跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on environment

颁布于 2011-04-12 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
inspection, environmental planning, legal proceedings/administrative proceedings, policy/planning

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година 20110511383 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 12 април 2011 година. Бр. 07-2060/1 12 април 2011 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007,159/2008, 83/2009, 48/10 и 124/10), во членот 1 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „Во постапките при вршење на инспекцискиот надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекцискиот надзор доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 2 Во членот 5 став (1) точката 4 се менува и гласи: “„Загадувачи“ се загадувачки материи и супстанции кои ја загадуваат животната средина и кои се наведени во Регистарот за испуштање и пренесување на загадувачи;“. По точката 22 се додава нова точка 22-а, која гласи: „22-a) “Дифузни извори“ се сите помали и расфрлени поединечни извори коишто можат да ослободат загадувачки материи и супстанции во земјата, воздухот или водата, а чиешто заедничко влијание во тие медиуми може да биде значително и за коишто е неизводливо да се собираат извештаи за секој поединечен извор;“. Во точката 34 алинеја 1 сврзникот „и„ се заменува со запирка и се додава нова алинеја 2, која гласи: „- финансирани или кофинансирани од Европската унија и“. По точката 34-б се додава нова точка 34-в, која гласи: 1 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година „34-в) “Засегнати органи“ се оние органи на државната и локалната власт кои во согласност со своите надлежности имаат интерес за донесување на одлуки кои се поврзани со заштита на животната средина и здравјето на луѓето.“ Член 3 Во членот 22-а по ставот (1) се додадаваат два нови става (2) и (3), кои гласат: „(2) Правното и физичкото лице од ставот (1) на овој член еднаш годишно, најдоцна до 1 март во тековната година, доставува извештај за претходната година за увезените и/или извезените супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или производи кои содржат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го пропишува начинот на доставување на извештаи од ставот (2) на овој член.“ Ставовите (2), (3), (4) и (5) стануваат ставови (4), (5), (6) и (7). Член 4 Во членот 24 ставовите (13), (14), (15) и (16) се менуваат и гласат: „(13) Доколку надлежниот орган за одобрување на елаборатот не донесе решение со кое го одобрува или не го одобрува елаборатот во рокот припишан со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно до писарницата на градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје да донесе решение со кое се одобрува елаборатот. Доколку министерот, односно градоначалникот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно до седиштето на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје. (14) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (13) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (15) Кон барањето од ставот (13) на овој член, подносителот на барањето поднесува копија од елаборатот од ставот (1) на овој. (16) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (13) на овој член до писарницата да поднесе решение за одобрување или неодобрување на елаборатот.“ По ставот (16) се додаваат 27 нови става (17), (18), (19), (20), (21), (22), (23), (24), (25), (26), (27), (28), (29), (30), (31), (32), (33), (34), (35), (36), (37), (38), (39), (40), (41), (42) и (43), кои гласат: „(17) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје не го поднесе решението од ставот (16) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (18) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (17) на овој член да изврши надзор кај надлежниот орган за одобрување на елаборатот дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. 2 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година (19) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање од ставот (13) на овој член, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (20) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје не одлучи во рокот од ставот (19) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот, односно градоначалникот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (21) Доколку министерот, односно градоначалникот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (20) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (22) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (17) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (23) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (22) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил согласно со ставовите (18) и (19) на овој член и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (20) и (21) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за инспекторот за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно општината, општината во градот Скопје и градот Скопје дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (24) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (23) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (25) Во случаите од ставот (24) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (26) Во случаите од ставот (25) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (27) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (22) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. 3 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година (28) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје не одлучи во рокот од ставот (21) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (29) Подзаконскиот акт од ставот 14 на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на донесувањето на овој закон. (30) Со донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (31) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не го донесе решението од ставот (10) на овој член во рок од 30 дена, подносителот на жалбата може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (32) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (31) на овој член да изврши надзор кај органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор ќе го информира подносителот на жалбата за утврдената состојба при извршениот надзор. (33) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесената жалба од ставот (10) на овој член и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (34) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (33) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (35) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (34) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (36) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (31) на овој член, подносителот на жалбата во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (37) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (36) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на жалбата согласно со ставовите (32) и (33) на овој член и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (34) и (35) на овој член, Директорот на државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена 4 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (38) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (37) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (39) Во случаите од ставот (38) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (40) Во случаите од ставот (18) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (41) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (37) на овој член, подносителот на жалбата може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (42) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (35) на овој член, подносителот на жалбата може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (43) Постапката пред Управниот суд е итна.“ Член 5 Во членот 60 став (1) по зборовите: „оцената на состојбите“ се брише запирката и се додаваат зборовите: „дадени во Извештајот за состојбата со животната средина од членот 45 став (2) на овој закон“. Член 6 Во членот 61 став (2) зборовите: „членот 69 од овој закон“ се заменуваат со зборовите: „ставот (8) на овој член“. Член 7 Членот 65 се менува и гласи: “(1) На предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, Владата на Република Македонија ги прoпишува стратегиите, плановите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми (во натамошниот текст: плански документи), за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето (во натамошниот текст: стратегиска оцена). (2) Стратегиска оцена се спроведува на плански документи кои се подготвуваат во областа на земјоделството, шумарството, рибарството, енергетиката, индустријата, рударството, транспортот, регионалниот развој, телекомуникациите, управувањето со отпадот, управувањето со водите, туризмот, просторното и урбанистичкото планирање и користењето на земјиштето и со кои се создава основа за изведување на проекти за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина или на сите плански документи со кои се уредува управувањето со заштитените подрачја прогласени согласно со закон или пак можат да влијаат врз тие подрачја. (3) По исклучок за плански документи од ставот (2) на овој член, со кои се одредува користење на мали области од локално значење и со кои се предвидуваат мали измени на планските документи од ставот (2) на овој член, стратегиска оцена ќе се врши само кога органот кој го подготвува планскиот документ ќе утврди дека има значајни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето согласно со прописот од став (4) на овој член. 5 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година (4) Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува критериумите врз основа на кои се определува дали еден плански документ би можел да има значително влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето. (5) За планските документи кои не се определени со прописот од ставот (1) на овој член, а со кои се создава основа за изведување на проекти за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина, стратегиска оцена се врши само тогаш кога е веројатно дека тие би можеле да имаат значително влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето согласно со прописот од ставот (4) на овој член. (6) Органот кој го подготвува планскиот документ е должен да донесе одлука за спроведување или одлука за не спроведување на стратегиска оцена во која се образложени причините за спроведувањето, односно не спроведувањето согласно со критериумите утврдени во прописот од ставот (4) на овој член. (7) Во случаите од ставот (6) на овој член кога е потребно спроведување на стратешка оцена на влијанието врз животната средина, со одлуката од ставот (6) на овој член се определува и обемот на стратегиската оцена. (8) Одлуката од ставот (6) на овој член ја донесува лицето кое раководи со органот што го подготвува планскиот документ, односно градоначалникот на општината, општината во градот Скопје или градоначалникот на градот Скопје, тогаш кога планскиот документ го подготвува општината, општината во градот Скопје или градот Скопје. (9) Органот кој го подготвува планскиот документ е должен да ги определи органите засегнати од имплементацијата на планскиот документ на начин пропишан со актот донесен согласно со членот 61 став (8) од овој закон, како и да ги консултира истите при донесувањето на одлуката за спроведување, односно не спроведување на стратегиската оцена, како и во текот на спроведувањето на стратегиската оцена. (10) Органот што го подготвува планскиот документ во рок од пет дена од денот на донесувањето на одлуката од ставот (6) на овој член, заедно со формуларите од ставот (20) на овој член е должен да ги објави на својата веб страница на начин пропишан со актот донесен согласно со членот 61 став (8) од овој закон. (11) Против одлуката од ставот (6) на овој член, јавноста има право на жалба во рок од 15 дена од денот на нејзиното објавување на веб страницата на органот кој го подготвува планскиот документ, до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина кога одлуката ја носи градоначалникот на општината, општината во градот Скопје или градоначалникот на градот Скопје, односно до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен кога одлуката ја носи орган на државната управа. (12) Органот што го подготвува планскиот документ во рок од пет дена од денот на донесувањето на одлуката од ставот (6) на овој член, заедно со формуларите од ставот (20) на овој член, како и другите придружни документи е должен да ги достави до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (13) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, формуларите и другите придружни документи од ставот (12) на овој член, со која е одлучено да не се спроведува стратегиска оцена, доколку оцени дека се исполнети условите за спроведување на стратегиската оцена на планскиот документ или истиот има значителни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето ќе донесе решение со кое го задолжува органот што го подготвува планскиот документ да спроведе стратегиска оцена на истиот. (14) Со решението од ставот (13) на овој член ќе се определи и обемот на стратегиската оцена. 6 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година (15) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, формуларите и другите придружни документи од ставот (12) на овој член, со која е одлучено да се спроведува стратегиска оцена ќе издаде решение со кое го определува обемот на стратегиската оцена доколку утврди дека истиот не е целосно определен од страна на органот што го подготвува планскиот документ. (16) Решението од ставовите (13) и (15) на овој член органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен да ги објави на својата веб страница. (17) Против решението од ставовите (13) и (15) на овој член засегнатата јавност, како и органот што го подготвува документот имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (18) Во случај кога органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ќе утврди дека одлуката, формуларите, како и другата доставена документација од ставот (12) на овој член, не ги содржат потребните информации за оцена на потребата, односно непостоење потреба од спроведување на стратегиска оцена е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на истите да побара од органот што го подготвува планскиот документ да ги достави бараните информации. (19) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не донесе решение од ставовите (13) и (15) на овој член во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката од ставот (6) на овој член, ќе се смета дека нема забелешки по истата. (20) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува формата, содржината и образецот на одлуката од ставот (6) на овој член и на формуларите за потребата од спроведување, односно не спроведување на стратешка оцена од ставот (12) на овој член.“ Член 8 По членот 66 се додава нов член 66-а, кој гласи: „Член 66-а (1) Во случај кога со планскиот документ се предвидува изведување на проект, за кој истовремено се спроведува постапка за оцена на влијанието на проектот врз животната средина согласно со членот 77 од овој закон, органот кој го подготвува планскиот документ може да донесе одлука за спроведување на постапката за стратегиската оцена заедно со постапката за оцена на влијанието на проектот врз животната средина. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член органот кој го подготвува планскиот документ е должен во одлуката од членот 65 став (6) на овој закон да ги изнесе причините за заедничко спроведување на двете постапки и да го образложи начинот на консултација на јавноста и органите засегнати од спроведувањето на планскиот документ во постапката на донесувањето на планскиот документ. (3) Во случаите од ставот (1) на овој член извештајот за стратегиска оцена на животната средина од членот 67 на овој закон ќе биде составен дел на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина од членот 83 на овој закон. (4) Субјектот што ја спроведува постапката за оцена на влијанието на проектите врз животната средина е должен да ги земе предвид сите аспекти на постапката за стратегиска оцена. (5) Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од ставот (3) на овој член треба да биде потпишан од лице кое е вклучено во листата на експерти за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина од членот 68 на овој закон.“ 7 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година Член 9 Во членот 67 став (1) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „во текот на изработката на планскиот документ, односно пред да биде истиот доставен на усвојување од надлежниот орган“. Во ставот (2) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „во кој се идентификуваат, опишуваат и оценуваат можните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од имплементацијата на планскиот документ и изводливите алтернативи земајќи ги предвид целите и географскиот опсег на планскиот документ“. Ставот (6) се брише. Ставовите (7), (8) и (9) стануваат ставови (6), (7) и (8). По ставот (10) кој станува став (9) се додава нов став (10), кој гласи: „(10) Во извештајот за животната средина од ставот (1) на овој член е потребно да се вклучат релевантни информации за влијанието врз животната средина и здравјето на луѓето од спроведувањето на планскиот документ кои се содржани во правни акти или одлуки донесени од други органи.“ Член 10 Во членот 69 став (4) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „од консултацијата со јавноста“. Ставот (5) се менува и гласи: „Извештајот од консултацијата со јавноста од ставот (4) на овој член се подготвува согласно со прописот од членот 61 на овој закон.“ Член 11 Во членот 72 ставот (1) се менува и гласи: „Органот кој го подготвува планскиот документ е должен во извештајот за животната средина да ги вгради мислењата добиени во постапката за консултација со јавноста согласно со членот 69 од овој закон и во постапката за прекуграничната консултација согласно со членот 70 од овој закон и заедно со планскиот документ и извештајот за консултација со јавноста од членот 69 став (4) на овој закон, да ги достави до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 12 Во членот 74 ставовите (1) и (2) се менуваат и гласат: „(1) Органот кој го усвојува планскиот документ е должен да ја објави одлуката за усвојувањето и за тоа да ги извести засегнатите органи и јавноста, како и земјата која е консултирана во согласност со членот 70 од овој закон. (2) Органот кој го усвоил планскиот документ од ставот (1) на овој член на својата веб страница ги објавува усвоениот плански документ и известувањето од ставот (1) на овој член.“ По ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат: „(3) Во случај на прекугранична консултација известувањето од ставот (1) на овој член на другата држава го доставува органот на државната управа надлежен за работите од областа на надворешните работи. (4) Во известувањето од ставот (3) на овој член коешто се доставува до другата држава се вклучуваат и: изјава во која се сумира како се интегрирани влијанијата врз животната средина на планскиот документ и како подготвениот извештај за стратегиска оцена на животната средина ги земал предвид мислењата од учеството на јавноста согласно со членот 69 од овој закон и резултатите од постапката за прекуграничната консултација согласно со 8 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година членот 70 од овој закон, како и причините за изборот на алтернативата усвоена во планскиот документ во однос на други алтернативи кои постоеле, усвоениот плански документ и мерките кои се однесуваат на следење на ефектите од спроведувањето на планскиот документ согласно со членот 75 од овој закон.“ Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (5) и (6). Член 13 Во членот 75 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Следењето на ефектите врз животната средина и врз здравјето на луѓето од спроведувањето на планскиот документ, кога е тоа соодветно, може да се врши преку постојните државни и локални мониторинг мрежи на животната средина во Република Македонија.“ Ставот (2) станува став (3). Члeн 14 Во членот 81 став (6) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 15 Во членот 87 по ставот (5) се додаваат 18 нови става (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21), (22) и (23), кои гласат: „(6) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина од ставот (1) на овој член не донесе решение со кое се дава согласност, односно не донесе решение за одбивање на барањето за спроведување на проектот, во рокот пропишан со ставот (1) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање, до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, да донесе решение со кое се дава согласност за спроведување на проектот. Доколку министерот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (7) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (6) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (8) Кон барањето од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 83 став (1) на овој член за донесување на решение со кое се дава согласност за спроведување на проектот. (9) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (6) на овој член до писарницата, да донесе решение со кое барањето за спроведување на проектот е уважено или одбиено. (10) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не го донесе решението од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (11) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (10) на овој член да изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина дали 9 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (12) Инспекторот од државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање од ставот (6) на овој член, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (13) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (13) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (16) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (15) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (11) и (12) на овој член и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (13) и (14) на овој член, Директорот на државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторатот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (18) Во случаите од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (19) Во случаите од ставот (18) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (20) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (15) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. 10 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година (21) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (22) Постапката пред Управниот суд е итна. (23) Подзаконскиот акт од ставот (7) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на донесувањето на овој закон. (24) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (7) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 16 Во членот 89 ставови (1) и (2) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 17 Во членот 97 ставот (2) се менува и гласи: „Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесе заклучок за дополнување на барањето, рокот потребен за издавање на А интегрирана еколошка дозвола започнува да тече од денот на приемот на дополнетото барање со податоците наведени во заклучокот од ставот (1) на овој член.“ Во ставот (4) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 18 Во членот 99 став (1) во првиот ред зборот „барањето“ се заменува со зборовите: „комплетното барање“. Член 19 Во членот 100 став (4) зборовите: „на начин и во постапка утврдени во статутот и со другите акти на општината и статутот на градот Скопје“ се заменуваат со зборовите: „согласно со членот 103 став (5) од овој закон“. Член 20 Во членот 105 по ставот (3) се додаваат 18 нови става (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20) и (21), кои гласат: „(4) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина од ставот (1) на овој член не донесе решение со кое се издава А интегрирана еколошка дозвола, односно не донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на А - интегрирана еколошка дозвола, во рокот пропишан со ставовите (1), (2) и (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена по истекот на тој рок, да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за донесување на решение со кое ќе констатира дека барањето од членот 96 став (1) на овој закон е уважено. Доколку министерот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. 11 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година (5) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (6) Кон барањето од ставот (4) на овој член подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 96 став (1) на овој закон. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата, да донесе решение за издавање или одбивање на издавање на А - интегрирана еколошка дозвола. (8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не го донесе решението од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање од ставот (4) на овој член, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни 12 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторатот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Во случаите од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) Постапката пред Управниот суд е итна. (21) Подзаконскиот акт од ставот (5) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на донесувањето на овој закон. (22) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (5) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 21 Во членот 106 став (2) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 22 Во членот 108 став (2) по точката на крајот од реченицата се додаваат зборовите: „Примерок од А - интегрираната еколошка дозвола се доставува до Државниот инспекторат за животна средина и до општината на чија територија се наоѓа инсталацијата и до градот Скопје кога инсталацијата е на територијата на градот Скопје.“ Во ставот (4) по зборот „решение“ се додаваат зборовите: „со кое се дава согласност на студијата за оцена на влијанието на проектот“. Во ставовите (5) и (6) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 23 Во членот 113 став (1) по точката се додаваат зборовите: „Објавата во дневниот весник е на трошок на барателот на дозволата.“ Член 24 Во членот 115 став (1) алинеја 3 по зборот „емисии“ се додаваат зборовите: „односно условите“. 13 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година Во ставот (3) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 25 Во членот 116 став (1) по бројот „111“ се додаваат зборовите: „став (1)“. Член 26 Во членот 118 став (3) по точката на крајот од реченицата се додава нова реченица која гласи: „Објавата во дневниот весник е на трошок на барателот кој бара пренос на дозволата.“ Во ставовите (4) и (7) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 27 Во членот 119 став (3) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 28 Во членот 122 се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Доколку поинаку не е регулирано во Главата XII точка 2 од овој закон, во постапката за добивање на Б - интегрирана еколошка дозвола соодветно се применуваат одредбите за добивање на А - интегрирана еколошка дозвола од Главата XII точка 1 од овој закон.“ Член 29 Во членот 126 став (3) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управните работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Жалба против решението од ставовите (2) и (3) на овој член можат да поднесат засегнати правни и физички лица, како и здруженија на граѓани основани заради унапредување и заштита на животната средина, до органите наведени во ставовите (2) и (3) од овој член.“ Ставовите (4), (5), (6) и (7) стануваат ставови (5), (6), (7) и (8). Во членот 126 по ставот (8) се додаваат 19 нови става (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21), (22), (23), (24), (25), (26) и (27), кои гласат: „(9) Доколку органот од членот 124 став (1) на овој закон не донесе решение со кое се издава Б - интегрирана еколошка дозвола, односно не донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на Б - интегрирана еколошка дозвола, во рокот пропишан со членот 126 став (1) на овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена по истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно до писарницата на градоначалникот на општината и на градот Скопје, за 14 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година донесување на решение со кое ќе констатира дека барањето од членот 124 став (1) на овој закон е уважено. Доколку министерот, односно градоначалникот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно до седиштето на општината и на градот Скопје. (10) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (9) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (11) Кон барањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 124 став (1) на овој закон. (12) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје, е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (9) на овој член до писарницата, да донесе решение за издавање или одбивање на издавање на Б - интегрирана еколошка дозвола. (13) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје не го донесе решението од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (14) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (13) на овој член да изврши надзор кај надлежниот орган за издавање на Б - интегрирана еколошка дозвола дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (15) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање од ставот (9) на овој член, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање за преземените мерки. (16) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје не одлучи во рокот од ставот (15) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот, односно градоначалникот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Доколку министерот, односно градоначалникот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (16) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (18) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (13) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на државниот управен инспекторат. 15 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година (19) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (18) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (14) и (15) на овој член и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (16) и (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно во општината и градот Скопје дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (20) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (19) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (21) Во случаите од ставот (24) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (22) Во случаите од ставот (21) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (23) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (18) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (24) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје не одлучи во рокот од ставот (17) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (25) Постапката пред Управниот суд е итна. (26) Подзаконскиот акт од ставот (10) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на донесувањето на овој закон. (27) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (10) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 30 Во членот 127 став (4) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 31 Во членот 136 став (1) зборовите: „од денот на приемот на барањето“ се заменуваат со зборовите: „од денот на приемот на комплетното барање“, а на крајот од реченицата се додаваат зборовите: „објавата на барањето е на трошок на барателот на дозволата“. Во ставот (4) алинеја 1 зборовите: „регистрирано на подрачјето на општината каде што се наоѓа инсталацијата“ се бришат. Алинејата 2 се менува и гласи: „- од страна на најмалку еден субјект од засегната јавност,“. 16 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година Во алинејата 3 точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „и Б интегрирани еколошки дозволи“. Член 32 Во членот 138 став (6) по зборовите: „од ставот (5) на овој член“ се додаваат зборовите: „за исполнувањето на обврските од оперативниот план“. По ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи: „(7) Пред донесување на решението од ставот (6) на овој член, Државниот инспекторат за животна средина врши увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на обврските од оперативниот план како и барањата утврдени во А интегрираната еколошка дозвола за усогласување на оперативен план.“ По ставот (7) кој станува став (8) се додава нов став (9), кој гласи: „(9) Пред донесувањето на решението за издавање на Б - интегрирана еколошка дозвола од страна на градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје, овластен инспектор за животна средина врши увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдувањето на исполнувањето на обврските од оперативниот план, како и барањата утврдени во Б - интегрираната еколошка дозвола за усогласување со оперативен план.“ Член 33 Во членот 139 став (1) по зборовите: „дозвола и“ се додаваат зборовите: „Б интегрирана еколошка дозвола во заштитено подрачје“. Член 34 Во членот 140 ставот (4) се менува и гласи: „Во рок од десет дена од денот на издавањето на дозволата за усогласување со оперативен план, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје се должни во најмалку еден дневен весник достапен на целата територија на Република Македонија и на својата веб страница, да објават дека е издадена дозвола за усогласување со оперативен план, со информации каде што може да се добие на увид дозволата заедно со оперативниот план. Објавата во дневниот весник е на трошок на барателот на дозволата.“ Член 35 Во членот 148 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го одобрува извештајот за мерките за безбедност, во рок од шест месеци од доставувањето на извештајот за мерките за безбедност од страна на операторот.“ Ставовите (4), (5) и (6) стануваат ставови (5), (6) и (7). Член 36 Во членот 152 став (1) по зборот „системите“ се додаваат зборовите: “со присуство на опасни супстанции“. По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Содржината и формата на Регистарот од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Ставовите (2), (3) и (4) стануваат ставови (3), (4) и (5). Во ставот (4) кој станува став (5) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на 17 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Во ставот (5) кој станува став (6) зборовите: „став (4)“ се заменуваат со зборовите: „став (5)“. Член 37 Во членот 157 став (13) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 38 Во членот 167 став (4) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 39 Во членот 168 став (2) зборовите: „Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на управни работи во втор степен од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 40 Во насловот на членот 187 и во членот 187 став (1) зборовите: „ублажување на“ се бришат. Ставот (6) се менува и гласи: „Националниот план за климатски промени од ставот (1) на овој член, се изработува согласно со усвоените документи на Рамковната конвенција на Обединети нации за климатски промени.“ Член 41 Во членот 188 ставот (3) се менува и гласи: „Националниот инвентар на антропогени емисии по извори и понори на стакленички гасови се изработува согласно со усвоените документи на Рамковната конвенција на Обединети нации за климатски промени.“ Член 42 Во членот 198 став (1) по точката 4 се додава нова точка 4-а, која гласи: „4-а) да утврди дали правното и физичкото лице кое врши увоз и/или извоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или производи кои содржат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка известува за увезените и/или извезените супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или производи кои содржат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка како и да утврди дали истите постапуваат согласно со прописот донесен врз основа членот 22-а од овој закон.“ Член 43 Во членот 208 став (1) зборовите: „се врши редовно и“ се заменуваат со зборовите: “се врши како редовен, вонреден и контролен инспекциски надзор, како и се врши“. 18 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година Во ставот (2) зборот „план“ се заменува со зборот „програма“, точката на крајот од реченицата се заменува со запирка по која се додаваат зборовите: „најдоцна до 31 декември во тековната година за наредната година“. Во ставот (3) зборот „Планот“ се заменува со зборот „Програмата“. Во ставот (4) зборот „планот “ се заменува со зборот „програмата“. Ставот (12) се менува и гласи: „По жалба против одлуките на државниот инспектор одлучува Комисија за решавање во втор степен по жалби на решенија издадени од Државниот инспекторат за животна средина составена од три члена именувани од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ По ставот (12) се додаваат пет нови става (13), (14), (15), (16) и (17), кои гласат: „(13) За претседател на Комисијата од ставот (12) на овој член задолжително се именува раководен државен службеник вработен во Државниот инспекторат за животна средина, кој не бил вклучен во вршењето на инспекцискиот надзор. (14) За членови на Комисијата од ставот (12) на овој член се именуваат од редот на вработените во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина од кој еден е дипломиран правник. (15) По жалба против одлуките на овластениот инспектор одлучува посебна комисија составена од три члена именувани од градоначалникот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. (16) За претседател на Комисијата од ставот (15) на овој член задолжително се именува раководен државен службеник вработен во инспекциските служби на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје кој не бил вклучен во вршењето на инспекцискиот надзор. (17) За членови на Комисијата од ставот (15) на овој член се именуваат од редот на вработените во општината од кој еден е дипломиран правник.“ Ставот (13) станува став (18). Член 44 Во членот 208-а пред ставот (1) се додаваат два нови става (1) и (2), кои гласат: „(1) Државните и овластените инспектори се должни во рок од седум дена да постапат по иницијатива или пријава за поведување на инспекциска постапка. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член државните и овластените инспектори се должни да го известат подносителот на иницијативата или пријавата за поведување на инспекциска постапка во рок од седум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.“ Ставовите од (1), (2), (3), (4), (5) и (6), стануваат ставови (3), (4), (5), (6), (7) и (8). Член 45 Во членот 209 по ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: „(8) Инспекторатот и овластените инспектори за животна средина инспекциските акти ги објавуваат на својата веб страница во рок од три дена од денот на нивното донесување, согласно со прописите за заштита на личните податоци.“ Член 46 Во членот 212-е став (1) точката 4 се менува и гласи: „не известува за увезените и/или извезените супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или производи кои содржат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со супстанциите и/или производите кои ја осиромашуваат озонската обвивка не постапува согласно со членот 22-а од овој закон.“ 19 од 20 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 51 од 13.4.2011 година Член 47 На постапките за стратегиска оцена започнати пред влегувањето во сила на овој закон ќе се применуваат одредбите од овој закон. На започнатите постапки за издавање на интегрирани еколошки дозволи започнати пред влегувањето во сила на овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10 и 124/10). Поблиските прописи утврдени во овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 48 Одредбите од членовите 43, 44 и 45 на овој закон ќе започнат да се применуваат со започнувањето со примена на Законот за инспекциски надзор. Одредбите од членовите 7 ставови (11) и (17), 14, 16, 17 став (2), 21, 22 став (3), 24 став (2), 26 став (2), 27, 29 став (1), 30, 36 став (4), 37, 38 и 39 на овој закон ќе се применуваат со започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 49 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 50 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 20 од 20 www.pravdiko.com

Law amending the Law on environment · Nelum