Law on protection and welfare of animals
颁布于 2014-09-09 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за заштита и благосостојба на животните.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal health, animal production, animal welfare, transport/storage, offences/penalties, slaughtering, inspection, basic legislation
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 1 од 44 20141494660 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ Се прогласува Законот за заштита и благосостојба на животните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 9 октомври 2014 година. Бр. 07-3781/1 Претседател 9 октомври 2014 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ ГЛАВА I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет Со овој закон се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на превоз, колењето или убивањето на животни кои се одгледуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и други производи како и заради депопулација и слични операции, условите кои треба да ги исполнат кланиците во однос на заштита и благосостојба на животните при колење и убивање, заштита и благосостојба на домашните миленици и бездомни животни, животни во зоолошки градини и животните кои се користат во експериментални или едукативни цели. Член 2 Цели Целта на овој закон е да обезбеди: 1)животните да бидат третирани како свесни суштества на начин кој е најсоодветен за нивните потреби согласно одредбите од овој закон и подзаконските прописи донесени врз основа на овој закон; Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 2 од 44 2) лицата кои се одговорни за животните и ја штитат нивната благосостојба да обезбедат: животните да не се изложени на глад и жед; животните да се заштитени од неудобност и да се сместени во средина која е соодветна за нивниот вид; животните да се заштитени од болка, повреда или болест; на животните да им е овозможено нормално однесување и животните да не се изложени на страв и вознемиреност. 3) замена и намалување на користењето на животните во постапки и подобрување на условите за сместување нега и користење на животните во постапки; 4) ефикасен надзор и контрола на спроведување на одредбите на овој закон; и 5) поттикне ефективна соработка меѓу субјектите кои се засегнати во однос на заштитата и благосостојбата на животните. Член 3 Дефиниции (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство и Законот за безбедност на храната се применуваат и во овој закон, доколку со овој закон поинаку не се дефинирани. (2) Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Благосостојба” е физичка и социјална состојба на животните што се постигнува со исполнување на условите утврдени со овој закон за засегнатите видови животни вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сместувањето, животната средина, исхраната, медицинската нега и социјалниот контакт; 2. „Говеда” се сите животни кои припаѓаат на родот говеда (диви или домашни); 3. „Свиња” е животно од видот свињи, од која било возраст, чувани за одгледување или товење; 4. „Овци” се сите животни од видот овци, освен овци помлади од шест месеца, кои се сметаат за јагниња; 5. „Кози” се сите животни од видот кози, освен кози на возраст под шест месеца, кои се сметаат за јариња; 6. „Осакатување” е постапка која се спроведува за цели поинакви од терапевтските и резултира со оштетување или загуби на чуствителни делови од телото или нарушување на интегритетот на коскената структура, предизвикувајќи значителна болка и истоштеност; 7. „Надзорник” е лице кое е директно одговорно за благосостојбата на животните и ги придружува истите за време на патувањето; 8. „Контејнер” е корпа, кутија, сандак или друга цврста структура која може да се користи за транспорт на животни, а која не е транспортно средство; 9. „Контролен пункт” е место каде што патувањето на животните се прекинува за да се одморат, нахранат и напојат; 10. „Патување” е целокупниот процес на превоз од местото на поаѓање до местото на крајното одредиште, вклучувајќи го секој растовар, сместување и утовар кои се вршат за време на патувањето меѓу почетната и крајната дестинација; 11. „Долго патување” е патување кое трае подолго од осум часа, почнувајќи од моментот кога е натоварено првото животно од пратката; 12. „Систем за навигација” е сателитска инфраструктура која обезбедува глобално, континуирано, прецизно, гарантирано темпирање на времето и позиционирање или технологија која обезбедува услуги кои се еквивалентни за целите на овој закон; 13. „Организатор” е: Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 3 од 44 а) превозник кој има поддоговор со најмалку еден или повеќе превозници за дел од патувањето; б) физичко или правно лице кое има договор со повеќе од еден превозник за патувањето или в) лицето кое го потпишува патниот дневник; 14. „Место на поаѓање” е локација на која животното за прв пат е натоварено на превозното средство и притоа престојувало на таа локација најмалку 48 часа пред времето на поаѓање. Собирните центри кои се одобрени во согласност со Законот за ветеринарно здравство можат да се сметаат како место за поаѓање, доколку се исполнети следниве услови: а) оддалеченоста меѓу првото место на натовар и собирниот центар е помало од 100 km или б) животните се сместени на доволна количина простирка, неврзани, доколку е возможно и напоени најмалку шест часа пред времето за поаѓање од собирниот центар; 15. „Место на дестинација” е локација на која животното е истоварено од превозното средство и е: а) сместено е најмалку 48 часа пред времето на повторно заминување или б) заклано; 16. „Место за одмор или трансфер” е секое место каде што превозот е прекинат кое не е место на дестинација, вклучувајќи го и местото каде што животните го менуваат превозното средство без разлика дали се растовараат или не; 17. „Превоз” е движење на животно изведено со едно или повеќе превозни средства и други сродни операции, вклучувајќи натовар, растовар, трансфер и одмор сé до завршување на растоварот на животните на местото на дестинација; 18. „Возило” е превозно средство на тркала, кое се придвижува или влече; 19. „Одмор” е дел од патувањето кога животните не се поместуваат со превозното средство; 20. „Лице одговорно за превоз на животните” е лице со целосна контрола над организирањето, спроведувањето и завршувањето на целото патување, без оглед на должностите кои се утврдени со поддоговор со други заинтересирани страни за време на превозот. Тоа лице најчесто е лице кое планира, склучува договори и ги дефинира условите кои треба да ги исполнуваат другите заинтерсирани страни; 21. „Кланица” е секој објект дефиниран согласно прописите за ветеринарно здравство и безбедност на храната кој се користи за колење на копнени животни; 22. „Фиксирање” е примена на постапка врз животно со која се оневозможува неговото движење за да се поштеди од непотребна болка, страв или вознемиреност со цел да се постигне ефективно зашеметување или убивање; 23. „Омамување” е постапка која кај животно предизвикува губење на свест и сензибилност без предизвикување на болка вклучувајќи и секоја постапка која предизвикува моментално угинување на животно; 24. „Убивање” е постапка која доведува до смрт на животно; 25. „Колење” е убивање на животни наменети за исхрана на луѓето; 26. „Експериментални животни” се животни кои се користат или кои ќе се користат за експерименти; 27. „Постапка (експеримент)” е секоја употреба, инвазивна или неинвазивна, на животно за експериментални или други научни цели, со познат или непознат исход, или за едукативни цели кoja може кај животното да предизвикаат соодветен степен на болка, патење, вознемиреност или трајна повреда еквивалентна или поголема од онаа која се предизвикува со употреба на игла во согласност со добрата ветеринарна пракса; Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 4 од 44 28. „Проект“ е програма за работа која има дефинирана научна цел и која може да содржи една или повеќе постапки; 29. „Објект” е секоја инсталација, зграда, збир на згради или други простории вклучувајќи и место кое не е целосно затворено или покриено како и подвижни објекти; 30. „Одгледувач на животни кои се користат за научни цели“ е секое физичко или правно лице кое размножува животни од видови кои се одобрени од страна на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство со цел истите да се користат во постапки или за употреба на нивните ткива или органи за научни цели, или лице кое размножува други животни пред се за претходно наведените цели, без оглед дали остварува профит или не; 31. „Снабдувач” е секое физичко или правно лице, со исклучок на одгледувач, кое снабдува животни со цел истите да се користат во постапки или за употреба на нивните ткива или органи за научни цели, без оглед дали остварува профит или не; 32. „Корисник” е секое физичко или правно лице кое користи животни во постапки, без оглед дали остварува профит или не; 33. „Анестезирање” е постапка на одземање на сензитивноста со користење на метод на анестезија (локална или општа), кој е ефективен при примена на добра ветеринарна пракса; 34. „Хуман метод на убивање” е убивање на животното со минимално физичко и психичко страдање соодветно на видот; 35. „Убивање со разорување на мозочно ткиво“ е лацерација на централното нервно ткиво и р’бетниот мозок со помош на дoлг иструмент во вид на прачка кој се внесува во черепната празнина; 36. „Придружни операции во кланица“ се операции во кланица кои се однесуваат на манипулација со животните, внесување/сместување на животните во депо пред колење, фиксирање, омамување и искрварување на животните и се одиваат во контекст и локација на која животните се убиваат; 37. „Принудно и колење од нужда“ е колење на животни кои се повредени или се заболени од болест која предизвикува силни болки или страдање и кога непостојат други можности да се ублажат болката или страдањата; 38. „Религиозен обред“ се серија на постапки при колење на животни кои се прават од религиозни причини во согласност со одредени верски обреди од религии кои се официјално признаени во Република Македонија; 39. „Културни или спортски настани“ се настани кои примарно и во најголем дел се однесуваат на долготрајни традиционални или спортски активности, вклучувајќи и трки и други форми на натпреварување, при што не се врши производство на месо или други производи од животинско потекло или каде производството е маргинална активност во споредба со настаните и не се од економско значење; 40. „Депопулација" е постапка на убивање на животни заради заштита на јавното здравје, здравјето на животните, благосостојбата на животните или заштита на животната средина под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство; 41. „Живина" се фармски птици, вклучувајќи ги и птиците кои не се сметаат за домашни птици, но кои се одгледуваат на фарма како домашни животни, со исклучок на ноеви; 42. „Стандардни оперативни постапки“ е збир на пишани упатства за постигнување на воедначен пристап во спроведувањето на специфична функција или стандард; 43. „Животни за производство на крзно“ се животни од видот цицачи кои првенствено се одгледуваат за производство на крзно како минк, ласици, лисици, ракуни, нутрија и чинчили; 44. „Пилиња за производство на месо (бројлери)“ се животни од видот Gallus gallus што се чуваат за производство на месо; Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 5 од 44 45. „Одгледувач„ или „Сопственик“ е физичко или правно лице или лица одговорни или задолжени за животните дури и времено; 46. „Одговорно лице на одгледувалиште на пилиња за производство на месо (бројлери)“ е секое физичко или правно лице одговорно за бројлерите на одгледувалиштето во согласност со овој закон дури и привремено; 47. „Одгледувачница“ е објект во кој се чуваат две или повеќе домашни миленици наменети за расплод и ставање во промет на младенчиња; 48. „Регистрирани копитари“ се сите копитари кои се идентификувани со документи за идентификација издадени од овластена институција надлежна за одгледување на копитари или од кој било друг надлежен орган во државата од која потекнува животното, кој води матична книга или регистар за таа раса на животни, или која било друга меѓународна организација или организација која е одговорна за коњите наменети за натпревари и трки и 49. „Превозник“ е секое правно или физичко лице кое превезува свои животни, или животни на други физички или правни лица. Член 4 Општи одредби за постапување со животните (1) Во секој можен случај и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните. (2) Сместувањето на животните треба да биде на начин со кој ќе се избегне штетното влијание на надворешните фактори од животната средина. (3) На животните треба секојдневно да им се обезбеди вода за напојување со соодветен квалитет како и храна со соодветна хранлива вредност, хигиенски исправна и соодветна за нивната старост и вид заради оддржување на здравјето и физиолошките потреби. (4) На животните треба да им се обезбеди нормално однесување имајќи го во предвид видот, старосната категорија и нивните физиолошки и етолошки потреби. (5) Во случај кога животните не се во добра здравствена состојба, или покажуваат промени во однесувањето, сопственикот и/или одгледувачот без одлагање треба да преземе мерки да ја утврди и отстрани причината. Доколку преземените мерки не покажуваат ефекти, сопственикот и/или одгледувачот треба веднаш да побара помош од стручни лица. Болните и повредени животни треба да се сместат во лежишта кои обезбедуваат соодветна удобност и надзор и доколку е потребно им дозволуваат да останат во визуелен контакт со другите животни односно да бидат изолирани од другите животни. (6) Забрането е предизвикување на болка, патење или повреди, сурово и нехумано однесување и убивање на животните во спротивност со одредбите од овој закон. (7) Забрането е осакатување на животните како и секоја хируршка или слична интервенција со која се врши осакатување на животните заради естетски или други причини освен ако не е препорачано од доктор по ветеринарна медицина или ако не е во спротивност со овој закон. (8) Хируршките интервенции се изведуваат само доколку за тоа постојат медицински или одгледувачки услови, со соодветна употреба на целосна или локална анестезија и на начин со кој се избегнува предизвикување непотребна болка или страдање на животното. (9) Забрането е поттикнување на агресивност на животните против други животни и луѓето освен при дресурата на кучиња. (10) Забрането е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување, организирање на обложување и обложување на борби меѓу животните за какви било намени. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 6 од 44 (11) Забрането е присилување на животните на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност. (12) Забрането е користење на диви животни во циркуски и слични претстави. (13) Забрането е држење, одгледување и размножување на диви животни наменети за користење во циркуски и слични претстави. (14) Забрането е држење, одгледување и разможување на животни исклучиво за производство на крзно или кожа или пердуви. (15) Забрането е убивање и изложување на болка, страдање и патење на животните при употреба во филмови, реклами и останати комерцијални цели. (16) По исклучок од став (15) од овој член, животни може да се употребуваат во филмови, реклами и останати комерцијални цели доколку со нив се постапува во согласност со одредбите на овој закон. Член 5 Упатства за добра пракса за заштита и благосостојба на животните (1) Агенцијата за храна и ветеринарство го поттикнува изготвувањето, дисеминацијата и употребата на упатствата кои се однесуваат на добра пракса за заштита и благосостојба на животните во однос на спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Упатствата за добра пракса се изготвуваат од страна на организации на одгледувачи, превозници, оператори со експериментални животни и оператори со храна во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (3) При изготвувањето на упатствата од став (2) на овој член за постапување со животните за време на убивање и колење треба да се направат консултации со невладини организации, Агенцијата за храна и ветеринарство и други заинтересирани страни и да се земат во предвид мислењата на Комисијата за заштита благосостојба на животните. (4) Упатствата од став (2) на овој член треба да бидат доставени до Агенцијата за храна и ветеринарство за давање на мислење. (5) По прием на доставените упатства Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 30 дена ги разгледува упаствата и дава мислење по истите. (6) За упатствата од став (1) на овој член Агенцијата за храна и ветеринарство води и редовно ажурира Регистар на упатства за добра пракса за заштита и благосостојба на животните. (7) Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ја пропишува формата и содржината како и начинот на водење на Регистарот од ставот (6) на овој член. Член 6 Супсидијарна примена (1) Во постапката за издавање на решенија се применува Законот за општа управна постапка доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор се применува Законот за инспекциски надзор, Законот за безбедност на храната и Законот за ветеринарно здравство, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 7 Надлежен орган Надлежен орган за спроведување на управните и стручните работи утврдени со овој закон е Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата). Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 7 од 44 Член 8 Заради одржување или унапредување на нивото на заштита на здравјето на луѓето и животните во Република Македонија, директорот на Агенцијата може да донесе мерки за здравствена заштита на луѓето и животните, да пропише дополнителни услови, да објави листи или да даде одобрение врз основа на критериумите и стандардите кои се применуваат во Европската Унија а кои се донесени врз основа на проценка на можните ризици по здравјето на луѓето и животните и согласно научни докази, по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храната и ветеринарната политика. Член 9 Увоз (1) При увоз, пратките на животните кои доаѓаат од трети земји треба да бидат придружени со сертификат издаден од надлежниот орган на таа земја со кој се потврдува дека животните во однос на благосостојбата биле третирани еквивалентно на условите утврдени во овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) При изготвување на листата на објекти дозволени за увоз на производи од животинско потекло согласно Законот за безбедност на храната во предвид треба да се земе и исполнетоста на условите од членовите 48, 49, 50, 51, 52 и 53 на овој закон. (3) При увоз на месо, сертификатот за увоз на пратката треба да содржи дел со кој се потврдува дека објектот од земјата извозничка ги исполнува условите од членовите 48, 49, 50, 51, 52 и 53 на овој закон. Член 10 Комисија за заштита и благосостојба на животни (1) Директорот на Агенцијата формира Комисија за заштита и благосостојба на животните (во понатамошниот текст: Комисија), која дава мислења, научна и техничка поддршка во однос на заштитата и благосостојбата на животните. За заштита на животни за научни цели, Комисијата дава совети на Агенцијата и телата за благосостојба на животни за работи поврзани со спроведување постапки, размножување, сместување, грижа и користење на животните во постапки и обезбедува размена на искуства. (2) На барање на Агенцијата, Комисијата од став (1) на овој член обезбедува: а) размена на податоци за работата на телата за благосостојба на животните и евалуација на проекти, со Националните Комитети за заштита и благосостојба на животни од земјите членки на Европската унија; б) научна и техничка експертиза за условите за одобрување на кланиците од членовите 51 и 53 од овој закон за развој на нови методи за омамување; в) научни мислења за упатствата дадени од страна на производителите на опрема за користење и одржување на опремата за фиксирање и омамување; г) научни мислења за упатствата за добра пракса; д) препораки за целите на овој закон и подзаконските прописи донесени врз основа на овој закон, особено во однос на вршењето на инспекција и ѓ) мислења за капацитетот и способноста на субјектите од член 50 став (4) од овој закон за исполнетоста на условите за нивна работа и овластување. (3) Директорот на Агенцијата ги именува членовите на Комисијата и тоа три члена од Агенцијата, пет члена од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштита и благосостојба на животните и едно лице претставник на невладини организации. Мандатот на членовите на Комисијата е три години, со можност за повторен избор. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 8 од 44 (4) Комисијата е стручно независна во рамките на својот делокруг на работа и преставува контакт точка за размена на податоци со други релевантни субјекти. (5) По потреба, Комисијата може да побара стручно мислење од други лица избрани врз основа на нивната специфична научна компетентност за одредени специфични научни или технички прашања. (6) Членовите на Комисијата потпишуваат изјава за заштита на класифицирани информации и за непостоење на судир на интереси. (7) Членовите на Комисијата не смеат да имаат финансиски или други интереси кои може да влијаат на нивната независност и непристратност. (8) На членовите на Комисијата им следува соодветен надоместок во висина на реално направените трошоци за работа во Комисијата. (9) Трошоците за работата на Комисијата се на товар на Агенцијата. (10) Комисијата својата работа ја извршува согласно Деловник за работа на транспарентен начин и сите релевентни податоци од нивната работа ги објавува на веб страната на Агенцијата. (11) Комисијата најмалку еднаш годишно поднесува извештај за својата работа до директорот на Агенцијата. (12) Директорот на Агенцијата ја пропишува постапката за именување и разрешување на членовите на Комисијата, содржината на Деловникот за работа на Комисијата и висината на надоместокот за работата на Комисијата. ГЛАВА II УСЛОВИ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИ Оддел 1 Заштита и благосостојба на фармски животни Член 11 Општи одредби (1) Одредбите од овој член и членовите 12 и 13 на овој закон се применуваат на животни (вклучувајки риби, влекачи или амфибии) кои се размножуваат или чуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и за други фармски цели. (2) Одредбите од овој член и членовите 12 и 13 на овој закон не се применуваат на: а) животни кои живеат во дивината; б) животни наменети за натпревари, изложби, културни или спортски настани или активности; в) експериментални или лабораториски животни и г) сите безрбетни животни. Член 12 Услови за заштита и благосостојба (1) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да обезбедат заштита и благосостојбата на животните кои се под нивна грижа и да спречат нанесување на непотребна болка, страдање или повреда. (2) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да обезбедат соодветни услови за животните (со исклучок на риби, влекачи или амфибии) кои ги размножуваат или се чуваат, имајќи ги во предвид видот и степенот на развој, приспособување и доместификација, нивните физиолошки и етолошки потреби, стекнатите искуства и научните достигнувања. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 9 од 44 (3) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да ги исполнат условите од овој член и членoвите 11 и 13 на овој закон како и условите утврдени во прописот од став (5) на овој член. (4) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да поседуваат вештини за одгледување, грижа и нега кон животните кои ги држат или да ангажират соодветно квалификувани лица. Одгледувачите и/или сопствениците на животните треба да обезбедат соодветни живеалишта и простор за сместување и опрема која ги исполнува минималните стандарди за заштита и благосостојба на животните. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите и минималните стандарди за заштита и благосостојба на фармските животни, персоналот, живеалиштата и опремата. Член 13 Обука за одгледувачи на бројлери и свињи и други фармски животни (1) Одговорното лице на одгледувалиште на пилиња за производство на месо (бројлери) треба да поседува сертификат кој е признат од страна на Агенцијата со кој се потврдува дека лицето има обука или се стекнал со искуство еквивалентно на таква обука. (2) Одговорните лица или сопствениците на пилиња за производство на месо (бројлери) треба да обезбедат упатства за лицата ангажирани за чување или натовар на живината како и за методите на убивање кои се користат на одгледувалиштето. (3) Одговорните лица или сопствениците на свињи треба да обезбедат упатства за заштита и благосостојба на животните за лицата ангажирани за чување на свињите. (4) Покрај за бројлери и свињи кога тоа е потребно и практично изводливо, заради обезбедување на благосостојба на животни, одговорните лица или сопствениците на други фармски животни треба да обезбедат упатства за заштита и благосостојба на животните за лицата ангажирани за чување на животните. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува видот на животните за кои е потребно лицата ангажирани за чување на животните да имаат соодветна обука и тематските области од кои треба да имаат познавања. Оддел 2 Заштита и благосостојба на животните чувани во зоолошки градини Член 14 Услови за заштита и благосостојба на животните чувани во зоолошки градини (1) Покрај условите утврдени во член 4 од овој закон, за животни кои се чуваат во зоолошки градини се применуваат и следните услови: 1) сместувањето на животните во живеалишта треба да биде во согласност со нивната природна средина и однесување; 2) на животните треба да им се обезбеди можноста да се размножуваат; 3) благосостојбата и здравствената состојба на животните во зоолошките градини треба да биде следена од страна на квалификувано лице со цел да се спречи болка или страдање кое може да се избегне, истоштеност, стрес или трајна повреда; 4) на животните треба да им се обезбеди ветеринарно здравствена заштита и 5) одговорните лица за грижа на животните треба да се соодветно обучени во однос на начинот на чување и постапување со животните во зоолошки градини. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од став (1) на овој член како и начинот на кој се постапува со животните во зоолошки градини. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 10 од 44 Оддел 3 Заштита на животни кои се чуваат за експериментални цели и едукација Член 15 Општи одредби (1) Одредбите на членовите 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 на овој закон се применуваат во случај кога животните се користат или се наменети да се користат во постапки или да се одгледуваат со цел нивните органи или ткива да се користат за научни цели. (2) Одредбите на членовите 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 на овој закон се применува се додека животните од став (1) на овој член не се убијат, повторно вдомат или вратат во соодветно живеалиште или систем за одгледување. (3) Одредбите на членовите 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 на овој закон се применуваат и при користење на анестезија, анелгезија или други методи со кои се спречува болка, патење, вознемиреност или трајна повреда на животните кои се користат во постапки. (4) Одредбите на членовите 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 на овој закон се применуваат без оглед на прописите од областа на козметички производи. (5) Одредбите на членовите 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 на овој закон не можат да забранат или ограничат снабдување или користење на животни во Република Македонија кои се одгледувани или чувани во земја членка на Европската унија во согласност со законодавството на Европската унија, ниту да забранат или ограничат ставање во промет на производи кои се добиени со користење на такви животни согласно законодавство на Европска Унија од областа на благосостојба на животните при користење во експериментални цели. Член 16 Услови за одобрување на одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници (1) Одгледувачите на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачите и корисниците можат да бидат одобрени доколку ги исполнуваат условите од ставовите (3), (4), (7) и (8) на овој член, одредбите на член 25 од овој закон како и одредбите утврдени во прописот од ставот (17) на овој член. (2) Одобрението од став (1) на овој член го издава Агенцијата за период од пет години по поднесено барање од страна на одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот со можност за обновување за период од по пет години. (3) Одобрението од став (1) на овој член се издава по извршена контрола на лице место при што се утврдува дали одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот и нивните објекти ги исполнуваат условите по однос на: просториите; опремата и инсталациите; видовите на животни; ангажирање на лице одговорно да обезбеди исполнување на одредбите утврдени во овој закон и доктор по ветеринарна медицина или квалификувано лице и барањата за персоналот, нивната стручност и нивните задачи. (4) Со одобрението од став (1) на овој член кај одгледувачите на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачите и корисниците се назначува лице одговорно да обезбеди исполнување на одредбите утврдени во овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 11 од 44 (5) Одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот треба веднаш да ја известат Агенцијата за секоја промена на лицата од став (4) на овој член. (6) Во случај на значителна промена во структурата или функцијата на објектот која може негативно да влијае на благосостојбата на животните, одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот треба да поднесе барање за промена на одобрението. (7) Секој одгледувач на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувач и корисник треба да имаат назначен доктор по ветеринарна медицина кој има искуство од областа на работа со животни кои се користат за научни цели или соодветно квалификувано лице. Докторот по ветеринарна медицина или квалификуваното лице се должни да даваат совети во однос на заштитата и благосостојбата на животните. (8) Секој одгледувач на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувач и корисник треба да обезбеди тело за благосостојба во кое ќе учестуваат најмалку лицата од ставовите (3) и (4) кое треба да добие поддршка и од лицето од став (7) од овој член. Во случај на корисник на животни за научни цели, во работата на телото треба да учествува и едно или повеќе лица од научната област поврзана со животни кои се чуваат за научни цели. (9) Мислењата дадени од страна на телото за благосостојба на животни како и постапките превземени врз основа на тоа мислење треба да бидат документирани од страна на одгледувачот на животни кои се користат за научни цели, снабдувачот или корисникот и да се чуваат во период од најмалку три години. Документацијата треба да биде достапна на барање на Агенцијата. (10) Сите одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели кои одгледуваат не човеколики примати треба да воспостават стратегија за зголемување на бројот на новородени животни кои потекнуваат од животни кои се држат во заточеништво. (11) Одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот кои сакаат повторно да ги вдомат животните треба да имаат подготвено план за повторно вдомување со кој се обезбедува социјализација на животните кои се вдомуваат. Во случај кога се работи за диви животни, одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот треба да имаат програма за рехабилитација и ресоцијализација на животните пред тие да бидат вратени во нивните природни живеалишта. (12) Сите одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници треба да водат евиденција за животните а посебно за кучиња, мачки и не човеколики примати. Оваа евиденција треба да се чува во период од најмалку три години по смртта или повторното вдомување на животните и да биде достапна на барање на Агенцијата. (13) Сите одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници се должни со трајна идентификација да го обележат секое куче, мачка или не човеколики примат, на начин кој не предизвикува болка, страдање или вознемиреност кај животните. Идентификацијата треба да се изврши најдоцна до периодот на одбивање од доење. (14) Директорот на Агенцијата ги пропишува условите во однос на објектите, просториите, опремата и инсталациите како и условите за нега и сместување на животните и персоналот во објектот. (15) Директорот на Агенцијата ги пропишува задачите и начинот на работата на телото за благосостојба на животните. (16) Директорот на Агенцијата ги пропишува формата и содржината на барањето за добивање на одобрение и потребната документација, формата и содржината на задолжителната евиденција која треба да ја водат одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот како и начинот на идентификација на животните од став (13) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 12 од 44 (17) Директорот на Aгенцијата ги пропишува видовите на животни кои се користат во експериментални цели и едукација како и поблиските услови за нивно користење од овој член и од член 25 од овој закон. (18) За издадените одбренија Агенцијата води Регистар на одобрени одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници. (19) Регистарот за одобрени одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници од став (18) на овој член се води во електронска форма и се објавува на веб страницата на Агенцијата. Член 17 Привремено повлекување и укинување на одобрение (1) Во случај кога одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот не ги исполнуваат условите од член 16 на овој закон, Агенцијата изрекува соодветни корективни мерки за отстранување на неусогласеностите или може привремено да го повлече или укине одобрението. (2) Во случај кога одобрението е привремено повлечено или укинато, одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот се должни да обезбедат дека тоа нема негативно да влијае на благосостојбата на животните кои ги одгледуваат. Член 18 Поднесување барање за одобрување на проект (1) За спроведување на проектите корисниците доставуваат барање до Агенцијата. Агенцијата врши одобрување на проектите по спроведена постапка на евалуација на проектот. (2) Корисниците проектот треба да го спроведат согласно добиеното одобрение од став (1) на овој член. (3) Во случај на поедноставена административна постапка од член 21 од овој закон, корисниците треба ги спроведуваат проектите согласно одобрението дадено од страна на Агенцијата. (4) Корисникот или лицето одговорно за проектот треба да достави докази дека ги исполнува барањата утврдени во одобрението од став (1) на овој член по спроведената евалуација. (5) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот на одобрување на проектите, содржината на барањето за добивање одобрение за проект, како и дополнителната документација за проектот. Член 19 Евалуација на проект (1) Агенцијата спроведува постапка за евалуација за секое доставено барање за одобрување на проект за да утврди дали проектот ги исполнува следните критериуми: 1) проектот е оправдан од научен или едукативен аспект или представува обврска утврдена согласно закон; 2) целта на проектот го оправдува користењето на животни и 3) постапките во проектот се спроведуваат на хуман начин и на начин кој не ја загрозува животната средина. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 13 од 44 (2) Комплексноста и деталноста на евалуацијата на проектот се врши во зависност од типот на проектот и се состои најмалку од: 1) проценка на целите на проектот, претпоставените научни достигнувања или образовната вредност; 2) оценка на исполнетоста на одредбите од член 15 на овој закон односно начелата на замена, намалување и подобрување; 3) проценка и класификација на сериозноста на постапката по однос на благосостојбата на животните кои се користат во проектот како неповратна, слаба, умерена и сериозна; 4) анализа на последиците по животните со која се утврдува дали страдањето, болката и вознемиреноста предизвикани кај животните е оправдана во однос на очекуваните резултати имајќи ги предвид етичките норми и крајната корист за луѓето, животните или животната средина; 5) проценка на одредбите од овој закон и 6) одредување за потребата за ретроспективна процена. (3) Агенцијата ја спроведува ретроспективната проценка врз основа на документацијата поднесена од страна на корисникот. (4) При спроведување на ретроспективната проценка Агенцијата треба да утврди: 1) дали се постигнати целите на проектот; 2) штетата која е нанесена на животните, вклучувајќи го бројот на животни, видот на животните кои биле користени за целите на проектот, како и степенот на влијание на благосостојбата на животните кои се користат во проектот и 3) други податоци кои може да бидат од корист за понатамошно спроведување на принципите на замена, намалување и подобрување. (5) Предмет на ретроспективна проценка се сите проекти во кои се користат не човеколики примати и проекти кои вклучуваат постапки класифицирани како „сериозни“ во однос на влијанието на благосостојбата на животните вклучувајќи ги и оние кои вклучуваат силна болка, страдање или вознемиреност за кои се претпоставува дека ќе бидат долготрајни и неможат да се намалат. (6) Проекти кои вклучуваат постапки кои се класифицирани како „слаби“ или „неповратни “ не подлежат на ретроспективна проценка од Агенцијата. (7) При евалуација на проекти Агенцијата може да побара мислење од Комисијата од член 10 на овој закон особено во однос на: 1) полето на научна употреба за чии цели ќе се користат вклучувајќи ги и принципите на замена, намалување и подобрување кои може да се применат во соодветните области; 2) начинот на спроведување на експериментот, вклучувајќи и статистички податоци онаму каде што е потребно; 3) ветеринарни практики во областа на науката која ги опфаќа лабораториските животни или ветеринарни пракси кои се однесуваат на дивите животни и 4) одгледувањето на животни и нега во однос на видовите кои ќе бидат користени. (8) Евалуација на проектот се спроведува на транспарентен начин. Со цел да се заштитат правата на интелектуална сопственост и класифицирани информации, Агенцијата треба да ја спроведе евалуацијата на проектот на непристрасен начин. Член 20 Одобрување на проект (1) Доколку по спроведената евалуација на проектот се утврди дека проектот ги исполнува критериумите од член 19 од овој закон, Агенцијата издава одобрение во кое се утврдени постапките и се класифицира степенот на последиците од постапката по однос на благосостојбата на животните кои се користат во проектот. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 14 од 44 (2) Одобрението за проектот треба да ги содржи најмалку следниве податоци: 1) име/назив на корисникот кој го спроведува проектот; 2)лицата одговорни за целосна имплементација на проектот и негова усогласеност со одобрението на проектот; 3) објектите во кои се спроведува проектот и 4) посебните услови утврдени по спроведување на евалуацијата на проектот, вклучувајќи дали и кога проектот ќе се оценува ретроспективно. (3) Одобрението за проектот од став (1) на овој член се издава за период од најмногу пет години. (4) По исклучок од став (1) на овој член, Агенцијата може да издаде одобрение за повеќе генерички проекти кои се спроведуваат од ист корисник доколку проектите ги исполнуваат условите утврдени во овој член и членовите 16, 18, 19, 21, 22, 23, 24 и 25 на овој закон или доколку во проектите се користат животни за производство или животни наменети за дијагностицирање со воспоставени методи. (5) Во случај на нецелосно или неправилно поднесено барање, Агенцијата треба во рок од 15 дена да го извести барателот да достави дополнителна документација. (6) Доколку барателот во рок од став (5) на овој член не постапи по известувањето од Агенцијата барањето се отфрла како непотполно. (7) Агенцијата издава одобрение во рок од 40 дена од приемот на комплетна документација во кој период е вклучена и евалуацијата на проектот. (8) Во случај на сложен или проект од мулти-дисциплинарна природа, рокот од став (7) на овој член може да биде еднократно продолжен за дополнителни 15 дена. Продложувањето на рокот треба да биде од оправдани причини за што се известува и барателот. Член 21 Поедноставена административна постапка (1) За одобрување на проект, Агенцијата може да примени поедноставена административна постапка доколку се исполнети следите услови: 1) постапките се класифицирани како неповратни, слаби и умерени; 2) во постапките не се користат нечовеколики примати или 3) во постапките се користат животни за производство или животни наменети за дијагностицирање со воспоствени методи. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите за спроведување на поедноставена административна постапка. Член 22 Не-техничко резиме (1) Агенцијата може да побара не-техничко резиме на проектот со цел да утврди дали проектот треба да подлежи на ретроспективна оценка и во кој рок. Во таков случај, не техничкото резиме на проектот се изменува врз основа на резултатите од претходно направени ретроспективни проценки. (2) Агенцијата го објавува не-техничкото резиме за одобрен проект и сите негови измени во согласност со прописите за заштита на интелектуалната сопственост и заштита на податоци. (3) Не-техничкото резиме од став (1) на овој член содржи: 1) податоци за целите на проектот, вклучувајќи ги предвидените штетни или поволни влијанија како и бројот и видот на животните кои ќе се користат и Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 15 од 44 2) доказ за исполнување на барањето за замена, намалување и подобрување. (4) Не-техничкото резиме на проектите е анонимно и не треба да содржи имиња и адреси на корисникот и неговиот персонал. Член 23 Измена, обновување и повлекување на одобрение за проект и водење евиденција (1) За сите промени во проектот кои може да имаат негативно влијание врз благосостојбата на животните, корисникот треба да побара измена или обновување на одобрението за проектот по што Агенцијата врши евалуација. (2) Агенцијата може да го повлече одобрението на проектот доколку со евалуацијата се утврди дека не се исполнети одредбите од член 20 на овој закон, односно во случај кога проектот не се спроведува во согласност со издаденото одобрение на проектот. (3) Во случај кога одобрението за проектот е повлечено, благосостојбата на животните кои се користени или се наменети за користење во проектот не смее да се загрози. (4) Целокупната документација, вклучувајќи го одобрението за проектот и резултатите од евалуацијата треба да се чува од страна на корисникот кој го поднел барањето за одобрување на проектот во период од најмалку три години од датумот на истекувањето на одобрувањето на проектот и истите треба да бидат достапни на барање на Агенцијата. (5) По исклучок од одредбите од став (4) на овој член, документацијата за проектите кои треба да бидат предмет на ретроспективна проценка треба да се чуваат се до завршување на проценката. (6) Директорот на Агенцијата ја пропишува постапката за измена и обновување на одобрение. Член 24 Избегнување на дупликација на постапки и алтернативни пристапи (1) Во случај кога проектот содржи постапки кои се веќе опишани и одобрени во земји каде прописите во однос на благосостојбата на животните се еквивалентни на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, истите се прифаќаат како релевантни освен доколку е потребно дополнително спроведување на активности за целите за заштита на здравјето или безбедноста на луѓето или животната средина. (2) Агенцијата превзема мерки за поттикнување на развојот и валидацијата на алтернативни пристапи кои не вклучуваат користење животни односно предвидуваат користење на помал број на животни и помалку болни постапки кои обезбедуваат идентично или повисоко ниво на податоци од оние добиени при постапки со користење на животни. (3) Агенцијата поттикнува алтернативни пристапи кои се меѓународно признаени и ги прави достапни до јавноста со објавување на веб страната на Агенцијата. (4) Заради обезбедување советодавни услуги во однос на законската применливост и соодветност на алтернативните пристапи кои се предложени за валидација во Агенцијата се назначува лица за контакт. Член 25 Услови за користење на не-човеколики примати во експериментални цели (1) Доколку за исполнување на целта на постапката чии резултати се однесуваат на луѓето и за што постои научно оправдана основа дека е неопходно користење на не човеколики примати, директорот на Агенцијата може привремено да одобри постапки во Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 16 од 44 кои се користат не-човеколики примати за цели поинакви од утврдените во овој закон, и доколку истите не се прават заради избегнување, превенција, дијагноза и третман на клинички состојби кај луѓето кои се исцрпувачи или со потенцијал да го загрозат човечкиот живот. (2) Доколку целта на постапката неможе да се постигне со користење на видови кои се не-човеколики примати или со користење на алтернативни методи и доколку постои оправдана основа дека постапката е од суштинско значење за заштита на видовите или е поврзана со неочекувана појава која е опасна по животот или предизвикува исцрпувачка клиничка состојба кај луѓето, директорот на Агенцијата може привремено да одобри користење на човеколики примати (мајмуни) во постапки за некоја од целите наведени во овој закон. Привремената мерка се применува само на состојби кај луѓето, а не кај животните и растенијата. (3) Во случај на исклучителни и научно оправдани причини кога е неопходно да се дозволи користење на постапки со кои се нанесува силна болка, страдање или вознемиреност кај животните за кои постои веројатност дека би можеле да бидат долготрајни и неможат да се олеснат, директорот на Агенцијата може времено да одобри користење на таква постапка. Во такви случаи, директорот може да одлучи да не се користат не-човеколики примати. (4) Доколку директорот на Агенцијата постапил согласно ставовите (1),(2) или (3) на овој член за тоа треба да ја извести Комисијата на Европската унија со образложение за причините за донесувањето на одлуката кое треба да биде придружено со документација врз основа на која е донесена одлуката Оддел 4 Заштита и благосостојба на домашни миленици Член 26 Домашни миленици (1) При чување домашни миленици, покрај одредбите пропишани во член 4 од овој закон се применуваaт и одредбите на ставовите (2), (3) и (4) на овој член. (2) Сопствениците не смеат да ги напуштат домашните миленици. (3) Забранети се следниве интервенции врз животните: 1) хируршки интервенции за модифицирање на изгледот на животните; 2) скратување на опашката и потсекување на ушите; 3) девокализација и 4) отсекување на канџи и обеззабување. (4) Домашните миленици може да се користат за рекламирање, изложби, спортски натпревари и слични настани, доколку организаторот ги исполнил одредбите од член 4 на овој закон и доколку здравјето и благосостојбата на животните не се доведени во прашање. (5) Сопствениците и/или одговорните лица кои ги користат своите миленици за репродукција и одгледувачниците треба да го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, да ги идентификуваат и регистрират младенчињата согласно Законот за идентификација и регистрација на животните пред да ги вдомат како и да ги пријават лицата кај кои ги вдомиле младенчињата. (6) Одгледувачниците на домашни миленици треба да бидат регистрирани и да водат евиденција за домашните миленици. Евиденцијата треба да ја чуваат најмалку три години и истата треба да биде достапна на увид на барање на Агенцијата. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 17 од 44 (7) Продавниците за домашни миленици треба да имаат простории и опрема соодветна на видот, полот, возраста и здравствената состојба на животните како и да бидат регистрирани. (8) Продавниците на домашни миленици треба да водат евиденција и истата да ја чуваат најмалку три години. Евиденцијата треба да е достапна на увид на барање на Агенцијата. (9) Одгледувачниците на домашни миленици и продавниците на домашни миленици се регистрираат во регистар на одгледувачници и продавници на домашни миленици кој го води Агенцијата, врз основа на поднесено барање. (10) Продавниците на домашни миленици не смеат да стават во промет домашни миленици кои не се идентификувани и регистрирани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните. (11) Директорот на Агенцијата го пропишува начинот и постапката на регистрација на одгледувачниците и продавниците на домашни миленици, барањата во однос на просториите и опремата за продавниците на домашни миленици и формата и содржината на евиденцијата која треба да ја водат одгледувачниците и продавниците на домашни миленици како и формата и содржината на регистарот од став (9) на овој член. Член 27 Регистрирани кучиња (1) Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата. (2) Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. (3) Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници. (4) По исклучок од став (3) на овој член ловечки кучиња за време на лов и овчарски кучиња кои придружуваат стадо не треба да бидат врзани на поводник. (5) Општините, општините во градот Скопје, односно градот Скопје треба да определат временски периоди и соодветно означени јавни површини каде домашните миленици во придружба на сопственикот може слободно да се движат без поводник. (6) Општините, општините во градот Скопје, односно градот Скопје во соработка со здруженијата за заштита на животните можат да поттикнува одговорно сопствеништво и да донесат програми кои ги поттикнуваат сопствениците соодветно да се грижат за своите миленици, да ги кастрираат, односно ојаловат и ја подигнуваат јавната свест во однос на важечките прописи кои се однесуваат на домашните миленици. Член 28 Бездомни кучиња (1) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, се надлежни да вршат собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 18 од 44 привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски услови и да се обезбеди нивно ефикасно затворање. (2) Заловувањето на бездомните кучиња се врши од страна на квалификувани лица на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање. (3) Прифатилиштата треба да обезбедат спроведување на соодветни мерки и персонал со цел за ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е неопходно лекување на животните.За контрола на популацијата на бездомните кучиња, општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје треба заловените бездомни кучиња привремено да ги смести во прифатилиште каде кучињата треба да се кастрираат, односно ојаловуваат, здравствено се третираат, на нив да се изврши превентивна здравствена заштита и тест за социјализација согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство по што истите треба да се вдомат или вратат во реонот од каде што биле заловени. Бездомните кучиња треба да бидат трајно обележани со микрочип, а во случај на бездомни кучиња вратени во реонот на заловување и со други видливи средства за идентификација, на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање. По исклучок, општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје може да применат и други пропишани методи за контрола на популацијата на бездомните кучиња.Општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје треба да изготват и усвојат повеќегодишен план и програма врз основа на кој ќе се врши контролата на популација на бездомните кучиња и истите да ги достават на одобрување до Агенцијата. (4) Интервенциите од став (3) на овој член може да ги врши само доктор по ветеринарна медицина. (5) Трошоците за заловување и третман на регистрираните и нерегистрираните кучиња се на товар на сопствениците на кучиња, а во случај на бездомни кучиња на товар на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје. (6) Во случај на појава на заразна болест која може да се пренесе со кучињата, односно доколку постои опасност од појава на ваква болест, може да се направат исклучоци од одредбите од ставот (3) на овој член и да се спроведе убивање на бездомните кучиња со средства за хумана еутаназија. (7) Субјектот кој раководи со прифатилиштето треба да води евиденција која содржи податоци за прифатените животни, која е достапна на увид на барање од страна на Агенцијата. (8) Во случај на заловување на регистрирани кучиња, прифатилиштата се должни во рок од седум дена да ги известат сопственикот и надлежниот официјален ветеринар. Доколку не е возможно да се идентификува сопственикот на животното, со кучето се постапува согласно став (3) од овој член. (9) Директорот на Агенцијата ги пропишува постапките за заловување, интервенции и третман на бездомните кучиња, другите методи за контрола на популацијата на бездомните кучиња, начинот на спроведување на тестот за социјализација, начинот и содржината на податоците за водење на евиденција и начинот на вршење на надзор. Член 29 Одобрување на прифатилишта (1) Прифатилиштата треба да бидат одобрени од Агенцијата. (2) За да бидат одобрени прифатилиштата треба да обезбедат здравствена заштита на животните и да ги исполнат условите во однос на простории, опрема и кадарот вработен во прифатилиштата, начинот на чување на бездомните кучиња, како и условите утврдени во прописите од став (7) на овој член и став (9) од член 28 од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 19 од 44 (3) Одобрувањето на прифатилиштата од став (1) на овој член се врши врз основа на поднесено барање од субјектот кој раководи со прифатилиштето и по извршен преглед на лице место од страна на Агенцијата. (4) При работата субјектот кој раководи со прифатилиштето треба да соработуваат со здруженијата за заштита и благосостојба на животните. (5) Прифатилиштата од став (1) на овој член треба најмалку еднаш годишно да се контролираат од страна на Агенцијата и доколку се утврдат неусогласености Агенцијата превзема соодветни мерки, вклучуваќи времено или трајно повлекување на одобрението. (6) За одбрените прифатилишта Агенцијата води Регистар и го објавува на веб страната на Агенцијата. (7) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од став (2) на овој член, формата и содржината на барањето од став (3) на овој член како и формата и содржината и начинот на водење на Регистарот на одобрени прифатилишта. Член 30 Опасни кучиња (1) Опасни кучиња се кучиња: кои без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт; кои се затекнати во организирана борба на животни; од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да представуваат опасност за луѓето и животните и кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња. (2) Кучињата кои може да представуваат опасност за луѓето и за животните се прогласуваат за опасни кучиња и се внесуваат во Регистарот на опасни кучиња кој го води Aгенцијата. (3) Сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба: 1) кучето да го чува во заграден простор или врзано и 2) при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска. (4) Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице. (5) Сопствениците или одговорното лице за опасно куче кои ги прекршиле одредбите на ставовите (3) и (4) од овој член и одредбите утврдени во прописот од став (7) од овој член треба да поминат соодветна обука во однос на чување и одгледување опасни кучиња организирана и спроведена од страна на Агенцијата. Трошоците за спроведување на обуката се на товар на сопствениците или одговорното лице. (6) Кучињата кои се затекнати во организирана борба со кучиња се одземаат и привремено сместуваат во прифатилиште за бездомни кучиња или на друго соодветно место заради нивна изолација, опсервација и спроведување на потребните мерки предвидени со прописите од областа на ветеринарното здравство. На кучињата им се спроведува тест за социјализација за утврдување на агресивност. Доколку се утврди дека кучето не е агресивно, по спроведување на мерките согласно прописите од областа на ветеринарното здравство, тоа се нуди за вдомување или се еутаназира во случај кога се исцрпени сите можности за вдомување но не подоцна од 30 дена сметано од денот кога е спроведен тестот за социјализација. Доколку се утврди дека кучето е агресивно, кучето се еутаназира. Трошоците направени за спроведување на овие постапки се на терет на сопствениците односно лицата кои се затекнати во организираната борба со кучиња. (7) Директорот на Агенцијата ги пропишува расите на кучиња кои се прогласуваат за опасни кучиња по претходно добиено мислење од Kомисијата за заштита и благосостојба на животните, начинот на спроведување и содржината на обуката за сопствениците на Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 20 од 44 опасни кучиња, начинот на спроведување на тестот за социјализација, формата и содржината на Регистарот на опасни кучиња, како и висината на трошоците за спроведената обука. Член 31 Дополнителни мерки за опасни кучиња (1) Доколку на сопственикот или одговорното лице за опасно куче претходно му е изречена прекршочна санкција согласно член 65 став (1) точки 45) и 46) од овој закон, при повторување на истиот прекршок, официјалниот ветеринар привремено го одзема опасното куче и наредува негова изолација во прифатилиште или на друго соодветно место. (2) Врз опасното куче од ставот (1) на овој член се врши тест за социјализација за утврдување на агресивност. (3) Доколку како резултат од спроведениот тест од став (2) од овој член се утврди дека кучето не е агресивно, истото се нуди за вдомување или се еутаназира кога ќе се исцрпи можноста за вдомување но не подоцна од 30 дена од денот на изолацијата. (4) Доколку како резултат од спроведениот тест од став (2) од овој член се утврди дека кучето е агресивно, се врши проценка дали истото е погодно за вдомување. Доколку кучето се процени како погодно за вдомување, истото се кастрира односно ојаловува и потоа се нуди за вдомување или се еутаназира кога ќе се исцрпи можноста за вдомување но не подоцна од 30 дена од денот на излоација. (5) Трошоците за спроведување на постапките од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член се на товар на сопственикот односно одговорното лице. Член 32 Кучиња кои нападнале човек или животно (1) Во случај кога куче нападнало човек или животно, се врши проценка на околностите под кои се случил нападот и се спроведува тест на социјализација за утврдување на агресивност на кучето. (2) Доколку со проценката од став (1) од овој член се утврди дека нападот не бил испровоциран или дека кучето е агресивно истото веднаш се одзема и се праќа на дресура (ресоцијализација) кај овластени субјекти од страна на Агенцијата. По извршената дресура на кучето повторно му се врши тест за социјализација и доколку кучето се процени дека не е агресивно, се кастрира и ојаловува и му се враќа на сопственикот. Доколку кучето не може да се ресоцијализира истото се еутаназира. Доколку се работи за бездомно куче и постои интерес за негово вдомување истото се праќа на дресура (ресоцијализација) кај овластени субјекти од страна на Агенцијата. По извршената дресура на кучето повторно му се врши тест за социјализација и доколку кучето се процени дека не е агресивно, се кастрира и ојаловува и му се враќа на лицето кое го вдомува. Доколку кучето не може да се ресоцијализира истото се еутаназира. Доколку не постои интерес за вдомување на кучето, истото се еутаназира по истeкот на 30 дена од денот на неговото заловување. (3) За да бидат овластени субјектите од ставот (2) на овој член поднесуваат барање до Агенцијата за вршење на дресура (ресоцијализација) на кучиња и треба да ги исполнат условите утвредени со прописот од став (8) на овој член во однос на стручноста на персоналот, просториите и опремата која треба да ја поседуваат. (4) Агенцијата ќе го повлече овластувањето доколку субјектите престанат да ги исполнуваат условите од став (3) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 21 од 44 (5) Во случај кога кучето од став (2) од овој член нападнало човек по втор пат, истото веднаш се одзема и еутаназира. (6) На сопственикот односно одговорното лице на кучето од став (5) од овој член му се забранува чување на кучиња во траење од пет години. (7) Трошоците за спроведување на постапките од ставовите (1), (2) и (5) од овој член се на товар на сопственикот односно лицето кое ги вдомува. (8) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот за спроведување на дресурата на кучиња од став (2) на овој член, како и условите за одобрување за овластување на субјектите од став (2) на овој член. Член 33 Тест за социјализација и овластување на лица (1) Тестот за социјализација на опасни кучињата го спроведува Агенцијата или лица кои се овластени од страна на Агенцијата за спроведување тестот. (2) Лицата од ставот (1) на овој член треба да бидат најмалку од следните профили: кинолошки судија за работа со кучиња од кинолошкиот сојуз на Република Македонија, кинолошки судија за екстериер со лиценца од кинолошкиот сојуз на Република Македонија, дресер или водич на кучиња вработен во единиците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, лице кои работи со кучиња вработен во Царинската управа на Република Македонија и доктор по ветеринарна медицина. (3) Лицата од ставот (2) на овој член треба да имаат најмалку три годишно работно искуство. (4) За да бидат овластени лицата од став (2) на овој член до Агенцијата доставуваат барање за добивање на овластување. (5) За добивање на овластување лицата од став (2) на овој член плаќаат надоместок согласно реално направените трошоци за нивно овластување. (6) Директорот на Агенцијата го пропишува начинот за овластување на лицата од став (2) на овој член, формата и содржина на барањето за овластување како и критериумите за висината на трошоците за спроведување на тестот за социјализација. ГЛАВА III ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕВОЗ Оддел 1 Општи услови за превоз на животни Член 34 Општи барања за превоз на животните (1) Одребите од ставот (3) на овој член и одредбите на членовите 35, 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42, 43, 44, 45, 46 и 47 од овој закон не се применуваат на превоз на животни кој се прави во некомерцијални цели и за директен превоз на животни од или кон ветеринарно друштво по препорака од страна на доктор по ветеринарна медицина. (2) Одгледувачите на животни кои вршат превоз на животни со земјоделска механизација или други средства за транспорт во нивна сопственост во случај на миграција на животните или превоз на животни со средства за транспорт во нивна сопственост на одалеченост до 50 km од нивното одгледувалиште, треба да ги исполнат само условите од ставовите (3) и (4) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 22 од 44 (3) За време на превозот на животни, треба да бидат исполнети следниве услови: 1) да се направени сите неопходни подготовки, со цел да се намали времетраењето на патувањето и да се задоволат потребите на животните за време на патувањето; 2) животните да бидат подготвени за патување; 3) средствата за превоз треба да бидат соодветно конструирани, одржувани и управувани, на начин да се избегне повреда, страдање, како и да се осигура нивната безбедност; 4) опремата и просторот за натовар и истовар да е соодветно конструиран и одржуван, на начин да се избегне повреда и страдање, како и да се осигура нивната безбедност; 5) лицата кои постапуваат со животните да имаат вештини и знаења од областа на заштита и благосостојба за време на превоз и да ги извршуват своите обврски без употреба на сила или кој било друг метод со кој се предизвикува непотребно страв, болка, страдање или повреда на животните; 6) превозот до местото на истовар да се извршува без застој, така што условите за благосостојба на животните редовно се проверувани и соодветно одржувани; 7) за животните да е обезбедена доволна подна површина и висина, соодветна на нивната големина и намена на превозот и 8) животните да се понудуваат со вода, храна и одмор во соодветни интервали и со соодветен квалитет и квантитет според нивниот вид и големина. (4) Забрането е превезување или принуда на животни на превоз кој може да предизвика нивна повреда или претерано страдање. Оддел 2 Општи услови за учесниците вклучени во превозот на животни Член 35 Документ за превоз (1) За време на превозот, животните треба да бидат придружувани со документ за превоз кој ги содржи следниве податоци: 1) потекло и сопственост на животните; 2) место на поаѓање; 3) дата и време на поаѓање; 4) предвидено место на дестинација и 5) очекувано времетраење на предвиденото патување. (2) Документот за превоз треба да е достапен на Агенцијата на нејзино барање. Член 36 Обврски за планирање на превозот на животни (1) Превоз на животни може да се врши само со превозник одобрен согласно членот 42 став (1) од овој закон или за долги патувања од членот 42 став (3) од овој закон. (2) Превозникот е должен да назначи лице одговорно за превозот и да обезбеди дека информациите за планирање, спроведување и довршување на патувањето под негов надзор се достапни во секое време. (3) Организаторите на превозот на животни за секое патување треба да обезбедат дека: 1) благосостојбата на животните не е загрозена поради недоволна координација на различни делови од патувањето, земајќи ги предвид и временските услови и 2) лицето одговорно за обезбедување на информациите за планирање, спроведување и довршување на патувањето е достапно на Агенцијата и/или надлежниот орган на земјата на дестинација во секое време. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 23 од 44 (4) За долги патувања на домашни копитари, освен регистрирани копитари, домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи, превозниците и организаторите на превозот треба да водат патен дневник за целото патување. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ја пропишува формата, содржината и начинот на водење на патниот дневник од став (4) од овој член. Член 37 Превозници (1) Физичко или правно лице за да вршат превоз на животни треба да бидат одобрени како превозници од страна на Агенцијата. Одобрението за превозник задолжително треба да ги придружува животните за време на превозот и треба да биде достапно за увид на барање на Агенцијата. (2) Одобрените превозници задолжително треба да ја известат Агенцијата за сите промени во однос на податоците и документите наведени во членот 42 став (1) од овој закон или за долгите патувања во членот 42 став (3) од овој закон, во рок од 15 работни дена од датумот кога се случиле промените. (3) Превозниците треба да го вршат превозот согласно со одредбите од овој закон и прописот од став (10) на овој член. (4) Постапувањето со животните за време на превозот треба да е доверено на обучен персонал. (5) Ниедно физичко или правно лице нема да превезува или да се дејствува како надзорник при превозот на домашни копитари, освен регистрирани копитари, домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи или живина, доколку не поседуваат сертификат за компетентност издаден согласно член 44 од овој закон. За време на превозот Сертификатот за компетентност на надзорникот задолжително треба да е присутен и треба да биде достапен за увид на барање на Агенцијата. (6) Превозникот треба да обезбеди секоја пратка со животни да биде придружена од страна на надзорникот, освен во случаи кога: а) животните се превезуваат во контејнери кои се обезбедени и соодветно вентилирани, а кога е неопходно, содржат доволно храна и вода во диспензери кои не можат да се превртат за време на патувањето во количини двојно поголеми од потребите за предвиденото време на патување или б) возачот ја врши функцијата на надзорник. (7) Одредбите од ставовите (1), (2), (4) и (5) на овој член не се применуваат за превоз на животни до максимално растојание од 65 km сметано од местото на поаѓање до местото на дестинација. (8) Превозникот треба да обезбеди одобрение за превозното средство, издадено во согласност со членот 45 од овој закон. Одобрението за превозното средство задолжително треба да го придружува превозното средство за време на превозот. (9) При долги патувања на домашни копитари, освен регистрирани копитари, домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи превозниците треба да користат систем за навигација и да ги чуваат записите добиени од овој систем најмалку три години и да ги достави на увид на барање на Агенцијата. (10) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува барањата за заштита и благосостојба на животните под кои се врши превоз на животни Член 38 Првичен преглед и одобрување на средствата за превоз (1) Превозот на животни за долги патувања може да се врши доколку за средствата за превоз е издаден сертификат за превозносто срество согласно членот 45 од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 24 од 44 (2) Одредбите од ставот (1) на овој член се применуваат и на контејнери кои се користат за превоз на домашни коњи, говеда, овци, кози и свињи. Член 39 Одгледувач (1) Одгледувачот на животни на местото на испраќање, претовар или дестинација треба да обезбеди со животните да се постапува согласно одредбите на овој закон. (2) Одгледувачите на животни треба да ги прегледаат сите животни кои пристигнуваат на местото на транзит или на местото на пристигнување и да утврдат дали животните биле изложени на долг пат. Во случај на долги патувања за домашни коњи, освен регистрирани коњи, домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи одгледувачите на животни треба да постапуваат согласно податоците наведени во патниот дневник. Член 40 Собирни центри (1) Операторите на собирните центри покрај условите за одобрување утврдени согласно Законот за ветеринарно здравство, во однос на благосостојбата на животните треба да ги исполнат и следните услови: 1) да го доверат постапувањето со животните само на персонал кој поминал обука за компетентност; 2) редовно да ги информираат сите вработени и лицата кои имаат активен пристап во собирните центри за нивните должности и обврски согласно со овој закон; 3) во случај на неисполнување на одредбите од овој закон од страна на лице ангажирано во собирниот центар и без исклучок на мерките преземени од Агенцијата, да ги спроведат сите неопходни активности за отстранување на утврдените неусогласувања, како и да го спречат нивното повторување; 4) да овозможат постојана информираност на сите вработени и лицата кои имаат активен пристап во собирниот центар за податоците на Агенцијата каде треба да се пријават евентуалните прекршоци кои произлегуваат од овој закон; 5) да ги исполнат техничките услови утврдени во прописот од став (2) на овој член и 6) да воспостават, надгледуваат и применуваат стандардни оперативни постапки со кои се овозможува целосна усогласеност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите кои треба да ги исполнуваат собирните центри во однос на заштита и благосостојба на животните. Член 41 Услови за одобрување на контролни пунктови (1) Агенцијата одобрува и издава регистарски број на секој контролен пункт. Одобрувањето може да биде ограничено во однос на видот, категоријата или здравствениот статус на животните. (2) Одобрението се издава врз основа на поднесено барање од страна на операторот на контролниот пункт по извршена посета на лице месо од страна на Агенцијата со која се утврдува исполнетоста на условите од став (4) и условите утврдени во прописот од став (10) на овој член. (3) Собирните центри можат да бидат одобрени и како контролни пунктови доколку ги исполнуваат условите утврдени во прописот од став (10) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 25 од 44 (4) За да бидат одобрени како и во текот на работата, контролните пунктови треба да ги исполнат условите од став (7) на овој член, условите во однос на просториите, опремата, персоналот и постапките кои треба да се превземаат заради здравствена заштита и благосостојба на животните како и: 1) да се лоцирани во област која не е предмет на забрани или ограничувања согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство; 2) да се под надзор на официјален ветеринар кој контролира дали се исполнети одредбите од овој закон; 3) да функционираат согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство во однос на здравствената заштита на животните, движењето и заштитата на животните за време на колење и 4) да бидат прегледани најмалку два пати годишно, со цел да се потврди дека условите за одобрување и понатаму се исполнети. (5) Контролните пунктови треба да се користат само за прием, хранење, напојување, одмор, сместување, нега и испраќање на животни кои се на поминување. (6) Одобрението за контролниот пункт може да биде ограничено на одреден вид животни и категории на животни кои се со еднаков здравствен статус, за кои контролните пунктови се регистрирани. (7) Операторот на контролниот пункт треба да обезбеди: 1) присуство само на животни кои се придружени со сертификат за здравствена состојба и идентификувани согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. За таа цел операторот треба да ја провери документацијата за здравствената состојба и другата придружна документација на пратката животни и по случаен избор да ги провери идентификационите ознаки на животните од пратката; 2) доволни количини на храна и вода за напојување на животните кои престојуваат во контролниот пункт и истите да се хранети и напојувани во интервали соодветни на нивните физиолошки потреби; 3) соодветна нега на животните кои престојуваат во контролниот пункт и доколку е потребно, да преземе неопходни мерки за да обезбеди благосостојбата и здравствената заштита на животните; 4) присуство на доктор по ветеринарна медицина доколку: а) има потреба животните да бидат третирани болни или повредени животни и б) животните треба да се заколат, убијат или еутаназираат, согласно овој закон; 5) персоналот кој работи во контролниот пункт да поседува содветни вештини и квалификации и да има посетувано обука или има соодветно практично искуство кое го квалификува да постапува и доколку е неопходно да даде соодветна нега на животните; 6) водење на евиденција и чување на податоци кои се однесуваат на пристигнати пратки, во период од најмалку три години и истите да ги достави на увид на барање на Агенцијата; 7) мерки за благосостојба на животните присутни на контрониот пункт и 8) Агенцијата веднаш да биде известена за воочените неправилности. (8) Пред животните да го напуштат контролниот пункт, официјалниот или овластениот ветеринар надлежен за контролниот пункт, треба да провери дали животните се способни да продолжат со патувањето што се внесува во патниот дневик. Трошоците за ветеринарниот преглед се на товар на операторот на контролниот пункт. (9) Доколку неправилностите утврдени при прегледот на лице место негативно влијаат на здравјето и благосостојбата на животните, Агенцијата времено го повлекува или одзема одобрението на контролниот пункт. (10) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите во однос на просториите, опремата, персоналот и постапките кои треба да се превземаат операторите на контроилниот пункт заради здравствена заштита и благосостојба на животните. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 26 од 44 Оддел 3 Обврски и одговорности на превозниците Член 42 Одобрение за превозници (1) Агенцијата на превозниците кои не вршат превоз на животни за долги патувања им издава одобрение, со важност до пет години доколку: 1) се регистрирани во Република Македонија, или во случај на превозници од друга држава, да имаат свое претставништво во Република Македонија; 2) имаат доволен број на квалификуван персонал, опрема и пропишани постапки за работа со цел за усогласување со одредбите од овој закон и 3) не им е изречена прекршочна санкција или мерка за сериозни нарушувања на одредбите од овој закон во период од најмалку три години од датумот на поднесувањето на барањето. (2) Одредбата од ставот (1) точка 3) на овој член не се применува доколку барателите докажат на Агенцијата дека ги преземале сите неопходни мерки за да се избегнат натамошни нарушувања. (3) Агенцијата издава одобрение за превозниците кои вршат превоз на животни за долги патувања, со важност од пет години доколку: 1) се исполнети одредбите од ставот (1) точка 1) на овој член и 2) се приложени следниве документи: а) валиден сертификат за квалификуваност на возачот, односно надзорникот согласно со членот 44 од овој закон; б) одобрение за превозното средство согласно со членот 45 од овој закон; в) пропишани постапки за работата, вклучувајќи и систем за навигација кој им овозможува на превозниците следење и евидентирање на движењето на патните возила под нивна одговорност и контактирање со возачите во кој било момент за време на долгото патување и г) планови за преземање на итни мерки во случај на вонредни ситуации. (4) Одобренијата од ставовите (1) и (3) на овој член Агенцијата ги издава во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето со потребната документација за издавање на одобрение. (5) Формата, содржината на образецот на барањето од ставовите (1) и (3) и потребната документација на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата. (6) Против решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрениjата од ставовите (1) и (3) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (7) Одобрението од ставот (3) на овој член важи и за вршење на транспортот од ставот (1) на овој член. (8) Агенцијата може да го ограни одобрението од ставовите (1) или (3) на овој член, во однос на видот на животните и начинот на превоз, согласно условите кои ги обезбедува превозникот за време на превоз. (9) На превозници одобрени согласно ставовите (1) или (3) на овој член Агенцијата им издава единствен број на одобрение, води и редовно ажурира електронски Регистар на превозници. (10) Електронскиот Регистар на превозници е достапен на јавноста и се објавува на веб страната на Агенцијата. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 27 од 44 (11) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите и постапката за одобрување на превозниците од овој член, формата и содржината на електронскиот Регистар на превозници како и формата и содржината на одобрението за превозници. Член 43 Постапка во случај на неиздавање на одбрение (1) Доколку Агенцијата не го издаде одобрението, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот утврден во членот 42 став (4) од овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот заради донесување на решение од страна на директорот. (2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува директорот. (3) Директорот на Агенцијата е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член до писарницата на директорот на Агенцијата да донесе решение со кое барањето за издавање на согласност е уважено или одбиено. Доколку директорот на Агенцијата нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Агенцијата. (4) Кон барањето за остварување на правото од ставот (1) на овој член, подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 42 од овој закон. (5) Доколку директорот на Агенцијата не донесе решение во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши инспекциски надзор во Агенцијата и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува одговорното лице на Агенцијата во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторoт и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по барањето. (8) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Агенцијата ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 28 од 44 (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (5) на овој член или не поднел пријава согласно со ставот (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Агенцијата дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случајот од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. Член 44 Обука и сертификат за компетентност (1) Лицата од членовите 37 став (4) и 40 став (1) точка 1) на овој закон треба да поседуваат доказ за помината обука за заштита и благосостојба на животните. (2) Лицата од членот 37 став (5) на овој закон треба да поседуваат сертификат за компетентност со кој се потврдува дека истите посетувале и успешно поминале обука согласно прописот утврден во став (7) од овој член. (3) Обуките од ставовите (1) и (2) на овој член може да ги вршат субјекти овластени од страна на Агенцијата. (4) За да бидат овластени субјектите од став (3) на овој член поднесуваат барање до Агенцијата за вршење на обука за заштита и благосостојба на животните за време на превоз и да ги исполнат условите утвредени прописот од став (7) на овој член во однос на стручноста на персоналот, просториите и опремата која треба да ја поседуваат. (5) Доказот за посетување обука од став (1) и сертификатот за квалификуваност од став (2) на овој член кои се валидни во земјите членки на Европската Унија важат и во Република Македонија. (6) Агенцијата ќе го повлече овластувањето доколку субјектите престанат да ги исполнуваат условите од став (4) на овој член. (7) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот за спроведување и содржината на обуката за лицата од став (1) на овој член, начинот на издавање, содржината и формата на сертификатот од ставот (2) на овој член како и условите за одобрување на овластување на субјектите од став (3) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 29 од 44 Член 45 Сертификат за превозни средства (1) На барање на операторот на превозно средство кои се користат за долги патувања Агенцијата издава Сертификат за превозно средство по спроведена контрола од страна на Агенцијата со кој се утврдува исполнетоста на техничките услови кои се однесуваат на дизајнот, конструкцијата и одржувањето на превозното средство наменети за долги патувања. (2) Сертификатот се издава за период од пет години. Сертификатот престанува да важи доколку превозното средство е модифицирано или одржувано на начин кој негативно влијае на благосостојбата на животните. (3) Агенцијата води и редовно ажурира електронски регистар на издадени одобренија на превозни средства кои се користат за долги патувања. (4) По исклучок од став (1) на овој член дозволени се отстапки за средствата за превоз во одредени случаеви кога патувањето не надминува 12 часа до местото на крајната дестинација. (5) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите од став (1) на овој член, начинот на издавање, условите кои треба да ги исполнат средствата за превоз на животни во однос на благосостојбата, формата и содржината на сертификатот за превозни средства и случаите во кој се применува отстапката од став (4) на овој член. Член 46 Застој за време на превоз (1) Во случај на непредвидени околности, треба да се превземат сите неопходни мерки за да се спречи или намали на минимум застојот на превозот односно страдањето на животните. (2) На местото на трансферот или на граничниот премин, за да се запази благосостојбата на животните надлежните органи треба да дадат предност на превозот на пратките на животни. (3) Забрането е непотребно задржување на пратка на животни за време на превоз, освен во случаи кога тоа е неопходно за благосостојбата, за здравствена заштита на животните или здравствена заштита на луѓето. Застој меѓу натоварот и поаѓањето треба да биде сведен на минимум. Доколку за време на превозот, пратката со животни треба да биде задржана подолго од два часа, Агенцијата треба да преземе мерки за да обезбеди соодветни услови и грижа на животните а кога е неопходно нивно хранење, напојување, истовар и сместување. Член 47 Итни мерки (1) Кога Агенцијата утврди дека одредбите од овој закон не се почитуваат, ќе нареди лицето одговорно за животните да ги преземе сите неопходни мерки потребни да ја заштити благосостојбата на животните. Овие мерки не смеат да предизвикаат непотребно или дополнително страдање на животните и треба да бидат пропорционални со утврдениот ризик. Трошоците за спроведените мерки се на товар на лицето одговорно за животните. (2) Во зависност од околностите, итните мерки можат да бидат: 1) замена на возачот или надзорникот; 2) привремена поправка на средствата за превоз, со цел за превенција на можноста за непосредна повреда на животните; Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 30 од 44 3) претовар и префрлување на пратката или делови од неа во други средства за превоз; 4) враќање на животните до местото на испраќање по најкус пат или продолжување до местото на дестинација по најкус пат, во зависност од користа за благосостојба на животните и 5) истовар на животните, соодветно сместување и нега, сé до решавање на проблемот. (3) Во случај кога не постојат други средства за заштита на благосостојбата на животните, истите ќе бидат заклани или еутаназирани на хуман начин. (4) Во случај кога е неопходно да се превезуваат животните под итни околности, Агенцијата издава писмено одобрение за превоз на животните со кое се идентификуваат животните и се дефинираат посебните услови под кои истите можат да бидат превезени. Ова одобрение задолжително ги придружува животните. (5) Доколку лицето кое е одговорно за животните не може да се контактира, или не успее да ги исполни инструкциите, Агенцијата веднаш превзема мерки за извршување на неопходните активности. (6) За донесените одлуки и причините за нив, Агенцијата го известува превозникот или негов претставник. Доколку е потребно, Агенцијата ќе обезбеди помош на превозникот за целосно имплементирање на потребните итни мерки. ГЛАВА IV ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА КОЛЕЊЕ И УБИВАЊЕ Оддел 1 Општи услови за заштита и благосостојба на животните за време на колење и убивање Член 48 Општи одредби (1) Одредбите од членовите 49, 50, 51, 52 и 53 на овој закон се применуваат при заштита и благосостојба на животните за време на колење или убивање. (2) Одредбите од членовите 49, 50, 51, 52 и 53 на овој закон не се применуваат при: 1) убивање на животни за научни експерименти кои се вршат под надзор на Агенцијата; 2) убивање на диви животни за време на лов и рекреативен риболов и 3) живина, зајаци и куникули заклани надвор од кланица кои се наменети за домашна употреба. Оддел 2 Општи барања Член 49 Постапување со животните (1) Животните треба да бидат поштедени од секое вознемирување за да се избегне, болка или страдање за време на убивање и придружни операции во кланици. (2) Рибите треба да бидат поштедени од секое вознемирување болка или страдање за време на убивање и придружните операции во кланици. (3) Операторите со храна треба да превземаат мерки за исполнување на условите од став (1) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 31 од 44 (4) Просториите кои се користат за убивање и придружни операции во кланици треба да се дизајнирани, конструирани, да се одржуваат и со нив да се ракува на начин со кој се обезбедува исполнетост на условите од став (1) на овој член имајки ги во предвид активностите кои се вршат во просториите. (5) Животните може да се убиваат само по нивно омамување извршено согласно методите за омамување од прописот од став (9) на овој член, при што животните треба да останат омамени се до нивното угинување. (6) Во случај да методот на омамување кои не резултират со смрт (во понатамошниото текст: едноставно омамување) веднаш треба да се примени постапка како искрварување, убивање со разорување на мозочното ткиво, електрифицирање или продолжена аноксија. (7) По исклучок од став (5) на овој член во случај на колење во религиозни обреди може да не се применуват методите на омамување доколку колењето се врши во кланица и по претходно одобрување од страна на Агенцијата. (8) Операторите со храна треба да воведат и користат стандардни оперативни постапки за планирање на колењето и убивањето на животните и придружните операции во кланици. (9) Директорот на Агенцијата ги пропишува мерките кои треба да ги превземат операторите со храна при колење и убивање и придружни операции во кланици, начинот и методите на омамување, стандардните оперативни постапки при колење и убивање и придружни операции во кланици како и постапката за колење и убивање кои се применуваат во случај кога животните се колат со посебни методи на колење потребни при одредени религиозни обреди. Член 50 Сертификат за компететнтност (1) Колењето, убивањето и придружните операции во кланици се врши само од страна на стручни лица на начин со кој се избегнува предизвикување на непотребна болка, вознемиреност или страдање. Одредени операции се вршат само од страна на лица кои имаат сертификат за компетентност. (2) За лицата од став (1) на овој член се спроведува обука за заштита и благосостојба на животните. (3) Обуката од ставот (2) на овој член може да ја вршат субјекти овластени од Агенцијата. (4) За да бидат овластени, субјектите од ставот (3) на овој член поднесуваат барање до Агенцијата за вршење на обука за заштита и благосостојба на животните за време на колење и убивање и придружни операции во кланици. (5) За да бидат овластени субјектите од став (3) на овој член треба да имаат соодветни простории и опрема и стручен кадар. (6) Овластувањето од став (4) на овој член ќе биде повлечено доколку субјектите престанат да ги ги исполнуваат условите од став (5) на овој член. (7) На лицата од став (1) на овој член овластените субјекти им издаваат сертификат за компетентност доколку истите посетувале и успешно ја поминале обуката од став (2) на овој член и за издадените сертификати за компетентност водат евиденција. (8) Во случај кога не се поднесени барања до Агенцијата за вршење на обука за заштита и благосостојба на животните за време на колење и убивање и придружни операции во кланици, обуката на лицата од став (1) на овој член ја спроведува Агенцијата за што издава сертификат за компетентност. (9) Сертификатот за компетентност може да биде времено повлечен или одземен од лица кои не покажуваат доволно вештини и знаења или не ги исполнуваат своите обврски во спроведувањето на активностите за кои сертификатот е издаден. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 32 од 44 (10) Директорот на Агенцијата ги пропишува операциите кои треба да се извршат од страна на лица кои имаат сертификат за компетентност, начинот на спроведување и содржината на обуката на лицата од став (1) на овој член, начинот на издавање, содржината и формата на сертификатот од ставот (3) на овој член како и поблиските услови за овластување на субјектите од став (4) на овој член. Член 51 Упатства за користење на опрема за фиксирање и омамување (1) Опремата за фиксирање и омамување треба да се става во промет со упатства за користење со кои се обезбедува оптимална заштита и благосостојба на животните. (2) Агенцијата може да побара измена на упатствата од став (1) на овој член согласно добиено мислење од страна на Комисијата од член 10 на овој закон. (3) Операторите со храна треба во согласност со упатствата од став (1) на овој член да ја одржуваат во добра состојба опремата која ја користат за фиксирање и омамување и за тоа да водат записи кои треба да ги чуваат во рок од една година од денот на водење на записот и истите да ги дадат на увид на барања на Агенцијата. (4) Операторите со храна треба да обезбедат резервна опција за време на постапките на омамување во случај на откажување на опремата која се користи. (5) Операторите со храна треба да обезбедат животните да не бидат фиксирани доколку лицето одговорно за омамување и искрварување не е подготвено да го изврши омамувањето и искрварувањето веднаш. (6) Директорот на Агенцијата ја пропишува содржината на упатствата за користење на опрема за фиксирање и омамување. Член 52 Постапки со животните надвор од кланица (1) При колење и придружни операции на животните за домашни потреби, со исклучок на живина, зајаци и куникули, надвор од кланица од страна на сопственикот или друго одговорно лице, се применуваат одредбите од членот 49 ставови (1) и (5) и член 50 став (1) од овој закон. (2) При колење и придружни операции на живина, зајаци и куникули на фарма за директно снабдување на мали количини од производителот до крајниот корисник или за локални малопродажни оператори кои снабдуваат крајни корисници како свежо месо, се применуваат одредбите од членот 49 ставови (1) и (5) и член 50 став (1) од овој закон. Бројот на заклани животни не смее да го надмине бројот утврден во прописот од став (8) на овој член. (3) При колењето и убивањето на животни заради контрола на болест кај животните, убивањето и кога е можно колењето на животните треба да биде направено под услови и со методи со кои се обезбедува благосостојбата на животните. (4) Колењето и убивањето на животните од став (3) на овој член се врши согласно акциски план изготвен од страна на Агенцијата. Благосостојбата на животните за време на убивањето и колењето на живоните согласно став (3) на овој член треба да биде предвидена и при изготвувањето на Плановите на итни мерки за сузбивање на болести. (5) Директорот на Агенцијата може да дозволи отстапки од одредбите од став (3) на овој член во случај коге е загрозено здравјето на луѓето односно значително се забавува процесот на искоренување на болеста и во случај на елементарни непогоди и епидемии кај луѓето. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 33 од 44 (6) При принудно колење или колење од нужда одговорното лице за животното треба да обезбеди животното да биде заклано или убиено без одлагање на лице место. Агенцијата може да одобри превоз на овие животни заради колење или убивање, доколку превозот не предизвикува дополнително и натамошно страдање на животните. (7) Активностите од ставовите (5) и (6) на овој член се вршат под надзор и согласно упатствата дадени од страна на надлежниот официјален ветеринар. (8) Директорот на Агенцијата поблиску го пропишува начинот на постапување со животните од ставовите (1), (2), (3), (5) и (6) од овој член. Член 53 Услови за операторите на кланици (1) Операторите на кланици треба да обезбедат објектите под нивна надлежност да ги исполнуваат условите утвредни во прописот од став (3) на овој член во однос на поставеноста и конструкцијата на кланиците, постапките на ракување и фиксирање со животните и начинот на мониторинг на споведување на постапките за благосостојба на животните. (2) Операторите на кланици треба да назначат офицер за благосостојба во секоја кланица под нивна надлежност за спроведување на одредбите на овој закон кој треба да поседува сертификат за компетентност од член 50 на овој закон. (3) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува услови за кланици за поставеноста и конструкцијата на кланиците, постапките на ракување и фиксирање со животните и начинот на мониторинг на споведување на постапките за благосостојба на животните како и начинот на работа на офицерот за благосостојба. ГЛАВА V ФИНАСИРАЊЕ Член 54 Надоместоци (1) За спроведување на активностите од членовите 5, 10, 16, 18, 19, 20, 21, 23, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 41, 42, 44, 45, 50 и 51 на овој закон, Агенцијата наплаќа надомест. (2) Висината на надоместоците од членовите 5, 10, 16, 18, 19, 20, 21, 23, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 41, 42, 44, 45, 50 и 51 на овој закон, ги пропишува Владата на Република Македонија на предлог на директорот на Агенцијата, врз основа на реално потребните трошоци за нивно спроведување. (3) Кога Агенцијата ќе утврди одредена неусогласеност од која произлегуваат дополнителни официјални контроли, кои ги надминуваат вообичаените контролни активности на Агенцијата утврдени со овој закон и прописите донесени со овој закон, трошоците настанати при нивното спроведување ќе бидат на товар на субјектот кај кого се утврдени неусогласеностите. (4) Висината на надоместоците од ставовите (2) и (3) на овој член и начинот на наплата ги пропишува Владата на Република Македонија врз основа на реално потребните трошоци за нивно спроведување. (5) Средствата од надоместоците од ставовите (2) и (3) на овој член, за активности кои ги врши Агенцијата се приход на Буџетот на Република Македонија. (6) Кога Агенцијата врши неколку официјални контроли во исто време во еден објект, сите се сметаат за една активност и се наплаќа единствен надоместок во висина утврдена согласно прописот од став (2) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 34 од 44 ГЛАВА VI НАДЗОР Член 55 Надлежност за вршење надзор (1) Надзор на спроведување на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Агенцијата. (2) Работите на инспекцискиот надзор ги вршат официјалните ветеринари. Член 56 Права и должности за вршење на инспекција (1) Официјалниот ветеринар по службена должност и овластениот ветеринар врз основа на договор има право и должност да: 1) вршат контрола врз усогласеноста на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, мониторингот и мерките кои се превземаат во кланици за обезбедување на благосостојба на живината за колење; 2) вршат редовни контроли на сите одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници вклучувајќи ги и нивните објекти со цел да ја потврди усогласеноста со условите пропишани во овој закон и подзаконските прописи донесени врз основа на овој закон; 3) побараат од операторот да ги измени стандардните оперативни постапки, забави или запре производството и 4) побараат од операторот да ја зголеми зачестеноста на проверките при зашеметување и да ги измени постапките за мониторинг. (2) Контролите од став (1) на овој член се вршат со соодвента зачестеност врз статистички примерок од различни системи на одгледување. Во случај на експериментални животни контролите се вршат и врз основа на анализа на ризик за секој објект при што во предвид се зема: бројот на животни, податоците за претходното работење, бројот и видот на спроведени проекти и секој податок кој укажува на неисполнетост на условите од овој закон. (3) Во случај на експериментални животни контролите од став (1) на овој член се вршат на третина од корисниците односно најмалку еднаш годишно за одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници кои користат не-човеколики примати за што се води евиденција која се чува најмалку пет години. (4) Лицата одговорни за објектите и превозните средства кои се предмет на инспекцијата од став (1) на овој член, се должни дадат помош при спроведувањето на контролите и да ги достават на увид бараните податоци и документација. Член 57 Контроли на превоз и превозни средства (1) При долги патувања на домашни копитари и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи, овластеното лице на местото на поаѓање, официјалниот ветеринар по службена должност и овластениот ветеринар врз основа на договор, има право и должност: 1) да извршат контола за да утврдат дали: а)превозниците наведени во патниот дневник ги имаат соодветните одобренија од членот 42 на овој закон и Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 35 од 44 б) патниот дневник поднесен од организаторот на патувањето ги содржи потребните податоци согласно членот 36 ставови (4) и (5) на овој закон и одговара на фактичката состојба. 2) доколку со контролите од точката 1) на овој став се утврдат неправилности, да наредат преземање на мерки за усогласување со одредбите од овој закон; 3) доколку со контролите од точката 1) на овој став не се утврдат неправилности, да го завери патниот дневник; 4) во најкус можен рок да испрати податоци за предвиденото долго патување до надлежниот орган на местото на дестинацијата, или до контролниот пункт, преку соодветен систем за размена на информации и 5) да вршат контроли на било кој дел од долгото патување за да утврди дали пријавеното време на патување е во согласност со фактичката состојба и ограничувањата во однос на времето за патување и одмор, а патувањето е во согласност со овој закон. (2) По исклучок од став (1) точка 3) на овој член, заверувањето на патниот дневник не е задолжително за превозници кои користат систем за навигација од членот 37 на овој закон. (3) Контролите за исполнетост на условите за долги патувања се врши пред натоварот во рамките на здравствениот преглед на животните. (4) Доколку местото на дестинација е кланица, прегледот за исполнетост на условите за долги патувања од став (1) точка 5) на овој член, може да се изврши во рамките на прегледите на производите од животинско потекло наменети за човечка исхрана. (5) Податоците за движењето на средствата за превоз за патен сообраќај добиени преку системот за навигација, можат да се користат и за вршење на прегледи. Член 58 Обука Агенцијата треба да обезбеди овластените лица кој ги вршат контролите од членовите 55 и 56 од овој закон да поседуваат опрема и да се соодветно обучени за собирање на податоци од: опрема за водење на евиденција за патен сообраќај и системот за навигација. Член 59 Контроли на граничен премин (1) Пратките на животните при излез треба да бидат прегледани од страна на официјалниот ветеринар на граничен премин, при што официјалниот ветеринар проверува дали животните се превезени согласно со одредбите од овој закон, а особено дали: 1) превозниците приложиле заверена копија од одобрението од членот 42 ставовите (1) и (2) на овој закон; 2) возачите и надзорниците на средствата за патен сообраќај за домашни копитари и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи или живина, приложиле сертификат за компетентност од членот 44 на овој закон; 3) животните се способни да го продолжат патувањето; 4)средствата за превозсо кои животние ќе го продолжат патувањето ги исполнуваат условте од овој закон; 5) при извоз, превозниците обезбедиле доказ дека патувањето од местото на поаѓање до првото место на истовар во земјата на крајна дестинација е во согласност со меѓународните договори кои се на сила во другите држави на кои се однесува и Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 36 од 44 6) домашни копитари и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи се превезени или ќе бидат превезени подолго од дозволеното за долги патувања. (2) Во случај на долги патувања за домашни копитари и домашни животни од видовите: говеда, овци, кози и свињи, официјалниот ветеринар на граничниот премин треба да изврши преглед на патниот дневник и да потврди дали условите пропишани во истиот се во согласност со наведените временски ограничувања. Евиденцијата од овие прегледи и прегледите наведени во ставот (1) од овој член се чуваат од страна на Агенцијата најмалку три години од датумот на прегледот, вклучувајќи и копија од соодветната документација. (3) Кога официјалниот ветеринар на граничниот премин смета дека животните не се способни да го продолжат и да го завршат патувањето, може да нареди животните да бидат истоварени, напоени, нахранети и оставени да одмораат. (4) Трошоците за спроведување на активностите од став (3) на овој член се на товар на превозникот. Член 60 Асистенција од Министерство за внатрешни работи и соработка со други органи (1) За спроведување на одредбите од овој закон, официјалниот ветеринар може да побара асистенција од овластено лице од Министерството за внатрешни работи согласно Законот за ветеринарно здравство. (2) За одредбите од член 27 ставови (2) и (3) и член 30 став (3) точка 2) и став (4) контрола може да вршат и државните комунални инспектори на Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните инспектори во општините во градот Скопје и градот Скопје како и комуналните редари согласно овластувањата урврдени во Законот за комуналните дејности. Член 61 Постапка за едукација (1) Доколку при вршење на инспекцискиот надзор инспекторот утврди дека е сторена неправилност од членот 64 и членот 65 став (1) точки 6), 7), 8), 9), 20), 26) и 45) од овој закон, e должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршење на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува директорот на Агенцијата. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Агенцијата во рок не подолг од осум дена од денот на спроведување на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку овластеното лице при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 37 од 44 (8) Доколку овластеното лице при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка. (9) Агенцијата води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од директорот на Агенцијата. Член 62 Жалби (1) Против решението на официјалниот ветеринар може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. (2) По жалбата против одлуките на официјалниот ветеринар одлучува Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (3) Комисијата од ставот (2) на овој член одлуката по жалбата ја носи во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата. (4) Жалбата не го одложува извршувањето на решението. Член 63 Постапка за порамнување (1) За прекршоците утврдени во овој закон, инспекторот е должен на сторителот на прекршокот да му понуди постапка на порамнување пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. (2) Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка на порамнување, согласноста се наведува во записник. (3) Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последиците од сторениот прекршок. (4) Инспекторот во постапката за порамнување на сторителот на прекршокот е должен да му даде платен налог. (5) Доколку сторителот го прими платниот налог, истиот треба да го потпише. Примањето на платниот налог од сторителот на прекршокот се забележува во записникот. (6) Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и платниот налог го потпишува службено, односно одговорното лице кое се нашло на лице место при инспекцискиот надзор или друго службено или одговорно лице кое изјавило дека има право да го потпише записникот и да го прими платниот налог. (7) Изјавата од ставот (6) на овој член се забележува во записникот. (8) Инспекторот е должен да води евиденција за покренатите постапки за порамнување и за нивниот исход. ГЛАВА VII ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 64 Прекршоци (1) Глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице, ако: 1) постапи спротивно со одредбите на член 27 став (1) на овој закон; 2) не истакне табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче (член 27 став (2)); Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 38 од 44 3) кога се на јавно место кучињата не ги држи врзани (член 27 став (3)). 4) не го пријави леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, не ги идентификуваат младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле (член 26 став (5)); 5) одгледувачниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна на увид на барање на Агенцијата (член 26 став (6)); 6) продавниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна на увид на барање на Агенцијата (член 26 став (8)); 7) Продавниците на домашни миленици ставаат во промет домашни миленици кои не се идентификувани и регистрирани (член 26 став (10)); 8) Одгледувачите и/или сопствениците на животни не поседуваат вештини за одгледување, грижа и нега кон животните кои ги држат или не ангажират соодветно квалификувани лица (член 12 став (4)) и 9) Одгледувачниците на домашни миленици и продавниците на домашни миленици не поднесат барање за регистрација во регистар на одгледувачници и продавници на домашни миленици (член 26 став (9)). (2) Глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок од став (1) на овој член. Член 65 (1) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) не води евиденција и не ја чува во период од најмалку три години по смртта или повторното вдомување на животните и истата не е достапна на барање на Агенцијата (член 16 став (12)); 2) не ги идентификува животните со трајна идентификација на начин кој не предизвикува болка страдање или вознемиреност кај животните (член 16 став (13)); 3) не ја чува целокупната документација, вклучувајќи го одобрението за проектот и резултатите од евалуацијата во период од најмалку три години од датумот на истекувањето на одобрувањето на проектот и истите не се достапни на барање на Агенцијата (член 23 став (4)); 4) не ги чува проектите кои треба да бидат предмет на ретроспективна проценка до завршување на проценката (член 23 став (5)); 5) не води евиденција која содржи пропишани податоци за прифатените животни, и не е достапна на увид од страна на надлежниот орган (член 28 став (7)); 6) не дејствува на хуман и грижлив начин кон животните (член 4 став (1)); 7) животните се сместени на начин со кој не се избегнува штетното влијание на надворешните фактори на животната средина, како што се бучавата, вибрацијата и атмосферското загадување (член 4 став (2)); 8) на животните не им е обезбедено нормално однесување имајќи го во предвид видот, старосната категорија и нивните физиолошки и етолошки потреби (член 4 став (4)); 9) постапува спротивно со одредбите на член 4 став (5) од овој закон; 10) одговорното лице не поседува сертификат кој е признат од страна на Агенцијата (член 13 став (1)); 11) одговорното лице или сопственикот не обезбеди упатства за лицата ангажирани за чување или натовар на живината како и за методи на убивање кои се користат на одгледувалиштето (член 13 став (2)); Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 39 од 44 12) одговорното лице или сопственикот не обезбеди упатства за заштита и благосостојба на животните за лицата ангажирани за чување на свињите (член 13 став (3)); 13) не ја известува Агенцијата за секоја промена на одговорните лица кои треба да обезбедат исполнување на одредбите утврдени во овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон (член 16 став (5)); 14) не поднеле барање за обновување на одобрението (член 16 став (6)); 15) одгледувачот нема назначен доктор по ветеринарна медицина или соодветно квалификувано лице (член 16 став (7)); 16) во телото за благосостојба во случај на корисник не учествува и едно или повеќе лица од научната област поврзана со животни кои се чуваат за научни цели (член 16 став (8)); 17) одгледувачот не ги документира мислењата од телото за благосостојба не ги чува во период од три години и не ги направи достапни на барање на Агенцијата (член 16 став (9)); 18) одгледувачите немаат воспоставено стратегија за зголемување на бројот на новородени животни кои потекнуваат од животни кои се држат во заточеништво (член 16 став (10)); 19) одгледувачите немаат воспоставено стратегија и немаат програма за рехабилитација и ресоцијализација на животните (член 16 став (11)); 20) напушти домашен миленик (член 26 став (2)); 21) заловувањето на кучињата се врши од страна на неквалификувано лице и на начин кој предизвикува непотребна болка или страдање (член 28 став (2)); 22) не ги исполнува услови за време на превоз на животните (член 34 став (3)); 23) не назначува лице одговорно за превоз, кое ќе обезбедува информации за планирање, спроведување и довршување на патувањето (член 36 став (2)); 24) не го координира патувањето и ја загрозува благосостојбата на животните (член 36 став (3) точка 1)); 25) лицето одговорно за обезбедување на информациите за планирање, спроведување и довршување на патувањето не е достапно на надлежниот орган во секое време (член 36 став (3) точка 2)); 26) постапувањето со животните не е доверено на обучен персонал (член 37 став (4)); 27) редовно не ги информираат лицата присутни во собирните центри за нивните должности и обврски согласно со овој закон (член 40 став (1) точка 2)); 28) операторите на кланици не воведуваат и користат стандардни оперативни постапки (член 49 став (8)); и 29) поттикнува агресивност на животните против други животни (член 4 став (9)); 30) осакатува животни и врши хируршки или слични интервенции со кои се врши осакатување на животните заради естетски или други причини (член 4 став (7)) 31) не ги исполнува одредбите од членот 39 став (1) од овој закон; 32) не ги исполнува одредбите од членот 39 став (2) од овој закон; 33) не го доверуваат постапувањето со животните на персонал кој поминал обука за соодветните технички правила (член 40 став (1) точка 1)); 34) не ги исполнуваат техничките услови од член 40 став (1) точка 5) на овој закон; 35) не воспостават и не применуваат стандардни оперативни постапки (член 40 став (1) точка 6)); 36) контролните пунктови не се користат само за прием, хранење, напојување, одмор, сместување, нега и испраќање на животни кои се на поминување (член 41 став (5)); 37) постапи спротивно со одредбите од член 41 став (7) од овој закон; 38) операторите постапуваат во спротивно со член 51 став (3) на овој закон; 39) операторите не обезбедиле резервна опција за омамување (член 51 став (4)); Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 40 од 44 40) операторите постапуваат во спротивност со член 51 став (5) на овој закон; 41) при принудно колење или колење од нужда одговорното лице за животното не обезбедил животното да биде заклано или убиено без одлагање на лице место (член 52 став (6)); 42) бројот на животни го надминува бројот утврден во прописот од став (8) на член 52 од овој закон (член 52 став (2)); 43) не ги исполнува условите од член 53 став (1) на овој закон; 44) операторите немаат назначено офицер за благосостојба на животните (член 53 став (2)); 45) не обезбеди услови за држење на опасно куче (член 30 став (3)); 46) опасните кучиња при движење не се придружувани од полнолетно лице (член 30 став (4)); 47) присилува животни на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност (член 4 став (11)); 48) се обложува на борба со животни за било каква намена (член 4 став (10)); 49) одгледувачниците на домашни миленици не се регистрирани (член 26 став (6); 50) продавниците за домашни миленици немаат соодветни простории и опрема соодветен на видот, полот, возраста и здравствената состојба на животните и не се регистрирани (член 26 став (7); 51) постапува спротивно на подзаконскиот акт од членот 26 став (11) на овој закон; 52) во случај на заловување на регистрирани кучиња во рок од седум дена не го извести сопственикот или надлежниот официјален ветеринар и не постапи со кучето согласно членот 28 став (3) од овој закон (член 28 став (8)); 53) Одгледувачите и/или сопствениците на животните не обезбедиле соодветни живеалишта и простор за сместување и опрема која ги исполнува минималните стандарди за заштита и благосостојба на животните (член 12 став (4)); 54) Постапува спротивно на членот 13 став (4) од овој закон и 55) За време на превозот, животните не се придружувани со документ за превоз и документот за превоз не е достапен на барање на агенцијата (член 35 ставови (1) и (2)). (2) Глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од ставот (1) на овој член. Член 66 (1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на правно лице, ако: 1) не обезбеди секојдневно вода за напојување со соодветен квалитет и соодветна, хранлива, хигиенска и избалансирана храна за животни во согласност со нивната старост и вид заради одржување на здравјето и физиолошките потреби (член 4 став (3)); 2) изведува хируршки интервенции без соодветна употреба на целосна или локална анестезија и предизвикува непотребна болка или страдање на животното (член 4 став (8)); 3) одгледувачите и/или сопствениците на животни не обезбедиле заштита и благосостојбата на животните кои се под нивна грижа и не спречиле нанесување на непотребна болка, страдање или повреда (член 12 став (1)); 4) одгледувачите и/или сопствениците на животни не обезбедиле соодветни услови за животните (член 12 став (2)); 5) одгледувачите и/или сопствениците на животни не ги исполниле условите од член 11, 12 и 13 од овој закон и прописот од став (5) на членот 12 од овој закон (член 12 став (3)); Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 41 од 44 6) сместувањето на животните во живеалишта не е во согласност со нивната природна средина и однесување (член 14 став (1) точка 1)); 7) на животните не им е обезбедена можноста за да може тие да се размножуваат (член 14 став (1) точка 2)); 8) благосостојбата и здравствената состојба на животните во зоолошките градини не е следена од страна на квалификувано лице (член 14 став (1) точка 3)); 9) нема организирано ветеринарно здравствена заштита за животните (член 14 став (1) точка 4)); 10) работат без да бидат одобрени и регистрирани или не ги исполнува условите од член 16 став (3), (4), (7) и (8), член 25 на овој закон и одредбите утврдени во прописот од член 16 став (17) на овој закон (член 16 став (1)); 11) во случај кога одобрението е привремено повлечено или укинато не обезбеди тоа да нема негативно влијание по благосостојбата на животните кои ги одгледува (член 17 став (2)); 12) спроведува неодобрени проекти (член 18 став (1)); 13) корисниците не ги спроведуваат проектите согласно добиеното одобрение (член 18 став (2)); 14) корисниците не ги спроведуваат проектите во согласност со одлуката донесена од страна на Агенцијата (член 18 став (3)); 15) спроведе измена на проектот без претходно да побара измена или обновување на одобрението (член 23 став (1)); 16) во случај кога одобрението за проектот е повлечено ја загрозува благосостојбата на животните (член 23 став (3)); 17) изврши забранети интервенции (член 26 став (3)); 18) не ги исполнува одредбите од член 26 став (4) на овој закон; 19) не врши собирање на бездомните кучиња, нерегистрираните кучиња и регистрираните кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и не ги сместува во прифатилишта и во објектите од прифатилиштата не е обезбедена елементарна заштита на животните од неповолни временски услови и не е обезбедено нивно ефикасно затварање (член 28 став (1)); 20) не обезбеди спроведување на соодветни мерки и персонал со цел за ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е неопходно не извршил лекување на животните (член 28 став (3)); 21) интервенциите не се извршени од страна на доктор по ветеринарна медицина (член 28 став (4)); 22) не соработуваат со здруженијата за заштита на животните (член 29 став (4)); 23) врши превоз или принудува животни на превоз со кој може да предизвика нивна повреда или претерано страдање (член 34 став (4)); 24) не пополни патен дневник (член 36 став (4)); 25) работат без да бидат одобрени за превоз на животни, одобрението не ги придружува животните за време на патувањето и не е достапно на увид (член 37 став (1)); 26) не го вршат превозот согласно со одредбите од овој закон и прописот од став (10) на член 37 од овој закон (член 37 став (3)); 27) не ги исполни условите од одредбите на членот 37 став (5) на овој закон (член 37 став (5)); 28) не поседува одобрение за превозното средство (член 37 став (8)); 29) не користат систем за навигација и не ги чуваат записите три години (член 37 став (9)); 30) не ги ги спровеле сите неопходни активности за отстранување на утврдените неусогласувања, и не го спречиле нивното повторување (член 40 став (1) точка 3)); Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 42 од 44 31) постапи спротивно на одребите наведени во ставот (6) на членот 41 од овој закон; 32) животните не се поштедени од секое вознемирување кое може да се избегне, болка или страдање за време на убивање и придружни операции во кланица (член 49 став (1)); 33) рибите не ги поштедува од секое вознемирување болка или страдање за време на убивање и придружните активности (член 49 став (2)); 34) не ги исполнува условите од од членот 49 став (4) од овој закон; 35) не ги исполнува условите од од членот 49 став (5) од овој закон; 36) не ги исполнува условите од од членот 49 став (6) од овој закон; 37) убивањето и придружните операции не се врши само од страна на лица стручни лица на начин со кој се избегнува предизвикување на непотребна болка, вознемиреност или страдање (член 50 став (1)); 38) обуката ја вршат неовластени субјекти (член 50 став (4)); 39) опремата за фиксирање и омамување се става во промет без упатства за користење со кои се обезбедува оптимална заштита и благосостојба на животните (член 51 став (1)); 40) користи диви животни во циркуски претстави (член 4 став (12)); и 41) држи, одгледува и размножува диви животни наменети за користење во циркуски претстави (член 4 став (13)); 42) држи, одгледува и размножува животни исклучиво наменети за производство на крзно или кожа или пердуви. (член 4 став (14) и 43) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје не определиле временски периоди и соодветно означени јавни површини каде домашните миленици во придружба на сопственикот може слободно да се движат без поводник (член 27 став (5)); 44) не обезбеди здравствена заштита за животните и не ги исполнува условите во однос на просториите, опремата и кадарот вработен во прифатилиштата како и начинот начинот на чување на бездомните кучиња (член 29 став (2)); 45) постапи спротивно на подзаконскиот акт наведен во членот 29 став (7) и член 28 став (9) на овој закон; 46) убива, изложува на болка, страдање и патење на животните при нивна употреба во филмови, реклами и останати комерцијални цели. (член 4 став (15)); 47) одговорните лица за грижа на животните не се соодветно обучени во однос на начинот на чување и постапување со животните во зоолошки градини (член 14 став (1) точка 5); 48) корисникот или лицето одговорно за проектот не достави докази дека ги исполнува барањата утврдени во одобрението (член 18 став (4)); 49)прифатилиштата не се одобрени од агенцијата (член 29 став (1)) и 50)превозниците не ја известат Агенцијата за сите промени (член 37 став (2)). (2) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) точки 40), 41), 42), 46) и 49) на овој член, освен глоба, на физичкото и правно лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка, одземање на животните. Член 67 (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) предизвикува болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива спротивно со одредбите од овој закон (член 4 став (6)); 2) е вклучено, поттикнува, организира, рекламира, оддржува и организира обложување на борби со животни за какви било намени (член 4 став (10)). Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 43 од 44 (2) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на физичкото и правно лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка, одземање на животните. (5) За прекршокот од ставот (1) на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од 20 до 30 дена. (6) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до 15 дена. ГЛАВА VIII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 68 Преодни одредби (1) Одгледувалиштата во кои се држат, одгледуваат и размножуваат животни исклучиво за производство на крзно или кожа или пердуви можат да продолжат да ја вршат својата дејност најмногу една година по влегувањето во сила на овој закон. (2) Прифатилиштата за бездомни кучиња кои се регистрирани со денот на влегување во сила на овој закон продолжуваат со работа како одобрени прифатилишта за бездомни кучиња. (3) Институциите корисници кои вршат експерименти со животни кои се одобрени со денот на влегување во сила на овој закон треба во рок од две години од влегувањето во сила на овој закон да го прилогодат своето работење согласно одредбите на овој закон. (4) Превозниците на животни треба да го усогласат своето работење со одредбите на овој закон и да поднесат барање за одобрување во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон. (5) Мерки на спроведување на тест на социјализација ќе отпочнат да се применуваат најдоцна во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон. (6) Одгледувачите на свињи треба во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење согласно член 13 од овој закон. (7) Одгледувачите на кокошки несилки треба во рок од пет години од влегувањето во сила на овој закон да ги исфрлат од употреба основните кафезни системи. (8) Одгледувачите на пилиња за производство на месо (бројлери) треба да го прилагодат своето работење во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон. (9) Одгледувачниците и продавниците на домашни миленици треба да се регистрираат во Агенцијата во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 69 (1) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До донесувањето на прописите од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните прописи. Службен весник на РМ, бр. 149 од 13.10.2014 година 44 од 44 Член 70 (1) Одредбите од членовите 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 на овој закон на овој закон и прописите утврдени во членовите 15, 16, 18, 19, 21, и 23 на овој закон нема да се применуваат на проекти кои биле одобрени со денот на влегување во сила на овој закон и чие времетраење не надминува 1 јануари 2018 година. (2) Корисниците на проекти кои се одобрени пред денот на влегување во сила на овој закон и чие времетраење надминува 1 јануари 2018 година треба да поднесат барање за одобрение на проектот најдоцна до 1 јануари 2018 година. Член 71 Одредбите на членот 25 став (4) ќе отпочнат да се применуваат со пристапувањето на Република Македонија во Европската унија. Член 72 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија“ број 113/2007 и 136/11) Член 73 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“