Law on management of electrical and electronic equipment and waste electrical and electronic equipment
颁布于 2012 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- processing/handling, hazardous substances, hazardous waste, offences/penalties, recycling/reuse, waste disposal, waste management, waste non-domestic sources
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 1/63 ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во Република Македонија електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, како и другите субјекти кои учествуваат во постапките на производство и пуштање на електричната и електронската опрема на пазарот, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и отстранување на отпадната електрична и електронска опрема, како и други прашања за управување со отпадната електрична и електронска опрема. Член 2 Супсидијарна примена на други закони (1) По прашањата кои се однесуваат на начинот на постапување со опасен отпад кои не се регулирани со овој закон, соодветно се применуваат одредбите на прописите од областа на управување со отпадот. (2) За регулирање на прашањата во врска со пристап до информации кои се однесуваат на животната средина, учеството на јавноста во донесувањето на одлуките, оцената на влијанието од определени стратегии, планови и програми врз животната средина, оцената на влијанијата од определени проекти врз животната средина, се применуваат одредбите од Законот за животната средина, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (3) На постапките утврдени со овој закон се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено. 24/201233/2012 38/2012 77/2012 110/2012 133/2012 133/2012 2/2013 9/2013 127/2013 13/2014 32/2014 Поврзани прописи 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 2/63 Член 3 Цели на Законот (1) Основни цели на овој закон се: намалување до најмало можно ниво на негативното влијание на отпадната електрична и електронска опрема врз животната средина и врз човековото здравје и унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници во текот на животниот циклус на производите, а особено при третманот, преработката и отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема. (2) Покрај целите од ставот (1) на овој член, во согласност со начелото на одржлив развој, со овој закон треба да се постигнат и следниве цели: спречување на создавање и фрлање на отпадната електрична и електронска опрема, постигнување на високо ниво на повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка на отпадната електрична и електронска опрема, како и намалување на отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема на депонии, обезбедување услови за воспоставување и развој на пазар на повторна употреба, рециклирање и други начини на преработка на отпадната електрична и електронска опрема и обезбедување еднаква положба на пазарот на домашните и странските правни и физички лица и избегнување и отстранување на трговските бариери кои можат да го нарушат пазарот со електрична и електронска опрема. Член 4 Примена на Законот (1) Одредбите на овој закон се применуваат на следниве категории на електрична и електронска опрема (во натамошниот текст: категории на опрема): 1) големи домашни апарати; 2) мали домашни апарати; 3) опрема за информатичка технологија и телекомуникација; 4) опрема за широка потрошувачка и забавна електроника; 5) опрема за осветлување; 6) електрични и електронски апарати (освен големи неподвижни индустриски орудија); 7) електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт; 8) медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција); 9) инструменти за следење и контрола и 10) автомати. (2) Одредбите на овој закон се применуваат и на одделни видови на производи распоредени во Листата на видови на производи од членот 41 став (4) од овој закон кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема од ставот (1) на овој член (во натамошниот текст: видови на опрема). (3) Одредбите на овој закон не ја исклучуваат примената на прописите кои се однесуваат на безбедноста, здравствената и хигиено 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 3/63 санитарната заштита и прописите за управување со отпадот. (4) Сите мерки, стандарди и цели кои се утврдени со овој закон се применуваат како минимални барања што треба да се исполнат при управувањето со електрична и електронска опрема. (5) Доколку со друг закон се утврдени мерки и стандарди на животната средина, при управувањето со електрична и електронска опрема се применуваат построгите мерки и стандарди со цел за заштита на животната средина и постигнување на целите на животната средина. Член 5 Исклучок на примена на Законот Одредбите на овој закон не се применуваат на: 1) електрична и електронска опрема што е составен дел на друг вид опрема којашто не спаѓа во категориите на електрична и електронска опрема од членот 4 став (1) од овој закон; 2) отпадните печатарски тонери распоредени во Листатат на видови на отпад согласно со Законот за управување со отпадот, доколку настануваат како потрошен материјал при користење на печатари и 3) електрична и електронска опрема која се користи како опрема која е наменета за користење во одбраната на земјата, оружје, муниција и воен материјал, со исклучок на производи кои не се наменети за конкретни воени цели. Член 6 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. “Електрична и електронска опрема” е опрема чијашто правилна работа зависи од електричната струја или електромагнетските полиња, како и опрема што е наменета за производство, пренос и мерење на тие струи или полиња класифицирани во една од категориите од членот 4 став (1) од овој закон и наменета е за употреба под напон кој не е поголем од 1.000 волти за наизменична струја и 1.500 волти за еднонасочна струја (во натамошниот текст: опрема); 2. “Отпадна електрична и електронска опрема” e отпад од електрична и електронска опрема во согласност со одредбите на Законот за управување со отпадот вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни делови и материјали кои се дел од производот во моментот на исфрлање (во натамошниот текст: отпадна опрема); 3. “Отпадна опрема од домаќинства” е отпадна опрема која се создава во домаќинствата, како и отпадна опрема која настанува во индустријата, занаетчиските, услужните и други дејности, а која поради видот и количината е слична на отпадната опрема од домаќинствата; 4. “Отпадна опрема која не е опрема од домаќинства“ е отпадна опрема која се создава од опрема која спаѓа во Листата на видови на производи од членот 41 став (4) од овој закон, а која не се употребува во домаќинствата; 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 4/63 5. “Спречување” се мерки насочени за намалување на количините на отпадна опрема и штетните влијанија врз животната средина кои настануваат од отпадната опрема, како и на материјалите и супстанциите содржани во таа опрема; 6. “Повторна употреба” е секоја постапка во која отпадната опрема или нејзините составни делови се користат за истата цел за која биле направени, вклучувајќи ја и натамошната употреба на опремата или на нејзините составни делови што се враќаат кај трговците, во собирните места, собирните центри, во инсталациите за рециклирање на отпадна опрема или кај производителите; 7. “Рециклирање” е секоја постапка на повторна употреба на отпадните материјали во производен процес за првобитната намена или за други намени, освен за енергетската преработка, при што под енергетска преработка се смета употребата на согорлив отпад како средство за производство на енергија со непосредно согорување со друг отпад или без друг отпад, но со добивање на топлина; 8. “Преработка” е секоја постапка на преработување на отпад во согласност со членот 29 од Законот за управување со отпадот којa е применлива или може да се примени за преработка на отпадната опрема; 9. “Отстранување” е секоја постапка за отстранување на отпадот во согласност со членот 35 од Законот за управување со отпадот која е применлива или може да се примени за отстранување на отпадната опрема; 10. “Третман” е секоја постапка која се презема по предавањето на отпадната опрема во инсталација за третман заради спречување на загадување, расклопување, ситнење, преработка или подготовка за отстранување, како и секоја друга постапка што се применува за преработка и/или за отстранување на отпадната опрема; 11. “Пуштање на опрема на пазарот” е: давање на произведената опрема прв пат на користење на крајниот корисник или на трговецот заради натамошна продажба, увоз на опрема во Република Македонија заради вршење на трговска дејност за увоз на опрема со намена давање на увезената опрема на трговецот заради натамошна продажба или давање на увезената опрема на користење на крајниот корисник или увоз на опрема за вршење на дејности што не претставуваат трговска дејност за увоз на опрема; 12) “Собирно место“ е место во објект или простор во објектот или друг покриен простор што ги користи производителот или во нeгово име трето лице уредено за одделно собирање на отпадната опрема, привремено складирање и/или сортирање, како и други активности поврзани пред нејзиното предавање за третман, односно преработка; 13. “Собирен центар“ е простор уреден за собирање и привремено складирање на видови, односно одделно собрани фракции на комунален отпад; 14. “Производител” е правно или физичко лице кое без оглед на употребениот начинот на продажба, вклучувајќи ја и продажбата по пат на далечинска комуникација во согласност со прописите со кои се уредува заштита на потрошувачите: произведува и продава опрема под своја трговска марка, препродава, под своја трговска марка, опрема произведена од страна 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 5/63 на друг производител, со тоа што препродавачот не се смета за производител ако марката на изворниот производителот е наведена на опремата, како што е предвидено во алинејата 1 на оваа точка или поради вршење на својата дејност увезува опрема заради пуштање на пазар во Република Македонија или извезува опрема надвор од неа. За производител нема да се смета лице кое обезбедува само финансиска поддршка според или во согласност со каква било финансиска спогодба и кое не дејствува и како производител во смисла на алинеите 1, 2 и 3 нa оваа точка. Ако опремата не е произведена во Република Македонија, а се пушта на пазар во смисла на алинеите 1, 2 и 3 на оваа точка, тогаш за производител ќе се смета неговиот застапник во Република Македонија. Како производител ќе се смета и правно или физичко лице кое како краен корисник заради свои потреби увезол опрема без посредник; 15. “Трговец” е правно или физичко лице кое обезбедува снабдување на опрема за краен корисник, како комерцијална дејност. За трговец ќе се смета и производителот, доколку произведената или увезената опрема ја обезбедува непосредно на крајниот корисник; 16. “Поседувач“ е правно или физичко лице кое користело, користи или има намера да користи опрема, односно лице кое со вршењето на својата дејност постојано или привремено создава отпадна опрема, а како поседувач, во смисла на овој закон, не се сметаат граѓаните или домаќинствата; 17. “Краен корисник” е потрошувач кој поради крајна употреба или користење на друг производ, користи опрема и на тој начин, по нивното истрошување, создава отпадна опрема. Како краен корисник ќе се смета поседувачот или трговецот кој заради свои потреби увезол опрема без посредник; 18. “Мал производител” е правно или физичко лице кое пушта на пазар во Република Македонија опрема во количини не поголеми од оние утврдени во членот 24 од овој закон; 19. “Колективен постапувач” е правно лице основано од производителите со цел за исполнување на обврските од членот 21 од овој закон, кое има добиено дозвола за постапување со отпадна опрема согласно со членот 28 од овој закон и кое реализираната добивка ја користи за исполнување на обврските од членовите 21 од овој закон; 20. “Самостоен постапувач” е правно или физичко лице кое има добиено дозвола за самостојно постапување со отпадна опрема согласно со членот 29 од овој закон; 21. “Финансиски договор” е секој договор или аранжман за кредит, закуп (лизинг), изнајмување или за продажба на одложено плаќање што се однесува на која било опрема, без оглед на тоа дали условите од тој договор или аранжман или кој било договор или аранжман со залог предвидуваат или не предвидуваат дека ќе дојде или дека може да дојде до пренос на сопственоста на таа опрема; 22. “Овластен собирач на отпад“ (во натамошниот текст: овластен собирач) е комунално претпријатие или друго правно или физичко лице које е овластено за собирање и транспорт на комунален отпад на подрачјето на општината, општините во градот Скопје или градот Скопје; 23. “Опасна супстанција или смеса“ (во натамошниот текст: 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 6/63 супстанција) е секоја супстанција или секоја смеса што се смета за опасна во согласност со прописите за хемикалии; 24. “Заостаната отпадна опрема“ е оптоварување на животната средина поради настанување на отпадна опрема од опрема која е пуштена на пазар пред 1 јануари 2013 година (во натамошниот текст: заостанат отпад); 25. “Орган за вршење на стручни работи од областа на животната средина” е Управата за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: стручен орган); 26. “Друго независно правно лице“ е правно лице регистрирано за вршење на стручни, технички и консултански услуги од областа на економијата и животната средина; 27. “Економски оператор“ е правно или физичко лице кое при вршење на својата дејност при управување со опрема може да биде производител, трговец и поседувач и 28. “Доброволен договор“ е формален договор кој има извршни клаузули склучен меѓу, органите на државната и локалната власт од една страна и организациите кои застапуваат одредени интереси на економските сектори или група на економски оператори засегнати со овој закон од друга страна, со цел да се постигнат целите на овој закон, како и да се постигнат условите утврдени во договорот. Член 7 Начела (1) Во согласност со целите за долгорочна заштита и одржливо користење на природните ресурси и заштита и унапредување на медиумите и областите на животната средина, управувањето со опрема се заснова на: 1) начелото на одговорност на производителот според кое производителот е одговорен за преземање на мерки за управување со опремата со цел да се елиминира и/или намали до крајна можна мера негативното влијание врз медиумите и областите на животната средина кое настанува како резултат на отпадна опрема создадена од неговата дејност, вклучувајќи и создавање на услови за остварување на висок степен на одделно собирање, повторна употреба, рециклирање и друг начин на преработка на отпадната опрема и 2) начелото на процена на животниот циклус на производот според кое производителот на опрема е должен да изврши процена на животниот циклус на опремата на начин со кој ќе се овозможи зголемување на еколошките остварувања на опремата, исклучување или намалување на присуството на опасни суспстанции во опремата согласно со научно техничките достигнувања, дизајнирање на начин што ќе придонесе кон намалување на отпадот што настанува од отпадната опрема со цел за спречување на негативните влијанија врз медиумите и областите на животната средина. (2) Во управувањето со опремата, покрај начелата од ставот (1) на овој член, соодветно се применуваат и начелата утврдени во Законот за животната средина и Законот за управување со отпадот. II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 7/63 СРЕДИНА Член 8 Дизајнирање на опремата (1) Опремата треба да биде проектирана и произведена на начин со кој се обезбедува: 1) намалување на употребата на опaсни супстанции на најмала можна мерa и 2) олеснето расклопување и демонтирање, повторна употреба и рециклирање и друг начин на преработка на отпадната опрема, нејзините составни делови и вградени материјали. (2) Производителите не смеат со посебен дизајн на опремата, нејзините составни делови и вградени материјали или со производните постапки да ја спречуваат повторната употреба на опремата, освен доколку тој дизајн или тие производни постапки вклучуваат значајна предност за заштитата на животната средина и/или безбедност при користење на опремата. Член 9 Забрана за користење на опасни супстанции во опремата (1) Се забранува пуштање на пазар во Република Македонија на опрема од категориите од членот 4 став (1) точки 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 10 од овој закон, вклучувајќи ги електричните светилки и други извори наменети за осветлување во домаќинствата која содржи олово, жива, кадмиум, шествалентен хром Сr+, полибромирани бифенили (PHB) или полибромирани дифенилетри (PCH). (2) Одредбите од ставот (1) на овој член не се однесуваат на резервни делови наменети за поправки или повторна употреба на опремата пуштена на пазар во Република Македонија, пред отпочнување на примената на овој закон, како и на флуоросцентни и други извори за осветлување и материјали кои спаѓаат во листата на опрема од ставот (3) на овој член. (3) Листата на опрема на која не се однесуваат мерките за забрана и ограничувања од ставот (1) на овој член, како и максималните вредности за концентрациите на опасни супстанции, роковите до кои е дозволено присуството на одредени опасни супстанции во опремата, нејзините составни делови и материјали ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. III. ОПШТИ ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ Член 10 Означување на опремата (1) Со цел да се минимизира депонирањето на отпадната опрема како несортиран комунален отпад и да се овозможи нејзино одделно собирање, производителот е должен на опремата која ја пушта на 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 8/63 пазар, на видно место да обезбеди јасно видлива, читлива и прикажана на неизбришлив начин ознака за обврската за одделно собирање на отпадната опрема. (2) Формата и содржината на ознаката од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Доколку ознаката од ставот (1) на овој член не може да биде втисната на самата опрема, заради големината или нејзината специфична употреба, тогаш таа се става на пакувањето, во упатството за употреба или во гарантниот лист на таа опрема. (4) Називот на производителот мора да биде јасно видлив на натписот прицврстен на опремата. (5) Натписот од ставот (4) на овој член мора да биде прикажан на начин на кој се гледа називот на производителот и податок кога опремата е пуштена на пазар. Член 11 Информации за крајните корисници (1) Производителот е должен, на своја сметка, да ги информира крајните корисници на опремата од домаќинствата за: забраната за оставање на отпадната опрема како несортиран комунален отпад и за обврската за одделно собирање на отпадната опрема, воспоставените системи за преземање и собирање на отпадната опрема кои им се на располагање, начинот на нивното придонесување за повторна употреба, рециклирање и друг начин на преработка, можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина како резултат на присуството на опасни супстанции во опремата и значењето на ознаката од членот 10 од овој закон. (2) Информациите од ставот (1) на овој член се приложуваат во/или кон упатството за употреба на опремата кога се испорачува на крајниот корисник. (3) Производителот е должен на соодветен начин да ги информира и запознае трговците за начинот на преземање на отпадната опрема од крајните корисници и сите дистрибутери во ланецот на испорака на опремата, а пред се трговецот кој последен ја испорачува опремата на крајниот корисник. (4) За соодветен начин на информирање од ставот (3) на овој член може да се смета и начинот на информирањето од ставот (2) на овој член. (5) Производителот и трговецот се должни да обезбедат на продажните места на видно место да биде истакнато известување за крајниот корисник, за начинот и за местата за преземање на отпадната опрема. Член 12 Информации за операторите на инсталции за третман 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 9/63 (1) За да се овозможи повторната употреба на отпадната опрема и третман безбеден за животната средина, вклучувајќи ги и одржувањето, поправките и рециклирањето, производителот е должен за операторите на инсталации за повторна употреба, инсталациите за третман и рециклирање на отпадната опрема да обезбеди информации за: можностите за повторна употреба и третман, за секоја категорија на нова опрема, различните составни делови и материјали на отпадната опрема и местата каде што во отпадната опрема се наоѓаат опасните супстанции. (2) Информациите од ставот (1) на овој член, производителот е должен да ги обезбеди за секоја категорија на нова опрема најдоцна во рок од 12 месеци од денот на пуштањето на опремата на пазарот. (3) Податоците од ставот (1) на овој член производителот ги доставува во форма на печатен прирачник или преку интернет услуги или во електронска форма. Член 13 Регистрација на производителите (1) Производителите кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија опрема, се должни да се регистрираат за тоа во органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина. (2) Регистрацијата се врши со доставување на барање за регистрација, од страна на производителот, до стручниот орган кое ги содржи следниве податоци: 1) називот на производителот и трговската марка (доколку ја има) која производителот ја користи при вршење на својата дејност; 2) адреса на производителот, поштенски број и седиште, улица и број, веб адреса, телефонски број и електронска адреса, како и лице за контакт; 3) назив и кaтегоријата на опремата што ја пушта на пазарот; 4) информации за начинот на кој производителот ги исполнува или ќе ги исполни обврските што произлегуваат од овој закон (самостојно или колективно постапување); 5) единствен број на деловниот субјект и даночен број; 6) регистрација на производителот и 7) изјава во која наведува дека приложените информации за регистрација се вистинити. (3) Стручниот орган е должен да води регистар на производители кои пуштаат на пазар опрема, како и производи кои се пуштаат на пазар во Република Македонија (во натамошниот текст: регистарот на производители). (4) Врз основа на барањето од ставот (2) на овој член стручниот орган е должен во рок од 30 дена да му достави на производителот потврда за упис во регистарот од ставот (3) на овој член. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува формата и содржината на барањето за регистрација од ставот (2) на овој член, формата и содржината на регистарот од ставот (3) на овој член, начинот на неговото водење и одржување, како и формата и 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 10/63 содржината на потврдата од ставот (4) на овој член. (6) Во случај на промена на податоците доставени при регистрацијата од ставот (2) на овој член, производителот е должен во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промената, да ја пријави промената на регистрацијата со доставување на барање за промена на податоците во согласност со ставот (2) на овој член. Во пријавата се доставуваат информации само за оние податоци кои се променети. (7) Во случај кога производителот ќе престане со својата дејност, односно да пушта опрема на пазар во Република Македонија е должен во рок од 30 дена од денот на престанокот да достави барање за бришење од регистарот од ставот (3) на овој член до стручниот орган. (8) Бришење од регистарот од ставот (3) на овој член се врши и на предлог на државниот инспектор за животна средина, доколку се утврди дека не ги исполнува барањата од овој закон. (9) Стручниот орган е должен во рок од осум дена од денот на доставувањето на барањето од ставот (7) на овој член да му достави потврда на производителот за бришење од регистарот од ставот (3) на овој член. (10) Стручниот орган е должен на својата веб страница да го објавува и редовно да го ажурира регистарот од ставот (3) на овој член. IV. ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДНА ОПРЕМА Член 14 Забрани за оставање Забрането е отпадна опрема да се предава или остава како несортиран комунален отпад. Член 15 Обврски за крајните корисници (1) Крајниот корисник е должен отпадната опрема од домаќинствата да ја собира, чува и да ја предаде на трговецот или на овластениот собирач, како издвоено собрана фракција на комунален отпад во собирен центар или во место за преземање чија работа ја обезбедува производителот. (2) Крајниот корисник е должен отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата да ја предаде на производителот или на правно или физичко лице кое има дозвола за постапување со отпад, согласно со прописите за управување со отпадот. (3) Крајниот корисник е должен отпадната опрема пред да ја предаде, да ја собере или чува одвоено, така за да не се меша со друг вид отпад, да не се ситни или на друг начин уништува, или загадува со опасни или други супстанции, така што нејзината повторна употреба или рециклирање е оневозможно. (4) Доколку отпадната опрема содржи супстанции и материјали кои треба пред расклопувањето на отпадната опрема да се издвојат, крајниот корисник е должен да обезбеди отпадната опрема да биде во 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 11/63 таква состојба издвојувањето на тие супстанции и материјали да може да се спроведе во согласност со посебните прописи со кои се уредува постапувањето со тие супстанции и материјали. (5) Доколку отпадната опрема од домаќинствата е толку оштетена што, поради опасните супстанции содржани во неа, ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето или е без значајни составни делови, или е загадена со друг вид отпад, крајниот корисник е должен да ја предаде во собирен центар, како издвоена фракција на комунален отпад. Член 16 Обврски за преземање на отпадна опрема од домаќинствата (1) Трговецот е должен, при продажба на опремата за домаќинства, од крајниот корисник бесплатно да презема отпадна опрема, доколку тој сака да ја предаде. (2) Трговецот го врши преземањето на отпадната опрема од домаќинства доколку се работи за опрема која по својата функција и класификација спаѓа во категориите од членот 4 став (1) од овој закон и е еднаква на продадената опрема, а бројот на парчињата на отпадна опрема е еднаков на бројот на парчиња на продадената опрема (систем еден на еден). (3) Трговецот може да го одбие преземањето на отпадната опрема од домаќинствата доколку не се исполнети условите од ставовите (1) и (2) на овој член, или опремата не претставува цел уред, или се работи за отпадната опрема од членот 15 став (5) од овој закон. Член 17 Преземање на отпадна опрема кај трговците (1) Доколку трговецот не ја презема отпадната опрема непосредно од крајниот корисник во време на испораката на опремата, е должен да обезбеди крајните корисници при купување на опремата да имаат можност за бесплатно предавање на отпадната опрема на продажното место на опремата или на друго место за преземање. (2) Трговецот може во договор со производителот да обезбеди преземање на отпадната опрема во места за преземање чија работа ја обезбедува производителот кој му ја добавува опремата. (3) Како место за преземање на отпадната опрема од ставот (1) на овој член се сметаат садовите или повеќе садови за отпадна опрема, кои се поставени во покриен простор кој е така уреден и има таква големина отпадната опрема да не се натрупува и уредувањето на просторот да овозможува непречено преземање на отпадната опрема. (4) Производителот отпадната опрема бесплатно ја презема од трговецот, а трговецот од производителот не смее да бара надоместок за преземање на отпадната опрема. (5) За местата за преземање од ставот (1) на овој член, како и за собраната отпадна опрема во рамките на својот деловен простор, трговецот не треба да поседува соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпадот. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 12/63 Член 18 Обврски за преземање на отпадна опрема која не е опрема од домаќинства (1) Производителот е должен на барање на крајниот корисник бесплатно да ја преземе отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата и за неа да обезбеди натамошно постапување, доколку опремата ја има испорачано на крајниот корисник. (2) Заостанатата отпадна опрема што се заменува со нова еднаква опрема, или со нова опрема којашто врши иста функција, може да се презема и на начин кој ќе го договорат производителот и крајниот корисник во моментот на набавка на таа опрема, односно при нејзино преземање ќе договорат друг начин на постапување со отпадната опрема, доколку не е спротивен со одредбите од овој закон. (3) За другата заостаната отпадна опрема за која не е обезбедено постапување согласно со ставовите (1) и (2) на овој член, крајниот корисник е должен да обезбеди одделно собирање и привремено складирање, како и да ја предаде на правно или физичко лице кое има соодветна дозвола за постапување со отпад согласно со прописите за управување со отпадот. Член 19 Преземање отпадна опрема од овластен собирач (1) Производителот самостојно или преку колективниот постапувач е должен да обезбеди редовно преземање на отпадната опрема од домаќинствата од овластениот собирач, што тој ја собрал како посебно собрана фракција на комунален отпад. (2) Овластениот собирач е должен да ја предаде собраната отпадна опрема од домаќинствата на самостојниот или колективниот постапувач без барање за плаќање на нејзината вредност или вредноста на поединечните составни делови или материјали и супстанции во отпадната опрема. (3) За остварување на обврските од ставот (1) на овој член колективниот постапувач и/или самостојниот постапувач и овластениот собирач склучуваат договор. (4) Со договорот од ставот (3) на овој член особено се регулираат меѓусебните права и обврски на договорните страни, начинот за редовно и непречено преземање на отпадната опрема, начинот на финансирање и покривање на трошоците од работењето, како и други прашања од заеднички интерес. Член 20 Преземање, собирање, транспортирање и складирање на отпадна опрема (1) Преземањето на отпадната опрема се врши на места определени за преземање на отпадната опрема, опремени и уредени на начин кој ќе овозможи крајните корисници да ја предаваат или оставаат отпадната опрема, согласно со овој закон. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 13/63 (2) Транспортот на одделно собраната отпадната опрема се врши со превозни средства на начин кој ќе овозможи поголем обем на повторна употреба на цели уреди и повторна употреба на деловите од опремата, вклучувајќи ја и преработката и рециклирањето. При транспорт на отпадната опрема се пополнува и предава транспортен формулар согласно со прописите за управување со отпадот. (3) Собирањето на отпадната опрема се врши по категории, односно видови на опрема на места за собирање и привремено складирање, опремени и уредени на начин кој ќе овозможи поголем обем на повторна употреба на цели уреди и повторна употреба на деловите од опремата, вклучувајќи ја и преработката и рециклирањето. (4) Отпадната опрема кога се предава на собирачот треба да биде во состојба од која се гледа дека од неа претходно не се одвоени делови од опремата која се состои од повеќе целини. (5) За отпадна опрема од ставот (3) на овој член се сметаат и претходно одвоени делови на опремата којашто се состои од повеќе целини. (6) Во собирните места и собирните центри, отпадната опрема се чува одвоено така што не се меша со друг отпад и се распоредува по категориите од членот 4 став (1) од овој закон за да може да се олесни нејзината повторна употреба, преработка, рециклирање или отстранување. (7) Отпадната опрема пред третманот се складира на начин кој спречува да се згмечи, издроби, или на друг начин уништи или загади со опасни или други материи, така што повторната употреба, рециклирање или друг начин на преработка е оневозможено, односно изводливо со несразмерно високи трошоци. (8) При примање и предавање на отпадната опрема за повторна употреба како цел уред, како и при примање и предавање за повторна употреба на делови и материјали од отпадната опрема одделени при третман на отпадната опрема се пополнува изјава за примање и предавање на отпадна опрема. (9) Изјавата од ставот (8) на овој член ја пополнуваат правни и физички лица кои имаат дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпадната опрема. (10) Изјавата од ставот (8) на овој член правните и физичките лица од ставот (9) на овој член се должни да ја чуваат пет години сметано од денот на нејзиното издавање. (11) Начинот на постапување со изјавата од ставот (8) на овој член, како и формата и содржината на изјава за примање и предавање на отпадна опрема ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 21 Обврски за производителот (1) Производителот на опрема е должен, на свој трошок, самостојно или преку колективниот постапувач, да обезбеди преземање, одделно собирање, привремено складирање, транспорт, третман, преработка, 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 14/63 повторна употреба и/или рециклирање и отстранување на остатоците од преработката на отпадната опрема. (2) Обврските од ставот (1) на овој член производителот е должен да ги оствари со: бесплатно собирање на отпадната опрема од домаќинствата којашто трговците ја преземаат од крајните корисници, бесплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата која во рамките на одвоено собрани фракции на комунален отпад ја собира овластениот собирач, предавање на собрана отпадна опрема во собирните места, во инсталациите за третман, преработка и отстранување на остатоците од преработка, исполнување на цели за собирање од членот 26 од овој закон, како и целите за преработка од членот 35 од овој закон и информирање на крајните корисници од членот 11 од овој закон. (3) Производителот, кој истовремено е и краен корисник, е должен на свој трошок да ги исполни обврските од ставот (1) на овој член, за опрема која ја произвел или увезол во Република Македонија. (4) Обврските од ставот (1) на овој член не се применуваат за опрема која се извезува. (5) Обврските од ставот (1) на овој член не се однесуваат на малите производители од членот 24 од овој закон. Член 22 Трошоци за постапување со отпадна опрема (1) Количините на отпадна опрема за кои секој одделен производител е должен да обезбеди финансирање на одделно собирање, третман, преработка, повторна употреба и/или рециклирање и отстранување на остатоците од преработка на отпадната опрема мора да е еднаква на делот кој одговара на годишната количина на опрема којашто ја пуштил на пазар во Република Македонија. (2) Трошоците што ги сноси производителот за постапување со отпадната опрема од домаќинствата не се прикажуваат одделно при продажбата на нова опрема. Член 23 Обврски на производителот, поседувачот и/или трговецот како крајни корисници (1) Производителот, поседувачот и/или трговецот кој за вршење на својата дејност или активност, сам увезува опрема и за тоа нема претходен посредувач или доставувач во Република Македонија и со тоа истовремено е и краен корисник, е должен за отпадната опрема што тој ја создава да обезбеди постапување на следниов начин: да склучи договор со колективниот постапувач од членот 28 од овој закон кој во негово име и за негова сметка ќе обезбеди натамошно постапување со отпадна опрема или самостојно да постапува со отпадната опрема во согласност со членот 29 од овој закон. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член трговецот кој врши 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 15/63 продажба на опрема е должен за опремата која ја продава да обезбеди: означување согласно со членот 10 од овој закон, писмена изјава од правното лице од кое набавува опрема дека има склучено договор со колективен постапувач од членот 28 од овој закон или дека тоа правно лице е самостоен постапувач согласно со членот 29 од овој закон или писмена изјава дека опремата произлегува од правно лице кое е мал производител согласно со членот 24 од овој закон. Член 24 Ослободување мал производител (1) Производител кој годишно пуштил на пазар или увезол во Република Македонија помалку или еднакво на 1.000 кг електрична опрема или помалку или еднакво на 50 кг електронска опрема се смета за мал производител. (2) Производителот од ставот (1) на овој член е должен да се регистрира во согласност со членот 13 од овој закон, како и да води евиденција во согласност со членот 38 став (7) од овој закон. (3) Во постапката за регистрација од членот 13 од овој закон, малиот производител е должен да побара добивање на решение со кое ќе биде утврден како мал производител, притоа наведувајќи ја количината на опрема која за прв пат има намера да ја пушти на пазарот во Република Македонија. (4) Решението од ставот (3) на овој член го издава стручниот орган. (5) Стручниот орган е должен во регистарот од членот 13 став (3) од овој закон одвоено да ги прикажува производителите за кои издал решение за мал производител. (6) Производителот од ставот (1) на овој член не е должен да обезбеди постапување со отпадна опрема доколку количината на опремата што ја пуштил на пазар или ја увезол како краен корисник, не ги надминува количините на годишно ниво утврдени во ставот (1) на овој член. Член 25 Обврски на градоначалник (1) Градоначалникот на општината, градоначаникот на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје, се должни да организираат одделно собирање на отпадната опрема, да овластат собирач на отпадна опрема од домаќинствата, како и да определат и да организираат места, односно локации за одделно собирање на отпадна опрема од домаќинствата, во собирни центри на целото подрачјето на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, каде што крајните корисници ќе можат отпадната опрема од домаќинствата бесплатно да ја предаваат. (2) При определување на местата и локациите на собирните центри треба да се земе предвид бројот на жителите во населеното место, при што треба да се обезбеди најмалку еден собирен центар на ниво на општина, односно најмалку по еден собирен центар за 30.000 жители. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 16/63 (3) Собирните центри од ставот (2) на овој член ги вклучуваат и постојните места и локации за собирање на одвоено собрани фракции на комунален отпад, доколку се исполнат условите утврдени со овој или друг закон. Член 26 Цели за собирање (1) На територијата на Република Македонија до 31 декември 2020 година треба да се собере наjмалку 4 килограми годишно по жител отпадна опрема од домаќинствата. (2) Извезените количини на опрема од територијата на Република Македонија нема да се пресметуваат во количините од ставот (1) на овој член. (3) Количините на отпадна опрема од домаќинствата во килограми, кој секој одделен производител е должен да ги собере во тековната година заради постигнување на целите од ставот (1) на овој член е еднаква на делот кој одговара на годишната количина на опрема од домаќинствата којашто ја пуштил на пазар во Република Македонија во претходната година во однос на количината за која се одговорни сите производители кои пуштиле на пазарот во Република Македонија опрема од домаќинствата во претходната година. (4) За постигнување на целите од ставот (1) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги утврдува годишните цели за собирање за наредната година во согласност со програмата од членот 43 од овој закон, најдоцна до 15 декември во претходната година. (5) Стручниот орган ја следи реализацијата на количините на собирање на годишна основа врз основа на податоците добиени во согласност со членовите 38 и 39 од овој закон. Член 27 Колективно постапување со отпадна опрема (1) Исполнувањето на обврските од членот 21 од овој закон производителите можат да ги остваруваат самостојно или со склучување на посебен договор за преземање на обврски за постапување со отпадна опрема со колективниот постапувач, кој во согласност со овој закон, е овластен за постапување со отпадна опрема во нивно име и за нивна сметка. (2) За спроведување на обврските од ставот (1) на овој член, колективниот постапувач е должен да обезбеди дозвола во согласност со членот 28 од овој закон. (3) Собирањето и транспортот, складирањето, третманот, рециклирањето и друг начин на преработка и отстранувањето на остатоците од преработка на отпадна опрема, колективниот постапувач не може да ги извршува самостојно и е должен да ги довери само на правни и физички лица кои поседуваат соодветни дозволи за постапување со отпад согласно со Законот за управување со отпадот и/или Законот за животната средина. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член колективниот постапувач 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 17/63 може со здружување со правни и физички лица од ставот (3) на овој член да учествува во активности поврзани со отпадната опрема кои се однесуваат исклучиво на нејзиното одделно собирање и привремено складирање, сортирање по категории, односно видови на опрема пред предавање за третман и натамошно постапување со отпадната опрема под услови утврдени со Законот за управување со отпадот. (5) Производителот од ставот (1) на овој член е должен на колективниот постапувач со кој склучил договор за спроведување на обврските од членот 21 од овој закон да му плати соодветна цена за услугата поврзана со спроведувањето на обврските за постапување со отпадна опрема согласно со овој закон, сразмерно на количината на опремата што производителот ја пушта за прв пат на пазарот во Република Македонија. Член 28 Колективен постапувач (1) Колективен постапувач може да постапува со отпадната опрема за сметка на производителите, доколку има обезбедено договори за преземање на обврски за постапување со отпадна опрема со производители кои заедно пуштаат на пазар во Република Македонија најмалку 20%, но не повеќе од 51% од количините на опремата од која настанува отпадна опрема од домаќинствата од целокупната годишна количина во претходната година и/или најмалку 5% од количината на опремата од која настанува отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата од целокупната годишна количина во претходната година и да поседува дозвола од ставот (2) на овој член. (2) Колективниот постапувач е должен да обезбеди дозвола за постапување со отпадна опрема од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врз основа на писмено барање кое особено содржи: 1) име/назив и седиште на правното лице; 2) статут на колективниот постапувач; 3) временски период за кој се бара дозволата; 4) категории на отпадна опрема за која обезбедува постапување согласно со членот 21 од овој закон и 5) список со назив, адреса, дејност, потврда за регистрација од членот 13 став (4) од овој закон, број на деловниот субјект и даночен број на производителите во чие име и за чија сметка ќе постапува со отпадната опрема. (3) Кон барањето од ставот (2) на овој член колективниот постапувач е должен да достави: 1) доказ дека во моментот на поднесувањето на барањето има склучено договори за преземање на обврски за постапување со отпадна опрема од правни и физички лица кои се регистрирани согласно со членот 13 од овој закон и кои заедно пуштаат на пазар или увезуваат во Република Македонија најмалку 5%, односно 3% од количините на опремата согласно со категориите на опрема за кои бараат дозвола во претходната година и начинот на кој планира во рок од една година од денот на добивањето на дозволата да го исполни условот од ставот (1) на овој член; 2) доказ дека има склучено договор со најмалку еден овластен собирач од членот 19 став (3) од овој закон; 3) доказ дека има склучено најмалку еден договор со правно лице или 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 18/63 физичко лице за собирање и транспорт на отпад и/или за привремено складирање, договор со правно лице за третман и /или договор со правно лице за преработка или рециклирање на отпадна опрема кое поседува соодветни дозволи согласно со Законот за управување со отпадот и/или Законот за животната средина или на нив еквивалентна дозвола кога правното лице за третман, преработка или рециклирање е во странство и 4) програма за постапување со отпадна опрема од членот 31 од овој закон. (4) Покрај документите од ставовите (2) и (3) на овој член, а во зависност од категоријата и видот на отпадната опрема, стручниот орган може по потреба да побара барателот да достави и други дополнителни податоци согласно со овој или друг закон. (5) Доколку дојде до промена на податоците доставени со барањето од ставовите (2) и (3) на овој член, колективниот постапувач е должен да го извести стручниот орган најдоцна во рок од два месеца од моментот на настанување на промената. (6) Дозволата од ставот (2) на овој член се издава за период од пет години. (7) Дозволата од ставот (2) на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врз основа на предлог од стручниот орган. (8) Дозволата од ставот (2) на овој член може да се издаде за постапување со повеќе категории на опрема или за само одделни категории согласно со доставеното барање. (9) Колективниот постапувач на производителите со кои има склучено договор за преземање на обврска за постапување со отпадна опрема е должен да издаде потврда за склучен договор која е основа за ослободување од плаќањето на надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон. (10) Формата и содржината на потврдата од ставот (9) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (11) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не ја издаде дозволата за постапување со отпадна опрема, односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член во рок од 60 дена, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, за издавање на дозволата, односно да донесе решение со кое се одбива издавањето на дозволата од ставот (2) на овој член. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (12) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (10) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (13) Кон барањето од ставот (10) на овој член подносителот на 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 19/63 барањето поднесува копија од барањето од ставот (2) на овој член за издавање на дозволата. (14) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен, во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (10) на овој член до писарницата да донесе решение со кое барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член е уважено или одбиено. (15) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не го донесе решението во рокот од ставот (13) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (16) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (14) на овој член да изврши инспекциски надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (17) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторoт за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (18) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (16) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (19) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (17) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (20) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (21) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (19) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 20/63 постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (14) и (15) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (17) и (18) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (22) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (20) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (23) Во случајот од ставот (21) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (24) Во случајот од ставот (22) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (25) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (20) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (26) Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот (17) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (27) Постапката пред Управниот суд е итна. (28) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го одбие барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член, поднесителот има право да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 29 Самостојно постапување со отпадна опрема (1) Производителите обврските од членот 21 од овој закон можат да ги остваруваат самостојно доколку за тоа имаат обезбедено дозвола за постапување со отпадна опрема и се регистрирани во регистарот кај стручниот орган. (2) Дозволата од ставот (1) на овој член се издава согласно со одредбите од членовите 28 и 31 од овој закон. (3) Врз основа на добиената дозвола стручниот орган издава потврда дека производителот е регистриран во евиденцијата на производители како субјект кој самостојно обезбедува постапување со отпадна опрема за опремата што ја пушта за прв пат на пазарот во Република Македонија. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 21/63 (4) Самостојниот постапувач е должен да ги спроведе сите обврски кои согласно со овој закон се пропишани како обврска за колективен постапувач и за производител. (5) Самостојниот постапувач е должен да доставува извештаи согласно со членот 38 од овој закон. (6) Формата и содржината на потврдата од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (7) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не ја издаде дозволата за постапување со отпадна опрема, односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член во рок од 60 дена, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, за издавање на дозволата, односно да донесе решение со кое се одбива издавањето на дозволата од ставот (2) на овој член. Доколку министерот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (8) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (7) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (9) Кон барањето од ставот (7) на овој член подносителот на барањето поднесува копија од барањето од ставот (2) на овој член за издавање на дозволата. (10) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (7) на овој член до писарницата, да донесе решение со кое барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член е уважено или одбиено. (11) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не го донесе решението во рокот од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (12) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (11) на овој член да изврши инспекциски надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (13) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторoт за донесениот акт. Кон 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 22/63 известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (14) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (13) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (17) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (16) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (11) и (12) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (14) и (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (18) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (17) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (19) Во случајот од ставот (18) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (20) Во случајот од ставот (19) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (21) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (17) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 23/63 (22) Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (23) Постапката пред Управниот суд е итна. (24) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го одбие барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член, поднесителот има право да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 30 Одземање на дозвола и бришење од регистарот (1) Стручниот орган ќе започне постапка за одземање на дозволата од членот 28 став (2) од овој закон и/или на дозволата од членот 29 став (2) од овој закон на колективниот постапувач, односно на самостојниот постапувач, доколку со извештај од спроведен надзор се констатира дека: не обезбедува постапување со отпадна опрема во согласност со овој или друг закон, не достави годишен извештај согласно со членот 38 од овој закон и не ги исполни целите согласно со членот 26 и/или 35 од овој закон. (2) Стручниот орган ќе започне постапка за одземање на дозволата доколку со инспекциски надзор извршен од државен инспектор за животна средина се докаже дека колективниот постапувач или самостојниот постапувач собирањето, третманот, преработката и отстранувањето на отпадната опрема ги вршат спротивно на овој закон и прописите за управување со отпадот. (3) Стручниот орган ќе започне постапка за бришење на производителот од регистарот на производители од членот 13 став (3) од овој закон, доколку со извештај од спроведен надзор се констатира дека производителот кој не обезбедил постапување со отпадна опрема, не го платил надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон за опремата која ја пуштил на пазарот во текот на една година. (4) Стручниот орган ќе започне постапка за бришење на производителот од регистарот на производители од членот 13 став (3) од овој закон, доколку со извештај за спроведениот надзор се констатира дека производителот кој е регистриран како мал производител ги надминал количините на опремата која ја пуштил на пазарот во текот на една година утврдени со членот 24 став (1) од овој закон. Член 31 Програма за постапување со отпадна опрема (1) Колективниот постапувач и самостојниот постапувач се должни да изготвуваат програма за постапување со отпадна опрема. (2) Програмата за постапување со отпадна опрема од ставот (1) на овој член (во натамошниот текст: програма) треба да содржи: 1) план за преземање и одделно собирање на отпадна опрема кој ги содржи следниве податоци: категории, односно видови на отпадна опрема за који се обезбедува 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 24/63 преземање, одделно собирање, транспорт и натамошно постапување со отпадната опрема (во натамошниот текст: систем за постапување со отпадна опрема), начинот на остварувањето на целите за собирање од членот 26 и целите за преработка од членот 35 од овој закон, начин и обем на редовно преземање и одделно собирање на отпадната опрема од трговците и од крајните корисници, начин и обем на редовно преземање на отпадната опрема од овластените собирачи и собирните центри, преглед и број на места за преземање и места за собирање на отпадната опрема кои се вклучени во системот за постапување со отпадна опрема, назив и адреса на правните или физичките лица кои управуваат со тие места, вклучувајќи ги и склучените договори за преземање, транспорт и одделно собирање на отпадната опрема, како и преглед дека тие места се поставени и распоредени согласно со членот 32 став (3) од овој закон, видови и капацитети на средства, опрема и простор за преземање и/ или собирање и привремено складирање, сортирање по категории на отпадната опрема пред нејзино предавање за третман и преработка и предвидена вкупна годишна количина на опрема која за прв пат во Република Македонија ќе ја пуштат производителите во чие име и за чија сметка колективниот постапувач ги презема обврските за постапување со отпадна опрема; 2) план за натамошно постапување со отпадната опрема кој ги содржи следниве податоци: вид и капацитет на инсталациите за третман, преработка или отстранување на остатоците од преработка на отпадна опрема, вклучувајќи ја повторната употреба и рециклирањето на отпадната опрема, деловите, материјалите и супстанциите, како и назив и адреса на правните лица со кои колективниот постапувач има склучено договори и докази дека во инсталациите за третман, преработка, вклучувајќи ја повторната употреба и рециклирањето на отпадната опрема, деловите, материјалите и опасните супстанции, се користат најдобри достапни техники кои редовно се надградуваат и развиваат и обезбедуваат заштита на здравјето на луѓето и животната средина и 3) план со мерки и предвиден начин за информирање и привлекување на јавноста и крајните корисници за учество во собирање на отпадната опрема, како и информирање во согласност со членовите 11 и 36 од овој закон и докази дека функционирањето на системот за постапување со отпадна опрема е финансиски одржлив, финансиски план за развој и доказ за почетните вложувања во системот. (3) Од програмата мора да се гледа дека складирањето, вклучувајќи го и привременото складирање и третманот на отпадната опрема, повторната употреба и рециклирањето на деловите, материјалите и супстанциите се во согласност со барањата од членовите 20 ставови (1), (3), (6) и (7) и 34 од овој закон. (4) Колективниот постапувач е должен во програмата да обезбеди мерки за спроведување на ситемот за постапување со отпадната опрема во согласност со членот 32 од овој закон и истата да ја изработува во соработка со производителите чија опрема е вклучена во системот, како и во соработка со производителите да се грижи програмата да се одржува и да биде оперативна. (5) Програмата се донесува за период од пет години. Член 32 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 25/63 Систем за постапување со отпадна опрема (1) При воспоставувањето на системот за постапување со отпадната опрема, како и при подготвувањето на програмата од членот 31 од овој закон, колективниот постапувач и самостојниот постапувач се должни да им обезбедат на крајните корисници: 1) бесплатно предавање на отпадната опремата од домаќинствата кај трговците каде што купуваат нова опрема на местото на создавање, местото на продажба или друго место за преземање на отпадната опрема; 2) бесплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата што трговците ја преземаат на местото на создавање, на продажните места или други места на преземање на отпадната опрема; 3) преземање на отпадната опрема од домаќинствата од овластени собирачи и од собирните центри како одвоено собрани фракции на комунален отпад; 4) предавање на собраната отпадна опрема од точките 2 и 3 на овој став, во собирни места и инсталации за третман и преработка, како и исполнување на условите од членот 20 од овој закон и 5) информирање на јавноста за начинот на преземање и предавање на отпадната опрема. (2) Кога колективниот постапувач или самостојниот постапувач во својот систем за постапување со отпадна опрема се грижат за отпадната опрема што не е опрема од домаќинствата во согласност со членот 18 став (1) од овој закон, како и за преземање на отпадната опрема од поседувачите од членот 33 од овој закон, се должни да обезбедат мерки за одделно собирање на отпадната опрема и натамошно постапување со отпадна опрема. (3) При определување на близината и достапноста на локациите на места за преземање на отпадната опрема се обезбедува истите да бидат на продажното место, во близина на продажното место или најмногу 5 км воздушна линија оддалечени од продажното место. Член 33 Обврска за вклучување во систем за постапување со отпадна опрема (1) Поседувачот е должен да се вклучи во системот за постапување со отпадна опрема со спроведување на мерки и активности што се содржани во програмата од членот 31 од овој закон кои се поврзани со: 1) обезбедување на простор и соодветни садови за собирање на отпадна опрема и 2) поставување на известувања во кои се содржани информациите од членот 11 став (5) од овој закон и информациите од членот 36 став (1) од овој закон, како и други обврски кои се однесуваат на поседувачот утврдени со овој закон. (2) Поседувачот е должен собраната отпадната опрема да ја предаде на производителот или на правно или физичко лице кое има дозвола за постапување со отпад согласно со прописите за управување со отпадот. (3) Колективниот постапувач не може да го оневозможи вклучувањето во системот за постапување со отпадна опрема, а со тоа и спроведувањето на програмата од членот 31 од овој закон, на 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 26/63 производител кој врши увоз на опрема во Република Македонија, ниту пак да бара исполнување од производителот на други услови кои можат да претставуваат трговски бариери или нарушување на пазарната конкуренција, доколку производителот ги исполнува условите кои важат и за домашните производители што се вклучени во истиот систем. Член 34 Третман на отпадната опрема (1) Колективниот постапувач и самостојниот постапувач обезбедуваат дека собраната отпадна опрема која се создава на територијата на Република Македонија, освен онаа која е во целост наменета за повторна употреба како цел уред, пред преработката, рециклирањето или отстранувањето, е предадена во инсталацијата за третман. (2) Инсталациите за третман од ставот (1) на овој член мора да имаат соодветна дозвола во согласност со овој закон, прописите за управување со отпадот или прописите за животната средина. (3) При избор на инсталација за третман, предност треба да се даде на инсталација која е вклучена во сертифицирани системи за заштита на животната средина. (4) Во инсталацијата за третман на отпадната опрема се врши третман на отпадната опрема со примена на најдобро достапни техники. (5) При третман на отпадната опрема се врши одвоен третман на материјалите и деловите на отпадната опрема, како и на отпадната опрема која е наменета за повторна употреба, а во случај кога отпадната опрема е цел уред мора да се издвојат течностите и гасовите вклучувајќи и други материјали, делови, супстанции и препарати. (6) За материјалите и составните делови на отпадната опрема добиени по третманот, мора да се обезбеди повторна употреба, рециклирање или друг начин на преработка или редовно отстранување со капацитет и динамика кои го спречуваат насобирањето на составните делови и материјали во инсталацијата за третман. (7) Минималните барања за одвоен третман на отпадната опрема, материјалите и деловите на отпадната опрема од ставот (5) на овој член, како и минималните технички услови за складирање и третман на отпадната опрема која треба да ја исполнува инсталацијата за третман на отпадната опрема ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работата од областа на животната средина. Член 35 Преработка на отпадната опрема (1) Колективниот постапувач и самостојниот постапувач обезбедуваат повторната употреба на цели уреди како опрема да имаат предност во однос на преработката, преработката на преземената отпадна опрема да има предност во однос на отстранувањето, а при преработката на отпадната опрема повторната употреба на составните делови на отпадната опрема и рециклирање на материјалите да имаат предност во однос на другите начини на преработка. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 27/63 (2) Колективниот постапувач и самостојниот постапувач обезбедуваат на свој трошок преработка и отстранување на остатоците од преработката во согласност со барањата од ставот (1) на овој член за отпадната опрема третирана во инсталацијата за третман. (3) Преработка и отстранување на отпадна опрема може да вршат само лица кои имаат соодветна дозвола во согласност со прописите за управување со отпадот и/или прописите за животна средина. (4) Колективниот постапувач и самостојниот постапувач обезбедуваат, на свој трошок, до 31 декември 2020 година при преработка на отпадната опрема, да се постигнат следниве цели: 1) за отпадна опрема што спаѓа во категориите на опрема од членот 4 став (1) точки 1 и 10 од овој закон, најмалку: а) стапка на преработка од 80% од просечната тежина по опрема и б) стапка на повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалите и на супстанциите од 75% од просечната тежина по опрема; 2) за отпадната опрема што спаѓа во категориите од членот 4 став (1) точки 3 и 4 од овој закон, најмалку: а) стапка на преработка од 75% од просечната тежина по опрема и б) стапка на повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалите и на супстанциите од 65% од просечната тежина по опрема; 3) за отпадната опрема што спаѓа во категориите од членот 4 став (1) точки 2, 5, 6, 7 и 9 од овој закон, најмалку: а) стапка на преработка од 70% од просечната тежина по опрема и б) стапка на повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалите и на супстанциите од 50% од просечната тежина по опрема и 4) за отпадната опрема, сијалици со гасно празнење од Листата на видови на производи од членот 41 став (4) од овој закон, најмалку 80% повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалите и на супстанциите од тежината на производот. (5) За пресметување на стапките на удели од ставот (4) на овој член, операторот на инсталацијата за третман, односно преработка е должен да води евиденција за отпадната опрема, делови, материјали и супстанции од таа опрема која влегува и излегува од инсталацијата за третман и/или влегува во инсталација за преработка или рециклирање. Составниот дел на таа евиденција се и формуларите за транспорт на отпад и формуларите за транспорт на пратките на отпад согласно со прописите за управување со отпадот и изјава за примање и предавање на отпадна опрема. (6) При пресметка на стапките на уделите од опремата од ставот (4) на овој член до 31 декември 2020 година не се зема предвид количината на отпадната опрема која повторно е употребена како цел уред, а се зема предвид при пресметката на количината на отпадна опрема која е извезена за преработка, повторна употреба или рециклирање. (7) Евиденцијата од ставот (5) на овој член се води на начин утврден во членот 39 ставови (2) и (4) од овој закон. (8) Доколку отпадната опрема е извезена во согласност со Законот за ратификација на Базелската конвенција за контрола на прекугранично движење на опасен отпад и негово одлагање, количината на таа опрема се зема предвид кај пресметката на уделот од ставот (4) на овој член само доколку кај извозникот постои доказ дека преработката, повторната употреба и/или рециклирањето биле 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 28/63 извршени на начин кој не е штетен за животната средина и е еквивалентен на начинот утврден со овој закон, прописите за заштита на животната средина и управување со отпадот. (9) За постигнување на целите од ставот (4) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги утврдува годишните цели за преработка за наредната година во согласност со програмата од членот 43 од овој закон, најдоцна до 15 декември во претходната година. Член 36 Обврски за информирање (1) Колективниот постапувач, односно самостојниот постапувач е должен во својот систем за постапување со отпадна опрема да обезбеди поставување на постери или други информативни материјали со кои ќе ја информира јавноста и крајните корисници за работите од членот 11 од овој закон. (2) Градоначалникот на општината, градоначалникот на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје во соработка со овластениот собирач е должен на соодветни места да ја известува јавноста за адресите на собирните центри кои постојат во подрачјето на таа општина, градот Скопје или општините во градот Скопје коишто се вклучени во системот за постапување со отпадна опрема, односно каде што се врши собирање на отпадната опрема. Член 37 Водење на евиденција (1) Стручниот орган води евиденција на колективните постапувачи кои добиле дозвола согласно со членот 28 од овој закон, како и на производителите кои имаат склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпадна опрема со колективниот постапувач. (2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член стручниот орган е должен редовно да ја ажурира и да ја објавува на својата веб страница. (3) Стручниот орган во евиденцијата од ставот (1) на овој член ги внесува и самостојните постапувачи од членот 29 од овој закон. (4) Формата и содржината на образецот и начинот на водење на евиденцијата од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот надлежен за работите од областа на животната средина. Член 38 Обврски за доставување на извештаи (1) Колективниот постапувач е должен, најдоцна до 31 март во тековната година, до стручниот орган да доставува годишен извештај за постапувањето со отпадната опрема од страна на производителите во чие име и за чија сметка е одговорен за правилно постапување со отпадната опрема за претходната година, на образец кој особено содржи податоци за: 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 29/63 1) количината по категории и вид на опремата што е пуштена на пазарот во Република Македонија; 2) количината по категорија и вид на отпадната опрема која е собрана; 3) количината по категории на отпадна опрема која е предадена за третман; 4) количината на отпадна опрема по категории која е преработена, повторно употребена и/или рециклирана или на друг начин преработена; 5) количината на одделно собраната отпадна опрема по категории која е извезена и 6) количината и процентите на остварување на целите од членовите 26 и 35 од овој закон. (2) Самостојниот постапувач е должен годишниот извештај од ставот (1) на овој член да го доставува за отпадна опрема којашто самиот за прв пат ја пуштил на пазар во Република Македонија. (3) Известувањето се врши на начин утврден во членот 39 од овој закон. (4) Годишниот извештај од ставот (1) на овој член пред доставувањето до стручниот орган задолжително се потврдува од друго независно правно лице регистрирано за вршење на соодветна дејност. (5) Формата и содржината на образецот од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (6) Стручниот орган е должен да го одобри годишниот извештај од ставот (1) на овој член во рок од 60 дена од денот на приемот. (7) Производителот е должен да води евиденција за количините по категорија и вид на опрема која ја пушта на пазар во Република Македонија во текот на една календарска година во пишана и електронска форма на посебен образец и до 31 март во тековната година за претходната година да го известува: 1) стручниот орган кога не обезбедува постапување со отпадна опрема за што го плаќа надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон; 2) колективниот постапувач кога постапувањето со отпадна опрема го доверил на истиот; 3) стручниот орган кога е регистриран како самостоен постапувач или 4) стручниот орган кога е мал производител. (8) Пресметувањето на количината на опрема што е пуштена на пазар во Република Македонија се врши преку еднократно собирање на тежината на опрема, не сметајќи ја опремата што е извезена од Република Македонија. (9) Формата и содржината на образецот од ставот (7) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (10) Првиот годишен извештај од ставот (1) на овој член и првото известување од ставот (7) на овој член го доставуваат производителите, доколку немаат склучено договор со колективен постапувач. Член 39 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 30/63 Доставување на извештаи (1) Правното и физичкото лице кое за колективниот постапувач или за самостојниот постапувач врши собирање и складирање на отпадна опрема е должно да подготвува и да им доставува извештаи на колективниот постапувач или на самостојниот постапувач за количините на собраната отпадна опрема предадена за натамошни постапување на посебен образец. (2) Правното и физичкото лице кое за колективниот постапувач или за самостојниот постапувач врши третман, на отпадна опрема е должно да води евиденција за количината на отпадната опрема која се презема и која влегува и/или излегува од инсталацијата за третман, како и да подготвува и доставува извештај до колективниот постапувач или до самостојниот постапувач за количините на отпадната опрема која е третирана на посебен образец. (3) Формата и содржината на обрасците од ставовите (1) и (2) на овој член, како и начинот на нивното доставување ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите во областа на животната средина. (4) Правното и физичкото лице кое врши преработка на отпадна опрема е должно да водат евиденција, да подготвува и да доставува извештај за преработката на отпадната опрема која се постигнува во секоја календарска година во согласност со членот 35 од овој закон. (5) Извештајот од ставот (4) на овој член се доставува до колективниот или самостојниот постапувач во согласност со ставот (8) на овој член. (6) Составен дел на извештаите од ставовите (1), (2) и (4) на овој член се изјава за примање и предавање на отпадна опрема, формуларите за транспорт на отпад и формуларите за прекуграничниот промет со отпад согласно со прописите за управување со отпадот. (7) Формата и содржината на обрасците од ставот (4) на овој член, како и начинот на нивното доставување ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите во областа на животната средина. (8) Рокот за доставување на извештаите на овој член се уредува со договорот склучен меѓу колективниот постапувач или самостојниот постапувач и правното или физичкото лице за вршење на работите од ставовите (1), (2) и (4) на овој член на начин кој ќе овозможи почитување на обврските за доставување на извештаи на колективниот постапувач или самостојниот постапувач утврдени со овој закон. Член 40 База на податоци и информативен систем (1) Стручниот орган воспоставува и води база на податоци за опремата што се пушта на пазар во Република Македонија и за постапувањето со отпадната опрема. (2) Базата од ставот (1) на овој член се води врз основа на податоците од извештаите доставени согласно со членовите 38 и 39 од овој закон и особено ги содржи следниве податоци: 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 31/63 1) количини и категории на опрема што се пушта на пазар во Република Македонија; 2) количини на собраната опрема по категории и 3) вкупен преглед на постапувањето со отпадна опрема (повторна употреба, рециклирање и друг начин на преработка). (3) Врз основа на податоците од ставот (2) на овој член, стручниот орган најдоцна до 30 мај во тековната година објавува извештај во кој се опишува состојбата со управувањето со опремата што се пушта на пазар во Република Македонија. (4) Со извештајот од ставот (3) на овој член, стручниот орган објавува и податоци за реализација на програмата од членот 43 од овој закон, како и податоци за постојните системи за постапување со отпадна опрема. (5) Податоците собрани врз основа на ставот (2) на овој член се обработуваат и валидизираат од страна на Министерството за животна средина Македонски информативен центар за животна средина во Информативен систем за отпадна опрема, кој е составен дел на Информативниот систем за животна средина. (6) Обработените и валидизираните податоци од ставот (5) на овој член се доставуваат до Европската комисија и до други тела и органи на Европската унија и истите се достапни на јавноста. Член 41 Економски инструменти (1) Производителот кој пушта на пазар во Република Македонија опрема, како и производителот кој како краен корисник увезува во Република Македонија опрема, е должен да плати надоместок за управување со отпадна опрема (во натамошниот текст:надоместок). (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член изнесува за: 1) голем домашен апарат 50 ден/ кг; 2) мал домашен апарат 80 ден/кг; 3) опрема за информатичка технологии и телекомуникација 60 ден/кг 3.1) монитор 70 ден/кг; 4) опрема на широка потрошувачка и забавна електроника 60 ден/кг 4.1) телевизиски апарати 90 ден/кг; 5) опрема за осветлување 80 ден/кг; 5.1) флуоресцентни, компактни и други сијалици 120 ден/ кг 6) електричен и електронски алат 100 ден/ кг; 7) електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт 100 ден/ кг; 8) медицински апарати 100 ден/ кг; 9) инструменти за следење и котрола 100 ден/ кг; 10) автомати 50 ден/кг. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 32/63 (3) Надоместокот се пресметува врз основа на нетотежина на опремата, по единица парче на опрема изразена во килограми за што се води евиденција и се составува месечна пресметка на посебен образец. (4) Листата на видови на производи кои припаѓаат во категориите на опрема од членот 4 став (1) од овој закон, а за кои се плаќа надоместокот од ставот (2) на овој член ја објавува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (5) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот настанува во моментот кога за прв пат ја пушта опремата на пазар во Република Македонија. (6) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот кој како краен корисник увезува во Република Македонија опрема со чие користење создава отпадна опрема настанува во моментот кога го започнал користењето на истата. (7) Производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема е должен да го плати надоместокот од ставот (2) на овој член на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на 15 ден во тековниот месец за сите пресметани надоместоци од претходниот месец. (8) Надоместокот не се плаќа доколку опремата се извезува. (9) Во случајот од ставот (8) на овој член, производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема, е должен да обезбеди извозна царинска декларација како доказ дека количината на опрема, за која не е пресметан надоместокот од ставот (2) на овој член, е извезена од Република Македонија. (10) Во случај на извоз на опрема за која е наплатен надоместокот определен во ставот (2) на овој член, производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема, имаат право на враќање на уплатениот надоместок за извезената количина наопремата. (11) Враќањето на уплатениот надоместок се врши врз основа на доставено барање за враќање на уплатениот надоместок во рок од 30 дена по настанување на причините за враќање на посебен образец. (12) Враќањето на уплатениот надоместок се врши со решение издадено од стручниот орган, по претходна проверка на доставената документација и утврдување на исполнетоста на условите за враќање на уплатениот надоместок согласно со овој закон. (13) Против решението од ставот (12) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (14) Средствата од надоместокот од ставот (2) на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија и се уплатуваат на соодветна посебна уплатна сметка, во рамките на трезорската сметка. (15) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 33/63 со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите ги пропишува формата и содржината на образецот од ставот (3) на овој член, начинот и потребната докуметација за враќање на надоместокот во случаите од ставот (10) на овој член, како и формата и содржината на образецот од ставот (11) на овој член. Член 41а Обврска за начинот на пресметување, уплатување како и за водење на евиденција за пресметаниот и уплатениот надоместок (1) Производителот кој пушта на пазар во Република Македонија опрема и производителот кој како крaен корисник увезува опрема во Република Македонија (во натамошниот текст: обврзник) е должен надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон навремено и правилно да го пресметува и уплатува, како и да води, одржува и чува уредна и точна евиденција за пресметаниот и уплатен надоместок. (2) Врз основа на евиденцијата од ставот (1) на овој член, обврзникот составува и на секои три месеци доставува до стручниот орган пресметка за уплатениот надоместок на посебен образец. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина го пропишува начинот за водење, одржување и чување на евиденцијата од ставот (1) на овој член, како и формата и содржината на образецот од ставот (2) на овој член.“ Член 41б Надзор на пресметан и уплатен надоместок (1) Надзор на пресметаниот и уплатениот надоместок, ослободување од плаќање на надоместокот, како и за почитување на роковите за уплатување на надоместоците ги врши Државниот инспекторат за животна средина преку државните инспектори за животна средина. (2) За извршениот надзор од ставот (1) на овој член државниот инспектор за животна средина донесува решение. (3) Против решението од ставот (2) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (4) Во случај кога со решение од ставот (2) на овој член, кое е конечно во управна постапка, е утврдено враќање на платениот надоместок, државниот инспектор за животна средина е должен решението да го достави до Министерството за финансии заради негова реализација. (5) Во случај кога со решение од ставот (2) на овој член, кое е конечно во управна постапка, е утврдено дека обврзникот треба да плати надоместок, државниот инспектор за животна средина е должен решението да го достави до обврзникот кој е должен да го плати надоместокот во рок од осум дена од денот на приемот на решението. (6) Во случаите од ставот (5) на овој член, кога обврзникот не го 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 34/63 платил надоместокот како што е утврден во решението од ставот (2) на овој член, државниот инспектор за животна средина е должен решението да го достави до органот надлежен за присилно извршување за негово извршување. Член 42 Ослободување од плаќање на надоместокот (1) Од плаќање на надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон се ослободени: 1) производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема, за која склучил договор за преземање на обврски за постапување со отпадна опрема, со колективен постапувач кој има обезбедено дозвола согласно со членот 28 од овој закон; 2) производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема има обезбедено потврда дека производителот е регистриран во евиденцијата на производители како субјект кој самостојно обезбедува постапување со отпадна опрема и кој има обезбедено дозвола согласно со членот 29 став (1) од овој закон; 3) производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема која не е опрема од домаќинствата, за која обезбедил како самостоен постапувач или преку колективен постапувач, исполнување на целите од членот 35 од овој закон, од годишната количина на опрема којашто ја пуштил на пазар во Република Македонија и 4) производителот кој е определен како мал производител согласно со членот 24 од овој закон. (2) Производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема од ставот (1) точка 1 на овој член се ослободени од плаќање на надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон ако ја поседува потврдата од членот 28 став (9) од овој закон. (3) По исклучок од ставот (1) на овој член, надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон се плаќа во двоен износ, ако: 1) колективниот постапувач или самостојниот постапувач не поднесе извештај согласно со членот 38 од овој закон; 2) стручниот орган не го одобрува извештајот согласно со членот 38 став (5) од овој закон, заради неисполнување на целите утврдени во членот 26 од овој закон и/или не е обезбедено исполнување на целите утврдени во членот 35 од овој закон. Во овој случај надоместокот се плаќа во двоен износ само за разликата меѓу целите утврдени во членот 35 од овој закон и постигнатите цели во случај кога се постигнати целите од членот 26 од овој закон, односно во трикратен износ за разликата во целите утврдени во членот 35 од овој закон и постигнатите цели во случај кога не се постигнати целите од членот 26 од овој закон, согласно со годишниот извештај и/или наодот на стручниот орган и 3) производителот доставил неточен годишен извештај согласно со членот 38 од овој закон во однос на количината на опрема што ја пуштил на пазар во Република Македонија или ја увезол како краен корисник. (4) Во случаите од ставот (3) на овој член стручниот орган донесува решение. (5) Против решението од ставот (4) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 35/63 (6) Во случаите од ставот (3) на овој член двојниот надоместок, односно трикратниот надоместок се пресметува според просечната висина на надоместокот утврден во членот 41 став (2) од овој закон, сразмерно на делот и количината на опрема што е пуштена на пазар во Република Македонија во претходната година. Член 43 Програма за управување со отпадна опрема (1) За постигнување на целите утврдени во членовите 26 и 35 од овој закон на предлог на стручниот орган, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесува програма за управување со отпадна опрема (во натамошниот текст: програмата). (2) Програмата се донесува за период од најмалку пет години и особено содржи: опис и оцена на постојната состојба во управувањето со опремата, опис на субјектите кои постапуваат со отпадна опрема, количина и вид на опрема која се пушта на пазар во Република Македонија, како и идни предвидувања и тренд на развој во наредниот петгодишен период, мерки за поттикнување на собирањето и преработката на отпадната опрема, мерки за поттикнување на истражувањето и подобрувањата во поглед на севкупните еколошки карактеристики на опремата за време на нејзиниот севкупен животен циклус, мерки за развојот и маркетингот на опрема дизајнирана на начин кој ги исполнува условите од членот 8 и/или условите од членот 9 од овој закон, мерки со цел за помагање на развој на нови технологии за третман, рециклирање и преработка и поттикнување на истражувањето на еколошки и рентабилни методи за третман и рециклирање на сите категории на отпадна опрема, мерки за поддржување на капацитетите за третман и преработка со цел за воведување на сертифицирана програма за еколошко управување кои се однесуваат на системи за управување со животната средина и за ревизија (EMAS), мерки за спречување на создавањето на отпадна опрема, мерки за поттикнување на степенот на собирање на отпадна опрема и нејзина повторна употреба, мерки за подобрување на состојбата на пазарот за третман, преработка, повторна употреба или рециклирање на отпадната опрема, економски мерки, мерки за едукација и спроведување на кампања за подигање на јавната свест за постапување со отпадната опрема, преглед на законската регулатива за управување со опрема и отпадна опрема и мерки за нејзино подобрување, насоки за идниот развој на управувањето со отпадна опрема и други прашања кои се од значење за управувањето со опремата и отпадната опрема. (3) Програмата се изработува со учество на правни и физички лица кои постапуваат со отпадна опрема, невладините организации и други јавни и научни установи и институции. Член 44 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 36/63 Користење на надоместокот и програма за финансирање (1) Средствата собрани од надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон се користат за спроведување на мерки и активности што се утврдени во програмата од членот 43 од овој закон. (2) Финансирањето и реализацијата на мерките и активностите од ставот (1) на овој член се врши врз основа на годишна програма за финансирање што стручниот орган ја подготвува врз основа на програмата од членот 43 од овој закон, во висина на утврдените средства со Буџетот на Република Македонија за соодветната фискална година. (3) Годишната програма за финансирање ја донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Годишната програма за финансирање може да биде донесена самостојно или како дел од друга програма за финансирање што ја носи министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Доделувањето на средствата од програмата од ставот (3) на овој член се врши по пат на јавен конкурс што го објавува и спроведува стручниот орган. (5) По исклучок од ставот (2) на овој член дел од средствата од програмата од ставот (3) на овој член, може да ги додели Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, доколку се наменети за исполнување на обврските кои се утврдени со доброволните договори од членот 46 од овој закон. Член 45 Јавен конкурс (1) Јавниот конкурс од членот 44 став (4) од овој закон се спроведува од комисија формирана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од најмногу пет члена од кои: еден претставник од стручниот орган, еден претставник од колективниот постапувач од членот 28 од овој закон, еден претставник од самостоен постапувач од членот 29 од овој закон, доколку таков е регистриран, еден претставник од здружение на трговците кои вршат продажба на опрема и еден претставник од правно или физичко лице кое има дозвола за собирање, третман и/или преработка на отпадна опрема. (3) Доколку во евиденцијата од членот 37 од овој закон не е евидентиран самостоен постапувач со отпадна опрема, тогаш на предлог на стручниот орган за член на комисијата од ставот (2) на овој член се именува претставник од правно или физичко лице кое има дозвола за собирање, третман и/или преработка на отпадна опрема. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 37/63 (4) Јавниот конкурс од членот 44 став (4) од овој закон се објавува во „Службен весник на Република Македонија“ и во најмалку два дневни весници кои излегуваат на целата територија на Република Македонија во траење од 30 дена. (5) Комисијата од ставот (2) на овој член е должна да донесе одлука за распоредување на средствата во рок од 30 дена од денот на истекувањето на рокот од ставот (3) на овој член. (6) Резултатите од конкурсот се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“. (7) Јавниот конкурс од членот 44 став (4) од овој закон може да се спроведува зедно со друг конкурс за доделување на средства за финансирање за чие спроведување е надлежен стручниот орган. Член 46 Доброволно договарање (1) Организациите кои застапуваат одредени интереси на економските сектори во областа на опрема или група на економски оператори можат да пристапат кон склучување на доброволен договор со Владата на Република Македонија преку кој ќе ги регулираат меѓусебните права и обврски за информирање на крајните корисници од членот 11 од овој закон и информирање на операторите од членот 12 од овој закон за потребата од правилно постапување со отпадната опрема и постигнување на повисок степен за одделно собирање и преработка и за воведување на сертифицирани системи за управување со животната средина. (2) Договорот од ставот (1) на овој член задолжително ги уредува следниве прашања: рок на важност, цели и рок за нивно постигнување, начин на следење на реализацијата на целите и роковите утврдени во договорот, обврски и права на економските оператори и на надлежните органи на државната управа, услови и начини за следење на исполнување на обврските утврдени во договорот, мерки и начинот на преземањето на мерките и пеналите кои можат да се применат во случај на неисполнување на обврските утврдени во договорот и услови и начин на раскинување на обврските и начинот на надоместување на загубите. (3) Договорот од ставот (1) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Македонија“. (4) Договорот од ставот (1) на овој член, како и начинот и резултатите од неговото спроведување се достапни на јавноста. V. НАДЗОР Член 47 Надзорни органи 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 38/63 (1) Надзор над примената на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Инспекциски надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, врши Државниот инспекторат за животна средина. (3) Надзор над извештаите утврдени согласно со членовите 38 и 39 од овој закон го врши стручниот орган. (4) За работите од надлежност на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје утврдени со овој закон, инспекциски надзор над примената и спроведувањето на одредбите на овој закон го вршат овластените инспектори за животна средина на општините, овластените инспектори за животна средина на општините во градот Скопје и овластените инспектори за животна средина на градот Скопје (во натамошниот текст: овластен инспектор за животна средина). (5) Инспекциски надзор над примената и спроведувањето на овој закон во делот на означувањето на опремата и информирањето на крајните корисници го врши Државниот пазарен инспекторат. (6) Инспекциски надзор над примена на овој закон во делот на незаконското постапување со отпадна опрема од страна на граѓаните и негово оставање или предавање како несортиран комунален отпад вршат комуналните инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје (во натамошниот текст: комунален инспектор) и овластениот инспектор за животна средина. Член 48 Постапка за вршење на инспекциски надзор (1) Инспекцискиот надзор над правните и физичките лица кои управуваат со отпадна опрема се врши како редовен, вонреден и контролен инспекциски надзор, како и по добиена пријава и/или сознание од страна на други државни органи, организации, институции, правни и физички лица, како и од средствата за јавно информирање. (2) Директорот на државниот инспекторат за животна средина, односно градоначалникот на општината, градоначалникот на општините во градот Скопје и градоначаникот на градот Скопје, се должни секоја година да донесуваат програма за работа на инспекторатот, односно на инспекторите. (3) Програмата од ставот (2) на овој член градоначалникот на општината, градоначалникот на општините во градот Скопје и градоначаникот на градот Скопје, ја доставуваат до органот на државната управа надлежен за работите во областа на животната средина. (4) Државниот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за животна средина, комуналниот инспектор и државниот пазарен инспектор, при преземањето на активности за вршење на инспекциски надзор над примената на овој закон, можат да побараат соработка од претставници на органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 39/63 Член 49 Постапување по пријава од физичко или правно лице (1) Државниот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за животна средина, комуналниот инспектор и државниот пазарен инспектор се должни во рок од седум дена да постапат по иницијатива или пријава за поведување на инспекциска постапка. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член државниот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за животна средина, комуналниот инспектор и државниот пазарен инспектор се должни да го известат подносителот на иницијативата или пријавата за поведување на инспекциска постапка во рок од седум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Член 50 Извештаи Државниот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за животна средина, комуналниот инспектор, односно државниот пазарен инспектор што го извршил инспекцискиот надзор е должен да води евиденција за надзорите и увидите извршени на правните и физичките лица за кои изготвува квартален извештај и истиот да го објави на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно на веб страницата на општината, односно градот Скопје, односно на веб страницата на Државниот пазарен инспекторат согласно со Законот за животната средина, односно со Законот за Државниот пазарен инспекторат. Член 51 Права и обврски за отстранување на неправилности (1) Државниот инспектор за животна средина, овластенитот инспектор за животна средина, комуналниот инспектор и државниот пазарен инспектор во согласност со овој закон заради отстранување на утврдените неправилности, имаат право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укажат на утврдените неправилности и да определат рок за нивно отстранување; 2) да му наредат да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи; 3) привремено да му забранат вршење на дејност, професија или должност; 4) да му поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и 5) да му поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка. (2) Заради отстранување на утврдените недостатоци, државниот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за животна средина и државниот пазарен инспектор можат да вршат и други овластувања и одговорности во согласност со закон. Член 52 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 40/63 Делокруг на надзор на државниот инспектор за животна средина (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот инспектор за животна средина има право да: 1) врши увид и контрола и да утврди дали во опремата има присуство на тешки метали спротивно на членот 9 став (1) од овој закон; 2) врши увид и контрола и да утврди дали производителите ги информираат операторите на инсталации за повторна употреба, инсталации за третман и рециклирање на отпадната опрема на начин согласно со членот 12 од овој закон; 3) врши увид и контрола и да утврди дали правните или физичките лица кои пуштаат опрема на пазар во Република Македонија се регистрирани и поседуваат потврда за вклученост во регистарот согласно со членот 13 од овој закон (член 13 ставови (1) и (4)); 4) врши увид и контрола дали производителите постапуваат согласно со членот 13 став (6) од овој закон; 5) врши увид и контрола дали производителите постапуваат согласно со членот 13 став (7) од овој закон; 6) врши увид и контрола и да утврди дали правните и физичките лица постапуваат со отпадната опрема од домаќинствата согласно со членот 15 став (1) од овој закон; 7) врши увид и контрола и да утврди дали правните и физичките лица постапуваат со отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата согласно со членот 15 став (2) од овој закон; 8) врши увид и контрола и да утврди дали правните или физичките лица како крајни корисници отпадната опрема ја собираат и чуваат одвоено и постапуваат со неа согласно со членот 15 ставови (3) и (4) од овој закон; 9) врши увид и контрола и да утврди дали правните или физичките лица како крајни корисници со отпадната опрема од домаќинствата постапуваат согласно со членот 15 став (5) од овој закон; 10) врши увид и контрола и да утврди дали трговецот постапува согласно со членот 16 од овој закон; 11) врши увид и контрола и да утврди дали трговците имаат обезбедено места за преземање на отпадната опрема од домаќинствата согласно со членот 17 од овој закон: 12) врши увид и контрола и да утврди дали трговците постапува согласно со членот 17 став (4) од овој закон; 13) врши увид и контрола и да утврди дали производителот ја презема отпадната опрема предадена од страна на крајните корисници согласно со членот 18 став (1) од овој закон; 14) врши увид и контрола и да утврди дали крајниот корисник кој поседува отпадна опрема обезбедува постапување со отпадната опрема согласно со членот 18 став (3) од овој закон; 15) врши увид и контрола и да утврди дали производителот самостојно или преку колективниот постапувач обезбедува редовно преземање на отпадната опрема од овластениот собирач согласно со членот 19 став (1) од овој закон; 16) врши увид и контрола и да утвдрди дали правните и физичките лица кои вршат собирање, транспортирање, складирање и третман на отпадната опрема постапуваат согласно со членот 20 од овој закон; 17) врши увид и контрола и да утврди дали производителот самостојно или преку колективниот постапувач ги исполнува обврските што произлегуваат од членот 21 од овој закон; 18) врши увид и контрола и да утврди дали производителот, поседувачот и/или трговецот кој за вршење на својата дејност или активност, сам увезува опрема и за тоа нема претходен посредувач или доставувач во Република Македонија постапува согласно со 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 41/63 членот 23 став (1) од овој закон; 19) врши увид и контрола и да утврди дали трговецот кој за вршење продажба на опрема постапува согласно со членот 23 став (2) од овој закон; 20) врши увид и контрола и да утврди дали производителот ги исполнува обврските што произлегуваат од членот 24 од овој закон; 21) врши увид и контрола и да утврди дали се исполнети условите за ослободување од членот 24 од овој закон; 22) врши увид и контрола и да утврди дали производителот самостојно или преку колективен постапувач постапува со отпадна опрема согласно со членот 27 став (1) од овој закон; 23) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач работите од членот 27 став (3) од овој закон ги доверил на трети лица кои имаат дозвола за постапување со отпад; 24) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач поседува дозвола согласно со членот 28 став (2) од овој закон; 25) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач ги исполнил обврските што произлегуваат согласно со членот 28 став (5) од овој закон; 26) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач издава потврда согласно со членот 28 став (9) од овој закон; 27) врши увид и контрола и да утврди дали производителот кој самостојно постапува со отпадна опрема поседува дозвола согласно со членот 29 од овој закон; 28) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач и самостојниот постапувач имаат изработено програма за постапување со отпадна опрема согласно со членот 31 став (1) од овој закон; 29) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач во програмата обезбедува мерки за спроведување на системот за постапување со отпадната опрема согласно со членот 32 од овој закон; 30) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач ги спроведува мерките од членот 32 ставови (1) и (2) од овој закон; 31) врши увид и контрола и да утврди дали достапноста на локациите на места за преземање и собирните места за отпадната опрема ги исплнуваат условите од членот 32 став (3) од овој закон; 32) врши увид и контрола и да утврди дали поседувачот кој поседува опрема има поставено известувања во кои се содржани инфорамции за постапувањето со отпадната опрема, како и дали ги спроведува своите обврски за постапување со отпадна опрема согласно со членот 33 став (1) од овој закон; 33) врши увид и контрола и да утврди дали поседувачот со отпадната опрема постапува согласно со членот 33 став (2) од овој закон; 34) врши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач постапува спротивно на членот 33 став (3) од овој закон; 35) врши увид и контрола и да утврди дали обезбедил мерки со кои собраната отпадна опрема е предадена на третман под услови согласно со членот 34 став (1) од овој закон; 36) врши увид и контрола и да утврди дали третманот на отпадата опрема и складирањето на отпадната опрема се врши во услови и на начин согласно со членот 34 ставови (5) и (6) од овој закон; 37) врши увид и контрола и да утврди дали документите и податоците со кои се тврди дека се исполнети целите за преработка од членот 35 од овој закон се веродостојни; 38) врши увид и контрола и да утврди дали се води евиденција согласно со членот 35 став (5) од овој закон; 39) врши увид и контрола и да утврди дали се исполнуваат обврските за информирање согласно со членот 36 од овој закон; 40) врши увид и контрола и да утврди дали документите и податоците со кои се тврди дека се исполнети целите за собирање од членот 26 од 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 42/63 овој закон се веродостојни; 41) врши увид и контрола и да утврди дали се води евиденција и се доставуваат извештаи согласно со членовите 38 и 39 од овој закон; 42) врши увид и контрола и да утврди дали се исполнуваат обврските што произлегуваат од доброволните договори согласно со членот 46 од овој закон и 43) врши увид и контрола и да утврди дали се исполнуваат обврските и условите за постапување со отпадна опрема што се утврдени во овој закон. (2) На барање на Државниот инспекторат за животна средина во вршењето на инспекцискиот надзор може да учествува и државен службеник вработен во стручниот орган. (3) Државниот инспектор за животна средина е должен да изврши инспекциски надзор кога тоа ќе го побара стручниот орган. Член 53 Донесување на решенија на државниот инспектор за животна средина (1) При вршењето на инспекцискиот надзор на правните и физичките лица инспекторот за животна средина, со решение: 1) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку отпадната опрема има опасни супстанции спротивно на она што е утврдено во членот 9 од овој закон и за тоа ќе го извести Државниот пазарен инспекторат; 2) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 12 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 3) ќе ги задолжи да се регистрираат согласно со членот 13 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 4) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските согласно со членот 13 став (6) од овој закон; 5) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските согласно со членот 13 став (7) од овој закон; 6) ќе ги задолжи да постапуваат согласно со членот 15 став (1) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат недостатоците и последиците; 7) ќе ги задолжи да постапуваат согласно со членот 15 став (2) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат недостатоците и последиците; 8) ќе ги задолжи отпадната опрема да ја собираат и чуваат одвоено и да постапуваат со неа согласно со членот 15 ставови (3) и (4) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 9) ќе ги задолжи да постапуваат согласно со членот 15 став (5) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 10) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 16 ставови (1) и (2) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстранат утврдените недостатоци; 11) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските за преземање и предавање на отпадната опрема од домаќинствата согласно со членот 17 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстранат утврдените недостатоци; 12) ќе ги задолжи да ги спроведуваат обврските од членот 18 став (1) 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 43/63 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстранат утврдените недостатоци; 13) ќе ги задолжи да ги спроведуваат обврските од членот 18 став (3) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 14) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 19 став (1) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 15) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 20 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 16) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку не се исполнети условите за постапување со отпадната опрема и не се иполнуваат обврските за постапување предвидени согласно со членот 20 од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 17) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 21 ставови (1), (2) и (3) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 18) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 23 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 19) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 24 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 20) ќе ги задолжи да прземат мерки за постапување со отпадната опрема доколку не ги исполуваат обврските од членот 26 од овој закон; 21) ќе ја ограничи и/или забрани ратботата во рок од најмногу 90 дена, доколку немаат склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпадна опрема со колективен постапувач или самите не постапуваат со отпадната опрема како самостоен постапувач согласно со членот 27 став (1) од овој закон; 22) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку работите за постапување со отпадна опрема не ги довериле на трети лица согласно со членот 27 став (3) од овој закон; 23) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку колективниот постапувач не ја поседува дозволата од членот 28 став (2) од овој закон; 24) ќе ги задолжи да преземат мерки за исполување на обврските од членот 28 став (5) од овој закон; 25) ќе ги задолжи да преземат мерки за исполување на обврските од членот 28 став (9) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 26) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку самостојниот постапувач не поседува дозвола и не постапува согласно со членот 29 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 27) ќе предложи со започнување на постапка за одземање на дозволата од членот 28 став (2) и потврдата од членот 13 став (4) од овој закон и ќе предложи започнување на постапка за бришење од регистарот од членот 13 став (3) од овој закон, доколку утврди дека не се исполнети барањата согласно со членот 30 од овој закон; 28) ќе ги задолжи да преземат мерки за да изработат програма за постапување со отпадна опрема согласно со членот 31 став (1) од овој закон; 29) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку не преземат мерки и не ги исполнат обврските од членот 31 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 44/63 став (4) од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 60 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 30) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку не ги исполнат обврските од членот 32 став (1) од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 60 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 31) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку не ги исполнат обврските од членот 32 став (2) од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 60 дена да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 32) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку не ги исполнат условите од членот 32 став (3) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 60 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 33) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските согласно со членот 33 став (1) од овој закон; 34) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку не ги исполат обврските од членот 33 став (1) од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 60 дена за да ги отстранат недостатоците; 35) ќе ги задолжи да постапат согласно со членот 33 став (2) од овој закон и ќе определи рок од најмногу 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 36) ќе ги задолжи да постапат согласно со членот 33 став (3) од овој закон и ќе определи рок од најмногу 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици; 37) ќе ги задолжи да преземат мерки собраната отпадна опрема да се предава на третман и под услови согласно со членот 34 став (1) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат недостатоците и последиците; 38) ќе ги задолжи третманот и складирањето на отпадната опрема да се одвива согласно со членот 34 ставови (5) и (6) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат недостатоците и последиците; 39) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку не ги исполнат обврските од членот 34 од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат недостатоците и последиците; 40) ќе ги задолжи да прземат мерки за постапување со отпадната опрема, доколку не ги исполнуваат обврските од членот 35 од овој закон; 41) ќе ги задолжи да прземат мерки за исполнување на обврските согласно со членот 35 став (5) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат недостатоците; 42) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските за информирање од членот 36 став (1) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат недостатоците; 43) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку не водат евиденција и не ги достават извештаите од членовите 38 и 39 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 90 дена за да ги отстранат недостатоците; 44) ќе ги задолжи да преземат мерки за исполнување на обврските утврдени во доброволниот договор согласно со членот 46 од овој закон и 45) ќе ги задолжи да преземат мерки за исполнување на условите и обврските утврдени во овој закон. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 45/63 за животна средина утврди дека субјектите кои управуваат со отпадната опрема не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ќе ги констатира утврдените неисправности и во решението ќе го определи рокот во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на државниот инспектор за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршоци во областа на животната средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошнито текст: Прекршочната комисија), односно надлежниот суд. (4) Против решението од ставот (1) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната Комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. (5) Жалба против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението. (6) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член државниот инспектор за животна средина има право за преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за управување со отпадот. Член 54 Делокруг на надзор на овластениот инспектор за животна средина и комуналниот инспектор Во вршењето на надзорот од својот делокруг овластениот инспектор за животна средина и комуналниот инспектор имаат право да: 1) вршат увид и контрола и да утврдат дали правните или физичките лица ја предаваат или оставаат отпадна опрема како несортиран комунален отпад согласно со членот 14 од овој закон; 2) вршат увид и контрола и да утврдат дали правните или физичките лица како крајни корисници отпадната опрема од домаќинствата ја предаваат согласно со членот 15 став (5) од овој закон; 3) вршат увид и колтрола и да утврдат дали овластениот собирач постапува со отпадната опрема согласно со членот 20 од овој закон; 4) вршат увид и колтрола и да утврдат дали во собирните центри отпадната опрема се чува и постапува со неа согласно со членот 20 став (6) од овој закон и 5) вршат увид и контрола и да утврдат дали овластениот собирач издава потврда за примопредавање на отпадната опрема согласно со членот 20 став (8) од овој закон. Член 55 Донесување на решенија на овластениот инспектор за животна средина и комуналниот инспектор (1) При вршење на инспекцискиот надзор на правните или физичките лица овластениот инспектор за животна средина и комуналниот инспектор, со решение: 1) ќе ги задолжи отпадната опрема од домаќинствата да ја предадат 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 46/63 како одвоена фракција на комунален отпад во собирен центар и ќе им определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстранат последиците согласно со членот 14 од овој закон; 2) ќе ги задолжи отпадната опрема од домаќинствата да ја предадат согласно со членот 15 став (5) од овој закон и ќе им определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстранат последиците; 3) ќе ги задолжи да ги исполнат обврските од членот 20 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици и 4) ќе ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку не се исполнети условите за постапување со отпадната опрема и не се спроведуваат обврските за постапување предвидени согласно со членот 20 став (6) од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци и последици. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, овластениот инспектор за животна средина, односно комуналниот инспектор утврди дека субјектите кои управуваат со отпадна опрема не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ќе ги констатира утврдените неисправности и во решението ќе го определи рокот во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на овластениот инспектор за животна средина, односно комуналниот инспектор и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, овластениот инспектор за животна средина, односно комуналниот инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочната комисија, односно надлежниот суд. (4) Против решението од ставот (1) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната Комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. (5) Жалба против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението. (6) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член овластениот инспектор за животна средина, односно комуналниот инспектор има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за управување со отпадот. Член 56 Делокруг на надзор на државниот пазарен инспектор (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот пазарен инспектор има право да: 1) врши увид и контрола и да утврди дали опремата што се пушта на пазар во Република Македонија ги исполнува условите кои се однесуваат на составот во однос на присуство на тешки метали во опремата согласно со членот 9 став (1) од овој закон; 2) врши увид и контрола и да утврди дали опремата што се пушта на пазар во Република Македонија е означена согласно со членот 10 од овој закон; 3) врши увид и контрола и да утврди дали крајните корисници на 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 47/63 опремата од домаќинствата се информираат согласно со членот 11 став (1) од овој закон; 4) врши увид и контрола и да утврди дали производителот ги информира трговците и дистрибутерите за начинот на преземање на отпадната опрема од крајниот корисник согласно со членот 11 став (3) од овој закон и 5) врши увид и контрола и да утврди дали производителот и трговецот имаат поставено известување за крајниот корисник согласно со членот 11 став (5) од овој закон. (2) Во вршењето на работите од ставот (1) на овој член државниот пазарен инспектор има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за Државниот пазарен инспекторат, Законот за инспекциски надозр, Законот за животната средина и Законот за управување со отпадот. Член 57 Донесување на решенија на државниот пазарен инспектор (1) При вршење на инспекцискиот надзор, државниот пазарен инспектор на правните и физички лица, со решение: 1) ќе ги задолжи да ја повлечат од пазар опремата која има присуство на тешки метали спротивно на одредбите од членот 9 од овој закон; 2) ќе ги задолжи да ја повлечат од пазар опремата што не е означена согласно со членот 10 од овој закон; 3) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 15 дена доколку опремата што е пуштена на пазар не е означена согласно со членот 10 од овој закон и ќе ги задолжи во рок од 30 дена за да ги отстранат утврдените недостатоци; 4) ќе ги задолжи да ги информираат крајните корисници на начин согласно со членот 11 став (1) од овој закон; 5) ќе ги задолжи да достават известување за начинот на преземање на отпадната опрема од крајниот корисник, согласно со членот 11 став (3) од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 15 дена во кој треба да ги остранат утврдените недостатоци и 6) ќе ги задолжи да постават известување за крајните корисници, за начинот и за местата за предавање и местата за собирање на отпадната опрема и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 15 дена во кој треба да ги острани утврдените недостатоци согласно со членот 11 став (5) од овој закон. (2) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на државниот пазарен инспектор и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, државниот пазарен инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочната комисија, односно надлежниот суд. (3) Против решението од ставот (1) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната Комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. (4) Жалба против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението. Член 58 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 48/63 Примена на одредби од други закони во инспекцискиот надзор (1) Државниот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за животна средина и комуналниот инспектор, инспекцискиот надзор во областа на управување со отпадната опрема го спроведуваат во согласност со одредбите на овој закон, Законот за инспекцискиот надзор, Законот за управување со отпадот и Законот за животната средина. (2) Државниот пазарен инспектор инспекцискиот надзор во областа на управување со отпадната опрема го спроведуваат во согласност со одредбите на овој закон, Законот за Државниот пазарен инспекторат, Законот за инспекциски надзор, Законот за управување со отпадот и Законот за животната средина. Член 59 Постапка за едукација (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за животна средина, односно државниот пазарен инспектор утврди дека е сторенa неправилност од членовите 10, 11, 13, 16 став (1), 17 став (1) и 18 став (1) од овој закон за прв пат, е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за животна средина, односно Државниот пазарен инспекторат во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку државниот инспектор за животна средина, односно државниот пазарен инспектор при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку државниот инспектор за животна средина, односно државниот пазарен инспектор при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 49/63 ставот (1) на овој член поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочната комисија, односно надлежниот суд. (9) Државниот инспекторат за животна средина, односно Државниот пазарен инспекторат води единствена евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. VI. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 60 Прекршочни санкции за производителите (1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не обезбедува на продажните места да биде на видно место истакнато известување за крајниот корисник, за начинот и за местата за преземање на отпадната опрема (член 11 став (5)); 2) не обезбедува податоци за операторите на инсталации за повторна употреба, инсталациите за третман и рециклирање на отпадната опрема согласно со членот 12 од овој закон; 3) во случај на промена на податоците доставени при регистрацијата, не извршил промена на регистрацијата со доставување на барање за промена на податоците (член 13 став (6)) и 4) во случај на престанок со дејноста, односно пуштање опрема на пазар во Република Македонија не доставил барање за бришење од регистарот (член 13 став (7)). (2) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. Член 61 (1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) произведува опрема која не е во согласност со барањата од членот 8 од овој закон; 2) опремата која ја пушта на пазар не ја означува согласно со членот 10 став (1) од овој закон; 3) не постапува согласно со членот 10 ставови (4) и (5) од овој закон во случај на означување на опремата; 4) не ги информира крајните корисници на опремата на начин согласно со членот 11 став (1) од овој закон; 5) не ги информира крајните корисници на опремата согласно со членот 11 став (3) од овој закон; 6) не се регистрира како производител на опрема во органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на животната средина и не поседува потврда за влученост во регистарот (член 13 ставови (1) и (4)); 7) одбие бесплатно да ја преземе отпадната опрема која не е отпадна 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 50/63 опрема од домаќинствата која ја има испорачано на крајниот корисник и за неа не обезбедува натамошно постапување (член 18 став (1)); 8) не постапува и не обезбедува редовно преземање на отпадната опрема согласно со членот 19 став (1) од овој закон; 9) на свој трошок, самостојно или преку колективниот постапувач не обезбедува одделно собирање, третман, преработка, повторна употреба и/или рециклирање и отстранување на остатоците од преработката на отпадната опрема согласно со членот 21 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 10) не постапува согласно со членот 23 став (1) од овој закон кога за вршење на својата активност сам увезува опрема и кога истовремено е краен корисник на опремата; 11) не води евиденција и не известува за количините и видовите на опрема која ја пушта на пазар на Република Македонија во текот на една календарска година на начин согласно со членот 37 став (7) од овој закон и 12) не постапува согласно со членот 41 став (1) од овој закон доколку пушта на пазарот или увезува во Република Македонија опрема. (2) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) точки 6, 7, 9 и 10 од овој член може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејноста од која произлегува прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (5) На одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец на овој член, може да им се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена. Член 62 (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) постапува спротивно на членот 9 став (1) од овој закон; 2) исполнување на обврските од членот 21 од овој закон не ги остварува самостојно или не склучува договор за преземање на обврските за постапување со отпадна опрема со колективниот постапувач (член 27 став (1)) и 3) не ги исполни обврските што се утврдени во доброволните договори (член 46). (2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член може да му 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 51/63 изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (5) На одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец на овој член може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста која произлегува од направениот прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена. Член 63 Прекршочни санкции за мал производител (1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на малиот производител кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) во случај на промена на податоците доставени при регистрацијата, не ја промени регистрацијата со доставување на барање за промена на податоците (член 13 став (6)) и 2) не води евиденција за количините и видовите на опрема која ја пушта на пазар во Република Македонија во текот на една календарска година (член 38 став (7)); (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на малиот производител кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. Член 64 (1) Глоба во износ од 3.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на мал производител кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не се регистрира како мал производител на опрема во органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на животната средина (член 24 став (2)) и 2) доставил лажни податоци со цел да се прикаже како мал производител и да биде иземен од обврската како производител (член 24 став (3)). (2) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на малиот производител кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) точка 1 на овој член може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (5) На одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец на овој член може да им се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 52/63 прекршокот во траење од нај малку три дена до најмногу 15 дена. Член 65 Прекршочни санкции за трговците (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговецот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не обезбедува на продажните места да биде на видно место истакнато известување за крајниот корисник, за начинот и за местата за преземање на отпадната опрема (член 11 став (5)); 2) одбие бесплатно да ја презема отпадната опрема од крајниот корисник при продажба на опрема за домаќинствата доколку крајниот корисник сака да ја предаде отпадната опрема (член 16 став (1)); 3) не постапува согласно со членот 16 став (2) од овој закон; 4) не обезбеди крајните корисници при купување на опремата да имаат можност за бесплатно предавање на отпадната опрема на продажното место на опремата или на друго место за преземање во случај кога трговецот не презема отпадна опрема непосредно од крајниот корисник во време на испораката на опремата (член 17 став (1)); 5) не ја предава бесплатно собраната отпадна опрема на производителот или на овластеното лице од него (член 17 став (4)); 6) не постапува согласно со членот 23 став (1) од овој закон кога за вршење на својата активност сам увезува опрема кога истовремено е краен корисник на опремата и 7) не постапува согласно со членот 23 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговецот кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. Член 66 Прекршочни санкции за поседувачите (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на поседувачот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не постапува согласно со членот 23 од овој закон кога за вршење на својата активност сам увезува опрема кога истовремено е краен корисник на опремата; 2) постапува спротивно на членот 33 став (1) од овој закон и 3) не ја предава собраната отпадна опрема на производителот или на правно или физичко лице кое има дозвола за постапување со отпад (член 33 став (2)). (2) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на поседувачот кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 53/63 Член 67 Прекршочни санкции за крајниот корисник (1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на крајниот корисник кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) отпадната опрема ја предава или остава како несортиран комунален отпад (член 14); 2) отпадната опрема од домаќинствата не ја собира и чува и не ја предаде на трговецот или на овластениот собирач, како издвоено собрана фракција на комунален отпад во собирен центар или во место за преземање чија работа ја обезбедува производителот (член 15 став (1)); 3) отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата не ја предаде на производителот или на правно или физичко лице кое има дозвола за постапување со отпад (член 15 став (2)); 4) отпадната опрема пред да ја предаде, не ја собере или чува одвоено, така за да не се меша со друг вид на отпад, да не се ситни или на друг начин уништува, или загадува со опасни или други супстанции, така што нејзината повторна употреба или рециклирање е оневозможна (член 15 став (3)); 5) не обезбеди отпадната опрема да биде во таква состојба што издвојувањето на супстанции и материјали да може да се спроведе во согласност со посебните прописи со кои се уредува постапувањето со тие супстанции и материјали доколку отпадната опрема содржи супстанции и материјали кои треба да се издвојат (член 15 став (4)); 6) отпадната опрема која е оштетена или е без значајни составни делови, или е загадена со друг вид на отпад не ја предаде во собирен центар како издвоена собрана фракција на комунален отпад (член 15 став (5)); 7) со отпадната опрема не постапува согласно со членот 18 став (3) од овој закон и 8) производителот, поседувачот и/или трговецот во својство на краен корисник не постапуваат согласно со членот 23 од овој закон. (2) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на крајниот корисник кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. Член 68 Прекршочни санкции за правни лица кои не се економски оператори (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице кое не е економски оператор за прекршок, доколку: 1) отпадната опрема ја предава или остава како несортиран комунален отпад (член 14); 2) отпадната опрема ја чува и распоредува спротивно на членот 20 став (6) од овој закон; 3) отпадната опрема пред третман ја складира спротивно на членот 20 став (7) од овој закон; 4) со отпадната опрема при третман постапува спротивно на членот 34 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 54/63 став (5) од овој закон; 5) со материјалите и составните делови добиени при третман на отпадната опрема постапува спротивно на членот 34 став (6) од овој закон; 6) не подготвува и доставува извештаи за количините на собраната отпадна опрема, предадена за натамошно постапување на посебен образец (член 39 став (1)); 7) не води евиденција и не подготвува и доставува извештај за количината на преземената отпадна опрема која е третирана на посебен образец (член 39 став (2)) и 8) не води евиденција и не подготвува и доставува извештај за повторна употреба, преработка или рециклирање на отпадната опрема што се постигнува во секоја календарска година (член 39 став (4)). (2) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговецот поединец кој не е економски оператор за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. Член 69 Прекршочни санкции за физички лица (1) Глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице кое не е економски оператор за дејствија за прекршок, доколку: 1) предава или остава отпадна опрема од домаќинствата како несортиран комунален отпад (член 14). (2) За прекршокот на ставот (1) на овој член, овластениот инспектор за животна средина, односно комуналниот инспектор глобата од ставот (1) на овој член ќе му врачат мандатен платен налог кој сторителот е должен да го плати во рок од осум дена.. 2 (3) Доколку глобата од ставот (2) на овој член не се плати во определениот рок, овластениот инспектор за животна средина, односно комуналниот инспектор, е должен да го достави мандатниот платен налог до органот надлежен за присилно извршување за негово извршување. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина ја пропишува формата и содржината на мандатниот платен налог Член 70 Прекршочни санкции за самостојниот постапувач (1) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не го известува стручниот орган за настанатата промена на податоците доставени со барањето за добивање на дозвола за постапување со отпадна опрема (член 28 став (5)); 2) не изработува програма за постапување со отпадна опрема (член 31 став (1)); 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 55/63 3) во програмата за постапување со опадна опрема не обезбедува мерки за спроведување на системот за постапување со отпадна опрема во согласност со членот 32 од овој закон (член 31 став (4)); 4) не ги обезбедува условите пропишани со членот 32 став (1) од овој закон; 5) не ги обезбедува условите пропишани со членот 32 став (2) од овој закон: 6) при определување на близината и достапноста на локациите на места за преземање на отпадната опрема не ги почитуваат одредбите од членот 32 став (3) од овој закон; 7) во својот систем за постапување со отпадна опрема не обезбеди поставување на постери или други информативни материјали со кои ќе ја информира јавноста и крајните корисници за работите од членот 11 од овој закон (член 36 став (1)) и 8) не доставува во определеното време извештај за постапување со отпадна опрема (член 38 став (2)). (2) Глоба во износ од 2000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. Член 71 (1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не обезбедат мерки за бесплатно преземање и собирање и натамошно постапување со отпадна опрема што не е отпадна опрема од домаќинствата согласно со членот 18 ставови (1) и (2) од овој закон, освен доколку постои посебен договори со крајниот корисник, за преземање на отпадна опрема што не е отпадна опрема од домаќинствата; 2) вршењето на работите за постапување со отпадна опрема ги доверил на трети лица кои не поседуваат соодветна дозвола за постапување со отпад (член 27 став (3)); 3) не презел мерки со кои се обезбедува собрана отпадна опрема да се предава во инсталацијата за третман (член 34 став (1)); 4) не презел мерки со кои се обезбедува третманот на собраната отпадна опрема да се врши во согласност со членот 34 став (5) од овој закон; 5) не презел мерки со кои се обезбедува материјалите и составните делови на отпадната опрема добиени по третманот да се постапува во согласност со членот 34 став (6) од овој закон и 6) не презел мерки со кои се обезбедува преработката на собраната отпадна опрема се врши во согласност со членот 35 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој закон. (2) Глоба во износ од 3000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 56/63 (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) точки 1, 2 и 3 на овој член може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (5) На одговорното лице во правното лице односно трговец поединец на овој член може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена. Член 72 (1) Глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не обезбедува дозвола за постапување со отпадна опрема од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 29 став (1)); 2) доставува извештаи со неточни податоци со цел да се утврди дека се постигнати целите од членовите 26 и/или 35 од овој закон (член 38) и 3) не ги исполни обврските утврдени во доброволниот договор (член 46). (2) Глоба во износ од 4000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежниот суд може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку шест месеци до најмногу три години. (5) На одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец може да му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење до една година. (6) Надлежните инспектори се должни да водат евиденција за издадените мандатни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (7) Во евиденцијата од ставот (6) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатен платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (8) Личните податоци од ставот (7) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (9) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ја пропишува формата и содржината на мандатниот платен налог. 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 57/63 Член 73 Прекршочни санкции за колективниот постапувач (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на колективниот постапувач за прекршок, доколку: 1) вршењето на работите за постапување со отпадна опрема не ги доверил на трети лица (член 27 став (3)); 2) вршењето на работите за постапување со отпадна опрема ги доверил на трети лица кои не поседуваат соодветна дозвола за постапување со отпад (член 27 став (4)); 3) не изработува програма за постапување со отпадна опрема (член 31 став (1)); 4) не ги спроведува обврските од членот 31 став (4) од овој закон; 5) не ги обезбедува условите пропишани со членот 32 став (1) од овој закон; 6) не ги обезбедува условите пропишани со членот 32 став (2) од овој закон; 7) при определување на близината и достапноста на локациите на места за преземање на отпадната опрема не ги почитуваат одредбите од членот 32 став (3) од овој закон; 8) не презел мерки со кои се обезбедува собраната отпадна опрема да се предава во инсталацијата за третман (член 33 став (1)); 9) не презел мерки со кои се обезбедува третманот на собраната отпадна опрема да се врши во согласност со членот 34 став (5) од овој закон; 10) не презел мерки со кои се обезбедува материјалите и составните делови на отпадната опрема добиени по третманот да се постапува во согласност со членот 34 став (6) на овој закон и 11) во својот систем за постапување со отпадна опрема не обезбеди поставување на постери или други информативни материјали со кои ќе ја информира јавноста и крајните корисници за работите од членот 11 од овој закон (член 36 став (1)). (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за колективниот постапувач ќе се изрече на одговорното лице во колективниот постапувач за дејствијата од став (1) на овој член. Член 74 (1) Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на колективниот постапувач за прекршок, доколку: 1) не обезбедува мерки за бесплатно преземање и собирање и натамошно постапување со отпадна опрема што не е отпадна опрема од домаќинствата согласно со членот 18 ставови (1) и (2) од овој закон, освен доколку постои посебен договори со крајниот корисник, за преземање на отпадна опрема што не е отпадна опрема од домаќинствата; 2) ја врши дејноста постапување со отпадна опрема без доволно обезбедени договори (член 28 став (3) точка 1); 3) не го известува стручниот орган за настанатата промена на податоците доставени со барањето за добивање на дозвола за постапување со отпадна опрема (член 28 став (5)); 4) на производителите со кои има склучено договор за преземање на обврска за постапување со отпадна опрема не им издава потврда за склучен договор кој е основа за ослободување од плаќањето на надоместокот од членот 41 став (2) од овој закон (член 28 став (9)); 5) во програмата за постапување со отпадна опрема не обезбедува мерки за спроведување на системите за постапување со отпадната 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 58/63 опрема во согласност со членот 31 од овој закон и истата не ја изработува во соработка со производителите чија опрема е вклучена во системот, како и во соработка со производителите да се грижи програмата да се одржува и да биде оперативна (член 31 став (4)); 6) го спречува вклучувањето во системот и со тоа го спречува спроведувањето на програмата од членот 31 од овој закон на производител кој врши увоз на опрема во Република Македонија или од производителот побара исполнување други услови кои можат да претставуваат трговски бариери или нарушување на пазарната конкуренција, при што производителот ги исполнува условите кои важат и за домашните производители што се вклучени во истиот систем (член 33 став (3)); 7) не презел мерки со кои се обезбедува преработката на собраната отпадна опрема се врши во согласност со членот 35 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој закон и 8) не доставува во определеното време извештаи за постапување со отпадна опрема на производителите за чие име и чија сметка е одговорно за правилно постапување со отпадна опрема (член 38 став (1)). (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за колективниот постапувач ќе се изрече на одговорното лице во колективниот постапувач за дејствијата од став (1) на овој член. (3) На сторителот на прекршокот од ставот (1) точки 1, 2 и 3 на овој член може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (4) На одговорното лице во правното лице од ставот (2) на овој член може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена. Член 75 (1) Глоба во износ од 35.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на колективниот постапувач за прекршок, доколку: 1) не обезбедува дозвола за постапување со отпадна опрема од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 28 став (2)); 2) доставува извештаи со неточни податоци со цел да се утврди дека се постигнати целите од членот 26 и/или 35 од овој закон (член 38) и 3) не ги исполни обврските утврдени во доброволниот договор (член 46). (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за колективниот постапувач ќе му се изрече на одговорното лице во колективниот постапувач за дејствијата од став (1) на овој член. (3) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува прекршокот во траење од најмалку шест месеци до најмногу три години. (4) На одговорното лице во колективниот постапувач од ставот (2) на овој член може да се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење до една година 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 59/63 Член 76 Постапка за порамнување и посредување (1) За прекршоците утврдени во членовите 60, 61, 62, 63, 64, 65, 66, 67, 68, 70 и 73 од овој закон, надлежните инспектори од член 47 ставови (2), (3), (4), (5) и (6) на овој закон се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог пред да поднесат барање за прекршочна постапка. (2) Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка за порамнување, надлежниот инспектор во записникот забележува дека издава прекршочен платен налог. (3) Кога прекршокот надлежниот инспектор го утврди лично или го утврди со употреба на соодветни технички средства и направи е должен веднаш да издаде прекршочен платен налог кој го забележува во записникот за констатиран прекршок. (4) Во случаите од став (2) на овој член, прекршочниот платен налог го потпишуваат надлежниот инспектор и сторителот. (5) Во случаите од став (3) на овој член, прекршочниот платен налог го потпишува надлежниот инспектор, а може да го потпише и сторителот. (6) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот е должен да ја плати изречената глоба во рок од осум дена од денот на приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во правната поука. (7) Сторителот кој ќе ја плати глобата во рокот од став (6) на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука од прекршочниот платен налог. (8) Доколку глобата не се плати во рокот определен во прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочната Комисија. (9) За прекршоците утврдени во членовите 71, 72, 74 и 75 од овој закон, надлежниот инспектор може на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за спогодување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (10) Во случаите кога е постигната согласност за спогодувањето, глобата на сторителот може да биде намалена најмногу за една половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот, а во исклучително олеснителни околности глобата може да биде изречена во висина од една третина од пропишаната глоба. (11) Постапките за порамнување и спогодување се водат согласно со одредбите од Законот за животната средина. (12) Надлежниот инспектор е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (13) Во евиденцијата од ставот (12) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 60/63 престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (14) Личните податоци од ставот (13) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (15) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог. Член 76а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице односно трговец поединец се врши согласно Законот за прекршоци. Член 77 Водење на прекршочната постапка (1) За прекршоците утврдени во членовите 60, 61 , 62, 63, 64, 65, 66,67, 68, 69, 70, 71, 73 и 74 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Комисијата за одлучување по прекршоци во областа на животната средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: Прекршочната комисија) формирана согласно со Законот за животната средина. (2) Постапката пред Прекршочната комисија се води согласно со одредбите од Законот за животната средина. (3) За прекршоците утврдени во членовите 72 и 75 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежниот суд. VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 78 Рокови за спроведување (1) Регистрацијата на постојните производители кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија опрема согласно со членот 13 од овој закон се должни да ја направат најдоцна до 31 декември 2013 година. (2) Производителот евиденцијата од членот 38 став (7) од овој закон е должен да започне да ја води од 1 јануари 2014 година. (3) Првото известување на производителот од членот 38 став (7) од овој закон за категориите и количините на опрема којашто ја пуштил на пазар и што ја увезол во Република Македонија во текот на една календарска година е должен да го достави најдоцна до 31 март 2015 година. (4) Првиот годишен извештај од членот 38 став (1) од овој закон, колективниот постапувач и самостојниот постапувач се должни да го достават најдоцна до 31 март 2016 година. (5) Производителите согласно со обврските од членот 21 од овој закон, 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 61/63 се должни да се здружат преку основање и/или склучување на договор со колективен постапувач за постапување со отпадна опрема или да се регистрираат како самостојни постапувачи со отпадна опрема најдоцна до 31 декември 2014 година. (6) Обврските за означување на опремата согласно со членот 10 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2013 година. (7) Програмата за управување со отпадна опрема од членот 43 од овој закон ќе се донесе најдоцна до 31 декември 2014 година. Член 79 Преодни одредби Одредбите од членот 10 од овој закон не се однесуваат на опрема пуштена на пазар пред 1 јануари 2013 година. Член 80 Примена на надоместоците и постигнување на целите (1) Одредбите од членот 41 став (2), 2, 3, 4, 5, 6 и 7 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2015 година. (2) Одредбите од членот 41 став (2) точка 8 од овој закон ќе започнат да се применуват од 1 јануари 2016 година. (3) Целите за собирање од членот 26 од овој закон ќе се сметаат дека се постигнати, доколку до 2015 година се собере отпадна опрема од домаќинствата во количина од најмалку 0,5 килограми по жител. (4) Целите за преработка на отпадната опрема од членот 35 од овој закон за 2015 година ќе се смета дека се постигнати, доколку: 1) за отпадна опрема што спаѓа во категориите на опрема од членот 4 став (1) точки 1 и 10 од овој закон се изврши најмалку за: а) стапка на преработка од 60% од просечната тежина по опрема и б) стапка на повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалите и на супстанциите од 55 % од просечната тежина по опрема; 2) за отпадната опрема што спаѓа во категориите од членот 4 став (1) точки 3 и 4 од овој закон се изврши најмалку за: а) стапка на преработка од 45% од просечната тежина по опрема и б) стапка на повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалот и на супстанциите од 35 % од просечната тежина по опрема; 3) за отпадната опрема што спаѓа во категориите од членот 4 став (1) точки 2, 5, 6, 7 и 9 од овој закон се изврши најмалку за: а) стапка на преработка од 45% од просечната тежина по опрема и б) стапка на повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалот и на супстанциите од 40% од просечната тежина по опрема и 4) за отпадната опрема, сијалици со гасно празнење од Листата на видови на производи од членот 41 став (4) од овој закон, најмалку 45% повторна употреба и рециклирање на деловите, материјалите и на супстанциите од тежината на производот. Член 81 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 62/63 Трошоци за постапување со заостанат отпад (1) По исклучок на одредбите од членот 21 став (1) од овој закон за опремата којашто е пуштена на пазар до 1 јануари 2013 година (заостанат отпад), трошоците за постапување со отпадна опрема од домаќинствата, пропорционално ги сносат сите производители сразмерно на делот кој одговара на годишна количина на опрема којашто ја пуштил на пазар во Република Македонија. (2) За опремата која е пуштена на пазар до 1 јануари 2013 година, трошоците за постапување со отпадната опрема (заостанат отпад) којашто не е отпадна опрема од домаќинствата ги сносат производителот и крајниот корисник за што склучуваат договор за финансирање на постапувањето со отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата. Член 82 Прикажување на трошоци за постапување со отпадна опрема По исклучок на одредбите од членот 22 став (2) од овој закон, трошоците за постапување со отпадната опрема што се создава од категориите на опрема од членот 4 став (1) точки 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 од овој закон можат да се прикажат при продажба на нова опрема до 31 декември 2017 година, а тошоците за постапување со отпадната опрема што се создава од категориите на опрема од членот 4 став (1) точка 1 од овој закон можат да се прикажат при продажба на нова опрема до 31 декември 2018 година. Член 83 Започнување на примена (1) Одредбите од членовите 28 став (27) и 29 став (24) од овој закон ќе се применуваат со започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (2) Одредбите од членот 40 став (6) од овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската унија. Член 84 Донесување на поблиските прописи Поблиските прописи за спроведување на овој закон ќе се донесат најдоцна до ноември 2013 година. Член 85 Престанување на важење Со денот на започнување на примената на овој закон ќе престанат да важат одредбите од членовите 6 точка 13, 71, 71а, 71б , 127 став (1) точка 32 и 139 став (1) точка 24 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија” број 68/2004, 9/30/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=121376ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0… 63/63 71/2004,107/2007 и 102/2008, 143/2008 и 124/10 и 51/11). Член 86 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува на 1 јануари 2013 година. ОДРЕДБИ ОД ДРУГ ЗАКОН Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен венсик на Република Македонија“ бр. 163/2013): Член 15 Прописите утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен венсик на Република Македонија“ бр. 163/2013): Член 16 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а членовите 8 (41б став (3)), 10, 11 и 12 од овој закон, ќе започнат да се применуваат од 1 мај 2014 година. Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен венсик на Република Македонија“ бр. 146/2015): Член 22 Подзаконските акти утврдени во овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен венсик на Република Македонија“ бр. 146/2015): Член 23 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Услови за користење | Заштита на приватноста | | Сите права задржани