Law amending the Law on inland waterways
颁布于 2013-10-03 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Water
- 关键词
- inland waters, inspection, navigation, registration
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 137 од 7.10.2013 година 20131373309 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 3 октомври 2013 година. Бр. 07-3738/1 3 октомври 2013 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ број 55/2007, 26/2009, 22/10, 23/11, 53/11, 155/12 и 15/13), по членот 65 се додава нов член 65-а, кој гласи: „Член 65-a Ако чамец не е впишан во Регистарот на чамци и нема исправа за способност за пловидба, за истиот Капетанијата може да издаде привремена пловидбена дозвола заради тестирање на чамецот и за промотивни цели со чамецот, со рок на важност од 30 дена од денот на издавањето. За издавање на привремена пловидбена дозвола сопственикот на чамецот до Капетанијата поднесува барање во кое се наведува причината за издавање на привремена пловидбена дозвола, податоци за сопственикот на чамецот, тип на чамецот, број на трупот, материјал од кој е изграден чамецот, димензии на чамецот, вид на мотор и број на мотор. Кон барањето за издавање на привремена пловидбена дозвола се приложува доказ за сопственост за пловниот објект, свидетелство за градба, односно декларација за сообразност на пловниот објект и полиса за осигурување од одговорност за штета причинета на трети лица.“ 1 од 3 Службен весник на РМ, бр. 137 од 7.10.2013 година Член 2 По членот 296 се додава нов член 296-а, кој гласи: „Член 296-a „Ако инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба утврди дека сопственик, односно корисник на пловен објект не се придржува на ограничувањата за забрана за пловидба согласно со членовите 23 и 25 став 1 од овој закон, со пловниот објект превезува над дозволениот број на патници, натовари брод надвор од границите на дозволеното оптоварување, не обезбеди појаси за спасување за лицата кои се наоѓаат на пловниот објект и управувањето со чамец го довери на лице кое нема уверение за управување со чамец, ќе донесе решение за привремено одземање на пловниот објект. Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен веднаш да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, а најдоцна во рок од 48 часа од денот на одземањето на пловниот објект и да го извести судот за извршеното привремено одземање на пловниот објект. Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба привремено одземените пловни објекти ги чува на места определени од Капетанијата.“ Член 3 Во членот 297 зборовите: „односно дека на пловниот објект има натоварено поголем број на патници или поголема количина на стока од дозволената“ се бришат. Член 4 Во членот 301 ставот 4 се менува и гласи: „За прекршокот утврден во ставот 1 алинеи 10, 16, 18, 22, 23 и 25 на овој член, покрај глобата од ставот 1 на овој член, на правното лице може да му се изрече и прекршочна мерка времено одземање на пловен објект. Трошоците кои ќе настанат од спроведувањето на решението за времено одземање на пловниот објект до истекот на рокот за враќање на пловниот објект паѓаат на товар на сторителот на прекршокот.” Член 5 Во членот 303 ставот 3 се менува и гласи: „За прекршокот утврден во ставот 1 алинеи 10, 16, 18, 22, 23 и 25 на овој член, покрај глобата од ставот 1 на овој член, на трговец поединец може да му се изрече и прекршочна мерка времено одземање на пловен објект. Трошоците кои ќе настанат од спроведувањето на решението за времено одземање на пловниот објект до истекот на рокот за враќање на пловниот објект паѓаат на товар на сторителот на прекршокот.” Член 6 Во членот 304 по ставот 1 се додава нов став 2, коj гласи: „За прекршокот утврден во ставот 1 алинеи 8, 13, 15, 19, 20 и 23 на овој член, покрај глобата од ставот 1 на овој член, на физичко лице може да му се изрече и прекршочна мерка времено одземање на пловен објект. Трошоците кои ќе настанат од спроведувањето на решението за времено одземање на пловниот објект до истекот на рокот за враќање на пловниот објект паѓаат на товар на сторителот на прекршокот.” Член 7 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за внатрешната пловидба. 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 137 од 7.10.2013 година Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3