Law amending the Law on forests
颁布于 2013-05-29 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Forestry
- 关键词
- fire management, forest management/forest conservation, policy/planning, internal trade, hazards
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година 20130791764 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 мај 2013 година. Бр. 07-2234/1 29 мај 2013 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија” број 64/2009, 24/11, 53/11 и 25/13), во членот 12 точката 14 се менува и гласи: „14. Лиценцирање за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост е постапка во која органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството врши утврдување дали правното и физичкото лице ги исполнуваат стручните квалификации за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост;“. По точката 26 се додаваат четири нови точки 27, 28, 29 и 30, кои гласат: „27. Пожар на отворен простор е секое неконтролирано горење на шума и шумско земјиште, без оглед на зафатената површина, интензитет и причина за негово настанување, кој опфаќа и горење на земјоделска површина и пасиште, поблиску од 200 м до работ на шумата; 28. Шумски пожар е секое неконтролирано горење на шума, шумско земјиште, без оглед на зафатената површина, интензитет и причина за негово настанување; 29. Управување со пожарите се мерки за заштита од пожари на отворен простор, кои опфаќаат: 1) превентивни мерки наменети за едукација и подигање на јавната свест и се преземаат во текот на целата година; 2) подготвителни мерки кои се преземаат во текот на целата година, пред да настане пожарот, а имаат за цел постигнување на максимална подготвеност на субјектите одговорни за заштитата на шумите да одговорат во случај на настанување на пожар и 1 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година 3) директни мерки кои се преземаат за време на траењето на пожарот, а за цел го имаат неговото локализирање и гасење; 30. Управување со опожарена површина се активности за санација (сечење на опожарените дрвја на пожариштето и нивно отстранување), како и пошумување на опожарена површина, одгледување и заштита на садниците кои ги преземаат субјектите кои управуваат со шумите во наредните две години по гаснењето на пожарот;“. Точките 27, 28, 29, 30, 31, 31-а, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40, 41, 41-а, 42, 43, 44 и 45 стануваат точки 31, 32, 33, 34, 35, 35-а, 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42, 43, 44, 45, 45-а, 46, 47, 48 и 49. Член 2 Во членот 29 став (3) бројот “100“ се заменува со бројот “30“. Во ставот (7) бројот “100“ се заменува со бројот “30“. Ставовите (8) и (9) се менуваат и гласат: „(8) Сопствениците на приватни шуми за кои нема изработено посебен план или програма за стопанисување со шумите, што се со површина до 10 ха, стопанисуваат според критериуми за стопанисување со шумите во приватна сопственост. (9) Со критериумите за стопанисување со шумите во приватна сопственост се пропишува формата на одгледување; квалитетот на насадите; претходно извршени работи, обемот и видот на сечата; видот и роковите за извршување на работите за одржување и унапредување на шумите; лицата кои можат да ги извршуваат работите; роковите за нивно извршување, како и начинот на евиденција во посебен образец - евиденциски картон за приватни шуми за секоја катастарска парцела посебно.“ Во ставот (11) алинеја 3 бројот “100“ се заменува со бројот “30“. Алинејата 4 се менува и гласи: “- критериумите за стопанисување со шумите во приватна сопственост за кои не се изработува посебен план или програма како формата и содржината на евиденцискиот картон за приватни шуми за секоја катастарската парцела посебно.“ Член 3 Во членот 30 став (1) зборовите: “под 100“ се заменуваат со зборовите: “од 10 до 30“, точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “а за приватни шуми за кои нема изработено програма се стопанисува според критериуми за стопанисување со шуми во приватна сопственост.“ Член 4 Членот 39 се менува и гласи: “(1) Извршените работи на одгледување, заштита и користење на шумите без оглед на сопственоста и намената мораат да се евидентираат во посебните планови и програми најдоцна до 1 март во тековната за претходната година. (2) Покрај евиденцијата во посебните планови и програми за извршените работи од ставот (1) на овој член, субјектите кои стопанисуваат со шумите без оглед на сопственоста и намената и лиценцираните субјекти од членот 97 од овој закон, се должни да водат и месечен извештај во посебни образци (сеча, дотур и превоз), во електронска и пишана форма во кои се книжат приемници за сеча, приемници за дотур и испратници за секој оддел/пододдел од шумскостопанска единица, односно за секоја катастарска парцела посебно. (3) Месечните извештаи се со трајна вредност и се приложуваат кон посебните планови и програми, односно се наоѓаат кај сопственикот и субјектите од членот 97 од овој закон. 2 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година (4) Формата, содржината и начинот на пополнување на месечните извештаи, приемниците за сеча и приемниците за дотур од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 5 По Главата III се додава нова Глава III-а и пет нови члена 40-а, 40-б, 40-в, 40-г, 40-д, кои гласат: “III-а. ПЛАНИРАЊЕ ПОРАДИ ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ ОД ПОЖАРИ Национален план за управување со пожарите на отворен простор Член 40-а (1) Со цел да се постигне безбедно, ефективно и координирано управување со пожарите на отворен простор, како и спроведување на заеднички стандарди и оперативни постапки на сите учесници во постапката за управување со заштитата од пожари, Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството донесува национален план за управување со пожарите на отворен простор за период од десет години. (2) Национален план за управување со пожарите на отворен простор се ревидира пет години по неговото донесување. Содржина на националниот план за управување со пожари на отворен простор Член 40-б Националниот план за управување со пожарите на отворен простор (во натамошниот текст: национален план) особено ги содржи следниве елементи: 1) историјат и актуелна состојба со пожарите на отворен простор; 2) планирање на управувањето со пожари и ресурси; 3) мерки за едукација и подигнување на јавната свест за заштита од пожари; 4) превенција на пожари; 5) степен на опасност од пожари и систем за рано предупредување; 6) подготвителни мерки за заштита од пожари; 7) активности пред сезоната на пожари; 8) рано откривање, дојава и првичен одговор; 9) почетен напад, локализирање и гаснење на пожарот; 10) управување со горливиот материјал; 11) управување со опожарената површина и 12) субјекти вклучени во реализација на националниот план и активности кои треба да се преземаат. Национален комитет Член 40-в (1) Заради спроведувањето на националниот план, Владата на Република Македонија формира Национален комитет (во натамошниот текст: Комитетот) кој ги врши следниве работи: 3 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година 1) изготвува предлози и мислења за поефективна координација на субјектите кои учествуваат во управувањето со пожарите на отворен простор заради поцелисходно користење и обезбедување на средства за конструктивна заедничка работа; 2) предлага насоки за стандардизиран пристап при изготвување и спроведување на тренинг програми, квалификации, други оперативни функции и примена на стандардизирана опрема за пожари; 3) предлага ставови и мислења по однос на економичноста, ефикасноста и квалитетот во сите активности од областа на управувањето со пожари и практикување на концепт на тотална мобилност, употреба на најблиски сили и заеднички ресурси без географски ограничувања; 4) предлага насоки за спроведување на активности за подигање на јавната свест за заштита од пожари и друга превенција и 5) предлага мерки за унапредување на системот за утврдување на степен на опасности од пожар и рано предупредување и подготвителни мерки. (2) За членови на Комитетот може да се номинираат лица од редовите на раководни државни службеници, односно лица на раководна позиција во субјектите од ставот (5) на овој член и да имаат овластувања да ги предлагаат, преговараат и утврдуваат мерките согласно со ставот (1) на овој член. (3) Комитетот е составен од претседател, заменик претседател и 17 члена и се номинираат за временски период од четири години. (4) Раководниот државен службеник номиниран од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството е претседател на Комитетот. (5) Во Комитетот се номинираат членови од следниве субјекти: 1) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; 2) Министерството за животна средина и просторно планирање; 3) Министерството за локална самоуправа; 4) Министерството за внатрешни работи; 5) Министерството за одбрана; 6) Дирекцијата за заштита и спасување; 7) Центарот за управување со кризи; 8) Јавното претпријатие „Македонски шуми“ - Скопје; 9) Јавното претпријатие за пасишта; 10) Управата за хидрометеоролошки работи; 11) ЈПУЗПП Јасен - Скопје; 12) ЈП Паркови и зеленило - Скопје; 13) Националното здружение на сопственици на приватни шуми; 14) територијалните противпожарни единици при единиците на локалната самоуправа; 15) субјектните задолжени за управување со националните паркови и други заштитени подрачја; 16) Противпожарниот сојуз на Македонија; 17) Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Шумарски факултет во Скопје и 18) Црвениот крст на Република Македонија. (6) Комитетот начинот на своето работење го уредува со деловник. Работни групи Член 40-г (1) Комитетот за вршење на работите од членот 40-в од овој закон формира работни групи за следниве области: 1) обука и квалификации за преземање на мерките за гаснење на пожари; 4 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година 2) степен на опасности од пожар и рано предупредување; 3) подигнување на јавна свест за заштита од пожари; 4) координација на активностите за употреба на воздухоплови; 5) стандардизација при заштитата од пожари; 6) стандардни оперативни процедури; 7) координација во организацијата при гаснење на пожари и 8) наука и истражување. (2) Членовите на работните групи треба да бидат квалификувани стручни лица за соодветната област што ја покриваат субјектите од членот 40-в став (5) од овој закон, вклучувајќи и претставници од други правни лица и експерти кои не се вклучени во работните групи, доколку е потребно заради обезбедување на стручност и ефикасност во работењето на Комитетот. (3) Административно-техничките работи за потребите на Комитетот и работните групи ги вршат вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (4) Инструкциите, протоколите, плановите, материјалите за обука и насоките од областа на управувањето со пожари, работните групи ги доставуваат до Комитетот за нивно разгледување. (5) Комитетот за документите од ставот (4) на овој член ја информира Владата на Република Македонија со предлози и решенија по истите. Средства за работа Член 40-д Средствата за вршење на работите на Комитетот се обезбедуваат во рамките на Програмата за проширена репродукција на шумите од членот 96 од овој закон.“ Член 6 Во членот 50 став (1) зборовите: “бесправни сечи“ се бришат. Член 7 По членот 53 се додава нов наслов и нов член 53-а, кои гласат: „Одгледување на пчелни семејства Член 53-а (1) Во шума во државна сопственост може да се поставуваат пчелни семејства под услови со кои не се доведува во прашање стопанисувањето и управувањето на шумите. (2) По барање на сопственик на пчелни семејства, одобрение за поставување на пчелни семејства во шума во државна сопственост го издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството по претходно мислење од корисникот или управувачот на шумата. (3) По завршувањето на периодот на поставување на пчелни семејства, сопственикот на истите е должен површината која ја користел да ја врати во првобитна состојба. (4) Местото на поставување, начинот на поставување, формата и содржината на барањето, како и формата и содржината на одобрението за поставување на пчелни семејства во шума ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ 5 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година Член 8 Насловот пред членот 62 и членот 62 се менуваат и гласат: „Ознака за сеча и евиденција Член 62 (1) Сеча во шума се врши само по претходно извршена ознака за сеча со втиснување на јасно видлив шумски жиг - означувач (во натамошниот текст: шумски жиг). (2) Под ознака за сеча во смисла на ставот (1) на овој член се подразбира: 1) одбирање и означување на стебла за сеча и евидентирање на дрвната маса при стеблимична и групимично пребирна сеча и 2) обележување на површината и евидентирање на дрвната маса при површинска чиста сеча. (3) Стеблимична сеча е сеча на одбрани поединечни стебла. (4) Групимично пребирна сеча е сеча на одбрани групи стебла. (5) Површинска - чиста сеча е сеча на сите стебла на површината од одделот/пододделот, односно катастарската парцела. (6) Ознаката за сеча се врши согласно со предвидената сеча утврдена во посебните планови и програми. (7) Ознаката за сеча во шуми за кои нема изработено посебен план или програма за стопанисување со шумите се врши според критериумите од членот 29 став (9) од овој закон. (8) Ознака при стеблимична и групимично пребирна сеча се врши до 30 септември во тековната за наредната година и тоа во обем од најмногу 80% од предвидената дрвна маса за сеча. Остатокот од дрвната маса дополнително се означува по извршената сеча според претходната ознака. При дополнителната ознака се означуваат и се евидентираат првично сите неозначени стебла кои се оштетени при сечата. (9) Извршената ознака за сеча и направената шумска штета се евидентираат во книги, и тоа: Книга за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во државна сопственост, Книга за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во приватна сопственост и Книга за евиденција на направена шумска штета во шума во државна сопственост. (10) Видот на ознаката за сеча, видот на шумскиот жиг за ознака за сеча, начинот на вршење на ознаката за сеча, формата и содржината на Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во државна сопственост, Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во приватна сопственост и Книгата за евиденција на направена шумска штета во шума во државна сопственост ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 9 Членот 63 се менува и гласи: „(1) Ознака за сеча (стеблимична и групимично пребирна) во државна шума ја извршува стручно лице, со високо образование дипломиран шумарски инженер - насока шумарство, вработени во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја, кое има работно искуство од најмалку две години од областа на стопанисување со шумите. (2) Ознака за површинска - чиста сеча и ознака на ретки видови на дрвја и на поединечни или група на шумски дрвја на површини надвор од шума во државна сопственост извршува стручно лице со високо образование дипломиран шумарски инженер - насока шумарство, со или без работно искуство во областа на стопанисување со 6 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година шумите, или стручно лице со средна стручна подготовка шумарски техничар - насока шумарство, со најмалку една година работно искуство од областа на стопанисување со шумите, вработени во јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја. (3) Ознака за сеча (стеблимична, групимично пребирна и површинска - чиста сеча), како и ознака на ретки видови на дрвја, на поединечни или група на шумски дрвја на површини надвор од шума во приватна сопственост, вршат стручни лица кои имаат лиценца за вршење на стручни работи на шуми во приватна сопственост. (4) Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ за шумите со стопанска намена, другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја за шумите во заштитените подрачја и стручните лица кои имаат лиценца за вршење на стручни работи на шуми во приватна сопственост, изработуваат шумски жиг за ознака за сеча и шумски жиг за жигосување на дрво и дрвни сортименти и истите ги доставуваат на увид и заверка во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (5) За вршење на ознака за сеча согласно со ставовите (1) и (2) на овој член средства обезбедува корисникот на шумата, а за вршење на ознака за сеча согласно со ставот (3) на овој член средства обезбедува сопственикот на шумата. (6) За заверените шумски жигови за ознака за сеча и шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти од ставот (4) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството води евиденција во регистар за заверени шумски чекани за ознака за сеча и шумски чекани за жигосување на дрво и дрвни сортименти. (7) Формата и содржината на регистарот за заверени шумски жигови за ознака за сеча и шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти, како и начинот на неговото водење го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 10 Членот 64 се менува и гласи: „(1) Субјектите кои стопанисуваат со шумите без оглед на сопственоста и намената и сопствениците на приватни шуми кои имаат донесено посебни планови или програми, односно поседуваат шума над 30 ха, за извршената ознака за сеча од членот 62 од овој закон се должни да го известат шумарскиот инспектор во рок од 15 дена од денот на завршувањето на извршената ознака за сеча. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член за извршената ознака за сеча согласно со членот 62 став (7) од овој закон, не се известува шумарскиот инспектор. (3) Не може да се врши сечата од ставот (1) на овој член, ако ознаката за сеча не е извршена на целата површина од одделот/пододделот и ако не е извршен преглед на ознаката за сеча од овластен шумарски инспектор.“ Член 11 Насловот пред членот 66 и членот 66 се менуваат и гласат: „Сеча во државна шума од страна на физички лица за сопствени потреби Член 66 (1) Забрането е вршење на сеча во државна шума од страна на физички лица. 7 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, е дозволена сеча во државна нискостеблена шума само за физички лица кои се со постојано место на живеење во рурални подрачја кои се наоѓаат во границите на шумскостопанска единица, заради обезбедување на сопствени потреби. (3) Забрането е препродажба на дрво и дрвни сортименти од ставот (2) на овој член. (4) Сечата во државна шума заради обезбедување на сопствени потреби се врши по претходно поднесено барање од физичкото лице до Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја. (5) За извршената сеча од ставот (2) на овој член физичките лица плаќаат надоместок врз основа на издадена дозвола за сеча, согласно со важечкиот ценовник на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја. (6) За исечената дрвна маса од ставот (2) на овој член Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја се должни да водат евиденција во посебен образец за сеча во државна шума од страна на физички лица за сопствени потреби. (7) Количината на дрвната маса за сеча во државна шума од страна на физички лица за задоволување на сопствени потреби не смее да надминува повеќе од 10 метри кубни за една календарска година. (8) Начинот на обезбедување за сопствени потреби со огревно дрво на физички лица од државна шума, формата и содржината на образецот од ставот (6) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 12 Во членот 67 ставот (3) се менува и гласи: „За издадените одобренија за сеча лицата од ставот (2) на овој член се должни да доставуваат извештај еднаш месечно до Државниот инспекторат за шумарство и ловство. По ставот (9) се додава нов став (10), кој гласи: „(10) За извршената ознака за сеча во шума во приватна сопственост лицата од членот 97 став (1) од овој закон се должни да водат евиденција согласно со членот 62 став (9) од овој закон.“ Ставот (10) станува став (11). Член 13 Во членот 69 ставовите (1) и (2) се менуваат и гласат: „(1) Исеченото дрво во шума, како и надвор од шума (освен дрво од овошни стебла на земјоделско земјиште), без оглед во чија сопственост е, мора да е жигосано со втиснување на јасно видлив шумски жиг и снабдено со испратница за исечено дрво и дрвни сортименти кога се превезува од местото на утовар или пренесува од место до место. (2) Производи од дрво (дрвен јаглен, рачки, прачки, колци, дрвен чипс, пелети, брикети и друго) не можат да се пренесуваат или превезуваат, ако не се снабдени со испратница на местото на утовар.“ Ставовите (7) и (8) се менуваат и гласат: „(7) Жигосувањето на исеченото дрво и дрвни сортименти од шума во државна сопственост го врши стручно лице со високо образование дипломиран шумарски инженер насока шумарство, со и без работно искуство, или стручно лице со средна стручна подготовка шумарски техничар - насока шумарство, со и без работно исукуство, во 8 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја. (8) Правното лице кое врши промет со дрво и дрвни сортименти е должно на купувачот да му издаде испратница од правното лице кое ги содржи следниве податоци: дрвен вид, дрвен сортимент, количина, ден и час на превезување и точна адреса на истоварот на дрвото и дрвните сортименти.“ Ставот (13) се менува и гласи: „За издадените испратници Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја и лицата кои поседуваат лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост плаќаат надоместок во висина од стварно направените трошоци потребни за нивно издавање.“ Член 14 Насловот пред членот 70 и членот 70 се менуваат и гласат: „Откуп, преработка и промет на дрво и дрвни сортименти Член 70 (1) Забранет е откуп, преработка и промет на дрво и дрвни сортименти кои не се жигосани и снабдени со испратница. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член може да се врши откуп, преработка и промет на шумски отпад/отпад после сеча по претходно доставена и одобрена Програма за обработка на шумски отпад/отпад после сеча од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (3) Програмата од ставот (2) на овој член особено ги содржи следниве елементи: шумскостопанска единица, предвидени активности со посебниот план за стопанисување со шумите, локација, дрвен вид, дрвна маса, количина, технолошка постапка и начин и рокови за извршување на сите предвидени работи. (4) Програмата од ставот (2) на овој член мора да биде усогласена со посебниот план за стопанисување со шумите, состојбата на шумата на терен и количините на шумски отпад/отпад после сеча која е предмет на обработка, по количина и квалитет. (5) Програмата од ставот (2) на овој член се изработува за оддел/пододдел, односно за повеќе оддели во границите на една шумскостопанска единица. (6) Програмата од ставот (2) на овој член ја изготвува корисникот, односно сопственикот на шумата најдоцна до 31 декември во тековната за наредната година и се доставува на одобрување до органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (7) Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја се должни прометот на дрво и дрвни сортименти да го вршат преку регистрирани складишта во нивна сопственост. (8) Забрането е да се врши преработка на дрво и дрвни сортименти во постројки за механичка преработка на дрвото, ако дрвото не е жигосано и снабдено со испратница на начин утврден согласно со овој закон. (9) Сопственикот на постројката за механичка преработка на дрвото и дрвните сортименти е должен дрвото и дрвните сортименти по приемот да ги евидентира во посебна Книга за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени за преработка во постројката за механичка преработка на дрвото. 9 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година (10) Формата и содржината на програмата за обработка за шумски отпад/отпад после сеча и Книгата за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени на преработка во постројки за механичка преработка на дрвото ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 15 По членот 70 се додава нов наслов и нов член 70-а, кои гласат: „Промет на дрво и дрвни сортименти Член 70-а (1) Промет на дрво и дрвни сортименти може да врши правно лице кое е регистрирано согласно со одредбите од Законот за трговските друштва, кое поседува соодветно земјиште за вршење на дејноста и кое е регистрирано во Регистар за правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти. (2) Правното лице може да биде регистрирано за промет на дрво и дрвни сортименти, по претходно доставено барање до органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (3) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството на правното лице од ставот (2) на овој член, доколку ги исполнува условите од ставот (1) на овој член, му издава решение за промет на дрво и дрвни сортименти. (4) Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се води Регистар за правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти. (5) По исклучок од ставот (1) на овој член промет на дрво и дрвни сортименти можат да вршат и правни и физички лица кои се сопственици на приватна шума. (6) Субјектите од ставот (5) на овој член не се евидентираат во Регистар за правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти, но се должни за секој извршен промет на дрво и дрвни сортименти да достават известување до Државниот инспекторат за шумарство и ловство. (7) Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член, формата и содржината на решението од ставот (3) на овој член, формата и содржината на известувањето од ставот (6) на овој член, како и формата, содржината и начинот на водење на Регистарот за правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 16 Во членот 88 ставот (3) се брише. Член 17 Во членот 96 по алинејата 5 се додаваат две нови алинеи 6 и 7, кои гласат: „- објавување и печатење на инструкциите, протоколите, плановите, материјалите за обука, насоките и други материјали од областа на управувањето со пожари на отворен простор, како и за техничко одржување и хостирање на веб страницата на Министерството на земјоделство, шумарство и водостопанство за подигање на јавната свест за заштита на шумите од пожари и за вршење на работите од членот 40-в од овој закон.“ 10 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година Член 18 Називот на Главата X се менува и гласи: “ИЗВРШУВАЊЕ НА СТРУЧНИ РАБОТИ НА ШУМИ ВО ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ“. Член 19 Насловот пред членот 97 и членот 97 се менуваат и гласат: „Лиценци за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост Член 97 (1) Стручните работи на шуми во приватна сопственост ги вршат правни и физички лица кои поседуваат лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост. (2) Со лиценцата за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост, лиценцираните правни и физички лица се овластени да ги извршуваат следниве работи: 1) ознака за сеча и водење на евиденција согласно со членовите 62 и 63 од овој закон; 2) пополнување на евиденциски картон за приватни шуми за евидентирање на извршените работи по вид и рокови на извршување, по обем и вид на сеча, одржување и унапредување на шумите и претходно извршените работи согласно со членот 29 став (9) од овој закон; 3) издавање на одобрение за сеча согласно со членот 67 од овој закон; 4) жигосување на исечено дрво и дрвни сортименти и издавање на испратница за исеченото дрво и дрвните сортименти за превоз или пренос од местото на утовар или од место до место согласно со членот 69 од овој закон и 5) пополнување и водење на месечен извештај во посебни образци (сеча, дотур и превоз), за секоја шумскостопанска единица, односно за секоја катастарска парцела (КП) посебно согласно со членот 39 од овој закон. (3) Правното лице за да поседува лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост треба да е регистрирано во трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Македонија за вршење на работи од областа на шумарството и да има вработено најмалку едно лице со лиценца за извршување на стручни работи за шуми во приватна сопственост. (4) Физичко лице за да поседува лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост треба да е со високо образование дипломиран шумарски инженер насока шумарство и да има најмалку две години работно искуство во областа на стопанисување со шумите. (5) Физичко лице лиценцирано за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост за да може самостојно да ја врши оваа дејност мора да е регистриран како правното лице од ставот (3) на овој член за вршење на работите од областа на шумарството, да изработи шумски чекан за ознака за сеча и шумски чекан за жигосување на дрво и дрвни сортименти и истите да ги евидентира кај органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (6) Правното лице кое поседува лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост, работите на жигосување на исечено дрво и дрвни сортименти и пополнување на испратница може да ги извршува преку стручно лице со високо образование дипломиран шумарски инженер - насока шумарство, со или без работно искуство во областа на стопанисување со шумите, или преку стручно лице со средна стручна подготовка шумарски техничар - насока шумарство, со или без работно искуство во областа на стопанисување со шумите, вработени во правното лице кое поседува лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост. “ 11 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година Член 20 Во членот 97-а ставовите (1), (2) и (3) се менуваат и гласат: „(1) Лиценца за вршење на стручни работи на шуми во приватна сопственост се издава врз основа на поднесено барање до органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член правното лице поднесува: 1) документ дека е регистрирано во трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Македонија за изведување стручни работи од областа на шумарството; 2) податоци за минималниот број на вработени со лиценца; 3) документ за поседување на опрема потребна за изведување на стручни работи од областа за која се бара лиценцата и 4) потврда за платен надоместок за барање на лиценца. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член физичкото лице поднесува: потврда за работно искуство во областа на стопанисување со шумите, копија од лична карта, уверение за завршено соодветно образование и потврда за платен надоместок за барањето за лиценца.“ Член 21 Во членот 97-б став (2) зборовите: “Владата на Република Македонија - Комисија за решавање на управна постапка во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството и во спроведување на постапката за доделување на концесии од оваа област“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 22 Во членот 98 ставот (1) се менува и гласи: „Надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон и на прописите донесени врз основа на него го врши Државниот инспекторат за шумарство и ловство.“ Член 23 По членот 99 се додава нов наслов и нов член 99-а, кои гласат: „Надзор над извршената ознака за сеча Член 99-а (1) За извршениот инспекциски надзор кај субјектите од членот 64 став (1) од овој закон инспекторот е должен да состави записник за констатираната состојба за извршената ознака за сеча. (2) Ако инспекторот при вршење на инспекцискиот надзор утврди неправилности, е должен да донесе решение со кое ќе нареди да се отстранат неправилностите во определен рок, согласно со одредбите од членот 24 од Законот за шумарска и ловна инспекција. (3) Ако субјектите од членот 64 став (1) од овој закон не постапат согласно со решението од ставот (2) на овој член, инспекторот поведува постапка за порамнување согласно со одредбите од членот 30-а од Законот за шумарска и ловна инспекција и донесува решение за поништување на извршената ознака за сеча.“ Член 24 Во членот 101 став (1) точката 17 се менува и гласи: “постапува спротивно на одредбите од членот 62 од овој закон;“. 12 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година Во точката 19 по зборовите: “членот 64 став (1)“ се додаваат зборовите: “и (3)“. Член 25 Во членот 102 став (1) точка 5 по заградата се става запирка и се додаваат броевите “(2) и (3)“. Во точката 18 бројот “(5)“ се заменува со бројот “(6)“. Во точката 19 бројот “(6)“ се заменува со бројот “(8)“. Во точката 20 бројот “(2)“ се заменува со бројот “(3)“. Член 26 Во членот 103 став (1) точка 4 бројот “(7)“ се менува со бројот “(10)“. Во точката 5 броевите “(5) и (6)“ се заменуваат со броевите “(6) и (7)“. По точката 6 се додава нова точка 7, која гласи: “7) постапува спротивно на одредби на членот 70 став (7) од овој закон;“. Точките 7, 8, 9, 10 и 11 стануваат точки 8, 9, 10, 11 и 12. Член 27 Во членот 104 став (1) точка 8 броевите “(3) и (6)“ се заменуваат со броевите “(4) и (7)“. Член 28 Во членот 105 став (1) точка 9 бројот “(6)“ се заменува со бројот “(8)“. Во точката 10 бројот “(7)“ се заменува со бројот “(10)“. Точката 11 се менува и гласи: “постапува спротивно на одредби на членот 66 став (3) од овој закон;“. Член 29 Владата на Република Македонија во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе го донесе националниот план за управување со пожари на отворен простор. Член 30 Владата на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе го формира Комитетот. Член 31 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 32 Со денот на влегувањето во сила на овој закон сите правни и физички лица кои поседуваат лиценца за изведувачи на стручни работи во шуми во приватна сопственост треба да се усогласат со одредбите од овој закон во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Доколку правните и физичките лица кои поседуваат лиценца за изведувачи на стручни работи во шуми во приватна сопственост не постапат согласно со одредбата од ставот 1 на овој член, издадените лиценци престануваат да важат. 13 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 79 од 31.5.2013 година Член 33 Започнатите постапки за ознака за сеча до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со одредбите од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија” број 64/2009, 24/11, 53/11 и 25/13). Член 34 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за шумите. Член 35 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. 14 од 14 www.pravdiko.com