Law on packaging management and packaging waste
颁布于 2009-12-29 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за управување со пакување и отпад од пакување.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- data collection/reporting, good practices, hazardous substances, internal trade, international trade, packaging/labelling, offences/penalties, pollution control, procedural matters, processing/handling, protection of environment, recycling/reuse, sustainable development, waste disposal, waste domestic sources, waste management, waste non-domestic sources, waste prevention
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 1 од 40 20091613408 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ Се прогласува Законот за управување со пакување и отпад од пакување, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 декември 2009 година. Бр. 07- 5500/1 Претседател 29 декември 2009 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува пакувањето при негово производство, пуштање на пазар и ставање во употреба и постапувањето со отпадот од пакување што ги опфаќа обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство, пуштање на пазар и ставање во употреба на пакувањето, правилата за собирање, повторна употреба, преработка и отстранување, како и други услови за постапување со отпадот од пакувањето, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпад од пакување. Член 2 Субсидијарна примена на други закони (1) На прашањата кои се поврзани со правилата за управување со отпад од пакувања кои не се посебно регулирани со овој закон, ќе се применуваат одредбите од Законот за управување со отпад. (2) За регулирање на прашањата во врска со пристап до информации кои се однесуваат на животната средина, учество на јавноста во донесувањето на одлуките, оцена на влијанието од определени стратегии, планови и програми врз животната средина, оцена на влијанијата од определени проекти врз животната средина, се применуваат одредбите од Законот за животната средина, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 2 од 40 (3) На постапките утврдени со овој закон се применува Законот за општатa управна постапка доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 3 Цели на законот Во согласност со начелото на одржлив развој, целите на овој закон се: да се спречи создавањето на отпад од пакување, да се намали количината на отпад од пакување, да се намали и ограничи употребата на штетни метали и материи во пакувањето и со тоа да ја намали токсичноста на отпадот од пакување, да се спречи или да се намали негативното влијание врз животната средина од отпадот од пакување и да се обезбеди висок степен на заштита на животната средина, да се постигне високо ниво на повторна употреба на пакувањето, да се постигне високо ниво на рециклирањето и други видови на преработка на отпадот од пакување и намалување на крајното отстранување на отпадот од пакување, да се обезбедат услови за воспоставување на системи за враќање, селектирање, собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на отпадот од пакување, да се обезбедат услови за воспоставување и развој на пазар на преработка и рециклирање на отпадот од пакување и да се обезбеди еднаква положба на пазарот меѓу домашните и странските правни и физички лица и да се избегнат и отстранат трговските бариери кои можат да го нарушат пазарот. Член 4 Примена на законот (1) Одредбите од овој закон се применуваат на сите пакувања што се произведуваат и пуштаат на пазар на територијата на Република Македонија и на целиот отпад од пакување кој е создаден од вршење на производствена, индустриска, занаетчиска, трговска, услужна, административна и друга дејност, на отпадот од пакување кој е создаден во домаќинствата и/или на други места на територијата на Република Македонија, без оглед на потеклото, употребата и видот на материјалот на пакувањето и на отпадот од пакување. (2) Одредбите од овој закон не ја исклучуваат примената на одредбите кои го уредуваат квалитетот на пакувањето, безбедноста, хигиената и санитарната заштита, заштитата на здравјето и безбедноста на пакуваните производи, како и правилата што се поврзани со транспортот на производите и постапувањето со отпад и отпад од пакувања. (3) Сите мерки, стандарди и цели кои се утврдени со овој закон се применуваат како минимални барања коишто треба да се исполнат при управувањето со пакувањето и отпадот од пакување. (4) Доколку со друг закон се утврдени мерки и стандарди на животната средина, при управувањето со пакувањето и отпадот од пакувања се применуваат построгите мерки и стандарди со цел за заштита на животната средина и постигнување на целите на животната средина. Член 5 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Пакување се сите производи направени од каков било вид на материјал кои се користат за чување, заштита, ракување, испорака и презентирање на стоки, од производителот до корисникот или потрошувачот, без оглед на тоа дали стоката е Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 3 од 40 суровина или готов производ. „Неповратните„ предмети кои се користат за истите цели, исто така, ќе се сметаат за пакување, вклучувајќи ги и помошните средства кои служат за завиткување, поврзување и/или употреба на стока, означување на стока, припрема за достава или затворање на стока. Пакувањето може да биде: а) продажно или примарно пакување (продажно пакување) е пакување направено на таков начин кое претставува единствена единица за крајниот корисник или потрошувачот на местото на продажбата. Ова вклучува чаши, шолји, кеси, конзерви, шишиња, пластични шишиња, туби, кутии, плочи, цевки и друго или друго слично пакување со составните делови коишто ја обвиткуваат или ја содржат основната продажна единица на стоката наменета за продажба за крајниот корисник или за потрошувачот, на местото на продажбата и ја заштитуваат стоката од оштетување или загадување. Продажно пакување се и садовите и приборот за јадење за еднократна употреба; б) групно или секундарно пакување (групно пакување) е пакување направено на таков начин кое, како група, обвиткува или држи заедно поголем број на основни продажни единици со продажно пакување од ист или различен вид на стока на местото на купување, без оглед на тоа дали се продаваат на крајниот корисник или потрошувач како група или се продаваат поединечно по продажна единица или служи како средства за достава до местото на продажба. Групното пакување може да се отстрани од продажните единици без да се влијае врз неговите карактеристики. Ова вклучува фолии, кутии и слични материјали за завиткување или друго пакување чии составни делови се наменети за дистрибуција, складирање, транспорт или достава на стоката за продажба на крајниот корисник или потрошувач. Ако групното пакување истовремено врши функција на продажно пакување истото се смета за продажно пакување; в) транспортно или терцијално пакување (транспортно пакување) е пакување направено на таков начин, кое обвиткува или држи заедно поголем број на основни продажни единици со продажно или групно пакување, со цел да го олесни ракувањето и транспортот на стоката и да ја заштити од оштетување при ракувањето и транспортот. Ова вклучува буриња, сандаци, врчви, вреќи, палети, кутии или друго слично пакување. Ако транспортното пакување истовремено врши функција на продажно пакување истото се смета за продажно пакување. Контејнерите, кои за превоз на стока се употребуваат во патниот, железничкиот, поморскиот или воздушниот сообраќај, не се транспортно пакување и г) кога е потребно, определувањето за тоа кој предмет ќе се смета за „пакување“ ќе се врши и преку примена на следниве критериуми: предметот ќе се смета за пакување ако ја исполнува една од дефиницијата за пакување дадени под точката 1 од овој член, без оглед на другите функции кои можеби ги поседува, под услов пакувањето да е интегрален дел од производот и е неопходно за чување на неговата содржина, го поддржува или штити производот во текот на целиот негов животен циклус и сите елементи на пакувањето се наменети да се употребуваат, трошат и отстрануваат заедно со производот, предметот кој е дизајниран или наменет да се наполни со содржина на местото на продажбата и предметот наменет „за еднократна употреба„ што се продава, полни или е дизајниран и наменет да се наполни на местото на продажба, ќе се смета за пакување ако ја исполнува една од дефиницијата за пакување дадени под точката 1 од овој член и составните делови на пакувањето и помошните елементи вградени во пакувањето се сметаат за дел од пакувањето во кое се вградени. Помошните елементи што се директно обесени, или прикачени на еден производ и што вршат функција на пакување се сметаат за пакување, освен ако не се составен дел од тој производ и ако сите елементи се наменети да се користат или да се отстранат заедно со производот; Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 4 од 40 2. Отпад од пакување е секое пакување или материјал за пакување кој е опфатен со дефиницијата за отпад согласно со Законот за управување со отпад, освен остатоците создадени при производството на пакувањето; 3. Отпад од пакување кој претставува комунален отпад е отпад од продажно и групно пакување, кој се создава како отпад од домаќинствата или отпад од индустриските, занаетчиските, услужните или други активности, кој по својата природа и според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата; 4. Отпад од пакување кој не претставува комунален отпад е отпад од продажно, групно или транспортно пакување, кој се создава како отпад при извршувањето на производствени, индустриски, занаетчиски, трговски, услужни, административни и други дејности и според својата природа и состав е различен од отпадот од домаќинствата; 5. Управување со отпад од пакување е збир на активности, мерки и одлуки наменети за постигнување на националните цели за постапување со отпадот од пакување, а се преземени во согласност со овој закон и со прописите кои го регулираат управувањето и постапувањето со отпадот; 6. Спречување е намалување на количеството и на негативните влијанија врз животната средина, особено со развивање на „чисти“ производи и технологии од: материјалите и супстанциите содржани во пакувањата и во отпадот од пакување и пакувањето и отпадот од пакување што се создава при производствениот процес и во фазите на пуштање на пазар, ставање во употреба, дистрибуција и отстранување; 7. Повторна употреба на пакувања е секоја постапка со којашто пакувањето било замислено (конципирано) и дизајнирано на таков начин што во текот на својот животен циклус, со помош или без помош на производи за пакување, еднаш или повеќе пати ќе биде повторно употребено и/или еднаш или повеќе пати ќе може повторно да се наполни за иста или слична намена за која првично било направено. Ова повторно употребено пакување станува отпад од пакување тогаш кога веќе нема да биде предмет на повторна употреба или полнење; 8. Обновување е секоја операција на преработка на отпад која може да се примени во согласност со одредбите на Законот за управување со отпад; 9. Рециклирање на отпадот од пакувања е секоја преработка на отпадот од пакување во производствен процес како секундарна суровина за производство на нови пакувања наменети за иста или за друга цел, вклучувајќи го органското рециклирање, а исклучувајќи ја енергетската преработка; 10. Енергетска преработка на отпадот од пакување е секоја операција на преработка со која се врши согорување на отпадот од пакување заедно или без друг отпад со цел за производство на енергија и искористување на добиената топлинска енергија; 11. Органското рециклирање на отпад од пакување е аеробна (компостирање) или анаеробна (биометанизација) преработка во контролирани услови и со употреба на микроорганизми за делот на отпадот од пакување кој биолошки може да се разложи, со којашто се произведува стабилизиран органски остаток или метан. Отстранувањето на отпадот од пакување на депонии не се смета за органско рециклирање; 12. Отстранување на отпад од пакувања е секоја операција која може да се примени во согласност со одредбите на Законот за управување со отпад; 13. Економски оператори поврзани со управувањето со пакување се: производител на пакување е правно или физичко лице кое произведува, увезува и/или пушта на пазар пакувања и нивни конвертори, како своја дејност, производител е правно или физичко лице кое пакува стоки или полни стоки во пакувања, како и произведува, увезува и/или пушта на пазар стоки спакувани во пакувања, како своја дејност, вклучувајќи го и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока, Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 5 од 40 мал производител е правно или физичко лице кое пакува стоки или полни стоки во пакувања и/или произведува, увезува и/или пушта на пазар стоки спакувани во пакувања во количини согласно со членот 19 од овој закон, трговец е правно или физичко лице кое врши трговска дејност и набавува материјали за производство на пакување, пакување и спакувани стоки за цели на продажба на крајниот корисник, последен доставувач е правно или физичко лице кое пакувањето или спакуваната стока ја доставува непосредно на крајниот корисник односно потрошувач, без оглед на тоа дали истовремено тоа лице е производител, пакувач или продавач на мало, краен корисник е потрошувач кој поради крајна употреба или консумирање на спакуваната стока, ја одделува стоката и/или го празни пакувањето и на тој начин создава отпад од пакување и трговец кој, поради натамошна употреба на стоката, пакувањето го одвојува од стоката и/или го празни пакувањето и на тој начин создава отпад од групно или транспортно пакување, правно лице за постапување со отпад од пакување е правно лице кое има добиено дозвола за постапување со отпад од пакување согласно со членот 21 став (2) од овој закон и самостоен постапувач со отпад од пакување (во натамошниот текст: самостоен постапувач) е правно или физичко лице кое има добиено дозвола за самостојно постапување со отпад од пакување согласно со членот 24 став (2) од овој закон; 14. Доброволен договор е формален договор кој има извршни клаузули склучен меѓу, органите и организациите кои застапуваат одредени интереси на економските оператори, групи на економски оператори и поединечни економски оператори, од една страна и, од друга страна, Владата на Република Македонија со цел да се постигнат целите од овој закон утврдени во членот 3 и националните цели од членот 35 на овој закон, кој е отворен за пристапување на сите правни и физички лица кои сакаат да ги исполнат условите утврдени во договорот. Доброволниот договор е достапен до јавноста согласно со закон; 15. Композитно пакување (композит) е пакување составено од повеќе слоеви од различни материјали кои рачно не може да се раздвојат или на друг начин меѓусебно да се одвојат: 16. Повратно пакување е пакување за кое може да биде обезбедено враќање со кауција и истото може повторно да се употребува; 17. Враќање на пакувања е активност со која се обезбедува повратен прием на отпад од пакување која не го загрозува здравјето на луѓето и не применува процеси или методи кои би биле штетни за животната средина; 18. Намерно внесување е активност со која намерно се користи супстанција или материја при формулирањето на пакувањето или на компонентите на пакувањето при што нејзиното постојано присуство во крајното пакување или во компонентата на пакувањето е пожелно за да се постигнат специфични карактеристики, изглет или квалитет на пакувањето. Употребата на рециклирани материјали како суровина за производство на нови материјали за пакување, каде што дел од рециклираните материјали можат да содржат количества од регулираните супстанции и материи, не се смета за намерно внесување; 19. Случајно присуство е присуство на метал како ненамерно внесена состојка на пакување или дел од пакување и 20. Орган за вршење на стручни работи од областа на животната средина е Управата за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 6 од 40 Член 6 Начела (1) Во согласност со целите за долгорочна заштита и одржливо користење на природните ресурси и заштита и унапредување на медиумите и областите на животната средина, управувањето со пакувањето и отпадот од пакување се заснова на: 1) начело на одговорност на производителот - производителот кој при вршењето на својата дејност создава и придонесува кон создавање на отпад од пакување е одговорен за преземање на мерки за управување со пакувањето и отпадот од пакување со цел да се елиминира и/или намали до крајна можна мера негативното влијание врз медиумите и областите на животната средина кое настанува како резултат на отпад од пакување создаден од неговата дејност. Во смисла на ова начело како производител се смета и производителот на пакување и 2) начело на процена на животниот циклус на производот - производителот на стока која е спакувана во пакување и како производ ја пушта на пазар е должен да изврши процена на животниот циклус на производот и да го дизајнира на начин со кој ќе се овозможи повторна употреба и зголемен животен циклус на пакувањето и производот, намалување на создавањето на отпад и отпад од пакување на крајот на животниот циклус на производот и спречување на негативни влијанија врз медиумите и областите на животната средина. (2) Во управувањето со пакувањето и отпадот од пакување, покрај начелата утврдени во овој член, соодветно се применуваат и начелата утврдени во Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 7 Мерки за спречување и превенција (1) Заради спречување и превенција во создавањето на количини на материјали и опасни супстанции содржани во пакувањето и отпадот од пакување, производителот на пакување и производителот во производството или при увозот на материјали е должен да употребува најдобри технологии и производствени постапки, кои се докажани во праксата и достапни на пазарот и кои, по разумна цена, придонесуваат кон: намалување на создавањето на количеството на пакувањето и отпад од пакувања, спречување и намалување на штетните/негативните влијанија врз медиумите и областите на животната средина настанати поради количините и составот на материјалот на пакувањето или отпадот од пакување и спречување и намалување на штетните/негативните влијанија врз медиумите и областите на животната средина во текот на производството, пуштањето на пазарот, селектирањето и употребата на пакувањата, како и во преработката или отстранувањето на отпадот од пакување. (2) За реализација на мерките од ставот (1) на овој член производителот на пакување и производителот кои на годишно ниво имаат производство или користат пакување кое е поголемо од 30 т се должни да изготват програма за спречување и превенција на создавање на отпад од пакување, која особено треба да содржи квантитативни цели за спречување и превенција, мерки за постигнување на целите и механизми за контрола на квалитетот на пакувањето заради исполнувањето на целите во согласност со техничките и економските можности. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 7 од 40 (3) Програмата од ставот (2) на овој член се изготвува за период од четири години. (4) Во случај на промена на активностите на субјектите од ставот (1) на овој член истите се должни да изготват нова програма. (5) Заради полесно определување на предмети кои ќе се сметаат за „пакување“ согласно со критериумите од членот 5 точка 1 потточка г) на овој закон, министерот за животна средина и просторно планирање ќе објави листа со илустративни примери за пакување. Член 8 Пуштање на пазар Пакување може да се пушти на пазар под услов да ги исполнува основните барања утврдени во овој закон кои се однесуваат на производството, составот и природата на пакувањето и на пакувањето што може повторно да се употреби, вклучувајќи ја и погодноста за преработка, односно рециклирање. Член 9 Примена на стандарди во управувањето со пакувањето и отпадот од пакување (1) Пакувањето што се произведува и кое се пушта на пазар во Република Македонија треба да е во согласност со европските и националните стандарди. (2) Пакувањето ги исполнува барањата утврдени во стандардите од ставот (1) на овој член доколку е произведено во согласност со: 1) хармонизираните европски стандарди усвоени како национални, а кои се однесуваат на: критериуми и методологии за анализа на животниот циклус на пакувањето, методи за мерење и верификација на присуство на тешки метали и други штетни материи и супстанции во пакувањето и нивното испуштање во животната средина од пакувањето и од отпадот од пакување, критериуми за минималната содржина на материјалот што се рециклира во пакувањето за соодветни видови на пакување, критериуми за методите на рециклирање, критериуми за методите на компостирање и за создадениот компост и критериуми за означување на пакувањето и 2) други национални стандарди од областа на квалитетот на пакувањето. Член 10 Барања во однос на производството и составот на пакувањето (1) Пакувањето се изработува на таков начин што волуменот и тежината на пакувањето да бидат ограничени на минималното соодветно количество за одржување на потребното ниво на безбедност, хигиена и прифатливост за пакуваниот производ и за потрошувачот. (2) Пакувањето треба да е дизајнирано, произведено и продадено на начин што ќе овозможува повторна употреба или преработка, вклучувајќи и рециклирање, при што негативното влијание врз животната средина се сведува на минимум при отстранување на отпадот од пакувањето или на неговите остатоци настанати при преземање на операциите за постапување со отпадот од пакување. (3) Пакувањето треба да е изработено на таков начин што присуството на штетни и на други опасни супстанции и материи, присуството на тешки метали и други штетни материи и супстанции, како состојки на материјалот за пакување или на која било од Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 8 од 40 компонентите на пакувањето, се сведени на минимум во однос на нивното присуство во емисиите, пепелта или во исцедокот што се создава при согорување или отстранување на пакувањето, или се создава при преземање на операциите за постапување со отпадот од пакување. Член 11 Барања за нивоа на концентрација на тешки метали присутни во пакувањето (1) Вкупното ниво на концентрација на олово, кадмиум, жива и хексавалентен хром присутно во пакувањето и во неговиот составен материјал или компоненти не смее да надминува 100 милиграми по килограм маса тежински, освен за пакување кое во целина е направено од оловно кристално стакло. (2) Производителот или производителот на пакување кон пратката на пакувањето или материјалите за производство на пакување кои ги пушта на пазар е должен да поседува податоци дека се исполнети барањата од ставот (1) на овој член. (3) По исклучок од ставот (1) на овој член, содржината на тешки метали може да го надминува нивото од 100 милиграми по килограм маса тежински за стаклени пакувања, пластични гајби и палети кои потекнуваат од рециклирани материјали и доколку тешките метали не се намерно внесени во производствениот процес, односно се случајно присутни. (4) Субјектите од ставот (2) на овој член се должни да вршат месечни контроли на присуство на нивоа на концентрации на тешки метали во пакувањата. (5) Во случаите на надминување на нивото на концентрација на тешки метали од ставот (1) на овој член, во некоја од дванаесетте последователни месечни контроли направени на стандардно и редовно производство ја надмине границата од 200 милиграми по килограм маса тежински, производителот на пакувањето и производителот се должни да достават извештај изготвен од акредитирана институција до органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина (во натамошниот текст: стручниот орган). (6) Извештајот од ставот (5) на овој член треба да вклучува информации за измерените вредности, опис на користените методи на мерење, можни извори на присуство на нивоата на удели на тешки метали и детален опис на преземени мерки за намалување на уделите на тешки метали. (7) Резултатите од мерењата извршени во производствените процеси, како и користените мерни методи треба да се чуваат најмалку четири години и да се достапни во секое време на надлежни инспекциски органи на нивно барање. Член 12 Барања во поглед на природата на пакувањата кои се наменети за повторна употреба Пакувањата кои се произведени со намена да бидат повторно употребувани треба да ги исполнуваат следниве барања: физичките својства и карактеристики на пакувањето треба да бидат такви кои ќе обезбедат соодветен квалитет на пакувањето, со цел за негова повторна употреба во нормално предвидливи услови на користење, да овозможат при преработката на искористеното пакување, да се задоволат барањата во однос на здравствените и безбедносните услови за заштита при работа и да овозможи пакувањето кое не може понатаму повторно да се употребува да ги задоволува условите што треба да ги исполнува отпадот од пакување. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 9 од 40 Член 13 Барања во поглед на погодноста на пакувањето за преработка и рециклирање Пакувањето во поглед на неговата погодност за преработка и рециклирање на материјалот треба да ги исполнува следниве барања: пакување што може да се преработува преку операции на рециклирање мора да биде изработено на таков начин што кога ќе стане отпад од пакување да овозможува рециклирање на одреден тежински процент од материјалите кои се користени во изработката на производот кој е наменет за продажба, во согласност со важечките стандарди. Утврдувањето на овој процент може да варира во зависност од видот на материјалот од кој се состои пакувањето, пакување што може да се преработи преку операции за енергетска преработка кога ќе стане отпад од пакување да има минимална калорична вредност за да се овозможи оптимално производство на енергијата, пакување што може да се преработи преку операции на компостирање мора да биде изработено на таков начин што кога ќе стане отпад од пакување да има биоразградливо својство што нема да го попречува одделното собирање и процесот на компостирање или активноста во којашто тоа се воведува и пакување што е произведено од биоразградливи материјали мора да биде изработено на таков начин што кога ќе стане отпад од пакување да биде од таква природа што ќе може да се подложува на физичко, хемиско, термичко или на биолошко разградување, така што поголемиот дел од завршниот компост на крај ќе се разградува во јаглерод двооксид, биомаса и вода. Член 14 Идентификација и означување на пакувањето (1) Пакувањето се идентификува и означува во согласност со природата на материјалот од кој е произведено пакувањето, со цел да се олесни собирањето, повторната употреба и преработката, вклучувајќи го и рециклирањето на пакувањето. (2) Пакувањето треба да биде идентификувано и означено со соодветна ознака на самото пакување или на неговата етикета, а доколку големината на пакувањето тоа не го дозволува, тогаш означувањето треба биде дадено во приложено упатство. (3) Означувањето треба да ги содржи следниве податоци: 1) видот на материјалот употребен во пакувањето; 2) можноста за повторна употреба доколку постои и 3) можноста за преработка, односно рециклирање доколку постои. (4) Ознаката треба да биде јасно видлива и лесно читлива при продажбата и при враќањето на пакувањето, издржлива и трајна, дури и кога пакувањето е отворено. (5) Министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за економија ќе ги пропише начинот на нумерирање и кратенките на кои се заснова системот за идентификација и означување на материјалите од кои е произведено пакувањето, како и формата и содржината на ознаката за постапување со пакувањето. Член 15 Информации за корисниците на пакувањето (1) Производителите се должни на соодветен начин да ги информираат продавачот и потрошувачот за битните својства на производот и неговото пакување во поглед на опасните и штетните материи и супстанции кои тие ги содржат и за начинот на постапувањето со искористените производи и со пакувањето кога тоа ќе стане отпад од пакување. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 10 од 40 (2) Производителите се должни на секој вид на материјал од кој е произведено пакувањето кои ги пуштаат на пазар да поседуваат податоци за количината на тешки метали од членот 11 од овој закон. (3) Производителите се должни на секој вид пакување во кое е спакувана или наполнета стоката самите или преку производителите на пакувањето да ги обезбедат податоците за количината на тешки метали од членот 11 на овој закон. (4) Производителите на пакување се должни за секој вид на материјал кој е наменет за производство на пакување да обезбедат податоци за количината на тешки метали од членот 11 на овој закон. III. ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ Член 16 Забрани (1) Отпадот од пакување кој е комерцијален отпад и/или не е комунален отпад е забрането да се остава или предава на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад од домаќинствата. (2) Крајниот корисник отпадот од пакување, кој е комерцијален отпад и/или не е комунален отпад, кој го предава или враќа во согласност со овој закон, е должен да го чува одвоено, со цел да не постои можност да се меша со друг вид на отпад и да може да се собере и повторно употреби, преработи или отстрани во согласност со овој или друг закон. (3) Крајниот корисник е должен да обезбеди отпадот од пакување, кој е комерцијален отпад и/или не е комунален отпад, а кој го предава или враќа, да не е загаден со штетни или опасни материи и други материјали кои не се пакување, доколку тие материјали би ја оневозможиле неговата повторна употреба или преработка или тоа би било можно само со преземање на дополнителни мерки кои имаа несразмерно високи трошоци. (4) Крајниот корисник е должен за отпадот од пакување кој е загаден со опасни или други материи кои не се пакување, како поседувач на отпад да обезбеди постапување со истиот, во согласност со прописите за постапување со отпад. Член 17 Обврски на производителот (1) Производителот е должен на свој трошок да обезбеди исполнување на националните цели од членот 35 на овој закон, преку собирање и преработка или рециклирање на отпадот што се создал од пакувањето кое прв пат го пуштил на пазарот во Република Македонија со: редовно преземање на отпадот од пакување кој е комунален отпад во согласност со членот 26 став (3) од овој закон и да обезбедат негова повторна употреба, преработка или отстранување и преземање и собирање на отпадот од пакување од крајните корисници и негова повторна употреба, преработка или отстранување. (2) Производителот, кој истовремено е и краен корисник, е должен на свој трошок да обезбеди исполнување на националните цели од членот 35 на овој закон, преку собирање и преработка или рециклирање на отпадот што се создал од пакувањето кое го увезол на пазарот во Република Македонија. (3) Обврските од ставот (1) на овој член не важат за пакувањето кое се извезува како пакување или како спакувана стока. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 11 од 40 (4) Обврската од ставовите (1) и (2) на овој член не се однесува на субјектите од членовите 30 став (3), 31, 32 и 33 на овој закон. Член 18 Постапување со продажно, групно и транспортно пакување (1) Производителот на пакување, производителот и трговецот се должни отпадот од групното и транспортното пакување непосредно по доставувањето на стоката или при наредното доставување, бесплатно да го примат назад, ако крајниот корисник сака да го врати. Ако крајниот корисник самиот ја преземе стоката од производителот на пакувањето, производителот или од трговецот, може отпадот од групното и транспортното пакување да го остави непосредно на местото на преземање или дополнително бесплатно да го врати. (2) Обврските од ставот (1) на овој член се применуваат и за продажното пакување кое истовремено врши функција на групно или транспортно пакување. (3) Производителот на пакување, производителот и трговецот се должни бесплатно да го примат назад и отпадот од продажното пакување кое е комерцијален отпад и/или не е комунален отпад, кога крајниот корисник сака да го врати и за таквиот отпад не се пропишани посебни начини на постапување. (4) За спроведување на обврските од ставовите (1), (2) и (3) на овој член производителот на пакување, производителот и трговецот се должни да уредат одделен простор и да обезбедат опрема за селективно собирање на отпадот од пакување, доколку има продажен простор поголем од 200 м2. (5) Производителот на пакување, производителот и трговецот можат собраните количини на отпад од пакување привремено да ги складираат одвоено во свој затворен или отворен простор. (6) Производителот на пакување, производителот и трговецот кои имаат продажен простор помал од 200 м2 можат да уредат простор и да обезбедат опрема за селективно собирање на отпадот од пакување. Член 19 Ослободување - мал производител (1) Обврската од членот 17 на овој закон се однесува само на оној производител, кој пуштил годишно на пазар или увезол во Република Македонија повеќе од следниве количини и одделни видови на пакување: 800 кг стакло, 100 кг пластика, 300 кг хартија, картони и повеќеслојно пакување составено од претежно хартиени или картонски компоненти, 100 кг метал, 100 кг дрво и 100 кг други видови на пакување. (2) Количините од ставот (1) на овој член се засметуваат како поединечни збирни количини по материјал на пакување. (3) Производителот од ставот (1) од овој член е должен да води евиденција согласно со членот 28 ставови (3) и (4) од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 12 од 40 Член 20 Колективно постапување со отпад од пакување (1) Производителите спроведувањето на обврските од членот 17 на овој закон можат да ги остваруваат самостојно или со склучување на посебен договор за преземање на обврски за постапување со отпад од пакување со правно лице кое во согласност со овој закон и/или со Законот за управување со отпад обезбедува постапување со отпадот од пакување во нивно име и за нивна сметка (во натамошниот текст: правно лице за постапување со отпад од пакување). (2) Правното лице за постапување со отпад од пакување е должно да обезбеди: редовно преземање на отпадот од пакување кој е комунален отпад во согласност со членот 26 став (3) од овој закон, редовно преземање и собирање на отпадот од пакување од крајните корисници и повторна употреба, преработка или отстранување на преземената и собраната количина на отпад од пакување согласно со алинеите 1 и 2 од овој став. (3) Правното лице за постапување со отпад од пакување е должно да обезбеди дозвола во согласност со членот 21 од овој закон. (4) Вршењето на работите од ставот (2) на овој член правното лице за постапување со отпад од пакување не може да ги извршува самостојно и е должно да ги довери на лица кои се регистрирани за вршење на тие работи и поседуваат соодветни дозволи согласно со овој закон и/или со Законот за управување со отпад. (5) Производителот од ставот (1) на овој член е должен на правното лице за постапување со отпад од пакување со кое склучил договор за преземање на обврски за постапување со отпад од пакување да плати соодветна цена за услугата поврзана со спроведување на обврските за постапување со отпадот од пакување што производителот го создава. Член 21 Правното лице за постапување со отпад од пакување (1) Правното лице за постапување со отпад од пакување може да постапува со отпад од пакување во име и за сметка на производителите доколку има обезбедено договори за преземање на обврски за постапување со отпад од пакување со производители кои заедно пуштаат на пазар или увезуваат во Република Македонија најмалку 30% од примарното, секундарното и терцијалното пакување во текот на една година и да ја поседува дозволата од ставот (2) на овој член. (2) Правното лице за постапување со отпад од пакување е должно да обезбеди дозвола за постапување со отпад од пакување од Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на писмено барање кое особено содржи: 1) името/назив и седиштето на правното лице за постапување со отпад од пакување; 2) договори склучени со единиците на локалната самоуправа во согласност со членот 26 од овој закон; 3) временскиот период за кој се бара дозволата; 4) договор за основање или статут на правното лице за постапување со отпад од пакување; 5) список со назив, адреса, дејност, број на деловниот субјект и даночен број на производителите од членот 17 на овој закон во чие име и за чија сметка ќе постапува со отпадот од пакување; Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 13 од 40 6) доказ дека во моментот на поднесувањето на барањето има склучено договори за преземање на обврски за постапување со отпад од пакување со производители кои заедно пуштаат на пазар или увезуваат во Република Македонија најмалку 10 % од примарното, секундарното и терцијалното пакување на годишно ниво и начинот на кој планира во рок од една година од денот на добивањето на дозволата да го исполни условот од ставот (1) на овој член; 7) потврда за правно лице - тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија; 8) регистрирана ознака на пакувањето доколку има намера со неа да им гарантира на учесниците во системот дека ќе постапува со тој отпад од пакување и 9) програма за постапување со отпад од пакување од членот 22 на овој закон. (3) Покрај документите од ставот (2) на овој член, а во зависност од видот на пакувањата, стручниот орган може по потреба да побара барателот да достави и други дополнителни податоци согласно со овој закон и/или Законот за управување со отпад. (4) Доколку дојде до промена на податоците доставени со дозволата од ставот (2) на овој член, правното лице за постапување со отпад од пакување е должно да го извести стручниот орган најдоцна во рок од два месеца од моментот на настанување на промените. (5) Правното лице за постапување со отпад од пакување е должно најдоцна до 31 март при доставувањето на извештајот за постапувањето со отпадот од пакување од членот 27 на овој закон до стручниот орган да го достави и списокот од ставот (2) точка 5 на овој член, со што се врши регистрирање во евиденцијата на производителите во чие име и за чија сметка се постапува со отпадот од пакување. (6) Правното лице за постапување со отпад од пакување е одговорно за правилното постапување со отпад во согласност со овој закон и за постигнување на целите од членот 35 став (1) на овој закон во име и за сметка на производителите од членот 17 на овој закон со кои има склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпад. (7) Дозволата од ставот (2) на овој член се издава за период од пет години. (8) Дозволата од ставот (2) на овој член ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на предлог од стручниот орган. (9) Правното лице за постапување со отпад од пакување на производителите од членот 17 на овој закон со кои има склучено договор за преземање на обврска за постапување со отпад од пакување е должно да издаде потврда за ослободување од плаќањето на надоместокот од членот 40 на овој закон. Член 22 Програма за постапување со отпад од пакување (1) Програмата за постапување со отпад од пакување задолжително ги содржи следнитве податоци: видот на пакувањето за кое правното лице за постапување со отпад од пакување обезбедува постапување со отпад од пакување (во натамошниот текст: систем), начинот на остварувањето на националните цели од членот 35 на овој закон, предвиден начин и обем на преземање и собирање на отпадот од пакување од крајните корисници, предвиден начин и обем на редовно преземање на отпад од пакување кој е комунален отпад од општините, општините во градот Скопје и од градот Скопје во согласност со членот 26 од овој закон и план за склучување на идни договори со истите, вклучувајќи го и бројот на жителите кои ќе бидат опфатени за периодот на важност на програмата, предвиден начин и мерки за известување на јавноста и крајните корисници во согласност со членот 23 ставови (2) и (3) од овој закон, Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 14 од 40 број и локации на собирните места и центри кои се вклучени во системот и назив на правните или физичките лица кои управуваат со нив, видот и капацитетот на средствата и опремата кои ги поседуваат правните или физичките лица кои, како други лица во смисла на членот 20 став (4) од овој закон, ќе бидат вклучени во системот во кои ќе се врши собирање, привремено складирање, сортирање или други активности во врска со отпадот од пакување пред да се обезбеди повторна употреба, преработка или отстранување на отпадот од пакување, предвидена вкупна годишна количина на вкупно собран отпад од пакување и уделот на видот на материјалите од членот 40 став (2) на овој закон и уделот на собраниот отпад од пакување кој е наменет за повторна употреба, преработка, рециклирање или извезување, предвиден начин и количина на собраниот отпад од пакување кој е наменет за повторна употреба, преработка и отстранување со назив на правните лица кои ќе ја извршат повторната употреба, преработката или отстранувањето, докази дека функционирањето на системот е финансиски одржлив, финансиски план за развој и доказ за почетните вложувања во системот и начинот на спроведувањето на кауцијата, доколку се воведува. (2) При воспоставувањето на системот и подготвувањето на програмата од ставот (1) на овој член, правното лице за постапување со отпад од пакување е должно да ги земе предвид следниве работи: густината на населението и количината и видот на отпадот од пакување кој е комунален отпад, распоредувањето на собирните места и центри кои ги има вклучено во системот за собирање и преземање на отпад од пакување и просторната разместеност, односно оддалеченост на објектите и капацитетите каде што собраниот отпад од пакување се преработува, (рециклира и се врши енергетска преработка на отпадот од пакување) и се отстранува. (3) Програмата од ставот (1) на овој член се носи за период од пет години. (4) За работите од ставот (2) на овој член правното лице за постапување со отпад од пакување е должно да обезбеди докази дека ги зел предвид и соодветно ги уредил истите. (5) Собирањето, преработката и отстранувањето на отпадот од пакување, правното лице за постапување со отпад од пакување може да го довери само на правни и физички лица кои поседуваат соодветни дозволи за постапување со отпад согласно со Законот за управување со отпад и тоа да го вршат на начин и во услови како што се пропишани со Законот и во објекти и капацитет кои ги исполнуваат законски пропишаните услови. (6) По исклучок од ставот (5) на овој член правното лице за постапување со отпад од пакување може со здружување со правните или физичките лица од ставот (5) на овој член да учествува во активности на третман на отпадот од пакување кои се однесуваат исклучиво на собирање и сортирање на отпадот од пакување по видови, балирање и подготовка за натамошно постапување со отпад од пакување под услови утврдени со Законот за управување со отпад. Член 23 Обврски за постапување (1) Правното лице за постапување со отпад од пакување при организирањето на системот за постапување со отпад од пакување е должно да обезбеди собирните места и центри да бидат уредени на таков начин што ќе овозможи крајните корисници да го оставаат отпадот од пакување и во случај кога преземањето на отпадот од пакување не е обезбедено, непосредно кај крајните корисници или кај последните доставувачи. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 15 од 40 (2) Правното лице за постапување со отпад од пакување е должно на соодветен начин да ја информира јавноста и крајните корисници за намената и целите од собирањето на отпадот од пакување, за правилното постапување со истиот и за можностите за бесплатно предавање и враќање и можностите за рециклирање и преработка на отпадот од пакување, вклучувајќи и информации за подигнување на одговорноста за правилно постапување со отпадот од пакување и за начинот на кој можат да постапуваат со отпадот од пакување кој е опфатен во системот. (3) Правното лице за постапување со отпад од пакување во соработка со општините, градот Скопје и општините во градот Скопје е должен на соодветни места да ја известува јавноста за адресите на собирните места и центри кои постојат во подрачјето на таа општина, градот Скопје или општина во градот Скопје коишто се вклучени во системот, односно каде што се врши собирање на отпадот од пакување. Член 24 Самостојно постапување со отпад од пакување (1) Производителите обврските од членот 17 на овој закон можат да ги остваруваат самостојно доколку за тоа има обезбедено дозвола за постапување со отпад од пакување во согласност со ставот (2) на овој член и е регистрирано во евиденцијата кај стручниот орган како производител кој самостојно обезбедува постапување со отпадот од пакување што го создава. (2) Дозволата од ставот (1) на овој член се добива со соодветна примена на одредбите од членовите 21 и 22 на овој закон. (3) Врз основа на добиената дозвола, стручниот орган издава потврда дека производителот е регистриран во евиденцијата на производители како субјект кој самостојно обезбедува постапување со отпадот од пакување што го создава (во натамошниот текст: самостоен постапувач со отпад од пакување). (4) Самостојниот постапувач со отпад од пакување е должен да обезбеди: редовно преземање на отпадот од пакување што тој го создава, редовно преземање и собирање на отпадот од пакување од крајните корисници и повторна употреба, преработка или отстранување на преземената и собраната количина на отпад од пакување согласно со алинеите 1 и 2 од овој став. (5) Самостојниот постапувач со отпад од пакување е должен да ги исполни соодветно обврските од членот 23 на овој закон и да доставува извештаи во согласност со членот 27 од овој закон. Член 25 Водење на евиденција (1) Стручниот орган води евиденција на правните лица кои постапуваат со отпад од пакување, а кои добиле дозвола согласно со членот 21 од овој закон, како и на производителите од членот 17 на овој закон кои имаат склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпад. (2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член стручниот орган е должен редовно да ја ажурира и да ја објавува на својата веб страница и најмалку еднаш годишно да ја објавува во „Службен весник на Република Македонија“. (3) Стручниот орган води евиденција на самостојните постапувачи со отпад од пакување од членот 24 на овој закон и е должен редовно да ја ажурира и да ја објавува на својата веб страница и најмалку еднаш годишно да ја објавува во „Службен весник на Република Македонија“. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 16 од 40 (4) Формата и содржината на образецот за водење на евиденцијата на производителите од ставовите (1) и (3) на овој член, начинот на водењето на евиденцијата, како и формата и содржината на образецот на потврдата од членот 24 став (3) на овој закон ги пропишува министерот за животна средина и просторно планирање. Член 26 Обврски на градоначалник (1) Градоначалникот на општината, на општина во градот Скопје и на градот Скопје е одговорен за организирање на одделното собирање на отпадот од пакување кој е комунален отпад на подрачјето на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје. (2) Обврските од ставот (1) на овој член градоначалникот ги остварува врз основа на склучен договор со правното лице за постапување со отпад од пакување или со самостојниот постапувач со отпад од пакување. (3) Со договорот од ставот (2) на овој член особено се регулираат меѓусебните права и обврски на договорните страни, условите и начинот на воведување на одделното собирање и третман на отпадот од пакување, видот на отпадот од пакување, барања во однос на квалитетот на собраниот отпад од пакување, видот на системот за собирање и доколку е можно и постапување со отпад од пакување, начинот на финансирање и покривање на трошоци, начинот на информирање на јавноста и крајните корисници, како и други прашања од заеднички интерес. (4) Во програмите за управување со отпад и актите на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје со кои се регулира прашањето за постапување со комунален и друг вид на неопасен отпад утврдени согласно со Законот за управување со отпад, задолжително се земаат предвид и националните цели од членот 35 на овој закон. Член 27 Обврски за доставување на извештаи (1) Правното лице за постапување со отпад од пакување и самостојниот постапувач со отпад од пакување се должни за отпадот од пакување кој го собираат или преземаат во текот на една календарска година, да водат евиденција која ќе докаже дека со собирањето, повторната употреба, преработката или отстранувањето најдоцна до крајот на наредната година се постигнати националните цели утврдени во членот 35 од овој закон. (2) Правното лице за постапување со отпад од пакување е должно најдоцна до 31 март во тековната година до стручниот орган да достави годишен извештај за постапувањето со отпадот од пакување од страна на производителите во чие име и за чија сметка е одговорно за правилното постапување со отпадот од пакување согласно со членот 21 од овој закон за претходната година кој особено содржи податоци: 1) за количината и видот на пакувањето што се пушта на пазар во Република Македонија; 2) за продажното, групното и транспортно пакување: количината и видот на пакување што е повторно употребено; 3) за отпадот од пакување кој претставува комунален отпад и отпад од пакување кој не претставува комунален отпад: количината и видот на отпад од пакување кој е рециклиран или на друг начин преработен и количината и видот на отпад од пакување кој е извезен од Република Македонија за преработка и Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 17 од 40 4) вкупниот преглед на постапувањето со отпадот од пакување. (3) Самостојниот постапувач со отпад од пакување е должен годишниот извештај од ставот (2) на овој член да го доставува за отпадот од пакување кој тој го создава. (4) Известувањето се врши на начин утврден согласно со членот 28 од овој закон. (5) Годишниот извештај од ставот (2) на овој член пред доставувањето до стручниот орган задолжително се потврдува од независен ревизор. (6) Стручниот орган е должен да го одобри годишниот извештај од ставот (2) на овој член во рок од 60 дена од денот на приемот. Член 28 Водење на евиденција на количини на пакување (1) Производителот од членот 17 на овој закон е должен да води евиденција за видот и количината на произведени, увезени и извезени пакувања, согласно со видот на материјалот од кој е произведено пакувањето кое го пуштил на пазар во текот на една календарска година и за постапувањето со отпадот од тоа пакување во пишана и во електронска форма. (2) Производителот е должен најдоцна до 31 март во тековната година до стручниот орган да достави годишен извештај за видот и количината на пакувањата што го пуштиле или увезле на пазар во Република Македонија во претходната календарска година и за постапувањето со отпадот од тие пакувања на образец за годишен извештај на пакување и отпад од пакување во пишана и во електронска форма. Во годишниот извештај се приложува и забележува доказот за присуство на тешки метали од членот 15 став (3) на овој закон. (3) Производителот е должен за секој производ кој има различно пакување да изготви производствена спецификација која содржи информација за тежината на пакувањето на тој производ, вклучувајќи го и неговото секундарно и терцијално пакување. (4) Производителот е должен врз основа на производствената спецификација од ставот (3) на овој член да води месечна и годишна евиденција за вкупното пакување кое го пуштил на пазар или го увезол во Република Македонија како краен корисник. (5) Формата и содржината на образецот на годишниот извештајот од ставот (2) на овој член, формата и содржината на образецот на производствената спецификација од ставот (3) на овој член, формата и содржината на образецот на евиденцијата од ставот (4) на овој член, како и начинот на кој се води евиденцијата од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за животна средина и просторно планирање. (6) Доколку производителите имаат склучено договор со правно лице за постапување со отпад од пакување согласно со членот 21 од овој закон тогаш годишниот извештај од ставот (2) на овој член го поднесува тоа правно лице. (7) Податоците од ставот (1) на овој член се чуваат пет години сметано од крајот на календарската година за која се однесуваат. (8) Првиот годишен извештај од ставот (2) на овој член го доставуваат производителите доколку немаат склучено договор со правно лице за постапување со отпад од пакување. Член 29 Одземање на дозволите Стручниот орган ќе започне постапка за одземање на дозволата и ќе ги избрише од евиденцијата од членот 25 на овој закон правното лице за постапување со отпад од пакување и самостојниот постапувач со отпад од пакување доколку со извештај од спроведен надзор се констатира дека: не обезбедуваат постапување со отпадот од пакување во согласност со овој или друг закон, Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 18 од 40 не достават годишен извештај согласно со членот 27 од овој закон и не ги исполнат националните цели согласно со членот 35 од овој закон последователно во две години или за две години во период од три години. Член 30 Обврски на крајните корисници и последниот доставувач (1) Производителот, кој истовремено е и краен корисник, за вршење на својата дејност или активности, сам увезува спакувана стока во пакување и за тоа нема претходен посредувач или доставувач во Република Македонија, е должен за отпадот од пакувањето кој тој го создава да обезбеди постапување со истиот на следниов начин: да склучи договор со правно лице за постапување со отпад од членот 21 на овој закон кое во негово име и за негова сметка ќе обезбеди повторна употреба, преработка или отстранување на отпадот од пакување или самостојно да постапува со отпадот од пакување и да обезбеди негова повторна употреба, преработка или отстранување во согласност со членот 24 од овој закон. (2) Крајните корисници се должни отпадот што го создаваат да го селектираат и да го оставаат на места определени за таа намена, или да го предадат на правни или физички лица кои поседуваат дозволи за постапување со отпад, согласно со прописите за управување со отпад. (3) Трговецот, кој истовремено е и последен доставувач, е должен за спакуваната стока што ја продава да обезбеди: писмена изјава од правното лице од кое ја купува стоката дека има склучено договор со правно лице кое постапува со отпад од пакување од членот 21 на овој закон или дека тоа правно лице е самостоен постапувач со отпад од пакување од членот 24 на овој закон, на пакувањето да има ознака во согласност со членот 21 став (2) алинеја 8 од овој закон или пакувањето да произлегува во согласност со членовите 31, 32 и 33 став (1) од овој закон. Член 31 Пакување со долг живот (1) Производителот не е должен да обезбеди постапување со отпадот од пакување доколку пушта на пазар или увезува пакување кое има долг животен век. (2) Пакувањето има долг животен век доколку при манипулација со истото лесно не може да се оштетува и да ја менува употребната вредност заради која е произведено. (3) Министерот за животна средина и просторно планирање ги пропишува условите од ставот (2) на овој член, како и видовите на пакување кои служат како показатели дека пакувањето е со долг животен век. Член 32 Исклучоци од постапувањето Малиот производител не е должен да обезбеди постапување со отпадот од пакување согласно со овој закон, доколку количината на материјалот на пакувањето од производите кое ги пуштил на пазар или ги увезува како краен корисник, не ги надминува количините на годишно ниво утврдени во членот 19 став (1) од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 19 од 40 Член 33 Пакување со затворачи и етикети (1) Производителот не е должен да обезбеди постапување со отпадот од пакување кој настанува од затворачи или етикети доколку пушта на пазар затворачи или етикети кои се пуштени на пазар заедно со пакувањето, ако тежината на затворачите и етикетите заедно не надминува 5% од тежината на пакувањето и не ја надминуваат количината по материјал на пакување од членoт 19 став (1) нa овој закон. (2) Доколу затворачите и етикетите заедно ја надминуваат тежината од ставoт (1) на овој член, тогаш тие ќе се засметуваат во вкупната тежина на пакувањето согласно со спецификацијата на производот од членот 28 став (3) на овој закон и во вкупната тежина на пакувањето што е пуштено на пазар или се увезува во Република Македонија. (3) Во случајот од ставот (1) на овој член производителот на пакувањето и производителот немаат обврска поединечно да ги означат затворачите и етикетите од пакувањето доколку тоа не е можно. Во овој случај означувањето, доколку тоа е можно, се става соодветно на друг дел од пакувањето на тој производ. Член 34 Кауција (1) Заради поттикнување на враќањето и на собирањето на отпадот од пакување правното лице за постапување со отпад од пакување или самостојниот постапувач со отпад од пакување можат да воведат кауција на повратно пакување која се наплатува на местото на продажба на спакуваната стока. (2) Кауцијата од ставот (1) на овој член не смее да го надмине износот од 30% од продажната цена на спакуваната стока. (3) Правното лице за постапување со отпад од пакување или самостојниот постапувач со отпад од пакување се должни да го известат стручниот орган за воведувањето на кауцијата најдоцна шест месеца пред нејзиното воведување. (4) Во известувањето од ставот (3) на овој член задолжително се содржат следниве податоци: видот на пакувањето и спакуваната стока за кој се наплатува кауцијата, висината на депозитот за кауцијата и нејзиниот однос со цената на спакуваната стока, начинот на кој се предвидува да се наплатува кауцијата, начинот за известување на јавноста за воведената кауција и други податоци кои се значајни за спроведувањето на кауцијата. (5) Правното лице за постапување со отпад од пакување и самостојниот постапувач со отпад од пакување се должни при доставувањето на извештаите од членот 27 на овој закон да достават одвоени податоци за собраниот отпад од повратното пакување за кој се наплатува кауција. (6) Правното лице за постапување со отпад од пакување и самостојниот постапувач со отпад од пакување се должни да обезбедат продавачот кој ја наплатил кауцијата да ја врати истата, доколку се врати повратното пакување согласно со членот 50 од Законот за управување со отпад. IV. НАЦИОНАЛНИ ЦЕЛИ ЗА СОБИРАЊЕ И ОБНОВУВАЊЕ ОДНОСНО ПРЕРАБОТКА НА ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ Член 35 Национални цели за постапување со отпад од пакување (1) На територијата на Република Македонија следните количества на пакување и отпад од пакувања треба да се соберат и преработат во следниов временски рок: Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 20 од 40 а) до крајот на 2020 година минимум 60% од тежината на отпадот од пакување што е создаден на територијата на Република Македонија треба да се преработи со операции на обновување или со операции на енергетска преработка; б) до крајот на 2020 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувања што е создаден на територијата на Република Македонија треба да се рециклира; в) до крајот на 2020 година следниве количества на материјали од кои се произведува пакувањето треба да се рециклираат: 60% стакло, 60% хартија и картон, 50% метали и 15% дрво и г) до крајот на 2018 година 22,5% пластика, имајќи ги предвид само материјалите кои се рециклираат во пластиката. (2) Извезените количества на отпад од пакување ќе се засметуваат во остварување на обврските и исполнување на целите утврдени во ставот (1) на овој член само доколку постои доказ дека истите биле преработени на начин кој не е штетен за животната средина и е еквивалентен на начинот утврден во прописите за заштита на животната средина и управувањето со отпадот на Република Македонија. (3) Владата на Република Македонија на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање утврдува годишни национални цели заради постепено постигнување на целите од ставот (1) на овој член, претходно усогласени со Комисијата за управување со отпад од пакување од членот 38 на овој закон. (4) Целите од ставот (1) на овој член Владата на Република Македонија на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање може да ги ревидира по потреба, а најмалку еднаш на три години, во согласност со програмата од членот 36 на овој закон. Член 36 Програма за управување со отпад од пакување (1) За постигнување на националните цели утврдени во членот 35 од овој закон на предлог на стручниот орган, министерот за животна средина и просторно планирање донесува програма за управување со отпад од пакување (во натамошниот текст: програма). (2) Програмата се донесува за период од најмалку пет години и особено содржи: опис и оцена на постојната состојба во управувањето со отпад од пакување, опис на субјектите кои постапуваат со отпадот од пакување, количина и вид на отпад од пакување што се создава во Република Македонија, како и идни предвидувања и тренд на развој во наредниот петгодишен период, мерки за превенција на создавањето на отпад од пакување и мерки за поттикнување на собирањето, селектирањето, повторната употреба, рециклирањето и други форми на обновување, преработка и отстранување на отпад од пакување, мерки за подобрување на состојбата на пазарот за обновување, преработка и рециклирање на отпадот од пакување, економски мерки, мерки за едукација и спроведување на кампања за подигање на јавната свест за постапување со отпад од пакување, преглед на законската регулатива за управување со отпадот и отпадот од пакување и мерки за нејзино подобрување, насоки за идниот развој на управувањето со отпадот од пакување, Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 21 од 40 цели на количества на пакување и отпад од пакувања кои треба да се соберат и преработат во наредниот период и други прашања кои се од значење за управувањето со отпадот од пакување. (3) Програмата се изработува со учество на субјектите кои управуваат со отпадот од пакување, Комисијата од членот 38 на овој закон и органите на државната и локалната власт, невладините организации и други јавни и научни установи и институции. (4) Врз основа на програмата соодветно ќе се променат националните цели утврдени во членот 35 од овој закон. Член 37 Доброволно договарање (1) Економските оператори можат да пристапат кон склучување на доброволен договор со Владата на Република Македонија преку кој ќе ги регулираат меѓусебните обврски и права заради постигнување на исти или поголеми цели од оние утврдени во членот 35 од овој закон и постигнување на целите од членот 2 на овој закон. (2) Договорот од ставот (1) на овој член задолжително ги уредува следниве прашања: рок на важност, цели и рок за нивно постигнување, начин на следење на реализацијата на целите и роковите утврдени во договорот; обврски и права на економските оператори и на надлежните органи за државната власт и услови и начин на раскинување на обврските и начинот на надоместување на загубите. (3) Договорот од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија“. (4) Договорот од ставот (1) на овој член, како и начинот и резултатите од неговото спроведување се достапни на јавноста. Член 38 Комисија за управување со отпад од пакување (1) Заради следење на состојбата со управувањето со отпадот од пакување во Република Македонија, Владата на Република Македонија формира Комисија за управување со отпад од пакување (во натамошниот текст: Комисијата). (2) Комисијата се состои од претседател и најмногу 15 члена со мандат од три години и е составена од: еден претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, еден претставник од Управата за животна средина, еден претставник од Министерството за финансии, еден претставник од Министерството за економија, еден претставник од стопанско здружение во Република Македонија, еден претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа, по еден претставник од секое правно лице кое постапува со отпад од пакување, двајца претставници од самостоен постапувач со отпад од пакување, еден претставник од Здружението на потрошувачи на Македонија, двајца претставници на правни и физички лица кои имаат дозвола за постапување со отпад и еден претставник од невладина организација која дејствува во областа на управувањето со отпадот. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 22 од 40 (3) Комисијата разгледува и дава мислења кои се однесуваат на: националните цели од членот 35 на овој закон, програмата од членот 36 на овој закон, состојбата во управувањето со отпадот од пакување, спроведувањето на овој закон, предлагање мерки за спречување и намалување на количината на отпад од пакување што се создава во Република Македонија, предлагање мерки за поттикнување на собирањето, повторната употреба, преработката и отстранувањето на отпадот од пакување, предлага мерки за организирање и поддршка на системи и начини на управување со отпадот од пакување и други прашања што се во врска со управувањето со отпадот од пакување. (4) Со Комисијата претседава министерот за животна средина и просторно планирање. (5) Административно-техничките работи за потребите на Комисијата ги врши стручниот орган. (6) За својата работа Комисијата донесува деловник. Член 39 База на податоци и информативен систем (1) Стручниот орган е должен да воспостави и води база на податоци за пакувањето и отпадот од пакување што се пушта на пазар во Република Македонија. (2) Базата се води врз основа на податоците од извештаите доставени во согласност со членовите 27 и 28 од овој закон и особено ги содржи следниве податоци: 1) за количината и видот на отпад од пакување што се пушта на пазар во Република Македонија; 2) за примарното, секундарното и терцијалното пакување: количината и видот на пакување што е повторно употребено; 3) за отпадот од пакување кој претставува комунален отпад и отпад од пакување кој не претставува комунален отпад: количината и видот на отпад од пакување кој е преработен и отстранет и количината и видот на отпад од пакување кој е вклучен во делот на преработен од точката 2 алинеја 1 на овој став, а кој е рециклиран или на друг начин преработен; 4) податоци за својствата на отпадот од пакување (опасност и штетност на материјали од кои е произведено пакувањето) и 5) информации за производителите и други субјекти кои имаат обврски за известување согласно со овој закон. (3) Врз основа на податоците од ставот (2) на овој член стручниот орган најдоцна до 30 мај во тековната година објавува извештај за количините и видот на пакување и отпад од пакување што се пушта на пазар во Република Македонија, како и за управувањето со отпад од пакување. (4) Заедно со извештајот од ставот (3) на овој член стручниот орган објавува податоци за реализација на програмата од членот 36 на овој закон, како и податоци за постојните системи за управувањето со отпад од пакување. (5) Податоците собрани врз основа на овој член се обработуваат и валидизираат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање - Македонски информативен центар за животна средина во Информативен систем за пакување и отпад од пакување, кој е составен дел на Информативниот систем за животна средина. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 23 од 40 (6) Министерот за животна средина и просторно планирање го пропишува начинот на водење, формата и поблиската содржина на базата на податоци и информативниот систем за пакување и отпад од пакување. Член 40 Економски инструменти (1) Производителот кој пушта на пазарот на Република Македонија спакувани стоки од кои при користење се создава отпад од пакување, како и производителот кој како краен корисник увезува во Република Македонија спакувани стоки од кои при користење се создава отпад од пакување, е должен да плати надоместок за управување со отпад од пакување (во натамошниот текст: надоместок). (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член изнесува: Вид на материјал Подвид на материјал износ 1. Стакло 4.500 ден/тон 2. Пластика 20.000 ден/тон 3. Хартија и картон 6.200 ден/тон За пијалак и други напивки 22.000 ден/тон 4. Повеќеслојно пакување составено од претежно хартиени или картонски компоненти За други намени 30.000 ден/тон Лименки 8.500 ден/тон 5. Метал Други метални садови 6.200 ден/тон 6. Дрво 4.000 ден/тон. (3) Надоместокот се пресметува врз основа на нето - тежина на пакувањето пресметани согласно со производствената спецификација од членот 28 став (3) на овој закон и евиденцијата од месечната евиденција од членот 28 став (4) на овој закон. (4) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот настанува во моментот кога за прв пат пушта во Република Македонија спакувани стоки од кои при користење се создава отпад од пакување. (5) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот кој како краен корисник увезува во Република Македонија спакувани стоки од кои при користење се создава отпад од пакување настанува во моментот кога го започнал користењето на стоката. (6) Производителот и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока е должен надоместокот од ставот (2) на овој член или цената за услугата од членот 20 став (5) на овој закон да ги вкалкулира во цената на крајниот производ кој го пушта на пазар. (7) Производителот и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока е должен да го плати надоместокот од ставот (2) на овој член на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на секој 15 ден во тековниот месец за сите пресметани надоместоци од претходниот месец. (8) Надоместокот не се плаќа доколку спакуваните стоки се извезуваат. (9) Во случајот од ставот (8) на овој член производителот и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока се должни да обезбедат извозна царинска декларација како доказ дека спакуваната стока, за која не е пресметан надоместокот од ставот (2) на овој член е извезена од Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 24 од 40 (10) Во случај на извоз на пакување и спакувани стоки на кои се наплатува надоместок определен со овој член, за кои претходно е уплатен надоместокот од ставот (2) на овој член, производителот и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока имаат право на враќање на уплатениот надоместок за извезената количина врз основа на решение издадено од стручниот орган. (11) Против решението од ставот (10) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот за животна средина и просторно планирање. (12) Средствата од надоместокот од ставот (2) на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија и се уплатуваат на соодветна посебна уплатна сметка, во рамките на трезорската сметка. (13) Владата на Република Македонија на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за финансии ги пропишува начинот, постапката и потребната документација за враќање на надоместокот во случаите од ставот (10) на овој член. Член 41 Ослободување од плаќање на надоместокот (1) Од плаќање на надоместокот од членот 40 став (2) на овој закон се ослободени: 1) производителот и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока доколку имаат склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпад од пакување со правно лице за постапување со отпад од пакување кое има обезбедено дозвола согласно со членот 21 од овој закон; 2) производителот и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока имаат обезбедено потврда дека производителот е регистриран во евиденцијата на самостоен постапувач со отпад од членот 24 став (3) на овој закон и 3) субјектите кои се определени со членовите 31 и 32 од овој закон. (2) Производителот и производителот кој како краен корисник увезува спакувана стока од ставот (1) точка 1 на овој член се ослободени од плаќање на надоместокот од членот 40 став (2) на овој закон доколку ја поседуваат потврдата од членот 21 став (9) на овој закон. (3) Образецот, формата и содржината на потврдата од ставот (2) на овој член ја пропишува министерот за животна средина и просторно планирање. (4) По исклучок од ставот (1) на овој член надоместокот од членот 40 на овој закон се плаќа во двоен износ доколку: 1) правното лице за постапување со отпад од пакување или самостојниот постапувач со отпад не поднесе извештај согласно со членот 27 од овој закон; 2) стручниот орган не го одобри извештајот согласно со членот 27 став (6) од овој закон, заради неисполнување на националните цели утврдени во членот 35 од овој закон. Во овој случај надоместокот се плаќа само за разликата меѓу националните цели утврдени согласно со членот 35 од овој закон и постигнатите цели согласно со годишниот извештај и/или наодот на стручниот орган и 3) производителот доставил неточен годишен извештај согласно со членот 28 од овој закон во однос на видот и количината на пакувањата што ги пуштиле на пазар во Република Македонија или ги увезол како краен корисник. (5) Во случаите од ставот (4) на овој член стручниот орган донесува решение. (6) Против решението од став (5) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот за животна средина и просторно планирање. (7) Во случаите од ставот (4) на овој член двојниот надоместок се пресметува според висината на надоместокот, утврден во членот 40 од овој закон, сразмерно на уделот на видот и количината на материјалот на пакувањето што е пуштен на пазар. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 25 од 40 Член 42 Користење на надоместокот и програма за финансирање (1) Средствата собрани од надоместокот од членот 40 став (1) на овој закон се користат за поттикнување на активности за собирање, транспорт, повторна употреба, преработка и отстранување на отпад од пакување и за делумно покривање на трошоците за собирање, обновување и преработка на отпадот од продажното, групното и транспортното пакување. (2) Финансирањето и реализацијата на активностите од ставот (1) на овој член се врши врз основа на годишна програма за финансирање што стручниот орган ја подготвува врз основа на програмата од членот 36 на овој закон. (3) Годишната програма за финансирање ја донесува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање. (4) Доделувањето на средствата од програмата од ставот (3) на овој член се врши по пат на јавен конкурс којшто го објавува и спроведува стручниот орган. (5) По исклучок од ставот (2) на овој член средствата од програмата од ставот (3) на овој член може да се доделат и со одлука на Владата на Република Македонија на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање, доколку: средствата се наменуваат за изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка и отстранување на отпад од поширок јавен интерес, намената на средствата е утврдена во програмата од членот 36 на овој закон, средствата се наменуваат за исполнување на обврски кои се утврдени во доброволните договори од членот 37 на овој закон и средставата се наменуваат за делумно покривање на трошоци на правните лица кои вршат преработка на отпадот од пакување пресметани по единечна цена на еден тон преработен отпад од пакување. Член 43 Јавен конкурс (1) Средствата кои се доделуваат по пат на јавен конкурс од членот 42 став (4) на овој закон се наменуваат за финансирање и реализација на: проекти за набавка на опрема за собирање и преработка на отпад и отпад од пакување, проекти за исполнување на обврски кои произлегуваат за економските оператори согласно со овој закон, проекти за воведување на нови технологии за производство на пакување кое е поподобно за повторна употреба, преработка и рециклирање, проекти за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и економските оператори за постапување со отпадот од пакување, други проекти кои директно придонесуваат кон реализацијата на националните цели од членот 35 на овој закон, програми и други проекти за спречување и превенција согласно со членот 7 од овој закон и проекти за подобрување на состојбата на пазарот за преработка и рециклирање на отпадот од пакување. (2) Јавниот конкурс од членот 42 став (4) на овој закон се спроведува од комисија формирана од министерот за животна средина и просторно планирање. (3) Комисијата од ставот (2) на овој член е составена од пет члена од кои: еден претставник од стручниот орган, еден претставник од правно лице кое постапува со отпад од пакување кој е член на Комисијата од членот 38 на овој закон, Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 26 од 40 еден претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија, еден претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање и еден претставник од правните лица кои вршат преработка на отпадот од пакување. (4) Јавниот конкурс од членот 42 став (4) на овој закон се објавува во „Службен весник на Република Македонија“ и во најмалку два дневни весници кои излегуваат на целата територија на Република Македонија, во траење од 30 дена. (5) Комисијата од ставот (2) на овој член утврдува предлог за распоредување на средствата во рок од 30 дена од денот на истекувањето на рокот од ставот (4) на овој член и го доставува до министeрот за животна средина и просторно планирање. (6) Резултатите од конкурсот се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“. V. НАДЗОР Член 44 (1) Надзорот над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Министерството за животна средина и просторно планирање. (2) Инспекцискиот надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Државниот инспекторат за животна средина. (3) Надзорот над извештаите поднесени согласно со членовите 27 и 28 од овој закон го врши стручниот орган. (4) За работите од надлежност на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, утврдени со овој закон, инспекцискиот надзор над примената и спроведувањето на овој закон го вршат овластените инспектори за животна средина на општините, овластените инспектори за животна средина на општините во градот Скопје и овластените инспектори за животна средина на градот Скопје. (5) Инспекцискиот надзор над примената и спроведувањето на овој закон во делот на прометот со пакувањата, означувањето на пакувањата и информирањето на потрошувачите го врши Државниот пазарен инспекторат. (6) Инспекцискиот надзор над примената на овој закон во делот на незаконското постапување со отпад од пакување кој не е комунален отпад и негово оставање или предавање како комунален отпад го вршат комуналните инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Член 45 Државните инспектори за животна средина, овластените инспектори за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, државните пазарни инспектори и комуналните инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје при преземањето на активностите за вршење на инспекцискиот надзор над примената на овој закон, можат да побараат соработка од претставници на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи заради обезбедување на непречено вршење на инспекцискиот надзор. Член 46 Делокруг на надзор на државниот инспектор за животна средина (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот инспектор за животна средина, има право: 1) да врши увид и контрола и да утврди дали за реализација на мерките од членот 7 на овој закон е изготвена програма за спречување и превенција на создавање на отпад од пакување (член 7 став (2)); Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 27 од 40 2) да врши увид и контрола и да утврди дали се произведуваат пакувања кои не се во согласност со стандардите утврдени во членот 9 од овој закон (член 9 став (1)); 3) да врши увид и контрола и да утврди дали е доставен извештај до стручниот орган во случаите на надминување на нивото на концентрација на тешките метали од членот 11 став (1) на овој закон, во некои од дванаесетте последователни месечни контроли на стандардно и редовно производство (член 11 став (5)); 4) да врши увид и контрола и да утврди дали резултатите од мерењата извршени во производствените процеси, како и користените мерни методи се чуваат најмалку четири години и дали се достапни во секое време на надлежни инспекциски органи на нивно барање (член 11 став (7)); 5) да врши увид и контрола и да утврди дали производителот постапува согласно со членот 15 од овој закон; 6) да врши увид и контрола и да утврди дали се прима назад бесплатно отпадот од пакување непосредно по доставувањето на стоката или при наредното доставување во согласност со членот 18 од овој закон, ако крајниот корисник сака да го врати; 7) да изврши увид и контрола и да утврди дали се исполнети условите за ослободување (член 19); 8) да врши увид и контрола и да утврди дали правното лице за постапување со отпад од пакување поседува дозвола за основање на систем за собирање и повратен прием на отпад од пакување (член 21 став (2)); 9) да врши увид и контрола и да утврди дали го известил стручниот орган во определениот рок во случај на промена на податоците доставени со дозволата од членот 21 став (2) на овој закон (член 21 став (4)); 10) да врши увид и контрола и да утврди дали до стручниот орган се доставени податоците за производителите, пакувачите, трговците и крајните корисници, со кои имаат договор, се основачи или со договор се здружени во правното лице за постапување со отпад од пакување (член 21 став (5)); 11) да врши увид и контрола и да утврди дали правното лице за постапување со отпад од пакување при воспоставувањето на системот и подготвувањето на програмата од членот 22 став (1) на овој закон обезбедил докази дека ги зел предвид задолжителните податоци (член 22 став (2)); 12) да врши увид и контрола и да утврди дали собирањето, преработката и отстранувањето на отпадот од пакување, правното лице за постапување со отпад од пакување му го доверил на правно или физичко лице кои поседуваат соодветни дозволи (член 22 став (5)); 13) да врши увид и контрола и да утврди дали собирните места и центри се уредени на таков начин којшто ќе овозможи крајните корисници да го остават отпадот од пакување и во случај кога преземањето на отпадот од пакување не е обезбедено непосредно кај крајните корисници или кај последните доставувачи (член 23 став (1)); 14) да врши увид и контрола и да утврди дали се информира јавноста и крајните корисници согласно со членот 23 ставови (2) и (3) од овој закон; 15) да врши увид и контрола и да утврди дали се поседува дозвола за самостојно постапување со отпад од пакување и дали е регистриран согласно со членот 24 од овој закон (член 24 став (1)); 16) да врши увид и контрола и да утврди дали самостојниот постапувач со отпад од пакување соодветно ги исполнил обврските од членот 23 на овој закон и дали доставил извештаи во согласност со членот 27 од овој закон (член 24 став (5)); 17) да врши увид и контрола и да утврди дали е доставен извештај за постапување со отпад од пакување за претходната година до стручниот орган во определениот рок согласно со членот 27 став (2) од овој закон; Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 28 од 40 18) да врши увид и контрола и да утврди дали се води евиденција за видот и количината на пакување кое го пуштил на пазар во текот на една година и за постапувањето со отпадот од пакување во пишана и во електронска форма согласно со членот 28 став (1) од овој закон; 19) да врши увид и контрола и да утврди дали до стручниот орган во определениот рок е доставен извештај во пишана и електронска форма за видот и количината на пакување кое го пуштил на пазар и за постапувањето со отпадот од пакување во претходната година (член 28 став (2)); 20) да врши увид и контрола и да утврди дали производителот за секој производ кој има различно пакување изготвил производствена спецификација (член 28 став (3)); 21) да врши увид и контрола и да утврди дали производителот врз основа на производствената спецификација од членот 28 став (3) на овој закон води месечна и годишна евиденција за вкупното пакување кое ги пуштил на пазар или го увезол како краен корисник (член 28 став (4)); 22) да врши увид и контрола и да утврди дали крајниот корисник и последниот доставувач постапуваат согласно со членот 30 од овој закон; 23) да врши увид и контрола и да утврди дали се исполнети условите за исклучоци во постапувањето согласно со членот 32 од овој закон; 24) да врши увид и контрола и да утврди дали се исполнети условите од членот 33 на овој закон; 25) да врши увид и контрола и да утврди дали се известува стручниот орган во определениот рок за воведувањето на кауцијата (член 34 став (3)); 26) да врши увид и контрола и да утврди дали документите и податоците со кои се тврди дека се исполнети националните цели од членот 35 на овој закон се веродостојни; 27) да врши увид и контрола и да утврди дали се исполнуваат обврските што произлегуваат од доброволните договори (член 37) и 28) да врши увид и контрола и да утврди дали производителот и пакувачот кои пуштаат на пазарот на Република Македонија пакувања и пакување на спакувани стоки од кои при користење се создава отпад од пакување постапуваат согласно со членот 40 од овој закон. (2) На барање на државниот инспектор за животна средина, овластено лице на органот надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи е должно да учествува во извршувањето на работите од ставот (1) на овој член. (3) На барање на стручниот орган во вршењето на инспекцискиот надзор може да учествува и државен службеник вработен во стручниот орган. (4) Државниот инспектор за животна средина е должен да изврши инспекциски надзор кога тоа го побарал стручниот орган. Член 47 Донесување на решенија на државниот инспектор за животна средина (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот за животна средина со решение: 1) ќе ги задолжи да изготват програма за спречување и превенција на создавање на отпад од пакување согласно со членот 7 од овој закон (членот 7 став (2)); 2) ќе ги задолжи да произведуваат пакувања кои се во согласност со стандардите утврдени во членот 9 од овој закон (член 9 став (1)); 3) ќе ги задолжи да достават извештај до стручниот орган во случаите на надминување на нивото на концентрација на тешките метали од членот 11 став (1) на овој закон, во некои од дванаесетте последователни месечни контроли на стандардно и редовно производство (член 11 став (5)); Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 29 од 40 4) ќе ги задолжи резултатите од мерењата извршени во производствените процеси, како и користените мерни методи да ги чуваат најмалку четири години и да се достапни во секое време на надлежни инспекциски органи на нивно барање (член 11 став (7)); 5) ќе ги задолжи да спроведат месечни контроли за утврдувањето на концентрацијата на тешки метали на пакувањето и редовно да доставуваат извештаи (член 11); 6) ќе го задолжи производителот да постапува согласно со членот 15 од овој закон; 7) ќе ја ограничи и/или забрани работата на производителот, производителот на пакувањето и трговецот доколку собирањето и преработката на отпадот од пакување кое го пуштиле на пазарот во Република Македонија не е во согласност со членот 17 ставови (1) и (2) од овој закон, како и ќе ги задолжи да преземаат соодветни мерки (член 17 ставови (1) и (2)); 8) ќе ги задолжи да го примат назад бесплатно отпадот од пакување непосредно по доставувањето на стоката или при наредното доставување во согласност со членот 18 од овој закон, ако крајниот корисник сака да го врати; 9) ќе ја ограничи и/или забрани работата на производителот на пакувањето, производителот и трговецот доколку не ги спроведуваат обврските од членот 18 ставови (1), (2) и (3) на овој закон (член 18 став (4)); 10) ќе ја ограничи и/или забрани работата на производителот, пакувачот и трговецот доколку не се вклучени во систем за собирање и повратен прием на отпад од пакување (член 20) или не поседуваат дозвола за самостојно постапување со отпад од пакување и потврда дека е регистрирано (член 24) од најмалку 30 дена, во кој рок треба да го сторат тоа; 11) ќе ја ограничи или забрани работата на правното лице доколку не поседува дозвола за постапување со отпад од пакување и ќе го задолжи во рок од 30 дена до стручниот орган да поднесе барање за добивање на дозвола за постапување со отпад од пакување (член 21 став (1)); 12) ќе ја ограничи или забрани работата на правното лице за постапување со отпад од пакување доколку не го известил стручниот орган во определениот рок во случај на промена на податоците доставени со дозволата од членот 21 став (2) на овој закон (член 21 став (4)); 13) ќе ги задолжи до стручниот орган да доставуваат податоци за производителите со кои имаат склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпад (член 21 став (5)); 14) ќе ја ограничи или забрани работата на правното лице за постапување со отпад од пакување доколку при воспоставувањето на системот за постапување со отпад од пакување и подготвувањето на програмата од членот 22 став (1) на овој закон не обезбедил докази дека ги зел предвид задолжителните податоци во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба (член 22 став (2)); 15) ќе ја ограничи или забрани работата на правното лице за постапување со отпад од пакување доколку собирањето, преработката и отстранувањето на отпадот од пакување му ги доверил на правно или физичко лице кои не поседуваат соодветни дозволи (член 22 став (5)) во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба; 16) ќе ги задолжи собирните места и центри, во рок од најмногу 90 дена, да се уредат на таков начин којшто ќе овозможи крајните корисници да го остават отпадот од пакување кој не е комунален отпад и во случај кога преземањето на отпадот од пакување не е обезбедено непосредно кај крајните корисници или кај последните доставувачи (член 23 став (1)); 17) ќе ги задолжи да ја информираат јавноста и крајните корисници согласно со членот 23 ставови (2) и (3) од овој закон; Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 30 од 40 18) ќе ја ограничи или забрани работата на самостојниот постапувач со отпад од пакувања доколку не поседува дозвола за самостојно постапување со отпад од пакување и не е регистриран согласно со членот 24 од овој закон и ќе ги задолжи во рок од 30 дена до стручниот орган да поднесат барање за добивање на дозвола за самостојно постапување со отпад од пакување и барање за регистрација кај стручниот орган (член 24 став (1)); 19) ќе го задолжи самостојниот постапувач со отпад од пакување соодветно да ги исполнува обврските од членот 23 на овој закон и да достави извештаи во согласност со членот 27 од овој закон (член 24 став (5)); 20) ќе ја ограничи и/или забрани работата на правното лице за постапување со отпад од пакување или на самостојниот постапувач со отпад од пакување доколку не доставува извештај согласно со членовите 27 и 28 од овој закон, од најмалку 30 дена во кој рок треба да го достават извештајот; 21) ќе ги задолжи да доставуваат извештај за постапување со отпад од пакување за претходната година до стручниот орган во рок од најмногу 30 дена согласно со членот 27 став (2) од овој закон; 22) ќе ги задолжи да водат евиденција за видот и количината на пакувањето кое го пуштил на пазар и за постапувањето со отпадот од пакување во текот на една година во пишана и во електронска форма согласно со членот 28 став (1) од овој закон; 23) ќе ги задолжи да достават годишен извештај во пишана и електронска форма за видот и количината на пакување кое го пуштил на пазар и за постапувањето со отпадот од пакување во претходната година во определениот рок до стручниот орган (член 28 став (2)); 24) ќе ги задолжи за секој производ кој има различно пакување да изготват производствена спецификација (член 28 став (3)); 25) ќе ги задолжи врз основа на производствената спецификација од членот 28 став (3) на овој закон да водат месечна и годишна евиденција за вкупното пакување кое го пуштил на пазар или го увезол како краен корисник (член 28 став (4)); 26) ќе ги задолжи крајните корисници да постапуваат согласно со членот 30 од овој закон; 27) ќе ги задолжи да го известуваат стручниот орган во определениот рок за воведувањето на кауција (член 34 став (3)); 28) ќе ги задолжи да обезбедуваат повторна употреба, преработка или отстранување на отпадот од пакување кој се собира или презема во текот на една календарска година најдоцна до крајот на наредната година со цел да се постигнат националните цели утврдени во членот 35 од овој закон; 29) ќе ги задолжи да ги исполнуваат обврските што произлегуваат од доброволните договори (член 37) и 30) ќе ја ограничи или забрани работата на производителот кој пушта на пазарот на Република Македонија пакувања и спакувани стоки од кои при користење се создава отпад од пакување доколку не постапуваат согласно со членот 40 од овој закон во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор државните инспектори за животна средина утврди дека субјектите коишто управуваат со пакување и отпад од пакувања не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ќе ги констатира утврдените неисправности и неправилности и во решението ќе го определи рокот во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на државните инспектори за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 31 од 40 (4) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член државниот инспектор за животна средина има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. Член 48 Делокруг на надзор на овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје и на комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје Во вршењето на надзорот од својот делокруг овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и градот Скопје и комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје, имаат право: 1) да вршат увид и да утврдат дали отпадот од пакување кој не е комунален отпад се остава или предава како комунален отпад на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад (член 16 став (1)); 2) да врши увид и контрола и да утврди дали крајниот корисник постапува со отпадот од пакување согласно со одредбите за постапување со отпад (член 16 ставови (2), (3) и (4)); 3) да врши увид и контрола и да утврди дали за спроведување на обврските од членот 18 ставови (1), (2) и (3) на овој закон производителот, производителот на пакување и трговецот имаат обезбедено простор и опрема за селективно собирање на отпадот од пакување доколку имаат продажен простор поголем од 200 м2 (член 18 став (4)) и 4) да врши увид и контрола и да утврди дали правното лице за постапување со отпад од пакување постапува согласно со договорот (член 26). Член 49 Донесување на решенија на овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје и на комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје (1) ри вршење на инспекцискиот надзор овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје и комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје со решение: 1) ќе ги задолжат правните или физичките лица со отпадот од пакување да се постапува согласно со членот 16 став (1) од овој закон; 2) ќе го задолжат крајниот корисник да постапуваат со отпадот од пакување согласно со одредбите за постапување со отпад (член 16 ставови (2), (3) и (4)); 3) ќе ги задолжат правните или физичките лица комуналниот отпад да го остават на места наменети за тоа и да ги отстранат последиците од сторениот прекршок; 4) ќе ја ограничат и/или забранат работата на производителот, производителот на пакување и трговецот доколку за спроведување на обврските од членот 18 ставови (1), (2) и (3) на овој закон немаат обезбедено простор и опрема за селективно собирање на отпадот од пакување доколку имаат продажен простор поголем од 200 м2 во траење од најмногу 15 дена, во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба (член 18 став (4)) и 5) ќе го задолжат правното лице за постапување со отпад од пакување да преземе мерки за исполнување на обврските од договорот и ќе определат рок во траење од најмногу 90 дена, во кој рок треба да ги острани недостатоците (член 26). Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 32 од 40 (2) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје и комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје имаат право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. Член 50 Делокруг на надзор на државниот пазарен инспектор (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот пазарен инспектор има право: 1) да врши увид и контрола и да утврди дали кон пратката на пакувањето или материјалите за производство на пакување кои ги пушта на пазар производителот или производителот на пакувања поседува податоци дека се исполнети барањата од членoт 11 став (1) на овој закон (член 11 став (2)); 2) да врши увид и да утврди дали пакувањето е означено во согласност со членот 14 од овој закон и прописот донесен врз основа на овој член (член 14) и 3) да утврди дали кауцијата се спроведува согласно со членот 34 од овој закон. (2) Во вршењето на работите од ставот (1) на овој член државниот пазарен инспекторат имаат право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. Член 51 Донесување на решенија на државниот пазарен инспектор (1) При вршење на инспекцискиот надзор државниот пазарен инспектор со решение: 1) ќе ја ограничи или забрани работата на призводителот или произведителот на пакување доколку не поседува податоци дека се исполнети барањата од членот 11 став (1) на овој закон за пратката на пакувањето или материјалите за производство на пакување кои ги пушта на пазар (член 11 став (2)); 2) ќе ги задолжи пакувањето да биде означено со ознака согласно со членот 14 од овој закон и прописите донесени врз основа на овој член и 3) ќе ја ограничи или забрани работата на правното лице за постапување со отпад од пакување и самостојниот постапувач со отпад од пакување доколку е воведена кауција спротивно на членот 34 став (2) од овој закон во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба (член 34 став (2)). (2) Против решението од ставот (1) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот за животна средина и просторно планирање. Член 52 Примена на одредби од други закони во инспекцискиот надзор Државните инспектори за животна средина, овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје и комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје инспекцискиот надзор во областа на управување со пакување и отпад од пакување го спроведуваат во согласност со одредбите од овој закон, Законот за управување со отпад и Законот за животната средина. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 33 од 40 VI. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 53 Прекршочни санкции за производителите на пакување (1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот на пакувања за прекршок, доколку: 1) за реализација на мерките од членот 7 на овој закон не изготви програма за спречување и превенција на создавање на отпад од пакување (член 7 став (2)); 2) произведува и пушта на пазар пакувања кои не се во согласност со стандардите утврдени во членот 9 од овој закон; 3) пушти на пазар пакувања кои ги надминуваат дозволените граници за тешките метали од членот 11 став (1) на овој закон; 4) не поседува податоци дека се исполнети барањата од членот 11 став (1) на овој закон за пратката на пакувањето или материјалите за производство на пакување кои ги пушта на пазар (член 11 став (2)); 5) не доставува извештај до стручни орган во случај на надминување на концентрацијата на тешки метали во пакувањето (член 11 став (5)); 6) не обезбеди податоци за количината на тешките метали од членот 11 на овој закон за секој вид пакување во кое е спакувана и наполнета стоката (член 15 ставови (3) и (4)); 7) со продажното, групното и транспортното пакување не постапува согласно со членот 18 од овој закон и 8) нема озбезбедено одделен простор и опрема за селективно собирање на отпадот од пакување (член 18 став (4)). (2) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот на пакувања доколку тој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 54 Прекршочни санкции за производителите на пакување (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот на пакувања за прекршок, доколку: 1) не го означува пакувањето во согласност со членот 14 од овој закон и прописот донесен врз основа на овој член (член 14). (2) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот на пакувања доколку тој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 34 од 40 (3) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 55 Прекршочни санкции за производителите (1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице производител за прекршок, доколку: 1) за реализација на мерките од членот 7 на овој закон не изготви програма за спречување и превенција на создавање на отпад од пакување (член 7 став (2)); 2) пушта на пазар пакувања кои не се во согласност со стандардите утврдени во членот 9 од овој закон; 3) пушти на пазар пакувања кои ги надминуваат дозволените граници за тешките метали од членот 11 став (1) на овој закон; 4) не поседува податоци дека се исполнети барањата од членот 11 став (1) на овој закон за пратката на пакувањето или материјалите за производство на пакување кои ги пушта на пазар (член 11 став (2)); 5) не доставува извештај до стручен орган во случај на надминување на концентрацијата на тешки метали во пакувањето (член 11 став (5)); 6) не обезбедува информирање за продавачот и потрошувачот за битните својства на производот и неговото пакување во поглед на опасните и штетните материи и супстанции кои тие ги содржат и за начинот на постапувањето со искористените производи и со пакувањето кога тоа ќе стане отпад од пакување (член 15 став (1)); 7) не поседува податоци за количината на тешките метали од членот 11 на овој закон за секој вид на материјал од кој е произведено пакувањето или материјалите за производство на пакување кои ги пушта на пазар (член 15 став (2)); 8) не обезбеди податоци за количината на тешките метали од членот 11 на овој закон за секој вид пакување во кое е спакувана или наполнета стоката (член 15 став (3)); 9) со продажното, групното и транспортното пакување не постапува согласно со членот 18 од овој закон; 10) нема озбезбедено одделен простор и опрема за селективно собирање на отпадот од пакување (член 18 став (4)); 11) не води евиденција за видот и количината на пакување кое го пуштил на пазар во текот на една година во пишана и во електронска форма (член 28 став (1)); 12) во определениот рок не доставува годишен извештај до стручниот орган за видот и количината на пакување кое го пуштил на пазар во претходната година во пишана и електронска форма (член 28 став (2)); 13) во определениот рок не го достави првиот извештај согласно со членот 28 став (8) од овој закон; 14) не постапува согласно со членот 30 од овој закон кога се јавува како производител кој истовремено е и краен корисник и 15) не постапува согласно со членот 40 од овој закон доколку пушта на пазарот или увезува во Република Македонија пакувања и пакување на спакувани стоки од кои при користење се создава отпад од пакување. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 35 од 40 (2) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот доколку тој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определна должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 56 Прекршочни санкции за производителите (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице производител за прекршок, доколку: 1) не го означува пакувањето во согласност со членот 14 од овој закон и прописот донесен врз основа на овој член (член 14); 2) не изготви произвотствена спецификација за секој производ што има различно пакување (член 28 став (3)); 3) врз основа на производствената спецификација од членот 28 став (3) на овој закон не води месечна и годишна евиденција за вкупното пакување кое го пуштил на пазар или го увезол како краен корисник (член 28 став (4)); 4) води евиденција со невистинити податоци за количините на пакувања кои ги пуштил на пазар со цел да се смета како мал производител (член 19) и 5) не обезбедува постапување со отпад од пакување за затворачи или етикети доколку тежината на затворачи и етикети надминува 5% од тежината на пакувањето и ја надминуваат количината по материјал на пакување од членот 19 став (1) на овој закон (член 33 став (1)). (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот доколку тој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 57 Прекршочни санкции за трговците (1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице трговец за прекршок, доколку: 1) пуштаат во промет пакување кое не e означено во согласност со членoт 14 од овој закон и прописот донесен врз основа на овој член (член 14); 2) со продажното, групното и транспортното пакување на постапува согласно со членот 18 од овој закон и Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 36 од 40 3) нема озбезбедено одделен простор и опрема за селективно собирање на отпадот од пакување (член 18 став (4)). (2) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговецот доколку тој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 58 Прекршочни санкции за крајниот корисник и последниот доставувач (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице кој е крајниот корисник на пакувања за прекршок доколку: 1) отпадот од пакување кој е комерцијален отпад и/или не е комунален отпад го остава или предава како комунален отпад на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад (член 16 став (1)); 2) не постапува со отпадот од пакување согласно со одредбите од членот 16 ставови (2), (3) и (4) на овој закон и 3) не постапува согласно со членот 30 од овој закон. (2) Глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на крајниот корисник на пакување доколку тој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу десет дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 59 Прекршочни санкции за самостојниот постапувач со отпад од пакувања (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице самостоен постапувач со отпад од пакувања за прекршок, доколку: 1) не го известува стручниот орган во определениот рок за воведувањето на кауцијата (член 34 став (3)); 2) не презел мерки продавачот кој ја наплатил кауцијата да ја врати доколку се врати повратното пакување (член 34 став (6)); 3) не е регистриран и не поседува дозвола за самостојно постапување со отпад од пакување согласно со овој закон (член 24 став (1)); Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 37 од 40 4) не обезбедува постапување во согласност со членот 24 став (4) на овој закон; 5) не доставува годишен извештај до стручниот орган за отпадот кој сам го создава согласно со членот 27 ставови (3) и (4) од овој закон и 6) воведува кауција која го надминува износот од 30% од продажната цена на спакуваната стока (член 34 став (2)). (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач со отпад од пакување доколку тој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 60 Прекршочни санкции за правното лице за постапување со отпад од пакување (1) Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице за постапување со отпад од пакување за прекршок, доколку: 1) вршењето на работите од членот 20 став (2) на овој закон не ги довери на трети лица кои се регистрирани за вршење на тие работи и поседуваат соодветни дозволи согласно со овој или друг закон (член 20 став (4)); 2) не поседува дозвола за основање на систем за собирање и повратен прием на отпад од пакување (член 21 став (2)); 3) не го известува стручниот орган во определениот рок во случај на промена на податоците доставени со дозволата од членот 21 став (2) на овој закон (член 21 став (4)); 4) до стручниот орган не ги доставува податоците за производителите, пакувачите, трговците и крајните корисници со кои имаат договор се основачи или со договор се здружени во правното лице за постапување со отпад од пакување (член 21 став (5)); 5) собирањето, преработката, отстранувањето на отпадот од пакување го доверил на правно или физичко лице кое не поседува соодветни дозволи (член 22 став (5)); 6) при организирањето на системот не постапува согласно со членот 23 од овој закон; 7) со отпадот од пакување кој го собрал во текот на една календарска година не постапува согласно со членот 27 став (1) од овој закон; 8) не го известува стручниот орган во определениот рок за воведувањето на кауцијата (член 34 став (3)); 9) не достави во определениот рок или достави некомплетен годишен извештај за постапување со отпад од пакување за претходната година до стручниот орган (член 27 став (2)); 10) не води евиденција во согласност со членот 27 од овој закон; 11) не доставило извештај согласно член 28 став (6) од овој закон; 12) воведува кауција која го надминува износот од 30% од продажната цена на спакуваната стока (член 34 став (2)) и 13) не презел мерки продавачот кауцијата што ја наплатил да се врати доколку се врати повратното пакување (член 34 став (6)). Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 38 од 40 (2) Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. (5) На физичкото лице од ставот (2) и одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определна должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три до најмногу 15 дена. Член 61 Прекршочни санкции за правното лице за постапување со отпад од пакување (1) Глоба во износ од 20.000 до 30.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице за постапување со отпад од пакување за прекршок, доколку: 1) доставил извештај од членот 27 на овој закон кој содржи невистинити податоци со цел да се смета дека се исполнети националните цели од членот 35 на овој закон за да го избегне плаќањето на надометокот од членот 40 на овој закон и 2) води евиденција од членот 28 на овој закон со невистинити податоци за количините на пакувања кои ги пуштил на пазар со цел да го избегне плаќањето на надоместокот од членот 40 на овој закон. (2) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) На сторителот на прекршокот од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку 30 дена до најмногу една година. (4) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на определена должност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку 15 до најмногу 60 дена. Член 62 Постапка за порамнување и посредување (1) За прекршоците утврдени во членовите 53, 54, 55, 56, 57, 58, 59 и 60 од овој закон, органите за инспекциски надзор од членот 44 на овој закон се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (2) За прекршоците утврдени во членот 61 од овој закон, органите за инспекциски надзор од членот 44 на овој закон на сторителот на прекршокот ќе му предложат постапка за посредување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (3) Во случаите во кои е постигната согласност за порамнувањето, глобата на сторителот може да биде намалена најмногу за една половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот. (4) Постапките за порамнување и посредување се водат согласно со одредбите од Законот за животната средина. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 39 од 40 Член 63 Водење на прекршочната постапка (1) За прекршоците утврдени во членовите 53, 54, 55, 56, 57, 58, 59 и 60 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Комисијата за одлучување по прекршоци во областа на животната средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: Прекршочната комисија). (2) Постапката пред Прекршочната комисија се води согласно со одредбите на Законот за животната средина. (3) За прекршоците утврдени во членот 61 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежниот суд. VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 64 Рокови за спроведување (1) Првото известување на производителот од членот 17 на овој закон за видот и количините на пакување кое го пуштил на пазар и што го увезол во текот на една година согласно со членот 28 став (2) од овој закон е должен да го достави најдоцна до 31 март 2011 година. (2) Производителот евиденцијата од членот 28 ставови (3) и (4) на овој закон ќе започне да ја води од 1 јануари 2011 година. (3) Првиот годишен извештај од членот 28 став (2) на овој член правното лице за постапување со отпад од пакување и самостојниот постапувач со отпад се должни да го достават најдоцна до 31 март 2012 година. (4) Содржината на тешки метали може да го надминува нивото од 100 милиграма по килограм маса тежински утврдени во членот 11 од овој закон до 31 декември 2011 година. (5) Првиот извештај за количините и видот на пакувањето што се пушта на пазарот во Република Македонија и за управувањето со отпад од пакување согласно со членот 39 од овој закон ќе се објави најдоцна до 31 декември 2011 година. (6) Обврските за идентификација и означување на пакувањето од членот 14 на овој закон ќе се применуваат од 1 јануари 2012 година. (7) Одредбите на членот 18 став (4) на овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2012 година. (8) Програмата за управување со отпад од членот 36 на овој закон ќе се донесе најдоцна до 30 јуни 2011 година. (9) Производителот согласно со обврските од членот 17 на овој закон е должен да се здружи преку основање на и/или склучување на договор со правно лице за постапување со отпад од пакување или да се регистрира во евиденцијата како самостоен постапувач со отпад од пакување најдоцна до 30 јуни 2011 година. (10) Програмата од членот 7 став (2) на овој закон производителот на пакување и производителот се должни да ја изготват најдоцна до 31 декември 2012 година. Член 65 Комисија за управување со отпад од пакување Комисијата за управување со отпад од пакување од членот 38 на овој закон Владата на Република Македонија ќе ја формира најдоцна до 31 декември 2010 година. Службен весник на РМ, бр. 161 од 30.12.2009 година 40 од 40 Член 66 Донесување на поблиски прописи Поблиски прописи за извршување на овој закон ќе се донесат најдоцна до 30 јуни 2010 година. Член 67 Примена на надоместоците и постигнување на националните цели (1) Надоместкот од членот 40 на овој закон ќе започне да се применува од 1 јануари 2011 година. (2) За 2011 година ќе се смета дека се постигнати националните цели од членот 35 на овој закон, доколку се собере и преработи пакување и отпад од пакување во количина од 20% од тежината што е определена во членот 35 став (1) алинеи а) и б) од овој закон. (3) За 2012 година ќе се смета дека се постигнати националните цели од членот 35 на овој закон, доколку се собере и преработи пакување и отпад од пакување во количина од 30% од тежината што е определена во членот 35 став (1) алинеи а) и б) од овој закон. Член 68 Престанување на важење Со денот на затпочнувањето на примената на членот 40 од овој закон, ќе престане да важи членот 185 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008 и 83/2009). Член 69 Влегување во сила Овој закон влегува во сила во рок од осум дена од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 јануари 2010 година.