跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on product safety

颁布于 2011-10-19 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
legal proceedings/administrative proceedings, inspection, processing/handling

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 148 од 21.10.2011 година 20111483225 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Се прогласува Законот за изменување на Законот за безбедност на производите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 19 октомври 2011 година. Бр. 07- 4391/1 Претседател 19 октомври 2011 година на Република Македонија, Скопје орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Член 1 Во Законот за безбедност на производите („Службен весник на Република Македонија“ број 33/2006, 63/2007, 24/11 и 51/11), членот 24 се менува и гласи: „(1) Со техничките прописи за одделни производи се определуваат условите кои треба да ги исполнуваат правните лица за вршење на оцена на сообразност, а кои особено се однесуваат на: соодветен стручен кадар, просторна и техничка опременост, независност и непристрасност во однос на субјектите кои се непосредно или посредно поврзани со производот чија сообразност се оценува, доверливост во работата, одговорност за извршената работа, осигурување од професионална одговорност и други услови кои се потребни за соодветно извршување на пропишаната постапка. (2) За добивање на овластување за вршење на оцена на сообразност правните лица доставуваат барање до Министерството за економија со потребана документација. (3) Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член и потребната документација ја пропишува министерот за економија. (4) Ако се утврди дека се исполнети условите од ставот (1) на овој член, како и условите за вршење на оцена на сообразноста утврдени во техничките прописи, по претходна согласност на министерот надлежен за донесување на прописот од соодветната област, министерот за економија во рок од 15 од денот на поднесувањето на барањето од ставот (2) на овој член го овластува правното лице за вршење на оцена на сообразност. 1 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 148 од 21.10.2011 година (5) Доколку министерот за економија не донесе решение за овластување на правното лице за вршење на оцена на сообразност во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за економија, за донесување на решение за овластување на правното лице за вршење на оцена на сообразност. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (5) на овој член ги пропишува министерот за економија. (7) Кон барањето за издавање решение за овластување на правното лице за вршење на оцена на сообразност, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (2) на овој член. (8) Министерот за економија е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (5) на овој член до писарницата на Министерството за економија да донесе решение со кое барањето за издавање на решението е уважено или одбиено. Доколку министерот за економија нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за економија. (9) Доколку министерот за економија не донесе решение во рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (10) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (9) на овој член да изврши надзор во Министерството за економија дали е спроведена постапката согласно со овој закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (11) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за економија во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (12) Доколку министерот за економија не одлучи во рокот од ставот (11) на овој член инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за економија ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку министерот за економија не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (12) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (15) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (14) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (10) и (11) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (12) и (13) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од 2 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 148 од 21.10.2011 година пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за економија дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Во случајот од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторот веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг испектор да го спроведе надзорот веднаш. (18) Во случајот од ставот (17) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (19) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (15) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (20) Доколку министерот за економија не одлучи во рокот од ставот (13) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (21) Постапката пред Управниот суд е итна. (22) Телото за оцена на сообразноста се смета дека ги исполнува условите за вршење на оцена на сообразност, определени во техничките прописи, ако неговата оспособеност е докажана со претходно спроведена постапка за акредитација. Сертификатот за акредитација издаден од Институтот за акредитација на Република Македонија и сертификати издадени од земјите членки на Европската унија или земји кандидати за членство во Европската унија, под услов нивните акредитациони тела во соодветната област да се потписнички на договорот за меѓусебно признавање на акредитација (МЛА), се смета за доказ на техничката оспособеност на телото за оцена на сообразноста. (23) Со решението од ставот (4) на овој член се овластува правното лице за вршење на оцена на сообразност, при што во решението се определува рокот за важење на овластувањето и задачите кои треба да ги извршува телото за оцена на сообразноста. (24) Против решението од ставот (4) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (25) Телата за оцена на сообразност се должни постојано да ги исполнуваат условите од ставовите (1) и (22) на овој член. (26) Во согласност со прописот од ставот (28) на овој член, министерот за економија може да ја информира Европската комисија за телата за оцена на сообразноста, како и земјата членка по нивно барање. (27) Министерството за економија води регистар на телата за оцена на сообразност. (28) Владата на Република Македонија ги пропишува постапката која треба да ја спроведат државните органи и институции за донесување на решението од ставот (4) на овој член, начинот на известување за укинување на решението од членот 25 став (1) од овој закон, формата и содржината на регистарот од ставот (27) на овој член, заедничката рамка за пуштање на производите на пазар и начинот на известувањето за стекнување на својство на телата за оцена на сообразност и начинот за нотифицирање на телата за оцена на сообразност во Европската комисија.“ Член 2 Во членовите 25 став (2) и 30 став (4) од овој закон зборовите: “Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управните работи од втор степен од областа на економијата“ се заменуваат зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен”. 3 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 148 од 21.10.2011 година Член 3 Подзаконскиот акт од членот 1 став (6) од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот 1 на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за економија. Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен одредбата од членовите 1 став (24) и 2 од овој закон кој ќе започне да се применува од започнување на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапката од работен однос во втор степен. 4 од 4 www.pravdiko.com

Law amending the Law on product safety · Nelum