跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on consumer protection

颁布于 2015-09-03 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на Закон за заштита на потрошувачите.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
consumer protection, inspection, offences/penalties, food safety and quality

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. База на закони www.pravdiko.mk 1 | С т р а н и ц а ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ (Објавено во Сл. Весник на РМ, бр.152 од 03.09.2015 година) Член 1 Во Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија” број 38/2004, 77/2007, 103/2008, 24/11, 164/13 и 97/15), во членoт 4 алинејата 1 се менува и гласи: „потрошувач” е секое физичко лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка во деловни простории на трговецот, надвор од деловните простории како и со договори на далечина за цели кои не спаѓаат во рамките на неговата трговска, стопанска, занаетчиска или професионална дејност;”. Член 2 Во членoт 131 став 3 зборовите: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“ се заменуваат со зборовите: „Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.” Член 3 Во членот 132 став 2 зборовите: “министерот за економија“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.” Член 4 Во членот 134 став 5 зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.“ Член 5 Во членот 136 став 1 воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, ако:“ Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот База на закони www.pravdiko.mk 2 | С т р а н и ц а поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот 1 на овој член.“ Ставот 3 се менува и гласи: “За дејствијата од ставот 1 на овој член на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење одделна дејност во траење до една година.“ Ставот 4 се менува и гласи: “Покрај глобата од ставот 2 на овој член, на одговорното лице во правното лице ќе се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на одговорна должност во траење од три месеца до една година.“ Ставот 5 се менува и гласи: “Глоба во износ од 400 до 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.“ Ставот 6 се брише. Член 6 Во членот 137 став 1 воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно на трговецот поединец, ако:“ Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот 1 на овој член.“ Ставот 3 се менува и гласи: “Глоба во износ од 120 до 180 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.“ Ставот 4 се брише. Член 7 Во членот 138 став 1 воведната реченица се менува и гласи: „Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно на трговецот поединец, ако:“ Ставот 2 се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно на трговецот База на закони www.pravdiko.mk 3 | С т р а н и ц а поединец ќе му биде изречена на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец, за дејствијата од ставот 1 на овој член.“ Ставот 3 се менува и гласи: „Глоба во износ од 70 до 100 евра во денарска противредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.“ Член 8 По членот 138 се додаваат три нови члена 138-а, 138-б и 138-в кои гласат: „Член 138-а За прекршоците утврдени во членовите 136, 137 и 138 од овој закон, на правното лице, односно на трговецот поединец, надлежниот инспектор или овластеното лице за вршење на непосреден надзор, пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог. Кога надлежниот инспектор, или овластеното и лице за вршење на непосреден надзор, ќе констатира прекршок од ставот 1 на овој член составува записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието на прекршокот и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластеното службено лице и сторителот. Доколку сторителот го признае прекршокот надлежниот инспектор или овластеното лице ќе му издаде прекршочен платен налог заради наплата на глобата за прекршокот. По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот на прекршокот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог, на сметката означена во платниот налог. Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот 3 на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука. Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од став 3 на овој член, за прекршоците од членот 136 од овој закон, надлежниот инспектор, или овластеното и лице за вршење на непосреден надзор, поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд. Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од став 3 на овој член, за прекршоците од членовите 137 и 138 од овој закон, надлежниот инспектор, или овластеното лице за вршење на непосреден надзор, поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред прекршочен орган, согласно членот 135 од овој закон. База на закони www.pravdiko.mk 4 | С т р а н и ц а Надлежните инспектори, односно овластените лица за вршење непосреден надзор, се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. Во евиденцијата од ставот 7 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. Личните податоци од ставот 8 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот за економија. Член 138-б За прекршоците утврдени во членот 137 и 138 од овој закон, на физичкото лице, надлежниот инспектор, или овластеното лице за вршење непосреден надзор, ќе спроведе постапка за порамнување со издавање на мандатен платен налог, за плаќање на глобата во определениот износ, во рок од осум дена од денот на врачување на мандатниот платен налог. Ако физичкот лице доброволно не ја плати глобата во рокот од став 1 на овој член, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и надлежниот инспектор, или овлсатеното лице за вршење непосреден надзор, ќе го достави до органот надлежен за присилно извршување, за негово извршување. Надлежните инспектори, односно овластените лица за вршење непосреден надзор, се должни да водат евиденција за издадените мандатни платни налози и за исходот на покренатите постапки. Во евиденцијата од ставот 3 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. Личните податоци од ставот 4 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. Формата и содржината на мандатниот платен налог ја пропишува министерот за економија. Член 138-в База на закони www.pravdiko.mk 5 | С т р а н и ц а Одмерувањето на висината на глобите на правното лице односно на трговецот поединец се врши согласно Законот за прекршоците.“ Член 9 Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.“ Член 10 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за заштита на потрошувачите. Член 11 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Law amending the Law on consumer protection · Nelum