跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law on fertilizers

颁布于 2007 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

research.laws.repealedOn

关于这部法律

原标题
Закон за ѓубриња.
语言
Macedonian
类型
法令
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
fertilizers/nutrients, plant production, plant protection, monitoring, offences/penalties, sustainable use, packaging/labelling, internal trade, international trade, processing/handling, basic legislation
类别
*, agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. ЗАКОН ЗА ЃУБРИЊА („Службен весник на Република Македонија“ бр.110/2007; 20/2009; 17/2011 и 148/2011). (КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Содржина Член 1 (1) Со овој закон се уредуваат условите за производство, пласирање на пазар, увоз, употребата на ѓубриња, видови на ѓубриња, идентификација, квалитет, состав, земање примероци, пакување, обележување, испитување, декларирање, следење, регистрирање и други прашања во врска со ѓубрињата. (2) Покрај условите утврдени со овој закон, за пласирање на пазар и употреба на ѓубриња, ако содржат опасни супстанции, се применуваат и прописите со кои се уредуваат хемикалиите. (3) Ако ѓубрињата од ставот (1) на овој член содржат и средства за заштита на растенијата за нивното производство, пласирање на пазар, увоз и употреба се применуваат прописите кои ја регулираат областа на производите за заштита на растенијата. Дефиниции Член 2 Поимите кои се употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. "Ѓубриња" се материи чија главна функција е исхрана на растенијата кои може да бидат хемиски соединенија од минерално и органско потекло како и мешавини од тие соединенија; 2. "Примарни макрохранливи елементи" (во натамошниот текст: макроелементи) се азот, фосфор и калиум, од кои растенијата имаат поголеми потреби; 3. "Секундарни макрохранливи елементи" (во натамошниот текст: секундарни макроелементи) се калциум, магнезиум, сулфур и натриум од кои растенијата имaат помали потреби во однос на примарните макроелементи; 4. "Микрохранливи елементи" (во натамошниот текст: микроелементи) се: железо, бор, цинк, манган, бакар, кобалт, молибден и селен од кои растенијата имаат многу помали потреби во однос на примарните и секундарните макроелементи; 5. "Хелатни облици (органоминерални комплекси) на микрохранливи елементи" се микроелементи врзани за молекулите EDTA, DTPA, EDDXA, XEETA, EDDXMA, EDDCXA; 6. "Комплексни облици на микрохранливи и макрохранливи елементи" се микроелементи и макроелементи врзани за макромолекули од органско или друго потекло; 7. "Видови на ѓубриња" се ѓубриња со единствен вид на ознака како што е пропишано со овој закон; 8. "Единечни ѓубриња" се азотни, фосфорни и калиумови ѓубриња со точно одредена содржина на само еден од макроелементите; 9. "Сложени ѓубриња" се ѓубриња кои имаат декларирана содржина најмалку на два макроелементи кои се добиваат по хемиски пат, со мешање или комбинација од двете постапки; 10. "Комплексни ѓубриња" се сложени ѓубриња кои се добиваат со хемиска реакција, се во вид на раствор или се во цврста состојба во вид на гранули и содржат најмалку два макроелементи. Во цврста состојба гранулата ги содржи сите елементи во декларираниот состав; 11. "Мешани ѓубриња" се ѓубриња кои се добиваат со суво мешање на неколку ѓубриња без хемиска реакција; 12. "Фолиарни ѓубриња" се ѓубриња кои се употребуваат за исхрана преку надземните органи на растението; 13. "Течни ѓубриња" се ѓубриња во течна агрегатна состојба; 14. "Водорастворливи ѓубриња" се ѓубриња кои се целосно растворливи во вода; 15. "Суспензивни ѓубриња" се ѓубриња од течна и цврста фаза кај кои цврстата фаза се одржува во суспензија во течна фаза; 16. "Декларација" е натпис, отпечатен, обележан и прицврстен за амбалажата и претставува доказ кој ја идентификува содржината на хранливи елементи и нивните својства со пропишаните отстапувања; 17. "Декларирана содржина" е содржина на активна материја изразена како елементи или нивните оксиди, кои се наведени во декларацијата или на соодветните придружни документи; 18. "Отстапување" е дозволено отстапување на вредностите на содржината на хранливите елементи од нивните декларирани вредности; 19. "Пакување" е пакет кој може трајно да се затвори, со кое може да се ракува и во кое може да се чува и дистрибуира ѓубре, а не содржи повеќе од 1.000 кг; 20. "Ѓубре во ринфузна состојба" е производ кој не е спакуван на начин пропишан со точката 19 на овој член; 21. "Квалитет на ѓубре" е степен на квалитативни својства и карактеристики кои ги исполнуваат стандардите или техничките прописи за квалитет; 22. "Производител" е домашно правно лице или застапник на странски производител кој е одговорен за пласирање на ѓубрето на пазар, кој го произведува ѓубрето и кој врши пакување, како и секое друго правно лице или застапник кој ги менува својствата на ѓубрето. Правното лице или застапникот кој не ги менува својствата на ѓубрето не се смета за производител во смисла на овој закон; 23. "Пласирање на пазар" е трговија на големо и мало на ѓубриња на територијата на Република Македонија; 24. "Увоз" е промет на ѓубриња преку државната граница на Република Македонија; 25. "Пратка" е дел од шаржата, целата шаржа или повеќе шаржи од еден ист вид на ѓубре или суровина, која е во промет или пристигнала на граничен премин и 26. "Шаржа" е количество од ѓубре или од суровината за производство на ѓубре, која е произведена со исти технолошки постапки, во тек на еден производен процес, под исти услови и исто пропишан квалитет, означена под реден број или со датум на производство. II. ЃУБРИЊА Пласирање на пазар на ѓубре Член 3 (1) Ѓубре може да се пласира на пазар на територијата на Република Македонија, ако: 1) oбезбедува ефикасна хранлива вредност; 2) соодветно е обезбедено земање на примероци, испитувања по соодветно признати и одредени стандардни методи за испитување и 3) во услови на практична примена не влијае неповолно на здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина. (2) Производителот е одговорен за пласирањето на пазар на ѓубрето во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Член 4 (1) Ако под кои било услови, врз основа на научни и технички сознанија, постои оправдана причина дека ѓубрето или суровините, иако ги задоволува условите пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, претставува ризик за безбедноста и здравјето на луѓето, животните и растенијата или ризик за животната средина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе: 1) забрани привремено или трајно производство и пласирање на пазар на такво ѓубре во зависност од процената на ризикот од ѓубрето за здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина и 2) пропише посебни услови под кои ѓубрето ќе може да се произведува, пласира на пазар и да се употребува. (2) Начинот на спроведување на мерките од ставот (1) точка 1 на овој член го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Неоргански ѓубриња Член 5 (1) Неорганските (минерални) ѓубриња се производи во кои хранливите елементи, кои со ѓубрење се внесуваат во почвата, се во форма на неоргански соли се добиваат со различни технолошки постапки (со екстракција со физички или хемиски индустриски постапки). (2) Како неоргански ѓубриња можат да бидат декларирани: калциум цијанамид, уреа, нивните кондензати и врзаните производи на ѓубрињата кои содржат хелатни или комплексни форми на микроелементи. (3) Неорганските ѓубриња можат да бидат: 1) единечни (еднокомпонентни) неоргански ѓубриња кои содржат само еден примарен макрохранлив елемент (азотни, фосфорни и калиумови ѓубриња) и 2) сложени (повеќекомпонентни) неоргански ѓубриња, кои содржат најмалку два макроелементи, а се добиваат со хемиска реакција, со мешање или со комбинација од двете постапки. (4) Сложените неоргански ѓубриња можат да бидат: 1) комплексни неоргански ѓубриња добиени со хемиска реакција на соодветните компоненти во течна или во цврста состојба по пат на гранулирање, при што секоја гранула ги содржи сите хранливи елементи во декларираниот состав и 2) мешани неоргански ѓубриња добиени со суво мешање на неколку единечни ѓубриња без хемиска реакција, со или без дополнувачи. (5) Во зависност од агрегатната состојба, неорганските ѓубриња можат да бидат цврсти или течни. (6) Течно неорганско ѓубре е ѓубре во форма на раствор или суспензија. (7) Неорганско ѓубре во форма на раствор е раствор кој не содржи цврсти честици. (8) Неорганско ѓубре во форма на суспензија е ѓубре од две фази, во кои цврстата фаза се одржува во суспензија во течна фаза. (9) Фолијарно неорганско ѓубре е ѓубре наменето за фолијарна употреба и во кои хранливите елементи се во форма што е погодна за исхрана на растението преку надземните органи. Член 6 (1) Ѓубрињата од членот 5 на овој закон можат да се произведуваат, пласираат на пазарот, увезуваат и употребуваат во Република Македонија, ако се класифицирани и означени како неоргански ѓубриња од одреден вид. (2) Видовите на ѓубриња од ставот (1) на овој член, постапката и документите за класифицирање на новото ѓубре во одреден вид, начинот на означување и идентификација на неорганското ѓубре, начинот на изразување на содржината на макроелементи и секундарните макроелементи и микроелементи, минимални и максимални количини на хранливи елементи и примеси во неорганското ѓубре ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Амониум нитратни ѓубриња со висока содржина на азот, мерки за безбедност, контрола и испитувања на отпорноста на детонација Член 7 (1) Амониум нитратните форми на ѓубриња со висока содржина на азот, единачни и сложени, се производи базирани на амониум нитрат и произведени за употреба како ѓубриња кои не содржат повеќе од 28% азот во нитратна форма. (2) Ѓубрињата од ставот (1) на овој член можат да содржат неоргански или нереактивни супстанции. (3) Супстанциите кои се користат за производство на ѓубрињата од ставот (1) на овој член не треба да ја зголемат отпорноста на ѓубрињата на топлина или детонација. Член 8 За да се обезбеди следење на амониум нитратните ѓубриња со висока содржина на азот кои се пласираат на пазарот, производителот мора да ги чува податоците со назив и адреса на погоните во кои ѓубрињата и основни компоненти се произведуваат и податоците за одговорните лица. Податоците треба да бидат достапни на надлежните инспектори сé додека ѓубрето е на пазар, и две години откако производителот ќе престане да го пласира на пазарот. Член 9 (1) Пред да се пласираат на пазарот амониум нитратните ѓубриња со висока содржина на азот, производителот треба да ја испита отпорноста на ѓубрињата на детонција и да докаже дека се подложени на испитувања за отпорност на детонација. (2) Производителот треба да ги достави резултатите од отпорноста на детонација на амониум нитратните ѓубриња со висока содржина на азот на надлежниот инспектор најмалку пет дена пред да се пласира на пазар ѓубрето и при увоз најмалку пет дена пред пристигање на пратката на граничниот премин. (3) Производителот треба да гарантира дека количините на амониум нитратни ѓубриња со висока содржина на азот кои се на пазарот во Република Македонија ги исполнуваат условите од испитувањата на отпорноста на детонација. (4) Амониум нитратните ѓубриња ќе можат да се пласираат на пазар и да бидат достапни до крајниот корисник исклучиво во оригинално пакување на производителот. (5) Барањата кои треба да ги исполнуваат амониум нитратните ѓубриња со висока содржина на азот во однос на својствата, граничните вредности, методите за испитување, испитувањето на отпорност на детонација, начинот на нивното сместување и ракување ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Органски ѓубриња Член 10 (1) Органски ѓубриња се производи со најмалку 30% органски материи од растително или животинско потекло (шталско, осока, компост, тресет и друго), кои се внесуваат во почвата за подобрување на својствата на почвата и исхрана на растенијата кои покрај органски материи содржат и најмалку 1% азот, 1% фосфорен-(V) оксид и 1% калиум- оксид. (2) Органско- минерални ѓубриња се производи со најмалку 10% органски материи и најмалку: 1% азот, 1% фосфорен- (V)оксид и 1% калиум-оксид. Член 11 (1) Ѓубрињата од членот 10 на овој закон може да се произведуваат, пласираат на пазарот, увезуваат и употребуваат во Република Македонија, ако се класифицирани како органски ѓубриња од одреден вид. (2) Видовите на ѓубриња од ставот (1) на овој член, постапката и документите за класификација на ново органско ѓубре во одреден вид, означувањето и идентификацијата, содржината на макроелементи, секундарните макроелементи и микроелементи, минималните и максималните количества на хранливи елементи и примеси ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Микробиолошки ѓубриња Член 12 (1) Микробиолошки ѓубриња се производи кои содржат високи титри на одредени корисни одбрани соеви на микроорганизми, а се користат за трансформација на органските хранливи елементи во минерални форми корисни за растенијата. (2) Ѓубрињата од ставот (1) на овој член можат да се произведуваат, пласираат на пазарот, увезуваат и употребуваат во Република Македонија, ако се класифицирани како микробиолошки ѓубриња од одреден вид. (3) Видовите на ѓубриња од ставот (1) на овој член, постапката и документите за класифицирање на новото микробиолошко ѓубре во одреден вид, начинот на означување и идентификација, содржината на микроорганизми, минимални и максимални количества на микроорганизми и примеси ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. III. БИОСТИМУЛАТОРИ, ПОДОБРУВАЧИ НА ПОЧВАТА Биостимулатори Член 13 (1) Биостимулаторите се физиолошки активни органски материи со ниска содржина на хранливи елементи, од природно или синтетичко потекло (хормони, витамини, аминокиселини, хумусни киселини и слично) кои во соодветни услови имаат стимулативно дејство на поединечни физиолошко-биохемиски процеси во поединечни фази од развојот на растението. (2) Биостимулаторите од ставот (1) на овој член можат да се произведуваат, пласираат на пазарот, увезуваат и употребуваат во Република Македонија, ако се класифицирани како биостимулатори од одреден вид. (3) Видовите на биостимулаторите од ставот (1) на овој член, постапката и документите за класификација на новиот биостимулатор во одреден вид, начинот на означување и идентификација, содржината на физиолошки активните компоненти и хранливите елементи, минималните и максималните количества на физиолошки активните компоненти и хранливи елементи и примеси во биостимулаторите, ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Подобрувачи на својствата на почвата Член 14 (1) Подобрувачите на својствата на почвата и употребените ѓубриња за подобрување на физичките, хемиските, биолошките и продуктивните својства на почвата, се неоргански или органски материи, од природно или синтетичко потекло, кои не содржат или имаат ниска содржина на макроелементи и секундарни макроелементи и микроелементи. Подобрувачите на својствата на почвата не се сметаат за ѓубриња. (2) Минералните подобрувачи на својствата на почвата се производи од природно или синтетичко потекло, кои не содржат органски материи (варовник, гипс, доломит, песок, зеолит, бентонитска глина, водено стакло и друго) и не содржат макроелементи и микроелементи или доколку содржат нивната вредност е најмногу до 3%. Минералните подобрувачи не се сметаат за ѓубриња. (3) Органските подобрувачи на својствата на почвата се производи од растително или животинско потекло или органски производи добиени по пат на синтеза, кои поради ниската содржина на примарни хранливи елементи најмногу до 3% не се сметаат за ѓубриња. Член 15 (1) Подобрувачите на својствата на почвата од членот 14 на овој закон можат да се произведуваат, пласираат на пазарот, увезуваат и употребуваат во Република Македонија, ако се класифицирани како подобрувачи на својствата на почвата од одреден вид. (2) Видовите на подобрувачи на својствата на почвата од ставот (1) на овој член, постапката и документите за класификација на нов подобрувач на својствата на почвата на одреден вид, означувањето, идентификацијата, содржината на макроелементите, секундарните макроелементи и микроелементи, минималните и максимални количества на хранливи материи и примеси ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. IV. ПРОИЗВОДСТВО НА ЃУБРИЊА Производство на губриња Член 16 (1) Со производство на ѓубриња може да се занимава правно лице кое согласно со Законот за животната средина има добиено решение за оцена на влијание врз животната средина и А-интегрирана еколошка дозвола/дозвола за усогласување со оперативен план. (2) До Фитосанитарната управа (во натамошниот текст: Управата) производител кој ги исполнува условите од ставот (1) на овој член треба да поднесе барање за упис во Регистар на произведители на ѓубриња и барање за евидентирање на ново ѓубре во Листата ѓубриња. (3) Формата и содржината и начинот на водење на Регистарот на производители на ѓубриња, постапката и документацијата за запишување во регистарот на производители, условите за евидентирање на ѓубрето во Листата на ѓубриња кои се произведуваат и пласираат на пазар ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Ако правното лице ги исполнува условите од ставовите (1) и (3) на овој член директорот на Управата донесува решение за упис во Регистарот на произведители на ѓубриња и решение за евидентирање на ново ѓубре во Листата на ѓубриња во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за упис во Регистарот на производители на ѓубриња, односно кон барањето за евидентирање на ново ѓубре во Листата на ѓубриња. (5) Доколку Управата не донесе решение, односно решенија по барањето од ставот (2) на овој член во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за донесување на решение. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Формата и содржината на барањето од членот 16 став (2) од овој закон и на барањето од ставот (5) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (7) Кон барањето од ставот (5) на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето од членот 16 став (2) од овој закон. (8) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (5) на овој член до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето е уважено или одбиено. (9) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (10) Државниот управен испекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (9) на овој член да изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (11) Инспекторот од Државниот управен испекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Управата во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (11) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (12) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен испекторат. (15) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (14) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (10) и (11) и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (12) и (13) на овој член ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој испекторот ќе изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен испекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Во случајот од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот. (18) Во случаите од ставот (17) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (19) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (15) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (20) Против решението на директорот на управата за одбивање на барањето од ставот (2) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос. (21) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен сптор пред надлежен суд. (22) Постапката пред Управниот суд е итна. (23) Производителот е должен да врши контрола на квалитетот на производството на секоја шаржа на ѓубрињата пред да се пласираат на пазарот. (24) За контролата од ставот (4) на овој член производителот е должен да води евиденција. (25) Евиденцијата од ставот (5) на овој член треба да биде достапна на надлежниот инспектор сé додека ѓубрето се наоѓа на пазар, и во период од две години по престанување на производството и пласирањето на пазар на ѓубрето. (26) Секоја пратка на ѓубре треба да ја придружува сертификат за квалитет од производителот. (27) Производителот е должен на секои шест месеца на Управата да и доставува податоци за произведените ѓубриња. (28) Начинот на собирање на податоци и водењето на евиденција од ставот (6) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (29) Управата води Регистар на производители на ѓубриња и Листа на ѓубриња кои се произведуваат во Република Македонија. Регистарот на производители на ѓубриња и Листата на ѓубриња се објавуваат во "Службен весник на Република Македонија" најмалку двапати годишно. Производител Член 17 (1) Производител е правното лице кое произведува, доработува, врши пакување, како и секое друго правно лице кое ги менува својствата на ѓубрето. (2) Правното лице кое не ги менува својствата на ѓубрето не се смета за производител во смисла на овој закон. (3) Правното лице од ставот (1) на овој член треба да ги исполнува условите од членот 19 на овој закон и да има вработено лице на неопределено работно време со најмалку високо образование (технолог и хемичар). (4) Пакувањето и доработувањето на ѓубрињата може да ги врши правно лице под услов ако има согласност од домашно или странско лице кое ги произведува. (5) Содржината на согласноста од ставот (4) на овој член, како и другите услови кои треба да ги исполнува правното лице од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Стручна контрола на производството и пласирањето на пазар на ѓубриња Член 18 (1) Управата врши стручна контрола над работата на правните лица кои вршат производство, официјални тестови, анализи и пласирање на пазарот на ѓубриња на големо. (2) Контролата од ставот (1) на овој член Управата ја врши преку комисија составена од експерти и научни работници од областа на агрохемијата, педологијата и физиологија на исхрана на растенијата, формирана од директорот на Управата. (3) За стручната контрола над работата на правните лица од ставот (1) на овој член комисијата поднесува извештај до Управата за утврдената состојба и неправилностите, со предлог - мерки и рокови за извршување на мерките за отстранување на неправилностите. (4) Директорот на Управата со решение ќе забрани пласирање на ѓубрето на пазар и вршење на дејноста, ако врз основа на извештајот за извршената стручна контрола над работата се констатира дека: 1) не се спроведени мерките во рокот определен со извештајот; 2) има отстапувања кои можат да доведат до промена на својствата на ѓубрето во споредба со условите дадени со решението и 3) недостатоците во вршењето на дејноста се од таква природа што можат да предизвикаат штетни последици или штетно влијание по животот и здравјето на луѓето, животните и животната средина. (5) Управата има право да изврши контрола на правни лица кои вршат препакување и преетикетирање на ѓубрето, на територијата на Република Македонија. За утврдената состојба и неправилности директорот на Управата донесува решение. (6) Незадоволната странка има право да поднесе жалба против решението од ставовите (4) и (5) на овој член во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Жалбата поднесена против решението за забрана од ставовите (4) и (5) на овој член не го одлага извршувањето на решението. (7) Носителот на решението е должен на барање на Управата, за испитувања по постапката од ставовите (1) и (5) на овој член да достави примероци од ѓубрињата кои ќе одговараат на бројот на производството (сериите) на ѓубрињата во Република Македонија на свој трошок. Доколку по спроведената постапка на контрола или испитувањата резултатите покажат дека ѓубрињата се исправни, трошоците се на товар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. V. ПЛАСИРАЊЕ НА ПАЗАР НА ЃУБРИЊА И НИВНО СМЕСТУВАЊЕ Пласирање на пазар на ѓубриња на големо Член 19 (1) Пласирање на пазарот на ѓубриња на големо може да врши правно лице под следниве услови: 1) да поседува магацини со задоволителен капацитет за сместување на ѓубриња, кои овозможуваат одржување на квалитетот, правилно и безбедно ракување со ѓубрињата и 2) да има вработено лице на неопределено време со најмалку средно образование од областа на земјоделството, кое ќе ги извршува работите за набавка, сместување и издавање на ѓубрињата во секој објект и магацин. (2) Поблиските услови за магацините, условите за сместување и чување на ѓубрињата од ставот (1) точка 1 на овој член и условите за заштита на животната средина ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Ако правното лице ги исполнува условите од ставовите (1) и (2) на овој член, по претходно поднесено барање, директорот на Управата во рок од 15 дена донесува решение за упис во Регистарот на правни лица за пласирање на пазар на големо на ѓубриња. (4) Доколку директорот на Управата не донесе решение по барањето од ставот (3) на овој член во пропишаниот рок, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за донесување на решение. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (5) Формата и содржината на барањата од ставовите (3) и (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон комплетираното на барањето од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (1) на овој член. (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето е уважено или одбиено. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Инспекторот од Државниот управен испекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен испекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (9) и (10) и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (19) Против решението на директорот на управата за одбивање на барањето од ставот (3) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос. (20) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рок од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежен суд. (21) Постапката пред Управниот суд е итна. (22) Формата содржината, и начинот на водење на регистарот од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пласирање на пазар на ѓубриња на мало Член 20 (1) Пласирање на пазар на ѓубриња на мало може да врши правно лице под услов на продажното место за пласирање на пазарот да има: 1) посебно одвоен дел со палети или магацини за сместување на ѓубрињата кои овозможуваат одржување на квалитетот, правилно и безбедно ракување со ѓубрињата и 2) вработено лице на неопределено време со најмалку високо образование од областа на земјоделските науки, кое ги врши работите за набавка, сместување и давање совети за употреба на ѓубрињата. (2) Поблиските услови за магацините од ставот (1) точка 1 на овој член, условите за сместување и чување на ѓубрињата и условите за заштита на животната средина ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со министерот за животна средина и просторно планирање. (3) Ако правното лице ги исполнува условите од ставовите (1) и (2) на овој член, по претходно поднесено барање, директорот на Управата во рок од 15 дена донесува решение за упис во Регистарот на правни лица за пласирање на пазар на ѓубриња на мало. (4) Доколку Управата не донесе решение по барањето од ставот (3) на овој член во пропишаниот рок, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за донесување на решение. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (5) Формата и содржината на барањето од ставот (3) и на барањето од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон комплетираното на барањето од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (1) на овој член. (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето е уважено или одбиено. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Инспекторот од Државниот управен испекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (9) и (10) и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (19) Против решението на директорот на управата за одбивање на барањето од ставот (3) на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос. (20) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежен суд. (21) Постапката пред Управниот суд е итна. (22) Формата, содржината, и начинот на водењето на Регистарот од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Непакувано ринфузно ѓубре Член 21 (1) Дозволено е пласирање на пазар на ѓубриња во ринфузна состојба (не пакувано), само меѓу производител на губриња и примарниот земјоделски производител. (2) Содржината на декларацијата од членот 31 на овој закон во случај на пласирање на пазар на ѓубриња во ринфузна состојба треба де се наоѓа во документите кои ја придружуваат пратката која се испорачува. Оваа документација мора да им биде достапна на надлежните инспектори. (3) Не е дозволено пласирање на амониум нитратни ѓубриња со висок процент на азот во ринфузна состојба. (4) Начинот на пласирање на пазар на ѓубрињата во ринфузна состојба од ставовите (1) и (2) на овој член го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Контрола на пласирање на пазарот Член 22 (1) Контрола на условите за пласирање на ѓубриња на пазар на големо и мало и контрола на квалитетот на ѓубрињата врши надлежен инспектор. (2) Примероците од ѓубрињата земени при контрола од ставот (1) на овој член надлежениот инспектор ги доставува во лабораторија од членот 34 на овој закон, за проверка на квалитетот. (3) Ако не се исполнети условите од ставот (1) или резултатите од испитувањата на ѓубрето од ставот (2) на овој член не се во согласност со декларираниот квалитет, надлежениот инспектор наредува мерки согласно со членот 49 став (1) точки 5, 6, 7, 9, 10,12 и 13 од овој закон. (4) Начинот на контрола од ставот (1) на овој член, методите за земање на примероци и испитување, количеството на примероците и постапката од ставовите (2) и (3) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. VI. УВОЗ НА ЃУБРИЊА И СУРОВИНИ Увоз Член 23 (1) Ѓубрињата можат да се увезуваат за пласирање на пазар на територијата на Република Македонија ако се евидентирани во Управата. (2) Увозникот кој ги исполнува условите од членот 24 на овој закон , во својство на застапник, поднесува барање до Управата за евидентирање на ѓубрињата најмалку 30 дена пред да ги увезе. (3) Постапката и документацијата за евидентирање и содржината на евиденцијата за ѓубрињата кои се увезуваат ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Доколку Управата не донесе решение во пропишаниот рок по барањето од ставот (2) на овој член, доставено од увозникот во својство на застапник, за евидентирање на ѓубрињата кои се увезуваат, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за донесување на решение. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (5) Формата и содржината на барањето од членот 23 став (2) од овој закон и на барањето од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон комплетираното на барањето од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од членот 23 став (2) од овој закон. (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето е уважено или одбиено. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (9) и (10) и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (19) Против решението на управата за одбивање на барањето од ставот (2) на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос. (20) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежен суд. (21) Постапката пред Управниот суд е итна. (22) Управата води Листа на евидентирани ѓубриња кои се увезуваат. Листата се објавува во "Службен весник на Република Македонија" најмалку двапати годишно. Услови за увоз на ѓубриња Член 24 (1) Увоз на ѓубриња можат да вршат правни лица под следниве услови: 1) да се регистрирани за вршење на дејност за надворешно-трговски работи, промет; 2) да поседуваат магацин за сместување на ѓубрињата и 3) да имаат вработено лице на неопределено време најмалку со средно образование од областа на земјоделството, кое ги врши работите околу набавка и сместување на ѓубрињата. (2) Ако правното лице ги исполнува условите од ставот (1) на овој член директорот на Управата донесува решение за упис во Регистарот на увозници на ѓубриња во рок од 15 дена од претходно поднесеното барање од правното лице за издавање решение за упис во Регистарот на увозници на ѓубриња. (3) Доколку Управата не донесе решение по барањето во пропишаниот рок, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за донесување на решение. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Формата и содржината на барањатата од ставовите (2) и (3) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (5) Кон комплетираното на барањето од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (1) на овој член. (6) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето е уважено или одбиено. (7) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (8) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (7) на овој член да изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (10) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (10) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (13) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (12) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (8) и (9) и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (10) и (11) на овој член, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Во случајот од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (16) Во случаите од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (17) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (13) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (18) Против решението на управата за одбивање на барањето од ставот (2) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос. (19) Доколку директорот на Управата не одлучи во рок од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежен суд. (20) Постапката пред Управниот суд е итна. (21) Контролата за исполнување на условите за запишување во Регистарот на увозници на ѓубриња од ставот (1) на овој член ја врши Управата. Доколку не се исполнети условите од ставот (1) на овој член надлежниот инспектор наредува мерки согласно со членот 49 став (1) точки 11,12 и 13 од овој закон. (22) Поблиските услови од ставот (1) на овој член, формата, содржината и начинот на водење на Регистарот од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (23) Ако правното лице од ставот (1) на овој член пласира на пазар ѓубриња на големо и на мало, треба да ги исполнува и условите пропишани со членовите 19 и 20 од овој закон. (24) Регистарот од ставот (2) на овој член се објавува во "Службен весник на Република Македонија" најмалку двапати годишно. Услови за увоз на суровини Член 25 (1) Суровини за производство можат да се увезуваат само за ѓубриња евидентирани во Листата од членот 16 став (10) на овој закон. (2) Увоз на суровини за производство на ѓубриња можат да вршат правни лица кои ги исполнуваат условите од членот 24 ставови (1) и (2) на овој закон. (3) Контролата на условите за увоз на суровини за производство на ѓубриња врши надлежниот инспектор. Доколку не се исполнети условите од ставовите (1) и (2) на овој член надлежниот инспектор до Управата дава предлог за бришење од Регистарот на производители на ѓубриња и од Листата од членот 16 на овој закон. Гранични премини и царински терминали Член 26 (1) Увоз на ѓубриња и на суровини за производство на ѓубриња може да се врши преку гранични премини, кај што е организирана фитосанитарна инспекција и на царински терминал под надзор на државниот земјоделски инспектор. (2) Ако пратката од ѓубриња или суровина од ставот (1) на овој член пристигне на граничен премин или царински терминал на кој не е организирана инспекција, од ставот (1) на овој член, царинската служба ќе ја упати пратката на најблискиот граничен премин или царински терминал на кој има организирана инспекција. Преглед и земање на примероци од пратки при увоз на ѓубриња и суровини Член 27 (1) Увозниците, како и органите на царинската служба се должни за пристигнувањето на пратката да го известат фитосанитарниот инспектор на граничниот премин. (2) Пратката по пристигнувањето на граничниот премин подлежи на преглед од фитосанитарниот инспектор за преглед на документацијата и идентификација на пратката. (3) Ако документите не се во согласност со одредбата од ставот (2) на овој член, фитосанитарниот инспектор донесува решение за забрана за увоз и наредува враќање на пратката на испраќачот. (4) Ако документите се во согласност со одредбата од ставот (2) на овој член, фитосанитарниот инспектор дозволува ставање на пратката за контрола од државниот инспектор за земјоделство на царински терминал. (5) На царинскиот терминал државниот инспектор за земјоделство врши преглед на пратката и документацијата и по потреба зема примероци на товар на увозникот и ги доставува до лабораторијата од членот 34 на овој закон за испитување на квалитетот. (6) Ако резултатите од испитувањата се во согласност со декларираниот квалитет, државниот инспектор за земјоделство дозволува увоз и пласирање на пазарот. (7) Ако резултатите од испитувањата не се во согласност со декларираниот квалитет, државниот инспектор за земјоделство донесува решение за забрана на увоз и наредува враќање на пратката на испраќачот. (8) Трошоците за преглед на пратката од ставот (5) на овој член ги поднесува увозникот. (9) Висината и начинот на плаќање на надоместокот за покривање на трошоците на Државниот инспекторат за земјоделство за прегледот од ставот (5) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (10) Начинот на преглед на пратката од ставовите (2) и (5) на овој член, методите за земање на примероци, испитувањето, количеството на примероците и постапката од ставот (5) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Царинење на пратката Член 28 Царинската служба не може да ја отвора пратката, да зема примероци и да ја царини додека надлежниот фитосанитарен инспектор и државниот инспектор за земјоделство не извршат преглед и одобрат увоз на пратката. VII. КВАЛИТЕТ И ОЗНАЧУВАЊЕ НА ЃУБРИЊА Квалитет Член 29 (1) Во Република Македонија е дозволено производство, пласирање на пазарот, увоз и употреба на ѓубриња кои одговараат на квалитетот пропишан со овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Квалитетот на ѓубрињата се идентификува и се означува со декларација. (3) Составот на ѓубрињата мора да биде во согласност со пропишаните отстапувања. (4) Максималните и минималните вредности и дозволените отстапувања од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пакување на ѓубриња Член 30 Пакувањето на ѓубрињата мора да биде затворено на таков начин што Царинската служба при отворањето на системот за затворање - пломбата или пакувањето да биде трајно оштетено. За пакување на ѓубрињата можат да се користат и вреќи со вентили. Декларирање и означување Член 31 (1) Ѓубрето кое се увезува и пласира на пазарот треба да има декларација врз основа на која може да се изврши негова идентификација. (2) Декларацијата од ставот (1) на овој член се печати на македонски јазик, со кирилско писмо, освен заштитените трговски називи на ѓубрето, хемиските симболи на хранливите елементи, називот на производителот и единицата од SI системот, кои се печатат на латинско писмо. (3) Декларацијата покрај податоците од ставот (2) на овој член содржи: ознаки на видовите на ѓубрето, формулациите, содржината на хранливите елементи, дозволените отстапувања од декларираната содржина, формата на изразување, податоци за начинот на складирање, ракување, употреба, рок и слично. (4) Декларацијата од ставот (1) на овој член треба да се наоѓа на видно место на пакувањето или на системот кој се користи за нејзино затворање, односно во документите кои ја придружуваат пратката во ринфузна состојба. Ако системот за затворање содржи пломба, тогаш пломбата треба да носи име или ознака на оној што го пакува ѓубрето. Податоците во декларацијата треба да бидат јасно и читливо наведени и да не можат да се избришат или отстранат. (5) Формата и содржината на декларацијата од ставовите (2) и (3) на овој член и поблиските услови од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Производителот од членовите 16 и 17 на овој закон или увозникот од членот 24 на овој закон се одговорни за штетата која може да настане поради погрешни, неточни или непотполни декларации. Член 32 (1) Ѓубрињата кои ги исполнуваат пропишаните услови за квалитетот за пласирање на пазар во земјите членки на Европската унија може на пазарот во Република Македонија да се означат со ознаката “EC FERTILIZER“. (2) Ознаката “EC FERTILIZER“ не смее да се користи ако ѓубрето не е во согласност со пропишаните услови за квалитет за пласирање на пазар во Европската унија. (3) Документот од надлежниот орган или лабораторија од Европската унија дека ѓубрето може да се означи со ознаката “EC FERTILIZER“ треба да им биде достапен на Управата и надлежниот инспектор. (4) Ѓубрињата произведени и пласирани на пазарот во Република Македонија не можат да ја носат ознаката “EC FERTILIZER“. VIII. ИСПИТУВАЊЕ НА ЃУБРИЊАТА И СУРОВИНИТЕ Методи и стандарди Член 33 (1) Испитување на ѓубрињата опфаќа усогласеност на испитуваното ѓубре со овој закон и со прописите донесени врз основа на овој закон, во однос на видовите на ѓубриња и усогласеноста на декларираната содржина на хранливи елементи со утврдената од испитувањата како растворливоста на хранливите елементи. (2) Методите за испитување, дозволените отстапувања и примероците за испитување на ѓубрињата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Начинот на земање на примероци и испитувањата на ѓубрињата, можат да се вршат и според меѓународните и европските стандарди. Лабораторија Член 34 (1) Испитувањата на ѓубрињата кои се во постапка на евидентирање и контрола на производството, пласирање на пазарот и увозот, ги врши акредитирана лабораторија. (2) До започнување со работата на акредитираната лабораторија испитувањето на ѓубрињата ќе го вршат правни лица кои се акредитирани во согласност со МКС EN ISO/IEC 17025 и во чиј обем на акредитација е и испитување на одредени видови на ѓубриња според методите пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и кои се овластени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: овластена лабораторија). (3) Испитувања на ѓубриња можат да вршат и правни лица кои не се акредитирани во согласност со МКС EN ISO/IEC 17025, но треба да ги исполнуваат процедурите и техничките услови пропишани со овој закон и треба де се овластени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Контрола за исполнување на условите за овластување на овластената лабораторија врши Управата. (5) Поблиските услови кои мора да ги исполнуваат правните лица од ставовите (2) и (3) на овој член, методите од ставот (1) на овој член и податоците што треба да ги содржи извештајот на овластената лабораторија ги пропишува министерот. (6) Листата на овластените лаборатории од ставовите (2) и (3) на овој член се објавува во "Службен весник на Република Македонија". Суперанализа Член 35 (1) Ако правно или физичко лице во постапката на контрола од членовите 18, 22 и 27 на овој закон не се согласува со добиените резултати од испитувањата од лабораторијата од членот 34 на овој закон, може во рок од осум дена од денот на приемот на резултатите од испитувањата, да поднесе барање за суперанализа. (2) Суперанализата се врши во друга лабораторија. (3) Суперанализа може да побара и надлежниот инспектор. (4) Резултатот од суперанализата е конечен. (5) Постапката од ставовите (1) до (4) на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. IX. УПОТРЕБА НА ЃУБРИЊА Член 36 (1) Ѓубрињата се употребуваат во согласност со правилата за добра земјоделска пракса, што опфака употреба на ѓубриња од одреден вид во количества и во согласност со потребите на растенијата и почвата, земајќи ги предвид хранливите неоргански и органските материи во почвата и климатските услови во подрачјето. (2) Правилата за добра земјоделска пракса од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 37 Државниот инспектор за земјоделство може да зема примероци од ѓубриња и од крајниот корисник по негово барање и при вршење контрола на производство, пласирање на пазар и при увоз на царински терминал. Х. ИСКЛУЧОЦИ И ДРУГИ УСЛОВИ Исклучоци од евидентирања Член 38 (1) Не се евидентираат ѓубрињата кои : 1) пробно се произведуваат за евидентирање во Листата или пуштање во работа на производен погон; 2) се произведуваат за познат купувач и за извоз и 3) се произведуваат за крајниот корисник според испитувањата на потребите на почвата од одредени хранливи материи и по негова препорака. (2) Условите под кои ѓубрето може да се пласира на пазар, односно да се евидентира, како и остатокот од пробното производство, од извоз или од крајниот корисник ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сместување и уништување Член 39 (1) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги евидентира заостанатите количини од ѓубриња и суровините кои не можат да се преформулираат, од кои не може да се произведат ѓубриња, како и нивните пакувања, заради собирање, сместување и уништување на пропишан начин. (2) Секое лице кое поседува или има сознание за постоење на ѓубриња, суровини и нивна амбалажа од ставот (1) на овој член кои не се евидентирани е должно за тоа да ја извести Управата. (3) Начинот на евидентирање на ѓубрињата, амбалажата и суровината од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Одредбите од овој член ќе се применуваат во согласност со одредбите од прописите кои се однесуваат на заштита на животната средина. Стручен совет Член 40 (1) Заради давање стручни совети, предлог на мерки кои се однесуваат на заштита на државата од внесување и употреба на одредени штетни агенси и ѓубриња, се формира Стручен совет од експерти од областа на агрохемијата, педологијата и физиологијата кој се состои од пет члена вклучувајќи го и председателот. (2) Стручниот совет со решение го формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Стручниот совет дава мислења, сугестии и предлага мерки за: 1) заштита од внесување, производство, пласирање и употреба на ѓубриња и суровини за производство на ѓубриња; 2) минимизацијата на ризикот кој се однесува на мерките за употреба на ѓубриња; 3) приоритети во истражувањето; 4) иницирање соработка и контакти со меѓународни институции и 5) други значајни прашања од областа на ѓубрињата. (4) Стручниот совет дава извештај за работата по потреба и на барање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а најмалку еднаш годишно на крај од годината со предлог-мерки за спречување на одредени последици. (5) Начинот и принципите за работа на Стручниот совет ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Надоместокот за работа и другите трошоци за работа на Стручниот совет ги утврдува Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а средства се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија за тековната година со трансфер од Програмата за здравје на растенијата. XI. ТРОШОЦИ Трошоци за испитувањето Член 41 (1) Трошоците за испитување на ѓубрињата при контрола на производство, увоз и пласирање на пазарот и употреба се на товар на: 1) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за испитување на примероците од членовите 18 став (7), 22 став (2) и 35 на овој закон дадени по налог на надлежниот инспектор, ако резултатите од испитувањата во лабораторија се позитивни, односно се во согласност со декларацијата; 2) производителот од членовите 16 и 17 за испитување на примероците од членот 18 став (7), правни лица кои пласираат на пазар на големо и мало од членовите 19 и 20 за испитување на примероците од членот 22 став (2), правно лице од членот 35 став (1) на овој закон, за испитувања со суперанализа, по налог на надлежниот инспектор, ако резултатите не се во согласност со декларацијата; 3) увозникот од членовите 24 и 25 на овој закон за испитувањата на примероците од членот 27 став (5) на овој закон и 4) сопственикот или крајниот корисник, за испитување на примероците на негово барање (член 37). (2) Висината на трошоците од ставот (1) точки 1, 2 и 3 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и се приход на правното лице кое ги врши испитувањата. (3) Трошоците од ставот (1) точка 1 на овој член ако резултатите се според декларацијата, се на товар на Буџетот на Република Македонија - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. XII. НАДЛЕЖНОСТИ НА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ Министерство Член 42 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предлага и ја реализира политиката на Владата на Република Македонија во областа на ѓубрињата. Министер Член 43 За целите на извршување на овој закон, развој и заштита од употребата на ѓубрињата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да: 1) одобри правни лица да спроведуваат истражувања и развој на нови методи и системи од областа на ѓубрињата и дефинира правила за целите на истражувањето и развојот и 2) врши и други работи утврдени со овој закон. Управата Член 44 Управата според овој закон е надлежна за вршење на следниве задачи: 1) спроведува постапка за запишување во регистар на правни лица за производство ,пласирање на пазар на големо и мало, увозници и евидентирање во Листата на ѓубриња; 2) ја следи состојбата од областа на употребата на ѓубрињата и нивната ефикасност врз растенија или растителни производи, производството и пласирањето на пазарот; 3) изготвува годишна програма за мониторинг и контрола на користените ѓубриња во примарното производство; 4) изготвува годишна програма за мониторинг на контрола на квалитетот и декларирањето на ѓубриња; 5) соработува со други надлежни органи; 6) го утврдува исполнувањето на условите за запишување во соодветниот регистар, води регистри, евиденција и листи; 7) ја претставува Република Македонија и ги информира Европската унија и меѓународните организации од областа на ѓубрињата; 8) воведува информативен систем, прибира, обработува, посредува и чува податоци за ѓубрињата; 9) организира обука на сите вклучени во пласирањето на пазарот, употребата на ѓубрињата, издава публикации и упатства и 10) извршува други работи определени со овој закон. XIII. НАДЗОР Член 45 (1) Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Инспекциски надзор над спроведување на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон од страна на правни и физички лица, установите и други правни лица, во извршување на мерките кои произлегуваат од овој закон, врши Државниот инспекторат за земјоделство, преку државни инспектори за земјоделство и фитосанитарни инспектори. (3) Работите од надлежност на фитосанитарниот инспектор, утврдени со овој закон, можат да ги вршат и овластени лица од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 45-а Постапка за едукација (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство и фитосанитарните инспектори утврди дека за прв пат е сторена неправилност од членот 61 на овој закон, е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност, во рок од 15 дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за земјоделство, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство и фитосанитарните инспектори при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство и фитосанитарните инспектори при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочна комисија. (9) Државниот инспекторат за земјоделство води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 45-б Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државниот инспекторат за земјоделство за извршените контроли изготвува квартални извештаи и ги објавува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на унифициран квартален преглед. Инспекциски надзор и документи за идентификација Член 46 Инспекторите и овластените лица од членот 45 на овој закон треба да поседуваат документи за идентификација при вршењето на инспекцискиот надзор. Надлежности на фитосанитарните инспектори на границата Член 47 Врз основа на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон при вршење на контрола на ѓубриња и суровини на гранични премини фитосанитарниот инспектор има право и должност да: 1) врши преглед на документацијата со пратката при увоз, како и идентификација на пратката; 2) контролира дали се исполнети условите за означување на ѓубрето со ознака “EC FERTILIZER“; 3) поднесува барање за покренување на прекршочна постапка, поради повреда на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и 4) нареди преземање и на други мерки врз основа на овластувањата од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Мерки на фитосанитарниот инспектор при увоз Член 48 (1) Фитосанитарниот инспектор има право и должност покрај мерките од членот 47 на овој закон при вршење на контрола на ѓубрињата и суровини на гранични премини да: 1) забрани увоз и нареди враќање на пратката во согласност со членот 27 став 7 од овој закон и 2) нареди на увозникот бришење на ознаката “EC FERTILIZER“. (2) За мерките од ставот (1) на овој член фитосанитарниот инспектор донесува решение. Надлежности на државниот инспектор за земјоделство Член 49 (1) Врз основа на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, државниот инспектор за земјоделство има право и должност да : 1) забрани пласирање на ѓубриња, како и да забрани употреба на објектот во кој се врши производство и пласирање на пазарот, ако правното лице не е запишано во соодветниот регистар и ако не ги исполнува условите пропишани со овој закон; 2) забрани пласирање на пазарот на ѓубриња, како и да забрани употреба на објектот во кој се врши производство и пласирање на пазарот на ѓубрива, ако утврди недостатоци по однос на просторот, опремата, персоналот, односно вршење на дејноста поради која може да дојде до штетни последици по здравјето на луѓето, животните сé до отстранување на недостатоците во определениот рок; 3) забрани официјални испитувања и анализи на правни лица кои не ги исполнуваат условите за вршење на испитување согласно со условите пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон; 4) зема проби од ѓубриња и суровини и други неопходни проби за проверка дали одговараат на декларираната, содржина, својства и дејство; 5) забрани пласирање на пазарот и употреба на ѓубриња, доколку истите не се евидентирани во листата на ѓубриња, се забранети или се со поминат рок на важност, според одредбите од овој закон; 6) забрани пласирање на пазарот и употреба на ѓубриња, доколку не се во согласност со решението во однос на: пакување, декларација, означување, физички и хемиски состав и друго; 7) привремено забрани пласирање на пазарот на ѓубриња, односно нивни шаржи за кои ќе се посомнева дека се неисправни, додека со испитувањето не се утврди нивната исправност; 8) предложи на Управата поништување на решението за евидентирање во Листата на ѓубриња кога е констастатирана неправилност во пласирањето на пазарот; 9) одземе ѓубре кое е со поминат рок на употреба, не е во оригиналното пакување од производителот, декларацијата ако не е во согласност со решението за евидентирање во Листата на ѓубриња, декларацијата не е печатена на македонски јазик, не е соодветно означено, ако е констатирана неправилност во пласирањето на пазарот; 10) контролира дали се исполнети условите за означување на ѓубрето со ознаката “EC FERTILIZER“; 11) нареди соодветно сместување на заостанатите количества ѓубриња и суровини кои не можат да се преформулираат, односно од кои не можат да се произведат ѓубриња; 12) нареди повлекување на неисправни ѓубриња, доколку се констатирани неправилности во пласирањето на пазарот и 13) нареди и други мерки и да определи рокови за нивно извршување заради усогласување на работењето на правните лица кои вршаат производство или пласираат на пазарот ѓубриња со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Поведе прекршочна постапка против правните и физички лица, пред надлежните органи во случај на повреда на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Мерки на државниот инспектор за земјоделство Член 50 Државниот инспектор за земјоделство има право и должност, покрај мерките од членот 49 на овој закон на правното лице да изрече и забрана за вршење на дејноста во траење од 90 дена, ако: 1) врши производство и пласира на пазар ѓубриња, а не е запишан во соодветниот регистар, како и да забрани употреба на објектот кој не ги исполнува условите согласно со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон; 2) врши производство и пласира на пазар ѓубриња, во објекти забранети за употреба за производство, сместување или пласирање на ѓубриња ако утврди недостатоци по однос на просторот, опремата, персоналот, односно вршењето на дејноста поради што може да дојде до штетни последици по здравјето на луѓето односно животните; 3) во производството на ѓубриња и суровини употребува супстанции и материи за кои претходно не е обезбеден сертификат за пропишаниот квалитет, односно употребува неквалитетни или фалсификувани материјали; 4) пласира на пазарот неисправни ѓубриња и суровини; 5) официјалните тестирања, лабораториските анализи на ѓубрето не ги врши според пропишаните услови, стандарди и методи од овој закон и 6) не дозволува увид на инспекторот или не ги даде потребните податоци, примероци и документација или на друг начин го попречува или оневозможува инспекцискиот надзор. Обврски на правните лица Член 51 (1) Правните лица кои подлежат на контрола, се должни на надлежниот инспектор да му овозможат контрола, да му дадат потребни податоци и да му обезбедат услови за работа. (2) Правните лица од ставот (1) на овој член се должни на барање на надлежниот инспектор во одреден рок да достават податоци за вршење на инспекциската контрола. Постапки на инспекторот Член 52 (1) За извршениот инспекциски надзор и утврдената состојба од ставот (1) на овој член инспекторот составува записник и еден примерок доставува на правното лице. (2) Надлежниот инспектор со решение ги определува мерките од членовите 22, 47, 48, 49 и 50 на овој закон согласно со Законот за општата управна постапка и со овој закон. (3) Против решението на инспекторот од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство. (4) Жалбата против решението од ставот (2) на овој член не го одлага неговото извршување. Член 53 (1) На правното лице ќе му се поништи решението за запишување во соодветниот регистер доколку по втор пат му е изречена управна мерка од членовите 22, 47, 48, 49 и 50 на овој закон со правосилно решение на надлежниот инспектор. (2) Решението за поништување на решението од ставот (1) на овој член го донесува директорот на Управата. (3) Против решението од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство. (4) Жалбата против решението од ставот (3) на овој член не го одлага неговото извршување. Член 54 (1) Државниот инспектор за земјоделство може да определи ѓубрињата кои ги забранил за пласирање на пазарот или суровините за кои забранил употреба да останат на чување кај правното или физичкото лице кај кого се затекнати или да бидат одземени. (2) Ѓубрињата од ставот (1) на овој член се чуваат посебно одвоени, запакувани и обележани. (3) Државниот инспектор за земјоделство кон записникот за земање примероци и решението за изречената мерка го приложува и пописот на забранетите ѓубриња од ставот (1) на овој член. Член 55 (1) Ѓубрињата и суровините се повлекуваат од употреба и пласирање на пазарот ако се утврди дека се употребуваат и пласираат на пазарот спротивно на одредбите на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Доколку за ѓубрето е издадено решение за пласирање на пазарот директорот на Управата ќе донесе решение за поништување на решението. (3) Решението од ставот (2) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Македонија“. Член 56 (1) Државниот инспектор за земјоделство е должен да нареди отстранување на ѓубре, ако: 1) утврди дека не одговара на условите наведени во решението врз основа на лабораториски испитувања-анализи, има отстапување на содржината или врз основа на правосилно решение за забрана за производство или пласирање на пазарот и 2) сопственикот не оспорува дека истите се неисправни. (2) Во случај сопственикот да ги оспорува резултатите од анализата се врши суперанализа и доколку и со извештајот од суперанализата се потврдат резултатите со претходните анализи ќе се изврши мерката отстранување и без согласност на сопственикот. (3) Сопственикот кај кој ќе се констатира ѓубре за кое е наредено отстранување е должен истото да го складира во време и место одредени со решението. (4) Доколку се утврди дека се работи за ѓубре кое е во Листата на опасен отпад отстранувањето на ѓубрето се врши согласно со Законот за управување со отпадот. Член 57 (1) Трошоците за испитување, повлекување и за отстранување на ѓубрето, како и трошоците во врска со спроведувањето на решенијата од членот 56 на овој закон ги поднесува правното лице што го произвело, увезло, односно пласирало на пазарот. (2) Доколку испитувањата покажуваат дека ѓубрето или суровината се исправни, трошоците за испитувањето се на товар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Правното лице што е овластено за официјално испитување на ги поднесува трошоците за повлекување на ѓубрето од пазарот ако дало погрешен извештај за исправноста на ѓубрето врз основа на кој ѓубрето е повлечено од пласирање на пазарот. XIV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Прекршочна постапка и постапка за порамнување Член 58 (1) За прекршоците предвидени во членот 59 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежниот суд, а за прекршоците предвидени во членовите 60 и 61 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува прекршочна комисија составена од три члена од кои најмалку еден член е дипломиран правник со положен правосуден испит, при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Пред поднесување барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени во овој закон државниот инспектор за земјоделство и фитосанитарниот инспектор спроведува постапка за порамнување согласно со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство. Прекршочни санкции на правни лица Член 59 (1) Глоба во износ од 4.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за прекршок, ако: 1) секоја пратка на ѓубре не ја придружува декларација за квалитетот; 2) не чува податоци за називот и адресите на погоните, одговорните лица за тие погони во кои се произведуваат амониум-нитратни ѓубриња со висока содржина на азот и неговите основни компоненти, или ако овие податоци не се достапни на фитосанитарниот инспектор се додека амониум-нитратното ѓубре со висока содржина се пласира на пазар, како и две години откако произведувачот престанал да го пласира на пазар во согласност со членот 8 од овој закон; 3) пласира на пазарот ѓубриња, а не се исполнети условите (членови 9 ставови (3) и (4) и 16 ставови (2) и (3)); 4) произведува и пласира на пазарот ѓубре, а не е запишан во Регистарот на производители на ѓубре и ако ѓубрето не е евидентирано во Листата на ѓубриња (член 16 став (4)); 5) не врши контрола на производството на секоја шаржа на ѓубре пред пласирање на пазар поради проверка на нивниот квалитет и не води евиденција во врска со тоа (член 16 ставови (5) и (6)); 6) евиденцијата за производство на ѓубре не е достапна на надлежниот инспектор се додека ѓубрето се наоѓа на пазар, но и во период од две години по престанокот на производство и пласирањето на ѓубрето на пазар (член 16 став (8)); 7) документите кои ја придружуваат пратката во ринфузна состојба не содржат податоци пропишани во членот 21 став (2) од овој закон; 8) увезува ѓубриња и суровини преку граничните премини и царинските терминали, на кои не е организирана инспекција (член 26 став (1)); 9) не пријави увоз на пратка на фитосанитарната инспекција на граничниот премин или царински терминал (член 27 став (1)); 10) изврши неовластено отворање на пратките или земање на примероци од пратките, додека надлежниот инспектор не одобри увоз и царинење на пратката (член 28) и 11) пласира на пазарот ѓубре кое не е декларирано, пакувано или означено (член 31). (2) Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денерска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот (1) на овој член. (3) На правното лице покрај глобата од ставот (1) на овој член ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на производство и пласирање на пазар на производи во траење од шест месеца до една година. (4) На одговорното лице во правното лице покрај глоба од ставот (2) на овој член ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на должност во траење од една до две години. (5) За прекршоците од ставот (1) на овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите. (6) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (7) За прекршоците од ставот (1) на овој член покрај глобата на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите. Член 60 (1) Глоба во износ од 2.500 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице за прекршок, ако: 1) произведува и пласира на пазар органско ѓубре кое не е класифицирано и означено во согласност со членот 11 став (1) од овој закон; 2) произведува и пласира на пазарот микробиолошко ѓубре кое не е, класифицирано и обележано, означено во согласност со членот 12 ставови (2) и (3) од овој закон; 3) произведува и пласира на пазарот биостимулатор кој не е класифициран и обележан, означен во согласност со членот 13 ставови (2) и (3) од овој закон; 4) произведува и пласира на пазарот подобрувач на почва кој не е класифициран и обележен, означен во согласност со членот 15 од овој закон; 5) пласира на пазарот или увезува ѓубриња кои не се евидентирани во листата на ѓубриња (членови 16 и 23); 6) пакува или доработува ѓубре, а не ги исполнува условите од членот 17 ставови (3) и (4) на овој закон; 7) врши испитување на ѓубре спротивно од пропишаните методи (членови 18 став (7), 22 став (4), 27 став (10), 33 став (2) и 34 став (2)); 8) пласира на пазар ѓубре на големо, а не ги исполнува условите од членот 20 ставови (1) и (2) на овој закон; 9) пласира на пазар ѓубре во ринфузна состојба спротивно на одредбата од членот 21 став (1) на овој закон; 10) изврши увоз на ѓубре кое не е евидентирано (член 23); 11) составот на ѓубрето не е во согласност со пропишаните отстапувања (член 29 став (3)); 12) произведува и пласира на пазар неорганско ѓубре кое не е класифицирано и означено во согласност со членовите 29 и 31 од овој закон, 13) пласира на пазар ѓубре спротивно на одредбите од членот 30 на овој закон; 14) пласира на пазар ѓубре со ознака "ЕЦ ФЕРТИЛИЗЕР" спротивно од членот 32 ставови (2), (3) и (4) на овој закон; 15) врши испитување на ѓубре, а не ги исполнува условите од членот 34 ставови (2), (3) и (5) на овој закон и 16) не му овозможи на надлежниот инспектор вршење на контрола и не му даде податоци и известувања и не осигури услови за негова непречена работа (член 51 став (1)). (2) Глоба во износ од 800 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот (1) на овој член. (3) За прекршоците од ставот (1) на овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите. (4) Глоба во износ од 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (5) За прекршоците од ставот (1) на овој член покрај глобата на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите. Глоба на самото место Член 61 (1) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице за прекршок, ако: 1) секои шест месеца не доставува до Управата податоци за производството на ѓубриња (член 16 став (9)); 2) не води евиденција (членови 16 став (7) и 23 став (3)); 3) не го употребува ѓубрето на пропишаниот начин (член 36); 4) пласира на пазар ѓубре спротивно на одредбите од членот 38 став (2) на овој закон; 5) не ги сместува заостанатите ѓубриња и суровините кои не можат да се преформулираат, односно од кои не можат да се произведуваат ѓубриња, како и нивната амбалажа, пакување или поседува, суровини и нивни амбалажи кои не се евидентирани, а за тоа не ја извести Управата во согласност со членот 39 ставови (1) и (2) од овој закон; 6) на барање на надлежниот инспектор, во одреден рок не му достави или не подготви податоци и материјали кои му се потребни за вршење на инспекциска контрола (член 51 став (2)) и 7) пласира ѓубриња во ринфузна состојба кои не се евидентирани во Листата на ѓубриња (член 21). (2) Глоба во износ од 800 евра во денерска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) на овој член. XV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Спроведување на прописи Член 62 (1) Прописите кои се донесуваат врз основа на овластувањата од овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на почнување со примена на овој закон. (2) До донесувањето на прописите од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните прописи. Обврски на правните лица Член 63 (1) Правните лица од членовите 16 став 1, 17 став 1, 19 став 1, 20 став 1, 24 став 1, 25 ставови 1 и 2 и 34 на овој закон се должни своето работење да го усогласат со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон во рок од една година од денот на почнување со примена на овој закон. (2) Ако лицата од став 1 на овој член не го усогласат своето работење со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон во рокот од став 1 на овој член, Управата ќе започне постапка за бришење од соодветниот регистар. Престанок на важење Член 64 Со денот на почнување со примена на овој закон престанува да важи Законот за квалитет и контрола на квалитет на вештачките ѓубриња (“Службен весник на СРМ“ број 10/73, 51/88, 20/90 и “Службен весник на Република Македонија“ број 83/93). Влегување во сила Член 65 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јуни 2008 година.