跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on product safety

颁布于 2011-02-23 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
inspection, offences/penalties

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 20110240594 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија, издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 23 февруари 2011 година. Бр. 07-1060/1 23 февруари 2011 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Член 1 Во Законот за безбедност на производите („Службен весник на Република Македонија” бр. 33/2006 и 35/2007), по членот 37 се додава нов член 37-а, кој гласи: „Член 37-а (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор, државниот пазарен инспектор утврди дека е сторена неправилност од членот 43-a став (1) на овој закон државниот пазарен инспектор е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот за економија. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот пазарен инспекторат, односно органот кој го извршил инспекцискиот надзор, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. 1 од 2 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку државниот пазарен инспектор при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор. (8) Доколку Државниот пазарен инспектор при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред Прекршочна комисија. (9) Државниот пазарен инспекторат, односно органот кој го извршил инспекцискиот надзор и кој ја организирал и спровел едукацијата, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на економијата.“ Член 2 Во членот 39 ставот (1) се менува и гласи: „Против секоја мерка преземена од надлежниот инспекциски орган, може да се изјави жалба во рок од осум дена до комисија при надлежното министерство составена од три члена кои ги именува надлежниот министер.“ Член 3 Во членот 40 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Ако државниот пазарен инспектор, при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека субјектите од членот 40 на овој закон врши дејност без да е регистриран во соодветниот регистар ќе донесе решение за привремена забрана на вршење на дејноста во траење од 30 дена.” Член 4 Во членот 43-а став (1) износот “1.000” се заменува со износот “700”. Член 5 По членот 52 се додава нов член 52-а, кој гласи: „Член 52-а Подзаконските акти од членот 37-а на овој закон, министерот за економија ќе ги донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон .” Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 2 од 2 www.pravdiko.com

Law amending the Law on product safety · Nelum