Law amending the Law on product safety
颁布于 2011-04-11 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Environment
- 关键词
- authorization/permit, inspection, internal trade, international trade
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година 20110511392 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 април 2011 година. Бр.07-2041/1 11 април 2011 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Член 1 Во Законот за безбедност на производите („Службен весник на Република Македонија“ број 33/2006, 63/2007 и 24/11), во членот 1 по зборот “документите” се става запирка и се додаваат зборовите: „оцената на сообразност“. Член 2 Во членот 4 ставот 1 се менува и гласи: “Податоците кои им се достапни на надлежните органи од членот 33 ставови (2) и (3) на овој закон, а кои се поврзани со ризиците по здравјето и безбедноста на потрошувачите настанати од производите се јавни, во согласност со барањата за транспарентност. Надлежните органи се должни да ги достават потребните информации со кои детално се опишува конкретниот производ, видовите на ризикот поврзани со неговата примена, како и донесените мерки во согласност со прописите за пристап до информации.” Член 3 Членот 5 се менува и гласи: „Владата на Република Македонија поблиску ќе го пропише начинот за разменување на информациите со Европската комисија за донесените мерки од страна на надлежните инспекциски органи со кои се ограничува пазарот на производите за кои е утврдено дека со нивната употреба е загрозено здравјето на потрошувачите.” 1 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година Член 4 Во членот 6 став 1 по точката в) се додава нова точка г), која гласи: “г) “надлежни инспекциски органи “ се инспекциски органи надлежни за вршење на надзор на пазарот, и тоа : Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот инспекторат за животна средина и други органи на државната управа или инспектори кои вршат надзор на пазарот во согласност со закон, како и други органи и организации и независни регулаторни тела што вршат надзор на пазарот.” Во ставот 2 точка г) зборовите: “сериозна опасност” се заменуваат со зборовите: “сериозен ризик”. Точката ѓ) се менува и гласи: “„врaќање” e каква било мерка со цел целосно повлекување на ризичните производи на производителот или дистрибутерот кои им се веќе пласирани или достапни на потрошувачите;”. Во точката е) точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот “и” и се додава нова точка ж) која гласи: “ж) “увозник“ е секое правно или физичко лице основано во Република Македонија кое на пазарот во Република Македонија пушта производ од друга земја.” Член 5 Во членот 9 ставот (2) се менува и гласи: “Производот се смета за безбеден ако ризиците и видовите на ризик се опфатени со соодветни национални стандарди кои се усогласени со соодветните европски стандарди објавени во листата на стандарди од ставот ( 3) на овој член и ако е усогласен со барањата за општа безбедност утврдени во овие стандарди.” Член 6 Во членот 12 став (1) точка 2 зборовите: “целосно повлекување” се заменуваат со зборовите: “враќање на производите од потрошувачите“. Член 7 Во членот 17 ставот (1) се менува и гласи: “Во случај кога надлежните инспекциски органи ќе го ограничат пуштањето на пазар на производите или ќе преземат мерки со кои ќе наредат повлекување или враќање на производите, согласно со членот 36 од овој закон, се должни да го известат Министерството за економија, наведувајќи ги причините за донесените мерки.“ Во ставот (3) зборовите: “нова опасност која што не била опфатена” се заменуваат со зборовите: “нов ризик кој што не бил опфатен”. Ставот 5 се брише. Член 8 Членот 18 се менува и гласи: “(1) Контактна точка на системот за брзо информирање за производите кои претставуваат сериозен ризик (во натамошниот текст: RAPEX) во Република Македонија е Министерството за економија - Државен пазарен инспекторат. (2) Во случај кога надлежните инспекциски органи заради производите кои претставуваат сериозен ризик ќе донесат или планираат да донесат мерки или пак ќе се согласат со производителите и дистрибутерите на задолжителна или доброволна основа за попречување, ограничување или претходно исполнување на условите за пуштање на пазар 2 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година на производите или ставање во употреба, се должни веднаш за истото да го известат Министерството за економија - Државен пазарен инспекторат . (3) Надлежниот инспекциски орган е должен да го извести Министерството за економија - Државен пазарен инспекторат навремено, без задоцнување за промените или престанокот на некоја од мерките од ставот (2) на овој член. (4) Во случај на сериозен ризик надлежниот инспекциски орган е должен да ги проследи информациите согласно со овој член и за доброволните мерки предвидени од Првиот дел во Главата III и Третиот дел од овој закон, преземени од страна на производителите и дистрибутерите. (5) Владата на Република Македонија подетално ќе ја пропише содржината на известувањето, како и постапката за известување од ставот (6) на овој член. (6) Министерство за економија - Државниот пазарен инспекторат преку RAPEX ќе ја извести Европската комисија за преземените активности согласно со ставовите (2 )и (3) од овој член.” Член 9 Во членот 19 став 1 алинеја 2 зборовите: ”постапка за оцена на сообразност“ се заменуваат со зборовите: “оцена на сообразност”. По алинеја 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: “- “нехармонизирана област” е областа за безбедност на производите за која нема хармонизирани прописи во Европската заедница,”. Во алинеја 7 зборовите: “ставање во употреба“ се заменуваат со зборовите: “ставање во користење и употреба“. Член 10 Во членот 20 став (1) воведната реченица се менува и гласи: “За одделни производи кои се наменети за потрошувачите или за други корисници се донесуваат технички прописи кои ги содржат следниве барања:“ Точката 5 се менува и гласи: „обврска и начин за примена на знакот за оцена на сообразност.” Ставот (3) се менува и гласи: “Постапката за оцена на сообразност ќе се регулира со техничките прописи стандарди и техничките спецификации.” Член 11 Во членот 22 ставот (2) се менува и гласи: “Производите и група на производи кои не се во согласност со релевантните технички прописи не смеат да бидат обележани со знакот за сообразност.” Член 12 Членот 23 се менува и гласи: “Со техничките прописи се пропишуваат производите за кои при нивното пуштање на пазар или ставање во употреба производителот е должен да: 1) обезбеди примена на постапките за оцена на сообразност пропишани во релевантните технички прописи; 2) обезбеди документ за сообразност; 3) изработи техничка документација со пропишана форма и содржина и истата ја чува на пропишан начин и времетраење; 4) употребува пропишани знаци за сообразност; 3 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година 5) на барање на надлежните инспекциски органи ги доставува сите потребни информации за сообразноста на производот, документите за сообразност и техничката документација и 6) ги извршува и другите задачи наведени во техничките прописи.“ Член 13 Во членот 24 ставот (4) се менува и гласи: “Со решението од ставот (2) на овој член се овластува правното лице за вршење на оцена на сообразност, при што во решението се определува рокот за важење на овластувањето и задачите кои треба да ги извршува телото за оцена на сообразноста.” Ставот (7) се менува и гласи: “Во согласност со прописот од ставот (9) на овој член, министерот за економија може да ја информира Европската комисија за телата за оцена на сообразноста, како и земјата членка по нивно барање.” Ставот (9) се брише. Ставот (10) кој станува став (9) се менува и гласи: “Владата на Република Македонија ги пропишува постапката која треба да ја спроведат државни¬те органи и институции за донесување на решението од ставот (2) на овој член, начинот на известување за укинување на решението од членот 25 став (1) на овој закон, формата и содржината на регистарот од ставот (8) на овој член, начинот на известувањето за стекнување на својство на телата за оцена на сообразност и начинот на информирање за телата за оцена на сообразност во Европската комисија.” Член 14 Во членот 25 ставот (1) се менува и гласи: “Ако се утврди дека телото за оцена на сообразноста престанало да исполнува определен услов од членот 24 ставови (1) и (3) на овој закон или кој било услов утврден со релевантниот технички пропис, министерот за економија ќе донесе решение со кое ќе го укине решението за овластување.” Во ставот (4) по зборот ”назначено” зборот ”(нотифицирано)” се брише. Член 15 Во членот 26 став (1) зборовите: ”заинтересираните правни и физички лица“ се заменуваат со зборовите: “производителот или застапникот на производителот". Ставот 3 се менува и гласи: “Телата за оцена на сообразност склучуваат договор во писмена форма со производителот или застапникот на производителот за да обезбеди документ за оцена на сообразност.” Член 16 Во членот 29 ставот (1) воведната реченица се менува и гласи: “Министерот за економија, односно министерот надлежен за донесување на техничките прописи, за производите пропишани со техничките прописи кои се во сила во Република Македонија, а кои не се усогласени со хармонизираното законодавство на Европската заедница (во натамошниот текст: не¬хармонизирани прописи), може по исклучок од членот 28 на овој закон да донесе решение со кое ќе ја признае важноста на документите и знаците за сообразност од странско потекло, доколку бидат исполнети следниве услови:”. Член 17 Во членот 30 ставот (1) се менува и гласи: 4 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година “Пропишаните барања за производите утврдени со нехармонизираните прописи не важат за производите кои согласно со закон и друг пропис се произведени, наменети за пуштање на пазар или ставање во употреба во земјите членки на Европската унија и ЕЕП.“ Член 18 Во членот 33 ставот (2) се менува и гласи: “Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон кои се однесуваат на производите од членовите 6 став (2) и 19 став (1) алинеја 1 на овој закон, техничките прописи и нехармонизираните прописи донесени врз основа на овој закон вршат надлежни инспекциски органи.“ Ставот 3 се брише. Член 19 Во членот 34 алинеите 4 и 5 зборовите: “од членот 19 став (1) алинеја 1 на овој закон “ се бришат. Член 20 Во членот 35 ставот (1) се менува и гласи: “Надлежните инспекциски органи при преземањето на мерките со донесување на решение се должни да постапуваат така што нивните мерки да се сразмерни со сериозноста на ризикот при што во најголема можна мера да се почитува принципот на претпазливост и можните непосредни и посредни ризици по здравјето и безбедноста на потрошувачите и другите корисници на производот.” Член 21 Во членот 36 став (1) точката 3 се менува и гласи: “за кој било производ од овој закон кој може да е ризичен , ќе преземе мерки со донесување на решение со кое привремено ќе го забрани неговото добавување, понуда за набавка или неговото пуштање на пазарот, или рекламирање и тоа за периодот неопходен за сите прегледи за неговата безбедност, контроли и процени;“. Во точката 5 алинејата 2 се менува и гласи: “- ќе преземе мерки со донесување на решение со кое ќе нареди или ќе координира или, доколку е соодветно, ќе организира заедно со производителите и дистрибутерите негово враќање од потрошувачите и негово уништување во соодветни услови. “ Ставот (2) се менува и гласи: “Пред преземањето на мерките за повлекување или враќањето на производот со донесување на решението од ставот (1) точки 3, 4 и 5 на овој член, надлежните инспекциски органи се должни да ги поттикнат производителите и дистрибутерите, корисниците и потрошувачите да ги имплементираат овие мерки.“ Член 22 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. 5 од 5 www.pravdiko.com