Law amending the Law on environment
颁布于 2015-07-30 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Environment
- 关键词
- inspection, offences/penalties
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година 20151293785 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 30 јули 2015 година. Бр. 08-3425/1 Претседател 30 јули 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14 и 44/15) во членот 196 ставовот (5) се менува и гласи: „Овластен инспектор за животна средина може да биде лице кое ги исполнува условите во поглед на образованието од ставот (1) алинеја 2 од овој член, какои ги исполнува потребните услови пропишани со прописите за административни службеници и/или прописите за инспекциски надзор.“ Ставот (7) се брише. Во ставот (8) кој станува став (7) на крајот од реченицата се додаваат зборовите: “и/или Законот за административни службеници“. Член 2 Во член 208 став (8) зборовите: „Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен односво втор степен“се заменуваат со зборовите: „Државната Комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Во ставот (9) зборовите „Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен односво втор степен“ се заменуваат со зборовите „Државната Комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. 1 од 6 www.pravdiko.mkwww.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година Член 3 „Членот 212 - а се менува и гласи: (1) За прекршоците утврдени во членовите 212-ѓ и 212-е од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува органот на државната управа надлежен за работата од областа на животната средина (во натамошниот текст: Прекршочна постапка). (2) Прекршочната постапка од ставот (1) на овој член пред Прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок (во натамошниот текст: Прекршочна комисија) формирана од страна на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (3) Прекршочната комисија е составена од овластени службени лица вработени во органот на државната управа надлежен за вршење на работите во областа на животната средина, од кои едно ја врши функцијата на претседател на Прекршочната комисија. (4) Прекршочната комисија е составена од три члена од кои: двајца дипломирани правници, од кои еден со положен правосуден испит со пет години работно искуство во својата област и еден член со висока стручна подготовка од областа на природните и техничките науки со пет години работно искуство во својата област. (5) За претседател на Прекршочната комисија може да биде избран само дипломиран правник. (6) Покрај членовите на Прекршочната комисија министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина може да определи секретар на Прекршочната комисија кој врши административни работи за комисијата и заменици членови, кои по исклучок, учествуваат во работата на Прекршочната комисија во случај на отсуство на некој од членовите. (7) Прекршочната комисија донесува деловник за својата работа. (8) Против одлуката на Прекршочната комисија, со кои се изрекува прекршочна санкција може да се поднесе жалба до Државната Комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. (9) Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно Законот за прекршоци.“ Член 4 Членот 212 - в се менува и гласи: „Постапки за порамнување (1) За прекршоците утврдени во членот 212-ѓ и 212-е од овој закон, државните или овластените инспектори се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапки за порамнување со издавање на прекршочен платен налог пред да поднесат барање за прекршочна постапка. (2) Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка за порамнување, државниот или овластениот инспектор во записникот забележува дека издава прекршочен платен налог. (3) Кога прекршокот државниот или овластениот инспектор го утврди лично или го утврди со употреба на соодветни технички средства и направи, државниот или овластениот инспектор е должен веднаш да издаде прекршочен платен налог кој го забележува во записникот за констатиран прекршок. (4) Во случаите од став (2) на овој член, прекршочниот платен налог го потпишува државниот или овластениот инспектор и сторителот. (5) Во случаите од став (3) на овој член, прекршочниот платен налог го потпишува државниот или овластениот инспектор, а може да го потпише и сторителот. 2 од 6 www.pravdiko.mkwww.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година (6) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот е должен да ја плати изречената глоба во рок од осум дена од денот на приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во правната поука. (7) Сторителот кој ќе ја плати голбата во рокот од став (6) на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука од прекршочниот платен налог. (8) Доколку глобата не се плати во рокот определен во прекршочниот платен налог, државните или овластените инспектори се должни да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочната Комисија. (9) Државните и овластени инспектори се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. (10) Во евиденцијата од ставот (9) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (11) Личните податоци од ставот (10) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (12) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ја пропишува формата и содржината напрекршочниот платен налог. Член 5 Насловот на член212-г се менува и гласи „Постапка за спогодување“ Во целиот член 212 - г зборот „посредување“се заменува со зборот „спогодување“. Ставовите (3) и (4) се бришат. Ставовите (5) и (6) стануваат ставови (3) и (4). Ставот (7) се брише. Ставот (8) станува став (5). Во ставот (9) кој станува став (6) зборот „посредувањето“ се заменува со зборот „спогодувањето“. Ставот (10) станува став (7). Ставот(11) кој станува став (8) се менува и гласи: “Во случаите во кои е постигната согласност за спогодување, глобата на сторителот може да биде намалена за една половина од износот на пропишаната глоба за прекршокот односно кога постојат исклучително олеснителни околности глобата на сторителот може да биде изречена во висина од една третина од износот на пропишаната глоба.” Во ставот (12) кој станува став (9) зборовите на крајот од реченицата „и трошковник за работа на комисијата се бришат. Ставовите (13) и (14) се бришат. Ставот (15) станува став (10). Во ставот (16) кој станува став (11) бројот “(9)” се заменува со бројот “(6)”. Член 6 Членот 212 - д се брише. Член 7 Членот 212- ѓ се менува и гласи: „Прекршоци од I категорија „(1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правното лице односно трговец поединец доколку: 3 од 6 www.pravdiko.mkwww.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година 1) не изработи елаборат за заштита на животна средина и истиот не го достави на одобрување до надлежниот орган; врши дејности и активности без решение за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина издадено од надлежниот орган и доколку не ги исполнува мерките пропишани во елаборатот (член 24); 2) постапува со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење без добиена лиценца согласно со членот 22-б од овој закон; 3) физичкото и правното лице кое постапува со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, не достави извештај за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење со кои постапувал согласно со членот 22-б од овој закон; 4) се пуштаат во промет производи, полупроизводи, суровини, хемикалии како и нивните пакувања, на кои нема ознака за можноста за загадување или за можно штетно влијание врз животната средина (член 27 став (1)); 5) се пуштаат во промет полупроизводи, суровини, хемикалии во пакување кое не е означено согласно со членот 27 став (3) од овој закон; 6) се рекламира, етикетира и пушта во промет производ означен со еколошка ознака, на начините и според критериумите кои не се во согласност со членот 29 од овој закон; 7) не се користат уреди и инструменти одобрени во постапката за верификација на мерилата и истите не се одржуваат во исправна состојба (член 36 став (2)); 8) на изготвувачот не му се доставуваат потребните податоци за изготвување и одржување на Регистарот на загадувачки материи и супстанции и нивните карактеристики (член 41 став (4)); 9) на изготвувачот не му се доставуваат потребните податоци за изготвување и одржување на Катастарот на животната средина (член 42 став (4)); 10) субјектите од членот 52 став (1) алинеи 3 и 4 на овој закон не обезбедуваат пристап до информациите за животна средина кои ги поседуваат или не го сториле тоа во определениот рок и форма (членови 52, 53 и 54); 11) субјектите информациите за животна средина кои ги поседуваат, не ги ажурираат и не ги одржуваат информациите согласно со членот 56-а од овој закон; 12) не е доставено барањето за дозвола за усогласување со оперативен план во пропишаниот рок (член 135 став (5)); 13) не е добиена дозвола за усогласување со оперативен план за продолжување, односно започнување на работата на инсталацијата; 14) не е поднесено известување за реализацијата на оперативните планови и исполнувањето на обврските од оперативниот план заради добивање на интегрирана еколошка дозвола и/или тоа не е сторено во определениот рок (членови 138 и 139) и 15) операторот не поднел известување во случаите од членот 141 став (4) на овој закон. (2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лицеќе се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од став (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече на службеното лице во правното лицеза дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (5) Глоба во висина на двократен износ, ќе се изрече на правното односно трговец поединец или физичкото лице што не го платил надоместокот согласно член 179 од овојзакон, од износот што требал да го плати врз основа на количината на увезените производи од увозната царинска декларација. (6) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе се изрече за физичкото лице доколку: 4 од 6 www.pravdiko.mkwww.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година 1) не им овозможуваат право на увид на државните и овластените инспектори за животна средина; 2) не ги обезбеди сите потребни информации неопходни за спроведување на надзорот во определениот рок 3) дава лажна изјава и неточни податоци и 4) не се легитимира на местото на инспекцискиот надзор и не ги дава своите лични податоци на барање на државниот и овластениот инспектор. (7) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ако не го донесе решението во рокот утврден во членот 85-т став (7) и членот 22-у став (7) од овој закон. (8) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува стручниот испитот доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина согласно со членот 85-ѕ став (3) и членот 22-к став (3) од овој закон. (9) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот претставник од членот 85-ѕ став (5) и членот 22-к став (5) од овој закон, доколку постапи спротивно на членот 85-и став (9) и членот 22-л став (9) од овој закон. (10) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое го спроведува стручниот испит, доколку не го прекине испитот согласно со членот 85-и ставови (5) и (6) член 22-л став (5) и (6) од овој закон. (11) Надлежен орган за изрекување на прекршоците од ставовите (1) до (10) на овој член е Прекршочната комисија. (12) Доколку со дејностите од ставот (1) точки 4, 5 и 7 на овој член настане поголема штета по животот и здравјето на луѓето се изрекува санкција сразмерна на висината на причинетата штета, но најмногу до двократен износ од износот утврден во ставот (1) на овој член. (13) Кога прекршокот од ставот (1) на овој член е сторен со цел сторителот за себе или за друго лице да прибави имотна корист или прекршокот е сторен од организирана група на лица составена од најмалку три лица, Прекршочната комисија може да изрече глоба во висина од 15.000 евра во денарска противвредност. (14) Доколку правното лице односно трговец поединец од ставот (1) точки 1, 4 и 6 на овој член изврши повторен прекршок, може да му се изрече санкција привремена забрана на вршење одделна дејност во траење од најмногу 30 дена. Член 8 Во член 212 - е став (1) во воведната реченица по зборот „лице “ се додаваат зборовите „односно трговец поединец“ Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од став (1) на овој член“. Ставот (4) се менува и гласи: „Глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. “ Во ставот (6) во точката 11) бројката „131;“се заменува со „и“. Во точката 12) сврзникот „и“ се заменува со точка. Точката 13) се брише. Во ставот (9) зборот „петкратен“ се заменува со „двократен“. 5 од 6 www.pravdiko.mkwww.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година Во ставот (11) зборот „дополнителен“ се заменува со зборот „и“ Ставот (12) се менува и гласи: „Доколку правното лице изврши повторен прекршок од ставот (1) точки 1), 2) и 3) на овој член, може да му се изрече санкција привремена забрана на вршење одделна дејност во траење од најмногу 30 дена. “ Член 9 Во член 212-ж став (1) во воведната реченица зборовите „70.000 до“се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од став (1) на овој член“. Во ставот (5) зборот „седумкратен“ се заменува со зборот „двократен“. Член 10 Подзаконскиот акт утврден во овој закон ќе се донесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 11 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 12 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 6 од 6 www.pravdiko.mkwww.pravdiko.mk