Law amending the Law on inspections
颁布于 2014-07-27 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Законот за изменување на Законот за инспекциски надзор.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Environment
- 关键词
- inspection, education
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
База на закони www.pravdiko.mk 1 | С т р а н и ц а ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР (Објавено во Сл. Весник на РМ, бр.41 од 27.07.2014 година) Член 1 Во Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ број 50/10, 162/10, 157/11 и 147/13), насловот на членот 22 и членот 22 се менуваат и гласат: „Категории на работни места на инспектори Член 22 (1) Работните места на инспекторите се класифицираат во две категории, и тоа: категорија Б - раководни инспектори и категорија В - инспектори. (2) Во рамките на секоја категорија од ставот (1) на овој член се утврдуваат повеќе нивоа на работни места на инспектори.“ Член 2 По членот 22 се додаваат три нови члена 22-а, 22-б и 22-в, кои гласат: „Нивоа на работни места на инспектори од категоријата Б - раководни инспектори Член 22-а (1) Во рамките на категоријата Б - раководни инспектори, се утврдуваат следните нивоа на работни места на инспектори: Б1 - раководен инспектор од прво ниво, Б2 - раководен инспектор од второ ниво, Б3 - раководен инспектор од трето ниво и Б4 - раководен инспектор од четврто ниво. (2) Раководниот инспектор од категорија Б, треба да ги исполни следните посебни услови за работното место: стручни квалификации: за сите нивоа - најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа за: нивото Б1 најмалку десет години работно искуство во областа на надлежноста на инспекциската служба, од кои најмалку пет години на работно место од нивото В1, нивото Б2 најмалку осум години работно искуство во областа на надлежноста на инспекциската служба, од кои најмалку три години на работно место од нивото В1, за нивото Б3 најмалку шест години работно искуство во областа на надлежноста на База на закони www.pravdiko.mk 2 | С т р а н и ц а инспекциската служба, од кои најмалку две години на работно место од нивото В1 или нивото Б4 најмалку четири години работно искуство во областа на надлежноста на инспекциската служба, од кои најмалку една години на работно место од нивото В1, општи работни компетенции за сите нивоа - категорија Б, согласно со Рамката на општи работни компетенции; посебни работни компетенции за сите нивоа да поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: Certiport: IC3 GS4 Key Applications - положен, Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или ECDL: Core - положен, за сите нивоа да има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место со полагање на психолошки тест и тест за интегритет и за сите нивоа да има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба. Нивоа на работни места на инспектори од категоријата Б - инспектори Член 22-б (1) Во рамките на категорија В - инспектори се утврдуваат следниве нивоа на работни места на инспектори: В1 - инспектор од прво ниво, В2 - инспектор од второ ниво, В3 - инспектор од трето ниво и В4 - инспектор од четврто ниво. (2) Инспектор од категоријата Б треба да ги исполни следниве посебни услови за работното место: стручни квалификации за сите нивоа - најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа за: нивото В1 најмалку три години работно искуство во областа на надлежноста на инспекциската служба, од кои најмалку две години на работно место од нивото В2, нивото В2 најмалку две години работно искуство во областа на надлежноста на инспекциската служба, од кои најмалку една години на работно место од нивото В3, нивото В3 најмалку една година работно искуство во областа на надлежноста на инспекциската служба или нивото В4 со или без работно искуство, општи работни компетенции за сите нивоа - категорија Б, согласно со Рамката на општи работни компетенции, посебни работни компетенции: за сите нивоа да поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: Certiport: IC3 GS4 Key Applications - положен, Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или ECDL: Core - положен, База на закони www.pravdiko.mk 3 | С т р а н и ц а за сите нивоа да има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место со полагање на психолошки тест и тест за интегритет и за нивоата В1, В2 и В3 да има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба. Звања на инспектори Член 22-в За инспекторите нивоата во рамките на категориите дополнително се опишуваат со звање, и тоа: Б1 - генерален инспектор, Б2 - главен инспектор, Б3 - помошник главен инспектор, Б4 - виш инспектор, В1 - советник инспектор, В2 - самостоен инспектор, В3 - помошник инспектор и В4 - помлад инспектор.“ Член 3 Во член 45 по ставот (1) се додаваат шест нови става (2), (3), (4), (5), (6) и (7), кои гласат: „(2) Службената легитимација од ставот (1) на овој член ја издава директорот на инспекторатот. (3) За инспекторите во инспекциските служби организирани како организациони единици во рамките на органите на државна управа, односно единиците на локална самоуправа, службената легитимација од ставот (1) на овој член ја издава функционерот кој раководи со органот на државната управа, односно градоначалникот во чии рамки е инспекциската служба. (4) Службената легитимација има важност од шест години. (5) По истекот на важноста инспекторот е должен да ја врати легитимација на функционерот кој раководи со органот што му ја издал легитимацијата, односно градоначалникот кој е должен да издаде нова. (6) Во случај на одземање на лиценцата согласно со членот 19-а став (1) од овој закон или привремено одземање на лиценцата, односно одземање на привремената лиценца согласно со членот 19-а став (2) од овој закон, инспекторот е должен да ја врати легитимацијата на функционерот кој раководи со органот што му ја издал легитимацијата, односно градоначалникот. (7) Доколку не биде утврдена дисциплинска одговорност согласно со членот 19-б став (11) од овој закон и не биде донесено решение за привремено одземање на лиценцата, инспекторот повторно се задолжува со легитимацијата.“ База на закони www.pravdiko.mk 4 | С т р а н и ц а Во ставот (2 кој станува став (8) по зборот „легитимацијата“ се додаваат зборовите: „начинот на нејзиното издавање и одземање и“. Член 4 Постојните службени легитимации на инспекторите ќе бидат заменети со нови привремени лиценци за инспекторите во инспекторатите со денот на стекнувањето на својство на правно лице, а инспекциските служби организирани како организациони единици во рамките на органите на државната управа, односно инспекторите во инспекциските служби организирани како организациони единици во рамките на органите на единиците на локалната самоуправа во рок од шест месеци од денот на започнувањето на примената на овој закон. Член 5 Одредбите од подзаконските прописи со кои е пропишана формата и содржината на службените легитимации, ќе се усогласат со членот 3 од овој закон најдоцна во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, во однос на начинот на издавање и одземање на лиценците. Член 6 Во Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ број 147/1), во членот 22 зборовите „а ќе започне да се применува во рок од шест месеци од денот на влегување во сила“ се заменуваат со датата „1 јули 2014 година“. Член 7 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", освен членовите 1 и 2 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат од денот на започнувањето со примената на Законот за административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14), а членот 3 од овој закон ќе започне да се применува од 1 јули 2014 година.