Methodology for calculating the cost of waste collection, transportation and disposal
颁布于 2013-02-20 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Меодологија за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- fees/royalties, recycling/reuse, transport/storage, waste disposal, waste domestic sources, waste management, waste non-domestic sources, waste prevention, procedural matters
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 30 од 26.2.2013 година 1 од 3 20130300677 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 121 став 9 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија” бр. 68/04, 07/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11 и 123/12), министерот за животна средина и просторно планирање донесе МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАД Член 1 Со оваа методологијата се пропишуваат критериумите за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад (во понатамошниот текст: постапување со отпад). Член 2 Методологијата за пресметување на цената за постапување со отпад се однесува на комуналниот отпад дефиниран во член 6 став 1 точка 5 од Законот за управување со отпад. Член 3 Цената за постапување со отпад ги опфаќа сите услуги и активности за постапување со отпад од член 1 на овој правилник кои се однесуваат на: 1. Примарна селекција на отпад; 2. Времено складирање (во претоварни станици); 3. Собирање на отпадот; 4. Транспортирање на отпадот; 5. Превенција и избегнување од отпад; 6. Подготовка за повторна употреба и рециклирање; 7. Други операции за преработување; 8. Отстранување на отпад вклучувајќи и грижа по престанувањето со работа на депонијата и 9. Операции за чистење на диви депонии. Член 4 Цената за постапување со отпад се определува во зависност од: 1. количините на собраниот отпад 2. видот на собраниот отпад и 3. трошоците за извршената услуга кои се определуваат согласно од: бројот на физички лица на подрачјето на општините, општините во градот Скопје и град Скопје; бројот на правни лица категоризирани според дејноста, количината и видот на отпадот; динамиката на собирање на отпадот ; оддалеченост на домаќинствата односно местата за собирање на отпадот до постројките и инсталациите за постапување со отпад и вид на садови за селективно одлагање на отпад и тип на специјални комунални возила. Службен весник на РМ, бр. 30 од 26.2.2013 година 2 од 3 Член 5 Цената за постапување со отпад се пресметува одвоено за секое домаќинство и за секое правно и физичко лице во согласност со постоечките услуги и достапноста на инсталациите и постројките. Пресметувањето на цената за постапување со отпад треба да е детално и да ја вклучува секоја услуга и активност која се реализира во постапувањето со отпад. Цената за постапување со отпад се пресметува врз основа на целокупните трошоци во постапувањето со отпадот и целосен поврат на трошоците како и принципот “загадувачот плаќа” во согласност со Законот за управување со отпад. Член 6 Цените за услугите и активностите во постапувањето со отпадот од член 3 од овој правилник се пресметуваат врз основа на пресметка со вклучување на сите видови на трошоци (трошковен принцип). Во случај на делење на трошоците тие ќе бидат внесени пропорционално во цената за сите видови на услуги во постапувањето со отпад . Амортизацијата се пресметува во согласност со корисниот век на траење на средствата, а во согласност со прописите од областа на сметководството. Член 7 Трошоците за собирање и транспортирање на отпадот ги опфаќаат капиталните трошоци и оперативните трошоци за вршење на услугата. Капитални трошоци се: 1. трошоци за локација за отстранување на отпад и 2. трошоци за набавка на машини, опрема и постројки (специјални комунални возила, приколки, кипери, градежни машини и друга опрема и садови за собирање на отпад). Оперативни трошоци се трошоците за секојдневно работење и одржување на системот за управување со отпад и истите се делат на: 1. фиксни трошоци и 2. варијабилни трошоци. Фиксните трошоци не зависат од количините на собран отпад и ги опфаќаат следните трошоци: 1. трошоци за работна сила вклучувајќи ги нето платите, пензиите и придонесите за фондови и шеми поврзани со плата (осигурување, пензии и др.), како и даноци за плата; 2. трошоци за изнајмување на машини, опрема и постројки; 3. трошоци за лизинг; 4. трошоци за одржување на машини и постројки или инсталации и 5. административни трошоци (управување со персоналот, обука на персоналот, тренинг и раководни системи,). Варијабилните трошоци зависат од количините на собраниот отпад и ги опфаќаат следните трошоци: 1. гориво за транспортните средства и за која било опрема која користи гориво; 2. електрична енергија за опрема што работи на електрична енергија; 3. вода; 4. трошоци за отстранување на комунален отпад и 5. останати материјални трошоци (заштитна опрема, канцелариски материјал, средства за хигиена, средства за дезинфекција и останати материјали неопходни за вршење на дејноста). Во собирањето на отпадот со примарна селекција наменет за преработка преку собирање во заеднички системи како што се собирни места, собирни центри како и места Службен весник на РМ, бр. 30 од 26.2.2013 година 3 од 3 за собирање кабаст отпад и градинарски отпад при пресметката на цената трошоците еднакво се делат на сите создавачи на отпад (домаќинства, правни и физички лица). Член 8 За постапување со отпад во постројка или инсталации за повторна употреба или преработка на отпадот и подготовка за понатамошно постапување со отпадот, цената за постапување со отпад се пресметува врз основа на трошоците за селектирање и приходите од продажбата на преработените материјали. За постапување со отпад во инсталации за преработка со создавање на енергија и инсталација за механичко-биолошко третман, цената се пресметува врз основа на соодветноста на отпадот за преработка, оперативните трошоци и приходите од продажбата на преработените материјали и енергија. Член 9 Цената за отстранување на отпад во санитарни депонии се утврдува врз основа на капиталните и оперативни трошоци за вршење на услугата, т.е. трошоци за инвестирањето, изградбата, работата, одржувањето на депонија, како и трошоците за грижата за депонијата по затворање согласно членовите 89 , 90 и 93 од Законот за управување со отпад и Листата на видови на отпад. Во трошокот за отстранување на отпад од диви депонии и ѓубришта, подеднакво учествуваат сите создавачи на отпад (домаќинства и правни и физички лица). Член 10 Како корисници на услугата на собирање на отпад можат да бидат домаќинства и правни и физички лица. Единица мерка за цената на услугата за домаќинствата во кои спаѓаат индивидуалните станбени единици, колективните станбени единици и домаќинствата во рурални средини може да биде: ден/m2, ден/m3 и ден/kg. Во корисници на услуга како правни и физички лица се следните категории на корисници на услуги: 1. Големи правни субјекти (производствени капацитети, трговски центри, фабрики, банки, хотели, осигурителни компании, стоваришта и други правни субјекти), за кои единица мерка за цена на услугата може да биде ден/kg и ден/m3 . 2. Мали правни субјекти (мини маркети, колонијали, канцеларии, угостителски објекти, трафики и друго) категоризирани врз основа на вид и количина на создаден отпад, за кои единица мерка за цена на услугата може да биде ден/m2. 3. Училишта, градинки, здравствени објекти и здравствени ординации од примарна заштита, пензионерски домови, верски објекти и друго, за кои единица мерка за цената на услугата може да биде ден/kg и ден/m3. Член 11 Оваа методологија влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија", а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2014 година. Бр. 07 – 151/5 20 февруари 2013 година Министер, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р.