跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on inland waterways

颁布于 2012-12-04 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Water
关键词
inland waters, navigation

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 20121553728 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 4 декември 2012 година. Бр. 07-5003/1 4 декември 2012 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2007, 26/2009, 22/10, 23/11 и 53/11), во членот 4-а зборовите: ”утврдени согласно со Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај“ се бришат. Член 2 Во членот 7 зборовите: “вршат одржување на” се заменуваат со зборовите: “управуваат со”, а точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: “на пловните патишта.” Член 3 Во членот 9 ставот 2 се брише. Член 4 Во членот 10 ставот 4 се менува и гласи: „Работите од ставот 1 на овој член може да ги врши правно и/или физичко лице овластено од министерот за транспорт и врски, кое ги исполнува следниве услови: 1) да е регистрирано за вршење на оперативно-технички работи на пловни патишта на внатрешните води; 2) да располага со соодветна опрема за вршење на работите на одржување и обележување на пловните патишта на внатрешните води и 1 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 3) да располага со соодветен стручен кадар за вршење на работите на одржување и обележување на пловните патишта на внатрешните води, односно да има најмалку пет лица во редовен работен однос од кои две лица со високо образование (дипломиран сообраќаен инженер насока воден сообраќај и дипломиран градежен инженер) и најмалку три лица со средна стручна подготовка (градежен техничар или сообраќаен техничар). Потребната опрема за вршење на рабатите на одржување и обележување на пловните патишта во внатрешните води ја пропишува министерот за транспорт и врски.” Член 5 Во членот 68 по ставот 6 се додаваат два нови става 7 и 8, кои гласат: „Имателот на чамец е должен да поднесе барање за издавање на нова пловидбена дозвола во случај кога истата е изгубена, уништена или оштетена. Губењето на пловидбената дозвола имателот на чамецот е должен да го објави во “Службен весник на Република Македонија.” Ставот 7 станува став 9. Член 6 По членот 70-б се додава нов член 70-в, кој гласи: „Член 70-в Лице кое управува со чамец е должно да поднесе барање за издавање на ново уверение за оспособеност за управување со чамец во случај кога истото е изгубено, уништено или оштетено. Губењето на уверението за оспособеност за управување со чамец имателот на чамец е должен да го објави во „Службен весник на Република Македонија“.” Член 7 Во членот 251 став 1 зборовите: “и стока” се бришат. Во ставот 2 по зборот “превоз“ се додаваат зборовите: “на патници”. Член 8 По членот 259-а се додаваат осум нови члена 259-б, 259-в, 259-г, 259-д, 259-ѓ, 259-е, 259-ж и 259-з, кои гласат: „Член 259-б Домашен превозник јавен превоз на стока во внатрешната, меѓудржавната и меѓународната пловидба може да врши врз основа на одобрение. Одобрение може да добие правно или физичко лице (во натамошниот текст: превозник), кој е запишан во Централниот регистар на Република Македонија, за вршење дејност превоз на стоки во внатрешната пловидба и ги исполнува следниве услови: 1) да е сопственик на брод, чамец или скела кои ги исполнуваат условите пропишани со овој закон; 2) со пловниот објект да управува лице со стекнато соодветно звање пропишано со овој закон; 3) управителот, односно одговорното лице за превоз да поседува сертификат за професионална компетентност за вршење превоз на стоки во внатрешната, меѓудржавната и меѓународната пловидба (во натамошниот текст: сертификат); 4) да има добар углед и 5) да има солидна финансиска состојба. 2 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година Барањето за издавање на одобрението од ставот 1 на овој член се поднесува до Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски е должно во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето да издаде одобрение или да донесе решение со кое барањето за издавање одобрение се одбива. Формата и содржината на барањето за издавање на одобрението од ставот 1 на овој член и потребната документација, како и формата и содржината на образецот на одобрението ги пропишува министерот за транспорт и врски. По жалбата против решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрението одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Министерот за транспорт и врски е должен да одлучи по поднесената жалба во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата. Член 259-в Сертификатот од членот 259-б став 2 точка 3 од овој закон го издава Министерството за транспорт и врски врз основа на уверение за положен испит за професионална компетентност. Сертификат може да добие лице кое се стекнало со знаење и положило стручен испит согласно со програмата за полагање на испит за добивање на сертификат за професионална компетентност за превоз на стока во внатрешната, меѓудржавната и меѓународната пловидба. Испитот се полага пред комисија формирана од министерот за транспорт и врски. Комисијата од ставот 3 на овој член се состои од три члена вработени во Министерството за транспорт и врски. На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение за положен испит за професионална компетентност. За полагање на испитот за професионална компетентност се плаќа надоместок. Висината на надоместокот се утврдува врз основа на реалните трошоци потребни за спроведување на испитот. Министерството за транспорт и врски води евиденција за лицата кои го положиле испитот за професионална компетентност и за издадените сертификати за професионална компетентност. Начинот и постапката на полагање на испитот, програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за професионална компетентност за превоз на стока во внатрешната, меѓудржавната и меѓународната пловидба, формата и содржината на уверението за положен испит, формата и содржината на сертификатот, како и висината на надоместокот за полагање на испитот ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 259-г Ќе се смета дека нема добар углед правно или физичко лице и одговорното лице во правното лице ако е во сила правосилна судска пресуда изречена за кривично дело против имотот, стопанството и од областа на безбедноста во јавниот сообраќај на внатрешните води и за други казниви дела за кои е предвидена затворска казна подолга од шест месеци. Член 259-д Солидна финансиска состојба се смета дека има правно или физичко лице кое ги има намирени обврските по основ на јавни давачки спрема државата во последните шест месеци. 3 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година Член 259-ѓ На превозник по исклучок од членот 259-б став 2 точка 3 од овој закон, може привремено да му се одобри да врши превоз, но најмногу до една година со можност за продолжување, но не повеќе од шест месеци, во оправдани случаи поради смрт или физичка или деловна неспособност на физичкото лице, односно на управителот или одговорното лице за превоз во правното лице. Член 259-е Одредбите од членовите 259-б и 259-в од овој закон не се однесуваат на правни или физички лица кои вршат јавен превоз на стока по водните патишта во внатрешниот сообраќај со бродови со носивост помала од 200 тони при максимален гас. Член 259-ж Одобрението за вршење на јавен превоз на стока може да се одземе ако се утврди дека превозникот не исполнува некој од условите утврдени во членот 259-б од овој закон. Член 259-з Во Република Македонија се признаваат дипломите, сертификатите и други докази за признавање на професионална компетентност издадени во земјите членки на Европската унија.” Член 9 Членот 284 се менува и гласи: „На постапката за добивање на концесија и склучување на договори за концесија се применуваат одредбите од Законот за концесии и јавно приватно партнерство.” Член 10 Во членот 301-а по алинејата 11 се додава нова алинеја 12, која гласи: „- на видно место не истакнал регистарска ознака или име на чамецот.” Член 11 Во членот 304-а по алинејата 5 се додава нова алинеја 6, која гласи: „- на видно место не истакнал регистарска ознака или име на чамецот,”. Во алинејата 10 на крајот точката се брише и се додаваат зборовите: „и ставот 3.” Член 12 Одредбата од членот 259-з од овој закон ќе се применува по пристапувањето на Република Македонија во членство на Европската унија. Член 13 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за внатрешната пловидба. Член 14 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. 4 од 4 www.pravdiko.com

Law amending the Law on inland waterways · Nelum