Law amending the Law on veterinary health
颁布于 2015-08-27 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal health, institution, hygiene/sanitary procedures, authorization/permit, governance
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.09.2015 година 1 од 2 20151544442 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 27 август 2015 година. Бр. 08-4000/1 Претседател 27 август 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВО Член 1 Во Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија" број 113/2007, 24/11, 136/11 и 123/12), во членот 40 по ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: „(8) Покрај случаевите од ставот (7) на овој член Агенцијата распишува нов јавен повик за вршење на активности од членот 26 од овој закон и за доделување на овластување на ветеринарни амбуланти, клиники и болници или ветеринарни служби на одгледувалиште кои почнале со работа по објавата на јавниот повик од ставот (1) на овој член.“ Ставовите (8) и (9) стануваат ставови (9) и (10). Член 2 Во членот 41 став (1) зборот „избраните“ се брише. Член 3 Во членот 63 став (2) во втората реченица зборовите: „до директорот на Агенцијата“ се заменуваат со зборовите: „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 4 Во членот 70 став (2) во втората реченица зборовите: „до директорот на Агенцијата“ се заменуваат со зборовите: „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.09.2015 година 2 од 2 Член 5 Во членот 86 став (3) во втората реченица зборовите „до директорот на Агенцијата“ се заменуваат со зборовите „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 6 Во членот 104 став (1) во втората реченица зборовите: „до директорот на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на добивањето на решението“ се заменуваат со зборовите: „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 7 Во членот 109 став (1) во воведната реченица бројот „500“ се заменува со зборовите „400 до 500“. Член 8 Во членот 110 став (1) во воведната реченица бројот „1.000“ се заменува со зборовите: „750 до 1.000“. Член 9 Во членот 111 став (1) точката 1) се менува и гласи: „1) не работи во согласност со одредбите на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство, не води редовно и не чува документирана евиденција на активностите, истражувањата и нивните резултати, кои се предмет на надзор и контрола од страна на Агенцијата (член 23).“ Во ставот (2) зборовите: „во износ од 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Член 10 Во членот 111-а став (2) зборовите: „во износ од 2.500 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Член 11 По членот 111-в се додава нов член 111-г, кој гласи: „Член 111-г Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците.“ Член 12 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за ветеринарно здравство. Член 13 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.