跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on the quality of agricultural products

颁布于 2015-11-03 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на законот за квалитетот на земјоделските производи.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
food safety and quality, classification/declassification, offences/penalties

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 193 од 6.11.2015 година 1 од 3 20151935330 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 3 ноември 2015 година. Бр. 08-5159/1 Претседател 3 ноември 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Член 1 Во Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15 и 149/15), членот 126-ѓ став (3) зборот ,,еднаш“ се заменува со зборот ,,двапати“. Во ставот (5) по зборот ,,одлучува“ се додаваат зборовите: ,,најмалку 30% од“, а по зборoвите: ,,отстранети од испитот“ се додаваат зборовите: ,,и заменети со нови“. Член 2 Во членот 126-е пред зборот „Стручните“ се додава бројот „(1)“, а по зборовите: ,,Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се додаваат зборовите: ,,за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство определува одговорно лице кое утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот“. По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) На одговорното лице од ставот (1) на овој член за секоја одржана испитна сесија му следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение.“ Член 3 Членот 126-и се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 193 од 6.11.2015 година 2 од 3 „(1) На кандидатот мора да му се овозможи да започне да го полага испитот во првата наредна сесија од денот на одобреното барање за полагање на испитот. (2) Kандидатот е должен да го пријави учеството на испитна сесија од 1 до 15 ден од месецот кој претходи на месецот во кој се одржува испитна сесија (февруари, март, мај, септември и ноември).’’ Член 4 Во членот 126-ј став (2) се менува и гласи: ,,(2) Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на испитот и јавноста се информираат за датумот и времето на полагање на испитот, најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб страницата на министерството и Јавниот радиодифузен сервис.“ По ставот (5) се додаваат пет нови става (6), (7), (8), (9), и (10), кои гласат: ,,(6) На претставниците од ставот (5) на овој член за секоја одржана испитна сесија им следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение. (7) Овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот е должно да го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот за време на спроведување на испитните сесии. (8) Агенцијата за електронски комуникации (во натамошниот текст: АЕК) врши постојан мониторинг на блокирањето на радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот, со цел да се спречи секаков вид на електронска комуникација со околината надвор од просторијата за полагање на испитот. (9) АЕК во просторијата за полагање на испитот инсталира мерна опрема која обезбедува електронски запис од извршените мерења во траење од 30 дена и истите се складираат во централниот контролен систем на АЕК. (10) АЕК формира тричлена комисија која изготвува извештај врз основа на електронските записи складирани во централниот контролен систем на АЕК и истиот го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна во рок од 15 дена од завршување на испитната сесија. Член 5 Во членот 126-к став (7) по зборот „сесија“ точката на крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите: „и му се изрекува забрана за полагање на правосудниот испит во траење од три години, за што министерството донесува решение против кое може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.“ Член 6 Во членот 126-ќ став (4) се менуваи гласи: ,,Комисијата од ставот (3) на овој член се состанува по секоја одржана испитна сесијаи врши ревизија на спроведување на испитот, вклучувајќи и дали испитот го полагале кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот согласно со членот 126-в од овој закон.’’ Ставoт (5) се менуваи гласи: „На членовите на комисијата од ставот (3) на овој член им следува паричен надоместок, кој на годишно ниво изнесува една просечна нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение.“ Службен весник на РМ, бр. 193 од 6.11.2015 година 3 од 3 Член 7 По членот 169-а се додава нов член 169-б, кој гласи: „Член 169-б Со глоба од 2.000 до 3.000 евра денарска противвредност ќе се казни лицето од членот 126-е став (1) од овој закон кое ќе дозволи да полага кандидат кој не ги исполнува пропишаните услови од овој закон. Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 126-е од овој закон, доколку не го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот. Глоба во износ 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот претставник од членот 126-ј став (5) од овој закон, доколку постапи спротивно на ставот (8) од членот 126-к од овој закон. Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на овластените претставници од членот 126-ј став (5) од овој закон ако дозволат кандидатот да постапи спротивно на ставовите (2), (3) и (4) од членот 126-к од овој закон. Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на кандидатот кој постапува спротивно на ставовите (2), (3) и (4) од членот 126-к од овој закон. Со глоба од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се казнат членовите на комисијата од ставот (4) член 126-ќ од овој закон, доколку утврдат неправилности во спроведувањето на испитот, а тоа не го констатираат во извештајот до министерот.“ Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on the quality of agricultural products · Nelum