Law amending the Law on State Agriculture Inspectorate
颁布于 2015-08-26 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Законот за изменување и дополнување Законот за државниот инспекторат за земјоделство.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development
- 关键词
- agricultural development, offences/penalties
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година 20151494225 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 26 август 2015 година. Бр. 08- 3899/1 Претседател 26 август 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Член 1 Во Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на Република Македонија“ брoj 20/2009, 53/11, 164/13, 43/14, 33/15 и 88/15), во членот 25 ставот 1 се менува и гласи: „За одделни прекршоци кога тоа е определено со закон, инспекторот води постапка за порамнување и постапка за спогодување, согласно Законот за прекршоците." Член 2 Во членот 26 ставот 5 се менува и гласи: „Против одлуката на прекршочната комисија може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во втор степен од областа за инспекциски надзор и прекршочната постапка, согласно Законот за прекршоците." По ставот 5 се додава нов став 6 кој гласи: „Против одлуката за прекршок што ја донела Државна комисија за одлучување во втор степен од областа за инспекциски надзор и прекршочната постапка, може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд, согласно Законот за прекршоците." Член 3 Членовите 29, 30, 31 и 32 се бришат. 1 од 2 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година Член 4 Во членот 33 став 1 во воведната реченица зборовите: „3500 до “ се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. “ Член 5 Во членот 33-а став 1 зборовите: „до 1.500“ се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.“ Член 6 Во членот 33-б став 1 бројот „1.500“ се заменува со бројот: „500“ Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. “ Член 7 Во членот 33-в во ставот 1 зборовите: „7.500 до 10.000“ се заменуваат со бројот „100“. Во ставот 2 бројот „15.000“ се заменува со бројот „300“. Член 8 Во членот 34-а во ставот 1 зборовите „500 до 800“ се заменуваат со зборовите: „200 до 400“. Член 9 Во членот 34-б ставот 2 се брише. Член 10 По членот 34-б се додава нов член 34-в, кој гласи: „Член 34-в Одмерувањето на висината на глобите на правните лица се врши согласно одредбите на Законот за прекршоците”. Член 11 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 2 од 2 www.pravdiko.mk