Law on agricultural inspection
颁布于 2004-06-17 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за земјоделската инспекција.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development
- 关键词
- inspection, data collection/reporting, agricultural land, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ИНСПЕКЦИЈА Сл.Весник на Р.Македонија бр.38 од 17.06.2004 година I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Cо овој закон се уредуваат начинот на организирање, надлежностите, овластувањата и вршење на работата на земјоделската инспекција. Член 2 Работите од надлежноста на земјоделската инспекција се вршат преку Државниот инспекторат за земјоделство (во натамошниот текст: Инспекторот), како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. II. ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Член 3 Инспекторатот врши инспекциски надзор над спроведувањето и примената на законите и другите прописи од страна на: државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и на правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството. Член 4 Работите од надлежност на Инспекторатот ги вршат државните инспектори за земјоделство (во натамошниот текст: инспектор), самостојно и врз основа и во рамките на овластувањата утврдени со закон од областа на земјоделството и со друг закон. Член 5 Работите на инспектор може да ги врши дипломиран земјоделски инженер, кој ги исполнува општите услови пропишани со прописите за државни службеници. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 III. НАДЛЕЖНОСТ И ОВЛАСТУВАЊА НА ИНСПЕКТОРОТ Член 6 При вршењето на инспекциски надзор, инспекторот мора да има легитимација со која се докажува неговото службено својство и при вршење на надзорот е должен да ја покаже. Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава и ја одзема министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Формата и содржината на образецот, како и начинот на издавањето и одземањето на легитимацијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 7 Во вршењето на работите од својата надлежност, инспекторот е овластен: 1. Да оствари увид во извршувањето на законите и другите прописи, при што субјектите од членот 3 на овој закон се должни да му обезбедат непречен пристап во вршењето на работите при инспекцискиот надзор и да обезбедат точни податоци и материјали доколку тој ги бара од нив; 2. Да врши надзор во прометот на: растенијата, производите; средствата и предметите и други работи определени со закон од областа на земјоделството, при увозот, извозот, реекспортот и транзитот преку државната граница; 3. Да врши преглед и контрола на: земјоделското земјиште, земјоделските посеви и насади, на евиденцијата за приплодниот и друг добиток, просториите каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи, опремата со која се врши таа преработка и доработка, процесот на преработка и доработка во сите фази се до финалниот производ, просториите за чување и одржување на земјоделските производи, зелен и сточен пазар, земјоделската техника, деловните простории, деловните книги, договорите, пописните листи како и на другата документација преку која се остварува увид во извршувањето на законите од областа на земјоделството и другите закони од страна на субјектите од членот 3 на овој закон; 4. Да врши надзор над вкупните количини производи од растително потекло, опфатени со сертификатот издаден од овластените правни лица и институциите; 5. Да земе изјава од одговорното лице во правното лице, од физичките лица да го утврдува нивниот идентитет и да прибира податоци и 6. Инспекторот по потреба може да користи услуги на научни и стручни установи и од стручни лица. Член 8 Кога инспекторот ќе оцени дека растенијата, производите и репроматеријалите и друго од делокругот на работата на субјектите од членот 3 на овој закон не одговараат на пропишаните услови, пропишаните стандарди и квалитет ќе земе потребен број мостри за превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 анализа согласно со законот и ќе ги достави на овластена установа за анализа. За резултатите од извршената анализа, инспекторот е должен веднаш писмено да го извести одговорното лице во правното лице, односно физичкото лице од кој се земени мострите за анализа. Ако субјектот од кој е земена мострата, не е задоволен од резултатот на анализата, може да побара и супер анализа од овластена установа за супер анализа, во рок од осум дена од денот на приемот на резултатот од анализата, односно извештајот, ако со друг закон поинаку не е определено. Доколку резултатите од анализата и од супер анализата се различни се зема резултатот од супер анализата. Трошоците од анализата односно од супер анализата паѓаат на товар на субјектот од кој е земена мострата, доколку според добиените резултати од растенијата, производите и репроматеријалите не одговараат на пропишаните услови, пропишаните стандарди и квалитет. Во случај кога според резултатите од анализата, односно супер анализата одговараат на пропишаните услови, пропишаните стандарди и квалитет, трошоците паѓаат на товар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 9 За извршениот инспекциски надзор, инспекторот е должен да состави записник во кој се внесува наодот за состојбата и предложените мерки. Примерок од записникот од ставот 1 на овој член, му се доставува на одговорното лице во правното лице или му се врачува на физичкото лице кое присуствува при вршењето на инспекцискиот надзор. Ако инспекторот при вршење на инспекцискиот надзор утврди дека законот или другиот пропис не е применет или е неправилно применет од страна на правното или физичкото лице, должен е да донесе решение со кое ќе нареди да се отстранат неправилности во определен рок или ќе изрече управна мерка предвидена со закон. Член 10 Против решението на инспекторот од членот 9 став 3 на овој закон, може да се изјави жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 15 дена од денот на добивањето на решението. Жалбата изјавена против решението на инспекторот не го одлага извршувањето на решението. Член 11 Ако инспекторот утврди дека со повреда на закон или друг пропис е сторен прекршок или кривично дело, должен е без одлагање да поднесе до надлежниот суд барање за покренување на прекршочна постапка, односно пријава за кривично дело. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 Член 12 Ако при надзорот се констатира дека правното или физичкото лице, пуштило во промет растенија, производи, средства и предмети без соодветна документација, без потекло и со изминат рок, инспекторот е должен привремено да ги одземе растенијата, производите, средствата и предметите употребени за извршување на прекршокот, односно кривичното дело и да ги предаде на надлежниот суд. За привремено одземените растенија, производи, средства и предмети со кои е сторен прекршокот или кривичното дело инспекторот е должен да издаде потврда со точно назначување, опис, број и количина. Формата и содржината на образецот на потврдата од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ако одземените растенија, производи и средства подлежат на брзо пропаѓање или расипување, судот може да одлучи истите да се продадат или уништат без надоместок. Средствата добиени од продажбата се приход на Буџетот на Република Македонија. Кога одземените растенија, производи, средства и предмети се од непознати лица Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да ги продаде или уништи комисиски. Комисијата ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водо-стопанство. Средствата добиени од продажбата се приход на Буџетот на Република Македонија. Член 13 Инспекторот е должен да ги зема во постапка пријавите и претставките од органите на државната управа, од правните и физичките лица и од здруженијата на земјоделците за повредата на извршувањето на законите и другите прописи од надлежност на Инспекторатот. Инспекторот е должен да ги извести подносителите на пријавите и претставките од ставот 1 на овој член за утврдената состојба и за преземените мерки. Член 14 Ако инспекторот утврди дека со сторениот прекршок или кривично дело е остварена противправна имотна корист или настанала штета, должен е во поднесеното барање за прекршочна постапка или кривично дело, да ја наведе висината на таа корист и да бара да се одземе од сторителот или да ја надомести штетата на оштетениот. Член 15 Кога е тоа предвидено со закон, инспекторот може да наплати и парична казна на самото место (мандатна казна). Член 16 Инспекторот е должен да ја чува службената тајна и сите податоци што ги дознал при вршењето на инспекцискиот надзор. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 5 Член 17 Во вршење на инспекцискиот надзор, инспекторот ги применува одредбите на Законот за општата управна постапка, освен ако со друг закон поинаку не е определено. Член 18 Ако инспекторот утврди дека постои основа за преземање на други мерки, за кои е надлежен друг орган на државната управа, е должен за тоа да го извести. IV. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ Член 19 Cо парична казна од 50.000 до 300.000 денари, ќе се казни за прекршок правното лице, ако: При вршењето на инспекцискиот надзор му оневозможува на инспекторот да постапи според членот 7 на овој закон; 2. Hе му дозволи на инспекторот да земе мостри (член 8 став 1); 3. Hе постапи по решението на инспекторот (член 9 став 3) и 4. Hе му дозволи на инспекторот привремено да ги одземе растенијата, производите, средствата и предметите (член 12 став 1). За прекршокот од ставот 1 на овој член, освен парична казна на правното лице ќе му се изрече и мерка на безбедност забрана за вршење на дејност во траење од шест месеци до една година. Cо парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок од ставот 1 на овој член и одговорното лице на правното лице и ќе му се изрече мерка на безбедност забрана за вршење на должност во траење од три месеци до една година. Член 20 Cо парична казна од 15.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок и физичко лице ако стори некое од дејствијата на членот 19 став 1 од овој закон. Член 21 Покрај паричната казна за прекршокот од членовите 19 и 20 на овој закон, ќе се изрече и мерка на безбедност одземање на растенијата, производите, средствата и други предмети што се употребени за извршување на прекршокот, a по донесена судска одлука со која е утврдено извршувањето на прекршокот, одземање на материјалната корист прибавена со извршување на прекршокот. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 6 V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 22 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го пропише образецот од членот 6 став 3 на овој закон, како и образецот од членот 12 став 3 на овој закон во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законот. Член 23 Cо денот на влегувањето во сила на овој закон, престанува да важи Законот за земјоделската инспекција ("Службен весник на СРМ" број 39/77, 28/87, 51/88 и 20/90 и "Службен весник на Република Македонија" број 83/92). Член 24 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".