Methodology for collecting and processing data on agricultural production, the structure of agricultural holdings and other data from the field of agriculture and rural development
颁布于 2011-06-12 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Методологија за собирање и обработка на податоците за земјоделското производство, структурата на земјоделските стопанства и други податоци од областа на земјоделството и руралниот развој.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development
- 关键词
- agricultural development, data collection/reporting, research, rural development
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 9 став (3) од Законот за земјоделство и рурален развој (,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/10 и 53/11}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.донесе МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СОБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО, СТРУКТУРАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА И ДРУГИ ПОДАТОЦИ ОД ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Член 1 Со оваа методологијата се пропишува собирањето и обработката на податоците за земјоделското производство, структурата на земјоделските стопанства и други податоци од областа на земјоделството и руралниот развој, за потребите на изработка на анализи. Член 2 Податоците за земјоделското производство, структурата на земјоделските стопанства и други податоци од областа на земјоделството и руралниот развој се водат во пишана и/или електронска форма. Член 3 Податоците од член 2 на оваа методологија се обработуваат според методите на статистичко проучување и тоа: прибирање на документацијата, нејзино средување и обработка, анализирање на средениот материјал и правилно прикажување на резултатите во назначен временски период. Крајниот производ на обработката прикажува: движења на обемот (големина изразена во број}; структурата (процентуално), и движења {тренд) на големината по област, култури, производи, учесници, капацитети, пол, старост, пазарни класи на производ, потекло на производот и нивен потврден квалитет. Усогласеност и споредливост се обезбедува со прибирање и обработка на податоците според Националната класификација на производи по дејности (КПД}, и Национална класицификација на дејностите {НКД). Член 4 Оваа методологија влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр 23-6669 /1 12 јули 2011 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р.