство. 2000 година - кон крајот на 2000 година беше завршен првиот нацрт на Законот за органско производство во консултација со европски експерти за органско производство. 2001 година: Владата го усвои нацрт - законот за органско производство и истиот е доставен во парламентарна процедура; се основаа првите здруженија на органски производители; започна проектот за поддршка на „Локални иницијативи кон органско земјоделство“, како дел од Програмата за поддршка на еколошките невладини организации. 2002 година: организирана е воведната работилница за значењето на здруженијата за органско производство и нивното обединување во национален сојуз; промовирана регионална соработка во органското земјоделство преку неколку работилници со наслов „Промоција на органското земјоделство на Балканот“ за периодот 2002-2005 година. 2003 година: како резултат на успешното привршување на гореспоменатиот еколошки проект „Локални иницијативи кон органско земјоделство“ беше донесена одлука да се започне со нов проект којшто ќе биде целосно посветен на развојот на органското земјоделство; започна прекугранична соработка во органското земјоделство со Бугарија, Хрватска, Грција и Швајцарија, и тоа во областа на образование и обука, студиски посети, издавање брошури и сл.; инспектирани се првите 13 органски фарми. 2004 година: Собранието го усвои Законот за органско земјоделско производство во април 2004 година 7 (Службен весник бр. 16/2004), врз основа на којшто беше потребно усвојување на 12 подзаконски акти; во декември 2004 година се усвои првиот подзаконски акт со кој се основа Советодавна координативна комисија за органско земјоделство. Задачата на оваа комисија е да го поддржува МЗШВ во развојот и спроведувањето на политиката за органско земјоделство и сродните активности; организирана е обука за контрола на органското земјоделско производство согласно Регулативата на ЕУ бр. 2092/91. 2005 година: во март 2005 година се усвои вториот подзаконски акт, Програмата за поттикнување на развојот на органското земјоделство и којашто се реализираше истата година. Програмата додели средства за поддршка на 50 сертифицирани органски земјоделци врз основа на земја во преод, трошоци за контрола и сертификација и лабораториски анализи; службите во рамките на Државниот земјоделски инспекторат од МЗШВ се обучуваа за следење и надгледување на органското производство; во Охрид се одржа четвртото Генерално собрание на IFOAM ABM (медитеранскиот огранок на IFOAM) и првата Меѓународна конференција за плодноста на почвата и диверзитетот на медитеранските агроекосистеми. Околу 140 учесници од 20 медитерански земји имаа прилика да разменат искуства и да ги претстават своите тековни и идни активности од областа на органското производство; отпечатена монографија и насоки за „Одржливо искористување на лековити и ароматични билки според начелата на органско производство“ и се организираа обуки за јавните претпријатија и надлежните служби од националните паркови; телото за контрола и сертификација на органско производство „Балкан Биосерт“ од Пловдив, Бугарија, отвори своја подружница во Скопје. 2006 година: во јуни 2006 година се усвоија уште три подзаконски акти со коишто се регулираат стандардите за органско земјоделско производство (растително производство, животинско производство, преработка (Службен весник бр. 60/2006); организирани обуки за советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството за процедурирање на апликациите за користење на органската програмата; организирана е почетна работилница со учество на сите засегнати страни, како дел од изработката на НСАП, со цел анализа на состојбата, утврдување на слабите и јаките страни, како и потребите за идниот развој на органскиот земјоделски сектор; регистриран е Националниот сојуз на здруженија на производители на органски производи „Биосан“. 2007 година: донесени се сите подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за органско земјоделско производство со што се заокружи целокупната национална законска регулатива; контролното/сертификациско тело „Балкан Биосерт“ доби овластување од МЗШВ за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство во Република Македонија; во рамките на соработката на МЗШВ и Меѓународниот центар за напредни земјоделски студии ИАМБ од Италија и проектот „Био 84“ спроведена е обука на технички експерти во поддршка на органското земјоделство и руралниот развој во земјите на Југоисточна Европа и беа објавени првите 10 водичи за органско производство. 2008 година: 8 започнати се активности за изработка на нов Закон за органско земјоделско производство усогласен со новата ЕУ Регулатива 834/2007 и 889/2008; одржана е првата Национална манифестација за промоција на органската храна „Ден на органското производство“ која продолжи во континуитет да се одржува и во наредните години; формирана е Федерација на производители на органски производи на Република Македонија (ФПОПМ) како Национална организација која ги обединува и координира регионалните здруженија на органски производители. 2009 година: усвоен е нов Закон за органско земјоделско производство (Службен весник бр. 146/2009); МЗШВ го овласти второто контролно/сертификациско тело „Про Церт“ за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство во Република Македонија. 2010 година: усовени се подзаконските акти кои произлегуваат од новиот Закон за органско земјоделско производство (Службен весник бр. 162/2010 и 163/2010); МЗШВ за прв пат спроведе Национална кампања за промоција за органското земјоделско производство. 2011 година: за поефикасна примена, со цел да се даде можност одредени неправилности да се коригираат преку едукација на субјектите и измена на казнената политика, изменет е и дополнет Законот за органско земјоделско производство (Сл. Весник на РМ, бр. 53/2011). 4. Анализа на развојот на органското производство во периодот 2007-2012 Развојот на органското производство продолжува со континуитет на зголемување. Во системот на органското земјоделство се вклучуваат сé повеќе субјекти, а исто така се прошируваат и производните капацитети. Во последните години се забележува тренд на пораст во органското производство, како во обработливите површини сертифицирани за органско производство (Табела 1), така и во бројот на субјекти (Графикон 1). 9 Табела 1: Сертифицирани обработливи површини Извор: МЗШВ, 2013 Графикон 1: Број на субјекти во органското производство Извор: МЗШВ, 2013 Во Табела 2 е претставена состојбата во растителното и сточарското органско производство во период 2010 – 2012 година. Од табелата може да се забележи дека најголемо учество во растителното органско производство имаат житните култури, а по нив следат фуражните култури, овошјето, лозјето и градинарските култури коишто учествуваат со по околу 4-6% во вкупното органско производство, а маслодајните и индустриските култури со по 1%. Во сточарското органско производство, водечка гранка е овчарството (95% од органското производство). Козарството и говедарството учествуваат со по 2-3% во сточарското органско производство. година вкупно сертифицирана производна површина во ха 2006 509,42 2007 714,47 2008 1.029,00 2009 1.373,83 2010 5.228,00 2011 6.580,92 2012 4.663,08 10 Табела 2: Растително и сточарско органско производство (2010, 2011, 2012 година) растително органско производство/ха 2010 година 2011 година 2012 година вид/култура во преод органско вкупно во преод органско вкупно во преод органско вкупно житни 2.723,7 276,1 2.999,8 3.292,38 378,03 3.670,41 1.345,12 899,24 2.244,36 фуражни 848,9 145,7 994,6 724,48 260,76 985,24 435,87 552,13 988 индустриски 32,1 / 32,1 32,73 4,89 37,62 17,34 15,19 32,53 маслодајни 40,7 6,7 47,4 149,9 9,26 159,16 86,33 73,42 159,75 овошни 165,9 168,3 334,2 764,25 206,87 971,12 424,12 78,78 502,9 лозови 223,6 20,7 244,3 11,07 29,67 40,74 80,27 46,5 126,77 градинарски 164,2 35,7 199,9 192,67 70,54 263,21 111,52 46,16 157,68 угар 306,4 66,3 372,7 406,18 47,24 453,42 316,45 134,64 451,09 сточарско органско производство/ бр. вид животно во преод органско вкупно во преод органско вкупно во преод органско вкупно говеда 2.522 37 2.559 3.810 1.411 5.221 712 1.981 2.693 овци 92.523 6.275 98.798 63.670 50.234 113.904 28.160 45.551 73.711 кози 2.470 578 3.048 2.084 3.049 5.133 412 2.605 3.017 Извор: МЗШВ, 2013 Одделно во Графикон 2 е претставен вкупниот број на пчелни семејства во периодот од 2005 – 2012 година. Графикон 2: Број на пчелни семејства Извор: МЗШВ, 2013 11 Како резултат на зголемувањето на производните капацитети и бројот на земјоделци коишто се вклучуваат во системот на органско производство, како и целосната имплементација на проектираните средства во изминатите години, од година во година се зголемува и финансиската поддршка на органското производство која е претставена во Графикон 3. Графикон 3: Висина на финансиска поддршка на органско земјоделство, 2007-2012 година Извор: МЗШВ, 2012 Стручната контрола и сертификацијата на органското производство е делегирана на две контролни/сертификациски тела Балкан Биосерт и Про Церт, коишто се овластени од страна на МЗШВ. Овие контролни/сертификациски тела стручната контрола и сертификација ја вршат во согласност со стандардот МКС EN 45011 (Општи барања за телата кои работата со системите за сертификација на производи). Потврдата дека контролните/сертификациски тела работат согласно овој стандард ја дава Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) низ процесот на акредитација. ИАРМ е полноправен член на Европската организација за Акредитација (ЕА), а од 2012 година стана потписник на Договорот за взаемно признавање на сертификатите за акредитација (EA-MLA) со Европската организација за акредитација. Склучувањето на Договорот значи дека издадените документи од македонските акредитирани тела за оцена на сообразност (лаборатории за тестирање и калибрација, инспекциски и сертификациски тела за сертификација на производи) ќе се признаваат во Европа и пошироко. Целосната контрола и супервизија во системот на органско производство се врши од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Исто така, секој субјект кој аплицира за финансиска поддршка во органското производство подлежи на контрола од страна Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР). Со цел подигање на националната свест за вредноста на органската храна, како и промоција на новата национална ознака за органски производ, во текот на 2010 година, МЗШВ започна со реализација на национална кампања за подигање на свеста на потрошувачите за органската храна. Врз основа на реализацијата на кампањата, односно укажаните потреби за дополнително подигнување на свеста и информираноста во однос на органското земјоделско производство, МЗШВ во соработка со Федерацијата на производители на органски производи на Република Македонија (ФПОПМ) на принципот на јавно - приватно партнерство, изработи интернет страница преку која може да се добијат дополнителни информации и податоци за производителите со цел да се олесни пристапот на потрошувачите до сертифицирани органски производи (www. organicmacedonia.org.mk). 12 Неопходно е кампањата да продолжи и во наредниот период и да се одвива континуирано со вклучување на нови медиумски алатки, сé со цел постигнување на задоволително ниво на препознавање, потрошувачка на органската храна, а со тоа и поголема мотивација на органските производители за зголемување на нивните производни капацитети и мотивација за трговците за продажба на органска храна. Во реализацијата на мерките и активностите поврзани со органското земјоделско производство покрај Државенот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и акредитираните и овластени контролни/сертификациски тела за стручна контрола, учествуваат и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Институтот за акредитација на РМ, Институтот за стандардизација на РМ, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Факултетите за земјоделство, ЈНУ Земјоделски Институти, како и Федерацијата на производители на органски производи на Република Македонија. Законот за органско земјоделско производство (Сл. Весник на РМ, бр. 146/09) предвиде донесување на правилници со коишто се уредуваат поблиските правила и постапки во органското земјоделско производство. Во текот на 2010 година беа донесени подзаконските акти (Сл. Весник на РМ, бр. 162/10 и 163/10) коишто дополнително ги уредуваат основните принципи на органското производство, дозволените средства кои се употребуваат, како и начините за управување, следење и контрола на органското земјоделско производство. Со донесувањето на подзаконските акти се постигна усогласување на националното законодавство во областа на органското производство со Европската регулатива бр. 834/2007 и Европската регулатива бр. 889/2008. Донесени се следните правилници и листи: 1. Правилник за начинот и постапката за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 2. Правилник за начинот на издавање на овластувањата на контролни/сертификациски тела за вршење на стручна контрола и стручни научни установи или други правни лица за вршење на анализи и суперанализи во органското земјоделско производство, потребната документација, формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 3. Правилник за формата, содржината и бојата на националната ознака за органски производ и националната ознака за органски производ во преод (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 4. Правилник за постапките за производство на органски преработена храна (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 5. Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденциите и базите на податоци за субјектите и органски семенски и саден материјал (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 6. Правилник за формата и содржината на годишниот извештај (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 7. Правилник за правилата и постапувањата во пчеларството (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 8. Правилник за правила и постапки за растително органско производство (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 9. Правилник за постапките за собирање, пакување, превоз и складирање на органски производи (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 10. Правилник за постапките за одгледување, минимум површините за сместување на различни видови животни и максимален број на животни по хектар (Сл. Весник на РМ, бр. 162/10); 11. Листа на ѓубриња и средства за подобрување на својствата на почвата (Сл. Весник на РМ, бр. 162/10); 13 12. Листа на крмни суровини (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 13. Листа на додатоци во добиточната храна и други материи коишто се користат во исхраната на животните (Сл. Весник на РМ, бр. 162/10); 14. Листа на средства за чистење и дезинфекција (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 15. Листа на производи и супстанции кои се користат во процесот на производство на органски преработена храна (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10); 16. Листа на состојки коишто не биле произведени според принципите на органското земјоделство (Сл. Весник на РМ, бр. 162/10); 17. Листа на производи за заштита на растенијата (Сл. Весник на РМ, бр. 163/10). Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство во април 2011 година (Службен весник на РМ бр. 53/11) предвидува дополнително усогласување со Европските регулативи бр. 834/2007 и 889/2008, односно интегрирање на правилата и постапките предвидени во Европската регулатива бр. 1235/2008 кои се однесуваат на увоз на органски производи од трети земји во националната правна рамка, како и на Регулативата бр. 710/2009 за утврдување на детални правила за органско производство на животни од аквакултурата, преку донесување на три правилника и тоа: Правила за правилата за одгледување на водни животни, Правилник за формата, содржината и образецот на сертификатот дека производот, процесот на производство, подготовката или пуштањето во промет е во согласност со правилата и постапките од Законот, како и на евиденцијата којашто ја водат субјектите и Правилник за формата, содржината и образецот на сертификатот за сообразност на производството на органски производи со земјата увозник, начинот на издавањето како и придружна документација која ја придружува пратката со производи од органско потекло. Во насока на зајакнување на капацитетите на МЗШВ, во рамките на претпристапната помош на ЕУ за 2009 година, 1 - ва Компонента (IPA - TAIB) во следниот период ќе се реализира првиот Твининг проект во областа на земјоделството за институционално зајакнување за спроведување на новата законска рамка за органско производство. 14 5. Преглед на реализацијата на стратешките цели на Националната стратегија со Акционен план за органско земјоделско производство (2008 -2011): 5.1. Главни стратешки цели од Националната стратегија со Акционен план за органско земјоделско производство (2008 - 2011) 1. До 2011 година органското обработливо земјиште да има удел од 2% во вкупното обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија; 2. Површините за сертифицирани за собирање на самоникнати растенија и плодови ќe имаат удел од 5% во вкупните површини во Република Македонија; 3. До 2011 година мнозинството потрошувачи во Република Македонија да знаат што претставува органско земјоделство и да се создаде домашна побарувачка од органски производи; 4. До 2011 година да се воспостават стабилни извозни врски. 5.2. Остварување на главните стратешки цели 1. До 2011 година органското обработливо земјиште има удел од 1,29 % во вкупното обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија, односно изнесува 6.580,92 ха. Вкупното обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија 2011 година изнесува 511.000 ха. 2. Површините сертифицирни за собирање на самоникнати видови се зголемуваа во изминатите години и изнесуваат околу 250.000 ха. Со оглед на тоа дека собирањето на самоникнати растенија и плодови се одвива на пасишта, ливади и шуми, а голем дел од овие површини не се воведени во катастарската евиденција оваа бројка не може прецизно да се одреди. Исто така, за собирањето на самоникнати растенија и плодови од редовното производство на ниво на државата не постои база на податоци, односно евиденција, па според тоа не може ни да се пресметаат вкупните површини сертифицирни за собирање на самоникнати растенија и плодови. 3. Сé поголем дел од потрошувачите во Република Македонија знаат што претставува органско земјоделство и ја знаат вредноста на органската храна, но на ова поле треба уште многу да се работи. За да се создаде домашна понуда и побарувачка од органски производи потребно е постојано информирање и подигнување на свеста на потрошувачите преку соодветни кампањи, промоции и други информативни алатки. 4. Одредени субјекти, пред сé фирми, индивидуално имаат воспоставено извозни врски со земји на ЕУ, но сеуште не постои организиран извоз на органски производи. Оваа стратешка цел ќе се реализира по реализацијата на претходната цел, односно откако ќе се зголеми понудата и побарувачката на домашниот пазар и ќе се зголеми квантитетот на органските производи во Република Македонија. Потоа, ќе може да се преземаат и активности во правец на воспоставување на стабилни извозни врски со земјите на ЕУ и пошироко. Исто така, неопходно е преземање на сериозни активности за промоција на органската храна од Република Македонија преку настапи на меѓународни саеми и слични манифестации. 15 Поглавје 1 6. СВОТ анализа по одделни сектори 6.1. Растително производство силни страни слаби страни ‐ Поволни агро-еколошки услови за спроведување на органско растително производство – постоење на големи незагадени области соодветни за растително производство; ‐ Постоење на поволни агро-еколошки услови и можности за оптимална реонизација за успешно органско одгледување на широк асортиман различни групи на растителни култури (житни, индустриски, фуражни, градинарски и лозаро-овоштарски); ‐ Искуство на производителите за одгледување на земјоделски култури на традиционален екстензивен начин; ‐ Достапност на релативно евтина работна рака; ‐ Постоење на автохтони сорти со добро избалансиран квалитет, како и домашни сорти со висок генетски потенцијал за принос; ‐ Постоење на региони со хидро-мелиоративни системи за наводнување и можности за одгледување на две култури годишно. ‐ Постоење на можност за примена на соодветни плодоредни системи во растителното производство во регионите со можност за наводнување; ‐ Постоење на традиционални производни практики и вештини во одделни региони за определен вид и начин на производство на земјоделски култури; ‐ Постоење реони со природни извори на термални води кои ја намалуваат цената на чинење на раноградинарските производи (Кочани, Струмица); ‐ Постоење реони со веќе создадени еколошки инфраструктурни бариери – од шумски видови за одделување на конвенционалните обработливи површини од органските. ‐ Обработливи земјоделски површини во аридните подрачја со непостоење на извори за наводнување – ризик од помали приноси и мал избор на култури кои на тие подрачја можат успешно да се вклопат во плодоредните шеми; ‐ Мал асортиман на понуда на репроматеријали за растително земјоделско производство на домашниот пазар, семенски, посадочен материјал и пестициди коишто се дозволени за примена во органското растително производство; ‐ Недоволна и неконтинуирана пропаганда за предностите на органското производство во однос на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето; ‐ Несоодветна примена на агро-техничките мерки (обработка, плодоред, рокови на сеидба, ѓубрење, наводнување, жетва) заради застарена механизација или недоволна едуцираност на директните примарни производители; ‐ Несоодветно користење на земјиштето (поставување на пространи полиња вклучувајќи деструкција на поранешните заштитни појаси, природните стихии и гранични полиња) и пракси на одгледување (употреба на монокултурно одгледување, ограничена употреба на органски материи, орање на стрмни падини, недостиг на механизација за обработување на почвата); ‐ Недоволно специјализирани групи на производители на одделни видови на култури или групи на слични култури, односно недоволна организираност на органските земјоделски производители, како во однос на успешно планирање, организирање и спроведување на производството, така и во однос на маркетингот и настапот на пазарите; 16 ‐ Мал број на преработувачки и складишни капацитети специјализирани и сертифицирани за секундарна и финална преработка и пакување на органски растителни производи; ‐ Недоволно развиен рурален туризам со капацитети во кои би можеле да се понудат органските производи; ‐ Тешкотии во промена на начинот на размислување производителите и неприфаќање на органскиот начин на производство. можности закани ‐ Да се создадат услови за зголемување и одржување на постојан број на жители во руралните области; ‐ Ревитализација на напуштени области со потенцијали за развој на органско производство; ‐ Оптимален начин на комбинирање на еколошките потреби и профитот; ‐ Заштита и обновување на плодноста и добриот квалитет на почвата и заштита од предизвикувачите на почвена ерозија; ‐ Производство на специфични земјоделски култури со конкурентен квалитет и со пазарен потенцијал (вишна, ароматично - зачински и лековити култури и др.); ‐ Зголемување на искористувањето на ИПАРД фондовите од страна на примарните производители, преку зголемување на степенот на нивно информирање и едуцирање; ‐ Рационално искористување на компаративните предности на поволните агро еколошки компоненти за поконкурентно органско растително производство. ‐ Мала побарувачка и потрошувачка на растителни органски производи на домашниот пазар, заради повисоките цени на органските производи; ‐ Неисполнување на барањата на пазарот и на потрошувачите во однос на квалитет, квантитет и континуираност во снабденоста со органски растителни производи; ‐ Појава на поконкурентни производи на пазарот од увоз; ‐ Недоволни количини на органски растителни производи за исполнување на извозни контингенти; ‐ Дефицит во одредени региони од квалитетна вода за наводнување заради нерационално и несоодветно искористување на водите за наводнување од ХМС-ми; ‐ Временски непогоди и негативни последици од глобалното затоплување; ‐ Економска криза. Од приложената СВОТ анализа за растителното производство може генерално да се констатира дека постојат многу силни страни, но и значителен број на слаби страни, умерен степен на закани, како и сеуште голем број на неискористени можности за поинтензивно и поуспешно спроведување на растително органско производство. Особено силна страна за организирање на органско растително производство е постоењето на поволни агро-еколошки услови во одделни региони од државата со многугодишна традиција за одгледување на одредени видови на земјоделски култури. Постоењето на автохтони сорти од различен вид и асортиман на растителни видови исто така е голема предност за организирање и спроведување на органскиот начин на производство, бидејќи автохтоните сорти кои традиционално се одгледуваат во одделни региони се најдобро адаптирани и стабилизирани за добивање на стабилен принос и квалитет во подрачјето на одгледување. Многу важно е тоа дека со употребата на овие сорти 17 до голем степен се намалува ризикот од неуспех во производството заради неповолни агро климатски услови. Сé повеќе развиената свест кај поголем број на категории на граѓани и континуирано растечкиот број на побарувачка за органска храна придонесува за неминовно зголемување на понудата на сертифицирани растителни производи со органско потекло. Во изминатите години на потрошувачите не им беа понудувани доволни количини на сертифицирани органски растителни производи, како во свежа, така и во преработена состојба. Постојат сеуште значителен број на слаби страни кои можат да се евидентираат и кои во голем дел се сеуште присутни како непремостена пречка за поинтензивен развој на органското растително производство. Од нив на прво место заслужува да се спомене слабата понуда на репроматеријали за растително земјоделско производство на домашниот пазар, семенски, посадочен материјал и заштитни средства, дозволени за примена во органското растително производство. Значајно место за бавниот напредок на органското земјоделство сеуште зазема и недоволната и неконтинуирана пропаганда за еколошките предности на органското производство и предностите на растителните органски производи за здравјето на луѓето. Недоволната едукација и организираност на органските земјоделски производители претставува уште една несовладана бариера на локално и национално ниво за развојот на органското растително производство. Малата искористеност на ИПАРД фондовите во голема мерка придонесува за постоење на мал број на преработувачки и складишни капацитети специјализирани и сертифицирани за секундарна и финална преработка и пакување на органски растителни производи. Минималното постоење на туристички капацитети кои нудат органска храна во своите менија, во рамките на целата држава, како и недоволно развиениот рурален туризам, претставуваат исто така уште една алка во синџирот на слабите страни кои придонесуваат за бавниот развој на органското земјоделство во Република Македонија. Заканите, иако во значително помал број во однос на силните и слабите страни, сепак се евидентни и претставуваат извесен ризик за интензивирање на развојот на органското растително производство во Република Македонија. Според приоритетноста најзначајно место заземаат: 1. временските непогоди и негативните последици од глобалното затоплување; 2. неисполнувањето на барањата на пазарот и потрошувачите во однос на квалитет, квантитет и континуираност во снабденоста со органски растителни производи; 3. недоволни количини на органски растителни производи за исполнување на количини интересни за извозниците. Колку и да се исполнети одредени услови и критериуми за остварување на одредена цел, сепак можат да се изнајдат и нови неискористени можности за поинтензивно, поефикасно и порационално остварување на целта. Преку поинтензивниот развој на органското земјоделство, логично е да се очекува и зголемена можност за одржување на постојаниот број на жители во руралните области, но и за позабрзан развој на овие средини. Оваа логичност произлегува од фактот што овие средини се најсоодветни за развој на органското земјоделско производство, од агро еколошки, агро-технички и од социолошки аспект. Голем потенцијал и можност за остварување на компаративна предност и поголем степен на конкурентност на органските растителни производи може да биде производството на специфични земјоделски култури со конкурентен квалитет и со пазарен потенцијал (коскесто 18 овошје, ситноплодово овошје, ароматично - зачински и лековити култури и др.). Главни причини за реално очекување од наведените можности се: поволната географска положба на нашата држава; постоењето на разнообразен релјеф со многуплодни речни долини, рамни низини и планински падини; разнообразни типови на почва; подрачја со низок степен на загаденост на ресурсите (почва, вода,воздух); високо ниво на биодиверзитет на растителниот свет. 6.2. Образование и наука силни страни слаби страни Постоење одреден број на средношколски и високообразовни образовно - научни институции во државата каде што се застапени наставни програми од областа на органското производство; Од 2004 година Владата усвои национална програма за развој на образованието во рамките на меѓународните образовни стандарди на знаења и вештини според принципите на доживотно учење; На Земјоделскиот факултет во Штип и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, постојат Центри за применето истражување и континуирана едукација од областа на органското земјоделство; На Земјоделскиот институт во Скопје функционираат акредитирани едногодишни студиски програми од втор циклус: растително производство - интегрално производство и растително производство - органско производство; Воспоставен советодавен систем; На Катедрата за растително производство на Земјоделскиот Факултет во Штип, на II циклус на студии (магистерски), постои акредитиран модул за органско производство; Земјоделските средни училишта и факултетите располагаат со обработливи површини, механизација и стручен и научен кадар за спроведување на органско производство и апликативни теренски истражувања; Постојат експертски и инфраструктурни капацитети за спроведување на истражувања од областа на органското земјоделство; Од страна на МЗШВ издадени се водичи/брошури за органско производство на десетина поважни култури; ‐ Недоволна застапеност на содржини од органското производство во наставните планови во средните земјоделски училишта и факултетите; ‐ Несоодветно воспоставени образовни стандарди компатибилни со оние на земјите членки на ЕУ и несоодветно дизајнирање на студиските програми; ‐ Недоволна размена на информации и соработка со образовните институции од другите земји; ‐ Низок степен на имплементирање на не формално образование од страна на работничките универзитети, центрите за вработување итн. во секоја од земјоделските области во државата; ‐ Мал број на апликативни проекти и научни истражувања на сертифицираните органски фарми и преработувачки капацитети како и во акредитираните лаборатории; ‐ Недостиг од детално тековно следење на еколошката состојба и податоци за агроеколошките прашања (почва, вода, биодиверзитет) на обработливите земјоделски површини на регионално и национално ниво; ‐ Недостиг од едукативни материјали од областа на органското производство и недостаток од размена на информации од регионот; ‐ Нецелосно искористување на истражувачкиот потенцијал во земјата заради нередовно и недоволно финансирање на научно истражувачките проекти; ‐ Поголемиот дел од фармерите имаат многу мало или никакво познавање на темите и праксите од областа на агро-екологијата и органското земјоделско производство. 19 Учество на научни и стручни лица со трудови на меѓународни конференции, симпозиуми, работилници и други манифестации од областа на органското производство; Постоење на ген – банки во научните институции во кои се одржуваат семиња од голем број на растителни видови меѓу кои се и традиционалните – автохтони видови; Изработени неколку студии и стратегии за национален и регионален развој на органското земјоделство и руралните средини; Спроведени се или се во тек проекти од областа на органското производство. можности закани ‐ Инкорпорирање нови модули од областа на органското производство и руралниот развој заради остварување на социо-економска корист; ‐ Примена на новите научни сознанија во праксата од областа на био-технологијата, компјутерската технологија и дигиталната комуникација; ‐ Зголемување на нивото на апликација на наставни содржини од областа на глобалната економија, индустријата за преработка, складирање, пакување, транспорт и маркетинг како многу значајни дисциплини поврзани со органското производство; ‐ Едуцирање на стручни кадри во областa на органското земјоделско производство и заштита на животната средина заради обезбедување на позитивен пристап кон органското земјоделство и руралниот развој; ‐ Можност за конкурирање на меѓународни и домашни проекти од различни институции и организации поврзани со органското земјоделство; ‐ Поголем степен на искористување на универзитетските капацитети од областа на агрономијата за обука на фармерите; ‐ Популаризација на НВО од областа на органското производство; ‐ Воспоставување на центри за обука и истражување односно за практична работа на фарма и промоција на органските замјоделски производители; ‐ Спроведување на обуки, курсеви на фармерите, за да се оспособат да аплицираат за предпристапните ЕУ фондови; ‐ Изготвување на програми за лиценцирање на советници за органско производство. ‐ Намален интерес за професиите поврзани со земјоделството; ‐ Заостанување во примената на нови методи и технологии за организирање и спроведување на органското земјоделско производство; ‐ Одлив на млади висококвалитетни стручни кадри во странство; ‐ Недостиг од тековни и долгорочни анализи за влијанието на климатските промени врз земјоделското производство; ‐ Недостиг од резултати на полето на истражувањето и примена на модерни технологии од областа на органското производство во агро-еколошките услови на Република Македонија; ‐ Неефективно и неквалитетно партнерство и трансфер на земјоделски технологии и знаења помеѓу високото образование и истражувачките институции од една страна, и економијата од друга страна; ‐ Ограничен ефект од страна на советодавно консултативни услуги на советници со ограничен опсег на услуги, употреба на недоволно разновидни методи и покривање на ограничени целни групи. 20 Од СВОТ анализата за состојбата на образованието и науката, во однос на влијанието врз развојот на органското растително производство, може да се констатира дека постои значителен напредок во имплементирањето на содржини и активности во образованието и науката поврзани со органското производство. Силна страна за развојот на органското растително производство е тоа што во научно истражувачките институции се застапени наставни програми од областа на органското производство. Исто така, од година во година може да се констатира значаен подем на учеството на научни и стручни лица од нашата држава со свои трудови на меѓународни конференции, симпозиуми, работилници и други настани од областа на органското производство. Постоењето и зајакнувањето на советодавно - консултативните и лабораториско стручните услуги, меѓу земјоделските производители и претпријатија со образовно научните институции, е чекор понатаму за унапредување на земјоделството, и тоа како на конвенционалното односно редовното земјоделство, така и на органското. Како највлијателни слаби страни за органското производство од областа на образованието и науката треба да се потенцираат : 1. Несоодветно воспоставените образовни стандарди компатибилни со оние на земјите членки на ЕУ и несоодветно дизајнираните студиски програми. Како базична поткрепа на оваа констатација може да се наведе фактот дека сеуште недостасуваат интередисциплинарни студии, коишто се важни во секторите релевантни за политиките на ЕУ (принципи на вкрстена усогласеност, значење на животната средина и руралниот развој). 2. Недостиг од резултати на полето на истражувањето и примена на модерни технологии од областа на органското производство во агро-еколошките услови на Република Македонија. Имено, незначителен е бројот на спроведени апликативни полски и лабораториски истражувања со научно потврдени резултати од областа на органското растително производство во агропедоклиматските услови на Република Македонија. Заради недоволното и неконтинуирано финансирање на научно - истражувачките проекти, евидентен е нискиот степен на искористување на истражувачкиот потенцијал во земјата, а последователно на тоа и одливот на млади и способни научни и стручни кадри од земјата во странство. Како сеуште неискористени релевантни можности за поголем придонес на образованието и науката врз развојот и усовршувањето на растителното органско производство во нашата држава може да се споменат: инкорпорирањето на нови модули од областа на органското производство и руралниот развој заради остварување на социо економска корист. Оваа констатација е можност која треба да се спроведе, заради надминување на слабата страна којашто е наведена погоре односно: несоодветно воспоставените образовни стандарди компатибилни со оние на земјите членки на ЕУ и несоодветно дизајнираните студиски програми. Исто така, неопходно е и зголемување на интензитетот и континуитетот на едуцирање на стручни кадри и фармери во областa на органското земјоделство и заштита на животната средина. Ваков тип на активности се неопходни заради обезбедување позитивен пристап кон органското земјоделство и руралниот развој како и зголемување на степенот на нови сознанија од оваа област. Овие активности можат да се имплементираат на различни начини, како на пример: неформалното образование од страна на работничките универзитети, центрите за вработување, апликативни пилот - проекти на фарма, семинари, курсеви и работилници 21 организирани од советодавно - консултативните служби, проекти од меѓународни организации од оваа област, НВО и сл. Преку спроведување на некоја од погоре споменатите активности, меѓу другото, се дава и можност за зголемување на степенот на искористување на универзитетските капацитети од областа на агрономијата, за обука на фармерите, стручните лица, како и на вработените во државните советодавни служби. Заканите, како и во останатите анализирани области така и во делот на образованието и науката, претставуваат значителен степен на ризик за успехот од спроведувањето на образовно-научни и едукативни активности кои би оделе во прилог на омасовување и осовременување на растителното органско производство. Според приоритетноста како најголем степен на закана и ризик треба да се напомне недостигот од резултати на полето на истражувањето и примена на модерни технологии од областа на органското производство во агро-еколошките услови на Република Македонија. Со други зборови, многу е мал бројот на спроведени апликативни истражувања со одделни култури во одделни агроеколошки реони во државата, односно, непостоење или минимален број на добиени резултати и податоци за производство на одделни култури во одделни региони според принципите на органското растително производство. Не помалку значаен е и ризикот од недостиг од едукативни материјали од областа на органското производство, низок степен на размена на квалитетни и релевантни информации од регионот што нé опкружува. Долгорочно анализирано, сепак, најзначаен ризик е сé поголемиот одлив на млади висококвалитетни стручни и научни кадри во странство. Способните и образованите млади луѓе конкурираат на постојано отворените повици и конкурси од меѓународните високо развиени научни институции и водечки бизнис компании и корпорации. Најквалитетните од нив ги исполнуваат бараните критериуми на споменатите меѓународни субјекти и неповратно си заминуваат од државата. 6.3. Трговија силни страни слаби страни Недоволна застапеност на пазарот со органски производи од увоз; Заинтересираност на МЗШВ за промоција на органски производи; Генерална информираност на потрошувачите за значењето на терминот „органски производи“; Постоечка поддршка/стимулација за трговците со органски производи. Недоволна информираност на потрошувачите за бенефитите од употребата на органски земјоделски производи; Недоволна информираност на трговците за постоење на субвенции за продажба на органски производи; Економска слабост на пазарот за купување поскапи производи; Недоволно развиен домашен пазар и непостоење на специјализирани продавници за органска храна, особено во помалите населени места; Количински недоволна и слабо организирана понуда на македонски органски производи за извоз; Недоволно активности за промоција на органското производство и подигнување на свеста на потрошувачите; Недоволни количини на органски производи за континуирано снабдување на супермаркетите; 22 Лимитирана сезонска понуда на свежи органски производи; Недоволни количини за понуда на органските производи на домашниот и извозните пазари; Некоординираност на производителите за заеднички настап и понуда на домашниот и извозните пазари; Непрепознаеност на националниот сертификат како во ЕУ така и на регионалниот пазар; Недоволно развиен домашен пазар за органските производи. можности закани Растечка побарувачка на органските производи на домашниот, регионалниот и глобалниот пазар; Потпишување на билатерални договори за меѓусебно признавање на сертификатите со земјите во регионот и ЕУ; Развој на производството на одредени стратешки важни земјоделски култури кои имаат потенцијал да бидат успешно произведени и извезени; Детално истражување на домашниот и меѓународниот пазар на органски производи; Можност за развој на домашниот пазар преку дизајнирање на посебни развојни мерки; Зголемена трговска размена со органски производи со земјите од регионот и ЕУ. Недоволно јасна и разработена стратегија за поддршка на трговијата/потрошувачката на органски производи; Мала побарувачка за органските производи на домашниот пазар; Несоодветна ценовна политика за производителите/трговци на органски производи; Незаинтересираност/нестимулираност на трговците за понуда на органски производи; Низок интерес на потрошувачите заради недоволна информираност; Избегнување на понудата на органски производи од страна на трговците заради дополнителните и нестручни контроли од страна на инспекциските служби; Недоволна поддршка за трговците со органски производи; Недоволно јасни процедури пропишани од страна на АФПЗРР во исплатата и креирањето на правилата за користење на поддршката; Намалена куповна моќ на потрошувачите. Трговијата со органски производи во принцип е комплексен проблем од повеќе аспекти. Прво, органското производство ги опфаќа речиси сите потсектори во земјоделството и прехранбената индустрија, што претставува огромна материја којашто треба да се контролира и развива. Иако во претходниот период е евидентно појавување на зголемен број на органски производи во трговијата, пред сé преработки, а тоа зголемување се должи на активноста на мал број компании коишто имаат ентузијазам за ваков пристап на пазарот. Во суштина, голем дел од производителите кои нудеа органски производи се соочуваат со потешкотии во однос на пласманот на овие производи. Ниската платежна моќ на потрошувачите и драстичното поскапување на производите од страна на малопродажната мрежа, преку високи трговски маржи ги прават органските производи достапни само за многу мал дел од потрошувачите. Ова секако се однесува само на понудата на преработени производи, додека пак понудата на свежи производи комплетно изостанува. 23 Повеќе фактори влијаат на ваквата состојба. Прво, сезонскиот карактер на земјоделското производство во Република Македонија предизвикува ситуација во која производителите во текот на периодот на жетва имаат количини на производи коишто пазарот не може да ги апсорбира и се во огромна конкуренција со конвенционалните производи, односно производи од редовното земјоделство. Второ, преработувачкиот сектор не е во можност да ги апсорбира овие количини, или заради непостоење на јасни пазарни можности за продажба на своите финални производи или заради недостаток на информации како да дојде до органски финален производ, или пак заради неможноста да постигне консензус со производителите околу продажната цена. Тука би требало да се спомене и природната тенденција на преработувачите суровината да ја набават по ниска цена, и секако тенденцијата на производителите своите производи да ги продадат по нереално високи цени. Ваквата ситуација најчесто резултира со незадоволство на преработувачите во случаи кога набавиле органски суровини по високи цени и едноставно неможат соодветно да ги пласираат органските производи и да остварат соодветна заработка на истите. Исто така може да резултира и во незадоволство на производителите, коишто заради недостаток на соодветен пласман честопати се приморани да ги продаваат своите производи по цени еднакви со цените на конвенционалните производи, односно производите од редовното земјоделско производство. Одредените активности за популаризација на органското производство придонесоа за генерална запознаеност на потрошувачите за бенефитите од овој вид на храна, иако се неопходни дополнителни напори за вистинско препознавање на органското производство во поглед на заштитата на животната средина и за користење на органски производи. Органското производство вклучува здравствен, еколошки и социјален аспект. Генерално, потрошувачите во Република Македонија се запознаени со влијанието на органската храна врз нивното здравје и само низ овој аспект ја препознаваат органската храна, додека пак останатите аспекти воопшто не ги познаваат. Ова создава ситуација во која само дел од реалните продажни аргументи се земаат предвид од страна на понудувачите, и секако од страна на потрошувачите, со што драстично се намалува популацијата којашто е спремна само заради тој аргумент да купи органски производ и секако да одвои повеќе средства за набавка на истите. Продажбата на органски производи директно од фарма или на зелените пазари, иако е важен канал за продажба во сите развиени пазари, во Република Македонија скоро и да не постои. Навиките за купување на органски производи, согласно сегашната структура на пазарот во Република Македонија (производители, откупувачи, прекупувачи, големопродавачи и малопродавачи), се насочени само кон супермаркетите, а за сметка на тоа речиси и да не постои навика кај потрошувачите да вршат набавка на производи директно од фарма. Сегашниот начин на финансиска поддршка во органското производство овозможува развој на сите сегменти на органското производство и понуда на широка палета на свежи и преработени органски производи. Сето тоа придонесува развој на домашниот пазар што секако треба да претставува еден од приоритетите на развојните активности. Сепак, имајќи ја предвид сегашната економска состојба и ниското ниво на препознавање и вреднување на органските производи, постојат сериозни ограничувања во поглед на количините кои домашниот пазар може да ги апсорбира. Секако треба интензивно да се работи и на развивање на извозниот потенцијал, но сегашниот систем на поддршка воопшто не придонесува за развој на истиот. Имено, најпрво е потребно да се изберат стратешки важни култури коишто во Република Македонија можат да се произведат во доволни количини и секако по конкурентни цени. По идентификацијата на 24 овие култури потребно е да се одредат дополнителни мерки за стимулација на ова производство и секако консолидација на оваа понуда, со цел да се достигнат количини кои се интересни за извоз. Дури потоа може сериозно да се пристапи кон понуда на овие количини на извозните пазари и сериозно да се искористат извозните потенцијали. При изборот на стратешки важните култури за извоз потребно е да се изберат култури кои се барани на странските пазари и култури по кои Република Македонија како поднебје е позната како производител. Изборот на култури кои традиционално не се присутни како понуда од Република Македонија и за кои би требале да се вложат големи напори во поглед на едукација и адаптација на производителите кон новите начини на производство би можеле да дадат резултати само на многу долг рок. 6. 4. Репроматеријали силни страни слаби страни Релативно лесна постапка за регистрација на репроматеријалите; Ниско ниво на употреба на репроматеријали од редовното производство и релативно лесен преод на органски репроматеријали. Незаинтересираност на увозниците за понуда на дозволени репроматеријали; Значителен трошок на заинтересираните субјекти за регистрација како увозници на репроматеријали; Неинформираност на производителите за постоење на дозволени препарати; Недостапност на дозволените препарати на пазарот во Република Македонија; Непостоење на здружување на производителите за заедничка набавка на репроматеријали; Нема поддршка за производителите за употребата на дозволени препарати; Недоволна запознаеност и експертиза на стручните лица и служби за постоењето, можноста и начинот на употреба на дозволените репроматеријали; Постоечка силна понуда и конкуренција на конвенционални репроматеријали. можности закани Воспоставување на систем за поддршка и промоција на употребата на дозволени/регистрирани репроматеријали; Користење на АПРЗ, научните и образовните институции како ресурс за промоција на дозволените репроматеријали. Немање јасна стратегија за потребата од поддршка на достапноста на дозволени репроматеријали; Несоодветна ценовна политика на увозниците на репроматеријали; Повисок трошок за употреба на дозволените репроматеријали; Незаинтересираност/нестимулираност на трговците за понуда на дозволени репроматеријали; Употребата на дозволените препарати во поголема мерка бара повисок степен на знаење и едукација на производителите; Како мал пазар производителите на репроматеријали претпочитуваат да ја избегнуваат Република Македонија како интересен пазар за воспоставување на партнерски односи; Немање соодветна експертиза за можноста и начинот на употреба на дозволените репроматеријали; Непостоење на искуство и знаење за употребата на нови дозволени препарати во стручната јавност, научните и образовните институции. 25 Една од главните причини којашто го забавува развојот на органското производство во Република Македонија е недостатокот на соодветни заштитни средства коишто се дозволени за употреба во органското производство. Ова, исто така придонесува кон трендот да се сертифицираат најмногу култури кои имаат помалку барања во поглед на потребна заштита (ореви, лешници, јапонски јаболка, калинки и др.). Од друга страна, пак, се јавува проблем при пласман на овие производи, бидејќи потрошувачите се всушност најмногу заинтересирани за купување на раноградинарските култури и овошјето, за чиешто производство е потребна интензивна употреба на препарати за заштита. Дополнително отежнува фактот дека и самите земјоделски производители не се запознаени со постоењето на заштитни средства и ѓубрива кои се дозволени за употреба во органското производство, а исто така водечко е и мислењето дека во органското производство не се употребуваат воопшто никакви средства за заштита. Компаниите коишто нудат средства за заштита кои се користат во редовното земјоделство на македонскиот пазар немаат интерес за продажба на средства за заштита дозволени за употреба во органското производство. Истите тие компании веќе имаат воспоставени канали за продажба кои овозможуваат солиден профит. Понудата на препарати дозволени за употреба во органското производство би барала дополнителни инвестиции во едукација на персоналот во регионалната малопродажна мрежа, како и промоција на новите препарати, но и инвестиција во информирањето на потрошувачите за начините на употреба и бенефитите од употребата на овие препарати. Со оглед на тоа дека бројот на органски производители е сеуште мал, понудата на вакви препарати од страна на поголемите дистрибутери на заштитни средства едноставно не се гледа како исплатлива инвестиција. Дополнително, заштитните средства коишто се дозволени за употреба во органското производство бараат повисоко ниво на едуцираност на земјоделските производители од причина што се работи претежно за биолошки препарати со специфичности во употребата. Ова понатаму повлекува дека и продавачите и увозниците на овие препарати би требало овие дополнителни информации успешно да ги пренесат до земјоделските производители и да им овозможат поддршка при употребата. Секако, ова е дополнителна инвестиција којашто во условите во моментот изгледа комплетно неоправдана за увозниците. Сепак, одредени компании коишто се претежно микро-претпријатија и коишто имаат поизразен претприемачки дух, имаат сосема мала понуда на дозволени препарати во обид да се пробијат на пазарот. Со оглед на многу лимитираните можности за промоција и изразената конкуренцијата од страна на големите компании кои нудат препарати за заштита во редовното земјоделство, успехот на овие компании е генерално спорадичен и локализиран. МЗШВ треба да воспостави процедури за регистрација и авторизација за трговија и примена на средства за заштита на растенијата во органското земјоделско производство. Исто така, МЗШВ треба поактивно да се инволвира во поддршката и презентацијата на понудата на препарати дозволени за употреба во органско производство и секако во информирањето на производителите за достапноста на овие препарати. Значајна улога во промоцијата на овие препарати би требало да има и АПРЗ. Еден од моделите со кошто би се зголемила информираноста на производителите за достапноста на средствата за заштита коишто се дозволени за употреба во органското земјоделство е објавување на листите на дозволени препарати кои се достапни во Република Македонија и/или нивна дистрибуција во регионалните канцеларии со што ќе се олесни пристапот на заинтересираните производители до овие информации при аплицирањето за финансиска поддршка. 26 6.5. Преработка на органски производи силни страни слаби страни Развиен и извозно ориентиран преработувачки сектор; Заинтересираност на преработувачите за производство на производи со додадена вредност, како што се органските производи; Достапност на релативно евтина сезонска работна рака; Недоволни количини на сертифицирана суровина за преработувачите; Преработувачите не се вклучени во планирањето на производството на примарните производители и не постои практика за договорно производство; Недостаток на знаење за техниките за преработка на органски производи; Незапознаеност на преработувачите со постоечката поддршка за преработка на органски производи. можности закани Растечка побарувачка на органските производи/преработки на домашниот, регионалниот и глобалниот пазар; Преработувачкиот сектор може да ги апсорбира вишоците на свежи органски производи во периодите на зголемена понуда. Недостаток на информираност на преработувачите за пристап до пазарите за органските производи; Недоволна вклученост на државата во промоцијата на органските преработени производи; Недоволна поддршка за преработувачите на органските производи. Република Македонија располага со развиен преработувачки сектор за овошје и зеленчук. Сепак само мал дел од преработувачите се вклучени или размислуваат да бидат вклучени во органското производство. Причината за тоа е што преработувачите немаат доволно информации за да ги препознаат можностите како за производството така и за пласманот на органските преработени производи. Дополнително, најголемиот дел од преработувачите се вклучени во преработката на производи кои на странските пазари се продаваат како производи со низок квалитет и ефтина цена. Само мал дел од преработувачите, всушност, произведуваат производи коишто се со одреден квалитет и на кои со органската сертификација би им се додала вредност. И покрај растечките трендови за органски производи, понудата на преработени органски производ е речиси занемарлива. Една од причините за оваа состојба е неинформираноста на преработувачкиот сектор за постоењето на органска суровина која може да се преработи. Дополнителна причина е фактот дека кога постои интерес од страна на преработувачите за сертифицирани органски производи, производителите енормно ја зголемуваат цената на производите и покрај субвенциите коишто ги добиваат што во крајна линија делува обесхрабрувачки на преработувачите. Во поглед на информираноста на преработувачите за техниките на преработка и дозволените средства коишто се користат во преработката на органски производи, постои генерална неинформираност, што пак дополнително ја отежнува одлуката на преработувачите да се ориентираат кон сертификација на своето производство. Преработувачкиот сектор би можел да ги апсорбира вишоците на органски производи во периодите на најголема понудата и со тоа да обезбеди решавање на дел од проблемите поврзани со хиперпродукцијата и сезонскиот карактер на производството. Сепак, за тоа да функционира потребно е планирано производство на суровини коишто подоцна би биле преработени. За жал, во Република Македонија не постои традиција на договорно производство помеѓу примарните производители и преработувачите, напротив, се работи 27 опортунистички, со надеж дека едните или другите ќе се најдат во незавидна ситуација и ќе бидат приморани своите производи да ги продадат по ниска цена или да ги купат по висока цена. 6.6. Сточарско производство силни страни слаби страни Поволни услови за развој на органското сточарство, незагадени природни ливади и пасишта; Традиционално земјоделско производство, многу блиско на органското производство за видовите: овци, кози и говеда; Сточари со долгогодишно искуство и постоење на сточарска традиција; Воспоставен систем за обележување на животните; Државни субвенции за органско сточарско производство; Достапност на релативно евтина работна рака; Зголемен интерес од страна на преработувачите на органски млечни производи; Влез на органските сточарски производи во трговските синџири. Недоволно информации за органско сточарско производство на сите нивоа; Ограничена достапност на дозволените репроматеријали; Недостиг на концентрирана протеинска храна за помладите и производните категории животни; Недостиг на обработливи површини за производство на култури за исхрана на животните во близина на фармите; Несоодветен сооднос на бројот на животни на единица површина во однос на површините за производство на сточна храна; Слаба едуцираност на сточарите за производство на сточна храна; Немање сертифицирани преработувачки капацитети специјализирани за производство на сточна храна; Недостиг на соодветни објекти за органски начин на производство на свињи и живина; Немање систем за обележување кај живината; Нејасни договори издадени од ЈПП, коишто не содржат прецизни податоци во делот на површините и нивните локации што се издаваат за покосување и напасување; Узурпација на пасиштата од страна на некои земјоделци; Пошумување на постоечки пасишта, а со тоа некои од атарите во коишто се одгледуваат животни остануваат без доволно пасишта за напасување; Не постои тековно следење на состојбата со пасиштата, нивната површина и бонитет; Нема поврзаност на сточарските субјекти како потенцијал за рурален туризам со туристичките агенции со цел збогатување на туристичките понуди. можности закани Искористување на поволните климатски и почвени услови; Традиционалниот и екстензивен начин на сточарско производство во одредени региони во Република Македонија овозможува полесен преод од редовно (конвенционално) производство кон органско сточарство; Бавен развој на органското сточарство; Можност за поголема конкурентност на увозните органски сточарски производи ; Зголемени трошоци за инпутите и услугите, трошоци за контрола и сертификација, репроматеријалите; 28 Искористување на постоечките објекти и други капацитети за органско сточарско производство без преземање поголеми инвестиции; Зголемен интерес за органското сточарско производство во Република Македонија; Ревитализација на напуштени области со потенцијали за развој на органско сточарство; Достапноста на органско млеко и нуди можност на млечната индустрија за додадена поголема вредност на млечните производи; Стратегијата за рурален развој оди во полза на развојот на органското сточарство; Поволни услови за развој на еко-туризам. Слаба финансиска моќ и недоволни капацитети на преработувачката индустрија за производство на финален органски производ; Несоодветен однос на субвенциите за органското сточарство споредено со субвенциите за конвенционално производство. Најсилната страна во органското сточарство изведена од СВОТ анализата претставуваат природните услови кои ги има територијата на Република Македонија, односно пространите ливади и пасишта, коишто во својот состав содржат тревести, џбунести и медоносни видови и изобилуваат, како со својот биодиверзитет така и со составот и хранливата вредност, а притоа истите се наоѓаат во најголем дел во подрачја каде сеуште нема загадување од кој било вид. Силен поттик за уште поголем развој на органското сточарско производство претставува и традиционалното знаење и вештина што ги поседуваат сточарите, како и релативно евтината работна рака која е достапна во државата. На овие природни предуслови, на силните страни ќе ги надоврземе и мерките и активностите кои ги презема државата како што се: субвенционирањето на сточарските субјекти, развиениот систем за обележување на животните, акредитирањето на контролните/сертификациски тела, како и координираното делување на невладиниот сектор. Исто така, ќе ја споменеме и заинтересираноста на трговските синџири за тргување со домашните органски производи од животинско потекло. Од друга страна пак, недоволната едуцираност и информираност на најголемиот дел од учесниците во органското производство се јавува како проблем кој го оневозможува квалитетниот раст на овој вид на производство. Ограничената достапност на репроматеријали во производството, пред сé при набавката на протеинска сточна храна, се резултат на најчесто несоодветниот број животни со големината на обработливите површини, најмногу во планинските делови на државата. Немањето на сертифицирани производители на органска сточна храна само го потврдува овој проблем. Исто така, 29 немањето на соодветни расположливи капацитети за одгледување свињи и живина според органските принципи, доведува до најслаби резултати токму во овие две гранки од сточарството. Немањето на доволно капацитети во ЈПП, како институција која располага со целокупниот фонд на пасишта во Република Македонија, резултира со немање јасна концепција во делот на потпишувањето на договори со сточарите. Исто така, немањето граници на доделените пасишта во договорот помеѓу ЈПП и корисниците на пасиштата, доведува до можност за појава на одредени проблеми при одвојувањето на органски сертифицираните од конвенционалните стада односно стадата од редовното сточарство. Истиот проблем се јавува и во пчеларското производство. Доколку ги согледаме силните страни на овој сегмент од земјоделството, а од друга страна ги подобриме неговите слаби страни, доаѓаме до заклучок дека традиционалното сточарството може да биде силна алка која може да се искористи во функција на руралниот туризам, а со тоа да се овозможи ревитализација на иселените руралните области и раздвижување на други стопански активности во нив. Закани со кои се соочува органското сточарско производство може да се манифестираат преку понатамошно намалување на сточниот фонд и деградација на пасиштата, што ќе резултира со намалување на производството на сточарски производи и поголема зависност на Република Македонија од увоз на истите. Глобалното затоплување е само уште еден негативен фактор којшто негативно влијае развојот на органското одгледување на домашни животни, вклучително и пчелите, кој од година во година станува се поизразен. 6.7. Контрола и сертификација силни страни слаби страни Постоење на акредитирани контролни/сертификациски тела за органско производство во РМ; Постоење на акредитирани лаборатории за анализи во органското производство; Воспоставен систем на контрола од страна на МЗШВ преку ДИЗ; Воспоставена дополнителна контрола на органските субјекти од АФПЗРР; Преку воспоставената соработка на националните контролни/сертификациски тела со европски акредитирани тела за органско производство во Република Македонија постои можност за добивање на сертификати со акредитација соодветна на потребите на купувачот / извозникот. Мал број акредитирани контролни/сертификациски тела во Република Македонија, односно слаба конкуренција; Проблеми со признавање на резултатите од лабораториите во Република Македонија од страна на клиенти од ЕУ; Недоволно обучени службеници на ДИЗ; Мал и неатрактивен пазар за органска сертификација за европски акредитирани тела; Услугите од ЕУ акредитираните тела се прескапи за производителите. можности закани Воспоставување на нови контролни/сертификациски тела и зголемување на конкуренцијата; Акредитација на поголем број лаборатории за анализа на органските производи; Обука на претставниците на државните служби за контрола. Бавен развој на органското производство; Демотивација на производителите за намалување на растот на органското производство; Намалена можност за извоз на органски производи во ЕУ и други земји. 30 Акредитираните контролни/сертификациски тела за сертификација, акредитираните лаборатории за вршење на анализа на почва, растителен материјал и производи од органско потекло и воспоставениот систем за контрола од страна на АФПЗРР, обезбедуваат строга контрола на органските производители и доверба кај потрошувачите на истата на македонскиот пазар. Но, производителите, коишто се извозно ориентирани, се соочуваат со проблеми настанати со непризнавање на резултатите на домашните лаборатории, како и непризнавање на сертификатите на домашно акредитираните контролни /сертификациски тела во странство. Со потпишувањето на Договорот за взаемно признавање на сертификатите за акредитација (EA-MLA) со Европската организација за акредитација, во 2012 година, се олеснува извозот на органски производи од Република Македонија, односно признавање на националните сертификати во Европа и пошироко. Регистрирањето на нови акредитирани контролни/сертификаци тела и нивна соработка со сертификациски тела од Европа и пошироко, останува како можност која произлегува од сé поголемиот број фарми кои одлучуваат да се сертифицираат како органски производители на храна. Акредитацијата на нови лаборатории ќе отвори можност за подобра контрола на производителите. 6.8. Политика силни страни слаби страни Постоење на мониторинг на органското производство во Република Македонија; Постоење на стратегија за органско производство; Органските производители се поддржани со зголемени субвенции во споредба со производителите во редовното земјоделство; Поддршка на невладиниот сектор од страна на државата, којшто делува на развојот и подобрувањето на условите за органското производство во Република Македонија; Промоција на органското производство и информирање на земјоделците од страна на државата; Обезбедена е бесплатна консултантска поддршка преку АПРЗ; Предност на органските производители при аплицирање на добивање финансиска помош од програмата за Поддршка на земјоделството и руралниот развој; Медиумски третман на темата органското производство; Институционална поддршка за организирани – здружени фармери; Обезбедени се поволни кредитни линии од банките наменети за органските производители; Од страна на Владата на Република Македонија во 2006 година е промовирана Стратегијата за обука на возрасни, која претставува основа за неформално и доживотно образование во областа на земјоделството. Недоследност на роковите за исплата на субвенциите; Недоволна финансиска поддршка на НВО секторот; Ограничени советодавно – консултативни услуги за организирање и спроведување на органско растително производство; Недоволна информираност на претставниците на ПЕ на МЗШВ во делот на органското земјоделство; Дел од медиумите пласираат неточни/контрапродуктивни информации; Недоволна искористеност на ИПАРД фондовите од страна на примарните производители, заради големите административни бариери и недоволната информираност и необученост за аплицирање за добивање на средства од овие предпристапни фондови; Производителите кои пристапуваат во сертификација немаат обврска да останат во истата, поради што се јавува голем степен на ротација на производителите заради користење на субвенции. 31 можности закани Изготвување нов модел на распределба на субвенциите, а со тоа правилно и долгорочно насочување на земјоделците; Зголемени инвестиции во органското производство; Искористување на програмите за развој на земјоделството; Воведување на 5 годишен договор за користење на субвенции за органско производство; Реализација на проекти во функција на развојот на органското производство; Обука на советодавните служби и квалитетен сервис на информации за органските производители и лиценцирање на советници; Забрзување на растот на органското производство. Поддршка на нетрадиционални видови растенија и животни кои се непродуктивни; Долгорочно губење на продуктивни локации за нерентабилно производство; Бавен развој на органското земјоделство; Зголемени административни обврски, а без соодветна советодавна поддршка; Обесхрабрување на производителите во однос на намалување на растот на органското производство; Недоволно јасна и разработена стратегија за поддршка на преработката на органски производи; Несоодветна ценовна политика на производителите на примарни органски производи; Недоволно јасно и транспарентно однесување на платежната агенција во исплатата и креирањето на правилата за користење на поддршката. Извршениот мониторинг на состојбата во органско производство ни дава информации за степенот на исполнетост на националната стратегија за органско производство. Од него може да се согледа дека зголемените субвенции, со кои државата ги стимулира производителите, заедно со поддршката на невладиниот сектор во реализацијата на проекти врзани со развојот на органското производство, учеството на владини претставници во манифестациите врзани со овој сектор како: бесплатната консултантска помош од страна на АПРЗ и обезбедената предност на сертифицираните производители при давањето помош преку програмата за земјоделство и рурален развој, се силни страни коишто придонесуваат за развој на органското производство. Јавните кампањи преку различните медиуми исто така се во полза на развојот. Постоењето на акредититирани лаборатории за испитување на составот, а со тоа и квалитетот на земјоделски производи, според интернационално признати научни методи и стандарди, придонесува за поедноставување на постапката за анализа на органски производи. Воедно, постоењето на акредитирани лаборатории во државата, придонесува за значително намалување на трошоците за сертификација и официјализирање на органските производи. Сложените административни процедури при аплицирањето за финансиска поддршка, како и големиот број грешки што се случуваат при процесот на исплата на истите, се едни од причините за демотивирање на производителите и забавување на порастот на органското производство. Исто така, намалените средства наменети за невладиниот сектор се пречка за тој засилено да го промовира овој вид производство. Разделувањето на поголемите земјоделски парцели како целини, од кои би се произведувало пообемно производство на земјоделски производи наменети за извоз, е фактор којшто доведува до неисплатливост за набавка и употреба на софистицирана механизација со што би се произвел поконкурентен производ. Останува можноста за подобро организирање и поддршка на групи на производители кои договорно произведуваат органски производи наменети за извоз. Дообуката на 32 персоналот на ПЕ на МЗШВ и на АПРЗ ќе доведе до поквалитетен сервис на производителите, со што ќе се овозможи поголема апсорпција на средствата од националните и европските фондови наменети за развој на оваа гранка. Разделувањето на поголемите парцели на поситни од една страна е добро за поситните земјоделци кои добиваат површини за производство на сточна храна за своите животни, но гледано од економски аспект тоа е директна закана која води до поскапување на производството. 6.9. Законодавство силни страни слаби страни Донесен е Закон за органско земјоделско производство кој е генерално хармонизиран со европското законодавство; Донесени се правилници со цел попрецизно третирање на одделни материи кои не можат да се донесат со Законот; Донесено е национално лого за етикетирање на органски или во преод производи. Постојат делови од Законот кои не се прецизни и кои оставаат можност за различни толкувања; Не се изготвени сите правилници кои треба да прецизираат одредени материи од Законот; Сложени процедури при увоз на органски заштитни средства. можности закани Измена на Законот за органско производство со којашто ќе се отстранат одредените слабости и ќе се елиминираат можностите за различно толкувањето на Законот, како и проблемите кои произлегуваат од тоа; Изготвување на сите правилници кои се поддршка на Законот и прецизирање на досега нерегулираната област; Олеснување на увозот на органски пестициди и постигнување на поконкурентно производство во однос на други земји. Грешки при имплементацијата на органското производство и проблеми при неговата контрола; Бавен развој на органското производство и можности за пристап на меѓународни пазари; Земјоделците и понатаму на располагање ќе имаат мал број квалитетни репроматеријали, а со тоа и неконкурентно производство; Зголемени грешки при контрола и неможност за користење на мерките за поттикнување на органското производство. Одредени делови од Законот за органско производство сеуште даваат можност за различно толкување, а дополнително треба да се донесат и нови правилници кои ќе бидат усогласени со новите европски регулативи, што доведува до создавање на спорни состојби. Сложените законски процедури за увоз на органски пестициди се уште една пречка која го забавува развојот на органското земјоделско производство. Без искористување на гореспоменатите можности и коригирање на слабостите кои ги имаме, можно е создавање на грешки при имплементацијата и контролата на органското производство, а со тоа намалување на обемот на органското производство. 6.10. Собирање на самоникнати растенија и плодови силни страни слаби страни Македонија располага со голем потенцијал на самоникнати лековити растенија, печурки, шумски плодови и сл.; Шумите во Република Македонија се карактеризираат со голема биолошка разновидност; Република Македонија располага со еколошки чисти региони, што е предуслов за органска сертификација на растенија, печурки и шумски плодови кои се собираат во овие региони; Собирачите не се доволно обучени за принципите на органското производство, кои се однесуваат на собирањето и преработката на самоникнати растенија, печурки и шумски плодови, со што се доведува во прашање одржливоста на собирањето; Се намалува бројот на собирачи, како резултат на миграцијата на населението во урбаните средини; 33 Потребата од користење на недозволени репроматеријали во третманите против шумски штетници и болести е сведена на минимум. Појавата на шумски штетници и болести е ретка и речиси секогаш е со помали размери. Постапката за обезбедување на Потврда за нетретирање е брза и едноставна; Во Македонија постои традиција на собирање на самоникнати видови. Со собирање на шумски плодови, печурки и лековити билки, се занимаваат околу 50.000 семејни домаќинства во Република Македонија, главно од ридско планинските и неразвиените подрачја; Нема преод. Доколку се исполнети барањата на соодветна регулатива, органскиот квалитет се добива, и може да се оствари дополнителен профит уште во првата година на сертификација; Се остварува значаен девизен прилив од извоз на шумски печурки и лековити билки; Постои Стратегија за одржлив развој на шумарството во Република Македонија, чија цел е да се зголеми придонесот на шумарството кон националната и руралната економија преку одржливо стопанисување со шумите, што пак е во тесна корелација со принципите на органското производство; Постои Национална стратегија за биолошка разновидност со акционен план. Областа на собирање на самоникнати не е доволно и јасно регулирана со закони и правилници, а оние кои постојат, недоволно се познаваат и почитуваат; За фирмите кои се занимаваат со откуп, преработка и извоз на органски сертифицирани самоникнати растенија, печурки и шумски плодови, нема предвидено посебни субвенции во Програмите за финансиска поддршка; Информациите/Листата на загрозените и строго заштитените растенија не се лесно достапни до собирачите и фирмите кои го организираат собирањето и вршат откуп; Не постои навика да се етикетираат собраните производи во сите фази на манипулација, со што се отежнува исполнувањето на барањата во однос на обезбедување на следливост на производите. можности закани Побарувачката за органски самоникнати растенија, печурки и шумски плодови на пазарите надвор од земјава е голема; Постои слободен влез на пазарот за фирми кои сакаат да вршат собирање, откуп и преработката на самоникнати растенија, печурки и шумски плодови; Инвентаризација на самоникнати видови со цел да се обезбеди одржливо искористување на природниот потенцијал Уништувањето на шумите и шумскиот фонд, предизвикано од пожари и несовесно искористување, може да доведе до намалување на природниот потенцијал и количините кои се собираат; „Дивите” собирачи, кои работат без регистриран откупен пункт, обучени собирачи и сл., а кои во голема мера влијаат на откупните цени и количини; Евентуална појава на штетници, за која би бил неопходен третман со недозволени инпути, би го исклучила регионот/областа како потенцијал за собирање на органски сертифицирани самоникнати растенија, печурки и шумски плодови. 34 Органската сертификација на самоникнати видови (лековити растенија, печурки и шумски плодови) станува се позначајна и тоа од неколку причини: субјектите кои нудат сертифицирани производи имаат можност за подобар пристап до пазарите, продажба по повисока цена, како и предност при продажбата во услови на силна конкуренција; обезбедува воведување на одржливи практики на собирање и долгорочно опстојување на видовите што се собираат; овозможува спроведување на систем на следливост на производите, што гарантира зачувување на органскиот квалитет на производот од местото на собирање, па сé до финалниот производ, а од друга страна е од клучно значење за безбедноста и квалитетот на производот. Врз основа на СВОТ анализата на делот за собирање на самоникнати видови, може да се изведе заклучок дека во Република Македонија постојат голем број на силни страни кои секако треба да ги имаме предвид и да ги искористиме. Република Македонија располага со голем потенцијал за собирање на одредени самоникнати видови кои не се доволно искористени. Зголеменото искористување на овој природен потенцијал, со истовремено обезбедување на одржливо собирање, би водело до остварување на позитивен финансиски ефект за самите собирачи, за фирмите кои вршат откуп, преработка и трговија со самоникнати производи, но и за државата преку девизен прилив од извозот на овие производи. Екосистемите во Република Македонија се карактеризираат со голема биолошка разновидност, што овозможува понуда на голем број самоникнати производи на пазарите во земјава и странство. Република Македонија располага со еколошки чисти региони, што е најзначаен предуслов за органска сертификација на самоникнати видови кои се собираат во овие региони. Сѐ поголем број домашни, а особено странски инвеститори пројавуваат интерес за вложување во ваквиот тип на производство, токму поради фактот што кај нас сеуште постојат региони во коишто нема никакви извори на загадување. Собирањето на самоникнати видови е специфично во поглед на органската сертификација, бидејќи нема потреба од период на преод. Доколку се исполнети барањата на соодветна регулатива, органскиот статус се добива веднаш, и може да се оствари 35 дополнителен профит уште во првата година на сертификација. Оваа специфика секако претставува позитивна страна. Од извозот на самоникнати видови во моментот се остварува значаен девизен прилив. Доколку се зголеми искористеноста на природниот потенцијал и продолжи трендот на инвестирање во оваа област, секако ќе дојде и до зголемување на девизниот прилив. Појавата на шумски штетници и болести е сѐ почеста, но сеуште во помали размери. Тоа пак е резултат на локализирани и недоволни третмани на шумите за уништувње на штетници и болести. Сепак, тоа пак овозможува да се исполнува барањето на органските регулативи, за регионот каде што се врши собирањето не е третиран со недозволени инпути најмалку 3 години. Секако ова треба да го потврди надлежна институција, во нашиот случај МЗШВ. Постапката за обезбедување на Потврда за нетретирање е брза и едноставна, што во голема мера ја олеснува и забрзува постапката на контрола и сертификација. Во Република Македонија постои традиција на собирање на самоникнати видови. Со собирање на шумски плодови, печурки и лековити билки, се занимаваат околу 50.000 семејни домаќинства, главно од ридско-планинските и неразвиените подрачја. На крајот, како силна страна секако би требало да го истакнеме и постоењето на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија, чијашто цел е да се зголеми придонесот на шумарството кон националната и руралната економија преку одржливо стопанисување со шумите, што пак е во тесна корелација со принципите на органското производство. Колку и да се бројни и значајни силните страни, сепак истите не можат до крај да се искористат без да се работи на отстранување или барем намалување на влијанието на слабите страни кои се дефинирани во СВОТ анализата. Собирачите не се доволно обучени за принципите на органското производство, кои се однесуваат на собирањето и преработката на самоникнати растенија, печурки и шумски плодови, со што се доведува во прашање квалитетот на собраните производи, но и одржливоста на видовите кои се собираат. Како резултат на миграцијата на населението од селските во урбаните средини, но и како резултат на се поголемиот одлив на работна сила во странство, се намалува бројот на собирачи на самоникнати видови. Областа на собирање на самоникнати производи, не е доволно и јасно регулирана со закони и правилници, а оние кои постојат, недоволно се познаваат и почитуваат. Тоа внесува забуни и потешкотии во работењето на субјектите кои учествуваат во процесот на собирање, откуп, преработка и трговија со самоникнати производи. За фирмите кои се занимаваат со откуп, преработка и извоз на органски сертифицирани самоникнати видови, нема предвидено посебни субвенции во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Од друга страна, истите имаат инвестиции во регистрација и прилагодување на откупните пунктови за прием и складирање на органски сертифицирани производи, понатаму инвестиции во обука на собирачите за принципите на органското собирање на самоникнати производи и сл. Она што најмногу ја отежнува органската сертификација на самоникнати видови е непостоењето на навика да се етикетираат собраните производи во сите фази на манипулација, со што се отежнува исполнувањето на барањата во однос на обезбедување на следливост на производите. Информациите/Листата на загрозените и строго заштитените растенија, не се лесно достапни до собирачите и фирмите кои го организираат собирањето и вршат откуп. Кога станува збор за можностите кои се дефинирани во областа на собирањето на самоникнати видови и нивната органска сертификација, треба пред сѐ да се истакне дека побарувачката за органски самоникнати производи на пазарите надвор од земјава е голема и 36 постојано расте. Овие производи имаат широка примена во прехранбената индустрија, медицината и козметиката. Квалитетот на органски сертифицираните самоникнати производи кои се извезуваат од Република Македонија е веќе докажан, особено на пазарите во Европа. Она што е од исклучително значење, е и постоењето на слободен влез на пазарот за фирми кои сакаат да вршат собирање, откуп и преработката на самоникнати видови. Истовремено, она што постојано се провлекува низ досегашната анализа, а се јавува и како можност која треба да се искористи, е постоењето на природен потенцијал кој сеуште не е доволно искористен. Од заканите со кои се соочува собирањето на самоникнатите видови, секако најголеми штети би можело да предизвика уништувањето на шумите и шумскиот фонд, предизвикано од пожари и несовесно искористување. Ова секако води до намалување на природниот потенцијал и количините кои се собираат. „Дивите” откупувачи, кои работат без регистриран откупен пункт, обучени собирачи и сл., а кои во голема мерка влијаат на откупните цени и количини, претставуваат закана за фирмите кои вршат собирање и откуп и инвестираат во органската сертификација. Евентуална појава на штетници, за која би бил неопходен третман со недозволени инпути, би го исклучила регионот/областа како потенцијал за собирање на органски сертифицирани самоникнати растенија, печурки и шумски плодови. 7. Анализа на засегнатите страни Во процесот на подготвување на Националниот план за органско производство за периодот 2013 - 2020 година, засегнатите страни обезбедија значајни информации во однос на потребите, ресурсите, дефинирањето на реалистичните цели и практични аспекти во областа на органското производство и ги идентификуваа потенцијалните проблеми кои може да се појават во иднина, исто така предложија и мерки за нивно спречување и надминување. Засегнатите страни се поединци, групи и институции кои директно или индиректно се засегнати од Националниот план за органско производство и истите може да се поделат како што следи: корисници, владини институции/агенции, научно – истражувачка заедница, НВО, оние кои обезбедуваат ресурси за спроведување на НПОП и останати. корисници - Федерација на производителни на органски производи во Македонија; здруженија/асоцијации; преработувачки компании; трговци; потрошувачи на органска храна. владини институции/агенции - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање; Министерство за економија; Министерство за финансии; 37 Агенција за храна и ветеринарство; Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството; Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. научно – истражувачка заедница Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип; Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје; Земјоделски институт - Скопје; Институт за сточарство - Скопје. НВО - котролно/сертификациско „Балкан Биоцерт“; котролно/сертификациско тело „Про Церт“; Макеоднско – еколошко друштво. обезбедуваат ресурси за спроведување на стратегијата Министерство за финансии; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. останати - Постојана работна група за рурален развој (SWG). Поглавје 2 8. Национален план за органско производство за периодот 2013 - 2020 година 8.1. Национална стратешка цел МЗШВ ја усвои следната стратешка цел: да се заголеми конкурентноста на органското производство во Република Македонија заради успешен пласман на домашниот и странските пазари. 8.2. Конкретни цели: До 2020 година: 1. Примарно земјоделско производство обработливо земјиште под органско производство да има удел од 4 % во вкупното обработливо земјоделско земјиште во Македонија и 4% од вкупно сертифицирани животни во органско сточарство (вклучително и пчеларство и рибарство) од вкупниот сточен фонд во Република Македонија; да се идентификуваат и поддржат стратешки значајни органски производи; да се подобри достапноста на репроматеријалите дозволени за употреба во органското производство. 2. Преработувачка индустрија да се диверзифицираат секторите од преработувачката индустрија вклучени во преработка на органски земјоделски производи; да се зголеми понудата и асортиманот на преработки од органски земјоделски производи. 38 3. Трговија да се зголеми асортиманот и количините на органски земјоделски производи; да се зголеми побарувачката и потрошувачката на органските земјоделски производи; да се зголеми јавната свест за органска храна; да се искористат можностите за потрошувачка на органските производи преку развојот на еко-туризмот; да се зголеми пласманот на македонските органски земјоделски производи на извозните пазари. 4. Контрола и сертификација да се зголеми конкуренцијата во понудата на контролни и сертификациски услуги; институционално зајакнување на системот за надзор во органското производство. 5. Образование и наука да се зголеми уделот на образованието од областа на органското производство (во формалното и неформалното образование); зголемување на бројот на акредитирани модули за органското производство од II и III циклус на студии во високо научните институции во државата; да се интензивираат истражувањата за органски земјоделски техники во Република Македонија; да се интензивираат и прошират истражувања за потенцијалот на природните ресурси во Република Македонија; да се започне истражување на пазарот. 6. Политика и законска регулатива институционално да се зајакнат и стручно оспособат институциите вклучени во системот на органското производство (знаење, човечки ресурси, инфраструктура); да се зголеми соработката и комуникацијата меѓу сите вклучени и засегнати страни; да се зајакнат органските фармерски здруженија и други невладини организации и да се поддржи нивното вмрежување и соработка; да се зајакнат органските фармерски здруженија и да се поддржи нивното вмрежување и соработка со задругите. 7. Собирање на самоникнати видови да се зголеми бројот на субјектите и површините сертифицирани за собирање на самоникнати видови; да се зголеми понудата на сертифицирани самоникнати видови; да се воспостави одржлив начин на користење на природните ресурси преку органската сертификација на субјектите. Акциски план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година 39 област на интервенција/цел мерки начин на спроведување на мерката спроведува временска рамка 1. Примарно земјоделско производство обработливо земјиште под органско производство да има удел од 4% во вкупното обработливо земјоделско земјиште во Македонија и 4% од вкупно сертифицирани животни во органско сточарство (вклучително и пчеларство и рибарство) од вкупниот сточен фонд во Македонија да се идентификуваат и поддржат стратешки значајни органски производи да се подобри достапноста на репроматеријалите дозволени во органското земјоделство поддршка за примарното органско производство поддршка за произведен и продаден производ во преод на сертифицираните преработувачки капацитети во рамките на програмата за директни плаќања (по ха и по грло) и за руралниот развој и задржување на оваа поддршка во програмираниот период (2013 2020) МЗШВ/АФПЗРР 2020 во рамките на програмата за директни плаќања (по килограм и/или литар предаден производ) во рамките на програмата за директни плаќања (по килограм и/или литар предаден производ) 50% од вкупните трошоци % од вкупните трошоци МЗШВ/АФПЗРР 2013 - 2020 поддршка за произведен и продаден органски производ на сертицираните преработувачки производи МЗШВ/АФПЗРР 2013 - 2020 надомест на трошоците за контрола и сертификација надомест за лабораториски анализи идентификација на стратешки органски производи идентификација на автохтони органски производи поддршка за произведен и продаден органски производ истражување на економски и други параметри во рамките на програмата за директни плаќања (по килограм и/или литар предаден производ) МЗШВ/Универзитети 2014 поддршка за зголемено домашно производство на репроматеријали % од трошоците за производство на семе и саден материјал, ѓубрива, средства за заштита на растенијата и други репроматеријали МЗШВ/Универзитети 2015 - 2020 поддршка на сертифицирани субјекти за употреба на дозволени репроматеријали за органско производство % од трошокот за употреба на дозволени репроматеријали МЗШВ/Универзитети 2015 - 2020 Акциски план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година 40 област на интервенција/цел мерки начин на спроведување на мерката спроведува временска рамка 2. Преработувачка индустрија да се диверзифицираат секторите од преработувачката индустрија вклучени во преработка на органски производи да се зголеми понудата и асортиманот на преработки од органски производи поддршка за сертифицираните преработувачки капацитети во рамките на програмата за директни плаќања и други програми на Владата на РМ % од преработена и продадена количина МЗШВ/МЕ 2013 - 2020 стручни и технички - технолошки информации за органско земјоделство дополнителна финансиска поддршка по килограм или литар сертифициран органски производ во сертифициран преработувачки капацитет обезбедување и достапни стручни и техничко технолошки информации се за производителите и преработувачите во рамките на програмата за директни плаќања (процентуално зголемена вредност за постоечката исплата по килограм и/или литар предаден производ) МЗШВ, АПРЗ, МЕ, ФПОПМ, СТ 2013 - 2020 Акциски план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година 41 област на интервенција/цел мерки начин на спроведување на мерката спроведува временска рамка 3. Трговија да се зголеми асортиманот и количините на органски производи да се зголеми побарувачката и потрошувачката на органските производи да се зголеми јавната свест за органска храна да се искористат можностите за потрошувачка на органски производи преку развојот на екотуризмот да се зголеми пласманот на македонските органски производи на извозните пазари истражување на пазарот за побарувачката на органски производи ширење на информации меѓу засегнатите страни и потрошувачите на органски производи популаризација на порталот www.organicmacedonia.org.mk; организирање на национални промотивни настани и информативни кампањи МЗШВ. НВО, ФПОПМ 2013 - 2020 поддршка за органски производители и преработувачи за извозна промоција на македонски производи. презентација на македонските органски производи на саеми и изложби на национално и европско ниво МЗШВ, МЕ, Агенција за странски инвестиции, АФПЗРР 2013 - 2020 поддршка во организирање на продажни места (зелени пазари) во поголемите потрошувачки центри воспоставување на редовна понуда на органски производи и директен пристап до крајните корисници во рамките на програмата за директни плаќања и други програми на Владата на РМ % од вредноста на продадена количина органски производи или производи во преод на крајни потрошувачи. и/или извезени производи Акциски план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година 42 област на интервенција/цел мерки начин на спроведување на мерката спроведува временска рамка 4. Контрола и сертификација да се зголеми конкуренцијата во понудата на контролни и сертификациски услуги институционално зајакнување на системот за надзор во органското производство подобрување на капацитетите во државната администрација која работи на органско производство обуки и подготвување на упатства/брошури за супервизија МЗШВ 2013 - 2020 воспоставување на систем за контрола во согласност со стандардот ЕН 17011 акредитација на ДИЗ МЗШВ 2013 - 2020 подобрување на соработка помеѓу инспекциските органи размена на искуства, информации, одржување на редовни средби МЗШВ, СТ 2013 - 2020 Акциски план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година 43 област на интервенција/цел мерки начин на спроведување на мерката спроведува временска рамка 5. Образование и наука да се зголеми уделот на образованието од областа на органското производство (во формалното и неформалното образование) зголемување на бројот на акредитирани модули за органското производство од II и III циклус на студии во високо научните институции во државата да се интензивираат истражувањата за органски земјоделски техники во Република Македонија да се интензивираат и прошират истражувања за потенцијалот на природните ресурси во Република Македонија да се започне истражување на пазарот интензивирање и проширување на истражувањата на органски теми во рамките на националните и секторските истражувачки програми воспоставување на научно истражувачки проекти МЗШВ, МОН, програми за истражување на ЕК, Универзитети 2013 - 2020 воспоставување на демонстративни центри за органско производство МЗШВ, МОН, програми за истражување на ЕК, Универзитети 2013 - 2020 интегрирање на органските фарми во истражувачки и применети цели спроведување на специфични програми за истражувачки проекти во областа на органско производство и интеграција на македонските истражувачки центри во европските истражувачки мрежи за органско производство МЗШВ, МОН, програми за истражување на ЕК, Универзитети 2013 - 2020 организирање на национални научно стручни собири презентација на резултати од истражувања, опити или проекти од вршени истражувања во земјата и регионот поврзани со органското производство МЗШВ, МОН, програми за истражување на ЕК, Универзитети 2013 - 2020 Акциски план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година 44 област на интервенција/цел мерки начин на спроведување на мерката спроведува временска рамка 6. Политика и законска регулатива институционално да се зајакнат и стручно да се оспособат институциите вклучени во системот на органското производство (знаење, човечки ресурси, инфраструктура) да се зголеми соработката и комуникацијата меѓу сите вклучени и засегнати страни; да се зајакнат органските фармерски здруженија и други невладини организации и да се поддржи нивното вмрежување и соработка. да се зајакнат органските фармерски здруженија и да се поддржи нивното вмрежување и соработка со задругите континуирано ажурирање и усогласување на законските прописи од областа на органското производство со ЕУ МЗШВ 2013 - 2020 зајакнување на капацитетите во државната администрација која работи во областа на органското производство МЗШВ 2013 - 2020 развивање на модели за соодветна распределба на државната финансиска поддршка во органското производство МЗШВ 2013 - 2020 зголемување на инвестициските проекти во органското производство за одржлив развој во руралните средини МЗШВ 2013 - 2020 подобрени советодавни услуги градење на капацитети/обука АПРЗ, приватни советници 2013 - 2020 поддршка на ФПОПМ учество во трошоците за книговодство, покривање на трошоците за плата на раководителот 2013 - 2020

National Plan for organic production 2013–2020 · Nelum