跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Methodology for the content and manner of risk assessment and protection and rescue planning

颁布于 2006-06-19 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Методологија за содржината и начинот на проценување на опасностите и планирање на заштитата и спасувањето.
语言
Macedonian
类型
其他
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
General
关键词
hazards, risk assessment/management, public health, animal health, policy/planning, early warning system, flood, local government, pests/diseases

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 1. Општите карактеристики на територијата или подрачјето опфаќаат: - географска положба и големина на територијата или подрачјето, - рељефот и пошуменоста, - основните карактеристики на земјиштето, - климатските услови, - хидрографската мрежа, - број и големината на населбите, - урбаната структура на населбите, - број и структура на населението вкупно и по населби, 1 - видот и количината на атмосферските врнежи, - стопанската развиеност, - патната мрежа по видовите на патишта и др. Во општите карактеристики на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби се обработуваат: - дејноста и нејзиното влијание на можноста за предизвикување на природните непого- ди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - влијанието на несреќите и непогодите во обавувањето на дејноста, - податоци за капацитетите на стопанските субјекти, - густината на изграденост на стопанските и други објекти и нивната карактеристика од важност за заштитата од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - сообраќајната инфраструктура, - бројот на вработените. Општите карактеристики на територијата или подрачјето се обработуваат за секоја природна непогода, епидемија, епизотија, епифитотија и друга несреќа посебно.

  2. 2. Процената по мерките за заштита и спасување опфаќа: 2.1. Евакуација - процена на бројот на населението кое подлежи на евакуацијата, - определување на населени места во кои се врши евакуација и во кои се врши прифат на евакуирано население, нумерички показатели, - процена на потребата за уредување на реоните и објектите предвидени за прифат на евакуираното население, - утврдувањето на видот, и начинот на превоз, на населението предвидено за евакуаци- ја. - процена на потребите за ангажирање на органите на државната управа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби во евакуацијата и прифатот на населе- нието. 2.2. Засолнување на населението и материјалните добра - процена на потребите за засолнување (основна и дополнителна заштита), - број и состојба на постоечките засолништа, - проценување на степенот за заштита по реоните во однос на процените на видот и степенот на загрозеност, - согледување на можностите на постоечките засолништа, и можностите за прилагоду- вање на објектите за засолнување и заштита, - можните носители во реализацијата на мерката засолнување на населението и матери- јалните добра и друго. 2.3. Згрижување на настраданото и загрозеното население - процена на бројот на настраданото и загрозеното население од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - утврдување на можностите за згрижување во објектите предвидени за сместување, ис- храна и лекување, - определување на носителите, условите и објектите за згрижување на загрозените и на- страданите, - згрижување на населението од карантински болести. 2.4. Радиолошка, хемиска и биолошка заштита - процена на можностите од радиолошко, хемиска и биолошка заштита на: населението, храната, водата, добитокот, објектите, материјално-техничките средства и површините, - проценување на степенот на обученост на населението, 2 - подготвеност на силите за заштита и спасување за реализацијата на мерките за ради- олошко, хемиска и биолошка заштита, - обезбеденост со средства за радиолошко, хемиска и биолошка заштита, за колективна и лична заштита, - процена на влијанието на одделни фактори и нивното значење во однос на организи- рањето и спроведувањето на радиолошко, хемиска и биолошка заштита, - можности за ангажирање на стручни, односно специјализирани органи и институции во радиолошко, хемиска и биолошка заштита, - процена на можности за спроведување на детекција и дозиметрија, - процена на можност за спроведување на деконтаминацијата, - можности за користење на месни и прирачни средства за радиолошко, хемиска и био- лошка заштита. 2.5. Заштита и спасување од урнатини - процена на загрозеноста на луѓето и објектите од уривање и затрупување, - организација на силите за спасување од урнатините, - оспособеност и опременост на републичките и просторните единици за заштита и спа- сување, - начин на организацијата и спроведување на мерките за заштита и спасување од урна- тини, - сеизмички карактеристики на територијата според зоните од сеизмичката карта, - интензитетот на можните земјотреси, - загрозеноста на населбите и градежните објекти во однос на проценетиот интензитет на земјотресите (тип на населба, вид на објекти и материјали, конструктивни системи на изградба и друго), - процена на последиците од евентуални земјотреси, според сеизмичките зони за стам- бените, јавните, индустриските и други објекти со нумерички податоци за бројот на нео- штетени, лесно оштетени, тешко оштетени и урнати објекти, - можен број на повредени и загинати по реоните во однос на бројот на жителите. 2.6. Заштита и спасување од поплави - преглед на водотеците, езерата и хидро акумулациите кои можат да бидат причина за предизвикување поплави, - хидрометеоролошките услови за прогласување непогода (водостој, врнежи, состојба со снегот, и сл), - функционалност и степен на изграденост на заштитата на водостопанските објекти со нумерички показатели (број, вид, димензии и сл.), - големина на загрозеното подрачје и степен на изграденост (површина, населеност, ин- дустрија, патна мрежа), - загрозени реони и подрачја од поплави и подземни води, - топографско-хидрографски карти со соодветен размер со податоци за заштитните во- достопански објекти, - начинот и организацијата на спроведувањето на мерките за заштита и спасување од вода и на вода, - оспособеност и опременост на единиците за заштита и спасување и специјализираните субјекти кај трговските друштва, јавните претпријатија, установи служби. 2.7. Заштита и спасување од пожари - процена на можностите за заштита и начините за гасењето на пожарите, - обученост и оспособеност на единиците за заштита и спасување и граѓаните, - опременост со средствата за гасење пожари, - процена на потребите за организирање на специјализирни противпожарни единици, - број и вид на огнозапаливи објекти (стамбени, индустриски, јавни и други), 3 - осетливост на објектите на пожари, - густина и изграденост на објектите по реони, - видот на објектите (материјал, катност, пожарна оптеретеност), - ширина и проодност на сообраќајниците, - видот и состојбата на инсталациите (електро-инсталации, гасоводи и др.), - начин на снабдувања со вода (број и распоред на хидрантите, цистерни и др.), - извори на топлина, шумски комплекси (видови шуми, уреденост, проодност, начин на експлоатација). 2.8. Заштита и спасување од неексплодирани убојни средства - процена на можната загрозеност од неексплодирани убојни средства, - начин, организација и средства за заштита од неексплодирани убојни средства, - реони за уништување на неексплодираните убојни средства, - преглед на трговски друштва кои се занимаваат со производство, превоз, складирање и промет на експлозивни материјали, и со употреба на лесно запаливи и експлозивни ма- терии, - состојбата со противпожарната и техничката заштита, - состојбата со складовите за сместување на лесно запаливите и експлозивни материи, - начин и правци на превоз на експлозивните материи, - загрозени реони и објекти во кои се работи со експлозив (загрозена зона, број на жите- ли, видот и конструкцијата на објектите и др.), - локација на пронајдените неексплодираните убојни средства, - вкупен број на неексплодирани убојни средства. 2.9. Прва медицинска помош - влијанието на можни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.те природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и другите несреќи на хигиенско- епидемиолошката ситуација, - можните човечки загуби и нивната структура, - обем и структура на здравствената заштита, - задачите и условите за делување на здравствената заштита, - можностите на здравствените установи за прифат и пружање на прва медицинска по- мош, - потребите во кадрови и материјални средства, - потреба и начин на ангажирање на другите структури на општината, - број и структура на жителите, - нивото на хигиенско-здравствената култура на населението, - заразни болести кои како епидемија се јавувале на територијата и карактеристиките на тие болести, - хигиенски услови со посебен осврт на можноста за загадување на водата, - квалитетот на водата, - состојбата на хигиенско-епидемиолошката служба, - останати фактори кои можат да влијаат на функционирањето на здравствената зашти- та во случај на природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. 2.10. Заштита и спасување на животните и производи од животинско потекло - можности за контаминација на животните и производи од животинско потекло, - потреби и можности за заштита на животните и производи од животинско потекло, - организација на заштитата, - средства за заштита, - носители на стручни активности и дејности на планот за заштита и спасување на жи- вотните, на добиточниот фонд, добиточната храна и производите е од животинско потек- ло, 4 - бројност и структура на добиточниот фонд, - заразни болести кои можат да ги загрозат животните и добиточниот фонд, - број на ветеринарни станици, - преглед на состојбата на добиточниот фонд по населени места и подрачја, - начин на складирање и заштита на месото и другите производи од животинско потек- ло. 2.11. Заштита и спасување на растенијата и производи од растително потекло - можности за контаминација на растенијата и производите од растително потекло, - можности за заштита по видовите на земјоделските култури, - организација на заштитата и средстава за заштита, - носители на активностите во заштитата и спасувањето на растенијата и производите од раститално потекло, - вкупни површини на земјоделското и шумско земјишта во хектари, - видови на растителни култури, - складишни капацитети со видот и начинот на складирање на растенијата и производи- те од растително потекло, - организираност на службите за следење и прогнозирање на временските прилики, - снабденост со средства за заштита на растенијата и производите од растително потек- ло, - видови на растителни болести и растителни штетници кои најчесто ја загрозувааат те- риторијата. 2.12. Асанација на теренот - согледување на најважните активности во асанацијата на теренот, - утврдување на носителите на одделни активности, - потребите за материјални и други средства (сили и средства, откривање, идентифика- ција, прибирање и погребување на лешевите, можни реони за погребување, потребни си- ли и средства за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, реони за закопување на доби- токот и друго). 2.13. Заштита на животната средина и природата - преглед на можните извори на техничко-технолошки хаварии, - преглед на места за одлагање на отпад опасен за животната средина и природата, - потенцијално загрозени зони во животната средина и природата, - преглед на институции кои вршат контрола на техничко-технолошката опременост и исправност на загадувачите на животната средина и природата. 2.14. Заштита и спасување во рудниците - преглед на рудниците, - преглед на состојбата и материјално-техничките средства со кои располагаат рудни- ците, - процена на загрозеноста на луѓето од урнување, затрупување и излевање на хидроја- ловиштата, - оспособеност,организираност и опременост на силите за спасување од урнување, за- трупување и излевање на хидројаловиштата, - начин на организација и спроведување на мерките за заштита и спасување од урнува- ње, затрупување и излевање на хидројаловиштата.

  3. 3. Потреби и можности за организација и раководење со заштитата и спасувањето и ор- ганизирање на силите за заштита и спасување Во делот на процената кој се однесува на раководењето со заштитата и спасувањето, и обезбедувањето на единиците за заштита и спасување, се прикажува организационата структура на Главниот штаб, регионалните штабови, штабовите на единиците на локална- 5 та самоуправа и штабовите за заштита и спасување во трговските друштва, јавните прет- пријатија, установи и служби, опременоста со лична и заедничка опрема, можностите за раководење со заштитата и спасувањето во вонредни состојби, организацијата на врските и координацијата во раководењето и командувањето. Во однос на потребите и можностите за организација на единиците за заштита и спасу- вање се прикажува и бројот и структурата на единиците, бројот на обрзниците, нивната ос- пособеност и обученост, покриеност на територијата на општините со единиците по видови и намена, опременоста со материјално-технички и други средства, средствата за лична за- штита, и проценка на можната ангажираност. Посебно треба да се процени потребата за ор- ганизирање на здружени единици на ниво на општините и можностите за нивно ангажира- ње.

  4. 4. Оспособеност на субјектите за заштита и спасување во единиците на локалната самоу- права, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби Во овој дел од процената на опасностите треба да се анализира: - оспособеност на штабовите на единиците на локалната самоуправа и штабовите во тр- говските друштва, јавните претпријатија, установи и служби, - обученост и оспособеност на единиците за заштита и спасување, - можности на подготвеност и ангажирање на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби, - можности за раководење и координација во услови на употребата заштитата и спасу- вањето, - материјални и други можности за понатамошно подигање на степенот на оспособе- ност, и други влијанија на подготвеноста на сите субјекти за реализација на мерките, за- дачите и активностите на заштитата и спасувањето.

  5. 5. Оспособеност на граѓаните Во овој дел од процената на опасностите треба да се анализира: - степенот на оспособеност на граѓаните за преземање на лична и заемна заштита и за спроведување на поединичните мерки за заштита и спасување, - оспособеност на граѓаните за користење на месните и прирачните средства за лична заштита и другите мерки за заштита и спасување, - наставните планови и програми, кадровските можности и други показатели од важ- ност за обучувањето и оспособувањето, - проценка на материјалните и други можности и опременост,

  6. 6. Заклучок Во заклучоците на процената на опасностите треба да се истакнат особено следните елементи: - степенот на организираност и подготвеност на силите за заштита и спасување, - оспособеност и опременост за реализација на личната и взаемна заштита и конкретни мерки во врска со тоа, - организираност и оспособеност на единиците за заштита и спасување како интервент- на сила во отстранување на последиците, - организираност и оспособеност на органите на државната управа, трговските друш- тва, јавните претпријатија, установи и служби кои се од посебно значење за заштитата и спасувањето, - можности за раководење со силите за заштита и спасување, - местата и подрачјата каде може реално да се очекуваат природните непогоди, епиде- мии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, 6 - интензитетот и големината на очекуваните природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - бројот на можните и предизвикани жртви , - големината на материјалната штета, - објективните услови кои постојат за да се спречи несреќата и непогодата, - можноста на силите за заштита и спасување и средствата со кои се располага да се уб- лажат последиците и да се санира состојбата, и - потребата и неопходноста да се бара помош. III. ПЛАНИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО

  7. 1. Планот за заштита и спасување од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифи- тотии и други несреќи ги содржи следните документи за: - Подготвеност на силите за заштита и спасување; - Мобилизација на силите за заштита и спасување, материјално-техничките средства и опрема и - Ангажирање на силите за заштита и спасување. Овие документи треба да бидат меѓусебно усогласени и да претставуваат единствена целина, а особено во поглед на постепеното или брзо активирање на системот за заштита и спасување и неговата употреба во случај на природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. Документите од Планот за заштита и спасување се изработуваат во вид на прегледи, шеми, графикони и соодветни упатства со кои се одредуваат задачите и постапките во реа- лизацијата на превентивните и оперативни мерки за заштита, изведувањето на акциите за заштита и спасување на населението и материјалните добра и отстранување на последици- те од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. 1.1. Подготвеност на силите за заштита и спасување Во документот за подготвеност на силите за заштита и спасување се внесуваат задачи- те и постапките со кои се обезбедува благовремено и потполно спроведување на мерките за заштита, и активирање на соодветните тимови и единици за заштита и спасување во од- нос на степенот на загрозеност од природната или друга несреќа. Во документот за подготвеност на силите за заштита и спасување,задачите и постапки- те мораат да бидат прецизно одредени по степените на загрозеност, извршителите на активностите, роковите за извршување и потребните средства за извршување на задачите. Документот за подготвеност на силите за заштита и спасување се разработува во три степени на загрозеност: Во првиот степен на загрозеност се планираат следните активности:

  8. 1. Ажурурање на сите документи од Планот за заштита и спасување,

  9. 2. Воведување на постојано дежурство во Дирекцијата за заштита и спасување и други- те надлежни органи за заштита и спасување,

  10. 3. Спроведување на мерки за безбедност,

  11. 4. Прекинување на годишните одмори на вработените во Дирекцијата за заштита и спа- сување и лицата распоредени во единиците и штабовите и давателите на материјално-тех- нички средства и опрема,

  12. 5. Ограничување на движењето на лицата распоредени во единиците и штабовите и да- вателите на материјално-техничките средства и опрема. Во вториот степен на загрозеност се планираат задачите, мерките и постапките со кои се постигнува повисоко ниво на подготвеност и се овозможува побрзо преминување на највисоко ниво на подготвеност. Мерките кои се планираат на овој степен се: 7

  13. 1. Целосна подготвеност на сите единици и штабови за заштита и спасување,

  14. 2. Проверка на подготвеноста на сите штабови и единици за извршувањето на задачите за заштита и спасување,

  15. 3. Проверка на подготовеноста и готовноста на сите субјекти за спроведување на мер- ките за заштита и спасување,

  16. 4. Уредување на објектите за заштита,

  17. 5. Спроведување на евакуацијата и дисперзија на стоковите фондови(залихи и резер- ви),

  18. 6. Активирање на силите за заштита и спасување во трговските друштва, јавните прет- пријатија, установи и службите од значење за заштитата и спасувањето. Во третиот степен на загрозеност се планираат мерките, задачите и постапките со кои се обезбедува целосна и потполна подготвеност за заштита и спасување и отстранување на последиците. За таа цел се планираат следните мерки:

  19. 1. Извршување на општа мобилизација на сите сили и средства за заштита и спасува- ње,

  20. 2. Преоѓање на сите носители и субјекти на планирањето на работа според Планот за заштита и спасување,

  21. 3.Ограничување на движењето на населението по место и време. Документот за подготвеност на силите за заштита и спасување содржи: - потсетник за документите за подготвеност, - содржина на мерките за подготвеност, - разработка на мерките за подготвеност, - извршители на мерките, - документи кои се користат при спроведување на мерките за подготвеност. Со документот за подготвеност на силите за заштита и спасување сите извршители тре- ба да бидат во потполност запознаени, оспособени и извежбани за негово извршување. 1.2. Мобилизација на силите за заштита и спасување, материјално-техничките средства и опрема Документот за мобилизација на силите за заштита и спасување,материјално-техничките средства и опрема содржи:

  22. 1. Упатство за извршување на мобилизацијата, со кое се регулираат задачите и постап- ките во случај на Наредба за мобилизација и начинот за извршување на мобилизацијата;

  23. 2. Список на куририте и преглед на превозните сретства кои се користат, за извршува- ње на транспорт на поканите и начинот на разнесувања на поканите на обврзниците на силите за заштита и спасување, и давателите на материјално техничките средства;

  24. 3. Список на обврзниците распоредени во тимовите за брз одговор, единиците и штабо- вите за заштита и спасување кои се мобилизираат;

  25. 4. Список на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби опремени и оспособени за заштита и спасување на кои им се доставува наредбата за извршување на мобилизацијата;

  26. 5. Персонален и материјален состав на штабовите и единиците за заштита и спасување и тимови за брз одговор;

  27. 6. Шемата на разместување на штабовите и единиците на мобилизациските места и ме- стата за нивно активирање;

  28. 7. Потсетник за извршување на мобилизацијата за командантите и началниците на шта- бовите, командирите на единиците, и куририте во системот за заштита и спасување;

  29. 8. Преглед на формациските материјално - технички средства и средствата од пописот, и начинот на прием на опремата и средствата;

  30. 9. Мерки за безбедност за време на извршувањето на мобилизацијата; 8

  31. 10. Начин на пополна и снабдување на штабовите и единиците за заштита спасување и тимовите за брз одговор, со обврзниците и материјално техничките средства за време на природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи;

  32. 11. Акт на надлежниот орган за именување на членови на штабот, односно соодветниот орган за раководење со заштитата и спасувањето во случај на природни непогоди, епиде- мии, епизоотии, епифитотии и други и несреќи. 1.3.Ангажирање на силите за заштита и спасување Документот за ангажирање на силите за заштита и спасување се состои од заеднички и посебни документи, со кои се врши процена, се планираат задачите и постапките по сите мерки, начинот на употреба на единиците и раководење и командувањето со силите за за- штита и спасување во целост. Заеднички документи се:

  33. 1. Процена на загрозеноста од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи;

  34. 2. План за заштита и спасување по мерките за заштита и спасување;

  35. 3. План за употреба на силите за заштита и спасување;

  36. 4. План за врски. Посебни документи се:

  37. 1. Преглед на силите за заштита и спасување (републички и просторни), единици- те,штабовите, тимовите за брз одговор;

  38. 2. Преглед на материјално- техничка опременост на силите за заштита и спасување;

  39. 3. Преглед на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби кои се ан- гажираат на задачите за заштита и спасување и нивната кадровска и материјално-техничка опременост;

  40. 4. Преглед на здруженија на граѓани, хуманитарни и невладини организации кои се ан- гажираат на задачите за заштита и спасување и нивната кадровска и материјално техничка опременост;

  41. 5. Преглед на состојбата во организираноста на самозаштитата;

  42. 6. Дневник за активностите во заштитата и спасувањето;

  43. 7. Работни карти за следење на состојбата. 1.3.1.Содржина и начин на изработка на заедничките документи 1.3.1.1. Изработка и содржина на Планот за заштита и спасување по мерките за заштита и спасување Планот по мерките за заштита и спасување опфаќа планирање и подготвување на активности за спроведување на мерките за заштита и спасување согласно прописите за за- штита и спасување. Мерките за заштита и спасување се остваруваат преку организирање на дејства и по- стапки од превентивен и оперативен карактер, кои се подготвуваат и спроведуваат соглас- но Законот за заштита и спасување од страна на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и служ- бите кои ја предвидуваат, планираат и спроведуваат организацијата на мерките. Мерките за заштита и спасување се во функција на превенција (примена на вградените стандарди и нормативи при планирањето и уредувањето на просторот, спроведување на активности и постапки за навремено предупредувањее на населението за можни опасности, обезбедува- ње на материјална база за средства за лична и взаемна заштита и кадровски опремен и обучен потенцијал), како и во оперативна функција во системот за заштита и спасување (задолжително планирање, организирање и преземање на мерки, активности и постапки во случај на постоење на непосредна опасност, за време на траењето на опасноста и от- странувањето на последиците од опасноста). 9

  44. 1. План за евакуација Евакуацијата подразбира планско, организирано, контролирано и привремено преме- стување на населението и материјалните добра, од потенцијално загрозеното или веќе за- грозеното подрачје, на помалку загрозено или потполно безбедно подрачје. Со овој план неопходно е да се дефинираат силите и материјално-техничките средства како и начинот на употреба на истите при спроведувањето на мерката евакуација. Планот за евакуација содржи: - подсетник за употреба на Планот за евакуација за извршување на задачите од почеток на непосредната опасност до завршувањето на евакуацијата, - преглед список на одборот за евакуација (име ипрезиме, должност, адреса). - список на одборот за прифат на евакуираните (име и презиме, должност, адреса на живеење), - поименичен список на екипите за разведување, - преглед на единиците за одржување на редот, здравствените екипи и екипи на Црве- ниот крст на Република Македонија, - преглед на бројот на жителите кои се евакуираат по месните заедници и другите об- лици на месната самоуправа и вкупно за општината, реоните за собирање, - правците на движење и чувствителните објекти на нив и реоните за разместување, - организација на прифатот, сместувањето, исхраната и згрижувањето на евакуираното население, - преглед на материјални добра кои се евакураат, количините, кој и каде ги евакуира, - преглед на моторните возила со кои ќе се изврши евакуацијата по видови, обезбедува- ње, правците на движење и бројот на турите, - преглед на бројот на жителите кои се евакураат пеш, самостојно кај свои роднини, - распоред на населението во реоните на разместување, локација на поедини органи, здравствени установи, училишта и друго, - број на населението за кое се проценува дека ќе биде згрижено, - трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби кои учествуваат во згри- жувањето, (што обезбедуваат и во кои реони), - здравствени установи кои учествуваат во згрижувањето, со кои кадрови и во кои рео- ни, - социјални, хуманитарни и други организации кои учествуваат во згрижувањето и нив- ните задачи, - задача на единиците за одржување на редот во врска со згрижувањето на население- то. Планот се работи графички на карта со потребен табеларен преглед.

  45. 2. План за засолнување на населението, материјалните и културните добра Со овој план неопходно е да се опфатат сите капацитети на објектите за засолнување на населението, материјалните и културните добра, начинот на употреба, одржување и из- градба на нови засолништа и други заштитни објекти погодни за засолнување на населе- нието, материјалните и културните добра. Планот за засолнување на населението, материјалните и културните добра содржи: - потсетник за употребата на Планот за засолнување на населението, материјалните и културните добра, - преглед на превентивните и оперативни мерки за заштита со носителите, - шема за засолнување спрема видот, местото и капацитетот, - список на граѓаните по засолништа кои ќе ги користат и правци на движење кон за- солнишните објекти, 10 - основни определби за начинот на организирање и спроведување на засолнувањето на населението, материјалните и културните добра, - преглед на капацитетите на засолништата со дополнителна заштита, - преглед на потребите при засолнувањето на населението, материјалните и културните добра по место на работа и престој. - преглед на засолнишните капацитети со основната заштита, - преглед на потребите на луѓето, материјалните и културните добра по место на живее- ње, - преглед на силите и материјално-техничките средства кои ќе бидат вклучени во спро- ведување на мерката засолнување на населението, материјалните и културните добра, - план за одржување и градба на нови капацитети за засолнување на населението мате- ријалните и културните добра, - план за изворите на средствата за финансирање на одржувањето и изградбана нови капацитети за засолнување, Планот се изработува графички на карта, а покрај тоа се изработуваат и потребните та- беларни прегледи (преглед на раководителите на засолништа, преглед на потребниот алат за изработка и одржување на објектите за заштита, преглед на бројот на засолнишни ме- ста од основната и дополнителната заштита, преглед на заштитата на добиточниот фонд и др.).

  46. 3. План за згрижување на настраданото и загрозеното население Со планот за згрижување на настраданото и загрозеното населениесе опфаќаат сите ка- тегории на население кои поради природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи се евакуираат на безбедна територија. Со овој план се дефинираат силите и материјално-техничките средства како и начинот на нивна употреба при спроведувањето на мерката згрижување на настраданото и загрозе- ното население. Планот за згрижување на настраданото и загрозено население содржи: - потсетник за употреба на Планот за згрижување на настраданото и загрозено населе- ние, - организација на силите носители на згрижувањето на настраданото и загрозеното на- селение (кој, што, колку и во кој рок треба да направи за згрижувањето на настраданите и загрозените), - можниот број на настрадано и загрозено население, - начин на пронаоѓање на настраданото и загрозено население, - места на собирање, укажување на прва медицинска и друга помош и нега на настрада- ното и загрозено население, - преглед на бројот на жителите по категории кои треба да се згрижат, - преглед на силите за згрижување на населението, - снабдувачи со храна, вода, лекови, медицински установи, верски и хуманитарни орга- низации, транспортни организации и сл. - обезбедување на сместувањето и исхраната на настраданото и загрозено население. Планот се работи графички на карта со потребан табеларен преглед.

  47. 4. План за радиолошка, хемиска и биолошка заштита Радиолошката, хемиска и биолошка заштита се организира со цел за спречување, убла- жување или отстранување на последиците за населението, животинскиот и растителен свет во случај на дејство на радиолошки, хемиски и биолошки средства. План за радиолошка, хемиска и биолошка заштита содржи: - потсетник за употреба на Планот за радиолошка, хемиска и биолошка заштита, 11 - постапка на граѓаните, органите на државната управа, единиците на локалната самоу- права, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби на знакот “опасност од РХБ средства” , - преглед и начин на употреба на единиците за радиолошка, хемиска и биолошка за- штита, - преглед на средствата и реонот за деконтаминација на населението, материјалните и културните добра, - начин и постапка во спроведувањето на мерката за лична и колективна радиолошка, хемиска и биолошка заштита, - преглед на органите за радиолошка, хемиска и биолошка контрола на територијата, - преглед на лаборатории за обавување на соодветни радиолошки, хемиски и биолошки анализи, Планот се разработува на карта на територијата и се прикажуваат следните елементи: - места на набљудувачки станици, - локација на радиолошки, хемиски, биолошки метеоролошки станици, - локација на центарот за известување, - извидувачките патроли и правците на нивно радиолошко, хемиско и биолошко изви- дување, - реони на локација на единиците и правците на употреба, - локација на станиците за деконтаминација, - реонот за деконтаминација и единицата која го развива, - разместување на микробиолошките, хемиските и радиометриски лаборатории, - водоводните станици, бунари и места уредени со пристап за земање и црпење на вода, - преглед на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби, кои се ан- гажираат во радиолошката, хемиската и биолошката заштита, - преглед на единиците за заштита и спасување (општа намена и специјализирани) кои се ангажираат во радиолошката, хемиската и биолошката заштита, - преглед на магацините и складовите со сретствата за деконтаминација, - преглед на магацините и складовите со заштитни средства. Покрај графичкиот приказ, на истата карта се прикажуваат и потребните табеларни прегледи: преглед на средствата за радиолошката, хемиската и биолошката заштита и кон- трола и преглед на средствата од интерес за деконтаминацијата.

  48. 5. План за заштита и спасување од урнатини Со овој план неопходно е да се опфатат превентивните активности во постапката при донесувањето на просторните и урбанистички планови, градежно-техничките и други мер- ки, со кои би се намалило штетното влијание на природните и други несреќи, како што се земјотрес, одрон, лизгање на земјиштето, воздушни и артилериски удари и слично. Покрај превентивните мерки за заштита и спасување од урнатини се планираат и мерки за заштита од последиците на урнувањето, а тоа се: извидување на урнатините, пронаоѓа- ње на затрупани под урнатините, обезбедување на оштетените и поместени конструкции на зградите и објекти, извлекување на затрупаните вон зоната на урнатини и превзимање на мерки за прва медицинска помош, идентификување и погребување на погинатите, гасе- ње на евентуалните пожари, хигиенско епидемиолошката заштита, извлекување и обезбе- дување на материјалните добра од урнатите и оштетени објекти, регулирање на сообраќа- јот за време на интервенцијата, асанација на теренот, организацијата на прифат и помошта на настраданите. Планот за заштита и спасување од уранатини содржи: - потсетник за употребата на Планот за заштита и спасување од уранатини, - шема на населеното место со стамбените и други објекти за кои се проценува дека мо- жат да бидат урнатини или затрупани 12 - преглед на превентивните и оперативни мерки за заштита со носителите, - преглед на бројот на граѓаните кои живеат или работат во тие објекти, - преглед на силите кои ќе бидат ангажирани во спасување од урнатините и нивниот на- чин на употреба, - преглед на градежно-техничките и други материјално-технички средства кои ќе бидат употребени за спасување од уранатини, - места за депонирање на материјалот од урнатините, - правци на сообраќајниците и транспортот на урнатиот материјал, - преглед на екипите од прва помош кои ќе учествоваат во заштитата и спасувањето од урнатините. Планот за заштита и спасување од урнатини треба да биде представен на картата на те- риторијата, со графички приказ на сите наведени активности. Во зависност од големината на територијата и комплексноста на активностите можат да бидат користени една или по- веќе карти и планови на оптината-градот во соодветен размер. Сите активности треба да бидат разработени во облик на табеларен преглед, со утврдени- те задачи, извршителите на задачите, соработката при извршувањето на задачите, роковите за извршување и блиски напомени.

  49. 6. План за заштита и спасување од поплави Со овој план се опфаќаат мерките за заштита и спасување на луѓето и материјалните добра кои се загрозени од поплавите предизвикани од високите водостои на реките или езерата поради обилни врнежи, топење на снегот, хаварии на хидроелектраните и водоза- штитните објекти. Нивото на планирање на превентивните мерки подразбира: изградба, одржување и санирање на оштетените објекти за заштита од поплави, набљудување и из- видување на состојбата со водостојот, правовремена евакуација на населението и матери- јалните добра. Мерките за заштита и спасувања од поплави покрај превентивните активности подраз- бира и обезбедување превоз преку реките и езерата, испумпување на водата од поплавени- те објекти и извлекување на настраданите, како и снабдување на загрозеното население од поплавите. Планот за заштита и спасување од поплави содржи: - потсетник за употреба на планот за заштита и спасување од поплави, - организација и начин на употреба на силите за заштита и спасување и другите субје- кти кои се ангажираат во случај на поплава, - преглед на превентивните и оперативни мерки за заштита со носителите, - преглед и состојба со водозаштитните објекти на подрачјето на ризик од поплави, - преглед на подрачја потенцијално загрозени од поплави (подрачја околу реки, езера и акумулации), - преглед на бројот на загрозеното население од поплави, - преглед на материјалните добра кои подлежат на евакуација ово случај на поплава, - организација и начин на снабдување на населението во поплавените подрачја, - преглед на единиците за спасување со план за употреба на истите по реони, - преглед на материјалните средства, пловните средства и други помагала кои се анга- жираат во заштитата и спасувањето од поплавите. Документот за заштита од поплави графички се разработува на една или повеќе карти на територијата, со приказ на сите карактеристики и активности. Сите активности се раз- работуваат (на табеларни прегледи) поединечно, со назначени задачи, извршители, начи- нот на соработка и роковите за извршување.

  50. 7. План за заштита и спасување од пожари 13 Планот за заштита и спасување од пожари подразбира подготовки и спроведување пре- вентивни мерки за попречување на избивањето пожари како и подготовки и спроведување мерки за гасење на пожарите и санација на последиците од пожарите. Доброволните противпожарни здруженија ја планираат, подготвуваат и спроведуваат заштита од пожари во согласност со Законот за заштита и спасување и Законот за пожар- никарството. Планирањето на заштитата и спасувањето од пожари од страна на органите на државна- та управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавнте претпријати- ја,установи и служби подразбира: организирање и подготовка на силите за гасење на по- жарите, организирање на набљудувањето и известување за појавите на пожар, гасење и локализирање на пожарите, спасување на луѓето и материјалниите добра од објектите и подрачјата загрозени со пожари. Планот за заштита и спасување од пожари содржи: - потсетник за употреба на Планот за заштита и спасување од пожари, - организација на превентивните мерки за заштита од пожари во стамбени, деловни и други објекти, - преглед на потенцијалните зони на пожари (шумски површини, магацини и складови на стопанските, воени и други институции, запаливи објекти и слично), - преглед на единиците за заштита од пожари и противпожарните друштва со планот за употреба на истите по реони и објекти, - преглед на формациските и прирачни средства за гасење пожари кај трговските друш- тва, јавни претпријатија, установи и служби и куќните совети, - шеми на запаливите објекти, противпожарните правци и водни станици со упатство за употреба и приоритети. Планот за заштита од пожари се изработува на една или повеќе карти на територијата, карти на општина-градот и трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и други органи и организации во соодветен размер. Карактеристиките и активностите се представуваат графички на карта, а се разработуваат во табеларни прегледи. Начинот на известување за пожарите, нивото на обученост и начинот на мобилизацијата на силите и средствата се разработуваат во табеларни прегледи.

  51. 8. План за заштита од неексплодирани убојни средства Заштитата од неексплодирани убојни средства подразбира: пронаоѓање, обележување, отстранување, дезактивирање и уништување на неексплодирани убојни средства. Отстранувањето, дезактивирањето и уништувањето можат да го работат само специја- лизирани организации и тимови. Планирањето на заштитата од неексплодирани убојни средства се врши од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со специјализираните тимови за деми- нирање, а единиците на локалната самоуправа ги планираат мерките за обележување на опасните зони и начинот за санација и известување за опасностите. Планот за заштита и спасување од неексплодирани убојни средства содржи: - потсетник за употреба на Планот за заштита и спасување од неексплодирани убојни средства, - план за обележувања на опасни зони, - преглед на внесени опасни зони, - упатство за постапката и начинот за известување на граѓаните кои пронашле неексп- лодирани убојни средства, - карти со локации за уништување на неексплодирани убојни средства и правци на пре- возот, 14 - преглед на силите и средствата кои ќе извршуваат дезактивирање и уништување на неексплодираните убојни средства.

  52. 9. План за прва медицинска помош Првата медицинска помош подразбира благовремена интервенција на здравствените сили со стандардни и прирачни средства на лице место на повредените, ранетите и заболе- ните граѓани, кои во одреден момент се загрозени природните и други несреќи. Овој вид на заштита и спасување подразбира и транспорт на ранетите, повредените и заболените до најблиската здравствена установа како и обезбедување и планирање резерви на крв и крв- на плазма. Планот за прва медицинска помош содржи: - потсетник за употреба на Планот за прва медицинска помош, - здравствени установи кои се ангажираат на оваа задача, нивните локации, кадарот и средствата со кои се ангажираат, - преглед на собирните места за прифаќање на повредените, начинот и правците на нив- ната евакуација, - расположивите количини на лекови и друг санитетски материјал, и местата на нивна локација, - преглед на единиците за прва медицинска помош, нивната опременост и начин на употреба, - преглед на екипите за прва помош на Црвениот крст на Републока Македонија, нив- ните задачи во укажувањето на прва помош и давањето на нега на заболените лица, - транспортните средства кои можат да се издвојат за итна интервенциј и кој со нив рас- полага, - реоните, местата или објектите кои треба посебно да се уредат за оваа цел. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен преглед.

  53. 10. План за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло Заштитата и спасувањето на животините и производите од животинско потекло подраз- бира превентивна контрола на здравјето на животните, укажување прва ветеринарска по- мош на заболениот добиток, контрола на суровините, производите и отпадот од животин- ско потекло, контрола на исправноста на добиточната храна и вода, како и отстранување на лешеви од животни и отпадоци од анимално потекло. Планирањето на мерките за заштита и спасување на животните и производите од живо- тинско потекло се извршува од страна на органите на државната управа, единиците на ло- калната самоуправа како и од правните лица чија дејност е заштитата на животните и контрола на исправноста на производите од животинско потекло. Планот за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло со- држи: - потсетник за употреба на Планот за заштита на животните и производите од животин- ско потекло, - бројчан преглед на животните по видови кои би можеле да бидат загрозени од при- родните и други несреќи на одредена територија, - преглед на силите за заштита и спасување на животните, - преглед на институциите и поединци оспособени за контрола на здравјето на живот- ните и исправноста на суровините за производи од животинско потекло како и инспекци- ските служби за контрола на исправноста на производите од животинско потекло, - преглед на локации за згрижување на евакуираните животни со организацијата за при- фат и понатамошна заштита на животните, 15 - преглед на локации за одлагање и уништување на неупотребливите производи од жи- вотинско потекло како и лешевите на загинатите и умрени животни. Планот на мерки за заштита и спасување на животни и производи од животинско по- текло се изработува графички на карта на територијата и во табеларен преглед, во кој се внесуваат следните податоци: - локација на ветеринарни прифатилници, амбуланти и станици, - локациии на кланици од стационарен или полски тип, - реон за распоред на ветеринарните единиц, - фарми за говеда, свињи, овци и живина, - локации на ладилници и капацитети, - правци и реони за евакуација на добитокот, - предвидени места за закоп на загинатите и умрени животни како и за расипаните про- изводи. Од потребните табеларни прегледи, на картата се изработува прегледот на добиточни- от фонд во единиците на локалната самоуправа, ветеринарните установи, единиците за за- штита и спасување и материјалните средства.

  54. 11. План заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло Со овој план се предвидуваат превентивните мерки за заштита на растенијата и произ- водите од растително потекло од евентуални растителни болести,епифитотни штетници, плевели, радиолошки, хемиски и биолошки загадувања, и други несреќи (град, пожар, и сл.). Облиците за заштита на растенијата и производите од растително потекло се најнапред врзани за изборот на соодветни сорти, примена на агро-технички мерки и средства за за- штита на растенијата, правилно складирање, како и благовремено збирање на растителни- те плодови во случај на опасност од природни непогоди епидемии, епизоотии, епифито- тии и други несреќи. Планот за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло со- држи: - потсетник за употребата на Планот за заштита и спасување на растенијата и произво- дите од растително потекло, - начин на спроведување на мерката за заштита и спасување на растенијата и произво- дите од растително потекло, - преглед на институциите кои се занимаваат со заштитата на растанијата и производи- те од растително потекло, - преглед на средствата за заштита на растенијата и начинот на нивно обезбедување - преглед на единиците за заштита и спасување кои се ангажираат. Планот се изработува на карта на територијата на единицата на локалната самоуправа и ги содржи следните податоци: - реоните на складирање на растителните производи, капацитети во тони и видот на производите кои ќе бидат складирани, - реоните на земјоделските површини, - реоните на шумските површини кои треба да се контролираат, - распоред на противградните лансери, - реоните и распоредот на силосите и ладилниците, - распоред на екипите за заштита на растенијата и производите од растително потекло. Покрај овие податоци, на картата во вид на табеларен преглед се прикажуваат земјодел- ските површини, механизацијата и објектите за заштита на растенијата растителните про- изводи. 16

  55. 12. План за асанација на теренот Асанацијата на теренот подразбира превземање санитарно-хигиенски и санитарно-тех- нички мерки на загрозеното подрачје со цел да се спречи ширењето на зарази и епидемии и на други подрачја. Оваа мерка опфаќа отстранување, идентификација и закоп на настра- даните од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, от- странување на лешеви од убиени, загинати и умрени животни, дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектите и терените и отстранување на отпадните и штетни материи кои го загрозуваат здравјето и животот на луѓето, животните и растителниот свет. Планирањето на оваа мерка се извршува од страна на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа како и од правните лица кои во својата дејност ги обавуваат и овие услуги и имаат материјално-технички средства и стручно оспособени ли- ца за оваа работа. Планот за асанација на теренот содржи: - потсетник за употреба на Планот за асанација на теренот, - преглед на екипите за индентификација на загинатите лица, - места и начин на закопување на лешевите на луѓето, - собирни места за идентификација и судско-медицинска експертиза, - начин на транспортирање на лешевите од луѓето до собирните места и од собирните места до местата за закоп, - правците за транспорт на лешевите, - места и начин на закоп на лешевите на убиените,загинатите и умрените животни, - собирни места и други мерки околу закопувањето на лешевите од животните, - начин на транспорт и средства за транспорт на лешевите до местата за закоп или пре- работка. - мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, - начин и места за отстранување на отпадните и загадени материјали и вода, - привремен начин за снабдување со исправна вода за време на спроведувањето на сана- ционите мерки на водата и објекти за водоснабдување, - материјално обезбедување на единиците за асанација и начинот на нивното снабдува- ње за време на спроведувањето на асанацијата, - локација на силите за спроведување на асанацијата, - начин на соработка со другите единици за заштита и спасување, - начин на информирање на населението за сите опасности и обврски на кои треба се придржува додека се спроведува мерката асанација. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен приказ.

  56. 13. План за заштита животната средина и природата Планот за заштита на животната средина и природата е збир од превентивни мерки и постапки на органите на државната упртава, единиците на локалната самоуправа, тргов- ските друштва, јавните претпријатија, установите и служби со кои се попречуваат технич- ко-технолошките хаварии во индустријата, сообраќајот и другите области чии последици можат да го загрозат животот во животната средина и природните ресурси, контролата при испуштањето на токсичните материи од индустриските постројки, моторните возила, индивидуалните ложишта во домакинствата, контрола на одложувањето на сите видови отпад во животната средина и природата. Планот за заштита на животната средина и природата: - потсетник за уптребата на Планот за заштита на животната средина и природата , - преглед на институциите кои по позитивните прописи вршат контрола на техничко технолошката опременост и исправноста на загадувачите на животната средина и приро- дата, 17 - преглед на потенцијално загрозените зони на животната средина и природата, - преглед на здруженијата на граѓани кои се занимаваат со заштитата на животната сре- дина и природата, - програми за едукација на населението са цел за зачувување на животната средина и природата, - програми на акции за чистење на животната средина и природата. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен приказ.

  57. 14. План за заштита и спасување во рудниците Заштитата и спасување во рудниците е мерка за заштита и спасување која подразбира вклучување на силите во спасување на луѓето и материјални добра кои се загрозени во случај на рударски несреќи. Ова мерка за заштита подразбира превентивни мерки како што се изградба, одржување, опремање и користење на рудници во согласност со пропи- сите од областа на рударството. Покрај превентивните мерки, се планираат и мерки за спасување од урнатини, гасење пожари, расчистување на урнатините, прва медицинска помош, асанација на јамите и по- вршинските копови и сл. Планот за заштита и спасување во рудниците содржи: - потсетник за употреба на Планот за заштита и спасување во рудниците, - преглед на бројот на вработените во рудниците, - преглед на силите и материјално техничките средства за заштита и спасување во руд- ниците, - изводи од плановите за заштита од пожари, спасување од урнатини, прва медицинска помош, асанација на теренот и др. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен приказ. 1.3.1.2.План за употреба на силите за заштита и спасување Планот за употреба на силите за заштита и спасување се изработува на карти и шеми во соодветни размери, со потребни прегледи и текстуални образложенија. Со Планот за употреба на силите за заштита и спасување се одредуваат: реоните за при- фаќање и разместување на штабовите и единиците; правците на можната интервенција кон загрозените подрачја; задачите на единиците за заштита и спасување, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби; начинот на раководење со акциите; организацијата на врските; организација на поврзувањето на единиците за заштита и спа- сување со единиците на Армијата на Република Македонија и другите структури. Во Планот за употреба на силите за заштита и спасување се внесува распоредот и прав- ците за употреба на сите единици за заштита и спасување кои делуваат на теренот. Во Планот за употреба на единиците за заштита и спасување во единиците на локална самоуправа се внесуваат и распоредите и правците за употребата на просторните единици- те за заштита и спасување; распоредот на републичките единици за заштита и спасување и преглед на бројот на просторните единици за заштита и спасување. Во Планот за употреба на силите за заштита и спасување на Републиката се внесуваат сите единици за заштита и спасување, локаците на регионалните и општинските штабови, вкупниот број и можностите на републичките и просторните единици за заштита и спасу- вање по единиците на локалната самоуправа, и начинот на поврзување со другите органи на државната управа кои участвуваат во заштитата и спасувањето. 1.3.1.3. План за врски Планот за врски содржи: a) на ниво на Република Македонија: - преглед на телефонските броеви на членовите на Главниот штаб за заштита и спасува- ње со План за повикување; 18 - преглед на телефонските броеви на вработените во Дирекцијата за заштита и спасува- ње со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на членовите на Тимовите за брз одговор од разни специјалности при дирекцијата со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на командирите на републичките единиците за за- штита и спасување со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на раководителите на трговските друштва,јавни прет- пријатија,установи и служби од значење за заштитата и спасувањето од природни непого- ди, епидемии, епизоотии, епифитотии, и други несреќи; - шема на врски со Центарот за управување со кризи, Министерството за одбрана и дру- гите надлежни министерства; - шема на радио-релејните врски во Република Македонија; - шема на врските со организациите за одбрана, заштита и спасување во Организацијата на обединетите нации; - шема на врските со организациите за одбрана, заштита и спасување во Европската унија; - шема на врските со организациите за одбрана, заштита и спасување во НАТО пактот; - шема на врски со членките на организациите за одбрана, заштита и спасување на зем- јите од Југоисточна Европа; - шема на врски со соседните држави. б) На ниво на единици на локалната самоуправа: - преглед на телефонските броеви на членовите на регионалните штабови и штабови за заштита и спасување на единиците на локалната самоуправа со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на командирите на единиците за заштита и спасување со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на раководителите на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од значение за заштитата и спасувањето од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии, и други несреќи; - шема на врските со Дирекцијата за заштита и спасување; - шема на врските со соседните единици на локалната самоуправа,; - шема на врските со регионалните центри при Центарот за управување со кризи; - шема на радио-релејните врски. 1.3.2.Содржина и разработка на работните документи

  58. 1.Прегледот на силите за заштита и спасување содржи: - преглед на единици за заштита и спасување по вид и број, местото на формирање, обученоста и опременоста со материјално технички средства и неопходни податоци за можностите; - преглед на тимовите за брз одговор по вид и број, местото на формирање, обученоста и опременоста со материјално технички средства; - преглед на штабовите за заштита и спасување по местата на организирање и нивната материјално техничка опременост.

  59. 2. Прегледот на материјално-техничка опременост на силите за заштита и спасување содржи број, вид и тип на формациските материјално-технички средства и предвидената опрема.

  60. 3. Прегледот на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби кои се ан- гажираат на задачите за заштита и спасување ги содржи: вкупните кадровски и материјал- но технички можности, нивната локација и други важни податоци за нивно користење и употреба.

  61. 4. Прегледот на здруженија на гараѓани, хуманитарни и невладини организации кои се ангажираат на задачите за заштита и спасување ги содржи: вкупните кадровски и матери- 19 јално технички можности, нивната локација и други важни податоци за нивно користење и уптреба.

  62. 5. Прегледот за организираноста на самозаштитата содржи: бројчани податоци за граѓа- ните; преглед на лица кои завршиле обука за лична и взаемна помош; број на граѓани снабдени со минимум средства за лична заштита и преглед на снабденоста со средства за колективна заштита на деловните објекти на органите на државната управа,единиците на локалната самоуправа,трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби како и на стамбените згради.

  63. 6. Дневникот за заштита и спасување се води текстуално и шематски, со хронолошки ред, по место и време. Во дневникот се внесуваат податоци за видовите и интензитетот на природните и други несреќи, последиците и учесниците во изведувањето на интервенција- та во заштитата и спасувањато и други податоци од интерес.

  64. 7. Работните карти се документи во кои се внесуваат сите промени предизвикани од природните и други несреќи како и сите други податоци од интерес за заштитата и спасу- вањето. Членовите на штабовите за заштита и спасување водат лична работна карта во ко- ја внесуваат податоци и настани за работите во заштитата и спасувањето за кои се одго- ворни. Штабовите за заштита и спасување водат работна карта на својата територија во која внесуваат податоци од интерес за заштитата, спасувањето и отстранувањето на после- диците од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и другите несреќи. На работната карта претходно се внесуваат податоци за распоредот, и видот на силите и средствата за заштита и спасување и други потребни податоци. Содржината и обемот на заедничките и посебните документи, штабовите и другите надлежни органи за раководење со заштитата и спасувањето,ги прилагодуваат на своите потреби, согласно на бројот и видот на единиците за заштита и спасување и обемот на мерките кои се преземаат. Притоа, мора да се обезбеди содржината и обемот на докумен- тите да овозможува успешно делување на заштитата и спасувањето и успешно раководење со акциите за заштита и спасување, како и отстанување на последиците од природните не- погоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. IV. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Оваа методологија влегува на сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Служ- бен весник на Република Македонија“. Бр. 19-2790/1 Претседател на Владата 19 јуни 2006 година на Република Македонија, Скопје д-р Владо Бучковски, с.р. 20

Methodology for the content and manner of risk assessment and protection and rescue planning · Nelum