跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on fisheries and aquaculture

颁布于 2010-05-14 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување Законot за рибарство и аквакултура.
语言
Macedonian
类型
法令
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Fisheries and aquaculture
关键词
fish products, fishery management and conservation, inland fisheries, fishing authorization, freshwater fishes, sustainable development, sustainable use, aquaculture, aquatic animals, non-commercial fishing, data collection/reporting, policy/planning, protection of environment, protection of species, authorization/permit, biodiversity

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА Службен весник на РМ, бр. 67 од 14.05.2010 година Член 1 Во Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” број 7/2008), членот 1 се менува и гласи: “Со овој закон се уредува управувањето, стопанисувањето и аквакултурата на рибите, нивната заштита и ставање во промет, производството на порибителен материјал и порибувањето на водите во Република Македонија, установите, здружувањето и финансирањето, како и други прашања од значење во областа на рибарството и аквакултурата.” Член 2 Во членот 2 по точката 3 се додава нова точка 3-а, која гласи: “3-a. Брег е природно формирана граница меѓу риболовната вода и копното;“. Во точката 10 зборот “гистините” се менува со зборот ”густините”. Во точката 19 зборовите: “објект за одгледување на риби” се заменуваат со зборовите: “платформа за“. Во точката 23 по зборот “подмладокот“ буквата “е” се брише. Во точката 25 зборот “рекреативно” се заменува со зборовите: “рекреативен и”. Точката 34 се менува и гласи: „Порибителен материјал е оплодена икра, ларви, личинки, подмладок и матици кои потекнуваат од регистриран репроцентар и од регистриран рибник за производство на порибителен материјал наменет за промет;“. Во точката 35 зборот “рибарска“ се заменува со зборот “риболовна“. Точката 37 се менува и гласи: “Оризиште е оризова нива во која како секундарна гранка може да се одгледуваат риби;”. Точката 38 се менува и гласи: “Рекреативен риболов е лов на риба со дозволен риболовен прибор и опрема заради рекреација;”. Tочката 39 се менува и гласи: “Рекреативен риболовец е лице кое лови риба со дозволен риболовен прибор и опрема и поседува легитимација и дозвола за рекреативен риболов;”. Точката 42 се менува и гласи: “Рибар е стопански риболовец вработен кај правното лице - концесионер на рибите за стопански риболов;“. Точката 43 се менува и гласи: “Рибарски алат се риболовни средства дозволени за вршење стопански риболов;“. Точката 44 се менува и гласи: “Рибарски здруженија се сите облици на здружување на коцесионерите на рибите за стопански риболов основани заради здружено настапување пред надлежните органи, организација на ловот и внесувањето на рибите во промет запишани во регистарот на концесионери;“. Точката 45 се менува и гласи: “Регистар на концесионери е евиденција на рибарски и риболовни здруженија на кои им е дадена концесија на рибите од риболовните подрачја, риболовните зони, риболовни ревири и рекреативни зони кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;“. Точката 46 се менува и гласи: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 “Рибник е објект за аквакултура кој може по потреба да се празни и полни со вода, а во зависност од начинот на користење на водата рибниците можат да бидат рибници со затворен систем на одгледување и рибници со отворен систем на одгледување;“. Во точката 47 зборовите: “дозволена риболовна опрема и алат“ се заменуваат со зборовите: “дозволени риболовни средства“. Во точката 48 зборовите: “(трска, јадица, машинка, конец)” се бришат. Точката 53 се менува и гласи: “Риболовни здруженија се сите облици на здружување на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов запишани во регистарот на концесионери;“. Точката 58 се менува и гласи: “Спортски риболов е организиран лов на риба со дозволена риболовна опрема и прибор во рамките на организирани натпревари од страна на риболовни здруженија и федерацијата;“. Точката 59 се менува и гласи: “Спортски риболовец е лице кое поседува спортска легитимација издадена од Македонската риболовна федерација и учествува на организирани натпревари за спортски риболов;“. Во точката 60 зборовите: “или заменување“ се заменуваат со зборовите: “и/или купување“. Во точката 62 зборот “Сотален” се заменува со зборот ”Тотален”. Точката 63 се менува и гласи: “Улов е вкупната уловена количина на риба при вршење на риболов;“. Во точката 64 зборовите: “должина не преминува 12” се заменуваат со зборовите: ”максимална должина е 15". Член 3 Во членот 3 став 1 алинеја 2 зборовите: “рекреативно-спортски” се заменуваат со зборовите: ”рекреативен и спортски”. Член 4 Во членот 7 зборовите: “и други водни животни“ се бришат и по зборот “други“ се додава зборот “водни“. Член 5 Во членот 14 став 2 по алинејата 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: “ инвестиции во аквакултурата,“. Член 6 Во членот 15 зборовите: “со мерки за унапредување на“ се заменуваат со зборовите: “за финансиска поддршка во“. Член 7 Во членот 16 ставот 1 се менува и гласи: “За секоја риболовна вода на која се врши риболов се изработува риболовна основа.” Во ставот 4 зборот “директно“ се брише. Во ставот 5 алинеја 5 зборот “излов“ се заменува со зборот “лов“. Во ставот 5 алинеја 10 по зборот “на“ се додаваат зборовите: “рибите во“. Во ставот 5 алинеја 12 по зборот “зони“ запирката се менува со сврзникот “и”. Во ставот 6 зборовите: “и го објавува најмалку во едно јавно гласило“ се бришат. По ставот 7 се додава нов став 8, кој гласи: “Риболовната основа се објавува во “Службен весник на Република Македонија.“ превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 Член 8 Во членот 17 став 2 зборовите: “од членот 74 на овој закон“ се заменуваат со зборовите: “- изработувач на риболовната основа за определената риболовна вода“. Ставот 4 се менува и гласи: “Годишниот план го одобрува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот барањето за мислење го доставува до овластената установа од ставот 2 на овој член најдоцна до 15 септември во тековната година за наредната календарска година.“ Ставот 7 се брише.Ставот 8 станува став 7. Член 9 Членот 19 се менува и гласи: “Советот за рибарство и аквакултура (во натамошниот текст: Советот) е стручно советодавно тело на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во областа на стопанисувањето со рибите и аквакултура. Советот дава стручни совети и мислења во областа, и тоа за: нацрт верзиите на риболовните основи, годишните планови и извешти, планираните мерки во програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, развојни и други проекти, предлог-плановите за порибување, прописи кои се носат врз основа на овој закон, предлозите за долгорочни развојни програми, по предлози за воведување на неавтохтони видови риби и други стручни совети и мислења од областа на рибарството и аквакултурата.“ Член 10 Насловот на членот 20 и членот 20 се менуваат и гласат: “(Состав и начин на работа на Советот) Советот е составен од седум члена, и тоа од: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - два члена, Министерството за животна средина и просторно планирање - еден член, јавните научни и образовни установи - еден член, здруженија и асоцијации на вршители на стопански риболов и аквакултура - два члена и Македонската риболовна федерација - еден член. Членовите на советот ги предлагаат установите и организациите од ставот 1 на овој член, а ги именува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со решение за период од четири години со можност за повторно именување. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја свикува конститутивната седница, на која именуваните членови избираат претседател и негов заменик од членовите на советот. Советот усвојува деловник за работа, со кој се определува начинот на работа на советот. Средствата за надоместок на работата на членовите на Советот се обезбедуваат од годишната програма од членот 15 на овој закон.” Член 11 Во членот 24 ставот 1 се менува и гласи: “Стопански риболов се врши на риболовни подрачја и риболовни зони под услови утврдени со овој закон.“ превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 Член 12 Во членот 25 ставот 2 се менува и гласи: “Стопански риболов се врши согласно со риболовната основа, одобрениот годишен план и склучениот договор за концесија за одделна риболовна вода.“ Член 13 Во членот 35 став 1 зборовите: “и на домашни физички“ се бришат. Во ставот 2 зборот “два“ се заменува со зборот “шест“. Член 14 Членот 36 се менува и гласи: “Концесионерот на рибите стопанскиот риболов го врши преку вработени рибари кои поседуваат легитимација за стопански риболов. Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку концесионерот на рибите врз основа на добиено уверение за положен испит. Испитот за добивање на уверението за вршење стопански риболов се полага пред комисија формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно со програма за полагање на испит. Рибарите се должни при вршење на риболовот да ја носат легитимацијата од ставот 1 на овој член. Легитимацијата престанува да важи кога ќе престане работниот однос на рибарите на кои им е издадена. Рибарите треба да ја вратат легитимацијата на концесионерот со престанување на работниот однос, а концесионерот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена по престанување на работниот однос на рибарите. Содржината на програмата за полагање на испитот, формата и содржината на образецот на легитимациите за стопански риболов и начинот на издавање, формата и содржината на уверението, како и трошоците за добивање на уверението ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Трошоците од ставот 8 на овој член се во висина на стварно направените трошоци за одржување на испитот и изготвување на уверението и се на товар на кандидатот што го полага испитот.” Член 15 Членот 37 се менува и гласи: “Рибарите кои поседуваат легитимација за стопански риболов смеат да вршат риболов на риболовните подрачја или риболовни зони за кои е издадена легитимацијата и со дозволен рибарски алат и риболовна опрема утврдени во риболовната основа и впишани во легитимацијата.“ Член 16 Во насловот на членот 38 и во членот 38 став 1 зборот “риболовен“ се заменува со зборот “рибарски“. Во ставот 2 зборот “риболовниот“ се заменува со зборот “рибарскиот“. Член 17 Во членот 41 став 1 зборовите: “риболовните зони” се заменуваат со зборовите: “рекреативните зони”. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 5 Член 18 Членот 42 се менува и гласи: “Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони се даваат на концесија за организирање на рекреативен риболов врз основа на јавен конкурс на начин и под услови утврдени со овој закон. Одлуката за распишување и условите за јавниот конкурс за организирање на рекреативен риболов ги донесува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Јавниот конкурс од ставот 2 на овој член особено содржи: определување на риболовниот ревир или рекреативната зона за кое се доделува концесијата, услови кои концесионерот мора да ги исполни, критериуми за избор на концесионер, времетраење на концесијата, начин на доделување на концесијата, висина, начин и динамика на плаќање на надоместок за концесија и други одредби потребни за изведување на концесијата. Постапката за јавен конкурс од ставот 1 на овој член ја спроведува комисијата формирана согласно со членот 26 став 4 на овој закон.” Член 19 Членот 43 се менува и гласи: “Риболовните здруженија од членот 41 став 1 на овој закон кои учествуваат на јавниот конкурс, треба да ги исполнуваат следниве услови: да имаат минимум 50 члена, да имаат најмалку еден вработен или ангажиран рибочувар и да имаат склучено договор за порибување со регистриран репроцентар. Вршителите на дејност од членот 41 став 2 на овој закон кои учествуваат на јавниот конкурс, не треба да го исполнуваат условот од ставот 1 алинеја 1 на овој член, а покрај условите од ставот 1 алинеи 2 и 3 на овој член, треба да достават и позитивно мислење за организирање на рекреативниот риболов во риболовниот ревир и рекреативнита зона издаден од единиците на локалната самоуправа на чие подрачје се наоѓаат.“ Член 20 Членот 45 се менува и гласи: ”Врз основа на спроведениот јавен конкурс од членот 42 на овој закон, Владата на Република Македонија донесува одлука за доделување на концесијата. Врз основа на одлуката од ставот 1 на овој член министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го потпишува договорот за концесија. Како почеток на концесијата се смета рокот утврден во договорот од ставот 2 на овој член. Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони за организирање на рекреативен риболов се даваат на концесија за период од шест години.” Член 21 Во членот 46 ставот 1 се менува и гласи: “Надоместокот за концесија за рекреативен риболов изнесува 10% од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи на годишно ниво.“ Член 22 Во членот 47 став 1 алинејата 2 се менува и гласи: “- не плаќа надоместок согласно со член 46 на овој закон,“. Алинејата 3 се брише. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 6 Член 23 Членот 49 се менува и гласи: “Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов. Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава федерацијата од членот 80 на овој закон со времетраење од една календарска години и се продолжува за секоја наредна година. Во зависност од реалните трошоци потребни за изработка на легитимацијата на предлог на федерацијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го одредува надоместокот за нејзиното издавање и/или продолжување. Остварениот приход на годишно ниво од легитимациите федерацијата го наменува за: 70% за реализирање на работите од членот 82 на овој закон и 30% за Буџетот на Република Македонија уплатени најдоцна до 31 декември за тековната година. Федерацијата остварениот приход од ставот 4 алинеја 1 на овој член го реализира по претходно поднесена и одобрена програма за реализација на работите од членот 82 на овој закон. Со програмата од ставот 5 на овој член федерацијата доставува и писмен доказ за уплатени средства во Буџетот на Република Македонија од ставот 4 алинеја 2 на овој член. Програмата од ставот 5 на овој член федерацијата ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 јануари во тековната година и истата најмалку содржи планирани активности и потребни средства за реализација на активностите за тековната година. Доколку остварениот приход на годишно ниво од ставот 4 алинеја 1 на овој член не е доволен за реализација на активностите предвидени во програмата, истите активности федерацијата треба да ги предвиди во програмата за наредната година. Формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Член 24 Членот 50 се менува и гласи: “Рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се врши врз основа на дозвола за рекреативен риболов. Дозволата за рекреативен риболов може да биде: годишна за сите риболовни води во Република Македонија - државна дозвола, годишна за одреден риболовен ревир и рекреативна зона, петнаесетдневна, седумдневна и еднодневна. Дозвола за рекреативен риболов се издава на лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов. По исклучок на ставот 3 од овој член дозвола за вршење рекреативен риболов без поседување на легитимација може да се издаде на рекреативни риболовци кои се странски државјани. Рекреативните риболовци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот. Формата и содржината на образецот на дозволата и образецот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 7 податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.” Член 25 Членот 51 се менува и гласи: “За издавање на дозволата за рекреативен риболов од член 50 став 2 се определува надоместок. Надоместокот за издавање на државната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 1 од овој закон со решение на годишно ниво го определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Надоместокот е во висина на највисокиот определен надоместок за издавање на годишната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 2 на овој закон зголемена за два пати. Висината на надоместокот за издадената дозвола од членот 50 став 2 алинеи 2, 3, 4 и 5 на годишно ниво ја определуваат концесиoнерите на риби по претходно добиена согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Член 26 Членот 52 се менува и гласи: “Дозволите од членот 50 став 2 на овој закон ги издава министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Дозволата од членот 50 став 2 алинеја 1 на овој закон се издава на рекреативните риболовци по претходно доставен доказ за уплатени средства согласно со членот 53 од овој закон. Дозволите од членот 50 став 2 алинеи 2, 3, 4 и 5 од овој закон се издаваат на концесионерите на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони и корисниците на рибите од подрачјата на националните паркови со задолжување, за тековната календарска година ако имаат одобрен годишен план согласно со членот 17 од овој закон и со доставен доказ за платен надоместок за концесија за претходната година. Концесионерот на риби задолжените дозволи ги издава за риболовниот ревир или рекреативната зона за кои му е дадена концесијата. Концесионерот е должен да води евиденција за бројот за издадени дозволи и евиденција за количината на уловена риба и да ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот е должен да определи и видливо да обележи места на кои ќе ги издава дозволите за рекреативен риболов. Концесионерот смее да издава дозволи за рекреативен риболов само на определените места за издавање дозволи. Начинот на издавање на дозволите и потребната документација, формата и содржината на образецот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Член 27 Членот 53 се менува и гласи: „Уплатата на надоместокот за издавање на дозволата од членот 50 став 2 алинеја 1 на овој закон, се врши на следниов начин: 70% во Буџетот на Република Македонија и 30% на сметка на риболовното здружение чиј член е корисникот (сопственикот) на дозволата.“ Член 28 Во членот 54 ставовите 3 и 4 се менуваат и гласат: “Натпреварите во спортски риболов се организираат врз основа на правилата кои превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 8 ги пропишува федерацијата од членот 80 на овој закон и на нив можат да учествуваат риболовци кои поседуваат спортска легитимација. Организаторот на натпреварите во спортски риболов е должен да достави план на одржување на натпреварите најмалку 15 дена пред започнувањето на натпреварите до Министеството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за млади и спорт.” Член 29 Во членот 55 ставот 2 се менува и гласи: “Лица помлади од 15 години можат да вршат рекреативен риболов доколку поседуваат легитимација за рекреативен риболов и само во присуство на полнолетно лице кое поседува дозвола за рекреативен риболов.” Член 30 Во членот 58 став 5 зборовите: “риболовна вода” се заменуваат со зборот “рибите”. Член 31 Членот 61 се менува и гласи: “Аквакултура може да вршат домашни и странски правни лица регистрирани за дејност рибарство и аквакултура, физички лица и научни и/или образовни установи кои се запишани во регистарот на одгледувачи на риби (во натамошниот текст: регистар).” Член 32 Членот 62 се менува и гласи: “Регистарот од членот 61 на овој закон се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во регистарот се запишуваат субјектите од членот 61 на овој закон по претходно доставена пријава до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. За запишување во регистерот се издава извод од регистарот на одгледувачи на риби. Во пријавата од ставот 2 на овој член се наведуваат општите податоци за субјектот, името на водата и локацијата на објектот, општи податоци за објектот (капацитет, видовите риби кои се одгледуваат, системот на одгледување) и начинот на користење на водата. Кон пријавата се доставуваат следниве прилози: доказ за регистрација на дејност и доказ за сопственост или користење на рибникот, полурибникот, кафезот, оризиштето или други одгледувалишта на риби. Одгледувачот на риби смее да ги одгледува само оние видови риби кои се наведени во изводот и е обврзан секоја промена да ја пријави во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 15 дена од настанатата промена. Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од ставот 1 на овој член, како и формата, содржината на образецот на пријавата и изводот ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.” Член 33 Членот 63 се менува и гласи: ”Дозволата за аквакултура се издава на субјекти запишани во регистарот од членот 61 на овој закон по претходно поднесено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Кон барањето задолжително се приложуваат: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 9 проект за изградба на рибник составен од градежен дел, технологија на производство и финансиски дел (за полурибник се доставува скица на полурибникот со основните топографски, географски и хидрографски карактеристики), дозвола за користење на водата, одобрение за употреба на градба (не се доставува за кафез, полурибник и оризиште), решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина и извод од регистар на објекти и оператори со храна. Формата и содржината на дозволата од ставот 1 на овој член, како и формата на барањето од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.” Член 34 Во членот 64 став 1 алинејата 2 се менува и гласи: ”- доколку престане важноста на некој од прилозите на членот 63 став 2 алинеи 2, 3, 4 и 5 од овој закон,”. Член 35 Во членот 65 став 1 воведната реченица се менува и гласи: ”Субјектот се брише од регистарот на одгледувачи на риби и му се одзема дозволата за аквакултура со решение на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако:”. Aлинејата 3 се менува и гласи: ”- не извести за настанатите промени во предвидениот рок,”. Член 36 Во членот 66 ставот 1 се менува и гласи: “Одгледувачите на риби се должни изводот и дозволата да ги истакнат на пригодно и видно место на местата каде што се одгледуваат риби.“ По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Евиденцијата од ставот 2 на овој член се доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 31 јануари во тековната година за претходната година.” Ставот 3 станува став 4. Член 37 Во насловот на членот 68 зборот “во” се заменува со зборот “околу“, а во членот 68 став 2 зборот “рибникот” се заменува со зборот “кафезот“. Член 38 Во членот 73 по ставот 1 се додаваат два нови става 2 и 3, кои гласат: "Забранет е транспорт на риба во возила, чамци и други превозни средства без поседување на документите од ставот 1 на овој член како доказ за потекло на рибата или без поседување на дозвола за рекреативен риболов, ако рибата што се транспортира е уловена при вршење рекреативен риболов. Формата и содржината на документот за потеклото на рибата и начинот на неговото издавање и пополнување го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство." Член 39 Членот 75 се менува и гласи: “Доколку овластената установа престане да исполнува некој од условите предвидени со членот 74 став 3 на овој закон или не ги извршува работите предвидени со членот 76 на овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 10 водостопанство донесува решение за одземање на овластувањето. Против решението од ставот 1 на овој член може да се поднесе жалба до Комисијата при Владата на Република Македонија за решавање на управни спорови во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството.“ Член 40 Во членот 76 став 1 по зборот “установа” се додаваат зборовите: “за потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“. Член 41 Во членот 77 став 1 по зборовите: “членот 76” се додаваат зборовите: “алинеи 1 и 2“. Член 42 Членот 78 се менува и гласи: “По извршување на изборот од членот 77 став 3 на овој закон министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство склучува договор за извршување на работите кој особено содржи: почеток и рок за извршување на работите, висина на надоместок и рок на плаќање и надзор.” Член 43 Во насловот на членот 80 и во членот 80 зборовите: “Националната федерација на Македонија во спортски риболов“ се заменуваат со зборовите: “Македонска риболовна федерација“. Член 44 Членот 82 се менува и гласи: „Федерацијата ги врши следниве работи: заштита на водите и рибите во нив, заштита и унапредување на животната средина, дава помош, соработува и врши контрола на терен во организирањето на спортскиот и рекреативниот риболов на своите членки, издава легитимација за рекреативен риболов, води евиденција за издадени легитимации за рекреативен риболов, водење евиденција и статистика од областа на рекреативниот риболов, организирано јакнење на здруженијата на спортските риболовци и нивна меѓусебна соработка, насочување и координирање во работата на здруженијата на рекреативни и спортски риболовци, соработка со други организации, органи и здруженија, развивање и унапредување на рекреативниот и спортскиот риболов, унапредување на врвното спортување заради репрезентирање на спортски натпревари на домашен и меѓународен план, омасовување на рекреативниот риболов, издавање брошури и други стручно-информативни материјали, утврдување и реализирање на системот за натпревари во спортски риболов, подготвува програми и спроведува семинари и курсеви за стручно дооспособување на рибочуварите и преку програмата од членот 49 став 5 на овој закон обезбедува техничка помош во висина не поголема од 10% од остварениот приход од членот 49 став 4 алинеја 1 на овој закон за издадените легитимации. Федерацијата за извршувањето на работите од програмата од членот 49 став 5 на превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 11 овој закон доставува извештај до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 31 јануари од тековната година за минатата година.“ Член 45 Во членот 86 став 3 по зборот “вработени” се додаваат зборовите: ”или ангажирани”. Во ставот 5 зборот "стаот" се заменува со зборот "ставот". По ставот 5 се додаваат два нови става 6 и 7, кои гласат: ”Легитимацијата престанува да важи кога ќе престане работниот однос или ангажманот на рибочуварот на кој му е издадена. Рибочуварот треба да ја врати легитимацијата на концесионерот со престанување на работниот однос или ангажманот, а концесионерот до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена по престанување на работниот однос или ангажманот на рибочуварот.” Ставовите 6, 7, 8 и 9 стануваат ставови 8, 9, 10 и 11. Во ставот 9 кој станува став 11 зборот “курсот“ се заменува со зборот “испитот“. Член 46 Во членот 87 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: "При утврдување на неправилност рибочуварот на риболовната вода во рок од пет дена поднесува пријава и ги доставува привремено одземените риболовни средства до Државниот инспекторат за земјоделство." Ставот 2 станува став 3. Член 47 Во членот 88 став 1 зборовите: “или оплодена икра” се заменуваат со зборовите: “и/или порибителен материјал“. Ставот 3 се менува и гласи: “Во водите и природниот слив на Охридското и Преспанското Езеро и во водите кои на териториите кои припаѓаат на националните паркови не смее да се внесуваат алохтони видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби.” По ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи: “Аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа е дозволена по претходно добиено позитивно мислење од овластената установа од членот 74 на овој закон.” Член 48 Членот 89 се менува и гласи: “Заради заштита на риболовните води од неконтролирано внесување на нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби, забрането е нивно ставање во промет во жива состојба без поседување на одобрение од членот 88 став 1 на овој закон.” Член 49 Во членот 90 ставот 2 се менува и гласи: “Сите хидротехнички објекти кои го попречуваат нормалното движење на рибите во риболовните води, посебно при миграциите за размножување, треба да имаат инсталирано рибни патеки, превојници или водни лифтови со што ќе се овозможи нивно непречено движење.” По ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4, кои гласат: “Корисниците на хидротехничките објекти кои го попречуваат нормалното движење во риболовните води за предизвиканата штета плаќаат надоместок за штета или обезбедуваат порибителен материјал за порибување на риболовната вода во висина на надоместокот за направената штета. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 12 Висината на надоместокот од ставот 3 на овој член се утврдува со отштетниот ценовник од членот 100 на овој закон.” Член 50 Насловот на членот 92 и членот 92 се менуваат и гласат: “(Дозволени риболовни средства, дозволена големина и количина на уловена риба) Стопански, рекреативен и спортски риболов се врши со дозволени риболовни средства, а уловените риби се со одредена големина и во дозволена количина. Бројот на дозволени риболовни средства и дозволената количина на уловената риба се утврдени со риболовната основа за одделна риболовна вода. Дозволените риболовни средства за спортски риболов се одредени со правилата за вршење спортски риболов од членот 54 став 3 на овој закон. Дозволените риболовни средства и нивната употреба за вршење стопански и рекреативен риболов од ставот 1 на овој член поблиску ќе ги пропише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Големината на рибите под која не смеат да се ловат за стопански риболов и рекреативен риболов поблиску ќе ја пропише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.” Член 51 Во членот 93 став 1 алинејата 12 се менува и гласи: “- ловење риби со преградување, исцрпување и пренасочување на риболовната вода;”. Член 52 Во членот 94 став 3 бројот “59” се заменува со бројот ”58”. Во ставот 4 зборот “издадена” се заменува со зборот ”издадено”. Член 53 Насловот на членот 95 и членот 95 се менуваат и гласат: “(Ограничувања) Заради заштита на рибите министерот за земјоделство шумарство и водостопанство на предлог на концесионерот и позитивното мислење на овластената институција од членот 74 на овој закон и/или Советот од членот 19 на овој закон може да: забрани риболов на одредена риболовна вода, забрани риболов на одреден вид риба, ограничи или забрани употреба на одредени риболовни средства за одделни видови риба и го промени или продолжи периодот за забрана за вршење риболов за време на природниот мрест на рибите на одделни риболовни води.” Член 54 Во членот 100 став 1 по зборот “води” се додаваат зборовите: “попречување на нивното нормално движење“. Член 55 Во членот 102 ставот 2 се менува и гласи: “Финансиските средства обезбедени согласно со ставот 1 алинеја 1 на овој член претставуваат државна помош во рибарството и аквакултурата и нивната висина ја утврдува Владата на Република Македонија, во рамките на планираните средства во годишната програма од членот 15 на овој закон.” превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 13 Член 56 По членот 102 се додаваат десет нови членa 102-а, 102-б, 102-в, 102-г, 102-д, 102-ѓ, 102-е, 102-ж, 102-з и 102-ѕ, кои гласат: “Член 102-а (Државна помош) Државната помош во рибарството и аквакултурата е наменета за остварување на целите од членот 3 на овој закон преку обезбедување финансиска помош за: инвестиции во аквакутурата, инвестиции во преработка и маркетинг на риби и производи од риби, еколошки мерки во аквакултурата, јавно здравство и здравствена заштита во рибарството и аквакултурата, заштита и развој на водна флора и фауна, изградба на риболовни пунктови, развој на нови пазари и промотивни кампањи, пилот проекти, колективни мерки и техничка поддршка во рибарството. Државната помош од ставот 1 алинеја 4 на овој член се доделува согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води евиденција на доделената државна помош од ставот 1 на овој член. Сите државни органи и единици на локалната самоуправа се должни по службена должност да го известат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за доделената државна помош на субјектите. Член 102-б (Инвестиции во аквакултурата) Државната помош за инвестиции во аквакултурата е наменета за изградба на нови и проширување, реконструкција и модернизација на постојните капацитети за аквакултура во функција на остварување на една или повеќе од следниве цели: зголемување на квалитетот на производството, диверзификација кон нови производни видови или видови со пазарен потенцијал, примена на производни методи кои ги намалуваат негативните ефекти и придонесуваат за заштита на животната средина, набавка на опрема наменета за заштита на производството во аквакултурата од штетници и подобрување на работните и безбедносните услови на вработените, корисници на помошта од ставот 1 на овој член се правни или физички лица кои поседуваат дозвола за аквакултура. Висината на помошта е во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци за инвестициите, а согласно со критериумите и начинот на користење утврдени во годишната програма од членот 15 на овој закон. Член 102-в (Инвестиции во преработка и маркетинг на риби и производи од риби) Државната помош за инвестиции во преработка и маркетинг на риби и производи од риби е наменета за изградба на нови и проширување, реконструкција и модернизација на постојните капацитети за преработка и маркетинг во функција на остварување на една или повеќе од следниве цели: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 14 подобрување на работните услови, подобрување и следење на јавното здравје, хигиенските услови или квалитетот на производите, производство на квалитетни производи за нови пазари, намалување на негативното влијание кон животната средина, подобрување на искористување на помалку познати видови, споредни производи и отпад и производство и/или маркетинг на нови производи, примена на нови технологии или развој на иновативни методи за производство. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се микро, мали и средни претпријатија. Висината на помошта е во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци за инвестициите, а согласно критериумите и начинот на користење утврдени во годишната програма од членот 15 на овој закон. Член 102-г (Помош за еколошки мерки во аквакултура) Државната помош за еколошките мерки во аквакултурата е наменета за надоместок на зголемените трошоци за примена на методи на производство кои придонесуваат за заштита на животната средина, а се во функција на: заштита и зачувување на животната средина, природните ресурси, генетскиот потенцијал и зачувување на пределот и традиционалните карактеристики на зоните за аквакултура и органско производство во аквакултурата. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се правни или физички лица кои поседуваат дозвола за аквакултура. Висината на надоместокот за реализација на мерките од ставот 1 алинеја 1 на овој член изнесува 100% од дополнителните трошоци за примена на методите со кои се надминуваат утврдените стандарди согласно со закон и се исплаќа за временски период од три години. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. Корисниците на надоместокот од ставот 1 алинеја 1 на овој член, се обврзани да ги спроведуваат еколошките мерки во период од најмалку три години по годината на исплата на последниот надоместок. Висината на надоместокот за реализација на мерките од ставот 1 алинеја 2 на овој член се доделува согласно со прописите од областа на органското земјоделско производство. Член 102-д (Помош за заштита и развој на водната флора и фауна) Државната помош за заштита и развој на водната флора и фауна е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес од членот 5 алинеи 2 и 3 на овој закон кои се однесуваат на: физичка заштита на риболовните води, изградба или инсталација на статични или подвижни објекти наменети за заштита и развој на водната флора и фауна, рехабилитација на риболовни води, вклучително и мрестилишта и миграциони патишта за миграторните видови или зголемување на густината на рибите во риболовните води преку обезбедување на порибителен материјал и порибување на риболовните води. Мерките од ставот 1 на овој член се реализираат преку овластени установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, регистрирани репроцентри, единиците на локалната самоуправа и превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 15 други согласно со одредбите од Законот за рибарство и аквакултура. Висината на помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 100% од прифатливите трошоци за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. Член 102-ѓ (Помош за изградба на риболовни пунктови) Државната помош за изградба на риболовни пунктови е мерка од јавен интерес од членот 5 алинеја 1 на овој закон е наменета за изградба на нови или реконструкција на постојни риболовни пунктови. Помошта од ставот 1 на овој член за изградба на пунктови е наменета за инвестиции кои се однесуваат на: изработка или промена на урбанистички проект за определување на локација за изградба на риболовен пункт, изработка на проект за изградба на риболовен пункт, набавка на материјали за изградба и изведување на изградба на риболовен пункт. Помошта од ставот 1 на овој член е наменета за инвестиции кои се наменети и се однесуваат за реконструкција на постојните риболовни пунктови: подобрување на условите за истовар, манипулација, складирање и продажба на рибите од риболовниот пункт, обезбедување на довод на вода и електрична енергија, набавка на опрема за поправки и одржување на опремата во пунктот и риболовна опрема, опремување со компјутери за водење на евиденции, подобрување на работните и сигурносните услови и складирање и третман на отпадот. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член е единицата на локалната самоуправа. Висината на помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 100% од прифатливите трошоци за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на помошта се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. Член 102-е (Помош за развој на нови пазари и промотивни кампањи) Државната помош за развој на нови пазари и промотивни кампањи во рибарството и аквакултурата е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес кои се однесуваат на: спроведување на регионални, национални или меѓудржавни промотивни кампањи за производи од рибарство и аквакултура, спроведување на политика за квалитет за производи од рибарство и аквакултура, промоција на производи добиени по методи на производство кои имаат мало влијание кон животната средина, промоција на производи од рибарство и аквакултура со заштитено географско потекло или традиционална посебност, цертификување на квалитет, вклучително и креирање на етикета и цертификување на производи уловени или произведени со еколошки методи на производство, кампањи за подобрување на имиџот на производите од рибарство и аквакултура и имиџот на секторот рибарство и спроведување на анализи и истражувања на пазарот. Корисници на помошта од превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 16 ставот 1 на овој член се рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, овластени установи од областа на рибарството и други научни и/или образовни установи и концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура. Висината на помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 100% од прифатливите трошоци за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. Член 102-ж (Помош за пилот проекти) Државната помош за пилот проекти е наменета за добивање и дисеминација/промоција на технолошки новитети и сознанија. Пилот проектите од ставот 1 на овој член се апликативни и се наменети за испитување на: техничката и економска одржливост на иновативната технологија за целите на добивање и проширување на знаењето за тестираната технологија и алтернативни техники за управување со риби. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се овластени институции од областа на рибарството, научни и/или образовни установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија, организации на производителите концесионери на рибите и вршителите на аквакултура. Доколку пилот проектите од ставот 1 на овој член ги реализираат рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура, задолжително содржат соодветна научна верификација за целите на остварување на значителни резултати. Резултатите од пилот проектите финансирани од помошта од ставот 1 на овој член задолжително се публикуваат во технички извештаи достапни за јавноста. Помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 100% од трошоците за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. Член 102-з (Помош за колективни мерки) Државната помош за колективни мерки во рибарството и аквакултурата е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес кои се однесуваат на: подобро управување и зачувување на природните ресурси, отстранување на мрежи и останат рибарски алат од дното на риболовните води, подобрување на работни услови и безбедност, развој, реструктуирање и подобрување на аквакултурно производство во зоните предвидени за аквакултура, унапредување на професионални вештини и развој на нови методи и начини на обука и промоција на соработка меѓу науката и концесионерите и производителите на риби. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се рибарски и риболовни здруженија, организации на производители и концесионерите на риби и вршители на аквакултура за остварување на заеднички интерес. Помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 100% од трошоците за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 17 Член 102-и (Помош за техничка поддршка во рибарството) Државната помош за техничка поддршка во рибарството и аквакултурата е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес кои се однесуваат на подготвителни, административни и технички активности и активности за следење, процена и ревизија, неопходни за спроведување на овој закон. Мерките на техничка поддршка од ставот 1 на овој член се однесуваат на: подготовка на риболовните основи и плановите за управување со рибите, за целите на процена на финасиските импликации и влијанието врз животната средина, процени, стручни извештаи, статистики и студии во врска со реализацијата на годишната програма од членот 15 на овој закон, информативни мерки насочени кон корисниците на годишната програма од членот 15 на овој закон и општата јавност, мерки за размена на информации, зголемување на соработката и подигнување на свеста во државата и воспоставување, поврзување и работа на инфоматички системи за управување, следење, инспекција и процена. Висината на помошта од ставот 1 на овој член на годишно ниво нема да надминува 5% од вкупниот износ на годишната програма од членот 15 на овој закон. Помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 100% од трошоците за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон.“ Член 57 Во насловот на Главата X и во членот 103 зборовите: “и посебно заштитените води” се бришат. Член 58 Насловот на членот 104 и членот 104 се менуваат и гласат: “(Порибување) Порибувањето на риболовните води се врши со порибителен материјал проследен со соодветен документ како доказ за потеклото на рибата и соодветен документ за здравствена исправност согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Порибувањето на риболовните подрачја и зони го врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку регистрираните репроцентри од членот 105 на овој закон во присуство на надлежниот орган за инспекциски надзор и претставник на Министеротството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а порибувањето на риболовните ревири и рекреативните зони го врши концесионерот во присуство на надлежниот орган за инспекциски надзор, претставник на Министеротството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овластената установа од членот 74 на овој закон и за истото се изготвува записник. Формата и содржината на документот за потеклото на порибителниот материјал и начинот на неговото издавање и пополнување ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство." Член 59 Во членот 105 став 1 по зборот “мрест” зборот “на“ се заменува со зборовите: “и порибува риболовни води со“. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 18 Во ставот 3 алинеја 1 зборовите: “или договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството” се бришат. По ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи: “Репроцентарот може да формира матично јато од определени автохтони видови риби за производство на порибителен материјал. Порибителниот материјал од матичните јата на автохтоните видови риби може да се употреби и за насадување на рибници кои се запишани во Регистарот на одгледувачи на риба по претходно добиено одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.” Ставовите 4, 5, 6 и 7 стануваат ставови 5, 6, 7 и 8. Член 60 Во членот 106 став 2 алинејата 2 се менува и гласи: “- има објекти за чување на матици, објекти и опрема за инкубирање на оплодената икра, објекти за чување на личинките и подмладокот и соодветна опрема за изведување на мрест,”. Ставот 5 се менува и гласи: “Во случај кога правното лице од ставот 1 на овој член престане да исполнува некој од условите од ставот 2 на овој член или дозволата за аквакултура престанала да важи или истата е одземена, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за одземање на дозволата за производство на порибителен материјал.” По ставот 6 се додава нов став 7, кој гласи: ”Порибителниот материјал од ставот 1 на овој член треба да е проследен со образец за потеклото на порибителниот материјал од членот 104 став 3 на овој закон и соодветен документ за здравствена исправност согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство." Ставот 7 станува став 8. Член 61 Во членот 108 алинеја 12 зборовите: “по утврдување на здравствената исправност на рибите" се заменуваат со зборовите: “и одземање на рибите и порибителниот материјал пуштени во промет без соодветни придружни документи”. Член 62 Членот 110 се менува и гласи: “Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) врши стопански риболов надвор од објектот Далјан - Струга (член 24 став 2); 2) врши стопански риболов спротивно на риболовната оснoва, одобрениот годишен план и склучениот договор за концесија (член 25 став 2); 3) не плаќа надоместок за стопански риболов и рекреативен риболов (членови 25 став 3 и 46 став 1); 4) не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 31 став 1 и 47 став1); 5) не плаќа надоместок во предвидениот рок утврден во договорот за концесија (член 31 став 1); 6) врши стопански риболов спротивно на членот 36 став 1 од овој закон; 7) пловните објекти не се регистрирани и видливо обележани и рибарскиот алат не е пломбиран и евидентиран (член 38 став 1); 8) издава легитимации со повисок надоместок од предвидениот (член 49 став 3); 9) издава дозволи за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација за рекреативен риболов (член 50 став 3); превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 19 10) врши мелиоративен и селективен риболов без одобрение (член 57 став 1); 11) врши риболов за научно-истражувачки цели без одобрение (член 58 став 1); 12) врши стопански риболов на води од подрачјата на националните паркови (член 59 став 2); 13) врши аквакултура, а не е запишан во регистар на одгледувачи на риба (член 61); 14) одгледува риби кои не се впишани во изводот и дозволата (членови 62 став 4 и 67); 15) лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1); 16) не го обележи појасот околу кафезот или го обележи на оддалеченост поголема од предвидената (член 68 став 2); 17) врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1); 18) не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1); 19) не издава пропратни документи (член 73 став1); 20) врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2); 21) врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1); 22) не врши заштита на рибите (член 86 став 2); 23) внесувa нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1); 24) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на националните паркови (член 88 став 3); 25) врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4); 26) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба без одобрение (член 89); 27) врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2); 28) врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2); 29) стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволена количина, лови риби со разни видови мрежи без дозвола за стопански риболов или со други риболовни средства забранети за вршење риболов, како и со огнено оружје, експлозиви или хемиски и други средства со кои се повредуваат, убиваат, трујат или зашеметуваат рибите, врши електрориболов, ја загадува риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93); 30) поседува, набавува или врши продажба на мрежи, а не е концесионер на риби (член 94 ставови 1, 2 и 3); 31) врши риболов спротивно на ограничувањата (член 95) и 32) врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 20 став 1). Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. На правното лице покрај глобата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност во траење од шест месеци до една година. На одговорното лице во правното лице покрај глобата од ставот 2 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење професија или должност во траење од една до пет години од ставот 1 на овој член.” Член 63 Членот 111 се менува и гласи: “Глоба во износ од 2.000 до 3.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став 4 и 18 став 1); 2) не води евиденција и не доставува податоци во предвидениот рок (член 33 ставови 1 и 3) ; 3) не ја врати легитимацијата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во предвидениот рок (член 36 став 6); 4) го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон; 5) издава државни дозволи без доставен доказ за уплатени средства (член 52 став 2); 6) издава дозволи за рекреативен риболов на риболовни води за кои нема концесија (член 52 став 4); 7) не води и не доставува евиденција за бројот на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 52 став 5); 8) не определи и видливо обележи места на кои ќе се издаваат дозволите (член 52 став 6); 9) издава дозволи за рекреативен риболов надвор од обележаните места (член 52 став 7); 10) организира натпревари во спортски риболов на патеки кои не се определени од концесионериот и спротивно на правилата (член 54 ставови 2 и 3); 11) издава дозволи на лица под 15 години (член 55 став 1); 12) не поднесе извештај за извршениот риболов во рок утврден во одобрението (член 57 став 4); 13) не плати надоместок во висина од 20% од уловената риба (член 57 став 5); 14) не поднесе извештај за извршениот риболов (член 58 став 6); 15) не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4); 16) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место и не води и доставува евиденција во предвидениот рок (член 66 ставови 1 и 2); 17) го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 став 3); 18) става риба во промет која не исполнува услови по квалитет, големина и тежина (член 70 став 3); 19) не ги извршува работите и не доставува извештај за извршувањето на работите во предвидениот рок (член 82 став 2); 20) нема издадено легитимација за рибочувар (член 86 став 3); 21) не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 8); 22) внесува одобрени нови видови риби без соодветен документ (член 88 став 2); 23) врши порибување без соодветен документ и без присуство на надлежни органи (член 104 ставови 1 и 2); превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 21 24) формира матично јато без одобрение (член 105 став 4) и 25) не издава документ како доказ за потекло на порибителен материјал (член 106 став 7). Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршокот од ставот 1 на овој член.“ Член 64 По членот 111 се додава нов член 111-а, кој гласи: “Член 111- а (Глоба на самото место) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе се изрече на самото место на одговорното лице во првното лице за прекршок, ако: 1) во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став 4 и 18 став 1); 2) не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 31 став 1 и 47 став 1); 3) не плаќа надоместок во предвидениот рок утврден во договорот за концесија (член 31 став 1); 4) го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон; 5) не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4); 6) не го обележи појасот околу кафезот на оддалеченост поголема од предвидената или на пропишаниот начин (член 68 став 2); 7) врши промет на риба која не исполнува услови (член 70 став 3); 8) не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1); 9) не издава пропратни документи (член 73 став1); 10) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба без одобрение (член 89); 11) врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2); 12) издава дозвола за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација (член 50 став 4) и 13) не води и не доставува евиденција за број на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 50 став 7). Член 65 Членот 112 се менува и гласи: “Глоба во износ од 1.500 до 2.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) врши стопански риболов без легитимација за стопански риболов (член 36 став 1); 2) не ја врати легитимацијата по престанување на работниот однос (член 36 став 6); 3) врши стопански риболов спротивно на членот 37 од овој закон; 4) врши рекреативен и спортски риболов заради стекнување на приходи (член 48); 5) врши рекреативен риболов без легитимација и дозвола (членови 49 став 1 и 50 став 1); 6) врши рекреативен и спортски риболов вон определените рекреативни зони на водите од подрачјата на националните паркови (член 59 став 3); 7) врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 22 61); 8) одгледува риби кои не се впишани во изводот и дозволата (членови 62 став 4 и 67); 9) лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1); 10) не го обележи појасот околу кафезот или го обележи на оддалеченост поголема од предвидената (член 68 став 2); 11) лови риба без одобрение на сопственикот (член 69); 12) врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1); 13) не издава придружни документи (член 73 став1); 14) врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2); 15) врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1); 16) не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 8); 17) внесувa нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1); 18) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на националните паркови (член 88 став 3); 19) врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4); 20) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба без одобрение (член 89); 21) врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2); 22) стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволената количина, лови риби со разни видови мрежи без дозвола за стопански риболов или со други риболовни средства забранети за вршење риболов, како и со огнено оружје, експлозиви или хемиски и други средства со кои се повредуваат, убиваат, трујат или зашеметуваат рибите, врши електрориболов, ја загадува риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93); 23) поседува, набавува или врши продажба на мрежи а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риби (член 94 ставови 1, 2 и 3); 24) врши риболов спротивно на ограничувањата од членот 95 на овој закон; 25) одбие да се легитимира и да покаже дозвола пред овластените органи (членови 87 став 1 и 109) и 26) врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1). Член 66 Членот 113 се менува и гласи: “Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 23 прекршок на физичко лице, ако: 1) не носи легитимација за стопански риболов (член 36 став 4); 2) врши рекреативен риболов надвор од риболовните ревири и определени рекреативни зони (член 40 став 1); 3) врши рекреативен риболов, а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5); 4) не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5); 5) не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4); 6) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место и не води и доставува евиденција во предвидениот рок (член 66 ставови 1 и 2); 7) го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 став 3); 8) става риба во промет која не исполнува услови по квалитет, големина и тежина (член 70 став 3); 9) се движи или се задржува во непосредна близина на риболните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболов (член 93) и 10) не издава соодветен документ како доказ за потекло (член 106 став 7). Член 67 По членот 113 се додава нов член 113-а, кој гласи: “Члeн 113-а (Глоба на самото место) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе се изрече на самото место на одговорното лице во правното лице за прекршок, ако: 1) не носи легитимација за стопански риболов (член 36 став 3); 2) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место и не води и доставува евиденција во предвидениот рок (член 66 ставови 1 и 2); 3) врши рекреативен риболов а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5); 4) не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5) и 5) се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболов (член 93).“ Член 68 Во членот 114 по зборот улов се додаваат зборовите: ”рибата и порибителниот материјал пуштени во промет, како и материјалната корист остварена со незаконски риболов”. Член 69 Насловот на членот 115 и членот 115 се менуваат и гласат: “(Прекршочна постапка и постапка за порамнување) Прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон ќе се води пред надлежен суд. Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, за прекршоците од членовите 110, 111, 112 и 113 на овој закон државниот инспектор за земјоделство спроведува постапка на порамнување согласно со членот 29 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.” Член 70 Легитимациите и дозволите издадени согласно со одредбите од членовите 49 и 52 на Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 24 Македонија“ број 7/2008) ќе важат до 31 декември 2010 година. Член 71 Се овластува Законодаво-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст од Законот за рибарство и аквакултура. Член 72 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Law amending the Law on fisheries and aquaculture · Nelum