跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on inland waterways

颁布于 2015-08-21 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Water
关键词
inland waters, navigation, offences/penalties

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 146 од 26.08.2015 година 20151464137 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 август 2015 година. Бр. 08-3662/1 21 август 2015 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНOТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ број 55/2007, 26/2009, 22/10, 23/11, 53/11, 155/12, 15/13, 137/13, 163/13, 42/14 и 166/14) во членот 299-а во ставот 2 зборовите: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“ се заменуваат со зборовите: „Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 2 Во членот 300 став 1 во воведната реченица зборовите: „6.000 до“ се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во висина од 30% од одмерената глоба за странското правното лице, ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во странското правното лице.“ Во ставот 3 зборовите: „1.000 евра“ се заменуваат со зборовите: „800 до 1200 евра“. Член 3 Во членот 301 став 1 во воведната реченица зборовите: „6.000 до “ се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице, ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во правното лице.“ 1 од 3 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 146 од 26.08.2015 година Во ставот 3 зборовите: „од една до пет години“ се заменуваат со зборовите: „до една година“. Член 4 Во членот 301-а став 1 во воведната реченица зборовите: „4.000 до“ се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице, ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во правното лице.“ Член 5 Насловот пред членот 302 и членот 302 се бришат. Член 6 Во членот 303 став 1 во воведната реченица зборовите: „3.000 до“ се бришат. По ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи: „Глоба во висина од 30% од одмерената глоба за трговецот поединец, ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во трговецот поединец.“ Во ставот 2 кој станува став 3 зборовите: „од една до пет години“ се заменуваат со зборовите: „до една година“. Ставот 3 станува став 4. Член 7 Во членот 303-а став 1 во воведната реченица зборовите: „2.000 до“ бришат. По ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи: „Глоба во висина од 30% од одмерената глоба за трговецот поединец, ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во трговецот поединец.“ Во ставот 2 кој станува став 3 зборовите: „од една до пет години“ се заменуваат со зборовите: „до една година“. Ставот 3 станува став 4. Член 8 Членот 303-б се менува и гласи: „За прекршоците од членот 301 став 1 алинеи 6, 10, 13, 17, 19, 22, 24, 25, 29 и 35 и членот 303 став 1 алинеи 6, 10, 13, 17, 19, 22, 24, 25, 29 и 36 на овој закон, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може на самото место да изрече глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност на лице вработено во правното лице, односно на лицето вработено кај трговец поединец, со издавање на мандатен платен налог. Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен да води евиденција за издадените мандатни платни налози и за исходот на покренатите постапки. Во евиденцијата од ставот 2 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. Личните податоци од ставот 3 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. Формата и содржината на мандатниот платен налог ја пропишува министерот за транспорт и врски.“ Член 9 Во членот 304 став 1 во воведната реченица зборовите: „800 до 2.000 евра“ се заменуваат со зборовите: „800 до 1.200 евра“. 2 од 3 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 146 од 26.08.2015 година Член 10 Во членот 304-а став 1 во воведната реченица зборовите: „600 до 1.000 евра“ се заменуваат со зборовите: „600 до 900 евра“. Член 11 Во членот 304-б во ставот 1 зборовите: „300, 301, 303, 304 став 1 и 304-а“ се заменуваат со зборовите: „300, 301, 301-а, 303, 303-а, 303-в, 304 и 304-а“, а по зборовите: „постапка за порамнување“ се додаваат зборовите: „со издавање на прекршочен платен налог, освен во случаите утврдени во членот 303-б на овој закон. “ Во ставот 2 во првата реченица зборовите: „платен налог“ се заменува со зборот „прекршочен платен налог“ а во втората реченица зборовите: „платниот налог“ се заменуваат со зборовите: „прекршочниот платен налог“. Во ставот 3 зборовите: „платниот налог“ се заменуваат со зборовите: „прекршочниот платен налог“. Ставот 5 се менува и гласи: „Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки.“ По ставот 5 се додаваат три нови става 6, 7 и 8 кои гласат: „Во евиденцијата од ставот 5 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. Личните податоци од ставот 6 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за транспорт и врски.“ Член 12 По членот 304-б се додава нов член 304-в кој гласи: “Член 304-в Одмерувањето на висината на глобата за правно лице односно трговец поединец се врши согласно со Законот за прекршоците.“ Член 13 Подзаконските акти утврдени во овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 14 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за внатрешната пловидба. Член 15 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3 www.pravdiko.mk

Law amending the Law on inland waterways · Nelum