跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on pastures

颁布于 2015-11-03 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
grazing, offences/penalties, pastoralism, animal production

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 3 ноември 2015 година. Број 08 - 5163/1 3 ноември 2015 година С к о п ј е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА д-р Ѓорге Иванов,с.р. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Трајко Вељаноски,с.р. Дека преписот е верен на оригиналот тврди: ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Вјекослав Анѓеловски 2 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАСИШТАТА Член 1 Во Законот за пасиштата (“Службен весник на Република Македонија” број 3/98, 101/2000, 89/2008, 105/2009, 42/10, 116/10 и 164/13), во членот 14-а став (8) зборот “суд“ се менува со зборовите: “прекршочен орган“. Член 2 Во членот 15 став (1) зборовите: “1.500 до“ се бришат, а по зборовите: “правно лице“ се додаваат зборовите: “односно трговец поединец“. Ставот (2) се менува и гласи: “Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице, односно трговец поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно трговец поединец за прекршоците од ставот (1) на овој член.“ Во ставот 3 зборовите: “од една до три години“ се заменуваат со зборовите: “до 30 дена“. Ставот 4 се брише. Член 3 Во членот 16 зборовите: “од 400 до 1.000“ се заменуваат со зборовите: “од 300 до 450“. Член 4 Членот 16-а се менува и гласи: (1) За прекршоците утврдени во членовите 15 и 16 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Прекршочниот орган). (2) Прекршочната постапка од ставот (1) на овој член пред Прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок (во натамошниот текст: Прекршочната комисија) формирана од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Прекршочната комисија е составена од овластени службени лица вработени во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од кои едно ја врши функцијата на претседател на Прекршочната комисија. (4) Прекршочната комисија е составена од три члена од кои: еден дипломиран правник, со положен правосуден испит со пет години работно искуство во својата област, еден дипломиран земјоделски инженер со пет години работно искуство во својата област и еден дипломиран шумарски инженер со пет години работно искуство од областа на шумарските науки. (5) Прекршочната комисија се избира со времетраење од три години со право на реизбор на членовите. (6) За претседател на Прекршочната комисија може да биде избран само дипломиран правник со положен правосуден испит. (7) Прекршочниот орган одлучува по прекршоците и изрекува прекршочни санкции утврдени со овој закон. (8) Покрај членовите на Прекршочната комисија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да определи секретар на Прекршочната комисија кој врши административни работи за Комисијата и заменици членови кои, по исклучок, учествуваат во работата на Прекршочната комисија во случај на отсуство на некој од членовите. (9) Прекршочната комисија донесува деловник за својата работа. 3 (10) Против решенијата на Прекршочниот орган, со кои се изрекува прекршочна санкција може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на испекцискиот надзор и прекршочната постапка.” Член 5 По членот 16-а се додаваат два нови члена 16-б и 16-в, кои гласат: “Член 16-б (1) За прекршоците утврдени во членовите 15 и 16 од овој закон, државниот инспектор за земјоделство е должен на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. (2) Прекршочниот платен налог содржи лично име, адреса, и единствен матичен број на граќанинот, ако се работи за странец и број на патната исправа и држава, а за правно лице назив, седиште и даночен број, местото и времето на сторување на прекршокот, правната квалификација на прекршокот, износот на глобата, број на сметката за плаќање и правна поука. (3) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог сторителот на прекршокот е должен да ја плати изречената глоба во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во платниот налог. (4) Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот (3) на овој член ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука. (5) Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од ставот (3) на овој член државниот инспектор за земјоделство поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до прекршочен орган. (6) Ако сторителот на прекршокот одбие да го прими и потпише прекршочниот платен налог, државниот инспектор за земјоделство е должен веднаш да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до прекршочен орган. (7) Државниот инспектор за земјоделство е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (8) Во евиденцијата од ставот (9) на овој член се собираат обработуваат и чуваат следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно претојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочен платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (9) Личните податоци од ставот (10) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (10) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo. Член 16-в Одмерувањето на висината на глобата за правното лице, односно трговец поединец за прекршоците во овој закон ќе се врши согласно со Законот за прекршоците.“ Член 6 Подзаконскиот акт утврден со овој закон ќе се донесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 7 Се овластува Законодавно - правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за пасиштата. 4 Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Law amending the Law on pastures · Nelum