跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law on animal food safety

颁布于 2010-10-28 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за безбедност на храната за животни.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal feed/feedstuffs, animal health, residues, inspection, internal trade, international trade, offences/penalties, basic legislation
类别
*

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 1 од 54 З А К О Н ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАTA ЗА ЖИВОТНИ Редакциски пречистен текст* Глава I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат основните и посебните барања за храна за животни, основните принципи и одговорности на операторите со храна за животни, организационите структури за безбедност на храна за животни и официјалните контроли на храна за животни. Член 2 Примена на Законот Овој закон се применува во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, освен на примарното производство наменето за сопствени потреби во домаќинството. Член 3 Дефиниции (1) Поимите дефинирани со Законот за ветеринарно здравство и законот со кој се уредува безбедноста на храната се применуваат и во овој закон, доколку поинаку не се дефинирани со овој закон. (2) Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. »Прописи за безбедност на храната за животните« се овој закон, прописи донесени врз основа на овој закон, како и други посебни прописи (законски и подзаконски прописи) кои се однесуваат на безбедност на храната за животни која се произведува или со која се хранат животните кои се користат за производство на храна за луѓе; 2. »Храна за животни« е секоја супстанција или производ, вклучително и адитивите за храната за животни, преработена, делумно преработена или непреработена, а наменета за исхрана на животните; * Редакциски пречистениот текст на Законот за безбедност на храната за животни ги опфаќа: основниот текст на Законот за безбедност на храната за животни, објавен во “Службен весник на РМ” бр. 145/10; Законот за дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, објавен во “Службен весник на РМ” бр. 53/11; Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, објавен во “Службен весник на РМ” бр. 1/12; Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, објавен во “Службен весник на РМ” бр. 33/15; Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, објавен во “Службен весник на РМ” бр. 149/15 и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, објавен во “Службен весник на РМ” бр. 53/16, во кои е означено времето на нивното влегување во сила. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 2 од 54 3. »Хигиена на храната за животни« е збир на мерки, постапки и услови неопходни за контрола на опасностите и осигурување исправност за консумација од страна на животните како храна за животни, сообразно со нејзината намена; 4. »Официјална контрола« е секој облик на контрола која надлежниот орган, односно органите надлежни за спроведување на инспекција ја спроведуваат со цел за потврдување на сообразноста со прописите за безбедност на храната за животни, за безбедност на храна, здравствената заштита и благосостојбата на животните; 5. »Надзор« е системско опсервирање на еден или повеќе оператори со храна за животни, или нивни активности; 6. »Аудит« е системско и независно испитување за да се утврди дали активноста и резултатите од активностите се во согласност со планираните подготовки и дали тие се ефективно имплементирани и се соодветни за постигнување на целите; 7. »Несообразност« е незадоволување на прописите за безбедност на храната за животни; 8. »Земање мостри за анализа« е земање храна за животни или кои било други супстанции, вклучително и оние од околината, кои се релевантни за производството, преработката и дистрибуцијата на храната за животни или за здравствената заштита на животните, со цел за со анализа да се потврди спроведувањето на прописите за безбедност на храната за животни, и здравствената заштита на животните; 9. »Официјална мостра« е мостра земена од страна на надлежен орган при вршење на официјални контроли на храната за животни, дадена или примена без надоместок; 10. »Генетски модифициран организам« (ГМО) е организам, притоа не земајќи ги предвид човечките суштества, во кои генетскиот материјал е изменет на начин на кој не се појавува при природниот пат на размножување и/или со природна рекомбинација; 11. »Генетски модифицирана храна за животни« (ГМ храна за животни) е храна за животни која содржи или се состои или е произведена од ГМО; 12. »Крмни смеси« е мешавина од најмалку две суровини на храна за животни, без оглед на тоа дали содржи адитиви или не, која е наменета за орална исхрана на животните како комплетна или дополнителна храна за животни; 13. »Храна за животни за посебни нутритивни цели« се крмни смеси кои, поради нивниот посебен состав или метод на производство, јасно може да се разликуваат од обичната храна за животни и од медицираната храна за животни и се наменети за исполнување на одредени посебни барања во исхраната на животните; 14. »Посебна нутритивна цел« е намена да се задоволат посебните нутритивни потреби на определени видови животни чиј процес на асимилација, апсорпција или метаболизам може да биде привремено нарушен или е привремено или трајно нарушен и со тоа имаат корист од примање на храна за животни која е соодветна на нивната состојба; 15. »Дневна порција« е вкупното просечно количество на храна за животни, пресметано на содржина на влага од 12%, кое е потребно дневно да се задоволат потребите на животните од определен вид, старосна категорија и продуктивност; 16. »Комплетна крмна смеса« е крмна смеса која поради својот состав е доволна за дневна доза; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 3 од 54 17. »Дополнителна крмна смеса« е крмна смеса која содржи висок процент на одредени супстанции но кои, поради својот состав, се доволни за дневна доза единствено доколку се употребуваат во комбинација со друга храна за животни; 18. »Минерална храна за животни« е дополнителна храна за животни која содржи најмалку 40% пепел; 19. »Минимален рок за складирање на крмните смеси« е датумот до кој, под нормални услови за складирање, храната за животни ги задржува своите посебни својства; 20. »Премикси« е мешавина од адитиви или мешавина од еден или повеќе адитиви со суровини за храна за животни или вода кои се користат како носители, а кои не се наменети за директна исхрана на животните; 21. »Производи кои се наменети за исхрана на животни« се суровини за храна за животни, премикси, адитиви, храна за животни и сите други производи кои се наменети за употреба или се користат во исхраната на животните; 22. »Непожелни супстанции« е секоја супстанција или производ, со исклучок на патогените агенси, кои се присутни во и/или на производот кој е наменет за исхрана на животните и кои претставуваат потенцијална опасност по јавното здравство и здравствената заштита на животните или животната средина или може негативно да влијаат на производите од животинско потекло; 23. »Адитиви на храна за животни« се супстанции, микроорганизми или подготовки, кои не се суровини за храна за животни и премикси, кои намерно се додаваат на храната или водата за животни со цел да се постигне поволен ефект на карактеристиките на храната за животните, поволен ефект на карактеристиките на производите за храна за животни, поволен ефект на бојата на украсните риби и птици, да ги задоволат нутриционистичките потреби на животните, поволно да влијаат на последиците по животната средина од производство на производи од животинско потекло, поволно да влијаат на примарното производство, особено имајќи влијание на гастро-интестиналната флора или сварливоста на храната за животни, или имаат кокидиостатски или хистомоностатски ефект; 24. »Помошни средства при преработка на храна за животни« се супстанции кои самостојно не се користат како храна за животни, кои се користат при преработка на храна за животни или суровини за храна за животни за да се исполни одредена технолошката цел во текот на третманот или преработката што може да резултира со ненамерно но технолошки неизбежно присуство на остатоци на супстанцијата или нејзини деривати во крајниот производ, под услов тие остатоци да немаат негативни ефекти по јавното здравство, здравствената заштита на животните и животната средина и да немаат технолошки ефекти на готовата храна за животни; 25. »Максимално ниво на остатоци« е максималната концентрација на остатоци кои резултираат од употреба на адитиви во исхраната на животните, која се дозволува да биде присутна во или на храната, согласно со прописите за безбедност на храна за животни; 26. »Премикс за медицирана храна за животни« е ветеринарен медицински препарат однапред подготвен имајќи го предвид последователното производство на медицираната храна за животни; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 4 од 54 27. »Одобрен медициран премикс« е секој премикс за производство на медицирана храна за животни, кој има добиено одобрение за ставање во промет согласно со прописите за ветеринарно медицински препарати; 28. »Суровини за храна за животни« се различни производи од растително или животинско потекло, во нивната природна состојба, свежи или конзервирани и производите добиени од индустриска преработка, како и органски и неоргански супстанции, кои содржат или не содржат адитиви, кои се наменети за употреба за исхрана на животни, директно како такви или после преработка, во подготовка на крмни смеси или како носачи на премикси и 29. »Фармер« е секој сопственик или кое било правно или физичко лице овластено од сопственикот и одговорно за трајно или привремено чување на животните. Член 4 Супсидијарна примена (1) На постапките за спроведување на одредбите на овој закон соодветно се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е одредено. (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор се применува Законот за инспекциски надзор и Законот за безбедност на храна, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Глава II ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Оддел I ОПШТИ ПРИНЦИПИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ И ИСХРАНА НА ЖИВОТНИ Член 5 Општи цели (1) Со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон се реализираат една или повеќе општи цели за висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето, како и заштита на интересите на потрошувачот, вклучувајќи фер пракса при трговијата со храна за животни, земајќи ја предвид, каде што може да се примени, здравствената заштита на животните и благосостојбата на животните, здравјето на растенијата и заштита на животната средина. (2) Со мерките за безбедност на храната за животни утврдени со овој закон треба да се овозможи слободно движење на храната за животни која е произведена или ставена во промет во сообразност со општите принципи и барањата од овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 5 од 54 Член 6 Анализа на ризикот За постигнување на општите цели за висок степен на заштита на здравјето и животот на луѓето и животните, мерките за безбедност на храната за животни треба да се темелат на анализа на ризикот, односно на нејзините составни компоненти, освен кога тоа не е е соодветно за околностите или природата на самата мерка. Член 7 Начело на претпазливост (1) Во посебни околности, кога после процената на достапните информации, е идентификувано потенцијално можно штетно дејствување по здравјето на животните и/или луѓето, но постојат научни несигурности, ќе се преземат мерки за управување со ризик потребни за осигурување на највисок можен степен на заштита на здравјето на животните и/или луѓето, до добивање на соодветни научни информации за подетална процена на ризикот. (2) Мерките преземени врз основа на ставот (1) од овој член се применуваат согласно со одредбите за начелата на претпазливост од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 8 Заштита на интересите на потрошувачите (1) Мерките за безбедност на храната за животни треба да обезбедат заштита на интересите на потрошувачите и да дадат основа потрошувачите да бидат потполно информирани за производот кој го купуваат и со тоа да им се овозможи соодветен избор. (2) Со примената на одредбите на овој закон, треба да се спречи: а) измама; б) манипулација со храната за животни и в) сите други постапки кои можат да го одведат потрошувачот во заблуда. Член 9 Информирање на јавноста (1) Кога постои оправдано сомнение дека храната за животни може да претставува ризик по здравјето на луѓето и/или животните, контролните тела и надлежните органи, се должни, во рамките на својата надлежност, да ја информира Владата на Република Македонија за појавата на ризик од храна за животни. (2) По исклучок на одредбите за слободен пристап до информации, во случај кога постои основана причина за сомнение дека храната или храната за животни може да претставува ризик по здравјето на луѓето или животните, надлежните органи, во зависност од природата, сериозноста и обемот на ризикот, мора да ги преземат соодветните чекори за информирање на јавноста за природата на Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 6 од 54 ризикот по здравјето, утврдувајќи го максималниот обем на ризик од храна или храна за животни, или видот на храна или храна за животни, ризик кој може истите да го претставуваат и мерките кои се преземени или кои ќе се преземат за да се спречи, намали или отстрани ризикот. Оддел II ОБВРСКИ ПРИ ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 10 Општи обврски при увоз на храна за животни (1) Храната за животни која се увезува во Република Македонија со цел за ставање во промет мора да ги задоволува одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон или доколку постои посебен меѓународен договор меѓу Република Македонија и земјата извозник со условите содржани во истиот. (2) Операторите со храна за животни кои увезуваат храна за животни мора да се осигураат дека увозот се одвива единствено во согласност со следниве услови: извозникот е на листата на земји од кои увозот на храната за животни е одобрен, а која е составена од страна на Агенцијата, или се наоѓа на листата на земји одобрени од Европската унија, објектот на потекло или испраќање се наоѓа на листата на објекти од кои увозот на храна за животни е дозволен, а која е составена од страна на Агенцијата, или се наоѓа на листата на објекти од земји одобрени од Европската унија или се наоѓа на листата на одобрени објекти на земјите членки на Европската унија, храната за животни ги исполнува соодветните услови за ставање во промет во Република Македонија согласно со одредбите од овој закон, прописите донесени врз основа на овој закон и одредбите на законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите кои произлегуваат од тој закон и храната за животни е придружена со сертификат или друг соодветен документ кој е издаден од страна на надлежниот орган на земјата на потекло со кој се докажува дека условите кои се утврдени во алинеите 1 и 2 од овој став се исполнети. (3) За вршење на дејност увозник на храна за животни, правните лица кои увезуваат храна за животни потребно е да бидат регистрирани во Агенцијата. (4) За регистрација на увозник на храна за животни, правните лица кои вршат увоз на храна за животни до Агенцијата поднесуваат барање. Кон барањето правното лице кое сака да врши увоз на храна за животни ја поднесува следната документација, и тоа: доказ за уплатена административна такса, извод од Централен регистар на Република Македонија, имотен лист за објектот или договор за закуп на објект, опис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата, опис на постапката на работење со сите помошни фази, Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 7 од 54 проценети дневни, годишни и максимални капацитети за производство, преработка и складирање, опис на процедурата за одржување на хигиената и контрола на штетници и опис на процедурата на системот на внатрешна контрола. (5) Овластеното службено лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите од ставот (4) алинеи 2 и 3 на овој член во рок од три работни дена од денот на поднесување на барањето во електронска форма од надлежен јавен орган. (6) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот (5) на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето во електронска форма. (7) Агенцијата издава решение за запишување во регистарот на увозници на храна за животни во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. (8) Доколку поднесената документација е некомплетна, овластеното службено лице од Агенцијата во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето доставува известување за докомплетирање на документацијата до подносителот на барањето. (9) Подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за докомплетирање на документацијата, потребно е истата да ја достави до Агенцијата. (10) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето. (11) Против решението од ставовите (7) и (10) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен. (12) За секоја промена на условите во поглед на активностите, просториите или престанок на работа на правните лица кои вршат увоз на храна за животни, правните лица треба веднаш да поднесат пријава до Агенцијата. (13) Правното лице кое врши увоз на храна за животни се брише од Регистарот во следниве случаи: 1) на барање на сопственикот, односно корисникот на објектот, 2) поради престанок на вршење на дејност за време подолго од шест месеци и 3) поради престанок на исполнување на пропишаните услови. (14) Агенцијата го брише увозникот од регистарот на увозници на храна за животни согласно со членот (13) од овој член во рок од 15 дена од денот на поднесување на поднесокот. (15) Против решението од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен. (16) Агенцијата води електронски регистaр на увозници за храна за животни и истиот се објавува на веб страницата на Агенцијата. (17) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна за животни, како и формата и содржината на регистарот на увозници на храна за животни. (18) Директорот на Агенцијата ги пропишува листите на земји и објекти од кои е одобрен увоз на храна за животни. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 8 од 54 (19) Директорот на Агенцијата ги пропишува формата и содржината на сертификатите и другите придружни документи на храната за животни која се увезува. Член 11 Општи обврски при извоз на храна за животни (1) Храната за животни која се извезува или се увезува поради извоз од Република Македонија мора да ги задоволува барањата од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, освен ако не се побара нешто друго од страна на надлежните тела на државата увозник или поинаку не е утврдено со други закони, подзаконски прописи, стандарди, кодекси на пракса, како и други прописи кои се во сила во државата увозник. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, освен кога храната за животни е здравствено неисправна, храната за животни може да се извезува или да се увезува заради извоз, единствено доколку надлежните тела во државата увозник изречно се согласни со тоа, откако се потполно информирани за причините и околностите поради кои храната за животни не може да се стави во промет во Република Македонија. (3) По исклучок од ставот (1) на овој член, кога се применуваат одредби од меѓународен договор склучен меѓу Република Македонија и земјата увозник, храната за животни која се извезува од Република Македонија во таа земја мора да ги задоволува условите во меѓународниот договор. Оддел III ОПШТИ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА НА ЖИВОТНИТЕ Член 12 Барања за безбедност на храната за животни Храната за животни не смее да се стави во промет или да се користи во исхраната на животните наменети за производство на храна доколку не ги исполнува одредбите за безбедност на храната за животни утврдени во законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописи донесени врз основа на тој закон. Член 13 Презентирање на храната за животни Храната за животни која е ставена во промет во Република Македонија мора да биде означена, рекламирана и презентирана на начин кој нема да го доведе во заблуда потрошувачот и е во согласност со одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната, како и со прописите донесени врз основа на тој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 9 од 54 Член 14 Одговорност (1) Операторите со храна за животни во сите фази на производство, преработка и дистрибуција, кои се под нивна контрола, мораат да осигурат дека храната за животни ги задоволува прописите за безбедност на храната за животните, кои се релевантни за нивните активности и мораат да потврдат дека тие барања се исполнети. (2) При исхрана на животни од кои се произведува храна, фармерите мора да преземат мерки и да воспостават процедури за да осигурат дека храната за животни не претставува ризик за ветеринарното јавно здравство и здравствената заштита на животните. (3) Агенцијата ги спроведува прописите за безбедност на храната за животни, надгледува и верификува дека сите барања кои се утврдени со прописите за безбедност на храната за животните се исполнети од страна на операторите со храна за животни во сите фази на производство, преработка и дистрибуција. За таа намена воспоставува систем од официјални контроли и други соодветни активности во дадени околности, вклучително и информирање на јавноста за здравствената исправност на храната за животни и ризиците, надзорот за здравствената исправност на храната за животни, како и другите активности на мониторинг кои ги опфаќаат сите фази на производство, преработка и дистрибуција. Член 15 Следливост (1) Следливоста мора да биде воспоставенa во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, на животните кои се користат за производство на храна како и на кои било други супстанции чија намена е инкорпорирање или може да се очекува дека ќе бидат инкорпорирани во храната за животни. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува системите и процедурите кои треба да ги воведат операторите со храна за животни, како и начинот на означување и идентификација на храната која ќе биде ставена во промет за спроведување и обезбедување на следливоста на храната за животните. Член 16 Одговорност на операторите со храна за животни Доколку операторот со храна за животни смета или има причини да се сомнева дека храната за животни која е увезена, произведена, преработена, обработена или дистрибуирана не ги задоволува барањата за здравствена исправност на храната за животни е должен веднаш да преземе мерки и постапки за повлекување на наведената храна од промет согласно со одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 10 од 54 Глава III НАДЛЕЖЕН ОРГАН Член 17 Надлежен орган (1) Надлежен орган за спроведување на стручните и управните работи утврдени со овој закон е Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата). (2) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е надлежно за спроведување на стручните и управните работи и инспекциски надзор за сировините за храна за животни од растително потекло во примарното земјоделско производство и придружните операции на примарното производство, како и примарните земјоделски производи до влезот во објект за преработка и продажба на храна за животни, и здравствената заштита на растенијата, согласно овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, прописите од областа на земјоделството и здравјето на растенијата. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја објавува листата на сировини и примарни земјоделски производи кои се предмет на инспекциски надзор од став (2) на овој член. Член 18 Комисија за безбедност на храна за животни (1) За вршење на одредени активности утврдени со овој закон, директорот на Агенцијата, формира Комисијата за безбедност на храната за животни (во натамошниот текст: Комисијата). 2) Комисијата е стручно независна и самостојна во рамките на својот делокруг на работа. (3) Комисијата дава мислење за прашања што се однесуваат на поднесените барања за одобрување на адитиви за храна за животни во согласност со овој закон. (4) На барање на Агенцијата, Комисијата изготвува мислења и за други прашања, кои се однесуваат на безбедноста на храната за животните. (5) Мислењата на Комисијата се достапни на јавноста. (6) Комисијата се состои од пет члена од кои два члена од Агенцијата и три члена од редот на истакнати стручни и научни лица по спроведен јавен конкурс, со мандат од три години и со можност за повторен избор. (7) Во работата на Комисијата можат да учествуваат и други стручни и научни лица, избрани врз основа на нивната стручна научна компетентност за одредени специфични научни или технички прашања. (8) Решението за формирање на Комисијата за безбедност на храната за животните се објавува во “Службен весник на Република Македонија” и на веб страницата на Агенцијата. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 11 од 54 (9) Членовите на Комисијата не смеат да имаат финасиски или други интереси кои може да влијаат на нивната независност и непристрасност. Членовите на Комисијата и другите стручни и научни лица вклучени во работата на Комисијата потпишуваат изјава за заштита на класифицирани информации и за непостоење на конфликт на интереси, која може да биде достапна на барање на јавноста. (10) На членови на Комисијата од редот на истакнати стручни и научни лица им следува надоместок во висина на реалните трошоци за работата на Комисијата што го определува директорот на Агенцијата. (11) Трошоците за работата на Комисијата се на товар на директорот на Агенцијата. (12) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот на изборот и потребните квалификации на членовите на Комисијата за безбедност на храната за животни како и начинот на работата на Комисијата за безбедност на храната за животни. Член 19 Национална референтна лабораторија (1) Назначувањето на лаборатории за вршење на анализа на земени примероци на храна за животни при вршење на официјални контроли како и назначувањето на Национална референтна лабораторија се врши согласно со Законот за ветеринарно здравство. (2) Националната референтна лабораторија од ставот (1) на овој член за вршење на лабораториски анализи на храна за животни, покрај условите утврдени со Законот за ветеринарно здравство и прописите донесени врз основа на тој закон треба да биде оценета и акредитирана во согласност со релевантите Европски стандарди, и тоа: EN ISO/IEC 17025 за "Општи услови за компетентност на лабораториите за тестирање и калибрација", EN 45002 за "Општи критериуми за процена на лабораториите во кои се изведува тестирањето" и EN 45003 за "Систем за акредитација на лабораториите во кои се изведува калибрирање и тестирање - Општи услови за работа и препознавање". (3) Кога во Република Македонија не функционираат лабораториите од ставот (1) на овој член, директорот на Агенцијата може да ги додели обврските на овие лаборатории на соодветно квалификувани лаборатории кои функционираат во една од земјите членки на Европската унија. Глава IV ВОНДРЕДНИ СОСТОЈБИ Оддел I СИСТЕМ ЗА БРЗО ИЗВЕСТУВАЊЕ, ИТНИ МЕРКИ И УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗА Член 20 Систем за брзо известување (1) Системот за брзо известување за директен или индиректен ризик по здравјето на животните и луѓето кој потекнува од храна за животни се востановува како информативна мрежа. Во неа се вклучени сите надлежни органи за безбедност на храна за животни. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 12 од 54 (2) Системот за брзо известување за храна за животни е дел од системот за брзо известување за храна. (3) За начинот на организација и работа на Системот за брзо известување за храна за животни се применуваат одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Оддел II ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ Член 21 Вид на итни мерки (1) Кога Агенцијата ќе утврди дека храната за животни од домашно потекло или од увоз, може да претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето, здравјето на животните или животната средина и дека тој ризик не може на задоволителен начин да биде отстранет, директорот на Агенцијата може да нареди, во зависност од тежината на ситуацијата, примена на една или повеќе мерки од ставовите (3) и (4) на овој член. (2) Лицата овластени за извршување на официјалните контроли се должни, во рамките на своите надлежности, да ја информираат Агенцијата за појава на ризик. (3) Доколку храната за животни е од домашно потекло, се применуваат следниве мерки: привремена забрана за ставање во промет или употреба на храна за животни која е во прашање чие траење се определува во зависност од видот на опасноста, одредување посебни барања за храната за животни која е во прашање и други мерки соодветни на видот на опасноста. (4) Доколку храната е со потекло од увоз, се применуваат следниве мерки: привремена забрана за увоз на храната за животни од земји или делови од земјите извозници или од транзитните земји, одредување посебни мерки за храната за животни од земји или делови од земјите извозници или од транзитните земји и други соодветни привремени мерки. (5) Мерките од ставовите (3) и (4) на овој член се применуваат до отстранување на сомнението, односно отстранување на ризикот по здравјето на луѓето, здравјето на животните или животната средина. (6) Кога врз основа на анализа на ризикот ќе се потврди сериозноста на ризикот од ставот (1) на овој член, директорот на Агенцијата ќе нареди трајна мерка за забрана за ставање во промет на храната која претставува сериозен ризик. Оддел III УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ Член 22 План за управување со криза (1) Агенцијата во соработка со надлежните органи за безбедност на храна за животни, изработува план за управување со криза од областа на безбедност на храната за животни. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 13 од 54 (2) Планот за управување со криза на подрачјето за безбедност на храната за животни е дел од Генералниот план за управување со криза изготвен согласно со прописите за безбедност на храна. Глава V ХИГИЕНА НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Оддел I ОПШТИ И ПОСЕБНИ ОБВРСКИ НА ОПЕРАТОРИТЕ СО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 23 Општи обврски (1) Операторите со храна за животни мораат да осигурат дека сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни кои се под нивна контрола ги задоволуваат барањата пропишани со овој закон и другите прописи за безбедност на храната. (2) При исхраната на животните кои се користат за производство на храна за исхрана на луѓето, фармерите мораат да преземат мерки и да воспостават постапки за да го сведат ризикот од биолошко, хемиско или физичко контаминирање на храната за животни, животните, како и производите од животинско потекло на најмало можно ниво. Член 24 Посебни обврски (1) Операторите со храна за животни, кои вршат примарно производство и придружни дејности како што се транспорт, складирање и ракување со примарните производи на местото на производство; транспортни операции за достава на примарни производи од местото на производство до објектот; мешање на храна за животни за исклучиви потреби на нивните одгледувалишта без употреба на адитиви или премикси на адитиви, со исклучок на адитиви за силажа, мораат да ги задоволуваат општите хигиенски услови, како и соодветните услови во зависност од видот на производот, кои се пропишани со овој закон. (2) Операторите со храна за животни, кои вршат која било фаза на производство, преработка и дистрибуција на храната после фазата на која се применуваат одредбите од ставот (1) на овој член, мораат да ги задоволуваат посебните хигиенски услови во зависност од видот на производот, кои се пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (3) Операторите со храна за животни мораат да: поседуваат соодветна опрема и простории за вршење на активноста, ги задоволуваат посебните микробиолошки критериуми, преземаат мерки и спроведуваат постапки кои се потребни за постигнување на целите од овој закон и водат евиденција за преземените мерки и постапки. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 14 од 54 (4) Фармерите кои одгледуваат животни чии производи се користат во исхраната на луѓето мораат да осигурат сообразност со барањата за добра пракса за исхрана на животните во однос на напасувањето, барањата за објектите за одгледување на животни и опремата за хранење на животни, начинот на хранење, складирање, дистрибуирање, барањата за храна и вода за животните, како и во однос на персоналот од аспект на безбедност на храната за животни. (5) Операторите со храна за животни и фармерите можат да ги напасуваат и да користат храна за животни од објекти и оператори со храна за животни кои се регистрирани и/или одобрени во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (6) Директорот на Агенцијата ги пропишува општите и посебните хигиенски барања за храната за животни во однос на хигиенските барања за примарно производство, упатствата за добра производна пракса при примарното производство, општите и посебните барања за операторите со храна за животни во која било фаза на производство, преработка и дистрибуцијата на храната по однос на објектите и опремата, начинот на водење на евиденција за преземените мерки и постапки, посебните микробиолошки критериуми и мерките и постапките кои се потребни за постигнување на целите на овој закон. (7) Директорот на Агенцијата ги пропишува општите и посебните хигиенски барања за добрите пракси за исхрана на животните во однос на напасувањето, барањата за објектите за одгледување на животни и опремата за хранење на животни, начинот на хранење, складирање и дистрибуција на храна за животни. Член 25 Систем за анализа на ризик и критични контролни точки (HACCP) (1) Операторите со храна за животни, мораат да воспостават, имплементираат и одржуваат редовни документирани постапки на самоконтрола, во согласност со принципите на HACCP. (2) Принципите од ставот (1) на овој член се однесуваат на: идентификација на сите опасности кои мора да се спречат, елиминираат или намалат на прифатливо ниво, идентификација на критичните контролни точки на чекор или чекори каде што контролата е неопходна за спречување или елиминирање на опасноста или нејзино редуцирање на прифатливо ниво, воведување на критични лимити на критични контролни точки кои го одделуваат прифатливото од неприфатливото, за спречување, елиминирање или редуцирање на идентификуваните опасности, воведување и имплементирање на ефективни мониторинг процедури на критичните контролни точки, воведување на корективни активности кога мониторингот укажува дека критичната контролна точка не е под контрола, воведување на процедури за да се верификува дека мерките кои се наведени во алинеите 1 до 5 од овој став се комплетни и функционално ефективни. Процедурите за верификација се спроведуваат редовно и воведување на процедури за документација и евиденција кои се сразмерни со природата и големината на активностите со храната за животни за да се докаже ефективната примена на активностите од алинеите 1 до 6 на овој став. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 15 од 54 (3) Кога е направена модификација на производот, процесот или на некоја од фазите на производство, преработка, складирање и дистрибуција, операторите со храна за животни треба да спроведат ревизија на нивните процедури и да ги направат неопходните промени. (4) Како дел од системот на процедури од ставот (1) на овој член, операторите со храна за животни можат да користат упатства за добра пракса заедно со упатствата за примена на HACCP принципите. (5) Операторите со храна за животни се должни: да достават до Агенцијата доказ за нивната усогласеност со одредбите на овој член, на начин кој е побаран од надлежниот орган и да осигураат дека редовно се ажурираат документите во кои се опишуваат процедурите кои се воведени во согласност со овој член. (6) Агенцијата треба да ја има во предвид природата и големината на работата со храна за животни при одредувањето на обврската од ставот (5) алинеја 1 на овој член. (7) Агенцијата може да одобри отстапување од примена на одредбите на ставот (1) од овој член, посебно кај малите субјекти кои се занимаваат со храна за животни или субјектите кои се наоѓаат во области во кои постојат посебни географски ограничувања за да им се олесни спроведувањето на активностите поврзани со примена на системот на самоконтрола развиен во согласност со принципите на HACCP, земајќи ги предвид битните фактори на ризикот и доколку такви отстапувања не влијаат на остварувањето на целите одредени со прописите за безбедност на храната за животни. (8) Директорот на Агенцијата, ги пропишува деталните правила за спроведување на системот на самоконтрола развиен во согласност со принципите на HACCP. Оддел II ОПШТИ ОБВРСКИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА И ОДОБРУВАЊЕ НА ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ И ОБЈЕКТИ ЗА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 26 Регистрација на оператори со храна за животни и објекти за храна за животни (1) Операторите со храна за животни се должни да соработуваат со Агенцијата во согласност со одредбите од овој закон и прописите за безбедност на храната за животните и ветеринарното здравство. (2) Операторите со храна за животни се должни: да ја известат Агенцијата за објектите кои се под нивна контрола, кои се активни во фазите на производство, преработка, складирање, транспорт или дистрибуција на храна за животни и да и обезбеди на Агенцијата ажурирани информации за објектите кои се под негова контрола, на начин наведен во ставот (2) точка (1) на овој член, вклучително и известување за секоја промена во активностите или затворањето на постоен регистриран или одобрен објект. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 16 од 54 (3) Агенцијата води Регистар на објекти и Регистар на оператори со храна за животни. (4) Директорот на Агенцијата ја пропишува постапката за регистрација на објекти и операторите со храна за животни и формата и содржината и начинот на водење на регистрите од ставот (3) на овој член. Член 27 Одобрување на оператори со храна за животни и објекти за храна за животни (1) Операторите со храна за животни мора да се осигурат дека објектите под нивна контрола се одобрени од страна на Агенцијата, кога во тие објекти се спроведуваат некои од следниве активности: производство и/или ставање во промет на адитиви за храна за животни, производство и/или ставање во промет на протеини добиени од микроорганизми од групата на бактерии, квасци, алги, нижи габи и копроизводи од производството на аминоациди со ферментација, производство и/или ставање во промет на премикси кои се подготвени од адитиви за храна за животни, производство за ставање во промет или производство за потребите на нивните одгледувалишта, крмни смеси со помош на адитиви или премикси кои содржат адитиви за храна за животни и производство, преработка или дистрибуција на одредени производи кои се користат во исхрана на животните. (2) Операторите со храна за животни мора да бидат одобрени или регистрирани како оператори со храна за животни во Агенцијата. За добивање одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни или решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни, правното лице поднесува барање до Агенцијата. (3) ) Кон барањето за добивање одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни правното лице потребно е да ја достави следната документација и тоа: извод од Централен регистар на Република Македонија, имотен лист или договор за закуп, список на опрема со главни технолошко-технички карактеристики и атести за употреба, еколошки елаборат од Министерство за животна средина, шематски приказ на објектот со сите приружни елементи, техничко-технолошки елаборат, опис на систем за снабдување со вода и начинот на потврдување на хигиенска исправност на водата, опис на системот за собирање и отстранување на отпадни материи, опис на процедура за одржување на опремата, опис за одржување на лична хигиена и мониторинг на здравствениот статус на персоналот, опис на процедури за обуки на персонал, опис на процедура за контрола на штетници, Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 17 од 54 опис на процедура за означување и идентификација и следливост на производот, опис на систем за внатрешна контрола - HACCP, доказ за уплата за административна такса и доказ за надоместок за одобрување на оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни. (4) Кон барањето за добивање решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни, правното лице потребно е да ја достави следнава документација и тоа: доказ за уплатена административна такса, доказ за надоместок за регистрирање на објект и оператор со храна за животни, извод од Централен регистар на Република Македонија, имотен лист за објектот или договор за закуп на објект, опис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата, опис на постапката на работење со сите помошни фази, проценети дневни, годишни и максимални капацитети за производство, преработка и складирање, опис на процедурата за одржување на хигиената и контрола на штетници и опис на процедурата на системот на внатрешна контрола. (5) Овластеното службено лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите од ставовите (3) алинеи 1, 2 и 4 и (4) алинеи 3 и 4 во рок од три работни дена од денот на поднесувањето на барањето во електронска форма од надлежен јавен орган. (6) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараниот доказ од ставот (5) на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето во електронска форма. (7) Агенцијата го одобрува или одбива барањето за добивање одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни во рок од 90 дена од денот на приемот на барањето, врз основа на поднесените документи и извештајот од извршениот увид од страна на комисијата за исполнување на условите. (8) Агенцијата го одобрува или одбива барањето за добивање решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, врз основа на поднесените документи и извештајот од извршениот увид од страна на официјален ветеринар за исполнување на условите од ставот (4) на овој член. (9) Роковите од ставовите (7) и (8) на овој член престануваат да течат од денот кога овластеното службено лице од Агенцијата ќе достави известување за докомплетирање на документацијата до подносителот на барањето и рокот продолжува да тече од денот на постапување на подносителот. (10) Доколку доставената документација заедно со барањето не е во согласност со ставовите (3) и (4) од овој член, овластеното службено лице од Агенцијата доставува известување за докомплетирање на документацијата во рок од 15 дена од приемот на барањето. (11) Подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за докомплетирање на документацијата, потребно е истата да ја достави до Агенцијата. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 18 од 54 (12) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето. (13) Против решението од ставовите (7), (8) и (12) на овој член подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен. (14) Директор на Агенцијата ги пропишува формата и содржината на барањето од ставовите (3) и (4) на овој член. (15) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (16) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (15) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (10) и/или не поднесе пријава согласно со ставот (13) на овој член, Директорот на државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Агенцијата дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (18) Во случајот од ставот (17) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (19) Во случаите од ставот (18) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (20) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (16) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (21) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи во рокот од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (22) Постапката пред Управниот суд е итна. (15) Агенцијата треба да го има на увид одобрението за објектот при спроведувањето на официјалните контроли. (16) Агенцијата не врши посети на самото место, согласно со постапките утврдени во ставовите (3), (4) и (5) од овој член, на оператори со храна за животни кои функционират единствено како трговци без да ги задржуваат производите во нивните простории. Овие оператори со храна за животни на Агенцијата мора да ñ поднесат доказ за тоа дека храната за животни која тие ја ставаат во промет е во согласност со барањата пропишани со овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 19 од 54 (25) Операторот со храна за животни против решението на Агенцијата со кое се одбива неговото барање за одобрување може да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (26) Директорот на Агенцијата ги пропишува формата, содржината и начинот на поднесување на барањето од ставот (2) на овој член, начинот и постапката на издавањето на одобрението на објектите од ставот (1) на овој член, како и за типот на производите и содржината на бројот на одобрението. Член 28 Услови за работа на оператори со храна за животни и објекти за храна за животни Операторите со храна за животни не смеат да работат доколку не се регистрирани согласно со членот 26 на овој закон и/или одобрени согласно со членот 27 на овој закон. Член 29 Суспензија на регистрацијата или одобрението (1) Агенцијата привремено ќе ја суспендира регистрацијата и/или одобрението на објект за една, повеќе или сите негови активности, кога е утврдено дека операторот со храна за животни и/или објектот повеќе не ги исполнува условите за вршење на дејноста. (2) Суспензија од ставот (1) на овој член трае сé додека операторот со храна за животни и/или објектот повторно не ги исполни условите за вршење на дејност. Во случај кога условите за вршење на дејност не се исполнат во период од една година од изрекување на решението за суспензија, Агенцијата ќе ја одземе регистрацијата и/или одобрението. Член 30 Одземање на регистрација или одобрение (1) Доколку Агенцијата евидентира сериозни недостатоци или повеќе пати го запира производството во објектот, а операторот со храна за животни не е во можност да обезбеди соодветна гаранција во поглед на натамошното производство, Агенцијата започнува процедура за одземање на регистрацијата на објектот и/или неговото одобрение. (2) Агенцијата ја одзема регистрацијата и/или одобрението на операторот со храна за животни и/или објектот, за една или повеќе од активностите кои ги спроведува, во случај кога: а) операторот со храна за животни и/или објектот престанува да спроведува една или повеќе од неговите активности; б) е утврдено дека операторот со храна за животни и/или објектот не ги исполнува условите кои се однесуваат на неговите активности, во временски период подолг од една година и Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 20 од 54 в) има идентификувано сериозни недостатоци или операторот со храна за животни повеќекратно го запрел производството во објектот и операторот со храна за животни сé уште не е во можност да обезбеди соодветна гаранција во поглед на натамошното производство. Член 31 Проширување и измени на регистрацијата или одобрението на објект На барање на операторот со храна за животни, Агенцијата може да изврши измени во регистрацијата или одобрението на објектот, со активности кои се дополнителни на оние за кои бил за прв пат регистриран или одобрен, или кои ги заменуваат, согласно со процедурите од членовите 26 и 27 на овој закон. Член 32 Листа на регистрирани и одобрени објекти и оператори со храна за животни (1) Агенцијата води листи на регистрирани и одобрени објекти и оператори со храна за животни со нивниот посебен идентификационен број или број на одобрение и истите се достапни за другите надлежни органи и за јавноста на начин утврден согласно овој закон. (2) Агенцијата ја ажурира евиденцијата за објектите и операторите со храна за животни кои се наоѓаат на листата од ставот (1) на овој член во согласност со одредбите на членовите 29, 30 и 31 од овој закон. (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува формата и содржината, начинот на водење и објавување на листата на регистрирани и одобрени објекти и оператори со храна за животни. Оддел III УПАТСТВА Член 33 Упатства за добри пракси (1) Агенцијата го поддржува развојот на упатства за добра пракса во областа на безбедноста на храна за животните и за примената на HACCP принципите. (2) Операторите со храна за животни ги користат овие упатства на волонтерска основа. (3) Кога упатства за добра пракса се развиени, тие се воведуваат и дисеминираат од страна на асоцијациите на оператори со храна за животни: во консултација со претставниците на страните чии интереси може да бидат засегнати, како што се надлежните органи и групи на потрошувачи, при што треба да се имаат во предвид кодови на пракса од Codex Alimentarius и кога се однесуваат на примарното производство на храна, земајќи ги предвид прописи за примарно производство. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 21 од 54 (4) Агенцијата на годишно ниво прави процена на упатства со цел да се осигури дека: тие се развиени во согласност со ставoт (3) од овој член, нивната содржина е практична за секторите за кои тие се однесуваат и тие се соодветни како упатства за усогласување со општите и посебните обврски во секторите и/или за типот на храната за животни на која се однесуваат. (5) Агенцијата води евиденција за објавените упатства за добра пракса и примена на HACCP принципите и ги објавува на својата веб страница. Член 34 Добра пракса за исхрана на животни (1) Агенцијата обезбедува имплементацијата на добрата пракса за исхрана на животните од аспект на безбедност на храната за животни во согласност со овој закон. (2) Фармерите се должни да применуваат добра пракса за исхрана на животните во согласност со членовите 14 став (2), 23 став (2) и 24 став (4) од овој закон. Глава VI СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ Оддел I СУРОВИНИ ЗА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 35 Ставање во промет на суровини за храна за животни (1) Суровините за храната за животни може да се стават во промет единствено доколку се со добар, вистински и погоден состав за продажба и ги исполнуваат условите пропишани со овој закон. Кога се ставаат во промет или се користат, суровините за храна за животни не смеат да претставуваат опасност по јавното здравство, здравствената заштита на животните и заштита на животната средина и не смеат да бидат ставени во промет на начин кој може да доведе до заблуда. (2) Суровините за храна за животни не може да се стават во промет доколку не се прикажани минималните карактеристики за нив, кои мора да бидат видливи, читливи и неизбришливи и за кои производителот, пакувачот, увозникот, продавачот или дистрибутерот со седиште во Република Македонија, се одговорни, се напишани на македонски јазик и кирилско писмо, на придружниот документ или каде што е соодветно на пакувањето, на контејнерот или на етикетата која е прикачена. Придружниот документ или етикетата треба да содржи особено и: а) зборовите “храна за животни”; б) името на суровината за храната за животни и каде што е соодветно, останати карактеристики кои се предвидени со овој закон; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 22 од 54 в) нето-количество изразено во единици за маса во случај на цврсти производи, како и единици за маса или волумен во случај на течни производи; г) име или назив на операторот со храна за животни и адресата или регистрираното место на објектот за производство, бројот на одобрението каде што е потребно, референтниот број на серијата или други поединости кои служат како гаранција дека храната за животни е следлива и д) името или називот на операторот со храна за животни и адресата или регистрираното место на работа на лицето кое е одговорно за поединостите кои се споменати во овој став, доколку се различни од оние кои се дадени од производителот како што е наведено во точката г) од овој став. (3) Друга дополнителна информација на пакувањето, контејнерите, етикетите и придружните документи може да биде дадена под услов тие информации да се поврзани со целните или квантитетните параметри, може да се поткрепат и не го доведуваат во заблуда потрошувачот. Оваа информација мора да биде одделна од информацијата наведена во ставот (2) од овој член. (4) За количества на суровини за храна за животни, помали или еднакви на 10 кг, а наменети за крајниот корисник, информациите кои се дадени во ставовите (2) и (3) од овој член може да му бидат дадени на купувачот во вид на соодветно известување на местото на продажба. (5) Доколку серијата е поделена за време на ставањето во промет, карактеристиките наведени во ставот (2) од овој член, заедно со референца на примарната серија, мора да се повтори на пакувањето, контејнерот или придружниот документ за секој дел од серијата. (6) Кога составот на храна за животни при ставањето во промет е променет, информациите од ставот (2) на овој член мора да бидат соодветно изменети под одговорност на лицето кое ги дава новите карактеристики. (7) Суровините на храната за животни кои се ставаат во промет мора да бидат вклучени на листата која е составена согласно одредбите од овој закон и може да се ставаат во промет единствено под имињата кои се таму назначени и под услов да одговараат на дадениот опис и се во согласност со минималните барања за состав кои се таму содржани. (8) По исклучок од ставот (7) на овој член, ставањето во промет на суровини за храна за животни, различни од оние од листата наведена во ставот (7) од овој член, е дозволен под услов тие суровини да се ставаат во промет под име и/или услови различни од оние наведени во листата и на начин кој не го доведува потрошувачот во заблуда во однос на вистинскиот идентитет на производот. (9) Директорот на Агенцијата ги пропишува листата на суровини за храна за животни, условите за нивно ставање во промет, декларарирањето и карактеристиките кои треба бидат дадени на придружниот документ или на пакувањето. Член 36 Листа на суровини, материјали и производи чие ставање во промет или употреба во исхраната на животните се забранети (1) Заради заштита на здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните и заштита на животната средина, Агенцијата може да забрани ставање во промет и употреба во исхраната на животни на одредени суровини, материјали и други производи. (2) Директорот на Агенцијата ја пропишува листата на суровини, материјали и други производи чие ставање во промет и употреба се забранети. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 23 од 54 Оддел II КРМНИ СМЕСИ Член 37 Ставање во промет на крмни смеси (1) Крмни смеси може да се ставаат во промет единствено доколу се со соодветен, неоштетен и погоден за продажба состав и ги исполнуваат барањата пропишани со овој закон. Кога се ставаат во промет или се користат, крмните смеси не смеат да претставуваат опасност по јавното здравство, здравствената заштита на животните и животната средина и не смеат да бидат ставени во промет на начин кој може да доведе во заблуда. (2) Крмните смеси се ставаат во промет единствено во затворени пакувања и контејнери, затворени на начин што при отворање на пакувањето или контејнерот, пакувањето или контејнерот не може да се реупотреби. (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува условите за ставање во промет на крмни смеси. Член 38 Задолжително означување на крмните смеси (1) Крмните смеси не може да се стават во промет доколку не се прикажани минималните карактеристики за нив, кои мора да бидат видливи, читливи и неизбришливи и за кои производителот, пакувачот, увозникот, продавачот или дистрибутерот со седиште во Република Македонија се одговорни, се напишани на македонски јазик и кирилско писмо, на пакувањето, на контејнерот или на етикетата која е прикачена на нив, и тоа особено: а) описот ”комплетна крмна смеса”, “дополнителна крмна смеса”, “минерална крмна смеса”, “комплетна замена на млеко” или “дополнителна замена на млеко”, како што е соодветно, б) видовите или категоријата на животни за кои е наменета крмната смеса; в) упатство за правилна употреба на храната за животни со намената; г) декларации за составот; д) нето-количество изразено во единици за маса во случај на цврсти производи, како и единици за маса или волумен во случај на течни производи; ѓ) минималниот рок на складирање; е) референтниот број на серијата и ж) име или назив на операторот со храна за животни и адресата или регистрираното место на објектот за производство, бројот на одобрението каде што е потребно, референтниот број на серијата или други поединости кои служат како гаранција дека храната за животни е следлива. (2) За количества на крмни смеси, помали или еднакви на 1 кг, а наменети за крајниот корисник, информациите кои се дадени во ставот (1) од овој член може да му бидат дадени на купувачот во вид на соодветно известување на местото на продажба. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 24 од 54 (3) За крмни смеси кои се ставаат во промет во танкери или слични преносни средства, карактеристиките наведени во ставот (1) од овој член може да бидат наведени во документ кој ја придружува пратката. (4) Директорот на Агенцијата ги пропишува поблиските услови за начинот на декларирање, минималните информации кои се напишани на пакувањето, контејнерот, етикетата или придружниот документ, како и начинот на опишувањето на крмните смеси. Член 39 Дополнително означување на крмните смеси (1) Друга дополнителна информација на пакувањето, контејнерите, етикетите и придружните документи за крмните смеси може да биде дадена под услов тие информации да се поврзани со целните или квантитетните параметри, може да се поткрепат и не го доведуваат во заблуда потрошувачот, и доколку истите: а) не се дизајнирани така што укажуваат на присуство или содржина на аналитички конституенти различни од оние за кои е обезбедена декларација согласно со прописите за безбедност на храната за животни; б) не го доведува корисникот во заблуда, особено со припишување на храната за животни на ефекти или својства кои не ги поседува или со сугестија дека поседува посебни карактеристики кога сите сродни храни за животни поседуваат такви карактеристики; в) не смее да тврди дека храната за животни спречува, третира или лекува болест и г) мора да се поврзани со целните или квантитивните параметри што може да се потврди. (2) Информацијата од ставот (1) на овој член мора да биде одделна од информацијата за задолжително означување на крмните смеси. Оддел III ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ ЗА ПОСЕБНИ НУТРИТИВНИ ЦЕЛИ Член 40 Ставање во промет на храна за животни за посебни нутритивни цели (1) Храната за животни за посебни нутритивни цели може да биде ставена во промет доколку: а) производот е соодветен за неговата посебна нутритивна цел и есенцијалните нутритивни карактеристики и е на листата изготвена од Агенцијата б) е соодветно означена; в) неговата намена е наведена во листата на храни за животни со посебни нутритивни цели и ги исполнува другите одредби за таков вид храна и г) е во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Природата на составот на храната за животни која е наменета за посебни цели во исхраната мора да биде соодветна за нејзината примарна употреба. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 25 од 54 (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува општите и посебни услови за составување листа на храна за животни за посебни нутритивни цели во исхраната, како и условите за нивно ставање во промет и ја објавува листата на храна со посебни нутритивни цели во „Службен весник на Република Македонија” и на веб страницата на Агенцијата. Оддел IV ОДРЕДЕНИ ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО ИСХРАНАТА НА ЖИВОТНИТЕ Член 41 Ставање во промет на одредени производи кои се користат во исхраната на животните (1) Одредени производи кои се користат во исхраната на животни, вклучувајќи ги биопротеините, кои се однесуваат како директни или индиректни извори на протеини, и произведени со одредени технолошки процеси како храна за животни или во храна за животни, може да се стават во промет доколку тие се наоѓаат на Листата изготвена од страна на Агенцијата и доколку ги исполнуваат барањата кои се пропишани со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Производите од ставот (1) на овој член може да се вклучат на Листата за одредени производи за исхрана на животни доколку: а) имаат нутритивна вредност за животните; б) кога се користат согласно со намената немаат штетен ефект на здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните или животната средина и не го оштетуваат потрошувачот со изменување на одредени карактеристики на производите од животинско потекло и в) може да се спроведе нивен мониторинг во храната за животни. (3) Доколку производот престане да исполнува еден од условите наведени во ставот (2) од овој член, тој се повлекува од листата на одредени производи за исхрана на животни. (4) Агенцијата може, поради експериментални или научни цели, да дозволи изземање од одредбите од ставот (1) на овој член, под услов да се спроведува соодветна официјална контрола. (5) Одредени производи за исхрана на животни не смеат да се стават во промет или инкорпорираат во храната за животни сé додека не се соодветно означени на пакувањето, контејнерот или етикeтата. (6) По исклучок од ставот (5) на овој член, за производи кои се ставаат во промет во рифузна (растурена) состојба бараната информација за означувањето може да биде содржана во придружниот документ. (7) Директорот на Агенцијата ја пропишува Листата на производи кои се користат во исхраната на животните како директни или индиректни извори на протеини, критериумите за нивно ставање во промет и употреба, и условите во поглед на постапката и документите кои се потребни да се достават за нивно Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 26 од 54 вклучување во Листата, кои треба да ги исполнат операторите со храна за животни кои ги произведуваат и ставаат во промет и информациите кои мора да бидат присутни или на етикатата или на придружниот документ. (8) Листата на производи кои се користат во исхраната на животни како директни и индиректни извори на протеини се објавува во „Службен весник на Република Македонија” најмалку еднаш годишно и на веб страницата на Агенцијата. Оддел V ЕНЗИМИ, МИКРООРГАНИЗМИ И НИВНИ ПОДГОТОВКИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО ИСХРАНАТА НА ЖИВОТНИ Член 42 Посебни одредби за ензими и микроорганизми и нивни подготовки кои се користат во исхраната на животни (1) Ставањето во промет и употребата на ензими, микроорганизми и нивни подготовки во исхраната на животните е дозволено, единствено доколку, врз основа на достапните информации, производите не претставуваат опасност по јавното здравство и здравствената заштита на животните и дека се вклучени во листата изготвена од страна на Агенцијата. (2) Се забранува ставање во промет и употреба за целите на исхраната на животни на сите други форми на ензими, микроорганизми и нивни подготовки кои не ги исполнуват барањата од ставот (1) на овој член, како и на сите други форми на употреба за исхрана на животните кои се поинакви од инкорпорирање на тие производи во храната за животни. (3) Доколку ензимите, микроорганизмите и нивните производи повеќе не ги исполнуваат барањата од ставот (1) на овој член, тие се повлекуваат од Листата на ензими, микроорганизми и нивни подготовки. (4) Ензимите, микроорганизмите и нивните подготовки и премиксите и крмните смеси во кои се инкорпорирани не смеат да се стават во промет или инкорпорираат во храната за животни се додека не се соодветно означени. (5) Директорот на Агенцијата ја пропишува Листата на ензими и микроорганизми и нивни подготовки, критериумите за нивно ставање во промет и употреба, и условите во поглед на постапката и документите кои се потребни да се достават за нивно вклучување во Листата, содржината и форматот на Листата на ензими и микроорганизми и нивни подготовки, како и моделот за идентификационен белег, кои треба да ги исполнат операторите со храна за животни кои ги произведуваат и ставаат во промет и карактеристиките кои мора да се означат и начинот на означувањето при нивно ставање во промет. (6) Листата на енизми и микроорганизми и нивни подготовки кои се употребуваат во исхраната на животните се објавува во „Службен весник на Република Македонија” најмалку еднаш годишно и на веб страницата на Агенцијата. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 27 од 54 Оддел VI ОВЛАСТУВАЊЕ, УПОТРЕБА, МОНИТОРИНГ, ПОВРЕМЕНИ МЕРЕЊА И ОЗНАЧУВАЊЕ НА АДИТИВИ ЗА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 43 Ставање во промет на адитиви за храна за животни (1) Адитиви за храна за животни смеат да се стават во промет, преработуваат и употребуваат само доколку: се одобрени за ставање во промет, се исполнети условите за употреба согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и посебните услови во одобрението за ставање во промет и ги исполнуваат условите за означување на адитиви за храната за животни кои се пропишани со овој закон. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, адитивите за храната за животни смеат да се ставаат во промет, преработуваат и употребуваат доколку се одобрени за ставање во промет во земјите членки на Европската унија. (3) Лицата кои бараат одобрување за ставање во промет на нов адитив за храна за животни или за нова употреба на веќе одобрен адитив за храна за животни се должни да поднесат барање до Агенцијата придружено со придружна документација. Лицето кое го поднесува барањето или неговиот правен застапник мора да има својство на правно лице на територијата на Република Македонија. (4) Агенцијата води Регистер на одобрени адитиви за храна за животни. (5) Агенцијата го објавува Регистарот на адитиви за храна за животни кои имаат одобрение за ставање во промет најмалку два пати годишно во „Службен весник на Република Македонија” и на веб страницата на Агенцијата. (6) По исклучок на ставот (1) од овој член, за експериментите за научни цели, Агенцијата може да ја одобри употребата како адитиви, на супстанции кои не поседуваат одобрение за ставање во промет на национално ниво, со исклучок на антибиотиците, под услов експериментите да се спроведуваат во согласност со принципите и условите кои се пропишани со овој закон и доколку постои соодветен официјален надзор. Засегнатите животни можат да се користат за производство на храна за исхрана на луѓе единствено, доколку надлежните органи на државната управа утврдат дека тоа нема негативно влијание на јавното здравство, здравствената заштита на животните или животната средина. Член 44 Услови за одобрување на адитиви за храна за животни (1) Нема да се даде одобрение за ставање во промет на адитив за храна за животни сé додека барателот соодветно и задоволително не демонстрира дека адитивот, кога се користи во согласност со условите кои се дадени во прилог на одобрението за ставање во промет, ги задоволува барањата од ставот (2) на овој член и има најмалку една од карактеристиките кои се наведени во ставот (3) од овој член. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 28 од 54 (2) Адитивот на храната за животни не смее: а) да има негативно влијание на јавното здравство, здравствената заштита на животните или животната средина; б) да биде презентиран на начин кој би ги навел корисниците во заблуда и в) да му наштети на конзументот со намалување на одредени карактеристики на производи од животинско потекло или да го доведе во заблуда во однос на одредени карактеристики на тие производи. (3) Адитивот на храната за животни мора: а) поволно да дејствува на карактеристиките на храната за животни; б) поволно да дејствува на карактеристиките на производите од животинско потекло; в) поволно да влијае на бојата на орнаменталните риби и птици; г) да ги задоволи нутритивните потреби на животните; д) поволно да дејствува на животната средина од аспект на сточарското производство; ѓ) поволно да влијае на сточарското производство, нивните перформанси или благосостојбата, особено со влијание на гастро-интестиналната флора или дигестабилноста на храната за животни или е) да има кокцидиостатски или хистомоностатски ефект. (4) Антибиотиците, освен оние антибиотици кои се во категорија на кокцидиостати или хистомоностати нема да се одобрат како адитиви за храна за животни. Член 45 Заедничка преоцена Одобрението за ставање во промет на адитив за храна за животни може да се преиспита во кое било време, во рамките на заедничка преоцена на сите адитиви за храна за животни, во согласност со овој закон. Член 46 Категории на адитиви за храна за животни (1) Адитивот за храната за животни се распоредуваат во една или повеќе категории, во зависност од неговите функции и карактеристики. (2) Во рамките на категориите од ставот (1) на овој член, адитивите понатаму се распоредуваат во една или повеќе функционални групи, во зависност од нивната главна функција или функции. (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува категориите и функционалните групи на адитиви за храната за животни. Член 47 Барање за одобрување за ставање во промет на адитиви на храна за животни (1) Барателот за одобрување за ставање во промет поднесува барање за одобрување за ставање во промет на адитив за храна за животни до Агенцијата. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 29 од 54 (2) Агенцијата, преку Комисијата за безбедност на храната за животни изготвува мислење во период од шест месеци од датумот на прием на валидно барање. (3) Одобрението за ставање во промет се издава за времетраење од десет години и може да се обнови. Барањето за обновување мора да се достави до Агенцијата најмалку една година пред датумот на истек на одобрувањето. Во случај кога одобрувањето не е издадено на посебен носител, лицето кое прво ќе го стави адитивот во промет или секоја заинтересирана страна може да поднесе барање до Агенцијата и се смета за барател. (4) Во случај кога овластувањето се издава на посебен носител, носителот на овластувањето или неговиот правен наследник или наследниците можат да поднесат барање до Агенцијата. (5) Кога условите за мониторинг се дадени во прилог на одобрението за ставање во промет, носителот на одобрението мора да се осигура дека мониторингот е спроведен ñ на Агенцијата и поднесува извештаи во согласност со условите за одобрување. Носителот на одобрението за ставање во промет без одлагање ја известува Агенцијата за секоја нова информација која може да влијае на процената за безбедност при употреба на адитивот за храна за животни, особено осетливоста по здравјето на посебни категории на потрошувачи. Носителот на одобрението за ставање во промет без одлагање мора да ја информира Агенцијата за секоја забрана или ограничување кои се воведени од надлежен орган на трета земја во која адитивот се става во промет. (6) Откако адитивот ќе биде одобрен во согласност со овој закон, секое лице кое го употребува или го става во промет адитивот, или храна за животни во која адитивот е инкорпориран, или некоја друга заинтересирана страна, мора да се осигура дека се почитуваат условите или ограничувањата кои биле воведени во поглед на ставањето во промет, употребата или ракувањето со адитивот или храната за животни која го содржи конкретниот адитив. (7) Директорот на Агенцијата го пропишува начинот за поднесување барање, како и формата и содржината на барањето за добивање или обновување на одобрението за ставање во промет на адитиви за храна за животни. Член 48 Промена, суспензија и повлекување на одобренијата за ставање во промет на адитиви за храна за животни (1) Носителот на одобрението за ставање во промет може да предложи промена на условите од одобрението со поднесување на барање до Агенцијата, придружено со неопходни податоци во прилог на барањето за промена. (2) При нова информација или резултатите од официјалните контроли, Агенцијата, може да го суспендира одобрението за ставање во промет ако еден или повеќе услови повеќе не се исполнети. Одлука за суспензија на одобрението за ставање во промет му се соопштува на носителот на одобрението без одлагање заедно со мерките кои се неопходни за обновување на одобрението како и крајниот рок за имплементирање на овие мерки. Крајниот рок не смее да биде подолг од една година. Одобрението за ставање во промет се обновува по увид на Агенцијата на самото место за да се верификуваат имплементираните мерки. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 30 од 54 (3) Кога утврдените недостатоци претставуваат голем ризик по јавното здравство, здравствената заштита на животните или животната средина, или кога крајниот рок од ставот (2) на овој член е изминат без верификувана имплементација на корективните мерки од страна на Агенцијата, Агенцијата го отповикува одобрението за ставање во промет и го информира носителот на одобренито за причините за таа одлука. (4) Против рершението за преземање мерки од ставовите (2) и (3) на овој член операторите со храна за животни имаат право на жалба согласно со одредбите од Законот за ватеринарно здравство. (5) Во случаите наведени во ставовите (1), (2) и (3) од овој член Агенцијата го ажурира Регистарот на адитиви за храна за животни, без одложување. Член 49 Итно одобрување на адитиви за храна за животни Во случаи кога е потребно итно одобрување да се обезбеди заштита на благосостојбата на животните, Агенцијата може привремено да одобри употреба на адитив во период од најмногу пет години. Член 50 Означување и пакување на адитиви за храна за животни и нивни премикси (1) Адитиви за храна за животни или премикси на адитивите смеат да се стават во промет само доколку нивното пакување или контејнер е означено под одговорност на производителот, пакувачот, увозникот, продавачот или дистрибутерот, со седиште во Република Македонија и содржи соодветни информации, кои мора да бидат видливи, читливи и неизбришливи, напишани на македонски јазик и кирилско писмо. (2) Директорот на Агенцијата ги пропишува поблиските услови за декларирање, како и минималните карактеристики кои треба да се означат, како и начинот на опишувањето на адитиви на храна за животни. Член 51 Ставање во промет за адитиви на храна за животни Адитивите и премиксите се ставаат во промет единствено во затворени пакувања и контејнери, затворени на начин што при отворање на пакувањето или контејнерот, пакувањето или контејнерот не може да се реупотребат. Член 52 Општи услови за употреба на адитиви за храна за животни (1) Количеството на адитиви кои постојат во природна состојба во одредени суровини на храна за животни се пресметува така што вкупното количество на елементи кои се природно присутни не го надминува максималното ниво кое е дозволено за ставање во промет. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 31 од 54 (2) Мешањето на адитиви се одобрува единствено кај премикси и храна за животни каде што постои физичко-хемиска и биолошка компатибилност меѓу компонентите на мешавината во врска со посакуваните ефекти. (3) Дополнителните крмни смеси, разредени онака како што е назначено, не смеат да содржат нивоа на адитиви кои ги надминуваат оние кои се одредени за комплетните крмни смеси. (4) Мешањето на адитиви кои треба да се продадат директно на крајниот корисник ќе биде одобрено, доколку е во согласност со условите за користење кои се пропишани во одобрувањето за ставање во промет за секој посебен адитив. Член 53 Доверливост (1) Во текот на процедурата на барање за одобрување, барателот треба да укаже која информација е поднeсена согласно со овој закон сака да биде третирана како доверлива, со образложение дека нејзиното откривање значително би ја нарушило неговата конкурентска положба, придружeно со верификувана причина за тоа. (2) Агенцијата, по консултација со барателот, одредува кои од информациите, се сметаат за доверливи и за тоа го информира барателот. (3) Следниве информации не се сметаат како доверливи: а) името и составот на адитивот и каде што е соодветно производствениот вид; б) физичко-хемиските и биолошките карактеристики на адитивот; в) заклучоците од резултатите на студиите за ефектите на адитивот врз јавното здравство, здравствената заштита на животните и животната средина; г) заклучоците од резултатите на студиите за ефектите на адитивите за карактеристиките на производите од животинско потекло и на нивните хранливи својства и д) методите за детекција и идентификација на адитивите и каде што е применливо, условите за мониторинг и резиме на резултатите од мониторингот. (4) Доверливоста не ги опфаќа информациите кои можат да имаат влијание на јавното здравство, здравствената заштита на животните и животната средина. (5) Доколку лицето кое го поднесува барањето го повлече истото, Агенцијата ја почитува доверливоста на комерцијалните и индустриските информации, вклучувајќи ги информациите од истражувањата и развојот. Член 54 Заштита на податоци (1) Научните податоци и другите информации од барањето не можат да се искористат во корист на друг барател кој поднесува барање во период од десет години од датумот на издавање на одобрението, освен доколку барателот кој го поднел барањето има писмен договор со барателот кој претходно поднел барање дека може да се искористат тие податоци и информации. (2) Добивањето на одобрение за адитиви за храна за помалку застапени видови животни, за адитиви чија употреба е одобрена кај други видови, десетгодишниот период на заштита на податоци се продолжува по една година за секој дополнителен вид на животно за кој е дадено одобрување за продолжување. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 32 од 54 (3) Барателот и претходниот барател треба да ги преземат сите неопходни чекори за да се постигне договор за заедничко користење на информациите, со цел да не се повторуваат токсиколошките тестови на ‘рбетниците. Доколку, не се постигне таков договор за делење на информација, Агенцијата може да донесе одлука да ја открие информацијата која е неопходна за да се избегне повторувањето на токсиколошки тестови на ‘рбетниците, со осигурување на разумен баланс меѓу интересите на заинтересираните страни. (4) По истекот на периодот од десет години, наодите од сите или од дел од евалуациите кои се спроведени врз основа на научните податоци и информациите кои се содржани во барањето можат да се искористат од страна на Агенцијата во корист на друг барател. Оддел VII МЕДИЦИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 55 Општи услови кои се применуваат на медицираната храна за животни (1) Медицираната храна за животни може да се произведува единствено само од одобрени ветеринарно-медицински премикси кои се одобрени во согласност со прописите за ветеринарно-медицински препарати. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, под услов да се исполнете барањата согласно со прописите за ветеринарно медицински препарати, Агенцијата може да одобри докторите по ветеринарна медицина согласно со прописите за ветеринарно медицински препарати, и под нивна одговорност и на ветеринарен рецепт, да препишат изработка на медицирана храна за животни од неколку одобрени медицирани премикси, при што треба да осигураат дека не содржи никаково специфично одобрено терапевтско средства во форма на премикс за болеста која треба да се третира или за дадениот вид животни. (3) Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на препишување на изработка на медицирана храна за животни на ветеринарен рецепт во согласност со прописите за ветеринарно медицински препарати. Член 56 Посебни услови кои се употребуваат за медицирана храна за животни (1) Медицираната храна за животни не смее да се складира, стави во промет или употреби, освен ако не е произведена во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Медицираната храна за животни може да се произведе само, доколку: 1) производителот има простории кои се претходно одобрени од страна на Агенцијата, техничка опрема, и соодветени и адекватни објекти за складирање и преглед; 2) во објектот за производство на медицираната храна за животни е вработено најмалку едно стручно лице со завршен VII/1 степен стручна подготовка Факултет за ветеринарна медицина како и со работно искуство од најмалку три години во соодветната струка со соодветно знаење и квалификации во технологијата на производство на храна за животни; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 33 од 54 3) производителот е одговорен да обезбеди дека: а) се употребува само храна за животни или нејзини комбинации кои се сообразни со прописите за храна за животни; б) храна за животни која се употребува дава хомогена и стабилна мешавина со одобрени медицинирани премикси; в) одобрениот медициниран премикс се користи за време на процесот на производство во согласност со условите пропишани во одобрението за ставање во промет, а особено дека: не постои можност за каква било непожелна интеракција меѓу ветеринарно медицинските препарати, адитивите и храната за животни, медицираната храна за животни се чува за предвидениот период за чување и храната за животни која се користи за производство на медицираната храна за животни не содржи исти антибиотици или исти кокцидиостатици како оние кои се употребени како активна супстанција во медицираниот премикс и г) дневната доза на медицираните препарати е содржана во количината на храна за животни која кореспондира на најмалку половина од дневната порција на храна за животни или, во случај на преживари, кореспондира на најмалку половина од дневните потреби на неминералната дополнителна храна за животни; 4) просториите и опремата кои се користат и учествуваат во целокупниот процес на производство се во согласност со правилата и принципите за хигиена при производство, а процесот на производство одговара на правилата за добра производствена пракса; 5) произведената медицирана храна за животни подлежи на редовни прегледи вклучувајќи ги и соодветните лабораториски тестирања за хомогеност - од страна на прозводствените објекти, под надзор и периодични прегледи од Агенцијата, за да се осигура дека медицираната храна за животни е во согласност со условите предвидени со овој закон, особено во поглед на нејзината хомогеност, стабилност и складирање; 6) производителите се обврзани да водат дневна евиденција за видот и количината на одобрените медицирани премикси и употребената храна за животни и произведената медицирана храна за животни, задржана или испратена, заедно со имињата и адресите на сопствениците или одгледувачите на животни, име и адреса на одобрени дистрибутери и каде што е соодветно име и адреса на ветеринарниот лекар кој ја препишал медицираната храна за животни. Евиденцијата, која треба да одоговара и на прописите за ветеринарно медицински препарати мора да се чува најмалку три години после датумот на последниот влез и мора да е достапна во секое време на Агенцијата во случај на контроли и 7) премиксите и медицираната храна за животни се складираат во соодветни одвоени и безбедни простории или херметички затворени контејнери кои се специјално дизајнирани за складирање на такви производи. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член Агенцијата може да одобри производство на медицирана храна за животни на фармите под услови наведени во ставот (2) на овој член. (4) Во зависност од условите на прописите за ветеринарно медицински препарати, Агенцијата може за научни цели да дозволи отстапки од овој закон, доколку се обезбеди посебна и соодветна официјална контрола. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 34 од 54 (5) Директорот на Агенцијата ги пропишува посебните услови што во поглед на објектите, опремата, персоналот и начинот на работа треба да го исполнат операторите за производство на медицирана храна за животни, како и начинот на производство на медицирана храна за животни. Член 57 Ставање во промет на медицирана храна за животни (1) Mедицираната храна за животни се става во промет само во пакување или контејнери затворени на начин со кој при отворањето, затворачот или пломбата се оштетува и тие не можат да се реупотребат. (2) Онаму каде што се користат цистерни или слични контејнери за транспорт на неспакувана медицирана храна за животни, тие мора да се исчистат пред повторна употреба со цел да се заштитат од последователна непожелна интеракција или контаминација. (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува општите и посебните услови за ставања на медицираната храна за животни во промет и нејзината употреба. Член 58 Означување на медицирана храна за животни (1) Mедицираната храна за животни не смее да се стави во промет, доколку истата јасно не е означена и не е во согласност со условите за означување согласно одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон како и одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз основа на тој закон. (2) Пакувањата или контејнерите во кои е спакувана медицираната храна за животни мора да бидат јасно означени со зборовите “Медицирана храна за животни”. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, кога цистерните или сличните контејнери се употребуваат за транспорт на неспакувана храна за животни, информациите наведени во ставовите (1) и (2) од овој член треба да се содржат во придружниот комерцијален документ. (4) Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на означување на медицираната храна за животни. Члeн 59 Снабдување и употреба на медицираната храна за животни (1) Медицираната храна за животни не смее да се испорачува до фармерите или одгледувачите на животни, освен доколку не поседуваат рецепт издаден од страна на ветеринарен лекар, кој има лиценца за работа. (2) Рецептите за медицирана храна за животни треба да бидат со соодветна форма и издадени согласно со прописот од ставот (6) на овој член. (3) Медицираната храна за животни може да се набавува директно од фармерите или одгледувачите на животни единствено од страна на одобрени производители или дистрибутери. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 35 од 54 (4) Кога медицираната храна за животни се користи кај животни чии производи се користат во исхраната на луѓето, фармерите или одгледувачите на тие животни мора да обезбедат дека третираните животни не се заклани, односно нивните производи не се употребени пред истекот на периодот на каренца и дека производите добиени од третирани животни пред крајот на периодот за повлекување се отстрануваат на нештетен начин. (5) Агенцијата да ги преземе сите неопходни мерки, особено преку правење на проверка на мострите на фармите и кланиците, за да се обезбеди дека медицираната храна за животни се користи во согласност со условите за употреба и е усогласено со периодот на каренца. (6) Директорот на Агенцијата ги пропишува формата и содржината на ветеринарниот рецепт за медицираната храна за животни и начинот на негово издавање. Оддел VIII ЗАШТИТНИ МЕРКИ Член 60 Заштитни мерки Доколку врз основа на детално испитување поради нови податоци или нова процена на постојните податоци, Агенцијата утврди дека производите од одделите I, III, IV, V, VI и VII од ова глава или нивната употреба под кои било услови претставува опасност по јавното здравство, здравствената заштита на животните и животната средина, иако се во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, Агенцијата со решение ќе го забрани нивното ставање во промет и/или употреба. Глава VI НЕПОЖЕЛНИ СУПСТАНЦИИ Член 61 Забрана на ставање во промет на непожелни супстанции (1) Производите кои се наменети за исхрана за животни може да се увезат, стават во промет и/или употребат само ако се со добар, вистински и состав погоден за продажба, и кои кога се употребуваат на предвидениот начин не претставуваат опасност по здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните или животната средината ниту имаат негативен ефект на сточарското производство. (2) Производите наменети за исхрана на животни се сметаат дека не се во согласност со ставот (1) од овој член, доколку нивото на непожелни супстанции го надминува максимално дозволеното ниво за непожелни супстанции утврдено во Листата на непожелни супстанции во храната за животни. (3) Производите за исхрана на животни кои содржат непожелни супстанции над максимално дозволеното ниво не смеат да се употребуваат во исхраната на животните. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 36 од 54 (4) Производите кои се наменети за храна за животни, а содржат непожелни супстанции кои го поминуваат максимално дозволеното ниво, не смеат да се мешаат со ист или со друг производ наменет за храна за животни, за цели на разредување. (5) Директорот на Агенцијата ја пропишува Листата на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво. Член 62 Толеранција и истражување на непожелни супстанции (1) Непожелните супстанции кои се вклучени во Листата на непожелни супстанции од членот 61 став (5) на овој закон е дозволено да се толерираат единствено во храна за животни и под услови пропишани со посебен пропис за безбедност на храната за животните. (2) За да се намалат или елиминираат изворите на непожелни супстанции на производи кои се наменети за храна за животни, Агенцијата, во соработка со операторите со храна за животни, спроведува истрага за идентификација на изворот на непожелните супстанции, во случаи кога се пречекорува максимално дозволеното ниво или во случаи кога се детектира пречекорување на максимално дозволеното ниво, имајќи ги предвид претходните нивоа и презема мерки за намалување или елиминирање на нивото на непожелни супстанции. (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво и критичната точка за спроведување на такви испитувања. Член 63 Безбедносни мерки во случај на нови податоци (1) Директорот на Агенцијата, во случаи кога има основа, заснована на нови информации или повторна процена на веќе постојните информации, со кои се покажува дека максимално дозволеното ниво утврдено во Листата на непожелни супстанции или дека непожелни супстанции кои не се наведени во Листа, претставуваат опасност за здравјето на луѓето и животните и животната средина, може да нареди намалување на постојното максимално дозволено ниво, да го утврди максималното ниво или да го забрани присуството на таа непожелна супстанција во производите кои се наменети за храна за животни. (2) Наредбата на директорот на Агенцијата од ставот (1) на овој член заедно со образложението се достапни за јавноста и се објавуваат во јавни пишувани медиуми. Глава VII ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 64 Генетски модифицирана храна за животни (1) Во генетски модифицирана (ГМ) храна за животни се вбројуваат: а) генетски модифицираните организми (ГМО) кои се користат како храна за животни; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 37 од 54 б) храна за животни која содржи или се состои од ГМО и в) храна за животни произведена од или која содржи состојки произведени од ГМО. (2) ГМ храна за животни треба да: нема штетно влијание по здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните или животната средина, не создава заблуда кај потрошувачот, не го оштетуваат потрошувачот со изменување на одредени карактеристики на производите од животинско потекло и не се разликува толку од храната за животни која по својата намена би требало да биде заменета за нејзината потрошувачка за крајниот потрошувач во прехранбена смисла да биде неповолна за животните или луѓето. (3) На ГМ храна за животни се применуваат одредбите од овој закон, како и посебните прописи од областа на заштита на животната средина. Член 65 Ставање во промет на ГМ храна за животни (1) За ставање во промет на ГМ храна за животни прв пат во промет во Република Македонија субјектите кои се занимаваат со храна мора да обезбедат усогласеност со одредбите од овој закон, како и прописите од областа на заштита на животната средина. (2) Одобрение за ставање во промет на новата храна прв пат во промет го издава Агенцијата и Министерство за животната средина и просторно планирање, а во согласност со прописите кои се однесуваат на условите и постапките за ставање на нова ГМ храна прв пат во прометот во Република Македонија, како и специфичните барања врзани за означувањето на ГМ храна за животни. (3) Директорот на Агенцијата во согласност со министерот за животната средина и просторно планирање ги пропишува условите и постапката за издавање одобрение за ставање во промет ГМ храна за животни и условите за нејзин промет и употреба. Член 66 Регистар на издадени одобренија за ставање во промет на ГМ храна за животни (1) Агенцијата води Регистар за издадени одобренија за ставање во промет на ГМ храна за животни. (2) Директорот на Агенцијата ги пропишува форматот и содржината и начинот на водење на Регистарот од ставот (1) на овој член. Член 67 Управување со ризик при ставањето во промет на ГМ храна за животни (1) Доколку постојат научни дилеми околу штетното влијание на ГМ храна за животни врз здравствена заштитата, директорот на Агенцијата во согласност со министерот надлежен за животна средина и просторно планирање ќе нареди привремени мерки за забрана за ставање во промет на истите во согласност со принципот на претпазливост. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 38 од 54 (2) Директорот на Агенцијата може да нареди и други соодветни мерки како и условите и начинот на спроведување на тие мерки. (3) Директорот на Агенцијата ќе нареди трајна забрана за ставање во промет на ГМ храна за животни, ако врз основа на научни процени на ризикот се утврди нејзината штетност по здравјето на луѓето и здравствената заштита на животните. Член 68 Следење и означување на ГМ храна за животни (1) Во првата фаза за ставање во промет на храната за животни која содржи или се состои од ГМО, вклучувајќи ги и количините во рифузна (растурена) состојба, операторите со таква храна за животни треба да осигурат дека се предадени во пишана форма на субјектот кој ја прима таа храна за животни следниве информации: дека храната или храната за животни содржи и/или се состои од ГМО и единствената идентификациска ознака во согласност со прописот за спроведување. (2) ГМ храна за животни која се става во промет мора покрај општите барања за означување согласно со овој закон, на декларацијата да содржи и додатни посебни податоци за потрошувачите да бидат информирани за сите карактеристики и/или својства на таа храна за животни. (3) Директорот на Агенцијата во согласност со министерот за животната средина и просторно планирање ги пропишува условите за ставање во промет на храната за животни која содржи и/или се состои од ГМО, вклучувајќи ги и количините во рифузна (растурена ) состојба, како и употребата на ГМ храна за животни, и условите кои се однесуваат на следењето, означувањето на ГМ храна за животни и посебните барања за посебно означување. Глава VIII ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ Оддел I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 69 Општи обврски (1) Официјалните контроли на храната за животни се спроведуваат во: а) примарно производство и придружни дејности; б) производство и преработка; в) малопродажбата и (2) Организацијата и спроведувањето на официјалните контроли, како и обврските на операторите со храна за животни за време на нивното спроведување се врши согласно со одредбите за официјални контроли од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, како и одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз оснва на тој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 39 од 54 Член 70 Oперативни критериуми за надлежниот орган (1) Агенцијата мора да ги осигури спроведувањето на оперативните критериуми и координација меѓу сите тела кои учествуваат во извршувањето на официјалните контроли врз операторите со храна за животни согласно со одредбите утврдени во законот со кој се уредува безбедноста на храната. (2) Операторите со храна за животни се должни да овозможат каква било официјална контрола која се спроведува согласно со одредбите на овој закон и да им пружат асистенција на официјалните лица на Агенцијата за изведување на нивните задачи. Член 71 Доделување на специфични задачи поврзани со официјалните контроли Агенцијата може да додели одредени специфични задачи поврзани со официјалните контроли на едно или повеќе контролни тела во согласност со одредбите од прописите за спроведување на овој закон како и одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 72 Лица кои вршат официјални контроли (1) Агенцијата осигуруви дека лицата овластени за спроведување на официјалните контроли ги исполнуваат условите во поглед на обука и компетентност согласно со одредбите за обука и компетентност од законот со кој се уредува безбедноста на храната и ги исполнуваат одредбите од Законот за ветеринарно здравство. (2) За постапувањето на лицата овластени за официјална контрола се применуваат одредбите на прописите од ставот (1) на овој член и Законот за општата управна постапка. Член 73 Транспарентност и доверливост Агенцијата осигурува транспарентност, како и доверливост на информациите кои по нивната природа се заштитени како доверливи во спроведување на нејзините надлежности согласно со одредбите за транспарентност и доверливост на информациите од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 74 Контролни и верификациони постапки Агенцијата спроведува официјални контроли во согласност со процедури утврдени во законот со кој се уредува безбедноста на храната. Процедурите содржат информации и инструкции за лицата овластени за спроведување на официјални контроли. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 40 од 54 Член 75 Записници (1) За спроведените официјални контроли се составуваат записници. (2) Записниците од ставот (1) на овој член содржат опис на целта на официјалните контроли, контролните методики кои се применети, резултатите на официјалните контроли и кога е соодветно, активностите кои операторот со храна за животни треба да ги преземе. (3) Примерок од записникот од ставот (2) на овој член, во случај на утврдена несообразност, се доставува на операторот со храна за животни. Член 76 Контролни активности, методи и техники (1) Официјалните контроли се спроведуваат со користење на соодветни контролни методи и техники како што се мониторинг, надзор, верификација, аудит, инспекција, земање мостри и анализа. (2) При спроведувањето на официјалните контролни активности, методи и техники врз храна за животни се применуваат одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 76-а Мониторинг за безбедност на храна за животни (1) Мониторинг на безбедноста на храната за животни се врши заради откривање на присуство на резидуи, контаминенти, и недозволени или непожелни супстанции, сировини и производи во храната за животни. (2) Мониторингот за безбедноста на храната за животните се врши согласно со методологијата за спроведување на мониторингот од став (3) на овој член. (3) Директорот на Агенцијата ја пропишува методологијата за спроведување на мониторингот за безбедноста на храната за животните и параметрите кои се следат во однос на безбедност на храната за животните. (4) Мониторингот за безбедноста на храната за животни се спроведува преку: мерење, следење, оцена и контрола на одредени параметри, критериуми и барања за храната за животни кои се поврзани со исполнување на општите и посебните барања за безбедност на храната за животни и следење на состојбата на безбедноста на храна за животни со цел да ги идентификува и карактеризира опасностите по здравјето на животните, здравјето на луѓето и заштитата на животната средина, да ја процени изложеноста и да го утврди ризикот поврзан со наведените парамтери, критериуми и барања за безбедност на храна за животни. (5) Мониторинг се врши во сите фази на ланецот на безбедност на храната за животни, во фаза која е најсоодветна за одреден параметер, критериум или барање за безбедност на храна за животни. (6) Кога со испитувањата се утврдат позитивни резултати на присуство на резидуи контаминенти, недозволени или непожелни супстанции, сировини и производи, трошоците кои произлегуваат од официјалните контроли и анализите направени за понатамошно испитување се на товар на сопственикот или лицето кое е одговорно за животните или производите, односно кое ги става во промет. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 41 од 54 (7) Мониторингот за безбедноста на храната за животни се врши врз основа на годишна програма за мониторинг за безбедност на храна за животни, која ја донесува Владата на Република Македонија на предлог на директорот на Агенцијата. (8) Средствата за спроведување на програмата од ставот (7) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. (9) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи, контаминенти, недозволени и непожелни супстанции, сировини и производи во храната за животни, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи, контаминенти, недозволени супстанции, сировини и производи и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи, контаминенти, недозволени супстанции, сировини и производи како и општите и посебните барања и услови и активности кои треба да ги исполнат и спроведат операторите со храна за животни за спречување и елиминирање на појавата на присуство на резидуи, контаминенти, недозволени супстанции, сировини и производи во храната за животни. Член 77 Методи на земање мостри и анализа (1) Методите на земањето мостри и анализа кои се користат при официјалните контроли мора да се во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз оснва на тој закон како и со одредбите од Законот за ветеринарно здравство и прописите донесени врз основа на тој закон. (2) Доколку не постојат прописи согласно со ставот (1) од овој член, тогаш се применуваат: а) со меѓународните прифатени правила или протоколи, правила и протоколи кои Европскиот совет за стандардизација (CEN) ги прифатил или за оние кои се прифатени во законодавството на Европската унија или б) во отсуство на правила и протоколи од точката а) на овој став со други методи соодветни за целите за кои се наменети или развиени во согласност со научните протоколи. (3) Во случаи каде методите на земање на мостри и анализи од ставот (1) на овој член не се применуваат, валидацијата на методите и анализите може да се одвива во секоја лабораторија во согласност со меѓународно прифатениот протокол. (4) Кога е возможно методите на анализа треба да се карактеризираат со соодветни критериуми кои се пропишани со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз оснва на тој закон како и со одредбите од Законот за ветеринарно здравство и прописите донесени врз основа на тој закон. (5) Операторите со храна за животни чии производи се предмет на земање мостри и анализа, имаат право на дополнително стручно мислење, без да се прејудицира притоа обврската на надлежниот орган за преземање итни мерки во случај на ненадејна опасност. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 42 од 54 (6) Агенцијата особено треба да осигури, операторите со храна за животни да добијат доволен број мостри за дополнително стручно мислење, освен кога тоа е невозможно во случај на лесно расипливите производи или поради многу мали количини од расположлив супстрат. (7) Мострите мора да бидат земени, обележани и со нив да се постапува на начин кој ја гарантира нивната правна и аналитичка валидност. (8) Трошоците на земање мостри и спроведување на анализата од овој член ги сноси Агенцијата, освен во случаите од ставот (7) на овој член и доколку резултатот од анализата е неповолен. (9) Средствата за трошоците од ставот (8) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Оддел II ОПШТИ НАЧЕЛА НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ КОНТРОЛИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИТЕ Член 78 Општи услови и должности на надлежниот орган (1) Агенцијата спроведува официјални контроли низ целиот ланец на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни вклучувајќи земање мостри, со цел да се осигура усогласеност со целите и од овој закон. (2) Кога Агенцијата ќе утврди дека прометот и употребата на храната за животни претставува опасност за здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните и животната средина, презема соодветни мерки за одстранување, елиминирање или намалување на прифатливо ниво на опасноста. (3) На барање на овластеното лице на Агенцијата, лицето кое е одговорно за производство, преработка, дистрибуција или употребата на храната за животни, е должно да ги даде бараните податоци и информации и да преземе соодветни мерки и активности за воспоставување на сообразност на храната за животни од одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, како и од одредбите на законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз основа на тој закон. Член 79 Постапка за едукација (1) Доколку при вршење на официјалниот надзор овластеното лице утврди дека е сторена неправилност од членот 103 став (1) на овој закон, e должно да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од 15 дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на операторот со храна за животни кој е одговорно за производство, преработка, дистрибуција или употребата на храната за животни каде што е утврдена неправилноста при вршење на официјалната контрола. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува директорот на Агенцијата. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 43 од 54 (3) Едукацијата ја организира и спроведува Агенцијата, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведување на официјалниот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин операторот со храна за животни над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку операторот со храна за животни над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку овластеното лице при спроведување на официјалните контроли утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (2) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на официјалниот надзор. (8) Доколку овластеното лице при спроведување на службената контрола утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочниот орган согласно со овој закон. (9) Агенцијата води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од Директорот на Агенцијата. Член 80 Квартален извештај За извршените службени контроли овластените лица изготвуваат квартален преглед кој се објавува на веб страницата на Агенцијата. Оддел III ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ ЗА ВРЕМЕ НА УВОЗ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 81 Официјални контроли на храна за животни од животинско потекло Покрај контролите кои се вршат согласно со прописите за ветеринарно здравство за ветеринарните прегледи и контроли на производите на граничните премини, Агенцијата ќе спроведе дополнителни контроли кои се сметаат за неопходни за да се верификува усогласеноста со овој закон и одредбите за официјални контроли на увезена и извезена храна за животни од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 82 Официјални контроли за храната за животни од неживотинско потекло Агенцијата спроведува редовни официјални контроли на храната за животни која не е од животинско потекло, која се увезува во Република Македонија, а која не е опфатена со прописите за производи кои подлежат на задолжителен ветеринарно-санитaрен преглед на граница. Контролите се спроведуваат врз Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 44 од 54 основа на повеќегодишниот контролен план изготвен согласно со одредбите на законот со кој се уредува безбедноста на храната и во смисла на потенцијален ризик. Контролите треба да ги покријат сите аспекти на прописите за безбедност на храната за животни и да се во согласност со одредбите за видови контроли на храна за животни од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 83 Видови контроли на храна за животни од неживотинско потекло (1) Официјалните контроли на храната за животни од неживотниско потекло при влез во Република Македонија вклучуваат најмалку комплетен преглед на документи, преглед на идентитетот по случаен избор и ако е соодветно физички преглед кој може да вклучи и земање на мостри. (2) При спроведувањето на официјалните контроли на храна за животни од неживотинско потекло се применуваат одредбите за видови контроли на храна за животни од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 84 Места на влез и претходно известување Агенцијата за организирање на официјалните контроли за храната за животни која се увезува: а) назначува на кои места се спроведуваат контролите за одделни типови на храна за животни и б) воспоставува процедура за операторите со храна за животни за доставување на претходна нотификација за нивното пристигање и карактерот на пратката. Член 85 Постапки во случај на сомневање (1) Кога постои сомнение за несообразност, или сомнение за идентитетот или вистинската дестинација на пратката, или несоодветност меѓу пратката и сертификатот, Агенцијата спроведува официјални контроли со цел на потврдување или отстранување на сомнението. (2) Агенцијата ја става пратката под официјален надзор до добивање на резултати на наведените официјални контроли. Член 86 Активности по официјалните контроли на храната за животни увезена од трети земји Агенцијата презема соодветни мерки доколку при спроведувањето на официјалните контроли утврди дека храната за животни увезена од трети земји не е во сообразност со одредбите на прописите за безбедност на храната и/или утврди дека пратката е штетна по здравјето на луѓето и здравстената заштита на животните или е небезбедна, и по консултација со операторот со храна за животни одоговорен за пратката, презема и наредува мерки согласно со одредбите за активностите на официјална контрола на увезената храна за животни од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 45 од 54 Член 87 Посебен третман (1) Посебниот третман на храната за животни може да вклучи: а) третман или преработка на храната за животни за да се доведе во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, како и од одредбите од законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз основа на тој закон, или со барањата од земjа во која се враќа или пренасочува, вклучително и доколку е соодветно деконтаминација, но со исклучок на разредување и б) преработка на соодветен начин за други цели освен за исхрна на животни и луѓе. (2) Посебниот третман се врши во објектите под надзор на Агенцијата и во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Член 88 Препраќање на пратки Агенцијата ќе дозволи препраќање на пратките со храна за животни согласно со одредбите за препраќање на пратките од законот со кој се уредува безбедноста на храната. Член 89 Трошоци Операторите со храна за животни одговорни за пратката или нивни претставници се должни да ги подмират трошоците на Агенцијата за активностите на спроведување на мерките на дополнителни контроли согласно со одредбите од законот за безбедност на храната на животни која се увезува во Република Македонија. Член 90 Соработка со царинските служби (1) За организација на официјални контроли за време на увоз на храна за животни, Агенцијата и царинските служби воспоставуваат соработка. (2) Царинските служби не смеат да дозволуват влез или ракување со храна за животни без одобрение од Агенцијата. (3) Кога се земаат мострите, Агенцијата мора да ги информира царинските служби и операторите со храна за животни кои се засегнати и да назначи дали може или не може храната за животни да се стави во промет пред да се добијат резултатите од анализите, при што треба да се гарантира следливост на пратката. (4) Во случај на ставање во промет, Агенцијата и царинските служби соработуваат согласно со прописите за царинско работење. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 46 од 54 Член 91 Мерки на имплементирање Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува: а) ветеринарно-санитарните услови кои треба да ги исполнува храната за животни која се увезува во Република Македонија; б) начинот на преглед на храната за животни која се увезува во Република Македонија и в) постапката со храна за животни: увезена или ставена под царинска постапка, храна за животни порачана од далеку (на пример преку пошта, телефон или интернет) и испорачана до потрошувачот, храна за животни наменета за домашни миленици и коњи кои се во сопственост на патници или посадата на меѓународни средства за транспорт, пратките со потекло од Република Македонија кои се вратени од трета земја, документи кои мора да ги придружуваат пратките кога се земаат мострите и формата и содржината на сертификати, квалификациите на официјалниот ветеринар кој го потпишува сертификатот и принципите и процедурата за сертификација. Член 92 Финансирање на официјалните контроли Средствата за финансирање на официјалните контроли на храна за животни се обезбедуваат согласно со одредбите од Законот за ветеринарно здравство. Член 93 Надоместоци (1) За покривање на трошоците за спроведување на официјалните контроли се плаќа надоместок. (2) Операторите со храна за животни плаќаат надоместок за: а) постапките за регистрација или одобрување на објектите и операторите на храна за животни; б) спроведување на официјални контроли на храната за животни и в) контрола на увоз на храна за животни. (3) Кога ќе се утврди неусогласеност која налага спроведување на официјалните контроли кои ги надминуваат вообичаените контролни активности на Агенцијата, трошоците за тие дополнителни активности ги сноси операторот со храна за животни одговорен за таквата неусогласеност или може да ги товари операторите кои се сопственици или кои ги чуваат производите во времето кога дополнителните официјални контроли се изведуваат, за трошоците кои произлегуваат од дополнителните официјални контроли. Aктивностите кои ги надминуваат вообичаени контролни активности вклучуваат земање и анализа на мостри, како и други контроли кои се потребни за да се провери големината на проблемот, да се верификува дали се преземени корективни активности или да открие и/или утврди несообразност. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 47 од 54 (4) Трошоците за извршените контроли не може да се рефундираат, директно или индиректно, освен ако се неправилно наплатени. (5) Операторите со храна за животни треба да примат доказ за нивното плаќање на трошоците. (6) Поблиските критериуми од ставот (3) на овој член за одредување на висината на трошоците, како и начинот на нивно пресметување и плаќање ги пропишува Владата на Република Македонија. Член 94 Повеќегодишни програми, годишни програми и годишни наредби за здравствена заштита на животните и за јавно ветеринарно здравство (1) Заради спроведување на ветеринарно-санитарните мерки и контроли директорот на Агенцијата најдоцна до 31 декември секоја година, донесува годишна наредба за извршување на ветеринарно-санитарните мерки и контроли на безбедноста на храната за животни од аспект на ветеринарното јавно здравство и го определува периодот за извршување на тие мерки за наредната година. (2) За извршување на мерките од ставот (1) на овој член, Владата на Република Македонија донесува годишна програма за користење на средства за извршување на ветеринарно санитарните мерки и контроли на безбедноста на храната за животни од аспект на ветеринарното јавно здравство. (3) Директорот на Агенцијата го координира спроведувањето на годишната наредба и годишната програма од ставовите (1) и (2) на овој член. (4) Директорот на Агенцијата до 30 април доставува годишен извештај до Владата на Република Македонија за начинот на користење на средствата од годишната програма од ставот (2) на овој член. Член 95 Мерки во случај на несообразност (1) Кога Агенцијата или контролните тела утврдат постапување спротивно од одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, како и од одредбите на законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз основа на тој закон мора да преземат мерки со кои ќе се осигури отстранување на утврдените недостатоци. При одлучувањето кои мерки ќе бидат превземени, Агенцијата или контролните тела ги земаат предвид видот на прекршокот и дотогашните постапувања на операторите со храна за животни во спроведувањето на прописот. (2) Мерките од ставот (1) на овој член вклучуваат според потребата и: а) воведување ветеринарно-санитарни или други постапки, кои се сметаат за потребни како би се осигурила здравствената исправност на храната за животни, или спроведување на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон како и од одредбите на законот со кој се уредува безбедноста на храната и прописите донесени врз основа на тој закон, или прописите донесени врз основа на Законот за заштита и благосостојба на животните; б) ограничување или забрана за ставање во промет, увоз и/или извоз на храната за животни; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 48 од 54 в) мониторинг и (спрема потреба) наредба храната за животни да се повлече, врати и/или уништи; г) одобрување храната за животни да се користи во други цели од оние за кои била првобитно наменета; д) привремена забрана за работа или затворање на целиот или еден дел од објектот за храна за животни на соодветен временски интервал; ѓ) привремено или трајно ставање надвор од сила на одобрението за работа на објектот кој се занимава со храна за животни; е) мерки одредени со посебен пропис за пратките од увоз и ж) останати мерки кои Агенцијата ги смета за потребни. (3) Спрема потребата, Агенцијата го информира за својата одлука надлежниот орган во земјата на потекло. (4) Сите трошоци настанати во врска со спроведувањето на одредбите од овој член ги сноси одговорниот оператор со храна за животни. Член 96 Повеќегодишен план за контроли (1) За да се осигури ефективна имплементација на официјалните контроли, Агенцијата изработува и донесува повеќегодишен план за контроли на храна за животни. Повеќегодишниот план за контроли на храната за животни може да биде составен дел на други повеќегодишни планови за контрола. (2) Повеќегодишниот план за контрола се објавува во „Службен весник на Република Македонија” и на веб страницата на Агенцијата. Член 97 Извештај (1) Директорот на Агенцијата изготвува годишен извештај за спроведување на повеќегодишниот план за официјалните контроли кој го доставува до директорот на Агенцијата и Европската комисија најдоцна до 31 март во тековната година. (2) Директорот на Агенцијата ја пропишува формата и содржината на годишниот извештај за спроведување на повеќегодишниот план за официјални контроли. Член 98 Меѓусебна соработка меѓу националните надлежни тела Кога резултатите од официјалните контроли на храната за животни, било на територијата на Република Македонија, или на територијата на друга држава, бараат преземање мерки во повеќе држави, Агенцијата соработува со надлежните тела од другите држави. Член 99 Соработка со други органи Инспекциите кои не се опфатени во рамките на надлежниот орган се должни при спроведувањето на официјалните контроли да соработуваат со Агенцијата, да учествуваат при изработувањето на повеќегодишен национален план за контрола, Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 49 од 54 да учествуваат во изработката на годишен извештај за официјалните контроли, како и да осигурат финансирање на официјалните контроли во рамките на своите надлежности. Глава IX ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 100 Службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, или со неизвршување на својата службена должност, нема да одлучи по жалба во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на жалба против решението на Агенцијата со кое се одбива неговото барање за одобрување на оператор и објект со храна за животни согласно со членот 27 став (9) од овој закон, кривично ќе одговара согласно со закон. Член 101 Прекршоци (1) Глоба во износ од 5.000 евра во денaрска противвредност ќе му се изрече на правно лице, доколку: 1) врши увоз или внес на храна за животни во Република Македонија спротивно на условите наведени во членот 10 став (2) од овој закон; 2) врши извоз на храна за животни од Република Македонија спротивно на условите наведени во членот 11 од овој закон; 3) става во промет или употребува храна за животни која не ги исполнува барањата врзани за здравствената исправност на храната за животни наведени во членот 12 од овој закон; 4) храната за животни не ги задоволува прописите за безбедност на храната за животни во однос на барања за исправност на храна за животни во согласност со членот 23 став (1) од овој закон; 5) при вршење на која било фаза на производство, преработка и дистрибуција на храна не ги задоволуваат хигиенски услови наведени во членот 24 ставови (2) и (3) од овој закон; 6) користат храна за животни од објекти и оператори со храна за животни кои не се регистрирани и/или одобрени во согласност со прописите за храната за животни согласно со членот 24 став (5) од овој закон; 7) не воспостави, имплементира и одржува редовни документирани постапки во согласност со принципите на HACCP како што е наведено во членот 25 ставови (1), (2), (3) и (5) од овој закон; 8) објектите кои се под нивна контрола не се регистрирани кај надлежниот орган во согласност со одредбите на членот 26 ставови (1) и (2) од овој закон; 9) објектите кои се под нивна контрола не се одобрени од надлежниот орган во согласност со одредбите на членот 27 ставови (1) и (2) од овој закон; 10) стави во промет суровини на храна за животни кои не ги исполнуваат одредбите на членот 35 ставови (1), (2), (3), (4), (5), (6), (7) и (8) од овој закон; 11) стави во промет крмни смеси кои не ги исполнуваат одредбите на членот 37 ставови (1) и (2) од овој закон; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 50 од 54 12) стави во промет храна за животни со посебни нутритивни цели кои не ги исполнуваат одредбите на членот 40 од овој закон; 13) стави во промет одредени производи кои се користат во исхраната на животните кои не ги исполнуваат одредбите на членот 41 од овој закон; 14) стави во промет ензими и микроорганизми и нивни подготовки кои се користат во исхраната на животните кои не ги исполнуваат одредбите на членот 42 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој закон; 15) стави во промет адитиви на храна за животни кои не ги исполнуваат одредбите на членот 43 ставови (1), (2) и (5) од овој закон; 16) адитивот кој го става во промет не ги исполнува условите наведени во членот 44 ставови (2), (3) и (4) од овој закон; 17) адитивите и нивните премикси кои ги става во промет се обележани или пакувани спротивно на одредбите од членовите 50 став (1) и 52 од овој закон; 18) адитивите кои се употребуваат во храна за животни не ги исполнуваат општите услови пропишани во членот 52 од овој закон; 19) медицираната храна за животни не ги исполнува општите услови за медицирана храна за животни пропишани во членот 55 од овој закон; 20) медицираната храна за животни не ги исполнува посебните услови за медицирана храна за животни пропишани во членот 56 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој закон; 21) става во промет медицирана храна за животни спротивно на одредбите на членот 57 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 22) медицираната храна за животни не е означена во согласност со членот 58 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 23) врши снабдување и употреба на медицинирана храна до фармери или одгледувачи на животни спротивно на одредбите од членот 59 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој закон; 24) става во промет производи наменети за исхрана на животните кои содржат непожелни супстанции спротивно на одредбите на членот 61 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој закон и 25) става во промет ГМ храна за животни спротивно на членот 65 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член ќе му се пропише на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) од овој член. (3) Глоба во износ од 500 до 750 евра во денарска противвредност ќе му се пропише на физичкото лице за прекршоците од ставот (1) од овој член. Член 102 (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денaрска противвредност ќе му се изрече на правно лице, доколку: 1) храната за животни која ја става во промет не е означена, рекламирана и презентирана во согласност со одредбите наведени во членот 13 на овој закон; 2) ги храни животните со храна за животни која не ги исполнува одредбите од членот 14 став (1) од овој закон; 3) не воспостави систем на следливост на храната за животни во согласност со одредбите пропишани во членот 15 од овој закон; Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 51 од 54 4) не постапи согласно одредбите од членот 16 на овој закон за храната за животни која е увезена, произведена, преработена, изработена или дистрибуирана, а не ги исполнува барањата за здравствена исправност на храната за животни; 5) храната за животни не ги задоволува прописите за биолошка, хемиска или физичка безбедност на храната за животни во однос на барањато за исправност на храна за животни во согласност со членот 23 став (2) од овој закон; 6) стави во промет крмни смеси кои не ги содржат карактеристиките за задолжително означување во согласност со одредбите од членот 38 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 7) стави во промет крмни смеси кои не ги содржат карактеристиките за дополнително означување во согласност со одредбите од членот 39 на овој закон и 8) не ја осигури следливоста и означувањето на ГМ храна или ГМ храна за животни како и означувањето на новите храни во согласност со членот 68 ставови (1) и (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член ќе му се пропише на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се пропише на физичкото лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 103 (1) Глоба во износ од 1.000 евра во денaрска противвредност ќе му се изрече на правно лице, доколку: 1) ги храни животните со храна за животни која не ги исполнува одредбите од членот 14 став (2) на овој закон; 2) при вршењето на примарно производство и придружни дејности не ги исполнува општите и посебните хигиенски услови согласно со членот 24 став (1) од овој закон; 3) не ги задоволуваат барањата за добра пракса за исхрана на животните наведени во членот 24 став (4) од овој закон и 4) не применува добра пракса за исхрана на животните во согласност со членот 34 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член ќе му се пропише на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се пропише на физичкото лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 103-а „(1) Глоба во висина од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од Агенцијата ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврден во членовите 10 став (5) и 27 став (5) од овој закон. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите ако не ги достави бараните докази во рокот утврден во членовите 10 став (6) и 27 став (6) од овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 52 од 54 (3) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од Агенцијата ако не реши по барањето во рокот утврден во членовите 10 ставови (7), (8) и (14) и 27 ставови (7), (8) и (10) од овој закон. Член 104 Прекршочен орган (1) За прекршоците од членовите 101, 102 и 103 на овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Агенцијата, на начин утврден согласно Законот за ветеринарно здравство. (2) За прекршоците од членот 69-а од овој закон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. Член 104-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците. Глава X ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 105 Период на транзиција (1) Подзаконските прописи утврдени со овој закон, Директорот на Агенцијата ќе ги донесе во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До донесување на прописите од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните прописи. (3) Подзаконскиот пропис од членот 79 став (2) и (3) на овој закон, директорот на Агенцијата ќе го донесе во рок не подолг од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 106 Преструктуирање на објектите и операторите со храна за животни (1) Физичките и правните лица, кои вршат дејности опфатени со овој закон, се должни најдоцна во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон. (2) Лицата од ставот (1) на овој член се должни во рок од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат пријава со план за усогласување на своето работење до Агенцијата на одобрување. (3) На лицата од ставот (1) на овој член кои нема да поднесат пријава со план за усогласување на своето работење во рок утврден во ставот (2) од овој член, Агенцијата ќе забрани натамошно работење и ќе го извести Централниот регистар на Република Македонија за бришење на дејностите што ги вршат овие лица опфатени со овој закон. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 53 од 54 Член 107 Одредбите на членовите 2, 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14 , 15, 16, 20, 21, 22, 23, 24 ставови (1), (3), (4) и (5), 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 64, 65, 66, 67, 68, 69, 70, 71, 72, 73, 74, 76, 77, 84, 86, 87, 88, 89, 91, 93, 94 и 95 од овој закон престануваат да важат со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Член 108 Престанување на важење Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/98), кои се однесуваат на храната за животни и исхраната на животни. Член 109 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за дополнување на Законот за безбедност на храната за животните (“Службен весник на РМ” бр.53/11) Член 2 Подзаконскиот акт предвиден со овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 3 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животните (“Службен весник на РМ” бр.1/12) Член 16 Подзаконскиот акт од членот 7 од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 17 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови 54 од 54 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животните (“Службен весник на РМ” бр.33/15) Член 3 Програмата за мониторинг за безбедност на храната за животни, Владата на Република Македонија ќе ја донесе најдоцна до 1 јануари 2016 година. Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животните (“Службен весник на РМ” бр.149/15) Член 5 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за ветеринарно здравство. Член 6 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животните (“Службен весник на РМ” бр.53/16) Член 8 Подзаконските акти чие донесување е утврдено со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на донесувањето на овој закон. Член 9 Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 10 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува со започнувањето на примена на Законот за општа управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15).

Law on animal food safety · Nelum