Law amending the Law on environment
颁布于 2010-04-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Environment
- 关键词
- environmental standards, international trade, registration, data collection/reporting, inspection, standards, protection of environment
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 48 од 09.04.2010 година 20100480899 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 7 април 2010 година. Бр. 07-1565/1 7 април 2010 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008 и 83/2009), во членот 5 став (1) точка 4 зборовите: „Регистарот на загадувачки материи и супстанции и нивните карактеристики“ се заменуваат со зборовите: „Регистарот за испуштање и пренесување на загадувачи“. Во точката 9 зборот „Информативен” се заменува со зборовите: „Национален информативен”. Точката 10 се менува и гласи: „10. Регистарот за испуштање и пренесување на загадувачи е збир на податоци за изворот, видот, количината, начинот и местото на испуштање, пренесување и одлагање на загадувачките материи и супстанции и отпадот во медиумите на животната средина;”. По точката 10 се додаваат две нови точки 10-а и 10-б, кои гласат: „10-а. “Национална листа на показатели“ е приказ на показатели за состојбата со животната средина со кои се пропишува временската динамика на собирање на податоците, форматот, изворот и начинот на проток и размена на податоците; 10-б. “Информации од областа на животната средина“ е секаков тип на информации во пишана, визуелна, електронска или друг вид на материјална форма согласно со членот 51 од овој закон;“. По точката 34 се додаваат две нови точки 34-а и 34-б, кои гласат: „34-а. “Оцена на животната средина” е збир на акции преку кои: се подготвува извештајот за животната средина, се спроведуваат консултации, се зема предвид 1 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година извештајот за животната средина и резултатите од консултациите при донесувањето на одлуки и се обезбедува достапност на информациите во согласност со одредбите од Главата X - Оцена на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина од овој закон; 34-б. “Извештај за животната средина” е дел од документацијата на планскиот документ кој содржи информации од членот 67 став (2) на овој закон;“. Член 2 Во членот 23 ставот (3) се менува и гласи: „За домашни и/или увезени технологии, технолошки линии, производи, полупроизводи и/или суровини во Република Македонија, увозникот и/или корисникот, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, приложува документ издаден од овластен орган на земјата - производител и на земјата - извозник, со кој се докажува дека домашната и/или увезената технологија, технолошка линија, производи, полупроизводи и/или суровини ги исполнуваат пропишаните норми за заштита на животната средина на државата од која потекнуваат и дека истите не се забранети во земјата производител и во земјата - извозник.“ Член 3 Во членот 24 став (2) по зборот „елаборатот” во вториот ред се додаваат зборовите: „во рок од пет дена од денот на приемот”. Во ставот (7) по зборот „елаборатот“ се додаваат зборовите: „или не го одобрува елаборатот“. По ставот (10) се додаваат шест нови става (11), (12), (13), (14), (15) и (16), кои гласат: “(11) Надлежниот орган за одобрување на елаборатот од ставот (7) на овој член е должен да донесе решение со кое го одобрува елаборатот или не го одобрува елаборатот, во рок од 15 дена од денот на приемот на елаборатот од ставот (2) на овој член; (12) Доколку надлежниот орган за одобрување на елаборатот утврди дека елаборатот не ги содржи барањата од ставот (3) на овој член, ќе побара правното или физичкото лице да го дополни елаборатот во рок од 15 дена; (13) Надлежниот орган за одобрување на елаборатот доколку во рокот утврден во ставот (11) од овој член од комплетирањето на елаборатот не донесе решение со кое го одобрува елаборатот или решение со кое не го одобрува елаборатот, подносителот на елаборатот има право во рок од три дена од истекот на тој рок да поднесе барање до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно до градоначалникот на општината, општините во градот Скопје и на градот Скопје за донесување на решение со кое ќе се констатира дека настапиле законските услови за примена на членот 129-а од Законот за општата управна постапка, поради што ќе се смета дека поднесокот за одобрување на елаборатот е одобрен; (14) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно до градоначалникот на општината, на општините во градот Скопје и на градот Скопје е должен да донесе решение најдоцна во рок од пет дена од приемот на барањето од ставот (13) на овој член, откако ќе утврди дека: елаборатот не содржи формални недостатоци и ги содржи сите потребни податоци, доставени се сите прилози, поминал рокот во кој требало да се донесе решение за одобрување на елаборатот од ставот (11) на овој член и барањето од ставот (13) на овој член е навремено; 2 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година (15) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на општините во градот Скопје и на градот Скопје не донесе решение согласно со ставот (14) од овој член, подносителот има право да поведе управен спор пред надлежен суд и (16) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина ја пропишува формата и содржината на образецот на барањето од ставот (13) на овој член.” Член 4 Во насловот на членот 33 на крајот од реченицата се додаваат зборовите: „на животната средина“. Ставот (1) се менува и гласи: „Со цел да се врши мониторинг на медиумите и областите на животната средина, на територијата на Република Македонија се воспоставува државна мрежа за мониторинг на животната средина, којашто се состои од државните мрежи за мониторинг на одделни медиуми и области на животната средина (во натамошниот текст: државни мрежи за мониторинг), која ја формира Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на земјоделството.“ Во ставот (2) зборовите: „од државната мрежа“ се заменуваат со зборовите: „до државната мрежа“. Член 5 Во членот 36 став (1) по зборовите: „кои имаат извор на емисија” се додаваат зборовите: “и технолошките процеси”. Во ставот (5) алинеја 1 по зборот „емисиите“ се става запирка и се додаваат зборовите: “ технолошките процеси”. Во алинејата 4 по зборовите: „тековниот месец“ се додаваат зборовите: „и/или согласно со роковите утврдени во интегрираните еколошки дозволи или дозволи за усогласување со оперативен план“. Член 6 Насловот на Главата VI и на членот 40 се менува и гласи: „Национален информативен систем за животна средина“ . Во членот 40 став (1) по зборот „воспоставува” се додаваат зборовите: „развива, води и координира Национален“. Ставот (3) се менува и гласи: „Информативниот систем се воспоставува, развива, води и се координира, на начин што обезбедува база на релевантни податоци - сеопфатни, точни и јавно достапни податоци и информации за состојбата, квалитетот и трендовите на сите медиуми и области на животната средина, како и предвидувања со употреба на техниките за моделирање заради интегрално управување со заштита на животната средина и/или со поединечните медиуми или области на животната средина, како и за следење на имплементацијата на документите за одржлив развој и заштита на животната средина.” Во ставот (4) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „и Националната листа на показатели”. 3 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година Ставот (5) се менува и гласи: „Формата, содржината, начинот на водење и одржување на Националниот информативен систем за животна средина, формата и содржината на обрасците и роковите за доставување на податоците и информациите за состојбата со животната средина од ставот (4) на овој член до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, начинот на управување со тие податоци и нивното публикување ги пропишува Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 7 Во членот 40-а став (1) зборот „националната“ се земенува со зборот „државната“. По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи: „(5) Правните и физичките лица од членот 36 на овој закон, како и правните и физичките лица кои вршат мониторинг на животната средина се должни на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина да му обезбедат непречен пристап и користење на податоците потребни за Националниот информативен систем за животна средина, без надоместок.” Член 8 Насловот на членот 41 се менува и гласи: „Регистар за испуштање и пренесување на загадувачи„. Ставот (1) се менува и гласи: „Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина воспоставува и одржува Регистар за испуштање и пренесување на загадувачи (во натамошниот текст: Регистар на загадувачи), којшто е составен дел на Катастарот за животна средина.“ Во ставот (3) зборовите: „Регистар на загадувачки материи и супстанции и на нивните карактеристики“ се заменуваат со зборовите: „Регистар на загадувачи“. Во ставот (4) зборот „Регистарот“ се заменува со зборовите: „Регистарот на загадувачи“. Член 9 Во членот 42 став (1) по зборовите: „Катастерот на заштитени подрачја“ се става запирка и се додаваат зборовите: „Регистарот на загадувачи”. Во ставот (3) зборот „водењето” се заменува со зборовите: „востановување и водење”. Во ставот (5) зборот „месечно” се заменува со зборовите: „во секое тримесечје”. Член 10 Во целиот текст на членот 43 зборот „Регистарот“ се заменува со зборовите: „Регистарот на загадувачи“. Член 11 Членот 45 се менува и гласи: „(1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина секоја година изготвува годишен извештај за квалитет на животната средина во Република Македонија. (2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во соработка со другите органи, организации и институции кои поседуваат податоци од областа на животната средина, секоја втора година изготвува индикаторски извештај за животната средина (во натамошниот текст: индикаторскиот извештај), а на 4 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година секои четири години изготвува извештај за состојбата со животната средина во Република Македонија (во натамошниот текст: извештајот). Извештајот и индикаторскиот извештај се достапни на јавноста во согласност со одредбите од Главата VIII на овој закон. (3) Извештајот и Индикаторскиот извештај од ставот (2) на овој член ги усвојува Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Владата на Република Македонија извештајот го поднесува до Собранието на Република Македонија заради информирање. (4) Формата, содржината, целите, начинот на изработка и видот и изворите на податоци кои се користат за изработка на извештајот, како и начинот на оценувањето на извештајот ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (5) Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје можат да изготват извештај за состојбата на животната средина на нивното подрачје. Извештајот е достапен на јавноста во согланост со одредбите од Главата VIII на овој закон. (6) Градоначалникот на општината, на општините во градот Скопје и на градот Скопје го доставува извештајот од ставот (5) на овој член, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, за одобрување. (7) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина е надлежен за публикување и дистрибуција на извештајот од ставот (2) на овој член. (8) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина за изработка на извештајот од ставот (2) на овој член, формира координативно тело составено од претставници на органи, организации и институции кои поседуваат податоци од областа на животната средина. (9) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина на предлог на координативното тело, формира работни групи за изработка на делови од извештајот од ставот (2) на овој член. (10) Координативното тело изготвува проектни задачи за секоја работна група од ставот (9) на овој член, по кои ќе се изготвуваат соодветните делови од извештајот од ставот (2) на овој член. (11) Средствата за изготвување и публикување на извештајот од ставот (2) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и други извори на средства утврдени со закон.“ Член 12 Во членот 46 по ставот (1) се додаваат два нови става (2) и (3), кои гласат: „(2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е одговорно тело на државно ниво за известување и координација на известувањето поврзани со состојбата со животната средина, кон меѓународните организации. (3) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина соработува со Европската агенција за животна средина и известува во согласност со барањата на Европската информациска и набљудувачка мрежа (ЕИОНЕТ), како и со барањата на заедничкиот европски информативен систем за животна средина (СЕИС).“ Член 13 Во членот 69 ставот (5) се менува и гласи: “Учеството на јавноста и објавувањето на информациите се врши согласно со прописот од членот 61 став (8) на овој закон.” 5 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година Член 14 Членот 78 се менува и гласи: „(1) Владата на Република Македонија, во посебни случаи на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, може да одлучи, испитувајќи случај по случај да не се врши оцена на влијанието врз животната средина, во целост или делумно за проектите, во случај на: воена или вонредна состојба, за потребите на одбраната на Република Македонија, доколку се утврди дека спроведувањето на постапката за оцена на влијанието врз животната средина има негативен ефект врз одбраната или потреба од итно спречување на настаните кои не можеле да се предвидат, а кои можат сериозно да влијаат врз здравјето, безбедноста, имотот на луѓето или врз животната средина. (2) За проектите од ставот (1) алинеја 2 на овој член, Владата на Република Македонија на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина донесува одлука да не се врши оцена на влијанието врз животната средина и истата се објавува на веб страницата на Владата на Република Македонија и на веб страницата на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на одбраната. Одлуката се објавува најмалку во еден дневен весник достапен на целата територија на Република Македонија. (3) Покрај одлуката од ставот (2) на овој член на веб страниците од ставот (2) на овој член се објавуваат и информации за: влијанието на проектот врз животната средина, создавање на отпадот и отпадните води (вид и количина, присуство на опасни и штетни материи и супстанции и слично), влијанието на проектот врз биодиверзитетот, користење на природните богатства, меѓусебното влијание на елементите од алинеите 1, 2, 3 и 4 на овој став и адреса каде што можат да се доставуваат забелешки, мислења и предлози. (4) Заради обезбедување на доволно време за информирање на јавноста, информациите од ставот (3) на овој член се достапни на веб страниците најмалку 30 дена. (5) Во рок од 15 дена од денот на истекот на рокот од ставот (4) на овој член, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на одбраната е должен сите добиени забелешки, мислења и предлози, со поединечен или збирен одговор на истите да ги достави до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (6) Врз основа на добиените податоци од ставот (5) на овој член органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина донесува решение со кое се дава согласност или се одбива барањето за спроведување на проектот согласно со членот 87 од овој закон. (7) Решението од ставот (6) на овој член се објавува согласно со членот 90 став (5) од овој закон.“ Член 15 Во членот 107 ставот (11) се менува и гласи: „Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува супстанциите за кои задолжително се пропишуваат гранични вредности на емисија во А-интегрираната еколошка дозвола согласно со ставот (5) на овој член.“ 6 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година Член 16 Во членот 121 ставот (2) се менува и гласи: „Владата на Република Македонија ја пропишува висината на надоместокот кој треба да го плаќаат операторите од ставот (1) на овој член на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.” Член 17 По членот 146 се додава нов член 146-а, кој гласи: „Член 146 - а Меѓуресорска соработка (1) Со цел да се обезбеди меѓуресорска соработка за следење на активностите за спречување и контрола на хавариите со присуство на опасни супстанции, Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина формира меѓуресорско тело за спречување и контрола на хаварии со присуство на опасни супстанции. (2) Меѓуресорското тело за спречување и контрола на хаварии со присуство на опасни супстанции се состои од 11 члена, и тоа по еден член од: органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, органот на државната управа надлежен за работите од областа на управување со кризи (Центар за управување со кризи), органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштита и спасување ( Дирекција за заштита и спасување), органот на државната управа надлежен за работите од областа на транспортот и врските, органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството, органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешни работи, органот на државната управа надлежен за работите од областа на одбраната, органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот, органот на државната управа надлежен за работите од областа на земјоделството, шумарството и водостопанството, државниот инспекторат за техничка инспекција и Заедницата на единиците на локалната самоуправа. (3) Стручно-административните и техничките работи за меѓуресорското тело ги врши органот надлежен за вршење на стручни работи од областа на животната средина од членот 160 на овој закон.“ Член 18 Во членот 148 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: „(6) Содржината на извештајот за мерките на безбедност ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.” Член 19 Во членот 150 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Содржината на информациите од ставот (1) на овој член, како и за начинот на постапување на лицата на кои би влијаела хаваријата предизвикана од системот, ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.” Член 20 Во членот 179 став (2) по алинејата 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: „ по 250 ден за kW ладилен капацитет за уред за климатизација”. 7 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година Во ставот (4) алинеја 5 зборовите: „6,00 ден/кг” се заменуваат со зборовите: „62,00 ден/кг”. Член 21 Членот 180 се менува и гласи: „(1) Висината на надоместокот што се плаќа за домашни правни и физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на моторни возила, за период од една година изнесува, и тоа за: 1) мотоцикли, трицикли и четирицикли: до 50 cm3 надоместок од 20,00 денари, од 50 cm3 - 100 cm3надоместок од 30,00 денари, од 100 cm3 - 175 cm3 надоместок од 40,00 денари, од 175 cm3 - 250 cm3 надоместок од 50,00 денари, од 250 cm3 - 500 cm3 надоместок од 80,00 денари, од 500 cm3 - 750 cm3 надоместок од 120,00 денари и над 750 cm3 надоместок од 170,00 денари; 2) патнички моторни возила, и тоа: до 22 kW надоместок до 70,00 денари, од 22 kW - 33 kW надоместок од 90,00 денари, од 33 kW - 44 kW надоместок од 100,00 денари, од 44 kW - 55 kW надоместок од 110,00 денари, од 55 kW - 66 kW надоместок од 130.00 денари, од 66 kW - 84 kW надоместок од 150,00 денари, од 84 kW - 100 kW надоместок од 170,00 денари и од 100 kW - 150 kW надоместок од 210,00 денари; 3) товарни моторни возила: носивост до Ѕ t надоместок од 130,00 денари, носивост до 1 t надоместок од 140,00 денари, носивост до 2 t надоместок од 230,00 денари, носивост до 3 t надоместок од 250,00 денари, носивост од 3-5 t надоместок од 280,00 денари, носивост од 5-7 t надоместок од 330,00 денари, носивост од 7-10 t надоместок од 500,00 денари, носивост од 10-15 t надоместок од 590,00 денари и носивост над 15 t надоместок од 710,00 денари; 4) тегначи надоместок од 710,00 денари; 5) автобуси наменети за: меѓуградски сообраќај и автобуси на туристички агенции, надоместок од 550,00 денари и градски и приградски сообраќај и јавен превоз на патници, надоместок од 380,00 денари; 6) трактори, надоместок од 200,00 денари; 7) специјални возила надоместок од 200,00 денари и 8) комбинирани возила надоместокот изнесува согласно со надоместокот пресметан според носивоста на моторното возило од точката 3 на овој став. (2) Висината на надоместокот што се плаќа за домашни правни и физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на пловни објекти при регистрација на пловни објекти за период од една година изнесува 3 % од основното осигурување. 8 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година (3) Обврзникот за плаќање на надоместокот од ставовите (1) и (2) на овој член е домашно правно или физичко лице на чие име е регистрирано моторното возило или пловниот објект. (4) Од плаќање на надоместокот од ставовите (1) и (2) на овој член е ослободено домашното правно или физичко лице на чие име е рeгистрирано моторното возило или пловниот објект, доколку моторното возило или пловниот објект работи на хибриден или електричен погон (еколошки возила или пловни објекти) . (5) Надоместокот од ставовите (1) и (2) на овој член за домашно правно или физичко лице се наплатува при регистрација на моторни возила, а го пресметува и наплатува овластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возилото или пловниот објект, односно при продолжување на важноста на регистрацијата и го уплатува еднаш месечно на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка . (6) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина склучува посебен договори со правното лице од ставот (5) на овој член заради обезбедување наплата на надоместокот.“ Член 22 Во членот 194 став (4) по зборовите: „хемиски супстанции“ се става запирка и се додаваат зборовите: „отпадни материјали наменети за преработка и рециклирање“. По ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: „(6) Државниот инспекторат за животна средина врши надзор врз работата на овластените инспектори за животна средина во примената на прописите за животната средина при вршењето на инспекцискиот надзор.“ Член 23 Во членот 198 став (1) точка 14 по зборот „емисија“ се додаваат зборовите: „и технолошкиот процес“. Во точката 47 сврзникот „и“ се заменува со точка и запирка. Во точката 48 точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот „и“ и се додава нова точка 49, која гласи: „49) привремено да одземе опрема, производи, уреди и апарати кои претставуваат извори на загадување или деградација на животната средина, или не ги исполнуваат пропишаните услови и стандарди за заштита на животната средина, си до отстранување на недостатоците, односно до донесувањето на правосилна одлука на надлежниот суд или прекршочниот орган.“ Член 24 Во членот 200 по ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи: “(7) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор утврди дека рокот утврден со решението од ставот (1) на овој член очигледно не е доволен правните и физичките лица да преземат мерки со кои ќе се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди и други општи акти, државниот инспектор може да определи дополнителен рок кој е поголем за најмногу уште 120 дена од рокот определен во ставот (1) на овој член.“ Ставовите (7), (8) и (9) стануваат ставови (8), (9) и (10). По ставот (10) кој станува став (11) се додаваат два нови става (12) и (13), кои гласат: „(12) За одземените предмети од ставот (1) точка 8 на овој член инспекторот за животна средина издава потврда за привремено одземање на предметите. 9 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година (13) Одземањето на предметите и постапувањето со истите се врши согласно со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапкa.“ Член 25 Во членот 203 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: “(6) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, овластениотт инспектор утврди дека рокот утврден со решението од ставот (1) на овој член очигледно не е доволен за правните и физичките лица да преземат мерки со кои ќе се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди и други општи акти, државниот инспектор може да определи дополнителен рок кој е поголем за најмногу уште 90 дена од рокот определен во ставот (1) на овој член.“ Ставовите (6), (7) и (8) стануваат ставови (7), (8) и (9). По ставот (9) кој станува став (10) се додаваат два нови става (11) и (12), кои гласат: „(11) За одземените предмети од ставот (1) точка 5 на овој член инспекторот за животна средина издава потврда за привремено одземање на предметите. (12) Одземањето на предметите и постапувањето со истите се врши во согласност со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапкa.“ Член 26 Во членот 209 по ставот (5) се додаваат два нови става (6) и (7), кои гласат: „(6) Во вршењето на работата од своја надлежност државните инспектори и овластените инспектори соработуваат меѓу себе. (7) Овластените инспектори се должни на барање на Државниот инспекторат за животна средина да му ги достават сите податоци и документи поврзани со вршењето на инспекцискиот надзор.“ Член 27 Во членот 211 став (1) по точката 38 се додава нова точка 39, која гласи: „39) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје ги спроведуваат одредбите од членот 24 на овој закон.“ Член 28 Во членот 212-в став (1) по зборот „212-ѓ„ се додаваат зборовите: „и 212-е“. Ставот (5) се менува и гласи: „Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го утврдува видот на општокорисната работа, начинот на избор на примателите, начинот на нејзиното доделување, извршување и контрола. Висината на средствата наменети за општокорисна работа не може да биде повисока од висината на пропишаната глоба за прекршокот.“ Член 29 Во членот 212-г бројот „212-е“ се заменува со бројот „212-ж“. Член 30 Во членот 212-е став (6) точка 11 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка. Во точката 12 точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот „и“ и по истата се додава нова точка 13, која гласи: 10 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година „13) издаде потврда или извештај за извршена општокорисна работа без истата да биде извршена од страна на лицето упатено на извршување општокорисна работа.“ Член 31 Насловот на членот 212-д и членот 212-д се менува и гласи: „Општокорисна работа (1) Како приматели на општокорисна работа во соласност со членот 212-в став (4) од овој закон можат да бидат определени државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, невладини организации, јавни претпријатија, јавна установа (здравствени и социјални установи) и други хуманитарни организации со кои органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина има склучено договор за примање на општокорисна работа. (2) Изборот на приматели на општокорисна работа за невладини организации, јавни претпријатија, јавна установа (здравствени и социјални установи) и други хуманитарни организации се врши по пат на јавен конкурс, кој го распишува и води органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (3) Субјектите од ставот (2) на овој член избрани како приматели на општокорисна работа склучуваат договор за примање на општокорисна работа со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, за време од две години со право на повторен избор. (4) Доделувањето на опшокорисната работа државните и овластените инспектори ја вршат согласно со начелото на блискост според седиштето на субјектот најблиску до местото каде што е сторен прекршокот, односно местото на живеење на сторителот на прекршокот и начелото на еднаквост меѓу примателите на општокорисната работа. (5) Министерството за животна средина и просторно планирање води евиденција на склучени договори за примање на општокорисна работа. (6) Глобата изречена со одлука од Прекршочната комисија или утврдена во спогодбата донесена од Комисијата за посредување може да се замени со општокорисна работа. (7) Замената на глобата со општокорисна работа се врши со решението на Прекршочната комисија со кое се одлучува за прекршокот врз основа на барање на сторителот. (8) Општокорисната работа може да се состои во: вршење или сторување на општокорисна работа како реална работа и доделување на средства за вршење на општокорисна работа. (9) Кога општокорисната работа се спроведува преку реална работа, глобата за прекршокот определена во постапките за порамнување и посредување нејзиното чинење се засметува од 10 до 20 евра за 3 часа реална работа согласно со тежината на реалната работа. Извршувањето на реалната работа не може да биде определено повеќе од 90 дена за период од 270 дена. (10) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го утврдува видот на општокорисната работа, нејзиното чинење, начинот на нејзиното доделување, извршување и контрола, како и го пропишува начинот на објавување и спроведување на јавниот конкурс од ставот (2) на овој член и поблиските услови што треба да ги исполнуваат правните лица од ставот (2) на овој член. (11) Формата и содржината на образецот со кој се потврдува дека е реализирана општокорисната работа ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (12) Спроведувањето на реалната работа се врши во согласност со прописите за работни односи во поглед на времетраењето на работниот ден и заштитата при работа.“ 11 од 12 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година Член 32 Примена на одредбите на овој закон Одребите од членот 21 на овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 април 2010 година, а одредбите од членот 20 на овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2011 година. Член 33 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 34 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 12 од 12 www.pravdiko.com