跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on forests

颁布于 2015-08-21 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Forestry
关键词
forest management/forest conservation, offences/penalties

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 147 од 27.08.2015 година 20151474155 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 август 2015 година. Бр. 08-3675/1 21 август 2015 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија” брoj 64/2009, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 и 44/15), во членот 99-а ставот (3) се брише. Член 2 Во членот 101 став (1) во воведната реченица зборовите: „25.000 до“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правно лице за прекршокците од ставот (1) на овој член “. Во ставот (3) зборовите: „износ од 8.000 до 12.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „ двоен износ на глобата од ставот (1) на овој член“. Ставот (4) се менува и гласи: „Покрај изречената глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење до 30 дена“ Член 3 Во член 102 став (1)во воведната реченица зборовите :“15000 до“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правно лице за прекршокците од ставот (1) на овој член“. Во ставот (3) зборовите: „износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „двоен износ на глобата од ставот (1) на овој член“. Ставот (4) се менува и гласи: 1 од 2 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 147 од 27.08.2015 година „Покрај изречената глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење до 30 дена“. Член 4 Во член 103 во ставот (1)во воведната реченица зборовите: „12.000 до“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правно лице за прекршокците од ставот (1) на овој член“. Во ставот (3) зборовите: „износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „двоен износ на глобата од ставот (1) на овој член“. Ставот (4) се менува и гласи: „Покрај изречената глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење до 30 дена“. Член 5 По членот 106 се додава нов член 106-а кој гласи: “Член 106-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице за прекршоците предвидени од овој закон се врши согласно Законот за прекршоците“. Член 6 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. 2 од 2 www.pravdiko.mk