Law amending the Law on seeds and seedlings of agricultural plants
颁布于 2010-12-29 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- plant production, plant variety, seeds/planting material, certification, inspection, packaging/labelling, offences/penalties
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
1 Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 декември 2010 година. Број 07 - 5270/1 29 декекмври 2010 година С к о п ј е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Ѓорге Иванов, с.р. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Трајко Вељаноски, с.р. Дека преписот е верен на оригиналот тврди: ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Вјекослав Анѓеловски 2 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЕМЕНСКИ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ РАСТЕНИЈА Член 1 Во Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (“Службен весник на Република Македонија” број 39/2006 и 89/2008), во членот 1 став (1) по зборовите: “саден материјал” се додаваат зборовите: “и материјал за размножување”, во заградите пред зборот “житни” се додаваат зборовите: “во натамошниот текст: семенски и саден материјал од”, зборовите: “служба за сертифицирање” се заменуваат со зборовите: “надлежност на официjалeниот орган за сертифицирање” и зборот “дефинитивни” се заменува со зборот “референтни”. Член 2 Во членот 4 став (1) точката 2 се менува и гласи: „2. Саден материјал се цели растенија добиени со генеративно или вегетативно размножување, наменети за производство на овошје и грозје, градинарски и украсни растенија;”. По точката 2 се додава нова точка 3, која гласи: „3. Материјал за размножување е семе, делови од растенија или цели растенија вклучително и садни подлоги, наменети за размножување и производство на саден материјал од земјоделски растенија;”. Точките 3, 4, 5, 6 и 7 стануваат точки 4, 5, 6, 7 и 8. По точката 8 која станува точка 9 се додава нова точка 10, која гласи: „10. Европски заеднички каталог на сорти од земјоделски растителни видови е заеднички каталог на сорти кој се составува врз основа на националните каталози на земјите членки на ЕУ;”. Точките 9 и 10 стануваат точки 11 и 12. Точката 11 која станува точка 13 се менува и гласи: „13. Генетски модифициран организам (во натамошниот текст: ГМО) е секој организам вклучувајќи го секој микроорганизам, со исклучок на човечките суштества, во кој генетскиот материјал е променет на начин кој природно не се случува со процесите на размножување и/или природна рекомбинација. Како ГМО се смета и комбинација од ГМО;”. Точките 12,13,14,15,16,17,18,19,20 и 21 стануваат точки 14,15,16,17,18,19, 20,21, 22 и 23. Точката 22 која станува точка 24 се менува и гласи: „24. Официјално сертифицирање и етикетирање на семенски и саден материјал е издавање на сертификат и етикети за пакувањата;”. По точката 24 се додаваат две нови точки 25 и 26, кои гласат: „25. Официјален орган за сертифицирање е правно лице на кое му е дадено јавно овластување за стручна контрола на поле и во лабораторија на семенскиот и садниот материјал; 26. Сертификат е документ со кој се потврдува извршената официјална сертификација на семенски и саден материјал од земјоделски растенија;”. Точките 23 и 24 стануваат точки 27 и 28. Точката 25 која станува точка 29 се менува и гласи: „29. Ген банка е институција во која се чува и одржува семенскиот и садниот материјал на дивергентни популации и автохтони видови, со цел да се заштити биодиверзитетот и чување на референтни примероци на семенски и саден материјал од земјоделски растенија;”. Точката 26 станува точка 30. По точката 27 која станува точка 31 се додава нова точка 32, која гласи: „32.VCU тест е постапка за испитување на производната и употребната вредност на нови сорти земјоделски растенија;”. Точките 28, 29, 30, 31, 32 и 33 стануваат точки 33, 34, 35, 36, 37 и 38. Член 3 Во членот 5 став (1) зборовите: “ги пласира на пазарот” се заменуваат со зборовите: “се наменети за трговија”. Ставот (4) се менува и гласи: „Снабдувачите ќе се запишат во Регистарот на снабдувачи доколку имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од земјоделски науки - соодветна насока, земјоделско земјиште, опрема, деловни простории и соодветни магацински простории.” 3 Член 4 Членот 6 се менува и гласи: „(1) Упис во регистрите на снабдувачи на семенски и саден материјал не е задолжителен за производителите на мали количини на семенски и саден материјал на определени видови наменети за лична употреба. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува видовите и количините на семенски и саден материјал од ставот (1) на овој член.” Член 5 Во членот 8 став (1) по зборот “закон“ се става запирка, а зборовите: “и Законот за здравјето на растенијата“ се заменуваат со зборовите: “Законот за здравјето на растенијата и Законот за Државниот инспекторат за земјоделство“. Ставот (5) се менува и гласи: „Ако семенскиот и садниот материјал од сорти за земјоделски растенија е третиран со производ за заштита на растенија, производот за заштита на растенија мора да биде означен на етикетата од амбалажата.” Ставот (7) се менува и гласи: „Семенскиот и садниот материјал се произведува под контрола на Управата, која со сертификат потврдува дека семенскиот и садниот материјал ги исполнува условите за трговија. Сертификатот го придружува семенскиот и садниот материјал што се става во трговија.” Во ставот (9) зборовите: “соодветно спакуван, деклариран и етикетиран” се заменуваат со зборовите: “сертифициран, соодветно спакуван и етикетиран”. Во ставот (10) зборот “декларирањето” се заменува со зборот “сертифицирањето”. Ставот (11) се менува и гласи: „Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува начинот на пакувањето, препакувањето и етикетирањето, формата и содржината на етикетата, начинот и постапката за официјална сертификација на садниот материјал, како и условите во поглед на сортната чистота и квалитетот на садниот материјал од одделни видови земјоделски растенија.” Член 6 Во членот 9 ставот (1) се менува и гласи: „Семенски и саден материјал од видови и сорти земјоделски растенија можат да се стават во трговија само доколку сортата е запишана во националната сортна листа или во Европскиот заеднички каталог на сорти од земјоделски растителни видови, со исклучок на семенски и саден материјал од овошните растенија, украсните растенија, саксиско цвеќе, мицелиум за размножување на габи и семе од треви кои не се наменети за семенска мешавина.” Член 7 Во членот 11 став (3) зборот “на” се заменува со зборот “не”. Член 8 Во членот 16 став (2) зборовите: “хемиски средства” се заменуваат со зборовите: “производи за заштита на растенијата”. Член 9 Во членот 17 став (1) по зборот “извештај” се додаваат зборовите: “и да го достават до Управата во рок од 30 дена”. Во ставот (2) по зборот “извештај” се додаваат зборовите: “во рок од 30 дена”. Член 10 Во членот 18 ставoвите (1), (2) и (3) се менуваат и гласат: „(1) Снабдувачот е должен на Управата и на овластеното правно лице од членот 59 став (1) на овој закон, да ги пријави посеаните површини со семенски и саден материјал на сорти на земјоделски растенија, а овластеното правно лице му издава ”Сертификат за извршена стручна контрола на произведениот семенски и саден материјал“. (2) За секоја количина семе што ги исполнува условите за сертифицирање од членот 8 став (6) на овој закон, овластеното правно лице од членот 60 став (1) на овој закон издава ”Сертификат за квалитетот на семето на земјоделски растенија”. 4 (3) Управата на снабдувачот му издава ”Сертификат за конечно сертифицирано семе” врз основа на сертификатите од ставовите (1) и (2) на овој член и/или ”Сертификат за конечно сертифициран саден материјал” врз основа на сертификатот од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на добивањето на сертификатите од ставовите (1) и (2) на овој член.” Член 11 Во членот 20 ставовите (1) и (2) се менуваат и гласат: „(1) Сертификат за конечно сертифицирано семе од семенска мешавина од житни и фуражни растенија врз основа на сертификат за извршена стручна контрола на произведениот семенски материјал и сертификат за испитување на квалитетот на семенскиот материјал на компонентите на мешавината издава Управата во рок од 15 дена, по добивање на сертификатите од членот 18 ставови (1) и (2) на овој закон. (2) Снабдувачот кој е производител на семенска мешавина од житни и фуражни растенија поднесува барање до Управата за добивање на сертификат од ставот (1) на овој член.” Член 12 Во членот 23 став (1) по зборот “Управата” се додаваат зборовите: “или правно лице кое е овластено од Управата”. По ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5), кои гласат: „(4) Трошоците за издавање на официјални етикети од ставот (1) на овој член се на товар на снабдувачот во рамките на реално направените трошоци за издавање на официјални етикети. (5) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува начинот и висината на надоместокот за издавање на официјални етикети.” Член 13 Во членот 24 по зборот “под” се додава зборот “ист”. Член 14 Во членот 26 став (3) по зборот “листа” се додаваат зборовите: “или Европскиот заеднички каталог на сорти од земјоделски растителни видови со исклучок на овошните и украсните растенија”. Во ставот (4) по зборот “листа” се додаваат зборовите: “или Европскиот заеднички каталог на сорти од земјоделски растителни видови”. Член 15 Во членот 28 ставот (1) се менува и гласи: „Увозникот е должен пред увозот секоја пратка на семенски и саден материјал за земјоделски растенија, да ја пријави на државен фитосанитарен инспектор за инспекциски преглед.” Во ставовите (5), (6), (8) и (10) зборот “фитосанитарниот” се заменува со зборовите: “државниот фитосанитарен”. Ставот (7) се менува и гласи: „Доколку се исполнети условите за увоз од членот 26 на овој закон, државниот фитосанитарен инспектор по извршениот преглед дозволува увоз на семенски или саден материјал.“ По ставот (9) се додава нов став (10), кој гласи: „(10) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја пропишува висината и начинот на наплата на реално направените трошоци од ставот (9) на овој член.“ Во ставот (10) кој станува став (11) зборовите: “ставовите (7) и” се заменуваат со зборот “ставот”. Член 16 Во членот 29 став (1) по зборовите: “страна на” се додава зборот “државниот”. Член 17 Во членот 30 став (1) зборот “фитосанитарниот” се заменува со зборовите: “државен фитосанитарен”. Член 18 Во членот 31 ставот (3) се брише. 5 Член 19 Во членот 33 став (3) зборот “контролорите” се заменува со зборовите: “овластените правни лица за стручна контрола на семенски посеви”. Во ставот (4) зборовите: “апробаторите на посеви на семе” се заменуваат со зборовите: “овластените правни лица за стручна контрола на семенски посеви”, а зборот “апробација” се заменува со зборовите: “ стручна контрола”. Член 20 Членот 37 се менува и гласи: „(1) Управата ја запишува сортата во национална сортна листа доколку: сортата има DUS - тест, VCU - тест и име согласно со членот 41 од овој закон или сорти со заштитена географска ознака на потекло (екотип) или сортата е општо позната. (2) Сортата доколку е генетски модифицирана, Управата ја запишува во националната сортна листа, доколку ги исполнува условите за упис од ставот (1) алинеја 1 на овој член, да е во согласност со прописите за генетски модифицирани сорти и да не е штетна за здравјето на човекот, животните, животната средина и природата. Генетските модифицирани сорти да бидат јасно означени како такви во Националната сортна листа.” Член 21 Во членот 41 ставот (3) се менува и гласи: „Името на сортата може да биде променето по претходно барање на снабдувачот на семенски и саден материјал доколку името на сортата е променето од носителот на селекционерското право на сортата за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство издава решение и го објавува во “Службен весник на Република Македонија” и во Билтенот кој го издава Управата.” Член 22 Во членот 43 ставот (1) се менува и гласи: „По добиените резултати од испитувањата, Управата или правно лице кое е овластено од Управата врши статистичка обработка на истите и проверува дали се исполнети условите од членот 37 став (1) алинеја 1 на овој закон.” Во ставот (2) зборовите: “алинеја 2 ” се заменуваат со зборовите: “алинеја 1”. Член 23 Во членот 47 насловот се менува и гласи: “Постапка за бришење на сортата од националната сортна листа”. Во ставот (4) зборот “дефинитивни” се заменува со зборот “референтни”. Член 24 Во членот 48 став (1) алинеја 2 по зборот “сортата” се додаваат зборовите: “пред истекот на важноста на решението”. По алинеја 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: „- престаната е важноста на селекционерското право или е поништено селекционерското право,”. Член 25 Во членот 51 став (3) зборот “дефинитивниот“ се заменува со зборот “референтниот”. Член 26 Во членот 54 став (1) зборот “дефинитивен” се заменува со зборот “референтен”. Во ставот (2) зборот “дефинитивните” се заменува со зборот “референтните”. По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува количините, условите и начинот на чување на референтните примероци од видови и сорти на земјоделски растенија, како и начинот на работа на ген банката.” 6 Член 27 Во членот 55 ставот (2) се менува и гласи: „Комисијата за испитување на сортата и национална сортна листа на земјоделски растенија се состои од девет члена и тоа од Управата четири члена и од стручни и научни установи пет члена. Претседателот се избира од членовите на комисијата. Мандатот на претседателот и членовите на комисијата е четири години.” Во ставот (3) зборoвите: “алинеjа 2 ” се бришат. Член 28 Во членот 56 став (6) зборовите: „Комисијата за националната сортна листа на земјоделски растенија” се заменуваат со зборовите: „Комисијата за описна листа на препорачани сорти за полјоделски растенија, Комисијата за описна листа на препорачани сорти за овошни растенија и винова лоза и Комисијата за описна листа на препорачани сорти за градинарски, ароматични, зачински и лековити растенија”. По ставот (8) се додава нов став (9), кој гласи: „(9) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство формира Комисија за описна листа на препорачани сорти за полјоделски растенија, Комисија за описна листа на препорачани сорти за овошни растенија и винова лоза и Комисија за описна листа на препорачани сорти за градинарски, ароматични, зачински и лековити растенија.” По ставот (9) кој станува став (10) се додаваат два нови става (11) и (12), кои гласат: „(11) Комисиите од ставот (9) на овој член се составени од пет члена и тоа два члена од Управата и три члена од стручни и научни установи. Претседателот се избира од членовите на комисијата. Мандатот на претседателот и членовите на комисијата е четири години. (12) За работата на комисиите од ставот (9) на овој член им следува надоместок на членовите од стручните и научните установи, чија висина ја утврдува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во зависност од бројот и сложеноста на постапката на препорачаните сорти.” Член 29 Во членот 57 став (1) по зборот “сертифицирање” се додава зборот “етикетирање”. Член 30 Во членот 59 став (7) по зборот “врши” се додаваат зборовите: “Државниот инспекторат за земјоделство и”. Во ставот (8) по зборовите: “давање на” се додаваат зборовите: “решение за”. Член 31 Во членот 60 став (7) по зборовите: “давање на” се додаваат зборовите: “решение за”. Член 32 По членот 63 се додаваат два нови члена 63-а и 63-б, кои гласат: „Член 63-а Постапка за едукација (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за земјоделство утврди дека е сторена неправилност од членот 67 на овој закон е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за земјоделство, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. 7 (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку државниот инспектор за земјоделство при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку државниот инспектор за земјоделство при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежениот суд. (9) Државниот инспекторат за земјоделство води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 63-б Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државниот инспекторат за земјоделство за извршените контроли изготвува квартални извештаи и ги објавува на веб страницата на Министерството на унифициран квартален преглед.“ Член 33 Членот 66 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) произведува, врши подготовка за трговија, увоз-извоз, а не е запишан во регистарот за снабдувачи на семенски материјал и снабдувачи на саден материјал и не ги исполнува пропишните услови (член 5); 2) пушти во трговија семенски материјал и саден материјал, спротивно на условите од членовите 8, 9, 10, 11,13 став (1) и 33 на овој закон; 3) тргува со семенски и саден материјал без официјален сертификат (член 21 став (7)); 4) пушти во промет или увезе семенски и саден материјал без официјални етикети, пре пакуван без официјално да се обележи на начин со кој ќе се задржи квантитетот и квалитетот на семенскиот и садниот материјал (членови 23, 24 и 32) и 5) не ги извршува стручно полските опити, не ги доставува навреме извештаите за извршената работа и не ги исполнува условите за постконтрола (член 33). (2) Глоба во износ од 1.300 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) За дејствијата на ставот (1) од овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од една до пет години. (4) За дејствијата на ставот (1) од овој член покрај глобата на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на должност во траење од една до пет години. (5) За дејствијата на ставот (1) од овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање и уништување на семенскиот и садниот материјал. (6) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичкото лице за дествијата од ставот (1) на овој член. (7) На физичкото лице, покрај глобата од ставот (6) на овој член ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на семенскиот и садниот материјал.” Член 34 По членот 66 се додава нов член 66-а, кој гласи: “Член 66-а “(1) Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) не врши стручна контрола на пропишан начин и постапка (член 17 став (1)); 2) не го пријави производството на семенскиот и садниот материјал во определен рок за сертифицирање (член 18); 3) увезува семенски и саден материјал заради извоз, не достави доказ дека размножениот семенски и саден материјал во целина ќе го извезува (член 31 став (1)); 4) не го обезбедува одржувањето на сортата и не набави семенски и саден материјал по барање на Управата (член 45 ставови (1) и (3)); 8 5) врши испитување на квалитетот на семенскиот и садниот материјал, а не ги исполнува пропишаните услови од членот 60 на овој закон и 6) на надлежниот инспектор не му овозможи надзор во работата (член 64). (2) Глоба во износ од 600 до 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) За дејствијата на ставот (1) од овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање и уништување на семенскиот и садниот материјал . (4) Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичкото лице за дествијата од ставот (1) на овој член. (5) На физичкото лице, покрај глобата од ставот (4) на овој член ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на семенскиот и садниот материјал.“ Член 35 Членот 67 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) не води евиденција за семенската мешавина (член 13 став (1)); 2) врши маркетинг на мали количини на семе и саден материјал за кое има одобрение да го користи за научни цели, селекција или официјално испитување (член 14); 3) не води пропишана евиденција за состојбите на семенските посеви и насадите од саден материјал (член 16); 4) не го плаќа надоместокот од членот 45 став (2) на овој закон и 5) вршителот на јавната служба не ги извршува или навремено не ги извршува обврските (член 60 став (1)). (2) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичкото лице за дествијата од ставот (1) на овој член.” Член 36 Членот 67-а се менува и гласи: „Прекршочна постапка (1) Прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон ја води прекршочна комисија формирана од министерот за земјоделство шумарство и водостопанство. (2) Во случај кога е утврдено дека е сторен прекршок, пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоци предвидени со овој закон, државниот инспектор за земјоделство ќе му предложи на сторителот на прекршокот постапка за порамнување, согласно со Законот за прекршоците.” Член 37 Подзаконските акти за постапката за едукација ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Другите подзаконски акти предвидени со овој закон ќе бидат донесени во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 38 Сортите кои се запишани или ќе се запишат во националната сортна листа до денот на влегувањето во сила на овој закон, а кои не се испитани во поглед на различноста, хомогеноста и стабилноста - DUS тест, треба да се испитаат или да се обезбедат резултати за тоа најдоцна во рок од пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 39 Се задолжува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија во рок од 30 дена од објавувањето на овој закон да утврди пречистен текст на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. Член 40 9 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.