Law amending the Law on veterinary health (2011)
颁布于 2011-02-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на законот за ветеринарно здравство.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- legal proceedings/administrative proceedings, animal health, animal welfare, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, inspection, internal trade, international trade, transport/storage, offences/penalties
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 1 од 16 20110240599 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 23 февруари 2011 година. Бр. 07-1049/1 Претседател 23 февруари 2011 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВО Член 1 Во Законот за ветеринарно здравство (“Службен весник на Република Македонија“ број 113/2007), во членот 2 точка 7 по зборовите: „Ветеринарна комора“ се додаваат зборовите: „на Република Македонија“. Член 2 По членот 2 се додава нов член 2-а, кој гласи: „Член 2-а Супсидијарнa примена на законот (1) Во постапката за издавање на решенија ќе се применува Законот за општа управна постапка доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор ќе се применува Законот за инспекциски надзор и Законот за безбедност на храна, доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 3 Во текстот на законот зборот „министерот“ и зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборовите: „директорот на Агенцијата“, зборовите: „министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 2 од 16 зборот „Агенцијата“, а зборовите: „надлежен орган“ се заменуваат со зборот „Агенцијата“. Во текстот на законот по зборот „директорот“ се додаваат зборовите: „на Агенцијата“. Член 4 Во членот 3 точките 60 и 61 се бришат. Точките 62 и 63 стануваат точки 60 и 61. Во точката 64 која станува точка 62 зборовите: “Управата за ветеринарство како орган на државната управа во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство” се заменуваат со зборовите: “Агенцијата за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата)”. Точката 65 која станува точка 63 се менува и гласи: „63. “Директор на Агенцијата” е директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија;”. Точките 66 и 67 стануваат точки 64 и 65. Член 5 Во членот 5 став (1) точката 1 се брише. Точката 2 станува точка 1. Во точката 3 која станува точка 2 зборовите: “по договор со Министерството за потребите на надлежниот орган“ се заменуваат со зборовите: “за потребите на Агенцијата врз основа на договор“. Член 6 Членот 7 се менува и гласи: “Надлежности на Агенцијата Агенцијата се грижи за спроведување на политиката во вршењето на ветеринарната дејност од областа на ветеринарното здравство и ветеринарното јавно здравство.” Член 7 Членот 8 се брише. Член 8 Насловот на членот 10 се менува и гласи: “Активности на директорот на Агенцијата“. Во воведната реченица зборовите: “Управата за ветеринарство” се заменуваат со зборот “Агенцијата”. Во точката 2 зборовите: “му предлага на министерот” се заменуваат со зборот „објавува“. Во точката 8 по зборовите: „здравствена заштита “ се додаваат зборовите: „благосостојба на животните и идентификација“. По точката 13 се додаваат пет нови точки 14, 15, 16, 17 и 18, кои гласат: “14) обезбедува висок степен на координација со други органи на државната управа за спроведување на активностите од областа на ветеринарното здравство; 15) дава мислење по билатерални и мултилатерални меѓународни спогодби од ветеринарната област; 16) издава и одзема решенија за овластување за вршење на ветеринарната дејност од јавен интерес; 17) определува референтни лаборатории (домашни или странски) по претходно спроведена постапка на јавен конкурс, го одредува подрачјето на нивно дејствување, како и нивните обврски согласно со овој и друг закон од областа на ветеринарното здравство; Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 3 од 16 18) ги определува границите на епизоотиолошките подрачја и“. Точката 14 станува точка 19. Член 9 Во насловот на Одделот II по зборот „комора“ се додаваат зборовите: „на Република Македонија“. Член 10 Насловот на членот 13 се менува и гласи: „Ветеринарна комора на Република Македонија“. Во членот 13 став (1) по зборот „комора“ се додаваат зборовите: „на Република Македонија“, а по зборот „медицина“ се додаваат зборовите: „(во натамошниот текст: Комората)“. Во ставот (3) зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“, а по зборот „лиценци“ се додаваат зборовите: „надоместок за печатење и дистрибуирање на обрасците на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон“. Во ставот (4) зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“. Во ставот (5) во воведната реченица зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“, а во точката 8 зборот “Министерството” се заменува со зборот “Агенцијата”. По точката 8 се додава нова точка 9, која гласи: „9) печати и дистрибуира обрасците на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон;“. Точките 9 и 10 стануваат точки 10 и 11. Во ставот (6) броевите: „1, 2 и 3“ се заменуваат со броевите „1, 2, 3 и 9“. По ставот (7) се додаваат три нови става (8), (9) и (10), кои гласат: „(8) За печатените и дистрибуирани обрасци на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон, комората води евиденција. (9) За печатените и дистрибуирани обрасци на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон, ветеринарните друштва плаќаат надоместок во висина од стварно направените трошоци потребни за нивно печатење и дистрибуирање. (10) Формата и содржината на евиденцијата на печатени и дистрибуирани обрасци на документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон и висината на надоместокот за печатени и дистрибуирани документи за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон ги пропишува директорот на Агенцијата.“ Во ставот (8) кој станува став (11) зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“. Член 11 Во насловот на членот 14 зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „ Комората“. Во членот 14 став (1) броевите „1, 2 и 3“ се заменуваат со броевите „1, 2, 3 и 9“, а зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“. Во ставот (3) зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“, а зборот “Министерството” се заменува со зборот “Агенцијата”. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) За видовите на обрасците на документите за спроведување на активностите од членот 26 на овој закон, кои ќе ги печати и дистрибуира комората, Агенцијата и Комората ќе склучат договор.“ Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 4 од 16 Во ставот (4) кој станува став (5) зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“, а броевите „1, 2 и 3“ се заменуваат со броевите „1, 2, 3 и 9“. Во ставот (5) кој станува став (6) зборовите: „Ветеринарната комора“ се заменуваат со зборот „Комората“. Во точката 3 зборовите: „договорот од ставот (3)“ се заменуваат со зборовите: „договорите од ставовите (3) и (4)“. Член 12 Во членот 15 став (2) по точката 1 се додава нова точка 2, која гласи: „2) врши процена на пазарната вредност на заклани или убиени животни, производи, нус производи од животинско потекло и храна за животни согласно со членот 98-а од овој закон при спроведување на мерки за сузбивање и искоренување на заразни болести;“. Точките 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14 и 15 стануваат точки 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15 и 16. Член 13 Во членот 26 став (2) се додава нова точка 22, која гласи: „22) здравствена заштита на домашни миленици по однос на спроведување на заштитни мерки на контрола на беснило и идентификација и регистрација на кучиња.“ Член 14 Во членот 28 ставот (4) се менува и гласи: „Директорот на агенцијата ги пропишува ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештечко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција од ставот (3) на овој член и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони.“ Член 15 Во членот 30 ставот (2) се менува и гласи: „Директорот на Агенцијата ги пропишува поблиските услови во поглед на просториите, опремата и инструментите, како и начинот на вршење на прометот од ставот (1) на овој член, како и официјалните контроли при ставање во промет на семе, ембриони и јајце клетки.“ Член 16 Во членот 31 став (3) зборот “Министерството” се заменува со зборот “Агенцијата”. Член 17 Во членот 36 став (6) зборовите: “од министерот” се бришат. По ставот (6) се додаваат три нови става (7), (8) и (9), кои гласат: „(7) За извршување само на здравствена заштита на животните од членот 26 став (2) точки 1 и 22 покрај условите од ставот (1) на овој член ветеринарните амбуланти, клиники и болници треба да имаат склучено договор со одгледувачот. Одгледувачот може да склучи договор само со една ветеринарна амбуланта, клиника или болница. (8) Здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здравство од членовите 25, 26 и 33 на овој закон може да ја вршат и Ветеринарни служби на одгледувалиште доколку се одобрени согласно со членот 44 од овој закон и тоа само врз животните кои се сопственост на правното лице кое ја основало ветеринарната служба на одгледувалиштето. Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 5 од 16 (9) Трошоците за извршените активности согласно со ставот (8) на овој член се на товар на правното лице кое ја основало ветеринарната служба на одгледувалиштето.“ Ставовите (7), (8), (9) и (10) стануваат ставови (10), (11), (12) и (13). Член 18 Во членот 40 став (1) зборот “Министерството” се заменува со зборот “Агенцијата“. Член 19 По членот 40 се додава нов член 40-а, кој гласи: „Член 40-а Издавање на Решение за овластување (1) Издавањето на решение за овластување на ветеринарните служби на одгледувалиштето за вршење на активностите од областа на здравствена заштита на животните од членот 26 на овој закон, како и на ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои ќе вршат активности од областа на здравствена заштита на животните од членот 26 став (2) точки 1 и 22 на овој закон, се врши врз основа на поднесено барање. (2) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува до Агенцијата.“ Член 20 Во членот 42 став (1) алинеја 3 зборовите: “министерот ќе овласти со решение и директорот” се заменуваат со зборовите: “директорот на Агенцијата ќе овласти со решение и”. Член 21 Во членот 49 став (4) по зборовите: “задолжително се пријавуваат“ се додаваат зборовите: “начинот и постапката за утврдување на пазарната вредност во однос на директните загуби за сопствениците на животни од ставовите (2) точка а) и (3) точка б) алинеја 1 на овој член“. Член 22 Во членот 54 став (2) по точката 11 се додава нова точка 12, која гласи: „12) други посебни мерки во зависност од природата на болеста во согласност со трендовите и стандардите на Европската унија и ОИЕ;“. Точките 12 и 13 стануваат точки 13 и 14. Член 23 Во членот 55 став (2) по точката 15 се додава нова точка 16, која гласи: „16) други посебни мерки во зависност од природата на болеста во согласност со трендовите и стандардите на Европската унија и ОИЕ;“. Точките 16 и 17 стануваат точки 17 и 18. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Мерките од ставот (2) на овој член може да се применат и во случај на појава на болест согласно со членот 49 став (2) точка б) од овој закон.“ Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (5) и (6). Член 24 Во членот 57 ставот (5) се брише. Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 6 од 16 Член 25 Во членот 58 ставот (4) се менува и гласи: „Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите за ставање во промет за одделни видови на животни, нивната намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на животни.“ Член 26 Во членот 59 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на вршење на официјaлни контроли на живи животни на местото на потекло.“ Член 27 Во членот 60 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Директорот на Агенцијата го пропшишува начинот на вршење на официјaлни контроли на живи животни на местото на дестинација.“ Член 28 Во членот 65 став (2) воведната реченица се менува и гласи: “Директорот на Агенцијата ги прогласува слободните зони врз основа на податоците во однос на:“. Член 29 Во членот 66 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува условите за ставање во промет на производи и нуспроизводи од животинско потекло како и начинот и постапката за вршење на официјални контроли при промет на производи и нуспроизводи од животинско потекло.“ Член 30 Членот 71 се брише. Член 31 Во членот 77 став (1) зборовите: “производи и нуспроизводи од животинско потекло” се бришат. Член 32 Членот 78 се брише. Член 33 Во членот 80 став (2) по зборот „карантинот“ се додаваат зборовите: „посебните услови за одобрување на карантинскиот центар во зависност од видот на животните”. Член 34 Во членот 81 по ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат: „(3) Забранет е увоз на патоген материјал штетен за здравјето на луѓето или животните. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член, надлежниот орган може да одобри увоз на патоген материјал, само кога патогениот материјал е наменет за научно-истражувачки и дијагностички цели и веднаш по увозот да биде пренесен директно во соодветните научноистражувачки, дијагностички или образовни институции.” Ставот (3) кој станува став (5) се мeнува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 7 од 16 “(5) Директорот на Агенцијата ги пропишува условите за увоз на живи животни и производи и нуспроизводи од животинско потекло, објавува листи на трети земји и објекти од кои е дозволен нивниот увоз и содржината и формата на ветеринарно здравствениот сертификат или друг документ што ја придружува пратката од ставот (1) на овој член.“ Член 35 Во членот 82 ставот (4) се менува и гласи: „Владата на Република Македонија ги определува ветеринарните инспекциски места на граничните премини и ја пропишува постапката и начинот на определување на ветеринарните инспекциски места на граничните премини.“ Член 36 Во членот 84 став (1) во првата реченица по зборовите: “од животинско потекло” по запирката се додава зборот “најмалку”. Член 37 Во членот 85 став (2) по зборовите: “се однесуваат” се додава сврзникот “и”. По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Директорот на Агенцијата објавува листа на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои подлежат на проверки од ставот (1) на овој член.“ Во ставот (3) кој станува став (4) зборовите: “што ја донесува министерот, која се објавува” се заменуваат со зборовите: “што ја објавува директорот на Агенцијата”. Ставот (4) станува став (5). Член 38 Членот 95 се менува и гласи: „Внесување на производи во складовите во слободните зони, слободните складови и царинските складови (1) Mоже да биде дозволенo складирање на производи во складови во слободните зони, слободните складови, царинските складови, само во случаи кога одговорното лице однапред ќе се изјасни дека согласно со царинските прописи, пратката ќе биде пуштена во слободен промет или ќе се користи за некоја друга крајна намена и ќе се изјасни дали производите ги исполнуваат или не ги исполнуваат условите за увоз. доколку не е наведена нивната крајна намена, производите ќе се сметаат како да се наменети за пуштање во слободен промет. (2) За да се утврди дали пратките од ставот (1) на овој член ги исполнуваат условите за увоз, официјалниот ветеринар на граничен премин на влез врши нивна проверка и преглед согласно со членот 85 став (1) на овој закон. (3) За производите кои ги исполнуваат условите за увоз, официјалниот ветеринар на граничен премин на влез и царинскиот орган на граничниот премин на влез, одобруваат влез и складирање во складовите од ставот (1) на овој член. Овие производи ќе се сметаат како подобни за пуштање во слободен промет од ветеринарен аспект. (4) За производите кои не ги исполнуваат условите за увоз, официјалниот ветеринар на граничен премин на влез и царинскиот орган на граничниот премин на влез, може само да одобрат влез и складирање во складовите од ставот (1) на овој член, доколку: производите не потекнуваат од трета земја која е предмет на забрана согласно со членот 81 од овој зако и складовите во слободните зони, слободните складови и царинските складови се одобрени од надлежниот орган, за складирање на производи. Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 8 од 16 (5) Агенцијата, заради обезбедување на здравствената заштита на животните и јавното здравство, може да одбие влез во складовите од ставот (1) на овој член на производите кои не ги исполнуваат условите пропишани во прописите од областа на ветеринарното здравство. (6) Складовите во слободните зони, слободните складови и царинските складови треба да бидат одобрени од Агенцијата, за складирање на производи. (7) Пратките од ставот (1) на овој член не смеат да влезат во слободните зони, слободните складови или царинските складови, доколку не се заштитени со царинска пломба. (8) Производите кои се складираат во слободните зони, слободните складови или царинските складови се под постојан царински надзор. (9) Производите од ставот (4) на овој член може да ја напуштат слободната зона, слободните складови или царинските складови само во случај на извоз или уништување, по претходно издадена согласност од Агенцијата. (10) Сите настанати трошоци согласно со овој член, се на товар на одговорното лице за пратката или негов претставник. (11) Агенцијата води и редовно надополнува (ажурира) листа на складови во слободни зони, слободни складови и царински складови која ја објавува во „Службен весник на Република Македонија”. (12) Во случај на неисполнување на условите од овој член, Агенцијата времено го повлекува или го укинува одобрението наведено во ставот (6) од овој член. (13) Директорот на агенцијата поблиску ги пропишува: начинот и постапката на проверка и преглед на производите наменети за складирање во складови во слободните зони, слободните складови и царинските складови, условите за увоз/внес на производите наменети за складирање во складови вослободните зони, слободните складови и царинските складови, начинот и постапката за издавање на одобрение на складовите во слободните зони, слободните и царинските складови, условите кои треба да ги исполнуваат складовите во слободните зони, слободните и царинските складови за нивно одобрение, евиденцијата која треба да се води во одобрените складови во слободните зони, слободните и царинските складови и мерките на надлежниот орган за контрола на условите и работата на одобрените складови во слободните зони, слободните и царинските складови.” Член 39 Во членот 97 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Надоместокот за директните загуби на сопствениците на животни настанати како резултат од убивање или колење на животните или уништување на производите, како и трошоците кои се настанати при поставување дијагноза и спроведување на мерките за сузбивање и искоренување или превенција на болестите нема да бидат исплатени или ќе бидат намалени, односно настанатите трошоци ќе бидат наплатени на сопственикот на животните, и тоа: 1) во случај на заклани или убиени животни надоместокот нема да се исплати ако овие животни не се идентификувани или регистрирани во согласност со одредбите од Законот за идентификација и регистрација на животните; 2) при колење на животни или преработка на производи надоместокот ќе се намали за вредноста на добиените производи и нус производи од животинско потекло и 3) надоместокот може да биде намален и до 100% и настанатите трошоци да бидат на товар на сопственикот или одгледувачот доколку истите не постапиле во согласност со Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 9 од 16 членот 50 од овој закон или не се придржувале на мерките од членовите 54, 55 и 56 на овој закон.“ Ставовите (2), (3), (4), (5) и (6) стануваат ставови (3), (4), (5), (6) и (7). Член 40 По членот 98 се додава нов член 98-а, кој гласи: „Член 98-а (1) При спроведувањето на плановите за итни мерки од членот 52 на овој закон и повеќегодишните програми, годишни програми и годишни наредби за здравствена заштита на животните и за јавно ветеринарно здравство од членот 57 на овој закон, во случај на убивање и колење на животните се врши процена на пазарната вредност на животните врз основа на расата, полот, староста, производствените карактеристики, општата здравствена сосотојба и други карактеристики на животното. (2) Директорот на Агенцијата поблиску ги пропишува критериумите за определување на пазарната вредност на животните.“ Член 41 Во членот 99 став (1) зборот “наплаќа“ се заменува со зборовите: “ветеринарните амбуланти, клиники и болници овластени согласно со членот 40-а на овој закон наплаќаат“. Ставот (3) се менува и гласи: „Средствата на надоместоците од ставот (2) на овој член, за активностите од ставот (1) на овој член кои ги врши Агенцијата се приход на Буџетот на Република Македонија.“ По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) За активностите кои ги вршат ветеринарните служби на одгледувалиште, ветеринарните амбуланти, клиники и болници овластени согласно со членот 40-а од овој закон, 50% од средствата од наплатениот надоместок се приход и се уплатуваат во Буџетот на Република Македонија, додека 50% од средствата се приход на овластените ветеринарни амбуланти, клиники и болници и служат за покривање на трошоците за издавање на ветеринарно-здравствен сертификат за здравствената состојба и благосостојба на животните.“ Член 42 Во членот 100 став (1) зборот “Министерството” се заменува со зборот “Агенцијата”. Член 43 По членот 105 се додава нов член 105-а, кој гласи “Член 105-а Постапка за едукација (1) Доколку при вршење на инспекцискиот надзор инспекторот утврди дека е сторена неправилност од членовите 109 и 110 на овој закон, e должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува директорот на Агенцијата. Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 10 од 16 (3) Едукацијата ја организира и спроведува Агенцијата, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку инспекторот при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку инспекторот при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка. (9) Агенцијата води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од директорот на Агенцијата.” Член 44 Членот 108 се брише Член 45 Членот 109 се менува и гласи: “Прекршок за физичко лице (1) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) не обезбеди систематско следење на здравствениот статус на животните за расплод, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони согласно со членот 28 став (3) од овој закон; 2) врши промет на семе за вештачко осеменување, а не ги исполнува условите од членот 30 на овој закон; 3) не ги исполнува условите за ветеринарните амбуланти, ветеринарните клиники и ветеринарните болници, како приватни установи (членови 37, 38 и 39); 4) врши активности од ветеринарна дејност на животни кои не се во сопственост на правното или физичко лице кое ги формира (член 44 став (3)); 5) не пријави заболено, односно сомнително животно до надлежниот орган директно или преку ветеринарните амбуланти, клиники или болници кои имаат решение за овластување за вршење на дејност од јавен интерес (член 50 ставови (1) и (2)); 6) не почитува или одбива да ги применува изречените мерки на службен надзор (член 54 став (2)); 7) не почитува или одбива да применува заштитни мерки (член 55); 8) не почитува или одбива да спроведува дополнителни мерки (член 56); 9) стави во промет живи животни кои не ги исполнуваат условите од овој закон (член 58 став (1)); 10) стави во промет живи животни кои се предмет на национални програми за искоренување на болести (член 58 став (3)); 11) ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и ако сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на статусот на животните или на нивните одгледувалишта на потекло (член 59 став (3)); Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 11 од 16 12) одобри влез на пазар или собирен центар, на животни кои не ги исполнуваат условите од членот 58 став (1) на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 1); 13) одобри колење на животни кои не ги исполнуваат условите од членовите 50 став (1) и 58 став (1) точки 3 и 4 на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 2); 14) не изврши проверка пред пратката да биде разделена и ставена во промет, дека идентификационите ознаки, здравствените сертификати или документите ја придружуваат пратката (член 60 став (1) точка 3 алинеја 5); 15) внесе во слободните зони животни приемчиви на болести кои потекнуваат од одгледувалишта кои немаат еднаков здравствен статус и нивни производи (член 65 став (3)); 16) за кое е утврдено дека ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и кога ќе се утврди дека сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на фактичката состојба на производите или дека идентификационата ознака била ставена на производи кои не се во согласност со тие прописи во согласност со членот 67 став (2) од овој закон; 17) не внесува податоци во регистар или во база на податоци и истите не ги чува најмалку три години (член 73 став (3)); 18) употребува превозни средства за превоз на живи животни кои не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 74 став (1)); 19) не е регистриран од страна на надлежниот орган за вршење увоз и/или повторен извоз на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети преку кои можат да се пренесат заразни болести од одредени категории за комерцијални цели (увозници и превозници) и нема одобрение за средствата за превоз на животни издадено од надлежниот орган каде што е регистрирана нивната дејност и не ги исполнуваат пропишаните услови (член 76 став (1)); 20) не води евиденција или не ја приложи истата на увид на барање на надлежниот орган (член 76 ставови (2) и (3)); 21) не ги чува здравствените сертификати или документите кои ги придружуваат животните во период од три години и истите не ги даде на увид по барање од страна на надлежниот орган (член 76 став (3)); 22) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло без претходна издадена дозвола од членот 77 на овој закон; 23) во пишана форма не ја извести навремено ветеринарната инспекциja на граничен премин за времето во кое се очекува да пристигнат животните, производите и животинските нуспроизводи, 24 часа однапред (член 84); 24) не почитува решение на официјалниот ветеринар на граничен премин (член 86 став (2)); 25) не го заврши транзитот на пратките низ територијата на Република Македонија во рок од 30 дена од влегувањето на пратката во државата (член 88 став (5)); 26) врши повторен извоз без да ја извести ветеринарната инспекција на граничeн премин за очекуваното завршување на повторен извоз и не ги достави документите 24 часа однапред (член 89 став (2)) и 27) не ги обезбеди или одбива да даде информации потребни за извршување на инспекцијата врз основа на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство (член 101 став (2)). (2) Освен глобата, на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена.” Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 12 од 16 Член 46 Членот 110 се менува и гласи: “Прекршок за физичко лице (1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) не спроведува или одбива да обезбеди примарна здравствена заштита на животните (член 25); 2) врши осеменување на животни кои не се негова сопственост (член 31); 3) не спроведува или одбива да обезбеди примарно јавно ветеринарно здравство (член 33); 4) не ги стави болните или сомнителните животни во изолација (член 50 став (3)); 5) одбие или оневозможи спроведување на мерки за заштита на животните од одделни заразни болести пропишани со годишната наредба за здравствена заштита на животните (член 57 став (1)); 6) одбие или оневозможи спроведување на мерки пропишани со повеќегодишни програми за сузбивање и искоренување на одредени болести од посебна важност за Република Македонија (член 57 став (2)); 7) стави во промет живи животни без да ги спроведе прописите од областа на ветеринарното здравство во сите фази на производство и промет (член 59 став (1) алинеја 1); 8) врши превоз на животни во средства за превоз кои не ги исполнуваат пропишаните услови во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство (член 59 став (1) алинеја 2); 9) не учествува во системот за надзор (член 64 став (3)); 10) не ги преземе сите неопходни мерки за вршење на редовна внатрешна контрола за да производите и животинските нуспроизводи кои ги произведува ги задоволат пропишаните ветеринарни барања (член 66 став (1)); 11) не обезбеди документација која ќе ја придружува пратката (член 66 став (3)); 12) објектите за производство или преработка на храна кои не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 71 став (1)); 13) врши трговија со животни без да е одобрено од страна на надлежниот орган и не ги исполнува условите за одобрување (член 72 ставови (1) и (2)); 14) собирни центри не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 73 став (1)); 15) пратката на животни, во времето од напуштањето на одгледувалиштето или собирниот центар од каде што потекнуваат истите, па сé до пристигнувањето на нејзината дестинација, дојде во контакт со животни со различен здравствен статус (член 74 став (3)); 16) не ги исполнува условите за карантин за увезени животни (член 80); 17) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло на ветеринарно инспекциско место на граничен премин кој не е определен за увоз (член 82 ставови (1) и (4)) и 18) не постапи согласно со одредбите од членот 87 став (1) на овој закон. (2) Освен глобата, на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена.” Член 47 Членот 111 се менува и гласи: „Прекршок за правно лице Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 13 од 16 (1) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) не води редовно и не чува документирана евиденција на активностите кои се предмет на надзор и контрола од страна на надлежниот орган (член 23); 2) не спроведува или одбива да обезбеди примарна здравствена заштита на животните (член 25); 3) врши осеменување на животни кои не се негова сопственост (член 31); 4) не спроведува или одбива да обезбеди примарно јавно ветеринарно здравство (член 33); 5) не ги исполнува условите за ветеринарните амбуланти, ветеринарните клиники и ветеринарните болници, како приватни установи (членови 37, 38 и 39); 6) не обезбеди континуирано работно време во смени, дежурства или постојана подготвеност за извршување на активности на здравствена заштита на животните (член 43 став (1)); 7) не собира податоци и не води евиденција за болести кај животните и за активностите кои ги врши, во форма одобрена од надлежниот орган и не ги доставува преку системот за известување на начин утврден од надлежниот орган (член 45 став (2)); 8) стави во промет живи животни без да ги спроведе прописите од областа на ветеринарното здравство во сите фази на производство и промет (член 59 став (1) алинеја 1); 9) врши превоз на животни во средства за превоз кои не ги исполнуваат пропишаните услови во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство (член 59 став (1) алинеја 2); 10) не учествува во системот за надзор (член 64 став (3)); 11) не ги преземе сите неопходни мерки за вршење на редовна внатрешна контрола за да производите и животинските нуспроизводи кои ги произведува ги задоволат пропишаните ветеринарни барања (член 66 став (1)); 12) не обезбеди документација која ќе ја придружува пратката (член 66 став (3)); 13) не внесува податоци во регистар или во база на податоци и истите не ги чува најмалку три години (член 73 став (3)); 14) употребува превозни средства за превоз на живи животни кои не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 74 став (1)); 15) пратката на животни, во времето од напуштањето на одгледувалиштето или собирниот центар од каде потекнуваат истите, па сé до пристигнувањето на нејзината дестинација, дојде во контакт со животни со различен здравствен статус (член 74 став (3)); 16) врши превоз без да биде регистрирано или средствата за превоз на животни не се регистрирани од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат пропишаните услови (член 76 став (1)); 17) не води евиденција или не ја приложи истата на увид на барање на надлежниот орган (член 76 ставови (2) и (3)); 18) не ги чува здравствените сертификати или документите кои ги придружуваат животните во период од три години и истите не ги даде на увид по барање од страна на надлежниот орган (член 76 став (3)); 19) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло без претходна дозвола од членот 77 на овој закон; 20) врши увоз на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло на ветеринарно инспекциско место на граничен премин кој не е определен за увоз (член 82 ставови (1) и (4)); Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 14 од 16 21) во пишана форма не ја извести навремено ветеринарната инспекциja на граничен премин за времето во кое се очекува да пристигнат животните, производите и животинските нуспроизводи, 24 часа однапред (член 84); 22) не го заврши транзитот на пратките низ територијата на Република Македонија во рок од 30 дена од влегувањето на пратката во државата (член 88 став (5)); 23) врши повторен извоз без да ја извести ветеринарната инспекција на граничeн премин за очекуваното завршување на повторен извоз и не ги достави документите 24 часа однапред (член 89 став (2)) и 24) поставување на дијагноза, препижување и апликација на ветеринарно-медицински препарати, лекување, хируржки, поридилни и други зафати на животни, ветеринарно здравствени прегледи ги врши доктор по ветеринарна медицина без лиценца за работа спротивно на членот 36 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член и ако не ги стави болните или сомнителните животни во изолација (член 50 став (3)). (3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 30 дена. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена.” Член 48 По членот 111 се додава нов член 111-а, кој гласи: „Член 111-а Прекршок за правно лице (1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) ветеринарната лабораторија дава неточни, неверодостојни и некомплетни резултати од лабораториската дијагностика (член 12 став (1)); 2) ветеринарната лабораторија работи без одобрение од надлежниот орган и не ги исполнува условите од членот 12 на овој закон; 3) не обезбеди систематско следење на здравствениот статус на животните за расплод, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони согласно со членот 28 став (3) од овој закон; 4) врши промет на семе за вештачко осеменување, а не ги исполнува условите од членот 30 на овој закон; 5) ветеринарните техничари работат спротивно на членот 36 став (5) од овој закон; 6) одбива да даде неопходна ветеринарно-медицинска помош во итни случаи, или го прекинува медицинскиот третман на болни животни и не обезбедува неопходни количини на храна и вода за животните во болниците (член 43 став (2)); 7) врши активности од ветеринарна дејност на животни кои не се во сопственост на правното или физичко лице кое ги формира (член 44 став (3)); 8) не пријави заболено, односно сомнително животно до надлежниот орган директно или преку ветеринарните амбуланти, клиники или болници кои имаат решение за овластување за вршење на дејност од јавен интерес (член 50 ставови (1) и (2)); 9) не ги стави болните или сомнителните животни во изолација (член 50 став (3)); Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 15 од 16 10) по добивањето на резултатите од испитувањата, Националната референтна лабораторија која работи по договор не известила за резултатите од испитувањето или издала неверодостојни резултати од испитувањето (член 51 став (4)); 11) не почитува или одбива да ги применува изречените мерки на службен надзор (член 54 став (2)); 12) не почитува или одбива да применува заштитни мерки (член 55); 13) не почитува или одбива да спроведува дополнителни мерки (член 56); 14) одбие или оневозможи спроведување на мерки за заштита на животните од одделни заразни болести пропишани со годишната наредба за здравствена заштита на животните (член 57 став (1)); 15) одбие или оневозможи спроведување на мерки пропишани со повеќегодишни програми за сузбивање и искоренување на одредени болести од посебна важност за Република Македонија (член 57 став (2)); 16) стави во промет живи животни кои не ги исполнуваат условите од овој закон (член 58 став (1)); 17) стави во промет живи животни кои се предмет на национални програми за искоренување на болести (член 58 став (3)); 18) ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и ако сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на статусот на животните или на нивните одгледувалишта на потекло (член 59 став (3)); 19) одобри влез на пазар или собирен центар, на животни кои не ги исполнуваат условите од членот 58 став (1) на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 1); 20) одобри колење на животни кои не ги исполнуваат условите од членовите 50 став (1) и 58 став (1) точки 3 и 4 на овој закон (член 60 став (1) точка 3 алинеја 2); 21) не изврши проверка пред пратката да биде разделена и ставена во промет, дека идентификационите ознаки, здравствените сертификати или документите ја придружуваат пратката (член 60 став (1) точка 3 алинеја 5); 22) внесе во слободните зони животни приемчиви на болести кои потекнуваат од одгледувалишта кои немаат еднаков здравствен статус и нивни производи (член 65 став (3)); 23) е утврдено дека ги прекршува прописите од областа на ветеринарното здравство и кога ќе се утврди дека сертификатите, документите или идентификационите ознаки не одговараат на фактичката состојба на производите или дека идентификационата ознака била ставена на производи кои не се во согласност со тие прописи во согласност со членот 67 став (2) од овој закон; 24) објектите за производство или преработка на храна не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 71 став (1)); 25) врши трговија со животни без да е одобрено од страна на надлежниот орган и не ги исполнува условите за одобрување (член 72 ставови (1) и (2)); 26) собирни центри не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување (член 73 став (1)); 27) врши превоз без да е одобрено од страна на надлежниот орган и не ги исполнува условите за одобрување (член 74 став (1)); 28) не е регистриран од страна на надлежниот орган за вршење увоз и/или повторен извоз на животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети преку кои можат да се пренесат заразни болести од одредени категории за комерцијални цели (увозници и превозници) и нема одобрение за средствата за превоз на животни издадено од надлежниот орган каде што е регистрирана нивната дејност и не ги исполнуваат пропишаните услови (член 76 став (1)); 29) не ги исполнува условите за карантин за увезени животни (член 80); Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 16 од 16 30) не почитува решение на официјалниот ветеринар на граничен премин (член 86 став (2)); 31) не постапи согласно одредбите од членот 87 став (1) на овој закон и 32) не ги обезбеди или одбива да даде информации потребни за извршување на инспекцијата врз основа на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство (член 101 став (2)). (2) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три до најмногу 30 дена. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните, производите и суровините и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од најмалку три до најмногу 15 дена.” Член 49 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од две години од влегувањето во сила на овој закон Подзаконските акти предвидени со членот 105-а од овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од влегувањето во сила на овој закон Член 50 Членот 115 се брише. Член 51 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник во Република Македонија“.