跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on tobacco and tobacco products

颁布于 2014-10-13 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

research.laws.repealedOn

关于这部法律

原标题
Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
tobacco, legal proceedings/administrative proceedings, certification, agricultural commodities
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година 20141514713 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН И ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 13 октомври 2014 година. Бр. 07-3841/1 13 октомври 2014 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН И ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Во Законот за тутун и тутунски производи („Службен весник на Република Македонија“ брoj 24/2006, 88/2008, 31/10, 36/11, 53/11, 93/13, 99/13 и 164/13), во членот 1 зборот „ферментираниот“ се заменува со зборот „обработениот“. Член 2 Во членот 3 став 1 во точката 14 зборот „неферментиран“ се заменува со зборот „необработен“. Во точката 15 зборот „неферментиран“ се заменува со зборот „необработен“ и зборот „ферментиран„ се заменува со зборот „обработен“. Во точката 18 зборот „неферментиран“ се заменува со зборот „необработен“ и зборот „ферментиран„ се заменува со зборот „обработен“. Во точката 24 зборот „ферментиран„ се заменува со зборот „обработен“. Точката 25 се менува и гласи: „Обработен тутун е тутун во форма на цели листови кои претходно се исушени и/или ферментирани, листовите во делови кои по сушењето и/или ферментацијата на целите листови, се оджилени/стрипсирани (оголени), потсечени или се непотсечени, кршени или исечкани (вклучувајќи исечкани делови во различна форма, но не и готов тутун за пушење) како и тутунските ребра кои се добиени по нивното оджилување и тутунското фолио или реконструираниот тутун кој е добиен со индустриски процес од тутунски отпадоци и служи како суровина за изработка на тутунски производи кои можат да бидат 1 од 8 Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година третирани (сосирани или натопени) со течност со соодветен состав, главно со цел да се спречи мувлосувањето и потсушувањето во текот на складирањето и транспортот и да се зачува миризливоста;“. Во точката 26 зборот „ферментиран“ се заменува со зборот „обработен“. Член 3 Во членот 5 по зборот „неферментиран“ се додаваат зборовите: „или необработен“ и по зборот „ферментиран“ се додаваат зборовите: „или обработен“. Член 4 Во членот 7 во ставот 2 по зборот „заверен“ се додаваат зборовите: „со печат и потпишан“. По ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4 кои гласат: „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воспоставува електронски систем за водење на евиденција на пријавени, евидентирани и договорени површини и количини тутун по производители, откупувачи, по типови на тутун, за секоја реколта поединечно. Минимално техничките стандарди и услови во поглед на опремата, хардверот, функционалноста на софтверот за електронскиот систем од ставот 3 на овој член, начинот на воведување, користење, одржување и надградба ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Член 5 Во членот 9 став 1 точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „и е должен да ги внесува податоците за договорените тутуни во електронскиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 7 ставови 3 и 4 на овој закон.“ Член 6 Членот 12 се менува и гласи: „ Договорот се склучува во писмена форма. За содржината на договорот, откупувачот е должен да побара мислење од највисоката асоцијација на тутунопроизводителите. Доколку највисоката асоцијација на тутунопроизводители достави негативно мислење за содржината на договорот, откупувачот е должен да ги усогласи договорите според мислењето од највисоката асоцијација на тутунопроизводители во рок од пет дена. Откупувачот не смее да склучува договор за количини на тутун за кои призводителот има склучено договор со друг откупувач за една производна година и едно исто производство. Откупувачот може да склучи еден договор со производителот за повеќе типови тутун. Секој откупувач во евидентен лист за пријавено производство на производителот го впишува и заверува со печат бројот на договорот и договорената количина и е должен да го врати на производителот. Со производителот кој ќе нема евидентен лист за пријавено производство издаден од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не може да се склучи договор. Договорот се склучува најдоцна до 10 април во тековната година. Со производителот може да се склучи нов договор и по рокот од став 6 на овој член, доколку откупувачот паднал во стечај или ликвидација или е избришан од регистарот на откупувачи на тутун.“ 2 од 8 Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година Член 7 Во членот 18 став 4 зборот „картонот“ се заменува со зборовите: „евидентниот лист“. Член 8 Во насловот на Главата IV зборот „ферментиран“ се заменува со зборот „обработен“. Член 9 Во членот 20 ставот 5 се менува и гласи: „Откупувачот е должен најдоцна до почетокот на откупот на тутун како доказ за обезбедени финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина на тутун од тековната реколта во висина според просечната откупна цена од минатата реколта, да обезбеди: банкарска гаранција и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите или финансиски средства на посебна наменска жиро сметка и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите и дека средствата од наменската сметка исклучиво ќе се користат за исплата на договорениот тутун.“ Член 10 Членот 21 се менува и гласи: „Откупувачот треба да ги исполнува следниве услови да: располага со простории за откуп, сместување, чување и индустриска обработка на тутун; располага со соодветна и калибрирана опрема за откуп и индустриска обработка на тутун; располага со соодветен простор за сместување на обработениот тутун; има вработено најмалку едно лице со високо образование и најмалку едно лице со средно образование , од областа на технологијата за производство и обработка на тутун; има ликвидност во смисла на расположливи финансиски средства за откуп на тутун и ги има исплатено сите обврски за откупените количини кои произлегуваат од склучени договори и намирени обврски согласно со членот 27 став 4 од овој закон. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите од ставот 1 на овој член и потребната документација.“ Член 11 Во членот 23 став 1 по зборот „пријавени “ се додаваат зборовите: „согласно член 20 став 4 на овој закон“. Ставот 2 се менува и гласи: „Откупувачот утврдува план за динамика за планираните количини за откуп на тутунот од тековната реколта по региони и по производители пред почетокот на откуп, по истиот треба да се придржува и е должен писмено со доказ за датум на приемот на известувањето, да ги извести производителите со кои склучил договор, за денот и времето на преземањето на тутунот.“ По ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи: „Производителот е должен да го предаде тутунот во ден и време според известувањето доставено од откупувачот согласно ставот 2 на овој член.“ 3 од 8 Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година Член 12 Во членот 26-а во ставот 1 алинеја 2 зборовите: „(студија на случај)“ се заменуваат со зборовите: „(практичен дел)“ и по зборовите: „тутунски производи“ се додаваат зборовите: „и потребната литература согласно член 26 став 5 од овој закон. Во ставот 3 втората реченица се брише. Член 13 Во членот 26-б ставот 1 се менува и гласи: „Прашањата од првиот и вториот дел од испитот ги изработува овластена научнообразовна институција од областа на тутунското производство.“ Во ставот 2 зборовите: „прашањата и студиите на случај од“ се бришат. По ставот 8 се додаваат седум нови става 9, 10, 11, 12, 13, 14 и 15 кои гласат: „Научно-образовната институција од ставот 1 на овој член ја овластува министерот доколку ги исполнува следниве услови: имаат вработено најмалку две лица со високо образование од областа на земјоделските науки со најмалку двегодишно работно искуство во областа на тутунското производство и располагаат со соодветни простории опремени со потребна опрема и тутунска суровина за изведување на практичниот дел од испитот. За овластувањето од став 1 на овој член министерот издава решение. За добивање на решението од став 2 на овој член научно-образовната институција поднесува барање за овластување кое во прилог ги содржи доказите за исполнување на условите утврдени во став 1 на овој член. Формата и содржината на барањето од ставот 3 на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Решението за овластување од ставот 1 на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија“. Министерот со решение ќе го одземе овластувањето од овластената научно-образовна институција од областа на тутунското производство ако утврди дека престанала да ги исполнува условите утврдени во ставот 1 на овој член. Против решението од ставот 4 на овој член, подносителот на барањето може во рок од 15 дена од денот на приемот на решението да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.“ Член 14 Во членот 26-в по зборовите: „спроведување на“ се додаваат зборовите: „првиот дел од“. Член 15 Во членот 26-ж зборот „испитот“ се заменува со зборовите: „првиот дел од испитот“. Член 16 Во членот 26-з ставот 3 се брише. Во ставот 4 кој станува став 3 зборовите: „и вториот“ се бришат. Ставовите 5 и 6 стануваат ставови 4 и 5. Во ставот 7 кој станува став 6 зборовите: „и вториот“ се бришат. Ставот 8 се брише. Ставот 9 станува став 7. 4 од 8 Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година Член 17 Во членот 26-и во ставот 1 зборовите: „(студиите на случај)“ се заменуваат со зборовите: „(практичен дел)“. Ставовите 2 и 3 се бришат. Член 18 Членот 26-к се менува и гласи: „Стручните, административните работи и просторните услови за потребите на спроведување на вториот дел од испитот согласно член 26-а став 4 на овој закон ги вршат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и научно-образовна институција од областа на тутунското производство, врз основа на договор за институционална соработка.“ Член 19 Членот 26-л се менува и гласи: „Полагањето на првиот дел од испитот се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Прашањата од тестот, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во тестот. Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на испитот и нивните одговори, се чуваат во електронски систем за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун. Електронскиот систем од ставот 4 на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 100 прашања. Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и стручната литература во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот. Бројот на прашања во базите од ставот 4 на овој член се зголемува за 5% годишно, почнувајќи од 2015 година. Резултатите од полагањето на првиот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување.“ Член 20 Во членот 26-љ во ставот 1 зборовите: „односно вториот“ се бришат. Во ставовите 2 и 4 зборовите: „односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот“ се бришат. Во ставот 3 зборовите: „и вториот“ се бришат. Член 21 Во членот 26-м во ставот 1 зборовите: „или вториот“ се бришат. Член 22 Во членот 26-њ во ставот 2 зборовите: „студијата на случај“ се заменуваат со зборовите: „практичниот дел“. Член 23 Во членот 26-о зборот „испитот“ се заменува со зборовите: „првиот дел од испитот“. Член 24 Во членот 26-п ставот 2 се менува и гласи: 5 од 8 Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година „Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и специмените за проверка на точноста на одговорите од првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун, како и снимките од одржаните испити се чуваат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ По ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи: „Материјалите од одржаните испити од вториот (практичен дел) од испитот особено хартиените верзии од прашањата, оцените и вкупните бодови за одговорите од вториот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун, се чуваат во научнообразовната институција од областа на тутунското производство, врз основа на договор за институционална соработка согласно членот 11 на овој закон.“ Во ставот 3 кој станува став 4 зборовите: „ставот (2)“ се заменуваат со зборовите: „ставови (2) и (3)“. Член 25 Во членот 26-р по ставот 5 се додава нов став 6 кој гласи: „Трошоците за активностите на научно-образовната институција кои ќе бидат утврдени со договорот за институционална соработка од членот 26-к на овој закон, паѓаат на товар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако во текот на годината нема пријава на кандидати за полагање на испитот.“ Член 26 Во членот 28 во ставот 3 по зборот „процена“ се додаваат зборовите: “и дневната потврда за предадениот тутун“. Член 27 Во членот 33 зборот „неферментиран“ се заменува со зборот „необработен“. Член 28 Во членот 34 став 1 зборот „ферментиран“ се заменува со зборот „обработен“. Во ставот 2 зборот „ферментираниот“ се заменува со зборот „обработениот“ и зборот „сертификат“ се заменува со зборот „уверение“. Член 29 Во членот 57 во ставот 1 зборот „ферментираниот“ се заменува со зборот „обработениот“. Во ставот 2 зборовите: „издава сертификат за квалитет“ се заменуваат со зборовите: „поднесува извештај за квалитет до Државниот инспекторат за земјоделство“. По ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи: „Врз основа на извештајот од ставот 2 на овој член, Државниот инспектор за земјоделство издава уверение за квалитет. Ставовите 3 и 4 стануваат ставови 4 и 5. Во ставот 5 кој станува став 6 зборот „сертификатот“ се заменува со зборот „уверението“. Член 30 Во членот 58 во ставот 3 зборовите: „издава сертификат за квалитет и безбедност на тутунските производи“ се заменуваат со зборовите: „поднесува извештај за квалитет на тутунските производи до Државниот инспекторат за земјоделство“. По ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи: 6 од 8 Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година „Врз основа на извештајот од ставот 3 на овој член, Државниот инспектор за земјоделство издава уверение за квалитет на тутунските производи.“ Член 31 Во членот 58-а во ставот 3 по зборовите: „Трошоците за“ се додаваат зборовите: „контрола на квалитетот и“. Во ставот 5 зборот „сертификатот“ се заменува со зборот „уверението“. Член 32 Во членот 60 став 1 во воведната реченица по зборовите: „прометот на“ се додава зборот „обработениот“. Во точката 6) зборот „ферментиран“ се заменува со зборот „обработен“. Член 33 Во членот 61 став 1 зборот „ферментиран“ се заменува со зборот „обработен“. Член 34 Во членот 66 став 1 точката 12) се менува и гласи: „не го прими, не го евидентира спорниот тутун во книгата за приговори и писмено истиот ден не го пријави до комисија за повторна процена (член 29 став 2)“. Во точката 15) зборот „неферментиран“ се заменува со зборот „необработен“. Во точката 16) зборот „ферментиран“ се заменува со зборот „обработен“. Член 35 Во членот 69-б став 1 се додава нова точка 1) која гласи: „1) не го предаде договорениот тутун во ден и време согласно член 23 став 4 на овој закон“. Точките 1) и 2) стануваат точки 2) и 3). Член 36 Електронскиот систем за водење на евиденција на пријавени, евидентирани и договорени површини и количини тутун по производители, откупувачи, по типови на тутун, за секоја реколта поединечно ќе се воспостави најдоцна до 28 февруари 2015 година. Член 37 Поблиските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 38 Одредбите на членовите 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25 и 26 од овој закон ќе отпочнат да се применуваат со денот на отпочнувањето на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот тутун и тутунски производи („Службен весник на Република Македонија“ број 164/13). Член 39 Се овластува Законодавно-правната Комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст од Законот за тутун и тутунски производи. 7 од 8 Службен весник на РМ, бр. 151 од 15.10.2014 година Член 40 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 8 од 8