Methodology for assessing the value of state-owned agricultural land and plantations
颁布于 2013-09-18 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Методологија за процена на вредноста на земјоделското земјиште во државна сопственост и насади.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development, Land and soil
- 关键词
- agricultural land, resource/damage valuation, public land, land valuation, land tenure
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 7 став {9) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост {,,Службен весник на Република Македонија" бр.87 /2013 и 106/2013), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 18.09.2013 година, донесе МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ВРЕДНОСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И НАСАДИ Член 1 Со оваа методологија се уредува начинот на процената на вредноста на земјоделското земјиште во државна сопственост и на насади. Член 2 Процената на земјоделското земјиште во државна сопственост ќе се врши преку методот на приносна (доходна) вредност. Приносната вредност се утврдува преку производството на пченица. Приносната вредност на земјиштето се добива со процена на чистата годишна корист {бруто маржата) што се создава со производството на пченица, со различни степени на интензивност. Бруто маржата се добива преку изготвување на аналитичка калкулација за различните степени на интензивност. Во утврдување на бруто маржата ќе се користат четири степени на интензивност и тоа за производство на пченица при принос од: 1. 2000 кг на хектар 11. 3000 кг на хектар 111. 4000 кг на хектар IV. 5000 кг на хектар Степенот на интензивност се утврдува во зависност од производните можности на земјиштето. Бруто маржата (Rn) ќе се утврдува како разлика меѓу вкупниот приход (bn) и директните трошоци (an) во дадена година (n). Rn = bn - an Вкупниот приход претставува збир од вредноста на производството на главниот производ зрно и споредниот производ - слама, како и другите приходи (субвенции). Директните трошоци се однесуваат на трошоците за: семенски материјал, исхрана на растенијата, заштита на растенијата, трошоци за механизација, работна сила, наводнување (доколку има можност) и други директни трошоци. Директните трошоци во различните степени на интензивност се со максимална вредност од: 1. 80% од вкупниот приход 11. 75% од вкупниот приход 111. 70% од вкупниот приход IV. 65% од вкупниот приход При пресметката, се применува каматна стапка од р=8%. За пресметување на приносната вредност при процена на земјиштето, се применува временски неограничено реализирање на чистите годишни користи, по следната формула: каде што: Pv = приносна вредност {проценета вредност на земјиштето), Rn = чиста годишна корист {бруто маржа), г = каматен фактор (г = 1 + р/100). Член 3 Во случај кога на земјоделското земјиште предмет на процена има подигнато долгогодишни насади, утврдувањето на нивната вредност ќе се врши согласно Методологијата за процена на вредноста на средствата во земјоделството. Проценетата вредност на долгогодишните насади се додава на вредноста на земјоделското земјиште пресметана согласно член 2 од оваа методологија и заеднички ја сочинуваат проценетата вредност. Член 4 Оваа методологија влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 41-6453/1 18 септември 2013 година Скопје Претседател на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, с.р.