跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on forests

颁布于 2015-03-02 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Forestry
关键词
forest service, timber, timber extraction/logging, data collection/reporting, forest management/forest conservation

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 33 од 05.03.2015 година 20150331002 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 2 март 2015 година. Бр. 08-1105/1 Претседател 2 март 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ број 64/2009, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13 ,147/13, 43/14 и 160/14) во член 66 ставот (7) се менува и гласи: „Евиденцијата на исечената дрвна маса во државна нискостеблена шума од страна на физички лица за сопствени потреби се води во електронска и хартиена форма, со користење на матичниот број на купувачот.“ Член 2 По членот 84 се додава нов член 84-а, кој гласи: „Член 84-а (1) Службеното оружје и муниција со кои е задолжен припадникот на шумската полиција, односно на шумочуварската служба, времено ќе му бидaт одземени, кога Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени за управување со заштитените подрачја, ќе добие известување од надлежна институција за започната постапка против припадникот на шумската полиција, односно на шумочуварската служба за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, до правосилност на одлуката во кривичната, односно прекршочната постапка. (2) На припадникот на шумската полиција, односно на шумочуварската служба времено ќе му се одземе службеното оружје и муниција, кога Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Јавното претпријатие за 1 од 3 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 33 од 05.03.2015 година стопанисување со шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени за управување со заштитените подрачја ќе добие известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, до правосилноста на одлуката на надлежен суд за привремена мерка за забрана. (3) Одземеното службено оружје и муниција од ставот (1) на овој член, се чува во шумскополициска станица, односно во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени за управување со заштитените подрачја, за што се должни во рок од 24 часа да го информираат Министерството за внатрешни работи. (4) Одземањето на службеното оружје и муниција од ставовите (1) и (2) на овој член, трае до завршувањето на постапката која последна ќе заврши со правосилна одлука. (5) Припадникот на шумската полиција, односно на шумочуварската служба за кој е поведена постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, односно е добиено известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно од Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени за управување со заштитените подрачја, се упатува на задолжителен психијатриски и психолошки преглед, односно советување со психолог (психолошко советување) до овластена здравствена институција. (6) Наодот од психијатрискиот и психолошкиот преглед, односно советувањето со психолог (психолошко советување) со задолжителен наод и мислење за способноста на припадникот на шумската полиција, односно на шумочуварската служба да биде распореден на работно место со овластување за носење и употреба на службено оружје се доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно до Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени за управување со заштитените подрачја, каде што е вработен припадникот на шумската полиција, односно на шумочуварската служба. (7) Во случај на започната постапка против припадникот на шумската полиција, односно на шумочуварската служба за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, министерот кој раководи со органот на државната управа од областа на земјоделството, шумарството и водостопанството, односно директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени за управување со заштитените подрачја, покренува дисциплинска одговорност и ако се докаже дека е извршено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, ќе го распореди на определено време на соодветно работно место без овластување за носење и употреба на службено огнено оружје. (8) Распоредувањето од ставот (7) на овој член е до правосилноста на одлуката во кривичната постапка, прекршочната постапка односно правосилноста на одлуката од став (2) на овој член. (9) Кога кај припадник на шумската полиција, односно на шумочуварската служба е утвредено дека поради нарушена психофизичка или општа здравствена способност е неспособен за вршење на работите и задачите од работното место со овластување за носење и употреба на службено огнено оружје на кое е распореден, а истовремено не ги исполнува условите за стекнување на право на инвалидска пензија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно до Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени за управување со заштитените подрачја ќе го распореди на неопределено време на соодветно работно место без овластување носење и употреба на службено огнено оружје.“ Член 3 Во членот 100 став (1) во точката 8) сврзникот „и“ се заменува со точка и запирка. 2 од 3 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 33 од 05.03.2015 година Во точката 9) точката се заменува со сврзникот „и“ и се додава нова точка 10) која гласи: „10) да презема мерки и дејствија согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.“ Член 4 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за шумите. Член 5 Во членот 83 став (3) по алинета 18 се додава нова алинеjа 19, која гласи: „доколку избегне задолжителен психијатриски и психолошки преглед, односно советување со психолог (психолошко советување). Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3 www.pravdiko.mk

Law amending the Law on forests · Nelum