Law amending the Law on privatization of state agricultural land
颁布于 2013-10-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Land and soil
- 关键词
- agricultural land, ownership, public land, authorization/permit, land tenure, property rights
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
1 | С т р а н и ц а ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ (Објавено во Сл. Весник на РМ, бр.137 од 07.10.2013 година) Член 1 Во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија” број 87/13 и 106/13), во членот 3 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост не можат да стекнат странски физички и правни лица ниту на посреден начин преку сопственост на акции или удели во процент поголем од 49% врз капитално поврзани правни лица кои имаат непосредна или посредна контрола во донесувањето на одлуките на правното лице кое се стекнало со сопственост на земјоделско земјиште согласно со одредбите од овој закон.” Во ставот (3) кој станува став (4) по зборот „ставовите“ се додава бројот „(1)“. Член 2 Во членот 11 став (1) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: “кои не се подружници на странски правни лица.“ Член 3 По членот 20 се додаваат два нови члена 20-а и 20-б, кои гласат: „Член 20-а (1) Со право на сопственост на земјоделско земјиште за кое е склучен договор за купопродажба со министерството, а врз кое е засновано право на залог, во постапка на извршување заради намирување на побарување на заложен доверител може да се стекнат само правни и физички лица кои ги исполнуваат условите за стекнување со право на сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост предвидени со овој закон. (2) Одредбата од ставот (1) на овој член е составен дел на договорот за купопродажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. Член 20-б Во случај на продажба на акции или удели на правното лице кое се стекнало со право на сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост, на странско правно и физичко лице, по склучувањето на договорот за купопродажба на земјоделско земјиште во државна сопственост при што странското правно, односно физичко лице 2 | С т р а н и ц а се стекнало со право на сопственост на акции или удели во процент поголем од 49%, договорот за купопродажба на земјоделско земјиште во државна сопственост е ништовен.“ Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.