跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on water economies

颁布于 2011-12-27 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

research.laws.repealedOn

关于这部法律

原标题
Законот за изменување и дополнување Закон за водостопанствата.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Water
关键词
water supply, local government

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година 20120010004 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 27 декември 2011 година. Бр. 07- 5401/1 27 декември 2011 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА Член 1 Во Законот за водостопанствата (“Службен весник на Република Македонија“ број 85/2003, 95/2005 и 103/2008), членот 23 се менува и гласи: “Водостопанството има Одбор на корисници на вода составен од шест до 13 члена. Одборот е составен од членови избрани од: претставници од водните заедници од подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници од комуналните претпријатија за водоснабдување од подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници од корисниците на вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајки го и производството на електрична енергија, претставници од корисниците на услугите за одводнување од подрачјето на дејствување на водостопанството, претставници на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редот на државните службеници и стручни лица од областа на управување и користење на водите со соодветни познавања за хидроградежни работи и претставници предложени од Сојузот на земјоделци на Македонија со место на живеење од регионот во кој дејствува соодветното водостопанство.“ 1 од 2 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година Член 2 Членот 24 се менува и гласи: „Во водостопанството кое стопанисува со систем за одводнување каде што одводнувањето е приоритетна дејност и кое не испорачува вода, одборот е составен од седум до 13 члена избрани од: претставници на лицата сопственици на земјоделско и друго земјиште во рамките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници на лицата корисници на земјоделско земјиште и друго земјиште во државна сопственост во рамките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници на единиците на локалната самоуправа, претставници на државните субјекти кои се сопственици или користат земјиште, или објекти кои имаат потреба од одводнување и припаѓаат во системот за одводнување, претставници на водните заедници од подрачјето на дејствување на водостопанството, претставници на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редот на државните службеници и претставници предложени од Сојузот на земјоделци на Македонија.“ Член 3 Водостопанствата во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе ги усогласат своите статути со одредбите на овој закон. Член 4 Со денот на влегувањето во сила на овој закон одборите на корисници на вода продолжуваат со работа до основањето на новите одбори на корисници на вода согласно со одредбите на овој закон. Одборите на корисници на вода ќе се основаат во рок од најмалку 60 дена од денот на донесувањето на статутите. Член 5 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 2 од 2 www.pravdiko.com

Law amending the Law on water economies · Nelum