Law on inland waterways
颁布于 2007-04-19 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за внатрешната пловидба.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Water
- 关键词
- inland waters, navigation, registration, monitoring, offences/penalties
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
„Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 19 април 2007 година. Бр. 07-1738/1 19 април 2007 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р. Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р. ЗАКОН ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредува внатрешната пловидба и безбедноста на пловидбата на внатрешните води на територијата на Република Македонија; услови и начин на користењето, одржувањето и заштитата на пловните патишта, пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата; државна припадност, идентификација, упис и бришење на пловните објекти; екипаж на пловните објекти; постапување во случај на пловидбена незгода; вадење на потонати предмети; надлежност на Капетанијата на пристаништата; надзор и други прашања во врска со внатрешната пловидба. Член 2 Одредбите на овој закон кои се однесуваат на бродовите се применуваат и на пливачките објекти, на чамците и на воените бродови, само ако тоа со овој закон изрично е предвидено. Врз односите што не се уредени со овој закон, други закони и подзаконски акти, се применува обичајното право од областа на внатрешната пловидба. Член 3 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. "Внатрешни води" се сите водени површини погодни за пловидба (езера, канали и реки); 2. "Внатрешна пловидба" е пловидба по внатрешните води; 3. "Пловен пат“ е појас на внатрешните води доволно длабок и широк за безбедна пловидба , кој по потреба е обележан; 4. "Пловен објект" е објект приспособен за пловидба и пливање над вода; 5. "Брод" е пловен објект што плови по внатрешен пловен пат со минимална должина од 20,00 метри, минимална ширина 3,00 метри, а регистарската зафатнина е 15 или повеќе 1 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година бруто регистарски тони, како и влекач и потискувач без оглед на нивната должина, ширина и зафатнина; 6. "Воен брод" е пловен објект кој е под команда на вооружени сили, со воен екипаж и истакнати знаци за негово распознавање; 7. "Патнички брод" е пловен објект изграден и опремен за превоз на повеќе од 12 патници; 8. "Товарен брод" е пловен објект наменет и оспособен за превоз на стоки кој не e танкер изграден да плови независно со помош на сопствен механички двигател; 9. "Технички брод" е пловен објект опремен со машински инсталации, со или без сопствен механички двигател, наменет за вршење технички работи на вода ( багер, дигалка, рампа или кран и слично); 10. "Пливачки објект" е постројка која постојано е приврзан, засидрен на вода или поставен на дно, а не е предвиден за пловидба (ресторан, понтонски мост, пристан, склад, работилница, пливачки хангар, платформа); 11. "Чамец" е пловен објект чија максимална должина е 15.00 метри и максимална ширина 3,00 метри, изграден и опремен за превоз до 12 патници, односно минимална должина е 3,00 метри и минимална ширина 1,50 метри; 12. "Глисер" е пловен објект кој со помош на механички двигател лизга по површината на водата; 13. "Скутер" (yet-ski) е пловен објект во категоријата чамец со механички двигател со јачина поголема од 45 Kw, што му овозможува лизгање по површината на водата и може да превезува максимум три лица; 14. "Педалина, кајак, кану" се пловни објекти со посебна конструкција, без сопствен погон, наменети за рекреација и натпреварување; 15. "Скела" е пловен објект со посебна конструкција, наменет за превоз на лица и предмети од еден до друг брег; 16. "Влекач-потискувач" е брод наменет за влечење, односно туркање други пловни објекти или платформи; 17. "Танкер" е брод наменет за превоз на стоки во фиксни резервоари, способен за превоз со сопствен механички двигател; 18. "Јавен брод" е пловен објект чиј носител на право на располагање е државата или нејзин орган, а не е воен брод и не е наменет за стопански цели; 19. "Јахта" е чамец кој служи за спорт и рекреација и е способен за повеќедневно крстарење независно од копно, а може да биде и брод доколку е во согласност со точката 5 од овој член; 20. "Домашен брод" е брод со македонска државна припадност, впишан во Македонскиот регистар на бродови; 21. "Странски брод или чамец" е пловен објект со странска државна припадност и намена согласно со пропис на соодветната држава; 22. "Брод во градба" е градба на брод од моментот на поставување на кобилицата до моментот на впишување во регистерот на бродови; 23. "Брод за научно истражување" е брод опремен со инструменти за научни цели или испитување на дното; 24. "Бродар" е физичко или правно лице кое како држател на бродот е носител на пловидбениот потфат со тоа што се претпоставува додека не се докаже спротивното дека е бродар лицето кое во регистерот на бродовите е запишано како сопственик на бродот; 25. "Патник" е секое лице кое се превезува со брод или чамец, освен лица вработени на бродот; 26. "Јавен превоз" е превоз на лица и предмети, кој е достапен за сите корисници под еднакви услови и се врши врз основа на договор за превоз; 2 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 27. "Превоз за сопствени потреби" е превоз со пловни објекти што го вршат правни и физички лица за задоволување на сопствените потреби; 28. "Меѓународен превоз" е превоз со пловни објекти од македонско пристаниште до странски пристаништа и обратно; 29. "Меѓудржавен превоз" е превоз со пловни објекти што се одвива меѓу две држави; 30. "Превоз за трети држави или од трети држави" е превоз со пловни објекти што врши бродар на една држава од пристаниште на друга држава за некоја трета држава и обратно; 31. "Внатрешен превоз" е превоз со пловни објекти што се одвива меѓу домашни пристаништа; 32. "Пристаниште" е воден и со вода непосредно поврзан копнен простор со изградени и неизградени брегови, бранобрани, уреди, постројки и други објекти наменети за пристанување, сидрење и заштита на пловните објекти и натоварување и истоварување на патници и стока; 33. "Сидриште" е уреден и обележен простор наменет за сидрење и маневрирање на пловни објекти; 34. "Зимовник" е изграден или природен воден простор, уреден и оспособен да служи како сигурно засолниште за пловните објекти од оштетување од мраз или голема вода; 35. "Оперативен брег" е дел од пристаништето со изградена инфраструктура за качување на патници и натоварување на стока; 36. "Масло" ги означува сите постојни масла како што се сурова нафта и нејзини деривати, талози и отпадни масла, без оглед дали се превезуваат на пловен објект како товар или како гориво за погон на пловниот објект; 37. "Пристаниште отворено за меѓународен превоз" е пристаниште слободно за пристап на пловни објекти од сите знамиња; 38. "Капалиште" е обележан дел од вода и уреден дел од копно, што служи за спортско рекреативни намени и 39. "Нуркање" е секое задржување на лица под површината на водата со нуркачка опрема. Член 4 Вршењето на внатрешната пловидба е дејност од јавен интерес. Член 5 Изградбата, користењето, одржувањето и заштитата на пловните патишта, пристаништа, зимовници, сидришта и капалишта, можат да се дадат на концесија, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон. II. БЕЗБЕДНОСТ ВО ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 6 Безбедност во внатрешната пловидба подразбира збир на услови и мерки кои мораат да се обезбедат на внатрешните пловни патишта во Република Македонија, пристаништата, зимовниците, сидриштата, капалиштата, пловидбата, пловните објекти и екипажот на пловните објекти. Забрането е вршење работи кои ги доведуваат во опасност човечките животи и здравјето на луѓето, загадувањето на внатрешните води, како и нанесување штети на пристаништата, зимовниците, сидриштата, капалиштата и пловните објекти. 3 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 7 Правни и/или физички лица што вршат превоз во внатрешната пловидба и што вршат одржување на пловните патишта се должни да организираат и обезбедат трајно вршење контрола над безбедноста на пловидбата. Член 8 Правните и/или физичките лица што вршат превоз во внатрешната пловидба, и што управуваат со пристаништата и Капетанијата на пристаништата (во натамошниот текст: Капетанијата) се должни да: 1) организираат трајно вршење на контрола над работите што се однесуваат на безбедноста на пловидбата и 2) водат евиденција на податоци од значење за безбедноста на пловидбата. 1. Пловни патишта на внатрешните води Член 9 Пловните патишта на внатрешните води се делат на: меѓународни пловни патишта, меѓудржавни пловни патишта и државни пловни патишта. На меѓународните пловни патишта се одвива меѓународна пловидба, на меѓудржавни пловни патишта се одвива меѓудржавна пловидба, а на државните пловни патишта се одвива пловидба меѓу пристаништата на територијата на Република Македонија. Член 10 Пловните патишта на внатрешните води се уредуваат, одржуваат и се обележуваат со објекти за осигурување на безбедноста на пловидбата. Правни и/или физички лица што управуваат со пловните патишта ги вршат работите од ставот 1 на овој член, согласно со меѓународните прописи и стандарди - Европскиот код за внатрешни пловни патишта-CEVNI; Европскиот договор за внатрешни пловни патишта од меѓународно значење - AGN и Европските правила за обележување на внатрешни пловни патишта -SIGNI. Стручно техничките работи на обележувањето од ставот 1 на овој член ги врши правно или физичко лице овластено од министерот за транспорт и врски, оспособено и опремено за вршење дејност на внатрешни пловни патишта под услови и начин: 1) да е регистрирано за вршење стручно технички работи согласно со меѓународни прописи и стандарди од ставот 2 на овој член и 2) да има сертификат за вршење на соодветните работи. Пловните патишта на внатрешните води, како и објектите за осигурување на безбедноста на пловидбата кои се значајни за пловидбата, можат да се променат по претходно добиена согласност од Капетанијата и огласување преку средство за јавно информирање. Член 11 На пловните патишта на внатрешните води се поставуваат објекти за осигурување на безбедноста на пловидбата за: техничко подобрување на условите во пловидбата (брани, зимовници, сидришта, хидротехнички објекти и друго) и обележување и сигнализација (крајбрежни и пловни сигнали и ознаки, оптички, електронски, радарски уреди, ознаки и друго). 4 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година За користење на објектите од ставот 1 на овој член се плаќа надоместок. Висината на надоместокот ја утврдува Владата на Република Македонија, во зависност од видот на објектите и нивната опременост со уреди за обележување и сигнализација. Средствата од ставот 2 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија. Член 12 Работите од членот 11 став 1 алинеја 2 на овој закон се утврдуваат согласно со Годишната програма за обележување и сигнализација на пловните патишта донесена од министерот за транспорт и врски. Член 13 Пловен објект, освен при впловување во пристаниште и капалиште, мора да плови на пловен пат кој не смее да биде на помала оддалеченост од брегот, и тоа за: едрилица 50 метри, моторен чамец со јачина до 3 Kw 50 метри, моторен чамец со јачина над 3 Kw 200 метри, глисер и скутер (jet-sky) 300 метри и брод 300 метри. Чамец на весла може да плови на оддалеченост од брег помала од 50 метри. На внатрешните води, просторот наменет за спорт и рекреација, мора да биде обележен и одвоен од пловниот пат. Обележувањето на просторот се врши од страна на лицата од членот 10 став 3 на овој закон. Член 14 На внатрешните води може да се организира одржување на спортски и други приредби, врз основа на одобрение издадено од Капетанијата, а на барање на организаторот на спортските и други приредби. Барањето за издавање на одобрение од ставот 1 на овој член, организаторот е должен да го поднесе најдоцна 30 дена пред одржувањето на спортските или другите приредби. Кон барањето за издавање одобрение од ставот 1 на овој член, организаторот е должен да достави податоци за мерките што ќе ги преземе заради безбедност за одржување на соодветната спортска или друга приредба што ќе ги организира. Член 15 Организаторот од членот 14 став 1 на овој закон е должен во рок од 24 часа по одржување на приредбата да ги отстрани ознаките, уредите и предметите што биле поставени во врска со одржувањето на приредбата. Ако организаторот на приредбата не ја изврши обврската од ставот 1 на овој член, правното или физичко лице што ги одржува пловните патишта ќе го изврши отстранувањето на сметка на организаторот. 2.Пристаништа, зимовници, сидришта и капалишта Член 16 Пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата мора да ги исполнуваат условите и мерките за безбедност во пловидбата. 5 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 17 Пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата на правни и/или физички лица можат да се дадат на управување и истите се должни да ги одржуваат, опремуваат и обележуваат на начин со кој се обезбедува безбедност на пловидбата. Правните и/или физичките лица што управуваат со пристаништата должни се да овозможат под еднакви услови користење на оперативен брег, уреди и постројки во пристаништето. За користење на пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата се плаќа надоместок. Висината на надоместокот ја утврдува Владата на Република Македонија во зависност од видот на објектите и нивната опременост со уреди за обележување и сигнализација. Средствата од ставот 3 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија. Член 18 Сопственикот, односно корисникот на пловниот објект одговара за штетата што ќе ја нанесе на други пловни објекти, оперативни брегови, пристанишните уреди и постројки. Член 19 Пристаниште и зимовник мора да имаат: 1) обележено подрачје; 2) потребна длабочина на воден простор; 3) опрема за врзување на пловни објекти и 4) осветлен простор. Одобрение за користење на пристаништето и зимовникот издава Капетанијата. Член 20 Сидриште мора да има: 1) обележено подрачје и 2) потребна длабочина на водениот простор. Одобрение за користење на сидриштето издава Капетанијата. Член 21 Капалиште мора да има: 1) обележено подрачје; 2) простор за кабини и санитарни јазли и 3) обезбедени технички средства за спасување. Одобрение за користење на капалиштето издава Капетанијата. Видот и обележувањето на капалиштето го пропишува министерот за транспорт и врски. Член 22 Деловите на брегот и водениот простор на внатрешните води на кои можат да се градат пристаништа, зимовници, сидришта и капалишта и да се поставуваат пловни и пливачки објекти се определуваат со детални урбанистички планови. Во постапката за донесување на детални урбанистички планови од ставот 1 на овој член, мислење дава Капетанијата. 6 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 3. Пловидба Член 23 Владата на Република Македонија може да го ограничи бројот на пловидбата на одделни пловни објекти со моторен погон, ако е загрозена животната и природната средина на внатрешните води. Владата на Република Македонија може да забрани или ограничи пловидба на одделни реони, ако е во интерес на безбедноста на Република Македонија. Член 24 На пловните патишта на внатрешните води мора да се применуваат правила за пловидба како и за сигнали и ознаки што мора да ги задоволат барањата за безбедна и уредна пловидба. Правилатa, сигналите и ознаките за безбедна и уредна пловидба од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 25 Капетанијата може доколку е загрозена безбедноста или сигурноста на пловните објекти привремено да ја ограничи или забрани пловидбата и употребата на пловниот пат, пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата. За ограничувањето или забраната на пловидбата органот од ставот 1 на овој член навремено ќе ги извести учесниците на пловидбата преку средствата за јавно информирање. Член 26 Оштетени, заринкани или потонати пловни објекти што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата или претставуваат опасност за загадување, по барање на Капетанијата мораат да се отстранат од пловен пат. Предмети што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата не смеат да се испуштаат на пловен пат. Член 27 За пристанување на странски пловен објект во внатрешните води на Република Македонија, одобрение издава Капетанијата. Пловен објект кој доаѓа од странство по пловен или копнен пат не смее да стапи во врска со друг пловен објект, физички или правни лица на брегот или во водата пред да добие одобрение за пристанување од Капетанијата. За издавање одобрение од ставот 1 на овој член се плаќа надоместок. Висината на надоместокот ја утврдува Владата на Република Македонија, врз основа на должината на странскиот пловен објект со механички двигател и надоместокот е приход на Буџетот на Република Македонија. Странскиот пловен објект при доаѓањето во пристаништето должен е да се пријави во Капетанијата со општа изјава, здравствена изјава, извадок од пописот на екипажот и листа на патниците. При заминување од пристаништето странскиот пловен објект е должен да предаде извод од пописот на екипажот и листа на патниците. Член 28 Странски пловни објекти не смеат да пловат во зони забранети за пловидба. Зоните од ставот 1 на овој член ги определува Владата на Република Македонија. 7 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Сопственикот на странски пловен објект, кој заради виша сила или од друга оправдана причина присилно го засолни пловниот објект во внатрешните води на Република Македонија е должен за тоа веднаш да ја извести Капетанијата. Странски пловен објект во ремонт, може да престојува во внатрешните води на Република Македонија, по претходно добиено одобрение од Капетанијата. Член 29 Странски воен брод или странски јавен брод или чамец, во внатрешните води на Република Македонија, може да престојува по претходно добиено одобрение. Одобрението од ставот 1 на овој член за странски воен брод издава Министерството за одбрана, а за странски јавен брод или чамец Министерството за транспорт и врски. 4) Пловни објекти 4.1. Брод 4.1.1.Утврдување на способноста на брод за пловидба Член 30 Бродот е способен за пловидба во определени граници на пловидба и за определена намена, ако: 1) конструкцијата и пловните својства, како и машините и опремата што служат за одржување на сигурноста на бродот, според нивните технички својства, количеството, видот и распоредот на товарот на бродот им одговараат на барањата на техничките правила утврдени од Меѓународната асоцијација за класификација на стандарди-IACS, заради: а) сместување на лица на бродот и заштита на човечките животи, б) заштита при работа на членовите на екипажот и други лица кои работат на бродот, в) заштита на бродот, г) заштита на товарот на бродот и д) заштита на животната средина и природата (пловниот пат, пловните и други објекти, водите, брегот и друго), од загадување со опасни и штетни материи (масла, отпадоци од течни горива и нивните мешавини, отпадни води и други отпадни материјали), што од страна на бродот се испуштаат во водите; 2) има пропишан број стручно оспособени членови на екипажот; 3) сместувањето и бројот на патниците на бродот се во согласност со пропишаните услови за превоз на патници од членот 43 на овој закон и 4) товарот на бродот е натоварен во согласност со добиената товарна линија, односно со слободната страна и со правилен начин на распоред на товарот, согласно со членот 44 од овој закон. Член 31 Способноста на бродот за пловидба во смисла на одредбите од членот 30 точка 1 на овој закон, се утврдува со вршење на технички надзор и издавање извадоци од бродските книги и исправи. Способноста на бродот за пловидба во смисла на одредбите од членот 30 точки 2, 3 и 4 на овој закон, ја проверува инспектор за безбедност во внатрешната пловидба, со редовен преглед на исправите, а по потреба и преглед на бродот или одделни делови од бродот. 8 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Техничкиот надзор од ставот 1 на овој член, го врши домашно или странско правно лице, овластено од министерот за транспорт и врски (во натамошниот текст: овластено правно лице). Домашно или странско правно лице за да биде овластено од ставот 3 на овој член, треба да ги исполнува следниве услови: 1) да е регистрирано за вршење стручни и технички работи за: класификација на бродовите во внатрешната пловидба, утврдување на способноста за пловидба на бродови во внатрешната пловидба и пливачки објекти и вршење технички надзор и баждарење на бродови во внатрешната пловидба и пливачки објекти, согласно со меѓународните технички правила утврдени од Меѓународната асоцијација за класификација на стандарди - IACS; 2) да има сертификат или друга форма за вршење на соодветните работи во земјата во која е регистрирано; 3) да има соодветна опрема за вршење на работите од ставот 4 точка 1 на овој член и 4) учествува во работата и ги исполнува обврските кон меѓународните органи и организации за вршење на дејноста за која е регистрирано. Член 32 Техничкиот надзор на бродот опфаќа: 1) одобрување на техничката документација врз основа на која бродот се гради или преправа и техничката документација врз основа на која се изработуваат материјали, машини, уреди и опрема наменети за градба, преправка и поправка на бродот; 2) унифицирано или одделно одобрение за машините, уредите и опремата наменети за вградување во бродот; 3) надзор над градбата и преправката на бродот кој се врши во текот на неговото градење или изведување работи на неговата преправка и надзор над изработката на материјалите, машините уредите и опремата од точката 1 на овој член, кој се врши во текот на нивната изработка, што се потврдува со потврда и надзор над изработката, вградувањето и сместувањето на машините, уредите и опремата на бродот; 4) преглед на постојните бродови, вклучувајќи го и надзорот над изведувањето на поправки и обновување на оние делови на бродот за кои со преглед е утврдено дека треба да се поправат или обноват и 5) преглед на документите за стручна оспособеност и пополнетост на работните места на бродот и екипажот на бродот заради безбедност на работата и заштита на животната средина и природата при користењето на бродот. Член 33 Прегледите на постојните бродови можат да бидат основни, редовни, контролни и вонредни. Член 34 На обврската за вршење на основен преглед подлежат новоизградените бродови и постојните бродови: 1) пред нивниот упис во регистарот на бродови и 2) кога на бродот трајно се менува неговата намена, се прошируваат границите на пловидбата, или се врши преправка со која се менуваат конструктивните карактеристики и својства на бродот и тоа пред почетокот на неговото користење. 9 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 35 Со редовен преглед се утврдува дали состојбата на бродот им одговара на техничките правила на овластеното правно лице од членот 31 став 3 на овој закон (во натамошниот текст: технички правила). Член 36 Со контролен преглед се проверува правилното одржување на бродот согласно со техничките правила. Член 37 Вонреден преглед на бродот се врши: 1) по претрпена хаварија или утврден недостаток на брод, ако според наодот на инспекцијата претрпената хаварија или утврдениот недостаток на бродот влијаат врз способноста на бродот за пловидба; 2) кога се вршат поголеми преправки или обнова на бродот надвор од барањата што произлегуваат од основниот, редовниот или контролниот преглед на бродот; 3) кога бродот бил во преуредување подолго од една година; 4) при привремена промена на намената или проширување на границата на пловидба на бродот и 5) во други случаи предвидени со техничките правила. Член 38 Прегледот на бродот заради утврдување на неговата способност за вршење на пробно возење се врши при тргнувањето на бродот на пробното возење. Прегледот на бродот за вршење пробно возење е составен дел на надзорот над изградбата или преправката на бродот и на основниот преглед на бродот. Обемот на овој преглед треба да ги задоволува посебните услови за вршење на пробно возење, согласно со техничките правила од членот 31 став 3 на овој закон. Начинот и постапката за пробно возење на брод ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 39 За вршење преглед на брод за внатрешна пловидба, заради утврдување на способноста за пловидба, издавање уверение за способност за пловидба на бродот, упис на бродот и преглед на бродот за вршење пробно возење, сопственикот на бродот плаќа надоместок. Висината на надоместокот од ставот 1 на овој член се утврдува според тарифа на овластеното правно лице од членот 31 став 3 на овој закон. Член 40 По извршениот надзор над изградбата, односно преправката на бродот или по кој било извршен преглед на бродот, не смеат без претходна согласност на овластеното правно лице од членот 31 став 3 на овој закон да се вршат какви било промени или преправки на конструкцијата на трупот на бродот, на неговите машини, уреди и опрема или други делови на кои се однесуваат техничките правила на овластеното правно лице за градба на бродови. Член 41 Обемот и начинот на вршењето на техничкиот надзор на бродот, како и роковите за вршење на редовни и контролни прегледи се определуваат со техничките правила. 10 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 42 Бродарот е должен бродот и неговата опрема да ги одржува така што бродот секогаш да биде способен за пловидба без опасност за бродот, лицата натоварени на бродот, товарот и животната средина и природата. Член 43 Бродот може да превезува само определен број патници чиј број и сместување на бродот се определува врз основа на пропишаните услови, пловните својства на бродот, расположливата површина за сместување на патници, уредите и опремата наменети за патниците и хигиенските услови. Дозволениот број на патници и нивното сместување на бродот се утврдува согласно со техничките правила. Член 44 Товарот на бродот мора да биде распореден така што ќе ги обезбедува пловните својства на бродот и да не предизвикува прекумерни напрегнувања на конструкциските делови на бродот за различни услови на користење. Товарот на бродот мора да биде товарен во границите на дозволеното оптоварување на бродот и согласно со техничките правила и да биде распореден и обезбеден така што во сите услови што можат да се појават во пловидбата да не може да дојде до поместување на товарот, што би можело да ја загрози безбедноста на бродот, човечките животи, товарот и заштитата на животната средина и природата. Најголемото дозволено оптоварување на бродот и распоредот на товарот се определуваат со технички правила. Член 45 Ако овластеното правно лице од членот 31 став 3 на овој закон, со преглед утврди неспособност за пловидба на бродот во претходно утврдените граници, неговата способност за пловидба може да ја ограничи во потесни граници. По исклучок од ставот 1 на овој член, овластеното правно лице може да дозволи едно или повеќе патувања што ја надминуваат претходно дозволената граница на пловидбата, доколку со основен преглед утврди способност за пловидба надвор од дозволените граници. Пловидбата од ставовите 1 и 2 на овој член, овластеното правно лице може да ја услови со превоз на помал број на патници или количина на товар од дозволениот, или со други услови со кои се остварува безбедна пловидба. Овластеното правно лице за брод кој не е патнички, може да утврди способност за превоз на патници за едно или повеќе патувања или за определено време, доколку согласно со одредбите на овој закон со преглед ја утврди неговата способност за превоз на патници. Член 46 Одредбите од членовите 30 до 45 на овој закон за утврдување на способноста на бродот за пловидба што се однесуваат на бродовите во внатрешната пловидба се применуваат и врз скелињата, кога тие по своите димензии им одговараат на димензиите на брод за внатрешна пловидба. 11 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 4.1.2. Баждарење на бродовите Член 47 Баждарење на брод се врши заради утврдување најголема дозволена истиснина и истиснина за определена водена линија, а на товарен брод и заради утврдување носивост на бродот во зависност од газењето на бродот. Член 48 Баждарење на брод се врши согласно со техничките правила на овластено правно лице од членот 31 став 3 на овој закон. За извршеното баждарење се издава свидителство за баждарење. Висината на надоместокот за баждарење од ставот 1 на овој член се утврдува според тарифа на овластеното правно лице. Член 49 Баждарење на брод се врши: 1) пред впишување на бродот во македонскиот регистар на бродови и 2) на странски брод чие баждарење не е во согласност со техничките правила од членот 31 став 4 точка 1 алинеја 3 на овој закон. Член 50 Повторнo баждарење на брод се врши, ако: 1) по баждарењето на бродот се извршат преправки, со што настанале промени во распоредот, конструкцијата, капацитетот, употребата на просторот, бројот на патниците дозволен да се превезуваат, промена на најголемата дозволена тонажа и 2) постои сомневање за точноста на баждарењето. Во зависност од извршените преправки на бродот од ставот 1 точка 1 на овој член, овластеното правно лице одлучува дали повторното баждарење ќе се извршува во целост или делумно. 4.1.3. Бродски исправи и книги Член 51 Бродските исправи и книги служат како доказ за идентитетот, способноста за пловидба и други својства на бродот. Во бродските исправи и книги што екипажот на бродот мора да ги води се внесуваат податоци за поважните настани на бродот и за извршените работи на бродот. Член 52 Бродските исправи и книги се водат на македонски јазик и кирилско писмо. Бродските исправи и книги што се издадени врз основа на меѓународен договор мора да содржат и превод на еден од светските јазици во согласност со тој договор. Бродски исправи и книги на странски брод, издадени согласно со националните прописи на државата на која бродот и припаѓа, се признаваат под услов на реципроцитет, а во други случаи врз основа на мислење од Министерството за транспорт и врски. Член 53 Бродските исправи и книги пропишани со овој закон мораат да се наоѓаат на бродот и секогаш да бидат достапни на овластеното правно лице за проверка. 12 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година По исклучок од ставот 1 на овој член, бродските исправи и книги, за брод без екипаж, се наоѓаат кај сопственикот на бродот. Член 54 Бродот мора да има бродско свидетелство. Бродското свидителство содржи податоци од влoшката на главната книга од регистарот на бродови во која е впишан бродот. Со бродското свидителство се докажува: македонската државна припадност на бродот, правото и обврската да вее знаме на Република Македонија, видот и намената на бродот, неговата способност за пловидба, број на патници и количина на товар што смее да превезува. Бродското свидителство го издава Капетанијата. На брод без екипаж, бродското свидителство може да се замени со натпис на бродска табла истакната на трупот на бродот. Член 55 Бродското свидителство мора да се замени кога на бродот ќе се промени името, тонажата, намената или подрачјето на пловидба. Замената на бродското свидителство ја врши Капетанијата. Член 56 Привремено бродско свидителство се издава за брод прибавен во странска држава, кој нема бродско свидителство и за брод кој се наоѓа во странска држава, а бродското свидителство му е изгубено. Брод кој сй уште не е впишан во македонски регистар на бродови, со привременото бродско свидителство се стекнува со македонска државна припадност и право и должност да го вее знамето на Република Македонија. Привременото бродско свидителство важи најдолго една година од денот на издавањето. Привременото бродско свидителство го издава дипломатско или конзуларно претставништво на Република Македонија. Член 57 Брод со екипаж, мора да води попис на екипажот. Пописот на екипажот содржи: податоци за лицата кои се превезуваат со бродот како членови на екипаж, нивната стручна подготовка и работите кои ги вршат на бродот. Во пописот на екипажот, покрај податоците од ставот 2 на овој член, се внесуваат и податоците за членовите на семејството од член на екипажот на бродот. Пописот на екипажот го издава Капетанијата. Член 58 Бродот мора да води: 1) бродски дневник, ако има сопствен механички двигател со јачина поголема од 50 Kw; 2) машински дневник, ако има сопствен механички двигател со јачина поголема од 110 Kw; 3) здравствен дневник, ако има екипаж и истиснина поголема од 100 тони и 4) радио дневник, ако користи фиксна или мобилна радиостаница. 13 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 59 Формата и содржината на бродските исправи и книги од членовите 54 до 58 на овој закон ја пропишува министерот за транспорт и врски. 4.2. Пливачки објекти Член 60 Пливачкиот објект е способен за употреба по претходно добиено одобрение за локација и за определена намена, доколку ги исполнува следниве услови: 1) да ги задоволува техничките правила на овластеното правно лице во врска со: а) заштитата на човечките животи, б) заштита при работа, сместување на екипажот и други лица на пливачкиот објект, в) заштита на објектот, г) заштита на товарот на објектот и д) заштита на животната средина и природата; 2) да има пропишан број членови на екипажот; 3) сместувањето и бројот на лицата натоварени на пливачкиот објект да е во со согласност со: а) условите предвидени со техничката документација, исправите и книгите на пливачкиот објект и б) прописите со кои е утврдено престојување на други лица на пливачкиот објект; 4) товарот на пливачкиот објект да е натоварен и сместен во согласност со: а) условите предвидени со техничката документација, исправите и книгите на пливачкиот објект и б) прописите со кои е утврдено натоварување и сместување на товар на пливачкиот објект и 5) да е приврзан или засидрен на соодветно место. Одобрението од ставот 1 на овој член го издава надлежниот орган на општината, по претходна согласност од Капетанијата. Член 61 Утврдување способност за употреба, технички надзор, преглед и баждарење на пливачкиот објект се врши во согласност со членовите од 31 до 50 на овој закон. Член 62 Исправите и книгите за бродовите соодветно се применуваат и на пливачките објекти. Член 63 Пливачки објект се впишува во регистарот на пливачките објекти. Регистарот на пливачките објекти е јавна книга, а го води Капетанијата. Барањето за впишување на пливачкиот објект во регистарот на пливачките објекти се поднесува во рок од 15 дена од денот на извршениот основен преглед. 4.3. Чамци Член 64 Чамецот е способен за пловидба и определена намена доколку ги исполнува условите за пловидба во поглед на конструкцијата, пловните својства, механичкиот двигател и другите уреди и опрема предвидени со овој закон. 14 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Конструкцијата, пловните својства, механичкиот двигател и другите уреди и опрема од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 65 Исправа за способност за пловидба на чамец издадена од странска држава се признава под услов на реципроцитет. Ако чамецот не е впишан во регистар на чамци, а припаѓа на странски државјанин кој нема престојувалиште во Република Македонија и нема исправа за способност за пловидба, Капетанијата ќе ја забрани пловидбата на чамецот додека не се утврди неговата способност за пловидба. Одредбата од ставот 2 на овој член се применува и на чамец чии карактеристики не одговараат на исправата за неговата способност за пловидба. По утврдената способност за пловидба од ставот 2 на овој член, Капетанијата издава привремена пловидбена дозвола за чамецот, со рок на важност од 30 дена од денот на издавањето. Член 66 Според намената чамецот може да биде: 1) чамец за стопански цели и тоа превоз на патници и товар, риболов, вадење песок, камен и слично; 2) чамец за нестопански цели и тоа: за лични потреби, спорт и рекреација и 3) чамец за јавни потреби и тоа: за инспекциски, царински, полициски надзор и слично. Чамец без сопствен механички двигател може да плови најмногу на оддалеченост од 1.000 метри од брег. Член 67 Способноста за пловидба на чамецот се утврдува со основен, редовен и вонреден преглед. Прегледот и баждарењето на чамецот го врши Капетанијата, а по исклучок кога се работи за негова реконструкција и пренамена, или кога се работи за чамец со посебна конструкција, прегледот го врши овластено правно лице. За преглед на чамец се плаќа надоместок. Надоместокот се определува според критериумите утврдени врз основа на намената на чамецот и јачината на моторот на чамецот. Висината на надоместокот врз основа на критериумите од ставот 4 на овој член ја пропишува Владата на Република Македонија. Средствата од ставот 3 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија. Се ослободуваат од плаќање на надоместок од став 3 на овој член пловните објекти на : 1) Армијата на Република Македонија; 2) Полицијата; 3) Црвениот крст и 4) странски дипломатски претставништва под услов на реципроцитет. Член 68 Чамецот се впишува во регистар на чамци. Регистарот на чамци е јавна книга, а го води Капетанијата. Во регистарот на чамци не може да се впише чамец кој е впишан во регистар на друга земја. Чамец впишан во регистар на чамци мора да има регистарска ознака, а може да има и име. 15 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година За чамец впишан во регистар на чамци се издава пловидбена дозвола со која се потврдува способноста за пловидба. Пловидбената дозвола мора секогаш да се наоѓа на чамецот што плови. Начинот на водењето на регистарот на чамци, образецот со содржината на пловидбената дозвола и регистарската ознака ги пропишува министерот за транспорт и врски со актот од членот 64 на овој закон. Член 69 Барањето за упис на чамец во регистарот на чамци, сопственикот на чамецот го поднесува во Капетанијата. Кон барањето за прв упис на чамецот во регистарот на чамци задолжително се приложува: исправа со која се докажува сопственост на чамецот (договор за купопродажба, фактура, царинска декларација, изјава за градба и слично), исправа со која се докажува способноста за пловидба на чамецот (атест, записник за извршен преглед, свидителство за градба) и полиса за осигурување. За впишување на чамец во регистарот на чамци решение издава Капетанијата. Член 70 Чамец со сопствен погон може да се користи во пловидба ако со него управува стручно оспособено лице за управувач на чамец, кое е телесно и душевно способно и има наполнето 18 години живот. Лице со наполнети 16 години живот може да управува чамец со сопствен погон со јачина на механички двигател до 5 Kw или до 5,00 метри должина само за сопствени потреби. За стекнување звање управувач на чамец се полага испит во Капетанијата пред комисија именувана од министерот за транспорт и врски. Со звање управувач на чамец може да се стекне и странско физичко лице доколку положи испит од ставот 3 на овој член. За положен испит се издава уверение за оспособеност за управување со чамец. Уверението мора секогаш да се наоѓа на чамецот што плови. За полагање испит кандидатот плаќа надоместок. Висината на надоместокот од ставот 4 на овој член треба да биде во рамките на трошоците за литература што се користи , потрошен материјал, како и трошоци за испитната комисија и друго. Висината на надоместокот за полагање испит, како и за работата на Комисијата, ги пропишува Владата на Република Македонија. Средствата од ставот 4 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија. Начинот за стекнување звање управувач на чамец, планот и програмата за полагање испит за стекнување звање управувач на чамец, образецот на уверението за стекнатото звање ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 71 Одредбите од членовите 64 до 70 на овој закон не се однесуваат на: 1) чамци кои припаѓаат на друг пловен објект; 2) спортски чамци без сопствен погон наменети за натпреварување (кајак, кану и скиф); 3) чамци од гума и гумирано платно без сопствен погон; 4) чамци до 3,00 метри должина и 5) даски и едрилици. Одредбите од ставот 1 на овој член не се однесуваат на глисери, скутер и друго. 16 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 72 Чамецот се брише од регистарот на чамци, ако: 1) пропадне или се претпоставува дека пропаднал; 2) повеќе не ги исполнува условите на изградбата и опременоста за пловидбата; 3) трајно се повлече од пловидба и 4) му припадне на друг пловен објект или со преправка се скрати на помал од 3,00 метри должина. Се смета дека чамецот пропаднал ако од последното видување поминале три месеца. Во тој случај се смета дека чамецот пропаднал следниот ден од добиената последна вест за него. Сопственикот на чамецот е должен во рок од 15 дена од настанувањето на околностите од ставот 1 на овој член до Капетанијата да поднесе барање за бришење на чамецот од регистарот на чамци. За бришење од регистарот на чамци решение издава Капетанијата. 5. Екипаж на брод Член 73 Екипажот на бродот го сочинуваат лица задолжени за извршување работи на бродот и запишани во пописот на екипажот. Со пописот на екипажот се утврдува кои лица се натоварени на бродот како членови на екипажот, за кои работи и со какви стручни квалификации. Бројот и составот на членовите на екипаж за безбедна пловидба на бродовите во внатрешната пловидба, во зависност погонските машински уреди, го пропишува министерот за транспорт и врски. Член 74 За вршење работи со кои се обезбедува пловидба на брод мора да има соодветен број членови на екипаж, со пропишана стручна подготовка. Член на екипаж на брод може да биде лице со наполнети 18 години живот, кое се стекнало со соодветно звање и кое за вршење на работите на тоа звање на бродот има соодветно овластување, како и лице кое е приправник заради стекнување на звање. Звањата на членовите на екипаж на брод се стекнуваат со полагање соодветен испит за определено звање. Испитот за стекнување на звањето се полага по посебен план и програма, пред комисија формирана од министерот за транспорт и врски. Испитот се полага во Капетанијата. Планот и програмата за стекнување звање и за стекнување овластување, начинот на полагање испит за стекнување звање и овластување, образецот и содржината на уверението за стекнато звање и овластување, ги пропишува министерот за транспорт и врски. Уверението за стекнато звање и овластувањето за вршење работи на брод ги издава Капетанијата. За полагање испит за стекнување звање се плаќа надоместок, чија висина се утврдува врз основа на видот на звањето за кое се полага стручниот испит. Висината на надоместокот од ставот 6 на овој член ја пропишува Владата на Република Македонија. Средствата од ставот 6 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија. 17 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 75 Заповедникот на бродот или лицето кое врши инспекциски надзор, може на член на екипаж на брод кој е привремено неспособен за работа, е под дејство на алкохол или опојна дрога, односно е телесно или душевно неспособен да му забрани вршење работи на брод. Член 76 Здравствената способност на член на екипажот на брод се утврдува со лекарски преглед пред лицето да отпочне со работа на бродот и периодичен лекарски преглед за време на траењето на вработувањето на бродот. Здравствен преглед се врши и во случај кога член на екипажот ги промени работните задачи заради: несреќа при работа, во случај на замена заради несреќа на друг член на екипаж, после бродска хаварија или на барање на заповедникот на бродот, Капетанијата или врз основа на лично барање на членот на екипажот. Лица кои се пријавуваат за работа на брод, односно членови на екипаж на брод кои работат на работи и работни задачи за кои е потребно задоволување на посебни телесни и душевни способности, должни се да се подвргнат на соодветен специјалистички преглед. Член 77 Бродарот е должен да овозможи членовите на екипажот на бродот да извршат здравствен преглед. За здравствената состојба на членовите на екипажот на бродот, бродарот води регистар. Трошоците за здравствениот преглед од членот 76 на овој закон се на товар на бродарот. Член 78 Утврдувањето на здравствената способност на членови на екипажот на брод се врши од страна на здравствени организации овластени од министерот за здравство. Начинот на утврдувањето на здравствената способност на членовите на екипажот на бродот од членот 76 на овој закон, како и начинот на вршењето на здравствениот преглед од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за здравство во согласност со министерот за транспорт и врски. Член 79 Член на екипаж на брод ги врши работите на бродот во согласност со своите должности пропишани со овој закон и со правилата на навигација на начин што нема да ја доведе во опасност безбедноста на пловидбата, бродот, товарот на него, безбедноста на патниците на бродот или на другите членови на екипажот и животната средина и природата од загадување со опасни и штетни материи (масло, отпадоци од течни горива и нивни мешавини, отпадни води и други отпадни материи) од страна на бродот. Член 80 Член на екипаж на брод за време на стража не смее да ја напушти просторијата, односно стражарското место без одобрение од неговиот претпоставен офицер, односно заповедникот на бродот. Член 81 На брод засидрен на пловен пат мора непрекинато да се организира стража на бродот. На брод засидрен надвор од пловен пат или приврзан за брег не мора да се организира стража, освен ако тоа е заради посебни временски и други услови или по налог од Капетанијата. 18 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 82 Член на екипаж на брод може да биде само лице кое има бродска книшка или дозвола за качување на брод, издадени од Капетанијата. Со бродската книшка се докажува идентитетот, стручната подготовка и здравствената состојба на членот на екипажот, својството во кое членот на екипажот е качен на бродот, како и времетраењето на вработувањето на бродот. На барање на овластено службено лице, лицето од ставот 1 на овој член е должно документите од ставот 2 на овој член да ги достави на увид. Бродската книшка ако содржи виза за патување во странство издадена од надлежен орган истата служи како патна исправа (пасош), при што го овластува лицето да биде член на екипаж на брод што плови во странство, да патува во странство заради качување на брод, односно по слегувањето од бродот да се врати во Република Македонија. Формата и содржината на бродската книшка и дозволата за качување ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 83 Член на екипаж на брод е должен веднаш да го извести заповедникот на бродот за: 1) настан на бродот кој би можел да ја загрози сигурноста на бродот, екипажот, патниците, или товарот на бродот, како и загадување на животната средина и природата со опасни и штетни матeрии и 2) на пловен пат забележи неуредна светлосна сигнализација, или неуредно поставени знаци и пливки. За околностите од ставот 1 точка 2 на овој член, заповедникот на бродот без одлагање е должен да ја извести Капетанијата. Во случај на постоење опасност од хаварија на бродот, се до издавање наредба од заповедникот за напуштање на бродот, членовите на екипажот на бродот се должни да преземат мерки за спасување на бродот, патниците, товарот, како и за заштита на животната средина и природата. Член 84 За штета настаната поради телесна повреда или смрт на член на екипажот на бродот одговара бродарот. Вината на бродарот се претпоставува се додека не се докаже спротивното дека телесната повреда или смртта на членот на екипажот на бродот настапиле како последица на бродолом, судир, заринкување, експлозија, пожар или недостаток на бродот. 5.1. Заповедник на брод Член 85 Со бродот управува заповедникот на бродот. Заповедникот на домашен брод мора да биде македонски државјанин. Заповедникот на бродот го именува и разрешува од должноста бродарот. Во случај на смрт, спреченост или отсуство на заповедникот на бродот, го заменува најстариот член на екипажот на службата на палубата со сите негови овластувања, според рангот кој е македонски државјанин, но најдоцна до крајот на пловидбата. Одредбата од ставот 2 на овој член не се однесува на јахта сопственост на странски државјанин впишана во Mакедонскиoт регистар на бродови. 19 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 86 Заповедникот на бродот е одговорен за безбедноста и редот на бродот, а во согласност со одредбите на овој закон го застапува бродарот. Ако брод на внатрешна пловидба со сопствен погон влече или турка други бродови, заповедникот на тој брод е заповедник на целиот конвој. Член 87 Заповедникот на бродот е должен да се грижи за снабдувањето на бродот, за бродската администрација, за одржување во исправна состојба на трупот на бродот, машините, уредите и опремата, за правилно натоварување, превоз и истоварување на патници и товар и за извршување на сите задачи сврзани со процесот на работа. Заповедникот на бродот е должен пред тргнување на пат да ја провери исправноста на бродот која му овозможува да го изврши определеното патување и да ги обезбеди сите пропишани исправи и книги, како и членовите на екипажот да се наоѓаат на бродот, а при превозот на патници особено да утврди дали се преземени сите мерки за безбедност на патниците. Заповедникот на бродот е должен за време на пловидбата да биде на бродот. Заповедникот на бродот е должен во роковите пропишани со техничките правила на овластеното правно лице од членот 31 став 3 на овој закон да врши вежби со чамците и другите средства за спасување, како и со уредите за откривање, спречување и гаснење на пожар. Заповедникот на брод со сопствен погон пред тргнување на пат со бродови во влечен или туркан конвој е должен да ја провери исправноста и способноста на бродовите за вршење на определеното патување. Член 88 Ако на бродот се случи настан што ја загрозува сигурноста на бродот или пловидбата, или ако се случи вонреден настан на бродот,на патниците и на товарот, или ако се забележи загадување од масла и хемикалии на пловниот пат, заповедникот на бродот е должен тоа веднаш да го внесе во бродскиот дневник. Извештај за настанот со извод од бродскиот дневник, заповедникот на бродот е должен да поднесе до Капетанијата најдоцна во рок од 24 часа. Заповедникот на бродот смее да го напушти бродот дури откако во границите на вистинската можност ги презел сите мерки за спасување на бродот. Заповедникот на бродот е должен да ги преземе сите мерки за спасување на бродскиот дневник, а ако допуштаат околностите и другите бродски документи и книги. Член 89 Во случај на судир на бродови заповедникот на бродот е должен, ако е во можност тоа да го стори и без сериозна опасност за бродот со кој заповеда и за лицата на него, покрај првенственото спасување на лицата да преземе спасување и на другиот брод. Член 90 Заповедникот на бродот има право и обврска на лицата натоварени на бродот да им издава наредби со кои го осигурува бродот и неговата пловидба, го одржува редот на бродот, како и да го контролира почитувањето на издадените наредби. Заповедникот на бродот има право членот на екипажот на бродот кој ја нарушува безбедноста на пловидбата, да го отстрани од работното место, а по потреба и да го симне од бродот, по пристигнување на првото пристаниште, односно пристан. 20 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Заповедникот на бродот е должен самоволното напуштање на бродот од член на екипажот на бродот да го пријави во Капетанијата. Член 91 Ако член на екипажот на бродот, патник или друго лице на бродот извршил или има намера да изврши кривично дело, заповедникот на бродот е должен да ги преземе сите мерки потребни да се спречи или ублажи кривичното дело со тоа што: ќе му ја ограничи слободата на движење на бродот, ќе го лиши од слобода, ќе ги сослуша сторителот на кривичното дело, сведоците и оштетениот, ќе ги утврди околностите под кои кривичното дело е извршено и последиците што настапиле, ќе сочини записник и како доказ ќе ги земе предметите над кои или со кои е извршено кривичното дело, односно на кои има трага за стореното кривично дело, веднаш ќе го извести Министерството за внатрешни работи за извршеното кривично дело и во првото пристаниште извршителот на кривичното дело со доказен материјал да го предаде на надлежен орган. Член 92 Одредбите од членовите 73 до 91 на овој закон се однесуваат и на воените бродови. II. ДРЖАВНА ПРИПАДНОСТ, ИДЕНТИФИКАЦИЈА, УПИС И БРИШЕЊЕ НА БРОД, ПЛИВАЧКИ ОБЈЕКТ И ЧАМЕЦ 1. Државна припадност и идентификација на брод Член 93 Брод со упис во соодветен регистар на бродови кој го води Капетанијата, стекнува македонска државна припадност. Член 94 Брод што стекнал македонска државна припадност има право и должност да го вее знамето на Република Македонија. Правото и должноста да го вее знамето од ставот 2 на овој член не се однесува на брод без екипаж. Чамците впишани во регистарот на чамци кога пловат во внатрешните води надвор од границите на Република Македонија се должни да го веат знамето на Република Македонија. Член 95 Истакнатото знаме на Република Македонија е знак за македонска државна припадност. Знамето има форма и изглед на знамето на Република Македонија во размер 1:1,5. Министерот за транспорт и врски го пропишува начинот на истакнување и веење на знамето. Член 96 Брод кој е впишан во регистарот на бродови мора да има име и ознака. Влекач, потискувач и пливачки објект впишани во соодветен регистар мора да имаат ознака, а може да имаат и име. 21 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Два брода не смеат да имаат исто име и иста ознака, а два влекача, потискувачи и пливачки објекти не можат да имаат иста ознака. Сопственикот на бродот преку Капетанијата на пристаништата, до Министерството за транспорт и врски поднесува барање со предлог за име, ознака и повикувачки знак на бродот. Бродот мора да го носи името на пристаништето каде што е извршен уписот на бродот. Член 97 Брод, пливачки објект и чамец што имаат радиоврска, мора да имаат повикувачки радиознак, согласно со меѓународните прописи за радиоврска. 2. Упис и бришење на брод во регистарот на бродови Член 98 Во регистарот на бродови мора да биде впишан брод што во целост е сопственост на правни лица со седиште во Република Македонија и физички лица државјани на Република Македонија. Член 99 Во регистарот на бродови може да биде впишан: 1) брод што во целост е во сопственост на правни лица со седиште во Република Македонија и физички лица државјани на Република Македонија; 2) брод што во дел поголем од половината е во сопственост на странски државјани или на лица без државјанство со живеалиште на територијата на Република Македонија, или странско правно лице под услов местото од кое редовно се управува со бродот да се наоѓа на територијата на Република Македонија и 3) брод што во дел поголем од половината е во сопственост на државјанин на Република Македонија кој нема живеалиште на територијата на Република Македонија, чиј упис во Македонскиот регистар на бродови, по барање на неговиот сопственик ќе го дозволи министерот за транспорт и врски. Одредбите од ставот 1 на овој член се однесуваат и на јахта. Член 100 Брод во градба на барање на сопственикот на бродот може да се впише во Македонскиот регистар на бродови, доколку се гради во Република Македонија. Член 101 Сопственик на брод кој нема престојувалиште во Република Македонија, е должен за време на неговото отсуство да овласти правно или физичко лице со престојувалиште во Република Македонија да го застапува пред надлежните органи во Република Македонија. Член 102 Во регистарот на бродови со македонска државна припадност не може да се впише брод што е впишан во странски регистар на бродови. Член 103 Бродот се брише од регистарот на бродови, ако: 1) се утврди дека бродот пропаднал или се претпоставува дека пропаднал; 2) не ги задоволува условите од членовите 98 и 99 на овој закон; 22 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 3) трајно биде повлечен од пловидба и 4) се отуѓи на странско правно лице. Се смета дека бродот пропаднал ако од последната вест за него поминале три месецa. Во тој случај се смета дека бродот пропаднал следниот ден од добивањето на последната вест за него. Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член, се применуваат и за брод во градба впишан во Македонскиот регистар на бродови. Одредбите на овој член соодветно се применуваат и на пливачките објекти. Член 104 Од македонскиот регистар на бродови не може да се брише брод, доколку на тоа се противи доверителот кој има побарување за тој брод. Ако бродот е ставен под залог, за негово бришење од Македонскиот регистар на бродови потребна е согласност од заложниот доверител. Во случаи од ставовите 1 и 2 на овој член, Капетанијата може да дозволи бришење на бродот од регистарот на бродови и без согласност на доверителот кој има побарување за тој брод, односно без согласност на заложниот доверител, доколку пред надлежен суд биде депониран износ на пари во вредност на побарувањето на доверителот, односно износ за кој по сослушувањето на доверителот се утврди дека е доволен. Одредбите од овој член се применуваат и на брод во градба. Одредбите од овој член не се применуваат во случај пропишан во членот 103 точки 1 и 4 на овој закон. Член 105 Регистарот на бродови е јавна книга. Секој има право да врши увид во главната книга на регистарот на бродовите. Капетанијата е должна да издава потврда и препис со податоци од главната книга на регистарот на бродови. Потврдата и преписот имаат својство на јавна исправа. Член 106 За бродовите се води: регистар на бродови, регистар на јавни бродови и регистар на бродови во градба. Член 107 Регистарот на бродовите, на јавните бродови и бродовите во градба се состои од главна книга и збирка на исправи. Главната книга на регистарот на бродовите се состои од влошки. Влошката се состои од листовите А, Б и Ц. По исклучок кога се врши упис на јавни бродови, главната книга на регистарот на јавни бродови, содржи само листови А и Б. Секој брод се впишува во посебна влошка. Образецот и содржината на главната книга на регистарот на бродовите ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 108 Во листот А од влошката на главната книга на регистарот на бродовите се впишуваат техничките карактеристики на бродот и неговата идентификација. 23 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Во листот Б од влошката на главната книга се впишуваат податоци за сопственикот на бродот (назив и седиште на правното лице, односно име, презиме, ЕМБГ, место и адреса на живеење на физичкото лице), како и сите ограничувања на сопственикот во врска со располагањето на бродот. Во листот Б од ставот 2 на овој член се запишува и називот и седиштето на бродарот ако бродот во целост или во дел е сопственост на странско правно или физичко лице, доколку бродот се впишува согласно со членот 99 точка 1 на овој закон. Во другите случаи податоците за бродарот се впишуваат само како констатација дека се работи за бродар кој не е сопственик на бродот. Во листот Ц од влошката на главната книга се впишуваат стварните права со кои е оптоварен бродот или дел од бродот, како и правата стекнати над тие права (закуп на брод и друго). Член 109 Правото на сопственост и останатите стварни права на брод можат да се однесуваат на бродот во целина или на функционален дел на бродот, но не и на прирастоци на бродот. 3. Стварни права 3.1. Право на сопственост Член 110 Брод и брод во градба се движни предмети. Член 111 Над брод и брод во градба можат да постојат стварни права и тоа: право на сопственост и заложни права. Брод и брод во градба можат да бидат во сосопственост. Ако меѓу сосопствениците не е поинаку договорено, сосопственоста се дели на еднакви идеални делови. На сите стварни права во поглед на брод што не се уредени со овој закон, на соодветен начин се применуваат прописи од областа на сопственоста и другите стварни права. Член 112 Врз стекнувањето, преносот, ограничувањето и престанокот на правото од членот 111 на овој закон, се применуваат одредбите од членовите 113 до 120 и членовите 103 и 104 на овој закон. Член 113 Брод, брод во градба и јахта што имаат македонска државна припадност, може да бидат во сопственост на домашно или странско физичко или правно лице. Брод и јахта во сопственост на странско физичко или правно лице, можат да имаат македонска државна припадност под услови пропишани во членот 99 на овој закон. Член 114 Правото на сопственост на брод во градба ги опфаќа предметите вградени на бродот во градба, како и предметите што според нивните карактеристики е очигледно дека се прибавени за вградување на бродот во градба. 24 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 115 Правото на сопственост и другите стварни права на брод кога се темелат на правна работа мора да бидат склучени во писмена форма. Правната работа што не е склучена во писмена форма не произведува правно дејство. Член 116 Правото на сопственост и другите стварни права на брод, можат да се стекнат, пренесат, ограничат или престанат само по извршен упис во регистарот на бродови. Член 117 Одредбата од членот 115 став 1 на овој закон не се однесува на: 1) преминувањето на правото на сопственост на брод врз осигурувачот со прифаќање на изјавата на осигуреникот за напуштање на бродот или со исплата на надоместокот од осигурувањето; 2) стекнувањето на правата од членот 115 на овој закон со наследување, доспевање и јавна судска продажба и 3) стекнувањето и престанувањето на правата од членот 115 на овој закон над потонати бродови, ако тие права се стекнати, односно престанале поради пропуст да се извади бродот во со овој закон пропишан рок. Член 118 Одредбите од членовите 115, 116 и 117 на овој закон се применуваат и на бродови во градба што се градат во Република Македонија од моментот на нивниот упис во регистарот на бродови, како и на чамци кои на барање на сопственикот се впишани во регистарот на бродови. Член 119 Прирастоци на бродот се делови кои по својата намена трајно и служат на неговата употреба, дури и кога привремено се одвоени од него. Прирастоци на бродот се и деловите впишани во бродскиот инвентар. Член 120 При пренос или отуѓување на брод се опфаќаат и прирастоците на бродот. При пренос или отуѓување на брод не се опфаќаат прирастоците на брод за кои во согласност со сопственикот на бродот во регистарот на бродовите стои забелешка дека припаѓаат на друго физичко или правно лице. 3.2. Заложни права 3.2.1. Договорно заложно право на брод Член 121 Договорно заложно право на брод е право според кое доверителот е овластен да се намири од продажната цена на бродот остварена по пат на судска продажба. Договорното заложно право на брод не престанува со промената на носителот на правото на располагање со бродот, односно на сопственикот на бродот, освен ако со овој закон поинаку не е определено. 25 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 122 На договорно заложно право на брод, може врз основа на договор да се заснова право на подзалог во корист на трето лице под услов од членот 121 на овој закон. Во случајот од ставот 1 на овој член, заложниот должник може да го намири својот долг спрема заложниот доверител само ако тоа го дозволи договорниот подзаложен доверител, или ако должниот износ го депонира во суд. Ако заложниот должник не постапи така, договорното заложно право останува во сила за побарувањето на договорниот подзаложен доверител. Член 123 Договорното заложно право на бродот се однесува и на прирастоците на бродот. Одредбата од членот 120 став 2 на овој закон соодветно се применува и врз договорното заложно право на прирастоците на бродот. Член 124 Договорното заложно право на брод се однесува и врз: 1) побарувања по основ на надоместок на штета на уште неотстранети материјални оштетувања што бродот ги претрпел и 2) побарувања по основ на заедничка хаварија, ако тие се однесуваат на уште неотстранети материјални оштетувања на бродот. Член 125 Договорното заложно право на брод не се однесува на надоместок за извршенатa возарина, превознина, влечарина и закупнина, ниту на наградата за спасување на вода, ако поинаку не е договорено. Член 126 Договорното заложно право на брод се однесува и на надоместокот од осигурувањето на бродот што му припаѓа на носителот на правото на располагање со бродот, односно на сопственикот на бродот, ако поинаку не е договорено. Договорното заложно право на надоместoк од осигурувањето престанува ако осигурувачот го исплати надоместокот пред да биде известен од заложниот доверител за постоењето на договорното заложно право. Ако осигурувачот бил известен за договорното заложно право на надоместок од осигурувањето не смее да му го исплати на осигуреникот без согласност од заложниот доверител. Член 127 Договорно заложно право во корист на главнината постои и за трошоците за упис на договорното заложно право, за парничната и извршната постапка. Заостанатите камати за период од три години што му припаѓаат на доверителот врз основа на договор или закон имаат ист ред на првенство како и главнината. Член 128 Кога брод ќе претрпи такви оштетувања или неговата состојба е таква што договорното заложно право не дава доволно сигурност за намирување на побарувањето, заложниот доверител може да бара исплата на побарувањето и пред пристигнувањето, ако должникот за разликата настаната со тоа намалување на сигурноста не му понуди обезбедување на друг начин. 26 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 129 Брод оптоварен со договорно заложно право може да биде трајно повлечен од пловидба само со претходна согласност на заложниот доверител. Ако нема согласност од заложниот доверител во смисла на одредбата од ставот 1 на овој член, заложниот должник има право да бара од судот бродот да се продаде на јавна продажба. Член 130 Одредбите од овој закон за договорно заложно право на брод се применуваат и врз договорното заложно право на брод во градба што е запишан во регистарот на бродови во градба. Член 131 Договорното заложно право на брод престанува: 1) со бришење и 2) со продажба на бродот во извршна или во стечајна постапка. Член 132 Правата и нивниот ред на првенство, стекнати со упис на договорното заложно право не престануваат со бришење на бродот од регистарот на бродови, заради тоа што бродот пропаднал или се претпоставува дека пропаднал или трајно е повлечен од пловидба (член 103 став 1 точки 1 и 3). Член 133 Договорното заложно право може за едно исто побарување да се запише неразделно на два или повеќе брода или бродови во градба или на две или повеќе договорни заложни побарувања (заедничко договорно заложно право). Во случај од ставот 1 на овој член, доверителот е овластен да бара намирување на целото побарување од секој одделен брод над кој постои договорно заложно право. Член 134 Ако на бродот е запишано договорното заложно право во корист на странски државјанин или лице без државјанство или на странско правно лице за побарување во странска валута, овие лица имаат право слободно да располагаат со средствата добиени од цената постигната со судска јавна продажба на бродот. Член 135 Договорното заложно право упишано во странски регистар на бродови, што ќе стекне македонска државна припадност, која е наведена во исправата за бришење на бродот од странскиот регистар на бродови, ќе се запише во македонски регистар на бродови како пренотација на договорното заложно право, со тоа што ќе му се признае на тоа право редот на првенство според моментот што бил меродавен за утврдување на неговиот ред на првенство во странскиот регистар на бродови. Заложниот доверител во чија корист е запишана таквата пренотација е должен пренотацијата да ја оправда во рок од 60 дена од денот на доставувањето на известувањето за уписот. 27 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 3.2.2. Законско заложно право на брод Член 136 Законски заложни права на брод постојат за: 1) судски трошоци сторени заради запирање и чување на бродот од моментот на неговото запирање заради водење на постапката за извршување или обезбедување, вклучувајќи ги и трошоците неопходни за одржување на бродот; 2) побарувања од заснован работен однос на бродот на заповедникот и другите членови на екипажот на бродот; 3) побарувања по основ на награда за спасување на бродот како и придонес на бродот во случај на заедничка хаварија; 4) побарувања по основ надоместок на штета предизвикана од судир на бродови или друга пловидбена незгода, како и надоместок на штета причинета на пристаниште или пловен пат, надоместок на штета за смрт или телесна повреда на патник или член на екипаж, надоместок на штета заради губење или оштетување на товар и 5) побарувања врз основа на договор или работи кои заповедникот на бродот врз основа на своите овластувања ги склучил или извршил заради потребата од зачувувањето на бродот или продолжување на патувањето, без оглед на тоа дали заповедникот едновремено е сопственик на бродот, односно бродар и дали има побарувања тој сам или набавувачот, сервисерот или некој друг договарач. Законско заложно право на брод во корист на главнината постои и за каматите и трошоците во постапката. Член 137 Законските заложни права на брод се однесуваат на сите предмети кои според својата намена постојано се прицврстени на бродот и му припаѓаат на носителот на правото на располагање со бродот, односно на сопственикот на бродот. Член 138 Законските заложни права на брод не престануваат со промена на носителот на правото на располагање со бродот, односно сопственикот на бродот ако со овој закон поинаку не е определено. Член 139 Законските заложни права на брод не се однесуваат на побарувања што на носителот на правото на располагање со бродот, односно сопственикот на бродот му припаѓаат по основ на договор за осигурување, премии и субвенции. Член 140 Побарувањата пристигнати со законско заложно право на брод се намируваат според првенствениот ред пропишан во членот 136 од овој закон. Ако пабарувањата со ист првенствен ред не можат да се намират во целост, се намируваат во сооднос со своите износи, а побарувањата од членот 136 став 1 точка 3 на овој закон се намируваат така што подоцна настанатото побарување има предност пред поранешното. Член 141 Законско заложно право на возарина, односно превознина и влечарина може да се остварува сй додека возарината, односно превознината и влечарината се должат или додека нивниот износ уште се наоѓа кај заповедникот или агентот на бродот. 28 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 142 Законските заложни права на бродот престануваат: 1) со престанување на побарувањето обезбедено со законско заложно право; 2) по истекот на рок од една година; 3) со продажба на бродот во извршна или стечајна постапка и 4) со продажба на бродот под следниве услови: да е извршен упис на преносот на правото на располагање со брод, односно на сопственоста на бродот во регистарот на бродовите, уписот на преносот на правото на располагање, односно на сопственоста на бродот во регистарот на бродовите да е објавен во службено гласило во кое се објавуваат уписи во трговски регистар и законскиот заложен доверител во рок од 60 дена од денот на објавувањето на уписот во трговскиот регистар, или пред истекот на рокот од точката 2 на овој член не поведе постапка за намирување на своето побарување. Член 143 Рокот од членот 142 став 1 точка 2 на овој закон се смета: кај законските заложни права за побарувања од спасување - од денот кога работите врз спасувањето се завршени, кај законското заложно право за судир на бродови или други пловидбени незгоди, како и за побарувањата поради телесни повреди од денот кога е нанесена штетата, кај законското заложно право поради губење или оштетување на товарот или багажот од денот кога товарот или багажот е предаден или требало да биде предаден и кај законското заложно право за поправките и набавките и други побарувања предвидени во членот 131 став 1 точка 5 од овој закон - од денот кога настанало побарувањето. Во сите други случаи од денот на пристигнувањето на побарувањата. Рокот од членoт 142 став 1 точка 2 на овој закон престанува да тече со поднесување тужба за остварување на побарување обезбедено со законско заложно право. Кога пресудата врз основа на поднесената тужба што била предмет на прибелешка ќе стане извршна, законското заложно право престанува во рок од 60 дена од денот на извршноста на пресудата, ако доверителот во тој рок не побара продажба на бродот, или ако судот на неговото барање не спроведе запирање на бродот. Доверителот има право во тој рок да побара од судот неговото законско заложно право да се запише во регистарот на бродовите со првенствен ред според моментот кога прибелешката на тужбата за остварување на законското заложно право е запишана во регистарот на бродовите. Член 144 Законските заложни права на брод се применуваат и на брод кој го искористува лице кое не е носител на правото на располагање со брод, односно сопственик на брод, освен ако бродот му е одземен со недозволено дејствие на носителот на правото на располагање со брод, односно сопственикот на бродот, а законскиот заложен доверител не е совесен. Член 145 Со престанувањето на законското заложно право на брод не престанува и побарувањето што било обезбедено со законското заложно право. Со отстапување на побарувањето обезбедено со законско заложно право се пренесува и законското заложно право на брод. 29 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 146 Законското заложно право на брод не престанува со бришење на бродот од регистарот на бродовите. Член 147 Одредбите од членoвите 136 до 146 на овој закон не се однесуваат на бродови упишани во регистарот на јавни бродови. Член 148 Законските заложни права на брод се применуваат и врз чамец и брод во градба што се способни за пливање (одржување над површината на водата). 4.Постапка за запишување во регистар на бродови Член 149 Одредбите на овој закон за постапката за запишување на бродовите во регистарот на бродови се однесува и на брод во градба, ако со овој закон поинаку не е определено. Член 150 Впишувањето во регистарот на бродови се врши по поднесено барање во три примероци до Капетанијата на пристаништата од сопственикот на бродот. Кон барањето за упис во регистарот на бродови се приложува: доказ за сопственост, извод од надлежен регистар, односно друга исправа со која се докажува кој е носител на правото на располагање со бродот, а за брод во сопственост на физичко лице - исправа со која се докажува дека сопственикот е македонски државјанин, решение за определување на името, односно ознаката на бродот и пристаништето на записот, свидетелство за баждарење, уверение за способност за пловидба, доказ за стварните права со кои е оптоварен бродот, потврда за извршено бришење на бродот од странски регистар на бродови, доколку бродот се пренесува од странски во Македонскиот регистар на бродови и полиса за осигурување. Трошоците во постапката за упис на брод се на товар на странката. Член 151 Врз основа на овој закон во регистарот на бродови се врши впишување на следните податоци: 1) прв упис во регистарот на бродови - во Македонскиот регистар на бродови се впишува брод кој не е впишан во регистарот на бродови; 2) упис во листот А - во листот А од влошката на главната книга на регистар на бродови се впишуваат податоците за идентификацијата на бродот и неговите технички карактеристики; 3) вкнижување - се впишува пренос, ограничување или престанок на право без исполнување на посебни услови; 4) пренотација - запишувањето - преносот, ограничувањето или престанувањето на правата се запишува под услов на дополнително оправдување (условно запишување, или условно бришење на правата); 5) забелешка - се евидентира располагањето со имотот и 6) бришење од регистар на бродови - бродот се брише од Македонскиот регистар на бродови. 30 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 152 Во регистарот на бродови се впишуваат: стварни права, закуп на брод, бродски договор за време на целиот брод или право на дел од бродот. Член 153 Решение за впишување во листот А на влошката од главната книга на регистарот на бродовите носи Капетанијата. Решение за првиот упис на бродот, решенија за упис во листовите Б и Ц на влошката од главната книга на регистарот на бродовите, решение за бришење на бродот од регистарот на бродови и решение за повторен упис на брод во Македонскиот регистар на бродови носи Централниот регистар на Република Македонија. Постапката за впишување на бродот се врши согласно со одредбите од Законот за општата управна постапка. Член 154 Решението со кое се дозволува упис во регистарот на бродовите мора да има: 1) назначување на влошката во која мора да се изврши уписот и име на бродот на кој се однесува уписот и 2) назив и седиште, односно име и живеалиште на лицето во чија корист ќе се изврши уписот на бродот или правото на бродот на кој ќе се изврши уписот, назначување на исправите врз основа на кои се дозволува уписот, вид на уписот што ќе се изврши и суштествената содржина на правото кое се запишува и тоа со зборовите што треба да бидат запишани во регистарот на бродовите. Ако содржината на правото што се запишува не може да се изрази накратко, може да се изврши повикување на точно означените места во исправите врз основа на кои е определен уписот и тоа со дејство како да се запишани тие места во главната книга. 4.1. Вкнижување Член 155 Ако со овој или со друг закон поинаку не е определено, вкнижување може да се дозволи само врз основа на јавна или на приватна исправа на која потписите на лицата чие право треба да се ограничи, оптовари, укине или пренесе врз друго лице, ги заверил надлежен орган за оверување потписи (нотар). Врз основа на приватна исправа што ја издал полномошник, вкнижување против властодавецот може да се дозволи само ако полномошното што овој го издал гласи на определена работа или на определен вид работи, а од денот на издавањето на полномошното до денот на барањето за вкнижување не поминало повеќе од една година. Заверување на потпис на приватна исправа не е потребно ако на исправата се наоѓа одобрение издадено од надлежен орган за заштита на правата и интересите на лицето чие право треба да се ограничи, оптовари, укине или пренесе врз друго лице. 4.2. Пренотација Член 156 Кога поднесената исправа ги исполнува општите услови за упис, но не ги исполнува сите посебни услови за вкнижување пропишани во членот 155 од овој закон, судот ќе дозволи пренотација од членот 151 точка 4 на овој закон. 31 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 157 Пренотација на договорно заложно право е дозволена само ако побарувањата и правната основа на договорното заложно право се веројатни. Член 158 Кога во Македонскиот регистар на бродови се запишува брод кој бил запишан во странски регистар на бродови, а од исправата за бришење на бродот од странскиот регистар на бродовите се гледа дека бродот е оптоварен со договорно заложно право од членот 135 на овој закон, по службена должност ќе се запише пренотација на договорното заложно право со редот на првенство што го има според моментот кој бил меродавен за утврдување на редот на првенството во странскиот регистар на бродови, ако во моментот на уписот не се исполнети условите за вкнижување на договорното заложно право определени со овој закон. Член 159 Пренотација на правото на закуп на бродскиот договор за време на целиот брод и правото на првенствено купување е дозволена само ако постоењето на правото и на согласноста со уписот се направени веројатни. Член 160 Пренотација се дозволува и врз основа на следниве исправи: 1) неправосилни судски одлуки со кои барањето за утврдување, стекнување, ограничување или престанување на запишаното право се усвојува или се одбива; 2) судски одлуки со кои пренотација се дозволува во постапката за обезбедување според прописите на извршната постапка и 3) барање на судот, органот на управата или организацијата во вршењето на работите на јавните овластувања што и се доверени со закон, кога овие според законот се овластени по службена должност да определат одредени побарувања да се обезбедат со договорно заложно право. Член 161 Ако во судот биде положен износот на долгот обезбеден со договорно заложно право за кој според правните правила за имотно право, постои оправдана причина дека долгот не може да му се плати на доверителот, ќе се дозволи пренотација врз основа на потврда од судот дека тој износ е положен и тоа, ако: 1) износот на долгот во судот го положил должникот или лицето кое одговара за долгот, ќе се дозволи пренотација на бришењето на договорното заложно право и 2) износот на долгот во судот го положило трето лице на кое според правните правила за имотното право доверителот е должен да му го отстапи своето побарување, ќе се дозволи пренотација на отстапувањето на побарувањето обезбедено со договорно заложно право. Член 162 Со пренотација се стекнуваат, пренесуваат, ограничуваат или укинуваат запишаните права под услов пренотацијата да биде дополнително оправдана и тоа во обемот во кој ќе биде оправдана. Член 163 Пренотацијата може да се оправда врз основа на: 1) исправа со која може да се дозволи вкнижување, а што ја издало лицето против кое е запишана пренотацијата; 32 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 2) потврда дека судската одлука од членот 160 точка 1 на овој закон станала правосилна и извршна; 3) конечна одлука на надлежниот орган за постоењето на побарувањата од членот 160 точка 3 на овој закон заради чие обезбедување е запишана пренотацијата и 4) правосилна извршна одлука на судот во спорот против лицето против кое е запишана пренотацијата. Член 164 Ако пренотацијата се оправдува со поднесување на исправа способна за вкнижување од членот 163 точка 1 на овој закон оправдувањето треба да се изврши во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението за пренотација. Ако пренотацијата се оправдува врз основа на правосилна и извршна одлука на судот од членот 163 точка 4 на овој закон, спорот мора да се поведе во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението за пренотација. Рокот во кој мора да се оправда пренотацијата се наведува во одлуката за пренотација. Рокот за оправдување на пренотацијата судот може на предлог од странката, да го продолжи ако за тоа постојат оправдани причини. Предлогот се поднесува до органот кој го води регистарот на бродовите. Член 165 Ако оправдувањето на пренотацијата се врши со поднесување на исправите наведени во членот 163 точки 1 до 3 од овој закон предлогот за оправдување на пренотацијата се поднесува до органот што го води регистарот на бродовите. Ако пренотацијата се оправдува со одлука на судот во спор пропишан во членот 163 точка 4 од овој закон, барателот на пренотацијата е должен да поведе спор пред надлежниот суд и за тоа да го извести органот што го води регистарот на бродовите. Член 166 Рокот во кој мора да се поведе спор за оправдување на пренотацијата ќе се наведе во одлуката за пренотација. Рокот за поведување на спор судот може, на предлог од странката да го продолжи, ако за тоа постојат оправдани причини. Член 167 Ако во времето на поднесувањето на предлогот за пренотација веќе тече спор за постоење на правото чија пренотација се бара, поведувањето на посебен спор за оправдување на пренотацијата не е потребно, ако според одредбите од Законот за парничната постапка, во постојниот спор може уште да се истакне и барањето за оправдување на пренотацијата. Член 168 Ако оправдувањето на пренотацијата изостане, лицето против кое била дозволена пренотација може да предложи таа да се брише. Ако од списите не произлегува дека тужбата за оправдување на пренотацијата е поднесена на време или дека рокот за оправдување тече уште оној ден кога е поднесен предлогот за бришење, судот во краток рок }е определи рочиште на кое предлагачот на пренотацијата мора да докаже дека рокот за оправдување тече уште или дека тужбата е поднесена на време. Ако судот утврди дека рокот изминал, односно дека спорот не е поведен на време, ќе дозволи бришење на пренотацијата. 33 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Ќе се смета дека тужбата за оправдување на пренотацијата е поднесена на време иако поминал рокот за нејзино поднесување, ако биде поднесена пред поднесувањето на предлогот за бришење на пренотацијата или барем истиот ден кога е поднесен овој предлог. Член 169 Ако барањето на тужителот за оправдување на пренотацијата биде усвоено во спорот со кој се оправдува пренотацијата (членови 164 и 167), на предлог од која и да било странка ќе се забележи оправдувањето на пренотацијата во регистарот на бродовите според содржината на правосилната пресуда. Ако во спорот од ставот 1 на овој член барањето за оправдување на пренотацијата биде правосилно одбиено, на предлог од која било странка ќе се брише пренотацијата. Член 170 Ако пренотацијата е бришана затоа што тужбата за оправдување на пренотацијата не е поднесена на време, може да се предложи нова пренотација, но таа има правно дејство дури од моментот на поднесувањето на новиот предлог. Носителот на правото на располагање со брод, односно сопственикот на бродот или овластениот на запишаното право може со тужба да бара да се утврди непостоење на пренотираното право. Пресудата со која се усвојува ова барање ќе се прибележи на предлог од странката во регистарот на бродовите и со тоа се спречува повторна дозвола на пренотацијата. Член 171 Ако пренотацијата биде бришана од други причини, а не од причините наведени во членот 170 од овој закон, судот по службена должност ќе го одбие секој нов предлог за пренотација на истото право врз основа на иста исправа. Ако судот пропушти да го стори тоа и нова пренотација биде запишана, таа пренотација ќе се брише штом противникот ќе пријави дека пренотацијата веќе еднаш била бришана. Член 172 Ако е пренотирано право на располагање со брод, односно право на сопственост, натамошни уписи можат да се дозволат не само против вкнижениот, туку и против пренотираниот носител на правото на располагање со брод, односно сопственик на брод, но правното дејство на тие уписи зависи од тоа дали пренотацијата ќе биде оправдана или неоправдана. Ако пренотацијата биде оправдана, истовремено со уписот на оправдувањето на пренотацијата ќе се бришат по службена должност, сите оние уписи што против вкнижениот носител на правото на располагање со брод, односно сопственик на бродот биле извршени по моментот на поднесувањето на предлогот врз основа на кој пренотацијата на правото на располагање со брод, односно на правото на сопственост била извршена. Ако пренотацијата на правото на располагање со брод односно на правото на сопственост биде бришана, истовремено ќе се бришат, по службена должност и сите уписи што биле извршени со оваа пренотација. Одредбите на овој член ќе се применуваат и во случај кога против договорниот заложен доверител е извршена пренотација на преносот на неговото побарување врз друго лице. Член 173 Ако бришењето на некое право е пренотирано, во поглед на тоа право можат да се дозволат натамошни уписи (на пример: на подзаконските права или на отстапувањето), но правното дејство на тие уписи зависи од тоа дали пренотацијата на бришењето ќе биде оправдана или неоправдана. 34 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Ако пренотацијата на бришењето биде оправдана, истовремено со запишувањето на оправдувањето ќе се бришат по службена должност и сите уписи што во поглед на бришаното право во меѓувреме биле дозволени. Член 174 Ако на побарувањето обезбедено со договор на заложно право, во времето кога се бара негово бришење, уште постојат подзаложни права, бришењето на тоа побарување може да се дозволи само со забелешка дека правното дејство на бришењето во поглед на подзаложните права ќе настапи дури кога овие ќе бидат бришани. Штом ќе биде вкнижено бришењето на побарувањето обезбедено со договорно заложно право, натамошните уписи на договорното заложно право не можат повеќе да се дозволат, а ако бришењето на договорното заложно право биде само пренотирано натамошни уписи на тоа право можат да се дозволат, но само со правното дејство од членот 162 на овој закон. 4.3. Забелешка Член 175 Забелешката на личните односи, особено во поглед на ограничувањето на правото на располагање со имот има за правна последица дека никој, во чија корист е запишано некое право во регистарот на бродовите не може да се повикува на тоа дека тие односи не му биле познати (на пример: малолетност, продолжување на родителското право или на старателството и отворање стечај). Забелешката на личните односи и бришењето на таквата забелешка ја определува судот врз основа на исправите со кои се докажуваат тие односи, а по предлог на странките, нивните законски застапници или од надлежните органи. Член 176 Забелешка на други факти, освен оние што се наведени во членот 175 од овој закон, може да се дозволи само кога забелешката е со закон дозволена и има дејство кое е определено со закон (на пример: првенствен ред, заедничко договорно заложно право, откажување на побарувањето обезбедено со договорно заложно право, тужба за остварување на законско заложно право и забелешка на спор). Член 177 Носителот на правото на располагање со брод, односно сопственикот на бродот може да бара упис на забелешката на првенствениот ред за намеравано отуѓување на бродот или за оптоварување со договорно заложно право. Правното дејство на забелешката е првенствениот ред на правата стекнати со тоа отуѓување или оптоварување да се смета од моментот на поднесувањето на предлогот за упис на забелешката, ако уписот на наведените права се побара за времето на важењето на забелешката (член 179). Договорниот заложен доверител може со правното дејство наведено во ставот 1 од овој член, да бара упис на забелешката на првенствениот ред за намераваното отстапување или за намераваното бришење на своето побарување. Забелешките од овој член можат да се дозволат само ако според состојбата на уписот во регистарот на бродовите би било дозволено вкнижување на правото кое мора да се запише, односно бришење на запишаното право, иако потписот на предлагачот е заверен од надлежен орган. 35 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 178 Решението со кое се дозволува предлогот за упис на забелешката од членот 177 на овој закон се издава само во еден примерок (испратка). Кога ќе го изврши уписот на забелешката во регистарот на бродовите, Капетанијата на пристаништата мора во тој примерок да потврди дека забелешката е извршена. Член 179 Ако забелешката на првенствениот ред е дозволена за намеравано оптоварување на бродот со договорно заложно право, забелешката го губи дејството со истекот на рокот од една година, а во други случаи наведени во членот 177 од овој закон - со истекот на рокот од 60 дена од денот кога била дозволена. Во решението со кое се дозволува забелешка ќе се наведе датумот кога престанува дејството на таа забелешка. Член 180 Предлогот за упис на правото или за упис на бришењето со ред на првенство што е обезбеден со забелешката од членот 177 на овој закон мора да се поднесе во роковите определени во членот 164 од овој закон и кон предлогот да се приложи примерок од решението со кое е дозволена забелешката. Исправата врз основа на која се запишува или се брише правото за кое е забележан ред на првенство може да биде составена и по поднесувањето на предлогот за упис на забелешката. Во решението со кое на предлогот поднесен во смисла на ставот 1 од овој член, се дозволува вкнижување или пренотација, судот ќе назначи дека дозволениот упис го има оној ред на првенство што е стекнат со забелешката. Капетанијата на пристаништата кога ќе го изврши уписот на дозволеното вкнижување, односно пренотација, ќе потврди дека во примерокот на решението со кое е дозволена забелешката на првенствениот ред е извршен уписот. Уписот со забележан ред на првенство ќе се дозволи иако бродот или побарувањето обезбедено со договорно заложно право се пренесени врз трето лице или се оптоварени откако предлогот за забелешка на првенствениот ред бил поднесен. Ако носителот на правото на располагање со брод односно сопственикот на бродот или договорниот заложен доверител паднат под стечај пред да биде поднесен предлогот за упис, уписот ќе се дозволи само ако исправата за правната работа веќе била составена пред денот на отворањето на стечајот и ако денот на составувањето на исправата е докажан со заверка од надлежен орган. Ако исправата не им одговара на овие услови, дали уписот е дозволен ќе се цени според прописите за стечај. Член 181 Ако се дозволи вкнижување на пренос на правото на располагање со брод, односно на правото на сопственост или отуѓување на бродот, односно отстапување или бришење на побарувањето со првенствен рeд стекнат со забелешка (член 177 став 1) судот, на предлог од странката во чија корист е запишано вкнижувањето, ќе нареди бришење на оние уписи што во поглед на тој брод или побарување се извршени по поднесувањето на предлогот за забелешка. Предлогот за бришење на овие уписи мора да се поднесе во рок од 15 дена од денот кога вкнижувањето со забележен ред на првенство станал правосилен. Член 182 Ако предлогот за упис не биде поднесен пред истекот на рокот по кој престанува дејството на забелешката на членот 179 од овој закон или ако износот на побарувањето, во 36 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година поглед на кое е извршена забелешка на првенствен ред, до крајот на тој рок не биде исцрпен судот, по службена должност, ќе нареди бришење на забелешката на првенствениот ред. Пред истекот на рокот од членот 179 на овој закон бришење на забелешката може да се дозволи само ако кон предлогот за бришење на забелешката е поднесен примерок од решението со кое забелешката е дозволена. Кога ќе изврши упис на бришењето, Капетанијата на пристаништата ќе потврди во тој примерок од решението дека бришењето е извршено. Член 183 Надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон, на барање од доверителот ќе дозволи забелешка на судскиот отказ на договорното заложно побарување и забелешка на заложно-правната тужба, ако оној против кого е поднесен отказот или тужбата е запишан како носител на правото на располагање со брод, односно како сопственик на бродот и ако се докаже дека е поднесена заложноправна тужба. Забелешка на заложно-правна тужба може да дозволи и парничниот суд. Забелешката од ставот 1 на овој член има за последица отказот или тужбата да има правно дејство против подоцнежниот носител на правото на располагање со брод, односно сопственик на бродот, а особено да може врз основа на правосилна пресуда донесена во спорот за забележаната тужба или врз основа на извршеното судско порамнување склучено во тој спор, да се води извршување над заложениот брод непосредно против секој подоцнежен носител на правото на располагање со брод, односно сопственик на бродот. Член 184 Забелешката на тужба за остварување на законско заложно право се брише по службена должност, ако во рок од 60 дена од денот на извршноста на пресудата донесена врз основа на тужбата која била предмет на забелешка доверителот на побарување обезбедено со законско заложно право, не побара продажба на бродот или упис на договорното заложно право. Член 185 Лицето кое повело спор за да оспори вкнижување за кое ќе утврди дека со него се повредени неговите запишани права и бара враќање во поранешна состојба во регистарот, може кај парничниот суд или кај надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон да бара забелешка на тој спор во регистарот на бродовите истовремено со поднесување на тужба или подоцна. Забелешката на спорот од ставот 1 на овој член има за последица пресудата донесена во тој спор да дејствува и против оние лица кои стекнале запишани права по моментот кога предлогот за забелешка на спорот стигнал до Капетанијата. Член 186 Во спорот поведен со тужба за бришење на вкнижувањето против лица кои со непосредно вкнижување, чиешто бришење се бара со тужбата, стекнале право или се ослободени од товар или кога тужбата се заснова врз односите што постојат непосредно меѓу тужителот и тужениот, за застареноста на тужбеното барање ќе се суди согласно со прописите и правните правила за застареност. 37 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 187 Лицето кое сака да го оспори вкнижувањето против трети лица, за чија дозвола било известено, е должно во рокот во кој може да се вложи жалба против дозволата за тоа вкнижување да му предложи на надлежниот суд од членот 153 на овој закон упис на прибелешката дека вкнижувањето е спорно, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на истекот на рокот за жалба да поднесе тужба за бришење на вкнижувањето против сите лица кои со оспоруваното вкнижување стекнале некое запишано право или врз некое запишано право постигнале натамошни вкнижувања или пренотации. По истекот на рокот од ставот 1 на овој член, против трети лица кои пред забелешката на спорот врз запишаното право стекнале натамошни запишани права, може со тужба за бришење да се оспорува вкнижувањето само ако тие лица не биле совесни во поглед на исправноста на оспоруваното вкнижување. Член 188 Ако тужителот на пропишан начин не бил известен за дозволата за вкнижувањето што го оспорува, правото на поднесување тужба за негово бришење против трети совесни лица кои на запишаното право стекнале натамошни запишани права, престанува во рок од три години од моментот кога предлогот за побиваното вкнижување стигнал до Капетанијата на пристаништата. Член 189 Ако тужителот ја повлече тужбата или ако според законот се смета дека тужбата е повлечена или ако тужбата со правосилна одлука биде отфрлена или тужбеното барање биде одбиено или ако во случајот од членот 187 на овој закон тужбата не биде поднесена во пропишаниот рок судот, на предлог од спротивната страна, ќе нареди бришење на прибелешката на спорот. Ако со правосилна пресуда биде наполно или делумно усвоено барањето за бришење на оспореното вкнижување, или ако странките за бришењето на вкнижувањето склучат судско порамнување, судот на предлог од странката, ќе дозволи упис на бришењето на оспореното вкнижување според содржината на пресудата, односно на судското порамнување, па истовремено ќе нареди бришење на забелешката на спорот, како и на сите вкнижувања и пренотации за кои во поглед на бришаното право, предлогот за упис стигнал до Капетанијата на пристаништата, од моментот кога до овој орган стигнал предлогот за прибелешка на спорот. Член 190 Лицето кое ќе утврди дека до вкнижување дошло поради сторено кривично дело може, заради постигнување на правно дејство од членот 185 на овој закон во однос на подоцнежните уписи, да побара од надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон да дозволи забелешка дека вкнижувањето е спорно. Ова лице е должно кон предлогот да поднесе потврда од надлежен орган за поведена кривична постапка. Ако забелешка на спорот се предлага заради постигнување на дејство и против трети лица кои совесно стекнале запишани права пред забелешката на спорот, предлогот за забелешка мора да се поднесе до надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон во рок во кој странката е овластена за поднесување на жалба против дозволеното вкнижување. Член 191 Ако судот во кривична постапка одлучи да се брише вкнижувањето заедно со запишаните права што се стекнати пред забелешката наведена во членот 190 на овој закон, надлежниот суд од членот 153 на овој закон ќе нареди бришење на вкнижувањето според 38 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година одредбите на членот 189 став 2 од овој закон, ако странката, против која е извршено оспореното вкнижување кон предлогот за бришење на вкнижувањето ја приложи одлуката на судот донесена во таа кривична постапка, со потврда за нејзина правосилност. Ако судот во кривичната постапка утврди кривична одговорност на обвинетиот, а оштетениот со неговото барање за бришење на вкнижувањето го упати на спор, оштетениот има право да поднесе тужба за бришење на вкнижувањето и на запишаните права од ставот 1 на овој член во рок од 60 дена од денот кога одлуката на судот за упатување на спор станала правосилна. Ако судот во кривичната постапка не донесе одлука за тоа дека обвинетиот е кривично одговорен и ако овластеното лице во рокот од ставот 2 на овој член не поднесе тужба, надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон ќе дозволи бришење на забелешката на спорот на предлог од лицето кое има правен интерес оспореното вкнижување да се одржи во сила. Член 192 Кога се бара бришење на забелешката на спорот поради тоа што тужбата за бришење не е поведена во пропишаните рокови од членовите 187 и 191 на овој закон, надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон ќе постапи согласно со одредбите од членот 168 ставови 2 и 3 на овој закон. Член 193 Ако сопственикот на бродот или доверителот, на чиј брод односно побарување е вкнижено некое право, поднесе тужба тоа право во целост или делумно да се брише поради застареност, надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон, по предлогот од тужителот, ќе дозволи забелешка на спорот во регистарот на бродовите. Член 194 Ако се поведе спор со кој се бара да се утврди дека со оддршка е стекнато определено стварно право, надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон на предлог од тужителот ќе дозволи забелешка на спорот во регистарот на бродовите. Член 195 Забелешката на спор во случај на тужба за бришење поради застареност од членот 193 на овој закон, или во случај на тужба за утврдување на стекнувањето на стварно право поради поддршка од членот 194 на овој закон, нема дејство против трети лица кои, верувајќи во регистарот на бродовите, постигнале определени вкнижувања пред моментот кога предлогот за забелешка на спорот стигнал до Капетанијата. Ако со правосилна пресуда е утврдено дека тужителот со оддршка стекнал определено стварно право, правото стекнато со оддршка има првенствен ред пред сите уписи што се спроведени по забелешката на спорот, а сите права запишани по забелешката на спорот што со тоа се во противречност ќе се бришат на предлог од странката. Во постапката за бришење соодветно се применуваат одредбите од членот 189 став 2 на овој закон. Член 196 Судот кој по службена должност спровел продажба на брод, ќе нареди решението за досудување на продадениот брод да се забележи во регистарот на бродовите. Забелешката од ставот 1 на овој член има дејство запишаните права против досегашниот сопственик на бродот да можат да се стекнат со натамошните уписи само ако решението за досудување биде правосилно укинато. 39 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Ако решението за досудување не е побивано или ако побивањето е правосилно на предлог од заинтересираното лице ќе се бришат сите уписи извршени по забелешката на тоа решение против досегашниот сопственик на бродот, како и сите натамошни уписи што се извршени во однос на нивните права. Член 197 Предлозите за упис или за бришење на забелешките за кои одлучува надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон мора да се поднесат до Капетанијата, доколку со друг пропис поинаку не е определено. 4.4. Запишување на заеднички договорни заложни права Член 198 Кај заедничките договорни заложни права од членот 133 на овој закон што се засноваат со упис во повеќе влошки, една од влошките се означува како главна, а другите како споредни. Во предлогот за упис мора да се наведе која влошка се означува како главна, а која како споредна, а ако во предлогот тоа не е наведено, ќе се смета дека како главна влошка мора да се означи онаа што во предлогот за упис е наведена на прво место. Ако се побара договорното заложно право што веќе постои да се прошири за истото побарување и врз другите влошки, со првобитно оптоварената влошка ќе се постапува како со главна влошка. Во главната влошка со забелешка се упатува на споредните влошки, а во секоја споредна влошка на главната влошка. Член 199 Ако доверителот заради осигурување на своето побарување побара упис на договорното заложно право во определена влошка на регистарот на бродовите, должен е да го пријави постоењето на договорното заложно право што за тоа побарување е веќе запишано во некоја друга влошка за да може да се прибележи заедничкото договорно заложно право. Доверителот е одговорен за штетата предизвикана со тоа што пропуштил да го пријави постоењето на договорното заложно право. Ако прибелешката на заедничкото договорно заложно право не биде запишана, договорниот заложно-правен должник може да предложи оваа прибелешка да се изврши и да побара доверителот да му ги надомести трошоците, ако прибелешката изостанала по негова вина. Ако надлежниот суд од членот 153 став 2 на овој закон, дозволувајќи вкнижување или пренотација на договорно заложно право, утврди дека за истото побарување договорното заложно право е веќе запишано во регистарот на бродовите, по службена должност ќе определи дека влошката, во која договорното заложно право е веќе запишано е главна влошка. Судот е должен за тоа да ја извести Капетанијата. Член 200 Ако при првобитниот или подоцнежниот упис на заедничко или договорно заложно право учествуваат повеќе судови од членот 153 на овој закон, секој од нив самостојно ќе одлучи за предлогот на вкнижување или за пренотација на договорното заложно право во регистарот на бродовите за кој е тој надлежен. Секој од судовите своето решение за тоа ќе го достави до Капетанијата. Жалбата против решението од ставот 1 на овој член се поднесува до судот кој го донел тоа решение. 40 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Ако вкнижувањето или пренотацијата што е запишана во некоја споредна влошка, по повод жалбата биде бришана, за бришењето заради забелешка се известува Капетанијата. Член 201 Првенствениот ред кај заедничкото договорно заложно право се определува самостојно за секоја влошка и е меродавен моментот кога предлогот за дозвола на уписот на заедничкото договорно заложно право пристигнал до Капетанијата. Член 202 Сите предлози, во поглед на промената на заложното право за побарувања за кое е запишано заедничкото договорно заложно право во повеќе влошки, се поднесуваат до Капетанијата. За тие предлози се одлучува според состојбата на уписот во главната влошка. Предлогот поднесен до друг орган, а не до Капетанијата ќе му се врати на подносителот со упатство дека предлогот мора да се поднесе до Капетанијата. Член 203 Сите промени што на заедничкото договорно заложно право мораат да се направат со пренос, ограничување, оптоварување, бришење или на друг начин, се запишуваат само во главната влошка. Уписот на промените во главната влошка има правно дејство како да е извршено во сите веќе постојни или идни споредни влошки. Делумното или целосното бришење на заедничкото договорно заложно право што се однесува на сите бродови или на сите побарувања (под залог), кои се предмет на заедничкото договорно заложно право, се забележува на сите споредни влошки, а бришењето на заедничкото договорно заложно право што се однесува на определен брод или на определено побарување, се забележува само во споредната влошка во која е запишан тој брод, односно побарување. Член 204 Ако биде бришано заложното право на брод, односно на побарување обезбедено со договорно заложно право запишано во главната влошка, во оваа влошка се бришат и сите натамошни извршени уписи на заедничкото договорно заложно право и се пренесуваат во една од споредните влошки кои се водат кај истиот орган. Ако заедничкото договорно заложно право уште постои, со таа влошка се постапува како со главната влошка. Ако во регистарот на бродовите во Капетанијата нема споредна влошка, судот ќе определи, ако тоа не го определил договорниот заложно-правен доверител, со која споредна влошка во иднина ќе се постапува како со главна влошка, па по службена должност ќе испрати до Капетанијата заверени преписи на постојните уписи во главната книга, како и заверени преписи на исправите што се однесуваат на тие уписи. IV. ДОГОВОРИ 1. Договор за градба на брод Член 205 Договор за градба на брод е договор со кој бродоградителот се обврзува согласно со проект и техничка документација, во договорен рок да изгради брод, а нарачателот се обврзува за тоа да му ја плати договорената цена. 41 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Договор за преправка или поправка на брод е договор со кој изведувачот се обврзува да преправи или поправи брод во договорен рок, а нарачателот се обврзува за тоа да му ја плати договорената цена. Ако со договорот за градба на брод поинаку не е предвидено, се смета дека бродот во градба му припаѓа на бродоградителот. Член 206 Договорот за градба на брод, како и измените и дополнувањата на тој договор мораат да бидат составени во писмена форма. Договорот за градба на брод и неговите измени и дополнувања составени спротивно на ставот 1 од овој член нема правно дејство. Член 207 Бродоградителот е должен да ја изврши градбата според договорот за градба на бродот и правилата на струката и на начин што на бродот да можат да му се издадат исправите за способност за пловидба предвидени со овој закон. Член 208 Нарачателот има право на надзор над извршувањето на градбата на бродот и за таа цел може да овласти едно или повеќе стручни лица кои ќе го вршат надзорот. Именувањето и сменувањето на стручните лица кои вршат надзор, нарачателот мора писмено да му ги соопшти на бродоградителот. Трошоците во врска со работата на лицата кои вршат надзор над градбата на бродот се на сметка на нарачателот. Бродоградителот е должен на лицата овластени да вршат надзор да им овозможи непречено вршење надзор во текот на градбата на бродот. Ако лицето овластено да врши надзор констатира дека изведувањето на некои работи не се во согласност со членот 207 од овој закон, должен е веднаш да стави писмена забелешка и за истата да го извести бродоградителот. Ако бродоградителот не ги прифати забелешките, без одлагање за тоа писмено мора да го извести нарачателот и да постапи во согласност со договорот за градба на брод. Член 209 Одредбите од членовите 205, 206, 207 и 208 на овој закон соодветно се применуваат и на другите пловни објекти. Член 210 При изработката и набавката на делови или припадоци на брод што бродоградителот ги порачал или набавил од лица кои ги определил нарачателот, бродоградителот одговара за недостатоците на извршените работи или на набавените делови или припадоци, ако не докаже дека тие недостатоци не можел да ги забележи со должно внимание на добар домаќин. Бродоградителот не одговара за недостатоците на градба на брод ако докаже дека до нив дошло поради тоа што при изведувањето на определени работи постапил според барањето на нарачателот и го предупредил за можноста од настанување штетни последици што можел да ги предвиди со должно внимание на добар домаќин. Кога нарачателот дава материјал за изградба на брод, бродоградителот е должен да го прегледа материјалот и ако констатира недостатоци, за тоа мора без одлагање да го извести нарачателот. Ако бродоградителот не постапи според одредбата од ставот 3 на овој член, одговара за штетните последици настанати поради недостаток во материјалот. 42 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Бродоградителот не одговара во смисла на ставот 4 од овој член, ако нарачателот и покрај предупредувањето дека материјалот има недостатоци барал од бродоградителот да вгради таков материјал во бродот. Член 211 Кога трошоците на градба на бродот, по склучувањето на договорот, поради непредвидени околности значително ќе се зголемат, бродоградителот може да бара зголемување на договорената цена за градба на бродот, сразмерно со вистинското зголемување на цените. Одредбата од ставот 1 на овој член не се применува врз цените што се зголемиле во времето кога бродоградителот по своја вина веќе западнал во доцнење со градбата на бродот. Член 212 Бродоградителот е должен во примерен рок, на свој трошок и ризик, да ги отстрани недостатоците за кои е одговорен според одредбите од членовите 207, 208 и 210 на овој закон. Ако недостатоците не можат да се отстранат , нарачателот може да бара соодветно намалување на цената. Ако недостатокот што не може да се отстрани е суштествен, нарачателот има право да го раскине договорот. Со одредбите од ставовите 1 до 3 на овој член не се засега во правото на нарачателот на надоместок на штета. Околноста дека нарачателот во текот на изградбата на бродот не приговорил на проектот што го изработил бродоградителот, на употребениот материјал и на начинот на изведување на работите, не го ослободува бродоградителот од обврската од ставовите 1 до 4 на овој член. Член 213 Бродоградителот одговара за скриените недостатоци што ќе се откријат во текот на една година , сметано од денот на предавањето на бродот на нарачувачот, под услов нарачувачот писмено веднаш да го извести за недостатоците што ги открил. Обврските на бродоградителот од ставот 1 на овој член застаруваат за една година сметано од денот кога бродоградителот писмено е известен за недостатоците на бродот. Член 214 Одредбите од членовите 207 и 213 на овој закон соодветно се применуваат и на договорите за преправка, односно поправка на брод. 2. Договори за искористување на брод Член 215 Договори за искористување на брод се договор за пловидбена работа и договор за закуп на брод. Член 216 Договори за пловидбена работа се: договор за превоз на предмети на внатрешни пловни патишта, договор за превоз на лица на внатрешни пловни патишта и договор за влечење, односно потискување на внатрешни пловни патишта. 43 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 217 Со договорот за превоз на предмети со брод може да се договори превоз на предмети со целиот брод, со сразмерен дел од бродот или со определен бродски простор (бродарски договор), како и превоз на одделни предмети (возарски договор). Со договорот за превоз на предмети со брод не е дозволен превоз на опасни и експлозивни материи. Бродски договор може да се склучи за едно или повеќе патувања (бродски договор на патување) или за определено време (бродски договор на време). Бродскиот договор за повеќе патувања или бродскиот договор на време за целиот брод мора да биде составен во писмена форма. Договорите од ставот 3 на овој член што не се составени во писмена форма немаат правно дејство. Член 218 Со договор за превоз на лица бродарот се обврзува за нарачувачот да превезе едно или повеќе лица, а нарачувачот се обврзува да плати превознина. Висината на превознината се определува со договор. Бродарот е должен на лицата кои се превезуваат да им издаде патен билет. Патниот билет може да гласи на име или на организаторот на патувањето. Член 219 На договорот за превоз на предмети на внатрешни пловни патишта и договорот за превоз на лица на внатрешни пловни патишта соодветно се применуваат законски одредби за превоз на предмети и лица. Член 220 Со договорот за влечење бродарот на влекачот, односно на потискувачот се обврзува да влече или да потискува со својот брод друг брод или друг пловен или пливачки објект до определено место за определено време, а за извршената работа нарачателот се обврзува да ја плати договорената цена. Член 221 Влечењето од членот 220 на овој закон започнува во моментот кога влекачот по налог од заповедникот на бродот што управува со влечењето го примил или предал јажето за влечење. Влечењето завршува во моментот кога ќе се изврши конечниот налог на заповедникот кој управува со влечењето, така што ќе го пушти (ослободи) јажето за влечење, или влечениот брод ќе го предаде на друг брод, закотви или приврзе за брег. Потискувањето започнува во моментот кога потискувачот по налог од заповедникот на бродот кој управува со потискувањето, е врзан за бродот што го зeма за потискување. Потискувањето завршува во моментот кога потискуваниот брод ќе се закотви, приврзе за брег, односно ќе му се предаде на овластеното лице што врши надзор над безбедноста на потискуваниот брод. Член 222 Ако влекачот влече пловен објект без екипаж бродарот на влекачот мора, со примена на вообичаени мерки, да се грижи за одржување на способноста за пловидба на влечениот објект во состојба во која го примил на влечење. Бродарот на влекачот мора да се грижи за зачувување на стоката на влечениот објект без екипаж. 44 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 223 За надоместок на штетата што ќе настане со судир на бродови што пловат во влечен или потискуван конвој, или меѓу нив и трети бродови, се применуваат одредбите на овој закон за надоместок на штета поради судир на бродови. Член 224 Ако влечениот брод дојде во опасност поради околности за кои бродарот на влекачот според договорот за влечење не е одговорен, па влекачот учествува во спасување, бродарот на влекачот во случај на успешно спасување има право на награда за спасувањето. Бродарот на влекачот нема право на награда за спасување, ако од договорот произлегува дека со надоместокот влечење е опфатена и награда за спасување. Ако надоместок за влечење е договорен само во случај на успешно извршено влечење, бродарот на влекачот има право на надоместок и кога влечењето не е успешно извршено, ако докаже дека за неуспехот на влечењето е виновен бродарот на влечениот брод. Ако надоместок за влечење е договорен само во случај на успешно извршено влечење, бродарот на влекачот нема право на надоместок, ако бродарот на влечениот брод докаже дека за неуспехот на влечењето е виновен бродарот на влекачот. Член 225 Одредбите од членот 220 став 2 и членовите 222 до 224 на овој закон се применуваат и врз потискувањето. 3. Превоз во кој учествуваат повеќе бродари Член 226 Со договор за превоз на предмети и лица може да се договори дека бродарот ќе го изврши превозот делумно со свој брод, а делумно со бродови на други бродари (директен превоз). Бродарот што врз основа на договор за директен превоз на предмети примил стока, издава товарен лист за целиот договорен пат. Бродарот што договорил директен превоз на лица, на лицата им издава патен билет за целиот договорен пат. Бродарот што врз основа на договор за директен превоз на лица презел и багаж, за превозот на багажот издава потврда за примениот багаж. Член 227 Бродарот што склучил договор за директен превоз, бродарот што издал превозна исправа, бродарот што на примачот му ја предал стоката и бродарот за време на чиј превоз се случил настан од кој произлегува барање за надомест на штета поради оштетување, кусок или губење на стоката, солидарно со останатите бродари учесници во превозот одговараат на бродарот кој го склучил договорот за превоз. За штета причинета со задоцнување во превозот на предмети на корисникот на превозот му одговара бродарот што го склучил договорот за превоз и бродарот што на примачот му ја предал стоката. Член 228 Бродарот што договорил директен превоз на лица одговара за целиот договорен пат. Секој натамошен бродар што учествува во извршувањето на директен превоз на лице, му одговара на лицето само за штетата причинета на дел од патот на кој вршел превоз. 45 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година За оштетување, кусок или губење на багаж одговара бродарот на чиј дел од патот настанала штетата. Лицето кое претрпело штета е должно до бродарот веднаш да поднесе писмен приговор. За штета причинета со смрт или телесна повреда на лице, бродарите од ставовите 1 и 2 на овој член одговараат солидарно. Член 229 Ако бродарот што склучил договор за директен превоз на лице го намирил побарувањето на лицето за кое одговара и друг бродар врз основа на членот 228 став 2 од овој закон има право на регрес од тој бродар. 4. Договор за закуп на брод Член 230 Со договор за закуп на брод, во смисла на овој закон, се обврзува закуподавецот да му предаде на закупецот брод на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина. Член 231 Договорот за закуп на брод мора да биде составен во писмена форма. Договорот за закуп на брод од ставот 1 на овој член што не е составен во писмена форма нема правно дејство. Член 232 Закуподавачот е должен на закупецот да му го предаде бродот во таква состојба за да може да се искористува според договорената или вообичаена намена. Ако поинаку не е договорено, бродот се предава без екипаж. Член 233 Трошоците за погон на бродот (гориво, мазиво) ги сноси закупецот. Закупецот е должен да го одржува бродот за време на траењето на договорот и по истекот на договорот да го врати во состојба во која го примил. Закупецот не одговара за редовната амортизација на бродот. Закупецот не ги сноси трошоците за поправка на бродот потребни за отстранување на скриени мани кои постоеле во време на предавањето на бродот, ниту одговара за штетата за губење на бродот поради дејство на виша сила. Член 234 За штета настаната поради мани што го онеспособуваат бродот или ја намалуваат неговата способност за договореното или вообичаеното искористување, а постоеле во време на предавањето на бродот на закупецот одговара закуподавачот, ако не докаже дека тие мани не можел да ги открие со внимание на добар домаќин. Член 235 Екипажот на бродот е должен да ги извршува налозите на закупецот, ако тоа е предвидено со договорот за закуп. Закупецот има право да ги менува членовите на екипажот. 46 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 236 Во случај на сомневање дали е склучен договор за закуп на брод или бродски договор се смета дека е склучен бродски договор. Член 237 На закуподавачот не му припаѓа закупнина за времето додека закупецот бил спречен да го употребува бродот по вина на закуподавачот или поради скриена мана на бродот која постоела во моментот кога бродот му е предаден на закупецот. Член 238 Ако закупецот не ја плати закупнината во рокот на пристигнувањето, закуподавачот може веднаш да бара наплата на закупнината договорена за целото време на траење на договорот за закуп или може да го раскине договорот. Со одредбата од ставот 1 на овој член не се засега во правото на закуподавачот на надоместок на штета. Член 239 Договорот за закуп на брод може да се склучи на определено или на неопределено време, за едно или за повеќе патувања. Договорот за закуп на брод склучен на определено време може да се продолжи само во писмена форма. Договорот за закуп на брод склучен на неопределено време може да се раскине со отказен рок од три месеца. Известувањето за раскинување на договорот се поднесува во писмена форма. Член 240 Договорот за закуп на брод престанува во случај на уништување на бродот, негова трајна неспособност за искористување и во случај на виша сила која го оневозможува искористувањето на бродот за времето на закупот. Ако поправките на бродот што ги презема закуподавачот траат премногу долго, или се претпоставува дека ќе траат премногу долго, закупецот може да го раскине договорот за закуп на бродот. Член 241 Ако закупецот не му го врати бродот на закуподавачот по истекот на договорот за закуп, е должен за пречекореното време да плати надоместок во висина на двојна закупнина. Ако закупецот е виновен за задоцнувањето во враќањето на бродот, му одговара на закуподавачот и за сeкоја штета над износот определен во ставот 1 на овој член. Член 242 Наградата за спасување извршено со закупен брод за време на траењето на договорот за закуп на брод, му припаѓа на закупецот. Член 243 Закупецот може да го даде бродот под закуп само врз основа на дадена писмена согласност од закуподавачот. 47 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 5. Застареност Член 244 Побарувањата од договорите за искористување на бродови, освен побарувањата за превоз на лица и багаж застаруваат по истекот на една година. Побарувањата од договорите за превоз на патници и багаж застаруваат по истекот на две години. Странките, откако настанало побарувањето, можат во писмена форма да договорат подолг рок на застареност од рокот определен во ставот 1 на овој член. Времето на застареност започнува да тече: 1) кај договорот за превоз на предмети: во случај на надоместок на штета поради оштетување, кусок или губење на стоката од денот кога стоката е предаденa, односно од денот кога требало да биде предаденa и во случај на надоместок на штета поради задоцнување - од денот кога стоката е предаденa; 2) кај договор за превоз на лица: во случај на телесна повреда - од денот на слегувањето на лицето, во случај на смрт која настанала во текот на превозот - од денот кога бродот пристигнал или трeбало да пристигне во пристаништето во кое лицето имал намера да слезе и во случај на телесна повреда која се случила во текот на превозот, а поради која настапила смрт на лицето по неговото слегување од бродот и од денот на смртта на лицето, а ако тужбата за надомест на штета поради смрт или телесна повреда не се поднесе во рок од три години од денот на слегувањето се губи правото на надомест на штетата; 3) кај договорот за влечење, односно потискување - од денот кога влечењето, односно потискувањето е завршено, освен кај побарувањата за надоместок за извршено влечење од денот на пристигнувањето на побарувањето и 4) кај договорот за закуп на брод - од денот кога договорот престанал да важи, освен кај побарувањата за закупнина кај кои рокот започнува да тече од денот на пристигнувањето на закупнината. V. БРОДАР Член 245 За обврските што настануваат во врска со пловидбата и со искористувањето на бродот одговара бродарот, ако со овој закон поинаку не е определено. Член 246 За смрт или телесна повреда на капачи и на други лица кои ќе ги причини брод во внатрешна пловидба, одговара бродарот како сопственик на бродот, бродарот како нарачател на превозот со бродски договор, како и лицето кое во моментот на настанот управува со бродот и тоа, ако: 1) смртта или телесната повреда е причинета во подрачје кое е прогласено за капалиште или во кое е забранета пловидба, ако не докаже дека оштетениот ја причинил штетата со своја намера или со грубо невнимание; 2) смртта или телесната повреда е причинета во појас од 300 метри од брегот, а тој појас не спаѓа во подрачјето наведено во точките 1, 3 и 4 на овој став, ако не докаже дека смртта или телесната повреда е причинета од виша сила или по вина на усмртеното, односно повреденото лице; 48 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година 3) смртта или телесната повреда е причинета во пристаниште, на приоди на пристаниште, на вообичаени пловни патишта, на подрачје што се користи исклучиво за спортска пловидба (веслачки и едриличарски регати, скијање на вода и слично) и на подрачје оддалечено повеќе од 150 метри од брегот, а не се работи за подрачје од точката 4 на овој став, ако се докаже дека бродарот е виновен за смртта, односно телесната повреда на лицето и 4) смртта или телесната повреда е причинета на подрачје во кое се забранети одделни начини и средства за пловидба (на глисер, скијање на вода и пречекорување на брзината на пловните објекти), а смртта, односно телесната повреда настанала за време на вршење на забранетиот начин или со забранети пловни објекти. Бродарот не е одговорен за случаите од ставот 1 на овој член ако бродот од друго лице му е противправно одземен. Член 247 За штета што ќе ја причини брод со излевање или фрлање материи опасни и штетни за околината одговара бродарот. Член 248 При утврдувањето на одговорноста од членот 246 на овој закон, како и за висината на причинета штета и за надоместокот на штета, што не се уредени со овој закон, се применуваат законски прописи за надоместoк на штета. Член 249 Одредбите од членовите 245 до 248 на овој закон се применуваат и на воените бродови. VI. ПРЕВОЗ ВО ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА 1. Превоз на патници и стока Член 250 Превоз на патници и стока по внатрешните пловни патишта може да се врши како јавен превоз и превоз за сопствени потреби во внатрешниот, меѓудржавниот и меѓународниот сообраќај. Превозот по внатрешните пловни патишта во внатрешниот сообраќај го вклучува и превозот со скела кој може да го врши домашен бродар. Член 251 Домашен превозник, јавен превоз на патници и стока по внатрешните пловни патишта во внатрешната, меѓудржавната и меѓународната пловидба, може да врши врз основа на одобрение. Одобрение може да добие правно или физичко лице (во натамошниот текст: превозник) кој е запишан во централниот регистар за вршење на дејност превоз во внатрешната пловидба и ги исполнува следниве услови: 1) да е сопственик на брод, чамец или скела кои ги исполнуваат условите пропишани со овој закон и 2) со пловниот објект да управува лице со стекнато соодветно звање пропишано со овој закон. Одобрението од ставот 1 на овој член за превоз во внатрешната пловидба го издава надлежниот орган во општината, според седиштето на превозникот, а за меѓудржавниот и меѓународниот превоз Министерството за транспорт и врски. 49 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година По жалбата против решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрението што го издава надлежниот орган во општината одлучува министерот за транспорт и врски, а по жалбата против решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрението што го издава Министерството за транспорт и врски одлучува комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на транспортот и врските. Член 252 Јавниот превоз на патници може да се врши како линиски и како слободен. Линискиот превоз во внатрешната пловидба е превоз кој се врши на определена релација и по утврден и одобрен ред на пловидба. Линискиот превоз во внатрешната пловидба може да се врши како општински превоз, кој се врши на подрачјето на општината, како меѓуопштински кој се врши на подрачјето на две или повеќе општини и како меѓудржавен и меѓународен превоз. Организирањето на општинскиот превоз го утврдува општината, а организирањето на меѓуопштинскиот превоз спогодбено го уредуваат општините на чии подрачја ќе се врши превозот. Линиски превоз по внатрешните пловни патишта во меѓудржавната и меѓународната пловидба можат да вршат домашни и странски правни и физички лица, врз основа на одобрение издадено од надлежните органи на државите со кои се воспоставува линискиот превоз согласно со одредбите од овој закон и меѓународните договори. Член 253 Редот на пловидбата содржи: име на превозникот, линија и број на тргнувања, вид на линијата (постојана или сезонска), почетно и крајно пристаниште и редослед на пристаништата и време на поаѓање и доаѓање за секое пристаниште. Член 254 Изменувањето на редот на пловидбата, превозникот е должен да го пријави на органот што го утврдил редот на пловидбата и да го објави преку средствата за јавно информирање или на друг вообичаен начин најдоцна 15 дена пред почетокот на вршењето на превозот по изменетиот ред на пловидба. Редот на пловидбата може да се укине и пред истекот на времето на неговото важење во случај на виша сила и во други вонредни случаи кои независно од волјата на превозникот го оневозможуваат вршењето на превозот. Превозникот доставува известување за укинување на редот на пловидбата до органот што го утврдил редот на пловидбата. Превозникот е должен да го објави преку средствата за јавно информирање и на друг вообичаен начин за укинувањето на редот на пловидбата. Општината е должна да води регистар за редот на пловидбата. Член 255 Превозникот може да престане со вршење јавен превоз под услов престанувањето да го пријави во општината и во средствата за јавно информирање или на друг вообичаен начин да го најави престанокот на вршење на јавен превоз 30 дена пред престанокот на јавниот превоз. 50 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 256 Превозникот е должен да го прими за превоз секој патник или предмет во границите на расположливите места за патници, односно корисната носивост на пловниот објект, ако патникот или предметот ги исполнуваат условите за превоз. Член 257 Со пловен објект во јавен превоз не можат да се превезуваат деца помали од 6 години старост без придружник, лица заболени од заразни болести, лица во пијана состојба, експлозивни, лесно запаливи, отровни, радиоактивни, нагризувачки и заразни материи, како и други предмети кои заради своите особини можат да бидат штетни и опасни по безбедноста или здравјето на луѓето или можат да предизвикаат друга штета. Член 258 За претрпената штета во превозот, превозникот одговара на корисниците на превозот согласно со одредбите на овој закон. Член 259 Слободен превоз во внатрешната пловидба е превоз што се врши по пат на договор што се склучува меѓу превозникот и корисникот на превозот. VII. ПЛОВИДБЕНА НЕЗГОДА 1. Судир на бродови Член 260 Одредбите од оваа глава се применуваат врз пловните објекти без оглед на нивната намена, вклучувајќи ги и чамците, хидроавионите и воените бродови. Член 261 Во случај на пловидбена незгода во која некое лице ќе го загуби животот или е повредено, или е настаната поголема материјална штета или штетно влијание врз животната средина и природата, заповедникот на бродот или одговорното лице на пловниот објект се должни да: го задржат пловниот објект на местото на пловидбената незгода до завршувањето на увидот ако пловниот објект со својата положба не ја загрозува својата безбедност или безбедноста на други пловни објекти и за пловидбената незгода веднаш да биде известена Капетанијата, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на незгодата. Увидот за пловидбената незгода го врши Капетанијата. Член 262 Ако на пловниот пат, пристаниште, зимовник, сидриште или капалиште се случи незгода, секој учесник во пловидбата кој се наоѓа во непосредна близина е должен да укаже помош. Во случај на незгода од ставот 1 на овој член, Капетанијата може да нареди заповедникот на друг брод или на овластено лице на пловен објект да укаже помош на пловен објект на кој е настаната пловидбената незгода. 51 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 263 Одредбите на оваа глава се применуваат врз одговорноста за штета, ако: 1) бродот, лицата на бродот или предметите на бродот ја претрпеле поради судир на бродови; 2) еден брод ќе му причини штета на друг брод поради вршење маневар, поради пропуштање да изврши маневар или поради непридржување кон прописите за безбедноста на пловидбата иако до судир меѓу бродовите не дошло; 3) ја причини закотвен брод или што ќе му се нанесе на закотвен брод и 4) ја причинат бродовите еден на друг што пловат во влечен или потискуван конвој. Член 264 За штетите настанати во случаите од членот 261 на овој закон одговара бродот по чија вина е причинета штетата. Под одговорност на бродот се подразбира одговорност на сопственикот на бродот и на бродарот. Член 265 Ако штетата е причинета по вина на два или повеќе бродови, секој брод одговара сразмерно за својата вина. Ако обемот на вината не може да се утврди, одговорноста на бродовите за штетата се дели на еднакви делови. Член 266 Во случаи на штета причинета со судир на бродови, се надоместува и изгубената добивка, без оглед на степенот на вината на бродовите. Член 267 Ако со судир на бродови е причинета смрт или телесна повреда на некое лице, за штетата настаната поради смртта или телесната повреда солидарно одговараат бродовите по чија вина се случил судирот. Член 268 Бродот што во случајот од членот 265 на овој закон платил на име надоместок на штета повеќе отколку што изнесува надоместокот сразмерно на неговата вина, има право на регрес за повеќе платениот надоместок. Член 269 Ако штетата е причинета случајно или поради виша сила, или ако не може да се утврди причината за настанување на судирот, оштетениот нема право на надоместок на штета. Член 270 Побарувањето за надоместок на штета причинета од судир на бродови застарува во рокови согласно со Законот за облигационите односи. 2. Спасување Член 271 Под спасување се подразбира спасување на лица и предмети од пловни објекти, авиони и хидроавиони и укажување помош во случај на пловидбена незгода. Одредбите на оваа глава од законот се однесуваат и врз воените бродови. 52 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 272 Ако во спасувањето учествувале повеќе спасители од кои некои спасиле лица, а некои пловниот објект и предметите на пловниот објект, на спасителот кој спасил само лица му припаѓа правичен дел од наградата за спасување и предметите која е признаена од спасителот на пловниот објект. Висината на правичен дел од наградата не може да изнесува повеќе од вредноста на спасениот пловен објект и спасените предмети. За спасување само на лица не припаѓа награда. Наградата за спасување од ставот 1 на овој член ја надоместува сопственикот, односно лицето кое располага со пловниот објект. Член 273 Спасител, кој се впуштил во спасување на брод или предмети на брод, против изречна и разумна забрана, од страна на заповедникот, сопственикот или бродарот на пловниот објект кој се спасува, нема право на награда. Член 274 Побарувањата за исплата на наградата за спасување застаруваат во рокови согласно со Законот за облигационите односи. VIII. ВАДЕЊЕ НА ПОТОНАТИ ПРЕДМЕТИ И НУРКАЊЕ Член 275 Вадење на потонати предмети подразбира вадење на бродови, чамци, други пловни објекти, авиони, нивни делови и други предмети (во натамошниот текст: потонати предмети). Одредбите за вадење на потонати предмети се однесуваат и на заринкани пловни објекти. Член 276 Потонат предмет може да вади домашно или странско правно или физичко лице , што има право да располага со тој предмет. Капетанијата презема вадење на потонат предмет кога се наоѓа на место што претставува пречка во пловидбата. Се смета дека лицето кое е сопственик или располага со потонатиот предмет нема намера да преземе вадење на предметот, односно дека го прекинало или напуштило вадењето ако во рок од 30 дена од: денот кога предметот потонал не поднесе писмена изјава во Капетанијата дека има намера да го вади потонатиот предмет и денот на добивањето на одобрението за вадење на потонатиот предмет не започне со вадење, односно не продолжи со работите со вадење на потонатиот предмет, кое порано го прекинал или напуштил. Се смета дека лицето од ставот 3 на овој член нема намера да го извади потонатиот предмет, ако во рок од 90 дена од денот кога предметот потонал не поднесе барање за вадење и докази за своето право на потонатиот предмет. 53 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 277 Во барањето за издавање одобрение за вадење на потонат предмет мора да се наведе името или ознаката на потонатиот предмет, местото каде што тој лежи, начинот и средствата потребни за вадење, доказ за правото на располагање и времето предвидено за започнување и завршување на работите за вадење на потонатиот предмет. Во одобрението за вадење на потонатиот предмет, Капетанијата ги определува условите за сигурноста на пловидбата и рокот за започнување и завршување на работите. Капетанијата во согласност со Министерството за култура издава одобрение за вадење на потонат предмет, за предметите кои имаат или може да се претпостави дека имаат својство на споменик на културата. Член 278 Ако за вадење на потонат пловен објект или предмет лицата од членот 276 став 1 на овој закон не поседуваат посебни наутички и технички средства и стручност, министерот за транспорт и врски може да овласти други лица пловен објект или предмет да го извадат или отстранат од пловниот пат. Овластување за вршење на работите од ставот 1 на овој член се издава под услов, ако: - се опремени со наутичка и техничка опрема за вршење таква дејност и имаат стручно оспособени лица за вршење таква дејност. Член 279 Трошоците направени при вадењето на потонатиот пловен објект или предмет, како и трошоците за натамошното чување, ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија, доколку не е познато лицето кое е сопственик или располага со потонатиот објект или предмет. Доколку по преземање на работите од ставот 1 на овој член се дознае сопственикот или лицето кое располага со потонатиот пловен објект или предметот, должни се да ги надоместат трошоците во Буџетот на Република Македонија. Доколку сопственикот или лицето од ставот 2 на овој член не се дознае, а трошоците се надоместени од Буџетот на Република Македонија, пловниот објект или предметите од ставот 1 на овој член се сопственост на Република Македонија. Член 280 Ако сопственикот на потонатиот пловен објект или предмет најдоцна за десет години не постапи согласно со членот 276 став 3 на овој закон, го губи правото на сопственост на објектот или предметот. Член 281 На внатрешните води во Република Македонија може да се врши нуркање на места кои се видливо обележани и со соодветна нуркачка опрема. Нуркање на внатрешните води може да се врши врз основа на нуркачка дозвола издадена од Сојузот на организациите за подводни активности на Македонија на лица кои поседуваат соодветен документ за оспособеност за нуркање. Местата за нуркањето, начинот на нивното обележување и потребната нуркачка опрема ги пропишува министерот за транспорт и врски. 54 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година IX. КОНЦЕСИИ Член 282 Пловните патишта, пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата, на предлог на министерот за транспорт и врски, Владата на Република Македонија може да ги даде на концесија. Средствата остварени од надоместокот за доделените концесии се приход на Буџетот на Република Македонија. Член 283 Концесија може да се даде на домашно или странско правно или физичко лице (концесионер), кои имаат потребен капитал и кои располагаат со кадровски потенцијал и опрема за успешно извршување на работите што се предмет на концесијата. Член 284 Давањето на концесијата се врши согласно со овој закон и Законот за концесии. Член 285 Концесијата се дава во рок кој не може да биде пократок од пет години. Член 286 Меѓусебните права и обврски на Владата на Република Македонија и концесионерот се утврдува со договор за концесија. X. КАПЕТАНИЈА Член 287 Капетанијата врши технички и стручни работи од областа на безбедноста на пловидбата, издава одобрение за: - одржување спортски и други приредби на внатрешните води; - користење на пловните патишта, пристаништа, сидришта, зимовници и капалишта; доаѓање на странски јахти и чамци; - вадење на потонати предмети; - врши упис и бришење на пловни објекти; - води регистар на бродови и чамци; - води регистар и издава бродски книшки; - издава дозволи за качување на брод; - издава овластување за вршење работи за соодветно звање на брод и уверенија за способност за управување со чамец; организира спасување на човечки животи и имот во внатрешните води и врши други работи пропишани со овој закон и други прописи. Член 288 Седиштето на Капетанијата на пристаништата е во Охрид. Член 289 Со работата на Капетанијата на пристаништата раководи капетан. Капетанот го именува и разрешува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за транспорт и врски. Член 290 Капетанот и државните службеници вработени во Капетанијата мораат да ги исполнуваат пропишаните стручни услови за вршење работи од надлежност на Капетанијата и должни се да носат службена облека со пропишани ознаки за звања и значки. 55 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Бојата, кројот и ознаките на службената облека ги пропишува министерот за транспорт и врски. XI. НАДЗОР Член 291 Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон врши Министерството за транспорт и врски. Инспекциски надзор вршат инспектори за безбедност во внатрешната пловидба. Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е државен службеник, со високо образование (наутички инженер, машински и сообраќаен инженер - водна насока), со три години работно искуство на работите од соодветната струка на безбедност во пловидбата. Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба има легитимација. Формата и содржината на легитимацијата и начинот на нејзиното издавање и одземање ги пропишува министерот за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски за извршување на одделни инспекциски работи од безбедноста на внатрешната пловидба, може да овласти други стручни лица за вршење надзор кои ги исполнуваат условите од ставот 3 на овој член. Член 292 Во вршењето инспекциски надзор за безбедност во внатрешната пловидба, инспекторот е овластен и должен да врши надзор над: пловните објекти, пливачките објекти, бродските исправи и книги, работата на радиослужбата, исправите на членовите на екипажот, превозот на патници и предмети, пловидбата во конвој, пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата, пловните патишта, поставувањето и одржувањето на објектите и сигналите на пловните патишта и заштита на човечките животи, животната средина и природата. Вршењето инспекцискиот надзор се однесува и на вршењето надзор над странски пловни објекти. Член 293 Во вршењето инспекциски надзор над способноста на бродот за пловидба се проверува: 1) бродски исправи и книги ( нивната важност, дали се издадени согласно со одредбите на овој закон); 2) способноста на бродот за пловидба ( безбедноста на екипажот, лицата и предметите натоварени на бродот, заштитата од загадување на животната средина и природата); 3) на бродот обележена товарна линија, односно слободна страна (бок); 4) средства за спасување (индивидуални и колективни) и оспособеност на членовите на екипажот на бродот за нивна примена и 5) противпожарни средства и средства против навлегување вода. Инспекцискиот надзор од ставот 1 на овој член се врши и врз странски пловен објект, чамец и пливачки објект. Член 294 Во вршењето инспекциски надзор над членовите на екипажот на брод се проверува: 1) бројот, составот и стручната оспособеност на членовите на екипажот и 2) здравствената способност на членовите на екипажот. Инспекцискиот надзор од ставот 1 на овој член соодветно се врши и врз странски пловен објект, чамец и пливачки објект. 56 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 295 Во вршењето инспекциски надзор на пловни патишта, пристаништа, зимовници, сидриштата и капалишта се проверува: 1) обележувањето и одржувањето на објектите и сигналите на пловниот пат; 2) одржувањето на пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата и 3) изведувањето градба на објекти на внатрешните води. Член 296 Во вршењето на работите на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен да: 1) забрани или ограничи пловидба и ги одземе исправите за способност за пловидба на пловниот објект; 2) забрани употреба на пливачки објект; 3) забрани испловување на пловен објект без соодветен број на стручно оспособени членови на екипажот; 4) одземе одобрение за вршење превоз; 5) забрани пловидба на пловен пат; 6) забрани употреба на пристаниште или дел од оперативен брег на пристаниште; 7) забрани или ограничи употреба на зимовник, сидриште и капалиште; 8) забрани работи кои се изведуваат спротивно на прописите за градење објекти на внатрешните води и 9) обезбеди извршување на потребните работи преку друга организација или орган, а за сметка на организацијата, односно сопственикот на пловниот или пливачкиот објект, кои биле должни да го отстранат утврдениот недостаток, односно да постапат по закон или налог на инспекторот. Инспекторот од ставот 1 на овој член е овластен да врши работи од точките 1, 3, 5, 6, 7 и 9 на овој член за странски пловни објекти. За работите при вршење инспекциски надзор, инспекторот е должен да состави записник. Член 297 Ако инспекторот при вршењето инспекциски надзор утврди дека е сторена повреда на законот, односно дека одредбите од законот не се применуваат или се неправилно применети, поради што настанале или можеле да настанат последици што ја загрозуваат пловидбата ќе нареди со решение, мерки за отстранување на утврдените неправилности и ќе одреди рокови за нивно спроведување. Член 298 Инспекторот е должен да забрани пловидба на пловен објект, ако утврди дека кој било член на екипажот е под дејство на алкохол, опојни средства или е во таква здравствена состојба што не е способен да ги врши работите за кои е овластен. Забраната од ставот 1 на овој член не може да трае пократко од шест часа. Инспекторот е овластен членот на екипажот да го подвргне на испитување со помош на соодветни средства и апарати (алкометар и друго), или да го одведе, односно упати на стручен преглед заради проверка дали има алкохол во организмот, или дали покажува знаци на алкохолно растројство, односно дали се наоѓа под дејство на опојна дрога или лекови на кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време на пловидбата. 57 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 299 Во случај на загадување на внатрешните води, Капетанијата е должна да го забрани испловувањето на пловниот објект, да ја утврди причината за загадувањето, состави записник за настанатото загадување и да го извести инспекторот за заштита на водите од загадување. XII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 300 Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на странско правно лице, ако: со странски пловен објект плови во зони забранети за пловидба (член 25 став 3), - со странски пловен објект пристанува без одобрение (член 27 ставови 1 и 2), - не ја извести Капетанијата за присилното засолнување (член 28 став 1), со странски пловен објект во ремонт претстојува без одобрение (член 28 став 2), со странски воен и јавен брод и чамец престојува без одобрение (член 29) и со странски пловен објект превезува опасни и експлозивни материи (член 217 став 2). За прекршоците од ставот 1 на овој член, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може да изрече глоба на самото место со врачување на покана за плаќање на глобата, која сторителот е должен да ја плати во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата и тоа за одговорното лице во правното лице 600 евра во денарска противвредност. Доколку глобата од ставот 2 на овој член не се плати во определениот рок, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. Член 301 Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на домашно правно лице, ако: не организира и не обезбеди трајно вршење контрола на безбедноста на пловидбата (член 7), не организира надзор над вршењето работи што се однесуваат на безбедноста на пловидбата (член 8 точка 1), не обезбедат трајно вршење надзор над безбедноста на пловидбата (член 8 точка 2), не водат евиденција на податоци од значење за безбедноста на пловидбата (член 8 точка 3), плови со пловен објект спротивно на членот 13 став 2 алинеи од 1 до 4 од овој закон, не се врши одржувањето согласно со членот 17 став 1 на овој закон, без одобрение за користење користи пристаниште, зимовник, сидриште и капалиште (членови 19 став 2, 20 став 2 и 21 став 2), не ги применува пропишаните правила на пловидба и пропишанитe сигнали и ознаки за безбедна и уредна пловидба (член 24 став 1), не постапи согласно со членот 26 на овој закон, не ја поднесе на одобрување техничката документација за градење и преправка на брод (член 32 точки 1 и 3), на бродот нема бродски исправи и книги (член 53), употребува пливачки објект без исполнети услови од членот 60 на овој закон, употребува чамец без исправа за способност од членот 65 на овој закон, бродарот нa овозможи да се изврши здравствен преглед на екипажот на бродот (член 77 став 1), 58 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година член нa екипаж за време на стража ја напушти просторијата од членот 80 на овој закон, член на екипаж нема бродска книшка или дозвола за качување на брод (член 82 став 2), член на екипаж не го извести заповедникот на бродот од членот 83 на овој закон, заповедник на брод работи спротивно на членот 87 од овој закон, заповeдникот на бродот не ја извести капетанијата (член 88 став 2), заповедник на бродот не презема мерки утврдени во членовите 90, 91 и 92 од овој закон, брод не вее знаме на Република Македонија (член 94 став 1), превезува опасни и експлозивни материи (член 217 став 2), бродарот не ги почитува условите од членот 246 на овој закон, превоз на патници и стока врши без одобрение од членот 251 на овој закон, редот на пловидбата од членот 253 на овој закон не се почитува, не пријави изменет ред на пловидба (член 254), не прими за превоз патник или предмет (член 256), превезува лица или предмет спротивно на членот 257 на овој закон, - не ја извести Капетанијата за случена пловидбена незгода (член261) и -вади потонати предмети без одобрение (член 277). За прекршоците од членовите 13, 14, 30, 44, 60, 4, 74 став1, 254 став 1, 257 и 296 на овој закон, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може да изрече прекршочна санкција на лице место со врачување на покана за плаќање на глоба која сторителот е должен да ја плати во рок од осум дена и тоа за одговорното лице во правното лице 600 евра во денарска противвредност. Доколку глобата од ставот 2 на овој член не се плати во определениот рок, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. Покрај глобата од ставот 1 на овој член на правното лице може да се изрече санкција за привремена забрана за вршење на дејност во траење од шест месеца до една година. Посредување Член 302 За прекршоците од членот 301 на овој закон, освен за прекршоците за кои се изрекува прекршочна санкција на лице место, инспекторот за внатрешна пловидба може да му предложи на сторителот на прекршокот постапка на посредување и постигнување согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последиците на прекршокот. Инспекторот за внатрешна пловидба за случаите од ставот 1 на овој член составува записник во кој се констатира согласноста на двете страни за покренување на постапка за посредување на кој се потпишува и сторителот на прекршокот. Записникот во рок од три дена инспекторот за внатрешна пловидба е должен да го достави до Комисијата за посредување. Постапката за посредување е итна. Постапката за посредување ја води посебна Комисија за посредување во рамките на надлежниот орган за внатрешна пловидба, врз основа на записник и трошковник. Ако постапката успее во рок од осум дена од ден кога е започната постапката за посредување, се склучува спогодба со сторителот на прекршокот при што покрај другите елементи на спогодбата глобата може да биде намалена за една половина. Ако постапката за посредување не успее, надлежниот орган поднесува барање за поведување прекршочна постапка, во кое сторителот на прекршокот ќе ги наведе трошоците на постапката на посредување. 59 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 303 Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на трговец поединец, ако: плови на помала оддалеченост од растојание од членот 13 на овој закон, чамец нема пловидбена дозвола од членот 68 став 5 на овој закон, со чамец управува лице кое не ги исполнува условите од членот 70 ставови 1, 2, 3 и 4 на овој закон, заповедник на брод не постапи согласно со членот 75 на овој закон, член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата од членот 80 на овој закон, заповедник на брод работи спротивно на членот 87 на овој закон, превезува опасни и експлозивни материи (член 217 став 2) и вади потонати предмети без одобрение од членот 277 на овој закон. За прекршоците од ставот 1 на овој член, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може да изрече прекршочна санкција на лице место со врачување на покана за плаќање на глоба која сторителот е должен да ја плати во рок од осум дена и тоа во износ од 400 евра во денарска противвредност. Доколку глобата од ставот 2 на овој член не се плати во определениот рок, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. Член 304 Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако: плови на помала оддалеченост од растојание од членот 13 на овој закон, чамец нема пловидбена дозвола од членот 68 став 5 на овој закон, со чамец управува лице кое не ги исполнува условите од членот 70 ставови 1, 2, 3 и 4 на овој закон, заповедник на брод не постапи согласно со членот 75 на овој закон, член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата од членот 80 на овој закон, заповедник на брод работи спротивно на членот 87 од овој закон, вади потонати предмети без одобрение од членот 277 на овој закон и врши нуркање спротивно на членот 281 од овој закон. За прекршоците од ставот 1 на овој член, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може да изрече прекршочна санкција на лице место со врачување на покана за плаќање на глоба која сторителот е должен да ја плати во рок од осум дена и тоа во износ од 200 евра во денарска противвредност. Доколку глобата од ставот 2 на овој член не се плати во определениот рок, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. XIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 305 Поблиските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. До донесувањето на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. 60 од 61 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 55 од 04.05.2007 година Член 306 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за внатрешната пловидба (“Службен весник на Република Македонија“ број 27/2000 и 74/2005). Член 307 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 61 од 61 www.pravdiko.com