Law on product safety
颁布于 2006-03-14 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за безбедност на производите.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development, Livestock, Environment
- 关键词
- internal trade, international trade, animal health, public health, inspection, offences/penalties, consumer protection
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Врз основа на член 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Се прогласува Законот за безбедност на производите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 14 март 2006 година. Бр. 07-1133/1 Претседател 14 март 2006 година на Република Македонија, Скопје Бранко Црвенковски, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, д-р Љупчо Јордановски, с.р. З А К О Н ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОПШТИ ОДРЕДБИ Содржина Член 1 Со овој закон се уредуваат барањата за општа безбедност на производите, начинот на пропишувањето техничките прописи и принципите на меѓусебното признавање на документите и знаците за сообразност од странско потекло. Цел Член 2 Целта на овој закон е производите да бидат безбедни кога се пуштаат на пазар, ставаат во употреба или се употребуваат особено поради: остварување и заштита на јавниот интерес; заштита на животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата и заштита на животната средина и природата и заштита на потрошувачите и на другите корисници на производите и заштита на имотот. 1 www.pravdiko.com Примена и однос со други прописи Член 3 (1) Овој закон се применува само за непрехранбени производи. (2) Одредбите од овој закон кои се однесуваат на пропишување на барања и спроведување на постапките на оцена на сообразноста не се применуваат за оние производи за кои постојат посебни закони, освен одредбите од членовите 24, 25, 26, 28, 29, 30 и 31 на овој закон кои се применуваат, доколку со посебен закон поинаку не е уредено. (3) Овој закон не се применува за производите произведени во Република Македонија или во Европската унија, а се наменети за извоз во земјите надвор од Европската унија или надвор од земјите членки на Европскиот економски простор (во натамошниот текст: ЕЕП). Начело на јавност Член 4 (1) Податоците кои им се достапни на надлежните органи од членот 33 ставови (2) и (3) на овој закон, а кои се поврзани со опасноста по здравјето и безбедноста на потрошу вачите и другите корисници се јавни. Надлежните органи се должни на барање на заинте ресираните правни и физички лица да ги достават потребните информации со кои детално се опишува конкретниот производ, видовите на опасност поврзани со неговата примена, како и донесените мерки во согласност со прописите за пристап до информации. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член не се јавни податоците кои согласно со прописите за пристап до информации не можат да се објавуваат. (3) Деловна тајна, во смисла на овој закон, не можат да бидат информациите кои се однесуваат на безбедносните својства на производите кои мора да бидат доставени до јавноста, за да се заштити здравјето и безбедноста на потрошувачите и другите корисници и да се заштити јавниот интерес. (4) Чувањето на деловната тајна не смее да го попречува преносот на информации меѓу надлежните органи во Република Македонија и меѓу надлежните органи на земјите членки на Европската унија и Комисијата на Европската унија. Надлежните органи во Република Македонија кои примиле информација означена како деловна тајна се должни да обезбедат нејзина заштита согласно со закон. Акти за уредување на односите и постапувањето Член 5 (1) Владата на Република Македонија поблиску ќе го пропише начинот за разменување на информациите со Европската комисија за донесените мерки од страна на надлежните инспек циски органи со кои се ограничува пазарот на производите за кои е утврдено дека со нивната употреба е загрозено здравјето на потрошувачите и другите корисници или кој било друг оправдан интерес. (2) Кога Европската комисија ќе донесе одлука со која се забранува, односно ограничува пуштањето на производот на пазарот или се забранува извозот на определен производ или група на производи коишто претставуваат сериозна опасност, Владата на Република Македонија ќе го пропише начинот на постапување на производителите, односно дистрибутерите за извршување на одлуката. 2 www.pravdiko.com ПРВ ДЕЛ ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ ГЛАВА I УПОТРЕБЕНИ ИЗРАЗИ И ОДНОС СО ДРУГИТЕ ПРОПИСИ Дефиниции Член 6 (1) Одделните изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: а) "корисник" е потрошувач, вработен или работодавец; б) "потрошувач" е кое било физичко лице кое купува или користи производи или услуги за непосредна сопствена потрошувачка за цели кои не се наменети за вршење на неговото занимање или за други деловни активности и в) "производител" е: производителот на производот, кога истиот има седиште во Република Македонија или во Европската заедница или кое било правно или физичко лице кое се претставува себеси како производител, а кое на производите го става своето име, заштитен знак или друга специфична ознака, или лице кое го репарира производот, застапникот на производителот, кога производителот нема седиште во Република Македонија или во Европската заедница или, доколку нема основано претставништво во Република Македонија или во Европската заедница, увозникот на производот и друго правно или физичко лице кое професионално учествува во синџирот на набавки, се додека неговата активност може да влијае врз безбедноста на производите. (2) Одделните изрази употребени во овој дел од законот го имаат следново значење: а) "производ" е кој било производ вклучувајќи и во рамките на нудење услуги кој е наменет за потрошувачите или е веројатно, според разумно предвидливи услови дека истиот ќе биде употребен од потрошувачите дури и ако не е наменет за нив и истиот е набавен или достапен, со надоместок или без, во рамките на комерцијални активности и дали е нов, употребуван или репариран. Овој израз нема да важи за производи од втора рака во вид на антиквитети или за про изводи кои треба да се поправат или репарираат пред да бидат употребени, под претпоста вка дека добавувачот за тоа јасно го информира лицето на кое му го доставува произво дот; б) "безбеден производ" е каков било производ кој, во нормални или според разумно предвидливи услови на употреба вклучително и неговиот рок на траење и, тогаш и кога е применливо, со барањата за ставање во употреба, инсталирање и одржување, не претставува каква било опасност или претставува само минимална опасност компатибилна со употребата на производот, се смета дека е прифатлив и конзистентен со високо ниво на заштита за безбедноста и здравјето на луѓето, земајки ги особено предвид: карактеристиките на производот вклучително неговиот состав, пакување, инструкции за составување и, кога е применливо, инструкции за инсталација и одржување, ефектите врз други производи, тогаш кога е разумно предвидливо дека истиот ќе се употребува заедно со други производи, 3 www.pravdiko.com презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, какви било предупредувања и упатствата за употреба, фрлање и/или отстранување и какви било други ознаки или информации за истиот производ и категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на опасност при употреба на производот. Можноста да се постигне повисоко ниво на безбедност или достапност на други производи кои се со помал степен на опасност нема да претставуваат основ производот да се смета како "опасен"; в) "опасен производ" е каков било производ кој не е во согласност со дефиницијата за "безбеден производ"; г) "сериозна опасност" е каква било сериозна опасност, вклучувајќи ги тука и ефектите кои не се непосредни, а кои бараат брза интервенција од надлежните органи на државната управа; д) "дистрибутер" е кое било правно или физичко лице кое како професионалец сорабо тува во синџирот на набавки и чии активности не влијаат врз безбедноста на производот; ѓ) "целосно повлекување" е каква било мерка со цел за враќање на опасните производи на производителот или дистрибутерот кои им се веќе пласирани или достапни на потрошувачите и е) "повлекување" е каква било мерка со цел спречување на дистрибуцијата, презентација или нудење на производот, опасен за потрошувачот. Примена и однос со другите прописи Член 7 (1) Овој дел од Законот во целост се однесува на производите определени во членот 6 став (2) под а) од овој закон. (2) Одредбите од овој дел од Законот се применуваат и на производите за кои постојат суштествени барања во врска со аспектите, односно видовите на опасност, утврдени со прописите кои се однесуваат на барањата за производите хармонизирани со правото на Европската унија (во натамошниот текст: технички прописи), ако во техничките прописи не постојат конкретни одредби со кои треба да се осигура безбедноста на производите. (3) Ако со техничките прописи се уредени суштествени барања за безбедност, овој дел од Законот се применува само на оние аспекти на опасност, односно видови на опасност кои не се опфатени со тие барања, освен членовите 6 став (1) под а) и б) и 37 став (2) од овој закон кои не се применуваат. Другите одредби од овој дел од законот се применуваат, ако во техничките прописи нема одредби со иста цел. ГЛАВА II ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ БАРАЊА Ограничување и забрана Член 8 Производителите се должни на пазарот да пуштаат само безбедни производи. 4 www.pravdiko.com Усогласеност со прописите и објавените стандарди Член 9 (1) Производите ќе се сметаат за безбедни, ако со посебни прописи се уредени некои аспекти на опасност, односно видови на опасност, при што овие прописи не се дел од хармонизираната област на Европската заедница и чија цел е да се осигура безбедност на производите, ако ги исполнуваат здравствените и безбедносните услови утврдени со овие прописи. (2) Производот се смета за безбеден, ако опасностите или видовите на опасности се опфатени со соодветни национални стандарди подготвени врз основа на европските стандарди и објавени во листата на стандарди од ставот (3) на овој член, ако е усогласен со барањата за општа безбедност утврдени во овие стандарди. (3) Министерот за економија листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден ќе ја објави во "Службен весник на Република Македонија". Други мерила на безбедност Член 10 Во случаите кога не постојат прописи односно стандарди од членот 9 ставови (1) и (2) на овој закон, сообразноста на производот со барањата за општа безбедност се утврдува врз основа на: а) доброволните национални стандарди кои се подготвени врз основа на релевантните европски стандарди, а кои се надвор од листата на стандарди од членот 9 став (3) на овој закон; б) стандардите изготвени од земјите членки на Европската унија во кои производот е пуштен на пазарот; в) други стандарди усвоени од Институтот за стандардизација на Република Македонија; г) препораките на Европската комисија со кои се определуваат насоките за утврдување на безбедноста на производот; д) правила на најдобри искуства за безбедност на производи кои важат во одделни области; ѓ) состојбата на техниката и технологијата и е) разумните очекувања на потрошувачите во врска со безбедноста на производите. ГЛАВА III ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И ДИСТРИБУТЕРИТЕ Обезбедување на предупредувања од производителите Член 11 (1) Производителите во рамките на вршење на нивните дејности, се должни да им ги обезбедат на потрошувачите сите соодветни информации кои им овозможуваат да ги оце нат опасностите од производот во текот на вообичаениот или разумно предвидлив период на употреба и да преземат мерки на претпазливост за опасностите од производот и таму каде што таквите опасности не се очигледни веднаш без соодветно предупредување. 5 www.pravdiko.com (2) Давањето на информации од ставот (1) на овој член не го ослободува производите лот од одговорност за усогласеност со другите барања утврдени во овој дел од законот. Други обврски на производителите Член 12 (1) Производителите во рамките на вршење на нивната дејност се должни да преземат мерки соодветни со карактеристиките на производите кои ги добавуваат, со што се овозмо жува: 1) да бидат информирани за опасностите кои овие производи би можеле да ги предизвикаат и 2) да преземат одредени дејствија, доколку е неопходно за да се избегнат тие опасности, вклучувајќи тука адекватно и ефективно предупредување, повлекување од пазарот или целосно повлекување. (2) Мерките наведени во ставот (1) на овој член може да содржат: а) наведување на прецизни податоци за производителот (фирма, седиште и веб страни ца, доколку има) и за производот, доколку е возможно, серијата на производот на која тој и припаѓа при што податоците треба да бидат наведени на самиот производ или на него вото пакување, освен во случаите кога е оправдано да не се даваат такви податоци и б) проверки, вршење на тестирање на производите на пазарот, во сите случаи кога е соодветно и доколку е неопходно, како и водење на евиденција на поднесени претставки и информирање на дистрибутерите за овие активности. Преземање на мерки Член 13 (1) Мерките од членот 12 став (1) точка 2 на овој закон се должни да ги преземат производителите по сопствена оцена за нивна потреба или врз основа на решение донесено од страна на надлежната инспекција согласно со членот 36 став (1) точка 5 од овој закон. Целосното повлекување може да го извршат надлежните инспекции само како крајна мерка, кога ќе се утврди дека другите мерки не се доволни да ја спречат опасноста или кога производителите сметаат дека е неопходно или кога имаат обврска да го направат тоа како дополнение на мерките преземени од надлежните инспекции. (2) Повлекувањето од ставот (1) на овој член може да се изврши според правилата на најдобри искуства по прашањето за повлекување. Обврски на дистрибутерите Член 14 (1) Дистрибутерите во рамките на својата дејност се должни да постапуваат со потреб ната професионална грижа со цел да се обезбеди усогласеност на производот со примен ливите барања за безбедност. Дистрибутерите не смеат да добавуваат производи за кои тие знаат или претпоставуваат и согласно со својата професионалност, врз основа на ин формациите кои ги имаат дека производите не се во согласност со барањата за безбед ност. 6 www.pravdiko.com (2) Дистрибутерите во рамките на нивните дејности се должни да придонесуваат во следењето на безбедноста на производите пуштени на пазарот, при што посебно се долж ни да ги проследуваат информациите за опасностите кои може да ги носи некој производ, се должни да ги чуваат и достават документите неопходни за утврдување на потеклото на производите и се должни да соработуваат во мерките преземени од производителите и од надлежните државни органи со цел за избегнување на опасностите. Во рамките на својата дејност, дистрибутерите се должни да преземат мерки кои ќе им овозможат ефективна со работка. Обврски за известување Член 15 (1) Кога производителите и дистрибутерите знаат или претпоставуваат врз основа на информации кои ги имаат и согласно со својата професионалност дека производот кој го пуштиле на пазарот носи опасност за потрошувачот која е некомпатибилна со општите барања за безбедност, се должни во рокот определен со прописот од ставот (2) на овој член, но не подолг од десет дена, да го известат Државниот пазарен инспекторат, притоа наведувајќи детали за преземените дејствија со цел да се заштитат потрошувачите од опасностите. (2) Начинот, постапката и роковите за известување, како и начинот, постапката, критериумите и методите за процената на опасноста од страна на производителите и дистрибутерите и формата и содржината на образецот за известувањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за економија. (3) Прописот од ставот (2) на овој член се објавува и на веб страницата на Министерството за економија. (4) Министерот за економија ќе ја информира Европската комисија за известувањето од ставот (1) на овој член во случаите кога ќе се утврди дека опасноста може да има влијание во земјите членки на Европската унија. Должност за соработка Член 16 (1) Производителите и дистрибутерите, во рамките на нивната дејност, се должни да соработуваат, на барање на надлежните инспекциски органи, за сите преземени дејствија со цел за да се избегнат опасностите кои се закануваат од производите кои ги добавуваат или веќе ги добавиле. (2) Ако производителот или дистрибутерот во разумен рок определен од надлежниот инспекциски орган, но не подолг од десет дена, не постапи по барањето на надлежниот орган за соработка и не стори се што е потребно за избегнување на опасностите кои се закануваат од производите, надлежниот инспекциски орган веднаш ќе ги преземе мерките од членот 36 став (1) на овој закон. 7 www.pravdiko.com ГЛАВА IV ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ДО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Известување Член 17 (1) Во случај кога надлежните инспекциски органи ќе го ограничат добавувањето на производите или ќе донесат мерки со кои ќе изречат повлекување на производот или негово целосно повлекување согласно со членот 36 од овој закон се должни да го известат Министерството за економија, наведувајќи ги причините за донесените мерки. (2) Министерството за економија е должно за преземените мерки од ставот (1) на овој член, а кои не се однесуваат на членот 18 од овој закон, да ја извести Европската комисија и притоа да ги наведе причините за донесените мерки. Министерството за економија, исто така, е долж но да ја известува Европската комисија за која било промена или престанок на мерките. (3) Кога Министерството за економија смета дека ефектите од утврдените опасности немаат или не можат да имаат опфат надвор од територијата на Република Македонија, ја известува Европската комисија за преземените мерки, ако тие содржат информации кои би биле од интерес на земјите членки на Европската унија од гледна точка на безбедноста на производите и посебно, доколку овие мерки биле донесени како одговор на нова опасност којашто не била опфатена во други известувања. (4) Известувањето во согласност со ставовите (2) и (3) на овој член ќе се изврши ако не е извршено известување согласно со членот 18 од овој закон, односно согласно со техничките прописи и други прописи. (5) Владата на Република Македонија подетално ќе ја пропише содржината на известувањето, како и постапката за известување од овој член. Пријавување преку системот за брзо информирање за производите кои претставуваат сериозна опасност Член 18 (1) Контактна точка на системот за брзо информирање за производите кои претставуваат сериозна опасност (во натамошниот текст: RAPEX) во Република Македонија е Министерството за економија. (2) Во случај кога надлежните инспекциски органи заради производите кои претставуваат сериозна опасност ќе донесат или планираат да донесат мерки или пак ќе се согласат со производителите и дистрибутерите на задолжителна или доброволна основа за попречување, ограничување или претходно исполнување на условите за пуштање на пазар на производите или ставање во употреба, се должни веднаш за истото да го известат Министерството за економија. (3) Надлежниот инспекциски орган е должен да го извести Министерството за економија навреме, без задоцнување за промените или престанокот на некоја од мерките од ставот (2) на овој член. (4) Во случај на сериозна опасност надлежниот инспекциски орган е должен да ги проследи информациите согласно со овој член и за доброволните мерки предвидени во Главата III од овој дел на законот, преземени од страна на производителите и дистрибуте рите. 8 www.pravdiko.com (5) Владата на Република Македонија подетално ќе ја пропише содржината на известувањето, како и постапката за известување од овој член. ВТОР ДЕЛ НАЧИН НА ПРОПИШУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ПРОПИСИ Дефиниции Член 19 Одделни изрази употребени во вториот и третиот дел од овој закон го имаат следново значење: "производ" е секој производ или група на производи кој е резултат на одделни произ водни активности, наменет за корисниците, а поблиску определен со технички пропис; "постапка за оцена на сообразноста" е секоја постапка со која директно или индиректно се потврдува дека се исполнети суштествените барања што треба да ги исполнуваат производите; "тело за оцена на сообразноста" е овластено тело кое извршува услуги за оцена на сообразноста и кое може да биде предмет на акредитација; "документ за сообразност" е документ со кој се потврдува дека производот, процесот или услугата се во согласност со суштествените барања утврдени во техничкиот пропис, а кој може да биде изјава за сообразност, сертификат за сообразност или друг документ; "знак за сообразност" е знак кој се користи или е издаден во согласност со правилата на сертификациониот систем, кој покажува дека определен процес, производ или услуга е во сообразност со определен стандард или технички пропис; "пуштање на пазар" е активност со која производот станува за прв пат достапен во Република Македонија или во Европската унија заради негова употреба или натамошна дистрибуција со или без плаќање на надоместок и "ставање во употреба" е прва употреба на производот од страна на крајниот корисник во Република Македонија или во Европската унија. Содржина на техничките прописи Член 20 (1) За одделни производи кои се наменети за корисниците се донесуваат технички прописи кои особено содржат најмалку едно од следниве барања: 1) суштествени барања што треба да ги исполнуваат производите; 2) постапката, начинот и условите под кои се врши оцена на сообразноста на производите според пропишаните барања; 3) условите кои треба да ги исполнуваат телата што учествуваат во постапката за оцена на сообразноста; 4) видот на документите кои го следат производот кога тој се пушта на пазар или се става во употреба; 5) обврска и начин за обележување на производот; 6) упатување на употреба на стандарди и други технички спецификации; 9 www.pravdiko.com 7) форма и содржина на техничка документација, како и начинот и времетраењето на нејзиното чување и 8) заштитна клаузула и постапка за известување. (2) Со техничките прописи се определуваат суштествените барања за производите кои се пропорционални со степенот на ризик на производот. Во техничките прописи за одделни производи или групи на производи во зависност од техничката сложеност на производот или групата на производи може да се определи постапката за оцена на сообразност или адекватна комбинација од постапки за оцена на сообразност (модули). (3) Постапките за оцена на сообразноста можат да бидат определени непосредно со техничкиот пропис или посредно со стандардите или техничките спецификации. (4) Техничките прописи ги донесува министерот за економија, односно министерот во чија надлежност утврдена со закон се работите поврзани со производството, пазарот и ставањето во употреба на соодветните производи или групи на производи. Употреба на стандарди Член 21 (1) Ако техничкиот пропис упатува на употреба на национални стандарди, министерот за економија, односно министерот надлежен за донесување на технички прописи, во "Службен весник на Република Македонија" ќе ја објави листата на стандарди. (2) Соодветната употреба на стандардите од Листата на стандарди од ставот (1) на овој член создава претпоставка за сообразност на производот со суштествените барања утврдени во техничките прописи, во поглед на аспектите кои се опфатени со стандардите. Ограничување и забрана Член 22 (1) Производите или групи на производи за кои постојат технички прописи, не смеат да се пуштаат на пазар или ставаат во употреба ако не се сообразни со пропишаните суштествени барања од техничките прописи, ако не е извршена оцена на сообразноста според пропишаната постапка, ако не се означени на пропишан начин и ако не се проследени со документите определени во техничките прописи. (2) Производите или групи на производи за кои ќе се утврди дека не се сообразни со пропишаните суштествени барања утврдени со техничките прописи не смеат да се означуваат со знаци за сообразност и со други знаци кои се слични со знаците за сообразност до тој степен што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда. Обврски од техничките прописи Член 23 Со техничките прописи се определуваат производите за кои при нивното пуштање на пазар или ставање во употреба производителот е должен да: 1) обезбеди примена на постапките за оцена на сообразноста според пропишаните барања; 2) издаде и/или обезбеди документ за сообразност; 10 www.pravdiko.com 3) изработи техничка документација со пропишана форма и содржина и истата ја чува на пропишан начин и времетраење; 4) употребува пропишани знаци за сообразност; 5) на барање на надлежните инспекциски органи ги достави сите потребни информации за сообразноста на производот, документите за сообразност и техничката документација и 6) ги извршува задачите утврдени во техничките прописи. Тела за оцена на сообразност Член 24 (1) Со техничките прописи за одделни производи се определуваат условите кои треба да ги исполнуваат правните лица за вршење на оцена на сообразност, а кои особено се однесуваат на: соодветен стручен кадар, просторна и техничка опременост, независност и непристрасност во однос на субјектите кои се непосредно или посредно поврзани со производот чија сообразност се оценува, доверливост во работата, одговорност за извршената работа, осигурување од професионална одговорност и други услови кои се потребни за соодветно извршување на пропишаната постапка. (2) Ако се утврди дека се исполнети условите од ставот (1) на овој член, како и услови те за вршење на оцена на сообразноста утврдени во техничките прописи, по претходна согласност на министерот надлежен за донесување на прописот од соодветната област, министерот за економија со решение го овластува правното лице за вршење на оцена на сообразност. (3) Телото за оцена на сообразноста се смета дека ги исполнува условите за вршење на оцена на сообразност, определени во техничките прописи, ако неговата оспособеност е докажана со претходна спроведена постапка за акредитација. Сертификатот за акредитација издаден од Институтот за акредитација на Република Македонија се смета за доказ на техничката оспособеност на телото за оцена на сообразноста. (4) Со Решението од ставот (2) на овој член се овластува правното лице за вршење на оцена на сообразност, при што во решението се определува рокот за важење на овластувањето, обемот и задачите на телото за оцена на сообразноста. (5) Против решението од ставот (2) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена до Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на економијата. (6) Телата за оцена на сообразност се должни постојано да ги исполнуваат условите од ставовите (1) и (3) на овој член. (7) Во согласност со прописот од ставот (10) на овој член, министерот за економија може да ги назначи (нотифицира) телата за оцена на сообразноста во Европската комисија, а по потреба и во државите членки на Европскиот економски простор. (8) Министерството за економија води регистар на телата за оцена на сообразност. (9) На барање на надлежните органи телата за оцена на сообразност се должни да соработуваат. 11 www.pravdiko.com (10) Владата на Република Македонија ќе ги пропише детално постапката на државните органи и институции за донесување на решението од ставот (2) на овој член, начинот на известување за укинување на решението од членот 25 став (1) на овој закон, формата и содржината на регистарот од ставот (8) на овој член, начинот на известувањето за стекнување на својство на телата за оцена на сообразност и начинот на назначување (нотификација) на телата за оцена на сообразност во Европската комисија. Укинување на решение за овластување Член 25 (1) Ако министерот за економија утврди дека телото за оцена на сообразноста престанало да исполнува определен услов од членот 24 ставови (1) и (3) од овој закон или кој било услов утврден со техничкиот пропис ќе донесе решение со кое ќе го укине решението за овластување. (2) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена до Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на економијата. (3) Жалбата од ставот (2) на овој член не го одлага извршувањето на решението. (4) За донесување на решението од ставот (1) на овој член министерот за економија ќе ја информира Европската комисија, ако телото за оцена на сообразност е назначено (нотифицирано). Сертификати за сообразност Член 26 (1) Во согласност со техничките прописи за одделни производи или групи на производи, телата за оцена на сообразноста се овластени да издаваат сертификати за сообразност врз основа на поднесено барање од заинтересираните правни и физички лица. (2) Министерството за економија објавува список на овластените тела за оцена на сообразноста во "Службен весник на Република Македонија". (3) Телата за оцена на сообразност склучуваат договор во писмена форма со секое правно и физичко лице кое сака да обезбеди документ за сообразност. Комисија за безбедност на производите Член 27 (1) За разгледување на прашањата во врска со безбедноста на производите од аспект на примената на техничките прописи и сообразноста на производите со техничките прописи, на предлог на Министерството за економија, Владата на Република Македонија основа Комисија (во натамошниот текст: Комисијата). Комисијата ја сочинуваат претставници на надлежните органи на управата, организации на потрошувачите и други здруженија на граѓани, стопански комори, како и истакнати стручњаци од областа на техничката безбедност на производите и безбедност на потрошувачите. (2) Со Комисијата претседава претседател кој го назначува министерот за економија. 12 www.pravdiko.com (3) Комисијата ги разгледува сите доставени информации во врска со безбедноста на про изводите од аспект на примената на техничките прописи и сообразноста на производите со техничките прописи и тоа по видови на производи или по видови на опасност и предлага до несување на соодветни мерки за отстранување, односно намалување на опасноста поврзана со производите. (4) Комисијата, исто така, ги поттикнува и поддржува доброволните активности на производителите и дистрибутерите во врска со безбедноста на производите и соработува при утврдување на кодексите на прифатливо однесување во одделни области, земајќи ги притоа предвид научното и техничкото знаење во врска со безбедноста на производите. (5) Комисијата донесува свој деловник за работа. (6) Стручните и административните работи на Комисијата ги врши Министерството за економија. ТРЕТ ДЕЛ ПРИНЦИПИ НА МЕЃУСЕБНО ПРИЗНАВАЊЕ Важење на документи и знаци за сообразност од странско потекло Член 28 Во Република Македонија важат документи и знаци за сообразност од странско потекло кои се издадени во согласност со меѓународни договори кои ги склучила и ратификувала, односно на кои им пристапила Република Македонија. Важење на документи и знаци за сообразност од странско потекло по исклучок Член 29 (1) Министерот за економија, односно министерот надлежен за донесување на прописи, за производите пропишани со прописите кои се во сила во Република Македонија, а кои не се дел од хармонизираната област на Европските заедници (во натамошниот текст: не хармонизирани прописи) може по исклучок од членот 28 на овој закон да донесе решение со кое ќе ја признае важноста на документите и знаците за сообразност од странско потек ло, и тоа ако: документите и знаците за сообразност ја потврдуваат сообразноста со барањата утврдени со нехармонизираните прописи и телата за оцена на сообразноста што ги издаваат документите, односно знаците за сообразност од алинејата 1 на овој член ги исполнуваат условите пропишани со нехармонизираните прописи. (2) Министерот за економија, односно министерот надлежен за донесување на нехармонизирани прописи поблиску ќе ја пропише постапката за признавање на важноста на документи и знаци за сообразност. 13 www.pravdiko.com Нехармонизирана област Член 30 (1) Пропишаните барања за производите утврдени со нехармонизираните прописите не важат за производите кои согласно со закон и друг пропис се произведени, односно пу штени на пазар или ставени во употреба во земјите членки на Европската унија и ЕЕП. (2) Ако надлежниот инспекциски орган врз основа на документите за сообразност и други податоци утврди дека производот од ставот (1) на овој член не исполнува еднаков степен на заштита на јавниот интерес кој е утврден со нехармонизиран пропис, е должен да донесе решение со кое ќе го забрани пуштањето на пазар или ставањето во употреба, или ќе донесе решение за повлекување на производот од пазар или употреба. (3) Надлежниот инспекциски орган е должен да донесе решение од ставот (2) на овој член ако се исполнети следниве услови, ако: претходно писмено го информирал производителот за правниот основ врз основа на кој ќе донесе решение со кое може да се попречи пуштањето или повлекувањето на производот од пазарот и/или употребата, врз основа на расположивите факти и докази, како и податоци за состојбата во техни ката или технологијата утврди дека постојат причини за заштита на јавниот интерес и под услов ако утврди дека со донесување на решение за отстранување на недостатоците како поблага мерка нема да се обезбеди еднаков степен на заштита на јавниот интерес, му дал можност на производителот во рок од најмалку 30 дена да одговори на писменото известување од алинејата 1 на овој член и пред донесување на решението ги зел предвид произнесувањето на производителот и други факти и докази до кои дошол. (4) Против решението од ставот (2) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена до Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на економијата. (5) Жалбата од ставот (4) на овој член не го одлага извршувањето на решението. Тестирање Член 31 (1) Ако според пропишаните барања за производите утврдени со нехармонизираните прописи е утврдено дека производите пред пуштањето на пазар е потребно да бидат тестирани, можат да се пуштаат на пазар во Република Македонија само ако биле тестирани во телата за оцена на сообразноста во земјите членки на Европската унија, ЕЕП и/или во Република Македонија, под услов резултатите од овие тестови да им се достапни на надлежните инспекциски органи. (2) Телата кои вршат оцена на сообразноста од ставот (1) на овој член се смета дека ги исполнуваат условите за вршење на оцена на сообразност, определени во нехармонизираните прописи, ако нивната оспособеност е докажана со претходно спроведена постапка за акредитација. 14 www.pravdiko.com Постапка за донесување на технички и нехармонизирани прописи Член 32 Постапката за донесување на технички и нехармонизирани прописи со кои се определуваат суштествени барања за производите од членот 19 на овој закон и постапките за оцена на сообразност во согласност со меѓународните правила за спречување и елиминирање на бариерите во меѓународната трговија подетално ќе ја пропише Владата на Република Македонија. ЧЕТВРТИ ДЕЛ НАДЗОР Надзор и инспекциски надзор Член 33 (1) Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и техничките прописи донесени врз основа на овој закон врши Министерството за економија, односно министерството надлежно за донесување на технички прописи од соодветната област. (2) Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон кои се однесуваат на производите од членот 6 став (2) под а) на овој закон вршат Државниот пазарен инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. (3) Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон кои се однесуваат на производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон, техничките прописи и нехармонизираните прописи донесени врз основа на овој закон вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот инспекторат за животна средина, Агенција за електронски комуникациии и други надлежни инспекциски органи од областа на сообраќајот и врските, Дирекцијата за заштита и спасување и други инспекциски органи во согласност со закон и други прописи. Надлежност за инспекциски надзор Член 34 Надлежните инспекциски органи, покрај овластувањата утврдени со друг закон, врз основа на овој закон ги имаат и следниве овластувања: да преземат или да организираат, дури и кога производот од овој закон е пуштен на пазарот како безбеден, соодветни прегледи за неговите својства коишто влијаат на неговата безбедност. Прегледите треба да бидат во потребен обем и да се вршат до конечната фаза на употреба, односно користење на производот, да ги побараат сите неопходни податоци за производот од овој закон од производителот и дистрибутерот, да земаат примероци од производите од овој закон заради вршење на безбедносни прегледи, 15 www.pravdiko.com да ги побараат сите потребни документи за сообразност на производот од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон и техничката документација и да ги уништат производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон кои не се сообразни со пропишаните барања, ако тоа е неопходно за заштита на здравјето и безбедноста на потрошувачите и другите корисници и заштита на животната средина и природата. Насоки за постапување на надлежните инспекциски органи Член 35 (1) Надлежните инспекциски органи при преземањето на мерките со донесување на ре шение се должни да постапуваат така што нивните мерки да се сразмерни со сериозноста на опасноста при што во најголема можна мера да се почитува моменталната состојба на науката и техниката со оглед на можните непосредни и посредни моменти или подоцнеж ни опасности по здравјето и безбедноста на потрошувачите и другите корисници на про изводот. (2) Ако надлежниот инспекциски орган нема потребно стручно знаење за производот или група на производи или опрема за вршење на инспекцискиот надзор, може вршењето на стручните дејствија во рамките на инспекцискиот надзор да го довери на институција која поседува соодветен простор, опрема, професионален кадар и е непристрасна и независна во своето работење во согласност со закон. (3) Надлежните инспекциски органи на засегнатите страни ќе им дадат можност да доста ват свое мислење и забелешки пред донесување на мерките со решение согласно со овој за кон, освен во случаите кога постои сериозна опасност по животот и здравјето на корисници те. Мерки за производите од овој закон Член 36 (1) Ако надлежниот инспектор при вршење на надзорот утврди дека: 1) за кој било производ од овој закон кој би можел да претставува опасност во определени услови ќе преземе мерки со донесување на решение: со кое ќе нареди производот да биде означен со соодветни и јасно напишани и лесно разбирливи предупредувања на македонски јазик, што не ја исклучува можноста од употреба и на други јазици кои се во официјална употреба во Европската унија за опасностите кои тој може да ги предизвика и со кое секое негово тргување ќе го условува со претходно исполнување на условите со кои се обезбедува безбедност на производот; 2) за кој било производ од овој закон кој би можел да предизвика опасност за одредени лица ќе преземе мерки со донесување на решение со кое ќе нареди на тие лица навремено да им се дадат предупредувања за можните опасности, навремено, вклучувајќи и објавување на посебни предупредувања во медиумите; 3) за кој било производ од овој закон кој може да не ги исполнува условите од овој за кон, ќе преземе мерки со донесување на решение со кое привремено ќе го забрани негово то добавување, понуда за набавка или неговото пуштање на пазарот, или рекламирање и тоа за периодот неопходен за сите прегледи за неговата безбедност, контроли и процени; 16 www.pravdiko.com 4) за кој било опасен производ од овој закон ќе преземе мерки со донесување на решение со кое ќе го забрани неговото тргување и ќе ги преземе сите соодветни мерки потребни за да се утврди дека забраната е спроведена и 5) за кој било опасен производ од овој закон, а кој е веќе на пазарот: ќе преземе мерки со донесување на решение со кое ќе нареди или организира негово стварно и итно повлекување и ќе ги предупреди потрошувачите за опасностите кои тој ги носи и ќе преземе мерки со донесување на решение со кое ќе нареди или ќе координира или, доколку е соодветно, ќе организира заедно со производителите и дистрибутерите негово целосно повлекување од потрошувачите и негово уништување во соодветни услови. (2) Надлежните инспекциски органи пред преземањето на мерките со донесување на решение од ставот (1) на овој член, а особено оние наведени во точките 3, 4 и 5 се должни да ги поттикнат и промовираат доброволните дејствија од страна на производителите и дистрибутерите, согласно со обврските определени со овој закон. (3) Мерката од ставот (1) точка 5 алинеја 2 на овој член ја донесува директорот на надлежниот инспекциски орган. Мерки за производите од членот 19 на овој закон Член 37 (1) Ако во вршењето на инспекцискиот надзор над производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон, за кои постојат технички прописи, инспекторот утврди дека се повредени одредбите на овој закон и техничките прописи ќе преземе мерки со донесување на решение со кое ќе: а) нареди: 1) отстранување на утврдените несообразности со определување на рок за нивно отстранување; 2) означување на производите со пропишаните знаци или отстранување на недозволените знаци; 3) уништување на несообразните производи, ако тоа е неопходно за заштита на здравјето и безбедноста на луѓето и заштита на животната средина и природата и 4) повлекување од пазарот на несообразните производи и б) забрани: 1) пуштање на пазар или ќе го ограничи пазарот со несообразните производи; 2) ставање во употреба или ограничување на употребата на несообразните производи; 3) времено какво било снабдување, снабдување или изложување на производите, се додека не се направат соодветни проверки и 4) употреба на несообразни производи. (2) Ако постојат докази дека и покрај усогласеноста со одредбите од овој закон, произ водот ја загрозува безбедноста, здравјето на потрошувачите и другите корисници, надлеж ните инспектори се должни да донесат соодветни мерки согласно со ставот (1) од овој член, со кои може да го ограничат пуштањето на производот од овој закон на пазарот, од носно да го определат неговото повлекување од пазарот или целосно повлекување. 17 www.pravdiko.com Надлежност Член 38 Надлежните инспекциски органи при вршење на инспекцискиот надзор над извршување на прописот од членот 5 став (2) на овој закон можат да ги преземат сите овластувања и мерки согласно со членовите 34 и 36 од овој закон. Право на жалба Член 39 (1) Против секоја мерка превземена од надлежните инспекциски органи, може да се изјави жалба во рок од 15 дена до Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на економијата. (2) Жалбата против решението од ставот (1) на овој член, не го одлага неговото извршување. Субјекти на кои може да им бидат изречени инспекциските мерки Член 40 Надлежниот инспекциски орган ќе ги изрече мерките од овој закон и соодветно кон: производителот, дистрибутерите во рамките на нивните дејности, особено на оној дистрибутер кој врши или го извршил првиот степен на дистрибуција на пазарот и други правни и физички лица кога тоа е потребно за да се обезбеди нивната соработка во дејствијата за избегнување и попречување на опасностите кои произлегуваат од произ водот. Трошоци Член 41 Ако според резултатите од извршените прегледи се утврди дека производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон не се сообразни со пропишаните суштествени барања утврдени со техничките прописи, трошоците за извршениот преглед паѓаат на товар на субјектите кај кои е вршен надзорот. ПЕТТИ ДЕЛ КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ Член 42 (1) Со парична казна од 80.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице, ако: 1) пушта небезбедни производи од овој закон спротивно на членот 8 од овој закон; 18 www.pravdiko.com 2) не им ги обезбедува на потрошувачите сите соодветни информации за опасностите од производот од овој закон и не презема мерки на претпазливост против опасности (член 11 став (1)); 3) не презема мерки соодветни со карактеристиките на производот од овој закон (член 12 став (1) точки 1 и 2); 4) добавува производи од овој закон за кои знае или претпоставува и согласно со својата професионалност врз основа на информациите кои ги има дека производите не се во согласност со барањата за безбедност (член 14 став (1)); 5) не ги проследува информациите за опасностите кои може да ги носи некој производ од овој закон, не ги чува и доставува документите неопходни за утврдување на потеклото на производите од овој закон и не соработуваат во мерките преземени од производителите и од надлежните државни органи (член 14 став (2)); 6) не го извести Државниот пазарен инспекторат, односно не ги наведува деталите за преземените дејствија со цел да се заштитат потрошувачите од опасностите (член 15 став (1)); 7) не соработуваат со надлежните инспекциски органи (член 16) и 8) не соработуваат на барање на надлежните органи (член 24 став (9)). (2) Со парична казна од 15.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршокот од ставот (1) на овој член и одговорното лице во правното лице. (3) За дејствијата од ставот (1) на овој член ќе се казни со парична казна од 30.000 до 50.000 денари физичкото лице што врши дејност. Член 43 (1) Со парична казна од 80.000 до 250.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице, ако: 1) пушта на пазар или става во употреба производи од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој за кон кои не се сообразни со пропишаните суштествени барања од техничкиот пропис, не извр ши оцена на сообразноста според пропишаната постапка во техничкиот пропис, не ги означува на пропишан начин и ако не се проследени со документи определени во техничките прописи (член 22 став (1)); 2) означува производи од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон кои не се сообразни со пропишаните суштествени барања утврдени во техничкиот пропис, со знаци за сообразност или со други знаци кои се слични со знаците за сообразност до тој степен што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда (член 22 став (2)); 3) за производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон не обезбеди примена на постапките за оцена на сообразноста според пропишаните барања утврдени во техничките прописи (член 23 став (1) точка 1); 4) за производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон не издаде и/или не обезбеди документ за сообразност (член 23 став (1) точка 2); 5) за производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон не изработи техничка документација со пропишана форма и содржина и истата не ја чува на пропишан начин и времетраење (член 23 став (1) точка 3); 6) за производите од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон не употребува пропишани знаци за сообразност (член 23 став (1) точка 4); 7) не ги доставува сите потребни информации за сообразноста на производот од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон, техничката документација и документите за сообразност на барање на надлежниот инспекциски орган (член 23 став (1) точка 5) и 19 www.pravdiko.com 8) не ги извршува задачите утврдени со техничките прописи (член 23 став (1) точка 6). (2) Со парична казна од 15.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршокот од ставот (1) на овој член и одговорното лице во правното лице. (3) За дејствијата од ставот (1) на овој член ќе се казни со парична казна од 30.000 до 50.000 денари физичкото лице што врши дејност. ШЕСТИ ДЕЛ ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 44 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи членот 134 став 1 точки 5 и 6, членот 136 став 1 точка 9, членот 138 став 1 точка 19 и членот 140 што се однесува на казнената одредба од членот 138 став 1 точка 19 на Законот за заштита на потрошувачите ("Службен весник на Република Македонија" број 38/2004) и Законот за пропишување на техничките барања за производите и оцена на сообразноста ("Службен весник на Република Македонија" број 55/2002). Член 45 Постапките кои се отпочнати согласно со Законот за заштита на потрошувачите ("Служен весник на Република Македонија" број 38/2004) до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со истиот. Член 46 Подзаконските акти врз основа на првиот дел од овој закон ќе се донесат во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 47 Решенијата за овластување издадени на правните и физичките лица пред влегувањето во сила на овој закон ќе престанат да важат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на техничкиот пропис донесен врз основа на овој закон. Член 48 Членовите 28 и 29 од овој закон со денот на пристапувањето на Република Македонија кон Европската унија ќе престанат да важат. Член 49 Одредбите од членот 4 став (4) во делот што се однесува на пренос на информации со Европската унија, членот 5 став (2), членот 15 став (4), членот 17 ставови (2), (3) и (4), членот 24 став (7), членот 25 став (4) и членот 27 на овој закон ќе се применуваат со денот на пристапување на Република Македонија кон Европската унија, освен за производите за кој е склучен соодветен протокол за оцена на сообразноста со кој се воспоставува слобод но движење на производите од членот 19 на овој закон меѓу Република Македонија и Европската унија, со денот на влегувањето во сила на соодветниот протокол. 20 www.pravdiko.com Член 50 Одредбите на членовите 30, 31 и 38 од овој закон ќе се применуваат со денот на пристапување на Република Македонија кон Европската унија. Член 51 Прописите со кои се определуваат техничките барања за производите, постапките за оцена на нивната сообразност со техничките барања, означувањето на производите, како и потребната документација со која се проследуваат производите, а кои се донесени или се применуваат врз основа на Законот за стандардизација ("Службен весник на Република Македонија" број 23/95) или врз основа на Законот за пропишување на технички барања за производите и оцена на сообразноста ("Службен весник на Република Македонија" број 55/2002) или врз основа на други закони, ќе продолжат да се применуваат до донесувањето на прописите врз основа на вториот дел од овој закон. Член 52 Подзаконските акти кои се во сила до денот на влегувањето во сила на овој закон, а со кои се определува задолжителна примена на стандардите ќе важат најдоцна до 30 јуни 2006 година. Член 53 (1) До пристапувањето на Република Македонија во Европската унија или со влегувањето во сила на соодветен протокол за оцена на сообразноста со Европската заедница, изразот "производител или неговиот овластен претставник со седиште во Република Македонија или во Европската унија" ќе значи "производител или неговиот овластен претставник со седиште во Република Македонија". (2) По пристапувањето на Република Македонија во Европската унија или со влегува њето во сила на соодветен протокол со Европската заедница, изразот "производител или неговиот овластен претставник со седиште во Република Македонија или во Европската унија" ќе значи "производител или негов овластен претставник со седиште во Европската унија". Член 54 Со денот на пристапување на Република Македонија кон Европската унија, престануваат да важат одредбите од членот 24 став (3) на овој закон во делот "издаден од Институтот за акредитација на Република Македонија" . Член 55 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". 21 www.pravdiko.com