Law amending the Law on inland waterways
颁布于 2009-02-19 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Water
- 关键词
- inland waters, navigation, offences/penalties
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година 20090260523 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 19 февруари 2009 година. Бр. 07-1129/1 19 февруари 2009 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ број 55/2007), во членот 3 по точката 3 се додаваат три нови точки 3-а, 3-б и 3-в, кои гласат: „3-а. “Меѓународен пловен пат“ е воден пат по кој е дозволена пловидба на пловни објекти под сите знамиња; 3-б. “Меѓудржавен пловен пат“ е воден пат по кој е дозволена пловидба на пловни објекти под знамето на Република Македонија и граничната држава на тој воден пат; 3-в. “Државен пловен пат“ е воден пат на кој без посебно одобрение е дозволена пловидба само на пловни објекти под знамето на Република Македонија;“. Во точката 11 бројот “15,00“ се заменува со бројот “20,00“. Член 2 Во членот 7 зборовите: “што вршат превоз во внатрешната пловидба и“ се бришат. Член 3 Во членот 8 став 1 зборовите: “што вршат превоз во внатрешната пловидба и“ се бришат. Член 4 По членот 13 се додаваат три нови члена 13-а, 13-б и 13-в, кои гласат: 1 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година „Член 13-а Скијање и други активности на вода може да се вршат само преку ден, при добра видливост, во зони определени за таа активност и обележени на пропишан начин. Пловен објект кој влече скијач на вода, доколку не се наоѓа во зона определена за таа активност треба да плови на безбедна оддалеченост од другите пловни објекти, брегот и капачите. Пловен објект не смее да влече јаже доколку не го држи скијач на вода. Член 13-б Не е дозволено едрење на даска: 1) на влез во пристаниште; 2) во обележена плажа; 3) на помала оддалеченост од 50 метри од брег; 4) на пловен пат во природнa неограденa и неуредена плажа и 5) во тесен премин и канал по кој се плови. Член13-в Не е дозволен риболов со мрежи влечени од пловни објекти што пловат еден до друг, и со рибарска опрема поставена на пловен пат, во негова близина и на места определени за стоење на пловни објекти.“ Член 5 Во членот 16 точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: “и заштита на водата и брегот од загадување“. Член 6 Во членот 19 став 2 на крајот од реченицата точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “на барање на правно и/или физичко лице на кое му е дадено на управување“. Член 7 Во членот 20 став 2 на крајот од реченицата точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “на барање на правно и/или физичко лице на кое му е дадено на управување“. Член 8 Во членот 21 став 2 на крајот од реченицата точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “на барање на правно и/или физичко лице на кое му е дадено на управување“. По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Не е дозволено капење и пливање: 1) надвор од обележана плажа; 2) на пловен пат од природно неоградена и неуредена плажа и 3) во тесен премин и канал по кој се плови.“ Ставот 3 станува став 4. Член 9 Во членот 22 ставови 1 и 2 зборот “детални“ се брише. 2 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година Член 10 Во членот 23 ставот 1 се менува и гласи: “Владата на Република Македонија може да ја ограничи пловидбата за пловни објекти на одделни внатрешни води, ако е загрозена животната и/или природната средина.“ Член 11 Во членот 27 по ставот 6 се додава нов став 7, кој гласи: “Владата на Република Македонија ги пропишува условите и начинот за доаѓање и престој на странски јахти или чамци наменети за спорт и рекреација на внатрешните води во Република Македонија.“ Член 12 Во членот 38 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Вршењето пробно возење на брод, сопственикот на бродот е должен да го пријави во Капетанијата, најдоцна 8 дена пред неговото изведување.“ Ставовите 2 и 3 стануваат ставови 3 и 4. Член 13 Во членот 51 по ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4, кои гласат: “Податоците во бродските исправи и книги треба да се внесуваат редовно и уредно на пропишани обрасци кои можат да се подигнат во Капетанијата. Сопственикот на бродот за бродските исправи и книги плаќа надоместок кој го утврдува Владата на Република Македонија врз основа на реалните трошоци за нивно печатење. Средствата од надоместокот од ставот 3 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија.“ Член 14 Членот 59 се менува и гласи: “Формата, содржината, начинот на пополнување и водење на бродските исправи и книги од членовите 54 до 58 на овој закон ги пропишува министерот за транспорт и врски.“ Член 15 По членот 66 се додава нов член 66-а, кој гласи: ,,Член 66-а Лица што се наоѓаат на чамец на воден млазен погон, даски за едрење или други пловни објекти од тој тип, на себе мора да имаат појаси за спасување.“ Член 16 Во членот 67 ставовите 3, 4, 5, 6 и 7 се бришат. Член 17 По членот 67 се додаваат шест нови члена 67-а, 67-б, 67-в, 67-г, 67-д и 67-ѓ, кои гласат: ,,Член 67-а Основниот преглед на чамец се врши на суво и во вода пред уписот на чамецот во регистар на чамци, како и после секоја преправка на чамецот или промена на неговата намена или подрачје на пловидба. Со основниот преглед се проверува: 3 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година 1) конструкцијата и квалитетот на изградбата на трупот на чамецот; 2) утврдување на пловните особини на чамецот - баждарење (димензии, истиснина, носивост и стабилност на чамецот); 3) исправноста на механичкиот двигател; 4) исправноста на уредите на чамецот; 5) квалитетот, количината и распоредот на опремата на чамецот и 6) конструкцијата и квалитетот за заштита од загадување. Член 67-б Со редовен преглед се утврдува состојбата на трупот, механичкиот двигател и опремата на чамецот. Редовниот преглед на чамецот се врши во вода, во пропишан рок означен во пловидбената дозвола, а определен според намената на чамецот, и тоа: 1) чамец за стопански цели (превоз на стока, риболов, вадење песок, камен и слично) и чамец за јавни потреби (за инспекциски, царински, полициски надзор и слично) - на секои две години; 2) чамец за нестопански цели со должина над пет метри и јачина на механички двигател над 15 Kw - на секои две години; 3) чамец за нестопански цели со должина под пет метри и јачина на механички двигател под 15 kW - на секои пет години; 4) по исклучок од ставот 2 точка 1 на овој член, чамец наменет за стопански цели, и тоа: превоз на патници и скијање на вода - секоја година и 5) глисер и скутер - секоја година. По исклучок од ставот 2 на овој член редовниот преглед освен во вода, може да се врши и на суво, доколку се утврди дека состојбата на чамецот е таква што наложува вршење технички преглед и на суво и во случај кога се работи за преглед на чамец регистриран за вршење стопанска дејност. Член 67-в На вонреден преглед подлежи чамец впишан во регистарот на чамци кога претрпел незгода (судир, потонал, заринкал, се оштетил, опожарил и слично), како и во случај кога постои оправдано сомневање дека чамецот не ги исполнува пропишаните услови во поглед на способноста за пловидба. Вонредниот преглед се врши во вода, а може да се вршат и на суво, доколку се утврди дека состојбата на чамецот е таква што наложува вршење технички преглед и на суво и во случај кога се работи за преглед на чамец регистриран за вршење стопанска дејност. Член 67-г Ако при прегледот на чамецот од членовите 67-а, 67-б и 67-в се утврдат недостатоци кои битно ја загрозуваат неговата способност за пловидба, на сопственикот на чамецот ќе му се наложи веднаш да го отстрани недостатокот. Доколку недостатокот не биде отстранет Капетанијата ќе ја забрани пловидбата и ќе ја одземе пловидбената дозвола. Доколку при преглед се утврди дека чамецот има недостатоци кои битно не ја загрозуваат неговата способност за пловидба, на сопственикот на чамецот ќе му наложи во определен рок да ги отстрани констатираните недостатоци при што во регистарот на чамци се внесува службена забелешка. Член 67-д За преглед на чамецот се плаќа надоместок. 4 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година Надоместокот се определува според критериумите утврдени врз основа на намената на чамецот и јачината на моторот на чамецот. Висината на надоместокот врз основа на критериумите од ставот 2 на овој член ја пропишува Владата на Република Македонија. Се ослободуваат од плаќање надоместок од ставот 1 на овој член пловните објекти на: 1) органите на државната управа при извршувањето на работи од својата надлежност; 2) црвениот крст и 3) странски дипломатски претставништва под услов на реципроцитет. Член 67-ѓ Правни и физички лица што сакаат да градат чамец, пред почетокот на градбата се должни во Капетанијата да ја пријават градбата на чамецот и да достават проект за градба со: план за градба со пресек на главното ребро, план за сместување на опрема и лица и - опис на градбата. Непосреден надзор над градбата на чамецот врши Капетанијата, односно овластената организација од членот 31 став 3 на овој закон. По завршувањето на градбата се издава свидетелство за градба кое содржи податоци за: производителот, местото и годината на градбата, типот на чамецот, основните димензии, материјалот од кој е изграден, бројот на лицата и товарот што чамецот е способен да ги превезува. Имателот на чамецот кој врши преправка на чамецот, пред отпочнувањето со преправката е должен истата да ја пријави во Капетанијата. За вршење надзор над градбата на чамецот и издавање свидителство за градба на чамец се плаќа надоместок. Надоместокот се определува според критериумите утврдени врз основа на типот, конструкцијата и димензиите на чамецот. Висината на надоместокот врз основа на критериумите од ставот 5 на овој член ја пропишува Владата на Република Македонија. Средствата од ставот 4 на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија.“ Член 18 Во членот 68 по ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи: “Во Република Македонија се регистрираат чамци чии сопственици имаат живеалиште, односно седиште во Република Македонија, чамци во сопственост на дипломатскоконзуларни претставништва и мисии на странски држави, претставништва на меѓународни организации во Република Македонија и на странски трговски, културни и други претставништва.“ Ставот 4 станува став 5. Во ставот 5 кој станува став 6 во првата реченица по зборот ,,пловидба“ точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “бројот на патниците и/или количината на товар што со чамецот смее да се превезува и потребната опрема на чамецот“. Ставот 6 станува став 7. Член 19 Членот 69 се менува и гласи: “Барањето за прв упис на чамец, како и за промена на податоци на чамец во регистарот на чамци, сопственикот на чамецот го поднесува во Капетанијата. Кон барањето за прв упис на чамец во регистарот на чамци се приложува: 5 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година исправа со која се докажува сопственост на чамецот (договор за купопродажба, фактура, царинска декларација, изјава за градба и друго), исправа со која се докажува способноста за пловидба на чамецот (сертификат, атест, записник за извршен преглед, свидителство за градба), потврда за бришење на чамецот од регистар на странска држава, полиса за осигурување и доказ од Централниот регистар за регистрација и тековната состојба на правно лице, ако правно лице врши упис на пловен објект. Барањето за упис на податоци за настанати промени во регистарот на чамци се поднесува во случај на промена на податоците за: сопственоста, техничките карактеристики на чамецот, конструкцијата на чамецот, мотор на чамецот и други промени што се впишуваат во регистарот на чамци, во рок од 30 дена од денот на настанатата промена. Кон барањето од ставот 3 на овој член се приложува: исправа со која се докажува настанатата промена (акт од надлежен орган), исправа со која се докажува промена на способноста за пловидба на чамецот, или промена на моторот. За барањата за упис на податоци заради настанати промени во регистарот на чамци од ставот 1 на овој член Капетанијата издава решение.“ Член 20 Во членот 70 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Телесната и душевната способност на лицата од ставот 1 на овој член ја утврдува здравствена организација, која за извршениот преглед издава лекарско уверение.“ Ставовите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 стануваат ставови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11. Член 21 По членот 70 се додаваат два нови члена 70-а и 70-б, кои гласат: ,,Член 70-а Од полагање на испит за издавање уверение за оспособеност за управување со чамец се ослободуваат лицата кои стекнале звање за член на екипаж на брод во внатрешната и поморската пловидба. На лицата од ставот 1 на овој член Капетанијата им издава уверение за управување со чамец по поднесено писмено барање и приложен доказ за звање за член на екипаж на брод во внатрешната и поморската пловидба. Уверението за оспособеност за управување со чамец издадено од странска држава се признава под услов на реципроцитет . Член 70 -б Чамец не смее да се довери на управување на лице кое нема уверение за управување со чамец, кое е под дејство на алкохол или некое друго опојно средство.“ Член 22 Во членот 71 став 1 точката 5 се менува и гласи: “5) даски за едрење и педалини; “. Член 23 Во членот 73 став 3 зборовите: “во зависност од погонските машински уреди“ се бришат. 6 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година Член 24 Членот 74 се менува и гласи: “За безбедна пловидба бродот мора да има соодветен број членови на екипаж кои поседуваат уверение за стекнато звање за вршење работи на брод. Уверение за звање за член на екипаж на брод може да стекне лице кое ги исполнува следниве услови: 1) да наполнило 18 години возраст; 2) да е здравствено и психофизички способно; 3) да има завршено најмалку средно образование и 4) да положило испит за соодветно звање за член на екипаж на брод.“ Член 25 По членот 74 се додава нов член 74-а, кој гласи: „Член 74-а Уверението за стекнато звање за член на екипаж на брод го издава Капетанијата, врз основа на потврда за положен испит за соодветно звање за член на екипаж на брод. Стручното оспособување на кандидатите за добивање на уверение за соодветно звање за член на екипаж на брод го врши правно лице овластено од министерот за транспорт и врски, кое располага со: потребен број стручно оспособени предавачи, минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обука, литература и/или упатства, наставни филмови и друга соодветна опрема и уреди, минимум 1 пловен објект за вршење практична обука и информатичка технологија или друга опрема за водење на евиденција. Испитот за стекнување на звање за член на екипаж на брод се полага во Капетанијата, пред комисија формирана од министерот за транспорт и врски. Членовите на комисијата за својата работа добиваат надоместок. На кандидатите кои го положиле испитот им се издава потврда за полoжен испит за соодветно звање за член на екипаж на брод. За oбука и полагање на испитот се плаќа надоместок и средствата се приход на Буџетот на Република Македонија. Висината на надоместокот за стручното оспособување од ставот 6 на овој член треба да биде во рамките на направените трошоци за: обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија и други. Трошковникот го утврдува правното лице од ставот 2 на овој член по претходна согласност на министерот за транспорт и врски. Видовите на звања за член на екипаж на брод, посебните услови за стекнување на одделни видови звања, работите кои член на екипаж на брод од одделен вид на звање може да ги извршува, начинот, постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на уверение за стекнување одделен вид на звање, формата и содржината на потврдата за положен испит и на уверението за стекнато звање за член на екипаж на брод ги пропишува министерот за транспорт и врски.“ Член 26 Во членот 78 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “За извршениот здравствен преглед здравствената организација од ставот 1 на овој член издава уверение за здравствената и психофизичката способност на членовите на екипаж на брод.“ Ставот 2 станува став 3. 7 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година Член 27 Во членот 82 став 2 по зборовите: “бродската книшка“ се додаваат зборовите: “и дозволата за качување на брод“. Во ставот 5 по зборот “качување“ се додаваат зборовите: “на брод и начинот и постапката за нивно одземање и промена“. Член 28 Во членот 253 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Редот на пловидба за линиски превоз на патници кој се врши на подрачјето на општината го одобрува и заверува општината, а за меѓуопштинскиот, меѓудржавниот и меѓународниот линиски превоз, редот на пловидба го одобрува и заверува Министерството за транспорт и врски.“ Член 29 Во членот 254 ставови 1 и 3 зборот “утврдил“ се заменува со зборовите: “одобрил и заверил“. Член 30 Во членот 281 ставот 2 се менува и гласи: “Нуркање на внатрешните води може да се врши со годишна нуркачка дозвола што ја издадава Сојузот на организациите за подводни активности на Македонија, на лица што поседуваат нуркачки сертификат, издаден од меѓународно призната нуркачка асоцијација. Сојузот на организациите за подводни активности на Македонија е должен при издавањето на нуркачката дозвола да го извести лицето на кое му ја издава дозволата, за местата забранети за нуркање и за местата дозволени за организирани нуркања.“ По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Сојузот на организации за подводни активности на Македонија е должен годишно да го известува Министерството за транспорт и врски за бројот на издадени нуркачки дозволи во претходната година.“ Ставот 3 станува став 4. Член 31 По членот 281 се додава нов член 281-а, кој гласи: „Член 281-а Нуркање не смее да се врши во пристаниште, приод кон пристаниште, сидриште, во пограничен појас, како и на оддалеченост од најмалку 100 метри од засидрен воен брод и воени објекти на брег. По исклучок од ставот 1 на овој член, нуркањето е дозволено ако се изведува заради потребите на полицијата и Армијата на Република Македонија. Лица што вршат активности под вода за време на нуркање, должни се по себе да повлекуваат портокалов балон со пречник не помал од 30 см.“ Член 32 Во членот 300 став 1 алинејата 1 станува алинеја 2 и зборовите во заградата: „член 25 став 3„ се заменуваат со зборовите: „(член 28 став 1)“. Алинејата 2 станува алинеја 1. Во алинејата 3 бројот во заградата “став 1“ се заменува со бројот “став 3“. Во алинејата 4 бројот во заградата “став 2“ се заменува со бројот “став 4“. По ставот 1 се додаваат два нови става 2 и 3, кои гласат: 8 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година “За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 300 до 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице на странското правно лице. За прекршок од ставот 1 на овој член глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на странско физичко лице.“ Ставовите 2 и 3 стануваат ставови 4 и 5. Член 33 Членот 301 се менува и гласи: “Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на домашно правно лице, ако: на внатрешните води презема работи со кои ги доведува во опасност животот и здравјето на луѓето, нанесува штети на пристаништата, зимовниците, сидриштата, плажите и пловните објекти и ја загадува животната средина (член 6 став 2), не организира и не обезбеди трајно вршење контрола на безбедноста на пловидбата и не овозможи користење на пловните патишта (член 7), не организира трајно вршење на контрола над работите што се однесуваат на безбедноста на пловидбата и не води евиденција на податоци од значење за безбедноста на пловидбата (член 8 став 1 точки 1 и 2), пловните патишта не ги уредува, одржува и обележува со објекти за осигурување безбедност во пловидбата (член 10 став 1), врши промена на пловните патишта и објектите за осигурување на безбедноста на пловидбата без претходно добиена согласност и огласување преку средства за јавно информирање (член 10 став 4), со пловен објект плови спротивно на членот 13 ставови 1 и 2 од овој закон, врши риболов спротивно на членот 13-в од овој закон, одржува спортски и други приредби без одобрение (член 14 став 1), по одржувањето на приредбата во пропишаниот рок не ги отстрани ознаките, уредите и предметите што биле поставени во врска со одржувањето на приредбата (член 15 став 1), пристаништата, зимовниците, сидриштата и плажите не ги одржува, опремува и обележува за безбедна пловидба (член 17 став 1), не овозможува под еднакви услови користење на оперативниот брег, уредите и постројките во пристаништето (член 17 став 2), користи пристаниште или зимовник без одобрение (член 19 став 2), користи сидриште без одобрение (член 20 став 2), користи плажа без одобрение (член 21 став 2), гради пристаниште, зимовник, сидриште и плажа или поставува пловен и пливачки објект спротивно на урбанистички план (член 22 став 1), не ги применува пропишаните правила на пловидба и пропишаните сигнали и ознаки за безбедна и уредна пловидба (член 24 став 1), не се придржува на ограничувањата за забрана за пловидба од членовите 23 и 25 став 1 на овој закон, по барање на Капетанијата не отстрани од пловен пат оштетен, заринкан или потонат пловен објект што ја попречува или загрозува безбедноста на пловидбата или претставува опасност за загадување (член 26 став 1), на пловен пат испушта предмети што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата (член 26 став 2), не пријави вршење пробно возење на брод (член 38 став 2), 9 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година врши промени или преправки на конструкцијата на трупот на бродот, машините, уредите и опремата на бродот, без претходна согласност од овластено правно лице (член 40), бродарот не го одржува бродот и неговата опрема секогаш да биде способен за пловидба (член 42), со брод превезува над дозволениот број патници (член 43 став 1), распоредот на товарот на бродот не ги обезбедува пловните својства на бродот (член 44 став 1), натовари брод надвор од границите на дозволеното оптоварување (член 44 став 2), не постапи согласно со ограничувањата од членот 45 на овој закон, не поседува свидетелство за баждарење (член 48 став 2), бродските исправи и книги не ги води редовно и уредно (член 51 став 3), бродските исправи и книги не се наоѓаат на бродот и не се достапни за проверка (член 53 став 1), употребува пливачки објект без одобрение за локација и за определена намена (член 60), чамец без сопствен механички двигател плови надвор од дозволените граници за пловидба (член 66 став 2), пред почетокот на градба на чамец не ја пријави градбата и не достави проект за градбата (член 67-ѓ став 1), не пријави преправка на чамец пред отпочнувањето со преправката (член 67-ѓ став 3), со чамец превезува над дозволениот број патници или количина товар, нема потребна опрема за чамецот и на чамецот што плови нема пловидбена дозвола (член 68 став 6), во предвидениот рок не поднел барање за впишување на настанати промени на чамец (член 69 став 3), со чамец управува лице спротивно на членот 70 ставови 1 и 2 од овој закон, чамец довери на управување на лице кое не е стручно оспособено за управувач на чамец или е под дејство на алкохол или друго опојно средство (член 70-б), не постапи согласно со членот 72 став 3 од овој закон, брод во пловидба нема пропишан број членови на екипаж со соодветна стручна подготовка (член 74 став 1), бродарот не овозможи да се изврши здравствен преглед на членовите на екипажот на бродот (член 77 став 1), член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата, односно стражарското место без одобрение (член 80), на засидрен брод на пловен пат не организира стража (член 81 став 1), член на екипаж на брод нема бродска книшка или дозвола за качување на брод (член 82 став 1), член на екипаж на брод не го извести заповедникот на бродот за настан на бродот од членот 83 став 1 точки 1 и 2 на овој закон, заповедникот на бродот не ја извести Капетанијата за настан од членот 83 став 1 на овој закон (член 83 став 2), заповедник на брод работи спротивно на членот 87 од овој закон, заповедник на бродот не преземе мерки утврдени во членовите 88 ставови 3 и 4, 89, 90, 91, 92 и 261 став 1 алинеја 1 на овој закон, брод не вее знаме на Република Македонија (член 94 став 1), брод, влекач, потискувач или пливачки објект впишан во соодветен регистар нема ознака (член 96 став 2), брод не е впишан во регистар на бродови (член 98), превоз на патници и стока врши без одобрение од членот 251 на овој закон, 10 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година не пријави изменет, односно укинат ред на пловдба од членот 254 ставови 1, 3 и 4 на овој закон, не прими за превоз патник или предмет (член 256), превезува лица или предмети спротивно на членот 257 од овој закон и презема работи спротивно на членот 277 од овој закон. За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 300 до 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице. Покрај глобата од ставот 1 на овој член на правното лице може да му се изрече прекршочна санкција за привремена забрана за вршење на дејност во траење од шест месеца до една година.“ Член 34 Членот 303 се менува и гласи: “Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговец поединец, ако: на внатрешните води презема работи со кои ги доведува во опасност животот и здравјето на луѓето, нанесува штети на пристаништата, зимовниците, сидриштата, плажите и пловните објекти и ја загадува животната средина (член 6 став 2), не организира и не обезбеди трајно вршење контрола на безбедноста на пловидбата и не овозможи користење на пловните патишта (член 7), не организира трајно вршење на контрола над работите што се однесуваат на безбедноста на пловидбата и не води евиденција на податоци од значење за безбедноста на пловидбата (член 8 став 1 точки 1 и 2), пловните патишта не ги уредува, одржува и обележува со објекти за осигурување на безбедност во пловидбата (член 10 став1), врши промена на пловните патишта и објектите за осигурување на безбедноста на пловидбата без претходно добиена согласност и огласување преку средства за јавно информирање (член 10 став 4), со пловен објект плови спротивно на членот 13 ставови 1 и 2 од овој закон, врши риболов спротивно на членот 13-в на овој закон, одржува спортски и други приредби без одобрение (член 14 став 1), по одржувањето на приредбата во пропишаниот рок не ги отстрани ознаките, уредите и предметите што биле поставени во врска со одржувањето на приредбата (член 15 став 1), пристаништата, зимовниците, сидриштата и плажите не ги одржува, опремува и обележува за безбедна пловидба (член 17 став 1), не овозможува под еднакви услови користење на оперативниот брег, уредите и постројките во пристаништето (член 17 став 2), користи пристаниште или зимовник без одобрение (член 19 став 2), користи сидриште без одобрение (член 20 став 2), користи плажа без одобрение (член 21 став 2), гради пристаниште, зимовник, сидриште и плажа или поставува пловен и пливачки објект спротивно на урбанистички план (член 22 став 1), не ги применува пропишаните правила на пловидба и пропишаните сигнали и ознаки за безбедна и уредна пловидба (член 24 став 1), не се придржува на ограничувањата за забрана за пловидба од членовите 23 и 25 став 1 на овој закон, по барање на Капетанијата не отстрани од пловен пат оштетен, заринкан или потонат пловен објект што ја попречува или загрозува безбедноста на пловидбата или претставува опасност од загадување (член 26 став 1), 11 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година на пловен пат испушта предмети што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата (член 26 став 2), не пријави вршење пробно возење на брод (член 38 став 2), врши промени или преправки на конструкцијата на трупот на бродот, машините, уредите и опремата на бродот, без претходна согласност од овластено правно лице (член 40), бродарот не постапува согласно со членот 42 од овој закон, со брод превезува над дозволениот број патници (член 43 став 1), распоредот на товарот на бродот не ги обезбедува пловните својства на бродот (член 44 став 1), натовари брод надвор од границите на дозволеното оптоварување (член 44 став 2), не постапи согласно со ограничувањата од членот 45 на овој закон, не поседува свидетелство за баждарење (член 48 став 2), бродските исправи и книги не ги води редовно и уредно (член 51 став 3), бродските исправи и книги не се наоѓаат на бродот и не се достапни за проверка (член 53 став 1), употребува пливачки објект без одобрение за локација и за определена намена (член 60), чамец без сопствен механички двигател плови надвор од дозволените граници за пловидба (член 66 став 2), пред почетокот на градба на чамец не ја пријави градбата и не достави проект за градбата (член 67-ѓ став 1), не пријави преправка на чамец пред отпочнувањето со преправката (член 67-ѓ став 3), со чамец превезува над дозволениот број патници или количина товар, нема потребна опрема за чамецот и на чамецот што плови нема пловидбена дозвола (член 68 став 6), во предвидениот рок не поднел барање за впишување на настанати промени на чамец (член 69 став 3), со чамец управува лице спротивно на членот 70 ставови 1 и 2 од овој закон, чамец довери на управување на лице кое не е стручно оспособено за управувач на чамец или е под дејство на алкохол или друго опојно средство (член 70-б), не постапи согласно со членот 72 став 3 од овој закон, брод во пловидба нема пропишан број членови на екипаж со соодветна стручна подготовка (член 74 став 1), бродарот не овозможи да се изврши здравствен преглед на членовите на екипажот на бродот (член 77 став1), член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата, односно стражарското место без одобрение (член 80), на засидрен брод на пловен пат не организира стража (член 81 став 1), член на екипаж на брод нема бродска книшка или дозвола за качување на брод (член 82 став 1), член на екипаж на брод не го извести заповедникот на бродот за настан на бродот од членот 83 став 1 точки 1 и 2 на овој закон, заповедникот на бродот не ја извести Капетанијата за настан од членот 83 став 1 на овој закон (член 83 став 2), заповедник на брод работи спротивно на членот 87 од овој закон, заповедник на бродот не преземе мерки утврдени во членовите 88 ставови 3 и 4, 89, 90, 91, 92 и 261 став 1 алинеја 1 на овој закон, брод не вее знаме на Република Македонија (член 94 став 1), брод, влекач, потискувач или пливачки објект впишан во соодветен регистар нема ознака (член 96 став 2), 12 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година брод не е впишан во регистар на бродови (член 98), превоз на патници и стока врши без одобрение од членот 251 на овој закон, - не пријави изменет ред на пловидба (член 254), не прими за превоз патник или предмет (член 256), превезува лица или предмети спротивно на членот 257 од овој закон и презема работи спротивно на членот 277 на овој закон. Покрај глоба од ставот 1 на овој член на трговецот поединец може да му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на дејност во траење од шест месецa до една година.“ Член 35 Членот 304 се менува и гласи: “Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: на внатрешните води презема работи со кои ги доведува во опасност животот и здравјето на луѓето, нанесува штети на пристаништата, зимовниците, сидриштата, плажите и пловните објекти и ја загадува животната средина (член 6 став 2), со пловен објект плови спротивно на членот 13 ставови 1 и 2 од овој закон, скијање и други активности на вода изведува спротивно на членот 13-а на овој закон, едрење на даска изведува спротивно на членот 13-б на овој закон, врши риболов спротивно на членот 13-в на овој закон, не ги применува пропишаните правила на пловидба и пропишаните сигнали и ознаки за безбедна и уредна пловидба (член 24 став 1), не се придржува на ограничувањата за забрана за пловидба од членовите 23 и 25 став 1 на овој закон, по барање на Капетанијата не отстрани од пловен пат оштетен, заринкан или потонат пловен објект што ја попречува или загрозува безбедноста на пловидбата или претставува опасност за загадување (член 26 став 1), на пловен пат испушта предмети што ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пловидбата (член 26 став 2), не пријави вршење пробно возење на брод (член 38 став 2), врши промени или преправки на конструкцијата на трупот на бродот, машините, уредите и опремата на бродот, без претходна согласност од овластено правно лице (член 40), бродарот не постапува согласно со членот 42 од овој закон, со брод превезува над дозволениот број патници (член 43 став 1), распоредот на товарот на бродот не ги обезбедува пловните својства на бродот (член 44 став 1), натовари брод надвор од границите на дозволеното оптоварување (член 44 став 2), не постапи согласно со ограничувањата од членот 45 на овој закон, не поседува свидетелство за баждарење (член 48 став 2), бродските исправи и книги не ги води редовно и уредно (член 51 став 3), бродските исправи и книги не се наоѓаат на бродот и не се достапни за проверка (член 53 став 1), чамец без сопствен механички двигател плови надвор од дозволените граници за пловидба (член 66 став 2), пред почетокот на градба на чамец не ја пријави градбата и не достави проект за градбата (член 67-ѓ став 1), не пријави преправка на чамец пред отпочнувањето со преправката (член 67-ѓ став 3), 13 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година со чамец превезува над дозволениот број патници или количина товар, нема потребна опрема за чамецот и на чамецот што плови нема пловидбена дозвола (член 68 став 6), во предвидениот рок не поднел барање за впишување настанати промени на чамец (член 69 став 3), со чамец управува лице спротивно на членот 70 ставови 1 и 2 од овој закон, чамец довери на управување на лице кое не е стручно оспособено за управувач на чамец или е под дејство на алкохол или друго опојно средство (член 70-б), не постапи согласно со членот 72 став 3 од овој закон, брод во пловидба нема пропишан број членови на екипаж со соодветна стручна подготовка (член 74 став 1), бродарот не овозможи да се изврши здравствен преглед на членовите на екипажот на бродот (член 77 став 1), член на екипаж за време на стража ја напушти просторијата, односно стражарското место без одобрение, (член 80), на засидрен брод на пловен пат не организира стража (член 81 став 1), член на екипаж на брод нема бродска книшка или дозвола за качување на брод (член 82 став 1), член на екипаж на брод не го извести заповедникот на бродот за настан на бродот од членот 83 став 1 точки 1 и 2 на овој закон, заповедникот на бродот не ја извести Капетанијата за настан од членот 83 став 1 на овој закон (член 83 став 2), заповедник на брод работи спротивно на членот 87 од овој закон, заповедник на бродот не преземе мерки утврдени во членовите 88 ставови 3 и 4, 89, 90, 91, 92 и 261 став 1 алинеја 1 на овој закон, брод не вее знаме на Република Македонија (член 94 став1), брод не е впишан во регистар на бродови (член 98), превоз на патници и стока врши без одобрение од членот 251 на овој закон, превезува лица или предмети спротивно на членот 257 од овој закон, презема работи спротивно на членот 277 од овој закон и врши нуркање спротивно на членот 281-а став 1 од овој закон. За прекршоците од ставот 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5, 7, 9, 13, 15, 20, 23, 25, 30 и 42 на овој член, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може на самото место да изрече глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност на физичко лице, при што на сторителот на прекршокот ќе му врачи покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата. Ако сторителот не ја плати глобата од ставот 2 на овој член во рокот определен со поканата, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.“ Член 36 По членот 304 се додава нов член 304-а, кој гласи: “Член 304-а За прекршоците од членот 301 став 1 алинеи 6, 7, 16, 17, 19, 23, 24, 25, 34, 41, 43 и 44 и членот 303 став 1 алинеи 6, 7, 16, 17, 19, 23, 24, 25, 34, 41, 43 и 44 на овој закон, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може на самото место да изрече глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност на службеното лице во правното лице, односно на лицето вработено кај трговец поединец, при што на сторителот на прекршокот ќе му врачи покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата. 14 од 15 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 26 од 24.02.2009 година Ако сторителот не ја плати глобата од ставот 1 на овој член во рокот определен со поканата, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.“ Член 37 Во членот 3 точка 38, членот 6 ставови 1 и 2, членот 13 став 1, членот 16 став 1, членот 17 ставови 1 и 3, членот 21 ставови 1, 2 и 3, членот 22 став 1, членот 25 став 1, членот 282 став 1, членот 292 став 1, членот 295 став 1 точка 2 и членот 296 став 1 точка 7 зборот “капалиште“ се заменува со зборот “плажа“. Член 38 Поблиските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. До донесувањето на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 39 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 15 од 15 www.pravdiko.com