Law on veterinary health
颁布于 2007-09-06 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за ветеринарно здравство.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Fisheries and aquaculture, Wild species and ecosystems
- 关键词
- legal proceedings/administrative proceedings, animal health, animal welfare, basic legislation, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, inspection, internal trade, international trade, transport/storage, offences/penalties, aquatic animals, fish diseases
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 1 од 72 20151233658 ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија" бр. 123/2012), За конодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 16 јули 2015 година, го утврди Пречистениот текст на Законот за ветеринарно здравство. Пречистениот текст на Законот за ветеринарно здравство ги опфаќа: Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија" бр. 113/2007), Законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија" бр.24/2011), Законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија" бр. 136/2011), Законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија" бр. 123/2012) во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена и Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.233/2007 (,,Службен весник на Република Македонија" бр.67/2010). Заменик претседател на Законодавно-правната Бр. 11-2777/2 20 јули 2015 година комисија на Собранието на Република Македонија, Скопје Славе Гошев, с.р. З А К О Н ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВО (ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ) ГЛАВА I Општи одредби Член 1 Предмет на уредување (1) Со овој закон се уредуваат организацијата и одговорноста во вршењето на ветеринарната дејност, начелата и постапките за имплементација на активностите поврзани со заштита на животните и луѓето од болести кои се пренесуваат преку животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети, активности против заразните болести кај животните, вклучувајќи зоонози, работата на Ветеринарната комора и други прашања од значење за ветеринарната дејност. (2) Со овој закон се уредуваат и контролата и сузбивањето на болестите кај животните, општите услови за ставање во промет на животни и производи, увоз, транзит на животни, производи и предмети, финансирањето на здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здравство и други прашања во врска со вршењето на ветеринарното здравство. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 2 од 72 Член 2 Цели на Законот Целите на овој закон се: 1) идентификување и регулирање на ветеринарните активности кои се од јавен интерес во надлежност на Државната ветеринарна служба; 2) утврдување на правата и должностите на органите на Државната ветеринарна служба и на субјектите со јавни овластувања утврдени со овој закон; 3) утврдување на правата и должностите на лицата одговорни за одгледувалиштата и објектите и другите правни и физички лица вклучени во активностите кои се утврдени со овој закон; 4) утврдување на условите за вршење на професијата доктор по ветеринарна медицина; 5) обезбедување на заштита на луѓето и животните од болести кај животните и зоонози, како и мерките кои треба да бидат преземени против овие болести; 6) спроведување на ветеринарни контроли поврзани со производство, ставање во промет, увоз, транзит на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети кои можат да бидат преносители на болести кај животните и луѓето и 7) обезбедување на задолжително здружување на докторите по ветеринарна медицина и утврдување на правата и обврските на Ветеринарната комора на Република Македонија. Член 2-а Супсидијарна примена на Законот (1) Во постапката за издавање на решенија ќе се применува Законот за општа управна постапка доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор ќе се применува Законот за инспекциски надзор и Законот за безбедност на храна, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 3 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Животно” е секое ’рбетно или без’рбетно животно (вклучувајќи водни животни, влекачи и амфибии); 2. „Домашен миленик” е секое животно кое припаѓа на животинските видови кои вообичаено се одгледуваат и чуваат, но не се користи од човекот или одгледува во одгледувалишта, и кое при движење е придружено од сопственикот или друго одговорно лице; 3. „Домашно животно” е секое копнено животно чувано од човекот, вклучувајќи домашни миленици и пчели со исклучок на риби; 4. „Животни за колење” се добиток освен пчели и живина, наменети за носење во кланица за колење или во собирен центар од каде што можат да бидат однeсени само на колење; 5. „Добиток” се домашни животни од видовите: копитари, говеда (вклучувајќи ги видовите Bison bison и Bubalus bubalis), свињи, овци, кози, зајаци, живина, пчели и одгледуван дивеч; 6. „Животни за расплод и производство” се добиток и животни за колење, вклучувајќи ги и оние наменети за расплод, добивање на месо, волна и млеко, за влеча, изложби или манифестации, со исклучок на животни кои учествувааат во културни или спортски настани; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 3 од 72 7. „Риби” се риби во сите стадиуми на развој, вклучувајќи јајца и гамети, кои: постојано или повремено живеат во слатки води; се чуваат во морски води; речни јагуловидни примитивни риби (cyclostomata). За риби се сметаат и ракови и школки; 8. „Живина” се кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелници, гулаби, фазани, еребици и ноеви (ratitae) размножувани или чувани во затворен или ограден простор заради одгледување или чување за: размножување, производство на месо или јајца за исхрана или за обновување на популација на дивеч; 9. „Јајца за ведење” се јајца за инкубација снесени од живина; 10. „Еднодневни пилиња” се сите пилиња кои не започнале со исхрана помлади од 72 часа, освен патки од сојот Cairina moschata или нивни мелези кои може да бидат хранети; 11. „Копитари” се диви или питоми животни од видот equidae (вклучувајќи зебри) или магариња или потомци добиени со вкрстување на овие видови; 12. „Аквакултура” се живи риби, ракови и водни мекотели кои потекнуваат од одгледувалишта, вклучувајќи ги и оние од природни водни базени кои се наменети за одгледување; 13. „Производи од аквакултура” се производи добиени од аквакултура, било да се наменети за производство на јајца или икра, или наменети за исхрана на човекот; 14. „Дивеч” се диви копнени цицачи кои се ловат (вклучувајќи диви цицачи кои живеат во ограден простор во услови на слобода слична на онаа која ја имаат дивите животни) и диви птици кои не се опфатени со дефиницијата “Одгледуван дивеч” ; 15. „Одгледуван дивеч” се копнени цицачи или птици кои не се сметаат за домашни животни и кои не се говеда (вклучувајќи ги видовите Bubalus bubalus и Bison bison), свињи, овци, кози и домашни копитари, но се одгледуваат како да се домашни животни. Дивите животни кои живеат во ограден простор во услови на слобода слична на онаа која ја имаат дивите животни, не се сметаат за одгледуван дивеч; 16. „Стадо” е животно или група на животни кои се чуваат во одгледувалиште како епизоотиолошка целина. Доколку повеќе од едно стадо се чува на истото одгледувалиште, секое од овие стада формира посебна единица и има ист здравствен статус; 17. „Одгледувалиште” e секоја активност, градба или во случај на одгледување на отворено, секое место каде што животните опфатени со овој закон, кои сочинуваат едно или повеќе стада се држат, чуваат и заедно се згрижени; 17-а. „Одгледувач” е правно или физичко лице кое е сопственик на животни или кое било лице овластено од сопственикот и одговорно за чување на животните, дури и привремено; 18. „Објект” е секое трговско друштво и друго правно лице во кое се чуваат животни, или произведуваат, складираат, преработуваат производи од животинско потекло, нуспроизводи од животинско потекло и предмети наменети за трговија; 19. „Одговорно лице за чување на животните” е секое физичко или правно лице кое ги поседува или е одговорно за животните, дури и времено; 20. “Собирен центар” се одгледувалишта, збирни места и добиточни пазари, каде што животните кои потекнуваат од различни одгледувалишта се групираат заедно заради формирање на пратки на животни наменети за трговија. Овие собирни центри мора да бидат одобрени во трговски цели и да ги исполнуваат условите од членот 73 на овој закон; 21. “Трговец” е секое физичко или правно лице кое купува и продава животни за комерцијални цели, било директно или индиректно, кое редовно врши промет со животни и кое најдоцна во рок од 30 дена по нивното купување истите ги препродава или ги преместува од еден во друг простор кој не е негова сопственост и кое ги исполнува условите пропишани во членот 72 од овој закон; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 4 од 72 22. “Нуспроизводи од животинско потекло” се цели трупови или делови од животни или производи од животинско потекло кои не се наменети за човечка употреба, вклучувајќи кожи и крзна, јајце-клетки, ембриони и семе; 23. “Суровина” е секој животински производ користен како состојка за добивање на месни производи или други производи од животинско потекло, вклучувајќи екстракти од месо, обработена животинска лој, седимент од лој или сало, месно брашно, брашно од надворешни обвивки, солена или сушена крв, солена или сушена крвна плазма, исчистени, солени или сушени и/или термички обработени желудници, мочни и жолчни меури и црева или за подготовка на готови оброци; 24. “Производи” се производи од животинско потекло, вклучувајќи нуспроизводи од животинско потекло и растителна добиточна храна кои, особено заради нивната претстојна дестинација, може да предизвикаат ризик по здравјето на животните, човекот и животната средина, поради што треба да бидат подложени на ветеринарни прегледи пропишани со овој закон; 25. „Храна за животни” е секоја супстанција или производи вклучувајќи адитиви, кои се преработени, делумно преработени или непреработени и се наменети за користење како храна за животни; 26. „Помии” е отпад од кујните на средствата на меѓународен превоз и целиот отпад од храната наменета за човечка употреба, од ресторани и угостителски објекти или кујни, вклучувајќи кујни во индустријата или во домаќинствата; 27. „Предмети“ се неживи преносители на инфективни агенси кои може да бидат вклучени во пренесување на заразна болест кај животните; 28. „Жариште” е одгледувалиште или место каде што животните сочинуваат една епизоотиолошка целина и каде што официјално се потврдени еден или повеќе случаи на заразна болест кај животните; 29. „Сомнителни на болест” се оние животни кои покажуваат клинички знаци на болести кај животните; 30. „Сомнителни на зараза” се оние животни за кои се смета дека се инфицирани или заразени, со или без клинички знаци на болеста; 31. „Зооноза” е било која болест и/или инфекција која се пренесува по природен пат, директно или индиректно, од животните на човекот; 32. „Центар за контрола на болести” е центар за контрола на болести кој ги поддржува и координира мерките за контрола и искоренување на епизоотски болести; 33. „План за итни мерки” е однапред дефиниран збир на мерки и дејствија кои треба да се спроведат во случај на појава на епизоотска болест; 34. „Заштитна зона“ е географски определено подрачје во кое се применуваат одредени мерки за ерадикација на болест кај животните; 35. „Зона на надзор„ е географски определено подрачје во кое се применуваат одредени мерки за превенција на ширење на болест кај животните; 36. „Карантин” е мерка за заштита од ширење на болести кај животните која подразбира чување на животните во изолација во специјален простор и за определен временски период; 37. „Ставање во промет” е секоја постапка чија цел е трансфер на животни, производи или нуспроизводи од животинско потекло, или секоја друга форма на испорака, за исплата или бесплатно, или складирање со цел за снабдување на друг субјект; 38. „Ветеринарно инспекциско место на граничен премин” е секоја инспекциска испостава, лоцирана на надворешната граница и одобрена од Владата на Република Македонија, за спроведување на ветеринарни прегледи на животни, производи или нуспроизводи од животинско потекло кои влегуваат на, или поминуваат низ територијата на Република Македонија од други држави; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 5 од 72 39. „Ветеринарен преглед” е секој службен преглед на документи, идентитет или физички преглед вклучувајќи земање на мостри, кој се врши врз животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло или предмети заради директна заштита или на друг начин, заштита на јавното здравство или здравјето и благосостојбата на животните; 40. „Преглед на документи” е преглед на ветеринарно-здравствени сертификати или други документи кои ја придружуваат пратката; 41. „Службена контрола” е секоја контрола што Агенцијата ја спроведува за потврдување на усогласеноста со прописите за здравствената заштита на животните, ветеринарното јавно здравство и благосостојбата на животните; 42. „Проверка на идентитетот” е визуелна инспекција со која се утврдува дека ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ обезбеден согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство, одговара на пратката; 43. „Физички преглед” е преглед на пакувањето, означувањето и моменталната состојба на самата пратка и може да вклучи земање на мостри и лабораториско испитување; 44. „Верификување” е проверка со испитување и обезбедување на објективни докази дали пропишаните барања се исполнети; 45. „Увид” е систематско и независно испитување за да се одреди дали активностите и нивните резултати се во согласност со планираните подготовки и дали тие се ефективно имплементирани и се соодветни за постигнување на целите; 46. „HACCP” е систем што ги идентификува, проценува и контролира опасностите кои се значајни за безбедноста на храната; 47. „Ветеринарно-здравствена инспекција” е збир на активности преземени од официјален ветеринар или овластен ветеринар заради утврдување на здравствениот статус кај животните вклучувајќи ја и нивната благосостојба; 48. „Инспекција” е секое дејство преземено од официјален ветеринар или овластен ветеринар заради проверка на усогласеноста со одредбите од овој закон; 49. „Увоз” е внесување на животни и/или производи заради ставање во промет, кои потекнуваат од друга држава во Република Македонија; 50. „Увозник” е лице наведено како примач во ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ што ја придружува пратката, во чие име пратката се увезува во Република Македонија; 51. „Транзит” е пренесување на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло преку Република Македонија од една држава или нејзин дел, во друга држава; 52. „Извоз” е изнесување на животни и/или производи или нуспроизводи од животинско потекло од територијата на Република Македонија; 53. „Повторен извоз” е извоз на производи кои при увозот не биле ставени во промет, туку биле означени за извоз од граничната инспекција, по нивно привремено складирање, препакување или натамошна обработка; 54. „Превозни средства” се средства за патен сообракај или железнички возила, делови од бродови и авиони, кои се користат за превоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, вклучувајќи ја опремата за натовар; 55. „Лице одговорно за пратката” е секое овластено лице, кое има обврска да ја пријави пратката за преглед согласно со одредбите на овој закон и да преземе соодветни дејствија како резултат на овие прегледи; 56. „Пратка” е одреден број на животни, одреден број или количина на производи или нуспроизводи од животинско потекло од ист тип, опфатени во ист ветеринарно здравствен сертификат или друг документ обезбеден согласно со прописите од областа на ветеринарнарното здравство, превезени со исто превозно средство, кои доаѓаат од иста држава или нејзин дел и кои потекнуваат од ист испраќач и кои се наменети за ист примач; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 6 од 72 57. „Епизоотиолошка единица” е географско и/или административно подрачје кое опфаќа една општина; 58. „Епизоотиолошко подрачје” е географско и/или административно подрачје кое опфаќа две или повеќе соседни општини определени од страна на директорот на Агенцијата заради организирање и изведување на ветеринарни услуги од јавен интерес, согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство; 59. „Ветеринарна прва помош” е зафат со кој се отстранува непосредната опасност по животот на животното; 60. „Официјален ветеринар” е ветеринар квалификуван, според одредбите од овој закон, вработен во надлежниот орган за вршење на ветеринарни инспекции, на работно место државен ветеринарен инспектор; 61. „Овластен ветеринар” е ветеринар квалификуван според одредбите од овој закон, овластен од директорот за вршење на ветеринарни инспекции како јавно овластување, под надзор и одговорност на надлежниот орган; 62. „Надлежен орган” е Агенцијата за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата); 63. "Директор на Агенцијата" е директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија; 64. „Државна ветеринарна служба” е служба која ја спроведува ветеринарната дејност од јавен интерес на територијата на Република Македонија и 65. „Одобрено тело, институт или центар” е секој географски определен субјект одобрен и под надзор на Агенцијата, каде што еден или повеќе видови на животни се чуваат и одгледуваат, со или без комерцијална цел и исклучиво за една или повеќе од следниве намени: изложување на животни и едукација на јавноста, зачувување на видови, основни и применети научни истражувања или одгледување на животни за потребите на тие истражувања (саем, изложба, циркус, зоолошка градина, експериментален центар и друго). Член 4 Ветеринарна дејност од јавен интерес Здравствената заштита на животните, ветеринарното јавно здравство и благосостојбата и заштитата на животните се ветеринарни дејности од јавен интерес. ГЛАВА II Организација и одговорност во вршењето на ветеринарната дејност Оддел I Организација и одговорност на ветеринарната служба Член 5 Државна ветеринарна служба (1) Ветеринарната дејност од јавен интерес на територијата на Република Македонија, ја спроведува Државнa ветеринарна служба во соработка со други органи и институции, преку: 1) Агенцијата, директорот и 2) Националната референтна лабораторија кога работи за потребите на Агенцијата врз основа на договор. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 7 од 72 (2) Државната ветеринарна служба е одговорна за спроведување на следниве активности: 1) надзор, дијагностицирање, искоренување и превенција на заразни болести кај животните и зоонози и исполнување на националните и меѓународните обврски за известување; 2) службени контроли за издавање на сертификати за здравствената состојба на животните и ветеринарното јавно здравство, водење на регистри и идентификација и регистрација на животните заради здравствена заштита на животните; 3) одржување на високо ниво на здравствена заштита кај животните, продуктивност и нивна благосостојба и заштита на луѓето и животната средина од штетни агенси кои се пренесуваат преку животни, суровини, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети; 4) планирање и предлагање на мерки за дезинфекција, деконтаминација, санитација, деодорација и истребување на штетници; 5)контрола на производството, прометот и употребата на ветеринарно-медицинските препарати и други производи наменети за употреба во ветеринарното здравство; 6) контрола на производството, прометот и употребата на храната за животни; 7) следење, анализа и процена на влијанието на животната средина и природата врз здравјето на животните; 8) воспоставување и контролирање на хигиенските услови и технолошките процеси во одгледувалиштата и објектите и 9) обука и стручно усовршување на докторите по ветеринарна медицина, подигање на свеста и информирање на одгледувачите, производителите и јавноста во однос на целите, методите и процедурите за исполнување на активностите од точките 1 до 8 на овој став. Член 6 Организација и одговорност на Ветеринарната служба во АРМ (1) Ветеринарната служба во Армијата на Република Македонија (во натамошниот текст: АРМ) е самостојна стручна служба, формирана во рамките на АРМ, која врши ветеринарни дејности согласно со одредбите од овој закон, за потребите на АРМ. (2) Ветеринарната служба на АРМ и Агенцијата соработуваат и стручно ја усогласуваат својата работа. Член 7 Надлежности на Агенцијата Агенцијата се грижи за спроведување на политиката во вршењето на ветеринарната дејност од областа на ветеринарното здравство и ветеринарното јавно здравство. Членот 8 е избришан. Член 9 (Членот 9 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата). Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 8 од 72 Член 10 Активности на директорот на Агенцијата Директорот на Агенцијата: (точка 1 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); 2) објавува Листа на болести кои задолжително се пријавуваат; (точка 3 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); 4) донесува решенија за безбедносни мерки за увоз, транзит и извоз на животни и производи; 5) донесува решенија за спроведување на контрола на болести и примена на заштитни мерки; (точка 6 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); 7) издава и укинува одобренија од членовите 71, 72, 73 и 74 на овој закон; 8) ги координира, надгледува и следи активностите од областа на здравствената заштита, благосостојба на животните и идентификација на животните и ветеринарното јавно здравство; (точка 9 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); (точка 10 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); (точка 11 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); (точка 12 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); (точка 13 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата); 14) обезбедува висок степен на координација со други органи на државната управа за спроведување на активностите од областа на ветеринарното здравство; 15) дава мислење по билатерални и мултилатерални меѓународни спогодби од ветеринарната област; 16) издава и одзема решенија за овластување за вршење на ветеринарната дејност од јавен интерес; 17) определува референтни лаборатории (домашни или странски) по претходно спроведена постапка на јавен конкурс, го одредува подрачјето на нивно дејствување, како и нивните обврски согласно со овој и друг закон од областа на ветеринарното здравство; 18) ги определува границите на епизоотиолошките подрачја и 19) врши и други работи утврдени со закон. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 9 од 72 Член 10-а Заради одржување или унапредување на нивото на заштита на здравјето на луѓето и животните во Република Македонија, директорот на Агенцијата може да донесе мерки за здравствена заштита на луѓето и животните, да пропише дополнителни услови, да објави листи или да даде одобрение врз основа на критериумите и стандардите кои се применуваат во Европската унија, а кои се донесени врз основа на процена на можните ризици по здравјето на луѓето и животните и согласно со научни докази, по спроведената постапка од страна на Европската комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храната и ветеринарната политика. Член 11 Национална референтна лабораторија (1) Национална референтна лабораторија (во натамошниот текст: НРЛ) е национална институција, одговорна за вршење на лабораториски испитувања за потребите на Агенцијата, согласно со одредбите од ставовите (2), (3) и (4) на овој член. (2) Заради спроведување на работите од став (1) на овој член, НРЛ мора да ги исполнува условите за лабораториски тестови и дијагностика согласно со членовите 26 и 34 од овој закон, како и активностите утврдени во годишните наредби за здравствена заштита на животните и ветеринарното јавно здравство и повеќегодишните програми од членот 57 на овој закон. (3) Предметот и начинот на соработка меѓу Агенцијата и НРЛ ќе бидат утврдени со договори склучени меѓу директорот на Агенцијата и НРЛ. Договорите се склучуваат на секои пет години и се предмет на годишна оцена и адаптација од страна на Агенцијата во согласност со ветеринарните приоритети утврдени од него. (4) НРЛ во согласност со договорот, ги врши следниве активности: а) поставува дијагнози, врши анализи, тестови и научни и истражувачки активности на живи животни, суровини од животинско потекло, производи, адитиви, добиточна храна и адитиви за добиточна храна, ветеринарно-медицински препарати и други производи, кои ги покриваат целите поради кои е склучен договорот, следејќи ги принципите на добра лабораториска пракса; б) доставува резултати од извршените активности на Агенцијата, и на институциите и организациите определени од Агенцијата. Резултатите од активностите не смеат да се објавуваат без претходна согласност од Агенцијата; в) учествува во подготовката и спроведувањето на плановите и програмите на Агенцијата во доменот на нивната компетентност; г) обезбедува обуки за Агенцијата и релевантните сектори кои се однесуваат на предмети кои се во врска со нивната компетентност; д) ги следи најновите научни и технолошки достигнувања во нивната стручна област, врши истражувања во приоритетните области, изведува истражувања заедно со државните или странските институти и лаборатории, учествува во редовните компаративни тестови и обезбедува континуирана едукација за нивните членови, преку општа и специјална обука; ѓ) ја информира Агенцијата за научните и технолошките новитети и e) му предлага на Агенцијата методи и протоколи кои ќе се користат во дијагностицирањето, анализите и производството, методи и процедури кои ќе се користат за земање мостри, предмети врз кои ќе се изведува истражувањето. (5) За да ги врши активностите од ставовите (2) и (4) на овој член, НРЛ треба да ги исполнува следниве услови: a) да биде одобрена како ветеринарна лабораторија; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 10 од 72 б) да има соодветна инфраструктура, инсталации, опрема и реагенси за исполнување на обврските кои произлегуваат од ставот (4) на овој член; в) да изведува лабораториски дијагностички техники и тестирања во согласност со меѓународно признати и прифатливи протоколи; г) да има доволен број на научен, стручен, технички и помошен кадар, кој со стручноста стекната со најнови соодветни обуки ќе гарантира брзо, веродостојно и ефикасно изведување на лабораториските тестови и д) при изведување на лабораториски дијагностички техники и тестирања ќе примени методи и процедури кои ќе го гарантираат квалитетот и за време на преодниот период од најмалку пет години, сметајќи од денот на започнување на примената на овој закон, од кога ќе бидат акредитирани за договорените методи и тестови. (6) Договорот од ставот (3) на овој член со НРЛ може да биде времено суспендиран или раскинат, а назначувањето како референтна лабораторија ќе се повлече, доколку повеќе не ги исполнува условите од овој член или обврските од договорот. (7) Во случаите од ставот (6) на овој член, директорот на Агенцијата ќе ги определи активностите на референтните лаборатории да ги вршат други соодветно квалификувани лаборатории во земјата или странство, а особено од земјите членки на ЕУ. (8) Во зависност од болеста или стручната област, директорот на Агенцијата ги пропишува поблиските услови што треба да ги исполнува референтната лабораторија. Член 12 Ветеринарни лаборатории (1) Ветеринарната лабораторија може да ги врши следниве работи: 1) лабораториска дијагностика за утврдување на заразни, паразитарни и други болести кај животните и 2) лабораториски преглед на храна, производи, суровини и нуспроизводи од животинско потекло. (2) Ветеринарна лабораторија може да биде одобрена од страна на Агенцијата доколку: 1) има вработено најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со постдипломско образование во соодветни области на лабораториска дијагностика и 2) има соодветни простории, неопходна опрема и инструменти за вршење на активности на лабораториска дијагностика за соодветната област. (3) Одобрението од ставот (2) на овој член може да биде повлечено, доколку ветеринарната лабораторија повеќе не ги исполнува условите од ставот (2) на овој член. (4) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (2) на овој член. Оддел II Ветеринарна комора на Република Македонија Член 13 Ветеринарна комора на Република Македонија (1) Ветеринарната комора на Република Македонија е независно и самостојно правно лице надлежно да ги штити и унапредува професионалните и научните интереси на докторите по ветеринарна медицина (во натамошниот текст: Комората). (2) Сите физички лица кои работат како доктори по ветеринарна медицина во Република Македонија, мора да бидат членови на Ветеринарната комора. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 11 од 72 (3) Со цел да ги врши своите задачи на ефикасен, транспарентен и независен начин, средствата за работа Комората ги обезбедува од членарина, надоместок за издавање на лиценци, надоместок за печатење и дистрибуирање на обрасците на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон, донации, спонзорства и други извори согласно со закон. (4) Комората ја утврдува висината на надоместокот за издавање на лиценци од ставот (3) на овој член со претходно одобрение на директорот на Агенцијата. Со средствата од надоместокот се покриваат вистински направените трошоци за издавање на лиценцата. (5) Комората ги врши следниве работи: 1) води региситар на членовите на Комората; 2) на членовите им издава, продолжува и одзема лиценца за работа; 3) го контролира и следи работењето на докторите по ветеринарна медицина; 4) утврдува кодекс на професионалните етички должности и права и го надгледува нивното спроведување од страна на нејзините членови; 5) формира Суд на честа; 6) планира и организира курсеви за унапредување на професионалните способности, научните знаења и експертиза за актуелни и значајни прашања од ветеринарен интерес; 7) ги утврдува најниските цени на ветеринарните услуги, освен за услугите кои се од јавен интерес согласно со членовите 26 и 34 од овој закон; 8) по барање на Агенцијата, дава мислење и предлози во процесот на донесувањето на актите со кои се регулираат прашањата, условите и начинот на вршење на ветеринарната дејност; 9) печати и дистрибуира обрасците на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон; 10) донесува Статут на Комората и 11) врши други работи и активности во согласност со закон и со Статутот на Комората. (6) Работите од ставот (5) точки 1, 2, 3 и 9 на овој член, Комората ги врши како јавни овластувања. (7) Издавањето, продолжувањето и одземањето на лиценца за работа од ставот (5) точка 2 на овој член, Комората ги врши според одредбите утврдени во Статутот на Комората. Директорот на Агенцијата дава согласност на одредбите од статутот кои се однесуваат на јавните овластувања. (8) За печатените и дистрибуирани обрасци на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон, комората води евиденција. (9) За печатените и дистрибуирани обрасци на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон, ветеринарните друштва плаќаат надоместок во висина од стварно направените трошоци потребни за нивно печатење и дистрибуирање. (10) Формата и содржината на евиденцијата на печатени и дистрибуирани обрасци на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон и висината на надоместокот за печатени и дистрибуирани документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон ги пропишува директорот на Агенцијата. (11) Против одлуките и мерките на Комората за извршувањето на јавните овластувања, незадоволните страни можат да поднесат жалба до директорот на Агенцијата, во рок од 15 дена од денот на доставувањето. Член 14 Услови и овластување на Комората (1) За вршење на работите од членот 13 став (5) точки 1, 2, 3 и 9 на овој закон, Комората треба да има најмалку два доктори по ветеринарна медицина, како и соодветен простор и опрема. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 12 од 72 (2) Исполнувањето на условите од ставот (1) на овој член ги проверува комисија формирана од страна на директорот. (3) Меѓусебните односи меѓу Агенцијата и Комората се регулирани со договор. (4) За видовите на обрасците на документите за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон, кои ќе ги печати и дистрибуира комората, Агенцијата и Комората ќе склучат договор. (5) Во случај на одземање на овластувањето на Комората, работите од членот 13 став (5) точки 1, 2, 3 и 9 на овој закон ги врши Агенцијата. (6) Овластувањето се одзема со решение од директорот на Агенцијата, ако Комората: 1) не ги исполнува пропишаните услови; 2) работи спротивно на прописите и 3) го прекршува договорите од ставовите (3) и (4) на овој член. (6) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (1) на овој член. Оддел III Oфицијален и овластен ветеринар Член 15 Официјален ветеринар (1) Правата и должностите на официјалниот ветеринар се уредени со одредби од овој и друг закон од областа на ветеринарното здравство. (2) Официјалниот ветеринар има право и должност да: 1) спроведува мерки за здравствена заштита на животните, превенција, контрола и сузбивање на болести кај животните, надзор, следење на болести кај животните и спроведување на ветеринарни контроли при чување, производство и превоз на животни; 2) врши процена на пазарната вредност на заклани или убиени животни, производи, нус производи од животинско потекло и храна за животни согласно со членот 98-а од овој закон при спроведување на мерки за сузбивање и искоренување на заразни болести; 3) врши контрола на усогласеноста со прописите од областа на ветеринарното здравство во центрите за репродукција и вештачко осеменување за семе за вештачко осеменување, јајцеклетки и ембриони, како и во одгледувалиштата за животни за расплод, одгледувалиштата за домашни животни, дивеч и риба, пчеларници, фарми за свилена буба, резервати за животни и зоолошки градини, саеми, циркуси и слично; 4) врши земање или контрола на земање на мостри, контрола на изведувањето на лабораториски испитувања врз живи животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и суровини, вклучувајќи земање на мостри од вода и храна за животни; 5) спроведува мерки за вршење на надзор на несакани последици од биолошки и хемиски загадувачи кои се предмет на ветеринарна контрола; 6) пријавува веднаш на директорот појава на знаци на болести кај животните кои задолжително се пријавуваат; 7) врши службена контрола, надзор и следење на активности од ветеринарно јавно здравство во: кланици, млекари, други објекти за преработка и пакување, превоз, складирање, објекти за продажба на големо и мало на храна од животинско потекло, вклучувајќи го нивното одобрување и придржување кон условите на работа, проверка, инспекција и увид на постојана и соодветна примена на добра хигиенска пракса и анализа на ризиците, водење и чување на евиденција, усогласеност со микробиолошките критериуми и прописите за резидуи, загадувачи и забранети супстанции преку лабораториска анализа на мостри; 8) врши контрола на производството, прометот и употребата на храната и водата за животни; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 13 од 72 9) врши контрола на нуспроизводите од животинско потекло кои би можеле да ја загадат животната средина; 10) врши инспекција и контрола на спроведувањето на прописите за заштита и благосостојба на животните; 11) врши контрола на спроведувањето на системот за идентификација и регистрација на животните; 12) врши контрола на прометот и употребата на ветеринарно-медицинските препарати и други производи; 13) применува научни методи и етички правила при вршење на должностите во рамките на ветеринарната медицина; 14) издава сертификати и други документи во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство; 15) спроведува гранични ветеринарни контроли на увозните и транзитните пратки на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло во согласност со одредбите од овој и друг закон и 16) врши надзор и дава инструкции на овластениот ветеринар кој работи под негов надзор. (3) Официјалниот ветеринар ги извршува должностите кои произлегуваат од овој и друг закон, исклучиво врз основа на својата професионалност. (4) Надлежностите на официјалниот ветеринар се во рамките на надлежностите на Агенцијата. (5) Официјалниот ветеринар води евиденција за активностите од ставот (2) на овој член, во електронска или друга форма и поднесува извештај до директорот. Член 16 Квалификации на официјален ветеринар (1) Официјалниот ветеринар: 1) треба да е доктор по ветеринарна медицина, вработен од страна на Агенцијата според одредбите од Законот за државните службеници; 2) да има поминато формална стручно-административна обука во определен период според програма и положен испит за официјален ветеринар, организирани од страна на Агенцијата и 3) континуирано да го надградува своето знаење, согласно со програмата на Агенцијата. (2) На лицата кои го положиле испитот од ставот (1) точка 2 на овој член, директорот им издава уверение за положен испит за официјален ветеринар. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува: потребните знаења кои треба да ги стекне официјалниот ветеринар и времетраењето на стручно-административна обука во службата, начинот и постапката за полагање на испитот за официјален ветеринар и содржината на програмата од ставот (1) на овој член, континуираните административно-едукативни активности за усовршување на знаењето на официјалниот ветеринар и постапките и начинот на преземање на мерки, согласно со овој закон. Член 17 Овластен ветеринар и негови квалификации (1) Во рамките на доверените овластувања со договорите, овластените ветеринари ги извршуваат должностите од членот 15 на овој закон. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 14 од 72 (2) Овластениот ветеринар треба: 1) да биде квалификуван за вршење на професијата доктор по ветеринарна медицина, да има успешно поминато програма за обука со положен испит за овластен ветеринар, организирани од Агенцијата, а кога постапува во рамките на своите надлежности, не треба да има конфликт на интереси што би го спречило извршувањето на неговите службени обврски; 2) редовно да го надградува своето знаење, посебно за прописите од областа на здравствената заштита на животните, нивната благосостојба и ветеринарното јавно здравство и 3) да ги следи упатствата на Агенцијата за да обезбеди правилно вршење на договорените активности. (3) На лицата кои го положиле испитот од ставот (2) точка 1 на овој член, директорот им издава уверение за положен испит за овластен ветеринар. (4) Агенцијата може да ангажира овластен ветеринар за давање на услуги во областа на здравствена заштита на животните за одреден број на одгледувалишта или одредено географско подрачје, а во областа на јавното ветеринарно здравство за одредени активности во одредени објекти за производство, преработка, пакување, складирање, превоз и продажба на производи од животинско потекло, за што склучува договор. (5) Агенцијата води регистар на доктори по ветеринарна медицина кои се квалификувани за овластени ветеринари, а листата на регистрирани овластени ветеринари најмалку еднаш годишно Агенцијата ја објавува во “Службен весник на Република Македонија”. (6) Ако Агенцијата утврди дека овластениот ветеринар веќе не ги исполнува условите за неговото овластување, или не ги извршува активностите од договорот, ќе го суспендира на одредено време. Во случај на сериозен прекршок, или прекршок кој се повторува, целосно ќе го повлече овластувањето без можност за обновување, без оглед на прекршочните санкции кои може да бидат изречени. (7) Директорот дава наредби и врши надзор над работата на овластените ветеринари за да обезбеди совесно исполнување на нивните задачи. (8) Директорот на Агенцијата ги пропишува потребните знаења кои треба да ги стекне овластениот ветеринар и времетраењето на обуката, начинот и постапката за полагање на испитот за овластен ветеринар, содржината на програмата од ставот (2) на овој член и начинот на вршење на договорените активности како и формата и содржината и начинот на водење на регистарот од ставот (5) на овој член. Член 18 Официјален ветеринарен помошник (1) Должностите на официјалниот ветринарен помошник се уредени со овој и друг закон, како и со административни инструкции кои му ги издава Агенцијата. (2) Официјалниот ветеринарен помошник е овластен и должен да му помага на официјалниот ветеринар при вршењето на неговите должности од областа на здравствената заштита на животните, ветеринарното јавно здравство и благосостојбата на животните. (3) Надлежностите на официјалниот ветеринарен помошник се во рамките на надлежностите на Агенцијата. Член 19 Квалификации на официјален ветеринарен помошник (1) Официјалниот ветеринарен помошник треба: Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 15 од 72 1) да е вработен од страна на Агенцијата согласно со одредбите на Законот за државните службеници; 2) да има завршено средно образование како ветеринарен техничар, да има поминато специјална административна обука во службата обезбедена од страна на Агенцијата, после која успешно да го положил тестот организиран од страна на Агенцијата и 3) по вработувањето, да продолжи да ги надградува своите знаења, за да биде во чекор со новите научни достигнувања преку континуирани едукативни активности и стручна литература, обезбедени од страна на Агенцијата. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (1) точки 2 и 3 на овој член. Член 20 Асистенција од страна на Министерствoто за внатрешни работи (1) Официјалниот ветеринар или овластениот ветеринар при вршењето на своите задачи може да побара асистенција од овластено лице од Министерството за внатрешни работи, кога: 1) ќе наиде на физички отпор или ќе биде спречен во вршењето на своите задачи или, пак, очекува отпор или пречки; 2) е потребно обезбедување на заразените места и региони, при ограничувањето на прометот на животни, производи и суровини, на движењето на животни и луѓе во заразените области и спроведување на мерките за превенција и сузбивање на заразни болести кај животните пропишани со овој закон и 3) сопственикот на животни, производи, суровини од животинско потекло и храна за животни, кои се предмет на забрана или инспекција, ќе одбие да го открие својот идентитет. (2) Официјалниот или овластениот ветеринар, помош од службено лице од Министерството за внатрешни работи во согласност со ставот (1) од овој член може да побара во писмена форма или во итни случаи, усно. (3) Деталите за соработка се уредуваат со меморандум за соработка, склучен меѓу директорот на Агенцијата и министерот за внатрешни работи. Член 21 Соработка со други органи (1) Агенцијата по прашања од заеднички интерес соработува со министерствата надлежни за тие прашања и други органи и институции. (2) Во случај кога постои сероизен ризик по здравјето на луѓето или животните или животната средина, директорот на Агенцијата веднаш ја известува Владата на Република Македонија заради преземање на соодветни мерки. Оддел IV Вршење на професијата доктор по ветеринарна медицина и права и должности Член 22 Вршење на професијата доктор по ветеринарна медицина (1) Професијата доктор по ветеринарна медицина може да ја врши лице кое ги исполнува следниве услови: Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 16 од 72 1) да има дипломирано на факултет по ветеринарна медицина; 2) да е член на Ветеринарната комора; 3) да има лиценца за работа и 4) да е државјанин на Република Македонија. (2) Одредбите од ставот (1) на овој член не се однесуваат на докторите по ветеринарна медицина вработени во Агенцијата. (3) Странски државјани можат да вршат ветеринарна професија во Република Македонија како истражувачи, научници, предавачи или универзитетски професори, или како меѓународни консултанти со официјална покана од институција на Република Македонија. Член 23 Права и одговорности на ветеринарни амбуланти, клиники и болници Ветеринарните амбуланти, клиники и болници, докторите по ветеринарна медицина и другите вработени во истите се должни да работат во согласност со одредбите на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство, редовно да водат и да чуваат документирана евиденција на активностите, истражувањата и нивните резултати, кои се предмет на надзор и контрола од страна на Агенцијата. Оддел V Здравствена заштита на животните Член 24 Видови на здравствена заштита на животните Здравствената заштита на животните се врши како: примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита на животните. Член 25 Примарна здравствена заштита на животните Примарната здравствена заштита на животните ги опфаќа следниве активности: 1) преземање на мерки неопходни за дијагноза, лекување, превентива и искоренување на заразните болести кај животните, кои не се опфатени со членовите 26 и 34 од овој закон; 2) превенција, дијагностицирање и лекување на други болести, повреди и хируршки операции на животните; 3) третирање на репродуктивни болести и пореметувања кај животните, следење на здравствената состојба на животните наменети за репродукција, спроведување на мерки за превенција и лекување на стерилитет, вештачко осеменување и ембриотрансфер; 4) промет на мало на ветеринарно-медицински препарати и храна за животни за сопствени потреби, издавање и препишување на ветеринарно-медицински препарати и храна за животни и средства за дезинфекција, деконтаминација, санитација, деодорација и ерадикација на штетници и давање инструкции за нивна апликација; 5) обезбедување на ветеринарни услуги и прва помош во итни случаи; 6) болничко лекување на животните и 7) вршење на дезинфекција, деконтаминација, санитација, деодорација и ерадикација на штетници. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 17 од 72 Член 26 Секундарна здравствена заштита на животните (1) Секундарната здравствена заштита на животните е збир на одредени активности од јавен интерес предвидени и финансирани со Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните од членот 57 на овој закон, што ги врши Агенцијата, со цел да се обезбеди висок здравствен статус и благосостојба на националната популација на животните заради заштита на животните и луѓето. (2) Секундарната здравствена заштита на животните опфаќа: 1) следење на здравствената состојба на животните и издавање на ветеринарно здравствени сертификати за нивната здравствена состојба и благосостојба; 2) следење и проучување на епизоотиолошките услови, здравствената состојба на животните, физиологијата и патологијата на репродукција и оплодување на животните, екологија, безбедност на производите и суровините од животинско потекло кои не се за човечка исхрана, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони, вода, добиточна храна и водење на евиденција за истите; 3) клиничка и лабораториска дијагностика на болестите на животните кои задолжително се пријавуваат, согласно со членот 49 од овој закон; 4) превенција, контрола и/или ерадикација на инфективни болести кај животните во рамките на годишната наредба за здравствена заштита на животните, согласно со членот 57 од овој закон; 5) спроведување на контролните и заштитни мерки од болести од членовите 54 и 55 на овој закон; 6) испитување на појава на жариште на болест во согласност со членот 51 од овој закон; 7) спроведување на одредбите од плановите за итни мерки согласно со членот 52 од овој закон; 8) планирање и спроведување на мерки за дезинфекција, деконтаминација, санитација, деодорација, ерадикација на штетници, и мерки за превенција и ерадикација на заразни болести кај животните; 9) следење и спроведување на мерки за заштита од зоонози; 10) унапредување на методите за дијагноза, ерадикација и превенција на заразни болести кај животните; 11) набавка, евалуација и апликација на лекови и други дополнителни биолошки и медицински производи за превенција, дијагностицирање и третман на оние болести кај животните за кои е одговорна Агенцијата; 12) следење, анализа и процена на влијанието на животната средина и природата врз здравјето на животните; 13) следење, анализа и заштита на животната средина од несакани ефекти како последица на болестите кај животните и неправилно размножување и одгледување на животни; 14) следење и контрола на хигиенските услови и технолошките процеси во објектите за одгледување на животни и производство на производи и нуспроизводи од животинско потекло кои не се наменети за човечка исхрана; 15) унапредување на технологиите на одгледување и производство, заради планирање и спроведување на мерките за здравствена заштита на животните од заразни болести; 16) давање на експертска помош на ветеринарните амбуланти, клиники и болници, сопственици на животни, производители на производи и суровини, добиточна храна, ветеринарно-медицински препарати и други производи; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 18 од 72 17) фармакодинамични испитувања на ветеринарно-медицинските препарати и евалуација на нови лекови; 18) ветеринарно-медицинска едукација на сопствениците на животни и населението и организација на курсеви за елементарно информирање за заразните болести кај животните; 19) системска подготовка и обука на докторите по ветеринарна медицина и ветеринарните техничари за здравствената заштита на животните во услови на природни катастрофи и вонредни ситуации; 20) водење на регистри и идентификација на животните заради здравствена заштита на животните; 21) остварување на регионална и меѓународна соработка во ветеринарната област и 22) здравствена заштита на домашни миленици по однос на спроведување на заштитни мерки на контрола на беснило и идентификација и регистрација на кучиња. (3) Здравствената заштита на животните од ставот (2) точка 1 на овој член ја врши исклучиво официјалниот ветеринар при издавање на ветеринарно-здравствени сертификати кои ги придружуваат пратките за извоз. Член 27 Терцијарна здравствена заштита на животните Терцијарната здравствена заштита на животните ја вршат високообразовни или научно истражувачки институции од областа на ветеринарната медицина и опфаќа: 1) давање на совети за клиничка дијагноза на болести кај животните; 2) експертски совети, консултации и соработка со Агенцијата и 3) експертиза и едукација за: а)воведување и усовршување на новите лабораториски методи за дијагностицирање на заразните болести кај животните; б) развој и вовед во новите методи за дијагностицирање и лекување на болести и повреди кај животните; в) развој и воведување на нови ветеринарно-медицински постапки за репродукција и г) вршење стручно-едукативни активности за потребите на Агенцијата. Оддел VI Репродукција на животните Член 28 Превентива при размножување на животните (1) Животните за расплод, семето за вештачко осеменување, јајцеклетките, ембрионите како и одгледувалиштата за животните за расплод мораат да бидат слободни од одредени заразни и паразитарни болести согласно со овој закон. (2) Машки животни за расплод за производство на семе за вештачко осеменување, грлата за природен припуст како и женските животни за производство на оплодени јајцеклетки можат да се користат, односно да бидат пуштени во промет само ако, врз основа на спроведените мерки од овој закон, се слободни од одредени заразни или паразитарни болести. (3) Одговорното лице за чување на животните во одгледувалиштето на расплодни животни, мора да обезбеди систематско следење на здравствениот и репродуктивниот статус на животните за расплод, како и следење и евиденција на добивањето, Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 19 од 72 производството, складирањето и прометот, и на здравствениот и репродуктивниот статус на семето за вештачко осеменување, јајцеклетките и ембрионите во објектите од членот 29 на овој закон и каде што е применливо во објектите од членот 30 на овој закон. (4) Директорот на агенцијата ги пропишува ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештечко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција од ставот (3) на овој член и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони. Член 29 Центри за репродукција и вештачко осеменување (1) Центрите за репродукција и вештачко осеменување вршат: 1) производство на приплодно и производствено висококвалитетни животни; 2) тестирање на оплодителниот капацитет на животните за расплод; 3) производство и конзервирање на семе за вештачко осеменување, јајцеклетки и ембриони; 4) вештачко осеменување и ембриотрансфер на животни; 5) складирање и промет на семе за вештачко осеменување; 6) давање на стручна помош во вршење на вештачкото осеменување и сузбивање на стерилитетот кај животните; 7) лабораториска дијагностика на присуството на предизвикувачи на болести кои можат да се пренесат преку семето за вештачко осеменување и анализа на квалитативните и квантитативните параметри на семето за вештачко осеменување; 8) едукација од областа на вештачкото осеменување и репродукција на животните и 9) следење на научните истражувања од областа на репродукцијата и генетиката на животните. (2) Семето за вештачко осеменувње, јајцеклетките и ембрионите мораат да ги задоволуваат пропишаните услови за добивање подготовка и разредување, биолошкиот квалитет, како и да бидат обележани на соодветен начин. (3) Центрите за репродукција и вештачко осеменување ги одобрува Агенцијата ако ги исполнуваат следниве услови: 1) имаат вработено најмалку двајца доктори по ветеринарна медицина со диплома за постдипломско образование од соодветни области од репродукцијата и 2) имаат соодветни простории, животни, опрема и инструменти за вршење на лабораториска дијагностика за соодветната област. (4) Ембриотрансферот на животни од ставот (1) точка 4 на овој член го вршат тимови за ембриотрансфер одобрени од Агенцијата, кои треба да имаат најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со диплома за постдипломско образование од соодветна област во репродукцијата и соодветна опрема и инструменти за негово спроведување. (5) Директорот на Агенцијата ги пропишува поблиските услови од ставот (2) на овој член, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите од ставот (3) на овој член, како и начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер од ставот (4) на овој член. Член 30 Промет на семе за вештачко осеменување (1) Промет со семе за вештачко осеменување, освен центрите за репродукција и вештачко осеменување од членот 29 на овој закон, вршат и ветеринарните амбуланти, клиники и болници, одобрени од Агенцијата, доколку имаат соодветни простории, неопходна опрема и инструменти за вршење на прометот, како и прирачна лабораторија за преглед на семето за вештачко осеменување. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 20 од 72 (2) Директорот на Агенцијата ги пропишува поблиските услови во поглед на просториите, опремата и инструментите, како и начинот на вршење на прометот од ставот (1) на овој член, како и официјалните контроли при ставање во промет на семе, ембриони и јајце клетки. Член 31 Вештачко осеменување (1) Вештачкото осеменување на животните, освен центрите за репродукција и вештачко осеменување од членот 29 на овој закон, го вршат и ветеринарни амбуланти, клиники и болници одобрени од Агенцијата. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член вештачко осеменување на животни може да врши и физичко лице, држател на животните, на животни кои се негова сопственост, доколку поседува потврда за стручна квалификуваност за изведување на осеменувањето. (3) Стручната квалификуваност за изведување на осеменувањето од ставот (2) на овој член, физичките лица ја добиваат на организирани форми на обука, изведени од високообразовна институција од областа на ветеринарната медицина, според програмата за која согласност дава Агенцијата. Оддел VII Ветеринарно јавно здравство Член 32 Видови на ветеринарно јавно здравство Ветеринарното јавно здравство се врши како: примарно, секундарно и терцијарно јавно ветеринарно здравство. Член 33 Примарно ветеринарно јавно здравство Примарното ветеринарно јавно здравство ги опфаќа активностите на примена на добра хигиенска пракса, добра производна пракса, HACCP и други процедури во објектите и во одгледувалиштата. Член 34 Секундарно ветеринарно јавно здравство (1) Секундарното ветеринарно јавно здравство е збир на одредени активности од јавен интерес, предвидени и финансирани од Програмата за ветеринарно јавно здравство од членот 57 на овој закон, што ги врши Агенцијата, со цел да се постигне високо ниво на безбедност на храната, заштита на потрошувачите преку службена контрола на објекти за производство и преработка на храна од животинско потекло, како и заштита на животната средина од нуспроизводи од животинско потекло, контаминенти и патогени агенси. (2) Секундарното ветеринарно јавно здравство опфаќа: 1) издавање сертификати за ветеринарно јавно здравство; 2) службена контрола, надзор и следење на активностите на ветеринарното јавно здравство во објектите и одгледувалиштата, вклучително, пазари, кланици, млекари, други објекти за преработка и пакување, превоз, складови, објекти за продажба на храна од Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 21 од 72 животинско потекло на мало и големо, вклучувајќи нивно одобрување, контрола, надзор и инспекција на нивното работење, примена на добра хигиенска пракса, анализа на ризици и водење на евиденција; 3) систематска подготовка и обука на официјалните и овластените ветеринари и здруженијата на производители за добра хигиенска пракса, добра производствена пракса и HACCP и 4) спроведување на мерки во рамките на годишната наредба за ветеринарно јавно здравство, наведено во членот 57 од овој закон. (3) Издавањето на сертификати. кои ги придружуваат пратките за извоз за ветеринарно јавно здравство наведено во ставот (2) точка 1 од овој член, го врши исклучиво официјалниот ветеринар. (4) Секундарно ветеринарно јавно здравство вршат националните референтни лаборатории во име на Агенцијата со цел да обезбеди согласност со микробиолошките критериуми и прописите за контрола на резидуи, радионуклеиди, други биолошко активни материи, производи и суровини од животинско потекло, вода за напојување на животните, контаминенти на храна и други забранети супстанции преку лабораториски испитувања. Член 35 Терцијарно ветеринарно јавно здравство Терцијарно ветеринарно јавно здравство вршат високообразовни и научно истражувачки институции од областа на ветеринарната медицина и опфаќа: 1) експертски совети, соработка со Агенцијата; 2) експертиза и едукација за: а) биохемиски, хистохемиски, цитолошки, паразитолошки, микробиолошки, имунолошки, радиолошки и радиохемиски анализи на производите и суровините од животинско потекло, храна, вода и воздух, дезинфекција, деконтаминација, санитација, деодорација и ерадикација на штетници и б) за воведување и подобрување на новите лабораториски методи за анализа на контаминенти и резидуи во производите, суровините и добиточната храна и 3) врши стручно-едукативни активности за потребите на Агенцијата. Оддел VIII Организација и услови за вршење на здравствена заштита на животни и ветеринарно јавно здравство Член 36 Вршење на здравствена заштита на животни и ветеринарно јавно здравство (1) Здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здравство од членовите 25 и 33 на овој закон ги вршат ветеринарните амбуланти, ветеринарните клиники и ветеринарните болници, кои можат да ги основаат домашни или странски правни или физички лица ако ги исполнуваат следниве услови: 1) треба да имаат одобрение за работа издадено од Агенцијата за исполнувањето на барањата наведени во членовите 37, 38 и 39 од овој закон; 2) да бидат ставени под надзор на органот кој го издава одобрението и 3) да бидат регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 22 од 72 (2) Поставување на дијагноза, препишување и апликација на ветеринарно-медицински препарати, лекување, хируршки, породилски и други зафати на животните, ветеринарно здравствени прегледи можат да вршат само доктори по ветеринарна медицина, со лиценца за работа. (3) Лицата кои немаат завршено факултет по ветеринарна медицина и кои немаат лиценца за работа не можат да ги вршат активностите од ставот (2) на овој член. (4) Вршење на активностите од ставот (2) од лицата од ставот (3) на овој член се смета за надриветеринарство. (5) Ветеринарните техничари вработени во ветеринарни амбуланти, ветеринарни клиники и ветеринарни болници работат работи од техничка природа: вештачко осеменување, дезифенкција, дезинсекција и дератизација, како и други активости од областа на ветеринарното здравство под директен надзор и одговорност на доктор по ветеринарна медицина. Тие не смеат самостојно да вршат дијагностика, пропишување и апликација на ветеринарно-медицински препарати, лекување и хируршки зафати на животни. (6) Здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здравство од членовите 25, 26 и 33 на овој закон може да ја вршат и Ветеринарни служби на одгледувалиште доколку се одобрени согласно со членот 44 од овој закон и тоа само врз животните кои се сопственост на правното лице кое ја основало ветеринарната служба на одгледувалиштето. (7) Трошоците за извршените активности согласно со став (6) на овој член се на товар на правното лице кое ја основало ветеринарната служба на одгледувалиштето." (8) Договорите годишно се ревидираат согласно со програмите и наредбите од членот 57 на овој закон. (9) Терцијарната здравствена заштита на животните и ветеринарно јавно здравство од членовите 27 и 35 на овој закон можат да вршат високообразовни и научно-истражувачки установи од областа на ветеринарната медицина. (10) Агенцијата води евиденција за издадените одобренија за работа од ставот (1) на овој член и за ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои имаат добиено решение за овластување за вршење на дејност од јавен интерес. Член 37 Услови за одобрување на ветеринарна амбуланта (1) Ветеринарна амбуланта може да биде одобрена за работа од Агенцијата доколку има вработено најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со лиценца за работа, има соодветни простории и неопходна опрема и инструменти за вршење на активности. (2) Покрај условите од ставот (1) на овој член, за да добие решение за овластување од директорот на Агенцијата и склучи договор со директорот за вршење на дејност од јавен интерес, вработениот доктор по ветеринарна медицина кој има лиценца за работа треба да е овластен ветеринар согласно со членот 17 од овој закон. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (1) на овој член. Член 38 Услови за одобрување на ветеринарна клиника (1) Ветеринарна клиника може да биде одобрена за работа од Агенцијата, доколку има вработено најмалку двајца доктори по ветеринарна медицина со лиценца за работа и има соодветни простории, опрема и инструменти за вршење на активностите. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 23 од 72 (2) Покрај условите од ставот (1) на овој член, за да добие решение за овластување од директорот на Агенцијата и склучи договор со директорот за вршење на дејност од јавен интерес, најмалку еден од докторите по ветеринарна медицина кој има лиценца за работа треба да е овластен ветеринар согласно со членот 17 од овој закон. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (1) на овој член. Член 39 Услови за основање на ветеринарна болница (1) Ветеринарна болница може да биде одобрена за работа од Агенцијата, доколку има вработено најмалку пет доктори по ветеринарна медицина со лиценца за работа и поседува соодветни објекти и простории за вршење на активностите како и за стационарно лечење и нега на болни и повредени животни. (2) Покрај условите од ставот (1) на овој член, за да добие решение за овластување од директорот на Агенцијата и склучи договор со директорот за вршење на јавни услуги, најмалку еден од докторите по ветеринарна медицина кои имаат лиценца за работа да е овластен ветеринар согласно со членот 17 од овој закон и најмалку двајца од другите доктори треба да имаат специјализација во соодветни области од здравствената заштита и ветеринарното јавно здравство согласно со членовите 26 и 34 од овој закон. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (1) на овој член. Член 40 Јавен повик (1) Агенцијата објавува јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животни од членот 26 од овој закон, односно активности од областа на ветеринарното јавно здравство од членот 34 од овој закон. (2) На јавниот повик од ставот (1) на овој член имаат право да учествуваат сите ветеринарни амбуланти, клиники, болници и служби на одгледувалиште кои се одобрени согласно со членовите 37, 38, 39 и 44 од овој закон. (3) Јавниот повик содржи елементи кои се однесуваат на условите за распределба од ставот (5) на овој член, висината на надоместокот за вршењето на активностите од ставот (1) на овој член и докази дека пријавената ветеринарна амбуланта, клиника, болница или служби на одгледувалиште ги исполнуваат условите од овој закон. (4) Пријавените учесници кои ги исполнуваат условите од повикот од ставот (1) на овој член, од страна на комисијата формирана од директорот на Агенцијата, ќе бидат распределени за вршење на активностите од членот 26, односно членот 34 од овој закон за општината за која се пријавиле. (5) Распределбата од ставот (4) на овој член се врши врз основа на бројот на доктори по ветеринарна медицина, бројот на ветеринарни техничари, бројот на животни и одгледувалишта, бројот на оператори со храна и оператори со храна за животни, пристапноста до одгледувалиштата во општината за која се пријавиле и други специфични критериуми утврдени со јавниот повик. (6) Незадоволните кандидати од јавниот повик можат да поведат управен спор пред надлежен суд. (7) Во случај на повлекување на одобрението од членовите 37, 38, 39 и 44 од овој закон и раскинување на договор согласно со членот 41 став (3) од овој закон Агенцијата распишува нов јавен повик за вршење на активности од членот 26 од овој закон за Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 24 од 72 одгледувалишта кои имале склучен договор со ветеринарна амбуланта, клиника или болница на кое му е повлечено одобрението од членовите 37, 38, 39 и 44 од овој закон или раскинат договорот согласно со членот 41 став (3) од овој закон. (8) Висината на надоместокот за вршењето на активностите од ставот (1) на овој член ја определува Владата на Република Македонија на предлог на директорот на Агенцијата врз основа на реални трошоци потребни за спроведување на активностите. (9) Владата на Република Македонија на предлог на директорот на Агенцијата ја пропишува поблискста содржина и начинот на спроведување на јавниот повик за вршење на активности од јавен интерес. Член 40-а Издавање на Решение за овластување (1) Издавањето на решение за овластување на ветеринарните служби на одгледувалиштето за вршење на активностите од областа на здравствена заштита на животните од членот 26 на овој закон, како и на ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои ќе вршат активности од областа на здравствена заштита на животните од членот 26 став (2) точки 1 и 22 на овој закон, се врши врз основа на поднесено барање. (2) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува до Агенцијата. (3) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува Директорот на Агенцијата. Член 40-б (1) Агенцијата решението за овластување на ветеринарните служби на одгледувалиштето за вршење на активностите од областа на здравствената заштита на животните од членот 40-а од овој закон го издава во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. (2) Доколку Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија не го издаде решението, односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање на решението за овластување на ветеринарните служби на одгледувалиштето за вршење на активностите од областа на здравствената заштита на животните во рокот од ставот (1) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија заради донесување на решение од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. (3) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата. (4) Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (2) на овој член до писарницата на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија да донесе решение со кое барањето за издавање на решението за овластување на ветеринарните служби на одгледувалиштето за вршење на активностите од областа на здравствената заштита на животните е уважено или одбиено. Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. (5) Кон барањето за донесување на решението од ставот (2) на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето за издавање на решение за овластување од ставот (1) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 25 од 72 (6) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија не донесе решение во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (7) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на прием на известувањето од ставот (6) на овој член да изврши инспекциски надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (8) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторoт и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по барањето. (9) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија не одлучи во рокот од ставот (8) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (9) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (11) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (12) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (11) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (6) на овој член или не поднел пријава согласно со ставот (10) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Во случајот од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 26 од 72 (15) Во случајот од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (17) Доколку Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (18) Постапката пред Управниот суд е итна. Член 41 Договори со ветеринарни амбуланти, клиники и болници и назначување на овластени ветеринари (1) Директорот на Агенцијата склучува договори со избраните ветеринарни амбуланти, ветеринарните клиники, ветеринарните болници или ветеринарни служби на одгледувалиште и ги назначува овластените ветеринари за вршење на активностите од членовите 26 и 34 од овој закон. (2) Договорот од ставот (1) на овој член ги содржи најмалку следниве елементи: име на овластениот ветеринар вработен во ветеринарна амбуланта, клиника или болница, вид и обем на договорните активности, износ, начин и период на исплаќање на средства, за вршење на активностите, обезбедени од Буџетот на Република Македонија, почеток и времетраење на активностите за кои се овластени, клаузула за адаптирање на предвидените активности во форма на анекс договор, начин и услови за раскинување на договорот пред датумот на истекување на важност, причини за еднострано раскинување на договорот и одговорност на ветеринарната амбуланта, клиника и болница и на овластениот ветеринар за извршувањето на активностите. (3) Агенцијата го повлекува одобрението од членовите 37, 38, 39 и 44 од овој закон и го раскинува договорот од ставот (1) на овој член на ветеринарните амбуланти, клиники, болници и служби на одгледувалиште ако утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во овој закон. Член 41-а Договори на ветеринарни амбуланти, клиники и болници со одгледувачите (1) Ветеринарни амбуланти клиники и болници кои се пријавиле на јавниот повик се должни да склучат договор со одгледувачите на животни во рок од три месеци по спроведувањето на повикот, за активностите од членот 26 од овој закон, за што ја известуваат Агенцијата. (2) Одгледувачите на животни во рок од три месеци по спроведувањето на јавниот повик од членот 40 став (1) од овој закон, се должни да склучат договор со распределената, односно друга овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, за спроведување на активностите од членот 26 од овој закон. (3) Одгледувачите на животни можат да поднесат барање за раскинување на договорот со ветеринарна амбуланта, клиника или болница од ставот (1) на овој член до Агенцијата и да предложат склучување на договор со друга овластена ветеринарна амбуланта, Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 27 од 72 клиника или болница во кој треба да биде приложена согласноста од предложената ветеринарна амбуланта, клиника или болница и доказ дека нема ненамирени обврски во делот од јавен интерес кон ветеринарната амбуланта, клиника или болница со кое го раскинува договорот. (4) Одгледувачите од овој член можат да ги раскинуваат договорите најмногу еднаш годишно, освен во случај на престанување на работа на ветеринарната амбуланта, клиника или болница, поништување на одобрението за работа на ветеринарната амбуланта, клиника или болница или заради сериозни нарушувања на системот на здравствена заштита на животните. (5) Ветеринарна амбуланта, клиника или болница кои се пријавиле на јавниот повик не смеат да ги раскинуваат договорите освен во случај кога одгледувачот престанал да одгледува животни. (6) Владата на Република Македонија на предлог на директорот на Агенцијата ја пропишува содржината на договорот од ставот (1) на овој член. Член 42 Ветеринарни јавни претпријатија (1) Доколку во одредени општини ниту една ветеринарна амбуланта, ветеринарна клиника или ветеринарна болница не потпише договор за извршување на активностите од членовите 26 и 34 на овој закон, поради тоа што: не се исполнети условите пропишани во членовите 37, 38 и 39 од овој закон или договорот бил раскинат или не е доставена ниту една понуда на јавниот повик, во тој случај, директорот на Агенцијата ќе склучи договор со една или повеќе од ветеринарните амбуланти, клиники или болници да вршат ветеринарна дејност од јавен интерес од членовите 26 и 34 од овој закон. (2) Ако не се обезбеди вршењето на работите согласно со ставот (1) на овој член, Владата на Република Македонија ќе основа јавно претпријатие согласно со Законот за јавните претпријатија и овој закон. Член 43 Работно време на ветеринарните амбуланти, клиники и болници (1) Ветеринарните амбуланти, клиники и болници се должни да обезбедат континуирано работно време во смени, дежурство или постојана подготвеност за извршување на активности на здравствена заштита на животните. Работата во смени и постојаната подготовеност се организираат со цел да се обезбеди ветеринарна прва помош. (2) Ветеринарните работници не смеат да одбијат неопходна ветеринарно-медицинска помош во итни случаи, или да го прекинат медицинскиот третман на болни животни и обезбедување на неопходни количества на храна и вода за животните во болниците. Член 44 Ветеринарна служба на одгледувалиште (1) Правните и физичките лица кои се занимаваат со одгледување на животни чии производи и суровини ги пласираат на пазарот за јавна потрошувачка, се должни да обезбедат здравствена заштита на нивните животни преку ветеринарна служба на одгледувалиштето, или со договор со ветеринарна амбуланта, клиника и болница. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 28 од 72 (2) Ветеринарна служба на одгледувалиште може да биде одобрена од Агенцијата доколку: има вработено најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со лиценца за работа и има соодветни простории и неопходна опрема и инструменти за вршење на активности според видот на животните што ги одгледува. (3) Ветеринарната служба на одгледувалиштето не смее да врши активности од ветеринарна дејност врз животни кои не се во сопственост на правното, односно физичкото лице кое ја формирало ветеринарната служба на одгледувалиште. (4) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (2) на овој член. Член 45 Информационен систем (1) Агенцијата е должнa да собира, чува и анализира податоци за здравствената заштита на животните, ветеринарното јавно здравство и административни податоци кои произлегуваат од неговите активности и податоци од други лица вклучени во активностите од областа на здравствена заштита на животните и ветеринарното јавно здравство. (2) Ветеринарните амбуланти, ветеринарните клиники и ветеринарните болници, ветеринарните лаборатории, научно-истражувачките и високообразовните институции кои работат во областа на здравствена заштита на животните се должни да собираат податоци и водат евиденција за болести кај животните, за нивните активности во форма одобрена од Агенцијата и да ги достават преку системот за известување на начин утврден од Агенцијата. (3) Агенцијата воспоставува и одржува ветеринарен информационен систем кој може да се интегрира со други информациски системи. (4) Директорот на Агенцијата поблиску го пропишува начинот на воспоставување и одржување за ветеринарниот информационен систем. Оддел IX Начела на сертификација Член 46 Стручност на службено лице кое издава сертификати (1) Агенцијата ги преземa сите мерки, службеното лице задолжено за издавање на сертификати да има задоволително познавање на прописите од областа на ветеринарното здравство, во врска со животните и производите од животинско потекло за кои треба да се издаде сертификатот, правилата кои треба да се следат при пополнување и издавање на сертификатите и доколку е потребно за природата и обемот на условите, тестовите и прегледите кои треба да бидат извршени пред издавањето на сертификатот. (2) Службеното лице смее да издаде сертификат само за податоци за кои има лично сознание или кои можат со сигурност да бидат потврдени од него. (3) Службеното лице не смее да потпишува празни или некомплетни сертификати или сертификати за животни или производи кои не биле прегледани од негова страна и без негова контрола. За сертификат кој се издава врз основа на друг сертификат или потврда, служебното лице треба да го поседува претходно потпишаниот документ. (4) Одребите од овој член не го спречуваат официјалниот ветеринар да го потпише сертификатот доколку податоците се потврдени врз основа на ставовите (1), (2) и (3) од овој член од лице овластено од Агенцијата кога постапува под контрола на официјален ветеринар. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 29 од 72 Член 47 Веродостојност на сертификатот (1) Агенцијата ги презема сите неопходни мерки со цел да обезбеди веродостојност на сертификатот. Агенцијата ги презема сите неопходни мерки, официјалните ветеринари кои издаваат сертификати да: 1) имаат положба која ја потврдува нивната непристрасност и да немаат директен економски интерес за животните или производите за кои се издава сертификатот, односно за одгледувалиштата или објектите од кои тие потекнуваат и 2) е потполно свесен за значењето на содржината на секој сертификат кој го потпишува. (2) Сертификатот се состои од единствен лист , или од неколку неделливи листови и: има единствен сериски број, има оригинален потпис на официјалниот ветеринар кој го издава сертификатот, со големи букви на неговото име и звање, и оригинален печат на Агенцијата кој го издава сертификатот. Потписот и печатот се во различна боја од бојата на отпечатениот текст во сертификатот. датумот на издавањето е ист со датумот на натовар, адресиран е на единствен примач на пратка, целосно и точно е пополнет, нема дополнителни промени, освен оние потврдени со потпис од страна на официјалниот ветеринар кој го издал, а неприменливите делови ќе се прецртаат и заверат со потпис од страна на официјалниот ветеринар и се однесува за една пратка. (3) Сертификатот се издава во форма и со содржина согласно образецот за посебните видови пратки согласно со прописот од членот 77 став (4) на овој закон. (4) Сертификатот се изготвува на македонски јазик, на англиски и каде што е неопходно, на еден од официјалните јазици во земјата на крајната дестинација. (5) Агенцијата обезбедува услови со цел да го поврзе сертификатот со службеното лице кое го издало и обезбедува, копиите од сите издадени сертификати, да се чуваат во период од најмалку пет години. Член 48 Заштита од лажни сертификати (1) Директорот на Агенцијата ќе воведе контролни мерки неопходни да се спречи издавањето на лажни или недоследни сертификати и употреба на такви сертификати врз основа на прописите од областа на ветеринарното здравство. (2) Независно од изречените казни и санкции, Агенцијата спроведува испитувања или проверки и презема соодветни мерки на секој случај на лажен или погрешен сертификат за кои има сознание. (3) Агенцијата може времено да го суспендира од должност службеното лице кое го издало сертификатот од ставот (2) на овој член, до завршувањето на испитувањето. (4) Ако со испитувањето се утврди дека: службеното лице кое го издало сертификатот свесно издало лажен сертификат, Агенцијата ги презема сите неопходни мерки за да спречи тоа лице да го повтори истиот прекршок и при лажна употреба или измена на сертификат, Агенцијата ги презема сите неопходни мерки да обезбеди дека физичкото или правното лице нема да го повтори прекршокот. Таквите мерки можат да вклучат неиздавање на сертификат на физичкото или правното лице кое го направило прекршокот. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 30 од 72 ГЛАВA III КОНТРОЛА И СУЗБИВАЊЕ НА БОЛЕСТИТЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ Оддел I Општи одредби Член 49 Болести кои задолжително се пријавуваат (1) Директорот на Агенцијата донесува листа на болести кај животните кои задолжително се пријавуваат и пропишува општи мерки за борба против нив. (2) Во зависност од нивното влијание врз јавното здравство, здравствениот статус на животните и прометот, болестите наведени во ставот (1) од овој член се поделени во три категории, и тоа: а) болести од листата на Светската организација за здравствена заштита на животните ОИЕ кои се предмет на планирање на итни мерки, а се смета дека се од посебно значење за јавното здравство, здравствениот статус на животните и прометот, поради вирулентноста на предизвикувачот, потенцијалот за брзо ширење на големи подрачја и надвор од границите на државата и сериозното социјално и економско влијание; б) болести од листата на Светската организација за здравствена заштита на животните ОИЕ кои се сметаат дека се од особено значење и приоритет за Република Македонија, се предмет на посебни програми за надзор и/или контрола, предвидени со годишната наредба за здравствена заштита на животните или повеќегодишните програми кои се спроведуваат на целата територија на државата или на дел од неа и в) болести од листата на Светската организација за здравствена заштита на животните ОИЕ кои не предизвикуваат значителни загуби или се последица од начинот и практиката на чување, размножување, одгледување и исхрана на животните. (3) Во зависност од категоријата на болеста: а) мерките за контрола и заштита од болестите наведени во ставот (2) точка а) од овој член ги спроведува Агенцијата и сите трошоци кои настануваат при поставувањето дијагноза, спроведувањето на мерките за сузбивање и искоренување или превенција, сите директни загуби за сопствениците на животни настанати како резултат на спроведувањето на овие мерки се на товар на Буџетот на Република Македонија и се надоместуваат според пазарната вредност; б) мерките за заштита и контрола на болестите наведени во ставот (2) точка б) од овој член, ги спроведува Агенцијата: директните загуби на сопствениците на животните настанати како резултат на убивање или колење на животните, или уништувањето на производите, се надоместуваат од Буџетот на Република Македонија по пазарна вредност и трошоците кои се настанати при поставувањето дијагноза и спроведувањето на мерките за сузбивање и искоренување или превенција на болестите, се на товар на Буџетот на Република Македонија во износ кој може да биде до 100% и в) превенција и/или сузбивање и искоренување на болести од ставот (2) точка в) на овој член се врши во согласност со техничките инструкции и упатства дадени од Агенцијата. Трошоците за поставување дијагноза се на товар на Буџетот на Република Македонија во износ кој може да биде до 100%. Мерките за сузбивање и искоренување или превенција, како и сите директни или индиректни загуби кои настанале како резултат на тие болести, се на товар на сопствениците на животните. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 31 од 72 (4) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за пријавување на болестите кои задолжително се пријавуваат, начинот и постапката за утврдување на пазарната вредност во однос на директните загуби за сопствениците на животни од ставовите (2) точка а) и (3) точка б) алинеја 1 на овој член, мерките кои треба да се преземат, како и висината на трошоците. Член 50 Обврска за пријавување и ставање во изолација (1) Доколку постои појава на жариште на болест која задолжително се пријавува, или постојат знаци кои упатуваат на сомневање за појава на ваква болест, заболеното односно сомнително животно треба да биде изолирано и веднаш да биде известена Агенцијата директно или преку ветеринарните амбуланти, клиники или болници кои имаат решение за овластување за вршење на активностите од членот 26 став (2) на овој закон, во таа епизоотиолошка единица. (2) Обврската за известување на Агенцијата ја имаат: 1) сопствениците на животни, или лица одговорни за животните; 2) превозници, трговци, возачи, чувари и лица одговорни или вработени во собирен центар, контролни места, трговски објекти, како и работници во кланици; 3) докторите по ветеринарна медицина и другите стручни лица кои во вршењето на нивните секојдневни активности работат или доаѓаат во контакт со животни и 4) органите на општината, јавни претпријатија и установи или други органи и организации, асоцијации, ловџии, риболовци и други лица кои имаат сознанија за здравствената состојба на животните од области на нивна надлежност или активност. (3) Обврската за ставање на болните или сомнителните животни во изолација ја има сопственикот на животните или лицето одговорно за животните. Член 51 Испитување на појава на жариште на болест кај животните (1) Во случај кога на Агенцијата ќе и биде пријавена појава на жариште на болест или сомневање за појава на жариште на болест која задолжително се пријавува, официјалниот ветеринар без одлагање ќе изврши испитување за природата, карактеристиките и причината за појава на болеста или сомневањето за појава на болест и по извршеното испитување ќе нареди мерки во согласност со членовите 54 и 55 од овој закон. (2) При испитувањето на појава на жариште на болест или сомневање на појава на болест, официјалниот ветеринар ќе го стави одгледувалиштето под службен надзор и ќе: 1) нареди мерки за да спречи натамошно ширење на болеста, времено издвојување и изолирање на болните или сомнителни животни и нивните производи. Доколку постои опасност од ширење на болеста на другите животни во одгледувалиштето, овие мерки може да се применат на целото одгледувалиште; 2) нареди спроведување на мерки за испитување на природата на болеста, земање на мостри за лабораториско испитување во Националната референтна лабораторија и убивање на болните или сомнителните животни заради вршење на патоанатомски преглед и 3)изврши првично епидемиолошко испитување заради утврдување на потеклото, веројатното време на инфекција и начинот на кој е пренесена болеста, како и евентуалното натамошно ширење на болеста. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 32 од 72 (3) Издадените наредби и сите преземени мерки наведени во ставот (2) од овој член, во писмена форма, ќе бидат доставени до одговорното лице за животните. (4) Конечна потврда, за појава на жариште на болест кај животните, може да биде направена само од страна на Агенцијата врз основа на позитивни резултати од лабораториско испитување спроведено во Националната референтна лабораторија, освен во случај на секундарна појава на болест кога постои поврзаност со потврдена појава на жариште и/или клиничките знаци кои наведуваат на утврдената болест. Член 52 Центри за контрола на болести и планови за итни мерки (1) Во случај на појава на жариште на болест која е предмет на планирање на итни мерки, директорот на Агенцијата ќе го активира центарот за контрола на болеста утврден со планот за итни мерки, кој ќе врши надзор и координира мерки за контрола и искоренување на болеста и ќе обезбеди финансиски средства и други неопходни средства потребни за борба против болеста. (2) Агенцијата ќе подготви планови за итни мерки, со кои ќе се пропишат мерките со кои ќе се одржува високо ниво на приправност за борба против болестите кои се предмет на плановите за итни мерки, како и за заштита на животната средина. (3) Со плановите за итни мерки треба да се пропише особено: 1) ланецот на наредби кој ќе гарантира брз и ефективен процес на донесување на одлуки за борба со болеста; 2) составот, компетентноста и работните задачи на центарот за контрола на болести; 3) експертска група која и помага на Агенцијата во одржувањето на високо ниво на стручност и приправност во услови кога болеста не е појавена, како и експертска помош на Агенцијата во случај на појава на болеста; 4) соодветни средства за да се обезбеди брзо и ефикасно спроведување на мерките, персоналот, опремата и лабораторискиот капацитет; 5) ажуриран прирачник за секоја поединечна болест, во кој на разбирлив и практичен начин детално се опишани сите активности, мерки, процедури, инструкции и контролни мерки кои ќе се применат при појава на жариште на болест; 6) подготовки за итна вакцинација и 7) организирање на редовни обуки во службата и кампањи за информирање на јавноста. (4) При подготовка на плановите за итни мерки треба да се земат предвид средствата потребни за контрола на голем број на жаришта појавени во кратко време и причинети од повеќе антигено различни серотипови или видови, како и во случај на намерно предизвикување на болест која е предмет на плановите за итни мерки. (5) Третирањето и масовното отстранување на мршите од животни и нуспроизводи од животинско потекло ќе биде на начин кој нема да го загрози здравјето на луѓето, при што ќе се спроведуваат мерки кои нема да предизвикуваат штета на животната средина која може да се избегне и се со минимален ризик за загадување на почвата, воздухот, површинските и подземните води, растенијата и животните, нема да предизвикуваат непотребна бучава или непријатна миризба и нема да предизвикуваат несакани последици на природата или заштитените подрачја. (6) Агенцијата соодветно ја информира јавноста и обезбедува соработка во спроведувањето на контролните и заштитните мерки против болеста на локално и национално ниво. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 33 од 72 (7) Доколку мерките за борба против болест која е предмет на итни мерки не се пропишани во планот за итни мерки, директорот на Агенцијата ќе даде посебни инструкции за ефикасна борба против таа болест. (8) Директорот на Агенцијата ќе ги пропише болестите кои се предмет на планирање на итни мерки и ќе ги донесе плановите за итни мерки за тие болести. Член 53 Службен надзор (1) Во случај на сомневање или потврда на појава на болест кај животните која задолжително се пријавува, официјалниот ветеринар ги става под службен надзор: одгледувалиштата, пазарите за животни, изложбите за животни, саемите или други манифестации, трговците со животни, превозниците, местата за собирање на животни и објектите за колење, фабриките за храна и објектите за производство и преработка. (2) Службениот надзор може да се однесува и на кучиња, мачки и други животински видови кои не се приемчиви на појавената болест, животни од зоолошки градини, ветеринарни болници и други објекти и друштва од кои може да се појави опасност од болест кај животните. Оддел II Контролни и заштитни мерки од болести Член 54 Контролни мерки (1) Мерките за контрола на болеста се спроведуваат кога е потврдено жариштето на болеста во согласност со членот 51 од овој закон, и се применуваат на заразеното одгледувалиште или објект заради контрола и евентуално искоренување на болеста. (2) По потврдата на жариштето одгледувалиштето се става под службен надзор и се преземаат следниве мерки: 1) попис и идентификација на приемчивите и неприемчивите животни кои се наоѓаат во одгледувалиштето и попис на производите кои се наоѓаат во објектот; 2) водење на евиденција за движењата во или од одгледувалиштето или објектот на начин одреден од Агенцијата; 3) земање на мостри за лабораториски испитувања; 4) ограничување на движењето или карантинирање на приемчивите или неприемчивите животни кои се присутни во одгледувалиштето; 5) ограничување на движење или контрола на пристапот на лица и/или возила; 6) третирање на животните; 7) контрола и забрана на размножување и вештачко осеменување; 8) убивање и нештетно отстранување или колење на животните кои се наоѓаат во одгледувалиштето заради контрола на болеста или нивна благосостојба; 9) вакцинација на животните кои се наоѓаат во одгледувалиштето; 10) уништување или преработка на производи, нуспроизводи од животинско потекло, храна или предмети кои се наоѓаат во објектот; 11) отстранување на животинските мрши, производи, животинските нуспроизводи, храна, предмети, течно и цврсто ѓубре кои се наоѓаат во објектот; 12) други посебни мерки во зависност од природата на болеста во согласност со трендовите и стандардите на Европската унија и ОИЕ; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 34 од 72 13) чистење и дезинфекција или контрола на штетници или вектори, во просториите, објектите, на опремата и возилата и 14) епидемиолошко испитување со цел да се одреди изворот на инфекцијата, начинот на пренесување и веројатниот датум на инфекција, како и можноста за евентуално ширење на инфекцијата, следење на тие животни, производи или нуспроизводи од животинско потекло и храна и нивно уништување, преработка или дезинфекција. (3) Официјаниот ветеринар определува една или повеќе мерки од ставот (2) на овој член со решение. (4) Во случај на појава на болест која е предмет на плановите за итни мерки, мерките ги определува директорот, во зависност од епидемиолошките прилики. Член 55 Заштитни мерки (1) Заштитните мерки се применуваат при сомневање или потврдена појава на болеста и се спроведуваат заради спречување или ограничување на ширењето на болеста. Во случај на сомневање на појава на болеста, мерките ќе се спроведуваат во одгледувалиштата или објектите каде што постои сомнеж за појава на болеста, додека во случај на потврдена појава на болеста, мерките ќе се спроведуваат во одгледувалиштата или објектите кои се загрозени од ширење на инфекцијата. (2) Заради спречување или ограничување на ширењето на болеста, Агенцијата ќе воспостави заштитни зони и зони под надзор, со радиус кој ќе зависи од природата, моменталното ширење и опасноста од ширење на болеста. Во заштитните зони и зоните под надзор ќе се применат следниве мерки: 1) ставање под службен ветеринарен надзор; 2) забрана или ограничување на движење на приемчиви или неприемчиви животни, во рамките или надвор од заштитните зони или зоните на надзор; 3) забрана или ограничување на прометот на производи од животинско потекло, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна, предмети, цврсто или течно ѓубре, во рамките или надвор од заштитните зони или зоните на надзор; 4) изолација и затворање на животните во одгледувалиштата; 5) забрана за колење; 6) забрана за лов на животни или засилен отстрел; 7) затворање или контрола на саеми, пазари, изложби и други активности кои вклучуваат собирање на приемчиви или неприемчиви животни; 8) попис и идентификација на приемчиви или неприемчиви животни кои се наоѓаат во одгледувалиштето и попис на производите кои се наоѓаат во објектите; 9) убивање или колење на животни заради нивна благосостојба; 10) водење на евиденција за движењето во или од одгледувалиштето или објектите на начин одреден од страна на Агенцијата; 11) ограничување на движење или контрола на пристап на лица и/или возила; 12) забрана или контрола на вештачко осеменување; 13) вршење на клинички прегледи; 14) земање на мостри за лабораториско испитување; 15) вакцинација или други превентивни третмани на животни; 16) други посебни мерки во зависност од природата на болеста во согласност со трендовите и стандардите на Европската унија и ОИЕ; 17) чистење и дезинфекција или контрола на штетници или вектори, во просториите, објектите, на опремата и возилата и Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 35 од 72 18) епидемиолошко испитување со цел да се одреди изворот на инфекцијата, начинот на пренесување и веројатниот датум на инфекцијата, како и можноста за евентуално ширење на инфекцијата, следење на тие животни, производи или нуспроизводи од животинско потекло и храна и нивно уништување, преработка или дезинфекција. (3) Мерките наведени во ставот (2) на овој член можат да се применуваат како безбедносни и времени мерки, во случај на сомневање или потврда на појава на жариште на болест во соседна земја и во близина на границата на Република Македонија. (4) Мерките од ставот (2) на овој член може да се применат и во случај на појава на болест согласно со членот 49 став (2) точка б) од овој закон. (5) Официјаниот ветеринар определува една или повеќе мерки од ставот (2) на овој член со решение. (6) Во случај на појава на болест која е предмет на плановите за итни мерки, како и за мерките кои се однесуваат на територијата на Република Македонија, мерките ги определува директорот, во зависност од епидемиолошките прилики. Член 56 Дополнителни мерки (1) При примена на мерките од членовите 54 и 55 на овој закон треба да се преземат сите мерки на претпазливост со цел да се избегнат неповолни ефекти кон животната средина. (2) Дополнителните мерки за заштита на животната средина кои се однесуваат на отстранување на мршите, производите, животинските нуспроизводи и предмети кои можат да бидат преносители на инфективните агенси, треба да обезбедат: соодветно чување, третирање и нештетно отстранување на пцовисани животни, нуспроизводи од животинско потекло и храна, санитација на цврсто и течно ѓубре и отпадни води, применување на хигиенски мерки и процедури во одгледувалиштата или објектите и нивната околина и спречување на загадување на површински или подземни води. (3) При реализација на мерките од ставот (2) на овој член, Агенцијата соработува и ги координира активностите со надлежните органи и институции. (4) Директорот на Агенцијата ги пропишува поблиските услови и начинот на спроведување на дополнителните мерки. Оддел III Организација на државните активности во областите на здравствена заштита на животните и ветеринарното јавно здравство Член 57 Повеќегодишни програми, годишни програми и годишни наредби за здравствена заштита на животните и за јавно ветеринарно здравство (1) Најдоцна до 31 декември секоја година, директорот на Агенцијата донесува: годишна наредба за здравствена заштита на животните со која се наредува спроведување на мерки за заштита на животните од одделни заразни болести, како и периодот за извршување на тие мерки во наредната година и годишна наредба за ветеринарно јавно здравство за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло и го определува периодот за извршување на тие мерки за наредната година. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 36 од 72 (2) Владата на Република Македонија донесува повеќегодишни програми за сузбивање и искоренување на одредени болести од посебна важност за Република Македонија, за период до пет години. (3) За извршување на мерките од ставовите (1) и (2) на овој член, Владата на Република Македонија донесува годишна програма за користење на средства за здравствена заштита на животните и годишна програма за користење на средства за јавно ветеринарно здравство, согласно со членот 97 од овој закон. (4) Директорот го координира и врши надзор врз спроведувањето на годишната наредба за здравствена заштита на животните, годишната наредба за ветеринарно јавно здравство и за повеќегодишните програми. Директорот одлучува за користење на средствата од одобрениот буџет, ги определува приоритетите при распределбата на средства за неопходни активности за што ги утврдува задачите на вработените и потребните средства за нивно извршување. ГЛАВА IV Услови за ставање во промет на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло Оддел I Преглед на живи животни на местото на потекло Член 58 Услови за ставање во промет на живи животни (1) Ставањето во промет на живи животни е дозволено, доколку: 1) ги задоволуваат условите за посебните видови на животни и нивна намена согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство; 2) потекнуваат од одгледувалишта кои се под редовна ветеринарна контрола; 3) се идентификувани и регистрирани во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство на начин што овозможува следливост на одгледувалиштето на потекло или привремен престој; 4) при превоз се придружени со ветеринарен сертификат и/или друг документ кои се предвидени со прописите од областа на ветеринарното здравство и 5) приемчивите животни, не потекнуваат: од одгледувалишта, подрачја или региони кои се предмет на забрана во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство заради сомневање на жариште на болест или појава на болест кај животните и од одгледувалишта кои не обезбедуваат дополнителни гаранции во случаи кога тие се наменети за одгледувалишта сместени во слободна зона согласно со членот 65 од овој закон. (2) Кога за време на превозот има повеќе места на дестинација, животните мора да бидат групирани заедно во толку пратки колку што има места на дестинација. Секоја пратка мора да биде придружена со ветеринарно-здравствен сертификат и/или други документи. (3) Живи животни кои се определени со национални програми за искоренување на болести не смеат да бидат ставени во промет. (4) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите за ставање во промет за одделни видови на животни, нивната намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на животни. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 37 од 72 Член 59 Контрола на живи животни на место на потекло (1) Агенцијата на местото на потекло ќе преземе мерки за да обезбеди дека: одгледувачите на животни ги спроведуваат прописите од областа на ветеринарното здравство во сите фази на производство и ставање во промет и животните се превезуваат во соодветни средства за превоз кои ги задоволуваат пропишаните услови во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство . (2) Официјалниот ветеринар, односно овластениот ветеринар на местото на потекло кој го издава ветеринарно-здравствениот сертификат или другиот документ кои ги придружуваат животните треба да испрати податоци кои се однесуваат на пратката до Агенцијата и до официјалниот ветеринар, односно овластениот ветеринар на местото на дестинација. Податоците се испраќаат на денот кога тие биле издадени, по електронски пат или на друг начин на комуникација. (3) Агенцијата презема соодветни мерки за да се санкционираат сите прекршоци на прописите од областа на ветеринарното здравство сторени од физичко или правно лице и кога ќе утврди дека сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на статусот на животните или на нивните одгледувалишта на потекло. (4) Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на вршење на официјални контроли на живи животни на местото на потекло. Оддел II Преглед на живи животни по пристигнување на местото на дестинација Член 60 Вршење на преглед на местото на дестинација (1) Агенцијата на местото на дестинација ги применува следниве мерки: 1) по случаен избор и подеднаков третман врши ветеринарни прегледи на лице место, вклучително и земање на мостри, за да утврди дека пратката е во согласност со условите од членот 58 на овој закон; 2) кога постои сомневање за неусогласеност на пратката со одредбите од членот 49 на овој закон, можат да се спроведат дополнителни прегледи за време на превозот, вклучувајќи ги и прегледите за усогласеност на превозните средства со прописите од областа на ветеринарното здравство и 3) кога животните се наменети за: одобрен добиточен пазар или собирен центар - Агенцијата по случаен избор и подеднаков третман мора да изврши контрола на ветеринарно-здравствените сертификати или документите кои ги придружуваат животните за да утврди дека животните ги исполнуваат наведените услови. Одговорното лице нема да дозволи влез на животни кои не ги исполнуваат условите од членот 58 став (1) на овој закон, кланици - официјалниот ветеринар ќе обезбеди дека се заклани само животните кои ги исполнуваат условите од членот 58 став (1) на овој закон врз основа на ветеринарно здравствен сертификат и други придружни документи. Одговорното лице за кланицата е одговорно за животните за колење кои не ги исполнуваат условите од членот 58 став (1) точки 3 и 4 на овој закон, за регистриран трговец кој ги разделува пратките или за секој објект кој не е под постојан надзор - Агенцијата ќе го смета одговорното лице за примач на животните и на него ќе се однесуваат условите од алинеја 5 на овој став, Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 38 од 72 за одгледувалиштата или собирните центри каде што пратката делумно е растоварена за време на превоз, секое животно или група на животни мора да биде придружена, согласно со членот 58 став (2) од овој закон со оригинал на ветеринарно-здравствен сертификат или придружен документ сé додека не пристигне до примачот наведен во нив и примачите на пратка наведни во алинеите 3 и 4 на овој став мораат, пред пратката да биде разделена и ставена во промет, да проверат дали идентификационите ознаки, здравствените сертификати или документите наведени во членот 58 став (1) точки 3 и 4 од овој закон ја придружуваат пратката, да ја извести Агенцијата за секоја неправилност или аномалија и да ги изолира испитуваните животни додека Агенцијата не донесе одлука која ќе се однесува на нив. (2) Сите примачи на пратки се должни да ги чуваат ветеринарно-здравствените сертификати или документите кои ги придружуваат животните во период од три години и истите да и ги дадат на увид на Агенцијата доколку ги побара. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (1) точка 3 алинеи 3 и 4 на овој член. (4) Директорот на Агенцијата го пропшишува начинот на вршење на официјални контроли на живи животни на местото на дестинација. Член 61 Карантин за животни на место на дестинација (1) Доколку прописите од областа на ветеринарното здравство условуваат животните да бидат ставени во карантин, истиот може да се спроведе на одгледувалиштето на дестинација. (2) Ако на одгледувалишето на дестинација не постојат услови за спроведување на карантин, карантинот ќе се спроведе во карантински објект кој ќе се смета како место на дестинација на пратката. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува техничко-технолошките услови и постапката за одобрување на карантинот. Член 62 Последователни прегледи на место на дестинација (1) Доколку, за време на прегледот спроведен на местото на дестинација на пратката или за време на превозот, Агенцијата утврди присуство на предизвикувачи на инфективна болест или зооноза или друга причина која претставува ризик за здравјето на животните или луѓето, или дека животните доаѓаат од регион каде што има појава на епизоотска болест, ќе нареди животните или пратката на животни да бидат ставени во карантин во најблиската карантинска станица, заклани и/или уништени. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, доколку животните не ги исполнуваат условите наведени во прописите од областа на ветеринарното здравство, а јавното здравство или здравствената состојба на животните тоа го дозволува, на испраќачот на пратката или на неговиот претставник може да му се даде да избере: чување на животните под надзор додека не се потврди усогласеност со прописите од областа на ветеринарното здравство кои се однесуваат на присуство на резидуи, колење на животните и враќање на животните или пратката во местото на потекло. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 39 од 72 (3) Сите трошоци кои произлегуваат од преземените активности од ставот (2) на овој член се на товар на примачот на пратката, неговиот претставник или на лицето одговорно за животните, како и во случај на преземање на контролни и заштитни мерки од членовите 54 и 55 на овој закон. Член 63 Известување за резултатите од прегледите на местото на дестинација (1) Во случаите наведени во членот 62 од овој закон, официјалниот, односно овластениот ветеринар на местото на дестинација без одлагање ќе ја извести Агенцијата и ќе контактира со официјалниот, односно овластениот ветеринар на местото на испорака. Официјалниот, односно овластениот ветеринар на местото на потекло ќе ги преземе сите неопходни корективни мерки и ќе ја извести Агенцијата за спроведените прегледи, донесените решенија и образложение за истите. (2) Решението за преземените мерки од ставот (1) на овој член му се доставува на испраќачот на пратката, негов претставник или лице одговорно за пратката. Против решението може да се изјави жалба до директорот на Агенцијата. Жалбата не го одлага извршувањето на решението. (3) Трошоците за враќање на пратката, задржување или карантин на животните, или колење на животните се на товар на испраќачот на пратката, негов претставник или на лицето одговорно за пратката. Оддел III Систем за надзор Член 64 Организација и цели на системот за надзор (1) Директорот на Агенцијата ги воспоставува границите на епизоотиолошките подрачја кои ги сочинуваат повеќе соседни епизоотиолошки единици. На епизоотиолошкото подрачје, Агенцијата ќе воведе систем за надзор со кој ќе се дефинираат најмалку: одгледувалиштата на говеда, овци, кози и свињи, сопствениците или други физички или правни лица кои се одговорни за одгледувалиштето, официјалниот или овластениот ветеринар кои се одговорни за одгледувалиштето, националната референтна лабораторија или некоја друга лабораторија назначена од Агенцијата и компјутерската база на податоци. (2) Во системот за надзор во епизоотиолошкото подрачје можат да бидат вклучени и официјалните или овластените ветеринари надлежни за кланици и одобрени собирни центри. (3) Главната цел на системот за надзор е да се направи поделба на одгледувалиштата врз основа на здравствениот статус и да се обезбеди редовно следење на статусот на одгледувалиштата, прибирање епидемиолошки податоци и следење на болестите со цел за усогласеност со одредбите од овој закон и други ветеринарни прописи во однос на здравствената заштита на животните, ветеринарното јавно здравство и благосостојба на животните. (4) Секој сопственик или лице одговорно за одгледувалиштето треба: со договор да обезбеди услуги од овластен ветеринар, Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 40 од 72 веднаш да го повика овластениот ветеринар за одгледувалиштето кога се сомнева на појава на инфективна болест или друга болест која задолжително се пријавува, да го извести овластениот ветеринар за сите нововнесени животни во неговото одгледувалиште и доколку со прописите од областа на ветеринарното здравство е потребно, да ги изолира животните пред да ги внесе во одгледувалиштето за да му овозможи на овластениот ветеринар да ги прегледа и земе мостри за лабораториски испитувања за потврда на здравствениот статус на одгледувалиштето. (5) Агенцијата води евиденција за овластените ветеринари и за регистрираните одгледувалишта во епизоотиолошкото подрачје кои го сочинуваат системот за надзор. Доколку Агенцијата утврди дека сопственикот или одговорното лице за одгледувалиштето не ги исполнуваат условите од ставот (4) на овој член, без оглед на изречените санкции, статусот на одгледувалиштето ќе биде суспендиран или повлечен. (6) Компјутерската база на податоци за системот за надзор ги содржи податоците за животните и одгледувалиштата утврдени согласно со прописите за идентификација и регистрација на животните. (7) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката на доставување на податоци и други активности кои се однесуваат на системот за надзор од страна на овластените ветеринари, лицата одговорни за одгледувалиштата или нивните сопственици и сите други учесници во системот вклучувајќи ги и одговорните лица за издавање на здравствени сертификати. Член 65 Воспоставување на слободни зони (1) Со цел за заштита на животните од заразни болести, епизоотиолошките подрачја кои се вклучени во системот за надзор и кои врз основа на клиничките прегледи, епидемиолошките истражувања и извршените лабораториски испитувања се сметаат за слободни од одредена заразна болест, може да се прогласат за слободни зони од таа заразна болест. (2) Директорот на Агенцијата ги прогласува слободните зони врз основа на податоците во однос на: 1) природата на болеста и податоци за претходното појавување на болеста на територијата на зоната; 2) основата за задолжително пријавување и документација за резултатите од серолошките, микробиолошките, патолошките, епидемиолошките и другите испитувања; 3) периодот во кој надзорот се спроведувал; 4) доколку е соодветно, периодот во кој вакцинацијата против болеста била забранета и географското подрачје каде што таа била забранета и 5) спроведените активности со кои се потврдува отсуството на болеста. (3) Без оглед на мерките пропишани со овој закон, внесувањето во слободните зони на приемчиви животни и производи од животинско потекло кои потекнуваат од одгледувалишта кои немаат еднаков здравствен статус може да биде забрането, ограничено или да подлежи на дополнителни гаранции. (4) Дополнителните гаранции наведени во ставот (3) од овој член ќе бидат одредени од страна на Агенцијата, врз основа на процена на ризикот со цел да не се загрози статусот на слободната зона. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 41 од 72 Оддел IV Преглед на производи и нуспроизводи од животинско потекло на местото на потекло Член 66 Услови за ставање во промет на производи и нуспроизводи од животинско потекло (1) Агенцијата ги презема сите неопходни мерки, производите и нуспроизводите од животинско потекло да бидат набавени, контролирани, означени и етикетирани во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство и да бидат придружени до крајната дестинација со ветеринарно-здравствен сертификат или друг документ согласно со тие прописи. Сопствениците или другите одговорни лица за објектите на местото на потекло се должни да ги преземат сите неопходни мерки при вршење на редовна внатрешна контрола со цел таквите производи и нуспроизводи од животинско потекло да ги задоволуваат пропишаните ветеринарни барања. (2) Доколку постои сомневање дека условите не се исполнети, Агенцијата ќе спроведе дополнителни контроли и доколку истото се потврди, ќе преземе соодветни мерки, кои можат да вклучат повлекување на одобрението на објектот издадено согласно со членот 71 од овој закон. (3) Доколку при превоз има неколку места на дестинација, производите мораат да бидат групирани во толку пратки колку што има места на дестинација. Секоја пратка мора да биде придружена со документи наведени во ставот (1) од овој член. (4) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите за ставање во промет на производи и нуспроизводи од животинско потекло како и начинот и постапката за вршење на официјални контроли при промет на производи и нуспроизводи од животинско потекло. Член 67 Контрола на производи и нуспроизводи од животинско потекло на местото на потекло (1) Агенцијата на местото на потекло треба да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди одговорното лице да постапува согласно со ветеринарните барања во сите фази на производство, складирање, промет и превоз на производите и нуспроизводите од животинско потекло. Производите и нуспроизводите од животинско потекло нема да бидат извезени доколку не ги исполнуваат условите за ставање во промет. (2) Агенцијата на местото на потекло презема соодветни управни мерки или санкции за секое прекршување на прописите од областа на ветеринарното здравство од страна на физичко или правно лице, пособено каде што е утврдено дека сертификатите или документите не одговараат на фактичката состојба на производите или дека идентификационата ознака била ставена на производи кои не се во согласност со тие прописи. Оддел V Преглед на производи и нуспроизводи од животинско потекло при пристигнувањето на местото на дестинација Член 68 Организација на прегледи на место на дестинација На местото на дестинација Агенцијата ги спроведува следниве мерки: Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 42 од 72 1) со еднаков третман врши ветеринарни прегледи на лице место, вклучително и земање мостри, за да утврди дали пратката е во согласност со условите наведени во прописите од областа на ветеринарното здравство. Кога постои сомневање за сторен прекршок, можат да се спроведат дополнителни прегледи за време на превозот, вклучувајќи прегледи кои се однесуваат на средствата за превоз и нивната усогласеност со важечките прописи и 2) кога производите се наменети за: објекти, официјалниот ветеринар или овластениот ветеринар кој е одговорен, ќе ги преземе сите неопходни мерки, само оние производи или нуспроизводи од животинско потекло кои ги исполнуваат барањата од прописите од областа на ветеринарното здравство во однос на означувањето и придружната документација да бидат наменети за тој објект, за трговско друштво кое ги раситнува пратките, трговски друштва со многу подружници и секој објект кој не е предмет на постојан ветеринарен надзор, пред пратката да биде раситнета или ставена во промет, одговорното лице мора да провери дека таа ги има наведените ознаки, сертификати, или документи и да ја извести Агенцијата за секоја неправилност или аномалија и за други примачи на пратки, посебно кога пратката делумно е растоварена за време на превозот, пратката мора да биде придружена со оригиналниот сертификат или друг придружен документ до крајната дестинација. Член 69 Последователни прегледи на местото на дестинација (1) Доколку, за време на прегледите спроведени на местото на дестинација на праката или за време на превозот, Агенцијата утврди: 1) присуство на причинители за појава на инфективна болест или зооноза која претставува ризик за здравјето на животните или луѓето или дека производите или нуспроизводите од животинско потекло доаѓаат од заразено подрачје, наредува уништување на пратката или нејзина обработка, во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство. Можат да се применат контролни и заштитни мерки од членовите 54 и 55 на овој закон и 2) дека, производите и нуспроизводите од животинско потекло, без оглед на точката 1 од овој став, не ги исполнуваат условите наведени во прописите од областа на ветеринарното здравство и доколку јавното здравство или здравствената состојба на животните дозволуваат, може да му дозволи на испраќачот на пратката или на неговиот претставник да избере: чување на производите или животинските нуспроизводи под надзор додека не се потврди усогласеност со прописите од областа на ветеринарното здравство, обработка на производите во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство, враќање на пратката во местото на потекло, со дозвола од Агенцијата на местото на потекло и уништување на пратката. (2) Сите трошоци кои произлегуваат од ставот (1) на овој член ќе бидат на товар на испраќачот на пратката, негов претставник или на лице одговорно за производите или животинските нуспроизводи, како и во случај на примена на контролни и заштитни мерки наведени во членовите 54 и 55 од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 43 од 72 Член 70 Известување за резултатите од извршениот преглед на местото на дестинација (1) За случаите наведени во членот 69 од овој закон, официјалниот или овластениот ветеринар на местото на дестинација веднаш ја известува Агенцијата, како и официјалниот или овластениот ветеринар на местото на испраќање, кој ги презема сите неопходни корективни мерки и ја известува Агенцијата за спроведените прегледи, донесените решенија и образложенијата за таквите решенија. (2) Решението од ставот (1) на овој член му се доставува на испраќачот на пратката, негов претставник или лице одговорно за пратката. Против решението може да се изјави жалба до директорот на Агенцијата. Жалбата не го одлага извршувањето на решението. (3) Трошоците за задржување, обработка или уништување на пратката ќе бидат на товар на испраќачот на пратката, негов претставник или на лицето одговорно за пратката. Оддел VI Издавање на одобренија Членот 71 е избришан. Член 72 Издавање на одобрение за трговци (1) Агенцијата ги регистрира и им издава одобрение за вршење на трговија со животни на правни и физички лица-трговци со животни, ако ги исполнуваат најмалку следниве услови: 1) во своите објекти да одобрат пристап само за животни кои се идентификувани и кои не потекнуваат од стада кои се предмет на ограничувања во рамките на програмите за контрола и сузбивање на болести или животни за колење, кои ги исполнуваат условите пропишани во прописите од областа на ветеринарното здравство. Трговецот треба да осигури дека животните се правилно идентификувани и придружени со здравствени документи соодветни за одреден вид на животно; 2) врз основа на документите кои ги придружуваат животните или врз основа на идентификационите броеви, води евиденција или има база на податоци во која најмалку три години ги чува следниве податоци: име на сопственикот, потекло, дата на набавка, категорија, број и идентификација на говедата или регистарски број на одгледувалиштето од кое потекнува животното или на стадото од кое потекнуваат овците, козите или свињите кои се набавени, регистарски број на превозникот и/или број на дозвола на превозното средство кое ги собира и испорачува животните, име и адреса на купувачот и дестинацијата на животните и копија од план за движење и/или сериски број на ветеринарно-здравствениот сертификат и 3) кога трговецот ги чува животните, треба да обезбеди: одговорното лице за животните да поседува посебна обука за спроведувањето на условите од прописите од областа на ветеринарното здравство, како и за благосостојба на животните и доколку е неопходно, редовно спроведување на контроли и лабораториски испитувања од страна на официјалниот ветеринар и преземање на сите неопходни чекори кои се потребни да се спречи ширење на болест. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 44 од 72 (2) Агенцијата треба да осигури, сите простории кои ги користи трговецот при вршење на неговата дејност да бидат одобрени, да им е издаден број на одобрение и да ги исполнуваат најмалку следниве услови: 1) да бидат под контрола на официјалниот ветеринар и 2) да имаат: доволен број на простории, посебно за вршење на инспекција и изолација на животни во случај на избивање на заразна болест, постројки за растовар и ако е потребно објекти за сместување на животните во согласност со посебните стандарди за одделни видови животни, за нивно напојување и хранење и за давање на потребна терапија, лесно да се чистат и дезинфицираат, соодветно место за собирање на простирка и шталско ѓубре, соодветен систем за собирање на отпадни води и да бидат исчистени и дезинфицирани пред нивна употреба, како што е одредено од страна на официјалниот ветеринар. (3) Агенцијата ќе спроведе редовни инспекции за да обезбеди дeкa условите од ставовите (1) и (2) на овој член се исполнети и може времено да го повлече или да го укине одобрението во случај на неисполнување на условите од овој и друг закон од ветеринарната област во врска со здравствената заштита и благосостојба на животните и јавно ветеринарно здравство. Одобрението може да биде обновено кога Агенцијата ќе смета дека трговецот целосно ги исполнува условите од овој и друг закон. (4) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за издавање и укинување на одобрение на трговците, објектите и начинот на водење на евиденција. Член 73 Одобрение за собирни центри (1) На собирните центри Агенцијата им издава одобрение доколку ги исполнуваат следниве услови: 1) зависно од капацитетот за животни на собирниот центар, мора да има: посебни објекти кои се користат исклучиво за собирен центар, соодветни објекти за натовар, растовар и сместување на животните соодветен со посебните стандарди за одделни видови животни, за нивно напојување и хранење и за давање на потребна терапија, објектите мора лесно да се чистат и дезинфицираат со опрема наменета за чистење и дезинфекција на простории и камиони, соодветни објекти за инспекција, соодветни објекти за изолација, соодветен простор за складирање на сточна храна, простирка и шталско ѓубре и соодветен систем за собирање на отпадни води; 2) да вработат доволен број на персонал за спроведување на обврските; 3) да имаат соодветен канцелариски простор за официјалните ветеринари; 4) работењето на собирниот центар да е под контрола на официјален ветеринар, кој ќе обезбеди: пред употреба објектите да се чисти и дезинфицирани и за време на собирањето животните да не доаѓаат во контакт со други животни, освен со оние кои имаат ист здравствен статус и Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 45 од 72 5) приемот на животни да е дозволен само ако истите се идентификувани и ако не доаѓаат од стада кои подлежат на ограничувања или се наменети за отстранување при спроведување на програми за сузбивање на болести. (2) Кога животните се примени, официјалниот ветеринар кој врши надзор во собирниот центар ќе осигури дека тие се правилно обележани и придружени со документи или соодветни ветеринарно-здравствени сертификати за одредени видови и категории на животни. (3) Врз основа на придружните документи за животните, идентификационите броеви или други средства за идентификација, сопственикот или лицето одговорно за собирниот центар ги внесува податоците во регистер или во база на податоци и ги чува најмалку три години следниве информации: име на сопственикот, потекло, дата на влез и излез, број и идентификација на животното или регистрациски број на одгледувалиштето или стадото од каде што потекнуваат животните кои влегуваат во собирниот центар и нивната предложена дестинација и број на регистарски таблички на превозникот и број на дозволата на превозното средство кое ги испорачува и собира животните во собирниот центар. (4) Агенцијата издава број на одобрение на секој одобрен собирен центар. Ова одобрение може да биде ограничено за одредени видови на животни, животни наменети за одгледување и производство или животни за колење. Агенцијата води регистер на одобрени собирни центри, кој редовно ќе се надополнува. (5) Во поглед на ограничувања кои се однесуваат на здравствената заштита на животните и во случај на неисполнување на условите од овој член или други соодветни прописи од ветеринарната област, Агенцијата може времено да го повлече или да го укине одобрението. Одобрението може да биде повторно издадено кога Агенцијата ќе утврди дека собирниот центар целосно ги исполнува условите предвидени во соодветните прописи од ветеринарната област. (6) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за издавање и укинување на одобрение на собирните центри, формата и содржината, како и начинот на водење на регистерот на одобрени собирни центри. Член 74 Одобрување на превозници и превозни средства (1) Агенцијата издава одобрение на превозниците и превозните средства aкo ги исполнуваат следниве услови: 1) превозните средства наменети за превоз на живи животни да бидат конструирани така што фекалиите, простирката или храната за животните не можат да истечат или да испаднат надвор од возилото и истото може лесно да се исчисти и дезинфицира; 2) превозните средства за производи и нуспроизводи од животинско потекло да бидат конструирани така што ќе спречат истекување или одлевање, ја одржуваат соодветната температура за соодветниот тип и категорија на производ и да можат лесно да се исчистат и дезинфицираат и 3) превозниците на живи животни мора: да имаат соодветни објекти за чистење и дезинфекција, вклучувајќи објекти за сместување на простирката и изметот, или да обезбедат документирана евиденција дека овие операции се извршени од трето лице одобрено од Агенцијата и за секое возило кое се користи за превоз на животни, да се обезбеди регистер со следниве информации кои ќе треба да се чуваат најмалку три години, и тоа: Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 46 од 72 место и дата на собирање на животните, име на сопственикот или име на правното лице или на одгледувалиштето или на собирниот центар каде што животните се собрани, место и дата на испорака, име или име на фирма, и адреса на примачот, видови и број на превезувани животни, дата и место на дезинфекција и детали од придружните документи (сериски број и слично). (2) Условите од ставот (1) точка 3 на овој член соодветно се применуваат и за превозникот за производи и нуспроизводи од животинско потекло. (3) Превозниците се должни да обезбедат пратката на животни, во времето од напуштањето на одгледувалиштето или собирниот центар од каде што истите потекнуваат, па сé до пристигнувањето на нејзината дестинација, да не доаѓа во контакт со животни со различен здравствен статус. (4) Превозниците се должни на Агенцијата да дадат писмена изјава за преземените активности, особено за тоа дека: 1) преземањето на сите мерки кои се потребни за исполнување на условите пропишани во прописите од областа на ветеринарното здравство, а особено во одредбите од овој член кои се однесуваат на соодветната документација што мора да ги придружува животните и 2) превозот на животни е доверен на лица кои поседуваат неопходна способност, професионално искуство и знаење. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за добивање на одобрение на превозниците и превозните средства. ГЛАВА V Увоз, транзит, повторен извоз на животни, производи и предмети Оддел I Општи одредби Член 75 Документи кои ја придружуваат пратката (1) Документите кои ја придружуваат пратката при увоз мора да бидат доставени на Агенцијата во оригинал, на македонски јазик или придружени со официјален македонски превод заверен од овластен судски преведувач. Документите кои ја придружуваат пратката при транзит на пратки мора да бидат напишани покрај другите јазици и на англиски јазик. Документите кои ја придружуваат пратката мора да се составени од единствен лист или од неколку поврзани листови. (2) Документите кои ја придружуваат пратката можат да бидат потврдени, само ако се исполнети условите наведени во документот за одредени животни или производи. Во случај кога содржината и формата содржат алтернативи, алтернативите кои не се применуваат се прецртуваат. Прецртувањето на дел од алтернативите е дозволено само ако тие содржат: 1) услови кои не се однесуваат на пратката; 2) услови кои се непотребни за одредени старосни групи и одредена цел, или 3) исклучоци одобрени од Агенцијата. Член 76 Услови кои треба да ги исполнат увозниците и превозниците (1) Правните и физичките лица за да вршат увоз, и/или увоз за повторен извоз на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети преку кои можат да се пренесат заразни болести од одредени категории за комерцијални цели, треба да Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 47 од 72 бидат регистрирани од страна на Агенцијата и да достават детален опис за категоријата на животните и производите пред да започнат со горенаведените активности. Исто така, правните и физичките лица одговорни за превозот, како и за средствата за превоз на животни, треба да имаат одобрение издадено од Агенцијата на државата каде што е регистрирана нивната дејност. (2) Покрај обврската за водење на регистер на одгледувалишта во согласност со Законот за идентификација и регистрација на животни, правните и физичките лица од ставот (1) на овој член мораат да водат евиденција за пратките точно наведувајќи ги: 1) местото на потекло, податоците за предходниот сопственик и датумот на испраќање; 2) местото на испорака , податоци за купувачот и датумот на испорака; 3) видот и бројот на животни или категоријата и количината на производи и 4) податоците за придружниот документ за животни и производи. (3) Евиденцијата и документите кои ја придружуваат пратката од ставот (2) на овој член треба да се чуваат од страна на правните и физичките лица од ставот (1) на овој член најмалку три години. Роковите почнуваат да важат за: евиденција, на крајот од календарската година кога е направен последниот влез и документите кои ја придружуваат пратката, на крајот од календарската година кога животните или производите се примени. (4) На барање на Агенцијата, правните и физичките лица од ставот (1) на овој член се должни да ги дадат на увид документите од ставот (3) на овој член. (5) Агенцијата ќе ја повлече регистрацијата на секое правно или физичко лице, кое врши увоз, и/или повторен извоз на животни или производи, ако не ги исполнуваат пропишаните услови. (6) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за регистрацијата на физичките и правните лица кои вршат увоз, и/или повторен извоз и за превозните средства, за формата и содржината на евиденцијата коja се чува и формата и содржината на документите кои ја придружуваат пратката кои се користат. Оддел II Увоз Член 77 Дозвола за увоз (1) Увозот на животни, може да се врши само со претходно издадена дозвола за увоз од надлежниот орган во зависност од земјата на потекло или дел од неа, објектот, ветеринарно-здравствениот сертификат или друг придружен документ. (2) Забранет е увоз на патогени материи штетни за здравјето на луѓето или животните. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, надлежниот орган може да одобри увоз на патогени материи, само кога патогениот материјал е наменет за научно-истражувачки, дијагностички цели и веднаш по увозот ќе биде пренесен директно во соодветните научно- истражувачки, дијагностички или образовни институции. (4) Директорот на агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за увозот на животни, производи и нуспроизводи, како и содржината и формата на ветеринарно здравствениот сертификат од ставот (1) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 48 од 72 Членот 78 е избришан. Член 79 Посебни барања за повторен увоз на пратки кои се одбиени од други држави По исклучок од членот 77 на овој закон, производите и нуспроизводите од животинско потекло кои потекнуваат од Република Македонија, а кои биле одбиени од друга држава можат да бидат повторно увезени само, ако: 1) Агенцијата се согласила за враќање на пратката за која издал оригинален сертификат; 2) пратката е придружена со оригинал или со официјално заверена копија на сертификатот издаден од местото на потекло, на кој Агенцијата од другата држава ги има наведено причините за одбивање и потврди дека условите за складирање и превоз на пратката се исполнети и дека во случај на незапечатени контејнери не e извршен третман на пратката и 3) во случај на запечатени контејнери пратката е придружена со изјава од превозникот со која се потврдува дека пратката не била отворана или растоварeна. Член 80 Карантин (1) Одредени видови и категории на животни кои се увезени од одредени земји или нивни региони, можат да бидат задржани во карантински објект на Агенцијата, или по пристигнувањето, да бидат изолирани од другите животни во одгледувалиштето на дестинација во посебен објект за изолација. За тоа време можат на одреден период, да бидат набљудувани и ако е потребно да бидат тестирани, на трошок на сопственикот. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува техничко-технолошките услови кои треба да ги исполнува карантинот, посебните услови за одобрување на карантинскиот центар во зависност од видот на животните, како и времетраењето на истиот, за објектите за изолација и времетрањето на истата за различни животински видови и категории, времетраењето за набљудување и за тестовите кои треба да бидат направени. Член 81 Услови за увоз (1) Животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, можат да се увезат, ако: 1) потекнуваат од држава или дел од неа, дозволена за увоз за одредени видови животни или категории на производи или нуспроизводи од животинско потекло во Република Македонија; 2) производите и нуспроизводите од животинско потекло, се произведени во објект одобрен за извоз на одредена категорија производи или нуспроизводи од животинско потекло во Република Македонија и 3) се придружени со соодветен ветеринарно-здравствен сертификат или друг документ. (2) Увозот на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло може да биде времено забранет, или условите за увоз да бидат надополнети или изменети, со одлуки донесени од директорот, во случај на појава на заразна болест на животните или каков било инцидент во државата од каде што потекнуваат, а кој може да претставува ризик за здравјето на животните или јавното здравство во Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 49 од 72 (3) Забранет е увоз на патоген материјал штетен за здравјето на луѓето или животните. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член, надлежниот орган може да одобри увоз на патоген материјал, само кога патогениот материјал е наменет за научно-истражувачки и дијагностички цели и веднаш по увозот да биде пренесен директно во соодветните научноистражувачки, дијагностички или образовни институции. (5) Директорот на Агенцијата ги пропишува условите за увоз на живи животни и производи и нуспроизводи од животинско потекло, објавува листи на трети земји и објекти од кои е дозволен нивниот увоз и содржината и формата на ветеринарно здравствениот сертификат или друг документ што ја придружува пратката од ставот (1) на овој член. Оддел III Контрола при увозот Член 82 Увоз преку одредени ветеринарни инспекциски места на гранични премини (1) Увозот на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло е дозволен само преку ветеринарни инспекциски места на граничните премини. (2) За вршење на увозот од ставот (1) на овој член, ветеринарните инспекциски места треба да имаат: соодветни објекти, соодветна опрема и соодветен стручен кадар потребен за вршење на ветеринарна инспекција на граничен премин. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од ставот (2) на овој член. (4) Владата на Република Македонија ги определува ветеринарните инспекциски места на граничните премини и ја пропишува постапката и начинот на определување на ветеринарните инспекциски места на граничните премини. Член 83 Гранична соработка (1) Царинските службеници се должни да ja известат ветеринарната инспекција на граничен премин за секоја пратка на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои пристигнуваат на границата и да овозможат на официјалниот ветеринар на граничен премин пристап до сите релевантни документи или електронски записи. Увоз на пратката може да биде дозволен само откако ќе бидат извршени сите ветеринарни прегледи со задоволителни резултати. (2) Министерството за внатрешни работи и Царинската управа нема да дозволат поминување на животните, производите и нуспроизводите од животинско потекло кои пристигнуваат на граничните премини ако не ги исполнуваат условите од членот 82 на овој закон. (3) Соработката меѓу органите од ставовите (1) и (2) на овој член се остварува со спогодба за соработка. Член 84 Известување за пристигнување на пратка (1) Официјалниот ветеринар на граничен премин треба да биде известен за времето во кое се очекува да пристигнат животните, производите и нуспроизводите од животинско потекло, најмалку 24 часа однапред. Официјалниот ветеринар на граничен премин може да одобри пократок рок кога за тоа постојат оправдани причини. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 50 од 72 (2) Известувањето од ставот (1) на овој член го доставува увозникот или лицето одговорно за пратката во пишана или електронска форма. (3) Директорот на Агенцијата ги пропишуава формата и содржината на известувањето од ставот (1) на овој член. Член 85 Инспекција при увозот (1) Животните, производите и животинските нуспроизводи при увозот подлежат на проверка на документите, идентитетот и на физички преглед од страна на официјалниот ветеринар на граничниот премин. (2) Одредбите од ставот (1) на овој член се однесуваат и на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и наменети за лична употреба или некомерцијални цели, независно од нивната количина. (3) Директорот на Агенцијата објавува листа на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои подлежат на проверки од ставот (1) на овој член. (4) По исклучок од ставот (1) на овој член, нема да подлежат на инспекција при увоз од страна на официјалниот ветеринар на граничен премин, производите и нуспроизводите од животинско потекло кои се наведени во листата што ја објавува директорот на Агенцијата во “Службен весник на Република Македонија”. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот на вршење на проверката и прегледот на увозот на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло. Член 86 Резултати од гранична инспекција (1) По извршената проверка и преглед од членот 85 на овој закон официјалниот ветеринар на граничен премин изготвува записник за резултатот од извршената контрола и за тоа донесува решение. (2) Увозникот или лицето одговорно за пратката е должно да го почитува решението на официјалниот ветеринар на граничен премин. (3) Против решението од ставот (1) на овој член може да се поднесе жалба до директорот на Агенцијата. Жалбата не го одложува извршувањето на решението. (4) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува формата и содржината на решението од ставот (1) на овој член. Член 87 Одбиени пратки (1) Кога при вршењето на проверките и прегледот од членот 85 на овој закон ќе се утврди дека пратката нe ги исполнува условите за увоз, или пак се откриени неправилности, официјалниот ветеринар на граничен премин во консултации со лицето кое е одговорно за пратката ќе одлучи: 1) да ја препрати пратката надвор од територијата на Република Македонија од истиот граничен премин, користејќи ги истите превозни средства, a во случај на производи, до дестинацијата договорена со лицето одговорно за пратката во рок од најмногу 60 дена, доколку не е спротивно на барањата за здравствена заштита, благосостојба на животните, јавно здравство и резултатите од ветеринарната инспекција, или Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 51 од 72 2) да нареди натамошна обработка или употреба на пратката за цели различни од првичната намена, во објект одобрен за тоа. Преработениот производ му припаѓа на увозникот на пратката и 3) да се изврши безбедно уништување на пратката во постројка наменета за та цел, која се наоѓа најблиску до ветеринарното инспекциско место на граничниот премин, ако препраќањето е неизводливо или рокот од 60 дена е истечен, или лицето одговорно за пратката даде непосредна согласност. (2) Трошоците за враќање, уништување или употреба на пратката за други цели се на товар на увозникот или лицето одговорно за пратката. (3) Директорот на Агенцијата поблиску го пропишува начинот на постапување со пратките од ставот (1) на овој член. Оддел IV Транзит Член 88 Услови за транзит (1) Транзит на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло низ Република Македонија е дозволен ако пратките потекнуваат од земја или нејзини региони, од кои увозот на одделни видови животни, категории на производи или нуспроизводи од животинско потекло во Република Македонија е дозволен. (2) Пратките што транзитираат низ Република Македонија подлежат на проверка на документи, идентитет и по потреба и физички преглед од страна на официјалниот ветеринар на граничниот премин. (3) По извршената проверка и преглед од ставот (2) на овој член, официјалниот ветеринар на граничен премин изготвува записник за резултатот од извршената контрола и за тоа донесува решение. (4) Превозникот или лицето одговорно за пратката е должно да постапува според решението на официјалниот ветеринар на граничен премин. (5) Транзитот на пратките низ територијата на Република Македонија се врши под царински надзор и мора да се заврши во рок од 30 денa од влегувањето на пратката во државата. (6) Пратките од овој член може привремено да се чуваат само во одобрени простории за привремено чување во слободни зони, слободни складови, простории за привремено чување или царински складови, и тоа: 1) физички да се разделени од производите кои се наменети за увоз и 2) со нив да се ракува онолку колку што е потребно за нивно складирање или за нивна поделба, при што пакувањето не смее да претрпи никакви промени. (7) Одредбите од членот 85 на овој закон ќе се применуваат за пратки кои транзитираат, доколку со друг пропис поинаку не е утврдено. (8) Трошоците направени за време на транзитот или при донесувањето на решенијата на официјалниот ветеринар на граничен премин, се на товар на лицето кое е одговорно за пратката без право на обесштетување од страна на Република Македонија. (9) По исклучок од ставот (2) на овој член, при транзит на домашни миленици наменети за некомерцијални цели, проверката на документите и идентитетот ги вршат царинските органи на граничниот премин. (10) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за транзит, начинот и постапката на проверките и прегледот на пратките во транзит, како и формата и содржината на решението од ставот (3) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 52 од 72 Оддел V Повторен извоз Член 89 Услови за повторен извоз (1) Повторен извоз на производи и нуспроизводи од животинско потекло кои се увезуваат за повторен извоз, а кои одговараат на соодветните услови за увоз пропишани со овој закон се врши под царински надзор. Производите кои се складираат или препакуваат мора да ја напуштат земјата во рок од 30 дена, а пак производите кои подлежат на натамошна преработка или доработка во рок од 60 дена од денот на нивното пристигнување. (2) Лицето кое врши повторен извоз ќе го извести официјалниот ветеринар на граничeн премин за очекуваното завршување на повторен извоз, при што 24 часа однапред, ќе ги достави документите од членот 84 на овој закон. Официјалниот ветеринар на граничен премин потврдува дека пратката која била складирана, препакувана или претрпела последователни промени, ја напуштила државата. (3) Увезената пратка или дел од неа може да се извезе доколку била складирана во одобрено складиште, под постојана контрола на Агенцијата. На пратката не можат да бидат вршени никакви промени, освен постапката за манипулација при истовар, складирање и утовар. (4) Пратките од ставот (3) на овој член при извоз мора да бидат придружени со: копија од оригинален сертификат кој ја придружува пратката при пристигнување, сертификат кој го издава Агенцијата во кој покрај другото, е наведено потеклото на пратката и изјава дека на пратката не е извршена никаква промена, освен постапката при манипулација. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за повторен извоз на производи и нуспроизводи од животинско потекло. Оддел VI Услови за увезените животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло Член 90 Превоз на пратки од увоз Увезените животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, придружени со документи согласно со членот 75 од овој закон, се превезуваат директно до нивната крајна дестинација. Член 91 Животни наменети за колење (1) Увезените чапункари и копитари наменети за колење мора да се пренесат директно до објектите за колење, во рок од најмногу три дена од влезот, освен ако при увозот не е одреден пократок период од страна на Агенцијата. (2) Увезената живина наменета за колење се пренесува директно до кланиците за живина, каде ќе биде заклана, за период од најмногу три дена по пристигнувањето. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за увоз на животните наменети за колење. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 53 од 72 Член 92 Увоз на домашни миленици (1) За увозот на домашни миленици кои се придружени од сопственикот или одговорното лице, а кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се до пет или повеќе од пет единки, треба да се исполнат условите од ставот (2) на овој член. (2) При увоз покрај условите од членот 81 од овој закон домашните миленици треба да ги исполнат и следниве услови: 1) да се идентификувани со електронско или друго средство за идентификација; 2) да се вакцинирани или третирани против болести карактеристични за одредени видови и 3) да бидат придружени со пасош или друг официјален документ кој обезбедува доказ за спроведениот третман. (3) Увезените домашни миленици кои не ги исполнуваат условите од ставот (2) на овој член може да бидат: 1) вратени; 2) сместени во карантин каде што можат да бидат вакцинирани или третирани според упатствата на Агенцијата и 3) успиени, без надомест на штета на сопственикот ако не можат да се вратат или сместат во карантин. (4) По исклучок од членот 85 став (1) од овој закон, при увоз на домашни миленици наменети за некомерцијални цели, проверката на документите и идентитетот ги вршат царинските органи на граничен премин. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за увоз на домашни миленици. Член 93 Увоз на риби (1) Увозот на живи риби вклучувајќи ги и нивните јајца и гамети не е дозволен, доколку: 1) биле предмет на одредена програма за искоренување на некоја болест, или 2) потекнуваат од фарма која е предмет на законско ограничување на движењето од ветеринарен аспект. (2) Може да биде дозволен увоз на живи риби наменети за одобрени рибници или одобрени зони, само ако потекнуваат од одобрена рибна фарма или одобрени зони. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот и постапката за увоз на риби. Член 94 Суровини (1) Суровините за производство на фармацевтски производи ќе бидат увезени само ако се директно пренесени во: 1) објект одобрен за комерцијално производство на фармацевтски производи, или 2) магацин или во објект за складирање, одобрен за таа намена од страна на Агенцијата. (2) Суровините за производство на технички производи ќе бидат увезени само ако се директно пренесени во: 1) објект одобрен за комерцијално производство на технички производи, или 2) објект за складирање одобрен за таа намена од страна на Агенцијата. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 54 од 72 (3) Суровините за производство на храна за домашни миленици ќе бидат увезени, само ако се директно пренесени до: 1) објект кој е одобрен за производство на добиточна храна за комерцијални цели со користење на соодветни суровини, или 2) објект за складирање одобрен за таа намена од страна на Агенцијата. (4) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за добивање на одобрение за објект, според ставовите (1), (2) и (3) од овој член. Член 95 Внесување на производи во складовите во слободните зони, слободните складови и царинските складови (1) Може да биде дозволено складирање на производи во складови во слободните зони, слободните складови, царинските складови, само во случаи кога одговорното лице однапред ќе се изјасни дека согласно со царинските прописи, пратката ќе биде пуштена во слободен промет или ќе се користи за некоја друга крајна намена и ќе се изјасни дали производите ги исполнуваат или не ги исполнуваат условите за увоз. доколку не е наведена нивната крајна намена, производите ќе се сметаат како да се наменети за пуштање во слободен промет. (2) За да се утврди дали пратките од ставот (1) на овој член ги исполнуваат условите за увоз, официјалниот ветеринар на граничен премин на влез врши нивна проверка и преглед согласно со членот 85 став (1) на овој закон. (3) За производите кои ги исполнуваат условите за увоз, официјалниот ветеринар на граничен премин на влез и царинскиот орган на граничниот премин на влез, одобруваат влез и складирање во складовите од ставот (1) на овој член. Овие производи ќе се сметаат како подобни за пуштање во слободен промет од ветеринарен аспект. (4) За производите кои не ги исполнуваат условите за увоз, официјалниот ветеринар на граничен премин на влез и царинскиот орган на граничниот премин на влез, може само да одобрат влез и складирање во складовите од ставот (1) на овој член, доколку: производите не потекнуваат од трета земја која е предмет на забрана согласно со членот 81 од овој закон и складовите во слободните зони, слободните складови и царинските складови се одобрени од надлежниот орган, за складирање на производи. (5) Агенцијата, заради обезбедување на здравствената заштита на животните и јавното здравство, може да одбие влез во складовите од ставот (1) на овој член на производите кои не ги исполнуваат условите пропишани во прописите од областа на ветеринарното здравство. (6) Складовите во слободните зони, слободните складови и царинските складови треба да бидат одобрени од Агенцијата, за складирање на производи. (7) Пратките од ставот (1) на овој член не смеат да влезат во слободните зони, слободните складови или царинските складови, доколку не се заштитени со царинска пломба. (8) Производите кои се складираат во слободните зони, слободните складови или царинските складови се под постојан царински надзор. (9) Производите од ставот (4) на овој член може да ја напуштат слободната зона, слободните складови или царинските складови само во случај на извоз или уништување, по претходно издадена согласност од Агенцијата. (10) Сите настанати трошоци согласно со овој член, се на товар на одговорното лице за пратката или негов претставник. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 55 од 72 (11) Агенцијата води и редовно надополнува (ажурира) листа на складови во слободни зони, слободни складови и царински складови која ја објавува во „Службен весник на Република Македонија". (12) Во случај на неисполнување на условите од овој член, Агенцијата времено го повлекува или го укинува одобрението наведено во ставот (6) од овој член. (13) Директорот на агенцијата поблиску ги пропишува: начинот и постапката на проверка и преглед на производите наменети за складирање во складови во слободните зони, слободните складови и царинските складови, условите за увоз/внес на производите наменети за складирање во складови вослободните зони, слободните складови и царинските складови, начинот и постапката за издавање на одобрение на складовите во слободните зони, слободните и царинските складови, условите кои треба да ги исполнуваат складовите во слободните зони, слободните и царинските складови за нивно одобрение, евиденцијата која треба да се води во одобрените складови во слободните зони, слободните и царинските складови и мерките на надлежниот орган за контрола на условите и работата на одобрените складови во слободните зони, слободните и царинските складови. ГЛАВА VI Финансирање Оддел I Општи одредби Член 96 Извори на финансирање (1) Активностите на здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здравство се финансираат со средства од Буџетот на Република Македонија. (2) Финансирањето на активностите од ставот (1) на овој член може да се врши и со средства од: сопствени приходи од извршени ветеринарни услуги, кредити, структурни и кохезиони фондови од Европската унија и донации и други извори утврдени со закон. Оддел II Средства од Буџетот на Република Македонија Член 97 Редовни трошоци (1) Со средствата од Буџетот на Република Македонија се финансираат активностите утврдени со годишната наредба за здравствена заштита на животните, согласно со Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните и повеќегодишните програми од членот 57 на овој закон. (2) Надоместокот за директните загуби на сопствениците на животни настанати како резултат од убивање или колење на животните или уништување на производите, како и трошоците кои се настанати при поставување дијагноза и спроведување на мерките за Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 56 од 72 сузбивање и искоренување или превенција на болестите нема да бидат исплатени или ќе бидат намалени, односно настанатите трошоци ќе бидат наплатени на сопственикот на животните, и тоа: 1) во случај на заклани или убиени животни надоместокот нема да се исплати ако овие животни не се идентификувани или регистрирани во согласност со одредбите од Законот за идентификација и регистрација на животните; 2) при колење на животни или преработка на производи надоместокот ќе се намали за вредноста на добиените производи и нус производи од животинско потекло и 3) надоместокот може да биде намален и до 100% и настанатите трошоци да бидат на товар на сопственикот или одгледувачот доколку истите не постапиле во согласност со членот 50 од овој закон или не се придржувале на мерките од членовите 54, 55 и 56 на овој закон. (3) Со средствата од Буџетот на Република Македонија се финансираат активностите утврдени со годишната наредба за ветеринарно јавно здравство, согласно со Програмата за користење на средства за ветеринарно јавно здравство. (4) Со средствата од Буџетот на Република Македонија се финансираат трошоците на референтната лабораторија за спроведување на обврските утврдени со договор. (5) Со средствата од Буџетот на Република Македонија се финансираат активностите утврдени со плановите за итни мерки од членот 52 на овој закон. (6) Со средствата од Буџетот на Република Македонија се покриваат трошоците за развој и работа на ветеринарниот информационен систем од членот 45 на овој закон. (7) Со средствата од Буџетот на Република Македонија се покриваат и трошоците за изработка на епидемиолошки студии, студии за процена на ризици, трошоци и континуирана едукација во службата по прашања од јавен ветеринарен интерес, во соработка со соодветните образовни и научно-истражувачки институции. Член 98 Посебни трошоци (1) Со средствата од Буџетот на Република Македонија целосно се покриваат трошоците за спроведување на одобрените планови за итни мерки од членот 52 на овој закон, и тоа за: надоместок за заклани или убиени животни во висина на нивната пазарна вредност, надоместок за уништени производи, нуспроизводи од животинско потекло и добиточна храна, во висина на нивната пазарна вредност, земање, пакување, испраќање и испитување на мостри, дeзинфекција, контрола на инсекти и вектори, клинички преглед и епидемиолошки испитувања, набавка на вакцини и вршење на превентивни вакцинации, оперативни трошоци во врска со превоз, убивање и отстранување на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и добиточна храна, набавка на материјали и опрема за еднократна употреба и кампањи за информирање и подигање на свеста на јавноста. (2) Од Буџетот на Република Македонија нема да се обезбедат финасиски средства за покривање на индиректни или трговски загуби кои се последица на заразни болести на животните или спроведување на заштитни мерки заради заштита на здравјето на животните и јавното здравје. (3) Надоместокот од ставот (1) алинеи 1 и 2 на овој член нема да се исплати или ќе биде намален, и тоа: Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 57 од 72 во случај на заклани или убиени животни, надоместокот нема да се исплати ако овие животни не се идентификувани или регистрирани 30 дена пред колењето или убивањето, доколку постои систем за идентификација и регистрација за одредени видови животни кој е во примена, при колење на животни или преработка на производи, надоместокот ќе се намали за вредноста на добиените производи и нуспроизводи од животинско потекло и без оглед на изречената санкција, надоместокот може да биде намален до 100% доколку сопственикот или одгледувачот не постапиле во согласност со членот 50 или не се придржувале на мерките од членовите 54, 55 и 56 на овој закон. (4) Висината на средствата за реализација на активностите од ставот (1) на овој член ги утврдува Владата на Република Македонија, во зависност од вистински направените трошоци. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот за извршување на исплатата на надоместоците односно трошоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член. Член 98-а (1) При спроведувањето на плановите за итни мерки од членот 52 на овој закон и повеќегодишните програми, годишни програми и годишни наредби за здравствена заштита на животните и за јавно ветеринарно здравство од членот 57 на овој закон, во случај на убивање и колење на животните се врши процена на пазарната вредност на животните врз основа на расата, полот, староста, производствените карактеристики, општата здравствена сосотојба и други карактеристики на животното. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува критериумите за определување на пазарната вредност на животните. Оддел III Приходи Член 99 Надоместоци (1) Агенцијата ветеринарните амбуланти, клиники и болници овластени согласно со членот 40-а на овој закон наплаќаат надоместоци од физички и правни лица за: идентификација и регистрација на животните и одгледувалиштата, согласно со овој закон и Законот за идентификација на регистрација, вршење на службени контроли заради утврдување на здравствен статус на одгледувалиштата и одобрување и регистрација на објекти, увозници, извозници, превозници, трговци и собирни центри, гранични ветеринарни контроли на увозните или транзитни пратки на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, храна за животни и издавање на сертификати за здравствената состојба, благосостојбата на животните и јавното ветеринарно здравство или други службени документи кои ги придружуваат пратките на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло за ставање во промет или извоз. (2) Висината на надоместоците од ставот (1) на овој член ја утврдува Владата на Република Македонија, во зависност од вистински направените трошоци за извршување на работите од ставот (1) на овој член. (3) Средствата на надоместоците од ставот (2) на овој член, за активностите од ставот (1) на овој член кои ги врши Агенцијата се приход на Буџетот на Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 58 од 72 (4) За активностите кои ги вршат ветеринарните служби на одгледувалиште, ветеринарните амбуланти, клиники и болници овластени согласно со членот 40-а од овој закон, 50% од средствата од наплатениот надоместок се приход и се уплатуваат во Буџетот на Република Македонија, додека 50% од средствата се приход на овластените ветеринарни амбуланти, клиники и болници и служат за покривање на трошоците за издавање на ветеринарно-здравствен сертификат за здравствената состојба и благосостојба на животните. ГЛАВА VII Надзор Член 100 Надлежност за вршење на надзор (1) Надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Агенцијата, (2) Инспекцискиот надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Агенцијата, преку официјални и овластени ветеринари. Член 101 Права и должности при вршење на инспекција (1) Официјалниот ветеринар како државен ветеринарен инспектор, по службена должност и овластениот ветеринар врз основа на договор, имаат право и должност да: 1) имаат слободен пристап до деловните простории, постројки, одгледувалишта, објекти и превозни средства, како и до евиденцијата и документацијата, вклучувајќи електронски бази на податоци во врска со предметот на инспекција; 2) земаат мостри од живи животни, а во случај кога тоа е потребно да го убијат животното заради земање мостри, како и да земаат мостри од производи, нуспроизводи од животинско потекло и добиточна храна за лабораториски испитувања и да забранат движење на животните, производите, животинските нуспроизводи и добиточната храна до добивањето на конечните резултати од земените мостри; 3) вршат испитувања или интервенции врз животни, вршат испитување на производи, добиточна храна, предмети и вода која се употребува за напојување на животни согласно со одредбите на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство и 4) вршат инспекција на простории, постројки, одгледувалишта, објекти и превозни средства, како и на постапките и опремата која се употребува за производство, преработка, складирање, ракување, превоз и ставање во промет на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна, предмети и вода која се употребува за напојување на животните согласно со одредбите на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство. (2) Лицето одговорно за објектите кои се предмет на ветеринарна инспекција, согласно со ставот (1) од овој член по барање на Агенцијата е должно да ги обезбеди сите информации потребни за извршување на инспекцијата врз основа на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 59 од 72 Член 102 Службен надзор и контрола Официјалниот и овластениот ветеринар имаат права и должност да: 1) вршат здравствена контрола на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, ветеринарно-медицински препарати, добиточна храна, предмети и вода која се употребува за напојување на животни, земаат и испраќаат мостри за лабораториски испитувања во референтнa лабораториja, ја испитуваат пријавата на жариште или сомневање на појава на жариште на болести кои задолжително се пријавуваат, одредуваат мерки на превенција, контрола и сузбивање на заразни болести кај животните; 2) вршат систематски надзор на производи и нуспроизводи од животинско потекло, ветеринарно-медицински препарати, добиточна храна, предмети и вода која се употребува за напојување на животни и вода во процесот на производство на храна од животинско потекло, како и на присуство на штетни материи; 3) организираат и вршат надзор на дезинфекција на возила, простории и опрема, а каде што е потребно, на царински складови, слободни складови, слободни зони во внатрешноста на земјата; 4) забранат производство, промет и употреба на добиточна храна и вода за напојување на животните, ако содржат патогени бактерии и материи штетни за здравјето на луѓето и животните; 5) забранат промет со кожи и крзна од животни, кои биле заклани без ветеринарна контрола или потекнуваат од пцовисани животни, за кои нема ветеринарно-здравствен сертификат или друг документ за незаразеност на подрачјето, како и тие кои не се складирани одвоено од испитаните кожи и крзна; 6) забранат натовар, претовар и истовар на животни, производи, животински нуспроизводи, добиточна храна и предмети, ако не ги исполнуваат пропишаните услови со овој и друг закон; 7) забранат употреба на возила за превоз на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна и предмети, ако не ги исполнуваат пропишаните услови со овој и друг закон; 8) забранат употреба на штали и други објекти за чување и одгледување на животни, и објекти за натовар, претовар и истовар на животните, ако не ги исполнуваат пропишаните услови со овој и друг закон; 9) забранат колење на животни, собирање и обработка на суровини за производство и производи од животинско потекло, ако не ги исполнуваат пропишаните услови со овој и друг закон; 10) забранат промет и употреба на производи и нуспроизводи од животинско потекло преку кои може да се пренесе болест од животните на човекот; 11) забранат издавање на ветеринарно-здравствен сертификат на животните ако се појави заразна болест или сомневање на заразна болест, или ако животното потекнува од подрачје со нејасна епизоотиолошка состојба; 12) ако при вршење на службен надзор утврдат дека ветеринарно-здравствениот сертификат или други придружни документи што ја придружуваат пратката на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна или предмети се со недостатоци, непотполни или се фалсификувани, или пратката е од подрачје со непозната епизоотиолошка состојба, ќе наредат: ставање на животните во карантин во одгледувалиштето за период и во услови определени од инспекторот и ако во моментот нема услови за карантин а не постои причина за забрана на колење на тие животни да се упатат животните на колење во најблиската кланица; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 60 од 72 13) привремено забранат производство, преработка и ставање во промет на производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна и предмети и земање мостри од истите; 14) одземат и уништат производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна и предмети кои претставуваат ризик по здравјето на животните и јавното здравство, или за кои ветеринарно-здравствениот сертификат е неправилен или некомплетен; 15) наредат отстранување на неправилностите во производството, преработката и складирањето, ракувањето и прометот на животните, производите, нуспроизводите од животинско потекло и добиточната храна; 16) забранат употреба на објекти на ветеринарни амбуланти, клиники и болници, простории, опрема и постројки за производство и промет на храна од животинско потекло ако поинаку не е уредено со друг закон; 17) земат мостри на производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна и додатоци, вода за напојување на животните, со цел да се утврди дали се во согласност со прописите; 18) определат и воведат мерки од членовите 51, 54, 55 и 56 на овој закон и го контролираат нивното спроведување; 19) определат граници на заразеното и загрозеното подрачје и ја известуваат јавноста за појавата на заразните болести преку средствата за јавно информирање; 20) го контролираат прометот и употребата на средствата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација; 21) собираат податоци и извештаи од одговорните лица, сведоци, вештаци и други лица, ако тоа е потребно; 22) наредат преземање на мерки за заштита и благосостојба на животните согласно со овој и друг закон од областа на ветеринарното здравство; 23) вршат надзор на производите и нуспроизводите од животинско потекло во складови во слободни зони, слободни складови и царински складови; 24) поднесат кривична пријава и пријава за прекршоци кога извршеното дејствие се казнува со овој и друг закон; 25) наплаќаат надоместоци за ветеринарни услуги согласно со членот 99 од овој закон и 26) вршат и други работи утврдени со овој и друг закон. Член 103 Службен надзор и контрола на граничен премин Официјалниот ветеринар на граничен премин има права и должности да: 1) врши ветеринарен преглед и контрола на пратките и документацијата при увоз или транзит на пратки со животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна и предмети согласно со одредбите на овој закон; 2) зема мостри за лабораториски испитувања од увезените животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна и предмети при спроведување на засилени ветеринарни контроли; 3) при спроведување на принудни ветеринарни контроли ги задржува пратките на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, добиточна храна и предмети до добивање на резултатите од лабораториските испитувања; 4) кога постои причина за сомневање на присуство на заразна болест која претставува опасност за здравјето на животните и јавното здравство, увезените животни да ги стави во карантин; Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 61 од 72 5) забрани увоз, врати, нареди преработка или уништување на пратки на животни, производи, животински нуспороизводи, добиточна храна и предмети кои не се во согласност со условите пропишани со овој и друг закон; 6) собира податоци и извештаи од одговорните лица, сведоци, вештаци и други лица, при вршењето на својата работа; 7) наплаќа надоместоци за извршената контрола на увезени и транзитни пратки на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло, храна за животни во согласност со овој закон; 8) поднесе кривична пријава и пријава за прекршоци кога за извршеното дејствие се изрекува казна или прекршочна санкција согласно овој и друг закон; 9) води евиденција за увезените и транзитните пратки при преминувањето преку државната граница; 10) врши надзор врз слободни складови коишто работат на граничните премини; 11) организира и врши надзор на дезинфекција на возила, простории и опрема и ако е потребно на царински складови, слободни и царински зони; 12) остварува соработка со други јавни служби на граничниот премин посебно со царинските служби и граничната полиција заради обезбедувње на интегрирана гранична контрола и 13) врши и други работи утврдени со овој и друг закон. Член 104 Решенија и наредби (1) Официјалниот и овластениот ветеринар, како и официјалниот ветеринар на граничен премин согласно со членовите 102 и 103 од овој закон, издаваат решение во писмена форма. Странките имаат право да поднесат жалба до директорот на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на добивањето на решението. Жалбата не го одлага извршувањето на решението. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член во вондредни итни случаи заради заштита или спречување на опасност по здравјето на луѓето и животните, официјалниот и овластениот ветеринар и официјалниот ветеринар на граничен премин може да издаде усна наредба, а најдоцна во рок од три дена од денот на издавањето на усната наредба е должен да издаде решение во писмена форма. (3) Во итни случаи кога постои опасност по здравјето на луѓето и животните официјалниот, овластениот ветеринар и официјалниот ветеринар на граничен премин имаат право, без присуство на овластено лице на правното лице или физичкото лице чие работење, односно простории, објекти и опрема се предмет на инспекција веднаш да издадат решение врз основа на резултатите од спроведената контрола. Член 105 Легитимација и беџ на официјалниот ветеринар и легитимација на овластениот ветеринар (1) При вршење на инспекциски надзор официјалниот ветеринар како државен ветеринарен инспектор и официјалниот ветеринар на граничен премин како државен ветеринарен инспектор на граничен премин, треба да имаат беџ и да имаат легитимација издадена од директорот на Агенцијата со која се утврдува неговото службено својство. (2) При вршење на инспекциски надзор, овластениот ветеринар треба да има легитимација издадена од директорот на Агенцијата со која се утврдува неговото службено својство. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 62 од 72 (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација и формата на беџот на официјалниот ветеринар, како и формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација на овластениот ветеринар. Член 105-а Постапка за едукација (1) Доколку при вршење на инспекцискиот надзор инспекторот утврди дека е сторена неправилност од членовите 109 и 110 на овој закон, e должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува директорот на Агенцијата. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Агенцијата, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку инспекторот при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку инспекторот при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка. (9) Агенцијата води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од директорот на Агенцијата. ГЛАВА VIII Прекршочни одредби Член 106 (Членот 106 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата). Член 107 (Членот 107 престанува да важи согласно член 144 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010) со започнување со работа на Агенцијата). Членот 108 е избришан. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 63 од 72 Член 109 Прекршок за физичко лице (1) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) не обезбеди систематско следење на здравствениот статус на животните за расплод, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони согласно со членот 28 став (3) од овој закон; 2) врши промет на семе за вештачко осеменување, а не ги исполнува условите од членот 30 на овој закон; 3) не ги исполнува условите за ветеринарните амбуланти, ветеринарните клиники и ветеринарните болници, како приватни установи (членови 37, 38 и 39); 4) врши активности од ветеринарна дејност на животни кои не се во сопственост на правното или физичко лице кое ги формира (член 44 став (3)); 5) не пријави заболено, односно сомнително животно до надлежниот орган директно или преку ветеринарните амбуланти, клиники или болници кои имаат решение за овластување за вршење на дејност од јавен интерес (член 50 ставови (1) и (2)); 6) не почитува или одбива да ги применува изречените мерки на службен надзор (член 54 став (2)); 7) не почитува или одбива да применува заштитни мерки (член 55); 8) не почитува или одбива да спроведува дополнителни мерки (член 56); 9) стави во промет живи животни кои не ги исполнуваат условите од овој закон (член 58 став (1)); 10) стави во промет живи животни кои се предмет на национални програми за искоренување на болести (член 58 став (3)); 11) ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и ако сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на статусот на животните или на нивните одгледувалишта на потекло (член 59 став (3)); 12) одобри влез на пазар или собирен центар, на животни кои не ги исполнуваат условите од членот 58 став (1) на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 1); 13) одобри колење на животни кои не ги исполнуваат условите од членовите 50 став (1) и 58 став (1) точки 3 и 4 на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 2); 14) не изврши проверка пред пратката да биде разделена и ставена во промет, дека идентификационите ознаки, здравствените сертификати или документите ја придружуваат пратката (член 60 став (1) точка 3 алинеја 5); 15) внесе во слободните зони животни приемчиви на болести кои потекнуваат од одгледувалишта кои немаат еднаков здравствен статус и нивни производи (член 65 став (3)); 16) за кое е утврдено дека ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и кога ќе се утврди дека сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на фактичката состојба на производите или дека идентификационата ознака била ставена на производи кои не се во согласност со тие прописи во согласност со членот 67 став (2) од овој закон; 17) не внесува податоци во регистар или во база на податоци и истите не ги чува најмалку три години (член 73 став (3)); 18) употребува превозни средства за превоз на живи животни кои не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 74 став (1)); 19) не е регистриран од страна на надлежниот орган за вршење увоз и/или повторен извоз на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети преку кои можат да се пренесат заразни болести од одредени категории за комерцијални цели Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 64 од 72 (увозници и превозници) и нема одобрение за средствата за превоз на животни издадено од надлежниот орган каде што е регистрирана нивната дејност и не ги исполнуваат пропишаните услови (член 76 став (1)); 20) не води евиденција или не ја приложи истата на увид на барање на надлежниот орган (член 76 ставови (2) и (3)); 21) не ги чува здравствените сертификати или документите кои ги придружуваат животните во период од три години и истите не ги даде на увид по барање од страна на надлежниот орган (член 76 став (3)); 22) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло без претходна издадена дозвола од членот 77 на овој закон; 23) во пишана форма не ја извести навремено ветеринарната инспекција на граничен премин за времето во кое се очекува да пристигнат животните, производите и животинските нуспроизводи, 24 часа однапред (член 84); 24) не почитува решение на официјалниот ветеринар на граничен премин (член 86 став(2)); 25) не го заврши транзитот на пратките низ територијата на Република Македонија во рок од 30 дена од влегувањето на пратката во државата (член 88 став (5)); 26) врши повторен извоз без да ја извести ветеринарната инспекција на граничен премин за очекуваното завршување на повторен извоз и не ги достави документите 24 часа однапред (член 89 став (2)) и 27) не ги обезбеди или одбива да даде информации потребни за извршување на инспекцијата врз основа на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство (член 101 став (2)). (2) Освен глобата, на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 110 Прекршок за физичко лице (1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) не спроведува или одбива да обезбеди примарна здравствена заштита на животните (член 25); 2) врши осеменување на животни кои не се негова сопственост (член 31); 3) не спроведува или одбива да обезбеди примарно јавно ветеринарно здравство (член 33); 4) не ги стави болните или сомнителните животни во изолација (член 50 став (3)); 5) одбие или оневозможи спроведување на мерки за заштита на животните од одделни заразни болести пропишани со годишната наредба за здравствена заштита на животните (член 57 став (1)); 6) одбие или оневозможи спроведување на мерки пропишани со повеќегодишни програми за сузбивање и искоренување на одредени болести од посебна важност за Република Македонија (член 57 став (2)); 7) стави во промет живи животни без да ги спроведе прописите од областа на ветеринарното здравство во сите фази на производство и промет (член 59 став (1) алинеја 1); 8) врши превоз на животни во средства за превоз кои не ги исполнуваат пропишаните услови во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство (член 59 став (1) алинеја 2); Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 65 од 72 9) не учествува во системот за надзор (член 64 став (3)); 10) не ги преземе сите неопходни мерки за вршење на редовна внатрешна контрола за да производите и животинските нуспроизводи кои ги произведува ги задоволат пропишаните ветеринарни барања (член 66 став (1)); 11) не обезбеди документација која ќе ја придружува пратката (член 66 став (3)); 12) објектите за производство или преработка на храна кои не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 71 став (1)); 13) врши трговија со животни без да е одобрено од страна на надлежниот орган и не ги исполнува условите за одобрување (член 72 ставови (1) и (2)); 14) собирни центри не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 73 став (1)); 15) пратката на животни, во времето од напуштањето на одгледувалиштето или собирниот центар од каде што потекнуваат истите, па се до пристигнувањето на нејзината дестинација, дојде во контакт со животни со различен здравствен статус (член 74 став (3)); 16) не ги исполнува условите за карантин за увезени животни (член 80); 17) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло на ветеринарно инспекциско место на граничен премин кој не е определен за увоз (член 82 ставови (1) и (4)) и 18) не постапи согласно со одредбите од членот 87 став (1) на овој закон. (2) Освен глобата, на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 111 Прекршок за правно лице (1) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) не води редовно и не чува документирана евиденција на активностите кои се предмет на надзор и контрола од страна на надлежниот орган (член 23); 2) не спроведува или одбива да обезбеди примарна здравствена заштита на животните (член 25); 3) врши осеменување на животни кои не се негова сопственост (член 31); 4) не спроведува или одбива да обезбеди примарно јавно ветеринарно здравство (член 33); 5) не ги исполнува условите за ветеринарните амбуланти, ветеринарните клиники и ветеринарните болници, како приватни установи (членови 37, 38 и 39); 6) не обезбеди континуирано работно време во смени, дежурства или постојана подготвеност за извршување на активности на здравствена заштита на животните (член 43 став (1)); 7) не собира податоци и не води евиденција за болести кај животните и за активностите кои ги врши, во форма одобрена од надлежниот орган и не ги доставува преку системот за известување на начин утврден од надлежниот орган (член 45 став (2)); 8) стави во промет живи животни без да ги спроведе прописите од областа на ветеринарното здравство во сите фази на производство и промет (член 59 став (1) алинеја1); 9) врши превоз на животни во средства за превоз кои не ги исполнуваат пропишаните услови во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство (член 59 став (1) алинеја 2); 10) не учествува во системот за надзор (член 64 став (3)); Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 66 од 72 11) не ги преземе сите неопходни мерки за вршење на редовна внатрешна контрола за да производите и животинските нуспроизводи кои ги произведува ги задоволат пропишаните ветеринарни барања (член 66 став (1)); 12) не обезбеди документација која ќе ја придружува пратката (член 66 став (3)); 13) не внесува податоци во регистар или во база на податоци и истите не ги чува најмалку три години (член 73 став (3)); 14) употребува превозни средства за превоз на живи животни кои не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 74 став (1)); 15) пратката на животни, во времето од напуштањето на одгледувалиштето или собирниот центар од каде потекнуваат истите, па се до пристигнувањето на нејзината дестинација, дојде во контакт со животни со различен здравствен статус (член 74 став (3)); 16) врши превоз без да биде регистрирано или средствата за превоз на животни не се регистрирани од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат пропишаните услови (член 76 став (1)); 17) не води евиденција или не ја приложи истата на увид на барање на надлежниот орган (член 76 ставови (2) и (3)); 18) не ги чува здравствените сертификати или документите кои ги придружуваат животните во период од три години и истите не ги даде на увид по барање од страна на надлежниот орган (член 76 став (3)); 19) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло без претходна дозвола од членот 77 на овој закон; 20) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло на ветеринарно инспекциско место на граничен премин кој не е определен за увоз (член 82 ставови (1) и (4)); 21) во пишана форма не ја извести навремено ветеринарната инспекција на граничен премин за времето во кое се очекува да пристигнат животните, производите и животинските нуспроизводи, 24 часа однапред (член 84); 22) не го заврши транзитот на пратките низ територијата на Република Македонија во рок од 30 дена од влегувањето на пратката во државата (член 88 став (5)); 23) врши повторен извоз без да ја извести ветеринарната инспекција на граничен премин за очекуваното завршување на повторен извоз и не ги достави документите 24 часа однапред (член 89 став (2)) и 24) поставување на дијагноза, препижување и апликација на ветеринарно-медицински препарати, лекување, хируржки, поридилни и други зафати на животни, ветеринарно здравствени прегледи ги врши доктор по ветеринарна медицина без лиценца за работа спротивно на членот 36 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член и ако не ги стави болните или сомнителните животни во изолација (член 50 став (3)). (3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 30 дена. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 67 од 72 Член 111-а Прекршок за правно лице (1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) ветеринарната лабораторија дава неточни, неверодостојни и некомплетни резултати од лабораториската дијагностика (член 12 став (1)); 2) ветеринарната лабораторија работи без одобрение од надлежниот орган и не ги исполнува условите од членот 12 на овој закон; 3) не обезбеди систематско следење на здравствениот статус на животните за расплод, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони согласно со членот 28 став (3) од овој закон; 4) врши промет на семе за вештачко осеменување, а не ги исполнува условите од членот 30 на овој закон; 5) ветеринарните техничари работат спротивно на членот 36 став (5) од овој закон; 6) одбива да даде неопходна ветеринарно-медицинска помош во итни случаи, или го прекинува медицинскиот третман на болни животни и не обезбедува неопходни количини на храна и вода за животните во болниците (член 43 став (2)); 7) врши активности од ветеринарна дејност на животни кои не се во сопственост на правното или физичко лице кое ги формира (член 44 став (3)); 8) не пријави заболено, односно сомнително животно до надлежниот орган директно или преку ветеринарните амбуланти, клиники или болници кои имаат решение за овластување за вршење на дејност од јавен интерес (член 50 ставови (1) и (2)); 9) не ги стави болните или сомнителните животни во изолација (член 50 став (3)); 10) по добивањето на резултатите од испитувањата, Националната референтна лабораторија која работи по договор не известила за резултатите од испитувањето или издала неверодостојни резултати од испитувањето (член 51 став (4)); 11) не почитува или одбива да ги применува изречените мерки на службен надзор (член 54 став (2)); 12) не почитува или одбива да применува заштитни мерки (член 55); 13) не почитува или одбива да спроведува дополнителни мерки (член 56); 14) одбие или оневозможи спроведување на мерки за заштита на животните од одделни заразни болести пропишани со годишната наредба за здравствена заштита на животните (член 57 став (1)); 15) одбие или оневозможи спроведување на мерки пропишани со повеќегодишни програми за сузбивање и искоренување на одредени болести од посебна важност за Република Македонија (член 57 став (2)); 16) стави во промет живи животни кои не ги исполнуваат условите од овој закон (член 58 став (1)); 17) стави во промет живи животни кои се предмет на национални програми за искоренување на болести (член 58 став (3)); 18) ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и ако сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на статусот на животните или на нивните одгледувалишта на потекло (член 59 став (3)); 19) одобри влез на пазар или собирен центар, на животни кои не ги исполнуваат условите од членот 58 став (1) на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 1); 20) одобри колење на животни кои не ги исполнуваат условите од членовите 50 став (1) и 58 став (1) точки 3 и 4 на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 2); Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 68 од 72 21) не изврши проверка пред пратката да биде разделена и ставена во промет, дека идентификационите ознаки, здравствените сертификати или документите ја придружуваат пратката (член 60 став (1) точка 3 алинеја 5); 22) внесе во слободните зони животни приемчиви на болести кои потекнуваат од одгледувалишта кои немаат еднаков здравствен статус и нивни производи (член 65 став (3)); 23) е утврдено дека ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и кога ќе се утврди дека сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на фактичката состојба на производите или дека идентификационата ознака била ставена на производи кои не се во согласност со тие прописи во согласност со членот 67 став (2) од овој закон; 24) објектите за производство или преработка на храна не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 71 став (1)); 25) врши трговија со животни без да е одобрено од страна на надлежниот орган и не ги исполнува условите за одобрување (член 72 ставови (1) и (2)); 26) собирни центри не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 73 став (1)); 27) врши превоз без да е одобрено од страна на надлежниот орган и не ги исполнува условите за одобрување (член 74 став (1)); 28) не е регистриран од страна на надлежниот орган за вршење увоз и/или повторен извоз на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети преку кои можат да се пренесат заразни болести од одредени категории за комерцијални цели (увозници и превозници) и нема одобрение за средствата за превоз на животни издадено од надлежниот орган каде што е регистрирана нивната дејност и не ги исполнуваат пропишаните услови (член 76 став (1)); 29) не ги исполнува условите за карантин за увезени животни (член 80); 30) не почитува решение на официјалниот ветеринар на граничен премин (член 86 став (2)); 31) не постапи согласно одредбите од членот 87 став (1) на овој закон и 32) не ги обезбеди или одбива да даде информации потребни за извршување на инспекцијата врз основа на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство (член 101 став (2)). (2) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 30 дена. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 111-б Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница ако не склучи договор со одгледувачите на животни во предвидениот рок (член 41-а став (1)). Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 69 од 72 Член 111-в (1) Глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице одгледувач ако не склучи договор со распределената, односно друга овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница во предвидениот рок (член 41-а став (2)). (2) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице одгледувач ако не склучи договор со распределената, односно друга овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница во предвидениот рок (член 41-а став (2)). ГЛАВА IX Преодни и завршни одредби Член 112 Усогласување на работењето (Член 112 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07) (1) Со денот на започнување со примена на овој закон: 1) докторите по ветеринарна медицина вработени во Управата за ветеринарство, кои имаат положено стручен испит согласно со членот 107 од Законот за ветеринарното здравство (“Службен весник на Република Македонија” бр. 28/98), стекнуваат звање на официјални ветеринари и 2) докторите по ветеринарна медицина кои имаа положено стручен испит согласно со членот 107 од Законот за ветеринарното здравство (“Службен весник на Република Македонија” број 28/98), а не се вработени во Управата за ветеринарство, можат да бидат назначени за овластени ветеринари од страна на Агенцијата. (2) Лицата од ставот (1) точка 2 на овој член за да стекнат право да бидат назначени за овластени ветеринари се должни да ги исполнат условите од членот 17 на овој закон, во рок од една година од денот на влегувањето во сила на правилникот од членот 17 на овој закон. (3) Постојните правни, физички лица и други субјекти кои вршеле активности од областа на ветеринарното здравство и/или на кои е вршен ветеринарно-санитарен преглед и контрола согласно со Законот за ветеринарното здравство (“Службен весник на Република Македонија” број 28/98) и прописите донесени врз основа на иститот до започнување со примената на овој закон, се должни да го усогласат своето работење и да се пререгистрираат во согласност со одредбите на овој закон, во рок од една година од денот на започнување на примената на овој закон. (4) Постојните правни, физички лица и други субјекти кои вршеле активности од областа на ветеринарното јавно здравство, благосостојбата на животните и нуспроизводите од животинско потекло до започнување со примена на овој закон, се должни да го усогласат своето работење согласно со посебните закони од областа на ветеринарното јавно здравство, благосостојбата на животните и нуспроизводите од животинско потекло. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 70 од 72 Член 113 Усогласување на работата на Ветеринарната комора (Член 113 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07) Ветеринарната комора продолжува да работи согласно со надлежностите утврдени со овој закон и ќе го усогласи своето работење во рок од една година од денот на започнување на примената на овој закон, а статутот ќе го донесе во рок од шест месеца од денот на започнувањето на примената на овој закон. Член 114 Преоден период за вршење на работите на НРЛ (Член 114 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07) Во периодот од пет години од започнувањето на примената на овој закон работите на Националната референтна лабораторија утврдени со овој закон ќе ги врши Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје. Членот 115 е избришан. Член 116 Рок за донесување на акти (Член 116 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07) (1) Подзаконските прописи кои произлегуваат од овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До донесувањето на прописите од ставот (1) на овој член ќе се применуваат прописите кои важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 117 Престанок на важење (Член 117 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07) Со денот на започнување на примената на овој закон престанува да важи Законот за ветеринарното здравство (“Службен весник на Репубика Македонија“ број 28/98), освен одредбите кои се однесуваат на добиточната храна. Член 118 Влегување во сила (Член 118 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07) Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од први јануари 2008 година. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 71 од 72 Член 119 (Член 3 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11) Во текстот на законот зборот „министерот“ и зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборовите: „директорот на Агенцијата“, зборовите: „министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборот „Агенцијата“, а зборовите: „надлежен орган“ се заменуваат со зборот „Агенцијата“. Во текстот на законот по зборот „директорот“ се додаваат зборовите: „на Агенцијата“. Член 120 (Член 49 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11) Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од две години од влегувањето во сила на овој закон. Подзаконските акти предвидени со членот 105-а од овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од влегувањето во сила на овој закон. Член 121 (Член 4 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/11) Подзаконскиот акт од членот 2 од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 122 (Член 5 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/11) Подзаконскиот акт од членот 3 од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. По влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот 1 на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Член 123 (Член 6 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/11) Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен одредбите од членот 1 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат со започнување на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година 72 од 72 Член 124 (Член 11 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 123/12) Договорите за извршување на здравствена заштита на животните од членот 36 став (7) и договорите со ветеринарни амбуланти, клиники и болници од членот 41 склучени согласно со Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ број 113/2007, 24/11 и 136/11) продолжуваат да важат до истекот на рокот утврден со договорите од членовите 41 и 41-а од овој закон. Агенцијата е должна јавниот повик од членот 40 утврден во членот 5 од овој закон да го објави во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 125 (Член 12 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 123/12) Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.