Law amending the Law on forests
颁布于 2011-02-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Forestry
- 关键词
- forest management/forest conservation, legal proceedings/administrative proceedings, authorization/permit, inspection
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година 20110240598 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 23 февруари 2011 година. Бр. 07-1046/1 23 февруари 2011 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите (“Службен весник на Република Македонија“ број 64/2009), во членот 5 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Во постапката во вршење на инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекцискиот надзор и Законот за шумарска и ловна инспекција, доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 2 Во членот 12 по точката 31 се додава нова точка 31-а, која гласи: „31-а. Трајна пренамена на шумско земјиште e пренамена на шумско земјиште за периодот во кој се вршат работите предвидени во членот 14 на овој закон;“. Точката 41 се менува и гласи: “Шумски производи се сите производи од дрво во шума и на шумско земјиште, вклучувајќи шумски дрвја и грмушки и сите нивни делови, и тоа: биомаса на целата шумска вегетација, репродуктивните органи на сите дрвенести, грмушести и зелјести растенија (цвет, плод, семе), иглици и листови, гранчиња, кора и корења;“. По точката 41 се додава нова точка 41-а, која гласи: “41-а. Други шумски производи се производи од биолошко и минерално потекло во шума и на шумско земјиште, и тоа: мов и лишаи, папрат, треви, цвеќе, лековити ароматични, јадливи и индустриски растенија, други растенија и нивни делови (корења, кора, листови, плодови, патолошки израстоци, полупаразитски и паразитски растенија), габи, смола, шишарки, сокови од растенијата, листинец, трева за сено од шумски ливади и голини, дивеч и други диви животни кои живеат во шума, тресет и хумус, песок и камен;“. 1 од 7 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година Член 3 Членот 14 се менува и гласи: “(1) По исклучок од одредбите на членот 13 став (1) алинеи 1 и 2 од овој закон, копачење на шуми и трајна пренамена на шумско земјиште може да се врши: 1) кога тоа е утврдено со посебните планови и програми за стопанисување со шумите; 2) заради спроведување на документи за просторно и урбанистичко планирање и тоа Просторен план на Република Македонија, просторен план за регион и просторен план за подрачје од посебен интерес за Република Македонија согласно со закон; 3) заради изградба на објекти за заштита на луѓе и материјални добра од елементарни непогоди и одбрана на земјата; 4) во постапка на комасација и арондација на шуми и шумско земјиште; 5) за изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон и 6) за вршење на работи од јавен интерес утврден со закон. (2) При зафаќање на шуми и шумско земјиште субјектите кои ги градат објектите од ставот (1) точки 5 и 6 на овој член се должни да прибават согласност за трајна пренамена на шуми и шумско земјиште од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (3) До започнување на вршење на планираните активности за изградба на објекти од ставот (1) точки 5 и 6 на овој член, со шумите и шумското земјиште за кои е дадено согласност за трајна пренамена, стопанисува дотогашниот корисник на шумата и шумското земјиште согласно со овој закон. (4) Трајна пренамена на шуми и шумско земјиште за вршење на работите од ставот (1) точки 5 и 6 на овој член може да се врши: на голини во шума и на неочувани нискостеблени шуми, деградирани шуми и шикари.“ Член 4 По членот 14 се додава нов член 14-а, кој гласи: „Член 14-а Постапка за трајна пренамена (1) За изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон и за вршење на работи од јавен интерес утврден со закон, инвеститорот е должен да поднесе барање за добивање на согласност за трајна пренамена од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (2) Кон барањето за добивање на согласност за трајна пренамена од ставот (1) на овој член, инвеститорот поднесува: техничка документација за градбата (комплетен основен проект, посебен елаборат и фази на проектот), документ за регистрација за вршење на дејност од јавен интерес и опис на бараната локација со нумерички податоци и површина. (3) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството одлучува по барањето за согласноста од ставот (1) на овој член во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето.“ Член 5 Членот 15 се менува и гласи: “(1) За трајна пренамена на шуми и шумско земјиште од членот 14 став (1) точки 5 и 6 на овој закон се плаќа надоместок во висина од вредноста за пошумување на површината 2 од 7 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година колку што изнесува површината на која е предвидена градба на објект, дрвната маса, изгубениот прираст и општокорисните функции. (2) Без платен надоместок од ставот (1) на овој член не може да се издаде одобрение за градење. (3) После завршувањето на вршењето на работите од јавен интерес инвеститорот е должен веднаш да му плати на корисникот на шумата надоместок за пошумување во обем за десет пати поголема површина од површината која била предмет на пренамената, во согласност со пропишаните стандарди и норми за пошумување, вклучувајќи ја и самата површина на која се изведувале работите од јавен интерес, а извршената работа да биде констатирана со записник од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.“ Член 6 Во членот 25 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: “(2) Податоците од спроведената национална инвентаризација органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството ги собира, евидентира и води во единствена база на податоци.“ Ставот (2) станува став (3). Член 7 Во членот 29 ставот (11) се менува и гласи: “Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството донесува поблизок пропис за: содржината на посебните планови за стопанисување со шумите со стопанска намена и заштитна намена, како и начинот на нивната изработка, донесување и одобрување, содржината на посебните планови за одгледување и заштита на шумите во заштитените подрачја, начинот на нивната изработка, донесување и одобрување, содржината на посебниот план за стопанисување со шумите во приватна сопственост над 100 ха, начинот на нивната изработка, донесување и одобрување и критериумите од ставот (9) на овој член за стопанисување со шумите во приватна сопственост за кои не се изработува посебен план или програма.“ Член 8 Во членот 52 ставот (3) се брише. Ставовите (4), (5), (6), (7) стануваат ставови (3), (4), (5) и (6). Член 9 Во членот 67 став (2) зборовите: “членот 96“ се заменуваат со зборовите: “членот 97“. По ставот (8) се додава нов став (9), кој гласи: „(9) Жалба против актот за издавање на одобрение за сеча, сопственикот на шумата може да поднесе до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Ставот (9) станува став (10). Член 10 Во членот 68 алинеја 3 по зборот “видно“ се додаваат зборовите: “и трајно“. Член 11 Во членот 87 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: 3 од 7 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година „(2) Стручните работи во шумарството Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со шумите и шумското земјиште во заштитените подрачја ги вршат без лиценца.“ Ставот (2) станува став (3). Член 12 Во членот 97 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: “(2) Лиценци за извршување на стручни работи во шумарството се издаваат за следниве работи: изготвување на плански документи од членот 28 на овој закон, изготвување на проектна документација за изградба и одржување на шумски патишта, извршување на работи за собирање и доработка на шумско семе и производство на шумски и декоративен саден материјал, извршување на работи кои се однесуваат на заштита на шумите од биотски и абиотски фактори, извршување на работи кои се однесуваат на одгледување на шумите и ознака за сеча и извршување на работи кои се однесуваат на користење на други шумски производи.“ Во ставот (2) кој станува став (3) по зборот "шумарството" точката на крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите: "и да има вработено најмалку едно лице со високо образование од шумарска насока и со најмалку две години работно искуство во областа на шумарството.“ Ставот (3) станува став (4). Ставовите (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11) и (12) се бришат. Член 13 По членот 97 се додаваат два нови наслова и два нови члена 97-а и 97-б, кои гласат: „Начин на издавање на лиценца Член 97-а (1) Лиценца за вршење на стручни работи во шумарството се издава врз основа на поднесено барање до органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член правното лице поднесува: документ дека е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија за изведување стручни работи од областа на шумарството, податоци за минималниот број на вработени со лиценца, документ за поседување на опрема потребна за изведување на стручни работи од областа за која се бара лиценцата и потврда за платен надоместок за барање на лиценца. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член физичкото лице поднесува: документ дека е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија за изведување стручни работи од областа на шумарството, документ за стручна оспособеност (успешно завршена обука) и за времето поминато во оспособувањето, копија од лична карта, уверение за завршено соодветно образование и потврда за платен надоместок за барањето за лиценца. (4) Постапката за издавање на лиценци од членот 97 на овој закон ја спроведува Комисија за издавање на лиценци (во натамошниот текст: Комисијата) која ја формира 4 од 7 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (5) Комисијата се состои од пет члена и секретар. (6) Членови на Комисијата се докажани шумарски стручњаци во одделни области во шумарската практика со најмалку пет години практично работно искуство и најмалку високо образование од областа на шумарството - шумарска насока. (7) По доставеното барање и приложените документи Комисијата ја проверува комплетноста на барањето и доставената документација и доколку истото е комплетно во рок од 30 дена од денот на доставувањето изготвува предлог за издавање на лиценца. (8) Доколку Комисијата утврди дека барањето за издавање на лиценца е некомплетно, за тоа писмено го известува барателот, кој во рок од седум дена од денот на добивањето на известувањето треба да го комплетира барањето, а во спротивно барањето се одбива. (9) Комисијата за својата работа има право на паричен надоместок чија висина треба да е во рамките на реално направените трошоци потребни за работа на Комисијата. (10) Висината на надоместокот за работа во Комисијата ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. Издавање, промена и одземање на лиценцата Член 97-б (1) Врз основа на предлогот на Комисијата, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството донесува решение за издавање на лиценца, односно решение врз основа на кое барањето се одбива. (2) Против решението со кое се одбива барањето за издавање на лиценца може да се изјави жалба во рок од осум дена до Владата на Република Македонија - Комисија за решавање на управна постапка во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството и во спроведување на постапката за доделување на концесии од оваа област. (3) За добивање на лиценцата од членот 97 став (1) на овој закон правните и физичките лица плаќаат надоместок. (4) Висината на надоместокот од ставот (3) на овој член ја утврдува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарсвтото, врз основа на реално направените трошоци за нејзиното издавање во поглед на изготвување на потребниот материјал, печатење, копирање и за работењето на Комисијата. (5) За издадените и одземените лиценци органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, води Регистар на лиценци за вршење на стручни работи во шумарството. (6) Лиценците од членот 97 став (1) на овој закон не смеат да се пренесуваат на друго правно и физичко лице. (7) Лиценцата се издава трајно. (8) Правното и физичкото лице кои имаат лиценца се должни за секоја промена да го известат органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството во рок од 30 дена од денот на настанатата промена. (9) Лиценцата се одзема доколку се утврди дека правното или физичкото лице: се откаже од правото на вршење на стручни работи од областа на шумарството, трајно ја загуби способноста за вршење на стручни работи од областа на шумарството, биде лишен од деловна способност за вршење на стручни работи од областа на шумарството, 5 од 7 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година правосилно е осуден за кривично дело безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или ако му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на стручни работи од областа на шумарството и за секоја настаната промена не достави известување. (10) Правното или физичкото лице на кое му е одземена лиценцата нема право во рок од пет година да поднесе барање за издавање на нова лиценца. (11) Формата, содржината и начинот на водење на барањето за издавање на лиценцата, формата и содржината на образецот на лиценцата и формата, содржината и начинот на водење на Регистарот од ставот (5) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 14 Во членот 100 став (1) точка 2 по зборот "шумите" се додаваат зборовите: "плановите за одгледување и заштита на шумите во заштитени подрачја". По точката 2 се додава нова точка 3, која гласи: "3) врши увид во работењето и документацијата на правното или физичкото лице кое има лиценца за изведување на стручните работи од областа на шумарството;“. Точките 3, 4, 5, 6, 7 и 8 стануваат точки 4, 5, 6 ,7, 8 и 9. Ставот (2) се менува и гласи: "За мерките од ставот (1) на овој член со исклучок на точката 7 од ставот (1) на овој член шумарскиот инспектор е должен да состави записник во кој ќе ја утврди направената неправилност и за истата донесува решение за укажување за отстранување на утврдената неправилност на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор." По ставот (2) се додаваат два нови ставови (3) и (4) кои гласат: "(3) Доколку државниот инспектор при спроведување на контролата и надзорот утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира покренатата постапка. (4) Доколку државниот инспектор при спроведување на контролата и надзорот утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган." Во ставот (3) кој станува став (5) по зборот "шумите" се додаваат зборовите: "и субјектите кои ги спроведуваат плановите за одгледување и заштита на шумите во заштитените подрачја." Ставот (4) станува став (6). Ставот (5) кој станува став (7) се менува и гласи: "(7) Жалбата против решението од ставот (2) на овој член може да се изјави до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. Ставот (6) станува став (8). Член 15 Одредбата од членот 100 став (7) од Законот за шумите ќе започне да се применува со започнување на примената на Законот за инспекцискиот надзор . Член 16 Во членот 101 став (1) по точката 3 се додава нова точка 4, која гласи: „4) не го пошуми земјиштето (член 15 став 3)); Точките 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 24 стануваат точки 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25. 6 од 7 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 24 од 25.02.2011 година Во точката 25 која станува точка 26 пред зборовите: "не овозможи" се додаваат зборовите: "не постапува по донесеното решение". Член 17 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 7 од 7 www.pravdiko.com