Law on forest tree species reproductive material
颁布于 2021 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Forestry, Cultivated plants
- 关键词
- seeds/planting material, forest species, offences/penalties, internal trade, international trade, classification/declassification, plant production
- 类别
- *, agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
ЗАКОН ЗА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/07, 148/11 и 59/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредува признавањето на основниот материјал, производството, прометот и употребата на репродуктивниот материјал од шумски и декоративни видови дрвја. Член 2 Поимите употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. "Репродуктивен материјал" е семе, дел/делови од растение или садница од шумски и декоративни видови дрвја кои потекнуваат од основен материјал; 2. "Шумски видови дрвја" се сите видови дрвја кои се употребуваат за потребите на шумарството; 5. "Декоративни видови дрвја" се сите видови дрвја кои се употребуваат за озеленувачки и хортикултурни цели; 4. "Категорија" е степен на квалитет на репродуктивен материјал од шумски и декоративни видови дрвја кој потекнува од основен материјал и е наменет за производство, промет и употреба; 5. "Идентификуван репродуктивен материјал" е категорија на репродуктивен материјал кој потекнува од семенски извор во рамките на едно провениенциско подрачје; б. "Селектиран репродуктивен материјал" е категорија на репродуктивен материјал кој потекнува од семенски насад во рамките на едно провениенциско подрачје; 7. "Квалификуван репродуктивен материјал" е категорија на репродуктивен материјал кој потекнува од семенски плантажи, родителски стебла, клонови или мешавина на клонови; 8. "Тестиран репродуктивен материјал" е категорија на репродуктивен материјал кој потекнува од семенски плантажи, родителски стебла, клонови или мешавина на клонови, чија супериорност е докажана со соодветни верификациони тестови; 9. "Основен материјал" е материјал од кој се собира, односно произведува репродуктивен материјал и кој претставува семенски извор, семенски насад, семенска плантажа, родителски стебла, клон и мешавина на клонови; 10. "Семенски извор" е тип на основен материјал наменет за производство на идентификуван репродуктивен материјал и значи стебло или група стебла (насад) во рамките на едно провениенциско подрачје; 11. "Семенски насад" е тип на основен материјал наменет за производство на селектиран репродуктивен материјал и значи дел од шумски комплекс издвоен врз основа на фенотипските карактеристики на стеблата во кои се спроведуваат посебни мерки за одгледување; 12. "Семенска плантажа" е тип на основен материјал наменет за производство на квалификуван и тестиран репродуктивен материјал и значи плантажа на селектирани клонови или фамилии за добивање на репродуктивен материјал, која е изолирана со цел да се избегне или редуцира опрашување од надворешни извори и одгледувана со методи кои ќе овозможат добивање на чест и обилен врод и лесно собирање на семето; 15. "Родителски стебла" е тип на основен материјал наменет за производство на квалификуван и тестиран репродуктивен материјал и значат стебла кои се користат за добивање на потомство преку слободно или контролирано опрашување на еден идентификуван родител користен како женски родител; 14. "Клон" е тип на основен материјал наменет за производство на квалификуван и тестиран репродуктивен материјал и значи група на индивидуи (рамети) кои првобитно потекнуваат од една индивидуа (ортета), добиени по вегетативен пат (резници, микропропагација, калемење и друго); 15. "Мешавина на клонови" е тип на основен материјал наменет за производство на квалификуван и тестиран репродуктивен материјал и значи мешавина на идентификувани клонови во познат сооднос; 16. "Последователна мултипликација со вегетативно размножување" е размножување на репродуктивен материјал од шумски и декоративни видови дрвја со вегетативни методи; 17. "Провениенциско подрачје" е едно или повеќе подрачја кои се со исти или слични еколошки услови и каде што семенските извори или семенските насади од одредени видови, подвидови или вариетети, манифестираат слични фенотипски или генотипски карактеристики; 18. "Провениенција" е место каде што расте семенскиот насад или семенскиот извор; 19. "Генетски модифицирани организми" се организми, со исклучок на човечките суштества, во кои генетскиот материјал е изменет на начин што не се јавува во природата, со спарување и/или со природно реструктуирање; 20. "Признат основен материјал" е основен материјал наменет за производство на репродуктивен материјал кој е признат во согласност со одредбите на овој закон; 21. "Уверение" е документ со кој се потврдува дека репродуктивниот материјал е произведен во согласност со одредбите на овој закон; 22. "Призната единица" е признат основен материјал наменет за производство на репродуктивен материјал кој е евидентиран во Регистарот на признат основен материјал; 25."Производство" е процес за добивање на репродуктивен материјал од шумски и декоративни видови дрвја, и тоа: семенски материјал, растителни делови и саден материјал; 24. "Производител" е правно лице кое е регистрирано за производство на репродуктивен материјал согласно со овој закон и Законот за трговските друштва; 25. "Собирање" е собирање на семе, плодови и соплодија (шишарки) и делови од растенија; 26. "Партија на репродуктивен материјал" е репродуктивен материјал од ист дрвен вид кој потекнува од ист признат основен материјал и кој е произведен на ист начини во иста сезона; 27. "Расадник" е посебно уредена површина на која, по пат на одредени техничкотехнолошки постапки се произведува репродуктивен материјал; 28. "Саден материјал" се растенија кои се произведени од семе или растителни делови или потекнува од природен подмладок од семенски насади; 29."Дел/делови од растение" се пупки, резници од лист, стебло или корен, материјал за резници, експлантати или ембриони за микропропагација, калем гранки и други растителни делови наменети за производство на садници; 50. "Промет на репродуктивен материјал" е купување, продажба, увоз, извоз, услужно посредување, давање без надомест (подарок и слично) и размена на репродуктивен материјал; 51. "Трговец" е правно лице кое се занимава со промет на репродуктивен материјал согласно со овој закон и Законот за трговските друштва; 52. "Декларација" е придружен документ, кој содржи идентификациони податоци за пратка на репродуктивен материјал; 53. "Доработка на репродуктивен материјал" е сушење, трушење, чистење, калибрирање, пакување, складирање, заштита, чување и други неопходни постапки за доработка на репродуктивниот материјал и 54, "Семенски материјал" се семиња, плодови и соплодија (шишарки) наменети за производство на саден материјал. 2. КАТЕГОРИИ НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ И ТИПОВИ НА ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ Член 5 () Одредбите на овој закон се однесуваат на: 1) репродуктивен материјал од стопански важни шумски видови дрвја; 2) репродуктивен материјал од други шумски и декоративни видови дрвја, кој е наменет за подигнување и вештачко обновување на шумите и 5) репродуктивен материјал од декоративни видови дрвја за озеленување и хортикултурно уредување. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврдува Листата на стопански важни шумски видови дрвја од ставот (1) точка 1 на овој член која се објавува во "Службен весник на Република Северна Македонија". (5) Одредбите на овој закон не се однесуваат на: 1) репродуктивен материјал за специјална намена (за научни, експериментални и слични цели) во мали количини и 2) репродуктивен материјал наменет за реекспорт во трети земји. (4) Количините на репродуктивен материјал од ставот (5) точка 1 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (5) Репродуктивниот материјал од ставот (1) точки Ти 2 на овој член од увоз, може да се користи за подигнување и обновување на шумите, ако: 1) нема врод на семе или вродот не е доволен, или нема резерви на репродуктивен материјал од соодветни категории за потребите на подигнување и обновување на шумите во таа година и 2) припаѓа на категоријата квалификуван или тестиран. (6) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издава одобрение за увоз на репродуктивен материјал од ставот (5) на овој член. Член 4 Репродуктивниот материјал наменет за производство, промет и употреба мора да припаѓа кон една од следниве категории: 1) идентификуван; 2) селектиран; 5) квалификувани 4) тестиран. Член 5 Основен материјал од кој се собира репродуктивниот материјал наменет за производство, промет и употреба, мора да припаѓа на еден од следниве типови: 1) семенски извор; 2) семенски насад; 5) семенска плантажа; 4) родителски стебла; 5) клони 6) мешавина на клонови. Член 6 () За подигнување и обновување на шумите се користи селектиран, квалификуван и/или тестиран репродуктивен материјал кој е произведен во согласност со одредбите на овој закон. (2) Идентификуван репродуктивен материјал се користи за подигнување и обновување на шумите во рамките на исто провениенциско подрачје по претходно одобрение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа кога: нема врод на семе од повисоките категории, вродот на семе од повисоките категории не е доволен, нема резерви на репродуктивен материјал од повисоките категории и ќе настанат штети од поголеми размери, предизвикани од абиотски и биотски фактори (шумски пожари, појава на сушење и слично). (3) Последователна мултипликација со вегетативно размножување од една призната единица може да се користи за производство на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја само во категориите селектиран, квалификуван и/или тестиран. 5. ПРИЗНАВАЊЕ НА ТИПОВИ ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ Член 7 () За производство, промет и употреба може да се користи репродуктивен материјал кој потекнува од признати типови основен материјал од стопански важни шумски видови дрвја од членот 5 став (1) точка 1 на овој закон. (2) Одредбите од ставот (1) на овој член не се однесуваат на останатите шумски и декоративни видови дрвја од членот 5 став (1) точки 2и 3 на овој закон, за кои не постојат признати типови основен материјал. Член 8 () Признавањето на типовите основен материјал од членот 5 на овој закон, може да се врши доколку се исполнети особено следниве услови: 1) семенскиот извор да е од познато провениенциско подрачје, локација и надморска висина; 2) семенскиот насад да е високостеблен, со добри фенотипски особини и здравствена состојба, кој е доволно изолиран од насадите со непожелни генетски и морфолошки карактеристики од ист вид или видови кои можат да се вкрстуваат со нив и да е оневозможено меѓусебно опрашување; 5) семенската плантажа да е подигната од клонови или потомство на сродни и полусродни стебла со добри морфолошки својства, добра здравствена состојба и да е адаптирана на месторастежните услови; 4) родителските стебла да се со особено добри морфолошки својства, добра здравствена состојба и да се адаптирани на месторастежните услови; 5) клонот да е произведен од матично растение кое е со добри морфолошки својства, добра здравствена состојба и да е адаптирано на месторастежните услови и да може да биде идентификуван врз основа на карактеристиките заради кои е признат како клон и 6) мешавината на клонови да е составена од признати клонови чии идентитет, број и пропорција на учеството во мешавината се познати. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите за признавање на типовите основен материјал од ставот (1) на овој член. Член 9 () Провениенциските подрачја за обезбедување на основен материјал за производство на идентификуван и селектиран репродуктивен материјал од членот 3 став (1) точки Ти 2 на овој закон, ги утврдува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) На предлог на стручна комисија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе овласти научна и/или стручна институција од областа на шумарството која ќе ги извршува работите на издвојување на провениенциските подрачја. (5) Стручната комисија од ставот (2) на овој член ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) За да биде овластена научната и/или стручната институција од ставот (2) на овој член треба да ги исполнува минимум следниве услови: да има вработено најмалку двајца доктора по шумарски науки од областа на дендрологијата и генетиката со најмалку три години работно искуство и минимум опрема и прибор за картографска изработка на провениенциските подрачја. (5) Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се води Регистар на провениенциски подрачја. (6) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на провениенциските подрачја. Член 10 () Признавање на типови основен материјал се врши по барање на правното лице кое е сопственик или корисник, или физичкото лице кое е сопственик на основниот материјал. (2) На предлог на стручната комисија од членот став (3) на овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе овласти научни и/или стручни институции од областа на шумарството кои ќе го вршат признавањето на основниот материјал. (5) За да бидат овластени научните и/или стручните институции од ставот (2) на овој член, треба да ги исполнуваат минимум следниве услови: да имаат вработено најмалку еден доктор по шумарски науки од областа на шумските култури или генетиката со минимум три години работно искуство, минимум опрема за работа на терен и минимум една лабораторија за вршење на анализи за признавање на основниот материјал. (4) Овластената институција од ставот (2) на овој член изготвува експертско мислење за признавање на основниот материјал. (5) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на барањето за признавање на основниот материјал од ставот (1) на овој член, како и на експертското мислење од ставот (4) на овој член. Член 1 () Основниот материјал кој се состои од генетски модифицирани организми ќе биде признат, ако: е безбеден по здравјето на луѓето, животната средина и природата, ги исполнува важечките стандарди за генетски модифицирани организми и има обезбедено соодветен документ од надлежна институција дека материјалот не претставува ризик за здравјето на луѓето, животната средина и природата. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со министерот за заштита на животната средина и просторното планирање ги пропишува условите за признавање на основниот материјал од ставот (1) на овој член. Член 12 () Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство му издава на подносителот на барањето уверение за признат основен материјал врз основа на приложено експертско мислење од членот 10 став (4) на овој закон. (2) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не издаде уверение или друг акт пропишан во членовите 12, 15,18, 21 и 29 од овој закон, односно не донесе решение или друг акт за одбивање на барањето, во роковите утврдени со овој закон или доколку истиот не е утврден, во рок од 20 дена од денот на поднесувањето на барањето, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање за остварување на неговото право до писарницата на министерот, кој е должен да донесе решение или друг акт. (5) Формата и содржината на барањата од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Кон барањето за остварување на правото од ставот (2) на овој член, подносителот на барањето поднесува и копија од барањето поднесено согласно со членовите наведени во ставот (2) на овој член. (5) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не постапи по поднесеното барање во пропишаните рокови согласно со ставот (2) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон или друг пропис и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесеното решение или акт. Кон известувањето се доставува копија од решението или актот со кој одлучил по поднесеното барање. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање, за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесеното решение или друг акт. Кон известувањето се доставува копија од решението или друг акт со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена Ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (П) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (6) и (7) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (9) и (10) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Во случајот од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случаите од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена против директорот на Државниот управен инспекторат. (16) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред Управниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. (18) Подзаконскиот акт од ставот (5) на овој член се донесува во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (19) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (3) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (20) Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се води Регистар на признат основен материјал на Република Северна Македонија за производство на идентификуван, селектиран, квалификуван и тестиран репродуктивен материјал (во натамошниот текст: Регистарот на признат основен материјал). (21) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на уверението за признат основен материјал, како и формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на признат основен материјал. Член 15 () Основниот материјал кој е признат во согласност со одредбите од членовите 8, 9,10 и 11 на овој закон и е внесен во Регистарот од членот 12 став (2) на овој закон, се евидентира како призната единица. (2) Трошоците за постапката на признавање на основниот материјал се на товар на подносителот на барањето за признавање на основниот материјал. Член 14 Ако при извршување на инспекциски надзор на признатиот основен материјал се констатира дека повеќе не ги исполнува условите врз основа на кои тој е признат и запишан во Регистарот од членот 12 став (2) на овој закон, истиот ќе се брише од Регистарот. 4, ПРОИЗВОДСТВО НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА Член 15 () Со производство на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја може да се занимава правно лице кое е регистрирано за производство во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (2) Правно лице може да биде регистрирано за производство на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, по претходно доставено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако ги исполнува следниве услови: има вработено најмалку едно лице со завршен шумарски факултет - шумарска насока, располага со земјиште и опрема подобни за производство на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. Правното лице треба да обезбеди потврда дека земјиштето одговара за производство на репродуктивен материјал и/или има уверение за признат основен материјал или има одобрение за собирање од сопственикот на основниот материјал и располага со соодветен простор и соодветна опрема за производство на репродуктивен материјал. (3) Кон барањето од ставот (2) на овој член правното лице поднесува: диплома/уверение за вработеното лице за завршен шумарски факултет-шумарска насока, договор за закуп на земјиштето, доколку истото не е во сопственост на правното лице, потврда дека земјиштето одговара за производство на репродуктивен материјал, одобрение од сопственикот за собирање на основниот материјал, доколу правното лице се регистрира за производство на семе или делови од растение, изјава дека располага со соодветен простор и соодветна опрема за производство на репродуктивен материјал, потврда за платен надоместок за барањето за запишување во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, документ дека е регистриран во трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Северна Македонија за производство на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, имотен лист за земјиштето на кое ќе се произведува репродуктивниот материјал од шумски видови дрвја од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и М1/М2 образец за вработеното лице со завршен шумарски факултет-шумарска насока од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. (4) Доказите за исполнување на условите од ставот () алинеи 7, Ви 9 на овој член ги прибавува овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на шумарството што ја води постапката за издавање на решение за запишување во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, кое е должно во рок од три дена од приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган. (5) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот (5) алинеја 7, Ви У на овој член, да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (6) На предлог на стручната комисија од членот 9 став (3) на овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе овласти научни и/или стручни институции од областа на шумарството, кои ќе вршат утврдување дали правното лице ги исполнува условите од ставот (2) алинеја 2 на овој член и ќе издаваат соодветна потврда. (2) За да бидат овластени научните и/или стручните институции од ставот (5) на овој член, треба да ги исполнуваат минимум следниве услови: да имаат вработено најмалку двајца доктора по шумарски науки од областа на шумските култури, педологијата или заштитата со минимум три години работно искуство, минимум опрема и прибор за теренски испитувања и најмалку една лабораторија опремена за извршување на потребните анализи од наведените области. (8) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на производителот му издава решение за запишување во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, доколку ги исполнува условите, односно му издава решение за одбивање на барањето, доколку не ги исполнува условите од ставот (2) на овој член, во рок од 50 дена од денот на поднесување на барањето. (0) Против решението од ставот (8) на овој член, може да се поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (10) Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се води Регистар на производители и трговци на репродуктивен материјал од ставот (1) на овој член. (П) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. Член 16 () Репродуктивниот материјал, со исклучок на материјалот кој е мешан во согласност со одредбите од членот 20 на овој закон, во сите фази од производството и во текот на прометот, мора да се чува само во издвоени партии, посебно за секоја призната единица. (2) Секоја партија на репродуктивен материјал мора да биде јасно обележена со видливи ознаки кои ги содржат следниве податоци: назив и адреса на производителот, ботаничкои народно име, потекло на репродуктивниот материјал и број на уверението за потеклото на репродуктивниот материјал, тип на основниот материјал од кој е добиен репродуктивниот материјал, регистарски број на признатиот основен материјал од Регистарот на признат основен материјал или идентификациски код од Регистарот на провениенциското подрачје за идентификуван и селектиран репродуктивен материјал, категорија и вид на репродуктивниот материјал (семе, делови од растение, садници), број на уверението за квалитет на репродуктивниот материјал со рок на неговата важност, намена на репродуктивниот материјал, дата на собирање, односно производство на репродуктивниот материјал, година на зреење на семенскиот материјал, старост и тип на садниот материјал (сејанец или пресаденица, класична или контејнерска садница), количина на партијата на репродуктивниот материјал и идентификација на компонентите за мешаниот репродуктивен материјал. Член 17 () Собирање на репродуктивен материјал се дозволува на регистриран производител од членот 15 став (1) на овој закон кој е сопственик на признат основен материјал или има одобрение за собирање од сопственикот на основниот материјал. (2) Со даденото одобрение од ставот (1) на овој член сопственоста над произведениот репродуктивен материјал се пренесува на производителот. Член 18 () Производителот кој планира акција за собирање на репродуктивен материјал за промет, за користење во производство или употреба е должен до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави пријава најдоцна 15 дена пред планираниот почеток на собирањето, која ќе ги содржи следниве податоци: назив на производителот, место на собирање, регистарски број (броеви) на признатиот основен материјал од кој ќе се собира репродуктивниот материјал или идентификациски код на провениенциското подрачје и планиран почеток и предвидено времетраење на собирањето. (2) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе врши увид кај производителот дали собирањето на репродуктивниот материјал го врши согласно со одредбите на овој закон и за тоа составува записник. (5) Доколку собраниот репродуктивен материјал ги исполнува условите утврдени со овој закон, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на производителот од ставот (1) на овој член, ќе му издаде уверение за потекло на репродуктивниот материјал. (4) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на уверението за потекло на репродуктивниот материјал од ставот (3) на овој член. Член 19 Недоработениот репродуктивен материјал, кој се испраќа на доработка, треба да биде придружен со уверение за потекло на репродуктивниот материјал од членот 18 став (8) на овој закон или до добивањето на уверението, со записник од членот 18 став (2) на овој закон. Член 20 () Семенски материјал за кој е добиено уверение за потекло на репродуктивниот материјал, согласно со овој закон, може да биде мешан во текот на производството на еден од начините опишани во ставовите (2) и (5) од овој член, со цел да се добие нова партија. (2) Репродуктивниот материјал може да се меша ако припаѓа на ист вид, ако е добиен од две или повеќе признати единици во рамките на едно провениенциско подрачје и кога признатите единици припаѓаат кон иста категорија идентификуван или селектиран. (5) Репродуктивниот материјал од различни години на врод може да се меша кога материјалот е добиен од иста призната единица. (4) Партијата на мешаниот репродуктивен материјал создаден во согласност со ставот (1) од овој член, ќе биде издвоена како нова партија, придружена со нова декларација согласно со членот 51 од овој закон. Член 21 () Производителот на репродуктивен материјал од членот 15 на овој закон, може за странски купец да произведува репродуктивен материјал согласно со одредбите на овој закон, освен одредбата во членот 25 став (1) од овој закон, а врз основа на претходна согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) На барање на производителот од ставот (1) на овој член, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издава согласност врз основа на приложен договор склучен меѓу производителот и странскиот купец, кој особено содржи: вид на репродуктивниот материјал, количина, возраст и крајниот датум за испорака на произведениот репродуктивен материјал. Член 22 () Производителот во текот на производството на репродуктивен материјал е должен да води деловни книги и трајно да ги чува. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува содржината и начинот на водење на деловните книги. 5. СТРУЧНА КОНТРОЛА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА Член 25 () Стручна контрола на производството на репродуктивниот материјал во расадник е задолжителна. (2) Производството на репродуктивен материјал подлежи на две задолжителни стручни контроли во една производна година. (5) На предлог на стручната комисија од членот 9 став (5) на овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе овласти научни и/или стручни институции од областа на шумарството кои ќе вршат стручна контрола од ставот (1) на овој член. (4) За да бидат овластени научните и/или стручните институции од ставот (3) на овој член, треба да ги исполнуваат минимум следниве услови: да имаат вработено најмалку еден доктор по шумарски науки од областа на шумските култури со најмалку три години работно искуство, минимум опрема и прибор за вршење на стручна контрола на расадничкото производство и една лабораторија за испитување на квалитетот на садниот материјал. (5) Производителот на репродуктивен материјал е должен да поднесе барање за стручна контрола на производството до овластените институции од ставот (3) на овој член, најдоцна 50 дена пред започнување со производството. (6) Овластената институција од ставот (3) на овој член на производителот му издава записник за извршена стручна контрола на производството на репродуктивен материјал. (7) Овластената институција од ставот (5) на овој член е должна, на барање на производителот на репродуктивен материјал, да изврши дополнителна стручна контрола. (8) Трошоците за извршување на стручната контрола од ставите (1) и (7) на овој член се на товар на производителот. Член 24 () По завршувањето на производството на репродуктивен материјал, овластената институција од членот 25 став (5) на овој закон, му издава на производителот уверение за квалитет на саден материјал кој е произведен во согласност со одредбите на овој закон и ги исполнува условите од членот 25 ставови (1), (2) и (З) на овој закон, со рок на важност. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на барањето од членот 23 став (5) на овој закон и на уверението од ставот (1) на овој член. 6. КВАЛИТЕТ НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА Член 25 () Репродуктивниот материјал од шумски видови дрвја во производството, употребата и во прометот мора да ги исполнува важечките стандарди за квалитет. (2) Утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал се врши пред негово ставање во промет, односно пред негова употреба. (5) Начинот на земање проби и испитување и утврдување на квалитетот се врши според важечки стандарди. (4) На предлог на стручната комисија од членот 9 став (5) на овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе овласти научни и/или стручни институции од областа на шумарството кои ќе вршат испитување и утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал од ставот (3) на овој член. (5) За да бидат овластени научните и/или стручните институции од ставот (4) на овој член, треба да ги исполнуваат минимум следниве услови: да имаат вработено најмалку еден доктор по шумарски науки од областа на шумските култури со најмалку три години работно искуство, една лабораторија со соодветна опрема и расадничка површина за испитување и утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал и соодветен простор за чување на примероци од репродуктивниот материјал. (6) Трошоците за испитување и утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал се на товар на производителот. Член 26 () Производителот треба да достави барање за испитување и утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал до овластената институција од членот 25 став (4) на овој закон. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член. Член 27 (1) За репродуктивниот материјал кој ги исполнува пропишаните услови за квалитет од членот 25 ставови (1), (2) и (3) на овој закон, овластената институција за испитување и утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал на производителот ќе му издаде уверение за квалитет на семето и/или уверение за квалитет на делови од растението, со рок на важност. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на уверенијата за квалитет од ставот (1) на овој член. Член 28 Овластените институции од членот 25 став (4) на овој закон се должни да ја чуваат документацијата од испитувањето најмалку пет години и по еден примерок од пробата од секоја партија на семе, најмалку 18 месеца од денот на извршеното утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал. 7. ПРОМЕТ НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА Член 29 () Со промет на репродуктивен материјал можат да се занимаваат производители од членот 15 на овој закон и други правни лица регистрирани за промет во Регистарот на производители и трговци од членот 15 на овој закон. (2) Правното лице може да биде регистрирано за промет во Регистарот на производители и трговци по претходно доставено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако ги исполнува следниве услови: има вработено најмалку едно лице со завршен шумарски факултет - шумарска насока и располага со соодветен простор и опрема за сместување и чување на репродуктивниот материјал. (5) Кон барањето од ставот (2) на овој член правното лице поднесува: диплома/уверение за вработеното лице за завршен шумарски факултет- шумарска насока, договор за закуп на земјиштето, доколку истото не е во сопственост на правното лице, изјава дека располага со соодветен простор и опрема за сместување и чување на репродуктивниот материјал, потврда за платен надоместок за барањето за запишување во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, документ дека е регистриран во трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Северна Македонија за промет на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, имотен лист за земјиштето на кое ќе се сместува и чува репродуктивниот материјал од шумски видови дрвја од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и М1/М2 образец за вработеното лице со завршен шумарски факултет- шумарска насока од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. (4) Доказите за исполнување на условите од ставот (5) алинеи 5, би 7 на овој член ги прибавува овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на шумарството што ја води постапката за издавање на решение за запишување во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, кое е должно во рок од три дена од приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган. (5) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот (5) алинеи 5, би 7 на овој член да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (6) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на трговецот му издава решение за запишување во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, доколку ги исполнува условите, односно му издава решение за одбивање на барањето, доколку не ги исполнува условите од ставот (2) на овој член, во рок од 50 дена од денот на поднесување на барањето. (7) Против решението од ставот (6) на овој член може да се поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (8) Правното лице од ставот (2) на овој член во текот на прометот на репродуктивниот материјал е должно да ги води деловните книги од членот 22 на овој закон и трајно да ги чува. Член 20 Во промет може да биде пуштен само репродуктивен материјал кој ги исполнува условите утврдени со овој закон и Законот за здравје на растенијата. Член 21 () Пратката на репродуктивен материјал во промет мора да е придружена со: декларација, уверение за потекло на репродуктивниот материјал и соодветно уверение за квалитет на репродуктивниот материјал. (2) Декларацијата од ставот (1) на овој член, покрај податоците од членот 16 став (2) на овој закон, треба да ги содржи и следниве податоци: назив и адреса на производителот, односно трговецот, регистарски број на производителот, односно трговецот и назив и адреса на купувачот. (5) Декларацијата за одделни категории на репродуктивен материјал доколку се издава во боја, истата треба да биде во следниве бои: жолта - за идентификуван репродуктивен материјал, зелена - за селектиран репродуктивен материјал, розова - за квалификуван репродуктивен материјал и сина - за тестиран репродуктивен материјал. (4) Декларацијата треба да биде ставена и врз амбалажата во која репродуктивниот материјал е пуштен во промет. Член 22 Пренос на репродуктивен материјал на доработка не се смета за промет во смисла на овој закон. Член 353 При недостаток на репродуктивен материјал од категориите селектиран, квалификуван И тестиран, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да: дозволи пуштање во промет на репродуктивен материјал од пониска категорија, го ограничи прометот со репродуктивниот материјал од ставот (1) алинеја 1 на овој член, количински, . временски. и. просторно (само за определени подрачја во Република Северна Македонија) и го ограничи или спречи извозот на репродуктивен материјал од дефицитарната категорија. Член 54 () Семенскиот материјал може да биде пуштен во промет само во запечатена амбалажа, каде што механизмот за запечатување е таков што после отворањето на запечатената амбалажа тој повеќе не може да се употреби. (2) Се забранува препакување и размерување на оригиналното пакување на една партија на репродуктивен материјал во текот на прометот и формирање на нови партии со помала количина. 8. НАДЗОР Член 55 () Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го вршат инспектори за шумарство. Член 26 Секое правно лице е должно на инспекторот за шумарство да му овозможи непречен инспекциски надзор, да му ја достави на увид и располагање потребната документација и други докази од важност за извршување на надзорот. Член 57 () Во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот за шумарство има право да: 1) врши контрола на квалитетот, прометот и употребата на репродуктивниот материјал; 2) врши контрола на производителите и трговците на репродуктивен материјал, односно дали се запишани во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал; 5) врши контрола дали овластените научни и/или стручни институции од членовите 9, 10, 15, 23 и 25 на овој закон ги исполнуваат условите за вршење на дадените овластувања; 4) врши контрола на процесот на производството, како и на постапките за доработка, испитување и утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал; 5) врши контрола на постапките за признавање на основниот материјал; б) врши контрола на постапките за стручна контрола на производството на репродуктивниот материјал и издавањето на пропишаните уверенија; 7) врши контрола на берењето и собирањето на репродуктивниот материјал од семенските стебла, насади и плантажи; 8) врши контрола на трговците и наредува привремено да се повлечат од промет оние количини репродуктивен материјал за кои ќе се утврди дека не ги исполнуваат условите за пуштање во промет, се до отстранување на недостатоците; 9) зема мостри без надомест од репродуктивниот материјал заради испитување и утврдување на неговиот квалитет; 10) зема мостри за анализа од репродуктивниот материјал без надомест, доколку постои сомневање дека материјалот отстапува од пропишаниот квалитет и здравствената исправност. Утврдување на квалитетот на мострите се доделува на овластената институција од областа на шумарството од членот 25 на овој закон; 1) бара помош од органите за внатрешни работи, ако оцени дека без нивна помош не може да го изврши надзорот; 12) забрани производство, доработка и утврдување на квалитетот на репродуктивниот материјал, ако за тоа не се исполнети пропишаните услови или ако овие дејности се изведуваат без докази за исполнувањето на пропишаните услови; 15) забрани ставање во промет на репродуктивен материјал кој не е доработен, не е прописно пакуван, нема пропишана декларација, не одговара на пропишаниот и деклариран квалитет или неговиот квалитет не е утврден на пропишан начин; 14) забрани употреба и ставање во промет на репродуктивен материјал увезен без одобрение на надлежен орган; 15) нареди уништување и врши надзор на постапката за уништување на репродуктивниот материјал чие производство се врши спротивно на одредбите од овој закон; 16) одзема и нареди уништување на репродуктивниот материјал кој е ставен во промет спротивно на одредбите од овој закони 17) нареди отстранување на неправилностите констатирани во постапката при надзор. (2) Трошоците што ќе настанат во врска со утврдување на квалитетот на мострата на репродуктивниот материјал од ставот (1) точка 10 на овој член, се на товар на субјектот од кој е земена мострата, ако мострата не одговара на пропишаниот (декларираниот) квалитет, односно на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако мострата одговара на пропишаниот (декларираниот) квалитет. (5) Трошоците што ќе настанат во врска со одземањето, чувањето и уништувањето на репродуктивниот материјал од ставот (1) точка 16 на овој член, се на товар на субјектот од које одземен репродуктивниот материјал. Член 58 (1) За преземените мерки, утврдени со овој закон, инспекторот за шумарство донесува решение. (2) Против решението на инспекторот за шумарство од ставот (1) на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (5) Жалбата поднесена против решението од ставот (1) на овој член не го одлага неговото извршување во случај ако со неизвршувањето на утврдените мерки ќе се предизвикаат последици кои тешко можат да се отстранат. 9. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 59 (1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице микро трговец и мал трговец, ако: 1) за подигнување и обновување на шумите не користи селектиран, квалификуван и тестиран репродуктивен материјал кој е произведен во согласност со одредбите на овој закон (член б); 2) врши производство на репродуктивен материјал, а не е запишано во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал (член 15 став (1)); 5) се занимава со производство на репродуктивен материјал, а не ги исполнува пропишаните услови од членот 15 од овој закон; 4) собира репродуктивен материјал иако не ги исполнува условите од членот 17 од овој закон; 5). стави во промет репродуктивен материјал спротивно на одредбите од членот 50 од овој закони 6) пушти во промет репродуктивен материјал кој не одговара на квалитетот означен во декларацијата (член 21). (2) Покрај глобата од ставот (1) на овој член на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење дејност од 30 дена. (5) Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. (4) Покрај глоба од ставот (5) на овој член на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење дејност или должност во траење од триесет дена. Член 59-а () Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице среден трговец, ако: 1) за подигнување и обновување на шумите не користи селектиран, квалификуван и тестиран репродуктивен материјал кој е произведен во согласност со одредбите од овој закон (член 6); 2) врши производство на репродуктивен материјал, а не е запишано во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал (член 15 став (1)); 5) се занимава со производство на репродуктивен материјал, а не ги исполнува пропишаните услови од членот 15 од овој закон; 4) собира репродуктивен материјал иако не ги исполнува условите од членот 17 од овој закон; 5). стави во промет репродуктивен материјал спротивно на одредбите од членот 30 од овој закони б) пушти во промет репродуктивен материјал кој не одговара на квалитетот означен во декларацијата (член 21). (2) Покрај глобата од ставот (1) на овој член на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење дејност во траење до две години. (5) Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. (4) Покрај глоба од ставот () на овој член на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење дејност или должност во траење до една година. Член 59-6 () Глоба во износ од 2.000 до 5.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице голем трговец, ако: 1) за подигнување и обновување на шумите не користи селектиран, квалификуван и тестиран репродуктивен материјал кој е произведен во согласност со одредбите од овој закон (член б); 2) врши производство на репродуктивен материјал, а не е запишано во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал (член 15 став (1)); 5) се занимава со производство на репродуктивен материјал, а не ги исполнува пропишаните услови од членот 15 од овој закон; 4) собира репродуктивен материјал иако не ги исполнува условите од членот 17 од овој закон; 5). стави во промет репродуктивен материјал спротивно на одредбите од членот 30 од овој закони 6) пушти во промет репродуктивен материјал кој не одговара на квалитетот означен во декларацијата (член 21). (2) Покрај глобата од ставот (1) на овој член на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење дејност до две години. (5) Глоба во износ од 200 до 550 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. (4) Покрај глоба од ставот (3) на овој член на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење дејност или должност во траење до една година. Член 40 (1) Глоба во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице микро трговец и мал трговец, ако: 1) репродуктивниот материјал, со исклучок на материјалот кој е мешан во согласност со одредбите на членот 20 од овој закон, во сите фази од производството и во текот на прометот, не го чува во издвоени партии, посебно за секоја призната единица (член 16); 2) произведува репродуктивен материјал без претходна согласност (член 21 став (2)); 5) не води деловни книги за репродуктивниот материјал, односно не ги води на пропишан начин (членови 22 и 29 став (4)); 4) не обезбеди стручна контрола на производството на репродуктивен материјал (член 25) и 5) пратката на репродуктивен материјал во промет не е придружена со потребни уверенија и декларација (член 21) и не е ставена во запечатена амбалажа (член 34). (2) Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 40-а (1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на шумарството ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврден во членовите 15 став (4) и 29 став (4) од овој закон. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите, ако не ги достави бараните докази во рокот утврден во членовите 15 став (5) и 29 став (5) од овој закон. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на шумарството ако не одлучи по барањето во рокот утврден во членовите 15 став (8) и 29 став (6) од овој закон. Член 40-6 (1) Глоба во износ од 500 до 750 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице среден трговец, ако: 1) репродуктивниот материјал, со исклучок на материјалот кој е мешан во согласност со одредбите на членот 20 од овој закон, во сите фази од производството и во текот на прометот, не го чува во издвоени партии, посебно за секоја призната единица (член 16); 2) произведува репродуктивен материјал без претходна согласност (член 21 став (2)); 5) . неводи деловни книги за репродуктивниот материјал, односно не ги води на пропишан начин (членови 22 и 29 став (4)); 4) необезбеди стручна контрола на производството на репродуктивен материјал (член 23) и 5)... пратката на репродуктивен материјал во промет не е придружена со потребни уверенија и декларација (член 51) и не е ставена во запечатена амбалажа (член 54). (2) Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 40-в () Глоба во износ од 750 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице голем трговец, ако: 1) штрепродуктивниот материјал, со исклучок на материјалот кој е мешан во согласност со одредбите на членот 20 од овој закон, во сите фази од производството и во текот на прометот, не го чува во издвоени партии, посебно за секоја призната единица (член 16); 2) произведува репродуктивен материјал без претходна согласност (член 21 став (2)); 5) . неводи деловни книги за репродуктивниот материјал, односно не ги води на пропишан начин (членови 22 и 29 став (4)); 4) не обезбеди стручна контрола на производството на репродуктивен материјал (член 23) и 5)... пратката на репродуктивен материјал во промет не е придружена со потребни уверенија и декларација (член 51) и не е ставена во запечатена амбалажа (член 34). (2) Глоба во износ од 200 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 40-г (1) Запрекршоците предвидени во членот 40 од овој закон инспекторот со решение изрекува опомена и определува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците, утврдени со записник. (2) Решението од ставот (1) на овој член, се донесува веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на изготвувањето на записникот. () Инспекторот е должен да води евиденција за изречените опомени. (4) Формата и содржината на евиденцијата за изречените опомени ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член А1 () За прекршоците утврдени во членовите 59, 40, 40-а, 40-6 и 40-в од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Прекршочна комисија согласно со Законот за ловството. (2) За прекршоците утврдени во членовите 39-а и 59-66 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. (3) Пред поднесување на барање за прекршочна постапка за прекршоци предвидени во овој закон, инспекторот води постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог согласно со Законот за прекршоците. (4) Инспекторот е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (5) Во евиденцијата од ставот (4) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (6) Личните податоци од ставот (5) на овој член се чуваат пет години од денот на внесувањето во евиденцијата. (7) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 10. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 42 (0) Правните лица кои вршат производство и промет на репродуктивен материјал се должни своето работење да го усогласат со одредбите на овој закон во рок до една година од денот на влегувањето во сила на сите подзаконски акти. (2) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не го усогласат своето работење во утврдениот рок од ставот (1) на овој член, ќе се бришат од Регистарот на производители и трговци. (5) Започнатите постапки до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат согласно со законите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. (4) Основниот материјал признат и регистриран пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се користи како основен материјал до нова регистрација согласно со одредбите на овој закон. Новата регистрација на основниот материјал ќе се врши во рок до две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 45 () До денот на влегувањето во сила на поблиските прописи предвидени со овој закон, ќе се применуваат прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Поблиските прописи предвидени во членот 5 ставови (2) и (4), членот 8 став (2), членот 9 став (6), членот 10 став (5), членот 12 став (5), членот 15 став (7), членот 18 став (4), членот 22 став (2), членот 24 став (2), членот 26 став (2) и членот 27 став (2) од овој закон, ќе се донесат во рок до две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (5) Членот 11 од овој закон ќе започне да се применува од денот на приемот на Република Северна Македонија во Европската унија. Член ДА Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија“. ВАЖЕЧКИ ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ ОД НОВЕЛИТЕ НА ЗАКОНОТ . „Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/16 Член 10 Започнатите постапки до денот на започнувањето со примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 11 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка,согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15).