Law on the quality of agricultural products
颁布于 2010-10-15 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за квалитетот на земјоделските производи.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development, Food and nutrition
- 关键词
- apiculture/sericulture, cereals/grains/rice, certification, classification/declassification, consumer protection, inspection, offences/penalties, geographical indication, agricultural commodities, crops, food safety and quality, cattle, swine, poultry products, milk/dairy products, vegetables/legumes, fruits/edible nuts
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 1 од 101 З А К О Н ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Редакциски пречистен текст 1 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 (Содржина на Законот) Со овој закон се уредуваат пазарите на земјоделските производи, стандардите за квалитет, класификацијата, означувањето на квалитетот и информативниот систем за житарици и ориз, брашно, храна за животни, свежо овошје и зеленчук, јајца и месо од живина, говедско месо, свинско месо, овчо и козјо месо, млеко и млечни производи, производи од пчели, заштитата и регистрацијата на географскиот или традиционалниот назив на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет, контролата и надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон. Член 2 (Поими) Одделни поими и изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Земјоделски производ“ е физички резултат од земјоделското производство (примарен земјоделски производ). Во земјоделски производи, во смисла на овој закон, спаѓаат производите од Анексот 1 на Договорот за формирање на Европската унија, освен риби и рибни производи; 2. „Маркетинг” значи поседување на земјоделски производи наменети за продажба, вклучително и понудување за продажба, складирање, пакување, обележување, доставување и секоја друга форма на трансфер на земјоделските производи; 3. „Оператор” е производител и секое друго правно или физичко лице вклучено во маркетинг на земјоделски производи; 1 Редакциски пречистениот текст на Законот за квалитетот на земјоделските производи, ги опфаќа: основниот текст на Законот, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.140/10, Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.53/11, Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.55/12, Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.106/13, Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.116/15, Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.149/15, Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.193/15 и Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, објавен во “Службен весник на РМ“ бр.39/16, во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 2 од 101 4. „Квалитет на земјоделски производ“ е збир од карактеристики на земјоделскиот производ кој ги исполнува најмалку минималните барања(стандарди) за квалитет утврдени за секој земјоделски производ поединечно; 5. „Краен потрошувач“ е потрошувач на земјоделски производи кој истите ги користи исклучиво за директна хумана исхрана; 6. „Прехранбена индустрија” е правно лице кое произведува земјоделски производи или производи базирани на земјоделски производи наменети за директна хумана исхрана, со исклучок на големи кетеринг сервиси; 7. „Непрехранбена индустрија“ е правно лице кое произведува земјоделски производи или производи базирани на земјоделски производи кои не се наменети за хумана исхрана; 8. „Слободна продажба” е понуда за продажба на мало на земјоделски производи кои не се пакувани до крајниот потрошувач; 9. „Серија“ е збир на спакувани или непакувани земјоделски производи од ист вид, тип или класа, од една и иста производна единица или центар за пакување, ист производен циклус, метод на одгледување или производство, со ист максимален рок на траење и/или дата на пакување; 10. „Складирање“ е депонирање и чување на кој било производ од растение или производ од растително потекло; 10-а. „Брашно“ е производ добиен со мелење на пченица, `рж и пченка, наменето за човечка исхрана и наменските смеси и концентрати кои во својот состав имаат повеќе од 10% пченично, `ржено или пченкарно брашно; 10-б. „Ставање во промет на брашно“ е продажба, превоз, складирање и чување за продажба, како и кој било облик на размена, замена или отстапување на брашното со надоместок или без надоместок, испорака на брашно за услуга за мелење на пченица, `рж и пченка, за сопствена преработка и увоз и извоз на брашно; 10-в. „Контролна марка“ е етикета во која е наведен сериски број издаден од Министерството, знакот на органот што ја издава и ознака за тежината на опаковката на која треба да се прилепи; 11. „Храна за животни“ е секоја супстанцa или производ, вклучително и адитивите за храната за животни, преработена, делумно преработена или непреработена, а наменета за исхрана на животните; 12. „Квалитет на храната за животни“ подразбира вкупни својства на храната за животни - органолептички својства и хранлива вредност која придонесува за нејзината способност за да ги задоволи основните потреби во исхраната за животни; 13. „Ставање во промет“ е поседување на земјоделски производи или преработки поради продажба, вклучително и понудата за продажба или секој друг облик на пренос, без разлика на тоа дали е бесплатен или не, како и продажба, дистрибуција и други облици на пренос како такви; 14. „Суровина/компонента“ е основен материјал кој се користи за изработка и доработка на готов производ; 15. „Преработка“ е секоја постапка која суштински го менува почетниот основниот производ; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 3 од 101 16. „Службена контрола“ е контролата што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја спроведува за потврдување на усогласеноста со прописите за квалитет на земјоделски производи од растително потекло и Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува за потврдување на усогласеноста со прописите за квалитет на земјоделските производи од животинско потекло; 17. „Јајца” се јајца во лушпа, добиени од видот Gallus gallus, наменети за директна хумана исхрана или за употреба во индустријата за производи од јајца, индустријата за производство и преработка на храна, освен скршените јајца, инкубираните јајца и варените јајца; 18. „Јајца за инкубација” се јајца од живина наменети за добивање на пилиња, класифицирани според видот, категоријата и типот на живината; 19. „Несилки” се кокошки од видот Gallus gallus кои ја имаат постигнато зрелоста за несење и се чуваат за производство на јајца; 20. „Гнездо” е одвоен простор за несење јајца; 21. „Скршени јајца” се јајца со скршени лушпа и мембрана, што доведува до изложеност на внатрешната содржина на јајцето на надворешната средина; 22. „Инкубирани јајца” се јајца од моментот на нивно внесување во инкубатор; 23. „Производна единица” е локациски заокружена стопанска единица на која се одгледуваат несилки и произведуваат јајца, бројлери, педигрирани дедовци или родители и произведуваат јајца, бројлерски пилиња и јајца за инкубација и добивање дедовски, родителски или комерцијални пилиња; 24. „Центар за пакување” е оператор кој врши класирање на јајцата според квалитетот и масата; 25. „Инкубаторска станица” е локациски заокружена стопанска единица во која се инкубираат јајца за инкубација и добиваат дедовски, родителски или комерцијални пилиња; 26. „Големи пакувања“ значат пакувања, отворени сандаци (кутии) или контејнери, кои содржат повеќе од 36 јајца; 27. „Мали пакувања“ значат отворени или затворени пакувања кои содржат 36 или помалку јајца; 28. „Транспортно пакување“ е амбалажа која се употребува за транспорт на јајцата од производната единица до центарот за пакување; 29. „Собирач” е правно лице кое собира јајца од производителите и ги доставува до центри за пакување, трговци на големо, или до прехранбената и непрехранбената индустрија, регистрирано согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство; 30. „Индустриски јајца” се јајца кои не се наменети за хумана исхрана; 31. „Препакување“ е физички трансфер на јајца во друго пакување или преобележување на пакување кое содржи јајца; 32. „Живина” се живи кокошки (Gallus domesticus), патки, гуски, мисирки и бисерки (морки), со тежина над 185 грама; 33. „Пилиња“ се живи кокошки, патки, гуски, мисирки и бисерки, чија тежина не преминува 185 грама, а се класирани според намената како: а) комерцијални пилиња (бројлерски пилиња за производство на месо, производство на јајца и двојна намена); б) родителски пилиња за производство на комерцијални пилиња и в) дедовски пилиња за производство на родителски пилиња; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 4 од 101 34. „Цели трупови” се заклани кокошки, патки, гуски, мисирки и бисерки, со или без внатрешни органи; 35. „Конфекционирани делови од труп“ се јадливи кланични производи и делови од телото препознатливи по својата големина и карактеристиката на мускулите; 36. „Месо од живина“ се цели трупови, конфекционирани делови од труп или други јастиви кланични производи од живинa. Месото од живина може да биде претпакувано или непретпакувано; 37. „Свежо или оладено месо од живина“ е месо од живина кое не е замрзнато во процесот на ладење и се чува на температура не пониска од - 2oC и не повисока од + 4oC; 38. „Замрзнато месо од живина“ е месо од живина кое е замрзнато веднаш по колењето и се чува на температура не повисока од -12oC (+/- 3oC); 39. „Брзо замрзнато месо од живина“ е месо од живина кое се чува на температура не повисока од -18oC со максимално дозволени флуктуации определени за брзо замрзнати производи; 40 „Претпакување“ е комбинација на производот и индивидуалното пакување во кое месото од живина е спакувано; 41. „Претпакувано месо од живина“ е месо од живина однапред спакувано во амбалажа во отсуство на купувачот, без оглед на тоа дали амбалажата е во една целина или пак само делумно го обвиткува месото, така што содржината на претпакувањето не може да се промени без да се промени или оштети амбалажата; 42. „Непретпакувано месо од живина“ е месо од живина кое се пакува на местото на продажба во присуство на купувачот; 43. „Конформација” претставува форми и профили на мускулатурата заедно со меѓумускулното и поткожното масно ткиво, сразмерно со големината на трупот; 44. „Замастеност”, односно „прекриеност на трупот со масно ткиво” е степен на депонирана поткожна маст сразмерно на големината на трупот; 45. „Труп од заклано животно” е целото тело од заклано животно презентирано после искрвавување, вадење на внатрешни органи (евисцерација) и дерење на кожата; 46. „Половинка од труп од заклано животно” е производ добиен со поделба на трупот симетрично низ средината на пршлените по целиот рбет и средината на градната коска и неподвижната срамна коска; 47. „Кланично обработен труп” е труп од заклано животно од кое после колењето и искрвавувањето е симната кожата и исполнува одредени услови според категоријата и видот на животното; 48. „Шурен свински труп“ е труп на заклана свиња со кожа без четина со глава и опашка, без чапунки, внатрешни органи и полови органи, со јазик, стомачно сало, бубрези и дијафрагма; 49. „Труп на драна свиња“ е труп на заклана свиња без кожа, без глава одвоена во рамната линија меѓу првиот вратен пршлен (атлас) и тилната коска, без поткожно масно ткиво, без сало, без долни делови на нозете одвоени во скочниот (тарзален), односно карпалниот зглоб, без внатрешни органи и опашка; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 5 од 101 50. „Мед“ е природна слатка супстанца која медоносните пчели (Apis mellifera L.) ја произведуваат со собирање на нектарот од цветовите на медоносните растенија или секретите на некои инсекти кои паразитираат на живите делови од растенијата, ги збогатуваат со материи од своето тело, во телото ги преработуваат, ги складираат во восочните сотови и ги оставаат да зреат; 51. „Матичен млеч“ е производ на млечните жлезди на младите пчели работнички и претставува густа пастообразна маса со млечно бела или светло кремова боја, со специфична арома и остар кисел вкус со слатка нијанса; 52. „Нерастворлив седимент“ е седимент кој останува на ѕидовите од киветата (епрувета) при центрифугирање на медот кој се подготвуваа за поленска анализа; 53. „Полен“ се машките полови клетки на цветовите кои пчелите го собираат во форма на грутчиња и ги складираат во корпите на задните нозе; 54. „Прополис“ е производ кој пчелите го произведуваат од смолести материи кои ги собираат од некои дрвенести растенија и во нив додаваат малку восок, полен и секрети од нивното тело; 55. „Пчелин восок“ е производ на восочните жлезди на пчелите работнички; 56. „Производител на производи од пчели“ е секој одгледувач на пчели кој произведува и пушта во промет мед и други пчелни производи; 57. „Откупувач“ е лице или претпријатие кое откупува мед и други пчелни производи со цел собирање, пакување, складирање или преработка во производи на база на мед и други пчелни производи; 58. „Директна продажба“ е секоја продажба на производи директно од производителот до потрошувачите; 59. „Млеко“ e производ на млечната жлезда добиен со правилно и редовно молзења на здрави крави, овци, кози и биволици без да се додава или одземе нешто од истото; 60. „Млечни производи“ се производи добиени исклучително од млеко, што подразбира дека супстанциите кои се потребни за нивна обработка може да се додадат под услов тие супстанции да не се користат за замена, било во целост или делумно, на која било млечна состојка; 61. „Сурово млеко“ е млеко кое не е загреано над 40°С или е применет друг третман кој има сличен или ист ефект; 62. „ Млечна мас" е односот на содржината на единица млечна маст во сто единици производ; 63. „Одгледувалиште за производство на млеко“ е објект во кој еден или повеќе фармски животни се чуваат за да произведуваат млеко заради негово ставање во промет како храна; 64. „Испорака“ е која било испорака на млеко од производител на купувач, која не вклучува кој било друг млечен производ, при што транспортот го извршува производител, купувач, претпријатие што преработува или третира такви производи или трета страна; 65. „Директна продажба“ е секоја продажба или трансфер на млеко од производителот директно до потрошувачите, како и секоја продажба или трансфер на други млечни производи од производителот; 66. Означување“ е секој збор, израз, трговска марка, име на бренд и симбол поврзан со одреден земјоделски или прехранбен производ, кој се наоѓа на пакувањето, на самиот производ, прикачен е на производот, или на пропратната документација за производот; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 6 од 101 67. „Географски назив“ е назив и/или обележје на местото, регионот или земјата со кој се означува дека производот потекнува од тоа подрачје; 68. „Географска ознака“ е назив на регион, одредено место или во исклучителни случаи земја кој се користи за означување на земјоделски или прехранбени производи чие производство и/или преработка и/или подготовка се одвиваат во тоа географско подрачје; 69. „Посебни својства” е својство или збир на својства по кои земјоделскиот или прехранбениот производ јасно се разликува од другите на него слични прехранбени или други производи од иста категорија; 70. „Традиционална употреба’’ е употреба која е докажана на пазарот и покажува пренесување од генерација на генерација низ временски период од најмалку 30 години; 71. „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет” е ознака на традиционален земјоделски или прехранбен производ кој е регистриран и му се признаваат посебните својства во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на него; 72. „Група на производители’’ е секое здружение на оператори, преработувачи и трговци кои се занимаваат со ист земјоделски или прехранбен производ, без разлика на нивниот правен облик или состав 73.„Генетско модифицирана храна“ е храна која содржи и/или е произведена од генетски модифицирани организми. 74. „Контролен план“ е технички документ што служи за верификација на соодветноста на производот и начинот на производство со елаборатот од членот 145 од овој закон, односно спецификацијата на производот од членот 146 од овој закон и 75. „Млечни протеини“ е односот на содржината на единица млечни протеини во сто единици млеко (се пресметува кога добиениот вкупен азот (N) ќе се помножи со коефициент 6,38 и се изразува во проценти). Член 3 (Цел на Законот) Целта на овој закон е уредување на: стандардите за квалитет на земјоделските производи од членот 1 на овој закон, пазарите на земјоделските производи од членот 1 на овој закон, информативен систем за пазарите на земјоделските производи од членот 1 на овој закон, начинот и постапката за евидентирање и означување со контролна марка за евиденција на брашното кое се произведува и става во промет на пазарот, се увезува или извезува. регистрација и заштитата на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет, мерките и активностите што ги преземаат органите и институциите за обезбедување на квалитетот на земјоделските производи и условите за работа што треба да ги исполнуваат операторите и институциите кои вршат контрола на квалитетот во областа на земјоделството. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 7 од 101 Член 3-а (Супсидијарна примена на Законот) (1) Во постапката за издавање на решенија ќе се применува Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекциски надзор и одредбите на Законот за безбедност на храна доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 4 (Општи услови) (1) Производителите на земјоделски производи од животинско потекло кои се предмет на уредување на овој закон треба да постапуваат согласно со прописите за зоотехника, ветеринарно здравство и безбедност на храната. (2) Производителите на земјоделски производи од растително потекло кои се предмет на уредување на овој закон треба да постапуваат согласно прописите за здравје на растенија и безбедност на храна. (3) Генетски модифицираната храна која се става во промет треба да е во согласност со прописите за генетски модифицирани организми. Член 5 (Надлежен орган) Надлежен орган за спроведување на одредбите од овој закон е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството). II. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИ 1. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ЖИТА И ОРИЗ 1.1. Стандарди за квалитет Член 6 (Жита и ориз) На пазарот на жита и ориз можат да се стават во промет: мека пченица (Triticum aestivum), тврда пченица (Triticum durum), пченка (Zea mays), ’рж (Secale cereale), јачмен (Hordeum vulgare), овес (Avena sativa), елда (Fagopyrum vulgare), хибриди на рж и пченица(Triticale) и ориз (Oryza sativa) наменети за хумана исхрана ако ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. Член 7 (Квалитет на жита и ориз) (1) Во промет се ставаат лупени и нелупени жита и ориз кои исполнуваат минимални услови за квалитет по однос на ботаничката припадност, органолептички својства, количина и вид на примеси, количина на вода, хектолитарска маса и присуство на штетници. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 8 од 101 (2) Квалитетот на пченицата што се става во промет се утврдува во I, II и III класа врз основа на содржината на сурови протеини и седиментационата вредност според методот на Zeleny. Методот на Zeleny е стандарден метод кој е показател на квалитетот на пченицата со кој се одредува квалитетот на протеините, хектолитарската маса, содржината на примеси. (3) Оризот што се става во промет според органолептичките и физичките својства, обоеноста на зрното и присуството на примеси се класира во екстра, I и II класа. (4) Минималните услови за квалитет, својства и класирање на житата и оризот од овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: министерот). 1.2. Пакување, означување, транспорт и складирање на жита и ориз Член 8 (Пакување) (1) Житата и оризот што се ставаат во промет од складиштарите и мелничките капацитети се пакувани во пропишана амбалажа затворена на начин што при отворањето амбалажата видливо и трајно ќе се оштети. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член житата и оризот можат да се пуштат во промет непакувани, придружни со документ кој ги содржи податоците од ставот (4) на овој член. (3) Житата и оризот што се ставаат во промет во оригинално пакување, на обвивката или на садот треба да имаат декларација за квалитет која треба да биде лесно видлива, јасна и читлива. (4) Декларацијата од ставот (3) на овој член ги содржи следниве податоци: ознака на класата на квалитетот определена согласно со овој закон, податоци за потекло и други податоци од интерес за потрошувачите. (5) Буквите со кои се отпечатени називот на производот и фирмата, односно називот на производителот или пакувачот мораат да бидат поголеми од буквите со кои се отпечатени другите податоци во текстот на декларацијата за квалитет. (6) Начинот на пакување од ставот (1) на овој член и одделните видови на жита и ориз од ставовите (2) и (3) на овој член ги пропишува министерот. Член 9 (Означување и следливост) (1) Житата и оризот што се ставаат во промет во други пакувања различни од опишаните со членот 8 ставови (3), (4) и (5) од овој закон треба да се означени и придружни со соодветен документ за квалитет. (2) Означувањето на пакувањата од ставот (1) на овој член треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отворањето на пакувањето ознаките видливо и трајно се оштетуваат. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 9 од 101 (3) Операторите со жита и ориз обезбедуваат следливост по однос на квалитетот во сите фази на маркетинг. (4) Формата и содржината на ознаката и придружниот документ за квалитетот на житата и оризот ги пропишува министерот. Член 10 (Транспорт, складирање и чување на жита и ориз) (1) Житата и оризот се транспортираат пакувани и непакувани со превозни средства кои ги исполнуваат условите за транспорт. (2) Житата и оризот кои се ставаат во промет се складираат и чуваат во складишта на начин и под услови кои обезбедуваат задржување на квалитетот. (3) Поблиските услови и начинот за складирање и чување на житата и оризот и нивниот транспорт ги пропишува министерот. 1.3. Информативен систем на пазарот на жита и ориз Член 11 (Информативен систем) (1) За спроведување на политиките и следење на состојбите на пазарот со жита и ориз, Министерството воспоставува информативен систем. (2) Информативниот систем за уредување на пазарот со жита и ориз особено содржи податоци за: број и големина на капацитети за складирање, број и големина на мелничко-пекарски капацитети и количините по видови и класи на складирани, откупени и преработени жита и ориз по производители. (3) Во рамките на информативниот систем од ставот (1) на овој член се евидентираат и податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Член 12 (Извештаи) (1) Складиштарите и мелничко-пекарски капацитети се должни да доставуваат месечни извештаи и годишен извештај за складираните жита и ориз до Министерството. (2) Месечниот извештај од ставот (1) на овој член се доставува најдоцна до десеттиот ден во тековниот месец за претходниот месец. (3) Месечниот извештај од ставот (1) на овој член особено содржи: локацијата на операторот (регион/подрачје), количини на преодни залихи пренесени од претходниот месец, преземени и испорачани количини по видови, сорти и класи и залихи на крајот на месецот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 10 од 101 (4) Врз основа на месечните извештаи од ставот (3) на овој член, субјектите од ставот (1) на овој член подготвуваат годишен извештај и го доставуваат до Министерството најдоцна до 30 јануари во тековната година за претходната година. (5) Формата и содржината на обрасците за поднесување на извештаите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. 1.4. Контрола на стандарди за квалитет Член 13 (Контрола на квалитет на жита и ориз, анализа и суперанализа на примероци) (1) За контрола на квалитетот на житата и оризот кои се ставаат во промет се врши анализа и суперанализа на земените примероци од страна на надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. (2) Анализа и суперанализа на земените примероци за контрола вршат овластени лаборатории. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата поднесен од операторот кој не е задоволен од резултатите од анализата. (3) Начинот на земање примероци и методите за анализа и суперанализа ги пропишува министерот. Член 14 (Овластени лаборатории) (1) Лабораториите од членот 13 став (2) на овој закон ги овластува Министерството доколку ги исполнуваат следниве услови: имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, имаат вработено најмалку едно лице со средно образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, располагаат со соодветни простории опремени со потребна опрема за вршење на анализите и суперанализите и да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за соодветните методи за вршење на анализи на квалитетот на житата и оризот опфатени со овој закон. (2) Поблиските услови од ставот (1) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. Член 15 (Решение за овластување) (1) За овластувањето од членот 14 од овој закон, врз основа на поднесено барање Министерството донесува решение за овластени лаборатории, односно решение за одбивање на барањето. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 11 од 101 (2) Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за донесување решение за овластени лаборатории за вршење анализи на квалитетот на житата и оризот е должно документите од членот 14 став (1) алинеи 1, 2 и 4 по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (3) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од членот 14 став (1) алинеи 1, 2 и 4 е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (4) Министерството во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение од ставот (1) на овој член. (5) Против решението за одбивање на барањето од ставот (1) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од членот 14 од овој закон ги пропишува министерот во согласност со министерот за информатичко општество и администрација. (7) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (8) Министерството со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 14 од овој закон. (9) Против решението од ставот (8) на овој член, лабораторијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 16 (Приговор на резултатите од анализата) (1) На постапката при вршење контрола, начинот на известување и роковите за доставување на резултатите од извршените анализи и доставувањето на приговорот се применуваат одредбите на Законот за надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. (2) Трошоците за анализа на житата и оризот се на товар на производителите и преработувачките капацитети. (3) По добивањето на резултатите, производителот и/или преработувачкиот капацитет во рок од 24 часа по нивното примање можат да поднесат приговор до овластена лабораторија за суперанализа. (4) Трошоците за суперанализата се на товар на производителот или преработувачкиот капацитет, доколку добиените резултати соодветствуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија за анализа. (5) Резултатите од суперанализата се конечни. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 12 од 101 1-а. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА БРАШНО 1-а.1. Стандарди за квалитет Член 16-а Оператори со брашно (1) Брашното може да се стави во промет ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон. (2) Оператор со брашно е правно лице или физичко лице (производител, сопственик на брашното од услужно мелење, ако го користи за натамошно производство, преработка, продажба или кој било друг начин на испорака, трговец, увозник и извозник), кое прво го пласира брашното на пазарот и/или означеното брашно го превезува за трето лице, за сопствени потреби или го пакува во помали или поголеми пакувања. (3) Доколку операторот од ставот (2) на овој член врши извоз на брашно, може да го означи со ознака која ја бара земјата увозничка и да биде документирано со соодветна документација. (4) Операторот со брашно пред почетокот на производство, увоз и ставање во промет треба да има производителска спецификација. (5) Производителската спецификација покрај податоците наведени во декларацијата од членот 16-в став (4) од овој закон треба да содржи: евиденциски број на спецификацијата, назив на производот и неговото трговско име, ако производот го има, денот на донесување на спецификација на производителот, краток опис на технолошкиот процес на производство на производот, видот и количината на искористени суровини во однос на нето количината на производот и извештај за испитување на органолептичките, физичките и хемиските својства на производот, датум на започнување на производството, односно увозот за наведената спецификација, група на кој производ припаѓа и показателите на квалитет според фаринографот, екстензографот и амилографот. Член 16-б Квалитет на брашно (1) Брашното треба да има карактеристична боја, мирис и вкус својствен на брашно, односно не треба да има никаков туѓ мирис и вкус и не треба да содржи други состојки од каков било вид. (2) Рокот u1072 \u1085 íа задолжителното отстојување на пченичното брашно пред денот на пуштање во промет треба да изнесува најмалку осум дена од денот на производството, со исклучок на пченичното брашно наменето за производство на тестенини. (3) Операторот со брашно пред да го стави брашното во промет треба да обезбеди извештај од лабораториско испитување од овластената лабораторија од членот 16-и од овој закон кој ги содржи следниве податоци: Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 13 од 101 ознака (број на лабораториски наод), датум на производство на брашното, количество на вода (релативна влага), количество на минерални материи (пепел), степен на киселост, тип на брашното и показателите на квалитет на брашно според фаринограф, екстензограф и амолограф (растегливост, отпор, односен број, енергија, апсорпција на вода, развој, стабилност, степен на отпуштање и испитување на активност на алфа амилаза преку вискозитет на тестото). (4) Минималните услови за ставање во промет, квалитетот и типовите на брашно, начинот и методите на земање на мостри, како и методите за анализа на квалитетот на брашното ги пропишува министерот. 1-а.2. Пакување, означување, транспорт и складирање на брашно Член 16-в Пакување (1) Брашното што се става во промет од операторите со брашно се пакува во амбалажа затворена на начин што при отворањето амбалажата видливо и трајно ќе се оштети. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член брашното може да се пушти во промет не пакувано, во рефусна состојба, придружено со документ кој ги содржи податоците од ставот (4) на овој член. (3) Брашното што се става во промет во оригинално пакување, на обвивката треба да има декларација за квалитет која треба да биде лесно видлива, јасна и читлива. (4) Декларацијата од ставот (3) на овој член ги содржи следниве податоци: ознака на типот на брашното, содржина на пепел, количина на влага, степен на киселина, податоци за потекло и други податоци од интерес за потрошувачите. (5) Буквите со кои се отпечатени називот на производот и фирмата, односно називот на производителот или пакувачот мораат да бидат поголеми од буквите со кои се отпечатени другите податоци во текстот на декларацијата за квалитет. (6) Начинот и видот на пакувањата од ставовите (1) и (3) на овој член, како и условите за ставање во промет на брашното во рефусна состојба од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот. Член 16-г Издавање на контролна марка и водење на евиденција (1) Операторот со брашно од членот 16-а став (2) од овој закон е должен пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 14 од 101 (2) Контролната марка од ставот (1) на овој член ја издава Министерството врз основа на поднесено барање за издавање на контролна марка и доказ за платен надоместок за издавање на контролните марки. (3) Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот. (4) Надоместокот за издавање на контролните марки е на товар на операторите со брашно. (5) Висината на надоместокот за издавање на контролните марки се утврдува во висина на реално направените трошоци за печатење и чување на контролните марки. (6) Висината на надоместокот од ставот (5) на овој член го определува Владата на Република Македонија на предлог на министерот. (7) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води евиденција за издадените и искористените контролни марки за ставање во промет на брашното. (8) Формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки ги пропишува министерот. Член 16-д Начин на ставање на контролни марки (1) Операторите со брашно обезбедуваат следливост по однос на квалитетот во сите фази на маркетинг. (2) Ако брашното се става во промет не пакувано во рефусна состојба, контролната марка се става на документот кој го следи брашното при превоз (испратница, приемница, потврда, пропратница или друг службен документ). (3) Ако брашното се става во промет во збирно пакување, контролната марка се става на видливо место на пакувањето, а секое пакување внатре во збирното пакување мора да е означено со контролна марка. (4) Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отворањето на пакувањето ознаките видливо и трајно се оштетуваат. Член 16-ѓ Обврска на операторите со брашно за водење на евиденција (1) Операторот со брашно кој врши производство или увоз на брашно вклучувајќи го и услужното мелење на пченица, `рж и пченка е должен да води евиденција за количините на залихи и преработката на пченица, `рж и пченка, како и за прометот и залихите на брашно и количините на увезено брашно и податоците да ги доставува до Министерството. (2) Минималните количини на брашно кои може да се добијат со мелење на пченица, `рж и пченка кои ги исполнуваат минималните услови за ставање во промет согласно со членот 16-б став (4) од овој закон ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 15 од 101 (3) Максималните количини на брашно потрошени за производство на одделни пекарски производи и начинот на водење на евиденција за потрошените количини ги пропишува министерот. Член 16-е Транспорт, складирање и чување на брашно (1) Брашното се транспортира пакувано и не пакувано со превозни средства кои ги исполнуваат условите за транспорт. (2) Брашното кое се става во промет се складира и чува во складишта на начин и под услови кои обезбедуваат задржување на квалитетот. Складиштата треба да се изградени од цврст незапалив материјал кој спречува појава на влага, лесно се чисти и одржува, односно е погоден за чистење, дезинфекција и дезинсекција. (3) Начинот и поблиските услови за складирање и чување на брашното ги пропишува министерот. 1-а.3. Информативен систем на пазарот со брашно Член 16-ж Информативен систем (1) За спроведување на политиките и следење на состојбите на пазарот со брашно, Министерството воспоставува информативен систем. (2) Информативниот систем за уредување на пазарот со брашно особено содржи податоци за: број и големина на капацитети за складирање, број и големина на мелничко-пекарски капацитети и количини по типови на произведени и/или складирани брашна. (3) Во рамките на информативниот систем од ставот (1) на овој член се евидентираат и податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Член 16-з Извештаи (1) Складиштарите и мелничко-пекарските капацитети се должни да доставуваат месечни извештаи и годишен извештај за складираните брашна до Министерството. (2) Месечниот извештај од ставот (1) на овој член се доставува најдоцна до десеттиот ден во тековниот месец за претходниот месец. (3) Месечниот извештај од ставот (1) на овој член особено содржи: локацијата на операторот (регион/подрачје), количини на преодни залихи пренесени од претходниот месец, преземени и испорачани количини по видови и типови и залихи на крајот на месецот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 16 од 101 (4) Врз основа на месечните извештаи од ставот (3) на овој член, субјектите од ставот (1) на овој член подготвуваат годишен извештај и го доставуваат до Министерството најдоцна до 30 јануари во тековната година за претходната година. (5) Формата и содржината на обрасците за поднесување на извештаите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. 1-а.4. Контрола на стандарди за квалитет Член 16-ѕ Контрола на квалитет на брашно, анализа и суперанализа на примероци (1) Пред ставање во промет на брашното, контрола на квалитетот врши Агенцијата за храна и ветеринарство согласно со одредбите од овој закон и Законот за безбедност на храна. (2) До добивањето на резултатите од анализите операторите со брашно се должни да го чуваат брашното во приватни или јавни складишта. (3) Складиштата од ставот (2) на овој член треба да ги исполнуваат условите согласно со членот 23 став (3) од овој закон. (4) Анализа и суперанализа на земените примероци за контрола вршат овластени лаборатории. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата поднесен од операторот кој не е задоволен од резултатите од анализата. Член 16-и Овластени лаборатории (1) Лабораториите од членот 16-ѕ став (4) од овој закон ги овластува Министерството, доколку ги исполнуваат следниве услови: имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, имаат вработено најмалку едно лице со средно образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, располагаат со соодветни простории опремени со потребна опрема за вршење на анализите и суперанализите и да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за соодветните методи за вршење на анализи на квалитетот на брашно опфатени со овој закон. (2) Поблиските услови од ставот (1) алинеја 3 на овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 17 од 101 Член 16-ј Решение за овластување (1) За овластувањето од членот 16-и од овој закон, врз основа на поднесено барање Министерството донесува решение за овластени лаборатории, односно решение за одбивање на барањето. (2) Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за донесување решение за овластени лаборатории за вршење анализи на квалитетот на брашното е должно документите од членот 16–и став (1) алинеи 1, 2 и 4 по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (3) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од членот 16-и став (1) алинеи 1, 2 и 4 е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (4) Министерството во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение од ставот (1) на овој член. (5) Против решението за одбивање на барањето од ставот (1) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од членот 16-и од овој закон ги пропишува министерот во согласност со министерот за информатичко општество и администрација. (7) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (8) Министерството со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 16-и од овој закон. (9) Против решението од ставот (8) на овој член, лабораторијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 16-к Приговор на резултатите од анализата (1) При вршење контрола, начин на известување и роковите за доставување на резултатите од извршените анализи и доставувањето на приговорот се применуваат прописите од областа на безбедност на храна. (2) Трошоците за анализа на брашното се на товар на операторите со брашно. (3) По добивањето на резултатите, операторот со брашно во рок од 24 часа по нивното примање може да поднесе приговор до овластена лабораторија за суперанализа. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 18 од 101 (4) Трошоците за суперанализата се на товар на операторот со брашно, доколку добиените резултати соодветствуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија за анализа. (5) Резултатите од суперанализата се конечни. 2. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ 2.1. Стандарди за квалитет Член 17 (Квалитет на храна за животни) (1) На пазарот на храна за животни може да се стави во промет кабаста храна, зрнеста храна, храна од производи и споредни производи на прехранбената индустрија, храна од животинско потекло, минерална храна, мешана храна за животни и дополнителна крмна смеса која ги исполнува условите за квалитет утврдени со овој закон. (2) Храната за животни од ставот (1) на овој член може да биде чиста или мешана и може да содржи додатоци во дозволени количини. (3) Во промет се става храна за животни која ги исполнува условите за: производство, означување и пакување, следливост, дозволен рок на употреба, чување и транспортирање и исполнетост на барањата во поглед на составот и содржината согласно одредбите на овој закон. (4) Видовите на храна за животни која се става во промет, стандардите за квалитет, дозволените количини на додатоци во храната за животни, начинот на пакување, означување, транспорт и складирање, ги пропишува министерот. Член 18 (Кабаста храна) (1) Кабаста храна за животни e сено, слама, плева, лисник, лушпи, пченкарна шума, споредни производи од дехидрирана кабаста храна и мешавина од истите. (2) Кабастата храна за животни се става во промет како дехидрирана (вештачки загревана и/или сушена), продукти од дехидрирана, сушена на сонце и како протеински концентрат. (3) Кабастата храна за животни која се става во промет треба да исполнува стандарди за квалитет по однос на содржина на влага и содржина на сурови протеини во сува материја пропишани согласно со членот 17 став (4) од овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 19 од 101 Член 19 (Зрнеста храна) (1) Зрнеста храна за животни се житни зрна, легуминозни зрна и зрна од маслодајни култури. (2) Зрнестата храна за животни во прометот се става како непреработена и преработена. (3) Зрнестата храна за животни која се става во промет треба да исполнува стандарди за квалитет по однос на содржина на влага, хектолитарска маса и скроб пропишани согласно со членот 17 став (4) од овој закон. Член 20 (Храна за животни од прехранбената индустрија) (1) Храна за животни од прехранбената индустрија опфаќа производи и споредни производи од мелничарството, индустријата за скроб, индустријата на алкохоли и вриења, индустријата на шеќер и индустријата за масло. (2) Храната за животни од ставот (1) на овој член се става во промет како непреработена и преработена храна. (3) Храната за животни од ставот (1) на овој член која се става во промет треба да ги исполнува стандардите за квалитет пропишани согласно со членот 17 став (4) од овој закон. Член 21 (Храна за животни од животинско потекло) (1) Храна за животни од животинско потекло ги опфаќа производите кои се добиени од животни или преработка на суровини од животинско потекло. (2) Храната за животни од ставот (1) на овој член се става во промет како преработена и непреработена. (3) Храната за животни од ставот (1) на овој член која се става во промет треба да ги исполнува стандардите за квалитет пропишани согласно со членот 17 став (4) од овој закон. Член 22 (Минерална храна за животни ) (1) Минерална храна за животни е производ добиен од неоргански и органски соединенија. (2) Храната за животни од ставот (1) на овој член која се става во промет треба да ги исполнува стандардите за квалитет пропишани согласно со членот 17 став (4) од овој закон. Член 23 (Премикси) (1) Премикси, во смисла на овој закон, се производи со висока концентрација на витамини, минерални материи, други хранливи и други дозволени додатоци што служат за изработка на крмна смеса и дополнителна крмна смеса за исхрана на животните. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 20 од 101 (2) Премиксите од ставот (1) на овој член за сите или за одделни видови на животни се произведуваат и пуштаат во промет како: минерални премикси кои содржат мешавина на дозволени минерали, витамински премикси кои содржат само витамини, витаминско-минерални премикси кои содржат витамини и минерали и други премикси. (3) Храната за животни од ставот (1) на овој член треба да ги исполнува стандардите за квалитет пропишани во членот 17 став (4) на овој закон. Член 23-а (Потполна крмна смеса) (1) Потполна крмна смеса е мешана храна за животни која со својот состав во потполност ги задоволува потребите во исхраната за дневен оброк. (2) Храната за животни од ставот (1) на овој член треба да ги исполнува стандардите за квалитет пропишани во членот 17 став (4) од овој закон. Член 24 (Дополнителна крмна смеса) (1) Дополнителна крмна смеса е мешана храна за животни со висока содржина на одредени состојки која по својот состав ги задоволува потребите во исхраната за дневен оброк само ако се користи во комбинација со друга храна за животни. (2) Дополнителните крмни смеси од ставот (1) на овој член треба да ги исполнуваат стандардите за квалитет пропишани во членот 17 став (4) на овој закон. Член 25 (Мешана храна за животни) (1) Мешана храна за животни е смеса од поединечна растителна, растително животинска, животинска и минерална храна за животни со додатоци или без нив која делумно ги задоволува потребите во исхраната на различни видови и категории на животни. (2) Мешаната храна за животни во промет се става како премикс, крмна смеса за животни. (3) Храната за животни од ставот (1) на овој член треба да исполнува стандарди за квалитет пропишани во членот 17 став (4) на овој закон. 2.2. Пакување, означување транспорт и складирање на храната за животни Член 26 (Пакување) (1) Храната за животни се става во промет пакувана согласно со прописот од членот 17 став (4) на овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 21 од 101 (2) По исклучок од ставот (1) на овој член одделни видови на храна за животни може да се пуштат во промет непакувани, придружени со документ од членот 27 став (4) на овој закон. Член 27 (Означување и следливост на храната) (1) Храната за животни се става во промет означена согласно прописот од членот 17 став (4) на овој закон и придружена со соодветен документ за квалитет од ставот (4) на овај член. (2) Означувањето на пакуваната храна за животни треба да е јасно видливо, читливо, неизбришливо и прицврстено или трајно втиснато на пакувањето на начин што при отворањето на пакувањето ознаките видливо и трајно ќе се оштетат. (3) Операторите со храна за животни обезбедуваат следливост на храната за животни во сите фази на маркетинг. (4) Формата и содржината на придружниот документ за квалитетот на храната за животни ги пропишува министерот. Член 28 (Транспорт, складирање и чување) (1) Храната за животни се транспортира пакувана и непакувана со превозни средства кои ги исполнуваат условите согласно со прописот од членот 17 став (4) на овој закон. (2) Храната за животни се складира на начин и под услови кои обезбедуваат задржување на квалитетот. 2.3. Информативен систем Член 29 (Информативен систем) (1) За спроведување на политиките и следење на состојбите на пазарот со храна за животни, Министерството воспоставува информативен систем. (2) Информативниот систем за уредување на пазарот со храна за животни особено содржи податоци за: број на капацитети, производствени капацитети, откупени количини храна и суровини за храна, произведена количина на храна за животни по видови и категории на животни, продадени количини храна за животни, производители на храна и откупна и продажна цена. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 22 од 101 Член 30 (Евиденција и архивирање) (1) Капацитетите за производство и преработка на храна за животни водат евиденција за податоците од членот 29 став (2) на овој закон. (2) Податоците од ставот (1) на овој член се водат дневно, а за потребите на информативниот систем се доставуваат неделно до Министерството. (3) Евидентираните податоци од ставот (1) на овој член се архивираат и чуваат најмалку три години од датумот на нивното евидентирање. 2.4. Контрола на стандарди за квалитет Член 31 (Контрола на квалитет на храна за животни, анализа и суперанализа на примероци) (1) За контрола на квалитетот на храната за животни кои се ставаат во промет се врши анализа и суперанализа на земените примероци. (2) Контрола на квалитетот на храната за животни врши надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член контрола на квалитетот на храната за животни од животинско потекло од членот 21 на овој закон врши Агенцијата за храна и ветеринарство. (4) Анализа и суперанализа на земените примероци за контрола вршат овластени лаборатории. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата поднесен од операторот кој не е задоволен од резултатите од анализата. (5) Начинот на земање примероци и методите за анализа и суперанализа ги пропишува министерот. Член 32 (Овластени лаборатории) (1) Лабораториите од членот 31 став (4) на овој закон ги овластува министерството доколку ги исполнуваат следните услови: имаат вработено најмалку две лица со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку двегодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, располагаат со соодветни простории опремени со потребна опрема за вршење на анализите и суперанализи и да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за соодветните методи за вршење на анализи на храна за животни. (2) Поблиските услови од ставот (1) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 23 од 101 Член 33 (Решение за овластување) (1) За овластувањето од членот 32 од овој закон, врз основа на поднесено барање Министерството донесува решение за овластени лаборатории, односно решение за одбивање на барањето. (2) Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за донесување решение за овластени лаборатории за вршење анализи на квалитетот на храна за животни е должно документите од членот 32 став (1) алинеи 1 и 3 по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (3) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од членот 32 став (1) алинеи 1 и 3 е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (4) Министерството во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение од ставот (1) на овој член. (5) Против решението за одбивање на барањето од ставот (1) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од членот 32 од овој закон ги пропишува министерот во согласност со министерот за информатичко општество и администрација. (7) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (8) Министерството со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 32 од овој закон. (9) Против решението од ставот (8) на овој член, лабораторијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 34 (Приговор на резултатите од анализата) (1) На постапката при вршење контрола, начинот на известување и роковите за доставување на резултатите од извршените анализи и доставувањето на приговорот се применуваат одредбите на Законот за надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство и прописите за ветеринарно здравство. (2) Трошоците за анализа на квалитет на храна за животни се на товар на производителите и преработувачките капацитети. (3) По добивањето на резултатите, производителот и/или преработувачкиот капацитет во рок од 24 часа по нивното примање можат да поднесат приговор до овластена лабораторија за суперанализа. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 24 од 101 (4) Трошоците за суперанализата се на товар на производителот или преработувачкиот капацитет, доколку добиените резултати соодветствуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија за анализа. (5) Резултатите од суперанализата се конечни. 3. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК Член 35 (Свежо овошје и зеленчук) На пазарот на свежо овошје и зеленчук можат да се стават во промет сите видови на свежо овошје и зеленчук доколку ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. Член 36 (Ставање во промет) (1) Во промет се става свежо овошје и зеленчук кои ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет доколку се наменети за преработка и општиот пазарен стандард и специфичните пазарни стандарди за квалитет доколку се наменети за непосредна хумана консумација. (2) По исклучок, во промет можат да се стават свежо овошје и зеленчук кои не ги исполнуваат стандардите од ставот (1) на овој член, а кои се: наменети за исхрана на добиток или за непрехранбена употреба, предаваат на капацитети за доработка и пакување, објекти за складирање на капацитети за доработка и пакување и продаваат директно на крајниот потрошувач од земјоделско стопанство и/или во малопродажба во регионот на нивно производство. (3) Свежото овошје и зеленчукот од ставот (2) алинеја (1) на овој член се ставаат во промет доколку се соодветно означени во однос на нивната намена. (4) Стандардите за квалитет на свежо овошје и зеленчук од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Член 37 (Стандарди за пазарен квалитет) (1) Специфичните пазарни стандарди од членот 36 став (1) на овој закон се применуваат за производите од следниве видови на свежо овошје и зеленчук од членот 35 на овој закон: јаболка од видот Malus domestica Borkh., круши од видот Pyrus communis L., цитруси од видовите: лимони Citrus limon (L.) Burm. f., мандарини од видовите Citrus reticulata Blanco, Citrus unshiu Marcow., Citrus clementina Hort. ex Tan. и Citrus deliciosa TenCitrus tangerina Hort. ex Tan. и портокали од видот Citrus sinensis (L.) Osb., Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 25 од 101 праски и нектарини од видот Prunus persica Sieb. i Zucc., јагоди од видот Fragaria L., киви од видовите Actinidia chinensis (Planch.) или Actinidia deliciosa (A.Chev., C.F., Liang i A.R. Ferguson), трпезно грозје од видот Vitis vinifera L., домати од видовите Lycopersicon lycopersicum (L.) Karsten ex Farw./Lycopersicon esculentum Mill., пиперки од видот Capsicum annuum L. var. annuum., салата од видот Lactuca sativa L. и ендивија од видот Cichorium endivia L. (2) Општиот пазарен стандард од членот 36 став (1) на овој закон се применува на видовите на свежо овошје и зеленчук од членот 35 на овој закон, за кои не се применуваат специфичните пазарни стандарди од ставот (1) на овој член. Член 38 (Општ пазарен стандард) (1) Општиот пазарен стандард за свежо овошје и зеленчук ги содржи следниве критериуми: минимални барања за квалитет, минимални барања за зрелост, дозволени отстапувања и индикација на потеклото. (2) За исполнување на минималните барања за квалитет од ставот (1) алинеја 1 на овој член производите од свежо овошје и зеленчук треба да се: цели и неоштетени, здрави, без појава на процес на скапување, чисти, без присуство на видлива страна материја, незаразени од штетници, без оштетувања предизвикани од штетници, со нормална надворешна влага, без присуство на несвојствена миризба и/или вкус и во состојба која овозможува транспорт и манипулација. (3) За исполнување на минималните барања за зрелост од ставот (1) алинеја 2 на овој член свежото овошје и зеленчук треба да е доволно развиено со степен на зрелост која овозможува дозревање до задоволителен степен за консумација. (4) Дозволените отстапување од ставот (1) алинеја 3 на овој член, за секоја серија свежо овошје и зеленчук е најмногу 10% во однос на бројот или тежината на производите кои нема да ги задоволуваат минималните барања за квалитет од ставот (2) на овој член, освен производите кои започнале да скапуваат и/или да се распаѓаат. (5) Индикација на потеклото од ставот (1) алинеја 4 на овој член е целосното име на земјата на потекло напишано на јазик разбирлив за крајните потрошувачи. Член 39 (Специфични пазарни стандарди) (1) Специфичните пазарни стандарди за производи од свежо овошје и зеленчук се однесуваат на дефинирање на производот, неговиот изглед и големина, дозволените отстапувања и означување. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 26 од 101 (2) Дефиницијата на производот од ставот (1) на овој член особено содржи име на видот, комерцијален тип и сорта. (3) Стандардите за квалитет од ставот (1) на овој член вклучуваат минимални услови за квалитет и зрелост, како и класи на квалитет. (4) Класите за квалитет од ставот (3) на овој член се: “екстра“ класа за производи со супериорен квалитет, карактеристични за сортата и/или комерцијалниот тип, без деформации или со минимални површински деформации, кои не влијаат врз општиот изглед на производот, неговиот квалитет, чувањето и изгледот на пакувањето, I класа за производи со добар квалитет, карактеристични за сортата и/или комерцијалниот тип, со мали деформации кои не влијаат врз општиот изглед на производот, неговиот квалитет, чувањето и изгледот на пакувањето и II класа за производи кои ги задоволуваат минималните барања за квалитет и не ги исполнуваат условите за вклучување во класите од алинеите 1 и 2 на овој став, со деформации кои не ги менуваат основните карактеристики во поглед на квалитетот, задржувањето на квалитетот и изгледот на пакувањето. (5) Стандардите за големина од ставот (1) на овој член се изразуваат со минимален и максимален дијаметар на плодот во mm или маса во g, како и со дозволени отстапувања во однос на големината на плодовите изразени во %. (6) Стандардите за дозволените отстапувања од ставот (1) на овој член се однесуваат на дозволените отстапувања во однос на класата на квалитет и во однос на масата во рамките на индивидуалното пакување. (7) Стандардите во однос на изгледот од ставот (1) на овој член ги дефинираат условите за униформност, пакување и изглед на производите од свежо овошје и зеленчук. (8) Стандардите за означување од ставот (1) на овој член ги содржат најмалку следниве групи на податоци читливо, трајно и видливо обележани на надворешноста на пакувањето: називот/името и седиштето/адресата на правното или физичкото лице кое ги пакува и/или испорачува производите, име на вид, сорта и комерцијален тип на производот, земјата на потекло и класа на производот и големина на производот изразена во максимални и минимални вредности на дијаметар или маса. Член 40 (Пакување, означување и информации за потрошувачи) (1) Свежото овошје и зеленчук се става во промет како непакувано и пакувано и соодветно означено со податоците од членовите 38 став (1) и 39 став (8) на овој закон. Пакувањата се означуваат читливо на видно место на едната страна од пакувањето и тоа како трајно отпечатени директно на пакувањето со етикета, која може да е составен дел од пакувањето или да е неделиво прикачена на истото. (2) За производи кои се испорачуваат рефус и се товараат директно на превозно средство, податоците од ставот (1) на овој член се наведуваат во документ кој ги придружува производите или во документ истакнат на видно место во превозното средство. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 27 од 101 (3) Во малопродажба, кога производите се продаваат пакувани, податоците се прикажани согласно со ставот (1) на овој член и задолжително се однесуваат на потеклото на производот, а можат да содржат и податоци во однос на класата, сортата и комерцијалниот тип на производот. (4) При продажба на непакувани производи, групата производ видно се означува со податоците од ставот (3) на овој член. Член 41 (Мешавини) Пакувањата кои содржат мешавина од различни видови на свежо овошје и зеленчук од членот 35 на овој закон со нето маса до пет kg можат да се ставаат во промет, ако се со ист квалитет, секој производ ги исполнува условите на соодветниот специфичен пазарен стандард и/или општиот пазарен стандард и ако пакувањето е означено во согласност со членот 40 став (1) од овој закон и содржината на мешавината е јасно декларирана и не ги доведува во заблуда потрошувачите. 3.1. Информативен систем на пазарот на свежо овошје и зеленчук Член 42 (Информативен систем) (1) За спроведување на политиките и следење на состојбите на пазарот на свежо овошје и зеленчук, Министерството воспоставува информативен систем и води евиденција на операторите кои се занимаваат со откуп и продажба на видовите свежо овошје и зеленчук од членот 35 на овој закон. (2) Операторите од ставот (1) на овој член доставуваат месечни извештаи до петтиот ден во тековниот за претходниот месец и годишен извештај до 31 јануари во тековната за претходната година. Податоците се однесуваат на количините на откупени, продадени и складирани количини свежо овошје и зеленчук по видови, сорти и класи, како и нивното потекло. (3) Во рамките на информативниот систем од ставот (1) на овој член се евидентираат и податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. (4) Формата и содржината на обрасците за поднесување на извештаите од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот. Член 43 (Контрола на квалитет на свежо овошје и зеленчук) (1) Контрола на квалитетот на свежото овошје и зеленчукот ја врши надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. (2) Контролата од ставот (1) на овој член се врши на специфичните пазарни стандарди од членот 39 на овој закон и општиот пазарен стандард од членот 38 на овој закон. (3) Начинот и методите за вршење на контрола на квалитетот од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 28 од 101 4. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ЈАЈЦА И МЕСО ОД ЖИВИНА Член 44 (Пазар на јајца и живина) (1) На пазарот на јајца и месо од живина може да се стават во промет јајца и месо од живина ако ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. (2) Јајцата од ставот (1) на овој член според начинот на нивно користење се делат на: јајца кои се ставаат во промет и се наменети за директна хумана исхрана или како суровина за прехранбената и непрехранбената индустрија и јајца за инкубација наменети за добивање на пилиња. Член 45 (Класирање на јајца) (1) Јајцата што се ставаат во промет се класираат според квалитетот и масата. (2) Според квалитетот јајцата се класираат во класа А или “свежи јајца” и класа Б. (3) Јајцата од класата А се наменети за директна хумана исхрана, а јајцата од класата Б се наменети само за прехранбена и непрехранбена индустрија. (4) Јајцата од класата А според масата се класираат во: XL - многу големи 73 g и повеќе, L - големи од 63 g до 73 g, M - средни (медиум) од 53 g до 63 g и S - мали под 53 g. Член 46 (Квалитативни својства на јајцата) (1) Јајцата кои се ставаат во промет од класата А треба да ги имаат следниве минимални карактеристики: нормални, чисти и неоштетени лушпа и мембрани, фиксиран и неподвижен воздушен меур со висина која не надминува 6 mm, чист, јасен и проѕирен белтак, со нумеричка вредност на Хофови единици (Hough units) над 55, жолток видлив при просветлување само како сенка, без јасно забележливи граници - рабови, малку подвижен при ротација на јајцето по што се враќа во централна позиција и задоволителна обоеност изразена во мерни единици по скалата на Рош (Roche) од 1 до 15, незабележителен развој на герминални клетки (зародиш) и без присуство на надворешни материи и мирис. (2) Јајцата од класата А од членот 45 став (4) на овој закон кај кои воздушниот меур не е поголем од 4 mm можат да бидат предмет на маркетинг како “екстра”. (3) Јајцата од класата А не треба да бидат предмет на каков било третман, а во фазата на маркетинг не треба да бидат разладувани на температурата под 5°C во времетраење подолго од 72 часа. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 29 од 101 (4) Јајца од класата Б се јајца кои не ги исполнуваат критериумите за квалитет наведени во ставот (1) од овој член. (5) Јајцата од класата А кои повеќе ги немаат карактеристиките од ставот (1) на овој член се прекласираат во класа Б. Член 47 (Месо од живина) (1) Месото од живина наменето за директна хумана исхрана во промет се става во форма на цели трупови или конфекционирани делови од труп, како: свежо или оладено, замрзнато и брзо замрзнато. (2) Целите трупови на пазарот се пласираат како: парцијално евисцерирани, со внатрешни органи за хумана исхрана и без внатрешни органи за хумана исхрана. (3) Парцијално евисцерираните трупови се трупови од кои не се отстранети срцето, црниот дроб, белите дробови, мускулестиот желудник, бапката и бубрезите. (4) Доколку на труповите од ставот (2) на овој член не се отстранети главата, трахејата, езофагусот и бапката можат да останат задржани во состав на трупот. (5) Јадливи внатрешни органи се срце, мускулест желудник без рожна мембрана и внатрешната содржина, црниот дроб со отстрането жолчно кесе и бубрези. (6) Месото од живина од ставот (1) на овој член може да се третира само со третман на ладење. (7) Ознаките во однос на начинот за чување кои се употребуваат за идентификување на месо од живина и нивните дефиниции ги пропишува министерот. Член 47-а (Претпакувано месо од живина) (1) Претпакуваното месо од живина наменето за пазар е со неменлива номинална маса (тежина) утврдена од страна на пакувачот која не е помала од 5 г и поголема од 10 кг. (2) На секое претпакување на месо од живина треба да е наведена утврдената номинална тежина. (3) Претпакуваното месо од живина може да содржи еден цел труп или еден или повеќе исти конфекционирани делови од труп од ист вид живина. Член 48 (Минимални карактеристики и класирање на месо од живина) (1) Месото од живина мора да ги исполнува следниве минимални карактеристики: да е интактно и кожата да не е скината никаде, Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 30 од 101 да е чисто, без туѓи материи или крв, без туѓи мириси, без видливи крвни дамки, без скршени коски и без нагласени нагмечености. (2) Свежото месо од живина не треба да има знаци на претходно смрзнување. (3) Месото од живина наменето за пазар се класира според квалитетот во класа А и класа Б. (4) Квалитетот на месото од живина се одредува според критериумите за конформацијата на трупот кои се однесуваат на развиеноста на трупот и неговите делови и содржина на масен слој, како и неговиот изглед, оштетувања, боја и други визуелни карактеристики. (5) За да биде класирано во класа А месото од живина, покрај минималните карактеристики од ставовите (1) и (2) на овој член, треба да ги задоволува критериумите од ставот (4) на овој член. (6) Критериумите од ставот (4) на овој член и начинот на класификација од ставот (5) на овој член подетално ги пропишува министерот. Член 48-а (Класирање на претпакуваното месо од живина) (1) Претпакуваното замрзнато или брзо замрзнато месо од живина според номиналната тежина се класира како: а) за цели трупови: помали од 1.100 g, во класи по 50 g, од 1.100 до 2.400 g, во класи по 100 g и над 2.400 g, во класи по 200 g и б) за конфекционирани делови од труп: помали од 1.100 g, во класи по 50 g и над 1.100 g, во класи по 100 g. Член 49 (Вода и содржина на вода) (1) Замрзнатото и брзо замрзнатото месо од живина, свежите, замрзнатите и брзо замрзнатите конфекционирани делови од труп наменети за пазар во однос на содржината на вода не треба да ги надминува технички -неизбежните вредности. (2) За проверка на технички - неизбежните вредности на содржината на вода кланичните капацитети: земаат примероци за следење на апсорпцијата на вода за време на ладењето и за содржината на вода, водат евиденција на резултатите од контролите и ги архивираат за период од една година и ја обележуваат секоја серија на начин со кој може да се одреди датумот на производство. (3) Максималните граници на содржината на апсорбираната вода од ставот (2) алинеја 1 на овој член изразена како процент од вкупната маса на трупот пред ладењето се: 0,0% при воздушно ладење, Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 31 од 101 2,0% при воздушно ладење со успрејување со вода и 4,5% при водено ладење со потопување. (4) Проверката од ставот (2) на овој член ја спроведуваат кланичните капацитети преку утврдување на апсорпцијата на вода најмалку еднаш во тек на осумчасовна работна смена. (5) Во случај кога со проверката од ставот (2) на овој член се утврди дека се исполнети критериумите за технички - неизбежните вредности на содржината на вода во период од шест месеци, временската рамка за проверка наведена во ставот (4) на овој член се намалува на еднаш месечно. (6) Во случај кога со контрола со намален интензитет од ставот (5) на овој член се утврди неисполнување на критериумите за технички - неизбежните вредности на содржина на вода, повторно се воспоставува временската рамка за контрола од ставот (4) на овој член. (7) Содржината на апсорбирана вода на замрзнати и брзо замрзнати цели трупови за време на процесот на обработка се утврдува преку просечната загуба на вода при одмрзнувањето. (8) Максималните граници на содржината на апсорбирана вода од ставот (7) на овој член изразени како процент од вкупната маса на трупот се: 1,5% при воздушно ладење, 3,3% при воздушно ладење со успрејување со вода и 5,1% при водено ладење со потопување. (9) Методот за апсорпција на вода во кланични капацитети од ставот (2) на овој член и методот за утврдување на просечната загуба на вода при одмрзнувањето од ставот (7) на овој член ги пропишува министерот. Член 50 (Означување на јајцата) (1) Јајцата наменети за пазар треба да бидат соодветно означени. (2) Јајцата од класата А треба да бидат означени со производен код кој содржи регистарски податоци согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. (3) Јајцата од класата Б се означуваат со буквата Б, испишана со латинско писмо. (4) Означувањето од ставот (1) од овој член се врши во производната единица или во првиот центар за пакување во кој се доставуваат јајцата. (5) По исклучок од ставот (1) на овој член производители кои одгледуваат помалку од 50 несилки и ги продаваат јајцата од сопствено производство на зелените пазари или од местото на производство можат да продаваат неозначени јајца. На местото на продажба треба јасно да се истакнати името и адресата на произведувачот. (6) По исклучок од ставот (3) на овој член јајцата од класата Б можат да бидат неозначени доколку се доставуваат директно до прехранбената и непрехранбената индустрија на внатрешниот пазар и дестинацијата е јасно означена на пакувањата или кога поради технички причини не е можно да се изврши означување на скршени или нечисти јајца. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 32 од 101 (7) Јајцата наменети за инкубација треба да бидат соодветно означени со производен код кој содржи регистарски податоци согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. (8) Означувањето од ставот (7) на овој член се врши во производната единица или, по исклучок, во инкубаторската станица во која се доставуваат јајцата за инкубација. (9) Начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките од ставовите (2), (3) и (7) на овој член ги пропишува министерот. Член 51 (Центри за пакување) (1) Центрите за пакување ги класираат, означуваат и пакуваат јајцата и ги обележуваат пакувањата. (2) Центрите за пакување треба да располагаат со соодветни објекти и простории, кои се: со површини соодветни на големината на активностите кои ги извршуваат, изградени и опремени да обезбедуваат соодветно осветлување и вентилирање, правилно чистење и дезинфекција, како и заштита на јајцата од големи промени на надворешната температура и наменети за манипулација и чување, односно складирање на јајцата. (3) По исклучок од ставот (2) алинеја 3 на овој член дел од објектите односно просториите може да бидат наменети и употребени за складирање на други производи само под услов овие продукти да не испуштаат и оддаваат, односно пренесуваат на јајцата надворешни мириси. (4) За обезбедување на правилна манипулација со јајцата, центрите за пакување треба да се технички опремени, особено со: соодветна опрема за континуирано и индивидуално лампирање (просветлување), опрема за мерење на висината на воздушниот меур, опрема за класирање на јајцата по маса (тежина), една или повеќе одобрени (баждарени) ваги за мерење на јајцата, опрема за означување на јајцата и опрема за обележување на пакувањата. (5) Центрите за пакување од ставот (1) на овој член ги одобрува Агенцијата за храна и ветеринарство согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. Член 52 (Временско ограничување за класирање, означување, пакување на јајца и обележување на пакувањата) (1) Јајцата треба да се класирани, означени и пакувани не подоцна од десет дена од нивното снесување. (2) Јајцата од членот 45 став (2) на овој закон (“екстра“) се класираат, означуваат и пакуваат не подоцна од четири дена од нивното снесување. (3) При пакувањето на јајцата треба да се наведе рокот на траење. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 33 од 101 Член 53 (Обележување на транспортните пакувања на јајца, јајца за инкубација и пилиња) (1) Секое транспортно пакување на јајца на производната единица производителот го обележува со: име и адреса на производителот, регистарски податоци согласно со одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој, бројот и/или вкупната маса на јајцата, дата или период на снесување и дата на испорака, доколку во ист производен круг има производна единица и центар за пакување обележувањето може да биде извршено во самиот центар за пакување. (2) Секое транспортно пакување на јајца за инкубација на производната единица производителот го обележува со: земјата на потекло, ознаката „за инкубација“, име и адреса на производителот, регистарски податоци согласно со одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој, бројот на јајцата за инкубација, дата или период на снесување, дата на испорака и име и адреса на примачот. (3) Секое транспортно пакување за пилиња содржи пилиња само од еден ист вид, тип и категорија на живина, произведени во иста инкубаторска станица и на надворешната страна лесно видливо и јасно разбирливо се обележува со букви и бројки од црна боја со висина од 20 mm и ширина од 10 mm, со следниве податоци: земјата на потекло, регистарски податоци на инкубаторската станица прописите од областа на ветеринарното здравство, видот на живината (пилињата), име и адреса на испорачателот, бројот на пилиња според вид, категорија и тип на живина, дата на испорака и име и адреса на примачот. (4) Информациите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член треба да бидат содржани и во придружните документи на транспортот. Копија од придружните документи на транспортот треба да се архивира на местото на доставување на јајцата, а оригиналните придружни документи на транспортот треба да се архивираат од центарот за пакување кој ги класирал јајцата или производната единица која ги произвела јајцата за инкубација или пилињата. (5) Во услови кога еден собирач јајцата ги доставува на повеќе оператори, придружните документи може да бидат заменети со соодветно обележување на транспортното пакување, кое ги содржи сите погоре наведени информации. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 34 од 101 (6) Обележувањата на транспортните пакувања треба да останат јасно видливи и не смеат да бидат изменети ниту вадени се до моментот кога: јајцата од овие пакување наменети за пазар одат на класирање, означување и пакување, јајцата за инкубација од овие пакување ќе бидат внесени во инкубација и пилињата од овие пакување ќе стигнат на крајната дестинација (фарма) на примачот. Член 54 (Обележување на пакувањата) (1) Обележувањето на пакувањата на јајца се врши на надворешната страна и треба да е лесно видливо и јасно разбирливо. Пакувањата треба да се осигурени со бела лента или налепница која ги содржи истите податоци наведени на пакувањето и видливо се оштетува при отворањето на пакувањето. (2) Пакувањата на јајца од класата А се обележуваат со: регистарски податоци на центарот за пакување согласно со одредбите од прописите од областа на безбедноста на храна. класа според квалитет, односно “класа А“ или само буквата “А” самостојно или во комбинација со ознаката “свежи”, класа според маса согласно со членот 45 став (4) од овој закон, рок на траење, услови за складирање и чување и препорака за потрошувачите за чување на јајцата по купувањето. (3) Во случај кога јајца од класата А со различна маса се пакувани во исто пакување, пакувањето треба да биде обележено со “јајца со различна големина” и да биде наведена минималната нето маса на јајцата во грамови. (4) Пакувањата на јајца од класата А се обележуваат и во однос на методот на одгледување со термините “јајца од слободно држени несилки“, “јајца од поден систем“ и “јајца од кафез“ согласно со одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните. Пакувањата во однос на методот на одгледување може и дополнително да се обележат. Јајцата од класата А се обележуваат со “органски“, доколку се произведени во согласност со одредбите од Законот за органско земјоделско производство. (5) На пакувањето на јајцата од класата А треба да е појаснет производниот код со кој се означени јајцата. (6) Пакувањата на јајца од класата Б се обележуваат со: регистарски податоци на центарот за пакување согласно со одредбите од прописите од областа на безбедност на храната. класа според квалитет, односно “класа Б” или само буквата “Б” и дата на пакување. (7) Начинот на обележување на пакувањата на јајца, ознаките и употребата на ознаките од овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 35 од 101 Член 55 (Обележување на рокот на траење) (1) Рокот на траење од членот 52 став (3) на овој закон се обележува со терминот “употребливо до ...“ и со: датумот изразен во бројки од 1 до 31 и месецот изразен во бројки од 1 до 12. (2) Рокот на траење е датата до која јајцата од класата А остануваат со карактеристиките од членот 46 на овој закон при соодветно чување, односно складирање. (3) Максималниот рок на траење е не повеќе од 28 дена по денот на снесување. Доколку е наведен период на снесување, рокот на траење ќе биде одреден од првиот ден на тој период. Член 56 (Пакувања обележени како “екстра”) (1) Пакувањата на јајца од класата А се до деветтиот ден по снесувањето може да се обележат со терминот “екстра” наведен на белата лента или налепница, како додаток на обележувањето за квалитет. (2) Пакувањата од ставот (1) на овој член, покрај рокот на траење треба да се обележени и со датумот на снесување на јајцата и временскиот лимит од девет дена. Член 57 (Пакувања обележени според начин на исхрана на несилките) (1) Пакувањата на јајца од класа А може дополнително да се обележат според начинот на исхрана на несилките. Дополнителното обележување содржи податоци за житариците употребени како суровина во смесата за исхрана на несилките само доколку тие учествуваат со најмалку 60% од вкупната тежина на рецептурата за смесата, која може да вклучува не повеќе од 15% споредни производи од житарици. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, онаму каде што податоците се наведени за специфична житарица, истата треба да има учество од најмалку 30% во формулацијата за смесата за исхрана на несилките, или ако се наведуваат податоци за повеќе житарици, секоја од нив треба да е застапена со најмалку 5% во формулацијата за смесата за исхрана на несилките. Член 58 (Квалитет на пакувањата) Пакувањата, вклучувајќи го внатрешниот материјал за пакување, треба да бидат отпорни на негативни надворешни влијанија, суви, чисти и во добра состојба, и да бидат направени од материјали кои го штитат јајцето од надворешни мириси и од ризик од надворешни влијанија кои го влошуваат квалитетот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 36 од 101 Член 59 (Обележување на пакувањата со индустриски јајца) (1) Обележувањето на пакувањата на индустриски јајца се врши на надворешната страна и треба да е лесно видливо и јасно разбирливо. Пакувањата треба да се осигурени со црвена лента или налепница која ги содржи истите податоци наведени на пакувањето и видливо се оштетува при отворањето на пакувањето. (2) На пакувањата на индустриските јајца се наведени следниве податоци: име и адреса на операторот за кого се наменети јајцата, име и адреса на операторот кој ги доставува јајцата и терминот “ИНДУСТРИСКИ ЈАЈЦА” со големи букви со висина од најмалку 2 cm и зборовите “не е за хумана исхрана” со букви со висина од најмалку 8 mm. Член 60 (Препакување) Препакувањето на пакуваните јајца од класата А се врши само во центри за пакување. Секое препакување содржи јајца од иста серија. Член 61 (Информации при слободна продажба на јајца) При слободна продажба на јајца се наведуваат информации за класа според квалитет, класа според маса, метод на одгледување, објаснување на производниот код и рокот на траење во форма која е лесно видлива и јасно разбирлива за потрошувачот. Член 62 (Идентификација на месото од живина) (1) Месото од живина наменето за пазар, покрај означувањето во согласност со прописите за безбедност на храната, треба да е соодветно идентификувано со термините од членот 47 став (7) на овој закон. (2) За идентификување на месото од живина наменето за пазар може да се употребуваат и термини од овој закон кои не се дефинирани во ставот (1) на овој член, под услов истите да не го доведуваат во заблуда крајниот потрошувач. (3) Идентификувањето на месото од живина наменето за пазар задолжително ги содржи: податоците во однос на класата од членот 48 став (3) на овој закон, состојбата во која месото од живина се става во промет од членот 47 став (1) на овој закон, вклучително и препорачливата температура на чување и рокот на траење. (4) Рокот на траење на свежото месо од живина се означува со ознаката “употребливо до“ придружена со датумот, изразен во бројки од 1 до 31 и месецот изразен во бројки од 1 до 12 и годината на производство. (5) Кај претпакуваното месо од живина се наведуваат и следниве податоци: класата од членот 48 став (3) на овој закон, Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 37 од 101 во случај на свежо месо од живина во малопродажба, вкупната цена и цената по тежинска единица, состојбата во која месото од живина се става во промет од членот 47 став (1) на овој закон, утврдената номинална тежина, број на одобрение на кланичниот капацитет и во случај на месо од живина увезено од трети земји, индикација на земјата на потекло. (6) Месото од живина при продажба како непретпакувано месо на крајниот потрошувач во малопродажба, треба да е идентификувано со податоци за името на производот, составот, рокот на траење и податоци за потеклото. (7) По исклучок од ставовите (3), (4) и (5) на овој член, месото од живина може да биде неидентификувано доколку се доставува до кланични или капацитети за конфекционирање. Член 63 (Дополнително идентификување на месо од живина) (1) Месото од живина наменето за пазар може дополнително да се идентификува во однос на начинот на ладење и начинот на одгледување. (2) Начинот на идентификување од ставот (1) на овој член ознаките и нивната употреба ги пропишува министерот. Член 64 (Информативен систем) (1) За спроведување на политиките на пазарот со јајца, вклучително и јајца за инкубација и пилиња и месо од живина, Министерството воспоставува информативен систем за уредување на пазарот со јајца и месо од живина. (2) Информативниот систем од ставот (1) на овој член особено содржи: број и производствени капацитети на производителите и одгледувачите на живина, вклучително и родителска живина, метод на одгледување, произведени и продадени количини месо од живина и јајца, јајца за инкубација и пилиња, податоци за собирачите и инкубаторските станици, податоци за откупени и продадени количини (број и/или тежина) јајца од собирачите, податоци за центрите за пакување, податоци за откупени и продадени количини (број и/или тежина) јајца од центрите за пакување, податоци за кланичните капацитети, податоци за откупени и продадени количини од кланичните капацитети, податоци за откупени и внесени во инкубатор јајца за инкубација и продадени количини (број) на јајца за инкубација и пилиња по вид, тип и категорија на живина, податоци за продадени јајца извадени од инкубацијата и продажната цена на јајцата, месото од живина и јајцата за инкубација и пилињата. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 38 од 101 Член 65 (Евиденција и архивирање на податоците од производителите и одгледувачите на живина и производителите на јајца за инкубација одгледувачите на родителска живина) (1) Производителите и одгледувачите на живина ги евидентираат и архивираат следниве податоци: 1) информации за метод на одгледување; 2) датумот на вселување, возраста при вселување и бројот на вселени пилиња/несилки; 3) датумот на шкартирање и бројот на шкартирани несилки; 4) информации за начинот на исхрана, со специфика за: количината, типот и потеклото на храна доставена и/или измешана (произведена) на самото место и датумот на доставување на храната; 5) количини (број и/или тежина) на произведени и продадените пилиња и продадените и/или доставени јајца по денови и 6) името и адресата на купувачот. (2) Производителите и одгледувачите на родителска живина ги евидентираат и архивираат следниве податоци: 1) информации за видот, категоријата (дедовска, родителска или комерцијална живина) и типот (бројлерски, јајценосен, комбиниран); 2) датумот на вселување, возраста при вселување и бројот на вселени пилиња/дедовци, родители; 3) смртност, датумот на шкартирање и бројот на шкартирана живина; 4) информации за: количината, типот и потеклото на храна доставена и/или измешана (произведена) на самото место и датумот на доставување на храната; 5) количини (број) на произведени и продадените пилиња и продадените и/или доставени јајца за инкубација по денови и 6) името и адресата на купувачот. (3) Доколку на иста производна единица се користат различни методи на одгледување, информациите наведени во ставот (1) точка 1 на овој член треба да се евидентираат за секој објект одделно. (4) Во случај на слободен начин на одгледување се евидентира податок за датата на која птиците се пуштени во испуст за првпат. (5) Податоците од ставовите (1) и (2) на овој член се водат дневно, а за потребите на информативниот систем се доставуваат неделно. Член 66 (Евиденција и архивирање на податоците од собирачите, центрите за пакување и инкубаторските станици) (1) Собирачите ги евидентираат и архивираат следниве податоци: количините (број и/или тежина) на купени јајца од секој произведувач одделно, со податоци за името, адресата и единствениот идентификациски број на земјоделското стопанство (во натамошниот текст: ИДБР) на произведувачот и датумот или периодот на снесување и Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 39 од 101 количините (број и/или тежина) на јајца продадени на центри за пакување, за секој центар за пакување одделно, со податок за единствениот идентификациски број на центрите за пакување и датумот или периодот на снесување. (2) Центрите за пакување треба да ги евидентираат и архивираат следниве податоци: количините (број и/или тежина) на купените/примените некласираните јајца, за секој произведувач одделно, со податоци за името, адресата и ИДБР на произведувачот и датумот или периодот на снесување, количините (број и/или тежина) на некласирани јајца, количините (број и/или тежина) на класирани јајца и количините (број и/или тежина) на продадените јајца, класирани по квалитет и по маса, со податоци за рок на траење за јајцата од класата А, датум на пакување за јајцата од класата Б, за секоја продажба одделно. (3) Инкубаторските станици ги евидентираат и архивираат следниве податоци: информации за видот, категоријата (дедовска, родителска или комерцијална живина) и типот (бројлерски, јајценосен, комбиниран) на инкубираните јајца, датумот на внесување во инкубатор и количини (број) на јајца внесени во инкубаторот, произведени и продадени пилиња. (4) Во случај на дополнително обележување на пакувањата по однос на начинот на исхрана на несилките, податоците од ставот (2) на овој член се чуваат одделно. (5) За секоја продажба се евидентираат и податоци за називот и адресата на купувачот. (6) Податоците од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член се водат дневно, а за потребите на информативниот систем се доставуваат неделно. Член 67 (Евиденција и архивирање на податоците од кланични капацитети) (1) Кланичните капацитети евидентираат и архивираат податоци за одгледувачите на живина, кои покрај методот на одгледување треба да содржат и податоци за количините (број и/или тежина) на купената/примената и заклана жива живина, за секој произведувач одделно, со податоци за името, адресата и ИДБР на одгледувачот на живина и датумот на вселување. (2) Кланичните капацитети евидентираат и архивираат податоци за купувачите, кои покрај методот на одгледување треба да содржат и податоци за количините (број и/или тежина) на продадено/примено месо од живина, за секој купувач одделно, со податоци за името, адресата и единствениот идентификациски број на купувачот и датумот на продажба. (3) Покрај податоците од ставовите (1) и (2) на овој член кланичните капацитети доставуваат и податок за продажна цена на целите трупови. (4) Податоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член се водат дневно, а за потребите на информативниот систем се доставуваат неделно. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 40 од 101 Член 68 (Архивирање на податоците) (1) Евидентираните податоци од членот 64 на овој закон се архивираат и чуваат трајно. (2) Евидентираните податоци од членовите 65, 66 и 67 на овој закон се архивираат и чуваат најмалку 12 месеци од датумот на нивното евидентирање. Член 69 (Инспекциска контрола на операторите со јајца, операторите со родителски фарми и инкубаторски станици) (1) За потребите на утврдување на усогласеноста на работењето на операторите со јајца, операторите со родителски фарми и инкубаторски станици со овој дел на законот, покрај инспекциските контроли по случаен избор операторите ќе бидат предмет на одреден број на инспекциски контроли од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во зависност од анализата на ризикот од официјалниот ветеринар. (2) Анализата на ризикот од ставот (1) на овој член особено ги зема предвид: резултатите од претходните инспекциски контроли, комплексноста на маркетинг каналите каде што се движат јајцата наменети за пазар, јајцата за инкубација и пилињата, степенот на сегментација во производниот капацитет или центарот за пакување, количината на произведени или спакувани јајца наменети за пазар, јајца за инкубација и пилиња и значителните промени на операторот од претходните години во однос на видот на производство, начинот на одгледување или методите на маркетинг. (3) Инспекциските контроли не се најавуваат и може да се извршуваат истовремено со другите контроли согласно со овој закон. (4) Податоците наведени во членовите 65 и 67 на овој закон се ставаат на располагање на официјалниот ветеринар на негово барање. Член 70 (Толеранција на неусогласеност во квалитет, маса и обележување) (1) При контрола на серии на јајцата од класата А се дозволени следниве толеранции за неусогласеност во однос на квалитетот: 5% од јајцата во центарот за пакување во моментот пред самото доставување и 7% од јајцата во другите фази на маркетинг. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член кај јајцата кои се предмет на маркетинг како “екстра” не е дозволена толеранција за висината на воздушниот меур во која било фаза од маркетингот. (3) При контрола на серии на јајца од класата А се дозволени толеранции за неусогласеност во однос на масата по поединечно јајце. Сериите можат да содржат не повеќе од 10% од јајцата од првата повисока класа и не повеќе од 5% од јајцата од првата пониска класа од онаа класа која е обележена на пакувањето. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 41 од 101 (4) Кога серијата која е предмет на проверка содржи помалку од 180 јајца, вредностите на толеранција наведени во ставовите (1) и (3) на овој член се двојно поголеми. Член 71 (Пуштање во промет) Јајцата од класата Б увезени од други земји ќе бидат пуштени во слободен промет само по проверка за време на царинската постапка дали нивната финална дестинација е преработувачката индустрија. Член 72 (Инспекциска контрола на месо од живина) (1) За потребите на утврдување на усогласеноста со одредбите од членовите 48 и 49 на овој закон, официјалните ветеринари вршат инспекциски контроли во рамките на редовните контроли определени со закон. (2) Контролите од ставот (1) на овој член на квалитетот на месото од живина се вршат на примерок земен во кланичните капацитети, местата за презентација, понуда, продажба, доставување, складирање, пакување, обележување и секоја друга форма на маркетинг, или во случај на увоз, за време на царинската постапка. (3) При увоз на месо од живина, контролите од ставот (1) на овој член се вршат за време на прегледот и проверките при увоз и пред пуштање на производите во слободна циркулација на пазарот на Република Македонија. Член 73 (Инспекциска контрола на квалитет на месо од живина) (1) Инспекциска контрола на квалитет на месо од живина се врши на примерок на месото од живина кој се зема за секоја поединечна серија во зависност од големината на серијата, и тоа: 30 примероци од серии со големина од 100 до 500 парчиња, 50 примероци од серии со големина од 501 до 3.200 парчиња и 80 примероци од серии со големина над 3.200 парчиња. (2) При инспекциските контроли на серии на конфекционирани делови на месо од живина од класата А, дозволениот вкупен број на дефектни единици е: пет за примерокот од ставот (1) алинеја 1 на овој член, седум за примерокот од ставот (1) алинеја 2 на овој член и десет за примерокот од ставот (1) алинеја 3 на овој член. (3) При инспекциските контроли на серии на цели трупови месо од живина од класата А, дозволениот вкупен број на дефектни единици е: два за примерокот од ставот (1) алинеја 1 на овој член, три за примерокот од ставот (1) алинеја 2 на овој член и четири за примерокот од ставот (1) алинеја 3 на овој член. (4) При инспекциските контроли на серии од класата Б на месо од живина, дозволениот вкупен толерантен број на дефектни единици е двојно поголем од вредностите наведени во ставовите (2) и (3) на овој член. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 42 од 101 (5) Во случај кога контролираните серии го надминуваат дозволениот вкупен број на дефектни единици, истите се повлекуваат од пазарот. (6) Начинот на изведување на инспекциска контрола на квалитетот на препакувано месо од живина го пропишува министерот. Член 74 (Инспекциска контрола на содржина на вода во месо) (1) За контрола на квалитетот на месото од живина и свежите, замрзнатите и брзо замрзнатите конфекционирани делови од труп во кланични капацитети се вршат инспекциски контроли за утврдување на содржината на вода со употреба на методот за утврдување на просечната загуба на вода при одмрзнувањето од членот 49 на овој закон и методите за утврдување на вкупна содржина на вода во лабораторија (хемиски тест). (2) Инспекциски контроли од ставот (1) на овој член се вршат најмалку еднаш на секои два месеци со земање на примероци од секој кланичен капацитет поединечно, (3) Инспекциски контроли од ставот (1) на овој член се вршат секогаш кога ќе се утврди дека содржината на вода во месото од живина и свежите, замрзнатите и брзо замрзнатите конфекционирани делови од труп е над дозволената од членот 49 став (3) на овој закон. (4) Доколку по земање на примероци од три различни производни дена во рамките на временски период од четири недели, инспекциските контроли од став (1) на овој член ќе утврдат дека содржината на вода во месото од живина, свежите, замрзнатите и брзо замрзнатите конфекционирани делови од труп е во рамките на дозволеното, бројот на инспекциски контроли се сведува на минимумот наведен во ставот (2) на овој член. (5) Доколку инспекциските контроли од ставот (1) на овој член ќе утврдат дека се исполнети критериумите за технички неизбежните вредности на содржината на вода во период од една година, временската рамка за инспекциските контроли наведена во ставот (2) на овој член се намалува на еднаш во период од шест месеци. (6) Во случај кога со инспекциските контроли со намален интензитет од ставот (5) на овој член се утврди неисполнување на критериумите за технички неизбежните вредности на содржина на вода, повторно се воспоставува временската рамка за инспекциски контроли од ставот (2) на овој член. (7) Методите за утврдување на вкупната содржина на вода во лабораторија (хемиски тест) од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Член 74-a (Контрола на квалитет на јајца и месо од живина, анализа и суперанализа на примероци) (1) За контрола на квалитетот на јајца и месо од живина кои се ставаат во промет се врши анализа и суперанализа. (2) Контрола на квалитетот на јајца и месо од живина врши Агенцијата за храна и ветеринарство. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 43 од 101 (3) Анализа и суперанализа се врши на земени примероци во овластени лаборатории. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата поднесен од операторот кој не е задоволен од резултатите од анализа. (4) Лабораториите од ставот (3) на овој член ги овластува Министерството, доколку ги исполнуваат следниве услови: да има вработено најмалку две лица со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку двегодишно искуство во областите за изведување на лабораториските анализи, располагаат со соодветни простори и опрема за вршење на анализи и да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за пропишани методи за вршење на анализи. (5) Поблиските услови од ставот (4) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. Член 74-б (Решение за овластување) (1)За овластувањето од членот 74-а став (4) од овој закон, врз основа на поднесено барање Министерството донесува решение за овластени лаборатории, односно решение за одбивање на барањето. (2)Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за донесување решение за овластени лаборатории за вршење анализи на квалитетот на јајца и месо од живина е должно документите од членот 74-а став (4) алинеи 1 и 3 по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (3) Овластеното службено лице од надлежниот јавниот орган од кој се побарани документите од членот 74-а став (4) алинеи 1 и 3 е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (4) Министерството во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение од ставот (1) на овој член. (5) Против решението за одбивање на барањето од ставот (1) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од членот 74-а од овој закон ги пропишува министерот во согласност со министерот за информатичко општество и администрација. (7) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (8) Министерството со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 74-а од овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 44 од 101 (9) Против решението од ставот (8) на овој член, лабораторијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 74-в (Приговор на резултатите од анализата) (1) При вршење контрола, начин на известување и роковите за доставување на резултатите од извршените анализи и доставувањето на приговорот се применуваат прописите од областа на ветеринарното здравство. (2) Трошоците за анализа на јајца и месо од живина се на товар на производителите и преработувачките капацитети. (3) По добивањето на резултатите, производителот и/или преработувачкиот капацитет во рок од 24 часа по приемот на резултатите може да поднесе приговор до овластена лабораторија за суперанализа доколку не е задоволен со резултатите од анализата. (4) Трошоците за суперанализата се на товар на операторот, доколку добиените резултати соодвествуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија за анализа. (5) Резултатите од суперанализата се конечни. 5. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИ НА ГОВЕДСКО МЕСО 5.1. Стандарди за квалитет Член 75 (Одредување на квалитет) (1) На пазарот на говедско месо можат да се стават во промет говедските трупови и половинки (во натамошниот текст: трупови), ако ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. (2) Категориите на говедата се одредуваат според нивната старост, пол и физиолошка состојба. (3) Класите на труповите се одредуваат според меснатоста (конформацијата на трупот), како и според покриеноста на трупот со масно ткиво. (4) Начинот на обработка на трупот за оцена, како и начинот и методите на одредување на квалитетот со категоризација на говедата и класирањето на труповите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Член 76 (Категории на трупови) (1) Со одредување на категоријата на говедото се одредува и категоријата на трупот. (2) Труповите на говеда според староста, полот и физиолошката состојба се категоризирани во: Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 45 од 101 категорија А - трупови од заклани млади некастрирани машки говеда на возраст до 24 месеци, категорија B - трупови од други заклани некастрирани машки говеда, категорија C - трупови од заклани кастрирани машки говеда, категорија D - трупови од заклани женски говеда кои се отелиле и категорија Е - трупови од други заклани женски говеда. (3) Труповите на говеда на возраст до 12 месеци се категоризираат во: Категорија V - трупови од заклани телиња на возраст до осум месеци и Категорија Z - трупови од заклани постари телиња на возраст од осум до 12 месеци. (4) Категоријата D се дели на три поткатегории, и тоа: D1 - труп од заклана крава која се отелила на возраст до 30 месеци, D2 - труп од заклана крава која се отелила на возраст од 30 месеци до пет години и D3 - труп од заклана крава која се отелила, на возраст над пет години. Член 77 (Кланична маса на трупови) (1) Кланичната маса на труповите се утврдува непосредно после колењето, обработката и ветеринарно-здравствениот преглед со мерење на масата на топлите трупови. (2) Класификацијата, означувањето и мерењето на труповите се врши најдоцна до еден час по колењето. (3) Идентификацијата на труповите се врши со означување на категоријата и класата на меснатост и масна обвивка. Член 78 (Класи на трупови) (1) Труповите пред ставање во промет се распределуваат во класи. (2) Класирањето на труповите на линија на колење се врши според конформацијата на трупот и покриеноста на трупот со масно ткиво. (3) Труповите се распределуваат со визуелно оценување на меснатоста во шест класи: класата Ѕ, E, U, R, O и P. (4) Оцената на покриеноста на труповите од говеда со масно ткиво се врши во шест класи од еден до шест. (5) Класирањето не смее да почне без претходна проверка на соодветниот придружен документ и идентификацискиот број на животното. Член 79 (Поткласи на трупови) (1) Покрај оценувањето во класи дополнително се врши и оценување во поткласи во случај кога меснатоста (конформација) и покриеноста на труповите со масно ткиво на трупот е со повисок или понизок квалитет од одредената класа, а не може да се впише во повисоката или пониската чиста класа. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 46 од 101 (2) Во случај на повисок квалитет од чистата класа за меснатост, класираниот труп дополнително по буквата за класа се означува со ознаката “+”. Во случај на понизок квалитет од чистата класа за меснатост, класираниот труп по буквата за класа дополнително се означува со ознаката “-“. (3) Во случај на повисок квалитет од чистата класа покриеноста на труповите со масно ткиво, класираниот труп дополнително по бројката за класа се означува со ознаката “+”. Во случај на понизок квалитет од чистата класа за покриеноста на труповите со масно ткиво, класираниот труп по бројката за класа дополнително се означува со ознаката “-“. Член 80 (Задолжително оценување) (1) Оценувањето на труповите во класи и поткласи според конформацијата на трупот и покриеноста на трупот со масно ткиво е задолжително за сите кланични капацитети кои колат повеќе од десет говеда неделно, пресметано како просек на годишно ниво. (2) Оценувањето од ставот (1) на овој член не е задолжително кај кланични капацитети кои колат помалку од десет говеда неделно, пресметано како просек на годишно ниво. Член 81 (Категории на месо од говеда) Месо добиено од говеда при продажба на мало се категоризира како: телешко месо е месо добиено од трупови не постари од осум месеци од категоријата V, месо од постари телиња е месо добиено од трупови на животни стари од осум до 12 месеци од категоријата Z, младо говедско месо или месо од млади говеда е месо добиено од трупови од животни постари од 12 месеци, при што горната старосна граница за бикови изнесува 24 месеци, а за телиња, заклани првоотелени и кастрирани машки животни (волови) до 30 месеци од категориите A, C, E и D1 и говедско месо е месо добиено од трупови од бикови постари од 24 месеци, како и од крави, јуници и кастрирани машки животни постари од 30 месеци. 5.2. Означување на трупови од говеда Член 82 (Означување) (1) Трупови кои се ставаат во промет треба соодветно да се означени. Труповите се означуваат со печатирање на обработениот труп и/или со етикета прикачена на трупот. (2) Ознаките од ставот (1) на овој член не смеат да се отстранат од трупот пред неговата преработка. (3) Начинот на означување, формата и содржината на печатот, како и содржината на етикетата ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 47 од 101 5.3. Постапка за класификација Член 83 (Класификатори) (1) Класификација на трупови вршат класификатори со лиценца за класифицирање на трупови. (2) За добивање на лиценцата од ставот (1) на овој член субјектите треба да имаат завршена обука и положено испит за класификатори. (3) Обуката и испитот од ставот (2) на овој член ги изведува овластена институција од областа на сточарството најмалку еднаш годишно. Овластената институција врши и дообука на класификатори. (4) Лиценцата од ставот (1) на овој член ја издава овластената институција врз основа на положен испит. (5) Трошоците за изведување на обуката и полагање на испитот се на товар на кандидатите и не треба да бидат поголеми од стварните трошоци направени за одржување на истите. (6) Начинот на вршење на обуката, содржината на програмата за вршење на обуката и полагање на испит и висината на трошоците за изведување на обуката и полагање на испитот за класификатори ги пропишува министерот. Член 84 (Овластена институција) (1) Институцијата од членот 83 став (3) на овој закон ја овластува Министерство по претходно спроведена постапка за овластување. (2) Институцијата за да биде овластена треба да ги исполнува минимум следниве услови: да е наставно научна високообразовна институција од областа на сточарството, да има вработено најмалку четири доктори на науки за соодветниот вид производ за кој се врши класирање, да поседува соодветни простории и опрема за изведување на обуките и да има изработена програма за вршење на обука. Член 85 (Барање и услови за класификатори) За посетување обука и полагање испит за класификатор, заинтересираните лица поднесуваат барање до овластената институција од членот 84 на овој закон. Кон барањето заинтересираните лица приложуваат доказ за завршено најмалку средно стручно образование од областа на сточарството или ветерината. Член 86 (Услови за работа на класификаторот) (1) Кланичните капацитети се должни да обезбедат соодветни технички услови за работа на класификаторот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 48 од 101 (2) Под соодветни технички услови за работа на класификаторот се подразбира: непречен пристап до труповите, непречен поглед на вагата од местото за класирање и приклучок за електрична енергија во близина на местото каде што се спроведува класирање. (3) Во случај кланицата да не осигури услови за класирање согласно со одредбите од овој член, класификаторот ја известува Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 87 (Класирање на трупови) (1) Класификаторот врши класирање на трупови согласно со одредбите од членовите 78 и 79 на овој закон. (2) При вршење на класирањето на труповите класификаторот: го утврдува идентитетот на трупот, ја утврдува исправноста на кланичната обработка на трупот, ја утврдува категоријата и класите, ги означува труповите, составува записник за извршеното класирање, подготвува извештај за класирањето и води евиденција за класирањето на труповите и води евиденција за извршената класификација на труповите. (3) По завршувањето на класирањето, класификаторот изработува и доставува збирен записник за дневното класирање до кланичниот капацитет. Член 88 (Соопштување на резултати од класирање) (1) За резултатите од класификацијата кланичниот капацитет писмено и/или електронски ги известува субјектите за кои се врши колењето во рок од 24 часа од извршеното колење. (2) Резултатите кои се соопштуваат се водат на образец за известување. (3) Формата и содржината на образецот за известување за резултатите од класификацијата на труповите, како и начинот на неговото пополнување ги пропишува министерот. Член 89 (Приговор на резултатите од класирање) (1) Кланичните капацитети или субјектите за кои се врши колењето, во рок од 24 часа по приемот на записникот од членот 88 на овој закон, можат да поднесат приговор на оцената од извршеното класирање до официјалниот ветеринар и од него да побараат повторно класирање на труповите. (2) Приговорот од ставот (1) на овој член се доставува лично, по електронска пошта или факс. (3) Официјалниот ветеринар врши повторно класирање. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 49 од 101 (4) Во случај кога при повторното класирање на труповите ќе се утврди дека труповите не се соодветно оценети, трошоците од повторното класирање и трошоците за спроведената постапка ги сноси класификаторот, а во спротивно, трошоците ги сноси субјектот кој поднел приговор. (5) Конечни се сметаат резултатите од повторното класирање. 5.4. Пазарно информативен систем Член 90 (Информативен систем) (1) За спроведување на политиките и следење на состојбите на пазарот со говедско, свинско, овчо и козјо месо, Министерството воспоставува информативен систем. (2) Информативниот систем од ставот (1) на овој член особено содржи: назив, адреса и регистарски број на кланичен капацитет, податоци за субјектите за кои се врши колењето, податоци за категоријата на оценетите животни, податоци за класата на оценетите трупови, податоци за бројот на примени животни и излез на трупови од кланичниот капацитет и продажната цена на трупови. Член 91 (Евиденција и архивирање на податоците од кланични капацитети и информирање) (1) Кланичните капацитети ги евидентираат и архивираат податоците од членот 87 на овој закон. (2) Податокот од членот 90 став (2) алинеја 4 на овој закон кланичните капацитети ги обезбедуваат од класификаторите од член 83 на овој закон. (3) Кланичните капацитети се должни податоците да ги водат дневно, а до Министерството ги доставуваат секоја среда во тековната недела за претходната недела и како збирен месечен извештај, најдоцна до крајот на првата недела во тековниот месец за претходниот месец. (4) Кланичните капацитети кои не вршат колење секој ден, задолжително го известуваат класификаторот за точниот ден и време на колење, како и за бројот на грла кои е планирано да се колат тој ден. Известувањето го доставуваат најдоцна 48 часа пред вршење на колењето по факс или преку електронска пошта. Член 92 (Архивирање на податоците) (1) Евидентираните податоци во информативниот систем од членот 90 на овој закон се архивираат и чуваат трајно. (2) Податоците кои ги водат кланичните капацитети од членот 91 на овој закон ги архивираат и чуваат најмалку 24 месеци од датумот на нивното евидентирање. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 50 од 101 5.5. Контрола Член 93 (Инспекциски контрола) (1) Агенцијата за храна и ветеринарство врши контрола на класирањето без претходна најава најмалку два пати за шест месеци во секој кланичен капацитет на случајно избрани примероци од трупови. (2) Во случај кога ќе се утврди дека разликата во класирањето на труповите е поголема од дозволената, официјалниот ветеринар му дава опомена на класификаторот во форма на решение. (3) Во случај втор пат да се утврди разлика во класирање, официјалниот ветеринар носи решение за дообука на класификаторот, а во случај да се појави разлика по трет пат официјалниот ветеринар носи решение за одземање на лиценцата на класификаторот. Трошоците за повторната обука на класификаторот се на товар на класификаторот. (4) Инспекциската контрола од ставот (1) на овој член се однесува и за пазарите на свинско, овчо и козјо месо. 6. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИ ЗА СВИНСКО МЕСО 6.1. Стандарди за квалитет Член 94 (Одредување на квалитет) (1) На пазарот на свинско месо можат да се стават во промет свинските трупови и половинки (во натамошниот текст: трупови), ако ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. (2) Категориите на свињи се одредуваат според нивната старост. (3) Класите на трупови се одредуваат според степенот на меснатоста и конформацијата на трупот. Член 95 (Категории на свињи за колење) Свињите за колење кои се ставаат во промет, според возраста и масата се распоредуваат во следниве категории: а) категорија I се прасиња од двата пола со маса на исчистен труп од пет до 25 kg; б) категорија II се гоени свињи каде спаѓаат свињи и кастрати, чија маса на топлите половинки изнесува 50 до 120 kg кај шурени, односно 37 до 100 kg кај дерените свињи. Машките животни треба да бидат кастрирани во првата недела од животот, а доколку тоа не е случај најмалку 30 дена пред денот на колењето; в) категорија III се лесни гоени свињи каде спаѓаат свињи од двата пола и кастрати, на кои масата на топлите половинки изнесува 20 до 49 kg кај шурени свињи, односно 37 kg кај дерени свињи: Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 51 од 101 тешки гоени свињи се свињи и кастрати, на кои масата на топлите половинки изнесува 121 до 180 kg кај шурени свињи односно 101 до 153 kg кај дерените свињи и исклучени свињи од приплод каде што спаѓаат приплодни свињи без оглед на масата на топлите половинки и нерези над 64 kg кои се одрани; г) категорија IV се млади гоени нерези каде спаѓаат некастрирани свињи од машки пол со маса на топли половинки од 50 до 80 kg кај шурени, односно 37 до 64 kg кај дерени свињи. Во оваа категорија спаѓаат и монорхиди и крипторхиди и д) категорија V се останати свињи каде што спаѓаат свињи кои не се опфатени со категориите I, II, III и IV. Член 96 (Мерење на маса на трупови) (1) За сите категории на шурени и дерени свињи од членот 95 став (1) на овој закон наменети за пазар, на линијата за колење се мери масата на топлите половинки и се врши оценување на меснатоста и распределување на труповите во пазарни категории. (2) За да се утврди масата на труповите непосредно после колењето и обработката и ветеринарно-здравствениот преглед се врши мерење на тежината на топлите трупови. (3) Мерењето, класификацијата и означувањето на труповите се врши на линијата за колење најдоцна 45 минути по колењето. Кога поради технички услови на линијата за колење не е можно да се измери масата на топлата половинка најдоцна дo 45 минути пo колењето или кога топлата маса на трупот, односно половинките од технички причини е утврдена по истекот на 45 минути се вршат корекции. За секои наредни 15 минути над определеното време се одзема 0,1 % од топлата маса на трупот, односно половинката. Член 97 (Одредување на меснатост и конформација) (1) За одредување на меснатоста и конформацијата на трупот се употребуваат стандардно подготвени половинки свињи на кои не смее да им се отстрани масното и мускулното ткиво. (2) Меснатоста на труповите се одредува според методите од ставот (5) на овој член и се изразува со процентот на месото во трупот. (3) За одредување на меснатоста на трупот се мери дебелината на масното и мускулното ткиво со ниво на прецизност од +/- 1 mm. (4) Конформацијата на труповите се врши со визуелно оценување на застапеноста на мускулите во трупот. (5) Меснатоста се одредува по две признати методи за оцена на процентот на месо и тоа DM5 (рачен метод) и HGP (автоматски метод). (6) Методите за одредување на меснатоста и начинот на одредување на конформацијата за оценување на труповите на заклани свињи од овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 52 од 101 Член 98 (Задолжителна примена на методи) (1) Оценувањето на труповите во класи според конформацијата е задолжително за сите кланици независно од нивниот капацитет. (2) Кланичните капацитети кои дневно колат до 100 гоени свињи наменети за пазар задолжително ја применуваат DM5 (рачен метод). (3) Кланичните капацитети кои дневно колат повеќе од 100 гоени свињи наменети за пазар ја применуваат HGP (автоматски метод). Член 99 (Оценување и означување на свински трупови) (1) Труповите и половинките според меснатоста се оценуваат и класираат во шест класи S, E, U, R, O и P. (2) Оценетите и класираните трупови се означуваат со големи букви Ѕ, Е, U, R, О и Р за соодветната класа. Означувањето се врши со печатирање или со прикачување на етикета на труповите и половинките. Прикачувањето на етикетата се врши на начин со кој нејзиното отстранување ќе биде видливо. (3) Труповите може и дополнително да се означат со ознаки за детали за масата на трупот или какви било други детали што се сметаат за соодветни без да се оштети означувањето од ставот (2) на овој член. (4) Начинот на оценување на линија на колење во категории и класи, начинот на означување, формата и содржината на печатот, како и содржината на етикетата ги пропишува министерот. 6.2. Постапка за класификација Член 100 (Класификација) Условите, начинот и постапката за стекнување на лиценца за класификатор, начинот и постапката за вршење на обука и одржување на испит, овластувањето на институциите, вршење на класификацијата и условите за работа на класификаторот, се утврдени во членовите 83, 84, 85, 86 и 87 од овој закон. Член 101 (Соопштување на резултатите од класификацијата) Соопштувањето на резултатите од класификацијата, образецот за известување и начинот на неговото пополнување и доставување и постапката за приговор на резултатите од класификацијата се врши согласно со членовите 88 и 89 од овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 53 од 101 6.3. Пазарно информативен систем Член 102 (Информативен систем) Податоците потребни за уредување и следење на состојбите со пазарот со свинско месо, нивното евидентирање, архивирање и доставување, како и известувањата за денот на колење се утврдени во членовите 90, 91 и 92 од овој закон. 7. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИ ЗА ОВЧО И КОЗЈО МЕСО 7.1. Стандарди за квалитет Член 103 (Одредување на квалитет) (1) На пазарот за овчо и козјо месо можат да се стават во промет овчи и козји трупови и половинки (во натамошниот текст: трупови), ако ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. (2) Категориите на овците и козите се одредуваат според нивната возраст. (3) Класите на труповите се одредуваат според масата (за лесни јагниња), меснатоста (конформацијата на трупот), како и според покриеноста на трупот со лој. (4) Начинот на одредување на категории овци и кози и класирањето на труповите со оценување на линија на колење ги пропишува министерот. Член 104 (Категоризација на овци/кози и овчи/козји трупови) (1) Овците/козите за колење според возраста се делат на две категории: јагниња/јариња – животни до 12 месеци додека немаат ни еден стален секач, а вториот чифт катници не е во потполност израстен и овци/кози – над 12 месеци. (2) Категоријата јагниња се дели на две поткатегории: лесни јагниња - млечни јагниња или гоени јагниња од обата пола не постари од пет месеци и тешки јагниња (гоени јагниња) на возраст од пет до 12 месеци. (3) Во недостаток на расположливи податоци за возраста на грлата таа се одредува врз основа на забите. (4) Со одредување на категоријата на овците се одредува и класата на трупот. Член 105 (Класификација на трупови) (1) Во промет се ставаат трупови класифицирани според конформација, степен на покриеност на трупот со лој и масата на трупот (кај лесни јагниња). Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 54 од 101 (2) Според конформацијата труповите од овци се класираат во шест класи S, E, U, R, O и P. (3) Според степенот на покриеност со масна обвивка труповите од овци се класираат во пет класи 1, 2, 3, 4 и 5. (4) Трупот врз основа на масата (кај лесните јагниња) се класифицира во: класа I - трупови од лесни јагниња (млечни јагниња) се подразбира примарно обработен труп до 13 kg (после искрвавувањето, вадење на внатрешните органи евисцерација и дерење), без долните делови на екстремитетите (одвоени на тарзометатарзалниот и карпометакарпалниот зглоб), со глава, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези и стомачна марамица. Труповите од лесните јагниња според масата дополнително се делат во три класи A, B и C, класа II - трупови од гоени јагниња се подразбира примарно обработен труп над 13 kg (после искрвавувањето, евисцерација и дерење) со или без глава, без долните делови на екстремитетите (одвоени на ист начин како во претходната поткатегорија), со бубрези и бубрежна лој и класа III - трупови од овци се подразбира примарно обработен труп на ист начин како кај втората поткатегорија јагниња (гоени јагниња), без глава. 7.2. Означување Член 106 (Означување) (1) Класираните трупови пред ставање во промет се означуваат со печатирање и со прикачување на етикета. (2) Во однос на возраста класираните трупови се означуваат со “L” за трупови на јагниња и “S” за трупови на овци. (3) Во однос на масата класираните трупови се означуваат со A, B и C. (4) Во однос на степеност на покриеност со лој труповите се означуваат со ознаки од 1 до 5. (5) Класификацијата, мерењето и означувањето на труповите се врши на линија на колење најдоцна еден час по колењето. (6) Начинот на означување, формата и содржината на печатот и етикетата ги пропишува министерот. 7.3. Постапка за класификација Член 107 (Класификација) Условите, начинот и постапката за стекнување на лиценца за класификатор, начинот и постапката за вршење на обука и одржување на испит, овластувањето на институциите, работата на класификаторот и условите за работа на класификаторот, се утврдени во членовите 83, 84, 85, 86 и 87 од овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 55 од 101 Член 108 (Соопштување на резултатите од класификацијата) Соопштувањето на резултатите од класификацијата, образецот за известување и начинот на неговото пополнување и доставување и постапката за приговор на резултатите од класификацијата се врши согласно со членовите 88 и 89 од овој закон. 7.4. Пазарно информативен систем Член 109 (Информативен систем) Податоците потребни за уредување и следење на состојбите со пазарот со овчо и козјо месо, нивното евидентирање, архивирање и доставување, како и известувањата за денот на колење се утврдени во членовите 90, 91 и 92 од овој закон. 8. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ПЧЕЛИ 8.1. Стандарди за квалитет Член 110 (Производи од пчели) На пазарот на производи од пчели можат да се стават во промет мед, матична млеч, полен, прополис и пчелин восок ако ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. Член 111 (Видови на мед во промет според потеклото) (1) Медот кој се става во промет според потеклото може да е цветен (нектарски) мед и мед од медлика (медликовец). (2) Цветниот мед од ставот (1) на овој член е мед добиен од нектарот на различни видови медоносни растенија. Цветниот мед може да биде: монофлорен кој во нерастворливиот седимент содржи најмалку 45% поленски зрнца од ист растителен вид и полифлорен, кој е мешавина на мед од повеќе растителни видови. (3) Медот се смета за монофлорен ако застапеноста на поленските зрнца во нерастворливиот седимент изнесува најмалку: 85% за питом костен (Castanea sativa), 30% за луцерка (Medicago sp.), 30% за рузмарин (Rosmarinus officinalis), 25% за липа (Tilia sp.), 20% за жалфија (Salvia sp.) 20% за багрем (Robinia pseudacacia) и 20% за лаванда (Lavandula sp.). Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 56 од 101 (4) Медот од медлика од ставот (1) на овој член е мед добиен од секретите на инсектите од лисни и штитести вошки (Hemiptera) кои паразитираат на живите делови од растенијата. Член 112 (Видови на мед во промет според начинот на производство) Медот според начинот на производство се става во промет како: мед во саќе, парчиња саќе во мед, дрениран мед, течен (центрифугиран мед), пресуван мед, филтриран мед, мед за преработка и мед со додатоци. Член 113 (Видови на пчелен восок во промет) Пчелиниот восок се става во промет како: непрочистен пчелин восок, прочистен пчелин восок, прочистен и белен пчелин восок и сортни основи. Член 114 (Стандарди за квалитет) (1) Медот кој се става во промет треба да исполнува стандарди за квалитет по однос на содржина на шеќери, содржина на вода, нерастворливи материи во вода, електроспроводливост, слободни киселини, активност на дијастаза и содржина на хидроксиметилфурфурол. (2) Квалитетот на матичниот млеч се одредува според содржината на суви материи и белковини. Свежиот матичен млеч содржи најмалку 30 % суви материи и најмалку 11 % белковини. (3) Поленот се става во промет како свеж и замрзнат. Квалитетот на поленот се одредува според содржината на суви материи и чистота (присуство на механички примеси и остатоци од пчели). (4) Прополисот се става во промет во цврста состојба и растворен. Квалитетот на прополисот се одредува според содржината на материите кои се екстрахираат со алкохол и чистота (присуство на механички примеси и остатоци од пчели). Прополисот кој се става во промет не смее да содржи катран. (5) Стандардите и начинот за одредување на квалитетот на производите од пчели ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 57 од 101 Член 115 (Чување на производи од пчели) (1) Матичниот млеч се чува во херметички затворени темни садови на температура од -18 °C. (2) Свежиот полен стерилизиран со сушење треба да се чува во темна херметички затворена амбалажа или измешан во мед. Член 116 (Дозволени додатоци) (1) Производите од пчели кои се ставаат во промет можат да содржат дозволени додатоци за подобрување на квалитетот. (2) Дозволените додатоци од ставот (1) на овој член и нивното дозирање во производите од пчели ги пропишува министерот. 8.2. Пакување и означување на производи од пчели Член 117 (Пакување и означување на производи од пчели) (1) Производите од пчели кои се ставаат во промет треба да се соодветно пакувани и означени. (2) Начинот на пакување и означување од ставот (1) на овој член, како и формата и содржината на ознаката на производите од пчели по однос на квалитетот ги пропишува министерот. 8.3. Пазарно-информативен систем на производи од пчели Член 118 (Информативен систем) (1) За спроведување на политиките и следењето на состојбите на пазарот со производи од пчели, Министерството воспоставува информативен систем. (2) Информативниот систем од ставот (1) на овој член особено содржи: име/назив и адреса/седиште на операторот, број на пчелни друштва и количина на добиениот, односно откупениот производ. (3) Во рамките на информативниот систем од ставот (1) на овој член се евидентираат и податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Член 119 (Евиденција и архивирање) (1) Операторите со производи од пчели водат евиденција за производите која особено содржи: Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 58 од 101 име на производот, краток опис на технолошката постапка за добивање на соодветниот производ, количина на добиениот односно откупениот производ и извршена анализа на производот. (2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член се доставува до Министерството најдоцна до 31 јануари во тековната година за претходната година. (3) Формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата ги пропишува министерот. 8.4. Контрола на стандарди за квалитет Член 120 (Контрола на квалитет на производи од пчели, анализа и суперанализа на примероци) (1) За контрола на квалитетот на производите од пчели кои се ставаат во промет се врши анализа и суперанализа на земените примероци. (2) Контрола на квалитетот на производите од пчели врши Агенцијата за храна и ветеринарство. (3) Анализа и суперанализа на земените примероци за контрола вршат овластени лаборатории. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата поднесен од операторот, кој не е задоволен од резултатите од анализа. (4) Начинот на земање примероци и методите за анализа и суперанализа ги пропишува министерот. Член 121 (Овластени лаборатории) (1) Лабораториите од членот 120 став (3) на овој закон ги овластува Министерство доколку ги исполнуваат следниве услови: имаат вработено најмалку две лица со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку двегодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, располагаат со соодветни простории опремени со потребна опрема за вршење на анализите и суперанализите и да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за соодветните методи за вршење анализи на производи од пчели. (2) Поблиските услови од ставот (1) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. Член 122 (Решение за овластување) (1) За овластувањето од членот 121 од овој закон, врз основа на поднесено барање Министерството донесува решение за овластени лаборатории, односно решение за одбивање на барањето. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 59 од 101 (2) Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за донесување решение за овластени лаборатории за вршење анализи на квалитетот на производите од пчели е должно документите од членот 121 став (1) алинеи 1 и 3 по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (3) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од членот 121 став (1) алинеи 1 и 3 е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (4) Министерството во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение од ставот (1) на овој член. (5) Против решението за одбивање на барањето од ставот (1) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од членот 121 од овој закон ги пропишува министерот во согласност со министерот за информатичко општество и администрација. (7) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (8) Министерството со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 121 од овој закон. (9) Против решението од ставот (8) на овој член, лабораторијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 123 (Приговор на резултатите од анализата) (1) На постапката при вршење контрола, начинот на известување и роковите за доставување на резултатите од извршените анализи и доставувањето на приговорот се применуваат прописите од областа на ветеринарното здравство. (2) Трошоците за анализа на производи од пчели се на товар на производителите и преработувачките капацитети. (3) По добивањето на резултатите производителот и/или преработувачкиот капацитет во рок од 24 часа по нивното примање можат да поднесат приговор до овластена лабораторија за суперанализа. (4) Трошоците за суперанализата се на товар на операторот, доколку добиените резултати соодветствуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија за анализа. (5) Резултатите од суперанализата се конечни. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 60 од 101 9. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАР НА МЛЕКО 9.1. Стандарди за квалитет на млеко и производи од млеко Член 124 (Одредување на квалитет) На пазарот на млеко можат да се стават во промет сурово и конзумно млеко и производите од млеко ако ги исполнуваат условите за квалитет утврдени со овој закон. Член 125 (Квалитет на сурово млеко) (1) Суровото млеко што се става во промет во зависност од видот на животното од кое е добиено покрај својствениот мирис, вкус и боја треба да ги исполнува минималните барања за квалитет по однос на содржината на масти, точка на мрзнење, безмаслена сува материја, белковини, специфична тежина и титрациона киселост. (2) Барањата за квалитет од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Член 126 (Класирање и вреднување на сурово млеко) (1) Суровото млеко се класира во екстра, прва и втора класа според содржината на протеини, содржината на масти, вкупниот број на микроорганизми и соматски клетки. (2) Класирањето на сурово млеко се врши со земање и анализирање на примероци при откупот непосредно по молзењето, или со земање на примероци од чувано сурово млеко согласно со ставот (8) од овој член. Примероците за анализа на протеини и масти се земаат најмалку двапати месечно, а за вкупниот број на микроорганизми и соматски клетки најмалку еднаш месечно. (3) Земање на примероци за класирање на суровото млеко вршат контролори кои имаат завршена обука за земање примероци и кои ги исполнуваат условите пропишани во членот 126-в од овој закон. Обуката за земање примероци ја врши овластена институција од членот 126-б на овој закон. (4) Трошоците за класирање на суровото млеко се во висина на стварно направените трошоци за нивното земање и анализирање и се на товар на производителите, преработувачките капацитети на млеко и од Буџетот на Република Македонија во годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со учество во висина од една третина од трошоците на секоја вклучена страна. (5) Контролорите од ставот (3) на овој член при земање на примероците составуваат дневен записник со податоци на фармите од кои се земени примероците и соодветно го обележуваат секој примерок. (6) Вреднувањето на суровото млеко се врши врз основа на одредување на класите од ставот (1) на овој член. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 61 од 101 (7) Анализа на примероците за класирање и вреднување на млекото ја врши овластената лабораторија од членот 138 на овој закон. (8) Начинот на чување на суровото млеко и земање примероци за анализа и суперанализа, содржината, формата и начинот на пополнување на записникот, методите за анализа на суровото млеко, начинот на класирање и методот на вреднување на суровото млеко, ги пропишува министерот. Член 126-а (Контролори) (1) Земање на примероци за класирање на суровото млеко вршат контролори кои имаат завршена обука за земање примероци и уверение за положен испит. (2) Обуката од ставот (1) на овој член ја изведува овластена институција најмалку еднаш годишно. (3) Контролорите по завршената обука од ставот (1) на овој член полагаат испит и добиваат уверение за контролори за земање примероци за класирање на сурово млеко. (4) Трошоците за спроведување на обуката од ставот (1) на овој член се на товар на кандидатите и не треба да бидат поголеми од реално направените трошоци за одржување на обуката. (5) Начинот на вршење на обуката за земање примероци за класирање на суровото млеко ја пропишува министерот. Член 126-б (Овластена институција) (1) Институцијата од членот 126-а став (2) од овој закон ја овластува Министерството. (2) Институцијата за да биде овластена треба да ги исполнува најмалку следниве услови: да е наставно научна високообразовна институција од oбласта на биотехничките науки од подрачјата на истражување добиточно производство сточарство, биотехнологија и ветеринарна медицина, да има вработено најмалку двајца доктори на науки од областа на биотехничките науки од подрачјата на истражување добиточно производство сточарство, биотехнологија и ветеринарна медицина и да има донесено програма за вршење на обука за контролори за земање примероци за класирање на суровото млеко. (3) Содржината на програмата од ставот (2) алинеја 3 на овој член ја пропишува министерот. Член 126-в (Барање и услови за контролори) За посетување обука за контролор, заинтересираното лице поднесува барање до овластената институција од членот 126-б од овој закон. Кон барањето заинтересираното лице доставува доказ за завршено најмалку IV степен средно образование. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 62 од 101 Член 126-г (Решение за овластување) (1) За овластувањето од членот 126-б од овој закон, врз основа на поднесено барање Министерството донесува решение за овластени институции, односно решение за одбивање на барањето. (2)Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за донесување решение за овластени институции за обука на контролори за вршење анализи на квалитетот на суровото млеко е должно документите од членот 126-б став (2) алинеи 1 и 2 по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (3) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од членот 126-б став (2) алинеи 1 и 2 е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (4) Министерството во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение од ставот (1) на овој член. (5) Против решението за одбивање на барањето од ставот (1) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од членот 126-б од овој закон ги пропишува министерот во согласност со министерот за информатичко општество и администрација. (7) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (8) Министерството со решение ќе го одземе овластувањето од овластените институции за обука на контролори за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 126-б од овој закон. (9) Против решението од ставот (8) на овој член, овластената институција во рок од 15 дена од денот на приемот на решението има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 126-д (Начин на спроведување на испитот) Испитот од членот 126-а ставови (1) и (3) се состои од два дела, и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (студија на случај), со кој се проверува способноста на контролорот за правилно земање на примероци од сурово млеко. Испитот од ставот (1) на овој член се полага писмено по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Вториот дел од испитот се состои од опис на индивидуален случај од областа на контрола за земање на мостри од сурово млеко. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 63 од 101 Член 126-ѓ Базите на Прашања за првиот дел и базите на студии на случај за вториот дел испитот ги изготвуваат овластени наставно научни високообразовни институции од членот 126-б од овој закон. Прашањата од првиот дел од испитот и вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од пет преставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и овластени наставно научни високообразовни институции од членот 126-б од овој закон. Комисијата од ставот 1 на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на студии на случај најмалку двапати годишно. При ревизијата Комисијата особено ги има предвид измените на правните прописи на кои е засновано прашањето, односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на испитот за добивање на уверение за контролори. Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на студии на случај, Комисијата одлучува најмалку 30% од прашањата и студиите на случај да бидат изменети или целосно отстранети од испитот и заменети со нови. Изготвувачите и членовите на Комисијата за верификација од ставовите (1) и (2) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определелува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Износот на паричниот надоместок од ставот (5) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања и студии на случај, како и сложеноста на материјата. Годишниот паричен надоместок од ставот (5) на овој член не го надминува нивото на просечна плата исплатена во Република Македонија за претходната година објавена од Државен завод за статистика. Член 126-е (1) Стручните и административните работи за потребите на спроведување на испитот за полагање за добивање на уверение за контролори ги врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство определува одговорно лице кое утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) На одговорното лице од ставот (1) на овој член за секоја одржана испитна сесија му следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение. Член 126-ж Испитот се полага најмалку еднаш годишно, во периодот од 1 февруари до 30 ноември. Член 126-з Барањето за полагање на испитот за полагање за добивање на уверение за контролори кандидатот го поднесува до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 64 од 101 Член 126-s Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство или од него овластено лице, со решение утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот за добивање на уверение за контролор. Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот, може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. Член 126-и (1) На кандидатот мора да му се овозможи да започне да го полага испитот во првата наредна сесија од денот на одобреното барање за полагање на испитот. (2) Kандидатот е должен да го пријави учеството на испитна сесија од 1 до 15 ден од месецот кој претходи на месецот во кој се одржува испитна сесија (февруари, март, мај, септември и ноември). Член 126-ј (1) Испитот за добивање на уверение за контролор се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит. (2) Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на испитот и јавноста се информираат за датумот и времето на полагање на испитот, најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб страницата на министерството и Јавниот радиодифузен сервис. (3) Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Правното лице кое го спроведува првиот дел од испитот за добивање на уверение за контролор треба да ги исполнува просторните услови и материјално техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот кои услови поблиску ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (5) Во просторијата за полагање на првиот дел од испитот за време на полагање на испитот се присутни двајца претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата и еден претставник на Министерството за информатичко општество и администрација (информатичар). (6) На претставниците од ставот (5) на овој член за секоја одржана испитна сесија им следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение. (7) Овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот е должно да го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот за време на спроведување на испитните сесии. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 65 од 101 (8) Агенцијата за електронски комуникации (во натамошниот текст: АЕК) врши постојан мониторинг на блокирањето на радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот, со цел да се спречи секаков вид на електронска комуникација со околината надвор од просторијата за полагање на испитот. (9) АЕК во просторијата за полагање на испитот инсталира мерна опрема која обезбедува електронски запис од извршените мерења во траење од 30 дена и истите се складираат во централниот контролен систем на АЕК. (10) АЕК формира тричлена комисија која изготвува извештај врз основа на електронските записи складирани во централниот контролен систем на АЕК и истиот го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна во рок од 15 дена од завршување на испитната сесија. Член 126-к Пред почетокот на полагањето на испитот за добивање на уверение за контролор претставникот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта. На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарот од членот 126-ј став (5) од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот. На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот му се дозволува единсвено користење на закони (без коментари и објаснувања) кој во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот. Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а дококу не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија и му се изрекува забрана за полагање на правосудниот испит во траење од три години, за што министерството донесува решение против кое може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението. Овластените претставници од членот 126-ј став (5) од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 66 од 101 Член 126-л Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци. Решение за продолжување на испитот донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци. Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. Против решението на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од ставот (2) на овој член кандидатот може да се поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението. Во продолжувањето на испитот кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано. Член 126-љ (Прв и втор дел од испитот за добивање на уверение за контролор) Испитот за добивање на уверение за контролор започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (студија на случај). Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Правилник го пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот. Член 126-м Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку 10 прашања со пет опции за заокружување од кој едната е точна, две се слични, една не е точна во мал обем и една не е точна во голем обем. Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно со ставот (1) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. Член 126-н Вториот дел од испитот се состои од една студија на случај од областа на контрола за земање на мостри од сурово млеко. Прашањата кои се составен дел од студијата на случај се од областа на предметот на кој е заснована студијата на случајот и имаат пет можни опции на одговори од кои една точна, две слични и две различни. Доколку кандидатот не го положи вториот дел од испитот согласно со ставот 2 на овој член ќе се смета дека испитот не го положил. Член 126-њ Полагањето на првиот дел од испитот се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 67 од 101 Прашањата од тестот, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во тестот. Полагањето на вториот дел од испитот се врши со проучување на студија на случај и одговарање на определн број прашања кои прозилегуваат од студијата, во вид на електронско софтверско решение (во натамошниот текст: електронска студија на случај). Прашањата од студијата на случај, зависно од тежината , се вреднуваат со поени определени во студијата на случај. Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на испитот и нивните одговори, како и студиите на случај и прашањата кои прозилегуваат од студиите се чуваат во електронски систем за полагање на испит за добивање уверение за контролор. Електронскиот систем од ставот 5 на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 30 прашања за потребите на првиот дел од испитот и најмалку 30 студии на случај за потребите на вториот дел од испитот. Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и стручната литература во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот и вториот дел од испитот. Бројот на прашања во базите од ставот 6 на овој член се зголемува за 5% годишно, почнувајќи од 2016 година. Резултатите од полагањето на првиот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување. Член 126-о На денот на полагањето на првиот, односно вториот дел од испитот претставникот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 126-њ од овој закон. По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронска студија на случај за вториот дел од испитот компјутерски генерирани, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем од членот 126-њ став (5) од овој закон, од базите од членот 126-њ став (6) од овој закон. Првиот и вториот дел од испитот содржат упатство за начинот на решавање на истиот за кое претставникот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава појаснување пред да започне полагањето на испитот. Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот во една сесија за повеќе од еден кандидат. Член 126-п Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем од членот 126-њ од овој закон, полагањето на испитот се прекинува. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 68 од 101 Доколку причините од ставот (1) на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот, истиот продолжува веднаш по нивното отстранување. Доколку причините од ставот (1) на овој член не се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член испитот се презакажува за друг термин. Член 126-р Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути. Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 51% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Член 126-с Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од студијата на случај изнесува 120 минути. Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од студијата на случај постигнал најмалку 51% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Член 126-т (Уверение, ревизија на спроведените испити и трошоци) На барање на кандидатот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го информира за направените грешки во тестот за полагање на првиот дел од испитот, со овозможување непосреден увид во тестот. Член 126-ќ Тестовите и практичните примери се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на испитот. Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и специмените за проверка на точноста на одговорите од првиот и вториот дел од испитот за добивање на уверение за контролор, како и снимките од одржаните испити се чуваат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство формира Комисија за ревизија на одржаните испити која во својата работа ги користи материјалите од ставови (2) и (3) на овој член и во која, покрај другите членови членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија. Комисијата од ставот (3) на овој член се состанува по секоја одржана испитна сесијаи врши ревизија на спроведување на испитот, вклучувајќи и дали испитот го полагале кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот согласно со членот 126-в од овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 69 од 101 На членовите на комисијата од ставот (3) на овој член им следува паричен надоместок, кој на годишно ниво изнесува една просечна нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение. Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членот 126-н став (5) од овој закон, предлага одземање на уверение од членот 126-а ставови (1) и (3) од овој закон. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за одземање на уверението врз основа на предлогот на Комисијата во рок од 3 дена од приемот на предлогот. Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. Член 126-у Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот. Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверение за контролори. Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна 15 дена пред денот определен за почеток на испитната сесија, на кандидатот нема да му се дозволи полагање на испитот. Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот, уплатените средства се враќаат согласно со закон. Трошоците за активностите на научно-образовната институција кои ќе бидат утврдени со договорот за институционална соработка од членот 126-н од овој закон, паѓаат на товар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако во текот на годината нема пријава на кандидати за полагање на испитот. Член 127 (Конзумно млеко) (1) Конзумно млеко е термички обработено сурово млеко кое се става во промет до крајниот потрошувач без натамошна обработка и според процентот на млечна маст се класира како полномасно, полуобезмастено и обезмастено млеко. (2) Полномасното млеко кое се става во промет во однос на млечна маст може да биде стандардизирано полномасно млеко со процент на млечна маст од најмалку 3,50% (м/м) и нестандардизирано полномасно млеко со процент на млечна маст не помала од 3,50% (м/м) и која не е променета од фазата на молзење. (3) Полуобезмастено млеко кое се става во промет е млеко со процент на млечна маст од 1,50 % (м/м) до 1,80% (м/м). Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 70 од 101 (4) Обезмастено млеко е млеко кое се става во промет со процент на млечна маст најмногу до 0,50 % (м/м). (5) Во промет се става и термички третирано млеко кое не е во согласност со ставовите (2), (3) и (4) од овој член во однос на содржината на млечна маст и на етикетата мора јасно, читливо и неизбришливо да се означи содржината на млечна маст и не смее да се користат термините полномасно, полуобезмастено и обезмастено млеко. Член 128 (Видови на конзумно млеко) (1) Конзумното млеко се става во промет како пастеризирано и стерилизирано во зависност од начинот на термичка обработка на суровото млеко. (2) Пастеризирано млеко е млеко кое е загреано до 100°С и веднаш оладено од еден до четири степени целзиусови при што треба да покажува негативна реакција на алкална фосфатаза тест веднаш по таквиот третман. (3) Стерилизирано млеко е млеко кое директно или индиректно е загреано на температура од 135°С до 150°С во комбинација со соодветно време со што се обезбедува стерилизација (отсуство на микроорганизми или спори). Веднаш по термичката обработка млекото се лади и пакува во асептички услови. (4) Пастеризираното млеко може да биде хомогенизирано и/или стандардизирано, а стерилизираното млеко треба да е хомогенизирано. (5) По исклучок во промет може да се стави и млеко кое не е термички обработено, ако е во согласност со одредбите на прописите за безбедност на храна. Член 129 (Производи од млеко) (1) Производи од млеко што се ставаат во промет се производи кои ги исполнуваат стандардите за квалитет и се добиени со преработка на млеко. При преработката во производите од млеко може да се додаваат одредени супстанции потребни за нивната преработка, но истите не треба да се користат како делумна или целосна замена на која било млечна состојка. (2) Стандардите за квалитетот на конзумното млеко и млечните производи и употребата на називите на производите од млеко ги пропишува министерот. Член 130 (Употреба и квалитет на стартер културите, сирилата и други материи) (1) Употребата и квалитетот на стартер културите, сирилата и други специфични материи кои се додаваат при преработка на млекото треба да ги задоволуваат барањата во однос на квалитет и нивна активност. (2) Квалитетот и активноста на стартер културите, сирилата и други специфични материи и начинот на нивната употреба од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 71 од 101 9.2. Означување на млеко и производи од млеко Член 131 (Означување на млеко и млечни производи) (1) Млекото и млечните производи кои се ставаат во промет на пакувањето се означуваат трајно, лесно видливо и читливо согласно со прописите за безбедност на храна и дополнително согласно со барањата на овој закон. (2) Нето тежина кај одделни млечни производи може да отстапува во однос на декларираната. (3) Начинот на дополнителното означување на млекото и млечните производи, како и дозволеното отстапување од ставот (2) на овој член го пропишува министерот. 9.3. Пазарно информативен систем Член 132 (Информативен систем) (1) За спроведување на политиките и следење на состојбите на пазарот со млеко и производи од млеко, Министерството воспоставува информативен систем за уредување на пазарот со млеко и производи од млеко. (2) Информативниот систем од ставот (1) на овој член особено содржи: назив, адреса и регистарски број на преработувачки капацитет, податоци за субјектите од кои се врши откупот на млеко, податоци за откупени количини сурово млеко, податоци за пласирано млеко и производи од млеко на пазар, податоци за квалитет на млеко, податоци за класата на млеко и откупна цена на сурово млеко по класи. Член 133 (Евиденција и архивирање на податоците од производителите) (1) Секое евидентирано одгледувалиште води дневна евиденција за произведено и продадено млеко и ги архивира и чува податоците за производство и обрасците од членот 135 на овој закон доставени од откупувачот. (2) Регистрираните одгледувалишта за производство и преработка на млеко кои вршат директна продажба од фарма, податоците за продадените производи од млеко ги водат дневно, а евиденцијата ја доставуваат до Министерството најдоцна до 20-от ден во тековниот месец за претходниот месец. (3) Формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 72 од 101 Член 134 (Евиденција и архивирање на податоците од преработувачки капацитети) (1) Преработувачките капацитети ги евидентираат и архивираат потребните податоци за информативниот систем и податоците кои ги доставуваат до производителот. (2) Преработувачките капацитети евиденцијата ја водат дневно. (3) Преработувачките капацитети кои откупуваат над 5.000 литри на годишно ниво податоците од членот 132 на овој закон ги доставуваат до Министерството најдоцна до 20-от ден во тековниот месец за претходниот месец. (4) Преработувачките капацитети кои откупуваат над 4.000.000 литри на годишно ниво податоците од членот 132 на овој закон ги доставуваат секоја среда во тековната недела за претходната недела. (5) Формата и содржината на обрасците од ставот (1) на овој член, како и начинот на нивното пополнување и доставување ги пропишува министерот. Член 135 (Соопштување на резултатите од класификацијата) (1) За резултатите од класификацијата и вреднувањето на суровото млеко, преработувачкиот капацитет писмено ги известува производителите од кои откупил млеко. (2) Резултатите од ставот (1) на овој член се водат на образец за известување. (3) Формата и содржината на образецот од ставот (2) на овој член, како и начинот на неговото водење ги пропишува министерот. Член 136 (Архивирање и чување на податоците) (1) Евидентираните податоци во информативниот систем од членот 132 на овој закон се архивираат и чуваат трајно. (2) Податоците од членот 134 и податоците од производителите од членот 133 на овој закон се архивираат и чуваат најмалку 36 месеци од датумот на нивното евидентирање. 9.4. Контрола Член 137 (Службена контрола) (1) За утврдување на квалитетот на суровото млеко со цел за негово класирање и вреднување, како и на квалитетот на производите од млеко кои се ставаат во промет Агенцијата за храна и ветеринарство врши службени контроли. (2) Контрола на квалитетот на млекото и производите од млеко се врши со анализа и суперанализа на земените примероци. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата. (3) Начинот на земање примероци при службените контроли и методите за анализа и суперанализа ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 73 од 101 Член 138 (Овластување на лаборатории и утврдување на квалитет) (1) Анализа за утврдување на квалитетот на суровото млеко од земените примероци со класирање заради вреднување на млекото вршат овластени лаборатории. (2) Лабораториите од ставот (1) на овој член со решение ги овластува Министерството доколку ги исполнуваат следниве услови: да има вработено најмалку две лица со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку двегодишно работно искуство во областите за изведување на лабораториските анализи, да има соодветни простории опремени со потребна опрема за вршење на анализите и да е акредитирана од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за соодветните методи за вршење анализи на млеко и производи од млеко. (3) Суперанализа за утврдување на квалитетот на суровото млеко по приговор на резултатите од анализата врши лабораторија која е акредитирана од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија или од страна на институт за акредитација од земјите членки на Европската унија за соодветни методи за вршење на анализи на млеко и производи од млеко. (4) Поблиските услови од ставот (2) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. Член 139 (Решение за овластување) (1) За овластувањето од членот 138 од овој закон, врз основа на поднесено барање Министерството донесува решение за овластени лаборатории, односно решение за одбивање на барањето. (2) Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за донесување решение за овластени лаборатории за вршење анализи на квалитетот на сирово млеко е должно документите од членот 138 став (2) алинеи 1 и 3 по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (3) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од членот 138 став (2) алинеи 1 и 3 е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (4) Министерството во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето донесува решение од ставот (1) на овој член. (5) Против решението за одбивање на барањето од ставот (1) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од членот 138 од овој закон ги пропишува министерот во согласност со министерот за информатичко општество и администрација. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 74 од 101 (7) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (8) Министерството со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 138 од овој закон. (9) Против решението од ставот (8) на овој член, лабораторијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 140 (Приговор на резултатите од анализата) (1) Постапката и начинот на вршење службена контрола се вршат согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. (2) Овластената лабораторија за анализа на квалитетот на суровото млеко е должна добиените резултати во рок од три дена да ги достави до откупувачот и производителот. Овие извештаи се во три копии и тоа еден за производителот испорачателот на млеко, еден за преработувачкиот капацитет и еден за Агенцијата за храна и ветеринарство. (3) По добивањето на резултатите производителот и/или преработувачкиот капацитет во рок од 24 часа по нивното примање можат да поднесат приговор до лабораторија за суперанализа преку Агенцијата за храна и ветеринарство. (4) Приговорот од ставот (1) на овој член се доставува лично, по електронска пошта или факс. (5) Трошоците за суперанализата се на товар на производителот или преработувачкиот капацитет, доколку добиените резултати соодветствуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија. (6) Резултатите од суперанализата се конечни. III. РЕГИСТРАЦИЈА И ЗАШТИТА НА НАЗИВОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ СО ОЗНАКА ЗА ПОТЕКЛО, ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА И ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ 1. Заштита на географскиот или традиционалниот назив на земјоделските и прехранбените производи Член 141 (Примена на ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет) (1) Географскиот назив на земјоделските и прехранбените производи на национално и меѓународно ниво се заштитува со ознака за потекло или заштитена географска ознака. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 75 од 101 (2) Традиционалниот назив на земјоделските и прехранбените производи на национално и меѓународно ниво се заштитуваат со ознака за гарантиран традиционален специјалитет. (3) Земјоделските и прехранбените производи од ставовите (1) и (2) на овој член ги определува министерот и се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“. (4) Одредбите од овој закон за заштита на географски и традиционален назив не се применуваат за јаките алкохолни пијалаци. (5) Одредбите од членовите 142, 144, 147, 148, 149, 150, 151, 152, 153, 154 и 156 од овој закон се применуваат и за вино, доколку поинаку не е уредено со Законот за вино. Член 142 (Ознака на потекло и географска ознака) (1) Со ознаката на потекло може да се заштити називот на земјоделските и прехранбените производи од членот 141 став (1) на овој закон: кои потекнуваат од одредено место, регион или во исклучителни случаи земја, чиј квалитет или карактеристики, во најголем дел или исклучиво се под влијание на посебни природни или човечки фактори на одредено географско подрачје и сите производствени процеси во целост се одвиваат во дефинирано географско подрачје. (2) Со географска ознака може да се заштити називот на земјоделските и прехранбените производи од членот 141 став (1) на овој закон: кои потекнуваат од одредено место, регион, или земја, кои имаат специфичен квалитет, углед или друго обележје кои се припишуваат на географското потекло и и барем еден од производствените процеси се одвива во дефинирано географско подрачје. (3) Географски или негеографски поими кои се користат за означување на земјоделските и прехранбените производи кои ги задоволуваат условите од ставовите (1) и (2) на овој член се ознака на потекло или географска ознака. (4) Негеографски поими од ставот (3) на овој член може да се користат само доколку истите со долга употреба во прометот станале општопознати како традиционални за означување на земјоделскиот или прехранбениот производ. Член 143 (Ознака за гарантиран традиционален специјалитет) (1) Со ознаката за гарантиран традиционален специјалитет може да се заштити називот на земјоделските и прехранбените производи од членот 141 став (2) на овој закон: кои се произведени со употреба на традиционални суровини, кои имаат специфичен квалитет, углед или друго обележје кои се припишуваат на традицијата и Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 76 од 101 (2) Традиционален назив кој се користи за означување на земјоделските и прехранбените производи кои ги задоволуваат условите од ставот (1) на овој член е ознака за гарантиран традиционален специјалитет. (3) За да биде регистриран традиционалниот назив треба да е: специфичен само за одреден производ или да ги изразува посебните својства на производот. (4) Називот од ставот (3) алинеја 1 на овој член треба да е традиционален и да биде вообичаен во неговото користење. (5) Називот од ставот (3) алинеја 2 на овој член нема да се регистрира, ако: создава заблуда односно е посебен и упатува на очигледните својства на производот или својството е такво да не одговара на производот, па може да ги наведе потрошувачите на погрешно мислење за карактеристиките на производот. Член 144 (Генерички назив, називи кои се во конфликт со називите на растителните сорти и животински раси, хомоними и трговска марка) (1) Генеричкиот назив не може да се регистрира како ознака за потекло или географска ознака. (2) За да не се доведат во заблуда потрошувачите околу вистинското потекло на производ, како ознака на потекло или географска ознака нема да се регистрира назив кој е во конфликт со растителна сорта или животинска раса. (3) Назив на растителните сорти и животински раси може да биде дел од називот за ознаката за гарантиран традиционален специјалитет, под услов да не создава заблуда во однос на природата на производот. (4) Називот кој во целост или делумно е хомонимен со називот кој веќе е регистриран во согласност со овој закон ќе се регистрира со соодветно почитување на локалната и традиционалната употреба на називот, освен ако не постои ризик од доведување во заблуда на потрошувачите. (5) Хомонимен назив кој погрешно ги упатува потрошувачите дека производот доаѓа од некое друго географско подрачје нема да се регистрира, дури и кога таквиот назив се однесува за вистинско подрачје, регион или место на потекло. (6) При употреба на регистриран назив кој е хомоним се води сметка да постои доволна разлика меѓу хомонимот кој е регистриран подоцна и називот кој веќе е запишан во соодветниот регистар. (7) Ознаката за потекло или географската ознака нема да се регистрираат доколку регистрацијата ги доведува во заблуда потрошувачите околу вистинскиот идентитет на производот во однос на угледот, препознатливоста и должината на употребата на трговска марка. Член 145 (Елаборат) (1) Земјоделскиот или прехранбениот производ добива ознака за потекло или географска ознака, врз основа на изработен елаборат. (2) Елаборатот особено содржи: Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 77 од 101 1) назив на земјоделскиот или прехранбениот производ кој во себе содржи ознака на потекло или географска ознака; 2) опис на земјоделскиот или прехранбениот производ, суровината, како и главните физички, хемиски, микробиолошки или органолептички карактеристики на земјоделскиот или прехранбениот производ; 3) дефинирање на географското подрачје; 4) доказ дека земјоделскиот или прехранбениот производ потекнува од одреденото географско подрачје согласно со членот 142 ставови (1) алинеја 1 и (2) алинеја 1 од овој закон; 5) опис на методот за производство вклучително и начинот на пакување доколку истото задолжително се изведува во дефинираното географско подрачје од ставот (2) точка 3 на овој член за потребите на заштита на квалитетот и потеклото на производот и негова контрола на земјоделскиот или прехранбениот производ и по потреба автентичниот и непроменлив локален метод на производство; 6) податоци за: поврзаност меѓу квалитетот или карактеристиките на земјоделскиот или прехранбениот производ и географското подрачје од членот 142 став (1) алинеја 1 на овој закон или поврзаност меѓу специфичниот квалитет, угледот или други карактеристики на земјоделскиот или прехранбениот производ со географското подрачје од членот 142 став (2) алинеја 1 на овој закон; 7) назив и адреса на овластените тела кои ја верифицираат соодветноста на производот со елаборатот и 8) специфични правила за означување на земјоделскиот или прехранбениот производ. Член 146 (Спецификација на производот) (1) Земјоделскиот или прехранбениот производ добива ознака за гарантиран традиционален специјалитет врз основа на изработена спецификација на производот (во натамошниот текст: спецификација). (2) Спецификацијата од ставот (1) на овој член особено содржи: назив на земјоделскиот или прехранбен производ, опис на земјоделскиот или прехранбениот производ вклучувајќи ги неговите главни физички, хемиски, микробиолошки или органолептички својства, опис на методот на производство, подготовката и природата и својствата на употребените суровини или состојки кои производителите мораат да го следат, елементите кои ги одредуваат посебните својства на производот и неговиот традиционален карактер и минималните барања и постапки за проверка на посебните својства. (3) Формата и содржината на спецификацијата од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 78 од 101 Член 147 (Барање за регистрација) (1) Барање за регистрација може да поднесе заинтересирана група на оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав. Во групата на производители можат да учествуваат и други заинтересирани субјекти. (2) Правно или физичко лице се смета за група на производители ако ги исполнуваат следниве услови: да е единствен производител што е заинтересиран да поднесе барање за заштита во дефинираното географско подрачје и дефинираното географско подрачје да поседува карактеристики по кои се разликува од соседното подрачје или карактеристиките на производот, односно начинот на производство се разликуваат од карактеристиките на производите кои се произведуваат во соседното подрачје. (3) Групата на производители од ставот (1) на овој член може да се поднесе барање за регистрација само за земјоделски или прехранбени производи кои тие ги произведуваат или преработуваат. (4) Барањето за регистрација на ознака за потекло или географска ознака особено содржи: назив и адреса на група на производители која го поднесува барањето, елаборат за производот и единствен документ. (5) Барањето за регистрација на ознака за гарантиран традиционален специјалитет особено содржи: назив и адреса на групата на производители која го поднело барањето, спецификација на производот наведена во членот 146 од овој закон, документи кои го докажуваат специфичниот и традиционалниот карактер на производите. (6) Со едно барање може да се побара регистрација само на една ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет. (7) Формата и содржината на единствениот документ од барањето од ставот (4) алинеја 3 на овој член ги пропишува министерот. (8) Формата и содржината на елаборатот од ставот (4) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. (9) Формата и содржината на барањата од ставовите (4) и (5) на овој член ги пропишува министерот. Член 148 (Постапка за регистрација) (1) Барањето за регистрација од членот 147 на овој закон се поднесува до Министерството. (2) Министерот формира стручна комисија за спроведување на постапка за регистрирање заштитените ознаки на земјоделски и прехранбени производи. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 79 од 101 (3) Комисијата од ставот (2) на овој член е составена од седум члена од кои четири члена се од Министерството, два члена се експерти од соодветната област за која се бара регистрирање на заштитна ознака и еден член е претставник на организацијата на потрошувачи. (4) За проверка на основаноста на барањето од членот 147 од овој закон, приговорот од членот 149 од овој закон, соодветноста на контролниот план од членот 150 од овој закон, барањето за измена од членот 152 од овој закон и барањето за поништување од членот 153 од овој закон за исполнетоста на условите кои се однесуваат на ознаката на потекло, географската ознака и ознаката загарантиран традиционален специјалитет, Комисијата од ставот (2) на овој член го разгледува секое барање и доставува предлог до министерот. (5) Начинот на работа на Комисијата по однос на ставот (4) од овој член ја пропишува министерот. (6) Доколку барањето од ставот (1) на овој член е основано и целосно, елаборатот, односно спецификацијата на производот се објавува во рок од 30 дена по завршување на постапката од ставот (5) на овој член на веб страницата на Министерството и во јавните гласила. (7) Комисијата од ставот (2) на овој член го разгледува барањето од ставот (4) на овој член во рок од шест месеци од денот на неговото поднесување. Член 148-а (Барање за заштита поднесено од странски земји) (1) Постапката за регистрација од членот 147 од овој закон, во случај кога барател е група на странски производители или преработувачи, правни и физички лица, барањето за заштита се поднесува во Министерството, директно од групата или пак од надлежната институција од странската земја. (2) Барањето мора да биде поткрепено со доказ дека називот за производот за кој се бара заштита е веќе регистриран во земјата од каде доаѓа барањето. Член 149 (Приговор) (1) Секое домашно и странско правно или физичко лице кое има правен интерес има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објавување од членот 148 став (6) на овој закон, доколку: а) географскиот назив: е регистриран спротивно од членот 145 на овој закон, не е во согласност со одредбите од членот 142 на овој закон, регистрирањето на предложениот назив би го загрозило опстојувањето на производот со целосен или делумно идентичен назив или трговска марка, кој бил законски присутен на пазарот во последните пет години пред датумот на објавувањето од членот 144 став (4) на овој закон и содржи податоци од кои може да се заклучи дека називот за кој е побарана регистрација е генерички, во смисла на членот 144 ставови (1) и (2) од овој закон и Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 80 од 101 б) традиционалниот назив: е регистриран спротивно од членот 146 на овој закон и не е во согласност со одредбите од членот 143 на овој закон. (2) Стручната комисија од членот 148 став (2) на овој закон ја проверува основаноста на приговорот. (3) Заинтересираните страни се должни да достават информација до Министерството за постапката за постигнување спогодба. (4) Доколку приговорот е основан и во согласност со ставот (1) на овој член, Министерството ги повикува заинтересираните страни да се спогодат. (5) Доколку заинтересираните страни не постигнат спогодба, министерот, врз основа на предлог на Комисијата, ќе одлучи како ќе постапи во однос на барањето за регистрација. (6) Образецот за поднесување на приговор од ставот (1) на овој член и образецот за доставување на информација од спогодбената постапка од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот. Член 150 (Решение и регистри на ознаки) (1) По спроведената постапка од членовите 148 и 149 на овој закон министерот донесува решение за регистрација на ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет. (2) Решението за регистрација од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија”. Податоците за заштитениот производ се објавуваат на веб страницата на Министерството. (3) Со влегувањето во сила на решението од ставот (1) на овој член, регистрираната ознака на потекло се запишува во Регистарот на ознаки на потекло, регистрираната географска ознака се запишува во Регистарот на географски ознаки и регистрираната ознака за гарантиран традиционален специјалитет се запишува во Регистарот на ознаки за гарантиран традиционален специјалитет. (4) Формата, содржината и начинот на водење на регистрите од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот. Член 151 (Регистри на корисници на ознаки) (1) Регистрираниот назив од членот 150 на овој закон може да го користи секој субјект кој го произведува и/или преработува земјоделскиот или прехранбениот производ во согласност со елаборатот или спецификацијата. (2) Групата на производители од членот 147 став (1) на овој закон која поднела барање за регистрација согласно со овој закон, односно секој нејзин член кој ја поминал постапката на верификација на соодветноста со елаборатот и/или спецификацијата, се запишува во Регистарот на корисници на ознаки на потекло, Регистарот на корисници на географски ознаки или Регистарот на корисници на ознака за гарантиран традиционален специјалитет. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 81 од 101 (3) Секој нов производител и/или преработувач кој не е член во групата на производители од ставот (2) на овој член или е нејзин член и ја нема поминато постапката на верификација на соодветноста со елаборатот и/или спецификацијата во текот на постапката за регистрација на ознаката, се запишува во соодветниот регистар од ставот (2) на овој член врз основа на барање и доказ за исполнување на условите од ставот (1) на овој член. (4) инистерството на секој производител и/или преработувач од ставовите (2) и (3) на овој член му издава решение за запишување во соодветниот регистар од ставот (2) на овој член. (5) Формата, содржината и начинот на водење на регистрите од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот. Член 152 (Изменување и дополнување на елаборатот и спецификацијата) (1) Групата на производители која ги исполнува условите од членот 147 ставови (1), (2) и (3) на овој закон и која има интерес, може да поднесе барање за одобрување на измена и дополнување на: елаборатот со цел да се измени содржината на елаборатот географското подрачје од членот 145 став (2) точка 3 на овој закон или да се уважат достигнувањата во областа на науката и технологијата или спецификацијата, за измени во содржината на спецификацијата од членот 146 став (2) на овој закон. (2) Барањето од ставот (1) на овој член особено содржи опис на бараните измени и дополнувања на елаборатот и/или спецификацијата со образложение. (3) Доколку бараните измени и дополнувања од ставот (1) алинеја 1 на овој член вклучуваат една или повеќе измени и дополнувања на единствениот документ за барањето за измена и дополнување се применува постапката од членовите 148, 149, 150 и 151 на овој закон. (4) Доколку измените и дополнувањата од ставот (1) алинеја 1 на овој член немаат одраз на содржината на единствениот документ министерот, врз основа на предлог на Комисијата, одлучува без примена на постапката од членот 148 став (5) на овој закон. (5) За барањето за одобрување на измени и дополнувања од ставот (1) алинеја 2 на овој член се применува постапка од членовите 148, 149, 150 и 151 на овој закон. (6) Доколку измените и дополнувањата од ставот (1) на овој член се од мал обем, министерот, врз основа на предлог на Комисијата, одлучува без да ја примени на постапката од членот 148 став (5) на овој закон. (7) Доколку измените и дополнувањата од ставот (1) на овој член се однесуваат на привремена промена поради задолжителни санитарни или фитосанитарни мерки од страна на надлежните јавни субјекти, нема да се применува постапката од членот 148 став (5) на овој закон. (8) Начинот на поднесување на барањето и формата и содржината на образецот на барањето за измена и дополнување на елаборатот односно спецификацијата го пропишува министерот. (9) Измените и дополнувањата од ставот (1) на овој член министерот ги објавува во „Службен весник на Република Македонија“. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 82 од 101 Член 153 (Поништување на решението за регистрација) (1) Доколку од страна на верификациските тела од членот 162 став (3) од овој закон се утврди дека производството на земјоделскиот или прехранбениот производ не е во согласност со условите наведени во елаборатот или спецификацијата, министерот на предлог на Комисијата од членот 148 од овој закон, донесува решение за бришење на субјектот од соодветниот регистар од членот 151 став (2) од овој закон. (2) Доколку по поднесено барање за поништување на решение за регистрација на заинтересирано правно или физичко лице, се утврди дека заштитениот назив е регистриран спротивно од членот 144 од овој закон, министерот на предлог на Комисијата од членот 148 од овој закон донесува решение за поништување на решението од членот 150 став (1) од овој закон. (3) Формата, содржината и начинот на поднесување на барањето од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот. (4) Против решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член е дозволена жалба до Државната комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (5) Решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Министерството. Член 154 (Називи, ознаки и знаци) (1) Земјоделски или прехранбен производ произведен и/или преработен во согласност со елаборатот од членот 145 на овој закон ќе биде означен на начин што покрај регистрираниот назив ќе има видлива ознака за „ЗАШТИТЕНА ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО”, дносно „ЗАШТИТЕНА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА” или со употреба на знаци кои ја содржат истата ознака. (2) Земјоделски или прехранбен производ произведен и/или преработен во согласност со спецификацијата од членот 146 на овој закон ќе биде означен на начин што покрај регистрираниот назив ќе има видлива ознака за „ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ” или со употреба на знаци кои ја содржат истата ознака. (3) Претходно регистрирани традиционални називи можат да се користат за означување на земјоделски и прехранбен производ кој не е произведен и/или преработен во согласност со спецификацијата од членот 146 на овој закон без да се користи ознака „ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН РАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ” или знаци кои ја содржат истата ознака. (4) Доколку ознаката за гарантиран традиционален специјалитет се регистрира со задржување на правото на називот, согласно со членот 146 став (2) алинеја 2 од овој закон, по датумот на објавување од членот 150 став (2) на овој закон, регистрираниот назив повеќе не смее да се употребува за означување на Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 83 од 101 земјоделски или прехранбени производи кои не ја задоволуваат спецификација од членот 146 на овој закон дури и ако не е придружен со ознака „ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ” или знаци кои ја содржат истата ознака. (5) Само производителите и/или преработувачите кои ги задоволуваат условите од елаборатот од членот 145 на овој закон и спецификацијата од членот 146 на овој закон и кои се запишани во соодветниот регистар на корисници од членот 151 став (2) на овој закон, можат при означувањето, рекламирањето или на друга документација која се однесува на земјоделскиот или прехранбениот производ да ги користат ознаките од ставовите (1) и (2) на овој член. (6) Формата, содржината, големината и употребата на ознаките и знаците од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот. Член 155 (Трошоци) (1) Трошоците во постапката за регистрирање и користење на ознаката за потекло, географската ознака и ознаката за гарантиран традиционален специјалитет се на товар на подносителот на барањето и се во висина на реално направените трошоци за спроведување на постапката. (2) Трошоците од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. Член 156 (Заштита на регистрирани називи) (1) Регистрираните географски називи се заштитени од: нивно директно или индиректно комерцијално користење за производи кои не се опфатени со регистрацијата, доколку тие производи се слични со производите кои се регистрирани под тие називи или доколку со користење на тој назив се искористува угледот на заштитениот назив, злоупотреба, имитирање па дури и ако е означено вистинското потекло на производот или ако називот на производот е преведен или ако му е додаден израз сличен на „стил”, „метод”, „произведен како во”, „имитација” или слично; употреба на лажна ознака или ознака која ги доведува во заблуда потрошувачите во однос на изворот, потеклото, природата или значајните карактеристики на производот во која било фаза од маркетингот и се друго што може да ги доведе во заблуда потрошувачите во однос на вистинското потекло на производот. (2) Кога регистрираниот географски назив во себе го содржи називот на земјоделскиот или прехранбениот производ кој се смета за генерички, користењето на тој генерички назив за соодветниот земјоделски или прехранбен производ нема да се смета за спротивен на ставот (1) алинеи 1 и 2 од овој член. (3) Заштитените географски називи не можат да станат генерички. (4) Регистрираните традиционални називи заштитени се од: Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 84 од 101 злоупотреба или користење кое може да ги доведе во заблуда потрошувачите во поглед на „ознаката за гарантиран традиционален специјалитет” или соодветниот знак, како и од секакво имитирање на називите кои се регистрирани со задржување на правото на називот и постапки кои би можеле да ги доведат во заблуда потрошувачите, вклучувајќи и постапки кои упатуваат дека некој земјоделски или прехранбен производ е регистриран како ознака за гарантиран традиционален специјалитет. (5) Називите на земјоделските или прехранбените производи кои се пуштаат во промет, не смее да се користат на начин кој создава забуна во однос на регистрираните традиционални називи и правото за задржување на називот. Член 157 (Трговска марка) (1) Кога барањето за регистрација на трговската марка е поднесено после денот на поднесување на барањето за регистрација на ознаката за потекло и географската ознака се регистрирани во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на него, барањето за регистрирање на трговската марка ќе биде одбиено. (2) Државниот завод за индустриска сопственост по службена должност од Министерството треба да обезбеди дека за земјоделскиот или прехранбениот производ за кој е поднесено барање за трговска марка не е претходно поднесено барање, односно истиот не е регистриран за ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет. (3) Трговската марка која е регистрирана на подрачјето на Република Македонија во согласност со посебните прописи, пред датумот на поднесување на барањето за регистрација на ознака за потекло или географска ознака, може и понатаму да продолжи да се користи. 2. Меѓународна регистрација и заштита на ознаките Член 158 (Меѓународна регистрација) (1) Ознаките на потекло, географските ознаки и ознаките за гарантиран традиционален специјалитет можат да се заштитат и во странство врз основа на билатерални договори за заемна заштита или меѓународни договори кои се ратификувани од Република Македонија, како и врз основа на поднесено барање за заштита согласно со прописите на земјата во која се врши заштитата. (2) Ознаките на потекло, географските ознаки и ознаките за гарантиран традиционален специјалитет можат да се заштитат во Република Македонија од страна на трети земји врз основа на билатерални договори за заемна заштита или меѓународни договори кои се ратификувани од Република Македонија, како и врз основа на поднесено барање за заштита согласно со овој закон. (3) Ознаките кои не се заштитени или оние кои престанале да важат во земјата на потекло, не можат да се заштитат во Република Македонија. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 85 од 101 Член 159 (Барање за регистрација на ниво на Европска унија) (1) Групата на производители од членот 147 на овој закон може да поднесе барање за регистрација на ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет на ниво на Европската унија во пишана и електронска форма за ознаките заштитени согласно со одредбите на овој закон во Република Македонија. (2) Барањето за регистрација на ознака за потекло или географска ознака од ставот (1) на овој член мора да ги содржи документите од членот 147 став (4) на овој закон, како и доказ дека називот е заштитен во Република Македонија. (3) Барањето за регистрација на ознаките за гарантиран традиционален специјалитет од ставот (1) на овој член мора да ги содржи и документите од членот 147 став (5) на овој закон. (4) Барањето од ставовите (2) и (3) на овој член се испраќа до Европската комисија директно или преку Министерството. (5) Доколку називот на заштитената ознака на потекло или географската ознака означува прекугранично географско подрачје или кога традиционалниот назив е поврзан со прекуграничното географско подрачје, повеќе групи на производители можат да поднесат заедничко барање во согласност со правилата пропишани со прописите на Европската Унија. (6) Групи на производители од различни држави членки на Европската унија или од трети земји можат да поднесат заедничко барање за заштита на ознаките за гарантиран традиционален специјалитет под услов барањето да е во согласност со правилата пропишани во Европската унија. (7) Барањето и документацијата до Европската комисија се испраќаат на еден од службените јазици на Европската унија. Член 160 (Постапка за регистрација на ниво на Европската унија) (1) Постапката за регистрација на ознака на ниво на Европската унија се спроведува во согласност со правилата пропишани во Европската унија. (2) Во случај националните ознаки да се регистрирани и на ниво на Европската унија се применуваат прописите од ставот (1) на овој член. 3. Контрола и верификација на соодветноста со елаборатот и/или производната спецификација Член 161 (Контрола) (1) Контрола на соодветноста на производот кој е заштитен со ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет со елаборатот од членот 145 од овој закон и спецификацијата од членот 146 од Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 86 од 101 овој закон, по регистрацијата на ознаката од членот 150 од овој закон, ја спроведуваат верификациските тела од членот 162 став (3) од овој закон и органот од членот 163 став (4) од овој закон. (2) Корисниците на регистрирана ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет согласно со овој закон подлежат на контролата од ставот (1) на овој член. Член 162 (Верификација на соодветноста со елаборатот и/или спецификацијата) (1) Верификацијата на соодветноста со елаборатот од членот 145 на овој закон и/или спецификацијата од членот 146 на овој закон се спроведува по поднесување на барањето од членот 147 ставови (4) и (5) на овој закон, како и по завршувањето на постапката за регистрација на ознаката од членот 148 на овој закон. (2) Верификацијата на соодветноста од ставот (1) на овој член се врши врз основа на контролниот план од ставот 3 на овој член ја спроведуваат тела кои ги овластува министерот. (3) Контролниот план го изработуваат телата од ставот (2) на овој член, а го одобрува министерот. (4) Анализата за утврдување на квалитативните карактеристики што се утврдени во елаборатот или спецификацијата се испитува во овластени лаборатории за испитување на квалитет и безбедност на храната. (5) Овластените верификациски тела од ставот (2) на овој член се правни лица акредитирани од Институтот за акредитација на Република Македонија. (6) За овластените верификациски тела се води Регистар кој се објавува во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Министерството. (7) Решението за овластување на верификациските тела се објавува во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Министерството. (8) Висината на трошоците за верификација на соодветноста од ставот (2) на овој член ја утврдуваат верификациските тела по претходно добиена согласност од Министерството, а се на товар на подносителите на барањата или корисниците на ознаките. (9) Формата и содржината на Регистарот од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот. IV. НАДЗОР Член 163 (Надзор) (1) Надзор над спроведување на одредбите од овој закон врши Министерството. (2) Инспекциски надзор на одредбите на овој закон за земјоделските и прехранбените производи од растително потекло од Главата II дел 1, дел 1-а членови 16-г, 16-е, 16-ж и 16-з, дел 2 освен членот 21 и дел 3 на овој закон врши надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 87 од 101 (3) Инспекциски надзор на одредбите на овој закон за земјоделските и прехранбените производи од животинско потекло од Главата II дел 1-а членови 16-а, 16-б, 16-в, 16-д, 16-ѕ, 16-и, 16-ј и 16-к, дел 2 член 21, делови 4, 5, 6, 7, 8 и 9 на овој закон врши Агенцијата за храна и ветеринарство. (4) Инспекциски надзор на одредбите од овој закон за примарните земјоделски производи од растително потекло чиј назив е заштитен со ознака за потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет кои се ставаат во промет врши надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство во согласност со одредбите на овој закон. (5) Инспекциски надзор на одредбите од овој закон за земјоделските производи од животинско потекло и прехранбените производи чиј назив е заштитен со ознака за потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет кои се ставаат во промет врши државниот инспектор или официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство во согласност со одредбите на овој закон. Член 164 (Постапка за едукација) (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за земјоделство и официјалниот ветеринар утврдат дека е сторена неправилност од членовите 171 став (1) и 174 став (1) на овој закон, се должни да состават записник во кој ќе ја утврдат сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот. (3) Едукацијата ја организира и спроведува надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, односно Агенцијата за храна и ветеринарство, односно органот на државната управа којшто го извршил инспекцискиот надзор во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку државниот инспектор за земјоделство, односно официјалниот ветеринар при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку државниот инспектор за земјоделство, односно официјалниот ветеринар при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 88 од 101 (9) Надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, односно Агенцијата за храна и ветеринарство водат евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот. Член 165 (Надлежност на инспекторот) (1) Државниот инспектор за земјоделство, покрај овластувањата кои ги има врз основа на Законот за надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, ги има и следниве надлежности и овластувања: врши инспекциски надзор на квалитетот на жита и ориз, храна за животни од растително потекло, свежо овошје и зеленчук, врши надзор на работата на регистрираните корисници на ознаки на потекло, географска ознака и ознаката за гарантиран традиционален специјалитет, зема примероци заради утврдување на квалитетот и за утврдување на соодветноста со декларираниот квалитет на земјоделските и прехранбените производи од растително потекло, привремено забрани користење на регистрираните ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет, забрани ставање во промет на земјоделски и прехранбени производи доколку не соодветствуваат на пропишаниот квалитет, не соодветствуваат на елаборатот на ознаките за потекло и географска ознака и спецификациите на ознаката за гарантиран традиционален специјалитет и врши и други работи пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на него. (2) Официјалниот ветеринар, покрај овластувањата кои ги има врз основа на прописите од областа на ветеринарното здравство ги има и следниве надлежности и овластувања: врши инспекциски надзор на квалитетот на храна за животни од животинско потекло, јајца и месо од живина, говедско, свинско, овчо и козјо месо, производи од пчели, млеко и производи од млеко, врши инспекциски надзор и контрола на квалитет на пратки од земјоделски и прехранбени производи од животинско потекло при увоз и преглед на придружната документација, зема примероци заради утврдување на квалитет и за утврдување на соодветност на земјоделски и прехранбени производи од животинско потекло, привремено ја забрани употребата на заштитените називи, доколку не се во согласност со барањата утврдени со овој закон; го забранува пуштањето во промет на производите со заштитен назив кои не се во согласност со оредбите од овој закон и врши надзор врз работата на верификациските тела од членот 162 од овој закон. врши инспекциски надзор и контрола на брашното кое се става во промет и врши други работи пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на него. (3) Државниот инспектор за земјоделство и државниот фитосанитарен инспектор покрај овластувањата кои ги имаат врз основа на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, вршат и инспекциски надзор на Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 89 од 101 квалитетот и контрола на квалитетот на пратки од земјоделски и прехранбени производи од растително потекло при увоз и преглед на придружната документација. Член 166 Надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, односно Агенцијата за храна и ветеринарство за извршениот надзор изготвуваат квартални извештаи и ги објавуваат на вeб страницата на Министерството, односно на Агенцијата, на унифициран квартален преглед. Член 167 (Трошоци за контрола на квалитет) (1) Трошоците за контрола на квалитетот на земјоделските производи при производство, промет и при увоз и извоз, вклучувајќи ги и трошоците за земање на примероците и лабораториските анализи, се на товар на операторите со земјоделските производи. (2) Висината на трошоците за контролата од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот, во зависност од вистински направените трошоци за извршување на работите од ставот (1) на овој член. Член 168 (Одземање на земјоделски и прехранбени производи) (1) Во случај кога државниот инспектор за земјоделство односно официјалниот ветеринар ќе утврди дека квалитетот на земјоделските производи и преработки не соодветствуваат на декларираниот квалитет го задолжува операторот да ги повлече земјоделските производи и преработки во која било фаза од маркетингот. (2) Во случај кога државниот инспектор за земјоделство односно официјалниот ветеринар ќе утврди дека земјоделските производи и преработки не соодветствуваат на пропишаниот квалитет издава решение за забрана на ставање во промет, а земјоделските производи и преработки привремено ги одзема со потврда за привремено одземени предмети. (3) Државниот инспектор за земјоделство, односно официјалниот ветеринар кој го извршил надзорот ќе потврди дали времено забранетите земјоделски производи и преработки од ставот (2) на овој член се усогласени со одредбите од овој закон, после издавањето на решение за забрана од ставот (2) на овој член. V. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 169 (1) Глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице односно трговец поединец, ако: 1) става во промет оригинални пакувања без декларација за квалитет (член 8 став (3)); 1-а) става во промет брашно без да обезбеди извештај од лабораториско испитување кое не ги исполнува минималните услови (член 16-б); Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 90 од 101 1-б) става во промет брашно кое не е пакувано во пропишаната амбалажа и на обвивката нема декларација за квалитет (член 16-в); 1-в) става во промет брашно кое не е означено со контролната марка и не обезбеди следливост по однос на квалитетот во сите фази на маркетинг (членови 16-г и 16-д); 1-г) става во промет брашно без резултати од анализи за квалитет (член 16-ѕ); 2) става во промет јајца кои не ги исполнуваат минималните карактеристики (член 46 став (1)); 3) става во промет месо од живина кое не ги исполнува минималните карактеристики (член 48 ставови (1) и (2)); 4) не наведе рок на траење (член 52 став (3)); 5) препакува пакувани јајца од класата А надвор од центрите за пакување (член 60); 6) става во промет јајца без наведена информација (член 61); 7) става во промет месо од живина кое не е идентификувано (член 62); 8) не врши задолжително оценување (член 80 став (1)) 9) става во промет неозначени трупови (членови 82 став (1), 99 став (2) и 106 став (1)); 10) не обезбедува соодветни технички услови (член 86 став (1)); 11) не применува пропишани методи (член 98 ставови (2) и (3)); 12) става во промет некласирани трупови (член 105 став (1)); 13) става во промет сурово млеко без да ги исполнува минималните барања за квалитет (член 125 став (1)); 14) става во промет конзумно млеко кое не е пастеризирано и/или стерилизирано (член 128 став (1)); 15) става во промет конзумно млеко спротивно од членот 128 ставови (1) и (5) на овој закон; 16) става во промет производи од млеко кои не исполнуваат пропишани стандарди за квалитет (член 129 став (1)) и 17) става во промет млеко и млечни производи кои не се означени со основни податоци (член 131 став (1)). (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно трговец поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице односно трговец поединец за прекршоците од ставот (1) на овој член. (3) На правното лице покрај глобата од ставот (1) на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност во траење од шест месеци до една година. (4) На одговорното лице во правното лицеодносно трговец поединецпокрај глобата од ставот (2) на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење определенадолжност во траење до една година. (5) За прекршоците од ставот (1) на овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на земјоделските и прехранбените производи. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 91 од 101 Член 169-а Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредост ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 126-е од овој закон, доколку не го снима, не го емитува во живо на веб станицата на министерството и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб станицата на Министерството, од членот 126-ј став (3) од овој закон. Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот преставник од членот 126-ј став (3). Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на овластената институција која го спроведува испитот од членот 126-е од овој закон, доколку не го прекине испитот согласно со членот 126-л ставови (5) и (6) од овој закон. Член 169-б Со глоба од 2.000 до 3.000 евра денарска противвредност ќе се казни лицето од членот 126-е став (1) од овој закон кое ќе дозволи да полага кандидат кој не ги исполнува пропишаните услови од овој закон. Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 126-е од овој закон, доколку не го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот. Глоба во износ 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот претставник од членот 126-ј став (5) од овој закон, доколку постапи спротивно на ставот (8) од членот 126-к од овој закон. Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на овластените претставници од членот 126-ј став (5) од овој закон ако дозволат кандидатот да постапи спротивно на ставовите (2), (3) и (4) од членот 126-к од овој закон. Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на кандидатот кој постапува спротивно на ставовите (2), (3) и (4) од членот 126-к од овој закон. Со глоба од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се казнат членовите на комисијата од ставот (4) член 126-ќ од овој закон, доколку утврдат неправилности во спроведувањето на испитот, а тоа не го констатираат во извештајот до министерот. Член 170 (1) Глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице односно трговец поединец, ако: 1) става во промет лупени и нелупени жита и ориз кои не ги исполнуваат минимални услови (член 7 став (1)); 2) става во промет жита и ориз несоодветно означени и придружени со соодветна документација (член 9 ставови (1) и (2)); 3) транспортира жита и ориз, а не ги исполнува условите за транспорт од членот 10 став (1) на овој закон; 4) складира и чува жита и ориз спротивно на пропишаниот начин и услови (член 10 став (2)); Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 92 од 101 4-а) не води евиденција за количините на залихи и преработка на пченица, `рж и пченка и минималните и максималните количини брашно (член 16-ѓ); 4-б) транспортира, складира и чува брашно спротивно на пропишаниот начин и услови (член 16-е); 5) става во промет храна за животни што не ги исполнува пропишаните услови (членови 18 став (3), 19 став (3), 20 став (3), 21 став (3), 22 став (2), 23 став (3), 23-а став (2), 24 став (2) и 25 став (3)); 6) става во промет не пакувана храна за животни (член 26 став (1)); 7) транспортира, складира и чува храна за животни спротивно на пропишаните услови (член 28 ставови (1) и (2)); 8) става во промет свежо овошје и зеленчук кое не ги исполнуваат стандардите за квалитет (член 36 став (1)); 9) става во промет мешавини од различни производи спротивно од пропишаното (член 41); 10) става во промет јајца кои не се соодветно означени (член 50 став (1)); 11) врши пакување во несоодветни простории и без соодветната опрема (член 51 ставови (2) и (4)); 12) става во промет необележани транспортни пакувања на јајца (член 53 став (1)); 13) става во промет јајца означени и пакувани надвор од предвидениот рок за означување и пакување (член 52 ставови (1) и (2)); 14) става во промет несоодветно обележени пакувања (членови 54, 55, 56, 57 и 59); 15) става во промет трупови неразврстени и оценети по класи (членови 78 став (1) и 98 став (1)); 16) врши продажба на мало на некласифицирано месо (член 81); 17) става во промет трупови несоодветно означени (членови 82 ставови (1) и (2), 99 став (2) и 106 ставови (2), (3) и (4)); 18) врши класирање, а не поседува лиценца или лиценцата му е одземена (член 83 став (1)); 19) врши класирање спротивно од одредбите на членовите 87 став (1), 100 и 107 од овој закон; 20) не ги соопштува резултатите (член 88 став (1)); 21) не изработува и доставува збирен записник (член 87 став (3)); 22) не ги соопштува резултатите во предвидениот рок (член 88 став (1)); 23) резултатите не ги води на пропишан образец (член 88 став (2)); 24) не го известуваат класификаторот (член 91 став) 4)); 25) става во промет трупови класирани спротивно на пропишаниот начин (член 105 ставoви (2), (3) и (4)); 26) става во промет мед, матичен млеч, полен и прополис кои не ги исполнуваат пропишаните стандарди (член 114 ставови (1), (2), (3) и (4)); 27) чува производи од пчели спротивно на пропишаниот начин (член 115 ставови (1) и (2)); 28) става во промет производи од пчели со додатоци повеќе од дозволените (член 116 став (1)); 29) става во промет непакувани и неозначени производи од пчели (член 117 став (1)); Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 93 од 101 30) става во промет несоодветно означени производи од пчели (член 117 став (1)); 31) не составува дневен записник и не ги обележува соодветно примероците (член 126 став (5)); 32) става во промет конзумно млеко со процент на млечна маст различен од пропишаниот (член 127 став (2), (3) и (4)); 33) употребува стартер култури, сирила и други специфични материи кои не задоволуваат пропишани барања во однос на квалитет и активност (член 130 став (1)); 34) не ги известува производителите за резултатите и вреднувањето на суровото млеко во предвидениот рок (член 135 став (1)); 35) не архивира и чува податоци (член 136); 36) не доставува резултати од анализа на квалитет на суровото млеко на пропишан начин и предвиден рок (член 140 став (2)); 37) користи регистрирана ознака на потекло, географска ознака или ознака на гарантиран традиционален специјалитет, спротивно на членот 150 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 38) користи регистрирана ознака на потекло, географската ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет после поништувањето на решението (член 153 став (1)); 39) користи регистриран назив спротивно од членот 156 став (1) на овој закон; 40) користи трговска марка спротивно од одредбите на членот 157 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 41) означува земјоделски или прехранбени производи спротивно од одредбите од членот 154 ставови (1), (2), (3) и (4) на овој закон и 42) не доставува резултати согласно со членот 140 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно трговец поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице односно трговец поединец за прекршоците од ставот (1) на овој член. (3) За сторен прекршок од ставот (1) на овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на земјоделските и прехранбените производи. Член 171 (1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) става во промет жита и ориз несоодветно пакувани (член 8 став (1)); 2) декларацијата не ги содржи пропишаните податоци (член 8 став (4)); 3) не доставува извештаи (член 12 ставови (1), (2), (3) и (4)); 3-а) не доставува извештаи (член 16-з); 3-б) операторот не доставува извештаи во предвидениот рок (член 16-з ставови (2) и (4)); 4) става во промет храна за животни која не е соодветно означена и придружна со соодветна документација (член 27 став (1)); 5) не води евиденција и не доставува податоци (член 30 ставови (1) и (2)); 6) не архивира и не чува евидентирани податоци (член 30 став (3)); Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 94 од 101 7) става во промет свежо овошје и зеленчук кое не е соодветно означено во однос на нивната намена (член 36 став (3)); 8) става во промет свежо овошје и зеленчук кои не се соодветно означено (член 40 ставови (1), (2), (3) и (4)); 9) операторот не доставува извештаи (член 42 став (2)); 10) операторот не доставува извештаи во предвидениот рок (член 42 став (2)); 11) не води евиденција и не архивира податоци (членови 65, 66 и 67); 12) води евиденција и архивирање спротивно на пропишаниот начин (членови 65, 66 и 67); 13) не ги чува евидентираните и архивираните податоци во предвидениот период (член 68); 14) не води евиденција и не архивира податоци (член 91 став (1)); 15) податоците од членот 91 став (1) не ги чува согласно со предвидениот рок од членот 92 став (2) на овој закон; 16) не води евиденција (член 119 став (1)); 17) не доставува евиденција (член 119 став (2)); 18) не доставува евиденција во утврдениот рок (член 119 став (2)) и 19) не води и не доставува евиденција, не архивира и не чува податоци за произведено и продадено млеко (членови 133 ставови (1) и (2) и 134 ставови (1), (2), (3) и (4)). (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лицеодносно трговец поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице односно трговец поединецза прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 172 (1) Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице ако: 1) става во промет оригинални пакувања без декларација (член 8 став (3)); 1-а) става во промет брашно кое не е означено со контролна марка и не обезбедува следливост по однос на квалитетот во сите фази на маркетинг (членовите 16-г и 16-д); 2) става во промет јајца кои не ги исполнуваат минималните карактеристики (член 45 став (1)); 3) става во промет јајца кои не се означени (член 50 став (1)); 4) откупува, класира, означува и пакува јајца и обележува пакување, а не е центар за пакување (член 51 став (1)); 5) препакува пакувани јајца од класата А надвор од центрите за пакување (член 60); 6) става во промет јајца без наведена информација (член 61); 7) става во промет месо од живина кое не е идентификувано (член 62); 8) не врши задолжително оценување (член 80 став (1)); 9) врши продажба на мало на некласифицирано месо (член 81); 10) става во промет неозначени трупови (членови 82 став (1), 99 став (2) и 106 став (1)); 11) става во промет сурово млеко без да ги исполнува минималните барања за квалитет (член 125 став (1)); Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 95 од 101 12) става во промет производи од млеко кои не исполнуваат пропишани стандарди за квалитет (член 129 став (1)) и 13) става во промет млечни производи кои не се означени со основни податоци (член 131 став (1)). (2) На физичкото лице покрај глобата од ставот (1) на овој член ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка привремено одземање на земјоделските и прехранбените производи. Член 173 (1) Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице ако: 1) става во промет лупени и нелупени жита и ориз кои не ги исполнуваат минимални услови (член 7 став (1)); 2) транспортира жита и ориз, а не ги исполнува условите за транспорт од членот 10 став (1) на овој закон; 2-а) транспортира, складира и чува брашно, а не ги исполнува условите од членот 16-е од овој закон; 3) става во промет храна за животни што не ги исполнува пропишаните услови (членови 18 став (3), 19 став (3), 20 став (3), 21 став (3), 22 став (2), 23 став (3), 24 став (2) и 25 став (3)); 4) става во промет не пакувана храна за животни (член 26 став (1)); 5) транспортира, складира и чува храна за животни спротивно на пропишаните услови (член 28 ставови (1) и (2)); 6) става во промет свежо овошје и зеленчук кое не ги исполнуваат стандардите за квалитет (член 36 став (1)); 7) става во промет необележани транспортни пакувања на јајца (член 53 став (1)); 8) става во промет трупови неразврстени и оценети по класи (членови 78 став (1) и 98 став (1)); 9) врши класирање, а не поседува лиценца или лиценцата му е одземена (член 83 став (1)); 10) врши класирање спротивно од одредбите на членови 87 став (1), 100 и 107 на овој закон; 11) става во промет некласирани трупови (член 105 став (1)); 12) не изработува и доставува збирен записник (член 87 став (3)); 13) става во промет мед, матичен млеч, полен и прополис кои не ги исполнуваат пропишаните стандарди (член 114 ставови (1), (2), (3) и (4)); 14) става во промет производи од пчели со додатоци повеќе од дозволените (член 116 став (1)); 15) става во промет непакувани и неозначени производи од пчели (член 117 став (1)); 16) не составува дневен записник и не ги обележува соодветно примероците (член 126 став (5)); 17) употребува стартер култури, сирила и други специфични материи кои не задоволуваат пропишани барања во однос на квалитет и активност (член 130 став (1)); Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 96 од 101 18) користи регистрирана ознака на потекло, географска ознака или ознака на гарантиран традиционален специјалитет, спротивно на членот 150 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 19) користи регистрирана ознака на потекло, географската ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет после поништувањето на решението (член 153 став (1)); 20) означува земјоделски или прехранбени производи спротивно од одредбите од членот 154 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој закон и 21) користи трговска марка спротивно од одредбите на членот 157 ставови (1), (2) и (3) од овој закон. (2) За сторен прекршок од ставот (1) на овој член на физичкото лице покрај глобата ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка привремено одземање на земјоделските и прехранбените производи. Член 174 Глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице ако: 1) става во промет жита и ориз несоодветно пакувани (член 8 став (1)); 2) декларацијата не ги содржи пропишаните податоци (член 8 став (4)); 3) става во промет жита и ориз несоодветно означени и придружни со соодветна документација (член 9 ставови (1) и (2)); 3-а) става во промет брашно несоодветно означено и придружено со несоодветна документација (членови 16-в ставови (1) и (2) и 16-д ставови (2), (3) и (4)); 3-б) става во промет несоодветно декларирани пакувања (член 16-в ставови (3) и (4)); 3-в) не води евиденција и не доставува податоци (член 16-ѓ став (1)); 4) става во промет храна за животни која не е соодветно означена и придружена со соодветна документација (член 27 став 1); 5) става во промет свежо овошје и зеленчук кои не е соодветно означени во однос на нивната намена (член 36 став (3)); 6) става во промет свежо овошје и зеленчук кои не се соодветно означени (член 40 ставови (1), (2), (3) и (4)); 7) става во промет мешавини од различни производи спротивно од пропишаното (член 41); 8) става во промет несоодветно обележени пакувања (членови 54, 55, 56, 57 и 59); 9) не води евиденција и не архивира податоци (член 65); 10) води евиденција и архивирање спротивно на пропишаниот начин (член 65) 11) става во промет несоодветно означени производи од пчели (член 117 став (1)); 12) не води и доставува евиденција, не архивира и не чува податоци за произведено и продадено млеко (член 133 став (1)); Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 97 од 101 13) не води евиденција на пропишан начин и не ја доставува во пропишан рок (член 133 став (2)) и 14) не води дневна евиденција и не ја доставува во утврдениот рок (член 134 ставови (1) и (2)). Член 174-а Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок овластеното службено лице во Mинистерството ако: не ги прибави документите во рок од три дена од денот на приемот на барањето спротивно на членовите 15 став (2), 16-j став (2), 33 став (2), 74-б став (2), 122 став (2), 126-г став (2) и 139 став (2) од овој закон и не одлучи по барањето во рок од 30 дена од денот на приемот спротивно на членовите 15 став (4), 16-ј став (4), 33 став (4), 74-б став (4), 122 став (4), 126-г став (4) и 139 став (4) од овој закон. Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите ако не ги достави бараните документи во рок од три дена спротивно на членовите 15 став (3), 16-ј став (3), 33 став (3), 74-б став (3), 122 став (3), 126-г став (3) и 139 став (3) од овој закон. Член 175 (Прекршочна постапка и постапка за порамнување) (1) Прекршочна постапка се води и се изрекува прекршочна санкција за прекршоците предвидени со овој закон пред надлежниот суд. (2) Пред поднесување барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, за прекршоците од членовите 169, 170, 171, 172, 173 и 174 од овој закон, државниот инспектор за земјоделство и официјалниот ветеринар спроведуваат постапка на порамнување и издаваат прекршочен платен налог согласно Законот за прекршоци. (3) Државниот инспектор за земјоделство и фитосанитарниот инспектор се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (4) Во евиденцијата од ставот (1) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (5) Личните податоци од ставот (2) на овој член се чуваат пет години од денот на внесувањето во евиденцијата.“ (6) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 175-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице односно трговец поединец се врши согласно со Законот за прекршоците. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 98 од 101 VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 176 (Подзаконски акти) (1) Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Подзаконските акти од членот 164 ставови (2) и (9) на овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 177 (Акредитација) (1) Овластените верификациски тела од членот 162 став (3) на овој закон се должни да се акредитираат во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Овластените верификациски тела од ставот (1) на овој член кои нема да се акредитираат ќе се бришат од Регистарот од членот 162 став (4) на овој закон. Член 178 (Одложена примена) Одредбите од членовите 159 и 160 на овој закон ќе се применуваат од денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Член 179 (Влегување во сила) Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а одредбите од Главата II дел 1 член 14 став (1) алинеjа 3, дел 2 член 32 став (1) алинеjа 3, делови 5, 6 и 7, 8 член 121 став (10) алинеjа 3 и дел 9 член 138 став (2) алинеjа 3 на овој закон ќе започнат да се применуваат од 2013 година. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (“Службен весник на РМ“ бр.53/11) Член 5 Подзаконските акти предвидени од овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 6 Одредбите од членовите 1 став (24), 2 став (24) и 3 став (24) на овој закон ќе започнат да се применуваат со започнување на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 99 од 101 Член 7 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (“Службен весник на РМ“ бр.55/12) Член 43 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 44 Одредбите од членот 19 од овој закон со кој се додава членот 74-а став (4) алинеја 3 и членот 25 од овој закон со кој се менува членот 126 став (4) ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2013 година. Член 45 Овој закон влегува на сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (“Службен весник на РМ“ бр.106/13) Член 14 Подзаконски акти Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 15 Преодна одредба Одредбите од Главата II дел 1-а од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 октомври 2013 година, освен одредбите од членот 16-и став (1) алинеја 4 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2015 година. Член 16 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 100 од 101 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (“Службен весник на РМ“ бр.116/15) Член 25 Електронскиот систем од членот 126-њ од овој закон се воспоставува во рок од еден месец од денот на започнувањето на примената на овој закон. Член 26 (1) До денот на овластувањето на првото верификациско тело од членот 162 од овој закон, верификацијата на соодветноста на производот со елаборатот или спецификацијата ја спроведуваат за примарните земјоделски производи од растително потекло Државниот инспекторат за земјоделство, за земјоделските производи од животинско потекло и прехранбените производи Агенцијата за храна и ветеринарство. (2) Верификацијата од ставот (1) на овој член се врши врз основа на контролен план од членот 2 точка 74 од овој закон, одобрен од министерот на предлог на Државниот инспекторат за земјоделство, односно на предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство. (3) За спроведената верификација од ставот (1) на овој член Државниот инспекторат за земјоделство, односно Агенцијата за храна и ветеринарство доставуваат извештај до Министерството. (4) Врз основа на извештајот од ставот (3) на овој член по спроведената постапка од членовите 148 и 149 од овој закон, министерот донесува решение за регистрација на ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет согласно со членот 150 ставови (1) и (2) од овој закон. Член 27 Поблиските прописи од овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 28 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за квалитетот на земјоделските производи. Член 29 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (“Службен весник на РМ“ бр.149/15) Член 10 Подзаконскиот акт утврден со овој закон ќе се донесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 101 од 101 Член 11 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. ЗАВРШНА ОДРЕДБА од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (“Службен весник на РМ“ бр.193/15) Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија“. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (“Службен весник на РМ“ бр.39/16) Член 17 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 18 Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 19 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Mакедонија’’, а ќе започне да се применува со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка, согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија’’ број 124/15).