跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on inland waterways

颁布于 2011-04-11 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Water
关键词
inland waters, inspection, offences/penalties, legal proceedings/administrative proceedings

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 20110531497 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 април 2011 година. Бр. 07-2025/1 Претседател 11 април 2011 година на Република Македонија, Скопје орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешна пловидба (“Службен весник на Република Македонија“ број 55/2007, 26/0209, 22/10 и 23/11), во членот 60 ставот (3) се менува и гласи: “Барањето за издавање на одобрение за поставување на пливачки објект се поднесува до општината на чие подрачје треба да се постави пливачкиот објект.“ По ставот (6) се додаваат четири нови става (7), (8), (9) и (10), кои гласат: “(7) Oпштината е должна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето да издаде одобрение за поставување на пливачки објект или да донесе решение за одбивање на барањето за издавање на одобрение за поставување на пливачки објект. (8) Против решението за одбивање на барањето од ставот (7) на овој член може да се изјави жалба до министерот за транспорт и врски, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. (9) Министерот за транспорт и врски е должен да одлучи по поднесената жалба од ставот (8) на овој член во рок од 45 дена од денот на приемот на жалбата. (10) Формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за поставување на пливачки објект и потребната документација ги пропишува министерот за транспорт и врски.“ Член 2 По членот 60 се додаваат два нови члена 60-а и 60-б, кои гласат: 1 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година “Член 60-а (1) Доколку општината не издаде одобрение за поставување на пливачки објект, односно не донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на одобрението во рокот од членот 60 став (7) на овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на градоначалникот на општината, за градоначалникот на општината да издаде одобрение. (2) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член барателот доставува и копија од барањето од членот 60 став (3) на овој закон. (4) Градоначалникот на општината е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член до писарницата на градоначалникот на општината да издаде одобрение за поставување на пливачки објект или да донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на одобрението. Доколку градоначалникот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на надлежниот орган. (5) Доколку градоначалникот на општината не издаде одобрение за поставување на пливачки објект, односно да донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на одобрение во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши надзор во општината дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува градоначалникот на општината во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (8) Доколку градоначалникот на општината не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој градоначалникот на општината ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку градоначалникот на општината не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (5) на овој член и/или не поднел пријава согласно со ставот (8) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка 2 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година за прекршок предвиден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, директорот на Државниот управниот инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случаите од ставот (13) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) од овој член, граѓанинот може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку градоначалникот на општината не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред Управниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. (18) Подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (19) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски. Член 60-б (1) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи по поднесената жалба во рокот од членот 60 став (9) на овој закон, жалителот може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (2) Формата и содржината на известувањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски. (3) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (1) на овој член да изврши надзор во Министерството за транспорт и врски дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира жалителот за преземените мерки. (4) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за транспорт и врски во рок од десет дена да одлучи по поднесената жалба, односно да ја уважи или одбие и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој е одлучено по поднесената жалба. (5) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи во рокот од ставот (4) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот за транспорт и врски ќе одлучи по поднесената жалба за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесената жалба. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. 3 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година (6) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (5) на овој член, инспекторот ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во рок од три работни дена го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. (7) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (5) на овој член, подносителот на жалбата во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (8) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (7) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (4) на овој член и/или не поднел пријава согласно со ставот (6) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. (9) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, директорот на Државниот управниот инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. (10) Во случајот од ставот (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (11) Во случаите од ставот (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (8) од овој член, подносителот на жалбата може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (13) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи во рокот од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (14) Постапката пред Управниот суд е итна. (15) Подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (16) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.“ Член 3 Во членот 251 ставот (3) се менува и гласи: “Барањето за издавање на одобрението од ставот (1) на овој член за превоз во внатрешната пловидба се поднесува до општината, според седиштето на превозникот, а за меѓудржавен и меѓународен превоз до Министерството за транспорт и врски.“ По ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5), кои гласат: “(4) Општината, односно Министерството за транспорт и врски е должна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето да издаде одобрение или да донесе решение со кое барањето за издавање на одобрение се одбива. (5) Формата и содржината на барањето за одобрението од ставот (1) на овој член и потребната документација ги пропишува министерот за транспорт и врски.“ 4 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година Во ставот (4) кој станува став (6) зборовите: “Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на транспортот и врските“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. По ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи: “(7) Министерот за транспорт и врски е должен да одлучи по поднесената жалба во рок од 45 дена од денот на приемот на жалбата.“ Член 4 По членот 251 се додаваат два нови члена 251-а и 251-б, кои гласат: “Член 251-а (1) Доколку општината, односно Министерството за транспорт и врски не издаде одобрение за превоз на патници и стока или не донесе решение со кое барањето за издавање на одобрение се одбива во рокот од членот 251 став (4) на овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на градоначалникот на општината, односно до писарницата на министерот за транспорт и врски, за градоначалникот на општината, односно министерот да издаде одобрение. (2) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член барателот доставува и копија од барањето од членот 251 став (3) на овој закон. (4) Градоначалникот на општината, односно министерот за транспорт и врски е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член до писарницата на градоначалникот на општината, односно до писарницата на министерот да издаде одобрение или да донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на одобрението. Доколку градоначалникот, односно министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на надлежниот орган. (5) Доколку градоначалникот на општината, односно министерот за транспорт и врски не издаде одобрение, односно да донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на одобрение во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши надзор во општината дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува градоначалникот на општината, односно министерот за транспорт и врски во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (8) Доколку градоначалникот на општината, односно министерот за транспорт и врски не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок предвиден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој градоначалникот на општината, односно министерот за транспорт и врски ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. 5 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година (9) Доколку градоначалникот на општината, односно министерот за транспорт и врски не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (5) на овој член и/или не поднел пријава согласно со ставот (8) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, директорот на Државниот управниот инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случаите од ставот (13) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) од овој член, граѓанинот може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку градоначалникот на општината, односно министерот за транспорт и врски не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. (18) Подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (19) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски. Член 251-б (1) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи по поднесената жалба во рокот од членот 251 став (7) на овој закон, жалителот може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. Формата и содржината на известувањето од овој став ги пропишува министерот за траснпорт и врски (2) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (1) на овој член да изврши надзор во Министерството за транспорт и врски дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. 6 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година (3) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за транспорт и врски во рок од десет дена да одлучи по поднесената жалба, односно да ја уважи или одбие и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој е одлучено по поднесената жалба. (4) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи во рокот од ставот (3) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за транспорт и врски ќе одлучи по поднесената жалба за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесената жалба. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (5) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (4) на овој член, инспекторот ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во рок од три работни дена го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. (6) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (7) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (6) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (4) на овој член и/или не поднел пријава согласно со ставот (5) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. (8) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (7) на овој член, директорот на Државниот управниот инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. (9) Во случајот од ставот (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (10) Во случаите од ставот (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на жалбата за преземените мерки. (11) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (7) од овој член, подносителот на жалбата може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (12) Доколку министерот за транспорт и врски не одлучи во рокот од ставот (5) на овој член, подносителот на жалбата може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (13) Постапката пред Управниот суд е итна. (14) Подзаконскиот акт од ставот (1) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (15) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (1) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.“ 7 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година Член 5 Одредбата од членот 3 на овој закон со која се менува членот 251 став (6) од овој закон ќе започне да се применува од денот на започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 8 од 8 www.pravdiko.com

Law amending the Law on inland waterways · Nelum