跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on product safety

颁布于 2015-08-26 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
consumer protection, offences/penalties

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 152 од 3.09.2015 година 20151524358 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 26 август 2015 година. Бр. 08-3934/1 Претседател 26 август 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Член 1 Во Законот за безбедност на производите („Службен весник Република Македонија” број 33/2006, 63/2007, 24/11, 51/11, 148/11, и 164/13) во членот 39 став (1) зборовите: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“ се заменуваат со зборовите: „Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочнатa постапка. “ Член 2 Во членот 42 став (1) воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно на трговецот поединец ако:“ Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот( 1) на овој член.“ Ставот (4) се менува и гласи: „ Глоба во износ од 500 до 750 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) точка 2) на овој член.“ Во ставот (6) зборовите: „три до пет години“ се заменуваат со зборовите: „една до три години“. 1 од 4 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 152 од 3.09.2015 година Член 3 Во членот 43 став (1) воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно на трговецот поединец ако:“ Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот (1) на овој член.“ Ставот (4) се менува и гласи: „Глоба во износ од 500 до 750 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) точка 2) на овој член.“ Во ставот (6) зборовите: „три до пет години“ се заменуваат со зборовите: „една до три години.“ Член 4 Во членот 43-а став (1) воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно на трговецот поединец ако: “ Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот (1) на овој член.“ Ставот (4) се менува и гласи: „Глоба во износ од 70 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. “ Ставот (5) се брише. Член 5 Членот 43-б се менува и гласи: „(1) За прекршоците утврдени во членовите 42, 43 и 43-а од овој закон, на правното лице, односно на трговецот поединец, надлежниот инспектор пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог. (2) Кога надлежниот инспектор ќе констатира прекршок од ставот (1) на овој член составува записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието на прекршокот и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластеното службено лице и сторителот. Доколку сторителот го признае прекршокот надлежниот инспектор ќе му издаде прекршочен платен налог заради наплата на глобата за прекршокот. (3) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот на прекршокот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог, на сметката означена во платниот налог. (4) Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од став (3) на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука. (5) Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од став (3) на овој член, за прекршоците од членовите 42 и 43 од овој закон, надлежниот инспектор поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд. 2 од 4 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 152 од 3.09.2015 година (6) Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од став (3) на овој член, за прекршоците од членот 43-а од овој закон, надлежниот инспектор поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред Прекршочна комисија од членот 41-а од овој закон. (7) Надлежните инспектори се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (8) Во евиденцијата од ставот (7) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (9) Личните податоци од ставот (8) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (10) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за економија.“ Член 6 Членот 43-в се менува и гласи: „(1) За прекршоците утврдени во членот 43-а од овој закон, на физичкото лице, надлежниот инспектор ќе спроведе постапка за порамнување со издавање на мандатен платен налог, за плаќање на глобата во определениот износ, во рок од осум дена од денот на врачување на мандатниот платен налог. (2) Ако физичкот лице доброволно не ја плати глобата во рокот од став (1) на овој член, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и надлежниот инспектор, ќе го достави до органот надлежен за присилно извршување, за негово извршување. (3) Надлежните инспектори се должни да водат евиденција за издадените мандатни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (4) Во евиденцијата од ставот (3) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (5) Личните податоци од ставот (4) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (6) Формата и содржината на мандатниот платен налог ја пропишува министерот за економија.“ Член 7 По членот 43-в се додава нов член 43-г кој гласи: „Член 43 -г Одмерувањето на висината на глобите на правното лице односно на трговецот поединец се врши согласно со Законот за прекршоците”. Член 8 Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.“ Член 9 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за безбедност на производите. 3 од 4 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 152 од 3.09.2015 година Член 10 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 4 од 4 www.pravdiko.mk