Law amending the Law on the quality of agricultural products
颁布于 2013-07-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на законот за квалитетот на земјоделските производи.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- food safety and quality, inspection, institution, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties, governance
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 1 од 10 20131062541 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 23 јули 2013 година. Бр. 07 – 2968/1 Претседател 23 јули 2013 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Член 1 Во Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија” број 140/10, 53/11 и 55/12), во членот 1 по зборот „ориз“ се додава зборот „брашно“. Член 2 Во членот 2 по точката 10 се додаваат три нови точки 10-а, 10-б и 10-в, кои гласат: „10-а. „Брашно“ е производ добиен со мелење на пченица, `рж и пченка, наменето за човечка исхрана и наменските смеси и концентрати кои во својот состав имаат повеќе од 10% пченично, `ржено или пченкарно брашно; 10-б. „Ставање во промет на брашно“ е продажба, превоз, складирање и чување за продажба, како и кој било облик на размена, замена или отстапување на брашното со надоместок или без надоместок, испорака на брашно за услуга за мелење на пченица, `рж и пченка, за сопствена преработка и увоз и извоз на брашно; 10-в. „Контролна марка“ е етикета во која е наведен сериски број издаден од Министерството, знакот на органот што ја издава и ознака за тежината на опаковката на која треба да се прилепи;“. Член 3 Во членот 3 став 1 по алинејата 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 2 од 10 „- начинот и постапката за евидентирање и означување со контролна марка за евиденција на брашното кое се произведува и става во промет на пазарот, се увезува или извезува.“ Член 4 Во членот 14 став (1) алинејата 1 се менува и гласи: „- имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи,“. По алинејата 1 се додава нова алинеја 2, која гласи: „- имаат вработено најмалку едно лице со средно образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи,“. Член 5 Во Главата II по Делот 1 се додава нов Дел 1-а “Уредување на пазарот на брашно“ и 13 нови члена 16-а, 16-б, 16-в, 16-г, 16-д, 16-ѓ, 16-е, 16-ж, 16-з, 16-ѕ, 16-и, 16-ј и 16-к, кои гласат: „1-а. УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА БРАШНО 1-а.1. Стандарди за квалитет Член 16-а Оператори со брашно (1) Брашното може да се стави во промет ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон. (2) Оператор со брашно е правно лице или физичко лице (производител, сопственик на брашното од услужно мелење, ако го користи за натамошно производство, преработка, продажба или кој било друг начин на испорака, трговец, увозник и извозник), кое прво го пласира брашното на пазарот и/или означеното брашно го превезува за трето лице, за сопствени потреби или го пакува во помали или поголеми пакувања. (3) Доколку операторот од ставот (2) на овој член врши извоз на брашно, може да го означи со ознака која ја бара земјата увозничка и да биде документирано со соодветна документација. (4) Операторот со брашно пред почетокот на производство, увоз и ставање во промет треба да има производителска спецификација. (5) Производителската спецификација покрај податоците наведени во декларацијата од членот 16-в став (4) од овој закон треба да содржи: евиденциски број на спецификацијата, назив на производот и неговото трговско име, ако производот го има, денот на донесување на спецификација на производителот, краток опис на технолошкиот процес на производство на производот, видот и количината на искористени суровини во однос на нето количината на производот и извештај за испитување на органолептичките, физичките и хемиските својства на производот, датум на започнување на производството, односно увозот за наведената спецификација, Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 3 од 10 група на кој производ припаѓа и показателите на квалитет според фаринографот, екстензографот и амилографот. Член 16-б Квалитет на брашно (1) Брашното треба да има карактеристична боја, мирис и вкус својствен на брашно, односно не треба да има никаков туѓ мирис и вкус и не треба да содржи други состојки од каков било вид. (2) Рокот на задолжителното отстојување на пченичното брашно пред денот на пуштање во промет треба да изнесува најмалку осум дена од денот на производството, со исклучок на пченичното брашно наменето за производство на тестенини. (3) Операторот со брашно пред да го стави брашното во промет треба да обезбеди извештај од лабораториско испитување од овластената лабораторија од членот 16-и од овој закон кој ги содржи следниве податоци: ознака (број на лабораториски наод), датум на производство на брашното, количество на вода (релативна влага), количество на минерални материи (пепел), степен на киселост, тип на брашното и показателите на квалитет на брашно според фаринограф, екстензограф и амолограф (растегливост, отпор, односен број, енергија, апсорпција на вода, развој, стабилност, степен на отпуштање и испитување на активност на алфа амилаза преку вискозитет на тестото). (4) Минималните услови за ставање во промет, квалитетот и типовите на брашно, начинот и методите на земање на мостри, како и методите за анализа на квалитетот на брашното ги пропишува министерот. 1-а.2. Пакување, означување, транспорт и складирање на брашно Член 16-в Пакување (1) Брашното што се става во промет од операторите со брашно се пакува во амбалажа затворена на начин што при отворањето амбалажата видливо и трајно ќе се оштети. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член брашното може да се пушти во промет не пакувано, во рефусна состојба, придружено со документ кој ги содржи податоците од ставот (4) на овој член. (3) Брашното што се става во промет во оригинално пакување, на обвивката треба да има декларација за квалитет која треба да биде лесно видлива, јасна и читлива. (4) Декларацијата од ставот (3) на овој член ги содржи следниве податоци: ознака на типот на брашното, содржина на пепел, количина на влага, степен на киселина, податоци за потекло и други податоци од интерес за потрошувачите. Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 4 од 10 (5) Буквите со кои се отпечатени називот на производот и фирмата, односно називот на производителот или пакувачот мораат да бидат поголеми од буквите со кои се отпечатени другите податоци во текстот на декларацијата за квалитет. (6) Начинот и видот на пакувањата од ставовите (1) и (3) на овој член, како и условите за ставање во промет на брашното во рефусна состојба од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот. Член 16-г Издавање на контролна марка и водење на евиденција (1) Операторот со брашно од членот 16-а став (2) од овој закон е должен пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. (2) Контролната марка од ставот (1) на овој член ја издава Министерството врз основа на поднесено барање за издавање на контролна марка и доказ за платен надоместок за издавање на контролните марки. (3) Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот. (4) Надоместокот за издавање на контролните марки е на товар на операторите со брашно. (5) Висината на надоместокот за издавање на контролните марки се утврдува во висина на реално направените трошоци за печатење и чување на контролните марки. (6) Висината на надоместокот од ставот (5) на овој член го определува Владата на Република Македонија на предлог на министерот. (7) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води евиденција за издадените и искористените контролни марки за ставање во промет на брашното. (8) Формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки ги пропишува министерот. Член 16-д Начин на ставање на контролни марки (1) Операторите со брашно обезбедуваат следливост по однос на квалитетот во сите фази на маркетинг. (2) Ако брашното се става во промет не пакувано во рефусна состојба, контролната марка се става на документот кој го следи брашното при превоз (испратница, приемница, потврда, пропратница или друг службен документ). (3) Ако брашното се става во промет во збирно пакување, контролната марка се става на видливо место на пакувањето, а секое пакување внатре во збирното пакување мора да е означено со контролна марка. (4) Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отворањето на пакувањето ознаките видливо и трајно се оштетуваат. Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 5 од 10 Член 16-ѓ Обврска на операторите со брашно за водење на евиденција (1) Операторот со брашно кој врши производство или увоз на брашно вклучувајќи го и услужното мелење на пченица, `рж и пченка е должен да води евиденција за количините на залихи и преработката на пченица, `рж и пченка, како и за прометот и залихите на брашно и количините на увезено брашно и податоците да ги доставува до Министерството. (2) Минималните количини на брашно кои може да се добијат со мелење на пченица, `рж и пченка кои ги исполнуваат минималните услови за ставање во промет согласно со членот 16-б став (4) од овој закон ги пропишува министерот. (3) Максималните количини на брашно потрошени за производство на одделни пекарски производи и начинот на водење на евиденција за потрошените количини ги пропишува министерот. Член 16-е Транспорт, складирање и чување на брашно (1) Брашното се транспортира пакувано и не пакувано со превозни средства кои ги исполнуваат условите за транспорт. (2) Брашното кое се става во промет се складира и чува во складишта на начин и под услови кои обезбедуваат задржување на квалитетот. Складиштата треба да се изградени од цврст незапалив материјал кој спречува појава на влага, лесно се чисти и одржува, односно е погоден за чистење, дезинфекција и дезинсекција. (3) Начинот и поблиските услови за складирање и чување на брашното ги пропишува министерот. 1-а.3. Информативен систем на пазарот со брашно Член 16-ж Информативен систем (1) За спроведување на политиките и следење на состојбите на пазарот со брашно, Министерството воспоставува информативен систем. (2) Информативниот систем за уредување на пазарот со брашно особено содржи податоци за: број и големина на капацитети за складирање, број и големина на мелничко-пекарски капацитети и количини по типови на произведени и/или складирани брашна. (3) Во рамките на информативниот систем од ставот (1) на овој член се евидентираат и податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Член 16-з Извештаи (1) Складиштарите и мелничко-пекарските капацитети се должни да доставуваат месечни извештаи и годишен извештај за складираните брашна до Министерството. Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 6 од 10 (2) Месечниот извештај од ставот (1) на овој член се доставува најдоцна до десеттиот ден во тековниот месец за претходниот месец. (3) Месечниот извештај од ставот (1) на овој член особено содржи: локацијата на операторот (регион/подрачје), количини на преодни залихи пренесени од претходниот месец, преземени и испорачани количини по видови и типови и залихи на крајот на месецот. (4) Врз основа на месечните извештаи од ставот (3) на овој член, субјектите од ставот (1) на овој член подготвуваат годишен извештај и го доставуваат до Министерството најдоцна до 30 јануари во тековната година за претходната година. (5) Формата и содржината на обрасците за поднесување на извештаите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот. 1-а.4. Контрола на стандарди за квалитет Член 16-ѕ Контрола на квалитет на брашно, анализа и суперанализа на примероци (1) Пред ставање во промет на брашното, контрола на квалитетот врши Агенцијата за храна и ветеринарство согласно со одредбите од овој закон и Законот за безбедност на храна. (2) До добивањето на резултатите од анализите операторите со брашно се должни да го чуваат брашното во приватни или јавни складишта. (3) Складиштата од ставот (2) на овој член треба да ги исполнуваат условите согласно со членот 23 став (3) од овој закон. (4) Анализа и суперанализа на земените примероци за контрола вршат овластени лаборатории. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата поднесен од операторот кој не е задоволен од резултатите од анализата. Член 16-и Овластени лаборатории (1) Лабораториите од членот 16-ѕ став (4) од овој закон ги овластува министерот, доколку ги исполнуваат следниве услови: имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, имаат вработено најмалку едно лице со средно образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку едногодишно работно искуство за изведување на лабораториските анализи, располагаат со соодветни простории опремени со потребна опрема за вршење на анализите и суперанализите и да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за соодветните методи за вршење на анализи на квалитетот на брашно опфатени со овој закон. (2) Поблиските услови од ставот (1) алинеја 3 на овој член ги пропишува министерот. Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 7 од 10 Член 16-ј Решение за овластување (1) За овластувањето од членот 16-и од овој закон министерот издава решение. (2) За добивање на решението од ставот (1) на овој член лабораториите поднесуваат барање за овластување кое во прилог ги содржи доказите за исполнување на условите утврдени во членот 16-и од овој закон. (3) Министерството во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за издавање на овластување од членот 16-и на овој закон, донесува решение со кое одлучува по барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 16-и од овој закон. (4) Доколку Министерството не донесе решение за овластување од членот 16-и од овој закон, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот, за донесување на решение по поднесеното барање. (5) Формата и содржината на барањето од ставовите (2) и (4) на овој член ги пропишува министерот. (6) Кон барањето за донесување на решението за овластувањето од членот 16-и од овој закон, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (3) на овој член. (7) Министерот е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 16-и oд овој закон е уважено или одбиено. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (8) Доколку министерот не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените активности. (12) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 8 од 10 (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден со Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот не одлучи во дополителниот рок од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) По објавувањето на подзаконските акти од ставот (5) на овој член во „Службен весник на Република Македонија“, истите се објавуваат на веб страницата на Министерството. (21) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија“. (22) Министерот со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите утврдени во членот 16-и од овој закон. (23) Против решението од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето може во рок од 15 дена од денот на приемот на решението да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 16-к Приговор на резултатите од анализата (1) При вршење контрола, начин на известување и роковите за доставување на резултатите од извршените анализи и доставувањето на приговорот се применуваат прописите од областа на безбедност на храна. (2) Трошоците за анализа на брашното се на товар на операторите со брашно. Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 9 од 10 (3) По добивањето на резултатите, операторот со брашно во рок од 24 часа по нивното примање може да поднесе приговор до овластена лабораторија за суперанализа. (4) Трошоците за суперанализата се на товар на операторот со брашно, доколку добиените резултати соодветствуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија за анализа. (5) Резултатите од суперанализата се конечни.“ Член 6 Во членот 163 став (2) по зборовите: „Главата II дел 1“ се додаваат зборовите: „дел 1-а членови 16-г, 16-е, 16-ж и 16-з“. Во ставот (3) по зборовите: „Главата II“ се додаваат зборовите: „дел 1-а членови 16-а, 16-б, 16-в, 16-д, 16-ѕ, 16-и, 16-ј и 16-к“. Член 7 Во членот 165 став (1) алинејата 2 се брише. Во ставот (2) се додава нова алинеја 4, која гласи: „- врши инспекциски надзор и контрола на брашното кое се става во промет и“. По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Државниот инспектор за земјоделство и државниот фитосанитарен инспектор покрај овластувањата кои ги имаат врз основа на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, вршат и инспекциски надзор на квалитетот и контрола на квалитетот на пратки од земјоделски и прехранбени производи од растително потекло при увоз и преглед на придружната документација.“ Член 8 Во членот 169 став (1) воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 15.000 до 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:“. По точката 1 се додаваат четири нови точки 1-а, 1-б, 1-в и 1-г, кои гласат: „1-а) става во промет брашно без да обезбеди извештај од лабораториско испитување кое не ги исполнува минималните услови (член 16-б); 1-б) става во промет брашно кое не е пакувано во пропишаната амбалажа и на обвивката нема декларација за квалитет (член 16-в); 1-в) става во промет брашно кое не е означено со контролната марка и не обезбеди следливост по однос на квалитетот во сите фази на маркетинг (членови 16-г и 16-д); 1-г) става во промет брашно без резултати од анализи за квалитет (член 16-ѕ);“. Во точката 2 бројот "45" се заменува со бројот "46". Во точката 3 бројот "47" се менува со бројот "48". Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок од ставот (1) на овој член.“ Член 9 Во членот 170 став (1) воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 10.000 евра до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:“. Во ставот (1) по точката 4 се додаваат две нови точки 4-а и 4-б, кои гласат: „4-а) не води евиденција за количините на залихи и преработка на пченица, `рж и пченка и минималните и максималните количини брашно (член 16-ѓ); Службен весник на РМ, бр. 106 од 29.7.2013 година 10 од 10 4-б) транспортира, складира и чува брашно спротивно на пропишаниот начин и услови (член 16-е);“. Во точката 5 по зборовите: "23 став (3)" се додаваат зборовите: "23-а став (2)". Точката 35 се брише. Точките 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42 и 43 стануваат точки 35, 36, 37, 38, 39, 40,41 и 42. Член 10 Во членот 171 став (1) по точката 3 се додаваат две нови точки 3-а и 3-б, кои гласат: „3-а) не доставува извештаи (член 16-з); 3-б) операторот не доставува извештаи во предвидениот рок (член 16-з ставови (2) и (4));“. Член 11 Во членот 172 став (1) по точката 1 се додава една нова точка 1-а, која гласи: „1-а) става во промет брашно кое не е означено со контролна марка и не обезбедува следливост по однос на квалитетот во сите фази на маркетинг (членовите 16-г и 16-д);“. Член 12 Во членот 173 став (1) по точката 2 се додава нова точка 2-а, која гласи: „2-а) транспортира, складира и чува брашно, а не ги исполнува условите од членот 16-е од овој закон;“. Член 13 Во членот 174 став (1) по точката 3 се додаваат три нови точки 3-а, 3-б и 3-в, кои гласат: „3-а) става во промет брашно несоодветно означено и придружено со несоодветна документација (членови 16-в ставови (1) и (2) и 16-д ставови (2), (3) и (4)); 3-б) става во промет несоодветно декларирани пакувања (член 16-в ставови (3) и (4)); 3-в) не води евиденција и не доставува податоци (член 16-ѓ став (1));“. Член 14 Подзаконски акти Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 15 Преодна одредба Одредбите од Главата II дел 1-а од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 октомври 2013 година, освен одредбите од членот 16-и став (1) алинеја 4 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2015 година. Член 16 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.