跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on inland waterways

颁布于 2010-02-11 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
语言
Macedonian
类型
法令
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Water
关键词
inland waters, navigation, authorization/permit, hazardous substances, transport/storage, inspection, offences/penalties

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година 20100220394 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 февруари 2010 година. Бр. 07-716/1 11 февруари 2010 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, д-р орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија” број 55/2007 и 26/2009), во членот 3 точката 4 се менува и гласи: “4. “Пловен објект за внатрешна пловидба“ е објект наменет за пловидба на внатрешните водни патишта;”. Точката 5 се менува и гласи: “5. “Брод” е пловен објект со должина (L) од 20 метри или повеќе, или пловен објект кај којшто производот од должината (L), ширината (B) и газиштето (T) е со зафатнина од 100 m3 или повеќе;“. Точката 7 се менува и гласи: “7. “Патнички пловен објект” е пловен објект за дневни патувања или брод со кабини и опрема со кој може да се превезуваат повеќе од 12 патници;”. По точката 7 се додаваат три нови точки 7-а, 7-б и 7-в, кои гласат: “7-а. “Пловен објект за дневни патувања ”е патнички пловен објект без кабини за ноќевање; 7-б. "Пловен објект со кабини” е патнички пловен објект со кабини за ноќевање; 7-в. "Брз пловен објект” е пловен објект со механички двигател што може да достигне брзина од преку 40 км/ч во вода;”. Точката 11 се менува и гласи: 1 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година “11. “Чамец” е пловен објект со должина помала од 20 метри, зафатнина помала од 100 m3, освен влекач, потискувач, патнички пловен објект или пловен објект оспособен за придвижување на бочен конвој;“. По точката 11 се додава нова точка 11-а, која гласи: “11-а. "Рекреативен пловен објект” е пловен објект освен патнички пловен објект наменет за спорт или рекреација;“. Во точката 13 зборовите: “со јачина поголема од 45 kW” ce бришат. Точката 14 се менува и гласи: “14. “Педалина” е пловен објект со посебна конструкција без сопствен погон наменет за рекреација;“. По точката 14 се додава нова точка 14-а, која гласи: “14-а. "Кајак и кану” се пловни објекти со посебна конструкција без сопствен погон наменети за рекреација и натпреварување;“. По точката 24 се додава нова точка 24-а, која гласи: “24-а. “Превозник”е правно или физичко лице кое поседува одобрение за вршење превоз во внатрешната, меѓудржавната и меѓународната пловидба;“. Точката 25 се менува и гласи: “25. “Патник” е секое лице кое се превезува со пловен објект, освен деца помали од една година и екипажот на пловниот објект;“. По точката 25 се додава нова точка 25-а, која гласи: “25-а. "Персонал на брод” се сите вработени на патнички пловен објект кои не се членови на екипажот;“. По точката 39 се додаваат три нови точки 39-а, 39-б и 39-в, кои гласат: “39-а. "Технички правила” се правила кои ги определуваат техничките услови за конструкцијата на трупот на бродот, машините, уредите и опремата на бродот, количеството, видот и распоредот на товарот на бродот, сместувањето на патниците и други специфични барања што мора да ги задоволува бродот заради утврдување на неговата способност за пловидба; 39-б. “Признато здружение за класификација” е здружение кое со одлука на Комисијата на Европската унија е овластено да врши работи заради утврдување на способноста на бродот за пловидба и 39-в. “Чамец на воден млазен погон“ е пловен објект кој со помош на механички двигател лизга по површината на водата.“ Член 2 По членот 4 се додава нов член 4-а, кој гласи: “Член 4-a На внатрешните води забранет е превоз на опасни материи, утврдени согласно со Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај.” Член 3 Во членот 10 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Уредувањето, одржувањето и обележувањето на пловните патишта на внатрешните води го вршат правни и/или физички лица што управуваат со пловните патишта.” Ставовите 2, 3 и 4 стануваат ставови 3, 4 и 5. 2 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 4 Членот 23 се менува и гласи: “Владата на Република Македонија, на предлог на Капетанијата, може привремено да ја забрани или ограничи пловидбата за одделни пловни објекти во внатрешните води, ако е загрозена безбедноста на учесниците во пловидбата, човечките животи и животната и/или природната средина.” Член 5 Во членот 30 точката 1 се менува и гласи: “1) ги исполнува условите пропишани со Техничките правила за бродови во внатрешна пловидба на овластено здружение за класификација;”. Член 6 Членот 31 се менува и гласи: „Способноста на бродот за пловидба, во смисла на членот 30 точка 1 од овој закон, се утврдува со вршење на технички преглед од страна на признато здружение за класификација од листата на признати здруженија за класификација. Врз основа на извршениот технички преглед со кој се утврдува дека бродот ги исполнува барањата од Техничките правила од членот 30 точка 1 на овој закон, признатото здружение за класификација издава сертификат за способност за пловидба. Со сертификатот за способност за пловидба се потврдува дека бродот ги исполнува барањата од Техничките правила. За вршење на работите за утврдување на способноста на бродот за пловидба, Министерството за транспорт и врски може да склучи договор со признато здружение за класификација од листата на одобрени здруженија за класификација, кое ќе ја утврдува способноста на бродот за пловидба. Признатото здружение за класификација со кое е склучен договор за вршење на работите за утврдување на способноста на бродот за пловидба, може целосно или делумно да го ослободи бродот од обврската за вршење технички преглед, доколку бродот поседува важечки сертификат за исполнување на барањата од Техничките правила издаден од признато здружение за класификација од листата на признати здруженија за класификација. Дали бродот ги исполнува условите од членот 30 на овој закон, односно дали има важечки сертификат од ставот 3 на овој член, како и дали ги исполнува условите утврдени во сертификатот или претставува опасност за лицата на бродот, животната средина или пловидбата се проверува при вршење на инспекциски надзор, со редовен преглед на исправите, а по потреба и преглед на бродот или одделни делови на бродот, при што се преземаат сите потребни мерки за безбедна пловидба.” Член 7 Членот 32 се менува и гласи: “На брод во градба и на брод на кој се врши поправка или преправка се врши надзор. Надзорот од ставот 1 на овој член опфаќа одобрување на техничката документација врз основа на која бродот ќе се гради, преправа или поправа и надзор над материјалите, машините, уредите и опремата кои се вградуваат, односно сместуваат на бродот. Надзорот од ставот 2 на овој член го врши признато здружение за класификација од листата на признати здруженија за класификација.” 3 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 8 Во членот 33 зборот “постојните” се брише. Член 9 Во членот 35 се додава нов став 1, кој гласи: “Редовен преглед на брод се врши по истекот на важноста на сертификатот за утврдена способност за пловидба на бродот.” Во ставот 1 кој станува став 2 зборовите: “овластеното правно лице од членот 31 став 3” се заменуваат со зборовите: ”признато здружение за класификација од членот 31 став 2”. Член 10 Во членот 36 се додава нов став 1, кој гласи: “Контролен преглед на бродот се врши по утврдени неправилности од извршен инспекциски надзор.“ Член 11 Во членот 38 став 3 зборовите: “31 став 3” се заменуваат со зборовите: ”30 точка 1”. Член 12 Во членот 39 ставот 1 се менува и гласи: “За извршениот преглед на бродот заради утврдување на способноста за пловидба и издавање на сертификат за способноста за пловидба на бродот и преглед на бродот за вршење пробно возење, сопственикот на бродот плаќа надоместок.” Во ставот 2 зборовите: “овластено правно лице од членот 31 став 3” се заменуваат со зборовите: ”признато здружение за класификација од членот 31 став 1”. Член 13 Во членот 40 зборовите: ”овластено правно лице од членот 31 став 3” се заменуваат со зборовите: “признато здружение за класификација од членот 31 став 1”, а зборовите: ”овластено правно лице за градба на бродови” се заменуваат со зборовите: “признато здружение за класификација”. Член 14 Во членот 42 се додава нов став 2, кој гласи: “Бродарот или Капетанијата може во секое време да побара да се изврши технички преглед на бродот заради утврдување на неговата способност за пловидба.“ Член 15 Во членот 45 став 1 зборовите: ”овластено правно лице од членот 31 став 3” се заменуваат со зборовите: “овластено признато здружение за класификација од членот 31 став 1.” Во ставовите 2, 3 и 4 зборовите: ”овластеното правно лице се заменуваат со зборовите: “овластено признато здружение за класификација”. Член 16 Членот 47 се менува и гласи: “Со баждарењето на бродот се утврдува: истиснината на газење на празен брод и на најголемото дозволено газење на бродот, вкупната носивост на брод без товар, 4 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година вкупната носивост и носивост по сантиметри на средното газиште на брод со товар и основни и максимални димензии на бродот.” Член 17 Во членот 48 став 1 зборовите: ”овластено правно лице од членот 31 став 3” се заменуваат со зборовите: “признато здружение за класификација од членот 31 став 1.” Член 18 Во членот 49 точка 2 зборовите: “31 став 4 точка 1 алинеја 3” се заменуваат со зборовите: “30 точка 1”. Член 19 Во членот 50 став 1 точка 1 зборовите: “промена на најголемата дозволена тонажа” се заменуваат со зборовите: “промена на надводната линија или на дозволеното газење на бродот, поради кои се менува неговата носивост”, а сврзникот “и” се заменува со точка и запирка. Во точката 2 на крајот од реченицата точката се заменува со сврзникот “и” и се додава нова точка 3, која гласи: “3) по истекот на важноста на свидителството за баждарење.“ Во ставот 2 зборовите: ”овластеното правно лице” се заменуваат со зборовите: “признато здружение за класификација”. Член 20 Во членот 54 ставот 1 се менува и гласи: “Секој брод впишан во регистарот на бродови мора да има бродско свидетелство.” Во ставот 2 на крајот точката се брише и се додаваат зборовите: “и подрачје на пловидба”. Член 21 Во членот 55 ставот 1 се менува и гласи: “Бродското свидетелство мора да се замени кога на бродот ќе се промени името или ознаката, носивоста, видот на механичкиот двигател, намената, подрачјето на пловидба и во случај кога свидетелството е изгубено или оштетено.” По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Важноста на бродското свидетелство се продолжува врз основа на сертификат за извршен технички преглед за утврдување способност за пловидба издаден од страна на признато здружение за класификација од членот 31 став 1 на овој закон.” Член 22 По членот 59 се додава нов член 59-а, кој гласи: “Член 59-а Бродските исправи и книги издадени според прописите на земјите членки на Европската унија се признаваат во Република Македонија. Бродските исправи и книги издадени според прописите на други земји се признаваат врз основа на реципроцитет.” 5 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 23 Членот 60 се менува и гласи: “Пливачки објекти кои се поставуваат на внатрешните води, можат да се поставуваат само на простор на внатрешните води, предвиден со планска документација за таа намена, согласно со прописите за просторно и урбанистичко планирање. Сопственикот на пливачкиот објект за поставување на објектот потребно е да прибави одобрение за негово поставување. Одобрението од ставот 2 на овој член го издава градоначалникот на општината. Кон барањето за издавање одобрение за поставување на пливачкиот објект се приложува: доказ за сопственост на пливачкиот објект, документ за регистрирана дејност издаден од Централниот регистар на Република Македонија и сертификат за утврдена способност на пливачкиот објект издаден од признато здружение за класификација од членот 31 став 1 на овој закон. Во постапката за издавање на одобрението за поставување на пливачкиот објект, надлежниот орган на општината е должен да прибави согласност од Капетанијата од аспект на безбедноста на пловидбата. Доколку пливачкиот објект се приврзува, засидрува или се поставува на дното на подрачјето на пристаниште, покрај согласноста од ставот 5 на овој член потребна е согласност и од управителот на пристаништето, односно концесионерот.“ Член 24 Во членот 61 бројот “31” се заменува со бројот “30”. Член 25 Членот 63 се менува и гласи: “Пливачките објекти се впишуваат во регистарот на пливачки објекти. Регистарот на пливачките објекти е јавна книга која ја води Капетанијата на теритиријата за Република Македонија и на постапката за впишување на пливачките објекти во регистарот на пливачките објекти соодветно се применуваат одредбите од членовите 149, 150,151, 152, 153 и 154 на овој закон. Кон барањето за прв упис на пливачкиот објект во регистарот се приложува и одобрението за поставување на пливачкиот објект во рок од 15 дена од денот на извршениот основен преглед. Формата, содржината и начинот на водење на регистарот на пливачки објекти го пропишува министерот за транспорт и врски. Во случај на промена на местото на поставување на пливачкиот објект постапката се повторува.” Член 26 Во членот 64 ставот 2 се менува и гласи: “Начинот на утврдување способност за пловидба на чамец во поглед на конструкцијата, пловните својства, механичкиот двигател и другите уреди и опрема и начинот на баждарењето се врши согласно со Техничките правила за утврдување способност за пловидба на чамец.” По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Техничките правила за утврдување способност за пловидба на чамец и баждарење ги пропишува министерот за транспорт и врски.” 6 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 27 Членот 66-а се менува и гласи: “Заради безбедна пловидба на чамец од членот 66 став 1 на овој закон, сопственикот на чамецот е должен да обезбеди појаси за спасување за лицата кои се наоѓаат на чамецот. Лицата кои се наоѓаат на чамец на воден млазен погон, скутер, даски за едрење, кајак, кану, спортски реквизити за водни спортови и педалини на себе мора да имаат појаси за спасување.” Член 28 Во членот 67 став 2 зборовите: “овластено правно лице” се заменуваат со зборовите: “признато здружение за класификација од членот 31 став 1 на овој закон“. Член 29 Во членот 67-б став 2 точка 2 сврзникот “и” се заменува со сврзникот ”или”. Член 30 Во членот 67-ѓ став 2 зборовите: “овластена организација од членот 31 став 3” се заменуваат со зборовите: “признато здружение за класификација од членот 31 став 1”. Член 31 Во членот 68 став 5 се додава нова реченица која гласи: “Регистарската ознака и/или името на чамец впишан во регистарот на чамци треба да биде истакната на видно место на чамецот.” Член 32 Во членот 69 ставот 5 се менува и гласи: “За барање за прв упис на чамец и за упис на податоци заради настанати промени на чамецот, во регистарот на чамци од ставот 1 на овој член Капетанијата издава решение во рок од осум дена.“ Член 33 Членот 73 се менува и гласи: “За безбедна пловидба бродот мора да има соодветен минимален број членови на екипаж со соодветно звање. Екипажот на бродот го сочинуваат лица натоварени на бродот за извршување на работи на бродот задолжително запишани во пописот на екипажот. Бројот и составот на членовите на екипажот на бродот се определува според видот и карактеристиките на бродот, намената, видот и подрачјето на пловидба. Бројот и составот на членовите на екипажот на брод, согласно со ставот 3 од овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски.” Член 34 Членот 74 се менува и гласи: “Звање член на екипаж на брод се стекнува со полагање на соодветен стручен испит, а се докажува со уверение за стручна оспособеност за соодветно звање. Со уверението од ставот 1 на овој член може да се стекне лице кое ги исполнува следниве услови: 1) да наполнило 18 години возраст; 2) да е здравствено и психофизички способно; 3) да има завршено најмалку средно образование и 7 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година 4) и да положило испит за соодветно звање за член на екипаж на брод. Исправите за соодветно звање за стручна оспособеност за членови на екипаж на брод издадени од земја членка на Меѓународната комисија за сливот на реката Сава и земја членка на Европската унија, се признаваат во Република Македонија.” Член 35 Во членот 74-а ставот 3 се менува и гласи: “Испитот за стекнување звање за член на екипаж на брод се полага во Капетанијата, пред стручна комисија формирана од министерот за транспорт и врски. Комисијата е составена од претседател и четири члена. Членовите на испитната комисија се лица со високо образование од областа на машинската и сообраќајната струка.“ Член 36 Членот 82 се менува и гласи: “Член на екипаж на брод може да биде само лице кое има бродска книшка или дозвола за качување на брод, издадени од Капетанијата. Бродска книшка се издава на државјанин на Република Македонија, качен како член на екипаж на брод впишан во регистарот на бродови. Дозвола за качување на брод се издава на странски државјанин качен како член на екипаж на брод впишан во регистарот на бродови.” Член 37 По членот 82 се додаваат пет нови члена 82-а, 82-б, 82-в, 82-г и 82-д, кои гласат: “Член 82-а Со бродската книшка се докажува идентитетот и македонското државјанство, стручната оспособеност, здравствената способност, својството во кое лицето е качено и времето на извршување на работи на бродот. Со дозволата за качување на брод се докажува идентитетот, стручната оспособеност, здравствената способност, својството во кое странскиот државјанин е качен и времето на извршување на работи на бродот. Член 82-б Бродската книшка, односно дозволата за качување на брод се издава на лице кое: наполнило 18 години возраст и здравствено и психофизички е способно за извршување на одредени работи на брод. Пред издавање на бродската книшка, односно на дозволата за качување на брод се утврдува идентитетот на лицето. Бродската книшка, односно дозволата за качување на брод е непренослива лична исправа, која лицето на кое е издадена е должно да ја има кога е качено како член на екипаж на брод впишан во регистарот на бродови. Бродската книшка се издава со период на важење од десет години, а дозволата за качување на брод со рок на важење од пет години. Лицето на кое му се издава бродската книшка или дозволата за качување на брод плаќа надоместок, кој го утврдува Владата на Република Македонија, врз основа на реалните трошоци за нивно печатење. Средствата од надоместокот од ставот 5 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија. Постапката за издавање на бродската книшка и дозволата за качување на брод, формата и содржината на образецот на бродската книшка и на дозволата за качување на брод, 8 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година начинот на внесување на податоците и пријавувањето и објавувањето на изгубена, односно украдена бродска книшка и дозвола за качување на брод ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 82-в Бродската книшка, односно дозволата за качување на брод на барање на имателот ќе се замени со нова, ако: истекол рокот на важење пропишан со членот 82-б од овој закон, местата предвидени за упис на податоците се пополнети, е оштетена во толкава мера да не е употреблива, имателот на бродската книшка или дозволата за качување на брод го промени името или презимето и изгледот на имателот на бродската книшка или дозволата за качување на брод не одговараат на неговиот изглед на сликата во бродската книшка или дозволата за качување на брод, или сликата е оштетена. Член 82-г Во новата бродската книшка или дозволата за качување на брод се внесуваат збирни податоци за претходните качувања на бродови впишани во регистарот на бродови со назначување на бројот и датумот на издавање на старата и органот кој ја издал. Член 82-д За издадените бродски книшки или дозволи за качување на брод, Капетанијата води регистар кој содржи реден број, датум на издавање, рок на важење, име и презиме, ЕМБГ, датум, место и држава на раѓање, државјанство, адреса на живеење, податоци за здравствен преглед и податоци за оспособеност за соодветно звање. Формата и содржината на образецот и начинот на водење на регистарот од ставот 1 на овој член ја пропишува министерот за транспорт и врски.” Член 38 Во членот 85 став 2 на крајот точката се брише и се додаваат зборовите: ”кој поседува уверение за стекнато звање заповедник на брод”. Член 39 Во членот 87 став 4 зборовите: ”овластено правно лице од членот 31 став 3” се заменуваат со зборовите: “признато здружение за класификација од членот 31 став 1”. Член 40 Членот 96 се менува и гласи: “Брод впишан во регистарот на бродови мора да има име или ознака и број од уписот во регистарот на бродови. Два брода не смеат да имаат исто име или иста ознака. Влекач, потискувач и пливачки објект впишани во соодветниот регистар на бродови мора да имаат ознака, а може да имаат и име. Бродот мора да го носи името на пристаништето каде што е извршен уписот на бродот.“ 9 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 41 По членот 96 се додаваат четири нови членa 96-a, 96-б, 96-в и 96-г, кои гласат: “Член 96-а Името на бродот го одобрува Министерството за транспорт и врски, на барање на сопственикот на бродот. Во барањето за одобрување на името на бродот, сопственикот на бродот предлага најмногу три имиња. Министерството за транспорт и врски со решение определува едно од предложените имиња. Примерок од решението, се доставува до Капетанијата, заради упис на името на бродот во регистарот на бродови. Ако Министерството за транспорт и врски оцени дека предложените имиња се спротивни на интересите на Република Македонија ќе побара да се предложат нови имиња. Ако во предложените имиња е содржано име и презиме на историска и друга позната личност, истото може да се одобри само со согласност на личноста или ако е почината со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда. Член 96-б Ознаката на влекач, потискувач и пливачки објект се состои од две букви - кратенка од видот на пловниот, односно пливачкиот објект, носивоста изразена во тони и бројот од уписот во регистерот на бродови. Член 96-в Начинот на одобрување на името или ознаката на брод, односно ознаката на влекач, потискувач и пливачки објект и нивното истакнување ги пропишува министерот за транспорт и врски. Член 96-г Евиденција за имињата и/или ознаките на бродовите и ознаките на влекач, потискувач и пливачки објект води Министерството за транспорт и врски.” Член 42 Членот 100 се менува и гласи: “Брод во градба на барање на сопственикот на бродот може да се впиши во регистарот на бродови во градба доколку се гради од регистрирано правно лице за вршење на дејност градба на пловни објекти.” Член 43 Членот 150 се менува и гласи: “Впишувањето во регистарот на бродови го врши Капетанијата по поднесено барање од сопственикот на бродот. Кон барањето за упис во регистарот на бродови се приложува: исправа со која се докажува сопственоста на бродот, доказ за државјанство за физичко лице, односно документ за регистрирана дејност издаден од Централниот регистар на Република Македонија, решение за определување на името, односно ознаката на бродот и пристаништето на записот, сертификат издаден од признато здружение за класификација за утврдена способност за пловидба од членот 31 став 1 на овој закон, свидетелство за баждарење, 10 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година потврда за извршено бришење на бродот од странски регистар на бродови издадена од надлежен орган што го води регистарот на бродови, доколку бродот се пренесува од странски во македонски регистар на бродови и полиса за задолжително осигурување.” Член 44 Членот 259 се менува и гласи: ”Слободен превоз на патници во внатрешниот, меѓудржавниот и меѓународниот превоз може да се врши доколку превозникот поседува одобрение за вршење на јавен превоз во внатрешната пловидба. Слободен превоз на патници во внатрешниот, меѓудржавниот и меѓународниот превоз е превоз на однапред организирана група на патници, без попатно качување и слегување на патници за кој релацијата, цената на превозот и другите услови се утврдуваат со договор склучен меѓу превозникот и корисникот на превозот. Составен дел на договорот е списокот на патниците кои се превезуваат. “ Член 45 По членот 259 се додава нов член 259-а, кој гласи: “Член 259-а Заповедникот е должен при испловување, односно впловување во пристаништето да го пријави поаѓањето и пристигнувањето на пловниот објект во Капетанијата со список и број на екипажот и број на патниците кои се превезуваат. Доколку се врши меѓународен или меѓудржавен превоз на патници тогаш е должен да пријави и список на патници.” Член 46 Во членот 291 ставот 3 се менува и гласи: “За инспектор за безбедност во внатрешната пловидба може да се назначи лице со високо образование (дипломиран машински инженер, поморски инженер насока наутика, дипломиран сообраќаен инженер, хидро-градежен инженер, електро инженер телекомуникациска насока) со најмалку три години работно искуство.” Ставот 6 се менува и гласи: “Работите на инспекциски надзор за безбедноста во внатрешната пловидба можат да ги вршат и лица со високо образование кои ги исполнуваат условите од ставот 3 на овој член врз основа на посебно овластување од министерот за транспорт и врски.” Член 47 Членот 292 се менува и гласи: “Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба врши надзор над: способноста за пловидба на пловните објекти, пловните патишта, пристаништа, зимовници, сидришта и плажи, бројот, составот и стручната оспособеност на членовите на екипажот, превозот на патници и товар во поглед на заштитата на животите на луѓето и имотот и заштитата од загадување од пловните објекти. Одредбите од ставот 1 на овој член се однесуваат и на странските пловни објекти. 11 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 48 Членот 293 се менува и гласи: “Во вршењето на инспекцискиот надзор над способноста за пловидба на пловните објекти од членот 292 став 1 алинеја 1 на овој закон инспекторот проверува дали: пловниот објект ги задоволува условите од членот 30 на овој закон, пловниот објект има важечки бродски исправи и книги, односно важечка пловидбена дозвола, истите се наоѓаат на пловниот објект, пловниот објект има средства за спасување (појаси и друга опрема) за онолку лица колку што е дозволено со пловниот објект да се превезуваат и има противпожарни средства и дали истите се во исправна состојба. Инспекцискиот надзор од ставот 1 на овој член се врши и врз странски пловен објекти. Алкохолизираноста кај кој било член на екипажот не смее да биде поголем од 0,1 промил.” Член 49 Членот 294 се брише. Член 50 Членот 296 се менува и гласи: “Ако при вршењето на инспекцискиот надзор од членовите 293 и 295 на овој закон инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба утврди недостатоци на пловниот објект во поглед на неговата способност за пловидба, односно на пловните патишта, пристаништа, зимовници, сидришта и плажи ќе донесе решение со кое ќе го задолжи заповедникот на бродот, управувачот на чамецот, односно субјектот кој управува со пловните патишта, пристаништа, зимовници, сидришта и плажи во определен рок да ги отстрани утврдените недостатоци. Ако утврдените недостаоци не се отстранат во определениот рок, или ако истите се од таква природа што претставуваат непосредна опасност за безбедноста на пловидбата, лицата и товарот на пловниот објект, односно на пловните патишта, пристаништа, зимовници, сидришта и плажи или ја загрозуваат животната средина, инспекторот за безбедност на внатрешната пловидба ќе донесе решение со кое ќе ја забрани пловидбата на пловниот објект и на пловниот пат, односно ќе ја забрани употребата на пристаништето, зимовникот и плажата до отстранување на утврдените недостатоци.” Член 51 Членот 297 се менува и гласи: “Aко инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба утврди дека превозникот нема одобрение за вршење на јавен превоз на патници или стока, односно дека на пловниот објект има натоварено поголем број на патници или поголема количина на стока од дозволената, или патниците и стоката се сместени така што ја загрозуваат безбедноста на пловидбата и лицата на пловниот објект, ќе донесе решение за забрана за пловидба на пловниот објект.” Член 52 Членот 299 се менува и гласи: “Ако инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба утврди загадување на внатрешните води од пловен објект, ќе донесе решение за забрана за испловување на пловниот објект.” 12 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 53 По членот 299 се додаваат два нови члена 299-а и 299-б, кои гласат: “Член 299-а Против решението на инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за транспорт и врски. Жалбата не го одлага извршувањето на решението. Член 299-б За извршениот инспекциски надзор и преземените мерки, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба, односно овластеното лице за вршење на инспекциски работи од безбедноста во внатрешната пловидба изготвува извештај на секои три месеца и го доставува до Министерството за транспорт и врски.” Член 54 Членот 300 се менува и гласи: “Глоба во износ од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на странско правно лице, ако: врши превоз на опасни материи (член 4-а), со странски пловен објект пристанува без одобрение (член 27 став 2), при доаѓање во пристаниште не се пријави во Капетанијата, односно при заминување од пристанииштето не предаде извод од пописот на екипажот и листа на патниците (член 27 ставови 5 и 6), со странски пловен објект плови во зони забранети за пловидба (член 28 став 1), не ја извести Капетанијата за присилно засолнување на пловниот објект во внатрешните води поради виша сила или друга оправдана причина (член 28 став 3), со странски пловен објект во ремонт престојува без одобрение (член 28 став 4) и со странски воен брод или странски јавен брод или чамец престојува без одобрение издадено од надлежен орган (член 29). За прекршоците од ставот 1 на овој член глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во странското правно лице. За прекршоците од ставот 1 на овој член глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на странско физичко лице.” Член 55 Членот 301 се менува и гласи: “Глоба во износ од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на домашно правно лице, ако: врши превоз на опасни материи (член 4-а), на внатрешните води презема работи со кои ги доведува во опасност животот и здравјето на луѓето, нанесува штети на пристаништата, зимовниците, сидриштата, плажите и пловните објекти и ја загадува животната средина (член 6 став 2), не организира и не обезбеди трајно вршење контрола на безбедноста на пловидбата и не овозможи користење на пловните патишта (член 7), не организира трајно вршење на контрола над работите што се однесуваат на безбедноста на пловидбата и не води евиденција на податоци од значење за безбедноста на пловидбата (член 8 став 1 точки 1 и 2), пловните патишта не ги уредува, одржува и обележува со објекти за осигурување безбедност во пловидбата (член 10 ставови 1 и 2), 13 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година врши промена на пловните патишта и објектите за осигурување на безбедноста на пловидбата без претходно добиена согласност и огласување преку средства за јавно информирање (член 10 став 4), пристаништата, зимовниците сидриштата и плажите не ги одржува, опремува и обележува за безбедна пловидба (член 17 став 1), користи плажа без одобрение (член 21 став 2), не ги применува пропишаните правила на пловидба и пропишаните сигнали и ознаки за безбедна и уредна пловидба (член 24 став 1), не се придржува на ограничувањата за забрана за пловидба од членовите 23 и 25 став 1 на овој закон, по барање на Капетанијата не отстрани од пловен пат оштетен, заринкан или потонат пловен објект што ја попречува или загрозува безбедноста на пловидбата или претставува опасност за загадување (член 26 став 1), на пловен пат испушта предмети што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата (член 26 став 2), не пријави вршење пробно возење на брод (член 38 став 2), врши промени или преправки на конструкцијата на трупот на бродот, машините, уредите и опремата на бродот, без претходна согласност од овластено правно лице (член 40), бродарот не постапува согласно со членот 42 на овој закон, со брод превезува над дозволениот број патници определен врз основа на пропишаните услови, пловните својства на бродот, расположливата површина за сместување на патниците и уредите и опремата наменети за патниците (член 43 став 1), распоредот на товарот на бродот не ги обезбедува пловните својства на бродот (член 44 став 1), натовари брод надвор од границите на дозволеното оптоварување (член 44 став 2), не постапи согласно со ограничувањата од членот 45 на овој закон, употребува пливачки објект без одобрение за локација и за определена намена (член 60 став 2), чамец без сопствен механички двигател плови надвор од дозволените граници за пловидба (член 66 став 2), не обезбеди појаси за спасување за лицата кои се наоѓаат на чамецот (член 66-а), со чамец превезува над дозволениот број патници или количина товар, нема потребна опрема за чамецот и на чамецот што плови нема пловидбена дозвола (член 68 став 6), со чамец управува лице спротивно на членот 70 ставови 1, 3 и 6 од овој закон, довери на управување чамец на лице кое не е стручно оспособено за управувач на чамец или е под дејство на алкохол или друго опојно средство (член 70-б), брод во пловидба нема пропишан број членови на екипаж со соодветно звање (член 73 став 1), не овозможи да се изврши здравствен преглед на членовите на екипажот на бродот (член 77 став 1), член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата, односно стражарското место без одобрение (член 80), на засидрен брод на пловен пат не организира стража (член 81 став 1), член на екипаж на брод нема бродска книшка или дозвола за качување на брод (член 82 став 1), бродот не е впишан во регистар на бродови (член 98), врши превоз на патници и стока без одобрение од членот 251 на овој закон, не пријави изменет, односно укинат ред на пловдба од членот 254 ставови 1, 3 и 4 на овој закон, 14 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година превезува лица или предмети спротивно на членот 257 од овој закон, врши слободен превоз на патници во внатрешниот, меѓудржавниот и меѓународниот превоз без одобрение издадено од надлежен орган (член 259 став 1) и не го пријави испловувањето, односно впловувањето на бродот во пристаништето во Капетанијата и не приложи копија од пописот на екипажот и списокот на патниците кои се превезуваат (член 259-а). За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице. Покрај глобата од ставот 1 на овој член на правното лице може да му се изрече санкција за привремена забрана за вршење на определената дејност во траење од една до пет години. Покрај глобата од ставот 1 алинеи 16 и 18 на овој член на правното лице може да му се изрече прекршочна мерка одземање на пловниот објект.” Член 56 По членот 301 се додава нов член 301-а, кој гласи: “Член 301-a Глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на домашно правно лице, ако: со пловен објект плови спротивно на членот 13 ставови 1 и 2 од овој закон, врши риболов спротивно на членот 13-в од овој закон, одржува спортски и други приредби без одобрение (член 14 став 1), по одржувањето на приредбата во пропишаниот рок не ги отстрани ознаките, уредите и предметите што биле поставени во врска со одржувањето на приредбата (член 15 став 1), не овозможува под еднакви услови користење на оперативниот брег, уредите и постројките во пристаништето (член 17 став 2), користи пристаниште или зимовник без одобрение (член 19 став 2), користи сидриште без одобрение (член 20 став 2), бродските исправи и книги не ги води редовно и уредно (член 51 став 3), бродските исправи и книги не се наоѓаат на бродот и не се достапни за проверка (член 53 став 1), пред почетокот на градба на чамец не ја пријави градбата и не достави проект за градбата (член 67-ѓ став 1), не пријави преправка на чамец пред започнувањето со преправката (член 67-ѓ став 3), во предвидениот рок не поднел барање за впишување настанати промени на чамец (член 69 став 3), не постапи согласно со членот 72 став 3 од овој закон, бродот не го вее знамето на Република Македонија (член 94 став 1), брод, влекач, потискувач или пливачки објект впишани во соодветен регистар нема ознака (член 96 став 2), не прими за превоз патник или предмет (член 256) и презема работи спротивно на членот 277 од овој закон. За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.” 15 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 57 Членот 303 се менува и гласи: “Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговец поединец, ако: врши превоз на опасни материи (член 4-а), на внатрешните води презема работи со кои ги доведува во опасност животот и здравјето на лугето, нанесува штети на пристаништата, зимовниците, сидриштата, плажите и пловните објекти и ја загадува животната средина ( член 6 став 2), не организира и не обезбеди трајно вршење контрола на безбедноста на пловидбата и не овозможи користење на пловните патишта ( член 7), не организира трајно вршење на контрола над работите што се однесуваат на безбедноста на пловидбата и не води евиденција на податоци од значење за безбедноста на пловидбата (член 8 став 1 точки 1 и 2), пловните патишта не ги уредува, одржува и обележува со објекти за осигурување безбедност во пловидбата ( член 10 ставови 1 и 2), врши промена на пловните патишта и објектите за осигурување на безбедноста на пловидбата без претходно добиена согласност и огласување преку средства за јавно информирање ( член 10 став 4 ), пристаништата, зимовниците сидриштата и плажите не ги одржува, опремува и обележува за безбедна пловидба ( член 17 став 1), користи плажа без одобрение (член 21 став 2), не ги применува пропишаните правила на пловидба и пропишаните сигнали и ознаки за безбедна и уредна пловидба (член 24 став 1), не се придржува на ограничувањата за забрана за пловидба од членовите 23 и 25 став 1 на овој закон, по барање на Капетанијата не отстрани од пловен пат оштетен, заринкан или потонат пловен објект што ја попречува или загрозува безбедноста на пловидбата или претставува опасност за загадување (член 26 став 1), на пловен пат испушта предмети што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата (член 26 став 2), не пријави вршење пробно возење на брод (член 38 став 2), врши промени или преправки на конструкцијата на трупот на бродот, машините, уредите и опремата на бродот, без претходна согласност од овластено правно лице (член 40), не постапува согласно со членот 42 на овој закон, со брод превезува над дозволениот број патници определен врз основа на пропишаните услови, пловните својства на бродот, расположливата површина за сместување на патниците и уредите и опремата наменети за патниците (член 43 став 1), распоредот на товарот на бродот не ги обезбедува пловните својства на бродот (член 44 став 1), натовари брод надвор од границите на дозволеното оптоварување (член 44 став 2), не постапи согласно со ограничувањата од членот 45 на овој закон, употребува пливачки објект без одобрение за поставување издадено од надлежен орган (член 60 став 2), чамец без сопствен механички двигател плови надвор од дозволените граници за пловидба (член 66 став 2), не обезбеди појаси за спасување за лицата кои се наоѓаат на чамецот (член 66-а), со чамец превезува над дозволениот број патници или количина товар, нема потребна опрема за чамецот и на чамецот што плови нема пловидбена дозвола (член 68 став 6), со чамец управува лице спротивно на членот 70 ставови 1, 3 и 6 од овој закон, 16 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година довери на управување чамец на лице кое не е стручно оспособено за управувач на чамец или е под дејство на алкохол или друго опојно средство (член 70- б), брод во пловидба нема пропишан број членови на екипаж со соодветно стручно звање (член 73 став 1), не овозможи да се изврши здравствен преглед на членовите на екипажот на бродот (член 77 став1), член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата, односно стражарското место без одобрение (член 80), на засидрен брод на пловен пат не организира стража (член 81 став 1), член на екипаж на брод нема бродска книшка или дозвола за качување на брод (член 82 став 1), бродот не е впишан во регистар на бродови (член 98), врши превоз на патници и стока без одобрение (член 251 став1), превезува лица или предмети спротивно на членот 257 од овој закон, врши слободен превоз на патници во внатрешниот, меѓудржавниот и меѓународниот превоз брз одобрение издадено од надлежен орган (член 259 став 1) и не го пријави испловувањето, односно впловувањето на бродот во пристаништето во Капетанијата и не приложи копија од пописот на екипажот и списокот на патниците кои се превезуваат (член 259-а). Покрај глобата од ставот 1 на овој член на трговец поединец може да му се изрече санкција за привремена забрана за вршење на определената дејност во траење од една до пет години. Покрај глобата од ставот 1 алинеи 16 и 18 на овој член на трговец поединец може да му се изрече прекршочна мерка одземање на пловниот објект.” Член 58 По членот 303 се додаваат три нови члена 303-а, 303-б и 303-в, кои гласат: “Член 303-а Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговец поединец, ако: со пловен објект плови спротивно на членот 13 ставови 1 и 2 од овој закон, врши риболов спротивно на членот 13-в од овој закон, одржува спортски и други приредби без одобрение (член 14 став 1), по одржувањето на приредбата во пропишаниот рок не ги отстрани ознаките, уредите и предметите што биле поставени во врска со одржувањето на приредбата (член 15 став 1), не овозможува под еднакви услови користење на оперативниот брег, уредите и постројките во пристаништето (член 17 став 2), користи пристаниште или зимовник без одобрение (член 19 став 2), користи сидриште без одобрение (член 20 став 2), бродските исправи и книги не ги води редовно и уредно (член 51 став 3), бродските исправи и книги не се наоѓаат на бродот и не се достапни за проверка (член 53 став 1), пред почетокот на градба на чамец не ја пријави градбата и не достави проект за градбата (член 67-ѓ став 1), не пријави преправка на чамец пред започнувањето со преправката (член 67-ѓ став 3), во предвидениот рок не поднел барање за впишување настанати промени на чамец (член 69 став 3), не постапи согласно со членот 72 став 3 од овој закон, 17 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година бродот не го вее знамето на Република Македонија (член 94 став 1), брод, влекач, потискувач или пливачки објект впишани во соодветен регистар немаат ознака (член 96 став 2), не пријави изменет ред на пловидба (член 254 став 1), не прими за превоз патник или предмет (член 256) и презема работи спротивно на членот 277 од овој закон. Покрај глобата од ставот 1 на овој член на трговец поединец може да му се изрече санкција за привремена забрана за вршење на определената дејност во траење од една до пет години. Член 303-б За прекршоците од членот 301 став 1 алинеи 6, 10, 13, 17, 19, 22, 24, 25, 29 и 35 и членот 303 став 1 алинеи 6, 10, 13, 17, 19, 22, 24, 25, 29 и 36 на овој закон, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може на самото место да изрече глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност на лице вработено во правното лице, односно на лицето вработено кај трговец поединец, при што на сторителот на прекршокот ќе му врачи покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата. Ако сторителот не ја плати глобата од ставот 1 на овој член во рокот определен со поканата, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. Член 303-в Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на заповедник на брод, ако: не ја извести Капетанијата за настан од членот 83 став 1 на овој закон (член 83 став 2), работи спротивно на членот 87 од овој закон, во бродскиот дневник не внесе податоци за случен настан на бродот и не достави извештај во пропишаниот рок (член 88 ставови 1 и 2), го напушти бродот пред преземање на сите мерки за спасување на бродот, бродскиот днавник и другите бродски документи и книги (член 88 ставови 3 и 4), не го пријави самоволното напуштање на бродот од член на екипаш на бродот, не преземе мерки за спречување или ублажување на кривично дело кое го извршил или има намера да го изврши член на екипаж на бродот, патник или друго лице на бродот (член 91 став 1) и не го задржи пловниот објект на местото на пловидбената незгода до завршувањето на увидот и во пропишаниот рок не ја извести Капетанијата (член 261 став 1 алинеи 1 и 2). Глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на член на екипаж на брод ако не го извести заповедникот на бродот за настанот на бродот од членот 83 став 1 точки 1 и 2 на овој закон.” Член 59 Членот 304 се менува и гласи: “Глоба во износ од 800 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: врши превоз на опасни материи (член 4-а), на внатрешните води презема работи со кои ги доведува во опасност животот и здравјето на луѓето, нанесува штети на пристаништата, зимовниците, сидриштата, плажите и пловните објекти и ја загадува животната средина ( член 6 став 2), со пловен објект плови спротивно на членот 13 ставови 1 и 2 од овој закон, 18 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година изведува скијање и други активности на вода спротивно на членот 13- а од овој закон, изведува едрење на даска спротивно на членот 13-б од овој закон, врши риболов спротивно на членот 13-в од овој закон, не ги применува пропишаните правила за пловидба и пропишаните сигнали и ознаки за безбедна и уредна пловидба (член 24 став 1), не се придржува на ограничувањата за забрана за пловидба од членовите 23 и 25 став 1 на овој закон, по барање на Капетанијата не отстрани од пловен пат оштетен, заринкан или потонат пловен објект што ја попречува или загрозува безбедноста на пловидбата или претставува опасност за загадување (член 26 став 1), на пловен пат испушта предмети што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата (член 26 став 2), не пријави вршење пробно возење на брод (член 38 став 2), бродарот не постапува согласно со членот 42 на овој закон, со брод превезува над дозволениот број патници определен врз основа на пропишаните услови, пловните својства на бродот, расположливата површина за сместување на патниците и уредите и опремата наменети за патниците (член 43 став 1), распоредот на товарот на бродот не ги обезбедува пловните својства на бродот (член 44 став 1), натовари брод надвор од границите на дозволеното оптоварување (член 44 став 2), не постапи согласно со ограничувањата од членот 45 на овој закон, чамец без сопствен механички двигател плови надвор од дозволените граници за пловидба (член 66 став 2), не обезбеди појаси за спасување за лицата кои се наоѓаат на чамецот (член 66-а став 1), лицата кои се наоѓаат на чамец, чамец на воден млазен погон, даска за едрење или други пловни објекти од тој тип на себе не носат појаси за спасување (член 66-а став 2), со чамец превезува над дозволениот број патници или количина товар, нема потребна опрема за чамецот и на чамецот што плови нема пловидбена дозвола (член 68 став 6), во предвидениот рок не поднел барање за впишување настанати промени на чамец (член 69 став 3), со чамец управува лице спротивно на членот 70 ставови 1, 3 и 6 од овој закон, довери на управување чамец на лице кое не е стручно оспособено за управувач на чамец или е под дејство на алкохол или друго опојно средство (член 70- б), брод во пловидба нема пропишан број членови на екипаж со соодветно звање (член 73 став 1), бродарот не овозможи да се изврши здравствен преглед на членовите на екипажот на бродот (член 77 став 1), член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата, односно стражарското место без одобрение, (член 80), на засидрен брод на пловен пат не организира стража (член 81 став 1), член на екипаж на брод нема бродска книшка или дозвола за качување на брод (член 82 став 1), член на екипаж на брод не го извести заповедникот на бродот за настан на бродот од членот 83 став 1 точки 1 и 2 на овој закон, бродот не е впишан во регистар на бродови (член 98), врши превоз на патници и стока без одобрение (член 251 став 1), превезува лица или предмети спротивно на членот 257 од овој закон и врши нуркање спротивно на членот 281-а став 1 од овој закон.“ 19 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 60 Членот 304-а се менува и гласи: “Глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: врши промени или преправки на конструкцијата на трупот на бродот, машините, уредите и опремата на бродот, без претходна согласност од овластено правно лице (член 40), бродските исправи и книги не ги води редовно и уредно (член 51 став 3), бродските исправи и книги не се наоѓаат на бродот и не се достапни за проверка (член 53 став 1), пред почетокот на градба на чамец не ја пријави градбата и не достави проект за градбата (член 67-ѓ став 1), не пријави преправка на чамец пред започнувањето со преправката (член 67- ѓ став 3), во предвидениот рок не поднел барање за впишување настанати промени на чамец (член 69 став 3), не постапи согласно со членот 72 став 3 од овој закон, бродот не го вее знамето на Република Македонија (член 94 став 1), презема работи спротивно на членот 277 од овој закон и врши нуркање спротивно на членот 281-а став 1 од овој закон.” Член 61 По членот 304-а се додава нов члена 304-б, кој гласи: “Член 304-б За прекршоците од членовите 300, 301, 303, 304 став 1 и 304-а на овој закон, пред поднесувањето на барањето за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба е должен на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување. Доколку сторителот го признае прекршокот инспекторот на сторителот ќе му издаде платен налог заради наплата на глобата предвидена за прекршокот. Со потписот на платниот налог се смета дека сторителот на прекршокот се согласува да ја плати предвидената глоба. Сторителот на прекршокот од ставот 1 на овој член е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на платниот налог на сметка на Буџетот на Република Македонија, означена во платниот налог. Сторителот кој ќе ја плати глобата во дадениот рок ќе плати само половина од изречената глоба утврдена во платниот налог. Ако сторителот на прекршокот од ставот 1 на овој член не ја плати глобата во рокот од ставот 3 на овој член инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд. Инспекторот за безбедност на внатрешната пловидба е должен да води евиденција за покренатите постапки за порамнување и нивниот исход.” Член 62 Лицата кои се стекнале со соодветно звање за член на екипаж на брод според прописите кои важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон, со денот на влегувањето во сила на овој закон треба да ги заменат исправите за постојното звање со нови во согласност со одредбите на овој закон и поблиските прописи предвидени со овој закон во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. 20 од 21 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 22 од 15.02.2010 година Член 63 Поблиските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 64 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за внатрешната пловидба. Член 65 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. 21 од 21 www.pravdiko.com

Law amending the Law on inland waterways · Nelum